Newsletter PALS WEB TV (Macedonio)

Page 1

PALS WEB TV

Добродојдовте во нашиот прв билтен! PalsWebTV (Јакнење на младите преку известување на заедницата и учење од врсници) проект подржуван од Erasmus+ Capacity Building for Youth project. Што можат млади луѓе да сторат деновиве за да земат активна улога во опшеството? Во развиването на сопствените компетенции и социјалното инволвирање, сигурно многу работи можат да бидат направени. Една од работите што би требало да се научат се новите технологии и медиска комуникација, заради тоа што, тоа директно влијае на начинот како на поврзување со нивните заедници и ги подобрува нивните шанси да бидат вработени. Уште поважно е медиските алатки да бидат научени од луѓе со оневозможености кои имаат помали можности за изградба на кокмпетенции. Целта на проектот е да ги подобри нивните знаења и вештини користеќи алатки за известување на заедницата, и да ги подржи репортерите за известување на заедницата во обуките на нивните врсници. PalsWebTV започна со обуките во Шпанија, Непал, Гватемала, Индонезија и Македонија. Овде може да ги најдете сите детали:

ВО ШПАНИЈА – ФОНДАЦИЈА ИНТРАС

Валадолид беше градот избран за првата обука. Четири луѓе, Едуардо, Корал, Антонио и Ангел има почнато со основните техники за снимање и уредување видеа и беа запознаени со начините на станување Социјални Репортери. Ние веќе имаме реализирано 5 сесии за користење видео-камери, уредување на материјали и започнато со движењето за социјално известување. Следната сесија ќе се однесува на начините на организација и информирање во создавањето вести. Ние исто таке сметаме на инволвираноста и новите идеи од Марија и Лорензо, кои се Европски волонтери од Украина и Италија и сакаат да поддржуваат млади луѓе додека учат за социјално известување. После овие први 6 сесии, ние почнавме да соработка со Музејто за Современа Уметност “Patio Herreiano”. Сега две сесии се организирани неделно заедно, Музејот што ни дава инспирација за начинот на доловување и пренесување на нашите приказни. Ние ќе продолжиме до крајот на Јуни, многу е веројатно дека ќе продолжиме и во текот на летото!


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.