1 minute read

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ

овој прирачник е подготвен со цел да се дадат основни материјали за реализација на наставата по факултативниот наставен предмет: Енергетска ефикасност на објекти, наменет за учениците од четврта година запишани во градежна, машинска и електротехничка струка од сите образовни профили во средните стручни училишта во Македонија. Проектот е реализиран во соработка со УсаиД и Хабитат Македонија. на подготовката на овој материјал и претходеше изработка и одобрување на наставната програма за предметот Енергетска ефикасност во објекти. содржините и јазикот во материјалот се прилагодени за учениците од средните училишта, но истиот може да се користи и од поширока публика која сака да се информира и да ги осознае основните принципи и придобивки од практикувањето на енергетската ефикасност во објектите. со тоа, не само што ќе се продлабочат знаењата поврзани со енергетската ефикасност во објектите, туку и ќе се зголеми свеста за значењето на енергетската ефикасност за целокупниот енергетски биланс и влијанието на енергетските параметри врз квалитетот и заштитата на животната средина.

Материјалот е поделен во четири дела, од кои првиот се однесува на општите елементи на енергијата и енергетската ефикасност, вториот на градежноархитектонските карактеристики на објектите како пасивен чинител на енергетската ефикасност, третиот на елементите од машинството поврзани со основните аспекти на загревањето и ладењето на објектите и четвртиот, за електротехничките аспекти како активни чинители на енергетската ефикасност во целокупниот експлоатациски век на објектот. разработката на одделните содржини од овој прирачник, континуираното следење и пренесување на искуствата од работата со учениците, како и очекуваниот зголемен интерес за енергетската ефикасност, ќе придонесат кон дополнително проширување и збогатување на материјалот, со што би се создале неопходните претпоставки за нивно прераснување во квалитетно учебно помагало за учениците од средните училишта од техничките струки.

Advertisement

This article is from: