Дијабетот и кардиоваскуларните болести

Page 1

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА

„ФИЛИП ВТОРИ“

www.cardiosurgery.com.mk; 02/ 3091- 484

Навремена дијагноза НАВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ. ДИЈАБЕТОТ И КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ БОЛЕСТИ Дијабетот e болест кај која нивото на шеќер во крвта е покачено во тек на подолг временски период. Шеќерната болест предизвикува сериозни здравствени проблеми кои во основа произлегуваат од оштетувањето на малите и големи крвни садови и нервите. Во овој процес страдаат повеќе органи и тоа срцето, очите, бубрезите и се јавуваат проблеми со циркулацијата. Во зависност од возраста кога за прв пат се појавил дијабетот и причините кои довеле за појава на болеста, постои поделба на дијабет од тип 1 и дијабет од тип 2. Дијабетот од типот 1 се јавува во помладата возраст и потребен е третман со инсулин уште од самиот почеток, додека дијабетот од тип 2 се јавува кај повозрасната популација. Ако веќе имате поставена дијагноза дека боледувате од шеќерна болест, потребно е во соработка со вашиот лекар да се направи план како најдобро ќе се справувате со болеста. КАКО ДА ЖИВЕЕТЕ СО ДИЈАБЕТОТ 1. Информирајте се за Вашата болест! Соберете доволно информации за шеќерната болест и за компликациите што произлегуваат од неа со цел полесно да се справите со неа 2. Научете ! Научете сами да ги препознавате симптомите од страна на органите кои се засегнати од дијабетот и навреме да побарате лекарска помош Вредностите кои треба да ги знаете и редовно да ги контролирате: DIJABETOT I KARDIO ZABOLUVANJA.indd 1

19.06.2012 14:14:00


3.

4.

5. 6. 7. 8.

HbA1C - гликолизиран хемоглобин ја покажува просечната вредност на шеќерот во крвта во тек на изминатите два до три месеци. Вредностите под <7 укажуваат на добра регулација на шеќерот што треба да биде и ваша цел • Нивото на LDL или лош холестерол треба секогаш да е под 3,5 mmol/l • Горната граница на крвниот притисок да биде до 130/80 mmHg Хигиено –диететски режим! Придржувајте се на режимот на исхрана што Ви го пропишал Вашиот лекар. Хранете се здарво и одржувајте ја телесната тежина во нормални граници. Храна која се препорачува: Овoшје, зеленчук, риба, грашок, леќа, обезмастено млеко и производи од него, леб од цели зрна, нерафинирано, ладно цедено масло, сол и шеќер во ограничени количини Физички активност! Спортувајте редовно во склад со Вашата возраст и согласно препораките на Вашиот лекар. 30-60 минути брзо одење 4-5 пати неделно значително ќе ја подобри Вашата состојба. Прекинете со пушење ! Пушењето во комбинација со шеќерната болест повеќекратно го зголемува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести Редовно земајте ја пропишаната терапија иако се чувствувате добро! Проверувајте ги Вашите стопала секојднево , одржувајте добра хигиена и носете удобни обувки ! Побарајте лекарска помош секогаш кога чувствувате некоја промена со Вашето здравје !

DIJABETOT I KARDIO ZABOLUVANJA.indd 2

19.06.2012 14:14:00


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.