Археолошко - туристички павилјон
БАРГАЛА
БАРГАЛА (Општина Карбинци) Баргала дефинитивно е еден од најподатливите археолошки локалитети на Балканот. Влегувањето низ големата порта на овој доцноантички град за секој посетител го означува почетокот на едно патување во кое тој и самиот станува дел од историјата на ова магично место. Својот процут го имала во периодот од IV до VI век кога важела за силен црковен, културен и економски центар на просторот на средниот тек на реката Брегалница.
Објектот изобилува со богата архитектонско-декоративна скулптурна и мермерна пластика. Според археолошката евиденција која се вклопува со историските извори кон крајот на VI и почетокот на VII век, градот страда при аварословенската инвазија на Балканот. Сакралните и другите објекти на градот се делумно или целосно разурнати, меѓутоа животот на овој простор не замира. Во градот подоцна никнува една од најзначајните средновековни населби. Сведок за тоа е раносредновековната црква „Св. Ѓорги“.
Стариот објект „Конак“ се наоѓа во склоп на Археолошкиот локалитет Баргала. Граден е во педесетите години од минатиот век за потребите на првите археолошки истражувања. Објектот беше целосно руиниран, само со остатоци од масивните камени ѕидови од старата градба. Со превземените градежни активности со проектот се изврши целосно санирање и реконструкција со што објектот доби нови содржини и функционалност: Трем со скали, предпростор со санитарен јазол и туш бања, сала за проекции и состаноци, сала за музејска поставка, соба за престој и соби за спиење.
Носител на проект: Центар за развој на Источен плански регион T: +389 32 386 408 E: eastregion@rdc.mk www.rdc.mk/eastregion
Партнер на проект: Финансирано од Влада на Република Македонија со Одлука бр. 51-2493/1 за доделување средства за финансирање на прокти за развој на планските региони во 2011 година. Службен весник на Република Македонија 60/2011.
Општина Карбинци Телефон 032 300-300 E: els.karbinci@t-home.mk www.karbinci.gov.mk