Read the page 09 (VII)! :)
„Собирањето народни умотворби ја гради структурата на македонско-словенскиот јазик, чијшто литературен развој не го дозволуваат ни Србите ни Бугарите, и којшто е осуден од нив на смрт. Јас, она што е собрано. го поместувам во својот зборник од македонско-словенски творби запишани и издадени во разни градови на европскиот југоисток во последните 150 години од разни лица - Бугари, Срби, па и од самите Македонци, но не толку од очајните бугаромани и очајните србомани, туку повеќе од таканаречените автономисти и автохтонисти коишто велат дека [Maкeдонците] никако не се дел од големите идеи на Симеон Бугаринот и на Душан Србинот. Tиe градови се - Москополе, Солун, Будимпешта, Цариград, Виена, Москва, Загреб, Белград и др. Најпосле, да напоменеме и дека има такви примери издадени од странски слависти приклонети или кон бугароманијата, србоманијата или кон автономната идеја но и од целосно неутрални етнографи и филолози. Петар Данилович Драганов, 1894 г