Vaska Naumova - Razgovor so kompozitorot Risto Avramovski

Page 1

Музика, год. 9, бр. 12, стр. 17-30, 2005

ПОВОДИ

781.68:786.2(497.1)

РАЗГОВОР СО КОМПОЗИТОРОТ РИСТО АВРАМОВСКИ ПО ПОВОД ПРАИЗВЕДБАТА НА НЕГОВАТА ОПЕРА „ЛИДИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ Васка Наумова Томовска Ја очекувавме полни 5 години, за нејзиното сценско раѓање да го доживееме како неизречиво духовно богатство кое се изроди токму од нашава македонска почва и кое треба да ни го осветлува патот кон нашата иднина.“Лидија од Македонија“ светлината на денот ја виде на Мајските оперски вечери 2005. Публиката ја доживеа како Божја порака, како доказ за вистината пред која некои сакаат да премолчат. Со својот музички јазик и духовна порака, таа ќе стане реалност која набрзо ќе се искачи високо во универзумот, затоа што е нешто сосема ново, нешто многу наше блиско и нешто што ќе ú припаѓа на иднината. За нејзиното комплетно сценско раѓање, покрај, многубројната екипа уметнички работници, огромна заслуга му припаѓа и на самиот автор, кој со својата присутност и го осветлуваше патот на својата и наша опера. За време на самата праизведба, авторот го доживеавме како ангел пратеник од Бога кој со Божја сила ја создаде Лидија од Македонија-првата христијанка во Европа, за да сфатиме дека во Македонија се случи оперски проект кој треба да се доживува да се коментира на поразличен или поточно на неконвенционален начин. Таа, Лидија од Македонија е всушност и првата жена и воопшто првата личност која апостол Павле ја покрстува во таа одисеја која трае 2000 години; нејзината куќа станува прва црква во Европа и во светот; еден хор на ангели слетува во таа куќа - црква за да ја пренесе „цивилизацијата на 17


Музика, год. 9, бр. 12, стр. 17-30 2005 љубовта’‘ од неговото раѓање до распетието и воскресението, за спас на целото човештво. Реализацијата на овој проект, за нашето опкружување има полидимензионално значење. За овој светски уметнички проект МОБ (Македонската опера и балет) се обрати до најпознатите културни фондации во Европа и во светот за материјално да го помогнат, заради простиот факт што гледано од аспектот на Европската интеграција оваа тема носи такви вредности што секој Европеец и секој граѓанин на светот во себе ќе ги најде интимните мотиви, за да верува дека средбата на Лидија и апостол Павле е еден од темелите на европскиот и светскиот идентитет, не само на христијанските народи, туку таа е темел и за љубовта и за заемниот респект меѓу сите народи, вери и религии. Како автор што искажува необична надареност и творечка плодност на многу полиња, може да зачуди фактот што меѓу две ваши оперски партитури има растојание од 20 години. Операта „Болен Дојчин“ ја напишавте во 1982 година, а „Лидија од Македонија“ во 2001 година. Требаше ли да измине толку време меѓу нивното создавање? За историјата е релативна паузата од 2о години меѓу две големи форми, меѓутоа можам да кажам, дека општествените и политичките констелации во овие изминати повеќе од 20 години кога ја напишав првата опера Болен Дојчин, беа такви што не создаваа услови јас како автор да се зафатам за некој посериозен проект и покрај тоа што имав амбиции да создадам некое дело од оперскиот жанр, посебно што во Македонија, во нашата традиција кон која јас често се навраќам или пак кон Библиските теми, има голем број привлечни теми, меѓу кои една која ден денес остана и ќе остане се уште недовршена. Тоа е темата за русалиите која мислам дека е една од ретките теми воопшто за која постојат материјали на Балканот или пошироко. Дури, со еден наш писател се обидувавме тоа да го срочиме во текст, во либрето, но, повторно да кажам дека политичките констелации, воопшто состојбите од 80-те години, па до крајот на минатиот век, не даваа некој мотив кој можеше да го држи авторот во една таква кондиција, на пример каква што бараат вокално18


В. Наумова Томовска: Разговор со Ристо Аврамовски инструменталните, поточно сценските дела. Но, да не заборавиме дека и во времето кога се појави мојата прва опера „Болен Дојчин“, таа предизвика една контроверза и кај критиката, а можеби и кај публиката. Кај публиката можеби помалку, бидејќи таа не успеа да види повеќе од две и пол претстави, затоа што на онаа третата, од половината на преставата, новата сцена на тогашниот нов театар комплетно се блокира. Можеме да говориме во иронија, дека се случија фактички две и пол претстави. Противречноста која се јави беше видна, во смисла дека, од една страна, дел од јавноста го поздрави „Болен Дојчин“ како историски чин, поточно, самата појава на операта, а од друга страна, другите можеби и не беа подготвени за една модерна приказна и модерен приод кон сценската музика, како нешто за што не е дојдено во времето. Јас мислам дека Болен Дојчин погледнат од овој агол, навистина дојде пред мене. Тоа беше една моја голема храброст, на моите тогашни години - дури една лудост да се направи едно такво дело кое третира една легенда во која покрај основниот мотив, што го ткае борбата меѓу доброто и злото, е зачнат и делот на инцестот, кој е несвојствен за христијанскиот свет и воопшто кај луѓето. Значи, тука, беше изговорена и една моја реченица, знаејќи колку тешко ја напишав операта, а уште колку потешко дојде до нејзината изведба и земајќи ги предвид, покрај се, и сите констелации што беа внатре во самата оперска куќа во МНТ. Но земајќи предвид и воопшто еден див отпор кон новото творештво и несредените социјални статусни услови на самите уметници што, впрочем денес не може да се споредат- сето тоа беше во моите мисли тогаш изговорено како реченица „никогаш повеќе опера“. И навистина со таа реченица практично самиот себеси си ставив крај на моите пишувања опера, но, независно од тоа, до мојата втора опера „Лидија од Македонија“ напишав голем број дела од вокално-инструменталните форми. Тука се моите 5 ораториуми, уште неколку други вокално –инструментални дела, потоа 8-те симфонии од кои да го истакнам циклусот „4 годишни времиња“, а од него посебно двете симфонии - „Лето“ и „Зима“, во кои е вметнат и вокален дел. Особено делото „Црно писмо“ или „Етнографофонија“ каде што се навраќам на нашите обичаи и традиции. Практично ова дело е предвес19


Музика, год. 9, бр. 12, стр. 17-30 2005 ник на една нова музичка драма или еден нов поглед: враќање кон корените, но трансформирани со една нова драматургија, која можеби ја бара и самото ново време. Значи, на еден начин кај мене, по „Болен Дојчин“, тлееја тие подготовки, но, тука беше и немањето храброст, истовремено и немањето предизвик за да се зафатам со ново дело. Сето тоа ја направи таа долга пауза. Тука треба да го споменам и недовршениот Реквием, кој повторно е дел на еден предизивик на таа голема форма. Кога говориме за операта „Лидија од Македонија“, се случи еден настан кој придонесе уште со самото читање на либретото да морав да го погазам својот збор „никогаш веќе опера“, затоа што преку содржината на мојата опера го видов нашиот бит. Тој ми овозможи длабоко да нурнам во историјата на македонскиот народ, во историјата на овој балкански простор, на овој ветромет, кој секојпат бил крстосница на војни, на крвави битки меѓу истокот и западот, била крстосница каде што се мешале културите и цивилизациите. Тоа ми го овозможи „Лидија од Македонија“ и затоа се зафатив со проект што за еден творец значи голем предизвик. Поголем број ваши дела во македонската, па и во странската музичка јавност доживеаа голем успех, но сигурно дека во големите форми, во музичко–сценскиот жанр, како круна во творештвото вие самиот ја сметате вашата, но и семакедонска опера „Лидија од Македонија“. Имено, токму на оваа ваша последна творечка рожба ú се предвидува живот во светски рамки. Сакавте ли со Лидија од Македонија уште еднаш да го потврдите библискиот идентитет на Македонецот? Вие кажавте многу убави зборови за мојата опера и моето творештво. Но, јас како творец не би можел да зборувам толку лично, бидејќи за мене секое дело што сум го напишал е дел од мене. Тоа е една болка, една солза или една радост од мојот дух. Мое е јас да создавам, да пишувам и притоа да не се оптоварувам барем со иднината на моето творештво. Создавам веќе 40 години чесна музика, искрена музика, како дел од моето постоење, искорнат дел од мојава душа и затоа би рекол со поскромни зборови дека операта „Лидија од Македонија“ 20


В. Наумова Томовска: Разговор со Ристо Аврамовски навистина направи или ќе направи во иднина , со оглед на тоа дека таа сè уште ќе се наоѓа на репертоарот на МОБ, еден да го наречам невообичаен контакт со публиката. Уште од првата изведба, а тоа се потврди и на репризата, потоа уште и на изведбата на Охридско лето, колку таа силно се доближи, дури и до обичниот човек, не само до оние што имаат изострен вкус за оперската уметност. Уште кога ја пишував „Лидија“ јас бев свесен дека ова дело треба да биде блиско до народот, затоа што на еден начин сакав да направам опера од класичен вид, каде што ќе може да се чујат арии, дуети, триа, квартети, квинтети, хорски нумери, оркестарски партии меѓу ставовите итн. - со еден збор опера која нашите луѓе ќе ја препознаат, како што тоа добро се препознава кај Верди, Моцарт, Бизе, Дворжак, Сметана, кај Чајковски, Шостакович, Прокофјев... значи музика со прифатлив и препознатлив јазик. Мислам дека тоа е едната страна зошто операта допре до публиката, а втората страна е самата тема, тема која говори за првата христијанка на Европа, трговката Лидија која во Библијата има свој простор оставен, наречена Лидија Македонката, тема каде што човекот – Македонецот го моли св. апостол Павле, односно го моли Бог, да испрати апостол што ќе ја пренесе новата религија – христијанството на почвата на Европа. Во тие мигови во римската провинција Македонија се случуваат најголемите, најбитните нешта наспроти големиот Рим, наспроти големите крвави драми што се случувале на овој Балкан, во Македонија, во таа казнета провинција Македонија, доѓало христијанството кон кое Римската империја не само што имала голем отпор туку, и луѓето кои и малку се допреле до христијанството, ги фрлала живи во устите на лавовите. Или да речеме дека Нерон, кога ја видел опасноста дека христијанството доаѓа во Рим, го запалил Рим сакајќи живи да ги изгори христијаните за да не дојде до тоа таа догма да го сруши верувањето во боговите, т.е. во боговите на Римјаните. Оттука е таа голема идеја дека секој Македонец, па дури и секој христијанин воопшто, ќе се почувствува толку голем, колку што е големо и самото христијанство, зошто неверојатната приказна втисната во едно шамиче во Ерусалим со ликот на Исус Христос, се претвора во препознатлива книга на христијанството. Тоа е знак, кој со својата сила и со своите 21


Музика, год. 9, бр. 12, стр. 17-30 2005 космички знаци што му ги дава на човештвото, говори дека доаѓа новото време – Христовото време кое, еве, за среќа, во третиот милениум станува сè посилно и посилно во вербата на луѓето, зашто само преку Христа и верувањето во Бога е лекот за спасението на човечката душа. Тука, низ тие значајни драматуршки сегменти се третираат овие прашања во „Лидија од Македонија“. Затоа сметам дека луѓето во неа се препознаваат самите себеси. И не само тоа, туку во неа ја препознаваат и сопствената историја, тука го наоѓаат својот лек за големината на сопствената вера. Низ какви развојни фази изминуваше вашата творечка инспирација, поточно како вие лично ја доживеавте првата средба со едно вакво безвременско либрето. Дали, првата идеја се роди веднаш по читањето на текстот за вие да се зафатите со пишување на музиката на „Лидија од Македонија“? Според моите сознанија, кон крајот на минатиот миленниум, под покровителство на Обединетите нации, се одржа еден семинар или нешто слично, со тема „Заборавените жени во Библијата во пресрет на новиот милениум“. Таму вистинско откритие била Лидија од Македонија, за многу луѓе што се занимаваат со ваквите сфери и материи. Навистина Лидија од Македонија им станува предизвик на многу творци меѓу кои и на авторите Гиј Шеле и Дора Петрова од Париз, кои напишале еден драматуршки текст на оваа тема, а во кој секако наоѓајќи ја врската со изречените нешта за Лидија од Македонија и св. апостол Павле и неговите писма во Библијата. Значи, кон крајот на 1999 год. јас лично за првпат се сретнав со овој текст, а потоа од страна на МНТ и операта ми беше понудено да го работам ова дело. Откако го прочитав, видов дека станува збор за едно либрето и за либретисти кои точно знаат што е либрето, а што не е својствено за македонските писатели (ретко може да се најде човек што може да го направи тоа). Самата тема и сето она што го кажав во овој разговор, бидејќи и јас сум дел од тоа верување, за мене беше еден голем предизвик. Со храброста што тогаш ми ја даде Македонската опера, а зад чиј чин застана целокупната 22


В. Наумова Томовска: Разговор со Ристо Аврамовски тогашна влада, како и самиот покоен претседател Борис Трајковски, за мене значеше едно силно охрабрување дека треба да се обидам да направам ново оперско дело, секако навраќајќи се уште еднаш кон оперската форма, а со тоа и погазувајќи го мојот збор искажан порано: „никогаш пвеќе опера“. Потоа дојдоа две години макотрпна работа, бидејќи чинот на работата е огромен, болките и страданијата на еден автор се големи (само тој што не напишал опера не знае какво е тоа страдание, но и колку е голема радоста кога ќе се заврши делото). Сите тие рани се исцелуваат со самиот чин, особено што јас имав среќа да пишувам точно за света Лидија, за свети апостол Павле, значи тема која е Божја. Од тој чин станав и похрабар и посреќен. Навистина да се издржи и да се напише едно такво големо дело – опера во 4 чина, која има над 700 страници, со повеќе од 18 -19 главни улоги, уште толку споредни, хорски ансамбли, римски војски, затвори, искушенија, сите тие судири внатре што се случуваат меѓу напредокот на религијата и отпорот на Рим, навистина сето тоа да се создаде, да се издржат сите искушенија и сето тоа да се стави на неизбришлива хартија е голема работа. Либретото на „Лидија од Македонија“, е космичка тема и со самото тоа таа подразбира и специфична музика. Дали, кога ја пишувавте музиката, кај вас како композитор звучеа посебни хармонски созвучја, посебни и карактеристични мелодии, посебен стил. Какви композиторски техники употребивте како изразни средства? Што се однесува на јазикот, можам да кажам дека тој е препознатливиот јазик што сум го создал низ мојот творечки опус, низ сите жанрови што сум ги напишал досега. И покрај тоа што на еден начин „Лидија од Македонија“ малку се одликува, тоа е затоа што потсвесно сакав да се вратам, колку што е тоа возможно во историјата, да нурнам, ако не подлабоко, барем во тие византиски, така да ги наречам, треперења, во она што е оставнина во црковното пеење. Тоа да биде филот, што се вели, на самата опера. Ова се однесува на едната страна , а на другата страна, пак, сакав да бидам со текот на времето, да бидам свој, со мојот препознатлив јазик, 23


Музика, год. 9, бр. 12, стр. 17-30 2005 разбирлив, зошто публиката секогаш, барем јас мислам така, сака да препознае оперска сцена, да препознае оперска арија, дует, хорски нумери. Сите тие елементи ги вградив во „Лидија од Македонија“. Во неа употребив полифони заплети, хармонски созвучја кои прилегаат и не враќаат во дел од фолклорот, во дел на паганството, во дел на византиското црковно пеење, па дури нуркав онаму каде што нешто потсвесно ми говореше да одам, негде длабоко, да навлегувам, да испитувам звуци, кои едноставно се блиски на тоа време. Сигурно тоа беше Божјиот чин кој ме водеше да бидам храбар, да откривам некои нови созвучја, нови елемнети, нови мелодиски линии и хармонии, но во секој случај сето тоа да биде направено професионално и вешто и да прилега на композитор кој создава 40 год. Значи во операта сите сегменти погледнати од сите дисциплини што се внесени внатре, се на она ниво на кое е и моето искуство – моето сфаќање за музиката. Се што е најбитно е врежано во него. Се разбира, погледнато сега, од дистанца, од кога операта е создадена, можеби и ќе има некои места на кои е можно да се направат корекции. Но, јас го дадов мојот максимален творечки потенцијал, сакав да бидам доследен и чесен во ова и целото мое страдание да го вклучам во него. Сполај му на Господа што ми даде сила и ум да издржам во тоа време, бидејќи повторно ќе кажам, за да се создаде опера навистина значи да се откорне големо ткиво од сопственото тело; тоа е голем подарок од својата фантазија, од својот дух. Да се вратам малку назад, – мислам гледајќи како народот, условно речено „се лепи“ на операта. Среќен сум што создадов дело за народот и ќе бидам уште посреќен ако операта опстои на реперотоарот подолго и ако тоа дело стане еден голем мост од Македонија кон другиот христијански свет, па дури и кон нехристијанскиот, зашто мислам дека самата тема на „Лидија од Македонија“ тоа го заслужува. Тоа е патот кон оние што можат да помогнат. Треба да ја движат „Лидија од Македонија“ за таа што побрзо да дојде до оние простори низ светот каде што, можеби и немаат вакви теми. Мислам дека светот сè уште го држи вербата во Бога, а ние во Лидија го имаме целиот Бог. Тоа е света Лидија и неа треба да ја види светот.

24


В. Наумова Томовска: Разговор со Ристо Аврамовски Во едно ваше творечко, но пред се искрено раскажување како човек, истакнавте дека кога ја пишувавте операта „Лидија од Македонија“ ја чувстувавте Божјата сила што ја води вашата рака да ги создава мелодиите. Како ги изградувавте централните ликови на операта Лидија и Апостол Павле и дали можеби ги слушавте длабоко во себе тоновите што требаше да ги запишете како арии, дуети, хорови, сцени... Во целото свое творештво јас приоѓам на некој чуден начин. Само како пример да кажам дека некои мои колеги ме прашуваат како можам да го напишам последниот чин или последниот став на некое дело, а самото дело не сум го ни почнал. Обично некогаш чувствувам дека брзината на мојата рака кога пишувам не може да ја следи мислата. И тогаш неслучајно одам да ги запишам најглавните пунктови за тие да бидат основата, столбовите што ќе го држат делото. Така се случуваше и со операта „Лидија од Македонија“. Најпрвин ги поставив главните столбови – Лидија и апостол Павле, а тука се и Тимотеј и Силас (придружнците на апостол Павле). Значи тројцата светители од една и Лидија од другата страна, а од третата страна е моќта на Рим, сега од една друга драматуршка смисла, како развој на операта и сите други личности што ќе се појават. Читајќи го либретото, но, потсетувајќи се и на многу нешта што ги имам како сознанија за христијанството од самата Библија - (можеби како пример: голема инспирација за мене беше жестокиот судир меѓу христијаните и нехристијаните – многубошците - Римјаните во книгата Cvo vadis domine) во мигот кога дојдов до делот на Римјаните – морав, за да го искажам тој голем и жесток отпор на римскиот сенат, да ја препрочитам таа книга. И други нешта што ги имав како знаци. Знак. меѓу другото, беше и моментот кога еден непознат човек дојде кај мене со Библијата издадена на македонски јазик, (тоа беше во МРТ,) подарувајки ми ја со зборовите: “Ве молам да обрнете внимание на едно поглавје каде што се зборува за Лидија од Македонија“. Јас, веќе тогаш бев длабоко навлезен во пишувањето на операта и изненаден му го упатив прашањето: “Ви благодарам. Од каде вие знаете за Лидија од Македонија, дека треба токму вие да ми го кажете овој збор“. 25


Музика, год. 9, бр. 12, стр. 17-30 2005 Неговиот одговор беше следниов: „Јас имам чувство дека вие треба да обрнете посебно внимание“. Јас потоа му ја открив приказната дека веќе пишувам опера за Лидија од Македонија. Значи имаше повеќе знаци и нешта околу сето тоа. Потоа се повлеков во мојата викендичка на село. Ноќните часови, небото над мене и самотијата ми даваа една невозможна творечка слобода- да бидам сам, ама и со сите. Можеби самите ѕвезди над мене и самите дождовни капки што беа често присутни, беа знаците што ми даваа најголем поттик во потсвеста, за да пишувам, да бидам храбар. Беа тоа знаци кои како некој да ми ги испраќаше. Имаше мигови, за кои од овој творечки агол, е неприфатливо вака да се говори. Навистина, имаше повик, имаше некој внатрешен говор, кој ме поттикнуваше дека ВАКА треба да се направи, а не ТАКА. Имаше мигови, кога знаев да пуштам солзи поради судирот меѓу тоа што ми се случуваше внатре, во мене и она што беше наука, според која целиот живот сум пишувал, а сега тоа требаше да се прекрши, да се прекршат тие канони, тие закони на творештвото. Се создаваше нешто што искрено доаѓаше на некој природен внатрешен начин, со некое его на самата сила И на самиот третман, зашто „Лидија од Македонија“ е опера, но таа е Божја партитура. Внатре се Божји знаци. Тоа не е приказна за мачорот Станко или за некоја комична фарса. Овде станува збор за нешто во кое треба длабоко да се верува. Не може туку така да се пишува за апостол Павле. За него треба да се пишува со гоелма одговорност и голема почит, не затоа што го гледате во црква и не затоа што се молите. Праизведбата на „Лидија од Македонија“ на МОВ предизвика необично голем интерес, не само во музичката туку и во целокупната културна и општествена, со еден збор севкупна јавност. Самата опера, публиката ја почувствува како дел од себе, дел од нешто што во себе го носи многу длабоко како некаков знак за себепрепознавање. Благородно е кога едно дело се поставува на сцената, или со друг збор кога во нејзиното раѓање учествува и самиот автор. Вие бевте присутен во континуитет, од почетокот до крајот на поставувањето на операта. Колку бевте задоволен од завршниот чин- од самата праизведба? 26


В. Наумова Томовска: Разговор со Ристо Аврамовски Кога авторот пишува, ги чувствува сите дамари на операта. Јас знаев како ќе биде секој чекор на сцената, не само како арија или како хорско созвучје, туку знаев како треба да се направи. - секој чекор на учесниците на сцената, поточно каде треба тие чекори да се направат. Меѓутоа, можеби убавината е во тоа што таму има и други автори, како на пример режисерот. Тоа е оној човек што на еден начин го формира или го реставрира целото драматуршко ткиво и замислата на авторот, но, секако, видена низ неговите очи. Потоа, тука се и сценографот и костимографот, а и диригентот кој на делото ќе му го даде вдахновението, со еден збор движењето на операта. Тие се убави елементи. Да не говориме колку е значајно и солистот како ќе ја прифати улогата, но и другите ансамбли. За голема среќа, јас, навистина имав еден тим во кој сите се маѓепсаа од самата „Лидија“. Се сеќавам на прекрасните зборови на диригентот Јанош Пшибилски од Полска: „Честопати одев кај еден свештеник да му се исповедам, зошто ја диригирам оваа опера и што е тоа што ме натера да прифатам од Полска да одам во Македонија и да диригирам едно вакво дело“. Ги помнам и зборовите на режисерот Пламен Карталов: „Колку пари сакате, дадете ми, јас ова дело морам да го направам. Јас имам обврска, ова дело да го поставам пред себеси и пред Бога“. Ќе кажам дека тогаш се случи воопшто една интересна атмосфера, не само кај овие творци, туку и кај целиот ансамбл. Кога почнаа пробите, од ансамблот сите што можеа, ми велеа: “Аврамовски, ние сме среќни што ова дело е кај нас и ние за првпат го пееме и тоа со големо срце. Со душа го прифаќаме, не заради тоа што е само македонско. Ова дело е за нас родено“. Едноставно се создаде една позитивна енергија кај сите и во оркестарот и кај костимографот, кој знаеше цели ноќи, во сите три смени, неуморно да ги изработува 175-200-те костими. Не затоа што тоа не можеше да се одложи или во тој момент да се каже толку се може, туку заради тоа што сите тие рекоа: “Оваа опера мора да се направи, тука има нешто што нас нè води, што ни дава енергија да бидеме присутни со неброени часови. “Значи, сето ова се чувствуваше во целиот ансамбл. „Лидија од Македонија“ си дојде точно во едно убаво време, по едно големо историско искушение на Македонија, 27


Музика, год. 9, бр. 12, стр. 17-30 2005 што во последните години и се случува на самата држава, особено по осамостојувањето од 1991 год. – со признавање–непризнавање, разни игри, зашто знаеме дека името Македонија е Свето име и дека тоа многу нешта ќе погоди, многу ранливи души ќе се разбудат, ќе почувствуваат дека нешто ќе им се одземе од нивното ткиво, дека Македонија е некое туѓо ткиво, дека Македонија не е Библиската земја и покрај тоа што десетици пати се говори за Македонија во Библијата, се говори и за Македонецот. Ама наеднаш, од историјата, Македонецот со векови исчезнува, па повторно се враќа или не се враќа, па умира, па се раѓа низ битки, низ разни заплашувања, низ големи искушенија. Токму по сево ова „Лидија од Македонија“, дојде како мевлем за ранетата душа на Македонија и затоа мислам дека таа стана дел од македонската опера и станува дел од народот. Тој ја ислуша операта од почеток до крај, и тоа со голем респект и почит, не само на премиерата и репризата, туку тоа истото се случи како чудо и на третата претстава, на Охридскиот фестивал, на отворениот простор на Античкиот театар кога имаше неколку илјади гледачи. Како што се приближуваше крајот на операта, мислев дека сега публиката ќе си замине, а таа напротив, достоинствено, просто немо, како во глуво доба, ја дослуша операта. Во тој момент се чувствуваше колку силно тој знак се втисна во срцата на присутните. Тие го поздравија тоа со овации. Тоа беше миг на среќа. Не знам што беше тоа што се случуваше кај луѓето, но, свесен сум дека операта станува дел од луѓето. Не знам колку ние сме способни да го чуваме ова дело, но мислам дека нашата приказна за Лидија доколку остане во Македонија, нема да биде голема приказна. Ако оваа приказна му ја раскажеме на светот, таа ќе биде и поголема и поверодостојна и може да стане приказна на сите христијани што го љубат Бога. Во историјата има многу примери кога создавањето на силно дело, дело со големо значење или со еден збор ремек дело, и творечки и физички го истоштува авторот. Од ова што го кажавте, сосема очигледно тоа Ви се случи и Вам. Всушност, како дел од Вас да е вграден во оваа партитура. Сепак, како што веќе реков Вие имавте сили да ја следите и 28


В. Наумова Томовска: Разговор со Ристо Аврамовски подготовката и самата праизведба. Таа празнична вечер, во очите на многумина имаше и по некоја солза радосница, што тој единствен уметничко-историски чин го споделивме заедно? Сигурно требало да биде така. Бог рекол така. Да ú се вратиме на Библијата. Исус Христос го платил најголемиот цех на човештвото, за спасението на човекот. Можеби и јас го платив личниот цех за да направам едно вакво дело, да подарам едно вакво искрено дело кое зрачи со универзална порака, дело кое ги отвора сите ѕвезди на небото над сите земји, до каде што стигнува гласот Божји. Сигурно не е лесно да се пребродат некои лични кризи, што јас ги имам, но јас сум дете на Бога и сметката ќе се плати тогаш кога ќе се рече, од тоа не се плашам. Среќен сум што можам да кажам дека духовното надвладува над телесното, дека ние сме сите смртни, но пораката на еден автор е и моја порака: да оставам нешто на луѓето кое ако ја погоди целта, а тоа е делото да остане како убавина, како едно ново сонце што ќе ги облагородува нивните души, - тогаш сум го достигнал посакуваното. Мојот чекор по улиците, по патиштата, моето движење е ништожно во однос на она што духовно можам да го подарам.

29


Музика, год. 9, бр. 12, стр. 17-30 2005

30


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.