Одржлив развој
Одржлив развој
Одржливиот развој е развој што ги задоволува потребите на сегашните генерации без негативни последици за иднината, односно без да ја загрози можноста идните генерации да ги задоволуваат своите потреби. Овој концепт претпоставува однесување кон животната средина како да не сме ја наследиле од нашите претци, туку како да сме ја позајмиле од идните генерации. За сите производи што се произведуваат потребно е да се потрошат големи количини на природни ресурси. Се употребуваат разни штетни хемикалии сè испуштаат во водите и почвата и се создаваат илјадници тони јаглероден диоксид и други стакленички гасови кои се испуштаат во атмосферата. Со други зборови, ги земаме ресурсите од природата, ги користиме за создавање на производи што ни се потребни, а по одредено време ги фрламе и гориме тие производи во депониите.
13
Енергетска ефикасност на објекти
I ДЕЛ: ОПШТИ ЕЛЕМЕНТИ НА ЕНЕРГИЈАТА И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ