Драг ученику, Те очекуваат нови предизвици на страниците на збирката задачи по математика „Знам и решавам сам“. Таа ќе ги круниса твоите напори, во совладувањето на програмските цели, со радост што ќе ја почувствуваш по секоја точно решена задача. Задачите во оваа збирка се поделени во три тежински нивоа, кои лесно ќе ги откриеш по бојата на квадратињата во кои се запишани редните броеви на задачите. Првото и второто тежинско ниво содржат барања кои произлегуваат од наставната програма, додека во третото тежинско ниво може да најдеш и задачи кои ги надминуваат програмските цели. Тоа ќе ти овозможи да ги прошириш твоите знаења. Ти посакуваме успешна работа. Авторите