laporoskopska splenektomija

Page 1

П ЗУ С П Е Ц И ЈА ЛНА БОЛНИЦА ФИЛИП ВТОР И

Лапароскопска спленектомија Име и презиме _______________________________________________________________________

Лапароскопска спленектомија е хируршка процедура при која докторот ја отстранува слезенката со други хируршки инструменти без класично отворање на стомакот. Лапароскопот е тенка метална туба со извор на светлина и мала камера која што хирургот ја става во вашата стомачна шуплина и да ги види внатрешните органи како што е и слезенката. Во неа постои систем

на леќи кои ги зголемуваат органите за 10-20 пати поради што подобро се забележува секој детал, а со тоа и работата е олесната. Кога се изведува лапароскопска спленектомија Слезенката е лимфоиден орган и орган на крвотворниуот систем. Во првите неколку месеца од феталниот развој во бременоста слезенката е основен крвотворен орган. Нејзина основна функција е создавање на бели крвни зрнца. Исто така слезенката врши улога на филтер во организмот, т.е. улога на депо за складирање на туѓи честици, микроорганизми и делови од разрушени бели и црвени крвни зрнца како и тромбоцити- крвни плочки. Слезенката се наоѓа во левото подребрие, има форма на зрно од кафе и овде таа доаѓа во контакт со другите органи локализирани во оваа регија-лев бубрег и надбубрежна жлезда, желудник, левиот лобус на црниот дроб, опашката на панкреасот и дебелото црево. Оваа процедура се изведува кога постои заболување на слезенката од било која природа, поради кое што слезенката е зголемена и покажува симптоми на зголемена активност- хиперспленизам. Најизразен знак за тоа е зголеменото распаѓање на тромбоцитите кое од своја страна резултира со изразена тромбоцитопенија. Постои зголемено и забрзано распаѓање на црвените крвни зрнца кое што резултира со анемија.

147

Што е лапароскопска спленектомија


Други алтернативни третмани кои ви стојат на располагање се отворена хируршка спленектомија. Отворената оперативна интервенција е придружена со поголемо малтретирање на ткивото, многу поголема можност за инфекција, постоперативна појава на големи вентрални кили, а заздравувањето трае неколку недели. Вие, исто така може да одберете да не се лекувате, но мора да ги запознаете ризиците од вашиот проблем. Слободно разговарајте со вашиот лекар за овие алтернативни третмани. Како да се подготвите за лапароскопска спленектомија

Планирајте ја вашата грижа и рехабилитација по операцијата. Дајте си одредено време за одмор и обидете се да најдете роднина или пријател за да ви помогне во секојдневните задолженија. Следете ги советите на докторот, ден пред процедурата јадете лесен оброк (супа и чај). Не јадете ништо по полноќ или утрото пред процедурата, вклучувајќи кафе, чај или вода. Што се случува за време на процедурата Ќе Ви биде предложена анестезија: •

Општа, кога сте во целост длабоко заспани;

Епидурална кога стомакот ви е обезболен, а Вие слободно и будни контактирате со околината, разговарате, читате и слично;

Спинална со слични ефекти како и епидуралната;

Анестезијата ќе ги релаксира вашите мускули и ќе спречи вие да чувствувате болка за време на операцијата. Перитонеалната празнина ќе биде наполнета со гасјаглероден диоксид или азотен оксид. Тоа ќе ја надуе

перитонеалната шуплина како балон и ќе овозможи докторот да ги види вашите органи. Докторот ќе направи 3 или повеќе мали резови во вашиот абдомен, ќе го стави гасот внатре и со лапароскопот ќе го испита вашиот абдомен за да ја најде вашата слезенка. Потоа, докторот ќе ја отстрани слезенката со ласер или електричен нож. Кои се ризиците поврзани со оваа процедура 1. Постојат одредени ризици од општата анестезија. Разговарајте за ризиците со вашиот доктор и анестезиологот

2. Постои ризик од крварење. 3. Раната може да се инфицира и во тој случај докторот ќе ви препише антибиотска терапија, или можеби ќе треба да ја отвори раната и да постави дрен за да овозможи да се издренира инфекцијата. 4. Може да почуствувате мала болка во рамето. Тоа е најверојатно поради јаглеродниот диоксид кој се користи за надувување на абдоминалната празнина.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.