НОВИ ЕМИСИИ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ
НОВО во ноември на Да Винчи лернинг Границите на светлината Гледаме надалеку: повеќе од уличните светилки и крошните на дрвјата, до светкавите ѕвезди во вселената. Гледаме на широко: преку хоризонтите и до работ на морето. Но што се наоѓа надвор од нашиот вид? Што има околу нас што не го гледаме? Во овој фасцинантен нов документарец на Да Винчи лернинг откријте ја технологијата која ни покажува нови димензии на светлината и бојата, од УВ до инфрацрвена светлина, од рендгенски до микробранови зраци, откривајќи го невидливото за првпат за човечките очи.
Целна група: Возрасни
Должина: 60
мин.
Екстреми: светлина и мрак Дали како сонце да Ве огреало? Дали се чувствувате мрачно? Прашањава можеби Ви звучат филозофски, но можеби имаат многу повеќе врска со средината одошто си мислите. Количеството природна светлина кое го добиваме влијае врз нашето емотивно и физичко здравје на зачудувачки начини. Пропатувајте до најекстремните точки на Земјата во овој возбудлив документарец и откријте како екстремната светлина и мрак влијаат врз нашиот живот.
Целна група: Возрасни
Должина: 60
мин.
НОВО во ноември на Да Винчи лернинг Музика на мозокот Невропсихолозите не се првите луѓе кои би очекувале да играат на примитивни племенски ритами. Сепак во недамнешно истражување се покажа колку е бесценета музиката за нашиот социјален и интелектуален развој. Како некој универзален јазик, музиката како да заискрува нешто во најосновните когнитивни структури, а и можностите за просветување и еволуција можат да се најдат во музичките композиции. Откријте како во овој сосема нов документарец на Да Винчи лернинг.
Целна група: Возрасни
Должина: 60
мин.
Човекот наспроти Земјата - Човекот наспроти авините
Земјотреси, поплави, торнада, цунамија, урагани: мајката природа како да ни праќа се` понесуптилни знаци дека експанзијата на општествениот и комерцијалниот развој на територијата на природата е неодржлива. Заглавени сме во постојана битка помеѓу развојот и ограничувањата кои ни ги поставува планетата преку бури и катастрофи од епски размери. Можеме ли да се воздржиме според барањата на природата или сме во војна со природата за доминација над планетата Целна група: Возрасни
Должина: 60
мин.
НОВО во ноември на Да Винчи лернинг e²: Енергија Современиот свет бара нови решенија за енергетските потреби. Знаеме дека изворите од минатиот век нема да траат вечно и дека е време да се најдат нови начини како нивна замена. Но колку знаеме за обновливите извори на енергија кои треба да бидат нашат спас? Дали ветерниците се спремни да ги заменат рудниците за јаглен или се` е само ветер и магла? Во оваа инвентивна емисија на Да Винчи лернинг ги истражуваме реалностите за одржување на современиот свет кој оди напред под полна пареа кон почиста и одржлива иднина.
Целна група: Возрасни
Број на епизоди: 6
Должина: 25
мин.
НОВО во декември на Да Винчи лернинг e²: Транспорт Современиот свет постојано се движи од точка А кон точка Б и на точки за кои само сме сонувале. Ама како да стигнеме таму? Со се` што сме научиле во минатите децении за емисијата на гасови и фосилните горива, како да продолжиме напред без да го нарушуваме местото кон кое сме упатени, иднината? Во емисијава раскажана Бред Пит, Да Винчи лернинг Ве носи на места и во градови низ светот кои се трудат да најдат одговорни и функционални начини за општествата да се стремат кон трансформацијата која ја направи Лондон: во превозно ефикасен главен град, Париз: велосипедската иницијатива Велиб и обидот на Сеул да го намали загадувањето. Целна група: Возрасни
Број на епизоди: 6
Должина: 25
мин.
Крајот на стареењето Ако можете да живеете вечно, би живееле ли? И ако може да живеете вечно без да стареете, дали би Ви било попривлечно? Науката не е многу далеку од реализирање на оваа претпоставка. Но кои се последиците од опсесијата со крајот на стареењето? Овој сеопфатен документарец следи истакнат професор во потрага по еликсирот на животот и бара да открие каква ќе ни биде иднината кога староста ќе стане само дел од минатото.
Целна група: Возрасни
Број на епизоди: 2
Должина: 30
мин.
Ново во декември на Да Винчи лернинг По стапките на Тинтин
Целна група: Семејна Број на епизоди: 5 Должина: 60
мин.
Генерации читатели се инспирираат од авантурите на Тинтин: кој патува низ венците на највисоките планини на светот во потрага по непријатни снешковци, се шета по древните урнатини на Инките и ги демаскира египетските фараони. Сега имате шанса да патувате со нас додека го следиме Тинтин во посета на Перу, Египет, Индија, Шкотска, Мароко, Тибет... Овој патопис нуди доволно причини за да Ве счудоневиди, заинтригира и спремен е да Ве натера да се впуштите во свои лични патувања низ големиот свет.
Совети за рачни изработки - специјални изданиe
Целна група: Деца Број на епизоди: 5 Должина: 15
мин.
Емисијава Ви покажува Вам и на семејството како од обични предмети кои се моткаат по дома да добиеме фантастичен свет на забава и возбуда. Кога станува збор за празничните денови, бидете сигурни дека оваа емисија нуди празнично за славење на инвентивни начини. Во овие посебни изданија на емисијава ќе добиете одлични совети за тоа како новогодишните празници да ги направите особено креативни од страна на енергичните водители Стивен и Ферн.