Број 83 I Октомври 2011
Мега постер
Македонска 40 кошаркарска х60 см репрезентација
Дарко Станиќ
Работев како келнер десет дена пред баражот за СП
Фудбалски суеверија
Пливање со крокодили, уринирање на терен, жолтата боја на Арагонес Сите голови на Меси во ЛШ
Фото
прика
зна
рпи Кира Ко
а јн во та ка ош ол их пс би до ја а иј он Макед
Октомври 2011 100 ДЕНАРИ
Inside
а ј и н а в т и л е досКаико Мекејлеб ги измами Грузијците
44
Императорот од Милано Маестро Роко
Октомври 2011
3
КОМЕНТАР
8
Фото на месецот
СТАРТ Мануел Пелегрини Ешли Кол Германија 1966
10 топ 10
Најлојални фудбалери
20 ЕП во Литванија Кошаркарска бајка
21 ЕП во Литванија Алитус-Каунас-Вилнус
27 Суеверија
Пливање со крокодили за победа
30 ЕУРО 2012 Распаѓање на системот 32 Комуникација на теренот Моќта на говорот 44 Императорот од Милано Маестро Роко 48 Кога се менуваат тренери Колатерална штета 50 Интервју Дарко Станиќ 54 Навивачки трустови Фановите го возвраќаат ударот 58 Исто име, различен квалитет Двојници 60 Кол, Поулсен, Лугано... Француска авантура 62 Фото приказна Кира Корпи 66 Inside Меси експрес 68 По ЕП во Литванија Да се искористи успехот 70 Формула 1 Повторно Фетел
48
Кога се менуваат тренери Колатерална штета
постер
МЕГА ПОСТЕР
Македонска кошаркарска репрезентација Андреа Пирло
32
Интервју Дарко Станиќ
58
Исто име, различен квалитет Двојници
20
ЕП во Литванија
54
Навивачки трустови Фановите го возвраќаат ударот
Кошаркарска бајка
62
Фото приказна Кира Корпи
с у н л и В с а н у а К с у т и Ал Кога се вративме дома, доживеавме такво чувство какво што барем за една секунда посакувам да почувствува секој Македонец
Додека траеше Европското првенство, кошаркарите беа концентрирани само на натпреварите и желбата да стигнат до што подобри резултати. Распоредот речиси и не им дозволуваше да имаат време за ништо друго освен да се одмараат и да добијат инструкции од стручниот штаб за следниот предизвик. Во Македонија, навивачите темелно ги следеа сите настапи на избраниците на Марин Докузовски, но нивното дружење со кошаркарите завршуваше по крајот на тв-преносот, по што еуфоријата се префрлуваше на улиците и социјалните мрежи. Можеби најтешко им беше на членовите на нашата делегација кои постојано беа со играчите, но не можеа да им помогнат на теренот. Ги дознаваа реакциите во земјава, но внимаваа да ги дозираат информациите кои стигнуваа до членовите на македонскиот ростер. Генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација, Дејан Лекиќ беше токму во ваква ситуација, но на крајот може да биде горд поради целата приказна која трае многу повеќе од самото првенство. Решивме да позајмиме дел од неговиот литвански „дневник“, или ако сакате, на читателите од еден поинаков агол да им пренесеме што се случуваше пред, за време и по натпреварите во трите литвански града.
Македонија Vs. Црна Гора 65:70
Го запревме Пек пресуди Дашиќ овиќ, Според изгледот на групата, нашите калкулации пред почетокот беше да се пласираме во втората фаза. Тоа подразбираше победи над Црна Гора, БиХ и квалификантот Финска. Лошо беше што го игравме првиот натпревар против Црна Гора, бидејќи и тие имаа слични калкулации. Дуелот беше многу тензичен и неутралните навивачи не можеа да уживаат во убава кошарка. Го запревме Пековиќ кој е доминантен на центарската позиција, но се случија неколку инцидентни серии на Владимир Дашиќ за кој немавме соодтветен чувар во одбраната. Тој е евролигашки кошаркар со многу искуство и иако не бевме надиграни, неговите поени и нервозата си го направија своето. Ако бевме 10 проценти помалку нервозни, ќе ги победевме со 15 разлика. 22 ESPORT октомври 2011
Суеверијата и ритуалите се, и ќе бидат дел од фудбалот и фудбалската игра. Некои се чудни, некои неприфатливи, а одреден број може да се оценат и како симпатични
е њ а в Пли одили со крок
а д е б за по
Информацијата дека турскиот клуб Каршијака жртвувал камила пред почетокот на новата сезона предизвика бран на негодувања и критики низ европските медиуми кои не се навикнати на ваквите „обичаи“ кои се карактеристични во некои делови на планетава. Кутрото животно беше усмртено пред очите на домашните фанови и фудбалери, за да донесе среќа во новата сезона, по што еден од клупските челници ги допираше сите фудбалери по челото со прст натопен со крв од жртвата. Овците и кравите се повообичаени жртви во ваквите ситуации, а пред некое време головите на стадионот на Локомотив Пловдив беа попрскани со крв од младо јагне. Легендарните фудбалери, но и денешните ѕвезди откриваат дел од своите тајни.
во 1974 година. Селекторот Ринус Михелс бил фан на речиси анонимната рок-група „The Cats“, а нивните песни се слушале во автобусот при патувањето до стадионот за секој мундијалски натпревар. Но, пред финалето со домаќинот, се случува пех и касетата е загубена. Дејвид Боуви не бил достојна замена за портокаловите и Западна Германија стана светски шампион.
Чашата на Суарес
Славниот фудбалер на Интер и Барселона кој играше во 1950-те и 1960-те години од минатиот век, веруваше дека ќе постигне гол на следниот натпревар, ако неговата чаша со пијалок биде истурена во пресрет на истиот. Сосема логично, неговиот тренер во Интер, Еленио Ерера правел се за да се приближи до масата на која била чашата на Луис Суарес и божем случајно се погрижувал таа да остане без својата содржина. Најмногу проблеми со ова суеверие имале луѓето задолжени за чистењето.
Маслиново масло на градите
Гоикочеа мора да уринира
Звучи неверојатно, но да, голманот на аргентинската репрезентација Серхио Гоикочеа мораше да уринира на теренот пред секое изведување на пенали на натпреварите на гаучосите. „Тоа беше моето суеверие, едноставно морав да уринирам пред секој пенал-рулет“ признава Гоикочеа кој таквиот потег го направи и пред решавачките моменти во четврт-финалето на СП во 1990 година против Југославија. Аргентина на ист начин ја елиминираше и Италија во следната фаза и стигна до финалето, но таму загуби од Германија во регуларните 90 минути. „Успевав да го направам тоа со поддршка на соиграчите од националниот тим кои ме заокружуваа додека јас уринирав. Откако видоа дека носи резултат, пред следните пенали тие ме тераа да се „олеснам“. Кога сме кај уринирањето, јасно е дека денеска тешко може да се повторат „подвизите“ на Гоикочеа, но фудбалерите имаат одредени ритуали во соблекувалните. Капитенот на Челзи, Џон Тери не ја менува кабината во тоалетот во соблекувалната, а ако е зафатена, тој чека да се ослободи.
Со капа во кревет
Клупската легенда на Ривер Плата, голманот Амадео Карицо во една прилика не ја симнувал ог глава својата среќна спортска капа се додека траела неговата серија без примен гол. Карицо забележа над 500 настапи за Ривер во периодот меѓу 1945 и 1968 година, а останува запаметено дека додека траела серија од дури 8 натпревари без примен гол, тој дури и спиел со својата капа. Сето тоа траело додека неговиот ривал од Бока јуниорс Анхел Клементе Рохас не успеал да му украде во пресрет на големото дерби, а неговата екипа да загуби со 2:0.
Бендот на Михелс
Тотал фудбалот сепак не бил единствениот адут на славната генерација на холандската репрезентација која стигна до финалето на Светското првенство
Серхио Гоикочеа мораше да уринира на теренот пред секоја пенал завршница
Англискиот фудбалер Ноби Стајлс ги забавувал своите колеги од националниот тим за време на мундијалот во 1966 година со своето суеверие. Тој едноставно морал да го намачка предниот дел од телото со маслиново масло пред секоја средба, а по триумфот над Мексико, решил да игра со истата опрема до крајот на првенството. Англија ја освои единствената светска титула, а иако Стајлс подоцна тврдеше дека дозволил опремата да биде испрана, никој не му веруваше.
Оган пред голот
Не според играта, туку поради уникатната причина за прекин беше запаметен натпреварот од квалификациите за Африканскиот куп на нации меѓу Уганда и Руанда одигран во 2003 година. Голманот на гостите Мухамуд Моси истурил некаква непозната супстанца со која предизвикал оган пред својот гол, по што натпреварот бил прекинат 25 минути, додека домаќините се обидувале да го исчистат местото сметајќи дека е предизвикана некаква магија. Сепак, очигледно не успеале во тоа бидејќи гостите од Руанда славеле со 1:0.
Кројф (не) бил суеверен Јохан Кројф изгледа брзо ги заборавил своите играчки навики, па штом
октомври 2011 ESPORT 27
В
о денешно време, предиграта за голем фудбалски натпревар се состои во мал милион прогнози, (не)издржани коментари и класична психолошка војна. Од вешто изрежираните изјави на пресконференциите до твитер преписките, никогаш досега не се дигала толкава врева околу фудбалските натпревари. Коментаторите знаат да кажат дека „сета врева и зборување завршуваат со истрчувањето на фудбалерите на теренот“, но тоа реално е нелогично. Комуникацијата на теренот меѓу 11 фудбалери кои се обидуваат да одиграат доволно добро за да победат е повеќе од витална за конечниот резултат. За разлика од кошарката, американскиот фудбал и ракометот кои имаат повеќе паузи и тајм-аути, фудбалот нуди помал број шанси за координирање со тренерот, но и меѓу самите играчи на теренот. На пример, во натпревар од Лигата на шампионите каде додавањата во серија можаат да траат и по неколку минути, потребата од прецизна комуникација, вербална или невербална, е круцијална за создавање на прифатлив фудбалски перформанс. „Големите тимови имаат најмногу комуникација со најмал број на комуникатори“ – пластично објаснува легендарниот Петер Шмајхел кој стана европски шампион со Манчестер јунајтед во 1999 година.
Гласно и јасно
Комуникацијата едноставно се дефинира како пренесување на пораката од испраќачот до примачот, а во секојдневниот живот тоа најчесто го правиме преку говорот. Исто е и во фудбалот, вели Шмајхел: - Кога се обидувате да го одржувате темпото на играта, важно е да знаете каде се останатите играчи, што прават и дали добро ве следат. На пример ако еден играч од средниот ред започнува напад, би се прашувал дали другите го следат и дали има поддршка зад својот грб. Можеби нема да може да каже ништо додека топката е во неговите нозе, но круцијално е да слуша внимателно што се случува во неговата околина. Дури и на стадиони како „Олд Трафорд“ и „Камп Ноу“ се слушаат многу детали.“ Во секој случај, се подразбира дека теренот не е вистинско место за компликувани разговори. Во ситуација кога екипите се се покосмополитски и се составени од фудбалери со различни мајчини јазици, секој играч мора да инсистира на едноставни пораки кои нема да го збунат соиграчот. Емануел Пети кој го освои Светското првенство во 1998 година како дел од францускиот национален тим на оваа тема посочува: „Секогаш постојат едноставни термини кои фудбалерите најдобро ги сфаќаат. Дури и оние кои не го познаваат најдобро јазикот на кој се говори, термините и гестикулациите ги учат на состаноците и тренинзите, или пак во разговорите со своите соиграчи.“ – вели Пети. Сите фудбалери се едногласни дека најважна е комуникацијата со фудбалерите кои ја имаат топката и не можат да следат се што се случува странично и зад нивниот грб, па треба да бидат предупредени од своите тимски колеги. Кога 32 ESPORT октомври 2011
Ако се земат во предвид се покомпликуваните тренерски тактики и мултилингвистичките состави, во фудбалот комуникацијата на теренот може да биде витална за освојување на трофеи
Моќта
на зборо
Комуникација на теренот
Мистериозното „Лео“ Кога Ларс Лис го напушти Баер Леверкузен за да го засили Барнсли во 1997 година, неговите соиграчи од одбраната беа збунети кога ќе го слушнеа неговото гласно извикување на изразот „лео“. Истиот не постои во ниту еден јазик, а во Англија го имаше само во личниот голмански речник на Лис, а значи дека дефанзивците треба да се повлечат затоа што тој пристигнува да ја „собере“ топката. Зборот е веројатно избран случајно за да ги збуни противниците и судијата чија одлука може да биде поинаква ако ја знае намерата на играчите и голманот, а во овој период употребата на тајните кодови стана и хит на терените во германските фудбалски лиги.
овите
го знаеме ова, не е ни толку чудно што голем број фудбалери беа нервозни и исфрустрирани поради вувузелите на последниот мундијал во Јужна Африка. „Едноставно не можете да комуницирате. Ништо од тоа што се обидував да им кажам на моите соиграчи, не стигна до нив“ – вели данскиот голман Томас Соренсен за атмосферата на стадионите на последното Светско првенство. Спортскиот психолог Енди Бартон тврди дека и тонот со кој се пренесуваат пораките е многу важен. „Зборовите и нивниот избор немаат толку големо влијание како тонот кој треба да ја зголеми самодовербата кај актерите на теренот“ – потенцира Бартон. Шмајхел и Пети се согласни дека во секој тим има одредени основни пораки кои се препознаваат преку интонацијата. „ Можев да зборувам на дански, па дефанзивците на Спортинг Лисабон сепак ќе ме разбереа. Најважно е да почувствуваат дека сте таму, а на тренинзите лесно се навикнуваме на сите гласови кои подоцна ги препознаваме“ – финишира легендарниот дански голман.
Употреби го јазикот
Јасноста на пораката е најважна, но фудбалерите кои говорат повеќе јазици можат да се послужат и со некој трик. „Ако имав шпански или француски соиграчи, им се обраќав на нивниот јазик, затоа што противниците не можеа да разберат што им зборувам“ – вели холандскиот ветеран Будевијн Зенден. Според Пети, сепак комуникацијата има ограничена моќ. „Сигурен сум дека колку се поталенти-
се ослободат од топката без многу размислување“ – потенцира поранешниот фудбалер на Барселона и Челзи. Иако зборувањето е важно, во секој тим има простор и за тивок фудбалер кој може одлично да го зборува фудбалскиот јазик. „Погледнете го Рајан Гигс. Тој е тивок, но според квалитетите еден од најдобрите во светот. Иако најдобрите комуникатори играат во најголемите тимови, не мора сите да бидат многу гласни“ – тврди Шмајхел. Одредени тивки луѓе знаат да бидат многу гласни на теренот. Франко Барези беше познат по својата скромност надвор од теренот, но на теренот маестрално управуваше со една од најдобрите дефанзивни четворки во историјата на Милан. „Играв со него 13 години, дури бевме заедно и на неколку одмори. Мислам дека Франко ми упати повеќе зборови на теренот, отколку надвор од него. За време на натпреварот, тој постојано ни даваше инструкции. Но, тој беше вистински капитен“ – вели Алесандро Костакурта за својот долгогодишен соиграч во тимот на росонерите. Најдобрите екипи балансираат меѓу различните карактери, а според Шмајхел многу ретко може да се сретне напаѓач кој не е егоист и не е полн со самодоверба, сметајќи дека е најважна алка во тимот. Егото на напаѓачите најчесто може да се забележи и во моментите кога им посочуваат на соиграчите дека треба да бидат проиграни или кога одмавнуваат со рацете затоа што биле предоцна проиграни. Некои напаѓачи како што беше легендата на Арсенал, Јан Рајт едноставно мораше
„Многумина неправедно го критикуваа односот на Теди Шерингам и Енди Кол кои не разговараа меѓу себе. Но, на теренот функционираа одлично затоа што сите имавме една иста цел, да победиме“ – потенцира Шмајхел рани фудбалерите во тимот, толку и комуникацијата е подобра. Но, никој не бара од фудбалерите да зборуваат десет јазици, туку еден – фудбалскиот. Или во превод тоа е комплексен систем на потези, гестикулации и говор на телото со кој соиграчите комуницираат беспрекорно“. „Говорот на телото е прво нешто што фудбалерите го читаат“ – вели Бартон и дополнува – Тоа е најмоќниот вид на комуникација и на фудбалските терени.“ Дури и додавањето може да биде сингал, вели Зенден. „Ако некому му испратам поспоро додавање, тоа е знак дека има повеќе време и простор. Но, кога ќе испратам брзо додавање или на конкретна нога, знаат дека треба да реагираат брзо и да
да командува за да се чувствува добро на теренот. Данецот посочува дека комуникацијата продолжува дури и кога фудбалерите не се во добри односи. „Многумина неправедно го критикуваа односот на Теди Шерингам и Енди Кол кои не разговараа меѓу себе. Но, на теренот функционираа одлично затоа што сите имавме една иста цел, да победиме“ – потенцира Шмајхел. Пети признава дека не сакал да има ништо заедничко со големата ѕвезда Зинедин Зидан надвор од фудбалските терени, но тврди дека тоа не влијаело негативно на играта на француската репрезентација. „Се уште му испраќав корисни асистенции по кој постигнуваше голови. Кога сте професионалец, октомври 2011 ESPORT 33
www.basketball.org.mk
Кошаркарска репрезентација на Македонија Никола Николовски (доктор), Мики Маноилов (физиотерапевт), Марјан Србиновски (тренер), Перо Антиќ, Предраг Самарџиски, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Марко Симоновски, Марин Докузовски (селектор), Ненад Попоски (физиотерапевт), Маријан Лазовски (тренер) (долен ред, од лево) Војдан Стојановски, Ивица Димчевски, Дарко Соколов, Дамјан Стојановски, Лестер Бо Мекејлеб, Димитар Мираковски, Владо Илиевски (горен ред, од лево)
4. место ЕП Литванија 2011
Juventus F.C.
Андреа Пирло
Познат како „Кум“ или „Ил Падроне“ на италијански, секогаш строг и никогаш задоволен од играта на своите фудбалери, темпераментниот Роко од своите играчи барал постојан напредок во играта
Клубовите почесто ги менуваат тренерите отколку своите фудбалери (со неколку исклучоци), но ваквите промени не значат само менување на пристапот и стратегијата, туку и „проветрување“ во составот. При постигнувањето договор за прифаќање на тренерскиот ангажман, клупските раководства прифаќаат и одредени одлуки кои значат ангажирање нови фудбалери, но и составување на трансфер-листи на кои можат и играчи кои не очекувале такво нешто. Во тие моменти во вода паѓаат и дотогашните заслуги, игрите од последните сезони и потенцијалот кој го поседува секој фудбалер, па најчесто се очекува најдобрата понуда по која следи заминувањето и простувањето со фановите. Во ваквите ситуации многу брзо испаруваат претходните најави за долгогодишна љубов, односно соработка и големиот потенцијал кој бил најавуван за веќе непожелните. На јавноста и се пласираат различни објаснувања, а тие се реални во мал процент од случаите. Во сите останати, причина за разделбата е заедничката одлука на новиот тренер и клупското раководство.
Тренерските рокади се ризични за статусот на дел од фудбалерите кои понекогаш се принудени и да размислуваат за трансфер
колатерална
штета
Амбициозниот Масимо Морати реши да ризикува со Гасперини кој никогаш досега немаше водено голем клуб, а на крајот тоа се покажа како погрешна одлука. Гасперини заработи отказ по три натпревари во домашното првенство, а медиумите шпекулираа дека дури бил и бојкотиран од дел од најискусните фудбалери кои не биле задоволни од неговиот пристап и фудбалска филозофија. Клаудио Раниери експресно беше поставен на неговата позиција, но за разлика од Гасперини, тој нема да има можност да прави посериозен лифтинг на тимот барем до јануари. Таа шанса летово ја имаше неговиот претходник кој ги испрати Пандев и Сантон во други клубови (веројатно засекогаш), додека Бразилецот Филипе Кутињо тешко ќе се избори за место во првиот тим откако
покрај Кастањос, на неговата позиција е доведен и Рики Алварес. Горан Пандев дојде во Интер по барање на Жозе Мурињо и иако настапуваше на повеќе позиции, ги исполни задачите на авторитетниот Португалец. Минатата сезона постигна и решавачки гол на гостувањето против Баерн Минхен од Лигата на шампионите, што сепак не беше доволно да ја задржи својата позиција во Интер оваа сезона. Иако не сакаше да си замине од Милано, клупското раководство едноставно го принуди да замине на заем во Наполи, а со оглед на парите и бројот на фудбалери кои минуваат низ оваа екипа, треба да има и многу среќа за да добие нова шанса во тимот на нераѕурите. В0 2009 година, Давиде Сантон дебитираше во дресот на Интер во натпреварот од Лигата
Интер Тренерска смена:
Леонардо Џан Пјеро Гасперини
Унај Втори Валенсија
Коста
Адурис
Парехо
За само еден месец односно во периодот меѓу две изданија на шпанскиот шампионат, тренерот на Валенсија, Унај Емери спроведува различна кадровска политика во својата Валенсија. Ланското пријатно освежување Рикардо Коста играше во одлична форма по што дури беше повикан и во португалската репрезентација, а на почетокот на оваа сезона е еден од најредовните на резервната клупа. Истото се случува и со талентираниот напаѓач, Ариц Адурис кој минатата сезона постигна неколку важни голови, но оваа не добива шанса од својот тренер. Останува мистерија и зошто Емери го ангажираше Даниел Парехо од Хетафе, кога поранешниот фудбалер на Реал Мадрид во првите шест кола не одигра ниту минута за Валенсија.
на шампионите против Манчестер јунајтед, а негова задача беше да го чува Кристијано Роналдо. По натпреварот кој заврши без победник (1:1), Португалецот изјави дека е импресиониран од младиот дефанзивец од кого очекува да има импресивна кариера. Медиумите го прогласија Сантон за нов италијански Канаваро, но работите се променија по неколку сезони. Точно две години подоцна, Интер се откажа од него за една полусезона за да го доведе Јапонецот Нагатомо од Чезена, а дефанзивецот веќе никогаш не доби повратен билет од тимот од своите соништа. Ова лето тој ја прифати понудата на Њукасл и наредниве сезони ќе се обиде да докаже дека италијанскиот клуб погреши што посака да се ослободи од него иако не му даде ни вистинска шанса.
Горан Пандев
Клуб: Наполи
Давиде Сантон Клуб: Њукасл
48 ESPORT октомври 2011
Филипе кутињо
ЗИВНО ЕКСКЛУ
о Ста Дарк
н иќ
ИНТЕРВЈУ
те: ниќ ја заврДали заснтаодев 21 година, Дарко Ста
На возр нство со ословенското прве шил сезоната во југ Станиќ р. ва ре тп ани по на просек од 22,5 одбр дина го на Беране која таа бранел за екипата т. то на ио место во шамп го освои четвртото
балканск 50 ESPORT октомври 2011
Што беше пресудно за да ја прифатите понудата на Металург? Металург и претходно се интересираше за мене, но поради одредени околности не можев да дојдам во Скопје. Кога оваа година се појави шанса да го засилам Металург, веднаш ја прифатив понудата и тоа од повеќе причини. Забележав дека луѓето од клубот размислуваат спортски и вложуваат многу енергија за да направат добри резултати, а и факт е дека за секој играч многу значи информацијата дека Лино Червар е тренер на екипата. И на крајот, можеби и најважната работа која ми недостасуваше додека играв во странство, а тоа е балканската енергија и балканска душа од која сум зависен. Во Македонија се чувствувам како да сум дома, па дури и подобро од тоа. По три сезони во словенечки Копер, пристигнавте во Скопје. Постојат ли големи разлики меѓу двата ракометни центри? Има многу разлики и би ми требало многу време за да ги набројам сите. Во Копер вложив многу труд и енергија за да оствариме подобри резултати и на крајот успеавме, станувајќи словенечки шампиони прв пат во клупската историја и два пати го освоивме националниот куп. Сепак, тоа што најмногу ми сметаше
Не сте го виделе најдоброто „Убеден сум дека не сте го виделе најдоброто од мене и се надевам дека набргу ќе успеам да го прикажам она што можам и сакам. Доцнев на подготовките, веднаш по пристигнувањето дојдоа квалификациите за Лигата на шампионите, СЕХА-лигата дополнително не исцрпува и тоа се дел од причините што се уште не сум го достигнал максималното ниво. “
во тој клуб е фактот што не знаат да те ценат и те сметаат за обичен работник. На пример, во три години колку што бев таму, едвај три пати некој новинар ми се јави за да го слушне моето мислење. Уште на првиот натпревар во дресот на Металург осетив колку тука е поразлично и каква енергија има меѓу навивачите во Скопје. На дебито во Лигата на шампионите во дресот на скопскиот клуб игравте против поранешниот клуб? Тоа беше најтешкиот натпревар во мојата кариера. Клубот го сакав поради соиграчите со кои направивме одлична атсмофера и вложивме многу труд за да ги оствариме резултатите. Три сезони бевме заедно, станавме шампиони иако имавме седум бодови помалку на полусезона и моравме да дадеме максимум за да го освоиме првото место. До каде може да стигне Металург сезона-
ва во Европа? За наша несреќа имаме многу проблеми со повредени играчи. Козлина има помала минутажа, Батиновиќ имаше тешка повреда и му треба време, но очекуваме дека со нив ќе бидеме многу посилни. Сметам дека дури имаме шанси и за второто место бидејќи играме во полесна група и сите екипи се со сличен квалитет (со исклучок на Хамбург). Очекувам да се бориме за втората позиција со Копер, а потоа со малку среќа можеме да се најдеме и во четврт-финалето. Но не смееме да заборавиме дека клубот има амбиции да освои и двојна круна во Македонија, како и да се најде на фајнал-фор турнирот на СЕХА-лигата. Кој соиграч според вас игра најдобар ракомет? Наумче Мојсоски кој е специфичен тип на ракометар и за кој сметам дека можеше да направи и поголема кариера и во некој од европските клубови. Сепак секој си го прави својот избор и ги одредува своите приоритети во кариерата. Дали одбраната на дуелот меѓу Србија и Исланд на последното Светско првенство е најдобриот момент во вашата кариера? Имав многу слични моменти, но можеби таа одбрана ќе беше најзначајна ако подоцна направевме поголем резултат на првенството. Не можеш да бидеш комплетно задоволен само од својата игра, туку потребни се и позитивни резултати.
Македонскиот Покрај дебито ракометен шампион вија и висок во регионалната Металург одлично те засилува пласман во својаталига, избраниците ја започна сез група од на Лино натпревари ња меѓу кои најатрактивното Червар со оната на два фронта Лигата на стана првите натпревари . шампионите и искусен миленик на домашнатаиме е голманот чувар на . Заслуга на клубот мрежата за тоа имаат најаДарко С публика , Станиќ од Автокоманда тани и нови . Како стандарден ќ кој по барем з неколку само неколку а една се години кои конечно репре з беше она. Во ова амбициите з интервју летово имаа сре неостварена ж ентативец на С со овој рбија клуб и очекува , Станиќ елба на ќа да ги челниците ги обе открива з њата од бедат неговите претстојното причините услуги з а доаѓа Европско првенство њето во Скопје , .
Зависен сум од
ката енергија октомври 2011 ESPORT 51
Навивачки трустови
Дел од европските клубови западнаа во толку големи проблеми, што навивачите мораа да се организираат за да ги спасат од ликвидација
Фановите
54 ESPORT октомври 2011
И
сторискиот пласман на екипата на АФЦ Вимблдон во најслабата по ранг професионална англиска фудбалска лига му донесе на овој клуб многу нови фанови посебно во Лондон, а низ светот означи голема победа на навивачката моќ и триумф на фудбалската демократија. Вимблдон и Јунајтед оф Манчестер изминативе години станаа модел за следење од сите навивачи кои сакаа успешно да се организираат во здружение или да го извлечат својот локален клуб од фудбалското дно. Навивачите на Вимблдон (кој банкротираше и новите инвеститори го преименуваа во МК Донс и го преселија во Милтон Кејнс) уште во 2002 година започнаа организирано да работат на проектот за враќање во елитата на славниот клуб кој сега ја има додавката АФЦ, но ги задржа своите стари фанови. Овој потег ги одушеви фановите низ цела Европа, а нешто подоцна на ваков чекор се решија и симпатизерите на Манчестер јунајтед кои по купувањето на клубот од фамилијата Глејзер решија да основаат клуб кој ќе го носи името Јунајтед оф Манчестер. „Ги следиме случувањата во двата англиски клуба долго време и секогаш се надеваме дека ќе ги постигнат посакуваните резултати. Веќе остваривме неколку контакти со претставници на Јунајтед оф Манчестер за да добиеме важни инструкции за тоа како функционираат, а во Германија има се повеќе заинтересирани навивачи кои сакаат да ни се придружат. Дури и претставници на Европскиот парламент бараат наш став по одредени прашања“ – вели Андреас Бирсмајер од здружението на навивачи на Хамбургер. Фановите на оваа екипа засега организираат кампањи за поодговорно функционирање на клубот и германскиот фудбал воопшто, но во други европски земји постојат здруженија на навивачи кои го следеа англискиот пример и управуваат со клубовите.
Навивачки трустови
Навивачките трустови потекнуваат од Велика Британија каде се создадени за да го зголемат влијанието на навивачите врз управувањето на клубовите за кои навиваат. Најорганизиран пример е тој на трустот „Донс“ кој денеска е сопственик на новоформира-
ниот АФЦ Вимблдон, според фановите легалниот наследник на славниот лондонски клуб Вимблдон. Прв сепак е тој основан од навивачите на Нортемптон во 1992 година, а најброен е тој на Јунајтед оф Манчестер каде членуваат нешто помалку од 200.000 фанови. Преку Англија и Шкотска, ваквиот начин на управување со клубовите се шири низ останатите европски земји, посебно кога се работи за клубовите кои имаат финансиски проблеми или чии нови сопственици ги изневеруваат очекувањата на фановите. Последен клуб кој им припадна на навивачите, односно организираниот навивачки труст е англискиот нисколигаш Врексхем кој отсега ќе биде управуван од најверните фанови. Навивачки трустови има во се поголем број клубови на островот, но во дел од нив тие или имаат мал број на акции или пак само можност да имаат влијание во донесувањето на дел од одлуките на раководството.
Беверен и Анкона учат „англиски“
Приказната на белгиски Беверен кој пред две децении го елиминираше Интер во Купот на победниците на куповите има многу сличности со приказната на Вимблдон. Клубот (во кој своевремено играа и Јаја Туре и Емануел Ебуе) имаше финансиски проблеми по што беше споен со Васланд и го доби името Ред Стар Васланд-Беверен, потег по кој најверните навивачи решија да се инспирираат од случајот „Вимблдон“ и да формираат своја организација која ќе биде и сопственик на нов клуб кој ќе го сочува старото име, но ќе мора да се натпреварува во најнизок ранг. Фановите на Вимблдон кои досега се покажаа како најорганизирани и имаа вистински успех со пласманот во англиската Лига 2 (четврта лига по ранг) која е дел од професионалното англиско друштво, а поради големиот интерес од навивачите од други земји, веќе имаат одредено и свои претставници кои истите ги советуваат и се обидуваат да им ги откријат тајните на својот успех. „Многу фанови од цела Европа доаѓаат на нашите натпревари бидејќи стадионот на Вимблдон е навистина пријателско место. Соработуваме со навивачите на Беверен, а заинтересираноста не
Навивачките трустови потекнуваат од Велика Британија каде се создадени за да го зголемат влијанието на навивачите врз управувањето на клубовите за кои навиваат. Најорганизиран пример е тој на трустот „Донс“ кој денеска е сопственик на новоформираниот АФЦ Вимблдон, според фановите легалниот наследник на славниот лондонски клуб Вимблдон. Прв сепак е тој основан од навивачите на Нортемптон во 1992 година, а најброен е тој на Јунајтед оф Манчестер каде членуваат нешто помалку од 200.000 фанови октомври 2011 ESPORT 55
inside
Меси директно беше вклучен во постигнувањето на 44% од 109 голови минатата 2010/11 сезона
53
Стрелец
Скор сезона по сезона во дресот на Барселона 47 голови (12 во ЛШ)
2010/11 2009/10
72
Без учество
24
103
Асистент
2007/08
2005/06
51 настап
16 голови (6 во ЛШ)
40 настапи
17 голови (1 во ЛШ)
36 настапи
8 голови (1 во ЛШ)
Меси експрес гола на последните 100 натпревари
53 настапи
38 голови (9 во ЛШ)
2008/09
2006/07
53 настапи
47 голови (8 во ЛШ)
25 настапи
1 гол (0 во ЛШ)
2
9 настапи
2004/05
постигнати гола со глава
Не треба да се трошат премногу пофални зборови за да се долови големината на најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси. Бројките кои ви ги претставуваме подобро ја опишуваат неговата маестралност и најавуваат дека ќе соборува уште многу клупски и европски рекорди
6
десна нога
2 со глава
фото: Adidas
31
лева нога
31
постигнати голови со лева нога
октомври 2011 ESPORT 67
Фетел
Повторно
С
ебастијан Фетел ја освои втората шампионска титула по ред откако сезонава воспостави доминација каква што одамна немало во Ф1 шампионатот. Неговиот болид повторно ги покажа своите вистински вредности и го потврди фактот дека Адријан Њуи и неговите соработници во моментов се број 1 во овој бизнис. Дури и легендите на Формула 1 признаваат дека тоа што Германецот го прави на својата возраст (24 години) е речиси неверојатно и најавуваат дека неговата доминација може да биде сериозна како таа на неговиот сонародник Михаел Шумахер во минатата деценија. Џеки Стјуарт тврди дека тој возел во стилот на Фетел во последните сезони од кариерата затоа што претходно собирал искуство и го надградувал квалитетот, нешто што Фетел веќе го има на почетокот на кариерата. „Ова е најдобриот перформанс во историјата на Ф1“- вели прославениот Ники Лауда според кој ниту еден возач претходно не стигнал до резултати слични на тие на новиот стар шампион.
на претпоследната трка во Јапонија, дел од експертите побрзаа да го споредат Фетел со големиот Аиртон Сена кој се уште важи за најдобар поединец во историјата кога се работи за борбата за пол-позицијата. Во Кореја, Луис Хамилтон привремено го запре блесокот на Фетел кој сега има неверојатни 27 пол-позиции во 77 настапи на официјалните квалификации, но и тоа не му беше доволно да го надмудри на трката која повторно му припадна на Германецот. Интересно, и самиот Сена дојде до 27 пол-позиција во 77-та трка која ја возеше во Шпанија во 1988 година. Заедничко и за двајцата е што ги добиваа квали-
70 ESPORT Октомври 2011
Фото: Red Bull Content Pool
Без вистинска конкуренција, пилотот во на Ред Бул лесно ја одбрани титулата т По стапките рмула 1 првенството и стана најмладио Фо на Шуми и Сена возач на кој му успеало такво нешто По триумфот во квалификациите
најава
број о следниот в г о л и р п н Специјале
А н а ли з а
Сите македонски
селектори Биланс - најдобар и најлош натпревар - оцена