Постоперативна рехабилитација во домашни услови

Page 1

ПЗУ Специјална Болница по Хируршки болести

„ФИЛИП ВТОРИ“

Постоперативна рехабилитација во домашни услови Сакам да изберам начин на живеење кој ќе го чува моето срце Денес, со заминувањето од ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ затворате големо пoглавје од еден мошне важен процес во вашиот живот. Веќе не сте пациент, отворате нова страница и продолжувате со процесот на заздравување

во домашна атмосфера. Важно е да се биде трпелив во чекорењето кон здравјето. ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ придава големо значење на взаемната соработка со вас и вашето семејство. Вашето учество во овој процес е многу значајно и затоа однапред ви благодариме што ќе му посветите доволно внимание на овој текст. Неговата цел не е да ги надополни медицинските информации што веќе ги знаете туку да ви понуди корисни препораки кои ќе ви помогнат на патот кон квалитетен живот и иднина. Чувајте ја градната коска Кај најголем дел од пациентите градната коска се отвора и на крајот од операцијата се затвора. Потребни се околу два месеца таа да зарасне и затоа првите осум недели спиењето треба да е исклучиво на грб (не спијте свртени на страна или на стомак). Кога седнувате или станувате, ставете ги рацете околу градите (гушнете се) и употребете ги мускулите на нозете. Во овој период избегнувајте ги сите движења кои би можеле да ја дестабилизираат градната коска: спиење со една или двете раце под глава, дигање товар, потпирање на рацете при станување или седну-

Soveti posle operacija A4 4 str1 1

вање, возење автомобил; гимнастички вежби за раце и рамен појас. Можни се повремени болки околу градната коска за време на зараснувањето на пример при движење или промена на времето. Доколку ви причинуваат проблем во вашето функционирање, користете некој од лековите против болка-Парацетамол, Кетонал, Аналгин, Кафетин и сл. Кај пациентите кај кои операцијата е извршена без отворање на градната коска (периферен бај пас, аневризма на стомачна аорта, операција на каротидната артерија и друго) овие совети не треба да се применуваат. Оперативни Резови Оперативните рани (на градната коска, ногата и/или раката) се зашиваат со конци кои неколку недели по зараснувањето се „растопуваат“ така што нивното вадење не е потребно. Нормално е да има мал оток околу резовите во овој период, можеби повремено чешање, отрпнатост или затегање околу нив. Со текот на времето ќе исчезнат. Оставете резовите да зараснат сами (не ставајте никакви масти, креми, лосиони и слично). Во случај на било каква промена на или околу резот (оток, секреција, црвенило) контактирајте нé на тел. 3091- 484 Туширање Потребно е секојдневно туширање со антибактериски сапун (достапни во секоја аптека и дрогерија) или со најобичен сапун. Сапунирајте го целото тело, сапуницата нека помине преку раната, без да ја триете. Нечистата кожа е можен извор за внес на инфекција преку се уште недоволно зараснатите рани. Потребно е долната облека што ќе ја облечете по туширањето да биде чиста.

21.03.2008 14:17:42


ЛЕКОВИ На крајот од отпусното писмо ќе ви биде наведена терапијата за дома. Лековите кои ќе ги добиете при отпуст се доволни само за еден ден по отпустот. Затоа, потребно е што побрзо да се обратите кај матичен лекар, кој ќе ви напише рецепти, со кои понатаму ќе ги набавите потребните лекови во аптека. Редовно земајте ја само препишаната терапија во отпусното писмо. Истовременото земање лекови од повеќе доктори, може да го загрози вашето здравје. Лекови по шема (Синкум, Синтром, Пелентан) Особено треба да внимавате на лековите кои се пијат по шема (на пример: Синкум, Синтром), доколку ви се препишани. Шемата за пиење на овој лек ја одредува трансфузиолог, по земање на крв за анализа на состојбата на згрутчување на крвта. Преголема доза од овој лек може да доведе до крварење, премала доза може да доведе до згрутчување на крвта. Двете состојби можат да бидат животно-загрозувачки. Затоа внимателно следете ги препораките на трансфузиологот и редовно правете ги контролите на крвта. Внимателно прочитајте го упатството за користење на овие лекови, кое ќе го добиете при отпустот, заедно со првата шема по операцијата.

Вежбите за дишење со топчиња се применуваат 56 пати дневно по триесет пати во тек на првиот месец или по потреба и подолго (просечно околу 150- 200 пати). Кревање тешки предмети Кога ќе стигнете дома, во првичниот период може да забележите дека дури и при кревањето на некои лесни предмети градната коска може да ја чувствувате како оптоварена. Еве неколку практични совети во врска со ова: - не кревајте тешки предмети;

Контроли За негување и подобрување на здравствената состојба после отпустот потребни се редовни кардиолошки контроли. Првата е најдоцна за седум дена по отпуштање од болница. За тоа имате закажан термин - датум и час, на крајот од отпусното писмо. Бројот на контроли е индивидуален и го одредува докторот. Доколку во меѓувреме почувствувате здравствени проблеми или имате нејаснотии околу пропишаната терапија јавете се на некои од нашите телефонски броеви: 00389/2 3091 484 (амбуланта) 7 дена во неделата или контактирајте го 02/3091 861 С.О.С – телефонот ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ Прошетки Физичката активност е индивидуална. Во текот на вашето заздравување шетањето претставува секојдневна физичка активност. Започнете со бавно движење по рамно, постепено зголемувајќи го напорот. Треба да се движите толку, колку што му одговара на вашиот организам. Доколку почувствувате замор, одморете. Ако пак се почувствувате изморено и со тегоби или да ви недостасува воздух, имате вртоглавица, нагони за повраќање или било каков симптом сличен на оние од пред операцијата, веднаш одморете и контактирајте лекар.

- користете ја тежината на целото тело при оптоварување, на пример при отворање на тешки врати, користење на правосмукалка.... Oвие активности треба да ги избегнувате во прво време кога ќе дојдете дома; - кога сакате да земете предмет од повисоко, не се оптегнувајте; - кога сакате нешто да поткренете, потклекнете со колената и префрлете го товарот на телото; - одморајте помеѓу активностите. Возење Со цел да ја заштитите градната коска, не возете автомобил се додека лекарот не ви дозволи (8-10 недели по операцијата). Додека сте во автомобил, носете заштитен појас.

www.cardiosurgery.com.mk

Soveti posle operacija A4 4 str2 2

21.03.2008 14:17:44


Внес на течности

Алкохол

Под внес на течности се подразбира пиење вода, чај, кафе, супа, јогурт, млеко, сокови и слично. Ако при отпустот од болница ви е кажано да внимавате на дневниот внес на течности тогаш треба да внесете(обично 1,5-2 литра на ден). Доколку не ви е кажано поинаку.

Препораката за употреба на алкохол е индивидуална. Кај пациентите кои немааат проблем со зависност од алкохол, дозволено е максимум 2 дл. вино (мажи) , и 1 дл. дневно за жени . Докажано е дека црвеното вино (во тек се испитувања и за белото вино) заштитно делуваат врз срцето.

Исхрана

Кафе

По операцијата можно е апетитот да ви е намален или едноставно да се чувствувате исцрпено и уморно иако чувството на глад е веќе присутно. Ова се случува често. Храната ви е потребна за да му овозможите на вашето тело да заздравува и зајакнува. За сите оперирани пациенти препорачлив е здрав начин на исхрана која треба да вклучува, многу овошје, зеленчук, лесни варива, а од меса - риба и бело месо, односно храна богата со витамини, минерали и умерено присуство на јаглено-хидрати и маснотии. Здравиот начин на исхрана е подеднакво важен за сите.

Доколку нема некоја контраиндикација за конзумирање на течности кои содржат кофеин, дозволени се 1-2 кафиња дневно. Не се препорачува кафето да го пиете пред оброк и терапија.

Препорачуваме: oбарена или варена храна („манџа„) зготвена без многу запршка; секојдневно јадете свеж зеленчук (домати, пиперки, краставици, зелени салати, цвекло, брокула, кељ, карфиол, ротквица, кромид, лук итн); мешункаст зеленчук (грав, леќа, соја, грашок, боранија); морска или слатководна риба (2-3 пати неделно); ладно цедено масло за јадење (сончогледово, маслиново); варенабелка од јајце; обрано млеко и преработки од млеко со малку масти; црно чоколадо.

Избегнувајте: Леб и бело печиво (белиот леб е богат со јаглено-хидрати, а сиромашен со витамини. Затоа заденете го со црн леб, кој има витамини од групата Б); Не препорачуваме: секаков вид на пржена храна, зачинета и солена храна, преработки од изнутрици (паштети, месни нарезоци, сувомеснати производи, колбаси, виршли), мајонез, тестенини (бурек, пити, пици), лиснати теста, колачи, млечно и бело чоколадо, сува и брза храна, сендвичи. На кратко: препoрачуваме традиционална македонска храна, богата со свежо овошје и зеленчук, приготвена без запршка со користење на ладно цедено масло за јадење.

Пушење Важно е да престанете да пушите. Пушењето остава последици на вашиот организам: - ја намалува флексибилноста на крвните садови; - предизвикува создавање на поголема количина секрет во белодробието по операцијата;

- ја забрзува работaта на срцето; - ја смалува количината на кислород во крвта; - го покачува крвниот притисок; И ако е тешко да престанете со пушењето во период кога сте под стрес и напнатост, важно е да донесете таква одлука и ние веруваме дека можете и умеете да го направите тоа како ваш избор. Затоа препорачуваме престанок на пушење и избегнување на зачадени простории. Телесна тежина Потребно е редовно да ја мерите телесната тежина (секое утро откако ќе ја завршите утринската тоалета), и да ја одржувате 0,5 - 1кг повеќе или помалку од отпусната тежина. Со тек на време потребно е да ја достигнете идеалната телесна тежина (треба да имате онолку килограми колку што изнесува вашата висина во сантиметри минус 100см. (за мажи) и минус 110 см.(за жени)). За намалување на телесната тежина не се препорачуваат тешки диети, особено не во првите два месеца од операцијата. Доволно е да ги следите нашите упатства за начинот на исхрана (види погоре). www.cardiosurgery.com.mk

Soveti posle operacija A4 4 str3 3

21.03.2008 14:17:45


Интимен живот Нема причина зошто да не продолжите со вообичаената сексуална активност штом се почувствувате подготвени да го направите тоа. Два месеци по операцијата, доколку немате проблеми, можете да продолжите со умерен сексуален живот, на начин на кој вам ви одговара. Стравот околу активниот сексуален живот и општото депресивно расположение се два психолошки моменти кои можат да влијаат врз вашиот сексуален интерес и капацитетност. Во текот на заздравувањето ваквите состојби се нормални и вообичаено исчезнуваат во првите три месеци. Работоспособност Способноста за работа по кардиохируршка операција е индивидуална и зависи од многу фактори. Најголем број од пациентите кои биле во работен однос, три месеци по операцијата можат да се вратат на работа. РАСПОЛОЖЕНИЕ И ЧУСТВУВАЊЕ Секој ден носи нешто ново и затоа природно е да се чувствувате различно. Запомнете, чувството на изнемоштеност е нормално по големи операции како што е операцијата на срце. Да не ве изненадува ако еден ден се чувствувате енергично, а веќе наредниот изморено и слабо. Тоа нека не ве обесхрабрува. Во овој период телото почнува за заздравува и да се ревитализира а со тоа да се зголемува силата и издржливоста. Било која операција, а особено операцијата на срце влијае и врз емотивната состојба на вашето семејство. Може да чувствувате страв, лутина, напнатост (нервоза), еуфоричност, ситни работи да ве вознемируваат или пак лесно да се расплакувате, да бидете потиштени или едноставно, да се чувствувате различно од вообичаеното. Склоноста кон вознемиреноста и/ или депресивноста може да се пројави преку намален или зголемен апетит, тешкотии со спиењето, несоници или претерано спиење, вртоглавици и сл. Треба да знаете дека ваквите состојби на загриженост, страв и сл. како постстресни реакции се нормални. Семејство Како можам да му помогнам на членот од семејството во неговото заздравување? Поддршката од членовите на семејството е потребна и помага во процесот на заздравување. Ги поддржуваме членовите од семејството да учествуваат во грижата за пациентот, но не презаштитнички, затоа што ваквиот однос најчесто доведува до недоразбирање. Сепак, важно е на пациентот да му се овозможи да се грижи за себе што е можно повеќе. Вклученоста во сопствената нега и зголемувањето на самостојноста и активноста, важни се за целосно опоравување на пациентот.

вашите присутни мисли кои ви предизвикуваат загриженост(страв, немир, тага. . . ). Посветете им доволно внимание и со таа свесност пробајте да им дадете позитивен контекст. Имајте во предвид дека сте се соочиле и сте го победиле проблемот. Така полесно ќе ги совладате непријатните доживувања и ќе имате поголемо чувство на контрола над сопствените реакции; - Обидете се да го насочите вниманието правејќи нешто во што уживате – слушајте ја омилената музика, гледајте нешто што ве релаксира, користете ги прошетките или повикајте некој пријател; - Ако не сте сигурни во нешто врзано за заздравувањето, самата загриженост нема да ви помогне (да ве информира). Поразговарајте со лекарот; - будете се и туширајте се секое утро отприлика во истото време; - Облечете се во удобна дневна облека. Ова ќе ви помогне да се почувствувате активни; - Испланирајте што ќе правите во текот на денот Доколку забележите некои од следниве симптоми или знаци веднаш јавете се кај нас: - треска или температура над 38ºC; - несвестица или јака главоболка; - исцедок од раната; - губење на свеста; - болка која не поминува со земање аналгетик (средство против болка); - крв во урината или столицата; - срцебиење или брзо отчукување на срцето; - недостиг на воздух што не поминува ниту после одмор; - чести нагони на гадење, повраќање или дијареја (пролив); - видливи отоци на нозете, глуждовите или стопалата; Веруваме дека ја прочитавте брошурава и дека со љубов ќе се грижите за себе. Тимот од „Филип Втори“– Ви посакува успешно заздравување.

Еве неколку совети како да си помогнете: - ќе ви биде полесно ако чувствата ги споделите со семејството или блиските пријатели; - доколку разговарате со некого, кој веќе е опериран запомнете дека тоа е негово искуство и е различно од вашето; - додека го читате овој текст, станете свесни за www.cardiosurgery.com.mk Soveti posle operacija A4 4 str4 4

21.03.2008 14:17:46


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.