
2 minute read
Comparative analysis of “Problems”, “Skill Gaps” and “Knowledge Adequacy” among surveyed32
67% од испитаниците планираат да основаат свој сопствен бизнис, додека останатите се заинтересирани за стекнување на претприемачки вештини и компетенции.
Во однос на слините страни коишто ги поседуваат за основање на бизнис се имањето на добра идеја, имањето компетенции за бизнис менаџмент и имање на поддржувачи на бизнисот.
Advertisement
Учесниците во испитувањето главно се заинтересирани и сакаат да инвестираат во традиционалнио претприемништво и социјално претприемништво. Најмалку од нив се заинтересирани или сакаат да инвестираат во циркуларна економија. Причината поради која повеќето испитаниците го избрале социјалното претприемништво како главен вид на економија се должи на фактот дека во нашата држава има многу социјални проблеми кои не се решени со години и доста охрабрувачки е да се види дека свеста кај младите луѓе за средината на живеење расте на повисоко ниво. Фактот што традиционалното претприемништво, од друга страна, е сеуште доминантно на домашниот пазар, објаснува зошто повеќето од испитаниците ја избрале како примарен вид на економија во која би инвестирале. Зелената економија која е број еден приоритет на Европската Унија не е многу застапена во агендата на нашите млади.
Скоро половина од интервјуираните истакнале дека нивниот главен мотив за отворање на компанија е дека тоа претставува добра можност за кариера. 25% се мотивирани за отворање или поседување на компанија заради можноста да воведат иновативни идеи во праксата. Ова е јасен показател дека младите луѓе денес преферираат да инвестираат во добра кариера наместо само во акумулирање на капитал. Тие се свени за фактот дека преку раст во кариерата не само што ќе станат богати, но ќе се стекнат и со различни вештини и знаење, и големо искуство, исто така.
Доста интересен е фактот што 25 % од учесниците во истражувањето веќе имаат оновативна идеја која сакаат да ја применат во пракса, само што можеби им недостига некоја од клучните силни страни за отворање на бизнис.
Проблемите како недостаток на вештини и знаење за менаџирање на бизнисот и недостаток на јасна бизнис стратегија беа истакнати како проблеми со многу глолема важност од страна на учесниците.
Во врска со потребите од вештини за водење на бизнис, испитаниците сметаат дека е многу важно да знаеш како да носиш одлуки, способноста да смислиш, оцениш и избереш бизнис идеа која ќе има потенцијал на пазарот, способноста да ги дефинираш потребите и можностите на пазарот, ефикасното менаџирање на времето, разбирање
и читање на биланс на состојба и презентирање на бизнис планови пред донатори, клиенти, вработени итн.
Вештините: способноста за прифаќање на одговорноста, способноста за креирање на МУДРО цели, разбирање и имплеметирање на важноста на дигиталниот маркетинг, ефикасното менаџирање на време, разбирање и читање на изјави за профит и загуба и организирање на презентации на бизнис план пред донатори, клиенти, вработени се вештини за кои испитаниците се изјасниле дека ги поседуваат во голема мера односно на високо ниво. Додека пак вештините: разбирање и користење на cash flow изјавите за целите на менаџментот, знаење и разбирање на соодносот на профитабилност се вештини за кои испитаниците се изјасниле дека нивото на нивно поседување е многу ниско.
Испитаниците истакнале дека најсоодветниот начин за стекнување на овие знаења и вештини е преку обуки, како и преку размена на искуства со други претприемачи. Стекнувањето на практични искуства се смета за најдобар начин за задржување на вештини.