Годишен извештај 2008

Page 1

Х.Е.Р.А ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008 www.hera.org.mk

МЛАДИ ХИВ/СИДА ЗАСТАПУВАЊЕ

ЛОБИРАЊЕ ЛОБИРАЊЕ

СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ПРАВА ИНФОРМАЦИИ КОНДОМ

КОНТРАЦЕПЦИЈА ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА

ДОВЕРЛИВОСТ ДОБРОВОЛНОСТ

СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА ИНФОРМАЦИИ

ВОЛОНТЕРИ


Вовед Во 2008 година ХЕРА продожи да го проширува и подобрува квалитетот на своите програми и сервиси за сексуално и репродуктивно здравје, силно работеше на унапредување на своите капацитети и зајакнување на соработката со сите релевантни организации, институции и поединци. Одличен пример за тоа е програмата за теренското ХИВ советување и тестирање меѓу вулнерабилни и маргинализирани групи која се остварува во соработка со неколку невладини организации, Републичкиот завод за здравствена заштита и Министерството за здравство. Преку специјално опремена мобилна лабораторија ја гарантиравме приватноста на ХИВ тестирањето и негово прилагодување кон потребите на целните групи, а со спроведување на тестирањето надвор од институциите и на места каде што се наоѓаат целните групи ја зголемивме достапноста на услугите и бројот на нови корисници. Во текот на 2008 година со услугите за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје беа опфатени вкупно 1925 клиенти, од кои 1330 лица припадници на вулнерабилни и сиромашни групи на граѓани. Вкупно беа обезбедени 6291 услуга. И понатаму остануваме доследни на нашите главни определби и вредности во обезбедувањето на бесплатни, доброволни и доверливи услуги за сексуалното и репродуктивно здравје за сите млади, мажи и жени а особено за оние кои потешко или воопшто не ги остваруваат своите права за здравствена и социјална заштита. Унапредување на репродуктивното здравје на младите и Ромите преку обезбедување на достапни и “пријателски“ сервиси и едукација и во 2008 година беа дел од поголем број на наши проекти со кои посебно се гоордевеме. Младите и адолесцентите се наши приоритети во програмите. И во текот на 2009 година интезивнио работевме на обучување на нови врснички едукатори, спроведување на активности за сексуална едукација во училиштата, социјалните институции за деца и младинските центри. Иако најголем дел од младите опфатени со нашите активности беа учениците сепак оваа година го зголемивме бројот на едуцирани млади кои се надвор од образовниот систем и млади со социјално-воспитни проблеми. Во текот на месец Август ХЕРА го организираше 5-тиот последователен Национален тренинг за тренери на врсничка едукација за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје и обучи нови 25 тренери. Во текот на 2008 година ХЕРА учествуваше во проектот на Републичкиот завод за здравствена заштита и Министерството за здравство во подготвување на “Стратешката проценка на политиките и програмите за контрацепција и абортус“. Голем дел од препораките во документот беа иницирани од страна на ХЕРА и се дел од овој стратешки документ. Стратешката проценка препорачува подигнување на свеста за користење на модерна контрацепија со цел намалување на абортустите во државата, подобрување на квалитетот на услугите за безбеден абортус и развивање на сеопфатни политики и програми за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје, вклучително и усвојување на национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје. Направени се значајни чекори да се профилираме како органзиација која ќе застапува и лобира за политики и програми за сексуално и репродуктивно здравје и права. Во таа насока преку директно лобирање ХЕРА имаше значан придонес во подготвување на националната превентивна програма за ХИВ/СИДА во 2009 и препознавањето на улогата на граѓанскиот сектор како


активен партнер во спроведување на едукативните и превентивните мерки меѓу младата популација. Во таа насока дел од средствата во 2009 ќе имаат можност да користат и невладините организации кои работат на полето на едукацијата меѓу младите. Истовремено со Националната превентивна програма за ХИВ/СИДА за 2009 година обезбедена е и финасиска поддршка за Советувалиштето за ХИВ/СИДА во рамки на Клиниката за инфективни болести за спроведување на дел од социјалните и здравствените услуги (услуги за советување и психо-социјална работа со лица кои живеат со ХИВ/СИДА) и со тоа обезбедена финасиска и програмска одржливост и интегрираност на овој сервис преку државните здравствени програми а кои досега беа финасирани од страна на ХЕРА. Во текот на 2008 година ХЕРА помина низ процес на акредитација од страна на ИППФ за добивање на полноправен статус со која се направи проценка на моменталните нејзини политики на програмско, администаривно и финасиско управување. Проценката покажа дека најголем дел од стандардите на ИППФ се исполнети. Во текот на 2009 останува заложбата активно да се работи на подготовка на долгорочна стратешката програмска рамка, стратегија на застапување и мобилизирање на финасиски ресурси како и на подобрување на администартивните политики со цел целосно исполнување на стандардите на ИППФ, унапредување на квалитетот на работењето и добивање на статус на полноправна членка на како крајна наша визија. Дополнително кон крајот на 2008 година ИППФ донесе одлука ХЕРА од наредната година да може да користи дел од нејзините нерестриктивни фондови за сопствено планирање на дел од својата администрација и персонал со што ќе се овозможи поголема оддржливост на канцеларијата и програмите. Во текот на 2008 година бевме сведоци на низа политички, религиозни и насилно конструирани обиди да се делегимитизират сексуалните и репродуктивните права. Со појавата и интезивирањето на анти-абортус движењето во Македонија и преку користење на националнистичи и религизони реторики силно беа осудени правата на избор на жената за абортус што значеше вистински напад и потцена на репродуктивните права на жените слободно да одлушуват за своето здравје, живот и интегритет. ХЕРА поединечно и во рамки на Коалицијата за заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи преку низа реакции до медимите и краторите на политики застана во одбрана на правото за сопствен избор и слободно одлучување и препорача доследно почитување на овие права загарантирани со уставот на Република македонија и интернационалните документи како и подобрување на политиките и стартегиите за сексуално и репродуктивно здравје кои ќе ги почитуваат човековите права и ќе се залагаат за родова едаквост. Истовремено чинот на насилно ХИВ тестирање на група сексуални работници од страна на Министерството за Внатрешни Работи беше уште еден пример на загрозување на правото на доверливост и приватност и непочитување на националните политики за ХИВ/СИДА и тестирање во Република Македонија. И во овој случај ХЕРА заедно со ХОПС и Коалицијата за заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи превзема низа на активности со цел да укаже на прекршување на правата на приватност и доверливост и обидите да се криминализира преносот на ХИВ инфекцијата преку спроведување на репресивни методи особено насочена кон одредени маргинализирани и социјално-запоставени групи на граѓани. Во таа насока беа спроведени низа состаноци со министерството за здравство и внатрешни работи, беше подготвена реакција до медиумите и до релевантните


институции за заштита на човековите права и организирана прес конференција за новинари. Сексуалните и репродуктивните права се човекови права. ХЕРА силно ќе се залага за опшество во кое сексуалните и репродуктивните права се загарантирани и каде сите мажи, жени и млади се здрави и слободни, славејќи ја сексуалноста и различноста како појдовен животен принцип. Интересот на секое демократско опшество е креирање на политики и стартегии за сексуално и репродуктивно здравје кои ќе ги почитуваат човековите права, ќе се залагаат за родова едаквост и нема да ја осудуваат сексуалноста и односите меѓу луѓето. На крај сакам да се заблагодарам на сите волонтери и вработени за својот ентузијазам, вложен труд и успесите кои ги постигнавме во 2008 година. Нека духот и посветеноста продолжи и во 2009. Бојан Јовановски


ИСТОРИЈА Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување е формирана во почетокот на 2000 година како иницијатива на група од 6 млади волонтери и ентузијасти. Основните цели кои тогаш се поставуваат пред организацијата се однесуваат на примарна превенција и едукација за ХИВ/СИДА, развивање на здрави животни стилови меѓу младите како и обезбедување пристап до третман и грижа на лицата кои живееат со ХИВ и нивните најблиски. Уште во своите почетоци ХЕРА ја препознава потребата од промовирање на концептот за сексуалното и репродуктивното здраве и права кој набргу го вклучува во своите програми и активности како сеопфатен јавно-здравствен пристап во борбата против ХИВ/СИДА епидемијата втемелен на концептот на човековите права. Денес ХЕРА е лидер организација меѓу граѓанскиот сектор која работи на промоција и унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и права. Тековно се спроведуваат повеќе програми преку кои нејзините корисници, особено младите и вулнерабилните групи, имаат пристап до сеофатни информации, сексуална едукација и бесплатни и доверливи здравствени и социјални услуги. Покрај обезбедувањето на сервиси и подигање на свеста меѓу граѓаните ХЕРА силно лобира и за подобрување на политиките и законите поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права. Историски преглед на позначајни резултати: 2000 – Отворена СОС телефонската линија за превенција од ХИВ/СИДА 2001 – Во соработка со Републичкиот завод за здравствена заштита промовирана пилот иницијатива за бесплатно, анонимно и доверливо ХИВ тестирање во Република Македонија кај набргу станува дел од државната политика и стратегија и се спроведува во повеќе здравствени институции ширум земјата 2001 – Отворен сервис за советување и тестирање за ХИВ/СИДА и пружање психосоцијална поддршка за лицата кои живееат со ХИВ/СИДА и нивните најбликси 2002 – Во рамки на Балканскиот проект ХЕРА е избрана од страна на Интернационалната федерација за семејно планирање за имплементатор на активностите и програмите за промовирање на сексуалното и репродуктивното здравје во Македонија 2002 – Оддржан првиот Национален тренинг на тренери за врсничка едукација и сексуално и репродуктивно здравје 2003 – Учество во изработка на првата Национална стратегија за ХИВ/СИДА 2003 – 2006 како член на националната мултисекторска комисија за ХИВ/СИДА и е директно вклучена во подготовките и развивањето на проектната апликација за Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, Маларија и Туберколоза 2003 Дел од членовите на ХЕРА кои работеа на проекти фокусирани на ХИВ/СПИ превенција меѓу МСМ формираат посебно граѓанското здружение ЕГАЛ – Еднаквост меѓу мажи и жени со цел заштита на секуалното здравје на ЛГБТ популацијата и намалување на хомофобијата во Македонија. Денес ЕГАЛ


е една од водечките граѓански здруженија која работи на полето на ХИВ/СПИ превенција меѓу ЛГБТ заедницата и унапредување на сексуалното здравје и права. 2004 – ХЕРА е одговорна за спроведување на тригодишниот прокет на Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, Маларија и Туберколоза (2004 – 2007) во делот на следниве програми: превенција од ХИВ/СИДА меѓу младата популација на возраст од 15 до 24 години, превенција од ХИВ/СИДА меѓу мажите кои имаат секс со мажи (МСМ) и програмата за доброволно советување и тестирање за ХИВ и соогласно обврските и целите на националната стратегија 2005 – Отворен првиот младински центар за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам“ во просториите на амбулантата Водно како заедничка иницијатива на ХЕРА и ЈЗУ Здравствен Дом Скопје и со поддршка од Министерството за здравство 2005 – Во партнерство со Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби отворено Советувалиште за ХИВ/СИДА и дневен центар за лицата кои живеат со ХИВ/СИДА 2006 – Отворен втор младински центар за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам“ во рамки на амбулантата Шуто Оризари а во партнерство со ЈЗУ Здравствен Дом Скопје и Министерството за здравство 2007 – Во соработка со Републичкиот завод за здравствена заштита и повеќе невладини организации започната е релизација на програмата за теренско ХИВ тестирање меѓу вулнерабилни и маргинализирани групи со специјално опремено медицинско возило за ХИВ тестирање. 2007 – Учество во развивањето на втората национална стратегија за ХИВ/СИДА 2007 – 2011 2008 – ХЕРА е одговорна за спроведување на програмата за теренско ХИВ советување и тестирање меѓу вулнерабилни и маргинализирани групи во рамки на петгодишниот проект на Глобалниот Фонд за ХИВ/СИДА, Маларија и Туберколоза (2008 – 2012) како дел од целите и обвските на националната стратегија 2008 – Учествува во експертската група од страна на Министеството за здравство за подготвување на анализата на политиките и програмите за контрацепција и абортус во Република Македонија 2008 – Учествува во подготовката на Превентивната програма за ХИВ/СИДА за 2009 година


ВИЗИЈА ХЕРА се залага за свет во кој сексуалните и репродуктивните права се загарантирани и каде сите мажи, жени и млади се здрави и слободни, славејќи ја сексуалноста и различноста како појдовен животен принцип

МИСИЈА И ЦЕЛИ АБОРТУС Гаранција на правото на жената за избор, обезбедување на пристап до безбеден и легален абортус и зголемена стапка на користење на контрацепција ХИВ/СИДА Оддржување на ниска стапка на ХИВ/СИДА и обезбедена целосна заштита на правата на лицата инфицирани и погодени од ХИВ/СИДА АДОЛЕСЦЕНТИ И МЛАДИ Сите адолесценти и млади се свесни за нивните сексуални и репродуктивни права што им овозможува да донесуваат слободни и информирани одлуки и активно остварување на овие права ПРИСТАП Сите луѓе, особено младите и вулнерабилните групи, имаат пристап достапни, сеопфатни и квалитетни информации, едукација и услуги сексуалното и репродуктивно здравје, вклушувајќи ги и сервисите планирање на семејството, засновани на концептот на сексуалните репродуктивните права

до за за и

ЗАСТАПУВАЊЕ Силна политичка, финасиска и јавна заложба за поддршка на секуалното и репродуктивно здравје и права на сите институционални нивоа во државата и пошироко во светот


ИЗВРШЕН ОДБОР 1. 2. 3. 4. 5.

д-р Милена Стевановиќ – Претседател Даниел Калајџиевски – Секретар Александра Вучковска д-р Жаклина Шопова д-р Маја-Џочкова Даскаловска

ПЕРСОНАЛ 1. Бојан Јовановски – Извршен Директор 2. Драшко Костовски – Програмски Директор 3. Милош Стојановиќ – Директор за Финасии и Администрација 4. Мила Царовска – координатор на програма за младински пријателски сервиси 5. Елизабета Божиновска – Координатор на програма за Доброволно и Доверливо ХИВ Советување и тестирање 6. Катерина Спасовска – координатор на проект 7. Румена Крастовска – социјален работник, Советувалиште за ХИВ/СИДА 8. Марија Драгојловиќ – домаќин, Младински центар за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам – Водно“ 9. Ива Михајловска – социјален работник, Младински центар “Сакам да знам – Шуто Оризари“ 10. Весна Турмаковска – психолог, Младински центар “Сакам да знам – Шуто Оризари“ 11. Лозан Каранџиски – возач 12. Даме Николов – возач


АДОЛЕСЦЕНТИ И МЛАДИ

Во 2008, преку врсничка едукација вкупно 2058 млади на возраст од 15 до 24 години добиле едукација и информации за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје

Врсничка едукација ЦЕЛИ: подбрување на информираноста и знаењата на младите од областа на сексуалното и репродуктивносто здравје преку организирање на едукативно-превентивни активности од страна на обучени млади едукатори, волонтери на организацијата КРАТОК ОПИС: Врсничката едукација е модел на неформална сексуална едукација која ХЕРА преку своите волонтери ја реализра со спроведување на едукативни и информативни активности во рамки на училиштата, социјални институции, центрите за млади и на останати места каде се собираат младите. Вклучува обука на млади врснички едукатори и тренери за врсничка едукација, организирање на едукативни предавања од страна на обучени врснички едукатори, дистрибуција на кондоми и информативни материјали и организирање на промтивно-едукативн настани од забавен и културен карактер. Во рамки на програмата за врсничка едукација посебно внимание се посветува на градење на капацитетите за врсничка едукација на младите волонтери од локалните невладини организации. Оваа програма вклушува и креативни работилници за сексуално и репродуктивно здравје преку кои младите учат и стекнуваат различни вештини и низ кретивни форми ги пренесуваат своите пораки до нивните врсници и пријатели за поодговорно однесување и здрави стилови на живеење.

Во текот на 2008 година беа организирани неколку обуки за врснички едукатори пришто вкупно се едуцирани и обучени 27 врснички едукатори. За разлика од минатата година бројот на нови врснички едукатори е опаднат. Овој факт се должи на намалениот број на проекти поврзани со врсничка едукација и отсуство на програмата за врсничка едукација за млади во рамки на новиот грант на Глобалниот Фонд кои во изминатите три години беше еден од главните ресурци за унапредување и оддржување на мрежата на пиер едукатори. Сепак со поддршка на проектите на Глобалниот Фонд за борба против Туберколоза, Град Скопје и Агенција за млади и спорт беше оддржан одреден континуитет на оваа програма и се реализираа голем број на пиер едукативни предавања со кои беа едуцирани вкупно 2058 млади. Особено е значајно дека во 2008 година поголемиот број на пиер едукации беа спроведни меѓу млади кои се повулнерабилни, сиромашни и социјално-исклучени. Во таа насока голем дел од едукациите беа спроведени во рамки на социјалновоспитните институции за млади и институциите за млади со посебни потреби. Поддршката и партнерството со овие инсититуции е за посебно одбележување. Во тек на месец Август ХЕРА со поодршка на УНФПА и Американскиот Мировен Корпус го организираше 5-иот Национален Трнинг за Тренери за врсничка едукација и сексуално и репродуктивно здравје и обучи нови 25 тренери. На


обуката пристутвуваа волонетри од повеќе од 10 локални невладини организации. Обуката беше од особена важност како за мрежата на врснички едукатори на Х.Е.Р.А., така и за зголемување и зајакнување на Y-PEER мрежата во Македонија. Исто така преку овој тренинг се зајакнаа и капацитетите на другите локални невладини организации кои што работат на полето на здравствената едукација и преенција. ХЕРА уште еднаш ја демонстрира улогата на лидер организација за врсничка едукација за сексуално и репродуктивно здравје во Република Македонија. Во текот на обуката на 12-ти август се одбележа и Меѓународниот ден на младите. За таа цел се спроведе мала промотивна активност во Маврово преку делење на промотивни материјали, како и информирање на посетителите и локалното населени за овој ден како и неговата важност. Одбележувањето на овој ден беше подржан од страна на ASTRA Youth Network а паралелни активности се спорведуваа во неколку земји од Европа и Централна Азија. За одбележување е и активното членување во YPЕER Македонија во која голем број на нашите млади волонтери и челнови учествуваа во реализрањето на активностите на оваа мрежа за 2008, преку осмислување и директно спроведување на активностите за Светскиот Ден за борба против СИДА, пишуавање на статии во рамки на весникот на Y-PEER Macedonia и учество на интернационални семинари и обуки. ХЕРА во текот на 2008 реализира и мал прокет подрржан од Агенцијата за малди и спорт кои се однесување на подобрувањето на знаењата за ХИВ/СИДА меѓу младите особено од руралните локални заедници надвор од Скопје. Преку моделот на врсничка едукација беа вкупно едуцирани 398 млади. Проектот во својата идеја беше повеќе осмислен во насока на градење на капацитетите на НВО во локалните заедници за ХИВ/СИДА но поради ограничување на средставата беа спроведени само дваесетина еднодневни пиер едукации во училиштата и во дел од социјалните институции за млади Во рамките на проектот на Град Скопје за подигање на свеста кај младите за ХИВ/СИДА беше организирана мини фотографска работилница во која младите волонтери на ХЕРА учеа вештини на фотографирање на теми поврзани со здрави животни стилови. Во рамките на фотографската работилница беа изработени вкупно 31 фотографија во кои младите се обидоа со својата креативност да ги доловат однесувањата, културата и стилот на живееење на своите врсници во денешно време. Беше истовремено организирана и изложба на кои беа претставени фотографиите и трибина на тема ХИВ/СИДА и младите емитувана на Македонската Телевизија Во јуни 2008 година беше спроведено квантитативно истражување за знаењата на средношколците во град Скопје за ХИВ/СИДА и нивните ставови за пристапите кон едукацијата за сексуално и репродуктивно здравје. Истражувањето беше спроведено од тимот на врсничка едукација на ХЕРА. Вкупно беа опфатени 1024 млади на стандардизиран прашалник во кои беа вклучени индикаторите на УНГАС со кои се оценуваат знаењата за ХИВ/СИДА кај младата популација. Истражувањето имаше за цел да се увиди и потребата од посеопфатно информирање на младите во рамки на наставната програма на теми поврзани со сексуално и репродуктивно здравје и пристапите кон едукацијата. Соогласно УНГАС индикаторите истражувањето покажа недоволно информираност на младите за ХИВ/СИДА во кое само 16,3% од младите имаат целосни знаења за ХИВ/СИДА. Овој податок е истовремено и потврда на резултатите од бихевијоралната студија на РЗЗЗ за недоволната информираност за ХИВ/СИДА меѓу младите кои недвосмислено укажуваат на потребата од континуирана превенција и едукација за ХИВ/СИДА меѓу младата популација, но користејќи различни пристапи и стратегии. Сепак постои добра информираност за начините на кои се пренесува ХИВ и можностите за заштита, но младите се недоволно информирани за начините на кои не се пренесува


ХИВ инфекцијата кое може да се толкува како резултат на постоење на предрасуди и стигма кон одредени ситуации и појави отколку заради неинформираност. Во однос на пристапите младите кои присутвувале на врсничка едукацаи речиси подеднакво сакаат да бида едуцирани од врснички едукатори и лекари, додека младите кои не била на врсничка едукација повеќе преферираат едукација од страна на лекари. Кај младите постои помал интерс по однос на темите абортус, контрацепција, родова еднаквост и сексуално насилство кое е основа за друга продлабочена анализа со цел да се индификуваат причините за ваквата незаинтересираност. Дури 80% од испитаниците се за воведување на сексуално образовиние во наставата во средното ушилиште. Во рамките на проектот за превенција од Туберлолоза меѓу младите беа обучени нови 24 врснички едукатори и едуцирани вкупно 605 млади. Проектот се спроведува во континуитет веќе трета година и е со поддршна на Глобалниот Фонд за борба против Туберколозата. Во рамките на проектот беше изработена и едукативна брошура за млади. Со поддршка на Глобалниот Фонд во текот на 2008 година започна реализацијата и од првата фаза од проектот за едукација на наставниот кадар во средните и основните ушилишта за превенција од Туберколоза. Фокусот беше даден на училиштата во средини со ниски соци-економски стандарди и повисока стапка на ТБ инфекција. Во текот на месец Ноември и Декември во рамки на двете еднодневни обуки беа едуцирани вкупно 78 наставници. Во текот на обуките наставниците истовремено работеа на развивање на индивидуални акциони планови за ТБ превенција кои од почетокот на 2009 ќе ги спроведат во своите училишта и меѓу своите ученици и соработници со технишка помош и поддршка од страна на ХЕРА.

Предизвици: • Оддржливост на мрежата за врснички едукатори, особено на територија на град Скопје • Воведување на нови пристапи и стратегии при спроведување на програми за сексуална едукација меѓу младите • Нови соддржини и дополнување на програмата за обука на тренери за врсничка едуација и сексуално и репродуктивно здравје • Градење на капацитетите на локални НВО во однос на врсничка едукација и сексуално и репродуктивно здравје • Програма за машко сексуално и репродуктивно здравје • Вклучување на младите во застапувања и лобирање за секуално и репродуктивно здравје и права • Спроведување на акциони планови за ТБ превенција во основните и средните училишта


ХИВ/СИДА Во 2008, преку сервисите на ХЕРА се направени вкупно 898 ХИВ тестирање со цел зголемување на свеста за ХИВ/СИДА и промоција на одговорно однесување Советувалиште за ХИВ/СИДА ЦЕЛИ: Подобрување на пристапот за ХИВ тестирање и квалитетот на здравствени и социјални услуги за лица кои живеат со ХИВ/СИДА. КРАТОК ОПИС: Советувалиштето вклучува сервиси и поддршка за лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, медицински и психо-социјални, како и организирање и изведување на теренска работа и палијативна грижа. ХИВ/СИДА советувалиштето претставува своевиден мал центар за ХИВ/СИДА за сите лица кои побаруваат услуги за тестирање за ХИВ и превенција, поддржано со советување и упатување. Советувалиштето за ХИВ/СИДА е партнерски сервис на ХЕРА и Клиниката за инфективни болести Во текот на 2008 година беа регистрирани вкупно 503 посети на клиенти кои ги користели сервисите на Советувалиштето за ХИВ/СИДА и обезбедени се вкупно 1418 услуги. Во пакетот на услуги влегуваат пред/пост ХИВ советување и тестирање, обезбедување на информации, помош и поддршка преку СОС телефонската линија за ХИВ/СИДА и СПИ, обезбедување на психо-социјална поддршка и комлементарна терапија и медицински услуги и следење на лицата кои живеаст со ХИВ/СИДА. Поради нискиот социо-економски статус во текот на 2008 година 7 лица кои живеат со ХИВ беа постојани корисници на социјалните сервиси на Советувалиштето за ХИВ/СИДА на кои во континуитет им се обезбедуваа пакети со храна и хигиенски материјали и психо-социјална поддршка. Сепак забележан е пад на бројот на јавувања на СОС телефонската линија од лица кои побарале информации поврзани со ХИВ/СИДА и Сексуално Преносливи ингфекции и вкупно се регистрирани само 181 јавување. Една од поголемите постигнувања во 2008 година се однесува на воспоставувањето на првата дневна болница за лица со ХИВ/СИДА во рамки на Советувалиштето за ХИВ/СИДА и со тоа прифаќање на важноста на третманот и превенција на болеста. Предизвици • Обезбедување на финансиска оддржливост на психо-социјалните сервиси за лицата кои се инфицирани и погодени од ХИВ како заложба на Владата и Министерството за здравство во рамки на државните здравствени програми и буџети • Целосно интегрирање на услугите и активностите на Советувалиштето за ХИВ/СИДА во рамки на дневните активности и програма на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби • Поактивно вклучување на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА во осмислување на активностите и услугите во рамки на Советувалиштето за ХИВ/СИДА согласно нивните потреби • Градење на капацитетите на ХИВ позитивните лица за нивните права и поорганизирано нивно дејствување како заедница • Промоција на СОС телефонската линија за ХИВ/СИДА и СПИ


Теренско ХИВ/СИДА советување маргинализирани групи

и

тестирање

меѓу

вулнерабилни

и

ЦЕЛИ: подобрување на пристапот до ХИВ тестирање меѓу вулнерабилните и тешко достапните групи, вклучително мажи кои имаат секс со мажи (МСМ), корисници на дрога кои инјектираат (КДИ), сексуални работници(СР), затвореници и млади преку организирање и обезбедување на теренско ХИВ тестирање прилагодливо за потребите на целните групи. Специјално опремена мобилна лабораторија нуди бесплатни брзи ХИВ тестови, дистрибуција на, кондоми, лубриканти и едукативни материјали. Теренското Доверливо Доброволно Советување и Тестирање за ХИВ претставува заедничка програма помеѓу невладините организации кои работат со маргинализирани и тешко достапни популации и Републичиот завод за здравствена заштита. Тим од медицинско лице, советувач (лице обучено од невладината организација) и “гејткипер“ (припадник на целната група) се одговорни во спроведувањетое на активностите и услугите на терен. Улогата на гејткиперот се состои во анимирање и запознавање на корисниците со услугите на теренското ХИВ тестирање и придружба до локацијата на возилото и со тоа е обезбедено директно учество на припадниците од целните групи во програмата, во нејзиното спроведување и евалуација. Во месец Април 2008 година започна новата петгодишна програма за Теренското Доверливо Доброволно Советување и Тестирање за ХИВ поддржано од Глобалниот Фонд за ХИВ/СИДА, Маларија и Туберколоза. Новата програма предвидува проширување на теренските активности низ повеќе градови низ Македонија, зголемување на општата свест од потребата за ХИВ тестирање и подобрување на капацитетите на невладините организации за ХИВ советување и тестирање. Во 2008 година преку оваа програма се направени вкупно 642 тестирања на терен а теренските активности се спроведуваа само на ниво на град Скопје. Истовремено обучени се нови 20 советувачи од невладините организации од 10 градови низ Македонија кои од почетокот на 2009 година ќе го спроведуваат теренското ХИВ тестирање во своите градови и меѓу своите целни групи. За таа цел потпишани се договори за соработка со 10 нови невладини организации. Оваа година ХЕРА го прошири опсегот на теренските ХИВ/СИДА услуги и од Декември 2008 во рамки на теренското возило се нудат и тестови за Хепатитис Ц. Со обезбедувањето на брзи ХЦВ тестови е направен обид за обезбедување на организиран и достапен ХЦВ скрининг меѓу вулнерабилните групи, особено корисниците на дроги, што ќе овозможи навремена дијагностика и поквалитетен третман за ХЦВ+ лица. Понатаму, во услови на ограничуавање на третманот за лекување на ХЦВ+ лица и непостоење на континуирана терапија за сите пациенти резултатите најдени со скрининг тестирањето за ХЦВ ќе ни овозможат во иднина пооправдано и засновано на докази лобирање и застапување за подобрување на здравствените политики за дијагностика и третман за Хепатитис Ц. Од крајот на 2008 ХИВ и ХЦВ тестовите се нудат во рамки и на двата младински центри за секуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам„. Поради промена на управувачка структура во затворот КПУ Идризово и непрепознавање на придобивките од обезбедувањето на редовно ХИВ тестирање оваа година програмата за Доверливо Доброволно Советување и Тестирање за ХИВ не беше спроведувана меѓу затворениците иако се дел од главните целни групи кон кои се равиени посебни програми за едукација и превенција согласно Националната Стратегија.


Предизвици • Проширување на теренското ХИВ тестирање во 10 нови градови надвор од Скопје • Воспоставување на соработка со КПУ Идризово • Администаривни процедури за набавка во рамки на Министерството за здравство го оневозможуваат навремено започнување на дел од активноститите и оддржување на континуитет на веќе започнатите активности • Воведување на мерки за подобрување на квалитетот на услугите за теренско ХИВ тестирање и евиденција на клиентите • Оддржување на континуитет на скрининг за ХЦВ на терен и ХИВ тестирање во рамки на младинските центри “Сакам да знам“ • Лобирање и застапување за подобрување на здравствените политики за дијагностика и третман за Хепатитис Ц


АБОРТУС Стратешка проценка за политиките и програмите за контрацепција и абортус во Република Македонија Во текот на 2008 година ХЕРА учествуваше во проектот на Републичкиот завод за здравствена заштита и Министерството за здравство во подготвување на “Стратешката проценка на политиките и програмите за контрацепција и абортус“. Голем дел од препораките во документот беа иницирани од страна на ХЕРА и се дел од овој стратешки документ. Стратешката проценка препорача подигнување на свеста за користење на модерна контрацепија со цел намалување на абортустите во државата, подобрување на квалитетот на услугите за безбеден абортус и развивање на сеопфатни политики и програми за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје, вклучително и усвојување на национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје. Предизвици: • подигање на свеста кај жените, особено во руралните средини за безбеден и легален абортус и предностите од користењето на модерна контрацепција • истражување меѓу младите во однос на знаењата, ствовите и практиките поврзани со употребата на контрацепција и безбеден абортус • подобрување на мерките за безбеден абортус


ПРИСТАП ДО СЕРВИСИ Во 2008, вкупно 1925 лица се регистрирани како корисници на сервисите за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје и им се обезбедени вкупно 6291 услуга. 69% од клиентите се припадници на вулнерабилни, тешко достапни групи и лица со низок социоекономски статус Младински центри за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам“ ЦЕЛИ: подобрување на пристапот до соодветни и прилагодливи на потребите услуги и информации за младите, од областа на сексуалното и репродуктивното здравје, преку промовирање на модел на младински “пријателски“ сервиси КРАТОК ОПИС: Во текот на 2005 и 2006 година во партнерство со ЈЗУ Здравствен Дом Скопје и Институтот за мајки и деца се отворени два младински центри “Сакам да знам“со цел унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на малдите и адолесцентите. Во рамките на центрите се нудат бесплатни и доверливи услуги за сите млади и адолесценти на возраст од 14 до 30 година. Првиот младински центар е лоциран во амбулантата Водно и повеќе ја опфаќа општата млада популација во ушилиштата, додека младинскиот центар во општината Шуто Оризари е наменет за потебите на младата Ромска популација со низок социоекономски стандард и со потешкотии во социјалното и здравственото осигурување. Сервисите се обезбедуваат од мулти-дисциплинарен тим на даватели на услуги вклучувајќи медицински сервиси (гинеколошки, дерматолошки – прегледи, консултација и терапија, тестирање за СПИ) и немедицински (советувања за контрацепција, секусланост, неформални предавања во мали групи, врснички едукации, психо-социјални услуги и советувања поврзани со семејно и родово насилство, сексуална злоупотреба и проблеми на младите поврзани со нивното однесување). Младинските центри располагаат до бесплатни кондоми и едукативни материјали кои се дистрибуираат на корисниците на услугите.

Во 2008 година во рамки на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје се регистрирани вкупно 2998 посети на млади. 83% од посетите се регистрирани во Младинскиот центар “Сакам да знам – Шуто Оризари“ додека само 17% во рамки на младинскиот центар во Водно. Иако посетеноста на Младинскиот центар Сакам да знам- Водно во 2008 е зголемена за околу 30% во спредба со 2007 сепак капацитетот со кој располага ценатрот и можностите кои што се нудат не се коплетно искоритени. Причините се поврзани со недоволна медиумска промоција и послабата координираност и соработка со училиштата и социјалните институции за деца како потенцијален ресурси кои би ги користеле услугите во младинскиот центар. Од особено значење е организирањето на континуирани предавања за учениците од средните ушилита од Орце Николов„ и „Наум Охридски“ кои во текот на 2008 во поголем број го посетија малдинскиот центар и се здобија со знаења и информации поврзани со теми од сексуалното и репродуктивното здравје. Ваквата иницијатива е резултат на добро воспоставената соработка со претавниците на овие училишпта. Високи 94% од клинтите кои добиле услуги во рамките на младинските центри отпаѓаат на лица со низок социо-економски статус (најчесто млади Роми) и повулнерабилни и маргинзлиарана популациии како сексуални работници (кои


ги користат гинеколошките услуги) и мажи кои имаат секс со мажи (корисници на дермато-венеролошките услуги) во партнерство со НВО ЕГАЛ и ХОПС. Овој висок процент ја покажува нашата определност за обезбедување на услуги за секуално и репордуктивно здравје на лица кои имаат потешкотии или воопшто неможат да ги остваруваат своите права за здравствена и социјална заштита. Големата посетеност на младинскиот центар „Сакам да знам“- Шуто Оризари е резултат и на добро воспоставената комуникација со локалните социјални, образовни институции и невладини организации кои го препознаваат центарот како локален ресурсен центар каде може да ги упатат своите целни групи за добивање на информации и услуги. Преку овој центар се вопостави одлична соработка со Клиниката за гинекологија и акушерство преку што им се овозможува полесен притап до услугите за репродуктивно здравје, особено ПАП тестирање, на младите жени Ромки. Во рамките на проектот “Ромски Ресурсен центар – Шуто оризари“ поддржан од Норвешката Црковна Помош го зголемивме опсегот на медицински и психосоцијални услуги кои се нудат на младите Роми, вклучувајчи отворање на дерматолошка ординација и вработување на психолог. Оваа година започнаа да се релизираат и серија на едукативни работилници за социјално зајакнување на младите Роми каде во текот на 2008 беа оддржани 3 работилници на теми Комуникација, Предрасуди и Решавање на конфликти спроведени од страна на граѓанското здружени РУБИКОН. Во рамките на одбележување на 1 Декември Светскиот Ден за борба Против СИДАТА беше одржан забавно-едукативен настан проследен со едукации во центарот и едукативни игри во кафе барот Стил пришто беа опфатени околу 150-200 млади луѓе. Во рамките на активностите на проектот беше спроведено и теренско истражување меѓу жените ромки во Скопје со цел да се процени нивниот статус во однос на употребата на контрацепција и абортус кои влијаат на нивното севкупно репродуктивно здравје, да се идентификуваат факторите и бариерите кои влијаат на пристапот то сервиси за репродуктивно здравје, особено сервисите за контрацепција и да се препорачат идни интервенции како подобро да се промовира Репродуктивното здравје кај жените Ромки и зголеми пристапот до сервисите кои се нудат во рамки на Младинскиот центар во Шуто Оризари. Во текот на истражувањето беа опфатени вкупно 62 жени Ромки. Заклучоците покажуваат дека постои висока стапка на абортуси меѓу Ромките (32% од интервјуираните имале најмалку еден абортус во животот а просекот на абортуси за една жена изнеува 1,5) и голема прифатенсот на абортусопт како метода за контрола на фертилитетот (72% од абортусите се дозволени и финасиски поддршани од семејствата како мерка за планирање на семејството). Понатаму заклучоците сугерираат на низок праг на употреба на модерна контрацепција (само 4,8% од интервјуираните лица користат контрацепција) поради финасиски и родово поврзани бариери и предрасуди (на 60% од жените Ромки контрацепцијата не им е дозволена од нивните сопрузи или свекрвите). Сепак доколку обезбедувани бесплатно 80% од жените се изјасниле дека би употребувале модерна контрацептиви и во најголем процент се изјасниле за орална контрацепција (95%). Висок процент од 67% меѓу жените Ромки изјавиле дека користат услуги за репродуктивно здравје само при посеризони здравствени проблеми или непосредно пред породувањето што укажува дека ниската свесност за репродуктивното здравје како и социјалниот статус кој во најголема мера влијае на искористеноста на ваквите услуги од страна на жените Ромки. Одреден процент од интервјиираните жени ги посочиле бариерите во комуникација со медицинскиот персонал и културните различности како пречка за соодветниот пристап до услугите за репродуктивното здравје.


Проценка на состојбите на локалната самоуправа во промоција и унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје кај младите Во месеците Мај и Јуни ХЕРА во соработка со Институтот за мајки и деца спроведе проценка на состојбите на локалната самуправа во четири општини, Штип, Тетово, Шуто Оризари и Куманово, во делот на промоција и унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје кај младите. Во текот на истражувањето беше направена проценка на постоечките програми и политики за секуалното и репродуктивното здравје на локално ниво, институционалните капацитети, техничката компетенција за СРЗ, пристапот и опфатот на услуги за СРЗ, координацијат и соработката меѓу релевантните институции, потоечките финасиски ресурси и вклушеност на младите. Беа спроведени интервјуа и фоксу групни дискусии со преставнци од општините, здравствените домови, давателите на услугите, преставницте на невладините организации и младите. Проценката во голема мери ги зема во предвид тековните реформи во здравтвениот ситем, особено примарната здравтевна заштита, и процесот на децентрализација во која е предвидено локалната самоуправа да ги превземе обврските за планирање и спроведување на активности и програми за социјална и здравствена заштита и како тие влијаат на унапреување на здравкето на младите, особено сексуалното и репродуктивното здравје. Генералните заклучоци од истражувањето посочуваат на потребата од градење на капацитетите на сите релевантни фактори во областа на сексуалното и репродуктивносто здравје на различни нивоа, унапредување на веќе добро-воспоставената соработка меѓу НВОи, општините и здравстевните институции особено во рамки на постоечките координативни тела за ХИВ/СИДА и превземање на обврските за реализирање на донесени политики и програми поврзани со унапредување на ХИВ/СИДА и СРЗ со финасиска поддржување (Акциони планови за превенција на ХИВ/СИДА, Стратегија за Ромската декада и.т.н.). Понатаму потребно е да се направи и подлабоко истражување во законот за децентарлизација за обврските на општините за обезбедување на здравствена и социјална заштита и превенција. Особено внимане треба да се посвети на истражувачката компонента со цел посеопфатно да се адресираат проблемите и потребите на младите во општината како би се креирале и поддржале поиздржливи превентивни здравствени и социјални програми за младите со фокус посветен и на сексуалното и репродуктивно здравје. Една од препораките на истражувањето ја соддржи компонентата за промоција и отворање на посебно советувалиште на млади каде на посеофатен начин би се решавале потребите и проблемите на младите попврзани со нивното сексуално ирепродуктивно здравје и каде сите релевантни фактори би биле вклушени во негово осмислување и спроведување како и нудење на логистичка и техничка помош. Како резулат од наодите на истражувањето последователно во месец Ноември и Декември преставниците од локалната самоуправа работеа на креирање на акциони поланови за младите и сексуалното и репродуктивното здравје. Притоа беа посочени три специфични цели врз основа на кои беа развиени идни активности и интервенции: да се подобрат капацитетитет и коррдинацијата на сите главни чинители на ниво на локалната самоупрва во областа на сексуалното и репродуктивнито здравје, да се подобрат знаењата и вештините на младите поврзани со СРЗ за намалување на ризчното однесување и промоција на одговорно однесување, да се подобри пристапот до информации и услуги за младите соогласно нивните потреби користејќи го пристапот на младински пријателски сервиси.


Предизвици: • Подобрување на пристапноста до услуги во рамки на младинскиот центар за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам – Водно“ преку поголема медиумска промоција, подобрување на соработката со училиштата и институциите за млади и вклученост на младите како даватели на услуги (врснички советувачи) и промотори на младинскиот центар • Недоволно јасна поделеност на обврските меѓу скопските општини и Град Скопје за иницирање и спроведување на програми од областа на здравтевната и социјалната заштита • Поголемо активирање на полето на застапување и лобирање за обезбедување на финасиска одржливост на програмите и активностите во младинските центри во рамки на постоечките државни здравствени и превентивни програми и буџети • Подобро дефинирање на улогата и обврските на младите пиер едукатори во рамки на младинскиот центар „Сакам да знам – Шуто Оризари“ • Да се зајакне соработката со училиштата и невладините организации на територија на општина Шуто Оризари со цел малдинскиот центар да се здобие со поголема препознатливост во средината • Подобрување на квалитетот на системот за евиденција на клиентите и услугите • Имплементирање на пишани протоколи и стандарди за медицинските услуги, особено во делот на обезбедување на орална и итна контрацепција


ЛОБИРАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ Абортусот е легитимино потреба на секоја жена и секогаш ќе постои Во текот на 2008 година бевме сведоци на низа политички, религиозни и насилно конструирани обиди да се делегимитизират сексуалните и репродуктивните права. Со појавата и интезивирањето на анти-абортус движењето во Македонија и преку користење на националнистичи и религизони реторики силно беа осудени правата на избор на жената за абортус што значеше вистински напад и потцена на репродуктивните права на жените слободно да одлушуват за своето здравје, живот и интегритет. Накратко можеме да ги забележиме следните случувања: -непотпишана, агресивна, постојана и пред се скапа постер кампања во две фази: првенствено со застрашувачки и монструозни слики од фетуси, а потоа емотивна кампања со која се слави животот преку претстави на мајка и бебе - изјаснување на ставовите на македонската православна црква, преку колумни на челни претставници и обраќања за време на христијанските празници со кои нашата црква ги копира готовите модели на католичката црква осудувајќи ги жените на чедоморство -поддршка на кампањата од страна на интелектуалци претходно познати по своите либерални погледи на свет ХЕРА поединечно и во рамки на Коалицијата за заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи преку низа реакции до медимите и краторите на политики застана во одбрана на правото за сопствен избор и слободно одлучување и препорача доследно почитување на овие права загарантирани со уставот на Република македонија и интернационалните документи како и подобрување на политиките и стартегиите за сексуално и репродуктивно здравје кои ќе ги почитуваат човековите права и ќе се залагаат за родова едаквост. Криминализација на пренос на ХИВ Чинот на насилно ХИВ тестирање на група сексуални работници од страна на Министерството за Внатрешни Работи беше уште еден пример на загрозување на правото на доверливост и приватност и непочитување на националните политики за ХИВ/СИДА и тестирање во Република Македонија. И во овој случај ХЕРА заедно со ХОПС и Коалицијата за заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи превзема низа на активности со цел да укаже на прекршување на правата на приватност и доверливост и обидите да се криминализира преносот на ХИВ инфекцијата преку спроведување на репресивни методи особено насочена кон одредени маргинализирани и социјално-запоставени групи на граѓани. Во таа насока беа спроведени низа состаноци со министерството за здравство и внатрешни работи, беше подготвена реакција до медиумите и до релевантните институции за заштита на човековите права и организирана прес конференција за новинарите. Превентивна програма за ХИВ/СИДА 2009 ХЕРА имаше значан придонес во подготвување на националната превентивна програма за ХИВ/СИДА во 2009 и препознавањето на улогата на граѓанскиот сектор како активен партнер во спроведување на едукативните и превентивните мерки меѓу младата популација. Во таа насока успеавме дел од средствата од превентивната програма за ХИВ/СИДА во 2009 да можат да ги користат и невладините организации кои работат на полето на едукацијата меѓу младите. Истовремено со Националната превентивна програма за ХИВ/СИДА за 2009 година обезбедена е и финасиска поддршка за Советувалиштето за ХИВ/СИДА во рамки на Клиниката за инфективни болести за спроведување на


дел од социјалните и здравствените услуги (услуги за советување и психосоцијална работа со лица кои живеат со ХИВ/СИДА) и со тоа обезбедена финасиска и програмска одржливост и интегрираност на овој сервис преку државните здравствени програми а кои досега беа финасирани од страна на ХЕРА. Предизвици: • Градење на широка платформа меѓу невладиниот сектор за заштита на правото за избор на жената слободно да одлучува за прекинување на бременоста • Препознатливост на ХЕРА како организација која работи на унапредување на сексуалните и репродуктивните права, вклучително и прашањето за абортусот како дел од 5 основни нејзини стратешки цели • Работа со медиуми и дневно следење на настаните и политиките кои ги засега сексуалното и репродуктивно здравје и права • Непочитување на усвоените национални политики и протоколи за ХИВ/СИДА, вклушително за ХИВ тестирање, меѓу релевантните институции и актери • Законски регулативи кои криминализираат пренос за ХИВ/СИДА • Следење и контрола на имплементацијата на новите активности и програми согласно усвоената национална превентивна програма за ХИВ/СИДА и застапување за нејзино ефикасно спроведување


ПРИСУСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ НАСТАНИ ВО 2008

YSAFE Annual Meeting; Brussels, Belgium (February, 2008) Public Hearing in European Parliament Devoted on Sexual Education; Brussels, Belgium (February, 2008) • YSAFE Steering Committee Meeting; Brussels, Belgium (September, 2008) • Regional Behaviour Change Communication Methods and Strategy Development; Tirana, Albania (September, 2008) • Mid-term Meeting, Youth NET Creative partnerships within SEE; Osijek, Croatia (October, 2008) • Y-PEER Advanced Training of Trainers and Focal Points; Tirana, Albania (December, 2008) • Sub regional workshop on HIV vulnerability among internally displaced persons, refugees and Roma, Belgrade 23-25.06. 2008, (UNFPA/UNHCR) • Regional conference of professional youth association, Belgrade 16-18.09.2009 (Forum Syd Balkans programme) • Seminar for “Best practices on voluntary counselling and testing”, Bucharest, Romania, 30may-1 June 2008 organized by HGO ARAS and Aids Action Europe. • Training for trainers on HIV advocacy on Law prevalence countries in Eastern Europe and Central Asia, Sofia, Bulgaria, 14-16 November 2008, organized by UNFPA • Eastern European and Central Asian AIDS Conference (EECAAC), Moscow May 2008 • Workshop - development of SRHR training modules for young volunteers Brussels 23-26 June 2008 • Advocacy Capacity Building workshop 29-31 October, Brussels • Peer education training for HIV and Sex work,25-28.11.2009 Amsterdam YPEER/UNFPA • Capacity Building Workshop on Linking Sexual and Reproductive Health (SRH) and HIV/AIDS, Sofia, Bulgaria, 17-20 November, 2008 • Resource Mobilization seminar, 20 – 21 October, 2008 • International Federation of Abortionists and Contraceptives Associates Conference, Berlin 24 -25 October • Global Fund Sub-regional Meeting for the Grant Recipient Countries in the Balkans, 15-17 December 2008, Przno, Montenegro • •


ЧЛЕНСТВО ВО МРЕЖИ 1. Y-PEER Macedonia 2. Y-SAFE 3. Youth ASTRA Network 4. Македонска мрежа за намалување на штети 5. Коалиција за заштита на сексуалните и здравствените права нa маргинализараните заедници 6. AIDS Action EUROPE ДОНОРИ во 2008 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.

Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА, Маларија и Туберколоза Интернационална Федерација за Семејно Планирање – IPPF Норвешка Црковна Помош - NCA Фонд за населени при Обединетите Нации – UNFPA Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) Град Скопје Агенција за млади и спорт

ФИНАСИСКИ ПРИХОДИ ВО 2008

Име на проектот Градење на капацитети на НВОИ и локалната самоуправа на полето на ХИВ/СИДА и врсничаката едукација Кампање за подигање на свеста за ХИВ/СИДА меѓу младите вокопје ХИВ/СИДА превенција меѓу мажи кои имаат секс со мажи Теренско ХИВ/СИДА советување и тестирање Ромски Ресурсен Центар “Шуто Оризари“ Поддржување на моделот на младински пријатески сервиси за сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ/СИДА во контекст на децентрализација на превентивната здравствена заштита Peer education through Republic of Macedonia among young people age 15 to 24 for TB prevention Врсничка едукација за превенција од Туберколоза меѓу млоади на возраст од 15 до 24 години во Република Македонија Едукација на наставен кадар за превенција за Туберколоза

Донори Агенција за млади и спорт

Буџет $1.250

Град Скопје

$4.522

Глобален Фонд

$9.539

Глобалеn Фонд Норвешка Црковна Помош 1. Интернационална федерација за семејно планирање (IPPF) 2. Фондација Институт

€63.576 €53.571 1. $30.000 2. €4.098 3. $9.700

отворено општество

3. Фонд за население при Обединетите Нации (UNFPA) Глобален Фонд

€6.576

Глобален Фонд

€6.576


СЕРВИСИ НА ХЕРА КОИ НУДАТ УСЛУГИ ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ Советувалиште за ХИВ/СИДА Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Ул. 50 Дивизија, бр 6, 1000 Скопје тел: 02/3 147 752 Бесплатна СОС линија за ХИВ/СИДА и Сексуално преносливи инфекции 0800 33-444 13.00 – 21.00 часот Теренско советување и тестирање за ХИВ Тел: 0800 33-444 e-mail: testiranje@hera.org.mk Младински центри за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам“ • „Сакам да знам – Водно“ Амбуланта Водно Елисије Поповски бр.2 Тел: 02/3 176 950 • “Сакам да знам – Шуто Оризари“ Амбуланта Шуто Оризари б.б. Тел: 02/2 651 955


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.