Delurium

Page 1

Како може да му помогнете на вашиот близок со делириум • • • • • • •

зборувајте смирено и користете едноставни зборови или фрази потсетувајте го редовно на денот и датумот разговарајте за семејството и пријателите донесете му очила или слушно помагало во договор со персоналот, донесете одредени предмети или семејни слики. Тие ќе го потсетат на блиските и домот во договор со персоналот, донесете му музика која ја сака и е смирувачка за него ако вашиот близок има делириум, можно е да побараме да бидете и вие покрај него да му помогнете да се смири

С п е ц и ј ал н а б ол н и ц а

„Филип Втори“

Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

ДЕЛИРИУМ

Информации за пациентите и нивните семејства

Што е делириум? Делириум е сериозна состојба на збунетост.

Брошурата е изработена според препораките на: ICU Delirium & Cognitive Impairment Study Group NICE Guidelines for Delirium Доколку сакате да прочитате повеќе за делириумот, посетете ја веб-страницата: www.ICUDdelirium.org

Пациентите со делириум: • не можат да размислуваат бистро • имаат проблем да го насочат вниманието • не секогаш разбираат што се случува околу нив • може да гледаат или слушаат работи кои што не постојат. Ним тие им изгледаат мошне реални, како вистински да постојат. Делириумот е чест: • околу 2 од 3 пациенти на одделите за интензивна нега развиваат делириум • 7 од 10 пациенти се во состојба на делириум додека се на машина за дишење или набрзо после тоа


Причини за делириум Делириумот е резултат на промена во начинот на којшто мозокот работи. Ова може да биде последица од: • помалку кислород во мозокот • неспособност мозокот да го користи кислородот • биохемиски промени во мозокот • одредени лекови • инфекции • јака болка • медицински заболувања • алкохол, седативи или средства против болка • нагло откажување од алкохол и пушење

Како да препознаете дали вашиот близок има делириум Вашиот близок може да: • изгледа невообичаено вознемирено или мирно • биде збунет • биде агресивен • користи несоодветни зборови • не може да го насочува вниманието или да следи напатствија • не знае каде се наоѓа • не знае кое време е • гледа или слуша работи кои не постојат • се однесува поинаку од вообичаеното • има промени во спиењето • има промени во емоциите • има движења кои не се нормални, како што е тресење или тегнење на облеката • има проблеми со памтењето Делириумот се разликува од деменцијата

Деменцијата

Пациенти со зголемен ризик да развијат делириум се оние кои: • • • • • • • •

имаат проблеми со памтењето се во понапредната возраст имаат операција (особено на срце или колк) страдаат од депресија земаат одредени високоризични лекови слабо слушаат или гледаат имаат инфекција или сепса имаат срцева слабост

е вообичаено трајна состојба, е нарушување на мислењето. Се развива во текот на повеќе месеци (најмалку 6 месеци) или години, пациентите со деменција се со поголема веројатност да развијат делириум. Дали делириумот предизвикува проблеми во мислењето откако пациентот ќе ја напушти болницата? • Луѓето кои биле во делириум би можеле да имаат проблеми со мислењето кои наликуваат на деменција и тие може да траат со месеци • Засега не може да се предвиди кај кого би можеле да се појават трајни проблеми со мислењето кои наликуваат на деменција


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.