е-Билтен бр.5 - Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во И

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА И КОНСУЛТАТИВНИ УСЛУГИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

E-БИЛТЕН бр.5 Октомври 2017

Во овој број ...

1

НОВОСТИ

2

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

3

ЛЕГИСЛАТИВА

4

ИЗВЕСТУВАЊЕ

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.5 Октомври

2017

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

БИЗНИС ЦЕНТАРОТ во рамките на Центарот за развој на Источниот плански регион е воспоставен во октомври 2014 година со поддршка на Министерството за локална самоуправа во рамките на проектот: „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор”, со цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на МСП и претприемништвото. Главната цел на Бизнис Центарот е да даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење совети и мерки за поддршка, навремено информирање за отворени повици за аплицирање и различни извори за финансирање на бизнисите и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, што ќе придонесе кон одржлив развој на компаниите во Источниот регион. Бизнис Центарот треба да ги надополни постојните услуги насочени кон бизнис секторот во квалитет – целисходност, применливост и додадена вредност и квантитет – зголемено мени на услуги и опфат на корисници преку лобирање, информирање и вмрежување. Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови, посредување при имплементација на проекти, изработка на анализи и извештаи, организација на промотивни кампањи и настани итн. Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот ! КОНТАКТ Бизнис Центар Центар за развој на Источен плански регион тел. 032/386 - 408 факс. 032/386 - 409 веб: www.investineastregion.mk емаил: bc.ipr@eastregion.mk работно време: понеделник - петок од 08:00 - 16:00 часот

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.5 Октомври

2017

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Јавна презентација на Каталог на реализирани проекти Согласно Договорот за соработка во 2017 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Источниот плански регион, основачи на Центарот за развој на Источниот плански регион, Центарот за развој на на Источниот плански регион изработи Каталог на реализирани проекти за период од 2008-2016 година. За таа цел на 03.10.2017 година (вторник) во хотел Изгрев во Штип се одржа Јавна презентација на Каталогот на реализирани проекти. Каталог има за цел сублимирано да ги прикаже реализираните проекти на Центарот за развој на Источен плански регион за периодот 2008-2016 година. Во Каталогот се опфатени 30 регионални проекти реализирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион во партнерство со општините од регионот, а финансирани во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој . Вкупната вредност на сите проекти изнесува 86.357.926,00 денари, од кои 6.342.344,00 денари се средства како кофинансирање на општините - партнери во проектите. На следниот линк можете да го погледнете http://eastregion.mk/images/proekti/81/katalog%20CRIPR%20final.pdf

WWW.INVESTINEASTREGION.MK

каталогот.


Месечен E-БИЛТЕН бр.5 Октомври

2017

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

1

НОВОСТИ

Втора работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион. На ден 27-ми октомври 2017 година (четврток), во хотел „Изгрев“ во Штип Центарот за развој на Источен плански регион организираше втора работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР. Во рамките на оваа активност за Источниот плански регион ќе биде изготвен Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам. Експертите од БДС (Balkan Development Solutions) работат на изготвувањето на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во соработка со ЦРИПР и општините од регионот. На оваа работилница заинтересираните претставници ги претставија своите резултати, дадоа насоки, и ги прегледаа најважните прашања од регистарот. Воедно се дискутираше за досегашниот процес на мапирање, пристигнатите забелешки и оценки од субјектите во регионот и финализација на нацрт верзијата на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам. На настанот присуствуваа претставници од: општините, ЛЕР ооделенија, јавните претпријатија, НВО, хотелиери, тур.агенции, Центарот за развој на Источен плански регион, eксперти до БДС, асоцијации на земјоделци, фармери и останати заинтересирани страни. -

-

Теми на настанот беа: Вовед во целите и задачите на работилницата, како и на изготвувањето на регистарот; Дискусија за досегашниот процес на мапирање, пристигнатите забелешки и оценки од субјектите во регионот; Квалитативна анализа - оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР и Оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР.

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.5 Октомври

2017

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЈАВНИ ПОВИЦИ И ОГЛАСИ

2

ВТОР ПОВИК За доделување грантови во рамките нa ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO) Референтен број IPA2/GS-02 број IPA2/GS-02 Овој повик за поднесување предлог проекти е наменет за обезбедување поддршка на мали (грасрутс) организации, кои работат на локално ниво односно иницијативи предложени од нив кои придонесуваат кон примена во пракса на принципот на партнерство на ИПА 2. Како резултат на поддржаните активности, секој апликант се очекува да предложи локална иницијатива преку два типа на грантови кои ги овозможува овој повик: 

А. Вмрежување на актери од граѓанското општество – Поддршка на граѓански организации за спроведување иницијативи во рамките на граѓанското општество, преку меѓусебно вмрежување на актерите од граѓанското општество Б. Синергии и вмрежување со засегнати државни и недржавни чинители – Поддршка на граѓански организации во постигнување синергии и вмрежување со засегнати државни (општини, подрачни единици на министерства и останати институции на локално ниво) и не – државни чинители (бизниси, синдикати, медиуми, итн). ЦЕЛИОТ ПОВИК ТУКА

РОКОВИ: Доставување на апликации: од 25 октомври до 26 ноември 2017 г. Поставување на официјални прашања на електронска пошта со наведен референтен број IPA2/GS-02 до20 ноември 2017 г. Објавување на поддржаните проекти: до 15 декември 2017 г. Спроведување на активностите: 1 јануари 2018 г. до 30 јуни 2018 г. Повеќе информации за повикот на следниот линк http://www.ipa2cso.mk/втор-повик-за-доделување-грантови-во-р/

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.5 Октомври

2017

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЛЕГИСЛАТИВА

3

 Правилник за начинот на обезбедување на финансиската помош за исплата на минимална плата. Службен весник на Република Македонија, Број 138, од 2 oктомври 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk) Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација и начинот за стекнување квалификувано учество во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво и друштво за застапување во осигурување. Службен весник на Република Македонија, Број 138, од 2 oктомври 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина. Службен весник на Република Македонија, Број 140, од 4 oктомври 2017, среда (www.slvesnik.com.mk) 

 Одлука за назначување на Национален комитет за олеснување на трговијата Службен весник на Република Македонија, Број 140, од 4 oктомври 2017, среда (www.slvesnik.com.mk) Програма за изменување на Програмата за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 140, од 4 oктомври 2017, среда (www.slvesnik.com.mk) 

 Програма за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2017/2018 година. Службен весник на Република Македонија, Број 140, од 4 oктомври 2017, среда (www.slvesnik.com.mk) Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 145, од 12 oктомври 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

Објава за движењето на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец септември 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 145, од 12 oктомври 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

 Решение за ставање во примена на базата на податоци од дигиталните катастарски планови. Службен весник на Република Македонија, Број 146, од 13 oктомври 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.5 Октомври

2017

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ЛЕГИСЛАТИВА

3

Решение за впишување на здружение во Регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Службен весник на Република Македонија, Број 147, од 16 oктомври 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата. Службен весник на Република Македонија, Број 147, од 16 oктомври 2017, понеделник (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло. Службен весник на Република Македонија, Број 148, од 17 oктомври 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk) 

Програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 148, од 17 oктомври 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk) 

Методологија за изменување на Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите. Службен весник на Република Македонија, Број 148, од 17 oктомври 2017, вторник (www.slvesnik.com.mk) 

Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 149, од 19 oктомври 2017, четврток (www.slvesnik.com.mk) 

Решениe за продолжување на важноста на решението за стекнување на привремен статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Службен весник на Република Македонија, Број 150, од 20 oктомври 2017, петок (www.slvesnik.com.mk) 

 Програма за изменување на Програмата за научно-истражувачката дејност за 2017 година. Службен весник на Република Македонија, Број 157, од 27 oктомври 2017, петок (www.slvesnik.com.mk)

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Месечен E-БИЛТЕН бр.5 Октомври

2017

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ Р Е Г И О Н

ИЗВЕСТУВАЊА

4

УЈП ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ОБРАСЦИ КОИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО МЕСЕЦ НОЕМВРИ 2017 ГОДИНА ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Обрасци кои се поднесуваат во месец Ноември Рок

Образец

Даночен обврзник

Опис

до 7-ми во месецот

ПДДМИ/ИС

Исплатувач на добивки од посебни игри на среќа (казино, обложувалница и автомат клуб)

Поднесете образец “ПДД-МИ/ИС” преку следната е-пошта info.nis@ujp.gov.mk, за исплатените приходи - добивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка за претходниот месец.

до 10-ти во месецот

МПИН

Работодавaчи

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.

до 15-ти Ноември

МДБ

Фирми

Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона).

до 25-ти Ноември

ДДВ-04

Фирми и граѓани

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

Повеќе информации на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/kalendar/pregled/mesec/11

WWW.INVESTINEASTREGION.MK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.