Интраартикуларна апликација

Page 1

Интраартикуларна апликација на препарат на Na-хијалорунат во коленскиот зглоб Што претставува остеоартритис на коленото?

Поимот остеоартритис се подразбираат дегенеративни промени на зглобната рскавица кои произлегуваат како резултат на губењето на механичката отпорност на истата, при што доаѓа до нарушување на рамнотежата помеѓу процесите на дегенерација и регенерација на рскавицата.

За самата интервенција не е потребна претходна подготовка. Се изведува по препорака и од страна на ординирачкиот лекар – ортопед.

Краток опис на интервенцијата

Препаратите се аплицираат во оргинални фабрички пакувани и подготвени за апликација шприцеви и игли. Препорачаната доза е една инекција неделно во тек на 3 недели. Терапијата повторно може да се повтори по 6 месеци. При интервенцијата пациентот лежи на грб со коленото свиткано под агол од 90 степени. Во оваа положба лесно се пристапува кон зглобната пукнатина и при тоа може да биде од внатрешната или надворешната страна на истото. Сеедно од каде ке се пристапи, се подготвува местото за апликација, се врши дезинфекција со раствор на повидон јодид (betadine) или друг дезинфиенс за кожа (plivasept) и се влегува под агол од 90 степени во коленскиот зглоб по што се внесува препаратот.

Симптоми

Болка, вкочанетост на коленото по мирување, повремени изливи во коленото проследени со оток и деформитет, ограничување на опсегот на движења во сите насоки.

Можности за лекување

Конзервативен третман кој подразбира намалување на телесната тежина, користење на бастун, употреба на ортотски имобилизациски помагала, употреба на аналгетици, NSAIL, аспирин, физикална и балнео терапија, интраартикуларна апликација на препарат на На – хијалорунат или кортикостероид и оперативен третман.

Висцсумплементација

Висцосуплементацијата со На – хијалорунат интраартикуларно се една од можностите за симптоматско лекување на верификуван остеоартритис на коленскиот зглоб. Индикација за примена на овие препарати е болка која не се смирува со употреба на лекараства, (аналгетици, НСАИЛ), физикална терапија и други традиционални конзервативни мерки на лекување,), состојба по артроскопија на коленото,пациенти кои сеуште не се кандидати за протеза на зглобот.

Во случај на присатен излив во зглобот се врши пункција и отстранување на содржината и дури отпосле се аплицира препаратот. По апликацијата привремено се поставува стерилна газа и фластер. По инсталацијата на препаратот не се препорачува прекумерно оптоварување во тек на 24 - 48 ч. Нема алергиски реакции од препаратот, кај некои пациенти може да се јави некогаш локализирана болка на местото на убодот и поткожен излив кои поминуваат по 3 дена.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.