EIICM_Macedonia

Page 1

БРОЈ 7 2009

ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА Почитувани, Во седмиот број на електронскиот Информатор на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, остануваме доследни на трендот на најбрзото и најефикасно информирање во однос на бизнис и технолошката соработка во рамки на Европската унија и регионот. Проширете го деловниот делокруг со информациите што ви ги нудиме. Секогаш на самиот праг до вас, Тим на ЕИИЦМ

Ја користиме оваа прилика да ја изразиме благодарноста до нашите досегашни соработнички

Јадранка Аризанковска и Анета Смит- Гулева од Стопанската комора на Македонија, кои не се повеќе дел од нашиот тим, за сиот нивни минат ангажман и придонес во развивањето и работата на ЕИИЦМ. Притоа, им посакуваме бројни успеси во нивните понатамошни кариери.


Информација за стапките на акцизите во ЕУ Во соработка со земјите членки на ЕУ, Европската комисија ја утврди Табелата на акцизи, која ги прикажува важечките стапки на акцизите во земјите членки на ЕУ. Оваа информација ги покрива сите 27 земји членки на ЕУ, и е поделена на три секции: 1. Алкохолни пијалоци; 2. Енергетски производи и Електрична енергија; 3. Производство на тутун. Изменетите изданија на табелата ќе се објавуваат два пати годишно. За повеќе информации може да го посетите сајтот: http://ec.europa.eu/taxation_customs/taxation/excise_duties/alcoholic_beverages/rates/index

Директива за текстил Според директивата 2008/121/ЕК, усвоена во јануари 2009, текстилните производи мора да бидат означени, ако се подготвени за на пазар, за производство или за комерцијални цели. Директивата 2008/121/ЕК бара означување на составот на влакната на текстилните производи. Директивата пропишува проверка дали составот на текстилните производи е во согласност со понудените информации. Сите производи кои содржат најмалку 80% од масата на текстилното влакно, вклучувајки ги суровините, полуизработките, изработките, полупроизводите, полуготовите и готовите производи, се опфатени со оваа директива. Листата на исклучоци е дадена во Анекс III (пример: еднократни артикли,знамиња и слично). Означувањето кое го покажува составот на влакната е задолжително во сите фази на процесот на индустриско производство и во комерцијалната дистрибуција на производите. Имињата и описите на влакната се наведени во Анекс I кој содржи 47 имиња на влакна и нивен опис. Повеќе информации погледнете на: http://ec.europa.eu/enterprise/textile/dir2008_0121.htm

Објавени повици за доставување понуди за јавни набавки 1. Краток опис на предметот на набавката: Општината Ќустендил објавува отворен повик за доставување понуди од компании за набавка на градежни материјали за потребите на ЈП Чистота од Ќустендил и тоа: битумен (вискозен), битуменска емулзија за изградба на патишта, интертни материјали, песок, камено брашно и други градежни материјали. Наведените материјали се доставуваат периодично, врз основа на потребите на градителот, а во рамки на финансиските средства за 2010 година од буџетот на Општината.

Постапката за претходно информирање за објавувањето на јавниот повик за набавка е објавена на 28.02.2009 година. Податоци за набавувачот: Општина Ќустендил, плоштад Велбъжд бр.1, 2500 Ќустендил Лице за контакт: Маргарита Димитрова Тел.+359 78551166-234 Факс: +359 78551004 E-mail: obshtina@kyustendil.e-gov.bg


Предмет на отворениот повик: Набавка, согласно општите услови за набавка Централно место за реализација на предметот на набавката: Франко складова база - село Николичевци, Општина Ќустендил

За дополнителни информации за условите и документите потребни за учество на тендерот обратете се во Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија. 2. Краток опис на предметот на набавката: Министерството за одбрана на Република Словенија објавува отворен повик за доставување понуди за набавка на месо и месни производи, што ќе се врши периодично, во зависност од потребите на набавувачот.

Повикот за доставување на понуди е отворен на 28.02.2009 година, а рокот за доставување на понудите е 9.4.2009 - 12:00 часот. Понудата треба да биде доставена на словенечки јазик. Критериум за избор на најповолем понудувач: најниска цена на предметот на набавката Податоци за набавувачот: Министерство за одбрана, Љубљана, Војкова цеста 55 Тел. +386 12305225 / 14319035; Факс: +386 14711730 / 14319035. E-mail: javna_narocila@mors.si. Веб-страница на набавувачот: www.mors.si Предмет на отворениот повик: набавка, согласно општите услови за набавка Централно место за реализација на предметот на набавката: Љубљана

БИЗНИС И СОРАБОТКА Актуелни профили на компании заинтересирани за бизнис и соработка И.Б. 20081215024 Kипарска компанија, специјализираа за производство на производи за здравје и убавина, бара деловни партнери. Производите на оваа компанија неколку пати биле номинирани за светски најиновативни производи. И.Б. 20080724019 Шпанска градежна компанија бара партнери за заеднички вложувања, кои имаат капацитет и искуство за изведба на јавни градежни работи и проекти, но и за оптимизирање на изведбата на проектите во согласност со распложливоста на ресурсите. Компанијата користи истрауважње и развој, применети на опремата како и над управувањето и контролата на проектите.


И.Б. 20081215034 Италијанска компанија, производител на медицинска електрo-опрема и апарти за естетски корекции со ЕC ознака, бара дистрибутери во странство. Компанијата има долгогодишно искуство во полето на медицинската естетика и нуди иновативна опрема, која лесно се користи и која има долг рок на амортизација. И.Б. 20090116005 Чешка компанија со долга произвоствена традиција, специјализирана за изработка на производи од лиено железо (за изградба на улици, автопати, капаци за одводни канали и решетки за јами, како и огради и клупи од лиено железо за паркови и градини, делови за земјоделски машини и велосипеди) ги нуди своите производствени капацитети и бара партнери за реципрочно производство и трговска соработка. Компанијата поседува сертификат CSN EN 124, и како производител е позната и призната во производството наменето за објекти од долгата референтна листа. И.Б. 584 Британска компанија, производител, снадбувач и монтажер на спортски и безбедносни детски подиуми за игра, бара трговски посредници и/или партнери за франшиза. На потенцијалните партнери компанијата им нуди обука за инсталирањето на своите производи, како и асистенција при воспоставувањето на пазарот за овие производи. И.Б. 20081007017 Британски добавувач на квалитетни преносни климатизери, кулери на вода, вентилатори и греачи, бара трговски агенти, дистрибутери и претставници за Југоисточна Европа. Партнерите можат да сметаат на негова целосна поддршка, во смисла на доволни залихи на производите и на потребни резервни делови. И.Б. 20081215034 Италијанска компанија, која работи со голем производител на механички компонети со висок квалитет и технолошки стандарди, бара купувачи за своите производи. Основната одлика на компанијата е што воспоставува партнерски релации со своите потрошувачи, обезбедувајќи им високо квалитетни услуги, со што придонесува во создавањето поголема додадена вредност и при тоа на потрошувачите им обезбедува висока гаранција на квалитетот на услугите. И.Б. 20081024008 Компанија од Велика Британија, која е официјално лиценцирана од страна на Вилијамс Формула 1, за производство и дистрибуција на авто-козметика, вклучително хемикалии, галантериски и друг вид додатоци, бара партнери за дистрибуција на своите производи во сите земји на ЕУ. Поседува серификат за квалитет ISO 9000. Основната предност која оваа компанија може да им ја овозможи на своите потенцијални партнери е ексклузивното право на продажба на високо квалитетнии производи под брендот на Вилијамс Формула 1 тимот. Дополнително, компанијата во блиска иднина планира лансирање на нов производ за полирање на авомобили со петгодишна гаранција. И.Б. 339 Грчка компанија бара партнери за трговско посредување, барање нови или алтернативни снадбувачки канали или за заедничко вложување, а произведува иновативни и специјално дизајнирани електромеханички/електронски системи за индустријата. Компанијата за возврат нуди целосна партнерска поддршка (од нарачката до пост-продажбата) и квалитет на производите според стандардот ISO 9001.

Дополнителни информации и лице за контакт: Велимир Стојковски, тел: +389 2 3293 204, velimirst@ukim.edu.mk


TЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Aктуелни профили на компании заинтересирани за технолошка соработка Машина за континуирано собирање на овошје (Реф.бр. 08 DE 0957 0IJR) Германско претпријатиe нуди машина за континуирано собирање на овошје, без потреба од застанувања помеѓу процесите на берење и транспортирање. Концептот на машината е замислен како човек-машина, при што берењето и возењето се во еден чекор. Управувањето се врши електро-хидраулички преку специјален механизам. Компанијата бара партнер за комерцијален договор со техничка подршка или договор за лиценца. Иновативни предности: - Само еден оператор; - Континуран процес на собирање; - Паралелна дистрибуција на бербата кон друго возило (кое се движи паралелно со машината); - Операторот, седејќи, може да ги спроведува и контролира сите функции од кабината; - Трансоформирање од работна машина во возило за траснпорт за 2 минути; - Употребливост на машината и во најпроблематични предели; Автоматизирана притисна плоча за офсет печатење (Реф.бр. 08 DE 0957 0IL4) Германски истражувачки институт има развиено притисна плоча за офсет печатење која е автоматизирана. Плочата се користи со 5 бои на снабдување офсет систем. Плочата овозможува прецизно позиционирање помеѓу сликата и плочата (2 µm), овозможено од вградена камера и три оскен систем на корекција. Институтот бара партнери од областа на печатење за комерцијален договор со техничка подршка. Иновативни предности: - Намалување на притисок за оставање на печатен отисок; - Прецизно нанесување на отисок, а со тоа намалување на грешки и корекции во печатењето; - Намалување на грешки при варијации на димензии на печатење; - Монтажен калибратор на цилиндар за печатење; Уред за местење и имобилизација на екстремитети под агол

(http://www.wipo.int/pctdb/en/wo.jsp?IA=HR2007000015&WO=2008020254&DISPLAY=STATUS) Хрватска иноваторка нуди своја иновација за терапевтска имобилизација и местење на екстремитети под агол. Уредот е двофункционален, прилагодлив и со можност за повторна употреба, кој помага при оптимално заздравување (без хируршка интервенција) на комплексни фрактури и други повреди на екстремитетите. Иноваторката е заинтересирана за потенцијален купувач на патентните права.

Дополнителни информации и лице за контакт: Миле Шошевски, тел:+389 2 3077 008, 3092 813, mile@mir.org.mk


ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

Ректор проф. д-р Велимир Стојковски Претседател на конзорциум на ЕИИЦМ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Доц. д-р Виктор Стојмановски проект менаџер Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: +389 (0)2 3293 204 Факс:+389 (0)2 3293 202 viktor@mf.edu.mk Maja Tасева заменик проект менаџер – бизнис и соработка Ул. Никола Вапцаров бр. 7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3120 132 Факс: ++389 (0)2 3135 494 maja@apprm.gov.mk Габриела Костовска заменик проект менаџер – трансфер на иновации, технологии и знаење Фондација М.И.Р. Ул. Ристо Равановски 15А, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3077 008; + 389 (0)2 3092 813 gabriela@mir.org.mk Доц. д-р Трпе Ристовски заменик проект менаџер – истражување и развој Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Факултет за ветеринарна медицина – Скопје Ул. Лазар Поп-Трајков 5-7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3240 700 Факс: +389 (0)2 3114 619 tristoski@fvm.ukim.edu.mk

http://ec.europa.eu/enterprise-europe-network http://www.eiicm.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.