Soveti posle stentiranje

Page 1

Совети за болните по коронарна интервенција имплантирање на стент

Почитувани пациенти, Стеснувањето на артеријата се лекува со балон катетер (PTCA). За сигурност на успешно лечење се вградува мала потпора на крвниот сад (стент). Стентот се соединува целосно со ѕидот на крвниот сад за неколку недели. Да не дојде до згрутчување на крв во стентот за време на заздравувањето, мора да се примаат следните лекови: • тбл. Плавиксили Зилт (Клопидогрел) од 75 mg • тбл. Аспирин протект од 100- 300 mg и • тбл. Атровастатин а 40 до 80 mg на ден.

Аспиринот и Плавиксот (Zilt) треба редовно да се примаат (да не се прекинуваат без консултација на лекар) бидејќи постои опасност, стентот да се запуши преку засирување на крвта. Тоа најчесто го има како последица на опасен срцев инфаркт! Овие два лека не се прекинуваат при одење на стомотолог или при вадење на заб! Артеријата залечена со стент просечно до 25% во случаевите може повторно да се стесни (во текот на првите 6 месеци) и тогаш е потребно ново лечење.

Овие таблети се земаат редовно без да се прекинуват или да се прави пауза, препорачливо е за Знак за ново стеснување на артериите е настапутерапијата секогаш да се консултирате со лекарот вањето на ангина пекторис (чуство на стегање, или екипата што ја извршила интервенцијата. притисок или печење на градите, евентуално со протегање во едната или двете раце, долната виАспирин и Плавикс (Zilt) се лекарства што лица, грбот или пределот на желудникот). најчесто добро се поднесуваат. При помали повреди брзо се образуваат крвни изливи кои се Ангина пекторис настапува најчесто кај телесно безопасни. Во сличај да се појави сосема црна напрегање како на пример качување по скали, столица или црвена урина веднаш (и во викенд) при возбудување или исто така ладни температреба да побарате лекар (црна столица значи тури. Болките би можеле да личат на оние кои крварење на желудникот, крвава урина значи постоеле пред сегашното лечење. крварење во уринарниот тракт).


Исхрана: Се препорачува здрав начин на исхрана кој треба да вклучува разновидност, многу овошје, зеленчук, лесни варива, а од месо - риба и бело месо, односно храна богата со витамини, минерали и умерено присуство на јаглено-хидрати и маснотии. Препорачуваме: обарена или варена храна со секојдневно консумирање на свеж зеленчук (домати, пиперки, краставици, зелени салати, цвекло, кромид, итн.); мешункаст зеленчук (грав, леќа, соја, грашок, боранија); морска или слатководна риба (2-3 пати неделно); ладно цедено масло за јадење (сончогледово, маслиново); обрано млеко и преработки од млеко со малку масти. Избегнувајте: Леб и бело печиво (белиот леб е богат со јаглено-хидрати, а сиромашен со витамини). Затоа заменете го со црн леб, кој има витамини од групата Б. Избегнувајте секаков вид на пржена храна, изнутрици и преработки од изнутрици (паштети, месни наресци, сувомеснати производи, колбаси, виршли), мајонез, тестенини (бурек, пити, пици), лиснати теста, колачи, сува и брза храна, сендвичи.

ПРЕД

СТЕНТ

Алкохол: препораката за употреба на алкохол е индивидуална. Кај пациентите кои немаат проблем со зависност од алкохол, дозволено е максимум 2 дл вино дневно (мажи) и 1 дл вино дневно (жени). Докажано е дека црвеното вино заштитно делуваат врз срцето. Кафе: доколку нема некоја контраиндикација за консумирање на течности кои содржат кофеин, дозволени се 1-2 кафиња дневно. Пушење: Препорачуваме престанок на пушење и избегнување на зачадени простории. Интимен живот: Нема причина зошто да не продолжите со вообичаената сексуална активност штом се почувствувате подготвени да го направите тоа. Физичка активност: неопходна е по коронарна интервенција. Во текот на вашето заздравување шетањето нека претставува секојдневна физичка активност за вас. Започнете со бавно движење по рамно, постепено зголемувајќи го напорот. Доколку почувствувате замор, одморете. Треба да се движите толку, колку што му одговара на вашиот организам. Препорачливо е прошетките да бидат 30 - 60 мин секојдневно.

ПО

Брзо и успешно заздравување, ви посакува тимот од Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ – Скопје - Екипата од ангиографија Ви е достапна 24 часа во секое време од денот или ноќта - Телефон за контакт со нашата болница од 07-22 часот е на бројот 02/ 3091484 - Доколку имате потреба од нас по 22 часот телефонот е 02/ 3091490


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.