Врз основа на Законот за здруженија на граѓани и фондации (Сл. Весник на РМ број 52 од 16.04..2010), Собранието на Здружението на граѓани „Х.E.Р.А.“ Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Скопје, на Седницата одржана на 03.06.2010 година го утврди пречистениот текст на СТАТУТ на Здружението на граѓани „Х.E.Р.А.“ Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје
Член 1 ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1.1 Името на Здружението ќе биде Х.Е.Р.А.- Асоцијација за здравствена едукација и истражување(во понатамошниот текст само Здружение) Името на англиски јазик ќе биде HERA - Health Education and Research Association Член 1.2 Седиштето на Здружението е на адреса: Улица Дебарца бр.56 2 кат стан 4 1000 Скопје Македонија
Здружението се организира и делува на цела територија на Македонија.
Член 1.3
Здружението e непартиско и непрофитно, не се води од комерцијални интереси, односно не е основано за стекнување на добивка.
Здружението остварува активности со кои се стекнува добивка , при што приходите, имотот на организацијата се користат единствено за остварување на нејзините цели наведени во Член 3 и истите не смеат да се делат помеѓу членовите од Здружението без оглед дали лицето e основач, член, вработен, директор, член на извршниот одбор или друг орган.
1
Членовите на организацијата не смеат да се стекнуваат со материјални добра врз основа на својата позиција дури ни по распуштање на Здружението. Приходите, материјалните средства, ниту имотот не смее ниту директно ниту индиректно, како позајмувања, дивиденда, бонус или профит да се префрлаат на индивидуалните членови и на вработените. Член 2 ЦЕЛИ Х.Е.Р.А. се стреми во остварување на основното човеково право на жените, мажите и младите да бидат правилно информирани и да имаат соодветен пристап до квалитетни и доверливи услуги за да можат слободно да го остваруваат својот избор во однос на сексуалноста, превенцијата, грижата и третманот од/за сексуално преносливите инфекции и ХИВ, вклучувајќи и целосна заштита на правата на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА и нивните најблиски, контрацепцијата, безбедниот и легален абортус, сексуалните и репродуктивните права. Своите цели Здружението го остварува преку соработка со Владата на Република Македонија и нејзини релевантни институции, граѓанските здруженија како и меѓународни организации.
Член 3 ДЕЈНОСТИ Целта Здружението ќе ја остварува согласно дејностите од јавен интерес дефинирани во Законот за здруженија на граѓани и фондации Член 74: 1.развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права 2.заштита на деца и младинци 3.заштита на маргинализирани лица и нивна социјално вклучување 4.заштита пд сексуално преносливи инфекции 5.здравство, унапредување на здравјето и медицинска грижа и тоа преку следниве поконкретни активности: -истражување – собирање на податоци за актуелната состојба со сексуалното и репродуктивно здравје и човековите права на територијата на Македонија -услуги-обезбедување или препраќање до здравствени и социјални услуги за сексуалното и репродуктивното здравје, ХИВ/СИДА, инфекции пренесени преку сексуален и крвен пат, непланирана бременост и избегнување на небезбеден абортус. -информирање-
изработка,
издавање
и
дистрибуција
на
печатени
и
дигитални
информативни материјали
2
-застапување- застапување за подобрување на постојните закони или воведување на нови закони, подзаконските акти, националните и локалните стратегии и програми за сексуално и репродуктивно здравје и права, застапување за измени на законските регулативи за подобрување на животот на Лицата кои живеат со ХИВ -обуки и градење на капацитети- организирање на обуки за граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и одговорните институции за сексуално и репродуктивно здравје Услугите организирани од Здружението се остваруваат на доброволна и доверлива основа, без никакво условување со друг сервис или каква било награда. Член 4 Застапување пред закон Правни застапници на Здружението се Претседателот и Извршниот директор.
Застапник на Здружението може да биде деловно способно физичко лице кое има живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Македонија согласно со закон. Начинот на именување или избирање на Застапниците на Здружението
е регулиран со
овој Статут.
Член 5 ЧЛЕНСТВО Член 5.1 Во Здружението можат да членуваат граѓани на Република Македонија и странски државјани без оглед на: нивниот пол и род, возраст, етничката припадност, нивната раса, сексуалната ориентација, брачен статус, политички, религиозни и други уверувања или здравствена состојба. Горенаведените принципи Здружението ќе ги применува и при вработување на персонал, обезбедување услуги и односно при сите аспекти на својата работа. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во Здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон. Член 5.2 Член во Здружението може да биде секој,кој, доброволно ќе пристапи кон Здружението со доставување на писмена изјава - пристапница и изјава за конфликт на интереси до
Управниот одбор. Управниот одбор го претставува и го препорачува членот кој сака да пристапи кон Здружението пред Собранието, по што пат на мнозинско гласање се потврдува неговото членство.
3
Во Здружението е овозможено и колективно членување при што друго здружение на граѓани или институција е претставувана од еден член.
Здружението ја гарантира анонимноста на личните податоци на членовите согласно прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.
Член 5.3 За регистарот на членови, што се ажурира најмалку еднаш во две години е одговорен Секретарот на организацијата. Член 5.4 Членовите го задржуваат својот статус се додека не починат, не се повлечат, или се додека не се суспендирани или исклучени од Здружението. Членот се повлекува од Здружението со писмена изјава и предавање на сите материјали, нагледни средства кои ги има користено/задолжено за време на своите активности. Одземањето на право на членство се остварува кога членот: -
не се придружува до статутарните одредби на здружението и не дејствува во интерес на целите пропишани со неговата програма
-
создава конфликтни ситуации со останатите членови на организацијата со што ја нарушува тековната работа на Здружението
-
не учествува активно во здружението
-
доколку не платил членарина во периодот помеѓу одржување на две годишни Собранија
-
други причини што го загрозуваат дејствувањето на Здружението
Управниот одбор донесува одлуки за суспензија на членството со мнозинство гласови од присутните членови. Суспендираниот член времено го губи правото на глас, не смее да учествува во активностите ниту на кој било начин да го преставува Здружението. Укинувањето на суспензијата се спроведува со одлука на мнозинството на Собранието по отворена дискусија за надминатите причини за суспензија.
Управниот одбор предлага укинување на членството. Членот кој е предложен да биде исклучен пред изјаснувањето на Собранието има право да се обрати. Собранието донесува одлука за исклучување на членот со 51% гласови при постигнат кворум од членовите со право на глас. Губењето на членството значи дека лицето не може повторно да стане член на Здружението.
4
Член 5.5 Постојат три категории на членување полноправно, придружно и корпоративно. -Полноправниот член има право на еден глас за време на годишното собрание, има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението. Полноправниот член редовно плаќа членарина. -Придружниот член може да присуствува на Годишното Собрание при што нема право на глас. Придружни членови се симпатизери на организацијата или гости. Придружниот член не плаќа членарина. -Корпоративното членство се стекнува при посебен договор помеѓу Здружението и друго здружение, фондација, владина или невладина организација. Коорпоративниот член доставува
периодични(шестмесечни)
организацијата
или
за
евентуална
информации промена
на
за
промената
лицето
што
на ќе
локацијата ја
на
претставува.
Корпоративниот член плаќа членарина и има право на глас. -Во случај на формирање на одделни ограноци сите членови на огранокот се полноправни членови и на Здружението. со истите права. -Според Статутот на Здружението ако членот не во состојба да присуствува на Собранието овозможено е тој/таа може да ополномошти друг член за да го изнесе неговиот глас. При тоа
ополномоштеникот
може
Ополномоштувањето се врши
да
преставува
само
еден
дополнителен
глас.
најдоцна три дена пред Собранието со оверен документ
доставен до Секретарот. Член 5.6 Следните членови без разлика на која категорија припаѓаат немаат право на глас и немаат право да бидат избирани во ниедно тело: -вработени во Здружението -членовите што не платиле членарина помеѓу одржувањето на две годишни Собранија Следните членови нема да можат да гласаат при донесување на одлуки поврзани со обезбедување на материјали или услуги: -сите членови кои имаат конфликт на интереси при донесување на одлуката.
Член 5.7 Изјавата за конфликт на интереси се доставува при пополнување на пристапницата кон здружението.
Извршниот директор, вработените или членовите на извршните органи даваат детална изјава за конфликт на интереси која се обновува еднаш годишно.
5
При тоа ниеден член не смее да стекнува директна или индиректна финансиска или материјална добивка преку користење на својата позиција. Ова се однесува на секаква продажба, дистрибуција, промоција на материјали или сервисни услуги. Членот не смее да прима подароци или материјални добра од давател на услуги или набавувач на материјали. Уште повеќе не смее да учествува во донесувањето на одлука за вработување на брачен другар или роднини (дедо, баба, родители, брат или сестра, син или ќерка, внук или внука или роднини на брачниот сопружник). Поставувањето на роднини на почесните службеници и членовите на законодавните тела на работни позиции, дури и како консултанти е забрането.
Член5.8 Освен надокнада за трошоците произлезени при одвивање на активности на Здружението, членовите кои волонтираат не смеат да добиваат други средства. Членовите кои волонтираат не смеат да земаат позајмици од фондовите на Здружението. Остварената добивка мора да биде искористена согласно член 3 од Законот за здруженија и граѓани. Член 5.9 Единствено членовите кои имаат платено членарина и право на глас можат да бидат бирани во Управниот одбор или други работни групи. Член 6
Управниот одбор ќе го одредува паричниот однос за месечна членарина што ќе ја поднесе за гласање пред Собранието.
Доколку Управниот одбор не предложи пред Собранието нов износ на членарина, во тој случај се применува претходната одлука.
Член 7 СОБРАНИЕ Член 7.1
Собранието на Здружението е сочинето од неговите членовите согласно Член 5.4 и 5.4 Собранието се свикува најмалку еднаш годишно. Член 7.2 Со Собранието претседава Претседателот на Здружението.
6
Во случај Претседателот да не е во состојба да присуствува од оправдани причини и своето отсуство соодветно го најави или пак, не се појави во првите 30 минути од седницата, со Собранието претседава член на Управниот одбор кој е почесен службеник-
Секретар. Со Собранието ќе заседава кој било член на Здружението избран од останатите членови со двотретинско мнозинство во следниве случаи: -во случај на отсуство на Претседателот или почесен службеник -по барање на претседателот Член 7.3 Програмата на Собранието може да се однесува на : -годишни извештаи од работата на Здружението -преставување на годишни надворешни финансиски ревизии -извештаи од Управниот одбор -извештај од страна на Извршниот директор за работата на Здружението -избор на почесни службеници и избор на членови на Управниот одбор со право на глас -прашања поврзани со сите сфери дефинирани во Одговорностите на Собранието во Член 8 Член 7.4 Пред секое собрание Извршниот директор ќе достави список за членовите и нивното право на глас до Секретарот на Здружението. . Посебно именуван Почесен службеник-Секретар, член на Управниот одбор, ќе се грижи за време на самото Собрание за списокот на присутни членови и за остварување на правото на глас. Ажурираниот список на членови и со нивните права на глас ќе биде затворен до крајот на работниот ден пред да се испрати покана Собранието. Поканата за Собранието треба да содржи место, време и дата за одржување на Собранието како и негова Програма. Сите членови на Собранието треба да бидат известени најмалку 14 дена пред одржување на седницата. Значи дека Собранието може да се свика во рок од најмалку 30 дена. Одговорноста за доставување на поканите ја сноси Секретарот. Член 7.5 Седници на Собранието се свикуваат: -По одлука на Управниот одбор
7
-По предлог на една третина од членовите кои имаат право на глас. Предлогот се доставува до Управниот одбор и во него треба јасно да биде прецизирани причините за вонредно Собрание - Собранието заседава и донесува одлуки само со постигнат кворум односно ако се присутни 51% од членовите на Здружението -Собранието донесува одлуки преку гласање при што одлуката е усвоена ако е прифатена од 51% од присутните членови со право на глас. - Седницата на Собранието, без разлика дали има кворум може да се одложи ако повеќето од половина присутни се согласат со тоа. Член 7.6 Одлуките на Собранието ќе бидат валидни кога ќе се утврди дека: -
поканата за Собрание не стигнала до одреден член поради причини за кои Здружението не може да одговора.
-
Членовите кои не биле присутни на Собранието ќе добијат записник од одлуките на Собранието
Член 8 Овластувања на Собранието
Собранието е законодавен орган и делува согласно со правата предвидено во овој Статут во правец на остварување на целите и задачите на Здружението.
Собранието донесува одлуки, по изнесените препораки на Управниот одбор, за -промена на целата на Здружението -промена на статут -стратешки и оперативни план и буџет -оперативни регулативи и протоколи -годишен извештај на Здружението којшто го објавува на www.hera.org.mk -доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно од буџетите на единиците на локалната самоуправа -годишни извештаи до донори -најмува надворешни ревизори -промена на критериумот за членство и членарина -избира и разрешува членови на Здружението -именува комисии -одлучува за престанок на Здруженито според одредбите на Член 23
8
-врши и други работи во согласност на статутот и актите на Здружението
Член 8.1
Собранието ги разгледува -извештаите на Управниот одбор и останатите комисии -извештајот на Извршниот директор Член 8.2
Собранието избира: - членови на Управниот одбор
-претставници на Здружението во други национални или интернационални организации Член 8.3 -Собранието ги одредува овластувањата, правата и одговорностите на Управниот одбор -Собранието ги одредува овластувањата и работните одговорности на Извршниот директор
-Собранието ги разгледува и прилагодува условите за вработување, финансиските правила и останати процедури за непречена работа на Здружението Член 9 Овластувања на Управниот одбор Член 9.1
Управниот одбор е орган којшто е овластен од Собранието да ги применува сите права на Собранието, освен: -да одобрува одлуки за кои одлучува Собранието -да менува членови во Управниот одбор или било кој друг одбор именуван од Собранието -да го менува и дополнува Статутот. Член 9.2 По овластување од Собранието Управниот одбор поставува и менува Извршен директор на
Здружението Управниот одбор го надгледува и е одговорен за финансиското работење и имотот на Здружението Управниот одбор изготвува политики кои ги претставува пред Собранието за усвојување. Управниот одбор
подготвува, одобрува и препорачува на годишното Собрание да се
разгледуваат и прифатат: - предлага стратешки и оперативни план и буџет
9
- предлага оперативни регулативи и протоколи - изнесува годишен надворешен ревизорски извештај - изнесува годишни извештаи до донори - предлага амандмани за промена на статут - предлага промена на критериумот за членство и членарина - предлага најмување на надворешни ревизори -предлага формирање на работни тела Член 9.3
Управниот одбор прифаќа, разгледува и поднесува предлози до Собранието кои се доставени од Извршниот директор , други работни тела или членови на Собранието. Член 9.4
Управниот одбор верификува предлози за нови членови или предлози за суспензија, евидентира губење на правото на членување и ги поднесува на Собранието за гласање. При тоа се води според од утврдените критериуми во овој Статут(Член 5 и Член 10) Член 9.5
Управниот одбор ги има и следниве задачи: -го следи спроведувањето на Статутот, Стратегијата и Програмата на организацијата -се грижи за работењето и имотот на организацијата -мониторира и прегледува имплементација на одобрените годишни средства и ако е возможно прави нивна измена -го контролира начинот на работењето на Извршниот директор -разгледува и одобрува извештаи од Извршниот директор и ги поднесува до Собранието за усвојување -ја разгледува завршната сметка и ревизорскиот извештај и ги поднесува за усвојување пред Собранието -собира и алоцира нови средства -поднесува нови проекти -развива политика која ја преставува пред Собранието -рапортира пред собранието за имплементација на одобрените одлуки -суспендира и предлага исклучување на членови согласно Член 5.4 -поднесува годишни извештаи за својата работа пред Собранието
10
Член 9.6
Управниот одбор од своите редови избира Претседател и Секретар кој редовно рапортираат за својата работа. Член 9.7 Секој исплатен член со право на глас има право да
се номинира себеси за член на
Управниот одбор. Номинациите пристигнуваат во пишана форма до Управниот одбор најдоцна 21 дена пред одржување на Собранието. Управниот одбор треба да ја потврди согласноста на номинираниот член во писмена форма најдоцна 15 дена пред Собранието.
Член 9.8 Членовите на Управниот одбор се бираат на годишното Собрание со мнозинство (една половина). Членовите на Управниот одбор треба да: -учествуваат на состаноците на Управниот одбор и со Собранието -учествуваат во остварување на обврските и задачите на Управниот одбор
-го промовираат Здружението -се застапуваат за целите на Здружението -помагаат во процесот на собирање на средства за оставарување на целите на Здружението Една половина од членовите на Управниот одбор ќе бидат жени. Еден член на Управниот одбор ќе биде на возраст под 24 години.
Извршниот директор членува во Управниот одбор и ex-officio нема право на глас. ХЕРА ги поттикнува Лицата кои живеат со ХИВ да се номинираат и да земат активно учество во Управниот одбор. Една позиција од Управниот одбор, согласно пропишаните критериуми за избор на членовите, ќе биде резервирана за Лице кое живее со ХИВ.
Член 9.9 Членовите имаат мандат од две години по кој продолжуваат да работат се додека
Собранието не избере нови членови на Управниот одбор, односно додека членот не биде сменет, поднесе оставка или почине.
11
Членовите на Управниот одбор можат да останат најмногу три последователни мандати. Откако членот ќе работи три последователни термини тој/таа може повторно да се кандидира по пауза од 2 години. Нема да биде дозволено членот да го избегне и да го скрати мандатот служејќи една година пократко, за да може повторно да се номинира. По служење во ова тело максимум 12 години членот се повлекува и нема право повторно да се номинира за член на Управниот одбор. Член 10 Членот на Управниот одбор
поднесува писмена оставка која стапува на сила веднаш,
освен ако не е превидено поинаку, при тоа оставката е ефективна и да не е прифатена од
Управниот одбор . Членот може да биде суспендиран со мнозинство гласови на членовите на Управниот
одбор. Ако се ослободи позиција, помеѓу две Собранија, местото ќе биде пополнето со вишок гласови на членовите на Управниот одбор кои имаат право на глас. При тоа оваа позиција ќе трае само до следното Собрание. Членот на Управниот одбор ќе биде суспендиран ако: -заработува на позиција во Здружението (дури ни како консултант)
-биде суден поради банкрот -стане нестабилен во донесување на одлуките -Индиректно и директно е заинтересиран за потпишување на одреден договор со
Здружението , не го пријави тој интерес и тој интерес се остварува на незаконски начин -Осуден и затворен -Не се појави на два состаноци еден по друг без да го оправда своето отсуство Член 10.1
Управниот одбор се состанува најмалку еднаш во три месеци. Со состаноците претседава претседателот или лице кое тој го именува. Ако претседателот на здружението е отсутен без претходна најава самите членува избираат претседавач од своите редови.
Управниот одбор се состои од 5 члена и донесува одлуки при кворум од пристани 3 члена со право на глас. Во случај на ист број на гласови Претседателот има право на дополнителен одлучувачки глас.
12
Состаноците на Управниот одбор ги закажува Претседателот најдоцна 14 денови пред состанокот. Член 10.2 Здружението може да изврши надокнада за секоја загуба произлезена во текот на редовната работа на членовите на Управниот одбор
Член 11 Работни групи и други комитети
Собранието основа посебни работни тела во зависност од потребите кои се наметнуваат со тековните активности. Одговорноста на овие тела е ја одредува Собранието и начинот на нивната работа е дефиниран со посебен деловник. Член 12 ПОЧЕСНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Почесни службеници во Здружението се Претседателот и Секретарот. Тие можат да бидат избрани од редовните исплатени членови. Се бираат од редовите на Управниот одбор, со половина од гласовите на неговите членови. Член12.1 Почесните службеници имаат мандат од две години и остануваат на таа позиција се до додека не се изберат нови почесни службеници или додека не се повлечат, се отстранети или починат. Почесните службеници можат да бидат избирани три последователни мандати по две години. Следната можност за избор на истиот член за позиција на почесен
службеник е по пауза од еден мандат односно 2 години. Вкупниот број на години на оваа позиција е 12. Член 12.2 Не е дозволено едно лице истовремено да врши две функции во Управниот одбор или во друг одбор формиран од Собранието. Член 12.3 Почесниот службеник поднесува писмена оставка која стапува на сила веднаш, освен ако не е предвидено поинаку, при тоа оставката е ефективна и да не е прифатена од
Управниот одбор . Почесниот службеник може да биде суспендиран со мнозинство гласови на членовите на
Управниот одбор.
13
Ако се ослободи позиција, помеѓу две Собранија, местото на Почесниот службеник ќе биде пополнето лице избрано со вишок гласови на членовите на Управниот одбор кои имаат право на глас. При тоа оваа позиција ќе трае само до следното Собрание. Член 12.4 Овластувања на почесните службеници се одредени од службата која ја вршат. Тие се дефинирани во овој статут, иако со посебни регулативи Собранието може да им додели посебни овластувања. Член 12.5 Претседателот е правен застапник на Здружението. Заседава со седниците на Управниот одбор и со Собранието. Претседателот се грижи за редовноста на состаноците на Управниот одбор и присуството на неговите членови. Ја потикнува и ја мониторира работата на Управниот одбор и другите работни групи. Се грижи дали сите членови на Управниот одбор се снабдени со сите потребни податоци за работата на Здружението (работни планови, записници од седници, и сл) Го промовира Здруженито, врши негова промоција и помага во лоцирање на средства. Заедно со Извршниот директор и со Секретарот изработува програма за работните состаноци на Управниот одбор. Спроведува годишна евалуација на Извршниот директор. Член 12.6
Секретарот се грижи и е одговорен за: -ажурирање и на список членовите на Здружението со (име презиме и адреса) и на сите други списоци кои ќе бидат потребни -испраќа и се грижи да стигнат на време поканите и известувања за состаноци -подготвува програма/дневен ред за состаноците заедно со извршниот директор и
претседателот -води евиденција за присутните членови на Собранието и на седниците на Управниот
одбор -изготвува забелешки/записници од состаноците кои се доставуваат до членовите и претседателот за нивно усвојување, по што ги архивира. -советува и внимава на запазување на процедурите при заседавање на Управниот одбор и
Собранието
14
-се грижи и обезбедува почитување на овој статут, регистрација на Здружението и воспоставува
поврзување
со
други
авторитети
и
обезбедува
правни
поуки
за
хуманитерните активности на Здружението
-се грижи за комуникацијата со членовите на Здружението помеѓу две собранија -ги изложува на разгледување предлозите од членовите пред Управниот одбор - постојана соработка со Претседателот и Извршниот директор. Член 13 Извршен директор и вработени За извршување на административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението Управниот одбор избира и му дава јавни овластувања на Извршниот директор.
Извршниот директор за својата работа е одговорен пред Управниот одбор и Собранието. ⎯ Извршниот директор е правен застапник на Здружението. ⎯ Извршениот директор ќе ги раководи активностите на Здружението согласно со одобрениот работен план и одобрениот финансиски план, и останатите одлуки на годишното Собрание ⎯ Извршен директор е потписник на сметката на Здружението; ⎯ Извршен директор се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Управниот одбор; ⎯ Извршен директор во правниот промет презема мерки и дејствија во име и за сметка на Здружението; ⎯ Извршен директор се грижи за правилната примена на законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението. ⎯ Извршен директор го следи и контролира административно финансиското работење на здружението и за истото поднесува тромесечен извештај до Управниот одбор. ⎯ Извршен директор врши промоција на активностите на организацијата ⎯ Извршен директор предлага и подготвува нови проекти ⎯ Извршен директор имплементира тековни проекти ⎯ Извршен директор вработува и отпушта лица кои ќе ги изведуваат тековните проекти ⎯ Извршен директор изнаоѓа дополнителни средства за нови проекти
15
Член 13.1 Ниедно вработено лице нема право да гласа на ниеден законодавен состанок на здружението, исклучувајќи ги секојдневните работни состаноци. Вработените не смеат да се здобиваат со никаква материјална корист, ниту директно ниту индиректно, користејќи ја својата позиција во Здружението. Ова се однесува на секаква продажба, дистрибуција, промоција на материјали или сервисни услуги. Вработениот не смее да прима подарок или хонорар од тековен или иден обезбедувач на услуги за Здружението. Според член 5.7, поставувањето на роднини од вработените лица на работни позиции или консултантски позиции е забрането.
Член 14 Валидност на одлуките Ниедна одлука на било која средба на Здружението нема да биде прогласена за неважечка поради несоодветности утврдени отпосле. Член 15 Записници од состаноците Ќе се чува записник од сите членови кои посетуваат состаноци на Здружението при што секој член ќе се потпишува со целото име и презиме и своерачен потпис. Записници ќе се прават на сите состаноци на членовите, состаноците на Управниот одбор и работните групи. Записниците се преставуваат на следниот состанок при што со поддршка на присутните членови се прифаќаат и се потпишуваат од претседавачот. Записниците од годишното, вонредното или одложеното Собрание ќе бидат потпишани од
Претседателот и Секретарот и копии бидат доставени до сите членови. Записникот ќе биде пополнет и во канцелариите на Здружението каде и ќе биде достапен до сите членови. Оригиналните записници од средбите на Управниот одбор и другите работни групи ќе бидат пополнети во канцеларииите на Здружението. Член 16 Финансиски Аспекти За остварување на своите цели и задачи Здружението самостојно може да: -прифаќа грантови, подароци, да користи бенефиции, се додека се во согласност со Член 2 -да изведува договори, да плаќа, да позајмува пари во трансакции одобрени од
Здружението - да побарува и да спроведува слични активности соодветни со законот со цел да собира фондови за своето функционирање
16
-да изведува добротворни активности кои се во согласност со предвидените цели и задачи -да вработува потребни лица за спроведување на целите и задачите -да ги презима сите законски предвидени дејности за остварување на своите цели и задачи Член 17 Здружението ќе стекнува средства и преку -
членарина
-
средства од буџетот на Република Македонија, буџетите на Општините, Општините на град Скопје и буџетот на град Скопје
-
доброволни прилози
-
донации
-
подароци (пари, добра, имотни права), завештанија, легати,
-Здружението ги остварува и следниве дејности со кои стекнува добивка којшто се користи исклучиво за исполнување на целите дефинирани во овој Статут: -инвестиции, камати, дивиденди и заеми -кирии и закупнини -како и консултантски и здравствени услуги, спроведување на истражувања, организирање и спроведување на обуки -и други приходи согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации и Статутот на и Здружението Член 18
Здружението на своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија, овој Статут, како и со други законски норми кои ја регулираат материјата од оваа област. Годишниот и финансискиот извештај ќе бидат објавени и ќе бидат достапни за јавноста преку електронските медиуми на Здружението (www.hera.org.mk) најдоцна до 30 април за претходната година.
Член 19
Здружението ќе осигури дека : -финансиското
работење
ќе
се
одвива
според
предвидените
национални
и
интернационални закони за сметководствено и финансиско работење
17
-годишно, ќе се изведе надворешна и независна финансиска ревизија која ќе биде претставена пред Собранието. Истовремено ќе обезбеди можност надворешниот ревизор да се обрати пред Собранието.
-изборот на надворешен ревизор ќе се одвива според постојните закони и ќе се изврши преку јавен тендер. -книгата на сметководство ќе биде сместена во канцелариите или на место каде ќе реши
Управниот одбор и ќе биде достапна за членовите. -За користењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, во согласност со надлежностите утврдени во овој Статут, кои преземаат мерки за економско целесообразно
користење
на
средствата
и
за
спречување
и
отстранување
на
незаконитостите. Член 20
Здружението донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението. Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат како и расходите за планираните активности, за заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работа на Здружението и други расходи поврзани со работата. Член 21 На годишното Собрание по потреба се донесуваат и се изменуваат деловници и правилници за детална регулација на сите активности на органите на Здружението. Член 22 Овој статут и неговите членови можат да бидат прифатени или изменети само со двотретинско мнозинство од членовите што имаат право на глас за време на годишното
Собрание. Нема да има гласање ако сите членови со право на глас не се известени за промените на статутот најмалку 14 дена пред одржување на Собранието.
18
ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО Член 23 Здружението ќе престане со работа ако за тоа одлучат членовите на Здружението на граѓани, ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање, ако настапат причини утврдени со член 63 од Законот за здруженија на граѓани и фондации. Одлуката за престанок на Здружението ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство. Сите членови мораат да бидат известени најмалку 30 дена пред одржувањето на Собранието со допис со кој се информираат за причините за распуштање. Член 24 -Здружението во случај на распуштање мора да ги помири сите долгови или да ги врати добиените средства на донорот ако активностите не се исполнети. -По престанокот на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на друго здружение со иста или слична активност. -Никакви материјални средства стекнати за време на работата на здружението не смеат да бидат
поделени
помеѓу
членовите
на
здружението,
вработените
или
почесните
службеници. Член 25 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Здружението е правно лице. Здружението има свој печат, штембил, и симбол Печатот е тркалезен и го содржи името на Здружението: Здружение на граѓани „Х.E.Р.А.“ Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје. Штембилот на Здружението е правоаголен и на него е испишан следниот текст: Здружение на граѓани „Х.E.Р.А.“ Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје. Број________________ ______ / _______година Скопје. Член 26 Измени и дополнување на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.
19
Член 27 Овој Статут влегува во сила со денот на донесувањето.
Првиот статут на Здружението на граѓани Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување беше усвоено од страна на Собранието на ден 20 Февруари 2000 година. Првата промена на статутот на Здружението на граѓани Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување беше усвоена на ден 12 Февруари 2006 година Собранието на Здружението на граѓани Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување на ден 31 мај 2009 година го усвои пречистениот текст на статутот Собранието на Здружението на граѓани Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување на ден 3 Јули 2010 година го усвои пречистениот текст на статутот ПРЕТСЕДАТЕЛ на Управниот одбор на Здружението на граѓани „Х.E.Р.А.“ Асоцијација за з здравствена едукација и истражување Скопје, 31.05.2009
Милена Стефановиќ с.р.
20