2 minute read
Stefan Mitikj, Hit in the Marrow
from Airport Road 13
Удар во сржта Стефан Митиќ
Навикнати сме да живееме по свој терк, мислејќи само на себе, независни, а припиени еден до друг. Во денешно време, еден глобален „удар“ врз човештвото, ги натера луѓето да мислат едни на други.
Наоѓајќи се во една од најпогодените земји од Ковид-19, се прашувам кога како луѓе ќе бидеме рационални? кога ќе размислуваме со чиста глава и ќе се трансформираме од пасивни во активни? Кога ќе преземеме одговорност за нашите постапки?
Часовникот отчука 18:00, Само што ја завршив вечерата, и наеднаш се сепнав. Не можам да го напуштам домот, па веднаш се враќам на работа.
Спроти мојот прозорец, слушам детски џагор што згаснува, монети што во брзање паѓаат од џебовите на земја, стапки што чекорат за последен пат денеска. Започна полицискиот час.
Индивидуализам за доброто на колективот или колективизам за индивидуалното добро?
Hit in the Marrow
Stefan Mitikj
We’re used to living in our own way, thinking solely of ourselves, independent, yet reliant on one another. In modern times, a global shock played a key part in making humanity think about each other.
Finding myself in one of the hardest hit countries in the world due to Covid-19, I cannot stop asking myself: when will people become rational? When will we think with a clear head and transform from passive to active citizens? When will we assume responsibility for our actions?
The clock has just struck 6:00 PM, I am finishing my dinner and I am suddenly startled. I cannot leave my home, so I go back to finish my homework.
I can hear through my open window children’s clatter fading away, coins that fall from pockets to the ground due to hurry, steps that are walking for the last time today. The curfew has started.
Individualism for the good of the group or collectivism for individual benefit?
Прашањето е сега.
Пандемијата полека ни ги отвора очите, и удира во сржта, каде најмногу боли –ги погодува најблиските.
Како да ја пронајдам човечноста во другите, кога никој не се грижи за себе, а не па за тој до него?
И кога ќе се прашам „Што можам да знам?“ Не сакам, како што вели Имануел Кант, само да го познавам природниот свет, туку сакам и да ги откријам најдлабоките тајни на метафизиката.
И кога ќе се прашам „Што треба да правам?“ не сакам, како што вели Кант, само јас да дејствувам рационално, а другите да не го почитуваат универзалниот морален закон.
И кога ќе се прашам „На што можам да се надевам?“ не сакам, како што вели Кант, само да се надевам дека нашите души ќе бидат бесмртни, сакам навистина да се случи тоа.
That is the most pressing question.
The pandemic has slowly opened our eyes, and hit the marrow, where it hurts the most –it strikes the ones closest to us.
How can I find the good in humanity, when no one takes care of themselves, let alone the people next to them?
And when I ask myself "What should I know?" I do not want, as Immanuel Kant says, just to figure out the natural world, but I also want to discover the deepest secrets of metaphysics.
And when I ask myself "What should I do?" I do not want, as Kant says, only to act rationally, while others do not obey the universal moral law.
And when I ask myself, "What can I hope for?" I do not want, as Kant says, just to hope that our souls will be immortal, I want that to actually happen.