Орална хормонска контрацепција

Page 1


Контрацепцијата претставува средство што штити од непланирана бременост. Постојат најразлични контрацептивни средства: орална хормонска контрацепција, спирала, кондоми и други.

Планирам да почнам да користам заштита од бременост, но сѐ уште не сум сигурна која е најдобра.

Сепак, како најпогодни за користење за младите девојки се издвојуваат оралните контрацептиви, односно пилулите. И тоа, пред сѐ поради начинот, но и поради нивните позитивни страни и придобивките од користењето.

Ќе поразговараме, има различни контрацепциски методи: орална хормонска контрацепција ... ... или пилули, спирала, инјектибилни контрацептиви, субдермални имплантати, кондоми и други.

Пилулите се составени од хормони, кои телото на девојката природно ги лачи. Притоа, тие функционираат на тој начин што ја зголемуваат обвивката на матката, со што се оневозможува движењето на сперматозоидите и настанувањето на бременоста.

01/


Тоа се мали бели таблети, кои се земаат секој ден во исто време. Тие се составени од хормони и функционираат на тој начин што го регулираат циклусот,кој трае 28 дена. За време на користењето на пилулите секој месец девојката има менструално крварење. Важно е пилулата да се зема секој ден во исто време. По завршувањето на едно пакување веднаш се започнува со ново. Доколку се пропушти една пилула, тогаш таа треба да се земе веднаш и потоа наредната се зема следниот ден во планираното време. Сепак, доколку се испуштат повеќе од две пилули, треба да се користи друга контрацепција, на пример кондом, затоа што нивната ефикасност е намалена и не претставуваат целосна заштита.

Пилули??? А, како се користат?

Пилулата се пие секој ден.

02/


...промени во расположението, зголемување на тежината, зголемување на влакнавоста, стерилност...

Бев на гинеколог, ќе почнам да користам орална хормонска контрацепција.

Овие приказни и уште многу други се само митови што во неврзани муабети се прераскажуваат помеѓу младите. Ваквите нерелевантни информации најверојатно потекнуваат од првите генерации пилули, кои содржеле висока доза на хормони, па се појавувале повеќе несакани ефекти. Но, од почетокот на користењето на првите пилули поминаа околу 50 години. Денешните пилули содржат минимална доза на хормони и поради тоа овие несакани ефекти се сведени на минимум, а пилулите се истовремено и ефикасни.

Пилули??? Си слушнала што може да ти направи...

03/


Леле, а знаеш дека после нема да можеш да имаш деца?

Не, напротив, гинекологот ми кажа дека има многу позитивни страни.

04/

Оралната контрацепција не само што штити од бременост, туку има и други позитивни ефекти. Нема повеќе грижи околу доцнењето на менструацијата, кога се земаат пилулите циклусот трае 28 дена, а покрај тоа крварењето е многу полесно. Поради тоа што крварењето е помало, се намалува и веројатноста за појавување на анемичност (слабокрвност). Предменструалниот синдром (ПМС) и сите проблеми што се јавуваат, како чувствителност на градите, поголема генерална чувствителност, болки во стомакот и други, со пилулите се намалуваат. Исто така, кога се користат пилулите, поради воспоставувањето на хормонскиот баланс во телото на девојката, доколку постојат проблеми со кожата (акни), тие може да се намалат или да исчезнат. А, покрај тоа, најновите истражувања потврдуваат дека со употребата на контрацепцијата се намалува ризикот од рак на ендометриумот (внатрешниот дел на матката) и јајниците.


Со користењето на оралната контрацепција, како и кај секој друг фармаколошки производ можни се несакани ефекти. Такви ефекти се: главоболка, гадење, чувство на повраќање, појава на невообичаено крварење во текот на циклусот. Најсериозен несакан ефект може да биде згрутчувањето на крвта во нозете или белите дробови. Сепак, ова се случува многу ретко и пред гинекологот да препорача користење пилули, во разговорот открива дали девојката има какви било предиспозиции за појава на некој ефект.

А, дали има некои несакани ефекти?

Да, има несакани ефекти, но тие се многу ретки.

05/

Очекувано е дека во почетокот на користењето на пилулите може да се јави неугодност, но тоа е пред сѐ поради адаптацијата на телото. Потоа, со текот на користењето тие исчезнуваат. Доколку некој од овие несакани ефекти е премногу изразен, треба повторно да се консултира со гинеколог.


Важно е да се напомене дека оралната контрацепцијата штити единствено од непланирана бременост, но не и од сексуално преносливи инфекции. Кондомот е единствената заштита од овие инфекции, па затоа се препорачува двојна заштита, односно истовремена употреба на оралната контрацепција и кондом.

06/


Пред да се започне со користење на оралната хормонска контрацепција потребно е да се советуваш гинеколог. Гинекологот ќе одреди дали можеш да користиш и детално ќе ти објасни за сите аспекти поврзани со користењето. Во младинскиот центар „Сакам да знам“ можеш да направиш бесплатен гинеколошки преглед, да се советуваш, но и да добиеш бесплатна орална контрацепција. За повеќе информации можеш да се јавиш на 02/3176-950 или дa пишеш на contact@sakamdaznam.org.mk

07/



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.