Esport78

Page 1

Број 78 I МАј 2011

вно и з у л к с к Е ни на

Сите тај шампион т о и к с п о р в е

Том Тибодо Министер за одбрана во НБА

Бесмртна формација 4-4-2 како вечен тренд

Лига на шампионите

Вембли 2011 „ Пеналите како решение на Фергусон

Црвена Звезда 1990/91

Најуспешната

а н з а к и р п а балканск Мај 2011 100 ДЕНАРИ


58

содржина

Пробивот на Шахтар Рудник за успеси

MAJ 2011

3

КОМЕНТАР

8

Фото на месецот

СТАРТ

Паоло Малдини Леброн Џејмс Пјерлуиџи Колина

10 топ 10

Репрезентации со вишок квалитет

20 Црвена Звезда 1990/91

Најуспешната балканска приказна

30 Тактика

4-4-2 како вечен тренд

32 Загубени таленти

Несудени кралеви

44 Финале на Лига на шампионите Лондонско дежа ви 48 Спортска исхрана Невидлив тренинг 52 Претседателски избори во ФИФА Последниот танц на Блатер? 56 Финалето се пресели во Прилеп На „Филип Втори“ репрезентацијата

на прво место

58 Пробивот на Шахтар Рудник за успеси 62 Фото-приказна Кошаркарска магија 64 НБА Министер за одбрана 66 Inside Фудбалски увоз-извоз 68 Face to face Агуеро Vs. Роси 70 Формула 1 Тројна круна

32

Загубени таленти Несудени кралеви

постер

МЕГА ПОСТЕР

Дарко Панчев Новак Ѓоковиќ

62

Фото приказна Кошаркарска магија


44

Финале на Лига на шампионите Лондонско дежа ви

64 НБА

Министер за одбрана

52

Претседателски избори во ФИФА Последниот танц на Блатер?

20

Црвена Звезда 1990/91 Најуспешната балканска приказна


Фото вест AP Photo/ Oliver Lang – Dortmund, Germany

Слатка титула Навивачите на Борусија Дортмунд не ја пропуштија можноста да го одбележат освојувањето на титулата во германското фудбалско првенство со обезбедување на „сувенир“ од стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Најверните фанови на „милионерите“ влетаа на теренот веднаш по завршувањето на средбата од последното коло против Ајнтрахт Франкфурт, а тој на фотографијата беше задоволен и од вкусот на тревата. Борусија ја освои својата седма шампионска титула и тоа по пауза од речиси една деценија, односно по сезоната 2001/02. Талентираната генерација предводена од младиот тренер Јирген Клоп доминираше во текот на целата сезона, забележа 23 победи и само 5 порази, а следната сезона по подолго време се враќа и во Лигата на шампионите која ја освои во 1997-та. Покрај Нури Шахин кој веќе потпиша договор со Реал Мадрид, Борусија во своите редови ги имаше и четвртиот најдобар стрелец во лигата (Лукас Бариош-16 гола) и вториот најдобар асистент (Марио Геце-15 асистенции).

8 ESPORT мај 2011


Заврши 35-годишниот пост

Манчестер Сити долго чекаше за конечно во оваа 2011 година да го освои првиот клупски трофеј по цели 35 години. Избраниците на Роберто Манчини го победија Стоук во финалето на Ф.А-купот, а италијанскиот тренер ќе добие премија од 1 милион фунти.

Обрадовиќ за историја

Жељко Обрадовиќ го одведе Панатинаикос до нова европска титула, а себеси се промовираше како нов рекордер откако ја освои осмата европска клупска круна. Српскиот стручњак го имаше 12-тиот настап на фајнал-фор турнирите на Евролигата, а освои барем по една титула со четири различни екипи.

Италијанска трагедија

Некогашниот италијански шампион Сампдорија следната сезона ќе мора да игра во италијанската Серија Б. Клубот од Џенова во 1992 година играше во финалето на тогашниот Куп на европските шампиони, а сега по катастрофалната сезона, фудбалерите со солзи во очите мораа да се соочат со суровата реалност и идниот второлигашки статус.

мај 2011 ESPORT 9


Милорад Стојмановски

milorad.stojmanovski@esport.com.mk

Наташа Македонија ретко има шанса да се радува на европско злато во сениорска конкуренција. Тој факт го прави уште повеличествен моментот на интонирање на македонската химна на Европското карате првенство во Цирих, Швајцарија, посветено на кратовчанката Наташа Илиевска. Наташа ја круниса својата кариера, качувајќи се највисоко на пиедесталот. Освоеното сребро пред две години докажува дека успесите не се случајни. Таа посакува да не запре тука, туку и да јуриша на најблескавото одличје и на светскиот карате самит. Емоции ја совладаа 28-годишната Илиевска на прес-конференцијата по постигнатиот успех. Заедно со тренерот Мирче Јанушев не можеа да ги сокријат солзите-радосници. Успехот го градеше макотрпно уште од својата 12-та година, кога почна да се занимава со каратето. Имаше и кризи, но храбро ги надмина и се искачи на Мон Блан со кимоното кое памети и повреди и навреди, и потценувања, и тапкање по рамо... Сепак, Наташа имаше среќа да се совпаднат коцкичките од мозаикот во плодните денови за карате-спортот во Македонија. Со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, чиј стипендист е, како и на Македонската карате федерација, таа имаше можност да го "испече" медалот на силните три турнири што претходеа на Европското првенство. Таму си ги измери силите со најдобрите, се увери дека може, а стручната работа на селекторот Бошко Заборски даде резултати. Ангажираа и психолог, па интелектуалецот Наташа (постидипломец) ја засили самодовербата дека е дојден моментот за победа и во финалето на ЕП. Сега сите врати и се отворени, со оглед на тоа дека е во зрелите години за еден спортист, пред кого претстојат уште шанси за збогатување на витрината со трофеи, се разбира ако се продолжи по вистинскиот пат. Наташа треба да биде стимул за сите млади каратист(к)и, кои сега ја почнуваат кариерата да се истрае пред сите искушенија, модринки, ниски удари и патувања со сендвичи. Во Наташа, но и во браќата Сашко и Жарко Арсовски, имаме потенцијал за уште медали, кои треба да повлечат цела една генерација млади и амбициозни спортисти на татамито. Благодарејќи на континуитетот во работата на два силни спонзора што ги поддржуваат двата најсилни карате клубови кај нас - Металург и Макпетрол, но и правилната политика на Македонската карате федерација да се шири лепезата клубови низ целата Република со 20 ESPORT мај 2011

стимулирање за работа со млади категории, добрите резултати во овој спорт веќе подолго време имаат континуитет. Поттик за челниците да опстојат на таа линија и да ги остават зад себе лошите денови на поделби во македонското карате, спорт со традиција на овие простори.

Наташа треба да биде стимул за сите млади каратист(к)и, кои сега ја почнуваат кариерата да се истрае пред сите искушенија, модринки, ниски удари и патувања со сендвичи. Во Наташа, но и во браќата Сашко и Жарко Арсовски, имаме потенцијал за уште медали, кои треба да повлечат цела една генерација млади и амбициозни спортисти на татамито


Просинечки

Радиновиќ

Биниќ

Југовиќ Најдоски

Петровиќ

Стојановиќ

Белодедиќ

Најдоски

Маровиќ

Радиновиќ

Југовиќ

Михајловиќ

Савиќевиќ

Просинечки

Биниќ

Панчев

Стојановиќ

Белодедиќ Панчев Михајловиќ Савиќевиќ

Маровиќ

Резерви: Јовановиќ, Калуџеровиќ, Василијевиќ, Шабанаџовиќ, Јуриќ, Момчиловиќ, Тошиќ, Стошиќ, Лукиќ Тренер: Љупко Петровиќ

Црвена Звезда 1990/91

Најуспешната

балканска

приказна

Европската титула на Црвена Звезда од 1991 година уште долго ќе остане најголем фудбалски успех на овие простори. Шест првотимци од шампионската генерација ексклузивно за Еспорт говорат за незаборавната сезона

С

портот беше веројатно најголемиот амбасадор на поранешна Југославија, но и најголем губитник од нејзиното распаѓање. Ова посебно важи за фудбалот, или таму каде што отсекогаш постоел талент и потенцијал, но токму во 1990-те години се чувствуваше дека доаѓа времето во кое ќе бидат направени и конкретни резултати, односно освоени првите големи трофеи. Неколкуте пропуштени шанси

во историјата на европските купови од екипите членки на големата четворка (Ц.Звезда, Партизан, Динамо, Хајдук) беа надополнети со неколку несреќни порази на националниот тим на светските и европските првенства, односно последниот на пенали во четврт-финалето на мундијалот во Италија во 1990 година. Со оглед на фактот што Југославија остана без својот заслужен пласман на Европското во Данска две години подоцна, пробивот

Мај 2011 ESPORT 21


Тактика

Бесмртната формација во модерна верзија

4-4-2 како вечен тренд Без разлика како ќе се одвива фудбалската еволуција, формацијата 4-4-2 ќе ја задржи улогата на убиец во хорор филм – никогаш нема да умре

О

дредени натпревари ја менуваат фудбалската историја. Во април, 2000 година, Манчестер јунајтед во четврт-финалето на Лигата на шампионите одигра реми без голови на гостувањето против Реал Мадрид, што во тие моменти се чинеше како одличен резултат пред реваншот. Но, на „Олд Трафорд“, домашната публика беше шокирана од брзото водство на Реал со 3:0, па и покрај двата гола на Манчестер до крајот, 3:2 беше доволно за елиминација на актуелниот европски шампион. Алекс Фергусон порача дека неговата екипа никогаш повеќе нема да игра толку отворено и реши да постави формација со само еден класичен напаѓач. По тешките сезони со Хуан Себастијан Верон во екипата, оправдувањето дојде со пласманот во две финалиња по ред во 2008 и 2009 година. Триумфот на Реал над Манчестер на гостински терен често беше погреш-

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

30 ESPORT мај 2011

но интерпретиран како победа на шпанскиот талент над англиската упорност. Реално, таа вечер Манчестер немаше среќа иако играше многу добро. Ако играњето со рака покрај гол-линијата на Аитор

Триумфот на Реал над Манчестер често беше погрешно интерпретиран како победа на шпанскиот талент над англиската упорност Каранка во првото полувреме беше санкционирано според правилата, со пенал и црвен картон, веројатно натпреварот ќе имаше поинаков тек. Иако овој натпревар можеше да се најави и како дуел на две квалитетни екипи од кои едната ги искористила своите шанси, одредени работи

Vs.

наговестуваа дека се работи за дел од утврдена шема. Во 1997 година, Манчестер загуби 1:0 на гостувањето кај Борусија Дортмунд во првиот дуел од полуфиналето, а на реваншот контролата на теренот беше комплетно загубена по постигнатиот брз погодок на гостите и помислата дека за пласман во финалето треба да се постигнат најмалку три гола. Следната година, Манчестер извлече 0:0 на гостувањето против Монако, но по голот на Давид Трезеге за водство од 1:0 на тимот од кнежевството во Англија, до крајот Јунајтед само израмни и доживеа нова елиминација. Сеќавањата на тие неколку натпревари беа освежени по првиот дуел од осмина-финалето меѓу Олимпик Марсеј и Манчестер јунајтед кој заврши без голови и повторно донесе можност за горчлив вкус од правилото за гол на гостински терен. Не е чудо што како и голем број други англиски клубови, Манчестер

МАРСЕЈ • 15.03.11 ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ


Можеби не се подобри, но сигурно можат да им конкурираат на скапите ѕвезди кои се дел од тимот на Реал. Производите на младинската академија на овој клуб се поретко добиваат шанса да го докажат својот квалитет Додека Британците чекаат времето да покаже дали нивниот нов Крал ќе биде синот на Елизабета Втора, Чарлс или можеби нејзиниот постар внук Вилијам, некои фудбалери на кралскиот клуб Реал Мадрид се соочени со фактот дека и покрај тоа што заслужиле, никогаш не добија шанса во оваа екипа. Цела дузина квалитетни играчи не го исполни својот сон да освојува трофеи со кралевите како легендарните Ди Стефано, Пушкаш, Раул...и својот фудбалски пат мораше да го трасира кон други насоки. Во шпанското првенство има многу големи ѕвезди кои своето знаење пред се го добиле во младинската академија на Реал, но клупската политика на славните „Кралеви“ е таква што во последно време се инсистира на доведување големи странски ѕвезди и се помал простор за своите пулени. Оваа политика е сосема спротивна на таа на Барселона, екипата која во моментов доминира и во Шпанија и во Европа токму благодарение на квалитетите на производите на „Ла Масија“. Навивачите сакаат победи, атрактивен фудбал, трофеи, но на дел од нив им недостасуваат и фудбалери кои цел живот играле во Реал и го носат клупскиот дух во својот карактер. Раул Гонзалес беше последниот вистински претставник на таа филозофија, но неговото заминување во Шалке само ја распламти дебатата дали оваа политика треба да се промени. И покрај признанието за игрите на Роналдо, Озил, Ди Марија, фановите веројатно што побргу сакаат да видат мадридски Чави, Иниеста, Пике и да се врати времето на клупските икони од типот на Раул, Гути, Емилио Бутрагењо, Мичел, Чендо, Себастијан Лосада, Хозе Антонио Камачо, Висенте Дел Боске и Мануел Санчис. Примерот со фудбалерите кои не добиле шанса во Реал, а сега имаат значајни кариери покажува дека Реал можеби погреши што лесно дозволи нивно заминување и индиректно ги засили конкурентските екипи. 32 ESPORT мај 2011

несудени

Кралеви

Роберто Солдадо Период во Реал: 2002-2008 • Актуелен клуб: Валенсија • Позиција: напаѓач • Возраст: 25 години

Најголемиот виновник што Валенсија одлично ја финишира актуелната сезона во Шпанија е Солдадо, поточно неговите голови. Долг период од својата кариера тој беше најавуван како голем талент, па дури и наследник на Раул Гонзалес во Реал, но кога дојде времето да добие вистинска шанса, мораше да се задоволи само со неколку настапи. Солдадо е скаутиран од страна на Висенте Дел Боске кој го промовираше и во најдобар стрелец на вториот тим на Реал, но по преземањето на тренерската функција од Фабио Капело тој решава да оди на заем во Осасуна. По сезоната во која беше најдобар клупски стрелец на екипата од Памплона, се врати во Реал, но за кратко. И покрај тоа што го продолжи договорот до 2012 година, веќе следната година тој заминува во Хетафе, за од 2010-та да се врати во родната Валенсија и да биде ангажиран од истоимениот тим како наследник на Давид Вилја. Солдадо има и два настапи за шпанскиот национален тим, но честите трансфери и недовербата изразена кон него во Реал влијаеа врз неговата форма и тој остана без настап на последното Европско, односно Светско првенство.

Борха Валеро

Период во Реал: 2004-2007 • Актуелен клуб: Вилјареал • Позиција: играч за врска • Возраст: 26 години

Валеро дебитираше во првиот тим на Реал Мадрид во натпревар од шпанскиот куп, но по само една сезона му беше соопштено дека е најдобро да си побара нов клуб. Мајорка беше утешната дестинација за фудбалерот кој во 2008 година стана и најскапиот во трансфер историјата на Вест Бромвич албион (7 милиони фунти), но по краток период реши повторно да се врати на шпанскиот остров. Откако му помогна на овој тим да избори место во Лига Европа (подоцна одземено поради финансиски проблеми), Валеро го дочека веројатно трансферот на својата кариера со кој стана дел од екипата на Вилјареал. Од минатата година тој е еден од најзначајните играчи на екипата од „Ел Мадригал“ и еден од најзаслужните што „жолтата подморница“ стигна до полуфиналето на Лига Европа и меѓу првите четири на табелата во шпанското првенство. Магазинот „Дон Балон“ го прогласи за најдобар шпански фудбалер во Примера за 2010 година.


Дарко Панчев

го изведува победничкиот пенал кој и ја донесе титулата на Црвена Звезда Бари, 29.05.1991

Финале

Куп на европските шампиони 1990/91 Црвена Звезда - Олимпик Марсеј 0:0 (5:3)


Победник на АТП Мастерс турнирот - Мадрид 2011

Новак Ѓоковиќ


e l a n i VsF .

Лига на шампионите La final The final

3 4 21

Квота за шампион 1.50

2

Барселона Формиран: 29.11.1899 Вредност на екипата: 554.000.000 Вредност на клубот: 695.000.000 Годишен приход: 330.000.000

Абидал

Иниеста

Пујол Валдес

Бускетс

Пике

Вилја

Меси

Чави

Педро

Алвеш

Андрес Иниеста

Чави

50

милиони

Лионел Меси

100

44 ESPORT мај 2011

милиони

60

милиони


Т

естенини, пилешко месо, зеленчук и овошје и липов чај за „умртвување“ на гладта. Така отприлика изгледа менито за фудбалерите пред важните натпревари. Фудбалската диета е толку поефективна колку што во исхраната повеќе се вклучени природни производи. Шпанскиот селектор правилната исхрана пред, за време и по натпреварите да ја нарече „невидлив тренинг“. Тој смета дека таканареченото нутрирање или специјалната диета во комбинација со одморањето се најважни за избегнување на лесните повреди, но и оддржувањето на високата форма. Членовите на шпанската репрезентација кои речиси без исклучок играат и во големите шпански клубови не смеат ни да помислат на пржени јајца,

лук и голема количина риба, затоа што тоа е храна која потешко се вари. Вистинската цел при одредувањето на оброците е да се наполнат енегергетските резервоари на фудбалерите, но со што помалку маснотии. Во големите клубови како Барселона и Реал Мадрид секој фудбалер однапред знае што ќе јаде и ниту еден детал не е оставен на случајноста, со што се намалува ризикот од повреди. Главниот оброк е едноставен, храната треба да биде приготвена без сосови и без користење секаков вид масло. На тој начин фудбалерите внесуваат меѓу 2.800 и 3.000 калории, пет пати дневно. Иако тренерот (селекторот) не смее да биде претерано опседнат со тоа што јадат неговите играчи, експертите велат дека 50% од фудбалските успеси се

90-те одиграни минути го празнат резервоарот со гориво на секој поединец

Реж имот на Форлан Напаѓачот на Атлетико Мадрид минатата година го одведе својот клуб до трофејот во Лига Европа, а на Светското првенство беше прогласен за најдобар фудбалер истовремено стигнувајќи со Уругвај до полуфиналето. Неговиот нутриционист Мат Ловел открива дека Диего е голем љубител на овојшето и зеленчукот, а еве го и неговиот дневен режим на исхрана поради кој има одлично тело и секогаш е во одлична кондиција. 8:00 Доручек Форлан: Денот ми започнува со чинија ананас. Го сакам слаткото, а вкусот на тоа овошје ми помага да се разбудам. Потоа јадам сендвич со црн леб заедно со кисело млеко. Понекогаш јадам и јајца со шунка и сирење, но ги избегнувам жолчките. Заедно со сокот од портокал добивам доволно енергија за првиот тренинг. Ловел: Свежиот ананас е одлична храна за фудбалерите. Тој има голема количина на бромелаин – хранлив ензим кој им помага на фудбалерите полесно да ги залечат повредите поради тоа што ги намалува воспаленијата. Освен тоа, ананасот го регулира нивото на крвта во шеќерот. Омлетот е богат со протеини кои помагаат за поспоро трошење на јаглехидратите од лебот, но и за рехабилитација на мускулите. 13:00 Ручек Форлан: По два или три часа на тренинг, време е за ручек. Понекогаш ручам во клупската база, а некогаш во мадридските ресторани со пријатели или семејството. Без разлика каде сум и со кого сум, одбирам тестенини или ориз со пилешко месо. Ако јадам шпагети, задолжително со масло и малку сирење, а ако изборот ми е пилешко месо,тоа е печено, никогаш пржено. Првата варијанта секогаш е подобра. Ловел: Телото ги прифаќа тестенините многу брзо, а истовремено тие помагаат за пополнувањето на испразнетите енергетски резерви во организмот. Пилешкото исто така е лесно сварливо и осигурува протеини кои ги рехабилитираат мускулите по стресот на кој телото е подложен

48 ESPORT мај 2011

за време на тренинзите. Препорачувам по натпреварите да се конзумираат напитоци кои содржат комбинација на јаглехидрати и протеини. На пример, чоколадното млеко е одлична варијанта. 16:00 Закуска Форлан: Во доцните попладневни часови се освежувам со комбинација на портокали и ананас преработени во мојот блендер. Во нив додавам малку вода и лед и така ги конзумирам. Овој оброк е пријатен, посебно во жешките мадридски лета. Нутриционистите велат дека на менито секој ден треба да се вклучени по пет порции овошје или зеленчук. Мислам дека на моето мени има десет вакви оброци. Понекогаш освен овошјето знам да изедам и препечен сендвич. Ловел: Оваа комбинација е полна со витамини и антиоксиданти кои му помагаат на телото да се подготви за следниот тренинг или натпревар. По напорната работа наутро, метаболизмот на Диего работи побрзо и овој оброк му дава дополнителна енергија. Ако додадете и малку протеин, тој исто така ќе помогне во рехабилитацијата. Аминокиселините кои ги содржи помагаат на два начина: го убрзуваат заздравувањето и го засилуваат имунитетот.

21:00 Вечера Форлан: Последниот оброк во денот ми е подоцна навечер. Во Манчестер луѓето вечераат меѓу 17 и 18 часот, но во Мадрид никој не го прави тоа пред 23:00 часот, посебно летно време. Ако сум сам дома, јас вечерам околу 21:00 часот и тоа риба со салата/ Ги обожувам свежите домати и зеленчук приготвен на пареа. Знам дека храната која ја конзумирам е здрава и добра за моето тело и вистински уживам во јадењето. Е, понекогаш знам да изедам и нешто што не е така добро за мојот организам. Преку целиот ден пијам многу вода и не пијам алкохол. Сум пробал во младоста, но тоа беше пред многу време. Ловел: Диего вечера премногу доцна, што не е баш добро, но сепак поминува бидејќи рибата и зеленчукот се лесна храна. Да се конзумира лесна храна во тие часови е клучно, затоа што потешка храна ќе го направи поспор следниот ден. Освен тоа, за време на ноќта телото нема да може да ја потроши натрупаната енергија. Препорачувам навечер да се јаде бела риба во комбинација со брокули и домати.

должат токму на правилната исхрана. Тоа значи дека со оваа проблематика во клубовите и репрезентациите се занимаваат специјално ангажирани нутриционисти кои соработуваат со клупските готвачи. Функцијата на клупски готвач допрва ќе го добива вистинското значење и слично како што порано се гледаше со недоверба кон потребата од кондиционен тренер, со време нема да има фудбалски колектив во кој ќе нема одговорен за нутриционистичката исхрана. Пред финалето на Светското првенство во Јужна Африка меѓу селекциите на Шпанија и Холандија, на менито за шпанските репрезентативци се наоѓале пилешко со ориз или пире, тестенини, кисело млеко или оризово млеко. Експертите велат дека на фудбалерите им препо-


Претседателски избори во ФИФА

Вету вањ ат а на Бин Ха

„Катарецот имаше клучна улога во победата на Сеп Блатер на

ФИФА изборите во 1998 година, но и четири години подоцна кога негов против кандидат беше Камерунецот Иса Ајату

мам

И покрај тоа што нема агресивна кампања и има респектабилен однос кон својот долгогодишен соработник, а сега противник – Сеп Блатер, Бин Хамам бара претседателски мандат врз основа на неколку реформи кои ги ветува Технологија Катарецот ја поддржува технологијата за гол-линиите и проектот на УЕФА за дополнителни судии покрај головите. Финансии Бин Хамам најави дека ќе им издвојува двојно повеќе на сите федерации – членки на ФИФА кои сега добиваат по 250.000 долари. Најави и зголемување на фондот за проектот „Гол“. Администрација Извршниот комитет ќе биде проширен на 40 членови и ќе биде преименуван во „ФИФА борд“, додека истовремено неговото работење ќе биде надгледувано од „Комитет за транспарентност“. Ограничен мандат Дека е доследен на своите зборови, Бин Хамам ќе мора да докаже со најавеното лимитирање на должината на претседателствувањето. Досега немаше никакво ограничување, па тоа Блатер, Авеланж и останатите го искористија за да останат на функција неколку децении, а Катарецот вели дека ќе го ограничи останувањето на функцијата на два мандати, односно осум години. КОНКАКАФ Една од најважните битки двајцата кандидати ќе ја водат во КОНКАКАФ зоната која досега беше верен соработник на Сеп Блатер. За да го добие гласот на сите федерации кои ќе гласаат како еден блок, Бин Хамам очигледно треба да даде некое сериозно ветување. Покрај финансиите, во игра се и едно место повеќе на светските првенства и ветувањето дека ќе биде посветен на развојот на овој фудбалски регион по примерот на азискиот во неговиот претседателски мандат во АФЦ.

т на ФИФА како што аевт е: на Извршниот комите Д али знод една година, членовите рикански долари За период лу 200.000 аме ам заработуваат по око е и Мохамед бин Хам

52 ESPORT мај 2011


беда на Блатер елите очекуваат по тите за претседат кво Обложувалницме ија ед јкери ги одр а ќе го

ави дек тански бук ако Бин Хамам обј Најпознатите бри ворит и во те првиот ден отк ските кандидати уш 1. јуни. Актуелниот претседател е фа на умф на Бин тер три за Бла ека Сеп ка дод , зви 1/3 преди Блатер е тата за победа на аат 9 фунти (9/4). „Вилијам Хил“ кво Хамам за четири вложени се добив

на Блатер? Иако не очекуваше, актуелниот предводник на Светската фудбалска федерација доби противкандидат во ликот на неговиот близок соработник, Мохамед бин Хамам

Н

е само што овозможува голема моќ и влијание, претседателската функција во ФИФА е и докажан бастион на искусните „фудбалски дипломати“ кои до неа не стигнуваат само поради способноста да придонесат за фудбалската еволуција туку и најуспешно да се испазарат со делегатите од 208 членки на светската фудбалска федерација. Актуелниот прв човек на Куќата на фудбалот стационирана во Цирих, Швајцарецот Сеп Блатер веќе има 75 години и не помислува да го ослободи местото за некој помлад колега, туку активно се подготвува за новите избори кои се закажани за 1. Јуни, а на кои тој ќе побара доверба за уште еден (според него последен) мандат. Иако никогаш не бил професионален фудбалер (настапувал за аматерска екипа), Блатер е убеден дека е најдобрата опција за светскиот фудбал и дека неговите години не се пречка да

одработи нов четиригодишен мандат во кои на најпопуларната игра ќе и донесе уште подобри финансиски резултати. Нескромно или не, тој смета дека неговиот ривал, Мохамед бин Хамам не е дораснат за функцијата и дека тој има план со кој ќе ги унапреди сите аспекти на оваа игра. Возраста на Блатер не оди едно со друго со неговата амбициозност, но историјата вели дека и неговите претходници Жоао Авеланж и Стенли Роуз го ослободија „престолот“ со 82, односно 79 години. Катарецот Мохамед бин Хамам смета дека Швајцарецот е во дефицит кога се работи за нови идеи, а тој ќе ги оствари проектите кои јавно ги обелодени во својата кампања. Со оглед на својата позиција и парите со кои располага(ше), Блатер веројатно има предност во базата, односно меѓу националните федерации, но никој не може да тврди дека лесно ќе го победи Бин Хамам. Главна предност

Мохамед Бин Хамам е 61-годишен катарски бизнисмен кој ја извршуваше функцијата претседател на Азиската фудбалска конфедерација од 2002 година и годинава на Азискиот конгрес со акламација доби нов и последен четиригодишен мандат. Тој е член на Извршниот комитет на ФИФА од 1996 година и се смета дека е еден од најзаслужните што неговата земја ја доби организацијата на Светското првенство во 2022 година. Изминатиов период беше прв човек и на комисијата која одлучуваше за распределба на парите за „Гол“ проектот во кој досега се поделени милионски суми за националните федерации низ целиот свет. Мај 2011 ESPORT 53


Работливоста и долгорочниот план на клубот од Доњецк немаше да донесат резултат без инвестициите на Ринат Ахметов кои се реалност последните 15 години

за успеси Сопственик на најскапиот апартман И покрај неверојатното богатство, англиските медиуми многу ретко го споменуваа името на Ринат Ахметов во споредба со тоа на Роман Абрамович. Сопственикот на Шахтар излезе од сенката на рускиот колега по информацијата дека е сопственик на најскапиот апартман во светот кој се наоѓа во „One Hyde Park“ во Лондон. Станот вреди неверојатни 221 милион долари, негов прв сосед е катарскиот премиер, а за обезбедувањето на овој станбен простор се задолжени поранешни припадници на англиските специјални единици САС.

не успеа да освои титула во времето на Советскиот Сојуз (два пати второ место и четири освоени купа), но секогаш имал одлична поддршк од локалните навивачи кои ги ценеле резултатите и секогаш одвојувале дел од својата тешко заработена плата во рудниците и фабриките за да бидат дел од убавата атмосфера на стариот стадион на оваа екипа. Во 1980-те и првиот дел од 1990-те години, Шахтар не успеа да постигне некој забележителен успех, а пресвртот иронично започна по една трагедија. Претходникот на Ринат Ахметов бил убиен откако била поставена бомба под столчето на кое Акатем Брагине следел натпревар на својата екипа и на тој начин богатиот бизнисмен влетува на функцијата како негов наследник и на функцијата која ќе му ја зголеми популарноста меѓу своите сонародници.

В

натрешноста на приватната резиденција на Ринат Ахметов можеби е најголемата тајна во Украина, но жителите на Доњецк нема да му забележуваат за таинственоста на својот најбогат сосед се додека овој им овозможува ретка можност да уживаат во мајсториите на големи фудбалски ѕвезди кои или играат за Шахтар или пак доаѓаат на „Донбас“ арената за да го предизвикаат украинскиот шампион. 100 милиони евра годишен буџет, 12 странски фудбалери, нов ултрамодерен стадион за кого се потрошени околу 400 милиони евра и младинска академија со годишен буџет од 10 милиони евра се параметрите со кои добро се отсликува се што најголемиот украински олигарх го прави за клубот од најрударскиот град во оваа земја, поранешна членка на Советскиот Сојуз. 15 години откако го презема раководењето на Шахтар, Ахметов е „посиромашен“ за 1,5 милијарда евра кои ги инвестираше во клубот, но покрај освојувањето на Купот на УЕФА, екипата годинава стигна и до историски пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Дека парите не се голем проблем за најбогатиот Украинец покажува и фактот што тој за краток период купи рудник во САД за сума од 1,2 милијарда долари и уште една фабрика во Украина за 2 милијарди долари.

Прекината доминацијата на Динамо Успесите на тимот предводен од Мирчеа Луческу носат и голема 58 ESPORT мај 2011

Капиталот на Ахметов Богатството на Ринат Амхетов се проценува на околу 18 милијарди долари, а истото го заработи како прв човек и сопственик на акциите на компанијата „Систем Капител Менаџмент“, холдинг друштво кое е составено од рудници, фабрики за преработка на метали, инвестициски компании, банки и телекомуникациски компании. СКМ е сопственик и на весникот „Сегоднија“, како и на телевизиските канали ТРК Украина и ТРК Спорт. Тука се и неколку хотели со пет ѕвезди кои заедно со останатите сестрински брендови имаат годишен обрт од околу 8 милијарди долари.

лична сатисфакција за Ахметов кој на тој начин извојува и слатки победи против најголемиот бизнисривал, сопственикот на Динамо, Игор Суркис. Не само што Шахтар успеа да ја преземе доминацијата од Динамо Киев, туку и стана првиот украински клуб кој стигнал до четврт-финалето на шампионската лига по 1999 година. Клубот од Доњецк никогаш

Трансфер експлозија

До 2000-та година траеше клупското прегрупирање и подготвување на долгорочниот инвестициски план, за од тие моменти да започне регрутирањето на странски квалитет означено со ангажирањето на Романецот Мариан Алиуца. Подоцна во истиот преоден рок, Шахтар решава да плати тогаш за клубот рекордни 3,3 милиони долари за Нигериецот Џулиус Агахова кој важеше за голем талент во светски рамки, но не успеа да ги исполни очекувањата на скаутите. Сепак, голот постигнат во продолженијата на дуелот против Динамо кој одлучуваше кој ќе ја освои шампионската титула во 2006 година го спаси од тотален крах во кариерата, односно периодот


По Џексон, Тибодо

Министер за Дефанзивниот гуру Том Тибодо означи почеток на нова ера во историјата на Чикаго булс, а резултатите сезонава му го донесоа признанието за најдобар тренер во НБА

Д

олгиот стаж како помошник тренер во неколку НБА клубови, Тибодо го искористи за деноноќно да се дружи со својата животна пасија, играта во одбрана. Од 1989 година, тој влезе во НБА лигата како талентиран стручњак кој сака да се докаже во најквалитетната кошаркарска лига, а дури по повеќе од две децении ја доби првата шанса самостојно да води една екипа. Ни помалку, ни повеќе таа шанса му ја укажа раководството на Чикаго булс, легендарниот тим кој газеше се пред себе во 1990-те години и ерата на Мајкл Џордан. Веројатно клупското раководство се обиде да започне нов циклус во кој Тибодо трпеливо ќе создава нова талентирана екипа и никој не ни помислуваше дека 53-годишниот стручњак ќе го израмни рекордот за најмногу победи во дебитантска сезона на еден тренер. Предводени од Дерик Роуз, Чикаго стигна до скор од 62 победи и 20 порази во регуларниот дел со што за прв пат по Џордановата ера ја освои и првата позиција во својата дивизија. Главно оружје покрај талентот беше играта во одбрана, специјалноста која не носи атрактивна кошарка, но носи резултати, а на тренерот кој манијакално ја практикува му го донесе и признанието „Тренер на годината“.

Дефанзивен гуру

Каде и да беше ангажиран, обично тоа беше по барање на тренерите кои го посакуваа Тибодо во својот стручен штаб. Тоа посебно се однесуваше на Џеф Ван Ганди за кого Тибодо беше вистински „министер за одбрана“, односно човекот кој беше задолжен за подобрување на играта во дефанзива, а со тоа и подобрување на клупските резултати. Тибодо остави најголем 64 ESPORT мај 2011

впечаток при работата со Јао Минг во Хјустон, но пред се додека беше во тимот на Бостон селтикс, екипата која во тој период играше најдобра одбрана и освојуваше НБА титули базирани на таа игра. Без разлика што во речиси три децении тренерска кариера, Тибодо најмногу внимание посветуваше на одбраната, во моментите кога го презема Чикаго мораше да размислува и за играта во напад, односно начинот на кој неговиот тим ќе го искористи талентот и потенцијалот кој несомнено го поседува.

Тренер на годината

Иако заслужи да не биде воошто скромен, при преземањето на признанието за најдобар тренер, Тибодо тврдеше дека заслугите се на целиот тим, а не само негови. Неговото скромно однесување оди во контекст на неговиот карактер кој досега не предизвика атрактивни информации од приватниот живот на кошаркарскиот стручњак кој своето слободно време комплетно му го посветува на кошарката. Но, прашање е дали тренер кој на тимот


најава

број о следниот в г о л и р п н Специјале

Лучијано Моџи се враќа

5

години подоцна

Калчополи Најголемиот скандал е најголемо промашување?



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.