ЛИОБАНИ, Јас објаснувам – учествуваш ли и ти?

Page 1

Извадоци од книгата

ЛИОБАНИ

Јас објаснувам –

учествуваш

ли и ти?

Лиобани

Јас објаснувам – учествуваш ли и ти?

(12. - 18. години)

дадени преку Габриеле, пророчицата и гласничка Божја

за нашево време

Прво издание на македонски јазик, 2024

Лиценцно издание со одобрение на издавачот:

© Gabriele-Verlag Das Wort GmbH

Max-Braun-Str. 2, 97828 Marktheidenfeld-Altfeld, Deutschland

WEB: www.gabriele-verlag.com

Наслов на германскиот оригинал: LIOBANI. Ich erkläre – machst Du mit?

македонски – mazedonisch

За смислата на текстот

меродавно е германското издание.

Сите права се задржуваат

Во Македонија издава: Габриеле Издателство Реч

ул. 32, бр.52A, 1041 Илинден Тел. 02 3111-043, моб. 071 217-477

WEB: www.izdatelstvo-gabriele.com

E-mail: info@izdatelstvo-gabriele.com

Печати: Софија-принт - Богданци

Извадоци од книгата:

ЛИОБАНИ

Јас објаснувам – учествуваш ли и ти?

Dрага читателке, драг читателу, „ЛИОБАНИ“ не е само наслов на еден троделен серијал на книги за деца и млади, Лиобани е исто така името на едно ангелско

битие, кое ги поучува духовните деца во

вечното Божјо царство и ги придружува при

нивните развојни чекори. Лиобани сака, исто така, да ги упатува и децата и младите

овде на Земјата во законитостите на

животот. Преку божјата пророчица на

нашево време, Габриеле, Лиобани длабоко

зборува во децата и младите од сите

култури, за да ги води во еден слободен и

y

среќен живот – и на патот во Новото доба, добата на љубовта кон Бог и ближниот, кон човекот, природата и животните.

Други книги, бесплатни брошури и информации од Габриеле Издателство Реч побарајте на:

Во третиот дел од серијалот „Лиобани“, Лиобани се осврнува кон децата и младите од 12-18 години.

Следуваат неколку извадоци:

за книги:
Препораки
1

Денот, твој пријател: дневната енергија

Прифати го секој ден како твој добар

пријател! Знај: светлината на денот е

енергија. Секоја фреквенција на дневната

енергија има своја вибрација во боја и звук.

Денот донесува со себе безбројни фреквенции, значи, вибрации во бои и тонови.

Ако во твојата душа имаш неколку или

повеќе исти или слични фреквенции, значи вибрации во боја и тонови, кои

зрачат од твоето внатрешно, тогаш силите

почнуваат да течат. Течењето на силите ние

го нарекуваме комуникација. Ако настане

една комуникација, тогаш фреквенциите

треперат во твојата свест, значи во

мозочните клетки. Тие таму пристигнуваат

како осеќавања и мисли. Тоа е твојот добар

пријател, денот, кој притоа тебе ти зборува.

Ти кажува што уште денес од човечкото –се мисли на премногу човечкото – треба да

очистиш. Исто, ти кажува како можеш да овладееш со некоја ситуација. Ти ги покажува

2

на пример убавините на денот, за да можеш

на тоа да се радуваш. Или те предупредува

да бидеш добар со своите родители и со

сите луѓе. Тој ти допушта и малку и да се

сопнеш или дури и да паднеш, за со тоа да

се прекине рингишпилот на твоите мисли, и да подразмислиш кои мисли ги имаше, и

дали тие би му се допаднале на Бог, нашиот

небесен Татко.

Твојот добар пријател, денот, ти покажува

бесконечно многу. И од сѐ, ти можеш да

учиш и во сѐ самиот да се препознаеш. Преку

овие дневни енергии, Бог ти покажува дел

од твоите светли страни. На тоа ти сигурно

се радуваш. Но, тој ти покажува и дел од

твоите засенети страни, кои денес треба да

ги надвладееш.

Денот, твојот добар пријател, ти ја донесува силата да го надвладееш она премногу

човечкото, тоа на Христос да му го предадеш, твојот ближен да го молиш за прошка и нему

да му простиш.

Многу од она што си го предизвикал,

под одредени околности лежи со години

3

наназад и сѐ уште не е очистено. Ако значи

уште нешто претстои – на кое ти треба да

се препознаеш и повеќе да не го правиш –

тогаш твојот добар пријател, денот, те води

и ти смееш уште денес тоа да го очистиш.

Ако претежно си го очистил своето минато, тогаш остануваат некои поранешни

настани само уште како сеќавања во тебе.

Ти мислиш на пример на луѓе, кои со тебе

неправедно постапиле. Ако кон нив имаш

само осеќавања на мир, усогласеност и љубов, ако можеш да им пријдеш без внатрешна

задршка, тогаш она што било, е простено.

Негативното е преобразено во позитивна сила. Тоа го препознаваш во твоите мисли на мир, реакциите на добронамерност и љубов.

Некогашните одговарања станале сеќавања. ...

На патот кон училиштето или кон работното место, ти гледаш и слушаш секакви нешта. Тогаш преиспитај ги твоите осеќавања и телесни реакции! Што се покажува во тебе и на тебе? Дали е тоа опуштеност или е негодување? Од тоа ти гледаш каде си во

4

твојот духовен развој и препознаваш за што

треба да го молиш Бог за помош и поддршка

на твојот ближен. Моли се за твојот ближен

во секоја ситуација! Било исто или слично

веќе да си совладал, било сѐ уште во тебе да

пламнуваат одговарања и му се лутиш на

твојот ближен: моли!

Ако тебе секогаш повторно те притискаат желби, тогаш нешто не е совладано;

некои желби уште одѕвонуваат во тебе, а

ти си велиш: „Еден ден ќе се остварат, ако е тоа Божја волја“, тогаш не те притискаат

повеќе, бидејќи ти духовно си созреал.

Сето ова има тебе нешто да ти каже.

Денот те води за да можеш да препознаеш

што уште треба да се очисти или што веќе си очистил – а со тоа ти гледаш на кое скалило кон божествената свест се наоѓаш.

Значи Бог, преку дневната енергија, преку твојот добар пријател, денот, ти кажува што треба денес да совладаш и што

веќе си совладал.

Драга сестро, драги брате, препознај:

Животот во земна облека е нов секој ден.

5

Бидејќи секое утро, кратко пред да се

разбудиш твојата душа доаѓа од едно па-

тување назад во нејзината земска облека.

Ако се разбудиш во текот на ноќта, тогаш

веруваш дека твојата душа била покрај

твоето тело додека си спиел. Или наутро

кога ќе се разбудиш, веруваш дека твојата

душа е секогаш покрај твоето тело и во

него, бидејќи ги отвараш очите и повторно

го восприемаш истото опкружување како

денот претходно. А сепак е различно.

Иако твојот добар пријател во новиот

ден останал ист, тој повторно носи со себе

сосема различни случувања и впечатоци

отколку претходниот ден. Бидејќи ти денес

не осеќаваш и мислиш исто како денот

претходно.

Денес, значи новиот ден, има подготвено

за тебе повторно поинакви фреквенции и

тонови. Исти или слични вибрации лежат

во тебе. Денот повторно ги поттикнува

овие душевни вибрации – и за тебе веќе

почнува новата дневна програма: За

тебе осмислените дневни фреквенции го

6

поттикнуваат твојот душевен програм,

значи различни душевни вибрирања во

тебе, при што настанува една комуникација.

Тие пак вибрираат во твоите мозочни

клетки, во твојот мисловен свет, и ти си

способен да го восприемиш она што Бог и

твојот дух-заштитник сакаат да ти го кажат

преку твојот добар пријател, денот.

Така, би можеле да ти кажат, би било

добро ова или она да се очисти. Ти го

насетуваш тоа во твојата совест и го

примаш во твоите мисли. Го правиш тоа

и осеќаваш: „Ова добро го направи; беше

несебично. Радувај се за тоа!“

Добриот пријател ти помага и при

училишните работи. Ако си јасен, немаш

збркани, значи незначајни мисли, тогаш

можеш да ги примиш безбројните помошти

кои ти ги носи денот. Тоа е Бог, твојот

небесен Татко, и твојот дух-заштитник, кои

дејствуваат преку твојот добар пријател,

денот. ...

7

Слободната волја

на човекот

Луѓето кои мируваат во себе и се

поврзани со Бог имаат чист разум. Тие

мислат јасно. Тие во миг ги сфаќаат

работите и веднаш го имаат вистинското, т.е. законитото решение! Зошто? Затоа

што врз нивната духовна свест не лежат

темни сенки, значи нивниот хоризонт

не е прекриен со облаци. Зраците

на внатрешното сонце непречено ги

погодуваат активните мозочни клетки, кои го зачувуваат, она што е човекот.

Сега ти ќе го поставиш прашањето: „Што е човекот?“

Човекот е енергија, значи зрачење! Би

можеле да речеме и: тој е еден енергетски сноп, или сноп на зрачење. Човекот, енергетскиот сноп, зрачечкиот сноп, се состои од она што претходно веќе е

ставено во гените на човекот и од она што

тој од ден во ден го мисли, имено од она

што тој го прима и го зачувува.

8

Она што лежи во гените, тоа е скла-

дирано и во честичките на душата и зрачи надвор; бидејќи, душата се упатува

само во тело што има слична вибрација

како нејзината. Зрачењето на душата и

зрачењето на гените претежно се идентични.

Човекот има слободна волја. Од ден во

ден тој донесува нова одлука за она што

наумил да прави од својот живот. Душата

преку гените навистина влијае врз човекот;

меѓутоа, човекот самиот одлучува што да

прави од тоа: да живее слободен, несебичен

живот, или, пак, да чемрее во овдестраното

заробен во судбина.

Да се влијае, значи: да се допушти втечување. Тоа значи: Она што е зачувано во душата

и во гените е складирано, втечува во животот

на човекот, во неговиот свет на мисли.

Сега зависи од човекот, за кој вид мисли

тој се одлучува: за човечки, кои се против

Бога – или, пак, за божествени, кои му донесуваат светол, слободен и здрав живот.

9

Надворешноста на човекот се обележува

од душата – во поврзаност со гените и со

мисловниот свет на човекот. Таа поврзаност

ги управува и неговите стремежи, неговата

одлука за доброто, или за злото.

Во секоја животна ситуација, во која

човекот треба да се одлучи, тој добива Божја

помош. Таа дејствува преку совеста, во

која дава импулси и твојот дух-заштитник.

Таа ти се соопштува преку тивки и фини

чувства, коишто те поттикнуваат да

мислиш на доброто и да реагираш и да

постапуваш несебично. Таа може да ти се

соопшти и во еден разговор со ближниот, или преку настани во денот.

Во секој миг е можна одлука и преобраќање, бидејќи секој миг крие Божја помош и Божја сила. Вечниот Дух во човекот, духот-заштитник и дневната енергија се опоменувачи, помагачи и служители на човекот за тој навреме да го препознае своето погрешно однесување како причина

и да го очисти, пред да го погоди судбината што тој самиот си ја создал.

10

Љубовта Божја го води Своето дете на

различен начин и се труди навреме да го

изведе од причините што самото си ги

создало.

Нашиот небесен Татко е Љубовта и

сака да те ослободи од сите оптоварувања,

така што твојот хоризонт да се прошири

и да се осветли и ти да можеш непречено

да ја примаш Неговата сила на Љубовта, Неговата Мудрост и Величина. Со помошта

од нашиот небесен Татко ти можеш да го

очистиш сето она што те спречува јасно да

мислиш и да станеш мудар.

Препознај: целата бесконечност е Логос, е Бог. Целата бесконечност е Интелигенција, е мудрост Божја.

Прими ги на срце овие значајни реченици:

•Доведи го во ред своето мислење! Тогаш се средува твојот живот.

•Напушти го своето самоволие. Не манипулирај со ниту еден друг човек – не му ја одземај слободната волја.

11

•Вежбај се во тоа, во сите луѓе да го

пронајдеш доброто. Тогаш ти ќе ја

почитуваш и нивната слободна волја

и самиот ќе станеш слободен од осуди, мненија и врзувања.

•Остварувај го она што од духовното

знаење си го складирал.

Тогаш твојот хоризонт ќе се расчисти

и ти ќе можеш да ја примиш космичката

Интелигенција, божествената Мудрост. Тогаш тебе ти се соопштува твојата светла

свест – без оглед каде си, или што правиш.

Оти, универзалната Интелигенција, божествената Мудрост, е во тебе.

Сега ти сѐ подобро ја сфаќаш разликата

меѓу интелигенција и интелект. Што би

сакал ти: интелигенција или интелект? Тоа

ти е препуштено тебе! ...

12

Однапред зададеното

при изборот на професијата

Лиобани повторно и повторно ги охрабрува

децата и младите да не се ориентираат на она

што другите го задаваат, туку кон внатре

да ги насочат сетилата, за да ја развиваат

сопствената свест. Во внатрешното, така

објаснува Лиобани, во секоја ситуација чека

Внатрешниот Помагач, Бог во нас, кој сака

секој човек да го придружува и да му помага со

својата бескрајна љубов и сила. Како? Лиобани

дава пример: При изборот на твојата професија тебе, исто

така, ти помага твојот Внатрешен помагач и

советник! Бог го познава Своето дете! Бог гледа

како во светлите страни, така и во засенетите

страни на твојата душа. Тој гледа во твоите гени, коишто ги носат твоите особини коишто

влијаат пак одредувачки врз твојот живот и го

обележуваат она „кој си, или што си ти”.

Ако зад себе имаш неколку земски животи

– а најголем број души во земна облека тоа го

13

имаат – тогаш веќе си имал и повеќе професии, како, на пример, педагог, болничар, лекар, занаетчија, техничар, службеник, или си бил работник, којшто усвоил знаења

во неколку струки. Искуствата од такви

активности, имено оние коишто уште ти се потребни за твои идни земски животи, се

складирани во твојата душа како сеќавања, или, пак, како одговарања.

Штом сега твојата душа повторно отишла

во отелотворување, одредени сеќавања, или

одговарања стануваат активни, бидејќи

тебе како човек, тие ти се потребни, за да им

помагаш и да им служиш на твоите ближни –

или во професионалниот живот да се најдеш

заедно со оние со кои во претходни животи

твојата душа има создадено причини.

Она што струи од сеќавањата, тоа е она доброто што веќе е остварено, коешто може да се применува за несебична помош и за

служење спрема ближниот.

Она што струи од одговарањата, значи

она коешто било предизвикано во некоја професија, уште е оптоварување. Тоа може

14

преку иста, или преку слична активност во

професијата каква што човекот практикувал

во некој претходен живот, да биде намирено:

во сегашната струка тој се доведува

повторно заедно со оние луѓе со кои ги

создал одговарањата, значи причините, во

подрачјето на струката. Со тоа истовремено

тој добива можност да го направи најдоброто

од професијата, која најпрвин било одговарање, така што својот позив ќе го извршува

чесно, искрено и добродетелски.

Во твоите гени може да лежат уште и

искуства од неколку елементи на струка, т.е.

делумни подрачја од гранки на струки, коишто

ти си ги практикувал во претходни животи; тие можат во вистинско време да станат активни, онолку колку што ти се потребни во ова земско постоење. Кога ќе дојде времето на надворешно

созревање, значи кога младиот човек стапува во пубертет и постепено во период на возрасен, тогаш комплексите на искуства од струките, складирани во душата, се активираат.

Ако си чист, значи, ако твојата божествена

свест делумно, или веќе претежно си ја

15

ослободил во тебе, бидејќи си живеел свесно

и си го очистувал она што ти го доведувала

дневната енергија, тогаш ќе добиеш помош и

при изборот на твојата професија.

Исто така, од различните активности во твоите претходни животи, во тебе можат да се искачат повеќе способности, таленти и квалитети. Тоа може да се

изрази на следниот начин: еднаш имаш

желба да станеш занаетчија, а потоа би

сакал да бидеш лекар, или учител, или, пак, сакаш да работиш со деца, или да се

занимаваш со една струка во социјалното

подрачје.

Ако за време на училишниот период

веќе си се огледал во оваа или онаа област

на занаетчиството, или социјалата, значи, таму си бил активен кратко време за да

ги испиташ своите способности, таленти

и квалитети, тогаш појасно осетуваш каде

те влече и полесно ја наоѓаш професијата

за која со себе донесуваш еден поголем

потенцијал на способности.

16

Но, ако се наоѓаш на крајот од твојот

училишен период и дури сега размислуваш за

избор на професија којашто им соодветствува

на твоите способности, таленти и квалитети,

тогаш внимавај на следното: во секоја мисла

за можноста да се избере оваа или онаа

професија, е одговорот и решението.

Ако ти се допаѓа една професија и

размислуваш за тоа дали неа да ја избереш за

твојот земски живот, тогаш моли Го повторно

Внатрешниот помагач и советник за помош.

Бидејќи во тебе секогаш лежат различни

можности, твојот Внатрешен помагач и

советник, божествената свест, нема да ти

отслика и да ти соопшти во твојот свет на

чувства која професија треба да ја избереш.

Туку Тој ќе ти помогне да ја пронајдеш

професијата што тебе ќе те исполнува, или

во која ќе можеш да го очистиш она што си го

предизвикал во твоите претходни животи, во

тогашните професии.

Внатрешниот помагач и советник секогаш

настојува да ти ги покаже повеќето можнос-

17

ти коишто се активни во тебе и да те води

така што твојата професија да те исполнува

и да можеш на многу луѓе да им помогнеш и

да им служиш.

Меѓутоа, предуслов за тоа е на Внатрешниот помагач и советник да Му биде можно да

те води. Тогаш Тој ти ги покажува аспектите

и можностите од кои ќе бидеш во состојба да

ја препознаеш тежината на твоите различни

способности и таленти. На пример, Тој те

доведува до оние гранки на професии за

коишто ти си сочувал во тебе еден поголем

потенцијал. Внатрешниот помагач и советник може

да те води и вака: преку настани, контакти, или увиди Тој ти ги покажува можностите

коишто се во тебе – на пример, на празници, при една прошетка, при посета на лекар, или во клиника. Или, Тој те доведува

заедно со луѓе кои раскажуваат за нивни

искуства во професијата, така што ти

добиваш увиди и можеш соодветно да се

ориентираш.

18

Ако си буден, имено чист, тогаш сѐ појасно

ќе осетуваш која професија да ја избереш и

наеднаш стекнуваш внатрешна сигурност за

тоа која е вистинската професија за тебе.

Тогаш или ќе препознаеш дека за неа си ја

избрал вистинската школска наобразба – или

ќе ги промениш наставните предмети, или

уште еднаш кратко ќе посетуваш училиште,

или ќе почнеш една обука, во зависност од

тоа што си препознал. Она што дотогаш си

го научил и искусил, значи, она што твојата

божествена свест можела за тебе да го прими

и да го сочува, тоа ќе го употребиш во твојот

натамошен земски живот.

И искуствата на твоите родители со

тебе можат да бидат од помош. Уште од

првата минута на твојот земски живот

тие те придружуваа, те заштитуваа и се

грижеа за тебе. Можеби за тебе воделе една

книга на сознанија, во којашто се запишани

битни обележја од твоето детство. Тие ти

овозможуваат пошироки и подлабоки увиди

во твоето мислење, чувствување и живеење

за времето на твоето детство. Исто така и

19

твојот сопствен дневник, доколку си го водел

совесно, кажува многу за тебе. Во тоа можеш

да се пронајдеш самиот себе, имено да го

препознаеш твоето вистинско битие.

Во брзото време во кое живееш, во кое

збиднувањата брзо се натрупуваат, сигурно во меѓувреме нешто си заборавил. Книгата на сознанијата и твојот дневник ти

кажуваат што било важно и што е и сега

уште важно. Во тоа можеш да се пронајдеш

самиот себе и, исто така, да препознаеш

дали изборот на твојата професија е добар

и дали им соодветствува на твоите таленти, способности и квалитети. ...

yОд книгата: Лиобани:

Јас објаснувам – учествуваш ли и ти?

272 стр. мек повез, ISBN 978-9989-688-47-8

20

Препораки за книги:

Лиобани: Јас раскажувам – слушаш ли? (1. ден - 6 година)

100 стр., мека подврска, бр. за нарачка S114mk

Лиобани: Јас советувам – прифаќаш ли? (6 - 12 година)

304 стр., мека подврска, бр. за нарачка S120mk

Лиобани: Јас објаснувам – учествуваш ли и ти? (12 - 18 година)

272 стр., мека подврска, бр. за нарачка S130mk

yДруги книги, бесплатни брошури и информации

од Габриеле Издателство Реч побарајте на:

WEB: www.izdatelstvo-gabriele.com

E-mail: info@izdatelstvo-gabriele.com

Тел. 02 3111-043, моб. 071 217-477

Интернационална WEB-продавница: www.gabriele-publishing.com

www.izdatelstvo-gabriele.com

Габриеле Издателство Реч Слободниот универзален Дух е учењето за љубовта кон Бог и ближниот, за сите луѓе, природата и животните

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.