Kompjutersko snimanje na graden kosh torax

Page 1

Компјутерско снимање на граден кош (торакс)

Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk


Информација за текот на прегледот со компјутерски томограф:

Компјутерското снимање на градниот кош или тораксот претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер, која ги открива заболувањата на градниот кош и сите органи што тој ги содржи. Информации за текот на прегледот: o РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба; o медицинска сестра ви поставува венска линија и ве приклучува на автоматски инјектор, преку кој добивате јодно контрастно средство, кое тече за времетраењето на прегледот; o во тек на прегледот може да почувствувате локална болка, лесна топлина, слабост, потење, метален вкус во устата (како резултат на добиеното контрастно средство), но тоа брзо минува; o во тек на прегледот ќе ви биде кажано да го задржите воздухот и да не дишете на кратко; o целата процедура (подготовоката за преглед и снимање) трае од 10 до 20 минути; o доколку пријавите дека имате алергија на храна, лекови или јодно контрастно средство кое се користи за оваа метода, ќе добиете соодветна премедикација или ќе биде побарано од вас да направите алерго тест на контрастното средство, o по направениот преглед лекар - радиолог ги обработува податоците од снимената регија, за што добивате писмен резултат;


o по прегледот, доколку се утврди заболување, ќе бидете насочени за понатамошен третман; o доколку имате заболување на срце, бубрези, астма, шеќерна болест и проблеми со штитната жлезда, ќе ви биде објаснето кои дополнителни испитувања се потребни, пред самиот преглед; o од добиеното контрастно средство може да се јават реакции на преосетливост, со различна манифестација и различен интензитет, и тоа: - Срцево-васкуларни промени: болка во градите, аритмија, забрзана или позабавена срцева работа... - Респираторни промени: кивање, кашлање, отежнато дишење, едем на ларингс... - Промени од дигестивниот систем: гадење, повраќање, отежнато голтање..... - Кожни манифестации: осип, чешање, црвенило.... - Појава на најтежок облик на реакција на преосетливост – анафилакса Забелешка: Ризикот за појава на претходно опишаните промени е поголем, кај пациенти со веќе постоечка алергија на јодни контрастни средства, и истите добиваат посебен третман со соодветна премедикација, или се упатуваат на друга дијагностичка метода. Претходно опишаните манифестации од контрастното средство се ретки, но доколку се појават, тим од доктори ги превзема сите соодветните мерки.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.