Енергетска ефикасност на објекти - Прирачник за ученици од средните училишта

Page 13

Овој прирачник е подготвен со цел да се дадат основни материјали за реализација на наставата по факултативниот наставен предмет: Енергетска ефикасност на објекти, наменет за учениците од четврта година запишани во градежна, машинска и електротехничка струка од сите образовни профили во средните стручни училишта во Македонија. Проектот е реализиран во соработка со УСАИД и Хабитат Македонија. На подготовката на овој материјал и претходеше изработка и одобрување на наставната програма за предметот Енергетска ефикасност во објекти. Содржините и јазикот во материјалот се прилагодени за учениците од средните училишта, но истиот може да се користи и од поширока публика која сака да се информира и да ги осознае основните принципи и придобивки од практикувањето на енергетската ефикасност во објектите. Со тоа, не само што ќе се продлабочат знаењата поврзани со енергетската ефикасност во објектите, туку и ќе се зголеми свеста за значењето на енергетската ефикасност за целокупниот енергетски биланс и влијанието на енергетските параметри врз квалитетот и заштитата на животната средина. Материјалот е поделен во четири дела, од кои првиот се однесува на општите елементи на енергијата и енергетската ефикасност, вториот на градежноархитектонските карактеристики на објектите како пасивен чинител на енергетската ефикасност, третиот на елементите од машинството поврзани со основните аспекти на загревањето и ладењето на објектите и четвртиот, за електротехничките аспекти како активни чинители на енергетската ефикасност во целокупниот експлоатациски век на објектот. Разработката на одделните содржини од овој прирачник, континуираното следење и пренесување на искуствата од работата со учениците, како и очекуваниот зголемен интерес за енергетската ефикасност, ќе придонесат кон дополнително проширување и збогатување на материјалот, со што би се создале неопходните претпоставки за нивно прераснување во квалитетно учебно помагало за учениците од средните училишта од техничките струки.

11

Енергетска ефикасност на објекти

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.