Калциум скоринг

Page 1

ПЗУ СПЕЦИЈ АЛ Н А БОЛ НИЦА ПО ХИРУ РШКИ БОЛ ЕСТИ

Ca scoring- Кардио КТ преглед- компјутерско снимање на срце за одредување на присаство и количина на калциум на ниво на срцевите артериски крвни садови

Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk


Компјутерското снимање на крвните садови на срцето претставува неинвазивна современа дијагностичка процедура со КТ скенер која обезбедува информации за присаство на калцифицирачки плаки кои може да доведат до стеснување на крвните садови што води до коронарна болест. Калциумот е честопати маркер за постоење на коронарна артериска болест поради што детектираниот калциум е вреден дијагностички податок кој овозможува насочување во понатамошното дијагностицирање и третирање на пациентот. Целта на овој преглед е скрининг или рано откривање на коронарно заболување уште пред да се појават симптоми кај пациентот. Методата најмногу се препорачува кај мажи на возраст над 45 години и кај жени над 55 години, или на помала возраст кај пациенти со семејна анамнеза за кадиоваскуларни заболувања, високо ниво на холестерол во крвта, дијабет, висок крвен притисок, пушачи, физички неактивни и обезни.

Подготовка на пациентот пред снимање со компјутерски томограф: РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба при снимање на срцевите крвни садови лекар - кардиолог ќе ви даде соодветна терапија за смирување на срцевата работа доколку таа е над 90 отчукувања во минута за време на прегледот вашата срцева работа ќе се следи на ЕКГ монитор во тек на прегледот ќе ви биде кажано да го задржите воздухот и да не дишете на кратко целата процедура (подготовоката за преглед и снимање) трае од 10 до 15 минути и е сосема безболна кога прегледот ќе биде завршен ќе причекате кратко за да ви биде соопштен резултатот од од страна на доктор радиолог по прегледот, доколку се утврди присаство на калциум на крвните садови, ќе бидете насочени за понатамошен третман


Негативен Ca scoring тест , укажува дека шансите за постоење на коронарно заболување се мали Позитивен Ca scoring тест потврдува постоење на коронарно заболување без разлика дали пациентот има болка или не. Содржината на детектираниот калциум се одредува со посебен софтверски програм и според посебна табела се издава резултат . Не се потребни посебни подготовки за овој вид на преглед, не се добива венски контрастно средство.

Присаството на калцификати сугерира постоење на стеснувања на срцевите артерии и за нивно додиференцирање пациентот ќе добие препорака за дополнителни дијагностички методи. Отсаството на калциум не секогаш значи дека кај пациентот нема стеснување на срцевите крвни садови и за додиференцирање на состојбата пациентот ќе добие препорака за дополнителни дијагностички методи.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.