Информатор за респираторна терапија кај кардиохируршки пациенти

Page 1

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

ИНФОРМАТОР ЗА РЕСПИРАТОРНА ТЕРАПИЈА КАЈ КАРДИОХИРУРШКИ ПАЦИЕНТИ

2a INFORMATOR ZA KARDIOHIRURSHKI PACIENTI.indd 1

31.03.2011 12:55:10


Вовед: Почитувани пациенти оваа брошура ја издаваме со цел да ви дадеме одговори на вашите поставени прашања откако ке бидете информирани дека кај вас е потребна Кардиохируршка интервенција. Нашата цел е да ве информираме дека вашата соработка со Физиотерапевтскиот тим во спроведување на работните терапии е многу значајнa во постоперативниот период, за ваша што пократка и целосна рехабилитација. Со влегувањето во нашата здраствена институција се надеваме дека ќе бидете дел од алката на успешни тимови кои постојат и работат за вашето здравје.

INFORMATOR ZA KARDIOHIRURSHKI PACIENTI.indd 2

31.03.2011 12:55:11


ПРЕДОПЕРАТИВНА РЕСПИРАТОРНА ТЕРАПИЈА Како пациент за операција многу е важна подготвеноста на Вашиот белодробен систем. Доколку сте пушач или имате респираторна слабост хронична обструктивна белодробна болест (ХОББ) или астма, прв чекор што треба да Ви се направи е спирометриска проценка, т.е. проценка на функцијата на Вашето белодробие. За ваквата состојба е потребна предоперативна физикална терапија. Оваа терапија опфаќа предоперативна подготовка: инхалации, респираторни вежби, спрејови и вибро масажа со цел враќање на границата на нормалното функционирање на респираторниот систем.

Спирометрија

Инхалација

Вибро масажа

INFORMATOR ZA KARDIOHIRURSHKI PACIENTI.indd 3

31.03.2011 12:55:16


Доколку вашата респираторна состојба е добра тогаш следува предоперативна подготовка ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРЕДОПЕРАТИВНАТА ФИЗИКАЛНА ПОДГОТОВКА

Физиотерапевтот уште првиот ден по вашиот прием како пациент за операција ке разговара со вас за вашата кондициона способност, едукација во респираторни вежби како и едукација за стабилизација на градниот кош при мобилизација. Од страна на физиотерапевтот ќе добиете едукација за вежбање со поттикнувачкиот спирометар (топчиња) кои ќе ви помогнат да го подобрите дишниот капацитет, коишто ке останат во ваша сопственост и со нив треба да продолжите да вежбате и по напуштањето на нашата болница.

Потикнувачки спирометар ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПЕРАТИВНИОТ ПРОЦЕС За време на оперативниот процесс вие ке бидете под дејство на анестезија.Тоа значи дека вашето тело ке мирува со сите функции. Во ваквата анестезирана состојба и вашите бели дробови ке мируваат,па затоа ке бидете приклучени на машина за дишење. Од ваквата пасивна состојба на белодробието настанува респираторна слабост, како и создавање на секрет кој доколку постоперативно не го искашлате може да доведе до тешки респираторни инфекции. За да се изведе оперативниот зафат вашата градна коска (стернум), ќе биде отворена а со тоа доаѓа до ослабнување на дишната мускулатура.

INFORMATOR ZA KARDIOHIRURSHKI PACIENTI.indd 4

31.03.2011 12:55:18


ЦЕЛ НА ВЕЖБИТЕ СО ПОТТИКНУВАЧКИ СПИРОМЕТАР Целта на вежбите со поттикнувачкиот спирометар е: • • • • •

Зголемување на силата. Издржливоста и ефикасноста на респираторните мускули. Подобрување на размената на гасовите. Воспоставување на нормален ритам на дишење. Искашлување(евакуација) на бронхијалниот секрет.

Правило на работа со поттикнувачкиот спирометар: Во устата се става цревото од спирометарот и максимално агресивно се вдишува.Во тој момент трите топчиња се креваат до горната граница, што значи дека во тој момент вашите бели дробови се отворени со максимален капацитет. Потоа цревото се вади од уста и воздухот се издишува настрана. По кратка пауза од неколку секунди постапката се повторува.Се препорачува овие вежби да се изведуваат континуирано во текот на целиот ден.

Работна респираторна терапија (прв пост оперативен ден)

INFORMATOR ZA KARDIOHIRURSHKI PACIENTI.indd 5

31.03.2011 12:55:20


ЦЕЛ НА ИНХАЛАТОРНАТА ТЕРАПИЈА

-Искашлување (Евакуација) на бронхијалниот секрет.

Инхалациите се лекови кои во вид на пареа треба да навлезат во вашите бели дробови. Со помош на нивното Дејство се отвараат белодробните патишта а со самото тоа се подобрува вентилацијата на дишните патишта и се омекнува односно разводенува белодробниот секрет. Со тоа ви се олеснува искашлувањето и се чисти вашето белодробие. Инхалациите се спроведуваат со максимално вдишувањедолг инспириум и максимално издишување-долг експириум. За поефикасно дејство оваа постапка се изведува бавно.

Инхалаторна терапија

INFORMATOR ZA KARDIOHIRURSHKI PACIENTI.indd 6

31.03.2011 12:55:22


ИНФОРМАЦИИ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА Целта на мобилизацијата е: • • • •

Враќање на нормалната мускулна сила Гравитациона стимулација Враќање на предоперативната сила и издржливост. Подобрување на општата циркулација.

Уште првиот постоперативен ден за првата мобилизација ќе ви помогне физиотерапевт со чија помош ке ја изведете мобилизацијата односно вашето станување од кревет. Постоперативно треба да знаете дека при станувањето не смеете да се потпирате на рацете, бидејќи вашата градна коска е сечена и е потребен период од два до три месеци за да зарасне.При секое станување или легнување во кревет се препорачуива станување со рацете на гради. Кај пациентките како превенција од несакани компликации и отварање на градната рана задолжително е носење на градник од два до три месеца по операцијата. .

Мобилизација со придружба

INFORMATOR ZA KARDIOHIRURSHKI PACIENTI.indd 7

31.03.2011 12:55:25


СПЕ ЦИЈАЛНА БОЛНИЦА Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

INFORMATOR ZA KARDIOHIRURSHKI PACIENTI.indd 8

31.03.2011 12:55:25


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.