Удар во сржта Стефан Митиќ Навикнати сме да живееме по свој терк, мислејќи само на себе, независни, а припиени еден до друг. Во денешно време, еден глобален „удар“ врз човештвото, ги натера луѓето да мислат едни на други. Наоѓајќи се во една од најпогодените земји од Ковид-19, се прашувам кога како луѓе ќе бидеме рационални? кога ќе размислуваме со чиста глава и ќе се трансформираме од пасивни во активни? Кога ќе преземеме одговорност за нашите постапки? Часовникот отчука 18:00, Само што ја завршив вечерата, и наеднаш се сепнав. Не можам да го напуштам домот, па веднаш се враќам на работа. Спроти мојот прозорец, слушам детски џагор што згаснува, монети што во брзање паѓаат од џебовите на земја, стапки што чекорат за последен пат денеска. Започна полицискиот час. Индивидуализам за доброто на колективот или колективизам за индивидуалното добро?
44