PORTA3 162/163

Page 1

изииС проМоција на научните капацитети во Светот

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

СиМоне Филипини:

90 денари / БРОЈ 162-163 / ПЕТОК 29.07.2011 година VII

Со заедничка визија работите се поедноставни Витражот „Оро“ симбол на македонската посебност тоМче цветановСки:

КАДАрот и ноВите технолоГии Се ДВиГАтел нА нАшиот рАзВоЈ


Дилатациони профили од алуминиум и не'рѓосувачки челик за затворање на фуги, од грчкиот производител

ACP hellas

Бетонски одводни канали и шахти • универзални канали • рамни канали • стандардни канали • канали за поголеми оптоварувања • централен одвод • широки канали • тесни канали • метални фасадни канали made in austria

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, info@bc-a.com.mk www.bc-a.com.mk

Biznis Centar


БРОЈ 162/163 ПЕТОК 29.07.2011

ГОДИНА VII Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, амбасадорка Симоне Филипини имаше со што да се пофали. Таа успеа целосно да ја реновира и преуреди зградата на амбасадата. „Сакавме да направиме транспарентна зграда, светла, модерна и топла, која ќе ги рефлектира пораките што ги праќаме, атмосферата и одредените вредности во смисла на тоа кои сме ние Холанѓаните и што застапуваме“, вели Филипини. На 26 јули се навршија 48 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Ви пренесуваме автентично сеќавање од архитектот Трајко Димитров за начинот на обновата на градот, за актерите во обновата... Полека од животот заминуваат доајените на македонската архитектура. Неодамна не напушти и госпоѓата Олга Папеш. Таа беше радо виден гостин во нашата редакција. Не доаѓаше често, но секоја нејзина посета за нас беше повод за разговор на интересна тема. Бројот на Порта3 што го имате е двоброј, а следниот ќе излезе на 26 август.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

СКОПЈЕ 06

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Леонида Пенка БАША

Насловна страница: БИЗНИС ЦЕНТАР HYPERIUM ИЗИИС ПРОМОЦИЈА НА НАУЧНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО СВЕТОТ

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 162-163 / ПЕТОК 29.07.2011 година VII

Не се премногу чести случаите во кои помали фирми, создадени во минатото за поддршка на големите претпријатија, подоцна успевале да се осамостојат и да пораснат во силни компании на пазарот. Кај нас, во градежништвото, таков пример е компанијата „Прототип“. Од фирма за монтирање готови производи, за три децении таа стана компанија со повеќе производствени линии, која во својата сфера ги држи челикот, алуминиумот, стаклото, композитните панели и светлечките реклами. Порта3 ексклузивно ви го претставува идејното решение за витражот, што треба да се постави под централната купола на Музејот на Македонската борба за независност и државност - Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот. Се работи за витраж насловен „Оро“, дело на академскиот ликовен уметник Биљана Кајевиќ, кое претставува венец на орнаментика од низа избрани мотиви, кои го одразуваат народното творештво, развојот и зреењето на македонскиот културен и национален идентитет. На заминување од Скопје, холандската

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

СИМОНЕ ФИЛИПИНИ:

Со заедничка визија работите се поедноставни Витражот „Оро“ симбол на македонската посебност

ТОМЧЕ ЦВЕТАНОВСКИ:

КАДАРОТ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СЕ ДВИГАТЕЛ НА НАШИОТ РАЗВОЈ

Детаљ на пергола обложена со композитен панел од ПРОТОТИП

ГРАДЕЖНИШТВО 10 ИЗИИС - ПРОМОЦИЈА НА НАУЧНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО СВЕТОТ

ИНТЕРВЈУ 18

30

АРХИТЕКТУРА 22

ЕНТЕРИЕР 30

Телефон: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

58

www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ЕКОЛОГИЈА 50

ОТПАДОТ НИЗ ВЕКОВИТЕ

АРТ ДИЗАЈН 58

ВИТРАЖОТ „ОРО“ - СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКАТА ПОСЕБНОСТ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Печати: Европа92 - Кочани

СКОПЈЕ-КАТАСТРОФА-ОБНОВА-ИСКУСТВО

СИМОНЕ ФИЛИПИНИ: КОГА ИМАТЕ ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА РАБОТИТЕ СЕ МНОГУ ПОЕДНОСТАВНИ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

06

ТОМЧЕ ЦВЕТАНОВСКИ, ТЕХ. ДИРЕКТОР НА „ПРОТОТИП“: КАДАРОТ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СЕ ДВИГАТЕЛ НА НАШИОТ РАЗВОЈ

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

18

ВИСОКОКАТНИЦИ НАМЕСТО СТАРИТЕ КУЌИ ВО МАЏИР МААЛО!

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александра ПЕТРОВСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

52

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година



Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, Скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

01 јули 2011 ПОРТА


скопје

Скопската амбиентална зона заминува во минатото

Висококатници наместо старите куќи во Маџир Маало! М аџир Маало ќе го изгуби статусот на заштитена амбиентална зона затоа што Управата за заштита на културното наследство утврдила дека веќе нема објекти кои треба да бидат заштитени. Жителите на ова старо градско јадро со децении живеат во супстандардни услови зашто, поради неколку причини, досега немаше урбанистички план и никому не му беше дозволено да гради и да доградува. Но, притиснати од потребите за поквалитетен живот, многумина на диво ги доградија и реновираа старите куќи. Сега останува да се види дали ќе го прифатат жителите на Маџир Маало новиот Нацрт-детален урбанистички план кој предвидува таму да се изградат 20-метарски згради или ќе се изјаснат негативно на претстојната јавна анкета, во обид да си ги задржат куќите онакви какви што се. Советот на општина Центар го усвои Нацрт-планот за Маџир Маало, според кој наместо куќите таму е предвиден простор за станбени згради, голем трговски центар и црква, а задржана е и трасата на булеварот Крушевска република, кој ќе минува сред маалото. Токму трасата на овој булевар, кој е дел од неизградената примарна сообраќајна мрежа од градски автопати и е од исклучително значење за идниот развој на Скопје, беше еден од камените на кој се сопнуваше планот за маалото. Поради заштитата како амбиентална целина, со цел маалото да остане, имаше обид во Генералниот урбанистички план да се измени трасата на булеварот и тој да се помести до Транспортниот центар, но тоа не успеа. „Досега за овој дел од градот немаше донесено ДУП, иако имаше повеќе обиди. За објектите во него постоеја заштитноконзерваторски основи, поради тоа што тие не смееја ниту да се реновираат ниту да се доградуваат или надградуваат. Но, во новиот Нацрт-план тие веќе не постојат“, вели архитектот Силвана Вановска

6

3

ПОРТА

29 јули 2011

од проектантската куќа „Инпума". Планот предвидува колективно домување со здружување на повеќе помали катастарски парцели, односно згради со приземје и пет ката, со максимално дозволена висина од 19 и 20 метри. По должина на булеварот Кузман Јосифовски Питу, од Транспортниот центар до комплексот банки, е предвиден комерцијален објект со повеќе намени, исто така со висина од 20 метри. Во средиштето на маалото е вцртана маркичка за црква, а паркирањето е подземно, во рамките на секоја градежна парцела. Освен магистралната улица Крушевска Република, како собирни улици се предвидени булеварите Кузман Јосифовски Питу и Никола Карев, сервисна е улицата Ѓуро Ѓоновиќ, а станбени се улиците 59, Прилепска, Титовелешка, Маџир Маало, Анте Хаџи Митков, Охридска и Петричка. Но, за дел од советниците во Центар ваквиот план е невозможно да се оствари. „Дали оваа сообраќајна мрежа е соодветна на

густината на населеноста според овој план? Покрај кејот на Вардар има пристапна улица за објекти со висина од 19 и 20 метри. Таа не ќе може да одговори на густината на овие облакодери. Преголема е концентрацијата на згради, а нивната висина треба да се намали“, забележа Јован Тагасовски. Советничката Благородна Мојсовска-Крстевска вели дека маџирмаалци досега живееле како во 15 век, но сепак успеале да се изборат овој дел повеќе да не биде амбиентална зона.„Луѓето живееја во супстандардни услови и поради недонесувањето на планот не смееја ништо да градат. Сега ќе бидат обесправени оние што го почитуваа законот, па не реновираа чекајќи го планот, на сметка на оние што изградија дивоградби и сега ќе си ги легализираат. Може да се случи некои од сопствениците на парцелите каде што е предвидена зграда да не се согласат со тоа и објектите да си останат во сегашната состојба. На тој начин нема да се постигне економски

развој“, вели Мојсовска.Таа додаде дека планот имал 42 забелешки од страна на стручната ревизија и предложи јавната анкета да трае подолго од вообичаеното и притоа да се земат предвид сите забелешки на граѓаните. Советниците од опозицијата се интересираа и на чие барање ќе се гради црквата и дали земјиштето е државно или приватно? Градоначалникот Владимир Тодоровиќ одговори дека црквата се прави на барање на граѓаните. „Иницијативата потекна токму од оние што се сопственици на земјиштето каде што треба да се гради црквата. Ќе бидам искрен, со тоа се сложија само некои од сопствениците. Во анкетата ќе видиме дали и другите ќе се согласат“, рече Тодоровиќ. Во планот се предвидени 450 жители на еден хектар и 30 проценти зеленило во рамките на една градежна парцела, што ќе биде доволно ако паркирањето биде под земја. Опфатот на планот изнесува 18,63 хектари. К.С.Т.


скопје нов статут на Комората на овластени архитекти и овластени инженери

усогласување со законот за градење

Со новиот ДУП „Централно зеленило покрај реката Вардар - јужен дел"

Катни гаражи, хотели и улици ќе го сардисаат градскиот парк

Н

а местото каде што сега се наоѓаат бараките на градската управа во паркот се предвидува да се гради катна гаража со најмалку 15 отсто простор за хотелско сместување. Објектот е планиран со новиот детален урбанистички план „Централно зеленило покрај реката Вардар - јужен дел". Објектот ќе биде висок седум метри, но сè уште не се знае колку паркингплацови ќе има. Со овој план се предвидува и сообраќајница, која треба да поминува покрај северната трибина на арената „Филип Втори", со крак на улицата Ленинова и од булеварот Илинден да се спои со обиколницата. Познатата градба Кинески ѕид зад стадионот, пак, сè уште е означена како хотелски комплекс, иако таму веќе на големо се продаваат станови. Под овој објект треба да има две подземни паркиралишта, а до стадионот уште една катна гаража. За катните гаражи во Градскиот парк не пишува по колку паркинг-плацови треба да имаат, само е овозможено тие да се

комбинираат со други намени. Новата сообраќајница што треба да почне да се гради во паркот е единствената причина поради која требало да се направи деталниот урбанистички план за Градскиот парк. Советници од општината велат дека во програмата за урбано планирање, според која треба да се изработуваат плановите, нема предвидено изградба на ниту еден друг објект во паркот. Но, од општината не одговорија зошто, освен улицата, во планот се додадени и други објекти. Онаа катна гаража кај Градската управа ќе се прави на површина од 3.323 квадратни метри, а ќе биде висока седум метри, а гаражата кај стадионот ќе се гради на површина од 1.753 квадратни метри. Сè уште не се знае колку паркинг-плацови ќе има во гаражите, затоа што според новиот правилник за урбанистичко планирање не е задолжително бројот на местата за паркирање да се напише во нацрт-верзијата на планот. Исто така, во правилникот постои и можност во катните гаражи да се вклопат дејности од сродни содржини, како што се ресторани, угостителски и туристички капацитети, односно апартманско сместување. Со сето тоа се отвора можноста паркинг-плацовите да бидат само во функција на другата содржина во објектот и само формално да служат за јавно паркирање, каков што беше случајот со сите катни гаражи што досега се изградија во центарот. К.С.Т.

Определено е дека првиот состав на Собранието на Комората ќе има 75 претставници и тоа 20 архитекти, 30 градежни инженери, по осум машински и електроинженери, и по тројца геодети, геолози и сообраќајни инженери

И

здавање на лиценци за изведувач, управител на градба и на одржување, за изработувач на планови и овластување за раководител на градилиште, не само за архитект и за инженер, воведување контрола не само на архитекти и инженери туку и на бироа и фирми, се дел од измените во Статутот на Комората на овластени архитекти и овластени

инженери, а кои беа усвоени на последното годишно собрание. Освен тоа во новиот Статут е предвидено и секое професионално одделение да има барем тројца членови на Собранието, да се водат именици и за бироа и за проектантски друштва, а не само за архитекти и инженери, и регистри за лиценци. Со неплаќање членарина се губи членството во Комората. Исто така, определено е дека првиот состав на Собранието на Комората ќе има 75 претставници и тоа 20 архитекти, 30 градежни инженери, по осум машински инженери и електроинженери и по тројца геодети, геолози и сообраќајни инженери. 30 дена по основањето треба да се поднесе акт за основање во Основниот суд, а општите акти ќе се усвојат во рок од шест месеци од основачката седница. Професорот Горан Марковски, претседател на Собранието, вели дека во новиот Статут се прочистени работите што се застарени. „Сега има нов закон за градење и Статутот на комората на овластени архитекти и овластени инженери треба да е во согласност со него. Другите измени најмногу

се однесуваат на членството и висината на членарината. Решивме до 2012 година членарината да биде 80 евра, а потоа ќе се донесе одлука дали понатаму ќе биде иста или пак таа ќе се намали или зголеми. Таа одлука ќе се донесе на собранието што ќе се одржи во септември“, објаснува Марковски. К.С.Т.

3

29 јули 2011 ПОРТА

7


градежништво

регионален конгреС на СтуДенти оД геотехнолошките Факултети - тузла, бих

георекС 2011

ВиСтинСКи ПреДизВиК зА млАДи нАУЧниЦи

л

етниот семестар е традиционален дел од годината, во кој студентите од различни факултети имаат можност да се сретнуваат со нивни колеги од други факултети, претежно во рамки на студентски игри, кои се организираат „од Вардар до Триглав“, што е карактеристично за речиси сите сродни студиски програми. На дел од нив, меѓутоа, се организираат и натпревари во знаење, но само со колеги од исти факултети. Обид да се надмине ваквата сегрегација, пред пет години, направија вработените и студентите од Рударскогеолошко-градежниот факултет во Тузла преку организирање на регионален конгрес на студенти од геотехнолошките факултети (ГЕОРЕКС), и истата беше веднаш прифатена, со голема поддршка на

8

3

ПОРТА

29 јули 2011

поголем број технички факултети од регионов. Целта на конгресот е да се соберат студенти од различни профили во рамките на геотехнолошката струка, и да им пружи можност за сопствена и делумно самостојна истражувачка и научна работа. Исто така, конгресот дава единствена можност за објавување на реферат во зборник на трудови од конгресот, а истовремено и воспоставување на меѓустудентска, институционална и лична соработка. Во текот на неговото неколкудневно одржување, учесниците прикажуваат и образложуваат научно-истражувачки и апликативни трудови, изработени под менторство на асистенти и професори од матичната институција. Досега, одржувањето на овој free&all-inclusive настан се одвиваше во Охрид, Будва

и Врњачка Бања, за да оваа година, од 14 до 17 јуни, ГЕОРЕКС повторно заседне во Тузла.

МакеДонСки презентации На годинашниот конгрес учествуваа претставници од факултети од БиХ, Македонија, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора, а агендата беше прилично згусната (запознавање со градот Тузла, екскурзија до рудникот за јаглен Какањ, комплексот на манастирот Краљева Сутјеска и Сараево). Од Градежниот факултет - Скопје беа испратени и прифатени три трудови, кои беа дел од вкупно осумнаесетте презентирани на ГЕОРЕКС 2011:

1. „Примена на полимер битуменот на патиштата во македонија“ чии автори се ирена Трајкоска, мартин ѓорѓиовски и Тереза Теодосијевска,

а ментори асс. Слободан Огњеновиќ и асс. Златко Зафировски; 2. „Депонии за цврст отпад геотехнички осврт“ изработен од Христијан Димитриески, игор Томовски и Слободан Соколов, а со помош на асс. Јован Папиќ; 3. „Хидротехничко решение на систем за собирање и одведување на процедокот кај депонии“ подготвен од ивана Велиновска, Трајчо Костадинов и Ненад аритоновиќ, а во соработка со асс. Гоце Тасески. Првиот труд ја објаснува улогата на полимер битумените во патното градежништво, бенефициите на коловозните конструкции изведени со примена на полимер битумен со посебен осврт на македонското искуство со примена на овој модификатор. Во обид


градежништво да се регулираат пластичните деформации, кои се јавуваат во коловозните конструкции под дејство на оптоварувањето од тешките товарни возила, а како резултат на однесувањето на обичниот битумен на променлива температура, се извршени истражувања за можна примена на модифициран битумен, односно полимер битумен за подготовка на асфалтната мешавина. Испитани се три вида полимери: SBS, EVA и ELVALOY. Притоа е дојдено до заклучок дека најпогоден за примена е полимерот SBS (styrenebuatidene-styrene). Примената на модифициран битумен придонесува за намалување на интензитетот на одржување на коловозот, а со тоа и намалување на вкупните експлоатациони трошоци. Модификаторот (полимерот) има за цел да ја подобри отпорноста на трајни деформации на асфалтната мешавина при високи температури, без притоа неповолно да влијае на однесувањето на асфалтот на ниски температури. Со додаток на полимер во битуменот, се постигнува следното: зголемување на точката на размекнување според П.K., намалување на вредноста на пенетрација, намалување на точката на лом по Фрас, зголемување на интервалот на високоеластично однесување на битуменот. Патното градежништво во Македонија располага со одредени искуства со примена на битумен збогатен со SBS полимер, кои се покажале како поволни во поглед на намалување на пластичните деформации на коловозот, на што се должи и фактот што примената на овој модификатор, а особено при изведба на магистралните и регионалните патишта, станува вообичаена пракса во државава. Некои изведени делници во Македонија на кои е применет полимер битумен се: автопатот Скопје-Тетово, како дел од патниот коридор К-8; автопатот НеготиноДемир Капија, како дел од патниот коридор К-10; автопатот КумановоТабановце, кој е во завршна фаза; регионалниот патен правец Макази-граница со Грција (37km); дел од регионалниот патен правец Струга-Дебар (25km); делницата Жировнички мост-Бошков мост (24km); патниот правец Макeдонски Брод-Прилеп; обиколницата

Скопје-Велес; рехабилитирани улици и раскрсници во Скопје... Обичниот битумен доведува до поголеми оштетувања на коловозната конструкција во облик на колотрази, пукнатини и ударни дупки, што ја прави примената на полимерите неопходна. Вториот труд го претставува геотехничкиот поглед на депониите на цврст отпад, кои се неминовно поврзани со човекот и неговите активности. Со порастот на бројот на населението доаѓа до зголемување на количеството на отпад, со што најчесто се потенцира нерешеното прашање за постапување со отпадот, бидејќи доведува до проблеми од еколошки, технолошки, хидролошки, градежен и друг карактер. Досегашната практика покажува дека во нашата земја и регионот, отпадот најчесто се расфрла на диви ѓубришта, што доведува до загадување на сите елементи на човечката средина, па затоа и прашањето за депониите е постојано актуелно. Во развиените земји, пак, отпадот контролирано се складира и плитко се затрупува во почвата, при што целата локација претходно геотехнички се истражува, а потоа се заштитува од сите можни понатамошни негативни влијанија, преку примена на повеќефункционални заштитни облоги од природни и/или геосинтетички материјали, кои се поставуваат под и над отпадот, со што, по затворањето на депонијата, нејзината површина може да се користи за различни цели. Со оглед на површината и волуменот што го зафаќаат, но и значењето што го имаат, современите депонии се третирани како инженерски конструкции кои се справуваат со многу предизвици, а за кои постојат правилници што постојано се надградуваат и детално го дефинираат нивното лоцирање, проектирање, изведба, користење, набљудување на подземните води и гасови, пејзажната архитектура, набљудување по завршување и одржување во текот на 30 години. Третиот труд презентиран на конгресот од наша страна, ја објаснува постапката за хидротехничко решение на системот за собирање и одведување на процедокот од депониите со примена на компјутерскиот програм Хидролошка евалуција на работа

на депонија (HELP методот), и со задавање на конкретен пример за определување на процедокот кај депонијата Центар Жупа. HELP методот е квази дводимензионален хидролошки модел со кој се определува еднодимензионален воден биланс. За определување на водниот биланс како влезни податоци се користат: климатски податоци (моделот ги користи среднодневните вредности на врнежите, среднодневни температури и дневни вредности за соларната радијација), податоци за почвата (хидрауличка пропустливост во заситена состојба, порозност на почвата, коефициент на евапорација, полски капацитет на влажност, точка на венење, минимален интензитет на инфилтрација, SCS број на крива на површинско истекување, почетна содржина на вода), податоци за вегетативниот покривач (тип на култури, растителна прекривка, површина под лисја, зимски прекривен фактор, длабочина на

зона на евапорација) и податоци за проектот (број на слоеви, дебелина на слоеви, пад на слоевите, растојание на дренажа, површински слој на депонија, коефициент на процедување, дел на истекување од отпадот). HELP методот е алатка со која на брз и едноставен начин, и со задоволителна точност се определува количината на процедокот, од што зависат не само димензиите на системот за прифаќање и одведување туку и објектите за негов третман. Учеството на ГЕОРЕКС е посебен предизвик за студентите од скопскиот Градежен и штипскиот Политехнички факултет, што е и разбирливо со оглед на сите досегашни позитивни искуства. Водени токму од нив, би сакале да им го препорачаме на помладите колеги и би ги советувале веќе од почетокот на новата академска година да пројават интерес за научна работа. Автори: Студентите учесници на конгресот

3

29 јули 2011 ПОРТА

9


градежништво

ИЗИИС - единствен консултант во еден од најголемите светски проекти

Промоција на научните капацитети на Македонија Во светски рамки проектот „Сеизмичкиот хазард и ризик на Емиратот Абу Даби“ е оценет како една од најамбициозните научно-истражувачки и апликативни иницијативи за обезбедување на сеизмички безбеден и квалитетен живот

П

етдецениското искуство, достигнувањата и стекнатото меѓународно реноме беа предуслов, меѓутоа и ненадоместлива предност, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од Скопје во изразито силна меѓународна конкуренција да биде избран за консултант во моментално еден од најголемите светски проекти од областа на сеизмологијата, земјотресното инженерство и заштита на населението и материјалните добра од сеизмички дејства „Сеизмичкиот хазард и ризик на Емиратот Абу Даби“. Проектот е финансиран од Општината на градот Абу Даби, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ). Во светски рамки проектот „Сеизмичкиот хазард и ризик на Емиратот Абу Даби“ е оценет како една од најамбициозните научноистражувачки и апликативни иницијативи за обезбедување на сеизмички безбеден и квалитетен

10

3

ПОРТА

29 јули 2011

живот. Не само во однос на целите и временската рамка во која тој се реализира (18 месеци) туку и во однос на трансферот и апликативноста на резултатите во стандардната инженерска пракса, зајакнувањето на националната инфраструктура на Емиратите во сите професионално-технички и административно-управни домени, вклучувајќи го и доменот на оперативна реакција и менаџментот на потенцијални вонредни и кризни ситуации предизвикани со сеизмички дејства. Проектот е оценет како „моментално светски водечка инженерсконаучна активност во доменот на сеизмологијата, земјотресното инженерство, мониторингот и раното предупредување и заштитата на населението и материјалните добра“. Проектот е инициран со цел, врз основа на конзистентен научнотехнички и стручен пристап, да интегрира методолошки и софтверски решенија, податоци,

технологија и искуство во национален инфраструктурен „систем“ и придружна институционална и кадровска логистика, кои ќе обезбедат трансфер и имплементација на најсовремените светски технологии и сознанија во виталните управноадминистративни сектори на Општината и Емиратот Абу Даби. Системот, базиран на 69 високо софистицирани продукти, е концептуализиран како интегриран, обединувајќи повеќе интердисциплинарни компоненти: 1) создавање инфраструктура за мониторинг во реално време; 2) систематизација и анализа на просторот по однос на создадените вредности (објекти, инфраструктура, функции, ...), опасностите на кои тој е изложен и проценки на потенцијални последици; 3) дефинирање на степенот на технички конзистентен и економски одржлив степен на прифатлив ризик; 4) оценка на генерираните сеизмички ефекти во реално време

(ShakeMap) и потенцијалните етички, физички и економски загуби; 5) инсталирање на инфраструктурна Cyber платформа која хардверски и информатички ги обединува сите продукти на проектот и обезбедува трансфер на релевантните технички и оперативни показатели до институциите ресорно задолжени за менаџмент и следење на просторот, создадените вредности, феномените и оперативен менаџмент на вонредни и кризни ситуации; 6) меѓународна верификација на концептуално-техничките решенија и на резултатите; 7) имплантирање на системот во националните административноуправни институции и служби и кај операторите на критичните инфраструктурни системи; и 8) тренинг и зајакнување на нивниот капацитет. Јадрото на проектот е cyber платформата што во реално време го поврзува мониторингот со институциите надлежни за оперативен менаџмент на


градежништво

Конструктивни системи во кои се реализира ИЗИИС концептот на сеизмичко следење на објекти: Landmark Tower е постмодерен ултрависок облакодер со комбинирана намена (канцеларии, трговски центри, ресторани, небеска градина, видиковци и друго). Конструктивен систем: армирано-бетонски платна; висина: 324 метра; катност: 72 надземни и 5 подземни ката; вкупна изградена бруто површина: 205.000 м2; статус: во изградба, во функција јануари 2012.

Al Dar Headquarter Tower е прв и единствен кружен облакодер во светот, прогласен за најдобар футуристички дизајн за 2008 година и добитник на Tekla BIM Awards 2009 наградата за најелитен челичен објект во 2009 година. Со изградба на уникатниот Al Dar облакодер, трет diagrid објект во светот, постигнати се фасцинантни ефекти на крајбрежната силуета на градот. Конструктивен систем: армирано-бетонски јадра (2) со двострани, калотно испакнати, челични diagrid фасади и периферен систем на АБ столбови. Вертикалните носечки елементи се меѓусебно поврзани со 23 композитни меѓукатни панели со вкупна површина од 55.000 м2. Покривот, со примарни носечки елементи по линијата на периферните столбови, е интегрален дел на кружната конструкција. висина: 110 метра; дијаметар: 120,9 метри; катност: 23 ката; хоризонтален габарит: варира од 10 (на краевите) до 36,4 м (во централниот дел); вкупна изградена бруто површина: 61.900 м2; вкупна нето површина: 51.361 м2; намена: административно-деловен објект; статус: завршен во 2010 година. Во објектот се вградени 6.400 тони челик и 55.000 м3 бетон. Фасадите, со вкупна површина од 25.000м2, се изведени со 3.200 интегрални високо софистицирани стаклени панели.

Capital Gate Tower е конструиран и изграден со наклон од 18 степени, односно со наклон повеќе од 4 пати поголем од светски познатата кула ва Пиза. Во 2010 година е влезен во Гинисовата книга на рекорди. Конструктивен систем: армирано-бетонско јадро и челична diagrid фасада поврзани меѓусебно со композитни АБ плочи. До 12 кат композитните плочи се подредени вертикално, од кој се започнува со нивното поместување од 300 до 1400 мм кон запад, со што е постигнат ефектот на драматичниот наклон. Во изградба на објектот, за првпат во светски рамки е применет концепт на наклонето (pre-cambered) АБ јадро, во кое се вградени 15.000 м3 бетон армиран со 10.000 тони арматура. Јадрото, проектирано како наклонето кон исток, во текот на градбата е исправено со дополнителна компресија на бетонот предизвикана од тежината на ексцентрично проектираните композитни плочи поместени кон запад. висина: 160 метра; катност: 35 ката; вкупна изградена бруто површина: 53.100м2; намена: деловен објект и хотел; статус: завршен во 2011.

ситуации, за што е предвидено, прво, инсталација на 400-канална инфраструктура за мониторинг во реално време /надградба на националната сеизмолошка мрежа на ОАЕ со 4 нови станици, инсталирање на мрежа за следење на силни земјотреси од 50 станици и инструментација на 7 уникатни објекти за следење на нивното однесување. Потоа, инсталација на две меѓусебно идентични, но просторно одвоени моќни централни компјутерски единици за аквизиција и процесирање на податоци, па формирање на пет комплетно опремени (видео ѕидови со придружен информатички хардвер) центри за управување со ризици и менаџмент на ситуации наметнати со нивната реализација и информатичко-софтверски

и комуникациони решенија. Проектот, концептуализиран од ИЗИИС-Скопје, се изведува по најсовремениот принцип „Создај, управувај и пренеси“ (Build, Operate and Transfer). Во него се вградени 30-годишните искуства на Институтот во доменот на контрола на конструкции, започнати со „Охридскиот пилотпроект“ реализиран уште во далечната 1979 година и кој е меѓународно распознаен како прв европски придонес во овој домен. Проектот го изведува конзорциум од пет светски реномирани институции под консултантски надзор на ИЗИИС-Скопје. Интернационална промоција и оцена на достигнувањата на проектот е предвидена со реализaција на три тематски

работилници со интернационално и национално учество на експерти во областа. Во периодот 19 - 21 јуни годинава се одржа втората по ред проектна тематска работилница со наслов „Strong Motion Instrumentation, Structural Health Monitoring and Cyber Infrastructure” во која учествуваа стотина национални и меѓународни претставници. На тематската работилница Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија беше застапуван од: проф. д-р Михаил Гаревски, проф. д-р Зоран Милутиновиќ, проф. д-р Голубка Нечевска-Цветановска, проф. д-р Вероника Шендова и асс. м-р Радмила Шалиќ. Проф. д-р Зоран Милутиновиќ, редовен професор во ИЗИИС-

Скопје и постојан советник на општината Абу Даби, во рамките на отворањето ги образложи целите и важноста на проектот, како и улогата на Институтот во наговата концептуализација и имплементација. Тој истакна дека Институтот со целиот свој научен и стручен потенцијал е вклучен во овој светски реномиран проект. Заблагодарувајќи се за укажаната доверба, проф. Милутиновиќ потенцираше дека проектот „Сеизмичкиот хазард и ризик на Емиратот Абу Даби“ не е само светска референца за Институтот туку и промоција на научните и стручни капацитети со кои располага Република Македонија. м-р Радмила Шалиќ, дипл.инж.арх.

3

29 јули 2011 ПОРТА

11


рубрика

12

3

ПОРТА

29 јули 2011


рубрика

`


градежништво

регионален СиМпозиуМ за голеМи брани во Скопје н а 17 и 18 ноември 2011 година, во Скопје ќе се одржи Меѓународен симпозиум на тема „Брани - искуства од истражувања, проектирање, градба и експлоатација“, во организација на Словенечкиот комитет за големи брани и Македонскиот комитет за големи брани. Симпозиумот е резултат на традиционално добрите односи и соработката помеѓу овие два комитети, и има за цел, на членовите на Македонскиот комитет за големи брани и на пошироката инженерска фела да

им ги прикаже неодамнешните искуства од областа на браните поврзани со истражувања, проектирање, градење, одржување и експлоатација на браните. На Симпозиумот ќе бидат поканети членови на националните комитети за брани на земјите од регионот. Од овој настан е предвидено да се издаде Зборник на трудови, а официјален јазик на Симпозиумот ќе биде англискиот. Во рамките на Симпозиумот ќе се организираат стручни посети на браните Кнежево и Св. Петка (во градба).

Брана Кнежево

ПРВ РЕЗИДЕНЦИЈАЛЕН КОМПЛЕКС ВО ОХРИД ИЗГРАДЕН ПО СИТЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФКИАСНОСТ Покрај Охридскиот Бисер, се роди уште еден бисер во Охрид, а тоа е станбениот Елитен Објект Адора Инженеринг - Билјанини Извори.

ЕЛИТЕН СТАНБЕН КОМПЛЕКС „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ОХРИД

ЕКО-ИНОВАЦИИ и имплементирање на најнови технологии, е тоа што АДОРА Инженеринг е синоним за квалитет во градежништвото во Македонија. За првпат во Охрид е изграден објект со имплементација на меѓународните стандарди за енергетска ефикасност и со високи стандарди за квалитет ИСО 9001 и за заштита на животната средина ИСО 14001.

14

3

ПОРТА

29 јули 2011

• „Адора“ е прва градежна компанија во Рм и во регионот, која го воведува фотоволтажниот систем за производство на струја за заедничко осветлување во колективното станбено домување ; • Надворешна столарија на REHAU RAUFIPRO, најнова генерација столарија со 4 сезонско стакло. Воведувањето на овој профил и тип стакло придонесува самиот стан да е енергетски ефикасен. Самиот факт што цената на електричната енергија има тенденција на постојано зголемување, инвестирањето во материјали кои штедат енергија е од непроценлива вредност; • Темелна плоча од 95 см • Асеизмичка, армирано-бетонска конструкција со марка на бетон минимум МБ30 и над МБ40. • Термичка фасада: демит фасада со 8 см графитен стиропор и блок тула од 20 см, заштитен слој на фасадата, водонпропустлив пластичен малтер- абрипт; • Преградни ѕидови: помеѓу станови и стан/ходник се изведени сендвич ѕидови (2 х 12 см тула и изолација од 3см тврдопресован тервол); • Преградни ѕидови во становите

„Адора инженеринг“ ДООЕЛ, ул. „Орце Николов“ 182А, реон 55, Карпош, 1000 Скопје, Република Македонија тел. +389 (0)2 3093 200; 3093 201; 3093 909, факс. +389 (0)2 3093 908, web: www.adora.com.mk, e-mail: info@adora.com.mk

се блок тула 12 см, двострано малтрисани, глетувани и обоени во бело со дисперзни бои; • Видео надзор и електричен пристап; • Два влеза обложени со гранит, хоризонтални и вертикални комуникации комплетно третирани со керамика и два електричени лифта; • Сопстевен подземен паркинг; • Блиндор врати; • Прва класа паркет; • Прва класа шпанска плочка; • Оптички интернет, ТВ и кабелска инсталација во секој стан; • Лист за предбележување ; • Сeртификат за сите вградени матерјали; • Можност за кредитирање до 30 години; • Станови од 49, 54, 57 , 61, 72,85, 147 м2 со поглед на езеро • Онлајн каталог на www.adora.com.mk

Докажано најдобри! ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА

072 204 024 и 070 365 738


Улогата на браните и хидроелектраните во променетиот свет

градежништво

Најранливи се сиромашните Изградбата на хидросистемите е од повеќекратна корист. Таа носи економски добивки и има влијание врз развојот. Се ублажуваат ефектите од климатските промени, се задоволуваат потребите од вода за пиење и енергија. Водата што се користи за наводнување го зголемува производството на храна и на тој начин се намалува недостигот од храна. Поради тоа, изградбата на хидроенергетските системи е од исклучително значење.

У

логата на браните и акумулациите за одржливиот развој е широко потенцирана и прифатена од меѓународната јавност. Базирано врз основа на споредбени студии водните резерви по жител, производството на енергија по жител е блиску поврзано со HDI (Индекс на човечки развој) на одредена земја, предложен од Обединетите нации. Хидроенергијата како главна добивка од браните и акумулациите е најдобар избор за повраток на вложените средства во споредба со останатите видови на производство на енергија. Но, покрај тоа браните и акумулациите се и начин за подобро управување и справување со последиците од глобалните климатски промени. Во минатото повеќенаменските брани и акумулации овозможиле заштита од суши, поплави, водоснабдување во селските и градските населби, пловидба, рекреација, како и снабдување со енергија. Бидејќи водните резерви се и енергетски резерви, тие играат важна улога во модерните енергетски системи. Моментално на глобално ниво, хидроенергијата учествува со 20% од вкупното производство на енергија, што е второ производство после производството на енергија од фосилни горива (слика 1). Во Македонија хидроцентралите даваат околу 20%, а термоелектраните околу 80% од домашната електрична енергија. Во споредба со различните видови енрегија, хидроенергијата има висок повраток на парите и ниска емисија на гасови штетни за озонот кои се причина за

глобалните климатски промени. Со оглед на тоа што во голем број земји во светот енергијата се добива од капацитети на база на фосилни горива и нафта, многу од нив бараат начини на замена на

18-34 за ветерни електрани, 3-5 за биолошко гориво, 3-6 за соларна енргија, 14-16 за нуклеарна енрегија, 2,5-5,1 за класични термоелектрани и само 1,6-3,3 за термални електрани (слика 2)

тони за класични термоелектрани, 649-787 за дизел, 220-300 за термални електрани, 38-121 за соларна енергија, 51-90 за енергија од биолошки горива, 10-33 за хидроенергија, 9-20 за ветерни електрани, 6-16 за нуклеарна енергија и 3-4 тони за проточни електрани кои имаат најмалa емисија на CO2 во однос на GWh.

Развојот на браните и хидроелектраните имаат блиска врска со HDI (Human development index)

Слика 1. овие капацитети со други извори на енергија заради задоволување на енергетските потреби и намалување на емисијата на штетни гасови. Еден од начините да се споредат различните енергетски опции е употребата и пресметката на таканаречениот коефициент на енергетски повраток на средствата за време на работата на електраната (Energy Payback Ratio). Овој коефициент е односот на тоталната енергија произведена за време на целиот работен век со парите претворени во енергија за градба, одржување и енергенс потребен за производство. Повисоки вредности на овој коефициент укажуваат на добри перформанси. Процентот на енергетски повраток на различни модуси на енергетски развој е околу: 208-280 за хидроелектрани со акумулации, 170-267 за проточни електрани,

Хидроенергијата како извор на енергија исто така има најмала емисија на гасови штетни по озонот (Слика 3). Спрема пресметките, емисијата на CO2 на GWh е околу 941-1022

Браните и хидроелектраните се во тесна врска и со социоекономскиот развој. Од страна на Mеѓународниот комитет за големи брани (ICOLD) е направена споредба на волуменот на акумулациите и производството на хидроенерегија спрема жител во земјaта со Индексот на човечки равој (Human Development IndexHDI) во повеќе од 100 земји во 

Слика 2.

3

29 јули 2011 ПОРТА

15


градежништво волуменот на акумулацијата и производството на енергија од хидроелектрани по жител:

HDI >0.9 0,8-0,9 0,7-0,8 0,6-0,7 0,5-0,6

Волумен на акумулација по жител (m3) 2924 2476 571 212 173

Енергија по жител од хидроелектрани (kWh) 1461 982 350 106 86

Слика 3. светот. Анализата покажува дека има тесна поврзаност со социоекономскиот развој на земјата. Резултатите јасно укажуваат како развојот на браните/акумулациите и хидроенергијата се поврзани со социоекономскиот развој. ХДИ е тежинска средина на бруто националниот доход, здравјето и едукацијата во однос на жител и го рефлектира квалитетот на човечкиот развој како сеопфатен индекс употребен да го измери нивото на социоекономскиот развој на земјите членки на Обедиентите нации. Индексот ги избегнува разликите во однос

Индексот на човечки развој. HDI индексот се движи во границите од 0 до 1. Што е поблиску до 1 има повисоко ниво на човечки развој. Земјите со високо ниво на HDI, поголемо од 0,9 се најразвиените земји: Австралија (0,970), САД (0,956) и Велика Британија (0,947). Оние со HDI помеѓу 0,8 и 0,9 се релативно развиени: Аргентина (0,866), Русија (0,817), Бразил (0,813); додека оние со HDI помало од 0,5 се најнеразвиените Азиски и Африакнски земји. На пример Руанда (0,46), Буркина Фасо (0,389) и Авганистан (0,352). Македонија во 2010 година

Слика 5.

Слика 6.

Слика 4.

на бруто доходот по жители, а е само мерка за човечкиот развој. На нареднатa слика 4 се компонентите што го сочинуваат

има индекс на HDI од 0,701. Во наредната табела е даден Индексот на човечки развој HDI во однос на

Како што може да се види од претходните табели и графички прикази, развиените земји имаат сигурна основа за водоснабдување и производство на енергија со префрлање и измена на водните ресурси, додека земјите во развој сè уште имаат долг пат да ги стигнат развиените и се ограничени од финансиски, технички и човечки

ресурси. Со одредени исклучоци, како на пример Израел, со висок HDI од 0,935 по жител има волумен на акумулација од 27 м3 по жител, додека Зимбабве со 0,481 HDI има волумен на акумулација од 1,072 м3 по жител, нивото на развој на браните во земјата или регионот е директно пропорционално со Индексот на човечки развој HDI.

Во Македонија, во тек е градба на браната „Св.Петка“, наскоро треба да почне да се гради браната „Луково Поле“ и „Бошков Мост“, а се планира да се градат и браните „Чебрен“ и „Галиште“. Тоа, според Индексот на човечки развој, Македонија би ја приближило кон развиените земји. 16

3

ПОРТА

29 јули 2011


градежништво Тоа коинцидира со резултатите од Обединетите Нации дека глобалната дистрибуција на водната инфраструктура е обратно пропорционална со глобалната дистрибуција на ризикот од водна несигурност. Каква е состојбата во Македонија. Вкупниот волумен на постојните акумулациите е 2.414,9 (106 м3) или 2414900000 м3 што доаѓа по 1.207,45 м3 вода од акумулации по жител во Република Македонија, а средногодишното производство на електрична енергија од хидроелектрани во Македонија е 1.200 GWh или 600 kWh по жител електрична енергија од хидроелктрани. Според овие податоци тоа ја сврстува Македонија во групата со индекс на HDI од приближно 0,7 што одговора на официјалниот индекс на Република Македонија од 0,701 за 2010 година. Во Македонија, во тек е градба на браната „Св.Петка“, наскоро

треба да почне да се гради браната „Луково Поле“ и „Бошков Мост“, а се планира да се градат и браните „Чебрен“ и „Галиште“. Вкупниот волумен на акумулациите што ќе бидат формирани со овие акумулации е 1.309,4 (106 м3) или 1309400000 м3 или 654,7 м3 по жител. Со тоа вкупниот волумен на акумулации ќе изнесува 3.724, 3 (106 м3) или 3724300000 м3 што доаѓа 1.862,15 м3 по жител. Средногодишното производство на електрична енергија од новите хидроелектрани во Македонија е 659,9 GWh или 330,1 kWh по жител електрична енергија од хидроелктрани, што заедно со производството од постојните хидроелектрани би било 1.860,2 GWh или 930,1 kWh по жител. Тоа значително би влијаело и на зголемување на Индексот на човечки развој HDI кој би достигнал 0,8. Тоа Македонија би ја приближило кон развиените земји. Поради различниот степен на

ефектот, глобалните промени имаат различни влијанија и последици за земјите во различни фази од развојот. Најранливи на влијанието на климатските промени се оние што живеат во најсиромашните делови на светот. Исто така, сиромашните или неразвиените земји не биле причина, не се причина, ниту ќе можат значително да влијаат на зголемување на гасовите штетни по озонот, виновни за глобалните климатски промени. Климатските промени имаат најголемо влијание врз сиромашните земји, а нивната приспособливост е најлоша. Земјите со различен степен на развој имаат различни цели и приоритети со можностите од водните акумулации и исто така различни грижи. За најмалку развиените земји влијанието од глобалните промени е често катастрофално, поради неадекватниот капацитет на акумулациите да одговорат на

екстремно големите временски непогоди кои се случуваат сè почесто и со сè полоши последици. Изградбата на акумулации е суштинска работа за нивниот опстанок и сигурност, посебно на африканските земји. Уште повеќе во овие земји и енергетските потреби и потребите од вода се многу значајни, па поради тоа градбата на хидросистемите е од повеќекратна корист. Се ублажуваат ефектите од климатските промени, се задоволуваат потребите од вода за пиење и енергија. Водата што се користи за наводнување го зголемува производството на храна и на тој начин се намалува недостигот од храна. Поради тоа, од исклучително значење е изградбата на хидроенергетските системи.  м-р Славко милеВСКи, дипл. град. инж.

3

29 јули 2011 ПОРТА

17


градежништво

Интервју со Томче Цветановски, технички директор на „Прототип“

Кадарот и новите технологии

Н

е се премногу чести случаите во кои помошните фирми, создадени во минатото за поддршка на големите претпријатија, подоцна успевале да се осамостојат и да пораснат во силни компании и во важни играчи на пазарот. Тоа се случува во многу сектори во стопанството, а во градежништвото кај нас еден од најдобрите такви примери е компанијата „Прототип“. Од фирма за монтирање готови производи, за три децении таа стана компанија

18

3

ПОРТА

29 јули 2011

со повеќе производствени линии, која во својата сфера ги држи челикот, алуминиумот, стаклото, композитните панели и светлечките реклами. Сето тоа е доволно за да се прават цели објекти, но е и погодно за комбинирање со многу други материјали, според потребите на клиентите, но и според желбите на архитектите.

„Прототип“ веќе 30 години нуди динамична, квалитетна и евтина градба. Во што е тајната на вашиот

успех, следењето на модерните текови или нешто друго?  Фирмата е формирана во 1977 година како задруга, а потоа прераснува во една од позначајните градежни фирми во Македонија. Почетоците се со едноставни работи и помагала, а со текот на времето во градежништвото е започнато со набавка на опрема и воведување на нови производства и материјали кои ги бараат условите на пазарот. На почетокот „Прототип“ монтираше

готови производи од германски и италијански фирми, но со отворање услови на пазарот донесовме одлука тие производи да се изработуваат тука. Така почнавме со производство на алуминиумски конструкции како што се врати, прозорци и фасади. Во тој период посетувавме саеми, имавме обуки, школувања кај разни производители на материјали, ги применуваме нивните стандарди и нови технологии и сето тоа доведе до овие резултати и не стави на ова место на македонскиот пазар.


градежништво

се двигател на нашиот развој Со самиот развој на алуминиумските конструкции се јави потреба од комплетирање на производот со стакло, бидејќи развојот на стаклото, посебно на енергетското, има значителен пораст во подобрување на техничките карактеристики и барањата што треба да се задоволат, како естетските и акустичните. Затоа донесовме одлука дека мора сами да го изработуваме пакетот за да бидеме сигурни во производот што го нудиме на пазарот. Го отворивме погонот за преработка на сите видови стакло, посебно на високоенергетски стакла. Како придружни елементи на овие погони се и тие за обработка на композитни материјали, посебно за обложување на фасади. Има погон и за светлечки реклами со што се заокружува еден процес од челична конструкција на објектот, покривачки работи, облоги за фасада, врати, прозорци... Посебно внимание посветуваме и на едукација на кадарот зашто пазарот каде што постоиме и работиме има недостиг од таков кадар. Во процес е соработка со Машински факултет и ја подготвуваме фирмата за сертифицирање според стандарди за изработка на челични конструкции и заварувачки работи. Тоа го бараат новите тендери кои доаѓаат од цела Европа и бараат децидна примена на европските норми. Се стремиме за исполнување на тие норми без кои не ја гледаме иднината. Фирмата е сертифицирана со ИСО 9001, 14001 и 18000, но не застануваме тука, туку продолжуваме во имплементација на нови стандарди. А, тајната на нашиот успех е обуката на кадарот

за примена на нови технологии.

Пред извесно време отворивте нов погон. Која новина тој ја внесува во вашето работење?  Со продолжување на развојот на фирмата и набавката на опрема, увидовме дека ни недостасува производствен простор. Во октомври 2009 година почнавме со градба на нов погон за челични конструкции и процесна опрема. Од 26 јануари годинава почнавме со производство во новиот погон. Инсталирана е опрема за производство на челични конструкции, сечење и заварување на челик и иноксни материјали во сите постапки. Исто така, имаме и производство на данца со минимален пречник од 800 милиметри до максимум 3.000 милиметри. Покрај изработката имаме и монтажа на челични конструкции од висококвалификувани работници за монтажа, заварување и работа на висина. Објектот, направен од челик, е на површина од 30.000 квадратни метри, но после шест месеци работа увидовме дека со добивањето на нови нарачки и набавката на нова опрема ни недостасува уште простор. Затоа ја почнавме втората фаза на проширување на производствениот процес на површина од 1.500 квадратни метри.

Работите лимарски, браварски, алуминиумски, стаклорезачки работи, како и композитни панели. Колку вашите дејности се поврзани една со друга, односно независни?

 Секако дека сите дејности се зависни една од друга. За еден објект да има покрив треба да има и челична конструкција и врати и прозорци. Сите погони се независни, но сепак зависат еден од друг за да имаме краен производ.

Каде сè може да имаат примена композитните панели?  Композитните панели, чија обработка е висококвалитетна, може да се применуваат за надворешна и внатрешна фасада, зависи од завршниот слој. Новите технологии дозволуваат да личат на природните материјали. Исто така, имаат и антиграфитна примена,

што значи ги задоволуваат сите архитектонски барања за форми.

Што е разликата меѓу алуминиумски и ПВЦ прозорците и кога е подобро да се употребат едните, а кога другите?  Во производството на врати и прозорци имаме две линии, од кои едната е за производство на ПВЦ врати и прозорци. Покрај алуминиумски и ПВЦ, произведуваме и комбинација од алуминиум и дрво, која нуди одлични естетски, термички карактеристики и тоа ни е топ производ. Кај алуминиумските и ПВЦ прозорци и врати 80 отсто од површината е стакло, а останатите 20 отсто се рамките. 

3

29 јули 2011 ПОРТА

19


градежништво

Со новите барања и сè построгите норми во градежништвото за термоизолираност, звучност, провидност, соларниот фактор, сè повеќе внимание треба да се посвети на стаклото, но да не се занемари и профилот. Предноста на алуминиумот е тоа што е потраен, понеосетлив на надворешни влијанија, има поголеми јакосни карактеристики и повеќе ги задоволува желбите на архитектите во бојата. Предноста, пак, на ПВЦ прозорците и вратите е термиката. ПВЦ е за помасовно производство, поевтини се и со добра комбинација на стакло се добива евтин квалитетен производ за градба. Најскапо од сè е иноксот и бронзените профили. Сите јавни објекти се работат со иноксни материјали кои се висококвалитетни, издржливи, отпорни на механички удари, трајни и лесни за одржување.

20

3

ПОРТА

29 јули 2011

Какви сè стакла се користат во вашата работа?  Во последните 15 години фирмите што произведуваат стакла, својот развој го насочија кон енергетските стакла. Во зависност од регионот каде се монтира, се бара висока проводливост на светлина, повеќе од 50 отсто, коефициентот на ЛТ да не треба да се пали светло на облачно време, соларниот фактор, продорот на сончева топлина и задржување во просторот 30-40 отсто, коефициентот на топлопроводливост да е од 1,0 до 1,2 и понизок, звучната изолација да е 35-40 децибели. Кога сето ова ќе се исполни ќе биде комфорно и објектот ќе биде енергетски. Посебен акцент во последните пет години се става на фасади на кои се поставуваат фотоволтаични

панели за производство на електрична енергија. Овие панели користат стакло и имаат примена на фасадни и кровни решенија. Развојот на нашата фирма ги следи тие нови технологии. Покрај овие стакла ги изработуваме сите други видови, како LOW-Е стакла, сигурносни-ламинирани стакла, декоративни стакла со џамбо димензија. Целокупната преработка ја вршиме самите под контрола и овластување од институциите. Ги применуваме сите европски норми за изработка и монтажа на стаклото препорачани од производителите и нивните институти.

Освен брзината на изработката, какви предности имаат објектите конструирани од челик во однос на класичните градби?  Побрзата изработка носи

повисока цена затоа што има повисока технологија на обработка. Предноста е и во тоа што тие имаат подобри сеизмолошки карактеристики и може да се рециклираат. Во овој момент најдобра е комбинацијата од челик и бетон.

Фасадите од алуминиум комбиниран со стакло се мошне популарни, особено кај деловните објекти. Освен нивната естетска вредност, какви други предности имаат тие на пример во заштедата на енергија или во нешто друго?  Во „Прототип“ се работат сите три типа на фасади во зависност од барањата на архитектите. Даваме совети за функционалност, помош при изработката и изборот на материјалите. Ние ги исполнуваме желбите на


градежништво

архитектите, вршиме презентација на новите материјали, соработуваме со нив, но тие одлучуваат.

Сепак, овие материјали и овој начин на градба сè уште не се користат често кај индивидуалните куќи или кај станбените згради. Дали очекувате тоа да се смени?  Енергетските стакла мора да почнат да се применуваат насекаде. Во Европа постои пасош на секоја зграда во кој се наведени сите нејзини карактеристики. Врз основа на тие карактеристики се цени зградата и станот.

Енергетските фасади се прават двојни. Врз старата се става нова. Така има заштеда на енергија и помала емисија на CO2. Затоа и ние како фирма се вклучивме во заштита на животната средина. Сепак, луѓето треба да почнат да размислуваат што ќе добијат после пет години ако сега дадат повеќе пари за избор на посуштински материјали кои се висококвалитетни и енергетски. По пет години ќе имаат заштеда на енергија и намалување на трошоците. Затоа сметките не треба да се гледаат пред да почне да се гради објектот.

Долга е листата на познати репрезентативни објекти на кои вие сте работеле. Има ли некои со кои посебно се гордеете, односно ви биле голем предизвик при изработката?  Точно е дека работиме на многу објекти, дел поголеми и дел помали. Нашиот потпис стои на СЦ „Борис Трајковски“, на авто салоните на „Порше“,„ Цитроен“, „Рено“, „Кадис“, „Ми-Да Форд“, „ПежоЕуроимпекс“, „Мерцедес“,„ Хонда“, бензинските пумпи на „Макпетрол“ и ОКТА, хотелите „Карпош“, „Бест Вестерн“, „Гранит“, „Инекс Горица“, „Милениум“ во Охрид, објектот

„Лумикс“. Во фаза на градба кај нас се 11 спортски сали, а работиме и на изградба на новите згради на Уставниот суд, Министерството за надворешни работи, управната зграда на „Дивелоп груп“. Горди сме на сите нашите објекти, но како понови кои ни се важни се спомен- куќата на Тоше Проески во Крушево и Музејот на холокаустот каде има примена на многу нови материјали. Исто така, горди сме и на кривите стакла на зградата на „ИК банка“ и на кршените стакла во Музејот на Мајка Тереза.  Катерина Спасовска Трпковска

3

29 јули 2011 ПОРТА

21


сеќавање

48 години по скопскиот земјотрес

Скопје-катастрофа-обнова-искуство „Цело време се прашував, кој ќе го подига разрушениот град, во услови кога јас бев упатен да контактирам со максимум пет архитекти, а вие во градов сте имале 200 дипломирани инженери архитекти“, изјави познатиот Кензо Танге во Скопје. Но за жал, јас би додал, центрите на моќта беа тие што тогаш ни ги вреднуваа и верификуваа дипломите и знаењата! арх.Трајко Димитров

Ф

еноменот Скопје и земјотресот во 1963 година, кај мене секогаш буди бројни емоционални и професионални реакции. Kако роден скопјанец, како професионалец-архитект и сведок на овој катастрофален земјотрес, сакам да проговорам за постземјотресно Скопје од еден поинаков агол и во контекст на многу појави што ни се случуваат и денес. Четивото е пред вас. За наслов го одбрав насловот на најобемниот труд што е објавен кај нас, а е поврзан со скопскиот земјотрес, од авторот архитект Коле Јордановски, генерален директор на Генералната дирекција за обнова и изградба на Скопје. Издавач на книгата е Матица Македонска. Веднаш по земјотресот, бев меѓу малкумината жители на Скопје што се собравме во дворот на Клубот на пратеници на повикот за спас на преживеаните, и за договор што може и што мора во вакви услови најитно да се преземе! Сликата на градот ужасна, потресна , трагична! Не сум бил во војна, но сум учествувал во десетина бомбардирања на Скопје од 6 април 1941 до ослободувањето во 1944 година. Но, земјотресното Скопје е нешто поинакво, нема споредби. Во потесното градско подрачје немаше неоштетени згради, покрај евидентно урнатите. Сите жители беа во паника и надвор од своите домови. Се пребројуваа загинатите, повредените, затрупаните и така натаму. Градот заедно со своите жители беше мртов. По кратко време, се консолидираа, профункционираа официјалните тела и органите за дејствување во вонредни услови. Беше запален сигнал во југословенската заедница и меѓународните организации и

22

3

ПОРТА

29 јули 2011

држави за итна материјална и нематеријална помош. Највисокото раководство на државата на чело со претседателот Тито, вложуваа максимални напори за најитно санирање и расчистување на последиците од земјотресот. Пристигнуваа бројни експерти,

се средуваа и нормализираа. Засилено се градеа населби за сместување на луѓето, пред да започне зимскиот период. За овој сегмент, во оваа пригода би завршил со афирмативна констатација дека сите планирани активности и повеќе од тоа, беа

и безрезервно се вклопуваа во активностите поврзани со краткорочните и долгорочните планови и концепции за обнова и изградба на разрушениот град. Донесена беше едногласна одлука: градот да се обнови на своето со векови место на опстојување! Каде бевме, колку бевме и како се вклопивме во обновата и изградбата на Скопје. Бевме околу 250 дипломирани инженери архитекти, дејствувавме во рамки на професијата во бројни помали или поголеми работни организации од сферата на планирањето, проектирањето и градењето. Се разбира во вонредни услови! Условите во градот постепено

завршени во предвидениот рок и Скопје почна да го живее својот нов живот, распослан долж реката Вардар од Ѓорче Петров до Драчево, долг 25 и широк 12 километри.

ДИЛЕМИ

Остануваат неодговорени некои од дилемите за постапките што беа реализирани по замјотресот, а за кои имаше и поинакви размислувања и идеи:

1. Да не се градат толку монтажни населби од привремен катактер со евидентно трајни материјали. 2. Да се настојува градежниот фонд, односно објектите што можат да се санираат и обноват

да добијат приоритет, и да им се стават на користење на долгогодишните сопственици.

Малку изворни документи можат да се најдат за валидноста на одлуката за рушење на многу станбени и други јавни објекти, што ја правеа иконографијата

и меморијата на централното градско подрачје. Да бидат срушени, само поради ознаката со „црвена боја“. Партиципацијата на скопските архитекти во овој сегмент од обновата на градот беше минимална и неформална, исто како што е и сега, во врска со квази обновата на историската меморија, без почитување на естетски и бројни други норми, поврзани со овој сегмент на секоја урбана агломерација. Виенската музика од златниот период на Австроунгарската империја е вечна и покрај фактот што миленик на дворот бил Салиери, а божествената музика ја правел Моцарт.


сеќавање ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ГРАД

Југословенската и меѓународната помош беше примена со раширени раце! Народната вели: на поклонет коњ заби не му се гледаат. Скопје го прогласија за отворен град. Како во воени услови. Командата над обновата и изградбата на изрушениот град и тогашните населби ја презедоа разни компетентни домашни и меѓународни тела и организации. Се што беше во доменот на формалното одлучување беше во „наши“ раце. Но, клучните одлуки за Програмата за обнова и изградба на Скопје се носеа од телата на ОН, каде што нашето влијание и партиципација

Што е постигнато во овој период, а не смее да биде ставено под знак на прашање: 1. Регулацијата на реката Вардар. 2. Централниот топлификационен систем, но не како монополска организација и делумен загадувач поради користењето на енергенси кои испуштаат материи што ја загадуваат атмосферата. Многу капитални зафати и објекти останаа нереализирани во разумен временски рок, затоа што не беа сообразни со реалните планирани финансиски можности. Станаа утопистички! За жал! Како архитект кој целиот свој работен век го поминал во реномирана проектантска

со Меѓународниот повикан конкурс за оформување на централно градско подрачје. Повикани биле 8 авторски екипи (или поединци) од целиот свет. Четири покани за учество беа упатени на автори надвор од СФРЈ, и четири на автори од СФРЈ. По усвојувањето на ГУП во согласност со тогашните законски барања, во 1965 година беше донесена одлука за распишување на повикан меѓународен конкурс за урбанистичко решение на централното градско подрачје. Основните барања на конкурсот беа следните: да се добие достоинствен центар на главниот град, да се сочува Старата чаршија, а тврдината Кале да учествува во урбаната композиција. Коритото на реката

оценувачка комисија за избор на најдобро идејно урбанистичко решение на централното градско подрачје на повиканиот конкурс, од вкупно осум члена имаше еден претставник на локалната властдипломиран градежен инженер! Сите учесници ги доставија своите трудови во согласност со барањата на распишувачот и во предвиден рок. Во расписот не се сугерираше, или не дај боже да се бара, да се сочува или да се вклопи нешто што до 26 јули 1963 година претставуваше меморија или иконографија на градот. На учесниците сè им беше дозволено. Ниту еден труд не се надоврза на она што де факто беше препознатлива матрица и слика на градот што функционираше до земјотресот. Со планските документи, де факто, расчистивме сè што ураганот не успеал да го стори. Во сите области на живеење и дејствување епилогот е сличен или ист. Туѓата рака никогаш не чеша добро! Градот од отворен го трансформиравме во експериментален полигон. Зарем и ова не асоцира на привремената употреба на името БЈРМ за три месеци?! Не знам дали имаме право на некого да посочуваме за грешните проценки и очекувања во 1943 и 1963 година, но факт е дека ние баравме поддршка и помош! Безусловна!

НАГРАДА „БОРБА“

беше симболично. Ова му доаѓа како асоцијација на Јајце во 1943 година и Лисабон во 1992 година, каде се носеа одлуки од значење за нас, но ние од Македонија бевме отсутни! Наместо отворен град, Скопје се претвори во експериментален град. Мислам дека експериментот не е успешен, но за жал уште трае! Сите плански документи за зголемување на бројот на жители на градот беа пробиени. Наместо да има 350.000 жители во 1980 година, Скопје веќе во 1981 имаше 505.000 жители. Ова повеќе не беше град на скопјани - дојденците од сите вери и нации беа мнозинство. Тие што го сакаа Скопје беа раселени и не живееја повеќе тука!

организација, како архитектпроектант, сакам со личен став и коментар да посветам малку простор и за тоа што сметам дека е добро направено со почитување на основните параметри што ја дефинираат градбата, и кои трајно ќе сведочат дека во себе ги имаат вистинските достоинства на трајна и вредна архитектура. Но, исто така, сакам да кажам и за оние што не ги содржат овие вредности. Не се чувствувам доволно компетентен да ги коментирам и јавно да ги оценувам вредностите и пропустите на тогаш усвоениот Генерален урбанистички план, усвоен во ноември 1965 година. Моето набљудување би го започнал

Вардар се наметнува како оска на ова комплексно решение.

ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ПОЛИГОН

Истовремено, како ограничувачки фактори беа тврдината Кале да учествува во урбаната композиција, и да се сочува Старата скопска чаршија. Во утврдувањето на барањата за учесниците, нашата локална партиципација беше изразена преку учество на два претставника од Скопје во меѓународниот констултативен одбор за обнова и изградба на Скопје – дипломирани економисти. Ниту еден домашен архитект! Во меѓународната

Скопските архитекти цели три години беа во исчекување да отпочне планскиот период за обнова и изградба на Скопје. Во меѓувреме, времените монтажни објекти станаа трајно добро. Сè беше во игра. Ги немаше сегашниве тендери, но местенки на сите нивоа имаше. Се формираа центри на финансиска моќ за вонредни услови со траен мандат?! Нас архитектите како да не изеде темнината. Никаде нè немаше! Како илустрација на предходно кажаното, на првото доделување на Сојузните награди за архитектура во 1965 година, кое се доделуваше на денот на основањето на НИП „Борба“, Република Македонија учествуваше со ГУП на Скопје што беше оценето дека е надвор од правилникот на „Борба“. Наградата ја добива реализирано архитектонско дело. Да заклучам, во претходната 

3

29 јули 2011 ПОРТА

23


сеќавање 1964 година во Македонија не е реализирано архитектонско дело што Републичката комисија би го номинирала да се бори за Сојузната награда на „ Борба“. За ова мислам дека е доволно.

КЕНЗО ТАНГЕ

Во овој временски меѓупростор, вредно е да се забележи дека по земјотресот во 1963 година не функционираа друштвата од градежната струка и сојузи, и сите активности главно се случуваа инцидентно и со личен ангажман. Архитектите на Скопје ја имаа таа привилегија во 1965 година во нивниот град официјално да престојува познатиот светски архитект Кензо Танге, како носител автор на „девета варијанта за оформување на централното градско јадро на Скопје“. За пошироката јавност, плановите се изготвуваа од врвната екипа во просториите на Заводот за станбена изградба –Скопје. Во длабока „илегала“ со мерка на конспиративност! Зошто, не знам?! Со позитивна реакција и максимална кооперативност, градоначалникот на Скопје, другарот Благој Попов, организираше средба помеѓу архитектот Кензо Танге и претставниците на бројни архитекти на Скопје, на која беше договорено дека кога следниот пат Танге ќе биде повторно во градот, ќе дојде подготвен за директни средби со архитектите–колеги, кои требаа да ги реализираат идеите за целосна обнова на разрушениот град. Долго очекуваната и најавена средба со архитектот Кензо Танге се случи на 13 јануари 1966 година. Средбата се одржа во големата кино-сала во Домот на градежните работници. Немаше празно место! Присутни беа луѓе од еснафот, но и поединци заинтересирани за судбината на нашиот град, за плановите и визијата на овој светски признат неимар. Гостинот, за време на нашето повеќечасовно дружење во кино-салата, прво ни го претстави озвучениот колор-филм поврзан со олимпискиот базен во Токио, на кој во 1964 година се одржаа пливачките натпревари, а потоа одржа предавање со симултан превод за неговото сеќавање на архитектурата, како органска комплексна појава. На приемот што беше одржан по предавањето 24

3

ПОРТА

29 јули 2011

во банкет-салата на Гранд хотел Скопје, во присуство на бројни претставници од политиката и јавниот живот, останува запаметена изјавата на архитектот Танге: „цело време се прашував кој ќе го подига разрушениот град, во услови кога јас бев упатен да контактирам со максимум пет архитекти, а вие во градов сте имале 200 дипломирани инженери архитекти “. Точно е бевме доволно бројни! И веројатно компетентни! Но, центрите на моќ ни ги вреднуваа и верификуваа дипломите и знаењата?!

АТРАКТИВНИ ЛОКАЦИИ

По усвојувањето на т.н. девета варијанта за оформување на централното градско подрачје, почна, во уличен жаргон кажано, капарисувањето на атрактивните локации. Прва од барабанот излезе локацијата за зградата на ЦК на СКМ. Настојувањето објектот да мора и треба да биде покрај голема река, веќе беше видено во Загреб и Белград. За наша голема среќа, изградениот објект како прво награден на југословенски анонимен конкурс, го имаше сето достоинство на врвна архитектонска идеја и реализација. Офицерскиот дом, кој пред земјотресот имаше маркантна позиција на плоштадот и на кејот покрај реката Вардар, беше неодминлив дел од културните збиднувања од највисоко ново. Иконографијата беше дел од мимикријата што се случуваше со фигуративното во реалниот простор. Останува нејасно и неодговорено, зошто на енормно голем простор и на релативно експонирано место е доделена локација за обнова на срушениот „Дом на ЈНА“. Пред земјотресот, објектот зафаќаше простор со големина 70 на 25 метри, а со новата локација доби повеќекратно поголем простор. Со ваква дистрибуција на локациите и просторот, градот и денеска не е во можност да ја поврати силуетата на „широк сокак“ на Скопје. Дојденците од сите вери и нации, од урбани и неурбани средини, беа новите кројачи на главниот град на Републиката, а резултатот на ваквиот дизајн е очигледен. Малкумина од овој корпус што имале мандат и овластување да влијаат на бројните фази од обновата и изградбата на разрушениот град,

ни случајно не се подготвени да ја понесат одговорноста за погрешните одлуки и конечни реализации. Треба да се истакне дека со бурен аплауз беше пречекана одлуката на градот, за изградба на капитални објекти да се стигнува преку јавни и анонимни конкурси, пред сè, од југословенски карактер. За неколку објекти, до решенија се стигна преку учесници повикани од истакнати архитекти во СФРЈ или градот Скопје. Како било, во секоја од овие варијанти, до решенија требаше да се стигне преку јавен и професионален натпревар.

ОБЈЕКТИ

Како на бескрајна лента почнаа да се редат проекти и реализации, во потесно и пошироко градско подрачје. Во навраќањето и појаснувањето, ќе се задржам на објектите за кои може безрезервно да се коментира дека ги исполнуваат основните архитектонскоурбанистички барања и стандарди на трајни вредности, но и на објектите што за жал, не ги поседуваат таквите вредности. Неколку значајни објекти од палетата на општественокултурниот живот на метрополата ги изненадија планерите при распределбата на локациите за: - МАНУ, од проста причина што ние Академија тогаш немавме, но евидентно беше во „проект“. Решението беше најдено со преполовување на просторот планиран за „Домот на младите“. Избраниот простор што едвај го тангира централното градско подрачје, освен близината на реката Вардар, не ги задоволува основните критериуми за ваквиот објект. Изведениот објект за зградата на МАНУ претставува врвно архитектонско остварување. Единствениот објект на просторот на градот Скопје, за кој авторот и професорот Борис Чипан е добитник на Сојузната награда на „Борба“ за архитектура во 1976 година. - Посебна приказна, која мора да биде достапна за јавноста, е поврзана за проектот и изградбата на Музејот за современа уметност на ридот Градиште, во непосредна близина на тврдината. Однапред беше извесно дека проектот за овој објект ќе биде подарок за градот од Република Полска. Проблемите се појавија кога беше побарано и начелно одобрено, овој проект да

биде изграден на ридот Градиште, со коментари и став за сите добри и лоши страни на овој избор на просторот. Поборниците за сочувување на овој дар од природата за идните генерации, на клучното гласање во Советот за урбанизам на град Скопје, беа надгласани со осум спрема седум. Ваквиот однос на оние што градат и оние што „даваат“ наше , а не нивно, благо асоцира на полемиката: дали локацијата за сегашната Американска амбасада не можела да биде на некое исто така добро место. Не сакам да давам личен коментар за архитектонските достоинства, зашто едно од барањата за секоја архитектонска градба е и местото! - Сегашната повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ има долга приказна од почетокот на идејата за изградба на „Дом на спортовите“ влезена во потесната програма за изградба на капитални објекти по земјотресот, со обезбедени неповратни финансиски средства, со закон. Како и за објектот на МАНУ, немаше маркица, односно беше нацртана на местото на сегашниот Олимписки базен. Во согласност со тогашниот протокол, за претседател на Одборот за изградба на овој објект, беше именуван тогашниот претседател на Градскиот комитет на СКМ. На финализацијата на проектот по успешно завршениот анонимен југословенски конкурс, работеа бројни специјалисти од разни инженерски специјалности. Локацијата се расчистуваше, а на раководителот на проектот, од добро информирани извори му беше шепнато дека „домот нема да се гради од политички причнини.“ Финансиите планирани со закон за овој објект, беа прераспределени и „наменски“ употребени за оформување на најјужното отворено лизгалиште во Европа во СРЦ „Кале“, за кајак центарот „Треска“, за ревитализација на салата „Кале“ и слично. Скопјани сонот го досонуваа во 2008 година со изградба на салата „Борис Трајковски“, со концепт во кој универзалноста и профитабилноста беа второстепени критериуми. Универзална сала со социјалистички предзнак, мора да биде ставена на социјалната карта на државата и да се користи за секојдневно функционирање, во сите 365 дена во годината! 


архитектура

Невидливи лавиринти Овогодишната архитектонска работилница која се одржа во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, повторно сцена за размена на архитектонски идеи, истражување и студентски дизајн преку индивидуална и групна работа



3

29 јули 2011 ПОРТА

25


архитектура

И

нтензивната седумдневна архитектонска работилница која се одржа во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, и ова лето стана сцена за размена на архитектонски идеи, истражување и студентски дизајн преку индивидуална и групна работа. Оваа година на Меѓународната летна школа за архитектура свое учество имаа триесет студенти од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија. Сесијата за отворена ја прогласи деканот на Архитектонскиот факултет од Скопје, проф. д-р Тихомир Стојков, а по повод нејзиното 20-то јубилејно издание, соло концерт одржа виолинистот Иван Прилепчански од Скопје. Школата ја организираат Архитектонскиот факултет од Скопје, со поддршка на

26

3

ПОРТА

29 јули 2011

Министерство за образование и наука, општина Крива Паланка и манастирот "Св. Јоаким Осоговски". Курс директор на овогодишната летна сесија е проф. д-р Влатко Коробар, а нејзин секретар асистентот м-р Слободан Велевски. Ментори на сесијата беа асистенти од Архитектонскиот факултет од Скопје и гости од странство.

ВО СМЕНА НА ДЕНОТ И НОЌТА

Работилницата, со тема Невидливи лавиринти, ја раководеше гостинот на школата - рускиот архитект Александар Бродски. „Знаејќи дека се работи за прекрасно место сместено во планина, со прекрасно изгрејсонце и зајдисонце, добив идеја за негово поврзување со темата на оваа сесија“, вели Бродски. Поделени во две групи,

студентите предлагаат различни проектни концепти поврзани со локации од каде најдобро ќе го следат излегувањето и залезот на сонцето. Едниот предлага изведба на амфитеатрално поставени седишта, поставени на стрмна падина кои го вртат својот поглед кон исток, додека вториот поставување ѕид на зарамнет терен, кој свртен кон запад станува место за следење на зајдисонцето. Дрвото како материјал кој е употребен за нивна изведба придонесе во инспирацијата за дизајнот на овие инсталации. „На студентите им оставив простор да развијат две идеи кои на крајот ќе бидат обединети во единствен концепт. Се работи за изведба на две места, две сосема едноставни нешта. На секоја локација со следење на изгрејсонцето и зајдисонцето

ќе се прослави завршетокот на школата“, појаснува Бродски. Со ова негово прво искуство со студентска работилница, Бродски се надева дека кај студентите ги поттикнал индивидуалните идеи, кои се обединуваат во единствен проект потенцирајќи го значењето на самиот дизајнерски процес и можноста за изградба на инсталациите. „Бродски не поседува едукациски модел. Тој со студентите работи интуитивно и суптилно, ги следи нивните концепти и преку работа во две насоки, со нив создаде нешто што е заеднички напор“, појаснува Беке Бартелт, учесничка на летната школа од Десау Институтот за архитектура во Германија. „Но во изборот на локацијата, начинот на изведба на проектот, тој станува прецизен и постојано го надградува детаљот“, додава Бертелт.


архитектура

баланС поМеЃу архитектура и уМетноСт

Александар Бродски, кој потекнува од уметничко семејство, започнува со студии на уметничката школа во Москва, за подоцна да се префрли на Московскиот институт за архитектура. Во раните осумдесетти години, заедно со неговиот колега и соработник Илја Уткин, ги остваруваат своите утописки и фантастични дизајни преку таканаречената хартиена архитектура. Осврнувајќи се пред сè кон уметноста, неговата работа ја следат бројни интернационални изложби, конкурси и признанија. Во 2000 година се враќа во Москва каде отпочнува со дизајн и изведба на проекти со помал обем и привремени архитектонски инсталации. Неговиот визионерски и, пред сè, артистички пристап кон архитектурата, ќе произведе

објекти кои ги карактеризира висока естетика и визуелен квалитет. Архитектурата на Бродски комбинира локални и реупотребени материјали за изведба на објекти кои ја обединуваат руската традиција и модерниот архитектонски израз. Како и неговата уметност критика, оваа архитектура станува и контраст на новиот нерегулиран развој на архитектурата во Русија, а особено во Москва која е одраз на економската мегаломанија. „Да, моите архитектонски проекти во некоја смисла се критика, но тоа не и мојата крајна цел. Во нив се обидувам да одговорам на реалните потреби на инвеститорите, а крајната цел е нивната функционалност “, појаснува Бродски. Употребата на локални материјали и реупотребата на стари

прозорци, дрво, стакло и пластика, е проследена во изведбата на сите негови структури. „Употребуваме широк ранг на материјали и тој не секогаш е реупотребен. За куќите што ги изградивме употребувавме главно нови материјали и вметнавме неколку стари делови. Но, за моите инсталации и уметнички предлози користам стар материјал “, вели тој. Во продолжение на нашиот разговорот со архитектот, тој го појаснува начинот на работа и техниките што се користат во неговото архитектонско студио во Москва. „Јас не работам со компјутер. За мене е сосема доволно да имам молив и парче хартија за да ги изнесам моите идеи. Но, за покомплексни проекти и кога за тоа има потреба моите соработници изработуваат компјутерски модели “, вели Бродски. “Ние сме мало студио,

кое работи на мали проекти “ , појаснува тој и додава „но со водење на архитектонско студио останува малку време за моите уметнички инсталации. Сè уште го практикувам и тоа, но нормално со зголемување на бројот на нарачките тоа станува проблем.“ Нашето интервју нè наврати на студентскиот проект и неговата изведба. „Ги градиме објектите за кратко време и тоа ме радува. Ме радува и ако студентите најдоа забава во сето ова, бидејќи ова е навистина прекрасно место, во кое и самиот уживав и искрено, се надевав дека така и ќе биде“, кажа Бродски. Завршната изложба, одржана на 24 јули во конаците на манастирот "Св. Јоаким Осоговски", ја презентира работата на студентите преку бројни цртежи, скици и фотографии. 

3

29 јули 2011 ПОРТА

27


in memoriam

ИСКЛУЧИТЕЛЕН СЕНЗИБИЛИТЕТ ВО АРХИТЕКТУРАТА Во тој историски период, Олга Папеш, припадник на таа интелектуална елита, се школуваше и го дооформуваше своето образование во земјата и странство, и дејствуваше со своевиден сензибилитет во разни области на архитектурата. Светските движења во архитектурата беа нејзин интерес, како и за целата архитектонска бранша, и своето кредо не го менуваше поради какви било притисоци. За да не паднеме во стапица да ги повториме веќе изречените карактеристики во однос на нејзиниот опус во разни рецензии, ќе наведеме само неколку од нив, кои сликовито ја прикажуваат нејзината професионална даровитост и етичност: „Поминувајќи ги сите фази во создавањето на архитектурата, од замисла, проект, изградба и критика, и посветувајќи го целиот свој живот на архитектурата, таа има огромно искуство и претставува архитект кој на идните генерации има што да им пренесе, и тоа несебично го чини. Сите овие нејзини професионални карактеристики, но и човечки, ја чинат достоен добитник на годишната награда „Андреј Дамјанов“, награда за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градежништвото, која ја доделува Асоцијацијата на архитектите на Македонија“ (арх. Дивна Пенчиќ) „Оваа 2010 година ја обележуваме со благодарноста за великодушно дарување на уште едно богато творештво од страна на жена со извонреден талент и висока доблест, ретка скромност и благост, толерантност и голема професионала енергија“. (арх. Даница Павловска - Циги) „Во станбените колективни и индивидуални згради арх. Олга Папеш прави успешен спој на традиционалниот и современиот начин на живеење, кој по земјотресот преку ноќ влезе на овие простори. Јавните објекти кои ги проектирала или учествувала во нивно проектирање и изградба претставуваат трајно градителско и културно наследство на Македонија од дваесетиот век“. (арх. Панда Зографска Беличанец)

Олга Папеш 1933 - 2011 Со тага се потсетуваме во разделбата со колешката, личноста, пријателката, другарката, архитектката Олга Папеш, член на архитектонската Академија во Асоцијацијата на архитектите на Македонија. Во времињата, малку поразлични од денешниве, ентузијазмот беше најголемата вредност и не можеше да се конвертира во ниедна од оние што денес ги знаеме, можеби и затоа што не постоеја, но тој беше единствен и силен двигател во сите домени. Тоа беа времињата кога, како никогаш дотогаш, масовно се формираше македонската интелектуална елита. Таа беше имуна на вирусите, што подоцна делумно го менуваа нејзиниот етички код. Денес, тој историски период погрдно се нарекува со епитетите „социјалистичка“, „комуњарска“, „едноумна“ дури и од места и од личности од кои тоа најмалку се очекува. Личности, кои се креваат на прсти за да изгледаат поголеми, и за да ја затскријат својата безидејност и доктринарната позиционираност, која е нивна основна карактеристика.

28

3

ПОРТА

29 јули 2011

Архитект Олга Папеш е родена во Велес, во родниот крај на Андреја Дамјанов и македонските зографи кои оставиле траен белег во културата и уметноста на Македонија, и го одредиле високо нејзиното место во културата и уметноста на најширокото опкружување. Зад себе има извонредно богато и креативно творештво како проектант и градител. Спаѓа во значајната група архитекти кои имаа прилика, среќа, дури и привилегија, по земјотресот од 1963 година да го градат новото Скопје, во периодот кога се градеше нов однос кон модерното и традиционалното. Според образложението на комисијата на ААМ за доделување на Наградата „Андреја Дамјанов“ за 2010 година, меѓу другото беше истакнато дека, иако Олга Папеш заминала од професијата по формалното заминување од работното место, таа и натаму продолжила и останала ангажиран архитект, не набљудувач и незадоволник, туку активен учесник во одбраната на стандардите на професијата и во барањето да се почитува законитоста, толку непходна во условите во кои се наоѓа нашата професија. Таа постојано потсетуваше на вредните архитектонски дела кои мора да ги почитува нашата средина, и се бореше за зачувување на вистинските, единствените архитектонски вредности, што е единствен начин истите одново и одново да ги слушаат помладите генерации архитекти, и да градат свој однос кон нив.

Архитектонска Академија при ААМ


in memoriam

„Секој објект е авторско дело“

Г

оспоѓата Олга Папеш беше радо виден гостин во нашата редакција. Не доаѓаше често, но секоја нејзина посета за нас беше повод за разговор на интересна тема. Таа пленеше со својата скромност и ведрина, што ја пренесуваше врз нас, и покрај тоа што имаше нарушено здравје. Можеби немаше пламен во говорот, но нејзините очи зрачеа кога со жар на млад човек ни раскажуваше за плановите за уредување на просторот околу Македонската опера и балет. Што сè со години било сработено, како било направено, што е реализирано, и што требало да се изгради. Не можејќи да се помири со решенијата за тој простор од аспект на проектот „Скопје 2014“, таа јавно регаираше во нашето списание. Она што таа го напиша тогаш, и презентираните документарни факти, беше откритие за некои

млади архитекти, кои се јавуваа во Редакцијата и прашуваа како да дојдат до оригиналните документи. На госпоѓата Папеш не и беше сеедно што никој не пројавил желба да ги погледне старите планови, и што не биле консултирани повозрасните архитекти, кои работеле во периодот кога се проектирале и граделе објектите од овој значаен културен и национален центар. За неа, проектот „Скопје 2014“ во однос на делот кај МОБ е „... еден бедем од објекти, узурпација на просторот. Овде јас не би сакала да дискутирам за квалитетот на архитектурата на новиот објект на филхармонијата. Но, тој склопен во овој контекст, изгледа како во некоја симфонија од Бетовен во која се изгубил третиот став, како некој да придодал партитура од Гершвин или Бах“. Неа ја болеше тоа што никој не го почитуваше мислењето на

професионалците. Но вината за таквата состојба, Папеш ја гледаше и кај самите нив. „Тие молчат, а би требало да излезат и да кажат што мислат. Не разбирам зошто сите масовно не излеговме јавно да го одбраниме нашиот став. На некој начин, никој не верува дека нешто можеме да смениме. Не нè почитуваат, тоа е факт. Јас дури сакав да предложам сите да се собереме, и да ставиме потписи дека не се согласуваме со тоа што се гради. Да ги депонираме потписите во Собранието. По 20-30 години, ако некој истражува, да има доказ дека поголемиот дел од архитектите не се согласуваат со тоа што денес се гради. Затоа што утре некој сигурно ќе праша: Како можеле тие луѓе да молчат, зошто не се спротивставиле на таа идеја?“, констатираше Папеш. Во едно интервју за нашето списание, таа за своите објекти ќе изјави: „Моите објекти иако немаат

шминка се убави. Фасадите не ги третирам како облека на зградите, туку целиот објект го гледам како еден вид уметничка слика. Постојат трендови во обликувањето на објектите и тие се менуваат. Но, авторот е тој што одлучува дали ќе тера мода или ќе се обиде да создаде уметност. Секој објект е авторско дело. Затоа, кога ги обновуваме старите објекти треба да бидеме многу внимателни. Во ред е да се замени малтерот или бојата, но да се менува изгледот на целата фасада е неприфатливо“. Кај Олга Папеш секогаш беше забележливо отсуството на суетност, карактеристична за архитектите. Таа не си присвојуваше ништо што е туѓо. Никогаш не велеше јас, па само јас. За оваа карактеристика на Папеш, доволно зборува и одговорот на едно прашање во однос на „Комплексот на банките“, каде што таа беше еден од авторите. „Јас себе си се сметам за функционалист. Конкретно во овој објект, самата програма за комплексот ја диктираше формата на објектот - од големиот габарит, јас и арх. Радомир Лаловиќ направивме четири волумени, во кои ги сместивме сите содржини. Тоа не беше поради естетика, туку произлезе од функцијата на објектот. Предвиден е натур бетон на фасадите, кој беше доминантен во 80-тите, а вертикалите се нагласени на фасадата. Архитектониката на објектот не е моја заслуга, туку на Лаловиќ затоа што идејното решение на фасадата е негово. Но, за функционалното решение на објектот, како и за деталите сум заслужна јас“. Конечно, таа имаше и порака до младите архитекти. „На младите архитекти им порачувам, пред сè, да ги почитуваат законите, нормативите и прописите за градба, како и урбанистичките планови. Да создаваат добри, рационални решенија“. Според нејзини зборови, таа тешко го доживеала моментот кога поради здравствени проблеми требаше да стави точка на нејзината професионална кариера. Неа ја исполнуваше фактот што нејзиниот внук тргнал по нејзините стапки.

Редакцијата на Порта3 е горда што имаше вистински пријател и професионален соработник во архитектот Олга Папеш.

3

29 јули 2011 ПОРТА

29


ентериер

Симоне Филипини, досегашна амбасадорка на Кралството Холандија во Република Македонија

Со заедничка визија работите се поедноставни

П

о четиригодишен престој, Нејзината Екселенција Симоне Филипини, амбасадорка на Кралството Холандија во Република Македонија, замина од нашата земја. Го искористивме нејзиниот последен работен ден да поразговараме за еден зафат, кој од корен го промени изгледот, особено внатрешниот, на зградата на амбасадата. Ова не е прво интервју на амбасадорката Филипини за Порта3. Како тогаш така и сега поминавме пријатни мигови во раговор за убави нешта далечни од политиката.

30

3

ПОРТА

29 јули 2011

За почеток, сакаме да ве прашаме зошто се одлучивте за целосно реновирање на зградата на амбасадата, која од пред неколку години е во сопственост на Кралството Холандија?  Кога дојдов овде зградата штотуку беше купена. Според мене, зградата не изгледаше така како што јас мислев дека треба да изгледа. Јас сакав да ѝ ја презентирам на Македонија модерната Холандија од 21 век. Сметам дека зградата беше старомодна, изградена како станбена, а претворена во кацелариска со многу мали соби,

купатила, и навистина не беше во ред. Имавме проблеми со каблите, климата, санитариите, и сметав дека тоа не е прифатливо ни за изгледот ни за чувството. И според тоа какви беа ѕидовите, не се совпаѓаше со мојата замисла за зграда на холандска амбасада од 21 век, која треба да го претставува тоа што Холандија го застапува.

Кои се автори на проектот за целосно реновирање на амбасадата?  Автори сме јас и еден од моите вработени. Јас сакав, заедно со мојот вработен, да го направиме

реновирањето. Поставивме некои принципи на хартија, значи, сакавме да направиме транспарентна зграда, светла, модерна, но со топла атмосфера и соодветна на векот што го живееме. Во суштина, тоа ги рефлектира пораките што ние ги праќаме, атмосферата и одредените вредности во смисла на тоа кои сме ние Холанѓаните и што застапуваме. Во принцип, ние сме авторите на реновирањето, изведувач на работите „ПераКонстракшнс“ од Скопје, а архитект беше Џанер Асимов.

Со какви предизвици се


ентериер соочивте за време на ова адаптирање и реновирање?  Што се однесува до предизвиците со кои се соочивме во преадаптацијата на просторот, ние имавме многу ограничен буџет за тоа што планиравме да го направиме. Во суштина, целата зграда се распаѓаше, затоа и требаше серизно да се реновира, но и да се реорганзира. Знаете, ние целосно ја реорганизиравме зградата. Тоалетите беа на друго место, потоа немавме соба за прием на гости. Тоа беше чудно - немавме соодветна соба за дочек на моите гости, па затоа луѓето мораа или да чекаат пред бирото на секретарката или на мало столче во ходникот. Немаше соодветен простор за рецепција и изгледаше ужасно. Најголемиот предизвик беше дали можеме да продложиме да работиме за време на реновирањето, бидејќи моравме да останеме во истата зграда за да заштедиме пари. Сите варботени останавме во зградата, поточно на приземјето и во подрумот. Јас ја делев мојата соба со уште двајца колеги, и кога ѝ бев потребна на секретарката таа ќе влезеше и со тоа бевме веќе четворица во една соба, па и уште некој кога ќе влезеше ќе станевме пет итн. И со другите вработени беше исто, така што

Сакавме да направиме транспарентна зграда, светла, модерна, но со топла атмосфера и соодветна на 21 век. Во суштина, тоа ги рефлектира пораките што ние ги праќаме, атмосферата и одредените вредности во смисла на тоа кои сме ние Холанѓаните и што застапуваме.

моравме да го истрпиме сето тоа.

Ја знам оваа зграда. Овде бев пред 2-3 години. Имав состанок со Вас.  Значи ја гледате разликата, се надевам? Да... изгледа многу убаво, а каква беше! Не само тотално несоодветна за 21 век туку и немаше никаков стил. Преадаптацијата беше направена со намера да се добие максимумот за тие средства, така што постојано размислувавме како да го подобриме изгледот на зградата на начин кој би одговарал на нашите критериуми, а во исто време да останеме во рамките на буџетот. Мислам дека добро ја изведовме работата.

На кој начин работевте?  Работевме на следниов начин: имавме концепт, а првото нешто што го направив беше водење разговори со архитектот Џанер, сè додека не постигнавме заедничка замисла, бидејќи можете да му верувате некому во изведувањето единствено ако делите иста визија. Понекогаш изведувањето може да биде поинакво од тоа што вие би сакале да го направите, но кога имате заедничка визија тоа ги прави работите многу поедноставни. На таков начин работевме, си

разменувавме идеи и на тој начин еден со друг си ја надополнувавме својата замисла. Мислам дека тоа беше позитивен пример како може да се реновира, бидејќи јас имав многу јасна замисла за тоа како сакам да изгледаат работите, и секако Џанер на некој начин беше локалната потпора и нè потсетуваше како стојат можностите тука на пазарот. Тој истапи со некои одредени предлози ограничени од понудата во Македонија, а јас предложив да порачаме преку 

3

29 јули 2011 ПОРТА

31


ентериер треба да изгледа приземно. Во економски тешки времиња сме и би било несоодветно во земја како Македонија, каде што имаме мала амбасада да трошиме многу средства на луксузни нешта. Затоа сакавме да имаме приземна, ефикасна и соодветна зграда. Овие се стандарди кои и самата ги почитувам. Тие не ни беа наложени од министерството, но имаме доста технички стандарди како што е безбедносниот итн. Но, да бидам искрена, немавме стандарди во врска со дизајнот или архитектурата. Не добив информации од Министерството за надворешни работи и во врска со внатрешното уредување - сè направивме сами тука. Имавме заедничка замисла, ја разработивме и таа резултираше со тоа што може да се види сега.

Според Вас, што е тоа што можете да го истакнете како посебно интересно од целиот нов амбиент на амбасадата за секој посетител што доаѓа? интернет. И така наоѓавме работи на интернет и ги увезовме, а во некои случаи, пак, излегуваше дека има локални претставници кои ги носат тие материјали овде во Македонија. Затоа сметам дека научивме многу еден од друг, што беше навистина супер.

Почитувач сте на традиционалната архитектура во Македонија. Дали во рамките на овој зафат искористивте нешто од ова автентично богатство?  Јас многу ја почитувам македонската традиционална архитектура, но сметам дека ова не беше пример за македонска традиционална архитектура и сметам дека треба ја претставува Холандија. Традиционалната македонска архитектура треба повеќе да се почитува, отколку што се почитува во моментов, но преку нејзино соодветно реновирање и унапредување. Но, сметам дека ова е различно од реновирањето на зградата на амбасадата, бидејќи ова нема никаква допирна точка со македонската традиционална архитектура; ова беше само зграда, модерна зграда, но за нас не многу соодветна зграда. И тоа што го направив за да покажам почит кон холандско - македонскиот концепт е дека во просторијата за 32

3

ПОРТА

29 јули 2011

конзуларното одделение имаме масичка од Хиспен, кој е холандски бренд, а е дизајн на Ритвелд. Таму имаме 6 столчиња, на едната страна имаме бела, црвна, сина, а на другата страна имаме црвена и жолта како македонското знаме. Така што тоа беше свесен избор за да се истакне позитивна и добра релација и да се покаже дека ние сме тука заедно.

Дали најдовте допирни точки помеѓу македонската и холандската архитектура, иако прашањето на прв поглед изгледа контрадикторно?  Допирната точка не беше толку во традиционалното, а се надевам дека посетителите што доаѓаат тука го гледаат тоа и зградата не ја доживуваат како македонска туку како холандска, која зрачи со нешто различно, бидејќи можеме да се обидеме да бидеме исти, но зошто да бидеме? Ова е холандски дизајн и ми се допаѓа многу. Но, интересно е тоа што го претставува холандскиот пејзаж. Ако летате над Холандија ќе забележите зелени слоеви во различни бои, како троседот на кој седам јас во моментов. Холандскиот пејзаж се состои само од хоризонтални линии, бидејќи нашата земја е рамна, и се шегуваме дека е како палачинка. Зелениот

тапет го претставува холандскиот пејзаж, додека кафениот тепих ја претставува почвата и всушност тоа беше и концептот на оваа соба.

Во смисла на ентериерско решавање на амбасадата, дали има спој на старо и ново, каде завршува, а каде започнува македонската архитектура и холандскиот дизајн?  Да, постои спој меѓу старото и новото до одреден степен, бидејќи немавме доволно средства сè да биде ново. Спојот е и во тоа што подрумот сè уште не е реновиран (се смее). Што се однесува на останатото, се е ново освен бироата. Моето биро е ново и е холандски дизајн, но останатите бироа допрва ќе се заменат.

Дали постојат определени стандарди во архитектонското и ентериерското уредување на дипломатските претставништва на Кралството Холандија во светот?  Искрено, има многу технички стандарди, но од министерството не нѝ наложија дополнителни стандарди. Стандардот за една амбасада е да изгледа соодветно, претставително, да не изгледа многу скапо, но сепак да зрачи со топлина. Исто така,

 Не знам што им се допаѓа најмногу на посетителите. Би било најдобро да ги прашате нив. Сепак, мислам дека просторијата за прием на гости зрачи со топлина, пријателска атмосфера, а истовремено е и практична. Но, исто така нема ништо претерано во неа, нема непотребен луксуз. Мислам дека е многу добра и соодветна за работа, а доволна за тоа што ни треба. Сметам дека направивме добар избор. Секогаш велам дека во внатрешното уредување можете да направите 100 избори и секој од нив може да биде вистинскиот. Исто така,


ентериер би требало и тоа да се види кога ќе се имплементира. Работите се движат. Има подобрување во Скопје во смисла на организација - сега е подобро организирано отколку пред неколку години. Не сум архитект, но знам дека неодамна имаше средба на архитекти (Скопска недела на архитектура) и дека таму се зборувало за урбанистичкиот концепт на Скопје и јас ги поддржувам таквите настани.

завесите во канцелариите се проѕирни за да не се чувствувате како заробени во зградата и за да не се попречи погледот кон надвор. Во зградата немаме многу врати, а не сакав да имаме мали работни простории. Сакам луѓето да бидат во контакт едни со други, да комуницираат. Вратите се најчесто алатки кои се користат за да не се комуницира. Во основа, нема причина секоја канцеларија да има врата. Ако сакаат да се повлечат, луѓето можат да седнат во просторијата за прием на гости или горе во салата за состаноци. Немаме што да криеме еден од друг - луѓето се слушаат еден со друг и учат од другите. Мислам дека тоа е идејата. Се трудевме да направиме полуотворен работен простор. Ние го направивме овој избор и во основа мислам дека на луѓето што доаѓаат им се допаѓа - мала е и ефикасна.

 Во однос на заштитата на природата, би сакала да можевме да направиме повеќе, а можеби би можеле да направиме во иднина кога би имале буџет, но барем се потрудивме да ставиме прозорци со двојно стакло, секаде добро да ја заштитиме надворешноста на зградата за да не трошиме многу енергија. Ме прашавте и за одговорноста за зачувување на средината. Се обидовме колку е можно повеќе да бидеме одговорни за животната средина. Немавме средства да поставиме соларна инсталација, но да можевме, ќе го сторевме тоа. За жал, понекогаш нашите постапки не ги следат нашите ставови. Во Холандија имаме строги политики за зачувување на средината, но не го добивме буџетот

за да можеме да ги имплементираме. Сепак, во рамките на возможното се обидовме да бидеме одговорни кон животната средина и да користиме природни материјали.

Од естетски аспект, како гледате на градежната и архитектонската експанзија во Скопје?  Не знам дали има концепт, но делумно има во строгиот центар околу плоштадот. Мислам дека зградите што се таму имаат концепт, без разлика дали ви се допаѓа стилот или не. Луѓето размислувале каков стил да постават таму, што да претстават со него. За останатото, не чувствувам дека има архитектонски концепт или урбано уредување. Да, постојат урбанистички планови на општинско ниво. За некое време

На заминување сте од вашата функција амбасадор на Кралството Холандија во нашата земја. Што ќе им препорачате на вашите сограѓани во Холандија од културното и архитектонското наследство на Македонија?  Сосема е јасно дека имате богато културно наследство, богато архитектонско наследство ако се гледа во далечното минато: манастири и џамии... Старата скопска чаршија многу ми се допаѓа како архитектонски концепт. Викендов бев во Берово. Природата е фантастична. Имате многу убави места кои малку потешко се откриваат, недоволно се истражени и недоволно се развиени. Берово е едно од тие места. Сè уште има убави стари куќи, но погледнете како изгледаат и што се случува со нив. Можам да ви кажам дека кај холандските туристи не би имало интерес за Берово, но кога старите куќи би се замениле со нови 

Можеби новата амбасадорка ќе ги добие средствата од Министерството?  Во моментов нема повеќе средства. Да не ги добиевме парите за реновирање пред финансиската криза, немаше воопшто да ги добиеме. Сепак, имавме среќа што ја добивме оваа битка пред да настапи кризата. Но, тие веќе имаа дадено зелено светло, па не можеа да ја повлечат одлуката.

Позната сте како поборник за заштита на природата. Дали при реновирањето на амбасадата водевте сметка и за еколошките аспекти, во смисла на употреба на материјали, заштита на околината, обновливи извори на енергија, ергономичност...?

3

29 јули 2011 ПОРТА

33


ентериер

градби можеби би имало интерес само 34

3

ПОРТА

29 јули 2011

да се прошетаат околу езерото и да ги посетат манастирските конаци, сè друго останува да се доправи. Би им препорачала на одговорните власти да направат план со приоритети. На пример да се определат приоритетни градови и села од различни региони на Македонија и да се реконструираат фасадите со владини средства во наредните две-три години. Откако тоа ќе се направи, може да се продолжи со други села и градови, како и да се воведе систем за субвенционирање на оние што треба да ги реновираат куќите, а немаат пари за тоа. А соодветно реновирање чини повеќе отколку градење нова куќа од бетон. Затоа, ако како влада сметате дека тоа е значајно, треба да им обезбедите инструменти на вашите граѓани за да го остварите тоа, бидејќи во спротивно, тоа нема да се случи. Не можете

да очекувате дека сите граѓани можат да ги реновираат куќите на автентичен начин или дека имаат доволно средства за тоа. Сепак, постојат луѓе кои го прават тоа, како на пример Тефик Тефиковски од с. Јанче.

Ви благодарам за времето што го одвоивте за нашето списание.  Ви благодарам за посетата и за интервјуто. 


Во подготовка е најновото пречистено џебно издание на Законот за градење! Закупете рекламен простор на ударни позиции по промотивни цени: -

Внатрешна корица Задна корица Внатрешна страница лого на насловна корица

Законот за градење ќе биде доставен како додаток со Порта3, дистрибуиран до сите градежни фирми, проектантски бироа, јавни претпријатија, општини, како и во продажба за време на саемите - Технома и Саемот за градежништво 2012. Тел. за информации:

02/3243 790 и 02/3243 797


ентериер

Луксуз и елеганција Има семејства кои особено држат до тоа јавните простории во нивниот дом да бидат ексклузивно уредени. Тоа се најчесто оние среќници кои имаат салон повеќе наменет само за прием на гости.

С

осема е извесно дека има различни нивоа на луксуз во домот, како и различни интерпретации на истиот (тоа што е за некого луксузно за другиот е пренагласено декоративно и слично). Сепак, мислам дека сите ние добро знаеме што подразбираме под луксузен ентериер. Најважната ставка кај луксузот во едно домување е површината, па и „кубатурата“ воздух што ја

36

3

ПОРТА

29 јули 2011

имаме на располагање. Што повеќе воздух и поголема површина, тоа поголем луксуз. Во оваа куќа станува збор за луксуз од типот ,,да ти е страв да седнеш на снежно белите честерфилд кожни софи“, или ,,да не оставиш никако чаша на комодата од палисандер – фурнир од африканското истоимено дрво“. Сепак, овде се живее и се пречекуваат гости, се работи, и се игра како и во останатите домови,

само малку полуксузно. Убавото уредување започнува уште со самиот влез во објектот, кој по димензијата и уредувањето сосема прилега на ексклузивен влез во елегантно уреден дом. Како што велиме, онака народски - сè чкрипи, кога ќе ги видиме обработката на подот, оградата на скалилата, самиот мебел, гардероберот во дабов масив со особено убав декор во завршната обработка, или пак лустерот со

Сваровски кристали, инокс и месинг со халогени сијалички. Во салонот со мега димензии влегуваме преку двокрилната врата од дабов масив, изработена за неколку генерации, како и сè друго во куќата. Салонот има два сегмента за седење: првиот е тој крај огништето, а вториот е реализиран како сет од тросед, два двоседи и фотелја честерфилд модел, во бела кожа. Големата квадратна маса во


средината како и трпезариската маса се изведени од плочест материјал, и фурнирани со африкански фурнир венге, завршени во ефектот на какао. Особено е декоративна комодата за хајфај опрема решена во два дела, едниот статичен и низок со Х=45см, Д=45см, и висечка рамка во која е врамена плазмата. Овој сет е реализиран во две контрастни завршници и тоа: фурнир од венге за еден

дел од средишните површини, и фурнир од палисандер за полукружните аголни сегменти, како и за рамката на ѕидот. Преку ексклузивната трпезарија се префрлуваме во нејзиното височество – кујната, изведена во комбинација од црно-бело боени површини од медијапан во висок сјај. Но, протагонист на имиџот на оваа кујна е фурнирот од палисандер, кој самиот по себе е ултрадекоративен и ексклузивен.

„Белата техника“ е сета во црно од одличниот производител Miele. Проектантски, кујната е решена во форма на буквата ,„П“, а во нејзиното средиште е поставен остров на кој е припоена маса за ручање. Особено убав детаљ во кујната, се сите хоризонтални работни површини решени во бел керок, најрезистентниот материјал на пазарот, кој во Дизајн Фантазија го обработуваат до перфекција.

Оваа кујна е „високософистицирана ѕверка“, која сите си ја посакуваме за дома. доц. д-р елена НиКОЉСКи ПаНеВСКи, дипл.инж.арх.

фото: Владимир СеКулОВСКи Во соработка со:

3

29 јули 2011 ПОРТА

37


тренд репорт

Светлото како важен чинител во домашните и јавните простори

38

3

ПОРТА

29 јули 2011

50. МеЃунароДен СаеМ за Мебел во Милано


тренд репорт

С

ветлата, а според тоа и осветлувањето, сè повеќе и повеќе добиваат важност, и им се посветува големо внимание не само во домашните туку и во јавните простори како што се музеите, болниците, канцелариите, индустриските погони и надворешните простори. Како што знаеме, меѓународното

издание за светло, попознато како Euroluce (26-то по ред), претставува најпочитувана изложба во целиот сектор за осветлување и тоа на глобално ниво. Привлекува огромен број посетители (минатата година достигна посетеност од 308.000) на површина од 40.000 м2, и е нешто кое не смее да се пропушти, особено за оние што

сакаат да го почуствуваат пулсот на осветлувањето на иднината. Она што беше впечатливо, покрај најразличните решенија за осветлување, е што повеќето од штандовите се одликуваа со неверојатен дизајн, особено штандот на реномираната компанија PHILIPS, формиран како авенија од куќи во низа, во кои беа

прикажани типовите на светла. Со ова ја завршуваме репортажата од саемот, а следниот термин е 17-22 април 2012 година, со тоа што наместо категориите „Светло“ и „Канцелариски мебел“, следната година се отстапува простор за „Кујни“ и „Санитарии“.

Сандра Дончева, дипл.инж.арх.

3

29 јули 2011 ПОРТА

39


наука

Михаил токарев: 100 гоДини МоДерна архитектура (114)

италија (3)

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

Калини. Монтуори и Вителоци. Железничката станица, Рим

Гверини, Лападула и Романо. Палатата на италијанската цивилизација, Рим

Е. Кастилјони. Техничкиот колеџ кај Милано

40

3

ПОРТА

29 јули 2011

И. Гардела.Станбената зграда, Венеција

По Втората светска војна се чини дека естетиката на рационализмот во Италија најпосле започнува да дава повеќе плодови. Но тогаш, по долгиот престој во САД, се враќа Бруно Ѕеви, кој не е во тек со настаните, а сепак си вообразува дека мора да ги исправи развојните линии на италијанската архитектура. Тој енергично се залага за примена на органските, наместо рационалистичките принципи во архитектурата. Калини, Монтуори и Вителоци со соработниците ја создаваат железничката станица Термини во Рим (1948-1950). Нејзиниот влезен хол е обликуван со динамично извиткана покривна плоча, што убаво контрастира на стабилната хоризонтала од главниот кубус. Вредноста на новиот објект е зголемена со вклопувањето во неговиот хол на археолошките ископини од IV век. Важен настан во повоената изградба на Рим претставува подигањето на градот градина, ансамблот ЕУР (Espozicione Univerzale Romana). Тој се состои од неколку општествени објекти и станбени блокови. Неговата изградба е започната уште пред Војната, според замислата на Марчело Пјачентини за архитектура обликувана со аркадни системи. Со завршувањето на овој ансамбл во 1950 година е создаден типичен пример на неокласицистичкиот правец, наспроти веќе присутната модерна архитектура во Италија. Тоа најдобро го сведочи Палатата на италијанската цивилизација (1942-1950), создадена од Гверини, Лападула и Романо. Енрико Кастилјони (роден 1914) и неговите соработници се залагаат за барање на нови архитектонски облици, врз основа на новите конструктивни решенија. Таков е Техничкиот колеџ во Бусто Арсицио кај Милано (1963-1964), обликуван со динамичните форми на разголената армиранобетонска конструкција. Игнацио Гардела го продолжува своето предвоено настојување за создавање на нова архитектура преку трансформација на наследените вредности од непосредната околина. Тоа го докажува преку станбената зграда на каналот Гранде во Венеција (1957), обликувана со елементи инспирирани од формите на венецијанската готика.


Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница

29ти Ноември бр.60

www.porta3.com.mk

е-маил: office@tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk

ДООЕЛ ТАТЈАНА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

070 387 535 070 385 585

Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk

HY PERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје

15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk

3

15 јули 2011 ПОРТА

41


урбанизам

Б

42

3

ПОРТА

29 јули 2011


спортски храмови

Метрикон Стадиум - Квинсленд, Австралија

Квинсленд има нова брановидна потковица

Н

а 22 мај оваа година беше пуштена во употреба реконструираната спортска арена во Квинсленд, Австралија, за таму многу популарниот „австралиски фудбал“. Екипата на „Голд Коуст Санс“ направи двегодишна, комплетна реконструкција на објектот, првично изграден во далечната 1987 година со капацитет од 18.000 места. Потребата за осовременување на стадионот, и зголемување на капацитетот на трибините, наложи акција за негово комплетно реконструирање. Новиот стадион Метрикон доби

ФАКТИ за МЕТРИКОН СТАДИУМ - Голд Коуст, Квинсленд Седишта: 25.000 Период на реконструкција: 2009 - 2011 Отворање: 22 мај 2011 Цена на градба: 144 милиони австралиски долари Дизајн: Populous Сопственик: Градско собрание на Голд Коуст

зголемен капацитет на 25.000 места, со можност за негово подигнување и до 40.000 места во зависнот од манифестацијата што се одржува. И зад овој нов спортски објект стои потписот на најпопуларната светска архитектонска компанија „Попјулос“, која во своето портфолио ги има најпознатите и најмодерните спортски градби во светот. Првичната намена стадионот ја има за австралиски фудбал, кој е прилично различен од американскиот фудбал. Но, на овој стадион ќе се играат и рагби натпревари, па дури и бејзбол и фудбалски средби. Стадионот во предградието Карара се реконструираше за сума од 144 милиони австралиски долари. Започна со комплетно уривање на стариот стадион на 30 октомври 2009 година, за оваа година да никне новата убавица во облик на потковица. Новата овална форма на стадионот Метрикон е дизајнирана за да биде мултифинкционална и флексибилна заедница на

повеќе спортови. Се очекува овој стадион да прерасне во нов дом на репрезентацијата во крикет и австралиски фудбал, но и дом на австралиската фудбалска репрезентација за потребите низ квалификациите, како и за Игрите на Комонвелтот во 2018 година. Од архитектонското и дизајнерско студио „Попјулос“ се погрижија на стадионот да биде монтирана најнова технологија, голем видео екран, но и дополнителни интегрирани делови за негова комплетна функционалност. Во склоп на стадионот ќе има околу 2.000 корпоративни места,

нови терени, апартмани. Дизајнот на покривот на стадионот, исто така, е уникатен. Брановидната форма го одразува локалитетот каде што е сместен стадионот, а истиот треба да обезбеди сериозна заштита од попладневното жешко сонце, но исто така и за заштита од таму популарните летни бури. Брановидната форма на покривот го поттикнува природниот тек на движењето на воздухот, и овозможува одлична вентилација на седиштата, дури и на најдолните редови на трибините. Сашо Кузмановски

3

29 јули 2011 ПОРТА

43


технологии

Сите софтвери на „Бентли“ Наместо да развие низа нови современи софтвери кои се компатибилни меѓу себе, како што тоа го сторија неговите конкуренти, „Бентли“ започна со масовно купување на софтвери и компании од најразлични сфери на индустријата. Понатаму овие софтвери беа модификувани со цел да се постигне целосна компатибилност меѓу софтверите во Бентлиевата палета на производи.

Ш

тета за браќата Бентли што не ставија знаменце врз Mакедонија на нивната мапа на присуство во светот. Колку што ми е познато, корисници на софтверите „Бентли“ во Македонија има, и тоа се пред сè неколкумина кои работат на „Мајкростејшн“ во делот на геодезијата, а можат да се избројат на прсти. Македонија е навистина мала и не е некој пазар,

44

3

ПОРТА

29 јули 2011

но „Бентли“ е навистина голем, па барем нивното его би требало да ги подбуцне да стават рака и на Макеоднија. А „Бентли“ има што да понуди. Дали сте знаеле дека во нивното портфолио се нудат над 100 софтверски апликации со примена во архитектурата, инженерството и градежништвото? Бројката е навистина неверојатна. Да не е „Аутодеск“ ќе речевме дека

„Бентли“ се осамени на врвот на софтверската АИГ понуда во светот. За волја на вистината, „Аутодеск“ навистина има над 100 апликации во своето портфолио, но еден дел од нив отпаѓа на Филм, Медија и Ентертејнмент. Значи, сепак круната припаѓа на „Бентли“. Кога ќе го погледнеме портфолиото, во очи веднаш паѓаат некои доста познати софтвери за кои не сме знаеле дека

се под капата на „Бентли“. Причина за тоа е што почнувајќи од 2004 година па наваму, „Бентли“ купи голем број софтверски компании чии производи и претходно беа добро познати и продавани. Во името на софтверската интероперабилност, „Бентли“ создаде палета на апликации наменети да ја задоволат секоја проектантска потреба на своите


технологии

корисници. Фамозниот извештај на американскиот НИСТ (National Institute for Standardization and Technology) од 2004 година, наопаку ја преврти софтверската индустрија што го опслужуваше секторот АИГ. Во тој извештај, НИСТ потенцираше дека загубите што ги сносат американските компании поради некомпатибилноста на софтверите што ги користат, изнесуваат околу 18 милијарди долари на годишно ниво. Секој извршен директор или борд на директори, во овој извештај виде шанса да го зголемат плусот на сметката на компанијата, преку намалување на минусот од трошоците. Затоа од 2004 година, компаниите почнаа масовно да вложуваат во корекција и надградба на софтверските системи и апликации кои ги користат. Меѓу првите кои го сторија тоа беа големите нафтени американски гиганти, кои вложуваа огромни суми за да ја подобрат компатибилноста на софтверите што ги користат. Првичните резулатати беа навистина охрабрувачки. Една компанија тврдеше дека вложениот милион долари, на крајот на годината се вратил како 18 милиони долари. Слични изјави се множеа со што се создаде една одлична можност за софтверските коммпании да заработат добро преку задоволување на потребите на клиентите. Во ваква ситуација, „Бентли“ имаше интересна стратегија. Наместо да развие низа нови современи софтвери кои се компатибилни меѓу себе, како што тоа го сторија неговите

конкуренти, „Бентли“ започна со масовно купување на софтвери и компании од најразлични сфери на индустријата. Понатаму овие софтвери беа модификувани со цел да се постигне целосна компатибилност меѓу софтверите во Бентлиевата палета на производи. Со тоа „Бентли“ успеа да понуди огромен број апликации за кратко време, во услови кога постои зголемена побарувачка, а тоа е дефинитивно успех. Впрочем и ретки се таквите моменти каде огромен број компании одеднаш се подготвени да ги променат софтверите со кои работат. Со тек на годините, токму поради некомпатибилноста на софтверите и нивната различност, компаниите станаа поделени како во кланови, со посветеност кон еден софтверски производител, без намера нешто драстично да се менува во нивниот производствен процес. Равенката што од една страна има промена на софтвер, од другата има ризик од неуспех од имплементација на новиот софтвер, застој и загуби. Па на сила беше и сè уште е она: не ми чепкај во софтверот. Конкурентите на „Бентли“ имаа поинаква замисла за проблемот на некомпатибилноста на софтверите:

• Сонувачите помислија дека конечно софтверските компании и конкуренти ќе почнат да соработуваат меѓу себе и ќе ја срушат бариерата „еден софтвер, еден фајл формат“. Колку и да е хипи, ова сепак имаше некој минорен успех, бидејќи на

сцена стапи ИФЦ фајл форматот, универзален и независен фајл формат кај БИМ софтверите. Сепак, новиот фајл формат драстично не ја промени состојбата. Во контекст на оваа точка е и тотално неочекуваниот и зачудувачки договор помеѓу лутите конкуренти „Аутодеск“ и „Бентли“, на своите корисници да им ги понудат нивните водечки фајл формати во нивните апликации. Тогаш се појавија и шпекулации дека „Бентли“ и „Аутодеск“ во најмала рака сакаат да се спојат или „Аутодеск“ сака да го купи „Бентли“, но бидејќи комисијата за антимонопол тоа не би дозволила, двете компании решиле да си помогнат на овој начин. Години по таа шпекулација, „Аутодеск“ и „Бентли“ остануваат конкуренти. • Голем број помали софтверски компании побрзаа да земат дел од колачот, и тоа успешно, продавајќи конвертори кои ги конвертираат фајловите од еден фајл формат во друг. Сепак, иако овие компании беа навистина брзи, а нивната понуда значително поевтина од оние на гигантите како „Бентли“, „Аутодеск“, „Немечек“ и други, идејата интероперабилноста да се реши преку користење на конвертори значеше само одложување на проблемите. • „Аутодеск“ оваа идеја ја гледаше преку имплементација на БИМ (Building Information Modeling) технологијата. Во основа тоа и не е нова технологија, бидејќи „Графисофт“ со својот првенец „Архикад“ ја нуди од 1984 година

позната како Virtual Building. Но, „Аутодеск“ со својата големина и моќ, успеа БИМ да го протурка на голема врата, создавајќи платформи базирани на „Ревит“. Идејата беше да се создадат голем број современи софтвери базирани на ревит платформата и БИМ технологијата. И во тоа успеаа, но тој успех ги чинеше и време и пари. Згора на тоа, останува приматот на „Бентли“ како компанија која прва понудила и која сè уште има најголем број софтверски апликации за индустријата. Нападот на „Аутодеск“ беше дека „Бентли“ има половични БИМ апликации, што е точно, но останува да видиме дали БИМ технологијата во која „Аутодеск“ толку многу се крстат, ќе го промени начинот на размислување и проектирање, и ќе ги остави Аутодесковите конкуренти „да голтаат прашина“. Во меѓувреме, „Бентли“ секоја година издава книга, свое портфолио на проекти кои биле изработени во нивните софтвери во светот. Проектите се импресивни, но останува впечатокот дека „Бентли“ е присутен, пред сè, во англо-саксонските земји и земјите каде се негува британската традиција и култура. Значи, нека не ве чуди што „Бентли“ не е толку популарен во Македонија и околината. Приматот на глобален лидер останува на „Аутодеск“. Трајче Стојанов, дипл.инж. арх.

3

29 јули 2011 ПОРТА

45


експерт

Како да се оддолее на долгото жешко лето овој милениум?

Топлинската изолација

примарна заштита Немањето соодветна топлинска изолација, прекумерното ниво на застаклени површини на објектите и недоволната заштита од сончевите зраци се, веројатно, само дел од факторите што влијаат за се поголемата, но неодржлива зависност од клима уредите за „преживување“ на долгите жешки лета во Македонија. Со поголем акцент и влијание врз овие проблеми, најверојатно, подобро ќе можеме да се подготвиме за она што навистина не очекува - долгиот и се пожежок и посув милениум, барем во летните месеци. (Специјално за Порта3 од Велика Британија)

В

о овие жешки летни денови навистина е тешко да се оддолее на искушението да се вклучи клима уредот за малку да се разладиме. И покрај подобрената енергетска ефикасност на поновите генерации клима уреди и зголемена достапност, како резултат на нивното масивно производство, тие не можат да се сметаат за вистински и долгорочен одговор на глобалните климатски промени кои ни претстојат во овој милениум. Според студијата Сценарија за промената на климата во Македонија (Climate Change Scenarios for Macedonia) на Центарот за атмосферски истражувања (Centre for Atmospheric Research) при Универзитетот во Нова Горица, Словенија, (Bergant, 2006) општата долгорочна прогноза за Република Македонија е дека во текот на 21 век се очекуваат поинтензивни

46

3

ПОРТА

29 јули 2011

д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх.

зголемувања на температурата на воздухот во текот на летниот во однос на зимскиот период. Се проценува дека очекуваните промени на температурите во Македонија во овој век ќе бидат значително поголеми од оние на глобално ниво, при што, во истиот овој период не се очекува промена на врнежите во текот на зимите, но се очекува значително намалување на врнежите во текот на летата. Исто така, се очекува намалување на дневните температури во зимскиот и нивно зголемување во летниот период. Се разбира, ова сценарио е базирано на расположивите информации и ниво на научни сознанија во времето на изработката на студијата и претставува само индикација за очекуваните климатски промени во Македонија, кои во рамките на земјата ќе бидат подложни на регионални варијации,

а врз основа на субклиматските карактеристики на регионот. Ваквите прогнози сами по себе го налагаат прашањето како најдобро да се подготвиме и да одговориме на она што ќе не очекува во иднина: „изгор лето и кочан зима“? Енергетски ефикасните клима уреди кои користат медиуми што не се штетни за озонската обвивка на планетата, можат да помогнат во ублажувањето на екстремните жешки горештини, но не треба да бидат примарното ниво на заштита. Тоа треба да биде топлинската изолација на објектите. Во оваа смисла, Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти (Сл.весник на РМ бр.143/2008), кој се применува од 01.01.2010, прави голем исчекор во оваа насока во однос на претходната состојба. И покрај овој значителен напредок, пропишаните нивоa на „максимално

дозволена топлинска пропустливост“ (Umax) на поединечните елементи на градежната конструкција се значително повисоки (што е полошо бидејќи треба да се стреми кон што е можно помала топлинска пропустливост) од оние во понапредните средини од нашата на овој план. И тоа, како во рамките на Европската Унија така и пошироко, а да не зборуваме за стандардите што се однесуваат за проектирање и изградба на високоенергетски ефикасни објекти, како на пример оние испроектирани и изведени според препораките во „Пасивхаус“ (PassivHaus) стандардите. Оттука, доследната примена на важечкиот Правилник за енергетска ефикасност на градежни објекти би требало да се смета како минимално прифатливо ниво кон кое треба да се стреми во моментов. Ова е особено


експерт важно со оглед на тоа што само објектите изградени по овој датум се очекува да го имаат ова ниво на топлинска заштита, а нивниот број ќе биде навистина мал во однос на вкупниот постоен градежен фонд во земјата. Исто така, значајно за понатамошниот напредок во оваа област ќе биде кога барањата за пропишаните нивоa на „максимално дозволена топлинска пропустливост“ ќе се променат во иднина, за да може постепено, но сигурно да се зголемуваат барањата преку намалување на пропишаните нивоa на „максимално дозволена топлинска пропустливост“ со што постепено би се зголемувала енергетската ефикасност на градежниот фонд. На пример, во Англија, енергетската ефикасност на градежните објекти е составен дел на градежните прописи (Approved Document Part L: 1A / 2A / 1B / 2B), и во последно време истите се менуваат приближно на секои две години за да се зголеми заштедата на енергија во градежните објекти. Во вакви услови задоволување на постојните градежни прописи се смета само како задоволување на минимално пропишаните барања, но вообичаено се смета дека објектите што се испроектирани и изградени со 20 процентно зголемување на нивото на топлинската изолација во однос на пропишаното, во моментов ги задоволуваат и идните промени на прописите (future proof). Со оглед на тоа што бројот на објектите изградени според горенаведениот Правилник за енергетска ефикасност на градежни објекти ќе бидат само „капка во морето“ на постојниот градежен фонд, особено ќе биде важно да се работи врз подобрување на топлинската изолација на постојните објекти. Така, во член 4 на Правилникот, меѓу другото се вели дека „Одредбите на овој правилник се применуваат на: ... (2) нови градежни објекти и реконструкција на постојни градежни објекти и делови од нив“, што е позитивно, иако од Правилникот не е баш најјасно како тој ќе се применува во однос на „постојните градежни објекти и делови од нив“. Примерите на термичка изолација при префасадирање на постојните повеќекатни објекти е за поздравување, и сигурно

ќе придонесе за подобрување и зголемување на енергерската ефикасност на постојниот градежен фонд во земјата, при што постоењето на финасиски субвениции и даночни олеснувања ќе бидат клучни за долгорочните реализации на овие определби. Сите ние сме сведоци на сè поголемата примена на стаклото во градежништвото, а особено на фасадите на објектите. Добро испроектиран објект со стаклена фасада или големи стаклени панели може да изгледа многу атрактивно, а притоа да ги следи и современите светските трендови во архитектурата. И покрај примамливиот изглед на овие објекти, инвеститорите, проектантите и урбанистичките служби би било пожелно да ги подложат ваквите предлози на подетална анализа за да се види дали навистина е потребно толкаво ниво на застаклување на еден градежен објект. Дури и за објект испроектиран според Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти, максимално дозволена топлинска пропустливост за „прозорци и надворешни балконски врати“ од 2.00 W/m2K е петпати поголема од максимално дозволена топлинска пропустливост за „надворешни ѕидови и ѕидови кон негреани простори“ од 0.40 W/m2K. Оттука е потребно соодветно внимание да се посвети на оваа проблматика во текот на проектирањето за да се намалат топлинските загуби од објектите, и тоа особено бидејќи прекумерното застаклување на фасадите на објектите придонесува за големи придобивки на соларна енергија во текот на летните месеци, кое пак предизвикува

прегревање на објектите и налага нивно поголемо ладење. Заради ова е потребно да се внимава на процентот на застаклување во однос на ѕидовите и покривот на објектот. На пример, според англиските градежни прописи веќе со години се промовира ограничување на застаклените површини на објектите, од кое може да се отстапи само во услови на компензација преку зголемена топлинска изолација на другите конструктивни елементи на обвивката на објектот, за нето ефектот да биде еднаков барем на нула. Предвидувањата се дека се очекува во иднина уште поголемо влијание да се направи преку градежните прописи и финансиски инструменти за да се намали нивото на застаклување на објектите. Дури се споменува и повторното воведување на даноци кои биле пракса во минатото, каде данок се плаќа според бројот на прзорците на објектот. Колку повеќе прозорци толку поголема такса. Како илустрација, според ЛТ методата - алатка за енергетско проектирање на нестанбени објекти (The LT Method - Energy Design Tool for Non Domestic Buildings) изготвена од страна на XII општ директорат за наука, истражување и развој на Комисијата на европските заедници (Directorate - XII General for Science, Research and Development, Commission of European Communities), врз основа на параметрите вградени во алатката, оптималното ниво на застаклување во земјите со климатски карактеристики слични на оние во Македонија, за објекти со двојно застаклување би биле:

• околу 25 проценти за северни фасади,

• околу 25 проценти за источни и западни фасади, • околу 30 проценти за јужни фасади, и • околу 10 до 15 проценти за кровни површини.

Помало или поголемо ниво на застаклување од горенаведените, според претпоставките земени во дизајнирањето на алатката, би резултирале во намалување на енергетската ефикасност на објектите и зголемена емисија на јаглероден диоксид во атмосферата. Немањето соодветна топлинска изолација, прекумерното ниво на застаклени површини на објектите и недоволната заштита од сончевите зраци се, веројатно, само дел од факторите што влијаат за сè поголемата, но неодржлива зависност од клима уредите за „преживување“ на долгите жешки лета во Македонија. Со поголем акцент и влијание врз овие проблеми, најверојатно, подобро ќе можеме да се подготвиме за она што навистина не очекува - долгиот и сè пожежок и посув милениум, барем во летните месеци. Истовремено, подобрувањето на овие аспекти во градежниот фонд во земјата би требало да придонесе за намалувањето на проблемите со кои се очекува да се соочуваме во постудените зими што ни претстојат. При сето ова, треба да се оди внимателно и селективно со примената на модерните сувомонтажни технологии на градба, особено во однос на надворешната опшивка на објектите затоа што термичката маса на обвивката на објектот игра голема улога во регулирање на внатрешната температура на објектите, пред сè во средините со високи летни температури како нашата.

3

29 јули 2011 ПОРТА

47


еко инфо МаДриД

прва соларна централа која ќе работи и ноќе

Во шпанската провинција Андалузија, заврши изградбата на Gemasolar - првата соларна централа во светот, која ќе произведува електрична енергија и ноќе. Ова е овозможено со 15 часовно акумулирање на топлинска енергија, односно колектори кои содржат раствор на соли (60% калиумов нитрат и 40% натриумов нитрат). Акумулираната топлинска енергија се предава на водата, со цел создавање на водна пареа, секогаш кога тоа нема да биде возможно да се направи директно од сончевата енергија. Се работи за централа со моќност од 19,9 MW, од која се очекува производство од околу 110.000 MWh електрична енергија годишно. (Forbes)

Даблин

еколошки такси за водниот сообраќај

Возилото со футуристички дизајн наречено CAT (City Aquatic Transport) претставува производ на група ирски проектанти, со цел промовирање на алтернативен начин на превоз во урбаните центри, кои имаат излез на море или друга водна површина. Возилата ќе работат со бесшумен електричен мотор, со можност за превезување на четворица патници, и секако извонреден поглед на околината преку стаклениот покрив. Злобниците упатија многу критики на овој концепт, укажувајќи дека е единствено применливо во Венеција или Сан Антонио, но, сепак сите се сложуваат дека возилото има стил! (Clean Technica)

вашингтон

зелената опција ги трансформира американските универзитети

Повеќе од 300 универзитети во САД се определиле за „зелена опција“, односно заштита на животната средина. Имено, на овие универзитети се градат одржливи студентски населби, се модернизираат постоечките универзитетски згради, се прават градини за органска храна, но се воведуваат и академски програми со еколошка тематика. Овој концепт, стручњаците го прогласија за најголема трансформација во високото образование во последните неколку децении. Во рамките на оваа програма, Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ до 2025 година планира да има „нула“ емисија на 48

3

ПОРТА

29 јули 2011

јаглероден диоксид, што вклучува имплементација на разни системи за енергетска ефикасност и обновливи енергии. За спроведување на оваа амбициозна цел, Универзитетот има

вложено околу 2 милиони долари, а веќе се видливи и првите економски резултати. (Voice of America)


еко инфо ел хиеро

првиот енергетски одржлив остров во светот

Ел Хиеро, најмалиот и најјужниот Канарски остров, планира потполно да ја елиминира емисијата на јаглероден диоксид, односно да обезбедува 100% обновлива енергија. Тоа ќе се обезбеди со ветерна енергија, чиј инсталиран капацитет би бил 11,5MW. Хидроенергијата е застапена со 11,3 MW, а ќе има и поголем број соларни термоелектрани и фотоволтаични централи. Во овие активности ќе биде вклучена компанијата ABB, а плановите за овој амбициозен проект треба да се комплетираат до крајот на 2011. (Huffington Post)

триполи

либија го презема имотот на enI?

Доколку воената среќа се сврти во корист на либискиот водач Гадафи, италијанската нафтена компанија Eni би можела да се најде во големи проблеми. Се дознава дека Владата на Гадафи започнала преговори со неименувани големи руски и кинески компании во врска со преземањето на проектите на италијанската компанија во внатрешноста на Либија. (Oil and Gas Eurasia)

МоСква

русија бара уште поголем дел од арктикот

„Русија го подготвува барањето што идната година ќе го достави до Обединетите нации, со цел да и се признаат прошрувања на границите на Арктикот“, изјави заменикот на рускиот премиер Сергеј Иванов. Тој ја најави втората експедиција на рускиот Арктик, чија цел ќе биде прецизно да се утврдат границите. Доколку рускиот план успее, Русија би добила дополнителна површина од Арктикот, што би одговарала на 1/10 од Сибир. Со тоа би се проширило и подрачјето во кое Русија ќе може да експлоатира нафта и гас. (Oil and Gas Eurasia) подготви: Даниела млаДеНОВСКа

3

29 јули 2011 ПОРТА

49


екологија

ОТПАДОТ НИЗ ВЕКОВИТЕ

Дали и колку е сменет начинот на управување со отпад и навиките на луѓето, во поглед на далечното минато и сегашноста во која живееме?

П

рвите забележани методи за контрола и управување со создадениот отпад биле создадени уште во времето на Минејската цивилизација (Крит, 3000 – 1000 година пр.н.е). Цврстиот отпад бил сместуван во големи дупки и покриван со повеќе слоеви земја на одредени временски интервали. Како што можеме да забележиме овој основен метод за т.н управување со отпад, останува речиси неизменет до денешен ден. Ваква слика најчесто гледаме во неразвиените земји, земјите во развој, и во помала мерка и во развиените земји. Во Атина до 500 година пр.н.е, создадениот отпад се оставал на најмалку 2 километри оддалеченост од градските ѕидини. Во овој

50

3

ПОРТА

29 јули 2011

случај, секое домаќинство било само одговорно за собирање и транспортирање на својот отпад до определеното место („депонија"). Првата „служба" за собирање на отпад се појавила за време на Римското царство. Кај нив било карактеристично тоа што секое домаќинство го истурало својот отпад на улиците и истиот потоа бил собиран и транспортиран до депониите од страна на соодветните лица.

ЦРНА ЧУМА

По падот на Римската империја, во Европа неколку векови немало организиран начин на отстранување на отпадот. Во овој период важеле изреките: ,,далеку од очи, далеку од ум", и ,,растворувањето е решение

за проблемот", при што не се бирале ни места ни начини за соодветно отстранување на создаденото ѓубре. Како што бројот на европското население се зголемувал и околината се повеќе се урбанизирала, така се повеќе се јавувал недостиг од природни ресурси, при што негативното влијание од овој начин на управување со отпад почнал да се манифестира. Како една од последиците се споменува појавата на разни епидемии, од кои најголем замав земала „црната чума“, која се појавила во Англија во 1347 година. Таа покосила околу една четвртина од целокупното население во Англија, а подоцна и голем дел од населението во цела Европа. Европа почнала да ја чувствува кризата со отпадот негде околу

1500 година, а веќе околу 1700 година оваа ситуација претставувала огромен проблем. Во тоа време, ѓубрето и остатоците од домаќинствата, шталското ѓубре, како и индустрискиот отпад, биле исфрлани во централните одводни канали на улиците. Во 19 век, начините за справување со отпадот останале речиси исти, при што се јавил уште еден нов метод за отстранување на отпадот, а тоа е палењето. Паралелно со ова, во овој период се бележи и појавата на претставници („експерти“) за заштита на човековото здравје, при што се објавени повеќе извештаи кои директно помогнале да се лансира „добата на хигиена“, период во кој на општините им е давана поддршка за справување


екологија

со урбаниот отпад. Почнува време на пишување и имплементирање на закони и правила како на пример, забрането исфрлање на отпад во океаните и морињата (со исклучок на индустрискиот и комерцијалниот отпад, поради фактот што истиот најчесто е создаден од страна на самите држави). На почетокот на 20 век се воведува иновативен начин за справување со отпадот, начин кој е далеку поефикасен од претходните. Се работи за т.н метод на 3Р, односно редуцирај, рециклирај, реупотреби. Овој метод претставувал нов начин кој требал да придонесе кон намалување и искористување на создадената количина отпад, најчесто преку добивање на маст за подмачкување и/или исушен

животински отпад како гориво.

THROW AWAY

Првото системско спалување на отпад се случило во 1874 во Нотингем, Англија. Иако биле испробани разни алтернативи, сепак депониите останале највообичаена форма за отстранување на отпадоци, пред сè поради ниската цена на земјиштето и едноставната, евтина технологија која се користи за овие намени. Со забрзаното создавање на нови депонии, полека но сигурно управувањето со отпад водело кон почнување на ,,војна" со урбаниот развој, кој исто така земал голем замав. Во периодот на Втората светска војна се појавуваат два развоја кои довеле кон зголемување на

проблемот наречен отпад. Првиот претставува консумеризмот, односно најава за тоа со што сме соочени денеска, т.н „throw away“ култура. Овој нов вид на развој е комбиниран со масовно производство, нови маркетингшки методи, и нови производи наменети првенствено за широката маса. Краен резултат претставува драматично зголемување на количеството и разновидноста на потрошувачката стока, а со ова и на отпадот. Вториот развој претставува раѓањето на „хемиските години“, во кои доаѓа до промена во составот на целокупниот отпад. Иако овој период на консумеризам довел до подобрување на животниот стил, истиот всушност претставувал меч со две острици,

бидејќи истовремено дошло до зголемување на количината на отпад, но и на неговата токсичност. Од тогаш па се до денес, ние луѓето правиме напори за да најдеме нови методи и начини со кои ќе можеме да ја поправиме ситуацијата во која самите се имаме сместено. Постојано се подобруваат веќе старите технологии за управување со отпадот, и се измислуваат нови, подобри и поефикасни. Во денешно време константно сме во потрага по решенија кои ќе ни ја осигураат нашата и иднината на нашите деца. Добрата вест е тоа што сегашните техники и методи ветуваат почиста иднина. Никола Нешкоски, дипл.инж.на жив.средина /еко-менаџер

3

29 јули 2011 ПОРТА

51


хортикултура

приМена на Фенг шуи во граДината ч

овековата поврзаност со природата била, и е неизбежна супстанца за неговиот опстанок, така што уште во почетокот на неговата еволуција до ден-денес, тој настојува да ги приспособи природните дарови кон своите потреби. Во денешно време, постојат голем број начини на приспособување кон

52

3

ПОРТА

29 јули 2011

природните дарови за хармонија, и поголемо искористување. Во приспособувањето на просторот за задоволување на потребите на современиот начин на живеење, се повеќе се користат научни и традиционални методи, кои низ текот на времето се докажале со своето влијание врз човекот. Фенг шуи претставува древна кинеска

метода на живеење во склад со енергијата на живата земја. Фенг шуи не претставува магија, а исто така не е ниту духовна дисциплина која има потреба од силна верба и убедување во делотворноста. Најдобро, фенг шуи, може да се опише како наука и може да се примени како уметност. Тоа е систем од техники и знаења, кои ако добро

Фенг шуи не претставува магија, а исто така не е ни духовна дисциплина која има потреба од силна верба и убедување во делотворноста. Кај нас, употребата на фенг шуи во поново време е тренд и сè почесто се користи во уредувањето, пред сè во ентериерот, додека во уредувањето на градините сè уште е реткост. се проучат можат да се применат во просторот и опкружувањето.

Страни на Светот

Целата филозофија на фенг шуи се заснова на усогласување на боите, формата и видот на елементот (дрво, вода, метал, земја и оган ) во однос на страните на светот. Секоја страна од светот е претставена


хортикултура со по еден елемент на кој му одговара одредена боја и форма. Големите фенг шуи мајстори за одредување на страните на светот ја користат багуата, што е прилично сложена за употреба, па затоа е препорачливо за аматерите да користат стандарден компас. Секоја страна претставува и одредена бројка. Бројот еден е север. Северот ја претставува водата, затоа на северната страна треба да се подигаат водни површини (водотек, водоскоци, бари, езерца, водопади ). Бојата на северот е темносина и виолетова. Видови кои одговараат на оваа

Југозападот е претставен со бројот два. Елементот е земја, формата квадратна, а боите за оваа страна се сите земјени бои. Во овој дел, може да се подигне камена градина (алпинетум). Видови кои можат да се користат на југозапад, освен белата (бојата на металот), се сите без разлика на бојата и формата, вклучувајќи ја и бојата на водата до 2024 година. Истокот е претставен со бројот три. Елементот е дрво, бојата е светлосина, а обликот е исправен правоаголник. На исток може да се користат сите бои и форми, кои ги претставуваат

Елементот е метал, обликот е круг, а бојата е бела и сите останати метални бои. Во северозападниот дел од градината може да се постават метални елементи. Седум е запад. Обликот, бојата и формата е иста како и северозападот, со тоа што тука можат да се користат и боите и формите на југот и југозападот. Североистокот е под бројот осум. Исто како и југозапад и центарот е земја со истиот облик и бои. Видови кои се погодни за земјените страни се: Liriodendron tulipifera (листопаден вид, со жолт цвет преку целата вегетациона

„atropurpureum“, Acer palmatum „bloodgoo“, потоа видови како Berberis thunbergii „atropurpurea“, Albizia jullibrisin, Camelia spp.

страна се: Echinacea purpurea, Rosmarinus officinalis, Lavandula angustifolia, Thymus serppyllum, Passiflora sp.,Geranium macrorrhizum, како и видови кои успеваат во вода како Nymphaea spp. Доколку на север се постават видови со црвена боја (бојата на огнот ), истите нема да претставуваат проблем бидејки водата го гаси огнот.

водата, земјата и дрвото. Бројот четири е југоисток. Формата и елементот е ист како кај истокот, а бојата е светлозелена. Центарот е бројот пет. Елементот е земја, а бојата е боја на сите земјени бои, додека формата е квадратна. Сите елементи се спојуваат во центарот. Северозапад е бројот шест.

сезона), Acer palmatum „sango kaku“, Forsythia sp., Rudbeckia spp... Југот е бројот девет. Боите на југот се сите бои на огнот (црвената, портокаловата и виолетовата ), а обликот е рамностран триаголник со врвот нагоре. Видови кои добро би се вклопиле на југ: голем број на вариетети на јапонскиот јавор како Acer palmatum

тренд и сè почесто се користи во уредувањето, пред сè во ентериерот, додека во уредувањето на градините сè уште е реткост.

ЗЕН ГРАДИНИ

Многумина овие градини ги поистоветуваат со зен градините. За разлика од градините уредени по фенг шуи, зен градините се традиционални јапонски градини составени од камен, карпи и чакал, кои претставуваат вода и острови, вклучувајќи ниски џуџести видови на дрвја и грмушки. Употребата на фенг шуи во Македонија во поново време е

(Во следниот број ќе бидат презентирани елементите на малата парковска архитектура, кои се погодни за уредување со фенг шуи техниката)

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

3

29 јули 2011 ПОРТА

53


рубрика

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение.

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи. Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: elikosoft@t-home.mk www.elikosoft.com.mk

54

3

ПОРТА

1 29 јули 2011


рубрика Сеуште губите време во објаснување на Вашите клиенти за Вашата локација Контакт: Тел: +3892 / 6090 - 671 Моб: +38978 / 330 - 313 contact@directorium.mk Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

3

29 јули 2011 ПОРТА

55


арт инфо Марибор

Македонски фотографи во Словенија

Изложба на фотографии од четворица македонски фотографи е отворена во фотогалеријата „Столб“ во Марибор, Словенија. На изложбата со свои дела се претставени Станимир Неделковски, Боро Рудиќ, Љупчо Ристовски и Владимир Арсовски. Неделковски излага фотографии од Скопје, работени во техника од 19 век, додека Рудиќ пред словенската публика се претставува со серија од црно-бели фотографии. Ристовски, изложи црно-бели фотографии во три целини - Египет, Париз и микс, додека Арсовски е претставен со фотографии од македонските краеви.

париз

Миро како скулптор пред француската јавност

Во музејот „Маилол“ во Париз е отворена изложбата „Миро: скулптор“. По четири децении пауза, Париз повторно му ги отвора портите на познатиот шпански уметник, кој во јавноста е најчесто препознатлив како сликар. Последен пат скулптури од Хуан Миро во Париз биле поставени во далечната 1970 година. Фокусот на изложбата е ставен на скулптурите, а изложени се и керамики, цртежи и слики. Изложбата го претставува Миро како скулптор и претставува исклучителна можност хронолошки да се проследи создавањето на неговите дела од раните 60-ти години до 80-тите години на минатиот век.

МeкСико

67 нови археолошки локалитети

Американските истражувачи оваа година откриле 67 нови претхиспански и колонијални локалитети во планините во јужната мексиканска држава Оаксака. Според Националниот институт за антропологија и историја, некои од откриените локалитети датираат од 1000 година пр. н.е, а се наоѓаат во општините Сан Бартоло, Сан Карлос Јаутепек, Сан Хуан Лахарсија, Нехапа де Мадеро и Санта Ана Тавела, во јужниот планински предел во Оаксака. Досега се пронајдени остатоци од еден обреден центар и докази за постоење на 10 претхиспански игри со топка, пештерски цртежи и стаклени мониста донесени од Шпанија. На територијата на државата Оаксака живеат најмалку 16 различни народи, кои во голема мера го задржале домородниот начин на живот, и покрај шпанското освојување на почетокот од 16 век. 56

3

ПОРТА

29 јули 2011


арт инфо виена

изложба на хундертвасер во „кунстхаус“

Во виенскиот музеј „Кунстхаус“, поставена е биографска изложба посветена на познатиот архитект, сликар и скулптор Фриденсрајх Хундертвасер. Со оваа изложба „Кунстахус“ го чествува уметникот врз чии уметнички и архитектонски

принципи е основана и оваа институција, а под чиј покрив се наоѓа и постојаниот музеј на Хундертвасер. Изложбата е тематска, и се однесува на најзначајните аспекти од творештвото на уметникот. Низ

поставката, посетителите патуваат низ 13 локации на кои се одвивал уметничкиот живот на Хундертвасер, меѓу кои и Виена, Париз, Хамбург, Венеција, Јапонија и Нов Зеланд. На изложбата на која се проследени фотографии и документарен филм посветен на уметникот, се презентирани и дела од Хундертвасер, кои досега не биле изложени во Виена.

њујорк

прва изложба за новооткриената слика на леонардо да винчи Според медиумите во Њујорк, сликата „Спасител на светот“, за која неодамна беше потврдено дека е автентично дело на Леонардо да Винчи, наесен ќе биде изложена во Националната галерија во Лондон како дел од поголемата изложба посветена на ренесансниот уметник. На сликата (околу 1500 година) изработена во масло на платно, е прикажана фигура на Исус со едната рака подигната во благослов, а во другата држи глобус. Сликата ќе биде дел од големата изложба насловена „Леонардо да Винчи: сликар на Миланскиот двор“ која ќе трае од 9 ноември 2011 година до 5 февруари 2012 година. Ова дело за првпат се спомнува во уметничката збирка на кралот Чарлс Први од Англија во 1649 година. Сликата повторно се појавила во 1900 година, оштетена од премногу слоеви заштитен премаз за бојата и не се знаел нејзиниот автор, кога ја купил британскиот колекционер сер Фредерик Кук. Потомците на Кук ја продале на аукција во 1958 година за 45 фунти (71,8 долари), а во 2005 година сликата ја купила американска фондација. подготви: Дејан БуѓеВаЦ

лонДон

14,4 милиони долари за најстарата книга

Британската библиотека поднесе молба да се соберат 14,4 милиони долари за да ја купи најстарата книга во Европа. Книгата, според луѓето од оваа значајна британска институција, се наоѓа во беспрекорна состојба, голема е колку човечка дланка и е подврзана во кожа. Книгата со евангелија била закопана пред 1.300 години во ковчегот на свети Катберт Линдисфарнски. Евангелијата на Линдисфарнски, што библиотеката ги добила на заем во 1979 година, се сметаат за мошне важни за Меморијалниот фонд на националното наследство. Од фондот за уметност и фондацијата „Гарфилд Вестон“, ветиле по 402.105 долари. Ако барањето резултира со успех, библиотеката е согласна дел од времето книгата да биде изложена во катедралата Дурам, каде што била најдена книгата заедно со телото на светецот кога бил отворен ковчегот во 1104 година.

3

29 јули 2011 ПОРТА

57


арт дизајн

Музеј на Македонската борба за независност и државност -

Витражот „Оро“ како симбол Витражот креира венец на орнаментика од низа избрани мотиви, кои ја одразуваат македонската

В

о рамките на објектот на Музејот на Македонската борба за независност и државност Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот, е поставена купола која со својата централна позиција освен како архитектонски елемент, има и естетска функција во креирањето и содржината на самиот Музеј.

58

3

ПОРТА

29 јули 2011

Според критериумите и барањата на проектната програма од страна на нарачателот - Министерството за култура на Република Македонија, позицијата и самата конструкција на куполата треба да го одредува симболот на сонцето како универзален симбол и симбол на македонската борба. Според овие

пропозиции, самата конструкција на витражот е предвидено да биде основа врз која се надоградуваат елементите на централен витраж. Исто така, витражот како значаен дел од целокупната концепција на Музејот, во основата треба да содржи симболи и избрани мотиви (орнаментика), со кои треба

да се долови специфичноста на македонската посебност изразена низ оригиналното културно наследство, боите и мотивите што се карактеристични за македонското фолклорно творештво, но и севкупноста на колективните, психолошките и социјалните преживувања на


арт дизајн

Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот

на македонската посебност специфичност, изразена низ народното творештво, развојот и зреењето на овој културен идентитет

народот низ историскиот период опфатен со музејската поставка.

ОРО

Идејното решение за витражот на академскиот ликовен уметник Биљана Кајевиќ, насловен „Оро“, е избраниот проект кој соодвестува со предложените барања на

нарачателот. Според зборовите на самата авторка, на идејното решение за витражот работела подолг временски период, и во истражувачка и во смисла на директна изработка на дизајнот, а самиот резултат ја одразува симболиката на севкупноста на македонскиот народ низ неговата

културна, егзистенцијална и фолклорна историја. Истовремено, во својата завршна форма изразува една современа ликовна претстава, поттикната од вековната народна традиција и нејзината специфична изворност. „Заради посебните технички и естетски карактеристики на витражот, ова дело во сите свои сегменти е ликовно приспособено на поимот 'куполно решение'“. Според Кајевиќ, целата композиција, на начин на кој е колоритно и ликовно решена, ги има запазено сите одредби и испочитувано сите барани технички и естетски критериуми во следењето на сферната форма на витражот.

ИДЕЈА

Витражот, според размислувањата на авторката, креира венец на орнаментика од неколку нивоа составени од низа избрани мотиви, кои ја одразуваат македонската специфичност, изразена низ народното творештво, развојот и зреењето на овој културен идентитет. Тука, авторката мисли на одредени мотиви од специфичната македонска народна носија (вез, ткаење, накит, музика), сонцето како космолошки симбол и симбол на македонската борба за национален идентитет. Таа, преку стилизирани претстави на овдешниот човек, ги спојува овие два симбола, универзалноста на сонцето и посебноста на македонското 

3

29 јули 2011 ПОРТА

59


арт дизајн

фолклорно творештво, односно креира кружен ток на човечки стилизации, кој покрај тоа што претставува симбол на сплотеност, истовремено го претставува националниот танц – орото, кое како специфична игра на нашиот народ, има и заштитна функција преку своето движење - преку својата цикличност, униформираност на облеките, носиите претставени преку сегменти, кои исто така, циклично се повторуваат. 60

3

ПОРТА

29 јули 2011

СОНЦЕ И НОСИИ

Во централниот дел на витражот, според Кајевиќ, е изразен симболот на сонцето, кој во својата средишна претстава, извира и се разгранува во периферна орнаментика, односно кон крајните делови на куполата. Како резултат на зрачењето на симболот на сонцето, од централниот дел на композицијата се пренесува првото ниво на креација кон средишниот - вториот круг на композицијата. Мотивот

на централниот соларен симбол е преземен од најкарактеристичниот женски накит од составот на македонските носии – пафтата, во случајов од Мариовскиот крај. Позицијата на тој дел од накитот кај македонските носии е позициониран во појасот на абдоменот и го симболизира т.н. соларен плексус. Мотивот од вториот круг е инспириран од сребрениот украс за глава што се носел врз невестинска капа, наречен тепалак.

Овој централен, односно сончев дел од витражот, преминува во првото „врзивно ткиво“, кое е претставено преку стилизираната композиција на човечки фигури. Второто „врзивно ткиво“ на витражот го претставува синилото и пространството на небото. Овој дел е ослободен од каква било стилизираност и форма, тука се случува чисто зрачење кое радијално се шири кон периферните делови на куполата. Како што објаснува авторката,


арт дизајн

Куполата низ историјата Појавата на првите куполи се поврзува со римската архитектонска револуција, а за најстара купола во светот се смета куполата на Пантеонот во Рим, изграден во 128 година. Употребата на елементот продолжила и во византиската архитектура, а најчесто бил составен дел од религиозните објекти. По сасанидските освојувања на блискоисточната територија на Византија, куполата станала дел и од исламската архитектура. Во Западна Европа, куполата повторно станала популарен архитектонски елемент со појавата на Ренесансата, а најголемиот расцут го постигнала во средината на 18 век како елемент на барокната архитектура. Потсетувајќи на зградата на римскиот сенат, во 19 век многу административни згради биле градени со куполи. Во изградбата на домови, куполите се граделе ретко бидејќи во барокната архитектура истите биле составен дел само од најголемите градби. Најголем дел од православните цркви и муслиманските џамии се украсени со куполи, што за многумина има соодветна симболика. Така, во православието, куполата се јавува со значење на небо и ги украсува Небесното царство, Бог и ангелите. мотивот за последниот круг на витражот е инициран од типичните бордури на женските везени кошули, од кои вертикално се издигаат везови, најкарактеристични и најизразени кај т.н. порубајка - женска кошула од областа на Скопска Црна Гора. Овие везови се со богата пластична фактура и силна архитектоника од ликовен аспект. „Стилизираниот вез преминува во флорална орнаментика, која е детаљ преземен од сребрен накит

за глава. Овие избрани мотиви од периферниот дел на витражот се симболична претстава на земјата, природата, на материјалниот принцип како контрапункт на сончевиот и духовниот елемент“.

СИМБОЛИ НА БОИ

Боите употребени во овој витраж, продолжува авторката во своето толкување, го одразуваат македонското фолклорно и национално наследство.

Доминираат црвената, жолтата, сината, зелената, додека црната (преку коструктивните елементи) и белата боја имаат улога на акцентирање на одредени делови од композицијата. Така, жолтата боја ја симболизира топлината, енергијата, машкиот принцип; црвената - енергијата и борбата; сината – креативноста, духовноста, севкупноста; зелената – природата, изобилието и растот. Белата боја ја симболизира белината

на памучните платна, чистота, илуминацијата, додека црната боја е носител на конструкцијата и е врската меѓу другите бои како примарен матерјален принцип. Изведувач на витражот е фирмата „Вивенди инженеринг“, а според последните официјални информации во медиумите, објектот треба да биде отворен оваа есен. подготви: Дејан Буѓевац

3

29 јули 2011 ПОРТА

61


совети

ДЕФИНИРАЊЕ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР - Неодамна се вративме од повеќегодишна работа во странство и купивме стан во новоградба. Становите се без преградни ѕидови како еден отворен простор, а секој од сопствениците ќе го дефинира по сопствени потреби и желби. Ве молиме за совет како да го уредиме станот за да има кујна, трпезарија, дневна со работна соба и две спални соби – детска и родителска. Дафина и Марко Стефановски, Скопје пред

С

о синхронизација на вашите желби, специфичностите и можностите, може да се добие пријатен амбиент во кој удобно ќе

живеете. Современото домување предвидува живеење во отворен простор, во кој само функционално се разделува просторот.

Со преградни ѕидови, одделете ги спалните соби и евентуално кујната. Организацијата почнете ја така што централниот дел ќе биде бучниот,

а блиску до бањите мирниот дел од станот. Кујната е веќе дефинирана, така што заедно со трпезаријата и дневната соба ќе прават една целина. Кујната физички можете да ја одделите од трпезаријата со ѕид и лизгачка врата, а од влезниот хол одвоите ја со плакар - шпајз кој ќе се користи од кујната. Централна точка на дневната соба е параванот на кој е поставен телевизорот и музичкиот систем. Тој воедно суптилно ја дели трпезаријата од делот со ниско седење, а не пречи на комуникацијата кон спалните соби и бањите. Родителската спална соба има сопствена бања, а до неа е другата бања и детската соба за две деца. Во детската соба, креветите можат да бидат конструирани како расклопни, во комбинација со масичка за работа и гардеробните плакари од двете страни. Ентериерот нека импресионира со својата пријатност, јасни облици и функционалноста. Нема да згрешите ако употребите природна палета на бои, кои креираат пријатен амбиент за духот и телото. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk

потоа 62

3

ПОРТА

29 јули 2011


најчудни градби

М

ногумина го знаат по неговата бизнис сестраност, но американскиот магнат Доналд Трамп за себе вели дека отсекогаш бил љубител на инвестициите во градежништвото. Резултатот од таа негова љубов кон архитектурата е познатиот златен хотел во Лас Вегас, а секако во најчудните градби влезе и неговиот најнов објект, кој го реализираше во Панама. Тоа е воедно неговата единствена

инвестиција во централна Америка. Објектот е наречен Trump Ocean Club. Вредноста на објектот изнесува рекордни 400 милиони долари! Претставува своевидна слика и прилика на славниот хотел од Дубаи во вид на едро на чиј врв се наоѓа дури и тениско игралиште. Зафаќа површина од 269.000 м2, и вклучува 369 хотелски соби, 700 резидентни единици, 1700 паркинг-плацови, продавници, казино, па дури и клуб на приватна

плажа на Бисерниот остров. Тоа подразбира и дополнителен елемент за бања, велнес центар, сала, вежбална, бизнис центар и уште многу други содржини. Објектот има 70 ката, и претставува репрезентативна глетка во главниот град Панама Сити, во областа позната како Пунта Паитила или бизнис дистриктот на Панама, на самиот брег на плажата од Тихиот Океан. Комплексот почнал да се гради во мај 2007

година, а според предвидувањата да биде готов во 2010 година, но наместо тоа, отворањето беше пред некој месец оваа година. Со оглед на тоа што станува збор за облакодер, кој е сместен во строгиот бизнис дистрикт на Панама Сити, согласно на ова и цените на апартманите се неверојатно големи - се движат од 584.000 долари, па сè до 2,2 милиони долари. Драган Ристов

ТРАМП ИМПЕРИЈАТА ЗБОГАТЕНА СО ЧУДОТО ОД ПАНАМА3 29 јули 2011 ПОРТА

63


Висечка фотелја од Nanna Ditzel за Pierantonio Bonacina.

Играта со сенка ги воодушевувала луѓето во светот уште многу векови наназад. Па оттука му доаѓа инспирацијата на Michael Rosing за дизајнирање на оваа „светлечка слика“ која проектира мотив - дводимензионална скулптура на кој било слободен ѕид во една просторија.

64

3

ПОРТА

Софа која се адаптира и менува според желбите на корисникот, дизајнирана од Mathew Otto. 29 јули 2011


излог Закачалки во форма на молив од италијанската фирма Maconi.

Висечки лустер исплетен од природна волна - нешто што станува се повеќе популарно во денешно време. Отпорен е на пламен и на молци, а е многу корисен ако сакате вашиот ентериер да биде пријатен и топол кога надвор е сурова зима. Дизајниран е од страна на Pudelskern за Casamania.

подготви: Сандра ДОНчеВа дипл.инж.арх.

3

29 јули 2011 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 91/2011 ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ КОНЦЕСИЈА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ, НАПЛАТА НА ПАТАРИНА И КОРИСТЕЊЕ НА ДЕЛ ОД ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ПАКЕТ 1) ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ КОНЦЕСИЈА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ, НАПЛАТА НА ПАТАРИНА И КОРИСТЕЊЕ НА ДЕЛ ОД ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ПАКЕТ 2)

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 14-1455/1/2011 Назив на договорниот орган: Општина Битола, бул. “1-ви Мај“ бр. 61, 7000, Битола. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение за редизајнирање и реставрација на пешачките мостови во старото градско подрачје по течението на реката Драгор. Контакт тел/факс: 047 208-326/047 235723, лице за контакт: Методија Костов. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 09.08.2011 во 12.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 75/2011 Назив на договорниот орган: АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Антикорозивна заштита на челична конструкција. Контакт тел/факс: 3149-617, 3111-160, лице за контакт: Христо Кордаловски. Јавно отворање на понудите на ден 05.08.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 93/2011 ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ДИПЛОМАТСКО-КОНЗУЛАРНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ДИПЛОМАТСКО-КОНЗУЛАРНИ ОБЈЕКТИ ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА ЗА ОФОРМУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА ПРЕДВИДЕНА СО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ИЛИ УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА А ЛИЦЕТО ИМА ВО СОПСТВЕНОСТ ПОВЕЌЕ ОД 30% ОД ГРАДЕЖНАТА ПАРЦЕЛА И АКО СО ПЛАНОТ НА ТАА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА НЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС УТВРДЕН СО ЗАКОН

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НА ДРУГИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ОБЈЕКТИ ИЛИ ПОСЕБНИ ДЕЛОВИ ОД ОБЈЕКТИ ИЗГРАДЕНИ СО ГРАДЕЖНО-ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ЕВИДЕНТИРАНИ ВО ЈАВНАТА КНИГА НА НЕДВИЖНОСТИ КОИ НЕ ПОСЕДУВААТ АКТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ОБЈЕКТИ ИЛИ ПОСЕБНИ ДЕЛОВИ ОД ОБЈЕКТИ ИЗГРАДЕНИ СО ГРАДЕЖНО-ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ НА КОЕ ИМААТ ЗАСНОВАНО ПРАВО НА ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП, ДОКОЛКУ ОБЈЕКТИТЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ СОГЛАСНО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ИЛИ УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ДОКОЛКУ ЈА ИМААТ ИСПЛАТЕНО ЗАКУПНИНАТА ЗА ТЕКОВНАТА ГОДИНА И ДРУГИТЕ ДАВАЧКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НАМЕНЕТО ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДАВАЊЕ ПОД КРАТКОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА УГОСИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ПРЕД КОИ Е ПРЕДВИДЕНО ПЛАЖА, КАКО И НА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА ПОТРЕБИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДИЛИШТЕ ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ КОЕ СЕ КОРИСТИ ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР СКЛУЧЕН СО ПОРАНЕШЕН СОПСТВЕНИК ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕОДЛУЧУВАЊЕ ПО БАРАЊАТА ОД ЧЛЕНОВИТЕ 66 СТАВ (1), 67 СТАВ (1), 68 СТАВ (1), 69 СТАВ (1), 70 СТАВ (1), 71 СТАВ (1), 80 СТАВ (1) И ЧЛЕН 88 СТАВ (2) ОД ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ПРАВИЛНИК ЗА СТЕПЕНОТ НА УРЕДУВАЊЕТО НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СО ОБЈЕКТИ НА КОМУНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕТО ВО ЗАВИСНОСТ ОД СТЕПЕНОТ НА УРЕДЕНОСТ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 94/2011 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ТЕХНИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА И НА ОБЈЕКТИТЕ НА ПАТОТ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 63/2011 Назив на договорниот орган: Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ, бул. “А. Македонски“ бр. 10, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Адаптација на објект “дневна нега за возила“ за прифаќање на нови типови на возила во автобаза Ѓорче Петров. Контакт тел/факс: 02 3122-635, 3174-266, лице за контакт: Борис Ѓорѓиевски. Јавно отворање на понудите на ден 05.09.2011 год. БРОЈ: 01-1/2011 Назив на договорниот орган: ОУ “26 ЈУЛИ“ – Скопје, ул. “1210“, бр. 31, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Градежно – занаетчиски работи за промена на кровната покривка на училиштето согласно дадена предмер – пресметка. Контакт тел/факс: 02 2650-453, лице за контакт: Теута Златку. Јавно отворање на понудите на ден 04.08.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 95/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 01-129/2011 Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Државно урбанистичка планска документација и изработка на ажурирана геодетска подлога за објектите ХЕ Луково Поле и ХЕ Бошков Мост. Контакт тел/факс: 02 3149-138, 02 3111309, лице за контакт: Наде Андонова. Јавно отворање на понудите на ден 09.08.2011 год. БРОЈ: 04/2011 Назив на договорниот орган: ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид, ул. “Железничка“ бб, 6000, Охрид. ПРЕДМЕТ: Изградба на хидроградежни работи. Контакт тел/факс: 046 260-298, лице за контакт: Гоце Ѓоршески. Јавно отворање на понудите на ден 04.08.2011 год. БРОЈ: 14-1516/2011 Назив на договорниот орган: Општина Битола, бул. “1-ви Мај“ бр. 61, 7000, Битола. ПРЕДМЕТ: Реконструкција - замена на надворешна столарија на Општинска административна зграда. Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска. Јавно отворање на понудите на ден 03.08.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 96/2011 ОДЛУКА ЗА ПРЕКИН НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ СТУДЕНТСКИ ДОМ НА ЛОКАЦИЈА ВО ТЕТОВО

ОДЛУКА ЗА ПРЕКИН НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ СТУДЕНТСКИ ДОМ НА ЛОКАЦИЈА ВО ШТИП ОДЛУКА ЗА ПРЕКИН НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ СТУДЕНТСКИ ДОМ НА ЛОКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 17/2011 Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Ентериерно уредување на објектот на Министерството за надворешни работи. Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска. Јавно отворање на понудите на ден 12.08.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 98/2011 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 05/2011 Назив на договорниот орган: ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид, ул. “Железничка“ бб, 6000, Охрид. ПРЕДМЕТ: Изградба на објекти од ниско градба. Контакт тел/факс: 046 260-298, лице за контакт: Гоце Ѓоршески. Јавно отворање на понудите на ден 05.08.2011 год. БРОЈ: 28/2011 Назив на договорниот орган: Општина Центар, ул. “Михаил Чоков“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на катна гаража на ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб (Нип Нова Македонија). Контакт тел/факс: 3203-645, 3211-089, лице за контакт: Ненад Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 05.09.2011 год. БРОЈ: 30/2011 Назив на договорниот орган: Општина Центар, ул. “Михаил Чоков“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на постамент за скулптура во бронза на македонскиот револуционер Питу Гули. Контакт тел/факс: 3203-645, 3211-089, лице за контакт: Ненад Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 15.08.2011 год.


рубрика


Аутомобиле СК, Скопје

состојка на секоја градба

www.ading.com.mk Новоселски пат бб, 1000 Скопје, Р.Македонија, Тел: 02 2034 840, 2034 820, Факс: 02 2034 821, ading@ading.com.mk

Импексел 2, Скопје (во изведба) Илинден, Скопје

ЕПОКСИДНИ ПОДОВИ ВО КАТНИ ГАРАЖИ ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

• ОТПОРНИ НА МАСЛА, АБРАЗИВИ И МЕХАНИЧКИ ВЛИЈАНИЈА • ЕДНОСТАВНИ ЗА ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.