ЕСЕНСКИ новитети на Да Винчи Лернинг Енергетски ефикасно проектирање Секој ден светот станува с поголем, се движи побрзо до точка каде излегува од контрола. Нашите економии се темелат на раст, постојан раст со темпо кое не забавува. Но каде одиме? Уште колку простор ни останува? Во оваа феноменална емисија во која наратор е Бред Пит Да Винчи Лернинг истражува колку модерниот свет може да просперира заштитувајќи ја планетата. Оваа емисија Ве запознава со архитектите и проектантите кои учат од минатото за да ни помогнат да изградиме одржлива и еколошка иднина. Целна група: целото
семејство
Број на епизоди: 18
Должина: 30
мин.
Енергетски ефикасно проектирање/Интервентна архитектура
Бред Пит е наратор во овој едночасовен документарец кој се однесува на наградата Ага-хан, престижна награда која ја добиваат архитектонски проекти кои ги вклопиле општествените, економските и еколошките потреби за да се родат дел од најнапредните урбанистички идеи на планетата. Наградата била доделена на пет проекти, а Да Винчи Лернинг Ви ги претставува сите поединечно покажувајќи како овие инвентивни дизајни го менуваат начинот на кој градиме. Целна група: целото
семејство
Должина: 60
мин.