ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
E-БИЛТЕН бр.4 Септември 2017
Во овој број ...
1
НОВОСТИ
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
3
ЛЕГИСЛАТИВА
4
ИЗВЕСТУВАЊЕ
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.4 Септември
2017
ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.4 Септември
2017
ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Работилница со цел развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница Програмата за зачувување на природата во Македонија, фаза 2, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а координиран од Фармахем‐Скопје во којшто стратешки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион и 11-те општини од регионот и Македонско еколошко друштво, имплементирачки партнер на ПЗП, на ден 31-ви август 2017 година (четврток), во хотел „Изгрев“ во Штип организираа работилница со цел развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница.Една од главните активности е воспоставување на заштитени подрачја во сливот на река Брегалница. Процесот ќе започне со развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница, преку примена на широки консултативен процес со партиципативно вклучување на локални чинители, а потоа и избор на најсоодветното сценарио. Една од алатките која ќе го олесни одбирањето на вистинското сценарио зазаштитени подрачја е оддржаната работилница со корисниците на ресурси од регионот. Целта работилница беше да се направи анализа на локалните директни корисници на ресурси, самите ресурси, начинот на кој корисниците ги искористуваат ресурсите како и процесите кои водат до промени во регионот на сливот на река Брегалница. На настанот присуствуваа претставници од: јавните претпријатија коишто стопанисуваат со шумите и пасиштата, НВО, рудници, пчелари, асоцијација на земјоделци, фармери одгледувачи на органски производи, ловџии, Швајцарска агенција за развој и соработка, Фармахем‐Скопје, Центарот за развој на Источен плански регион, Македонско еколошко друштво итн.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.4 Септември
2017
ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
1
НОВОСТИ
Работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој ќе се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион. На ден 29-ти септември 2017 година (петок), во хотел „Изгрев“ во Штип Центарот за развој на Источен плански регион организираше работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР. Во рамките на оваа активност за Источниот плански регион ќе биде изготвен Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам. Како прв чекор за спроведување на активноста се утврди потребата од изготвување на Регистар / Листа на постојни документи за туризам на регионално и локално ниво. Како втор чекор за спроведување на активноста се утврди потребата од потполнување на Матриците / Евидентна листа на локална туристичка понуда. БДС (Balkan Development Solutions) заедно со своите експерти работат на изготвувањето на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам. На оваа работилница заинтересираните претставници ги претставија своите резултати, дадоа насоки, и ги прегледаа најважните прашања од регистарот. На настанот присуствуваа претставници од: општините, ЛЕР ооделенија, јавните претпријатија, НВО, хотелиери, тур.агенции, Центарот за развој на Источен плански регион, eксперти до БДС, Македонско еколошко друштво, асоцијации на земјоделци, фармери и останати заинтересирани страни. -
Теми на настанот беа: Вовед во целите и задачите на работилницата, како и на изготвувањето на регистарот; Преглед на листата на туристичката понуда, со дискусија; Квалитативна анализа - оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР и Оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР.
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.4 Септември
2017
ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
2
ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ
ЈАВЕН ПОВИК за Чиста 10-ка“ натпревар за бизнис идеја на Охридска банка за грант од 10.000 евра
Охридска банка организира натпревар за најдобра бизнис идеја во кој можат да се натпреваруваат млади на возраст од 18 до 35 години „Чиста 10-ка“ е иницијатива за промоција и инвестирање во иновативни проекти, идеи и пред сè наменета за студенти и млади луѓе на кои поддршката и финансиската поткрепа им се секогаш добредојдени. Идејата е да се најдат најдобрите и најкреативни млади луѓе и да им се помогне да ја реализираат својата цел, да успеат во бизнис опкружувањето, да градат стабилна средина и да вработуваат други потенцијали. Идејата треба да биде реално остварлива, а може да конкурираат поединци или тимови со максимум 4 учесници. Најдобрата идеја ќе добие грант од банката во вредност до 10.000 евра за остварување на тој бизнис како и поддршка од банката во идните чекори од неговата реализација. Аплицирањето е отворено до 22 октомври, а апликантите по поднесувањето на апликацијата ќе поминат и процес во кој ќе одговорат на серија прашања поврзани со нивната бизнис идеја. Јавниот повик е отворен до 22-ри октомври 2017 година. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://inovativnost.mk/2017/10/04/%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0-10%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b7%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%81%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d1%98%d0%b0/
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.4 Септември
2017
ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Одлука за издавање на краткотрајна позајмица на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Македонски железници Транспорт АД-Скопје. Службен весник на Република Македонија, Број 136, од 26 септември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за структурата, организацијата и реализацијата на специјалистичкиот испит. Службен весник на Република Македонија, Број 135, од 26 септември 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk) Објава за стапката на трошоците на живот и платите за месец август 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 135, од 26 септември 2017, (www.slvesnik.com.mk)
вторник
Одлука за доделување на Државната награда „11 Октомври“ во 2017 година, за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 134, од 22 септември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Службен весник на Република Македонија, Број 132, од 20 септември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk)
Закон за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина. Службен весник на Република Македонија, Број 132, од 20 септември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk)
Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија. Службен весник на Република Македонија, Број 132, од 20 септември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk) Закон за изменување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Службен весник на Република Македонија, Број 132, од 20 септември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
Месечен E-БИЛТЕН бр.4 Септември
2017
ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ЛЕГИСЛАТИВА
3
Правилник за начин на одржување на планински патеки. Службен весник на Република Македонија, Број 130, од 18 септември 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 130, од 18 септември 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот на контрола на летање. Службен весник на Република Македонија, Број 129, од 15 септември 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)
Правилник за изменување на Правилникот за вршење на контрола на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност. Службен весник на Република Македонија, Број 128, од 14 септември 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk)
Методологија за спроведување на мониторингот за безбедноста на храната за животните. Службен весник на Република Македонија, Број 128, од 14 септември 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk) План за распределба на меѓународните транспортни дозволи за 2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 127, од 13 септември 2017, среда (www.slvesnik.com.mk) Програма за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи. Службен весник на Република Македонија, Број 120, од 01 септември (www.slvesnik.com.mk)
WWW.INVESTINEASTREGION.MK
2017,
петок
Месечен E-БИЛТЕН бр.4 Септември
2017
ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н
ИЗВЕСТУВАЊА
4
УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2017 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Октомври Рок
Образец
Даночен обврзник
Опис
до 7-ми во ПДДмесецот МИ/ИС
Исплатувач на добивки од посебни игри на среќа (казино, обложувалница и автомат клуб)
Поднесете образец “ПДД-МИ/ИС” преку следната е-пошта info.nis@ujp.gov.mk, за исплатените приходи - добивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка за претходниот месец.
до 10-ти во МПИН месецот
Работодавaчи
Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
Фирми
Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона).
Фирми и граѓани
Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 15-ти МДБ Октомври
до 25-ти ДДВ-04 Октомври
Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/10
WWW.INVESTINEASTREGION.MK