Енергетска ефикасност на објекти - Прирачник за ученици од средните училишта

Page 11

Во 2011 година УСАИД и Хабитат Македонија потпишаа Договор за соработка чија цел беше заеднички да имплементираат комплексен проект составен од 4 компоненти, наречен Енергетска ефикасност за секторот домување во Македонија, инаку редок и иновативен напор да се развие сет на активности кои ќе им помогнат на македонските домаќинства кои живеат во колективни станбени згради да ја намалат ранливоста од зголемувањето на цената на енергијата, имајќи го предвид истовремено и влијанието на енергетските заштеди врз климатските промени. Пошироко, проектот исто така има за цел да ја зајакне свеста меѓу чинителите и засегнатите страни во секторот енергетска ефикасност, придонесувајќи на тој начин кон разрешување на денешните глобални проблеми со енергетската сигурност, економската неизвесност и сиромаштијата. Врз основа на процената на предизвиците на секторот за домување во Македонија, вклучувајќи ги начините на користење на енергијата и трошоците, појдовната основа на проектот беше фактот дека потрошувачката на енергија во Македонија е висока, ја деградира околината и е неефикасна. Додека расположливите технологии обезбедуваат голем потенцијал за значително намалена потрошувачка на енергија во домувањето, секторот всушност прави малку да ги надмине застарените и неефикасни практики. Се користи многу повеќе енергија отколку што е потребно, учеството на домувањето во емисијата на јаглероден диоксид е високо, многу станари немаат достапна или чиста енергија на располагање и голем дел од деловниот потенцијал е неискористен. Овие констатации беа мотивација проектот да мобилизира заинтересирани страни и во сферата на образованието, особено од нивото на средното стручно образование каде се формира кадар за кој е упатно да ги има основните познавања од областа на енергетска ефикасност на објекти. Во оваа смисла проектот иницираше промена на наставните програми во делот на факултативната настава за средните стручни училишта од градежна, машинска и електротехничка струка, што последователно беше одобрено од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Овој прирачник е изготвен за полесно следење на оваа настава. Како таков, прирачникот претставува додадена вредност за сите идни напори насочени кон афирмација на концептот на енергетска ефикасност во Македонија, меѓу нив и на Хабитат Македонија како организација која останува посветена на обезбедување едноставни, пристојни и достапни решенија за домување за оние кои живеат во услови на сиромаштија, последователно трансформирајќи ги нивните животи и промовирајќи долгорочни социјални и економски промени. Хабитат Македонија

9

Енергетска ефикасност на објекти

ПРЕДГОВОР


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.