Музичко образование

Page 1

Милица Василеска-Калајџиеска

Наташа Лалчевска

MУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ за четврто одделение од деветгодишното основно образованиe


Автори: Милица Василеска Калајџиеска Наташа Лалчевска Илустратор: Кристина Божурска Рецензенти: Доц. д-р Стефанија Лешкова м-р Ленче Насев Павлинка Вељаноска Уредници: Милица Василеска Калајџиеска Наташа Лалчевска Лектор: Технички уредник: Издавач: Директор:


Вовед Секое дете си игра, потскокнува и пее. Секое дете посакува, мечтае и сонува. Секое дете прима, чувствува и доживува. Но, не е лесно да се отвори детското срце. Децата често се плашат, се кријат и затајуваат. Децата често не знаат да ги искажат своите емоции. Затоа, музиката е важна! Музиката разоткрива... разнежнува... ослободува... возбудува... Музиката плени... раскажува... исполнува... вознесува... Музиката е во нас, но и околу нас. Во домот, во училиштето, во природата.

Водич

слушаме

свириме

пееме

пишуваме, боиме


СÉ ОКОЛУ НА

С Е МУЗИКА

ЗВУЦИ

Пристигна првиот училишен ден. Мила и Борјан брзаат кон училиштето. По патот слушаат различни звуци. Тоа се звуците на: автомобилот, моторот, училишното ѕвонче, детскиот џагор, чекорењето.

Звук е сé она што можеме да го слушнеме.

   

Кој произведува звук на сликата? Каков звук произведува моторот, автомобилот, ѕвончето...? Кои звуци се тивки, а кои гласни? Кои од звуците што ги слушнавте, ги препознавате на сликата?

Звуци 4


ДОБРО УТРО

Мила и Борјан се подготвуваат за на училиште. Мила ги мие забите, а Борјан штотуку се прозевнува. Околу нив има неколку предмети што произведуваат звук. Активности: Пронајдете ги и обојте ги предметите што произведуваат звук! Направете споредба на звуците што ги слушаме надвор, со оние во затворен простор.

   

Какви звуци слушате дома наутро? Кои се тивки, а кои силни? Кои се кратки, а кои долги? Кои од звуците што ги слушнавте, ги препознавате на сликата?

Звуци 5


ТОНОВИ

Кога некој пее или свири, тогаш звукот станува тон. Во природата тоа е песната на птиците, во училиштето - ѕвонливиот глас на учениците, на виолината – жиците...

Тон е звук со определена висина, јачина, траење и боја.

Активности: Произведете тон и имитирајте: • црцорење на птици • труба • виолина

Звуците на природата 6


Активности:  

Разгледајте ги сликите! Што произведува звук, а што тон? Под сликата напиши ја буквата “З” - за звук , а “Т”– за тон !

7


РАЗВИВАЊЕ НА ЧУВСТВОТО ЗА РИТАМ

Нашето народно творештво изобилува со бројалки.Тие се особено популарни кај децата, а настанеле како плод на нивната спонтана игра. Имаат впечатлив текст во кој се опејуваат секојдневни или измислени случки и народни обичаи. Мелодијата се движи во висина од два до три тона. Корисни се за развивање на чувството за ритам. 8


Поп и хула – хоп Активности:   

Изговарајте ја бројалката рамномерно. Тропкајте со стапчиња или со раце додека го изговарате текстот. Мила ви покажува на кое место имате пауза. Тогаш само тропнете со стапчињата.

1,

2,

3,

4,

5,

6,

7,

8,

9,

10,

11,

12,

над-вор

ни-кој

не

вр-ти

ху-ла - хоп !

Во два - нај-се,

ча

са-мо,

поп,

е-ден

-

сот,

9

-

ма,


МУЗИКА ЗА ДОБРА НОЌ Сношти сонив...

Изморени од напорниот ден, Мила и Борјан слатко заспаа. Борјан сони сон. А во сонот, чуда еден тон...

• •

Дали слушате музика пред да заспиете? Каква музика ве успива?

Активности:   

Слушајте ја музиката со затворени очи. Препознавте ли некој инструмент? Нацртајте го! Потоа, нацртајте еден свој сон

Чуден сон Ф. Шопен, Ноктурно Оп.9 бр.2 10


Ѕвездичка (по слух)

Moderato

Стојан Стојков, Ѕвездичка 11


ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ Орфови инструменти - го добиле името по композиторот Карл Орф. Тој развил метода со која децата преку ритам и поезија, танци и едноставни инструменти, ја осознаваат и изведуваат музиката. Оваа метода често се нарекува “едноставно музицирање”, бидејќи децата со леснотија ја совладуваат техниката на свирење на овие инструменти. Голем дел од своето творештво им го посветил токму на децата. Карл Орф (1895-1982)

кастањети

барабанче

тропалки

триангл

ксилофон

ѕвончиња

Карл Орф, Gassenhauer примери од ДМИ 12

чинели

дајре

стапчиња


Врни, врни дожд

Прва група Вр - ни, вр - ни

дожд,

A

да си

Втора група да

си

нај- дам

Вр - ни,

ку - пам ви - о - ли - на

да

A

грош,

вр - ни

дожд...

си сви - рам од ми- ли- нa!

Активности:  Свирете со ДМИ, за да го повикате дождот! Поделете се во две групи. Првата група гласно го изговара текстот, свирејќи на барабанче. Кога тие ќе го изговорат првиот стих: Врни, врни дожд..., им се приклучува и втората група. Втората група, тивко (како ехо), го повторува истиот текст, но со задоцнување од еден стих. На паузите еден ученик нека тропне со чинели. Една по друга, двете групи, ритмички го изговараат текстот. Во музиката ваквото имитирање на иста тема се вика канон.

Р. Аврамовски, Додолска песна Д. Даутовски-квартет, Молитва 13


МУЗИЧКИ АКТИВНОСТИ  

Дали ги препознавате Детските музички инструменти? Именувајте ги! Музичко бинго: Како што ги слушате инструментите по редослед, внесете број во квадратчето.

Примери од ДМИ 14


Воочете ја разликата помеѓу цртежите.

Доцртајте и обојте ги инструментите по желба!

Ситен дождец роси, инструментална музика 15


ЗВУЦИТЕ НА ЕСЕНТА

Пристигна есента. Мила се шета низ паркот. Сака да собере лисје во разни бои. Ветрот и го однесе чадорот. Во истиот момент силно згрме и заврна... Ешко се вовре под лисјето Ш...ш... шумолат лисјата, нешто шушка... Кој го растура килимот послан? Дал е збунет, ил е поспан?! Кој ли заспа под лисјето? Ш...ш... Заборавил на есента! На боцките закачен златно-жолт лист, ешко се буди, но домот не му е ист! Лисјето му покриле сè, Не му е лесно, не! Земјата се стресе, лисјата ги растресе и силно, силно заврна... Ешко смрзна од студ и страв и повторно се вовре под лисјето.

Ешко се вовре под лисјето 16


Есен е... (по слух)

Moderato

Есен е.. 17


МУЗИЧК И

ПОИМИ

ХОР

Солист Композитор Лудвиг ван Бетовен (1770-1827)

Хор е група на деца или возрасни, кои пеат заедно. Кога еден пее или свири сам, тој е солист. Музиката што тие ја изведуваат се вика композиција, а неа ја напишал композитор.

Германски композитор, роден во Бон, кој настапувал на концерти уште на 8 годишна возраст. На 11 години ја издал својата прва композиција, а на 28 години го изгубил слухот. Наскоро, еден од најголемите музичари, не можел да слушне ниту еден од тоновите и созвучјата, кои сам ги напишал. Разочаран од својата судбина, наоѓал утеха шетајќи во природата. Во тоа време, низ Европа, музиката се негувала во дворците и салоните, црквите и театрите. Бетовен бил еден од најпопуларните личности на музичкиот живот во Виена. Длабоко свесен за својот талент, тој неуморно компонирал. Најпознати се неговите 9 симфонии. Во Деветтата симфонија, тој ја воздигнува љубовта и единството меѓу сите народи. 18


ОРКЕСТАР

Мила и Борјан се на концерт заедно со своите другарчиња од одделението. Пристигнаа навреме за да се сместат на своите места. Нивната наставничка ги советуваше: „Кога ќе започне музиката, бидете сосема тивки и со внимание следете ја програмата. Аплаудирајте кога диригентот ќе ги спушти рацете и ќе се заврти кон публиката.“

Оркестар е состав од повеќе музичари, кои свират заедно. Со оркестарот и хорот раководи диригент. Тој на музичарите им дава знаци со рацете и го организира нивното заедничко музицирање.

Диригент

Саша Николовски-Ѓумар

Л.В. Бетовен, Ода на радoста 19


БРОЈАЛКА

Сол,

ма - ка -

ма – ри –

он,

лео, лео, тип, тип,

1,

2,

3,

рон,

сол,

ма – ри –

он,

тип,

A

фе,

ре,

до,

лео, лео, тип, тип,

тип,

ми - жиш

20

ти!

A


НАРОДНА ПЕСНА

МОМИ ТИКВЕШАНКИ Моми тиквешанки мамо ле, бело гројзе берат.

Бело гројзе берат мамо ле, бели пари зимат.

На ѓердан ги нижат мамо ле, 2× на гуша ги носат. На гуша ги носат мамо ле, мераци да фрлат.

Мераци да фрлат мамо ле, ергени да мамат.

Моми тиквешанки, народна песна 21


ТЕМПО Борјан секогаш се фали дека брзо трча. Навистина со брзо темпо истрчува надвор да си игра. Но, наутро Мила е побрза. Таа е секогаш прва спремна за на училиште.

Што е темпо?

Брзината со која се изведува композицијата се вика темпо во музиката. Постојат различни видови на темпо: Allegro - брзо темпо, Moderato- умерено, Largo - бавно темпо.

Активности:      

Штом ќе ја слушнете музиката, започнете со играње. Движењата на телото треба да го следат темпото на музиката. Кога музиката е во брзо темпо – играјте брзо. Кога музиката е во бавно темпо – играјте бавно. За да биде играта позабавна, движете се нанапред кога темпото е брзо, наназад кога е бавно. Еден ученик, со плескање на рацете, ќе ви дава знаци. Кога ќе плесне со рацете “замрзнете се” во одредена позиција. Играта ја продолжувате во парови, кога повторно ќе го слушнете плесокот на рацете. Секој ученик го бира за партнер другарчето што му е најблиску во моментот.

22


Како што во музиката постои брзо и бавно темпо, така и во природата некои животни се брзи, а некои бавни. Но, мудроста не е секојпат во брзината... Зајакот и желката решија да се тркаат. Зајко пушти чекор брз и смешкајќи се, ја погледнуваше желката. Но, таа се обиде да го надмудри. Ја повика пријателката на помош и се менуваа во трката наизменично. Зачуден Зајко, ја гледаше желката постојано пред себе. Како ли и успева?!

Ј.Брамс, Унгарски танц бр.6 23


ДИНАМИКА

Во природата често можеме да чуеме звуци со различна јачина. Грмотевицата предизвикува силен и застрашувачки звук. Кога дождот роси, капките тивко паѓаат на земјата. Промените од тивки и силни звуци, наизменично се случуваат во природата, но и во музиката.

Динамика...динамика што е тоа?

Јачината со која се изведува композицијата се вика динамика. Темпото и динамиката го отсликуваат карактерот на композицијата.

piano (пијано)

forte (форте)

тивко

гласно

*Музичките ознаки за динамика и темпо се на италијански јазик. 24


“Се колнам во мојата чест господине Леополд. Вашиот син е најголемиот композитор што јас го познавам.” Со овие зборови му се обрати Јозеф Хајдн на Моцартовиот татко, за време на неговата посета во Виена.

Волфганг Амадеус Моцарт (1756-1791) Моцарт “чудото од дете,” започнал да свири пијано кога имал само три години. На четири, научил да свири виолина, а веќе на петгодишна возраст започнал да компонира. Тој имал извонредно детство. Заедно со неговата постара сестра и нивните родители, често патувале низ Европа. Настапувале пред многу кралски семејства. Моцарт живеел само 35 години, но за време на својот краток живот, успеал да напише повеќе од 600 композиции.

В.А.Моцарт, Симфонија бр. 40 во ге-мол, Алегро 25


КРЕШЕНДО И ДЕКРЕШЕНДО Слушајте ја внимателно композицијата “Слики од изложбата” од композиторот Модест Мусоргски. Забележувате дека динамиката (јачината) не е секогаш иста. Постепено се појачува од тивко кон гласно, а потоа обратно.

од

ко

тив

о

гласн

ко н

Постепеното зголемување на јачината на тонот се вика крешендо, а се пишува crescendo или cresc...

Активности:  Кога музиката е тивка – спојте ги дланките.  Како што јачината постепено се зголемува (крашендо), така постепено ширете ги рацете.  Кога јачината постепено се намалува (декрешендо), тогаш постепено враќајте ги рацете назад – кон тивко.

26


Постепеното намалување на јачината на тонот се вика декрешендо, а се пишува decrescendo или decresc...

Од гласно к

он тивко

Модест Мусоргски , Слики од изложбата 27


РИТАМ Ако внимателно ги слушате звуците што не опкружуваат, ќе забележите ритам насекаде околу вас: тапкање со топка на игралиштето, плескање со рацете, чекорење; паѓање капки дожд...

Што е ритам?

Ритам е низа од ноти и паузи со различно траење. Комбинациите во кои тие се појавуваат се многубројни . Активности: Ритмички говор со ехо Изговорете кратка реченица и плескајте со рацете на секој слог: И - грам бас - кет се - кој ден. Де-нес ми е ро-ден-ден.  Едно дете нека ја изговори гласно реченицата. Истовремено на секој слог треба да плеска со рацете.  Другите деца да ја повторат реченицата, изговарајќи ја тивко (како ехо). 

28


МУЗИЧКА ПРЕТСТАВА Еден, два, три...темпо!

- Држете ритам. Пејте, форте, форте...! - возбудено викаше диригентот. Децата

зачудено гледаа и пееја сè погласно. Наставничката одлично ја одигра улогата на диригент. Фантастична музика се разлеа во салата. Публиката беше воодушевена.

Активности: Запиши ги твоите впечатоци од некој музички настан.

29


АЈДЕ ДА ЧИТА

МЕ МУЗИКА

ДОЛГИ И КРАТКИ ТРАЕЊА

=1

=1

Запознајте се со семејството пингвини. Неговите членови ќе ви помогнат да ги разликувате долгите и кратките траења во бројалката.  Таткото пингвин е поголем и ги претставува долгите траења изговарајте по еден слог на еден удар со моливот.  Синот пингвин ги претставува кратките траења - изговарајте по два слога на еден удар со моливот, а иглото е пауза.

Ен,

ден,

са -

ва

са -

ва

Е

-

триф,

лен,

ди

-

-

ра -

ка -

ти

-

ра -

ка,

ти

лен,

буф !

бе

-

траф,

труф ! 30

-

ни,

-

ни,

ка,

та

-

ка,


ЧЕТВРТИНА И ОСМИНА НОТА Обрнете внимание на “чевличките” и позицијата на телото на пингвините. Овие птици имаат нозе адаптирани за движење по снежните површини на јужниот пол. Крилјата им служат за пливање, бидејќи пингвините не можат да летаат. Нашите јунаци имаат специфични “чевлички”, кои ќе ви помогнат полесно да ги научите нотните вредности. Погледнете го таткото пингвин. Неговите црни “чевлички” наликуваат на нотна глава, а неговото исправено тело на нотен врат. Таткото ја претставува четвртината нота.

=Q

четвртина нота

Детето пингвин има исто така, црни “чевлички”, исправено тело, но тоа за разлика од таткото, мавта со едното крило. Во музиката, тоа се нарекува нотно бајраче.

=E

осмина нота

Ако осмините ноти се појавуваат повеќепати едно по друго, можеме да ги запишеме и вака:

= QR

две осмини

Музичка математика : Запиши со ноти!

+

=

+

_______________________

=

_______________________ 31


Активно слушање на музика

Хеитор Вила Лобос, Малиот воз


* Упатство за користење на музичката мапа, на стр. 84


ТАКТ,ТАКТОВА ЦРТА, ЗНАК ЗА ПОВТОРУВАЊЕ

Такт е мал дел од музичката композиција, кој содржи нагласени и ненагласени делови. Тој секогаш започнува со нагласен дел. Тактовите меѓу себе се одвоени со вертикални цртички, наречени тактови црти. такт

такт

тактова црта

тактова црта

Внимателно разгледајте ја сликата. На фотографскиот филм, сигурно ги препознавте годишните времиња. Тие се делови од годината и секојпат се повторуваат по истиот редослед.

И во музиката постои знак за повторување, а музичката целина кон која тој е свртен, треба два пати да се повтори.

34


ТАКТИРАЊЕ

XB

QR QR | QR QR | QR QR | QR E S |

До-ле, го-ре

до-ле, го-ре,

o - ва

не е

пе-е - ње,

Пр-ва, вто-ра,

пр-ва, вто-ра,

o - ва

е так

- ти-ра - ње!

| QR QR | QR QR | QR QR | QR E S \

XB

Та,

та

Q Q Та,

Та,

-

Рамномерно удирање се вика тактирање.

те

| QR QR | Q та-те,

та -те,

35

Та,

QR | QR Q

та -те,

та -те,

Та

*


НАГЛАСЕН И НЕНАГЛАСЕН ДЕЛ ОД ТАКТОТ

Кога сте на лулашка, за да се залулате, нанапред морате да употребите сила. Наназад се враќате лежерно, без напор. И во говорот, зборовите се составени од слогови, каде некои делови се нагласени, а некои ненагласени. Во музиката исто така, секој такт има нагласени и ненагласени тактови делови.

ЛУЛА, ЛУЛА, ЛУШКА

36


ДВОЧЕТВРТИНСКИ ТАКТ

Овие ноти претставуваат рамномерен ритам. Секоја нота – еден удар.

Ако истите ноти ги групираме во група по две, односно во секој такт по две четвртини ноти – добиваме двочетвртински такт и го бележиме вака:

2

2 = 4

Кога се групирани на овој начин, првиот удар е секогаш понагласен од вториот. Нагласокот се бележи со цртичка (теза) над нотата.

Па така, во двочетвртинскиот такт првиот тактов дел е секогаш нагласен, а вториот ненагласен. Активности: 

Дополни ја ритмичката вежба со четвртини и осмини ноти и внимавај во секој такт да имаш два удари!

37


ЧЕКОРИМЕ - МАРШИРАМЕ

Каков кловн на труба свири?! Смешно оди - ко да криви. Тежок чевел-десна нога, лесен чекор-боса нога!

Активности: Обојте ги чевлите според дадениот пример!  Првата - нагласеното тактово време, обојте ја со притискање на боичката.  Втората–ненагласеното тактово време, обојте ја со нежни, посветли бои.

М. Хаф и Џ. Џејкобсон, инструментална музика 38


Трубата е метален дувачки инструмент. Таа е направена од свиткана метална цевка. На горниот дел има усник, а на долниот завршува со еден проширен дел во форма на инка. Бојата на нејзиниот тон е светла и продорна.

Маршот е музичка композиција во двочетвртински такт. Музиката на маршот е наменета за рамномерно чекорење - марширање на поголема група луѓе или војници. Маршевите често ги изведуваат дувачки оркестри. Активности: Бидете активни додека ја слушате музиката. Чекорете-марширајте во такт, така што тежината секогаш ќе паѓа на десната нога, а со левата чекорете лесно на прсти.

Виктор Херберт, Маршот на играчките 39


ЧЕТВРТИНА И ОСМИНА ПАУЗА

Кога ќе сретнеш ваков знак, за момент застани со пеење и свирење, а продолжи со тактирање. Можеш да земеш воздух или кратко да одмориш, бидејќи ова е знак за пауза.

Шшш...

Четвртината пауза трае исто како четвртината нота – еден удар. А осмината пауза исто како осмината нота – половина удар.

Активности: Дополни ја ритмичката вежба! Напиши осмина пауза – каде што недостасува половина удар, а четвртина пауза - каде што недостасува еден удар од тактот.

40


МЕЛОДИЈА Досега ги запознавте различните траења на нотите. Иако ритамот е еден од основните елементи во музиката, заедно со него се движи и мелодијата.

Низата од тонови со различна висина и одреден ритам, се вика мелодија.

Мелодијата и ритамот, темпото и динамиката меѓусебно се испреплетуваат и надополнуваат. Во рацете на нашиот светски познат пијанист Симон Трпчески овие елементи стануваат една целина.

Сакајте ја

љ Пејте и свирете со

музи ата! к

Музиката го от вора срцето!

убов!

Вежбајте често, да свирите

41

! то ш ве


НАГОРНО И НАДОЛНО ДВИЖЕЊЕ НА МЕЛОДИЈАТА

Мила и Борјан се на планина. Се обидуваат да направат Снешко. Мила тркала една снежна топка, нагоре по планината. А Борјан трча брзо надолу, да го почне Снешкото. Но што се случи со морковот? Мелодијата на Снешко Белчо се движи скалично нагоре во бавно темпо, а надолу во брзо. Активности:  На почетокот на мелодијата - рацете треба да бидат спуштени.  Кога мелодијата се движи нагоре - кревајте ги постепено рацете.  Кога мелодијата ќе стигне највисоко (“шал од волна, в нозе бос”), рацете се кренати горе.  Кога мелодијата се движи надолу и рацете се спуштаат побрзо надолу, пратејќи го темпото.  Едно дете - свири на триангл на првото време од секој такт.

П. И. Чајковски, Танцот на снегулките 42


Снешко Белчо (по слух)

Снешко Белчо 43


НОВА ГОДИНА

Новогодишна атмосфера. Мила и Борјан играат и пеат. Под елката ѕиркаат неколку подароци. Можеби оваа година Дедо Мраз вистински ќе им ја исполни желбата. Се разбира, ако го пратиле писмото навреме…

Како правилно и убаво да пеете        

ако седите, не се навалувајте на столчето исправете ги рамениците рацете лежерно спуштете ги до телото земајте воздух преку нос дишете бавно и длабоко природно отворете ја устата изговарајте го јасно текстот пејте умерено (без викање)

44


Елко, елко (по слух)

Moderato

Тука е играчката вчера што ја сонив, многу, многу играчки многу лампиони. Реф. Елко, елко... Снежана од гранките милно ни се смее и ни вели весело секој нека пее.

Т.Скаловски, Елко, елко (изведува детскиот хор на МРТ) 45


ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ

Ѕвончиња ѕвонат (солист Тијана Дапчевиќ) 46


Мојата новогодишна желба е....

Писмо до Дедо Мраз од Лапонија 47


Волкот и трите прасиња

Јоханес Брамс, Унгарски танц бр.5


*упатството за користење на мапата е на стр. 85


НОТНО П

ИСМО

ПЕТОЛИНИЕ

Нотите и паузите се запишуваат на петолиние. Петолинието е составено од пет линии и меѓу нив, уште четири празнини. Линиите и празнините се бројат одоздола, па нагоре.

ПЕТОЛИНИЕ

Пр-ва,втора, тре- та,

клуч треба

да

четвр- та и пет-та,

сто- и и знак со кој се бро- и,

50

ли-ни-и се пет за но-ти-те по ред. И

такт по такт се реди, а

но-та но-ти сле-ди.


ВИОЛИНСКИ КЛУЧ Буквите се знаци со кои ги бележиме гласовите, а нотите се знаци со кои ја бележиме висината на тоновите. Колку е нотата сместена повисоко на петолинието, толку е тонот повисок. Но, за да го отклучиме петолинието потребен ни е волшебен клуч, кој личи по малку на виолина и се вика виолински клуч.

Активности:  

На празното петолиние вежбај како се пишува виолинскиот клуч. Започни од втората линија!

Штом ќе научиш убаво да го пишуваш виолинскиот клуч, музичката врата се отвора. А внатре?! Те очекуваат многу распеани ноти. Ако научиш да ги распознаваш, ќе можеш со нив да пееш, свириш и создаваш.

51


ПОЛОВИНА НОТА И ПАУЗА Еве ги повторно нашите јунаци - пингвините. Ни остана да ви ја претставиме уште мајката – пингвин. Таа пее двапати подолго од таткото и трае два удари. Нотната глава на оваа нота е необоена и се вика половина нота.

А вујче?! Го заборавивме! Тој се одмара ловејќи риби, но... на половина

пауза, заспал.

Овој знак се вика половина пауза. Наликува на шешир, а трае исто како и половината нота. Кога ќе ја тактирате, бројте до два, односно двапати удрете на клупата!

XB

Q

Та,

Q |

Та,

(1,

| Q

2,

) Та,

E E | W та - те

Та....... а.... !

Музичка математика

Реши со ноти и паузи!

Q+Q= A+A=

W+Q= +A= 52

\


НОТНИ ГЛАВИ

1.Ни - е не сме бук – ви, ни-ту римски број-ки, ту-ку нот-ни 2.Со нас пејте пес-ни, рас-пе-а - ни и лес-ни, нот-ни веж-би

ве - се - ли

и

ма - ли.

му - зи - ка

за

гла-ви, раз-ни,

сказ - ни!

Музичките термини за овие знаци се исто така на италијански јазик: prima volta - прв пат и sekunda volta - втор пат. Kога при повторување, песната има поинаков крај, тогаш се користат знаците прима и секунда волта. Тоа значи: првиот пат пеете или свирите до знакот за повторување. Потоа се враќате (повторувате) од почеток, го скокате и преминувате на секунда означениот дел со прима волта волта.

53


НОТА СОЛ

Една нотна глава се качува по скала. Која и е целта? Да не сака да се слика?! Не, ова е музичка нота ! Кон втората линија ита и запомни СОЛ се вика ! Да се потсетиме! Втората линија е и почетната позиција за пишување на виолинскиот клуч.

 Погледнете ја сликата.! Кога го пеете тонот СОЛ, ставете ја раката на челото. А ако сакате да свирите на пијано, погледнете каде можете СОЛ да ја пронајдете:

54


НОТА МИ

Ми се залула нотата МИ со јажето на петолинието. Ако веднаш не седне на првата линија наставничката ќе и го “намали поведението”.

Вашето тело ви помага да запаметите кој тон е повисок. Кога ја пеете нотата МИ, покажете со раката на брадата. А сега одговорете: Повисока е нотата _______ , а пониска е нотата _______.

55


КСИЛОФОН Учиме да свириме на ксилофон

Ксилофонот е мелодиски инструмент. Звукот се добива со удирање на дрвените стапчиња по плочките, кои се исто така направени од дрво. Најчесто има осум плочки, наредени по големина. Секоја од нив произведува различна тонска висина. Ако започнете да ги удирате плочките по ред, од најголемата кон најмалата, тоновите ќе се движат од понизок кон повисок. На краевите, стапчињата се малку задебелени, со цел да се добие подобар и посилен удар. Погледнете каде се наоѓаат на ксилофонот нотите СОЛ и МИ. За полесно да ги разликувате, секоја плочка е различно обоена.

Активности:  

Отсвирете ја оваа мелодија на ксилофон. Истовремено пејте ги нотите сол и ми.

56


НОТА ДО

Скокање на трамбулина, забава е од милина. И на ДО доста добро и оди, но нешто се случи!? Се сопна, под петолинието се скри и на првата помошна линија се “заглави“.

На ксилофонот тонот ДО се свири на ова место,

а на клавијатурата:

57


НОТА ДО

блок флејта

правилен став

Блок – флејтата е дувачки инструмент. На неа има осум отвори, од кои седум се од предната и еден од задната страна, кој се покрива со палецот од левата рака. Со останатите прсти (без малиот прст) се покриваат горните отвори, а со прстите од десната рака - долните отвори. Десниот палец служи за придржување на флејтата. Тонот се добива со дување во цевката низ отворот за усни. Отворите треба да се сосема затворени за тонот да биде убав и чист. Овој инструмент се свири стоејќи или седејќи исправено, на половина столче.

- слободен отвор

- затворен отвор

За да ги отсвирите нотатите СОЛ, МИ и ДО на блок флејта, користете ги шемите:

СОЛ

МИ

Научете да ја свирите на блок-флејта следнава мелодија.

58

ДО


Една е мама (по слух)

Moderato

Навечер сонувам слатки сни, кротко ме покрива: “спиј, сине, спиј”. Милно ми пее со најубав глас, верува во мене знам тоа јас. Реф. И затоа најсреќна сакам да си...

Една е мама 59


ТРОЧЕТВРТИНСКИ ТАКТ

Валцерот на жабите

Се држат за рака и скокаат по такт, И не им е досадно, тоа е факт! Рефрен: Кре, кре, кре...

Валцерот на жабите 60


2 3

еден два

там

три

там там

1 Активности:

там

Барските листови го претставуваат трочетвртински такт (голем лист –мал лист - мал лист).  Обојте ги според примерот! Големиот лист со притискање на боицата (нагласено тактово време) , а двата мали листови со лесни потези (ненагласено тактово време).  Додека пеете и слушате валцер, движете ги дланките, како нa сликата, нагласувајќи го секогаш првото време.

Прва,

втора,

трета

Валцерот е танц, кој се игра во парови. Напишан е во трочетвртински такт. Во светот најпознати се валцерите на Јохан Штраус, таткото и синот . Тие се творци на познатиот виенски валцер.

Јохан Штраус, Звуците на пролетта, валцер 61


НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Сторил ниет зајко, зајко да се жени Зајко Кукурајко, зајко сербезлија си натресол гаќи, упрчил мустаќи нагрнал џамадан, капа пискулија, море, токмо младожења...

Народни инструменти

тапан

дајре

гајда

Зајко кукурајко, народна песна 62

зурла

тамбура


Македонско оро

Од нашето народно творештво извираат многу народни песни и ора. Во нив се опеани радоста, тагата, храброста и маката на македонските печалбари. Мелодиите се богати и распеани, испреплетени со специфични ритмови. Тешкото, македонско оро 63


НОТА ФА

Со летачки балон ФА полета и до петолинието долета. со СОЛ и МИ се дружи честo во првата празнина е нејзиното место.

  

Кога ја пеете нотата ФА, со дланката допрете го образот! Потоа со тактирање, отпејте ја следната вежба. Отсвирете ја на пијано, ксилофон или блок-флејта!

64


НОТА РЕ

Со очила за сонце и машна на глава оваа нота е вистинска дама. Чекори важно до своето место под првата линија – се наоѓа лесно! Ја препознавате, зар не? Тоа е нотата РЕ .

 

За нотата РЕ спуштете ја дланката на рамото. Пејте и свирете на инструмент по ваш избор.

65


НОТА ЛА

На лизгалка ЛА се лизна, до своето место стигна. На втората празнина стои и пет ноти под себе брои.

Нотата ЛА е највисока од сите ноти што досега ги изучивме. Кога ја пеете, ставете ја раката на главата.

Бела Барток

66


ПЕЕМЕ-СВИРИМЕ Како да ги отсвирам РЕ ФА и ЛА на блок флејта и ксилофон?

РЕ

ФА

ЛА

Ѓ. Смокварски

Веселите гуски А. Николаева

Allegro

67


ВЕЛИГДЕН

Пронајдете ги и обојте ги велигденските јајца. Откријте што се крие во велигденското јајца!

Одговор:

________________ 68


Велигден (по слух)

Andante

Полна корпа јајца стои, Во сите виножито бои, црвеното го боев јас, најсилен ќе бидам во клас!

Велигден 69


ОВЧАРЧЕ МИЛО

Три дни си седам , ем свирам, А мојата мајка не слуша. Дали е жетва почнала, дали си е болна легнала? Ако е жетва почнала, Свирки да си свирам највесели. Ако е болна легнала, Песни да редам најжалбени. Активности: Пејте ја и свирете ја песната! 70


КОРОНА Овој музички знак стои над нотата и се вика корона. Тој го продолжува нејзиното траење во зависност од чувството на изведувачот или диригентот. Најчесто стои на крајот од композицијата. Можете да го сретнете и под името фермата.

Активности: Пронајди ги и заокружи ги скриените музички симболи! 71


СЕМЕЈСТВО ГУДАЧИ

Јас сум виолончело

Јас сум контрабас. Јас сум најголем во фамилијата на гудачки инструменти

Јас сум виола Јас сум виолина Јас сум најмала

Инструментите кои ви се претставија на сликата припаѓаат на семејството гудачи. На прв поглед тие изгледаат сосем исти, но всушност се разликуваат по: големината, висината на тонот што го произведуваат и начинот на свирење и држење на инструментот. Сите се изработени од дрво и имаат по 4 жици. Звукот се произведува со влечење на гудалото преку жиците, па затоа и се нарекуваат гудачки инструменти.

Кратки примери од гудачки инструменти В.А.Моцарт, Мала ноќна музика 72


Виолина и хармоника (по слух)

Allegro

Слушај сега како свират жици мои, даваат нежни звуци рој, гудало ги милува, струната ги бакнува. Реф. Ајде да се здружиме..

Е. Шукри, Виолина и хармоника 73


МУЗИЧКА ГРАМАТИКА

Мотив е најмал музичко-ритмички елемент во композицијата. Впечатлив е и лесно се препознава. Тој е движечката мисла на композиторот. Активности:  Слушајте ја внимателно композицијата! Таа е составена од три дела. Првиот и третиот дел се слични, а вториот јасно се разликува по карактерот и темпото.  Обидете се да ја споредите со илустрацијата.

Р.Шуман, Албум за млади оп. 68 бр.9 74


МУЗИЧКИ ЛАВИРИНТ

QQQ

Т

QQ

O

А Р

QAQ

Q

К

EW

У

Е С

W

WQW

Б

QRW

AQ

А

Л

WA

Активности: Ако правилно ги поврзете буквите што содржат тричетвртински такт, ќе добиете име на еден музички инструмент! Решение:

__________________ 75


ОДА НА РАДОСТА

Активности:  

Пејте и движете се со раката во висината на одредениот тон - како на сликата. Потоа свирете ја Одата на радоста на инструмент по избор!

76


МУЗИЧКА ИЛУСТРАЦИЈА

Музиката има многу важна улога во приказните и цртаните филмови. Таа ги отсликува карактерот, движењата и чувствата на ликовите во нив. Дали можете да замислете какви би биле вашите омилени цртани филмови без музика?! Приказана Јовче и гравот 77


КОМПОНИРАМ-ДИРИГИРАМ

Активности: Компонирај! • • • • • •

Комбинирај ги тактовите од вагоните и создади своја композиција. На почетокот од петолинието стави ги неопходните музички симболи! Започни ја композицијата со тактот од првиот вагон Композицијата треба да е составена од 8 такта. Затоа повтори ги по твоја желба и редослед. Заврши ја композицијата со тактот од последниот вагон! На крајот обиди се да ја отсвириш.

78


2 4

2 1

ЦВЕТЕН ОРКЕСТАР

2 1

2 2 4

1

4

3 4

3

2 Замисли дека “Цветниот оркестар ” ја изведува твојата композиција, а ти си диригентот. 1  Застани во позиција за диригирање, така што рацете ти се кренати во 3 висина на рамењата.  За диригирање двочетвртински такт, треба да направиш две движења. Надолу до висина на половината и нагоре, повторно до почетната позиција.  Ако сакаш да2диригираш тричетвртински такт, следи ја следнава шема : надолу – надесно – нагоре.  Повторувај ги континуирано истите движења, давајќи му ритам на оркестарот. Ти диригираш!

3 4

П.И.Чајковски, Танцот на цвеќињата 79


МУУУЗИЧКО СТОЛЧЕ

Активности: За играта ви се потребни столчиња, за едно помалку од бројот на учесници. Кога ќе започне музиката, играјте околу столчињата. Штом музиката ќе престане, седнете на едно од нив. Оној кој нема место да седне излегува од играта, а со него повлекува и едно од столчињата. Победник е оној кој ќе остане последен.

Д. Шостакович, Полка 80


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН

На оваа страница секој ученик може да си го напише датумот на својот роденден. Потпишете се или нацртајте некоја убава желба за роденденот на вашето другарче

“Happy Birthday” – англиска традиционална песна, инструментал 81


ЛЕТОТО ДОАЃА

Ви посакуваме убави летни денови. Играјте, одмарајте, читајте и пејте. Борјан го остави ранецот и истрча надвор, а Мила? Таа се поднасмеа и силно извика: -Распуууст, летото доаѓа! А нивните летни доживувања?! Ќе ги чуете во септември.

А.Вивалди, Лето 82


Лето (по слух)

Лето 83


УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МУЗИЧКИТЕ МАПИ Малиот воз

Хеитор Вила Лобос

Ставете го прстот на местото означено за старт. “Возете го” малиот воз, така што ќе го поместувате кажипрстот од шина на шина, во темпо со музиката. Внимавајте на сите знаци! Многу е важно со внимание да ја слушате музиката. Во неа има многу звуци кои ви кажуваат каде се наоѓате и што можете да видите. Звуците се повторуваат повеќепати во текот на композицијата. Музиката започнува во бавно темпо и постепено се забрзува. Исто така и возот поаѓа од првата станица. На почетокот, ќе ја слушнете свирката на возот, означена и на илустрацијата. Продолжете да се движите во темпото со музиката. По патот ќе ги “сретнете“ берачите на грозје, кои во композицијата се претставени со впечатлива мелодиска линија – “песната на берачите”. Обидете се да ја препознаете. Потоа, ќе го препознаете мукањето на кравите, свирката на возот, а кога ќе го слушнете звукот за испуштање на пареата, значи дека сте блиску до втората станица. Како што возот се доближува до населеното место, така се успорува. Ќе ја препознаете неговата свирка и испуштањето пареа кога влегува во последната станица.

84


Волкот и трите прасиња

Унгарски танц бр. 5 Јоханес Брамс

Во оваа композиција има чести промени на темпото. Прасињата се претставени во брзо темпо, а волкот во бавно. Движете се по патеката по која се движат нашите јунаци, внимателно слушајќи ја музиката и следејќи ги знаците што се дадени на мапата. Започнете од местото обележено со старт. Во стапалките на првото прасенце е напишан бројот 4. Тоа значи дека треба да “тапкате” на таа стапалка додека изброите до 4, а потоа да скокнете на следната. Како се менуваат броевите на стапалките, така вие ќе го менувате движењето на прстот. Крајот на музичката целина е претставен со куќичката од слама, што ја изгради првото прасенце. Продолжете да се движите по патеката. Сега второто прасе се обидува да ја изгради неговата куќичка од дрвца. На третото прасе му оди бавно, бидејќи тој има најтешка задача – да изгради куќа од цигли! Забавете на местото каде што пишува бавно и продолжете да се движите по стапалките, почитувајќи ги запишаните броеви. Кога ќе ги забележите големите стапалки на волкот, движете се во бавно темпо. Прасињата пак се движат брзо, и трчајќи се обидуваат да му избегаат. Менувајте брзо – бавно, се додека не стигнете до крајот. 85


ПРЕГЛЕД НА НОТИТЕ НА КСИЛОФОН

86


ПРЕГЛЕД НА НОТИТЕ НА БЛОК-ФЛЕЈТА

СОЛ

РЕ

87

МИ

ДО

ФА

ЛА


Содржина Вовед

3

СЕ ОКОЛУ НАС Е МУЗИКА

Звуци Добро утро Тонови Развивање на чувството за ритам Музика за добра ноќ Детски музички инструменти Музички активности Звуците на есента

МУЗИЧКИ ПОИМИ

Хор Оркестар Бројалка Темпо Динамика Крешендо и декрешендо Ритам Музичка претстава

4 5 6 8 10 12 14 16

18 19 20 22 24 26 28 29

88


АЈДЕ ДА ЧИТАМЕ МУЗИКА

Долги и кратки траења Четвртина и осмина нота Активно слушање на музика Такт, тактова црта, знак за повторување Тактирање Нагласен и ненагласен дел од тактот Двочетвртински такт Чекориме - маршираме Четвртина и осмина пауза Мелодија Нагорно и надолно движење на мелодијата Нова година Писмо до Дедо Мраз Волкот и трите прасиња

89

30 31 32 34 35 36 37 38 40 41 42 44 46 48


НОТНО ПИСМО

Петолиние Виолински клуч Половина нота и пауза Нотни глави Нота СОЛ Нота МИ Ксилофон Нота ДО Блок флејта Една е мама Трочетвртински такт Народно творештво Нота ФА Нота РЕ Нота ЛА Пееме – свириме Велигден Овчарче мило Корона

50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 62 64 65 66 67 68 70 71

90


МУЗИЧКО ШАРЕНИЛО

Семејство гудачи Музичка граматика Музички лавиринт Ода на радоста Музичка илустрација Компонирам-диригирам Цветен оркестар Мууузичко столче Среќен роденден Летото доаѓа Упатство за користење на музичките мапи Преглед на нотите на ксилофон Преглед на нотите на блок-флејта Содржина

91

72 74 75 76 77 78 79 80 81 82 84 86 87 88



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.