Туберкулозата денес - дали знаеш се за туберкулозата?

Page 1

Туберкулозата денес - Знаеш ли сé што треба да знаеш?


Туберкулоза: минато или сегашност? 126 години од откривањето на причинителот на ТБ, 60 години од откривањето на ефикасни лекови, бројките сè уште изгледаат вака: Годишно се регистрираат околу 8 милиони нови случаи на заболени со ТБ Годишно од ТБ умираат околу 1,5 милиони луѓе Коепидемијата меѓу ХИВ инфекцијата и ТБ е присутна насекаде во светот ТБ е причина за смрт кај една третина од лицата коишто живеат со ХИВ

Каде сме ние? Во Македонија годишно се регистрираат помеѓу 600 и 700 случаи на луѓе заболени од ТБ Во последниве 15 години бројот на новооткриените случаи е релативно постојан, со умерено варирање секоја година Во текот на последниве 5 години се бележи тренд на благо намалување на откриените случаи на заболени од ТБ во Македонија

2


Туберкулозата е: хронична заразна болест предизвикана од бактерија (Кохов бацил) најчесто локализирана во белите дробови (80-85%), иако може да заболи секој орган или ткиво на човечкиот организам

3


Начин на пренос: преку воздух

Извор: Човек заболен од туберкулоза при кашлање, кивање, плукање Доколку се најдеш во близина на човек болен од ТБ, може да ги вдишеш бактериите, кои болниот ги исфрлил во воздухот. На таков начин може да се инфицираш со туберкулозните бактерии.

4


И што потоа? Здрав организам најчесто успешно се бори со бактериите и тие остануваат под контрола, во скриена (латентна) форма. Кај 5-10% од инфицираните лица, болеста може да се јави по неколку години поради состојбата на орга­ низмот (имунитетот) и факторите на околината. Ако отпорноста на организмот е слаба, тогаш инфекцијата преминува во болест.

Кој може да заболи од ТБ? Но, лица кај кои постои поголем ризик се: СЕКОЈ! Лица кои биле во непосреден контакт со болен од ТБ (членови на семејство, особено децата) Лицата што живеат со ХИВ Лица кои живеат во затворени колективи (бегалци, затвореници, лица во психијатриски одделнија) Корисници на алкохол и дрога Лица кои живеат со материјални средства под границата на сиромаштија Хронично болни со намален имунитет, каде не постои можност за спречување на болеста (дијабетичри, болни со долготрајна кортико­терапија, болни од малигни заболувања).

5


Симптоми: Кашлица или поткашлување, кое трае подолго од 3 седмици Искашлување на крвав секрет Болка во градите Покачена телесна температура (околу 37-38 степени) проследена со треска и потење Намален апетит и губење телесна тежина

Ако ги препознаеш овие симптоми, задолжително посети го својот лекар и побарај лекарска помош. Немој да го одложуваш прегледот, зашто колку порано се открие болеста и се започне со лекување – толку побрзо ќе бидеш излекуван.

Како се открива? рендгенска снимка на белите дробови, испитување на секрет за присуство на туберкулозни бактерии, лабораториска анализа на тво­ јата крв други дијагностички постапки Откривањето и лекувањето на ­туберкулозата се врши во диспанзерите и болниците за белодробни заболувања и туберкулоза кои постојат во повеќе градови на Репуб­лика Македонија.

6


Дали ТБ се лекува?

ДА!

Со навремено откривање на болеста и со примена на ефикасни лекови – антитуберкулотици, болеста успешно се лекува во 90% од случаите. Но од особена важност е да се земаат сите препишани лекови доволно долго (шест или повеќе месеци), без да се пропушти ниту една доза.

Во Македонија лекувањето на сите случаи со туберкулоза е бесплатно.

7


Заштита: Доколку си во контакт со лице со туберкулоза, потребно е да носиш маска за заштита на устата и носните отвори, ­истото треба да го направи и болниот. Секогаш биди барем на еден метар растојание од лицето со туберкулоза Биди внимателен, помести се настарана ако лице со туберкулоза кашла Редовно проветрувај ја просторијата во која се наоѓа лице со туберкулоза

8


Најдобра превентивна мерка е раното откривање и успешното лекување на ­секој болен од ТБ. Лекувањето на туберкулозата во Македонија е бесплатно и достапно за сите на кои им е потребно. Каде да се обратите за помош? – Кај вашиот матичен лекар, Институтот ­ за белодробни заболувања кај децата – Козле, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза при Клиничкиот центар во Скопје, диспанзерот за туберкулоза во вашиот град.

БЦГ- вакцинацијата е важна превентивна мерка против ­болеста и овозможува заштита од тешки малигни форми на туберкулоза во детска возраст. Заштитата со БЦГ- вакцината не е апсолутна – и вакцинираните лица можат да заболат од туберкулоза. Во нашата земја оваа вакцина е задолжителна. Здравствена едукација на населението, на лицата со туберкулоза и на нивните семејства Заштитата од ТБ е лична одговорност на секој човек, па затоа секој треба да се информира како да се заштити. Не ги обвинувај и не ги осудувај луѓето кои живеат со ТБ.

9


Туберкулоза и ХИВ/СИДА Што е ХИВ, а што СИДА? ХИВ = вирус на имунолошки недостаток кај човекот Како и сите останати микроорганизми, овој вирус навлегува во човековото тело. Но, ХИВ е поразличен од останатите, бидејќи го напаѓа одбранбениот (имунолошкиот) систем на човекот. Имунолошкиот систем вообичаено се бори и се справува со останатите микроорганизми, но ХИВ навлегува токму во клетките на човековиот одбранбен систем, се размножува во нив, и притоа ги уништува. Како резултат на тоа, во одреден временски период, кој може да биде пократок или подолг без притоа да има видливи симпотми, човековиот имунитет постепено ослабува, односно велиме дека се јавува недостаток ­(дефицит) на имунитетот (односно „имунодефициенција“).

СИДА = синдром на стекната имунодефициенција СИДА- та е предизвикана од ХИВ. Со текот на времето ХИВ го униш­ тува имунолошкиот систем на човекот, па телото не може да се бори против различните инфекции коишто претходно можело самото да ги спречи. Сепак, денес антиретовирусната терапија (терапија за ХИВ) успешно го контролира вирусот во крвта и со тоа им овозмо­ жува на лицата со ХИВ да живеат долг и квалитетен живот без да имаат поголеми здравствени проблеми.

10


Што е АРТ (антиретровирусна терапија)? Сè уште не постои лек што ќе може да го искорени ХИВ од организ­ мот. Сепак, постои антиретровирусна терапија, која успешно го држи вирусот под контрола повеќе децении. Оваа терапија всушност претставува комбинација од неколку ­лекови. Таа го спречува размножувањето на вирусот во крвта и го сведува неговото на количество на толку ниско ниво што понекогаш не е мерливо. Со ова на самиот организам му се овозможува да си го подигне имунитетот и повторно да може успешно да се бори со останатите инфекции. Уште повеќе, некои студии од 2011 година укажуваат дека редов­ ното користење на АРТ придонесува ХИВ да стане не детектабилен не само во крвта, туку и во половите течности, а со тоа драстично се намалува и ризикот тој да биде пренесен на друго лице преку сексуален однос Накратко, АРТ овозможува нормален, здрав и успешен живот, ­односно лицата кои живеат со ХИВ можат да продолжат да ги извршуваат секојдневни работни и домашни обврски, да спортуваат, да се забавуваат, да формираат свои семејства сл. Оваа терапија кај нас е бесплатна.

11


Како се пренесува вирусот? Кога ХИВ еднаш ќе навлезе во човековиот организам тој се распро­ странува насекаде: во повеќето телесни течности и во сите органи. Сепак, само во овие течности го има во доволна концентрација за да настане понатамошен пренос: 1. 2. 3. 4. 5.

Крв Сперма Претсемена течност Вагинален секрет Мајчино млеко ХИВ не се пренесува преку плунка, солзи, пот, урина (мочка) и фецес (измет).

ХИВ, исто така, не се пренесува и преку гушкање, бакнување, дружење и сл. со човек кој живее со ХИВ. Инфекција со вирусот настанува кога доволна количина од овие течности (крв, сперма, претсемена течност, вагинален секрет или мајчино млеко) ќе навлезе во крвотокот. Оттаму, ХИВ се пренесува на следниве начини: 1. По крвен пат (преку нестерилни игли, медицински прибор, заедничко користење на четки за заби или бричеви, не­ стерилна опрема за тетовирање и пирсинг и др.) 2. Незаштитен сексуален однос (орален, вагинален, анален) 3. Од мајка на дете (во текот на бременоста, при пораѓање и доење)

12


Како да го дознаам својот ХИВ- статус? ХИВ - статусот се открива само преку специфичен тест на крвта – ХИВ - тест. Овој тест не може да се направи веднаш по ризичното однесување (на пр. незаштитен сексуален однос); за овој тест да даде точен ­резултат, мора да поминат 3 до 6 месеци. На многу места тестирањето за ХИВ во Македонија е доверливо, анонимно, доброволно, и бесплатно.

Каде можам да направам ХИВ-тест? Инфективна клинка – Скопје; Поликлиника Бит Пазар – Скопје; Институт за јавно здравје – Скопје; Младински центри „Сакам да знам“ - Скопје и во секој поголем град во државава каде има центар за јавно здрав­ је, како и теренско доброволно советување и тестирање.

13


Зошто е важно да направам ХИВ- тест? Доколку ХИВ тестот е негативен, во иднина ќе знам како да се заштитам. Доколку ХИВ тестот е позитивен, ќе си обезбедам навремен пристап до ХИВ дијагностика и антиретровирусна терапија, што пак овозможува долг, квалитетен и здрав живот. Доколку ХИВ, односно СИДА, не се третираат навремено, имунитетот на човекот опаѓа и тој повеќе не е во можност да се бори со останатите инфекции и болести. Ова пак, доведува до трајни оштетувања на организмот, па дури и смрт. Еден од главните причинители на смрт кај луѓето што живеат со ХИВ/СИДА е токму белодробната туберкулоза. Затоа, секој од нас треба да направи ХИВ тест!

Како да се заштитам? Заштита од ХИВ и ТБ е лична одговорност на секој човек и секој треба да знае како да се заштити. Не ги обвинувај и не ги осудувај луѓето кои живеат со ХИВ. Лицата кои живеат со ХИВ можат бидат наши соработници, пријатели, сакани. Единствена најефикасна заштита од ХИВ при сексуалните односи е правилната употреба на кондом. Притоа, кондомот нè штити и од несакана бременост, како и од останатите сексуално преносливи инфекции (кламидија, сифилис, гонореја, ХПВ, хепатит Б/Ц и сл.). Парите никогаш не треба да бидат пречка за не применување на заштита, бидејќи во младинските центри „Сакам да знам“ кондомите се БЕСПЛАТНИ!

14


Како правилно да употребиме кондом?

15


Корисни контакт- информации Советувалиште за ХИВ/СИДА при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје тел. (02) 3147 752 Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување тел. (02) 3290 395 Веб: http://www.hera.org.mk/ Facebook: http://www.facebook.com/hera.macedonia МЦ „Сакам да знам“ - Водно Тел. (02) 3176 950 МЦ „Сакам да знам“ - Шуто Оризари Тел. (02)2651-955


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.