СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА
ФИЛИП ВТОРИ www.cardiosurgery.com.mk; Тел: 02 3091- 484
ГАСТРОСКОПИЈА Ендоскопски преглед на хранопроводник, желудник и дванаесетпалечно црево
Гастроскопијата е современа дијагностичка метода која со помош на микрокамера вградена во оптички ендоскоп, ја пркажува (визуелизира) внатрешноста на горниот дигестивен тракт, со што се овозможува брзо и точно дијагностицирање на сите промени на горниот дигестивен тракт.
Информации за текот на прегледот: • • • •
Ова е неинвазивна и безболна постапка и не бара никаков рез за да се изведе. Постапката се изведува во лежечка положба (пациентот е легнат на лева страна) Нема никаква штетност за организмот, освен ретко и кратко гребење на грлото по прегледот. Прегледот трае околу 15 минути
Gastro broshura 2011.indd 1
09.02.2011 12:05:08
Подготовка на пациентот пред доаѓање на гастроскопски преглед: ▶ Прегледот се извршува на гладно и жедно, ▶ Пациентот не треба да јаде најмалку 8-10 часа пред прегледот, а во текот на денот пред прегледот да биде на лесна храна (ориз, компир, течности) и да избегнува пржена и масна храна. ▶ Со себе понесете ги сите претходни резултати од евентуалните претходни ехо наоди, гастроскопии, лаборатории.
Со оваа постапка се дијагностицираат и објаснуваат: ▶ ▶ ▶ ▶ ▶ ▶ ▶ ▶
горнодигестивни крварења (повраќање на крв и црна столица), улкусна болест. необјасниви анемии, диспепсија, киселини, хроничен езофагеален рефлукс кој води до преканцероген Баретов езофагус, продолжено повраќање, тешкотии и болки при голтањето,
Gastro broshura 2011.indd 2
09.02.2011 12:05:09