Биологија

Page 1

Илинка Танева

БИОЛОГИЈА за седмо одделение

за осмо одделение

деветгодишно основно образование


Како ќе го користиш учебникот Во учебникот по биологија за VII одделение ќе учиш за животните. Во него се опфатени сите теми, поттеми и наставни содржини предвидени со наставните програми за седмо одделение на осумгодишното образование, односно осмо одделение на деветгодишното основно образование. Учебникот е изработен така што ќе ти пружи широки можности за активно учење и соработка со другарчињата и наставникот. Воведниот дел на наставната содржина е разновиден и содржи кратки упатства со кои се овозможува поврзување на содржините што се учени предходно со новата содржина што треба да ја изучуваш. Учебникот ќе те упатува како активно да учиш преку набљудување, истражување, вежби, дисекции, споредување на текстот со сликите од учебникот, свеж матерјал, обиди, правење збирки, табели и друго. Многубројните прашања и задачи ќе те наведуваат на самостојно размислување и учење, откривање на нови знаења, кои долго ќе ги паметиш. Една од наставна содржина и активностите во неа е претставена на следната слика. ʧ̬̌̔̍̌ ̦̌ ̡̡̛̣̖̯̯̖, ̡̛̯̯̏̌̌ ̛ ̨̛̬̦̯̖̐̌ ̡̠̌ ̨̛̛̙̯̦̯̖̏

˃̖̥̌ 2

ʮʰʦʽ˃ʻʰ˃ʫ ˁʫ ʰʯʧˀʤʪʫʻʰ ʽʪ ʶʸʫ˃ʶʰ, ˃ʶʰʦʤ, ʽˀʧʤʻʰ ʰ ʽˀʧʤʻˁʶʰ ˁʰˁ˃ʫʺʰ ɉɨɜɬɨɪɢ ɢ ɫɟɬɢ ɫɟ! - Ʉɚɤɨ ɧɚɫɬɚɧɭɜɚɚɬ ɬɤɢɜɚɬɚ ɢ ɲɬɨ ɫɟ ɬɤɢɜɚ? - ɒɬɨ ɟ ɨɪɝɚɧ ɢ ɧɚɛɪɨʁ ɧɟɤɨɢ ɨɪɝɚɧɢ ɤɚʁ ɠɢɜɨɬɧɢɬɟ? ɀɢɜɨɬɧɢɬɟ ɫɟ ɢɡɝɪɚɞɟɧɢ ɨɞ ɤɥɟɬɤɢ. ɇɚɛɥʁɭɞɭɜɚʁ ʁɚ ɫɥɢɤɚɬɚ. Ɂɚɛɟɥɟɠɭɜɚɲ ɥɢ ɞɟɤɚ ɬɤɢɜɚɬɚ ɫɟ ɡɚɱɧɭɜɚɚɬ ɢ ɧɚɫɬɚɧɭɜɚɚɬ ɨɞ ɨɩɥɨɞɟɧɚɬɚ ʁɚʁɰɟ ɤɥɟɬɤɚ - ɡɢɝɨɬ, ɤɨɢ ɩɨɧɚɬɚɦɭ ɫɟ ɞɟɥɚɬ ɢ ɫɟ ɞɨɛɢɜɚ ɝɨɥɟɦɚ ɝɪɭɩɚ ɤɥɟɬɤɢ - ɦɨɪɭɥɚ ɢɥɢ ɡɚɱɟɬɨɤ ɧɚ ɬɤɢɜɚɬɚ. Ɍɨɝɚɲ ɩɨɱɧɭɜɚ ɞɢɮɟɪɟɧɰɢɪɚʃɟɬɨ ɧɚ ɤɥɟɬɤɢɬɟ ɢ ɡɚɱɧɭɜɚʃɟ ɧɚ ɬɤɢɜɚɬɚ ɢ ɨɪɝɚɧɢɬɟ. ɉɨɤɪɚʁ ɤɥɟɬɤɢɬɟ, ɜɨ ɫɨɫɬɚɜɨɬ ɧɚ ɬɤɢɜɚɬɚ ɜɥɟɝɭɜɚ ɢ

Ɂɢɝɨɬ ɫɟ ɞɟɥɢ ɧɚ ɦɚɥɢ ɤɥɟɬɤɢ

Ɂɛɢɪ ɨɞ ɤɥɟɬɤɢ

ɫɨ ɢɡɝɥɟɞ ɧɚ ɦɟɼɭɤɥɟɬɨɱɧɚɬɚ ɦɚɬɟɪɢʁɚ ɤɨʁɚ ɦɨɠɟ ɞɚ ɛɢɞɟ ɦɨɪɭɥɚ ɟɥɚɫɬɢɱɧɚ, ɤɚɤɨ ɤɚʁ 'ɪɫɤɚɜɢɱɧɨɬɨ ɢ ɠɢɥɧɨɬɨ ɬɤɢɜɨ, ɬɜɪɞɚ ɤɚʁ ɤɨɫɤɟɧɨɬɨ ɬɤɢɜɨ ɤɨʁɚ ʁɚ ɞɚɜɚ ɰɜɪɫɬɢɧɚɬɚ ɧɚ ɤɨɫɤɚɬɚ ɢ ɬɟɱɧɚ ɤɚʁ ɤɪɜɧɨɬɨ ȼɟʅɟ ɟ ɪɚɡɜɢɟɧ ɬɤɢɜɨ . ɟɦɛɪɢɨɧɨɬ Ɍɤɢɜɨ ɟ ɡɛɢɪ ɨɞ ɤɥɟɬɤɢ ɫɥɢɱɧɢ ɩɨ ɮɨɪɦɚ, ɝɨɥɟɦɢɧɚ ɢ ɝɪɚɞɛɚ ɤɨɢ ɫɟ ɧɚɨɼɚɚɬ ɧɚ Od zigot do embrionot ɨɞɪɟɞɟɧɨ ɦɟɫɬɨ ɢ ɜɪɲɚɬ ɢɫɬɚ ɢɥɢ ɫɥɢɱɧɚ ɭɥɨɝɚ. ɇɚɛʂɭɞɭɜɚʁ ʁɚ ɫɥɢɤɚɬɚ ɢ ɡɚɩɨɡɧɚʁ ɫɟ ɫɨ ɧɟɤɨɢ ɠɢɜɨɬɢɧɫɤɢ ɬɤɢɜɚ. ɀɢɜɨɬɧɢɬɟ ɫɟ ɢɡɝɪɚɞɟɧɢ ɨɞ ɱɟɬɢɪɢ ɜɢɞɚ ɬɤɢɜɚ ɢ ɬɨɚ: - ɉɨɤɪɢɜɧɨ (ɟɩɢɬɟɥɧɨ-ɤɨɠɧɨ) - Ʉɨɠɚɬɚ ɟ ɧɚɞɜɨɪɟɲɧɚ ɨɛɜɢɜɤɚ ɧɚ ɬɟɥɨɬɨ ɤɨʁɚ ɢɦɚ ɡɚɲɬɢɬɧɚ ɭɥɨɝɚ. - ɋɨɟɞɢɧɢɬɟɥɧɨ (ɠɢɥɧɨ, 'ɪɫɤɚɜɢɱɧɨ, ɤɨɫɤɟɧɨ, ɤɪɜɧɨ ɢ ɦɚɫɧɨ ɬɤɢɜɨ) - Ɇɭɫɤɭɥɧɨ (ɡɚɟɞɧɨ ɫɨ ɤɨɫɤɟɧɨɬɨ ɬɤɢɜɨ ɞɚɜɚɚɬ ɩɨɬɩɨɪɚ ɢ ɝɨ ɞɜɢɠɚɬ ɬɟɥɨɬɨ). - ɇɟɪɜɧɨ (ʁɚ ɭɫɨɝɥɚɫɭɜɚ ɢ ɤɨɧɬɪɨɥɢɪɚ ɪɚɛɨɬɚɬɚ ɧɚ ɫɢɬɟ ɨɪɝɚɧɢ).

ɍɫɧɚ ɩɪɚɡɧɢɧɚ

ɈɊȽȺɇɂ - ɈɊȽȺɇɂɁȺɆ

Ɇɨɡɨɤ

ɇɚɛʂɭɞɭɜɚʁ ʁɚ ɫɥɢɤɚɬɚ ɢ ‘ Ɋɛɟɬɟɧ ɦɨɡɨɤ Ʉɥɭɧ ɡɚɩɨɡɧɚʁ ɫɟ ɫɨ ɧɟɤɨɢ ɨɪɝɚɧɢ ɧɚ ɏɪɚɧɨɪɨɜɨɞ ɠɢɜɨɬɧɢɬɟ. Ɉɪɝɚɧ ɟ ɡɛɢɪ ɨɞ ɩɨɜɟʅɟ Ȼɟɥɢ ɞɪɨɛɨɜɢ ɬɤɢɜɚ ɤɨɢ ɜɪɲɚɬ ɨɞɪɟɞɟɧɚ ɋɪɰɟ Ȼɭɛɪɟɝ ɮɭɧɤɰɢʁɚ. Ɉɪɝɚɧɢɬɟ ɲɬɨ ɝɢ Ȼɚɩɤɚ Ɇɭɫɤɭɥɟɫɬ ɠɟɥɭɞɧɢɤ ɨɬɤɪɢ ɧɚ ɫɥɢɤɚɬɚ ɫɟ: ɫɪɰɟ, ɀɥɟɡɞɟɫɬ Ɇɨɱɨɜɨɞ ɠɟɥɭɞɧɢɤ ɨɪɝɚɧ ɡɚ ɤɪɜɨɬɨɤ ɤɨʁ ɟ ɢɡɝɪɚɞɟɧ Ⱦɜɚɧɚɟɫɟɬɩɚɥɟɱɧɨ ɐɪɧ ɞɪɨɛ ɨɞ ɦɭɫɤɭɥɧɨ, ɟɩɢɬɟɥɧɨ, ɧɟɪɜɧɨ, ɰɪɟɜɨ ɀɨɥɱɟɧ ɤɚɧɚɥ ɤɪɜɧɨ ɢ ɠɢɥɧɨ ɬɤɢɜɨ. ɀɟɥɭɞɧɢɤ ɉɨɞɠɟɥɭɞɨɱɧɚ ɠɥɟɡɞɚ ɟ ɢɡɝɪɚɞɟɧ ɨɞ ɦɭɫɤɭɥɧɨ, ɋɥɚɛɢɧɫɤɨ ɉɪɚɜɨ ɰɪɟɜɨ ɬɟɧɤɨ ɰɪɟɜɨ ɫɥɭɡɨɤɨɠɚ, ɧɟɪɜɧɨ ɢ ɤɪɜɧɨ Ʉɥɨɚɤɚ ɬɤɢɜɨ. ɀɟɥɭɞɧɢɤɨɬ ɢɦɚ ɭɥɨɝɚ ɋɥɟɩɨ ɰɪɟɜɨ ɞɚ ʁɚ ɜɚɪɢ ɯɪɚɧɚɬɚ. Ȼɭɛɪɟɝɨɬ ɟ ɢɡɝɪɚɞɟɧ ɨɞ ɟɩɢɬɟɥɧɨ, Vnatre{na anatomija na ptica ɤɪɜɧɨ, ɫɜɪɡɧɨ ɢ ɧɟɪɜɧɨ ɬɤɢɜɨ. Ȼɭɛɪɟɝɨɬ ɢɦɚ ɭɥɨɝɚ ɞɚ ɝɢ ɢɫɮɪɥɚ ɜɨɞɚɬɚ ɢ ɲɬɟɬɧɢɬɟ ɦɚɬɟɪɢɢ ɨɞ ɨɪɝɚɧɢɡɦɨɬ. Ɇɭɫɤɭɥɢɬɟ ɫɟ ɢɡɝɪɚɞɟɧɢ ɨɞ ɦɭɫɤɭɥɧɨ, ɫɜɪɡɧɨ, ɤɪɜɧɨ ɢ ɧɟɪɜɧɨ ɬɤɢɜɨ ɢ ɢɦɚɚɬ ɭɥɨɝɚ ɜɨ ɞɜɢɠɟʃɟɬɨ. ɉɨɜɟʅɟ ɩɨɜɪɡɚɧɢ ɨɪɝɚɧɢ ɜɨ ɤɨɢ ɫɟ ɜɪɲɢ ɧɟɤɨʁ ɠɢɜɨɬɟɧ ɩɪɨɰɟɫ ɩɪɟɫɬɚɜɭɜɚɚɬ ɨɪɝɚɧɫɤɢ ɫɢɫɬɟɦ. ɉɨɡɧɚɬɢ ɫɢɫɬɟɦɢ ɤɚʁ ɠɢɜɨɬɧɢɬɟ ɫɟ: ɫɢɫɬɟɦ ɡɚ ɜɚɪɟʃɟ ɧɚ ɯɪɚɧɚɬɚ, ɡɚ ɞɢɲɟʃɟ, ɡɚ ɞɜɢɠɟʃɟ, ɡɚ ɢɡɥɚɱɭɜɚʃɟ, ɡɚ ɤɪɜɨɬɨɤ, ɧɟɪɜɟɧ, ɡɚ ɪɚɡɦɧɨɠɭɜɚʃɟ ɢ ɟɧɞɨɤɪɢɧɢ ɫɢɫɬɟɦ. ɋɢɬɟ ɨɪɝɚɧɢ ɢ ɨɪɝɚɧɫɤɢ ɫɢɫɬɟɦɢ ɤɚʁ ɠɢɜɨɬɧɢɬɟ ɮɭɧɤɰɢɨɧɢɪɚɚɬ ɭɫɨɝɥɚɫɟɧɨ ɢ ɫɤɥɚɞɧɨ ɤɚɤɨ ɟɞɧɚ ɰɟɥɢɧɚ - ɨɪɝɚɧɢɡɚɦ. Ⱥɤɬɢɜɧɨɫɬɢ ɢ ɨɞɝɨɜɨɪɢ - ɇɚɛʂɭɞɭɜɚʁ ɝɨɬɨɜɢ ɩɪɟɩɚɪɚɬɢ ɢ ɫɥɢɤɢ ɢ ɨɛʁɚɫɧɢ ɲɬɨ ɟ ɬɤɢɜɨ ɢ ɤɨɢ ɜɢɞɨɜɢ ɬɤɢɜɚ ɝɢ ɨɬɤɪɢ? - ɒɬɨ ɟ ɨɪɝɚɧ? ɇɚɛɪɨʁ ɧɟɤɨɢ ɨɪɝɚɧɢ ɢ ɤɚɤɜɚ ɟ ɧɢɜɧɚɬɚ ɭɥɨɝɚ. - ɒɬɨ ɟ ɨɪɝɚɧɫɤɢ ɫɢɫɬɟɦ ɢ ɧɚɛɪɨʁ ɧɟɤɨɢ ɨɞ ɧɢɜ? ȳɚɫ ɨɬɤɪɢɜ ɞɟɤɚ

- Ɍɤɢɜɨ ɟ ɝɪɭɩɚ ɨɞ ɤɥɟɬɤɢ ɫɥɢɱɧɢ ɩɨ ɮɨɪɦɚ, ɝɨɥɟɦɢɧɚ ɢ ɝɪɚɞɛɚ ɢ ɜɪɲɚɬ ɫɥɢɱɧɚ ɢɥɢ ɢɫɬɚ ɮɭɧɤɰɢʁɚ. - ɉɨɜɟʅɟ ɬɤɢɜɚ ɮɨɪɦɢɪɚɚɬ ɨɪɝɚɧ ɚ ɝɪɭɩɚ ɨɪɝɚɧɢ -ɫɢɫɬɟɦ ɚ ɩɨɜɟɤɟ ɫɢɫɬɟɦɢ ɮɨɪɦɢɪɚɚɬ ɨɪɝɚɧɢɡɚɦ. @ivotinski tkiva

18

19

На крајот од секоја наставна содржина согледај ги активности тонирани со соодветна боја и тоа:”Активности и одговори “, “ Јас открив “, “Знаеш ли дека “. Работи самостојно и ќе дојдеш до одредени заклучоци, ќе се потсетиш на најбитното и ќе дознаеш интересни податоци. Авторот


ТЕМА 1 СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА 1. ВРСКИТЕ НА ЖИВИТЕ ОРГАНИЗМИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НИВНАТА ПРИСПОСОБЕНОСТ 2. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА


Тема 1

ВРСКИТЕ НА ЖИВИТЕ ОРГАНИЗМИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НИВНАТА ПРИСПОСОБЕНОСТ Потсети се ! - Кои животни средини ги знаеш? - На што се должи разновидноста на живиот свет на Земјата? Сигурно се сети дека животната средина е Земјиниот простор со сите еколошки фактори кои тука делуваат на живите организми и човекот и овозможуваат да живеат, да се хранат, растат и размножуваат. Секоја животна средина се одликува со посебна комбинација на еколошки фактори: храна, вода, воздух, светлина, топлина, скривалиште и друго. На земјата постојат три големи животни средини: водна, воздушна и копнена. Живите организми се приспособуваат на промените на животната средина на различни начини. Еколошките фактори - услови во животната средина, не се постојани тие се променливи. Набљудувај ја сликата. Што откри?

Rastenija koi `iveat vo su{ni predeli - kaktusi

Пустинските растенија се приспособиле на различни начини. Еве некои од тие приспособувања: - Имаат редуцирана површина на листовите. - Листовите преобразени во боцки и дебела кутикула. - Влакнести стоми. - Складираат вода во стеблото. Кај животните има многубројни примери за приспособеност кон условите на животната средина.Копнените животни се приспособиле да живеат на многу различни начини, бидејќи копното нуди различни услови: топлина, сонце, храна, вода и друго.

6


Сличности и разлики меѓу растенијата и животните Тропските предели нудат најповолни услови за живот и затоа овие предели се густо населени со разновиден свет. Спротивно од тропските предели, пустините нудат посурови животни услови : високи температури, големи суши и малку вода. Затоа животните се приспособиле на различни начини да опстанат во живот. Тие најчесто ноќе се активни, а дење се кријат во дупки и пештери. Набљудувај ја сликата! Забележуваш ли дека камилата на грбот има една или две грпки во кои складира храна? При долги патувања низ пустината камилата од грпката добива храна и вода.

Kamila

Noj

Zebra

Во водната животна средина живеат водни животни и растенија. Алгите живеат во горните слоеви на водата дотаму до каде продира светлината. Во своите клетки имаат зелен пигмент-хлорофил и вршат фотосинтеза. Животните што живеат во водната средина се приспособиле да живеат на повеќе начини. Еве некои од нив: - Рибите се водни 'рбетни животни со хидродинамична форма на телото. - Се движат со перки, дишат со жабри, кожата им е лигава и со стргунки. - Повеќето се светлосино обоени и многу од нив имаат форми и бои за камуфлажа во средината во која живеат. Морските иглокожни животни живеат на дното на морињата и се слабо подвижни. Тие имаат надворешен скелет од варовнички плочки и боцки за заштита. Тоа се само некои примери за проспособување на организмите во животната средина. Повеќе ќе учиш во текот на учебната година.

7


Тема 1

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ РАСТЕНИЈАТА И ЖИВОТНИТЕ Потсети се! - Од што се изградени сите живи организми? - Сети се што учеше во шесто одделение за сличностите и разликите помеѓу растенијата и животните и кои животни процеси се одвиваат во живите клетки? Сигурно се потсети дека сите живи организми се изградени од клетки. Во живите организми и во секоја клетка се одвиваат животните процеси: исхрана, движење, дишење, осетливост, растење и развиток, размножување, излачување и друго. Меѓутоа, меѓу нив постојат и разлики кои што ни овозможуваат да ги разликуваме растенијата од животните. Сите зелени растенија се автотрофни организми - сами си создаваат органска храна во зелените делови на растението под дејство на светлината вршат фотосинтеза. Оваа група на организми се наречени произведувачи на храна. Животните се потрошувачи на храна. Таквата исхрана се вика хетеротрофна, а животните-хетеротрофни организми. За полесно да дојдат до изворот на храна кај животните се развиле сетилни органи за вид, слух, мирис, како и органи за движење и тоа: нозе кај цицачите и водоземците, крила кај инсектите и птиците, перки кај рибите. Животните, храната ја земаат и внесуваат во телото преку посебни органи за варење како што се: устата, желудникот и црева. Тука таа се ситни и се разложува за да се предаде на клетките. Знаеш ли дека, постојат разлики меѓу животните и растенијата, но сепак тие се многу мали и не може да се подвлече остра граница. Еве неколку примери: - Растенијата не се движат активно. Исклучок се алгите кои се движат во водата. - Животните активно се движат, но сунѓерите и коралите се животни кои водат прикрепен начин на живеење. - Растенијата се автотрофни организми, но габите се растенија кои се хранат хетеротрофно - паразитски и сапрофитски. Значи, здобиените разлики се само начини на приспособување на живите организми кон надворешните услови. Јас открив дека Разновидноста на растителниот и животинскиот свет на земјата е условен од различните услови за живеење (светлина, топлина, вода, храна, почва). Најнаселен дел од Земјата е тропскиот предел, а најсиромашен е пустинскиот. Во водната средина се сретнуваат растенија (алгите) и многубројни видови на животни (морски полжави, морски ѕвезди и ежови, риби и други).

8


ТЕМА 2 ГРАДБА НА КЛЕТКИТЕ, ТКИВАТА И ОРГАНИТЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 1. ОСНОВНИ ОДЛИКИ НА ГРАДБАТА И ФУНКЦИЈАТА НА ЖИВОТИНСКАТА КЛЕТКА 2. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЖИВОТИНСКАТА И РАСТИТЕЛНАТА КЛЕТКА 3. ЖИВОТНИТЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ ОД КЛЕТКИ, ТКИВА, ОРГАНИ, ОРГАНСКИ СИСТЕМИ И НИВНА УСОГЛАСЕНОСТ


Тема 2

ОСНОВНИ ОДЛИКИ НА ГРАДБАТА И ФУНКЦИЈАТА НА ЖИВОТИНСКАТА КЛЕТКА Потсети се! - Од што се изградени сите живи организми ? - Кои се основните делови на клетката и каква е нивната улога ? Сигурно се потсети дека сите живи организми се изградени од клетки. Клетката е основна структурна и функционална единка на сите живи организми. Таа ги извршува сите животни процеси: исхрана, дишење, излачување, размножување, развиток и умирање. Таа го носи наследниот материјал, гените од своите родители. ФОРМА И ГОЛЕМИНА НА КЛЕТКАТА Клетките по форма и големина се различни и може да бидат: правоаголни, плочести и цилиндрични (епителни-кожните), издолжени (мускулните), звездести (коскените), разгранети (нервните) и топчести (крвните). Животинските клетки се помали од растителните. Најголеми се некои специјални клетки, како јајцата на птиците. Јајцето на нојот достигнува тежина и до 1,5 килограм.

1

2

4

5

3

6

Jajce na noj.

7 Formata i goleminata na kletkite na `ivotnite

10


Градба на клетките, ткивата и органите кај животните

Градба на клетката Набљудувај под микроскоп свеж или готов препарат од крвно ткиво, кожа, мускули и спореди го со сликата. Што заклучи ? Забележуваш ли дека клетките се изградени од: цитоплазма, јадро и клеточна мембрана. Секоја клетка е одделена од средината во која живее со клеточна мембрана или ципа. Таа е тенка и еластична, полупропуслива и селективна, ги селектира (одбира) материите кои влегуваат и излегуваат од клетката. Тоа се должи на сложената градба

Клеточна или цитоплазматична мембрана

Вакуоли Гликоген

Јадро (нуклеос)

Јадренце (нуклеола)

Јадрена мембрана

Цитоплазма

Sostavni delovi na ~ove~kata kletka

11


Тема 2

на мембраната која е изградена од липо-протеини (масти и белковини), има и пори преку кои цитоплазмата комуницира со надворешната средина. Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода и минерални соли, неоргански и органски материи: шеќери, масти и белковини. Зрнестата структура на цитоплазмата ја сочинуваат посебни делчиња органели во кои се вршат животните процеси. Познати органели се: - Јадрото е органела која ја има во секоја клетка. Јадрото е обвиткано со јадрена обвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозомите и гените кои ја носат генетската информација (наследувањето). Во гените се сместени и контролните механизми за управување со различните животни процеси кои се одвиваат во клетката. - Вакуоли претставуваат мали торбички што служат за складирање на резервни материи како вода, масти кај масните клетки и други органски материи. Вакуолите, воедно, служат и за исфрлање на непотребните материи од клетката, а тоа е застапено кај едноклеточните организми. - Гликоген е сложен шеќер кој се складира како резервен шеќер во цитоплазмата на клетката. Кај растителната клетка шеќерот во цитоплазмата се наоѓа во вид на скробни зрнца, додека кај животинската клетка во вид на сложен шеќер - гликоген.

Делба на клетката

Delba na kletkata

12

Развитокот, растењето и заздравувањето на повредите на еден организам се објаснува со зголемување на бројот на клетките. За таа цел клетките се размножуваат т.е. се делат. Пред да почнат да се делат клетките, зрнестата хромозомска материја на јадрото се згуснува и формира хромозоми.Тие надолжно се делат, се закачуваат на делбеното вретено и се упатуваат на спротивните страни на клетката, од кои се формираат две нови јадра. Потоа се дели и цитоплазмата и се добиваат две нови клетки со ист број на хромозоми како мајката-клетка. Процесот е познат како митоза. Со митоза се делат сите клетки во организмот освен половите. При делба на половите клетки не се добиваат две туку четири нови клетки кои имаат половина број од хромозомите. Оваа делба е наречена мејоза.


Градба на клетките, ткивата и органите кај животните

Одговори - Набљудувај клетки од свеж или готов препарат и спореди ги со сликата. - Што откри, што заклучи? - Ако препаратот го обоиш со лугол или разблажен јод, ќе ги забележиш јадрото и органелите. Објасни ја нивната улога. - Што е митоза, а што мејоза и како се одвиваат во клетката? Јас открив дека

- Клетката е изградена од јадро, цитоплазма и клеточна мембрана. Органели во клетката се делчиња во кои се врши некој од животните процеси. Познати органели во цитоплазмата се: митохондри, ендоплазматична мрежичка, голџиев апарат и лизозоми. - Клетките можат да бидат различни по форма и големина зависно од улогата што ја вршат. Размножувањето на клетката може да биде со проста делба кај едноклеточните организми и со сложена делба - митоза.

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЖИВОТИНСКАТА И РАСТИТЕЛНАТА КЛЕТКА Потсети се! Од што се изградени живите организми? Кои се основните делови на клетката? Што се органели и кои органели ги знаеш кај растителната а кои кај животинската клетка? Сигурно се сети дека сите живи организми се изградени од клетки. Животинската и растителната клетка имаат сличности и разлики како во градбата така и во функциите. Еве некои од нив: Јадрото е заеднички белег и на животинската и на растителната клетка. Тоа има улога да ги регулира животните процеси во клетката и да ги пренесува наследните особини. Клеточната мембрана е присутна во двете клетки, таа ја обвиткува клетката и и дава форма и облик. Преку клеточната мембрана се врши размена на материите, и преку неа влегуваат потребните материи, а излегуваат непотребните, но има и заштитна улога.

13


Тема 2

Цитоплазмата ја исполнува клетката (растителната и животинската) и во неа има делчиња наречени органели. Во растителните клетки има пластиди (хлоро-пласти и хромопласти) во кои се врши процесот фотосинтеза. Животинските клетки немаат пластиди и не вршат фотосинтеза. Растителните клетки имаат клеточен ѕид, а животинските клетки го немаат. Вакуолите кај растителните клетки се исполнети со клеточен сок. Во животинските клетки многу ретко се сретнуваат вакуоли. Кај животните одредени клетки се спецјализирани да примаат дразби од надворешната средина и соодветно да реагираат на нив. Тоа се сетилните клетки. Мускулните клетки имаат во себе мускулни влакненца, кои со нивното собирање и отпуштање го движат мускулот, а со тоа и телото. Тоа се некои сличности и разлики меѓу животинската и растителната клетка. Значи здобиените разлики кај клетките се само начин на приспособување кон надворешните услови.

јадрена мембрана цитоплазма

хроматин

вакуола

јадренце

јадро

клеточна мембрана

цитоплазма јадрена мембрана

вакуола

јадро јадренце

клеточен ѕид

клеточна мембрана

хлоропласт

Op{ta {ema na `ivotinska i rastitelna kletka

Активности Пополни го Венов дијаграм. Во кругот А запиши ги деловите на растителната клетка, а во кругот В, деловите на животинската клетка. Во преклопот на кругот А и В запиши ги заедничките белези. Со тоа ќе откриеш што е зедничко и по што се разликуваат овие две клетки.

A

14

В


Градба на клетките, ткивата и органите кај животните

ЖИВОТНИТЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ ОД КЛЕТКИ, ТКИВА, ОРГАНИ И ОРГАНСКИ СИСТЕМИ Потсети се! - Како настануваат ткивата и што се ткива? - Што е орган и наброј некои органи кај животните? Животните се изградени од клетки. Наблјудувај ја сликата. Забележуваш ли дека ткивата се зачнуваат и настануваат од оплодената јајце клетка - зигот, кои понатаму се делат и се добива голема група клетки - морула или зачеток на ткивата. Тогаш почнува диференцирањето на клетките и зачнување на ткивата и органите. Покрај клетките, во составот на ткивата влегува и

Зигот се дели на мали клетки

Збир од клетки

со изглед на меѓуклеточната материја која може да биде морула еластична, како кај 'рскавичното и жилното ткиво, тврда кај коскеното ткиво која ја дава цврстината на коската и течна кај крвното Веќе е развиен ткиво . ембрионот Ткиво е збир од клетки слични по форма, големина и градба кои се наоѓаат на Od zigot do embrionot одредено место и вршат иста или слична улога. Набљудувај ја сликата и запознај се со некои животински ткива. Животните се изградени од четири вида ткива и тоа: - Покривно (епително-кожно) - Кожата е надворешна обвивка на телото која има заштитна улога. - Соединително (жилно, 'рскавично, коскено, крвно и масно ткиво) - Мускулно (заедно со коскеното ткиво даваат потпора и го движат телото). - Нервно (ја усогласува и контролира работата на сите органи).

@ivotinski tkiva

15


Тема 2

OРГАНИ И ОРГАНСКИ СИСТЕМИ

Срце

Душник

Набљудувај ја сликата и Хранопровод б Бел дроб запознај се со некои органи на животните. Црн дроб Орган е збир од повеќе ткива кои вршат одредена функција. Органите што ги откри на сликата Жолчната ќеса се: срце, орган за крвоток кој е Панкреас Црево изграден од мускулно, епително, нервно, крвно и жилно ткиво. Семеник Желудник црево Бубрег Желудник е изграден од мускулно, Дебело Нервен систем слузокожа, нервно и крвно ткиво. Желудникот има улога да ја вари Мочна бешика храната. Бубрегот е изграден од епително, крвно, сврзно и нервно ткиво. Бубрегот има улога да ги исфрла водата и штетните материи од организмот. Мускулите се Vnatre{na anatomija na gu{ter изградени од мускулно, сврзно, крвно и нервно ткиво и имаат улога во движењето. Повеќе поврзани органи во кои се врши некој животен процес преставуваат органски систем. Познати системи кај животните се: систем за варење на храната, за дишење, за движење, за излачување, за крвоток, нервен, за размножување и ендокрини систем, кои сите заедно формираат една целина - организам. УСОГЛАСЕНОСТ НА СИСТЕМИТЕ ВО ОРГАНИЗМОТ - ОРГАНИЗАМ Сите органи и органски системи кај животните функционираат усогласено и складно како една целина - организам. За тоа се грижи регулацијата која се одвива преку нервниот систем, крвта и телесните течности, кои допираат до секоја клетка. Крвта и телесните течности, служат за пренесување на хранливите материи, водата и кислородот до сите клетки, и за излачување на непотребните и штетните материи од организмот. Улогата на нервниот систем е да управува со работата на телото - органите. Тој ја контролира и усогласува работа на сите органи за да можат да работат правилн, навремено и складно. Кај рбетниците покрај нервната регулација, постои и хормонална регулација. Таа се одвивапод дејство на хормоните кои се излачуваат директно во крвта, од посебни ќлезди наречени жлезди со внатрешно лачење. Хормоните ги поттикнуваат и регулираат функциите и размената на материите и енергијата во клетката, органот.

16


ТЕМА 3 ГРУПИ ЖИВОТНИ И ИМЕНУВАЊЕ 1. ГРУПИРАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ СПОРЕД СРОДНОСТА 2. ЦАРСТВО НА ПРОТИСТИ: ПРАЖИВОТНИ 3. ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕ БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ 4. ‘РБЕТНИ ЖИВОТНИ


Тема 3

ГРУПИРАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ СПОРЕД СРОДНОСТА Подготви се! По можност донесете во училиште разни видови животни : инсекти, црви, полжави, птици, или искористете ги препарираните животни или инсектариумите од училишните збирки. Набљудувај ги животните што ги донесе. Можеш ли да заклучиш дека покрај големата разновидност на животните, постојат и некои сличности по кои животните се групираат во помали или поголеми групи. Најмалата група од многу слични организми се вика вид. Слични видови на животни, како на пример: домашната мачка, дивата мачка, лавот, тигарот се групираат во поголема група - род мачки. Домашното куче (Шарпланинец, леси, пудлица, далматинец и др.), лисицата и волкот го градат родот кучиња. Покрај разликите меѓу овие два рода - мачки и кучиња, животните имаат и сличности. Еве некои од нив:

Царство: животинско

Тип (оддел): хордати

Класа: цицачи

Ред: месојади

Фамилија: кучиња

Род: Кучиња Вид: Куче Лупус

Klasifikacija i grupirawe na `ivite su{testva

- Се исхрануваат со месо, имаат добро развиени кучешки заби и канџи на прстите. - Имаат добро развиени сетила за: мирис, вкус, слух и вид. - Тие се брзи и снаодливи животни. Родот мачки и родот кучиња чинат поголема сродна група - фамилија ѕверови. Повеќе фамилии како на пример: фам. ѕверови, фам.папкари, фам.копитари и други спаѓаат во редот плацентни цицачи. Редовите плацентни и безплацентни цицачи ја даваат класата цицачи. Филогенетскиот преглед ги преставува групите на животни според нивната градба и сродство од најпростите до најсложените.

18


Групи животни и именувања ПРАЖИВОТНИ - ЕДНОКЛЕТОЧНИ ЖИВОТНИ

Еуглена

Амеба

Парамециум

МНОГУКЛЕТОЧНИ ЖИВОТНИ

Безрбетни животни

Сунѓери

Копривкари

Црви

(Сунѓер)

Копривкари

(Дождовен црв)

Мекотели

(Полжав)

Иглокожи

(Морски еж)

Безрбетни членконожни животни

Раковидни

Пајаковидни

Инсекти

(Рак)

(Пајак)

(Скакулец)

Многуножни

(Многуногалка)

’Рбетни животни

Риби

Водоземци

Влечуги

Птици

Цицачи

(Туна)

(Жаба)

(Змија)

(Врапче)

(Зајак)

19


Тема 3

ЦАРСТВО НА ПРОТИСТИ ПРАЖИВОТНИ Подготви се и сети се! - Кои ги викаме едноклеточни животни? - По можност донеси барска вода за набљудување . Земи малку суво сено (трева), сипи една чаша од барската вода врз сеното и остави го да постои неколку дена на собна температура. Земи предметно стакло и на него стави капка од барската вода (од горниот површински слој каде се нафатила коричка) и набљудувај под микроскоп. Во капката вода се гледаат едноклеточни животни - протозои (праживотни). Нивната основна одлика секако е едноклеточната градба на телото со присуство на едно или повеќе јадра (поретко). Цитоплазмата е диференцирана на надворешен површински слој - ектоплазма и внатрешен подебел слој од потечна и похомогена зрнеста маса - ендоплазма. Во овие два слоја се наоѓаат органели кои повеќе ги има во ендоплазмата. Во органелите се вршат сите животни процеси: варење, дишење, излачување и друго. Кај мал број праживотни цитоплазмата (протоплазмата) е гола и незаштитена, на пример кај амебата. Кај други пак протоплазмата е заштитена со еластична мембрана (пеликула) или со поцврста кутикула. Исхраната на праживотните е хетеротрофна, а кај некои и афторотрофна, на пример кај зелената еуглена. Во биологијата познати се близу триесет илјади видови праживотни. Еве некои од нив: камшикари (еуглена), спорозои - паразитски животни (плазмодиум), трепкари (цилиоподи-парамециумот и амебата). ЕУГЛЕНА - КАМШИКАР Во капката вода гледана под микроскоп се гледаат мали едноклеточни организми со валчесто издолжено тело. На предниот дел од телото има едно или повеќе камшичиња со помош на кои се движи, тоа се камшикарите. Зелената еуглена се храни на два начина: афтотрофно и хетеротрофно. Еуглената реагира на промените на светлината со помош на малото очно петно (окце) сместено во предниот дел на телото. Со помош на светлината се врши процесот фотосинтеза (афтротрофно). На темно го губи хлорофилот и се храни со готови частички од гнилежот кои ги вари во Euglena хранителните вакуоли (хетеротрофно).

20


Групи животни и именувања АМЕБА Во капката вода гледана под микроскоп Цитоплазма се гледаат мали едноклеточни организми кои ползат испуштајќи делови од телото наречени псевдоподи или лажни ножиња, тоа се Јадро амебите. Телото на овие праживотни е голо без клеточна мембрана (пеликула). Амебата се храни со бактерии или ситни честички од храна, Лажни кои ги прибира со псевдоподите и ги вовлекува ноџиња внатре во цитоплазмата. Храната се вари во Ameba хранителната вакуола. Постојат повеќе видови амеби: слатководна амеба која живее во бари и мочуришта, дизинтериска амеба која паразитски живее во цревата на човекот и предизвикува тешко заразно заболување - дизинтерија. ПАРАМЕЦИУМ Покрај другите едноклеточни организми, под микроскоп сигурно забележа и брзо подвижни едноклеточни животни, тоа се трепкарите. Трепкарите се највисоко организирани едноклеточни организми. Познати трепкари се: парамециумот, опалината, звончето и други. Парамециум (чевелче) го добило името по формата на телото која личи на чевел. Во цитоплазмата на парамециумот се забележува клеточна уста преку која ја внесува храната, хранителна вакуола во која се вари храната и контрактилна вакуола преку која се исфрла несварената храна. Во цитоплазмата се забележуваат и две јадра - мало и големо јадро (макро и микро нуклеус) . Парамециумот се размножува бесполово со проста делба на клетката и полово со коњугација. Одговори - Набљудувај праживотни од барска вода, скицирај ги во тетратката и спореди ги со сликите. - Кои животни ги викаме трепкари, а кои камшикари? - Што се органели и каква е нивната улога? Јас открив дека...

- Најпрости се едноклеточните организми - протозои. Во нив спаѓаат амебата, еуглената, парамециумот и други. - Скоро сите праживотни живеат во вода. - Сите имаат органели во кои се вршат животните процеси.

21


Тема 3

ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИ БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ ИНВЕРТЕБРАТА Размисли и подготви се ! - Кои животни се викаат безрбетни? Доколку знаеш наброј некои од нив. - Излези во природа и собери црви, стави ги во тегла со малку почва. Донеси ги во училиште за набљудување. Користи и училишни збирки. Сигурно се потсети дека безрбетни животни се повеќеклеточни животни изградени од ткива и органи и истите немаат потпорен столб - 'рбет. Во безрбетници спаѓаат : сунѓери, мешести организми, црви, мекотели, членконоги и иглокожни животни. СУНЃЕРИ Пронајдете природен сунѓер или сунѓер од училишната збирка за набљудување. Сунѓерите се исклучиво водни животни од кои најголемиот број живеат во морињата, а мал број во слатките води. Тие водат прикрепен начин на живеење. По форма можат да бидат: топчести - охридски топчест сунѓер (ендемичен вид), морски сунѓер портокал, по форма топчест со портокалова боја, лушпест сунѓер, кој како лушпи се лепи на камењата (живее во Охридското Езеро). Има и пехарести сунѓери по форма. Денес се познати околу пет илјади видови. Телото на сунѓерите е изградено од надворешен слој - ектодерм и внатрешен слој - ендодерм. Меѓу овие два слоја се наоѓа пифтиеста маса со малку живи клетки кои имаат повеќе улоги. Еве некои од нив: излачуваат скелет богат со минерали (варовник) или органски материи, создаваат пигментни материи кои ја даваат бојата на сунѓерот и Sun|eri други. Во средината на телото има централна празнина која е поврзана со главен и странични отвори. Сунѓерите се простоградени организми без ткива и органи. КОПРИВКАРИ (мешести организми) Набљудувај ги сликите од медузите, хидрата и скелетот на коралите ако ги имаш во училишната збирка. Забележуваш ли дека сите имаат пехареста форма на телото и пипалки кои се зрачно поставени околу устата. Телото им е изградено од надворешен слој епителни клетки - ектодерм. Во ектодермот, покрај епителните клетки има и сетилни (жарни) 22


Групи животни и именувања клетки. Жарните клетки се изградени од меурче во кое се лачи отровна материја и долго конче со зашилен врв кое го забодува во телото на жртвата и го убива пленот со отровот од меурчето. Со помош на пипалата ја внесува жртвата во устата и во мешето каде се вари храната со соковите што ги лачи ендодермот. Копривкарите се посложени животни изградени од ткива: епително, мускулно и сетилно. Познати се околу девет илјади видови копривкари групирани во неколку групи: слатководни мешести организми, на пример - хидрата и морски мешести организми и тоа медузите и коралите. Медузи. Познати медузи се: црвена актинија која живее во Јадранско Море, актинија цијанеа која живее во северните води и достигнува должина до триесет метри. Корали. Коралите се застапени со околу шест илјади видови. Познати корали се: црвениот корал од чии скелет се прават украси и накити, морскто Korali, meduzi i hidra перо кое има белузлав скелет со должина од дваесет сантиметри и личи на птичје перо, мадрепорни корали кои живеат во тропските мориња и Јадранот. Тие создаваат големи масивни скелети познати како коралски гребени. ЦРВИ Црвите се животни со издолжено, тенко и меко тело, со должина од неколку милиметри до неколку метри. Телото им е покриено со еднослоен епител, заштитено со кутикула. Под епителот се наоѓа мускулно ткиво со помош на кое се движи црвот.

Do`doven crv

Tenija

Потоа се отвара телесна празнина во која се сместени органите за варење, излачување, крвоток и нервен систем. Сите овие органи се упростени кај паразитските црви. Познати групи на црви се: прстенестите (анелида) во која група спаѓаат дождовниот црв, пијавицата и некои морски црви. Плочести црви (планарија) и плочести паразитски црви - тениите и тоа кучешка - ехинокок, свинска - трихина, говедска и метил .

23


Тема 3 МЕКОТЕЛИ Подготви се ! По можност донеси живи полжави и черупки од полжави, школки и морски ежови и ѕвезди, ако предходно си ги собрал или побарај ги во училишната збирка. Живиот полжав што го донесе стави го во млака вода за да го испушти стопалото од черупката. Обиди се да го извлечеш целото тело. Набљудувај го! Што откри?

Pol`av

Телото на мекотелите е меко и нежно, по што го добиле и името. Кај голем број мекотели телото е поделено на три дела: Глава - на која се наоѓаат устата и сетилните органи; труп - во кој се сместени внатрешните органи и стопало месест орган кој служи за движење. Постои уште мантија - голем кружен набор на кожата, меѓу стопалото и трупот. Однадвор телото е покриено со еднослоен епител во кој има жлездести клетки [kolki кои лачат лига и клетки кои ја лачат заштитната варовникова обвивка со различна форма и градба. Мекотелите претставуваат една од најбројните групи животни со околу сто илјади видови. Живеат во вода, а има и такви кои се приспособени за живот на копно. Во мекотели спаѓаат: полжави, школки и главоноги. Познати пртставници од полжавите се: лозов, гол и барски полжав, морско уво и други. Познати школки се: барска, речна, црна школка, острига, паластура и други. Познати главоноги се: наутилус, сепија и октопод. Gol pol`av

24


Групи животни и именувања ИГЛОКОЖИ Сите иглокожи се морски животни. Некои од нив живеат во плитките води, а некои и до четири илјади метри длабочина. Телото на иглокожите однадвор е покриено со тенка кожичка под која се наоѓа варовнички скелет кој се состои од варовнички плочки наредени во низа. Од варовничките плочки преку кожичката на површината на телото излегуваат иглички. Поради тоа овие животни се наречени иглокожи. Иглокожите се движат со Igloko`i боцките и амбулакралните ноџиња водни ноџиња, а се хранат со ситни мали растенија и животни.

Активности - Направи шема на повеќеклеточните животни - групирај ги во поголеми редови и класи. - Набљудувај скелет од корали и сунѓери - ако ги имаш и направи краток опис. - Стави мало парче од корал или черупка од школка или полжав во десетпостотен раствор на солна киселина. Што заклучи? Јас дознав дека...

Безрбетните животни немаат потпорен внатрешен скелет - 'рбет. Мекотелите, иглокожите и членконогите имаат надворешна варовничка покривка на која се прикрепуваат мускулите. Сунѓерите се многуклеточни организми без ткива и органи. Црвите можат да бидат: валчести, валчестопрстенести, плочести и плочесто паразитски црви.

25


Тема 3

ЧЛЕНКОНОГИ Подготви се ! Собери разновидни инсекти, ракчиња, пајаци и стоногалки или побарај ги во училишната збирка. Набљудувај го собраниот материјал и спореди ја надворешната градба. Што заклучи? Дали забележа дека членконогите имаат членковидна градба на телото и нозе составени од повеќе членчиња, зглобно поврзани што им дава можност да се свиткуваат во различни правци, соодветно на движењата што ги вршат. Телото на членконогите е заштитено со цврст слој на хитин кој го лачи надворешниот дел од кожата. Хитинот меѓу членчињата е мек и растеглив што го прави телото подвижно. Благодарение на заштитната улога на хитинскиот скелет, голем број членконоги можеле да ја напуштат водната средина и да се приспособат кон сувоземниот начин на живеење. При растење на животните хитинот пука, се отфрла и се создава нов. Во тој период животното расте (ракот првите години се преслекува два до три пати годишно). Членчињата на одделни делови на телото станале различни меѓу себе, формирајќи посебни делови на телото - глава со пипала, очи и уста, гради на кои има нозе, а кај инсектите и крила како орган за летање и абдомен - меше. РАКОВИ Ако имате аквариум со речен рак, набљудувајте го како се движи и како се храни. Раковите преставуваат голема група животни со околу 30.000 видови , населени во морските и копнените води. Телото им е изградено од 10 до 15 членчиња групирани во: глава, гради или главоградник и абдомен.

Rakovi

На главата имаат два пара пипала и три пара усни екстремитети, кои им служат за прифаќање на храната. На секое членче од градите има по еден пар нозе за движење (одење или пливање). Абдоменот завршува со ладало - орган за пливање. Познати слатководни видови се: циклопс, водна болва (дафнија) и речниот рак.

26


Групи животни и именувања Во морските води живее надалеку познатиот рак јастог, крабата, шкампите и други. Сите овие имаат економско значење, се користат во исхраната на човекот. ИНСЕКТИ Подготви се ! Набљудувај ја надворешната градба на инсектите што ги донесе или ги најде во училишниот инсектариум и спореди ги со сликата. Што заклучи? Телото на инсектите е поделено на три дела и тоа: глава со добро развиени очи (сложени очи), сетило за мирис и устен апарат за грицкање, боцкање, цицање и за лижење. Гради на кои има три пара нозе за одење, скокање и пливање. На грбната страна има два пара крила кои всушност претставуваат тенки кожни набори со мрежа од жилички. Со нив инсектите летаат. Мешето им е изградено од членчиња со помалку хитин.

Insekti

Инсектите се најбројната група животни на Земјата, ги има преку 1.000.000 видови, приспособени да живеат во воздух, вода и почва. Има и такви кои живеат во телото на животните и растенијата, како на пример - растителните вошки, шугавецот и крлежот. Најпознати инсекти се: пеперугите, скакулците, лебарките, пчелите, бумбарите, мувите и други. Инсектите се од големо значење - вршат опрашување на цветовите од растенијата.

27


Тема 3 ПАЈАКОВИДНИ ЖИВОТНИ Во пајаковидни животни спаѓаат пајаците, крлежите и шкорпиите. Шкорпиите живеат во сушни предели, а во станбени простории живеат пајаците. Кучешкиот крлеж и шугавецот паразитираат во животните. Познат отровен пајак е тарантулата. Многуножните животни живеат во земјата и се хранат со ларви и ситни животни. Некои од нив се отровни.

Pajak

Активности - Собери разни инсекти, ракчиња, пајаци и закачи ги со шпенагли на парче стиропор, распоредувајќи ги во групи според некои надворешни белези. Така самиот ќе направиш убав инсектариум.

Јас открив дека...

- Телото и нозете на членконожните животни се изградени од членчиња зглобно поврзани - подвижни. - Телото е поделено на глава, гради и меше. - Телото е покриено со хитин кој има заштитна улога.

'РБЕТНИ ЖИВОТНИ ВЕРТЕБРАТА 'Рбетниците претставуваат најсложена и најразновидна група животни на Земјата. Затоа тие успеале да ги населат сите животни средини (водата, копното, воздухот). Овие животни се викаат 'рбетници затоа што во телото имаат 'рбет, кој им дава потпора на телото и на него се прикрепени другите коски како коските на главата, ребрата и коските на нозете.

28


Групи животни и именувања КЛАСА РИБИ - ПИСЦЕС Подготви се ! Донеси помала риба или ако имаш аквариум со риби. Набљудувај ја нивната надворешна градба и движење. Забележуваш ли дека телото на рибите е хидродинамично што му овозможува полесно пливање во вода. Телото им е поделено на глава, труп и опашка. Живеат во слатки и солени води. Можат да бидат големи од неколку сантиметри до десетици метри. Телото им е покриено со многуслојна кожа во која се наоѓаат многу жлезди што лачат лигава материја и ја прават кожата влажна и лигава. На кожата се наоѓаат стругунки кои имаат заштитна улога. Движејќи се, рибите го свиткуваат телото, но притоа најактивна улога има мускулестата опашка со опашната перка. Други перки се: грбната (непарна), аналната (непарна), градните и стомачните перки (парни) со кои се движи и ја одржува равнотежата на телото. Рибите дишат со жабри. Постојат две големи групи риби: 'рскавични и коскориби.

'Рскавични риби. Во оваа група спаѓаат ајкулите и ражите. Карактеристично за нив е што имаат 'рскавичен скелет. Има околу 500 вида 'рскавични риби со должина од неколку сантиметри до 20 метра. Тие се хранат со риби и други морски животни - месојади. Познати преставници се: китајкула (20 м), сино морско куче (6-7 м), тигарајкула (6 м), челичарка (6-7 м). Ражите се листовидни 'рскавични риби кои живеат на дното од морето. Ajkula

Коско риби. Во оваа група спаѓаат преку 20.000 видови риби. Карактеристично за нив е што имаат коскен скелет - 'рбет. Се разликуваат по форма, боја и големина

Tuna

29


Тема 3 на телото. Познати коскориби се: сините морски риби (сардела, сардина, скуша), туна, бакалар и други. Слатководни риби се: крапот, пастрмката, штуката, сомот и други. Сите риби имаат стопанско значење, се користат за исхрана. Нивното месо е богато со белковини и витаминот А и Д како и органски киселини - омега 3. КЛАСА ВОДОЗЕМЦИ - АМФИБИЈА Водоземците се први копнени четириножни 'рбетници. Тие живеат во две животни средини. Додека се млади полноглавците живеат во вода и дишат со надворешни жабри, а возрасните живеат на копно и дишат со бели дробови, но повремено живеат во вода или на влажни места. Карактеристично за жабите е краткото и дебело тело без опашка, долги и моќни задни нозе за скокање, крупни очи, но слаб вид. Телото им е покриено со набрана и растеглива влажна кожа која го заштитува телото и преку неа диши. Познати видови се: барската, краставата, лиснатата жаба и други. Од групата опашести жаби се: дождовникот, мрмолецот и човечката рипка.

@abi

КЛАСА ВЛЕЧУГИ - РЕПТИЛИЈА Потсети се! Излезете во природа или побарајте во училишната збирка некој гуштер, змија или желка. Проучете ја неговата градба. Сети се кои животни спаѓаат во групата влечуги. Сигурно се сети дека во групата влечуги спаѓаат: гуштери, змии, желки и крокодили. Тие се првите вистински копнени животни ('рбетници). При набљудување на живи примероци забележа дека тие се движат со два пара кратки нозе, но секогаш со долниот дел на телото се влечат по земјата поради што се наречени влечуги. Кожата им е сува, покриена со рожни плочки (стргунки), кај желките се сраснати во оклоп. Дишат со бели дробови. Формата, големината и бојата на кожата им е различна зависно од средината во која живеат.

30


Групи животни и именувања Денес се познати околу 6.000 видови од кои половината се гуштери, нешто помалку змии, 260 вида желки и 25 вида крокодили. Гуштери Познати гуштери се: сив гуштер, кој живее на суви места и карпи, зелен гуштер кој живее во трева и жбунови, варанот кој живее во Африка и Југоисточна Азија, а достигнува должина до 3 м. Камелеонот е познат по тоа што ја менува бојата на телото по потреба. Тој живее во Африка, Шпанија и Америка. Сите гуштери имаат леплив и долг јазик со кој го фаќаат пленот.

Gu{teri

Змии Змиите се поделени во две групи: отровни и безотровни. Познати отровници се: поскок (камењарка) кој е лесно препознатлив по рокчето на главата, шарката која има темна извиткана пруга на грбната страна. Овие два преставника живеат во Европа и Азија. Потоа, кобрата (наочарка) која се карактеризира со бели полиња околу очите, а достигнува должина до 2 м и царската кобра со должина од 5,5 м. Кобрите живеат во Азија и Африка. Познати безотровници се боите, анакондата, питоните и други чија должина достигнува од 5 до 10 метри. Живеат во Африка, Америка и Азија.

Zmii

31


Тема 3

Желки Живеат на копно и во вода. Познати преставници се: барската, шумската и морската желка. Морските желки се гигантски желки тие достигнуваат тежина и до 300 кг, а живеат и до 300 години.

@elki

Крокодили Живеат во вода и на копно. Тие се месојадни животни, со долга муцка и остри заби со кои го раскинуваат пленот. Познати видови се: нилски крокодил (долг 8 м и живее во Африка). Алигаторот и кајманот кои живеат во Америка и Азија и гавијалот кој живее во Азија.

Krokodili

Диносаурусите живееле пред околу 180 милиони години во периодот јура. Тие се претци на сегашните влечуги и биле најголемите копнени животни. Некои од нив достигнувале и до 25 м должина. Бронтосаурусот и диплодокусот биле тревопасни животни и живееле покрај барите и мочуриштата. Тираносаурусот достигнувал должина до 14 м, а висина до 8 м и бил крволочен грабливец. Поради големите

32


Групи животни и именувања климатски промени диносаурусите не успеале да преживеат. Денеска ги наогаме како фосилни остатоци. Трагите од фосилните остатоци го откриваат времето, местото и начинот на нивното живеење.

Одговори - Кои животни се викаат 'рбетници и зошто? - Донеси 'рбет од риба. Набљудувај го. Што заклучи? - Каква е улогата на 'рбетот кај 'рбетниците? - Наброј некои 'рскавични и некои коскориби? - Кои се водоземци и по што го добиле името? - Кои групи влечуги ги знаеш? - Наброј некои познати отровни и безотровни змии? Јас дознав дека...

- Рибите, водоземците, влечугите, птиците и цицачите се 'рбетници. Сите имаат потпорен скелет - 'рбет на кој се прицврстуваат другите коски и мускули. Живеат во вода - рибите, во вода и копно - водоземците, а влечугите претежно се копнени животни. КЛАСА ПТИЦИ - АВЕС Потсети се! Излези во природа или побарај во училишната збирка некоја препарирана птица. Набљудувај ја нејзината надворешна градба. Што откри, што заклучи? Птиците се најдобри летачи кои имаат аеродинамично тело со два пара крајници предни крила за летање и задни нозе за одење. Телото им е обраснато со рожни пердуви кои служат како топлински изолатор за заштита на телесната температура. Тие се топлокрвни животни со постојана температура - хомеотермни. Кожата им е сува без жлезди. Вилиците им се издолжени во клун, без заби. Познати се три групи на птици: 1. Птици - летачи. Тоа е најбројна и најразновидна група птици, кои живеат на сите 33


Тема 3 континенти. Тие се со најразлични големини и бои на перјата. Познати преставници се: колибрите - најмалите птици на Земјата чија должина достигнува до 2 см, албатросите - чиј распон на крилјата достигнува и до 3 м. Други птици се орел, сокол, пеликан, галеб, врапче итн.

Ptici leta~i

2. Птици-тркачи. Тоа се ноевите кои живеат во пустините и степите на Австралија, Америка и Африка. Тие се најголеми птици со долги нозе со по два или три прсти и закржлавени крилја. Познати преставници се: афрички ној, австралиски ему и америчкиот казуар. 3. Птици - пливачи. Тоа се пингвините кои живеат во поларните морски предели. Имаат закржлавени крила кои личат на перки и задни нозе со пловни кожички. Тие се одлични пливачи и нуркачи. Познати се 18 вида од кои најпознат е кралскиот пингвин. Птиците се од големо значење. Во природата ја одржуваат рамнотежата на инсектите, а некои од птиците човекот ги користи за исхрана.

Noj

34

Pingvin


Групи животни и именувања КЛАСА ЦИЦАЧИ - МАММАЛИА Подготви се! Излези во природа или побарај во училишната збирка препарирани цицачи. Набљудувај ја нивната надворешна градба. Што откри ? Што заклучи? Цицачите се животни со најсложена градба. Телото на цицачите е покриено со цврста и еластична кожа обрасната со влакна. Влакнестата покривка преставува топлински изолатор. Цицачите се топлокрвни животни - хомеотермни. Во кожата се наоѓаат потни, лојни и млечни жлезди. По раѓањето на младенчето, мајката го храни со млекото што го лачат млечните жлезди, по кое го добиле името цицачи. Ембрионот се развива во матката на мајката се до неговото раѓање. Оваа група на цицачи е наречена плацентни цицачи. Во плацентни цицачи спаѓаат повеќе фамилии. Еве некои од нив: фамилија инсектојади (крт, еж, зајак, глушец), фамилија ѕверови (мачка, куче, лав, рис, тигар), фамилија папкари (коза, овца, свиња, говедо) и фамилија примати (мајмуни и човекот) .

Втората група цицачи се бесплацентни цицачи - клунари и торбари. Познат преставник од торбарите е кенгурот кој ги раѓа своите малечки недооформени. Нивниот развиток продолжува да се одвива во торбата (кожен стомачен набор, по што го добиле и името торбари).

Kengur

Koala

35


Тема 3 Во тема 3 изучивме поважните групи животни, и се запознавме со местото и начинот на нивното живеење. Сите живи организми се поврзани меѓу себе и тоа на таков начин при што се одржува рамнотежа во природата. Секоја промена на климатските и болошките услови ја нарушува биолошката рамнотежа. Нарушувањето и загадувањето на животнта средина го врши човекот. Тоа може да биде физичко и хемиско. Сите издувни гасови од фабриките, автомобилите, сите киселини, хемиски средства, отрови од фабриките и домаќинствата ја нарушуваат животната средина. Во последните педесетина години овие загадувања се поголеми и затоа има забрзан процес на изумирање или намалување на поедини видови. Заштитата на животните од исчезнување е обврска на секој поединец, како и на државата. Во училиштата формирајте еколошки секции и друштва за заштита и унапредување на животната средина. И вие заедно приклучете се и допринесете во следново: - не ловете ги ретките и загрозени животни; - штедете ги природните богатства: вода, струја, огрев; - селектирајте ги отпадоците, бидејќи некои отпадоци се рецеклираат; - не загадувајте ја водата непотребно; - не предизвикувајте пожари; - не сечете ги дрвјата без потреба; - прихранувајте ги животните и птиците во зимскиот период.

Вложувајте во природата, а таа ќе ви врати троструко. Одговори - Наброј ги основните белези на птиците и цицачите. - Кои се трите групи на птици и кои се нивните одлики? - Кои се двете поткласи на цицачи? - Наброј некоја фамилија цицачи и кои се нивни преставници? Знаеш ли дека: - Ноевите се најкрупните птици на Земјата. - Јајцето на нојот може да тежи 1,5 кг. - Ноевите трчаат од 50 до 70 км на час. - Најмалите колибри имаат само 2 цм дложина од кои 1 см е клунот. - Синиот кит е најголемиот цицач.

36


ТЕМА 4 НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ 1. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ


Тема 4

НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ Подготви се! Потруди се да најдеш полжав со черупка, некој инсект или донеси черупки од морски полжави, школки, ракчиња или морски ежови и ѕвезди, ако претходно си ги собрал или побарај ги во училишната збирка. Сигурно се потсети дека животните имаат надворешна покривка - кожа која го штити телото од надворешни влијанија (влага, суша, светлина и друго). Кожата кај некои животни создава творби како кутикула, хитин, стргунки, пердуви, влакна и друго. Телото на копривкарите е изградено од поткожичка (епидермис), што содржи еден ред епителни клетки кои имаат заштитна улога. Покрај епителните клетки има и клетки во вид на меурчиња наречени жарни клетки. Во меурчето има отровна лигава течност која преку долгото конче и боцката го уфрлува

Crv

Insekti

38

жарно тело

отровот во пленот и го убива. Телото на црвите е покриено со кожа која има повеќе функции. Во кожата има жлезди кои излачуваат лигава материја за полесно движење. Има и сетилни клетки со кои ја чувствува светлината, а црвот преку влажната кожа диши. Исто така преку кожата се излачува непотребната вода и штетните материи. Некои кожни клетки излачуваат посебни материи кои на површината на телото образуваат заштитен слој наречен кутикула. Кај мекотелите кожата излачува варовикова обвивка и има заштитна улога. Кај членконогите телото е покриено со еднослојна кожа што излачува цврст заштитен слој наречен хитин. Хитинот не е подеднакво дебел по целото тело. Помеѓу членчињата тој е потенок и еластичен што овозможува движење на одделни делови на телото. Хитинот го заштитува телото од механички повреди, од губење вода, а воедно тој преставува надворешен скелет за кој се прицврстени мускулите.


Надворешна покривка кај животните Истражување. Со помош на наставникот направи го следниот обид: Земи една стаклена чаша и наполнија до половина со 10% раствор од солна ќиселина и во неа стави една черупка од полжав или школка. Што забележуваш и што откри? Дали забележуваш дека од черупката се ослободуваат меурчиња. Тоа е јаглеродниот диоксид (СО2). Черупката станува се потенка и помала, а за три до четири минути целосно ќе се раствори. Тоа е затоа што черупката е изградена од калциум карбонат (варовник) што во солна киселина се раствара.

НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ' РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ КОЖА. Подготви се! Потруди се да најдеш стргунки од риби, пердуви од птици и кожички со влакна од цицачи.

Со помош на наставникот набљудувај под микроскоп готов препарат од пресек на кожа од некој цицач и спореди го со сликата. Дали забележуваш дека кожата на цицачите е повеќеслојна. Можат да се издвојат два слоја и тоа: надворешен потенок слој, наречен поткожичка или епидермис и внатрешен подебел слој вистинска кожа или дерма. Во неа се сместени некои органи за кои подоцна ќе стане збор.

Епидермис

Влакно

Вистинска кожа (дерма)

Presek na ko`ata

РИБИ. Телото на рибите е покриено со многуслојна кожа. Во кожата има жлездести клетки кои лачат лигава материја што им овозможува полесно движење во водата. Површината на рибите е покриена со варовикови Стргунки стргунки различни по форма и големина, кои имаат заштитна улога. Ko`a na riba e pokriena so varovikovi strgunki 39


Тема 4 ВОДОЗЕМЦИ. Водоземците имаат влажна, лигава и набрчкана кожа. Преку кожата жабата упива вода и преку неа диши. ВЛЕЧУГИ. Телото на влечугите е покриено со сува кожа без кожни жлезди, врз неа има рожни стргунки кои го спречуваат испарувањето на водата. Кај желките стргунките меѓусебно се сраснати и формираат заштитен оклоп. Vla`na, ligava i nabr;kana ko`a na `abata

Во кожата постојат пигментни клетки, поради што повеќето влечуги се одликуваат со јаки живи бои. ПТИЦИ. Кожата на птиците е тенка, нежна и сува. Од кожните жлезди се развиле само лојните жлезди познати како тртна жлезда, која се наоѓа во основата на опашката.Таа лачи масни материи за подмачкување на перјето.

Ko`a na vle~ugi ima ro`ni strgunki

Набљудувај ги перјата што ги донесе. Што заклучи? - Кожата на птиците е покриена со перја - рожни творби кои се различни по боја, форма и големина. Нивната улога е заштитна, ја одржуваат постојаната топлина на телото. - Нозете на птиците се покриени со рожни лушпи. Прстите завршуваат со нокти или канџи. Устата им е преобразена во клун исто така од рожна материја.

40

Ko`a na pticite e pokriena so perja

Nozete na pticite se pokrieni so ro`ni lu{pi


Надворешна покривка кај животните ЦИЦАЧИ. Набљудувај ги кожичките (крзната) што ги донесе. Што откри? Што заклучи ? - Телото на цицачите е покриено со цврста, еластична и дебела кожа. Во неа се наоѓаат три вида жлезди и тоа: потни, лојни и млечни жлезди.

Teloto na cica~i e pokrieno so vlakna

- Телото на цицачите е покриено со влакна - рожни творби. Влакнестата покривка претставува совршен топлински изолатор - против губење на топлината. Тоа се хомеотермни (топлокрвни - животни). Покрај влакната, рожни творби сé и ноктите, канџите и копитата. Копитата ги има на врвовите на прстите кај коњот, магарето, зебрата и други животни. Папците се рожни творби на врвовите на прстите кои имаат заштитна улога. Папци има кај свињата, говедото, овцата, жирафата и други. Роговите се рожни творби на главата на овците, козите и говедата и им служат за борба со непријателот.

Ro`ni tvorbi na ko`ata

41


Тема 4

Одговори: Какви се творби создава епителот на кожата кај: рибите и влечугите и каква е нивната улога? Наброј ги рожните творби на кожата кај птиците! Наброј ги рожните творби на кожата кај цицачите! Кои животни ги нарекуваме хомеотермни животни. Како и со што ја одржубаат нивната топлина? Што е митарење?

Јас дознав дека Безрбетните животни имаат тенка еднослојна кожа која кај црвите создава заштитна кутикула, кај мекотелите - варовничка обвивка, кај членконогите хитин, кај иглокожите – варовничка обвивка со боцки. Сите овие творби имаат заштитна улога. Кај рбетниците кожата е двослојна, од кои горниот слој е наречен епидермис и вистинска кожа – дерма. Епидермисот на површината изумира создавајки мртви рожни творби и тоа: кај рибите и влечугите – стргунки, кај птиците – пердуви, лушпи, нокти, канџи и клун, кај цицачите – влакна, нокти, канџи, копита, папци и рогови.

42


ТЕМА 5 ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ 1. ОРГАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ КАЈ ЖИВOТНИТЕ 2. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНА СРЕДИНА 3. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ НА КОПНО И ВОЗДУХ


Тема 5

ОРГАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ Подготви се! - Наброј повеќе причини зошто животните се движат? Ако имаш аквариум со риби, набљудувај ја нивната надворешна градба и движење. Животните се приспособиле да се движат со посебни органи и на посебен начин во сите животни средини: во водата на копното и во воздухот. Органи за движење кај животните се: нозе, крила, перки и друго. Движењата се должат на коските и на мускулите. Коските им даваат цврстина и потпора на телото. За нив се прицврстени мускулите, како меки и еластични делови. Тие имаат особина да се стегаат и отпуштаат, со што ги движат коските и целото тело. Коските на нозете кај животните се поврзани со зглобови - подвижно. Мускулите за својата работа трошат енергија која ја добиваат со согорување на органските материи во клетките.

Koski, muskuli, zglobovi

ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНАТА СРЕДИНА Во водната средина живеат и се движат преставници од најпростите едноклеточни животни до најсложените 'рбетници - цицачите. Камшикарите се едноклеточни животни кои се движат со помош на камшичето.

44


Движење на животните

Трепкарите парамециумот плива со помош на ситни трепки што се наоѓаат на површината на клеточната ципа.

Удар за напред

Удар за назад

Dvi`ewe na najprostite ednokleto~ni `ivotni

Копривкарите - хидрата може да си го промени своето место на живеење со превртување и лазење по дното на водата. Плочести црви - планаријата ползи по подлогата со помош на мускулите што и се наоѓаат под кожата. Со помош на трепките планаријата плива во водата. Мекотелите се движат со мускулестото стапало - ползат по подлогата.

Dvi`ewe na mekotelite

Dvi`ewe na ~lenkonogite

Членконоги - ракови. Во училишниот аквариум можеш да одгледуваш и речен рак .Набљудувај го како се движи по дното и како плива. Речниот рак се приспособил за движење по подлогата со ножињата. Тој може да плива и со опашниот дел, наречен ладало. Иглокожите се движат со помош на амбулакрални ножиња. Тоа се тенки цевчести израстоци кои се полнат со вода и истите се издолжуваат.

45


Тема 5 Рибите се вистински водни животни. Тие имаат вретеновидна или чуновидна форма на телото која им овозможува полесно пливање во водата. Притоа најактивна улога игра мускулестата опашка со опашната перка. Перките им помагаат на рибите во движењето и одржувањето на рамнотежата.

Dvi`ewe na ribite

Водни цицачи (кит, делфин). Телото на овие цицачи е валчесто, издолжено (рибовидно). Нивните крајници се преобразени во водни перки за пливање.

ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ НА КОПНО И ВО ВОЗДУХ Потсети се! Потсети се од она што го учеше предходно за одделни групи животни и нивното движење на копно. Набљудувај ги во природата или во училишната збирка црвите, инсектите, гуштерите, птиците и други копнени животни. Како се движат? Дождовни црви. Донеси дождовен црв. Стави го на лист хартија. Причекај да почне да се движи. Што забележа? Телото на дождовниот црв постојано се собира и издолжува. Тоа му го овозможуваат мускулите и четинките. Под кожата се наоѓа слој од кружни, а под него слој од надолжни мускули. Со нивно собирање и издолжување црвот се движи. Инсекти. Набљудувај ги инсектите што ги донесе и спореди ги со сликата. Забележуваш ли дека на грбната (горна) страна на второто и третото членче се наоѓаат два 46

Dvi`ewe na insektite


Движење на животните пара крила кои всушност претставуваат тенки кожни набори со мрежа од жилички. Тие им овозможуваат на инсектите да летаат. Со екстремитетите (нозете)тие одат. Копнените 'рбетници: водоземците, влечугите, птиците и цицачите се движат со нозе. Набљудувај ја жабата што ја донесе и спореди ја со сликата. Жабата како и другите копнени 'рбетници освен птиците, имаат два пара крајници (предни и задни нозе). Задните нозе имаат поактивна улога во движењето, па затоа тие се подобро развиени. Нозете на 'рбетниците се изградени од долги и кратки коски, зглобно кои се подвижно поврзани. Коските се покриени со мускули кои имаат особина да се стегаат и отпуштаат, со што ги движат нозете.

Коските на задните нозе се многу големи, за да овозможат скокање

Dvi`ewe na `aba

Птиците се приспособиле за живот во воздушната средина. Како последица на тоа, кај птиците настанале големи промени во градбата на нивното тело. Еве некои од нив: имаат аеродинамично тело покриено со пердуви а на крилата имаат поголеми пердуви кои ја зголемуваат нивната површина. Градната коска (кобилицата) е добро развиена. На неа се поврзани Ptici vo let градните мускули што ги движат крилата. Коските на птиците летачи се пневматични (шупливи), исполнети со воздух. На копно птиците се движат со задните нозе. Бројот на прстите на нозете е различен зависно од начинот на живеење. Најчесто имаат 3 до 4 прсти, но афричкиот ној има два прста, добро развиени кои наликуваат на стапало.

47


Тема 5 Цицачите се четириножни животни, односно имаат четири екстремитети. Крајниците на цицачите се развиени во зависност од условите за живот и начинот на движење. Како на пример: зверовитe се брзи животни, тие имаат силни и јаки нозе со кои побрзо доаѓаат до пленот. На предните нозе имаат четири прсти со канџи, и задни подолги и посилни нозе со пет прсти и каџи на нив. Копитарите пак имаат долги нозе, најчесто со еден прст препокриени со рожна материја - копито.

Активности Наброј ги органелите со кои се движат едноклеточните организми. Опиши го движењето на црвот. Кои органи се за движење кај членконогите- раковите и инсектите? Како се приспособиле рибите за движење во вода? Опиши како и со што се движат копнените 'рбетници?

Знаеш ли дека... Птиците се најбрзи летачи. Соколот достигнува брзина до 300 км на час. Нојот е најбрз тркач и достигнува брзина до 120 км на час, а гепардот е најбрз цицач-120 км на час. Најдолги нозе од птиците има нојот, а од цицачите - жирафата.

48


ТЕМА 6 ИСХРАНА НА ЖИВОТНИТЕ 1. ИСХРАНА И НАЧИНИ НА ИСХРАНА КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. НАЧИНИ НА ИСХРАНА И ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 3. НАЧИН НА ИСХРАНА И ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ


Тема 6

ИСХРАНА И НАЧИНИ НА ИСХРАНА КАЈ ЖИВОТНИТЕ Потсети се! Во петто и шестто одделение учеше за исхрана на живите организми. - Што е исхрана и на каков начин се хранат животните? Сигурно се потсети дека растенијата сами си создаваат храна па затоа се наречени произведувачи, а животните кои користат готова органска храна и се наречени потрошувачи. Исхрана е внесување на храна неопходна за живот. Животните со храната внесуваат готови органски материи: шеќери, белковини, масти, масла и витамини и неоргански материи: вода и минерални соли. Според начинот на исхраната и според видот на храната што ја земаат животните се групирани во три групи: тревојади, месојади и сештојади. Тревојадите се животни кои се хранат со растителна храна (трева, плодови, семки, корења и друго). Во оваа група спаѓаат: говедото, овцата, срната, зебрата, коњот и други.

Trevojadni `ivotni

Месојадите се животни кои се хранат со месото и крвта од животните. Тоа се брзи животни со добро развиени сетила, остри канџи и заби за полесно ловење на пленот. Во оваа група спаѓаат: лавот, тигарот, куната, волкот, лисицата и други. Сештојади се животни кои се хранат со растителна и животинска храна. Во оваа група спаѓаат голем број животни. Еве некои од нив: ракот, мечката, птиците, жабите и други. Meosjad

50


Исхрана на животните

Se{tojadni `ivotni

Паразити - Можат да бидат: надворешни кои живеат на кожата, пр.: вошката, болвата, комарецот, крлежот, пијавицата и внатрешни паразити кои живеат во телото на животните и тоа: во цревата живеат тениите (свинската, говетската и детската глиста); во црниот дроб - кучешката тенија и метилот. Овие паразити со целото тело или со смукалки ги смукаат соковите и сварената храна.

Metil

Tenija

НАЧИНИ НА ИСХРАНА И ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ Подготви се! - Што преставува варењето на храната? - Наброј некои органи за варење на храната кај животните! Знаеш ли дека животните храната ја внесуваат во телото на повеќе начини. Некои ја внесуваат жвакана, а некои ја голтаат. Внесената храна во организмот (органот) претрпува две битни промени и тоа: механичка или дробење (ситнење) на храната и хемиско варење или разложување на храната од посложени органски материи до

51


Тема 6

попрости, под дејство на сокови - ензими. Лажни

ножиња Разликуваме два вида на варење на храната: клеточно и вонклеточно. Клеточно варење. Клеточното варење го среќаваме кај едноклеточните организми и просто градените повеќеклеточни организми. Набљудувај ја сликата! Дали забележуваш дека амебата при движењето испушта клеточни продолжетоци наречени лажни ножиња, со нив ја внесува храната (хранливите честички) во цитоплазмата. Околу Ameba: vnesuvawe hrana хранливата честичка во цитоплазмата се создава хранителна вакуола во која храната се вари - разложува под дејство на ензими (сокови за варење). Излачувањето на несварените или непотребните материи кај амебите се врши преку меурести творби - контрактилни (пулсативни) вакуоли.

Земи во една чаша барска вода и во неа стави сува трева (сено). Остави ја чашата со водата на собна температура неколку дена. На површината ќе се нафати сивкаста коричка. Земи со капалка неколку капки од водата и стави ги на предметно стакло. Набљудувај под микроскоп! Што забележуваш? Што откри? Во капката вода, покрај другите едноклеточни организми, ќе го забележиш и парамециумот. Парамециумот при движење весла со трепките. Со подолгите трепки, кои се наоѓаат на вдлабнатата страна, ја прифаќа храната. Како храна ги користи бактериите, едноклеточните организми и органските честички. Храната ја внесува преку клеточната уста во клеточното ждрело. Потоа околу храната се создава хранителна вакуола во која се вари храната. Несварените материи се исфрлаат преку контрактилна (пулсативна) вакуола. Контрактилната вакуола е меурче со додатни странични каналчиња кои се полнат и празнат и на тој начин ги исфрлаат непотребните материи и водата. Кај мешестите организми храната која доаѓа низ усниот отвор се вари во мешето. Храната се лови со пипалата, а со копривните клетки се умртвува пленот. Во мешето храната се ситни и разложува под дејство на ензимите. Потоа хранливите честички се прифаќаат од клетките на ендодермот, се внесуваат во цитоплазмата каде продолжува варењето. Значи кај мешестите организми има комбинирано варење: вонклеточно во мешето и клеточно Paramecium ja vnesuva во клетките. hranata so trepki

52


Исхрана на животните Кај поголемиот дел црви (дождовниот) системот за варење е цевчест и се состои од уста, голтка, желудник и црево со заден анален отвор. Храната се вари во желудникот и цревото. Дождовниот црв како храна ги користи изгниените листови од растенијата. Жледест Голтка

желудник

Мускулест желудник

Црево

Уста

Digestiven sistem na do`doven crv

Членконогите (инсекти и ракови) Плунковна жлезда имаат најсложен систем за варење. Во Хранопровод зависност од видот на храната усниот Дебело апарат може да биде: за боцкање - кај црево комарците, за грицкање - кај лебарките, за лижење и цицање - кај пеперугите и пчелите. Системот за варење е цевчест, сличен како кај дождовниот црв. Се состои од уста, голтка и жлездест желудник во кој се натопува храна со Ректум сокови богати со ензими. Потоа храната Желудник Тенко црево преминува во мускулестиот желудник во кој се ситни. Потполното варење на Digestiven sistem na p~elata храната се одвива во цревото со помош на цревните сокови богати со ензими (ферменти) и соковите од црниот дроб. Одговори - Што е варење на храната и кои промени ги претрпува храната? - Кое варење го нарекуваме клеточно варење и каде се врши? - Кое варење го нарекуваме вонклеточно и каде се врши? - Каква промена претрпува храната во системот за варење? Јас дознав дека... - Храната во органите за варење претрпува механичка промена, се ситни и дроби како и хемиска промена при што се врши разложување на сложените органски материи, до попрости што можат да стигнат до клетките. - Клеточното варење се врши во хранителните вакуоли на клетката. - Вонклеточно варење се врши во органите за варење.

53


Тема 6

НАЧИН НА ИСХРАНА И ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА КАЈ РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ Подготви се! Од месарница побарај црево од овца и парче од желудник (кај луѓето познат како шкембе). Сигурно се сети дека во рбетни животни спаѓаат: риби, водоземци, влечуги, птици и цицачи. Кај 'рбетните животни има различни начини на исхрана, па поради тоа има попрост или посложен систем за варење. Риби. Наставникот ќе направи дисекција на рибата што ја донесе. На стиропор полека ќе ги издвој органите за варење и истите спореди ги со сликата. Црн дроб Хранопровод

Голтка

Уста

Клоака Право црево Црево Поджелудочна жлезда

Желудник

Organi na varewe kaj ribata

Прв орган од системот за варење кај рибите, со кој ја зема храната, е усната празнина. Устата кај рибите се состои од горна неподвижна вилица на која често се наоѓаат мустачиња (пипала), што им служат како сетило за допир и им помагаат во барањето на храната; долна подвижна вилица, на која кај некои риби имаат заби и служат за прифаќање на пленот, но не и за ситнење на храната. Потоа следува грло (голтка) во кое со помош на жабрените заби се ситни храната. Од грлото храната се внесува преку хранопроводот во желудникот каде се ситни и вари. Желудникот продолжува во средно - тенко црево каде се доварува храната со помош на цревните сокови и соковите од црниот дроб (жолчни сокови). Тенкото црево продолжува во задно црево кое завршува со анален отвор. Рибите најчесто се сештојади, но има и риби кои се хранат со месо, а тоа се рскавичните риби.

54


Исхрана на животните Водоземци и влечуги. Кај водоземците и влечугите системот за варење е сличен како кај рибите. Во усната празнина, овие две групи животни, имаат долг леплив јазик кој го исфрлаат надвор од устата со чија помош ловат разни инсекти, ларви, црви и друго. Птици. Системот за варење кај птиците започнува со клун (уста без заби) и затоа ја голтаат храната, која потоа оди во грлото. Од грлото храната продолжува во хранопроводот, кој во средината има едно проширување наречено бапка, каде храната се собира и омекнува. Потоа храната се спушта во жлездестиот желудник, при што се натопува со сокови богати со ензими (ферменти). Вака натопената и омекната храна оди во мускулестиот желудник, каде се ситни со помош на неговите јаки мускули и каменчињата што птиците ги голтаат заедно со зрнестата храна. Желудникот одвнатре е обложен со рожна лушпа, која го заштитува од механички повреди при мелењето на храната. Вака омекнатата и иситнета храна преминува во цревото каде се доварува потпомогната од цревните сокови, соковите од панкреасот и жолчниот сок од црниот дроб. Сварените органски материи се впиваат низ цревниот ѕид, а несварените се исфрлаат преку аналниот отвор. Задниот дел на цревото е проширен и е наречен клоака.

Усна празнина

Клун

Храноровод

Бапка

Мускулест желудник Цицачи. Жлездест желудник Набљудувај ја усната Дванаесетпалечно Црн дроб празнина од скелетот на главата црево Жолчен канал кај човекот. Поджелудочна жлезда Забележуваш ли дека во Слабинско Право црево тенко црево усната празнина се наоѓаат Клоака забите кои се сместени на Слепо црево вилиците, во посебни отвори алвеоли. Формата и бројот на Organi na varewe kaj ptica забите кај цицачите зависи од начинот на исхраната. Главно разликуваме три вида заби: секачи (предни) кои служат за сечење на храната - најразвиени секачи имаат гризачите: зајакот, верверичката, дабарот и други. Кучешките заби служат за раскинување на пленот, а најразвиени заби имаат ѕверовите: мачката, лавот, тигарот, рисот и др. Предкатници и катници - служат за ситнење на храната. Во устата цицачите имаат три пара плунковидни жлезди кои излачуваат плунка со која се натопува храната. Други органи за варење се: грло, хранопроводник, желудник, дванаестопалачно црево, тенко и дебело црево и анален отвор. Жлезди што го помагаат варењето на храната се црниот дроб и панкреасот.

55


Тема 6

Набљудувај го желудникот од јагне што го донесе! Дали забележуваш дека желудникот на јагнето е изграден од мускули кои се стегаат и отпуштаат и ја дробат храната. Ресестата слузокожа лачи сокови со кои ја вари храната. Желудникот на преживарите. (овцата, козата, говедото, антилопата) е поделен на четири дела: со нежваканата храна прво се полни најголемиот дел од желудникот - бураг, а при преживувањето преку капурата, дел по дел од храната се враќа во устата каде се жвака. Потоа храната се враќа во третиот дел од желудникот - листенецот и на крајот оди во четвртиот дел сириштето. Во сириштето храната се натопува со желудечниот сок во кој има ензими, со чија помош се врши хемиско разложување на органските материи од храната. Од желудникот храната преминува во цревата. Понатамошното варење на храната во цревата се врши исто како и кај другите цицачи.

1

2 3 7

9

6

4

1. Плувачна жлезда 2. Јазик 3. Хранопровод 4. Желудник 5. Дванаесетпалачно црево 6. Црн дроб 7. Жолчка 8. Тенко црево 9. Дебело црево 10. Право црево 11. Слепо црево

5

11 10

8 9

Organi na varewe kaj ~ovekot

Zabi vo ustata na ~ovek

Јас дознав дека... - Системот за варење кај 'рбетниците се состои од усна празнина, грло, хранопроводник, желудник и црево. Црниот дроб и панкреасот се жлезди кои го помагаат варењето на храната во цревата. - Во устата некои 'рбетници имаат заби за прифаќање на храната (рибите, водоземците и влечугите). - Птиците немаат заби, па затоа ја голтаат храната. - Цицачите имаат диференцирани заби: секачи, кучешки, преткатници и катници. Дали знаеш дека? Ајкулите во грлото (ждрелото) имаат ни помалку ни повеќе, туку 10.000 заби. Коњот во устата има 40 заби, но нема кучешки заби. Човекот во устата има 32 заба, по 16 на една вилица.

56


ТЕМА 7 ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ХРАНАТА И ГАСОВИТЕ 1. КРВ ЦИРКУЛАРНА ТЕЧНОСТ, ГРАДБА И УЛОГА 2. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА ЦИРКУЛАРНИОТ СИСТЕМ 3. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА КРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ 4.ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА СРЦЕТО КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 5. МАЛ И ГОЛЕМ КРВОТОК.


Тема 7

ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА ЦИРКУЛАТОРНИОТ СИСТЕМ ТЕЛЕСНИ ТЕЧНОСТИ Хранливите материи , кислородот и водата им се потребни на клетките за да можат да ги извршуваат животните процеси – исхрана , дишење , растење, равиток и друго. Кај едноклеточните како и кај повекеклеточните животни со попроста градб а кои живеат во вода , улогата на пренесување на материите , ја врши течноста која циркулира низ организмот и стасува до секоја клетка . Течноста носи кислород кој е растворен во неа , како и хранливи материи, и ги предава на клетките , а во исто време извлекувајки ги од клетките јаглеродниот диоксид и штетните материи . Оваа циркуларна течност е наречена ХИДРОЛИМФА . ХЕМОЛОМФАТА или крвта на некои безрбетници е циркуларна течност која циркулира низ телото на некои посложени црви, мекотели и членконоги. Хемолимфата содржи крвни клетки, лекукоцити и хемоглобин кој се наога во крвната плазма.Хемоглобинот содржи бакар, а крвта има сина боја. Улогата на хемоглобинот е да го пренесува кислородот до клетките, а од клетките да го изнесува јаглеродниот диоксид. ЛИМФАТА се формира од ткивната течност и циркулира низ посебен систем на садови наречени лимфни садови. Лимфниот систем започнува со лимфни капилари чии почеток е во ткивата. Тие формираат поголеми лимфни садови и на крај се влеваат во вените пред крвта да влезе во срцето.Лимфата е безбојна течност со сличен состав како крвната плазма во која има бели крвни клетки – леукоцити.Лимфата како и венската (редуцирана) крв има улога да ги пренесува непотребните штетни материи и јаглеродниот диоксид до органите за излачување и органите за дишење преку кои тие се исфрлаат надвор од организмот.

КРВ ЦИРКУЛАРНА ТЕЧНОСТ, ГРАДБА И УЛОГА Потсети се! - Какво ткиво е крвта и која е нејзината улога? Ако имаш можност, кога се коле теле или прасе , собери во една чаша крв. Остави ја да отстои неколку часа. На горниот плазма дел ќе се издвои бела крвна клетка жолтеникава леплива течност наречена црена крвна клетка плазма: 55% (гледано отстрана) крвна плазма. Во долниот дел се доцрена крвна клетка бива потсирок во кој (гледано однапред) крвни се наоѓаат крвните елементи: 45% крвна плочка клетки. Sostojki na krvta

58


Пренесување на храната и гасовите Крвната плазма содржи најмногу вода, од 79-82 % ,потоа белковини, масти, шеќери, витамини, минерални соли, јаглерод диоксод, кислород и друго. Во крвната плазма пливаат црвените крвни клетки - еритроцити, белите крвни клетки леукоцити и крвните плочки - тромбоцити. црвена крвна клетка

крв: 4-5 литри

плочка

клеточни елементи 45%

плазма 55% гледано однапред

гледано отстрана

бела крвна клетка

црвени крвни клетки

бели крвни клетки

крвни плочки

вода 90%

протеини (8%)

јони, шеќери, масти, минерали, витамини, хормони итн.

Ако имаш можност набљудувај готов препарат од крв. Тоа што ќе го видиш спореди го со сликата. Што заклучи? Во крвта се гледаат крвни клетки и тоа: бели, црвени клетки и крвни плочки. Еритроцитите се најбројни во крвта. Коњот има од 5 до 6 милиони, а човекот има од 4 до 5 милиони еритроцити во 1см ³. Еритроцитите се изградени од белковинеста материја - хемоглобин, кој ја дава црвената боја на крвта. Хемоглобинот содржи и железо со помош на кое се пренесуваат кислородот и јаглеродниот диоксид . Леукоцитите - бели крвни клетки ги има од 6 до 10 илјади во 1см ³. Леукоцитите немаат клеточна мембрана, ја менуваат својата форма и испуштаат лажни ножиња со што ги прифаќаат бактериите и ги уништуваат. Значи тие имаат заштитна улога во организмот. Тромбоцити - крвни плочки имаат улога да ја засируваат крвта при повреда на крвните садови. Улога на крвта. Крвта има улога да ги пренесува хранливите материи и кислородот до сите клетки каде се врши согорување (разложување) на органските материи, при што се добива вода, минерални соли, јаглероден диоксид како и штетни отровни материи. Овие штетни и непотребни материи, крвта ги носи до органите за излачување бубрезите преку кои се излачуваат надвор од организмот. Јаглерод диоксид се исфрла преку белите дробови. Крвта има и заштитна улога, таа го заштитува организмот од болести. Крвта има улога и во регулирањето на постојаната температура кај птиците и цицачите. 59


Тема 7 КРВНИ САДОВИ Крвта како течно крвно ткиво се движи низ крвни садови: срце, артерии, вени, а кај рбетниците и крвни капилари.

Артерии Артериите се крни садови со еластични ѕидови. Изградени се од сврзно ткиво однадвор, кое ги поврзува крвните садови со околните ткива, среден мускулен слој и внатрешен епителен слој. На својот пат од срцето до органите, артериите се разгрануваат. Најголемата артерија која излегува од срцето е позната како аорта. Сите артерии носат крв богата со кислород - оксидирана крв.

Вени Вените се потенки крвни садови што ја враќаат крвта во срцето. Во вените крвта се движи потпомогната од стегањето и отпуштањето на мускулите. Сите венски садови (со исклучок на белодробните вени) од ткивата до срцето носат крв богата со јаглерод диоксид - редуцирана крв. Вена

Артерија

Вена

Мускул

Клапи

Dvi`ewe na krvta vo arteriite i venite

Razmena na gasovite vo kapilarite

Кај животните кои имаат затворен крвоток, помеѓу артериите и вените се сретнуваат и крвни капилари. Крвните капилари се изградени од еден ред епителни клетки низ чии ѕидови се врши размена на хранливите материи и гасовите - јаглерод диоксид и кислород. Одговори - Набљудувај под микроскоп готов препарат од крв. Откри ги крвните клетки. Скицирај ги во тетратката и дај краток опис. - Опиши го состсвот на крвта и наброј ги нејзините улоги. Јас дознав дека... Крвта е црвена леплива течност составена од крвна плазма и крвни клетки. Улогата на крвта е да ги пренесува хранливите материи и гасовите. Крвта има и заштитна улога.

60


Пренесување на храната и гасовите

ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА КРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ Подсети се! - Како се пренесуваат сварените хранливи материи и кислородот до клетките? - Што станува со храната во клетките и што се добива? Знаеш ли дека сварените хранливи материи, кислородот и водата им се потребни на клетките за да можат да ги извршуваат животните процеси: исхрана, дишење, растење, развитик и др. Едноклеточните животни и простоградените повеќеклеточни животни копривкарите и плочестите црви, потребните материи ги добиваат и ги пренесуваат по пат на осмоза и дифузија од една клетка до друга. Кај прстенестите црви, пренесувањето на храната и кислородот се врши преку крвоносен систем. Тој се состои од два главни крвни сада: грбен и стомачен. Двата крвни сада се спојуваат во предниот и задниот дел со мрежа од крвни капилари поради што крвниот систем се вика затворен.

Срце

Krvonosen sistem na crv

Krvonosen sistem na mekotelite

Кај мекотелите и членконогите крвниот систем е отворен и преставен со еден грбен крвен сад на кој е сместено срцето. Кај мекотелите срцето е составено Krvonosen sistem na ~lenkonogi од една комора и најчесто две преткомори. Кај членконогите срцето е во вид на цевка, поделено на повеќе комори. Кај отворениот крвоток крвта се движи низ крвни садови кои на краевите се отворени. Крвта се излива во шуплините на телото и органите пливаат во ткивна крвна течност. Преку клеточната мембрана на клетките се врши размена на материите.

61


Тема 7

ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА СРЦЕТО КАЈ 'РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ Срцето и крвните садови - артериите, вените и крвните капилари кај 'рбетниците формираат затворен крвоносен систем. Риби. Позади жабрите е сместено срцето на рибата. Тоа е изградено од една комора и една преткомора. Низ срцето на рибите поминува крв богата со јаглерод диоксид која прво влегува во преткомората, па во комората. Од комората преку жабрената артерија крвта се носи во жабрите каде го предава јаглерод диоксид и го прима кислород. Од жабрите, крвта збогатена со кислород - оксидирана крв, преку грбната и други артерии и капиларите, крвта се носи до сите органи. Преку вените на главата и стомачната вена, крвта се враќа до преткомората на срцето. Крвоносниот систем кај водоземците и влечугите е сличен како кај рибите. Срцето кај нив е изградено од две преткомори и една комора. Кај влечугите има појава на непотполна преграда меѓу коморите, а преградата е целосна само кај крокодилите.

аорта горна шуплива вена белодробна артерија лева преткомора перикард (пресек) десна преткомора десна комора лева комора

Srce

62

Срцето кај птиците и цицачите е мускулест шупликав орган. Со целосна надолжна преграда е поделено на лева и десна половина, а со напречна преграда е поделено на две преткомори и две комори. На попречните прегради меѓу преткоморите и коморите се наоѓа по еден отвор на кој има клапи (залисци), кои служат како вентили за отварање и затварање на отворите. Клапите дозволуваат крвта да патува во еден правец од преткоморите во коморите. Од коморите преку артериите крвта излегува од срцето. Левата половина од срцето е исполнета со оксидирана крв, богата со кислород, а десната - со редуцирана крв, богата со јаглероден диоксид.


Пренесување на храната и гасовите Горна шуплива вена

Артерија аорта Белодробни артерии Белодробни вени

Белодробна артерија

Лева преткомора Мускулна преграда Десна преткомора

Клапи или залисци

Клапи или залисци Лева комора Десна комора Срцев мускул

Долна шуплива вена

Napre~en presek na srce na cica~ite - ~ovek

МАЛ И ГОЛЕМ КРВОТОК Крвоток е циркулација на крвта во системит на крвните садови. Голем крвоток. Големиот крвоток кај птиците и цицачите преставува циркулација на крвта од левата комора на срцето преку артерија аорта, артериите и преку артериските капилари, клетките се снабдуваат со кислород и храна. Непотребните и штетни материи преку венските капилари влегуваат во крвта, а вените ја враќаат венската крв во десната преткомора на срцето. Шематски прикажано изгледа вака: Лева комора на срцето

артерии

ткива и органи

вени

десна преткомора на срцето

Мал крвоток. Малиот крвоток кај птиците и цицачите е циркулација на крвта од десната комора на срцето, преку белодробните артерии до белите дробови, каде се врши размена на гасовите. Оксидираната крв преку белодробните вени се враќа во левата преткомора на срцето. Шематски прикажано изгледа вака: Десна комора на срцето

белодробни артерии

бели дробови

белодробни вени

лева преткомора на срцето

63


Тема 7

горна шуплива вена артерија аорта белодробна артерија белодробни вени долна шуплива вена срце вени

артерии

капилари

[ema na cirkulacioniot sistem

Јас дознав дека... Крвоносниот систем го сочинуваат: крвта и крвните садови (срце, артерии, вени и капилари). Срце имаат мекотелите, членконогите и сите ' рбетници. Најсложен крвоносен систем и срце имаат птиците и цицачите. Дали знаеш? - Кај слонот срцето отчукува 25 пати во минута, кај човекот 60-80 пати, а кај канаринецот дури до 1.000 пати во минута.

64


ТЕМА 8 ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 1. ДИШЕЊЕ И КЛЕТОЧНО ДИШЕЊЕ 2. ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНАТА СРЕДИНА 3. ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОЗДУШНА СРЕДИНА И НА КОПНО


Тема 8

ДИШЕЊЕ И КЛЕТОЧНО ДИШЕЊЕ Подсети се! - Сети се што претставува процесот на дишење кај живитните . - Каде и како се врши дишењето? Сигурно се сети дека дишењето е процес на разложување - тивко согорување на органските материи-шеќерите, под дејство на кислородот и ослободување на енергија, јаглероден диоксид и вода. Ваквото дишење кое се одвива во секоја жива клетка се вика клеточно или внатрешно дишење. Претставено на скица, изгледа вака:

Органски материи во клетката

+

кислород

постапно разложување (согорување )

топлотна енергија јаглероден диоксид вода и минерални соли

Набљудувај ја скицата и потруди се да одговориш какво значење има процесот на дишење кај животните. Основното значење на процесот дишење е ослободување на енергија која е потребна за извршување на животните процеси: движење, исхрана, излачување, раст, развој и друго. Кај топлокрвните животни (птици и цицачи) енергијата се претвара во топлина и служи за затоплување на телото . Кај едноклеточните и простоградените животни јаглерод диоксидот се исфрла надвор преку целото тело - кожата, а кај посложено градените животни исфрлањето се врши преку оформени органи за дишење. Размената на гасовите помеѓу надворешната средина и органите за дишење се вика надворешно дишење. Јаглеродниот диоксид што е донесен со крвта до органите за дишење се исфрла во надворешната средина, а се прима кислород кој преку крвотокот се носи до клетките. Дишењето се одвива постојано бидејќи на живите клетки и на целиот организам им е потребна енергијата. Кај животните, кога спијат и за време на зимскиот сон, се намалува работата на органите, а со тоа и дишењето. Кога трчаат животните побрзо дишат.

66


Дишење кај животните

ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНАТА СРЕДИНА Подготви се! - Во училиште донеси риба или ако имаш аквариум со риби. Набљудувај ја рибата како диши. Во водната средина живеат голем број праживотни. Некои од нив ги учеше во почетокот на седмо одделение. Сите животни немаат посебни органи за дишење. Некои се приспособени да го примаат кислородот од средината по дифузен пат преку целата површина на телото. Тоа се едноклеточните животни. Црвите немаат органи за дишење, но тие дишат преку влажната кожа. Водните мекотели, раковите и иглокожните животни дишат со жабри. Кај ракот жабрите се наоѓаат во основата на нозете, а кај мекотелите во телесната празнина. Со пинцета подигни и ги жабрените капаци на рибата што ја донесе, кои се наоѓаат од двете страни на главата. Дали забележуваш дека жабрите се црвено ресести тенки ливчиња кои се богати со крвни капилари. Рибите дишат така што ја отвораат устата преку која влегува вода и ги облива жабрите. Тогаш во крвните капилари настанува размена на кислородот и јаглениот диоксид (кислородот влегува во крвта, а јаглеродниот диоксид излегува). Со подигање на жабрените капаци се исфрлаат надвор СО2 и водата. Кај водоземците телото е покриено со набрана растеглива кожа, секогаш влажна и лигава, богата со крвни капилари низ кои кислородот од водата влегува во телото. На

@abri

@abri na riba

копно жабите дишат и со бели дробови.

67


Тема 8

Активности и одговори - Ако во кабинетот по Биологија имаш аквариум со риби, набљудувај ги како дишат. Истражување. Набљудувај ги жабрите на рибата што ја донесе. Тоа што го откри запиши го во тетратката и спореди го со сликата. - Како дишат мекотелите и раковите? - Кое дишење го викаме внатрешно и зошто? - Кое дишење го викаме надворешно и зошто? Јас открив дека

- Праживотните дишат преку целото тело. - Црвите дишат преку кожата. - Мекотелите, ракот и рибите дишат преку жабри.

ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВ0ТНИТЕ ВО ВОЗДУШНАТА СРЕДИНА И НА КОПНОТО. Подготви се и сети се ! Во училиште донеси парче од бел дроб или цел бел дроб од јагне или теле. Кое дишење го викаме белодробно дишење и зошто? Од безрбетните животни инсектите се најбројната група која живее на копно и во воздух. Покрај другите приспособувања инсектите се приспособиле да дишат атмосверски воздух со трахеи. Трахеите се хитински цевчиња кои се создале од Трахеи

Воздушни ќесиња

Издишници Di{en sistem na eden skakulec

68


Дишење кај животните кожата и се разгрануваат во телото допирајќи до органите. Тие внесуваат кислород до клетките и ткивата. Трахеите имаат отвори (устенца) странично од телото кои постојано се отворени и низ нив влегува воздухот. Кога инсектите го издолжуваат мешето трахеите се полнат со воздух - вдишуваат, а кога го собираат мешето воздухот се истиснува-издишуваат. Сите 'рбетници (освен рибите) дишат со бели дробови. Воздухот го примаат преку ноздрите и преку грлото и душникот оди во белите дробови. Водоземците имаат најпросто градени бели дробови. Нивните белодробни крила наликуваат на два меури обвиткани со крвни капилари каде се врши размена на гасовите. Жабите дишат и преку влажната кожа. Влечугите дишат само преку белите дробови. Кај нив белодробните крила се подобро развиени. Нивната кожа е сува и преку неа не се одвива дишењето. Белите дробови на птиците имаат сунгереста градба и се изградени од многубројни воздушни каналчиња - бронхии околу кои има крвни капилари. Во бронхиите се врши дишењето. Посебен белег кај птиците се воздушните ќесиња кои преставуваат продолжеток на бронхиите и истите се протегаат низ шуплините меѓу органите, па дури влегуваат и во внатршноста на коските. Ваквите коски се наречени пневматични коски. Кога воздушните меури се полнат, птицата станува полесна и полетува. Набљудувај го белиот дроб од јагнето или од друг цицач што го донесе. Дали забележуваш дека белите дробови се парни органи - лево и десно белодробно крило. Тие имаат розова боја, сунѓерести се и лесни. Белите дробови се полнат со воздух кој влегува преку носната празнина, грлото, гркланот, душникот и двете душнички гранки. Во носните празнини воздухот се прочистува, затоплува и навлажнува. Преку грлото воздухот влегува во гркланот. Тоа е предниот дел на душникот, кој покрај дишен пат претставува и орган за создавање на звук. Душникот е канал изграден од рскавици во облик на потковица, чии краеви на задната страна се поврзани со сврзно ткиво кое му дава можност на душникот да се шири и собира. Во долниот дел душникот се разгранува на две гранки - душнички гранки. Душничките гранки штом навлезат во белодробните крила се разгрануваат во поситни гранки - бронхии, па бронхиоли кои завршуваат со воздушни ќесиња изградени од меурчиња - алвеоли. Алвеолите се изградени од еден ред епителни клетки обвиткани со крвни капилари. Во нив се врши размена на гасовите. Кислородот од алвеолите поминува во крвните капилари и со крвотокот се разнесува до сите клетки. А јаглерод диоксид од клетките влегува во венските капилари кои преку крвните садови - вени, се враќа во белите дробови и преку алвеолите и дишните патишта се исфрла надвор. Полнењето и празнењето на белите дробови е потпомогнато од дијафрагмата и меѓуребрените мускули .

69


Тема 8

Носна празнина Грклан Душник Бел дроб Бронхии

Дијафрагма

Alveoli

Истражување Отсечи едно парче бел дроб и стави го во чаша со вода. Дали забележуваш дека парчето од белиот дроб плива во водата. Тоа е затоа што белите дробови се полни со воздух кој ги прави лесни. Јас дознав дека: Сите 'рбетници освен рибите дишат со бели дробови. Најсложено градени бели дробови имаат цицачите. Размената на гасовите кај птиците се врши во бронхиите, а кај цицачите во белодробните меурчиња.

70


ТЕМА 9 ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 1. ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 3. ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ


Тема 9

ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ Сети се ! - Каков процес е лачењето и што сe се излачува од организмот? - Кои се органи за излачување? - Што е клеточно дишење и кои се продукти на процесот дишење? Сигурно се потсети дека органските материи во клетката постојано се разложуваат во присуство на кислород ,при што се добива јаглерод диоксид ,енергија, вода и штетни материи, кои ако не се отстранат од организмот можат да предизвикаат труење .Такви материи се разни соли растворени во вода, мочната киселина, уреата, амоњакот и други. Овие материи ја сочинуваат мочта. Отстранувањето на штетните материи и водата (мочта) од организмот се вика лачење. Органите преку кои се исфрла мочта се викаат органи за излачување.

ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ.

странично каналче

собирни каналчиња

Кај парамециумот непотребните материи што се создаваат при варењето, се исфрлаат преку целото тело, преку порите на клеточната мембрана или преку контрактилните вакуоли. Вакуолите имаат ѕвездовидна форма. Преку каналчињата на вакуолата во неа однадвор навлегува и излегува водата. На тој начин постојано се врши полнење и празнење на вакуолата, и исфрлање на непотребните материи. Поради тоа оваа вакуола е наречена уште и пулсативна вакуола. Кај планаријата излачувањето се врши преку ситни собирни каналчиња кои се влеваат во два главни странични изводни канали, кои преку пори, ги излачуваат штетните материи од телото.

пора Organi za la~ewe na planarija

72

левкасти цевчиња

левкасти цевчиња Mnogubrojni cev~iwa kako organi za izla~uvawe kaj prstenesti crvi

Кај прстенестите црви излачувањето се врши преку мали парни цевчиња со отвори од страната на телото. Овие цевчиња


Излачување кај животните

се наречени левкасти цевчиња (малпигиеви). Цевчињата на почетниот дел се проширени и имаат трепки. Трепките ја тераат водата и штетните материи да влегуваат во цевчето, бидејќи треперат навнатре. Кај членконогите во телесната празнина Малпигиеви (мешето) има систем од цевки за излачување, садови наречени малпигиеви садови. Преку малпигиевите цевчиња мочта се влева во задното црево и заедно со изметот се исфрла надвор. Мекотелите имаат органи за излачување бубрези. Бубрезите се изградени од каналчиња кои на почетниот дел се проширени во вид на инка со трепки. Сите каналчињата завршуваат со еден заеднички отвор кој се наоѓа меѓу стопалото Organi za la~ewe kaj insektite и трупот.

ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ 'РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ Подготви се ! Обиди се да обезбедиш бубрег од јагне или свиња, или искористи го моделот на бубрегот од училишната збирка . Kaj 'рбетниците, штетните материи и водата се излачуваат преку систем на органи за излачување и тоа: бубрезите, мочоводите, мочниoт меур и изводен мочен канал. Сите 'рбетници немаат ист систем за излачување. Кај рибите системот за излачување е преставен со парни бубрези сместени од двете страни на 'рбетот, како две издолжени ленти со темноцрвена боја. Секој бубрег преку мочоводен канал е поврзан со мочниот меур. Преку изводен мочен канал мочта се исфрла надвор низ отвор кој се наоѓа зад аналниот отвор. Органите за излачување кај водоземците, влечугите и птиците се слични како кај рибите. Кај овие групи животни, бубрезите се пократки и истите немаат мочен меур. Преку мочоводните канали мочта се исфрла во клоаката кој е проширен заден дел на цревото. Мочта заедно со изметот се исфрла надвор. Цицачите имаат најсложен систем за излачување. Набљудувајќи го моделот на бубрегот од училишната збирка ќе забележиш дека бубрегот има форма на гравче со темноцрвена боја. На вдлабнатата страна се гледаат два крвни сада и излезот на мочоводот.

73


Тема 9 На надолжниот пресек од моделот на бубрегот забележуваш ли дека однадвор бубрегот е потемен и има зрнеста структура. Тоа е бубрежната кора. Тие ситни зрнца се наречени нефрони или малпигиеви телца, кои се богати 1 2 со крвни капилари. Малпигиевите телца продолжуваат во малпигиеви цевчиња кои се 3 групираат и формираат од 10 до 12 бубрежни пирамиди. пирамиди го Бубрежните формираат вториот слој на 4 9 бубрегот наречен бубрежна 1. Бубрег средина. Третиот слој на бубрегот 2. Бубрежна ципа 8 е празнина со неправилна форма 3. Бубрежни чашки и жолтеникава боја, наречен 4. Бубрежно легенче 5 5. Бубрежна средина бубрежно легенче. 7 со пирамиди Во нефроните телца и 6. Бубрежна кора цевчиња се врши цедење и 7. Мочовод 6 прочистување на крвта при што 8. Бубрежна вена 9. Бубрежна артерија се создава мочта, која се собира во бубрежното легенче и преку мочоводите се спроведува во мочниот меур. Од мочниот меур преку изводниот мочен канал се исфрла надвор. Мочта е жолтеникава течност со солен вкус и непријатен мирис кој доаѓа од растворениот амоњак и други штетни материи. Дел од штетните материи и водата кај цицачите се исфрла и преку кожата како пот. Потта има сличен состав како мочта. Јас дознав дека

- Излачување на водата и штетните материи кај рбетниците се врши преку бубрези. - Излачувањето кај безрбетниците се врши преку систем на цевчиња наречени нефрони цевчиња. - Мочта е продукт на органите на излачување.

74


ТЕМА 10 СЕТИЛА КАЈ ЖИВОТНИТЕ И ВРСКИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 1. ЗНАЧЕЊЕ НА СЕТИЛНИТЕ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. СЕТИЛНИ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВИД - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА СЛУХ - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА МИРИС - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВКУС - СЕТИЛО ЗА ДОПИР 3. ГРАДБА И УЛОГА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ ЖИВОТНИТЕ


Тема 10

ЗНАЧЕЊЕ НА СЕТИЛНИТЕ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ Сети се! Кои органи се викаат сетилни органи и каква е нивната улога? Наброј некои сетилни органи кај животните. Опстанокот на животните зависи од условите на животната средина што ги опкружува. Во неа тие обезбедуваат храна, вода, засолниште и друго. Како можат да се снајдат животните во своето живеалиште? Животните имаат специјализирани органи за воспоставување врска со средината. Тоа се сетилните органи за: вид, слух, мирис, вкус и допир. Мирисот, вкусот, звукот, светлината и топлината се сетилни дразби. Сетилните органи кај животните имаат огромно значење за нивно одржување, за пронаоѓање на храна, партнери за оплодување, за заштита од непријатели и неповолни услови. Преку сетилните органи и врските со мозокот, животните дознаваат за се што се случува во животната средина и соодветно реагираат.

СЕТИЛНИ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВИД - ОЧИ Сети се! - Какви дразби примаат органите за вид и зошто им служат на животните? Ако си во можност донеси очи од јагне, прасе или друг цицач за дисекција. Сигурно се присети дека органите за вид ги примаат светлосните дразби. Тие служат за распознавање на светло, темно, форма, големина, боја, движење и друго. Кај зелената еуглена, во предниот дел на телото, во близина на камшичето се наоѓа едно телце наречено очно петно или окце кое реагира на светлосни дразби. Кога еуглената се наоѓа во погорните осветлени делови на водата, таа во цитоплазмата создава хлорофил и се исхранува автотрофно. Во темно, таа го губи хлорофилот и се исхранува хетеротрофно. 76

окце Crveno okce kaj euglena


Сетила кај животните и врски со животната средина Со усложнување на градбата на животните, сетилните клетки за вид се групираат на одредени места во организмот градејќи ги првите сетилни органи за вид - очи. Очите може да бидат прости и сложени. Повеќето прости очи служат за детектирање на светлината, како на пример кај планаријата и други морски црви. Сложените очи ги сретнуваме кај крупни мекотелите, членконогите и сите очи 'рбетници. Кај главоногите, раковите и инсектите окото им е сложено, изградено од голем број независни оптички леќи. Секоја леќа гледа само еден дел од ситни предметот, а сите заедно го формираат окца ликот на предметот во мозокот. (леќи)

'Рбетните животни имаат најсложени очи наречени очно јаболко. Sitni okca vo Krupni o~i na slo`enite o~i na Кај рибите окото е меуресто, insekti insektite сложено градено со една очна леќа која може да се поместува напред-назад и на таков начин ја подесува острината на ликот. Окото на водоземците и влечуѓите е слично како кај рибите. Најсложени очи имаат птиците и цицачите. Окото кај птиците е со подобра акомодација за гледање во далечина. Набљудувај го окото од јагне што го донесе. Дали забележуваш дека окото е топчесто, бело по боја а во предниот дел преминува во проѕирна рожница. Потоа направи пресек на окото. Забележуваш ли дека одвнатре окото е обложено со темен слој кој е наречен мрежница. Мрежницата е изградена од сетилни клетки од кои започнува очен нерв кој води до центарот за вид во мозокот. Мрежницата во предниот дел преминува во проѕирна очна леќа која има задача да ги прекршува и насочува светлосните зраци до мрежницата - жолтата дамка, каде се прима ликот. Помеѓу белката и мрежницата се наоѓа слој наречен садовница која е богата со крвни капилари преку кои се храни окото. Вo предниот тврда обвивка (белка) мрежница (ретина) дел садовницата преминува во ирис или шареница, спојница (конјуктива) садовница од бојата на ирисот зависи бојата на очите-црна, сина, леќа зелена и други. Во средината кружен мускул на ирисот се наоѓа отвор црнка или зеница низ кој црнка влегува светлината во окото. очен нерв Внатрешноста на окото рожница е исполнета со проѕирна пивтиеста маса - стаклесто шареница (ирис) тело кое му дава цврстина на окото. Sostavni delovi na oko

77


Тема 10

Како гледаме? Набљудувај ја сликата! Што откри? Сигурно откри дека светлосните зраци што паѓаат на предметот што го гледаме, се одбиваат и паѓаат на нашето око. Преку рожницата и црнката светлосните дразби пристигнуваат до леќата која ги собира, прекршува и насочува во задниот дел на окото - очната дамка, формирајќи смален и превртен лик. Преку очниот нерв дразбите се носат до центарот за вид, во мозокот каде се добива реална слика на предметот што го гледаме. Одговори - Кои органи се викаат сетилни органи и каква е нивната улога ? - Што е дразба и кои видови дразби ги знаеш? - Направи дисекција на око од јагне или теле ! Спореди го со сликата од учебникот и потруди се да ги откриеш и опишеш деловите на окото. Јас открив дека ... Сетило за вид се очите кои можат да бидат прости и сложени. Очното јаболко кај 'рбетниците е најсложено и е изградено од три слоја : белка со рожница, садовница со ирис и мрежница со очна леќа . Други делови на окото се стаклестото тело и очниот нерв. Знаеш ли дека ... Околу 85% од информациите од средината што не опкружува човекот ги добива преку очите. Окото на инсектите може да има околу 3.000 леќи. СЕТИЛО ЗА СЛУХ - УВО Какви дразби примаат органите за слух и зошто служат? Сигурно се сети дека преку сетилото за слух животните ги примаат звучните дразби кои можат да бидат пријатни, непријатни,предупредувачки и други. Од безрбетниците само инсектите и раковите имаат прости органи за слух во вид на влакненца поставени на предните нозе. 'Рбетниците имаат уши како орган за слух. Цицачите имаат најсложена градба на увото. Увото се состои од три основни дела: Надворешно уво кое го сочинуваат ушен канал и ушно тапанче а кај цицачите и ушна школка; Средно уво е изградено од три ковчиња зглобно поврзани меѓу себе; Внатрешното уво е исполнето со лимфна течност во која плива слушен полжав, два меури и три полукружни канали. Внатре во полжавот се сместени сетилните клетки. Од сетилните клетки започнува слушен нерв кој ги носи звучните дразби до мозокот каде се дознава за видот на звукот. 78


Сетила кај животните и врски со животната средина 4

6 7

1

2

3

5

Delovi na uvoto

Kako slu{ame

1. U{na {kolka. 2. U{en kanal. 3. U{no tapan~e. 4. U{ni kov~iwa. 5. U{en pol`av. 6. Polukru`ni kanali. 7. U{en nerv.

Како слушаме? Кај цицачите звучните бранови ги собираат ушните школки и ги насочуваат кон ушниот канал, удираат на тапанчето и го растреперуваат. Треперењата од тапанчето се пренесуваат преку слушните кофчиња од средното уво до внатрешното уво во кое се наоѓа ушниот полжав. Во ушниот полжав се сместени сетилните клетки кои ги примаат дразбите и ги пренесуваат преку слушниот нерв до центарот за слух во мозокот. Во мозокот се добива престава за она што го слушаат животните. Знаеш ли дека ... Најмалата коска во човечкото тело се наоѓа во средното уво и е долга 3 мм. Јачината на звукот се мери со децибели. Појаките звуци од 90 децибели предизвикуваат тешкотии и болки, а над 130 децибели можат да предизвикаат оштетеност на увото, кај човекот дури и глувост. СЕТИЛО ЗА МИРИС Органите за мирис ги примаат мирисните дразби. Мирисните дразби се примаат во вид на миризливи честички кои се наоѓаат во воздухот. Кога миризливите честички се налепуваат на влажните трепки од сетилните клетки, тие се раствораат и создаваат осет за мирис. Кај членконогите мирисните дразби се примаат преку влакненцата распоредени по целото тело, а посебно се осетливи влакненцата на антените. Кај рибите сетилото за мирис се наоѓа на мустачињата, усните и усната празнина. Кај копнените 'рбетници сетилото за мирис е сместено во горниот дел на носната празнина. Сетилните клетки се издолжени по

Setila za miris kaj som (musta~iwa)

79


Тема 10

форма, кои на едниот крај имаат сетилни влакненца, а на другиот крај долги нервни влакна кои го сочинуваат мирисниот нерв. Тој нерв ги носи дразбите до центарот за мирис во мозокот Мирисните дразби можат да бидат пријатни и непријатни. Голем број на животни со сетилото за мирис си наоѓаат храна,партнер за размножување и можат да ја разликуваат храната.

мирисен корен носна коска нервот за мирис

мирисната мембрана

Sostavni delovi na nos

СЕТИЛО ЗА ВКУС Органите за вкус служат за примање на вкусните дразби и за распознавање на храната дали е пријатна или непријатна за јадење. Вкусните дразби како и мирисните се примаат како растворени материи. Растворените материи ги дразнат сетилните клетки за вкус, од каде дразбата се предава на сетилниот нерв кој истата ја носи до центарот за вкус во мозикот. Тогаш се дознава за вкусот на храната. Кај членконогите сетилото за вкус е сместено на влакненцата по целото тело. Посебно се осетливи влакненцата на антените. Кај рибите сетилото за вкус е сместено на усните, усната празнина и на мустачињата. брадавички во облик на влакна брадавички во облик на габа брадавички во облик на чашка горчливо солено

брадавички во облик на габа брадавички во облик на влакна

кисело слатко Oblasti za vkus na jazikot

80

Bradavi~ki za vkus na jazikot

брадавички во облик на чашка


Сетила кај животните и врски со животната средина Кај копнените 'рбетници сетилните клетки се распоредени во вид на брадавички на јазикот и расфрлани сетилни клетки на непцето и грлото. Вкусот на храната може да биде: солен, сладок, кисел и горчлив. Многу животни, како и човекот се потпираат на ова сетило при изборот на храната. Истражување. Ако си во можност донеси јазик од јагне или теле и набљудувај го. Потруди се да ги откриеш брадавичките на јазикот кои се наоѓаат на неговата горна страна. Направи краток опис за големината и густината на брадавичките. Сето тоа бележи го во тетратката и презентирај го пред своите другарчиа. СЕТИЛО ЗА ДОПИР Сетилото за допир е сместено во кожата. Целата кожа е осетлива на допир . Кај некои животни ,некои делови од телото се поосетливи. На пример кај инсектите и полжавите најосетливи се пипалата. Кај рибите сетилните клетки за допир се сместени во страничната линија на телото. Кај птиците најосетлив на допир е врвот на клунот. на Кај цицачите најосетливи рецептор допир се врвовите на прстите, дланките, шепите и усните. Со сетилото за допир се открива формата, тврдоста, рецептор на притисок тежината, рапавоста на предметите и храната. Setilo za dopir na ko`ata kaj cica~ite

Одговори Што се сетилни дразби и какви видови дразби познаваш? Наброј ѓи сетилните органи кај животните. Од какво значење се сетилните органи кај животните? Јас дознав дека ... Животните примаат: мирисни, вкусни, топлотни, звучни, светлосни и допирни дразби. Сетилните дразби ги примаат преку сетилни клетки и органи. Најразвиени сетила имаат цицачите. 81


Тема 10

ГРАДБА И УЛОГА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ ЖИВОТНИТЕ Потсети се! - Што е дразба и како животните ги примаат дразбите? - Како се пренесува дразбата до мозокот? - Од што е изграден и каква улога има нервниот систем кај животните? Сигурно се присети дека дразбите што ги примаат животните преку сетилните органи се пренесуваат до мозокот каде се дознава за видот на дразбата и животното реагира соодветно. Значи улогата на нервниот систем е да одржува врска на животните со животната средина. Нервниот систем има улога да ја управува, контролира и усогласува работата на сите внатрешни органи и овозможува организмот да работи како целина. ГРАДБА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ Нервната клетка преставува основна градбена и функционална единка на нервниот систем. Набљудувај ја сликата и запознај се со градбата и функцијата на нервната клетка. клеточно тело Нервната клетка-неврон е со или сома неправилна форма. Изградена e од тело на јадро клетката во чија средина се наоѓа јадрото. дендрити На периферијата, цитоплазмата создава повеќе кратки и разгранети продолжетоци миелинска обвивка дендрити и еден долг продолжеток - неврит. Повеќе долги израстоци градат снопчиња, а аксон или неврит повеќе снопчиња градат нерв. Разликуваме сетилни нерви кои ги носат дразбите од периферијата кон мозокот и моторни нерви, разгранувања на аксонот кои ги враќаат одговорите од дразбите. Кај сите животни нервниот систем е Gradba na nervna kletka - nevron изграден од нервни клетки. Mre`est nerven sistem na hidra

82

Кај попросто градените животни нервниот систем може да биде расфрлан по целото тело, кое личи на мрежа и е наречен мрежест нервен систем. Ваков нервен систем имаат копривкарите (хидрата). Кај плочестите црви (планаријата) нервниот


Сетила кај животните и врски со животната средина предни ганглии ганглии

систем е преставен со две ганглии (група од повеќе нервни клетки) сместени во предниот дел на телото и две странични врвки изградени од нервни клетки кои со нервни влакна се поврзани меѓу себе. грбна и стомачна врвка Кај прстенестите црви нервниот систем е ганглионарен. Во секое прстенче има Ganglionaren skalest nerven sistem na do`doven crv по еден пар ганглии меѓу себе поврзани со нервни влакна. Кај мекотелите и членконогите нервниот систем е изграден од синџир на ганглии кои во предниот дел се групирани во мозок. НЕРВЕН СИСТЕМ КАЈ 'РБЕТНИЦИТЕ 'Рбетниците имаат најсложено граден нервен систем,познат како цевчест нервен систем. Нервната цевка е сместена во 'рбетниот канал познат како 'рбетен мозок. Во предниот дел 'рбетниот мозок се проширува и го гради черепниот мозок. Черепниот мозок е составен од пет дела: голем или преден, мал или заден, меѓумозок , среден и продолжен мозок. Овој нервен систем е познат како централен нервен систем. Периферниот нервен систем го сочинуваат сите нервни клетки надвор од мозоците. Нервниот систем кај цицачите достигнал највисок степен на развиток. Најдобро е развиен предниот мозок познат како голем мозок .

меѓумозок

среден мозок лева хемисфера

десна хемисфера

голем мозок

продолжен мозок

рбетен мозок Goren del na golemiot mozok

мал мозок

Mozoci kaj cica~ite

83


Тема 10

Големиот мозок е изграден од две хемисфери (полутопки), лева и десна, кои се меѓусебно поврзани. Кај големиот и малиот мозок на цицачите се развива мозочна кора која е набрчкана, со многу бразди (виуги). Во кората на мозокот се сместени голем број на центри кои на цицачите им овозможуваат многу побрзо и полесно да се снајдат во надворешната средина и соодветно да реагираат на надворешните дразби. Активности-истражувања. Од месарница обезбеди черепен мозок од јагне,теле или друг цицач и стави го во 5% формалин или алкохол (а може и да се замрзне). По два до три дена користи го за набљудување. Со помош на наставникот потруди се да ги откриеш трите мозоци: големиот, малиот и продолжениот мозок. Набљудувај ја кората на големиот и малиот мозок од надворешната страна. Сe што откри бележи во тетратката. Направи надолжен пресек на едната хемисфера од големиот мозок. Со помош на наставникот откри ја мозочната кора и дај краток опис на тоа што го откри. Внатрешноста на мозокот е исполнета со бела мека мозочна маса. Знаеш ли дека... Мозочната кора на човекот е изградена од 12 до 14 милјарди клетки. Површината на кората на големиот мозок на човекот изнесува 2.200 см ³, а дебела е од 1 до 5 мм. Мозокот содржи 85% вода.

84


ТЕМА 11 РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК 1. РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ 3. ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ ‘РБЕТНИЦИТЕ


Тема 11

РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ Подсети се! Како се размножуваат животните? Како се викаат машките полови органи, а како женските? Што е оплодување, а што развиток? Сигурно се сети дека размножувањето е биолошка одлика на животните, со што се создава потомство кое личи на родителите и продолжува да живее по нивната смрт. Размножувањето може да биде: полово и бесполово. Бесполовото размножување го сретнуваме кај едноклеточните и простоградените повеќеклеточни организми. Бесполовото размножување може да биде со обична проста делба на клетката, каде од една клетка се добиваат две исти клетки. Вакво размножување сретнуваме кај едноклеточните организми.

Парамециум

Амеба Delba na ameba i paramecium

Кај планаријата бесполовото размножување е познато како фрагментација. Телото на планаријата напречно се дели на делови (фрагменти) од кои се пупка добиваат нови млади единки. Мешестите организми и сунѓерите се размножуваат бесполово со пупење. Пупките се формираат од ѕидот на телото на мајката. Кога ќе созреат пупките Delba na planarija Hidra кај хидрата се одделуваат од телото на мајката и продолжуваат самостоен живот. Кај сунѓерите пупките не се откинуваат од родителот и продолжуваат да живеат заедно, формирајќи колонија.

86


Размножување и развиток

ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ. Половото размножување е создавање на потомство со спојување на две полови клетки. Кај животните разликуваме машки и женски полови органи. Машките полови органи - семениците, создаваат машки полови клетки - сперматозоиди. Женските полови органи - јајниците, создаваат женски полови клетки јајце клетки. Кога сперматозоидната клетка ќе навлезе во јајце клетката, се врши оплодување. Оплодената јајце клетка е позната како зигот. Прстенестите црви (дождовниот црв) и мекотелите се двополови животни - хермафродити, што значи дека во нивното тело се развиваат и машки и женски полови органи во кои се создаваат полови клетки. Оплодувањето се врши помеѓу две единки. Од оплодената јајце клетка се развиваат малечки кои личат на родителите. Членконогите (ракот и инсектите) се разделно полови единки. Разликуваме мажјак и женка. Кај инсектите и сите 'рбетници, многу често мажјакот се разликува од женката по некои надворешни белези. Оваа појава се вика полов диморфизам. Инсектите се размножуваат со јајца. Оплодувањето на јајце клетката настанува со парење на мажјакот и женката. Женката снесува оплодени јајца. Набљудувај ја сликата и објасни како се одвива ембрионалниот и постембрионалниот развиток кај инсектите.

Razvitok kaj insektite

87


Тема 11

ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ 'РБЕТНИЦИТЕ Подсети се! Како се размножуваат 'рбетниците? Како се викаат машките полови органи, а како женските? Што е оплодување а што развиток?

Млада жаба

полноглавец со внатрешни жабри

возрасна јајца

ларви

полноглавец со надворешни жабри

РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК НА ЖАБАТА

на јајце клетката се врши во клоаката. По извесно време женката снесува јајца кои се заштитени со лушпа. Влечугите јајцата ги закопуваат во топол песок, а птиците ги снесуваат во предходно направени гнезда. Со топлината на телото птиците ги загреваат јајцата - квачат. Набљудувај ја сликата и сигурно ќе заклучиш дека ембрионалниот развиток се одвива во неколку фази. Додека трае ембрионалниот развиток, зачетокот се храни со хранливите материи од жолчката на

88

Сигурно се сети дека 'рбетниците се размножуваат полово. Машките полови органи семениците, создаваат машки полови клетки сперматозоиди. Сперматозоидните клетки, преку семеводите и низ половиот отвор кај рибите и водоземците се исфрлаат во водата. Женката исто така ги исфрла јајцата во водата и тука се врши оплодувањето. Ова оплодување надвор од организмот на животните е познато како надворешно оплодување. Влечуѓите, птиците и цицачите имаат внатрешно оплодување. Кај влечугите и птиците оплодувањето

Белка

Жолчно ќесе Варвита лушпа

Ембрион на пиле Крило во развој Мембранозна лушпа Воздушна комора

Presek na jajce so pile vo razvoj


Размножување и развиток

Пиле

Мембранозна лушпа

Пилето ја турка лушпата на јајце

Лушпа

Лушпа Лушпа Око

Пукнатина предизвикана од натамошните удари на пилето со клунот Raspukuvawe na jajceto

Клун Јајцев забец

Пукнатина се шири околу целото јајце

Otfrlawe na lu{pata

јајцето, а дишењето се одвива преку ситните пори на обвивката (черупката). Откако ќе се развие ембрионот, тој ја пробива варовиковата лушпа и излегува во надворешната средина. Понатамошниот развиток на малечкото во надворешната средина е познат како постембрионален развиток.

Razmno`uvawe kaj zmijata

Razmno`uvawe kaj cica~i

Кај водоземците и влечугите малечките врат влакнеста водат самостоен живот. мембрана меѓузона Храна, вода, засолниште камшиче цитоплазма јадро и друго сами си наоѓаат краен прстен во средината во која живеат. За разлика од овие животни, птиците Spermatozoid Jajcekletka и цицачите своите малечки ги хранат и се грижат за нив се додека не се оспособат за самостоен живот. Кај цицачите се врши внатрешно оплодување. Сперматозоидните клетки кои се создаваат во семениците, се спуштаат низ семеводите во машкоит полов акрозом

глава капа на главата опашка

89


Тема 11

1. Главата на сперматозоидот се потпира на мембраната на јајцеклетката.

2. Сперматозоидот почнува да влегува во внатрешноста на јајцеклетката.

Јајцеклетка оплодена од сперматозоид. 3. Мембраната на јајцеклетката се обновува со цел да спречи влегување на друг сперматозоид.

4. Опашката на сперматозоидот се откачува и влегува само главата.

Зиготот поделен на четири бластомери.

Морула создадена четири дена по оплодувањето.

Пресек на бластула во моментот на вгнездувањето во матката.

Sozdavawe na morulata i blastulata

орган-пенис. Преку него сперматозоидите се уфрлуваат во вагината или јајцеводите, каде доаѓа до спојување со јајце клетката и се добива зигот (оплодена јајце клетка). Оплодената јајце клетка од јајцеводите се спушта во едно проширување на јајцеводот наречено матка. Тука зачетокот се прицврстува за ѕидовите на Spojuvawe na jajce-kletkata матката и преку плацентата и папочната врвка i spermatozoidot од крвта на мајката добива храна, кислород и сe што е потребно за развитокот. Времетраењето на развитокот и бројот на зачетоците кај различни цицачи е различен. Пример: развитокот кај човекот трае 280 дена, кај глушецот 15 дена, а кај слонот 2 години. Кај цицачите, по раѓањето на малечкото, мајката го храни - дои со мајчиното млеко кое го лачат млечните жлезди. Плацента со папочна врвка Razvoj na embrionot vo matkata

Одговори - Што е размножување и кои видови размножувања ти се познати? - Како ги нарекуваме машките полови органи и што создаваат тие? - Како ги нарекуваме женските полови органи и што создаваат тие? - Кој развиток го нарекуваме ембрионален а кој постембрионален развиток? Знаеш ли дека ... Женките на жабите исфрлаат до 9.000 јајца, крапот 800.000 јајца, а бакаларот 2.000.000 јајца. Рибите (мажјакот) исфрлаат 30 пати повеќе сперматозоиди. Мајскиот бумбар како ларва живее од 4 до 5 години, а како возрасна единка живее неколку недели.

90


ТЕМА 12 НАСЛЕДУВАЊЕ, ОПСТАНОК И СЕЛЕКЦИЈА 1. КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ НАСЛЕДНИТЕ ОСОБИНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. ПРОМЕНЛИВОСТ НА ОРГАНИЗМИТЕ 3. БОРБА ЗА ОПСТАНОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ 4. СЕЛЕКЦИЈА: ПРИРОДНА И ВЕШТАЧКА


Тема 12

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ НАСЛЕДНИТЕ ОСОБИНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ При половото размножување новиот организам се развива од оплодената јајце клетка-зиготот. Значи во зиготот се наоѓаат наследните фактори (материи) од двата родители. Сите клетки во еден организам имаат ист број на хромозоми. Половите клетки имаат двојно помалку хромозоми. Кај човекот, клетките во јадрото имаат 23 пара хромозоми или 46 хромозоми, а половите клетки само 23 хромозоми. При спојување на машката и женската полова клетка , бројот на хромозомите се удвојува. Значи оплодената јајце клетка-зиготот има 46 хромозоми (по 23 хромозоми од двата родители). Хромозомите се изградени од една сложена белковинеста материја, составена од дезоксирибонуклеинска киселина - ДНК, во која се сместени наследните особини. Хлоандскиот научник Јохансен ги нарекол гени. Dvete nizi na DNK Сите гени кои ги поседува клетката, односно организмот преставуваат генотип. Под генотип се подразбира збир од сите гени, односно генетски информации содржани во клетката. Кога клетката мирува, оваа наследна генетска материја е во зрнеста форма наречена хроматин. Пред да почне да се дели клетката, хроматинот се згуснува, здебелува и формира хромозоми. Бројот на хромозомите кај сите животни не е ист. Пример: винската мушичка има 8 хромозоми, козата 60 хромозоми, срната 70 хромозоми, а човекот 46 Hromozomi na хромозоми. Хромозомите секогаш vinska mu{i;ka се парни, заедно по два, а само во половите клетки се непарни. Ако се набљудуваат хромозомите со електронски микроскоп, се забележува дека тоа се две спирално извиткани ленти (зони) во кои се наоѓаат гените. Во генот се запишани наследните особини. За некоја особина е одговорен еден ѓен, а за некои повеќе Vo genot se zapi{ani ѓени. naslednite osobini Најчесто гените што се истакнуваат од едниот родител се викаат доминантни а оние кои не се истакнуваат се наречени рецесивни. Рецесивните гени не се изгубени, бидејќи гените можат да се пренесуваат на втората генерација. 92


Наследување, опстанок и селекција

ПРОМЕНЛИВОСТ НА ОРГАНИЗМИТЕ Порано учевме дека поколенијата личат на родителите. Но, колку и да личат, тие никогаш не можат да бидат исти. Особините не се наследуваат како готови, туку тие се менуваат. Надворешните фактори: светлина, топлина, храна, космички и хемиски озрачувања и други фактори предизвикуваат промени кај организмите. Од ова можеме да закључиме дека покрај наследувањето, организмите имаат особина и да се менуваат. Главно разликуваме два вида промени кај организмите: модификации и мутации. МОДИФИКАЦИИ Модификациите се такви промени кои настануваат под влијание на надворешните услови во кои живее организмот. Познато ти е дека еуглената на сонце е зелена и се храни автотрофно - врши фотосинтеза, додека на темно го губи хлорофилот и се храни како животно. Човекот во лето има потемна боја на кожата, а во зима посветла. Алпскиот зајак во зима има погусто и бело крзно, а во лето - сиво и поретко крзно. Промените на организмите што настануваат поради различните услови на средината се викаат модификации. Модификациите не се наследни, бидејќи кога ќе ги промени условите, организмот ги губи тие особини. Модификациите, иако не се наследни промени имаат значење. Во практиката најчесто се прави избор на организмите со позитивни модификации, бидејќи истите даваат подобар квалитет и принос. МУТАЦИИ Организмите не се менуваат само под влијание на надворешните фактори, туку и поради промените што настануваат во генетскиот материјал, кои можат да се пренесуваат, односно наследуваат од повеќе генерации. Овие промени на генетскиот материјал се познати како мутации. Мутациите можат да бидат спонтани и индуцирани. Промените на гените што се јавуваат неочекувано без видливи причини, спонтано во природни услови, се наречени спонтани мутации. Меѓутоа за повеќето такви промени вистинските причини не се познати. 20 % од мутациите се спонтани - предизвикани од непознати причини. Индицираните мутации се предизвикани од разни хемиски и физички фактори. Причини за промени на хромозомите можат да бидат: радиоактивно и космичко зрачење, кое во последните години за жал е се поголемо, брзите промени на температурата, хемиски материи, отрови, лекови, отровни гасови, пестициди, инсектициди и други фактори. Сите тие можат да предизвикаат промени во градбата на хромозомите. Тогаш се губат или појавуваат некои нови особини. Ако таа особина биде корисна за човекот, ќе се пренесува на наредните поколенија. Значи мутациите се наследни промени и се пренесуваат од генерација на генерација и не се губат. 93


Тема 12

Одговори - Што преставуваат промените кај животните? - Какви промени се модификациите и наброј некои видови модификации кај животните? - Кои промени ги викаме мутации? Наброј некои фактори кои можат да предизвикаат мутации кај животните?

БОРБА ЗА ОПСТАНОК НА ЖИВОТНИТЕ Условите на животната средина: температура, вода, светлина, воздух, храна и друго не се насекаде исти и благопријатни за сите живи организми. Животните постојано се изложени на надворешните влијанија како: сушата, мразот, разни напаѓачи што се хранат со растителна или животинска храна, паразити-предизвикувачи на болести и друго. Надворешните влијанија не се секогаш исти, туку тие се менливи.Тие промени подеднакво не ги поднесуваат единките од ист вид. Пример: на јако сонце и малку врнежи можат да опстанат оние растенија кои имаат тврди листови и длабок корен. Од животните ќе опстанат оние видови кои имаат сува кожа-гуштерите, змиите, шкорпиите и други. Зошто на пролет кај некои растенијата се развиваат многу гасеници, а нареднта пролет ги има сосема малку? Одговорот е следниот: ако зимата е сурова (ладна) повеќето јајца ќе бидат уништени, а ако зимата е блага напролет ќе има повеќе гасеници. Во природата, борба за опстанок постои меѓу растенијата и животните како и помеѓу самите животни. Месојадните животни: волкот, лисицата, рисот, лавот и други се непријатели на тревопасните животни. Во оваа борба ќе опстанат: посилните, појаките, поитрите и поприспособените единки. На тој начин самата природа врши одбирање на поспособните единки. Ова одбирање Дарвин го нарекол природно одбирање.

Borba za opstanok

94


Наследување, опстанок и селекција Во природата голем број животни со бојата на кожата или формата на телото многу личат на средината во која живеат или личат на опоменувачките (отровните ) животни. Оваа појава е позната како мимикрија. Неколку примери за мимикрија: Гасениците со својата зелена боја ја имитираат бојата на листот. Ноќната пеперуга со кафејавата боја ја имитира кората на дрвото. Поскокот со сивата боја го имитира песокот.

Mimikrija kaj `ivtnite

ВЕШТАЧКО ОДБИРАЊЕ СЕЛЕКЦИЈА Подсети се! Што е вештачко одбирање ? Зошто човекот врши вкрстување? Човекот одсекогаш ги одбирал оние животни кои се помирни, побрзо растат, даваат подобро и повеќе месо,волна или јајца. Од секој вид ги одбирал и размножувал оние животни на кои им се најсилно изразени корисните особини. Досега тој успеал да создаде повеќе раси на овци за месо, за волна или за млеко. Во поново време човекот ги одгледува меснатите свињите или коњите тркачи. Ова одбирање што го врши човекот е познато како вештачко одбирање.

Merino ovca

Visokoprinosni sorti na `ivotni

95


Тема 12

По пат на вкрстување човекот ги развива нивните корисни особини. Вкрстувањето се врши помеѓу слични единки. На пример по пат на вкрстување на овчеполската или шарпланинската овца со мерино овцата, позната по своето руно (меко и долго влакно), се добиени мерино-мелез овци. Мерино мелез овците ги носат особините од двата родители. Оваа раса дава помалку млеко од шарпланинската, но повеќе и поквалитетна волна. Во нашата земја и во светот постојат повеќе научни институти кои користат различни методи кои предизвикуваат промени на генетскиот материјал. На пример: разни хемиски средства, хормонално поттикнување на растот и развитокот или со зрачење на половите клетки пред оплодување може да се предизвикаат крупни промени на наследните особини и да се добијат високоприносни сорти на животни. Многу често овие постапки можат да дадат не сакани резултати. Одговори - Кое одбирање го викаме природно одбирање и како се случува? - Кое одбирање го викаме вештачко одбирање? - Зошто човекот врши вештачко одбирање и какво значење има за човекот? - Наброј некои познати раси на животни добиени со вкрстување. Јас открив дека... Природата врши одбирање на поспособните и посилните единки - природно одбирање. Човекот по пат на одбирање, вкрстување и други методи успеал да добие нови сорти и видови со подобар квалитет и поголем принос. Ова одабирање е познато како вештачко одбирање.

96


ТЕМА 13 ОРГАНИЗМИТЕ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА 2. ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ И ОДРЖЛИВОСТА НА ЖИВОТНИТЕ ЗАЕДНИЦИ 3. ОДНОСИ НА ИСХРАНА И ПИРАМИДА НА ИСХРАНАТА ВО ЕКОСИСТЕМОТ 4. ЕКОЛОШКА КОНТРОЛА ВО ПРИРОДАТА


Тема 13

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА Сето тоа што го гледаме секојдневно околу нас се нарекува природа. Природата се дели на жива и нежива природа. Неживата природа ја сочинуваат водата, воздухот, светлината, топлината, почвата, планините, карпите и друго без кои животните не можат да опстанат, бидејќи тоа се основни услови за живот. Живата природа ја сочинуваат животните, растенијата, микроорганизмите и човекот. Тој дел населен со живот е наречен биосфера.

Биосфера Земјата, гледана од Вселената изгледа како сина топка. Тоа е затоа што на Земјата две третини е вода, една третина почва на која постои живот, и гасовита обвивка атмосфера. Цврстата маса на планетата Земја се нарекува литосфера. Но живите суштества населуваат мал дел од неа. Површинскиот дел, наречен почва кој обично изнесува неколку метри под површината е соодветен дел за развиток на живиот свет. Во неа и на неа живеат копнените животни и растенија. Но корените на некои растенија достигнуваат длабочина и до десетици метри во потрага по вода. Некои животни голем дел од животот го минуваат во почвата, како кртот, подземното куче, црви и други. Водениот слој што ја опкружува Земјата се нарекува хидросфера. Водата со своите карактеристики, меѓу

Krt

кои е и густината е одличен простор за развиток на животот во неа. Најнаселен е површинскиот слој до каде што продира светлината. Тука ги сретнуваме зелените растенија - алгите, кои се и главните произведувачи на храна во водата. Водните животни ги сретнуваме и до најголемите длабочини. На различни начини животните се приспособиле за животот во водата. Еве некои приспособувања: - перки за движење кај рибите; - хидродинамично тело; - тело покриено со оклоп кај ракот и мекотелите; - добро развиени сетила за допир. Воздушната обвивка околу Земјата е наречена атмосфера. Кислородот и јаглеродниот диоксид како составен дел на атмосферата, овозможиле живот во неа. До пет илјади метри надморска височина, густината на гасовите е поволна за развиток 98


Организмите и животна средина на животот. Во погорните слоеви, како што се намалува густината на слоевите така се намалува и животот во нив. Биосферата е ограничена до единаесет километри висина. Од триесет до педесет илјади метри се наоѓа озонската обвивка.

Живеалиште Во рамките на секој еко-систем има многу разни места каде што живеат животните. Таквите места во животната средина во кои делуваат посебни еколошки фактори и во нив живеат посебни растенија и животни се вика живеалиште или биотоп. Значи биотоп е единица на животниот простор во кој главно владеат воедначени услови за живот (песочен морски брег, планински карпи, езерска шир). Секој тип на биотоп е населен со специфична животна заедница наречена биоценоза. Всушност во биоценозата што населува еден биотоп, (пример бара) на разни делови на Земјата може да се најдат различни видови организми, но заедницата во целина има типичен состав во однос на организационите форми, бројот и количината на организмите. Во еден биотоп различните видови што припаѓаат на една биоценоза имаат различни функции, но сите градат една целина.

99


Тема 13

ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ И ОДРЖЛИВОСТА НА ЖИВИТНИТЕ ЗАЕДНИЦИ Еколошките фактори може да бидат абиотски и биотски фактори. Водата, воздухот, почвата, светлината, топлината се наречени абиотски или еколошки фактори од кои зависи климата во една област. Абиотските фактори го добиле името од зборот абиос што значи неживо. Освен климатските фактори постојат и други абиотски фактори како што се релјефот, надморската височина, видот на почвата и други. Биотските фактори ги сочинуваат сите меѓусебни односи помеѓу растенијата и животните или помеѓу самите животни. Водата, воздухот, почвата, светлината, топлината за живите организми се основни услови за живот. Тие уште се викаат животни или еколошки услови (фактори) затоа што без нив не можат да живеат живите организми. Животните, растенијата и човекот не можат да опстанат без вода, но сепак има некои видови животни кои можат да издржат подолго време (камилата, кактусот, шкорпите, змиите и др.). На растенијата почвата им е потребна како подлога на која се прикрепуваат и од неа црпат вода и минерални соли. Копнените животни ја населуваат почвата приспособувајќи се кон условите што ги нуди истата.

100


Организмите и животна средина Живите организми кои живеат во едно живеалиште преставуваат животна заедница. На пример: растенијата и животните што живеат во една шума, ливада, бара или езеро ја сочинуваат нивната животна заедница. Животната заедница на едно живеалиште не е случајна, но таа настанува како резултат на долготрајно усогласување помеѓу разновидните растенија и животни и со условите на живеалиштето. Животната заедница на шумата, барата и друго, настануваат и се одржуваат по природен пат. Тоа се природни животни заедници. Постојат и вештачки животни заедници кои ги создал и одржува човекот. На пример: паркови, овоштарници и др. Но еколошките фактори во животните заедници се во процес на постојано побавно или побрзо менување кое пак води кон изградување на нови адаптации и нови видови на растенија и животни. Во животните заедници ништо не функционира изолирано, туку сите нешта и сите организми меѓусебно се поврзани, и тоа на таков начин со што се одржува рамнотежа во заедниците.

ОДНОСИ НА ИСХРАНА И ПИРАМИДА НА ИСХРАНАТА ВО ЕКОСИСТЕМОТ Присети се! - Кои организми ги нарековме произведувачи на храна, а кои потрошувачи? Сигурно се сети дека произведувачи на органска храна се зелените растенија. Растенијата со процесот на фотосинтеза создаваат органски материи (шеќери, масти и белковини) во кои ја врзуваат сончевата енергија, при што се добива (ослободува) кислород. Дел од храната уште веднаш ја трошат за своите потреби: растење, развиток, размножување и други процеси.

Potro{uva~i od prv red

101


Тема 13

Доколку се создаваат поголеми количини на органска храна, таа се складира како резервна храна во подземните изданоци и корења, како на пример: шеќерната репа, морковот, компирот и др.; во семенките кај голем број мешункасти (житни) растенија: грав, грашок, леќа и др.; во плодовите на овошните растенија, како и во листовите на зелката. Произведувачите (растенијата) во животната средина, служат како храна на потрошувачите на органски материи; пример: срната, овцата, зајакот, говедото, коњот, жирафата и др. Тие животни се хранат со растителна храна и се наречени тревојадни или потрошувачи од прв ред. Потрошувачите од прв ред се храна на потрошувачите од втор ред, наречени месојади (волкта, лисицата, рисот, куната, лавот, тигарот, хиената и други.) Постојат и сештојадни животни кои се хранат со растителна и животинска храна, пример: човекот, мечката, рибите, ракот и други. Така, почнувајќи од растенијата како произведувачи на храна и многубројните потрошувачи, се формираат низи, кои се викаат синџири на исхрана. Секој организам е една алка во синџирот на исхраната и има одредено место. Животните во една ливада се хранат со разновидна храна и тие се поврзуваат во повеќе синџири на исхраната. Така се формира еден вид мрежна поврзаност на синџирите на исхраната во животната заедница во екосистемот.

Потрошувачи од петти ред Потрошувачи од четврти ред Потрошувачи од трети ред

Потрошувачи од втори ред Потрошувачи од први ред

Произведувачи на храна

Piramida na ishranata

102

Набљудувај ја сликата. Дали забележуваш дека како први во синџирите на исхрана се произведувачите, а со нив се хранат тревојадите. Тревојадите се најбројни и најситни животни. Тие го формираат вториот ред во таканаречената пирамида. Третиот ред го сочинуваат сештојадите кои се покрупни но помалубројни. На врвот на пирамидата ги сретнуваме месојадите кои се најсилни и најмалубројни. Пирамидата ја прикажува бројноста и големината на животните во животната заедница на екосистемот.


Организмите и животна средина Кружење на материјата и протекувањето на енергијата во еко системот Синџирите на исхрана не се линеарни, но тие се кружни. Нив ги поврзува алката на разградувачите. Разградувачите ги разложуваат изумрените организми до јаглерот диоксид, вода и минерални соли. Овие материи повторно се искористуваат во процесот фотосинтеза. Во процесот фотосинтеза, во органските соединенија се врзува сончевата енергија која преку храната се пренесува од еден на друг потрошувач, а делумно се троши и испушта во животните процеси, за на крај кај разградувачите да се потроши целата. Човекот како дел од природата се наоѓа во иста поврзаност и зависност со живиот свет. Значи рамнотежата во природата ја одржуваат сите живи организми и човекот. Активности. Донеси на часот слики од животни и растенија, лепак, бели листови, хартија или хамер. Потруди се да ги подредиш во синџири на исхраната. Сликите поткрепи ги со краток текст за животните што ги подреди во синџирот. За оние за кои не си сигурен, прашај ги соучениците или наставникот. Кога ќе бидеш готов презентирај го на другарчињата (работи самостојно или во групи).

ЕКОЛОШКА КОНТРОЛА ВО ПРИРОДАТА Во природата ништо не функционира изолирано, туку сите нешта и сите живи организми се поврзани меѓу себе и тоа на таков начин што се одржува рамнотежа. Секоја промена на климатските и биолошките услови ја нарушуваат биолошката рамнотежа. Човекот како дел од природата се наоѓа во иста поврзаност и зависност со живиот свет и условите кои ги нуди екосистемот. Тој дирекно или индирекно делува на

Zagrozeni `ivotni

103


Тема 13

природата, а неговото влијание може да биде позитивно или негативно. Еве неколку позитивни влијанија: пошумување на голините, намалено сечење на шумите и секакво друго уништување на шумите, поставување филтри на индустриските објекти, поставување на филтри за прочистување на водите што ги испуштаат фабриките. Тој свесно влијае на односите во животните заедници со цел да ја подобри бројноста на растенијата и животните од кои има полза. Кога бројноста на некои видови животни, во одредена средина или подрачје, ќе се зголеми и ги загрозува друбите видови, човекот превзема мерки за намалување на нивниот број, а со тоа придонесува за одржување на еколошката рамнотежа во природата. На пример: ако зимата е блага, напролет на растенијата има многу гасеници и растителни вошки. Човекот превзема мерки за нивно намалување. Тој ги прска растенијата со хемиски средства и ги уништува инсектите. Наесен кога ќе се намножи зајакот, се дозволува лов. Со закон се регулирани правата и обврските на човекот (ловџијата), кога, како и кое животно може да се лови. Во урбаните средини, моторниот транспорт е главно превозно средство, но воедно претставува и значаен извор на отровни гасови: азотен оксид и јаглерод моноксид. Производителите на автомбили прават напори да го намалат овој вид на загадување со употреба на безоловен бензин, вградени катализатори, филтри за прочистување и друго. Со порастот на населението во последниот век, се зголемува потребата од животен простор, зголемена е потреба од храна и друго. Човекот врши се поголема експлоатација на природните богатства. Неплански ги сече шумите, претварајќи ги во обработлива почва, трасира патишта, гради мостови, врши регулирање на речните корита, а со тоа и иссушување на мочуриштата. Сето тоа довело до нарушување на растителниот и животинскиот свет во екосистемот. Човекот врши загадување на морињата и океаните преку речните води кои со себе ги носат индустриските отпадоци како тешки

104

Izumirawe na ribite poradi zagaduvawe na vodata


Организмите и животна средина

метали, сулфурна киселина, отрови и друго, а од домаќинствата се носат фекални отпадоци, детергенти, киселини и друго. И покрај сите мерки што се преземаат во последните педесетина години има забрзан процес на изумирање или намалување на поедини видови. Годишно исчезнуваат илјадници видови, а на голем број им се заканува изумирање. Според најновите истражувања од четири вида цицачи еден е загрозен и му се заканува изумирање. Кај водоземците секој трети вид, а кај птиците секој осми. Главен виновник е човекот. Еве некои од тие загрозени видови: гологлавиот орел, рисот, дивата мачка, дивата коза, човеколиките мајмуни, слонот, носорогот, морското коњче, пандата и другите. Заштитата на животните од исчезнување е обврска на секој поединец, како и на државата. Заводите имаат задача да предлагаат кои животни, растенија, реки, езера и места да се заштитат со закон и како разумно да се користат. За да се спречи натамошното уништување на животната средина, максимално треба да се штедат природните богатства на Земјата. Потребно е секојдневно и одговорно однесување, а тоа ќе го постигнеш со штедењето на водата, гасењето на светилките што непотребно светат. Многу важна е и селекцијата на отпадокот. Некои отпадоци се рециклираат, на пример, стаклото, алуминиум, пластиката, хартијата. Од еден тон стара хартија се добиваат деветстотини килограми рециклирана хартија. Со тоа се спасуваат од сечење голем број дрвја. Стаклото и алуминиумот се рециклираат дури и до 100%. Во училиштата се формираат еколошки секции или друштва за заштита и унапредување на животната средина. Вклучи се и ти како поединец. Значи рамнотежата во природата ја одржуваат сите живи организми и човекот.

105


ПОВАЖНИ ЗБОРОВИ И ПОИМИ А

меѓусебно поврзани кои управуваат со

анален отвор – заден отвор на системот

животните функции во организмот

за варење на храна

ген – носител на наследните особини

абиос – нежива природа

од родителите на потомците

алвеоли – белодробни меурчиња во

Д

кои се врши размена на гасовите помеѓу

делбено вретено – дел од клетката

крвта и вдишаноит воздух

на кој се закачуваат хромозомите при

автотрофен организам – е организам

делба на клетката

кој е способен од неоргански материи

дождовник – вид опашест водоземец

да создаде органска храна

диморфизам

Б биотоп

во

надворешниот изглед на мажјак и женка

живеалиште

(

различност

)

место

дијафрагма

мускулна

преграда

во животната средина населено со

помегу градната и стомачната празнина

растенија и животни приспособени кон

кај цицачите

условите за живот

душник ( трахеја ) – дишна цевка која го

биотски фактори – мегусебни односи

спроведува воздухот до белите дробови

помеѓу растенијата и животните или

Е

помеѓу самите животни бураг

дел

од

еритроцити – црвени крвни клетки

желудникот

кај

одговорни

за

пренесување

на

преживарите ( цицачи )

кислородот и јаглеродниот диоксид

бронхии и бронхиоли – воздушни

ембрион

каналчиња во органите за дишење

јајцеклетка до оформување на нов орга-

В

зачеток

од

оплодена

низам

вакуоли – мали торбички ( меурчиња)

Ж

што служат за складирање на резервна

жабри – органи за дишење кај животните

храна или за исфрлање на непотребните

кои живеат во вода

материи од клетката

З

водоземци – животни кои живеат во вода и на копно

И

Г ганглија

група

зигот – оплодена јајце клетка иглокожи животни – морски животни

нервни

клетки

со варовикови плочки и боцки на телото


кои имаат заштитна улога

листенец – дел од желудникот кај

ирис (шареница) - ја дава бојата на

преживарите (цицачи)

окото и ја регулира светлината

М

која

матка – проширување на јајцеводите

влегува во окото

каде што се развива ембрионот кај

Ј јадро – органела во клетката носител на

цицачите

наследните информации од родителите

малпигиеви

на потомците

бубрегот во кои се филтрира крвта

јајце клетка – женска полова клетка

(создава мочта)

јајник – женски полов орган

месојади – животни што се хранат со

јајовод – изводен канал на јајникот

месо

преку кој се исфрлаат јајцеклетките

митоза – процес на делба на клетката

дел

од

делови

на

мејоза – делба на половите клетки

К капура

телца

желудникот

кај

мембрана клеточна – обвивка на

преживарите - цицачи

клетката преку која се врши размена

капилари – тенки крвни садови преку

на материите

кои се врши размена наматериите

мрмолец – опашест водоземец

копито рожна творба на нозете (прстите)

мрежница – слој на окото во кој се

кај цицачите - копитари

наогаат сетилни клетки

копривкари – водни животни со жарни

модификација

клетки со чија помош го умртвуваат

ненаследни промени кај животните

пленот

предизвикани од некој фактор

контрактилни меурчиња (вакуоли) -

морула – стадиум на зачеток на ткива

преку кои се исфрлаат непотребните

кај ембрионот

материи од клетката

мочоводи – изводни мочни канали кои

кутикула - заштитна обвивка на телото

ја изнесуваат мочта од бубрезите

кај некои црви која ја лачи епителот

мочен меур – собирно мочно кесе

(кожичката)

мутации – наследни промени кои Л

ларва – недоразвиен организам леукоцити – бели крвни клетки кои имаат заштитна улога во организмот

надворешни

настануваат во генетскиот материјал на јадрото О органели – посебни делчиња во


клетката во кои се вршат некои животни

семеводи – изводни каналчиња на

процеси

семениците преку кои се исфрлаат

орган – збир од повеќе ткива кои вршат

сперматозоидните клетки

одредена функција

сперматозоиди – машки полови

органски систем – поврзани органи во

клетки

кои се врши некој животен процес

сештојади – животни што се хранат со

П

растителна и животинска храна

папци – рожни творби на кoжата на

синџир

прстите кои имаат заштитна улога (кај

поврзаност на живите организми преку

некои цицачи )

исхраната

преживари – животни кои ја сечат

сириште – дел од желудникот кај

тревата со забите и неџвакана ја голтат

цицачите - преживари

за повторно да ја вратат во устата за

стргунки – рожни лушпи на кожата кај

џвакање - ситнење

рибите и влечугите

на

исхрана

мегусебна

преткомори - срцеви празнини во кои влегува крвта

Х Р

хитин – надворешна заштитна обвивка

раи – видови рскавични риби

на телото кај членконогите

рогови – рожни творби на главата кај

хромозоми – хроматински телца во кои

преживарите кои им служат за борба и

се сместени наследните особини

одбрана од непријателите рожница – преден прозирен дел на окото низ кои влегуваат светлосните зраци во окото С садовница – слој на окото богат со крвни капилари преку кои се храни окото селекција – одбирање на појаките, поиздржливите

или

покорисните

животни кои ги одбира човекот семеници – машки полови органи


СОДРЖИНА Како ќе го користиш учебникот

3

Тема 1. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА

5

1. ВРСКИТЕ НА ЖИВИТЕ ОРГАНИЗМИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НИВНАТА ПРИСПОСОБЕНОСТ 2. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА

6 8

Тема 2. ГРАДБА НА КЛЕТКИТЕ, ТКИВАТА И ОРГАНИТЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

9

1. ОСНОВНИ ОДЛИКИ НА ГРАДБАТА И ФУНКЦИЈАТА НА ЖИВОТИНСКАТА КЛЕТКА 2. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЖИВОТИНСКАТА И РАСТИТЕЛНАТА КЛЕТКА 3. ЖИВОТНИТЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ ОД КЛЕТКИ, ТКИВА, ОРГАНИ, ОРГАНСКИ СИСТЕМИ И НИВНА УСОГЛАСЕНОСТ

Тема 3. ГРУПИ ЖИВОТНИ И ИМЕНУВАЊЕ 1. ГРУПИРАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ СПОРЕД СРОДНОСТА 2. ЦАРСТВО НА ПРОТИСТИ: ПРАЖИВОТНИ 3. ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕ - БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ 4. ‘РБЕТНИ ЖИВОТНИ

Тема 4. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ 1. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

Тема 5. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ 1. ОРГАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ КАЈ ЖИВOТНИТЕ 2. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНА СРЕДИНА 3. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ НА КОПНО И ВОЗДУХ

Тема 6. ИСХРАНА НА ЖИВОТНИТЕ 1. Исхрана и начини на исхрана кај животните 2. Начини на исхрана и органи за варење на храната кај безрбетните животни 3. Начин на исхрана и органи за варење на храната кај ‘рбетните животни

10 13 15

17 18 20 22 28

37 38 39

43 44 44 46

49 50 51 54


Тема 7. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ХРАНАТА И ГАСОВИТЕ 1. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА ЦИРКУЛАРНИОТ СИСТЕМ (ТЕЛЕСНИ ТЕЧНОСТИ) 2. КРВ - ЦИРКУЛАРНА ТЕЧНОСТ, ГРАДБА И УЛОГА 3. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА КРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ 4. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА СРЦЕТО КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 5. МАЛ И ГОЛЕМ КРВОТОК.

Тема 8. ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 1. ДИШЕЊЕ И КЛЕТОЧНО ДИШЕЊЕ 2. ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНАТА СРЕДИНА 3. ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОЗДУШНА СРЕДИНА И НА КОПНО

Тема 9. ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 1. ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 3. ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

Тема 10. СЕТИЛА КАЈ ЖИВОТНИТЕ И ВРСКИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 1. ЗНАЧЕЊЕ НА СЕТИЛНИТЕ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. СЕТИЛНИ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВИД - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА СЛУХ - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА МИРИС - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВКУС - СЕТИЛО ЗА ДОПИР

3. ГРАДБА И УЛОГА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Тема 11. РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК 1. РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ 3. ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ ‘РБЕТНИЦИТЕ

Тема 12. НАСЛЕДУВАЊЕ, ОПСТАНОК И СЕЛЕКЦИЈА 1. КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ НАСЛЕДНИТЕ ОСОБИНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 2. ПРОМЕНЛИВОСТ НА ОРГАНИЗМИТЕ 3. БОРБА ЗА ОПСТАНОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ 4. СЕЛЕКЦИЈА: ПРИРОДНА И ВЕШТАЧКА

57 58 58 61 62 63

65 66 67 68

71 72 72 73

75 76 76 76 78 79 80 81

82

85 86 87 88

91 92 93 94 95

Тема 13. ОРГАНИЗМИТЕ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

97

1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА 2. ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ И ОДРЖЛИВОСТА НА ЖИВОТНИТЕ ЗАЕДНИЦИ 3. ОДНОСИ НА ИСХРАНА И ПИРАМИДА НА ИСХРАНАТА ВО ЕКОСИСТЕМОТ 4. ЕКОЛОШКА КОНТРОЛА ВО ПРИРОДАТА

98 100 101 103

ПОВАЖНИ ЗБОРОВИ И ПОИМИ

106


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.