Нова година, нови авантури
на Да Винчи лернинг
Во јануари 2014 ќе гледате на Да Винчи лернинг Ние, луѓето, сме само една од милиони форми на живот на Земјата, и според многу објективни мерки, како на пр. големина, брзина, број на население, имаме среќа што се рангираме над просекот. Секако дека можеме да изградиме големи цивилизации и да читаме и да пишуваме, но ние не сме единствените жители со необични таленти и особини. Четири нови емисии кои премиерно ќе се емитуваат на ДаВинчи лернинг овој јануари. Осмелете се да отидете на неочекувани места за да запознаете дел од најпрекрасните, најчудните и најинспиративни суштества со кои ја споделуваме планетата.
ЛОВЦИ НА НЕБОТО – Светот на вилинското конче
Премиера: недела, 5 јануари во 20 ч
Еден од најбрзите летечки инсекти на Земјата: вилинското конче, е тешко човек да го стигне. Летајќи над мочуриштата уште од времето на диносаурусите, имаат и тоа каква приказна да раскажат. Со подводни фотографии и забавени снимки овој документарец го следи животниот вик на вилинското конче од подводна ларва до комплетно созреан летечки инсект. Погледнете како овие акробатски грабливци живеат со голема брзина, го фаќаат својот плен од никаде и дури се парат во лет. Ловци на небото Ви го претставува шарениот свет на вилинското конче.
Целна група: возрасни
Времетраење: 60 мин.
Жанр: документарец