Upastvo za pacienti za slednje na krven pritisok

Page 1

SPECIJALNA BOLNICA

ФИЛИП ВТОРИ

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТИ

02 / 3091- 484 UPASTVO ZA PACIENTI KST.indd 1

141

АБП ХОЛТЕР МОНИТОРИНГ (следење на крвниот притисок) 24 - ЧАСОВЕН ХОЛТЕР ЕКГ (следење на срцевиот ритам) КОРОНАРЕН СТРЕС ТЕСТ

02.02.2010 10:01:46


Што е ЕКГ Холтер мониторинг ЕКГ Холтер-мониторинг претставува континуирано снимање на срцевиот ритам во тек на 24 часа, додека ги извршувате вашите секојдневни

активности. Се користи за детектирање на неправилниот срцев ритам и одредување на терапија.

Што можам да очекувам при поставување на апаратот Апаратот за ЕКГ холтер-мониторинг ќе ви биде наместен во амбулантата при ургентно дијагностичкиот центар “Филип Втори”. Со себе треба да ги понесете наодите од последниот интернистички преглед и листата на терапија доколку ја примате. ЕКГ холтерот се мести на тој начин што неколку мали самолепливи електроди ќе бидат ставени на градниот кош за да ги детектираат електронските сигнали на срцето и да ги пренесат до портабл рекордерот кој го носите во футрола на појасот. Тој не го снима вашиот глас, ниту било каков друг звук, освен работата на вашето срце. По завршување на снимањето, преку

UPASTVO ZA PACIENTI KST.indd 2

електронска картичка снимените податоци се пренесуваат во компјутер каде се врши читање и анализа на резултатите. Неопходно е да водите евиденција за вашите активности: времето на физичките активности, одмор, времето на земање на терапијата (доколку земате) и сите симптоми кои ќе ги почувствувате. Покрај секојдневните активности неопходно е да направите неколку епизоди на замор во траење од 15-30 мин (одење по угорнина, брзо пешачење, качување и симнување по скали). По 24 часа се враќате назад за да се извади Холтерот и да се анализираат резултатите.

02.02.2010 10:01:51


Што не треба да се прави додека се носи апаратот не треба да се фаќаат електродите и апаратот; не треба да се туширате додека го носите холтерот; треба да го пазите од физички удар; избегнувајте кревање на голем и тежок товар и долготрајно кревање на рацете нагоре. Мобилниот телефон и компјутерот не ја попречуваат работата на холтерот • • • •

Што можам да очекувам по добивање на резултатот По добивањето на резултатот вашиот лекар ќе ги прочита и објасни резултатите и соодветно на нив ќе ја одреди терапијата и вашиот понатамошен третман.

UPASTVO ZA PACIENTI KST.indd 3

02.02.2010 10:01:55


Што е АБП мониторинг АБП мониторинг е континуирано следење на крвниот притисок во тек на 24 часа, додека ги извршувате вашите секојдневни активности. Со него се откриваат варијации во вредностите на крвниот притисок и се дијагностицира хипертензивната болест. Тој помага препишаната терапија да се дозира според дневниот ритам и да се постигне ефикасно лекување на високиот крвен притисок, кој ако не е соодветно третиран доведува до срцеви или мозочни инфаркти, заболувања на бубрезите итн.

UPASTVO ZA PACIENTI KST.indd 4

02.02.2010 10:02:03


Што може да очекувам при по ставување на апаратот Апаратот за АБП мониторинг ќе ви биде наместен во амбулантата при ургентно дијагностичкиот центар “Филип Втори”. Испланирајте го денот кога ви е закажано испитувањето да не возите автомобил на долги релации и да не вршите тешки физички работи. Апаратот се состои од манжетна која се става на вашата рака и портабл рекордер кој ги регистрира мерењата на крвниот притисок (стои во футрола на појасот). Во дневниот период мерењата се вршат на секои 30 мин, а во ноќниот период на секои 60 мин. Неуспешните мерења се повторуваат во интервал од 3 мин. Секогаш кога ќе почне мерење то, сведете ја моменталната физичка

активност на минимум, а раката на која носите манжетна нека мирува. Резултатите од мерењата нема да се прикажуваат на дисплејот. Неопходно е да водите евиденција на вашите активности и тоа: времето на физичките активности, одмор, времето на земање на терапијата ( доколку земате) и сите симптоми кои ќе ги почувствувате. Покрај секојдневните активности неопходно е да направите неколку епизоди на замор (одење по угорнина, брзо пешачење, качување и симнување по скали). По 24 часа се враќате назад за да се извади апаратот и компјутерски да се обработат податоците.

Што е потребно да знам додека го носам апаратот

Доколку апаратот почне да мери постојано, на секои 5 мин, контактирајте не на тел 02/3091-484 и консултирајте се со медицинска сестра како соодветно да постапите. Треба да внимавате да не ја движите раката на која имате манжетна и да не носите товар во неа додека трае самото мерење.

Што може да очекувам по добивањето на резултататот

По обработка на податоците, резултатот го чита лекар, кој ја одредува терапијата и вашиот понатамошен третман. Доколку е потребно, тој ќе ве упати на понатамошни испитувања.

UPASTVO ZA PACIENTI KST.indd 5

02.02.2010 10:02:10


КОРОНАРЕН СТРЕС ТЕСТ Коронарен стрес-тест е тест на контролирано оптоварување, со чија помош докторот ја открива и потврдува коронарната артериска болест, го открива видот и степенот на заболувањето на срцевиот мускул, хипертензивната болест како и разни видови на аритмии (неправилна работа на срцето). Понекогаш кај пациентите кај кои постои запушување на крвните садови симптомите може да се минимални и може да нема промени во

обичниот електрокардиограм (ЕКГ). Но при оптоварување, срцето е принудено да работи повеќе, за да ги задоволи потребите на организмот од кислород. Доколку постои запушување, протокот на крв низ срцето ќе биде отежнат, што се рефлектира преку симптоми кои ги чувствувате и промени во самото ЕКГ. Откривањето на симптомите и промените во ЕКГ при контролирано оптоварување е всушност суштината на овој тест.

Колкав е ризикот за правење на те стот Ризикот постои, но е минимален со тоа што за цело време додека го работите тестот вие сте постојано под контрола на лекар и медицинска сестра. Работата на срцето, дишењето, крвниот притисок, ЕКГ и заморот се мониторираат за цело време. Важно е сите лекови кои ги примате (особено се однесува на болни и оперирани пациенти) да ги земете во вообичаениот термин (освен ако не добиете поинакви упатства од вашиот лекар).

UPASTVO ZA PACIENTI KST.indd 6

02.02.2010 10:02:20


Како треба да се подготвам и како се изведува те стот Потребно е да земете ле-сен појадок, да ја замете редовната терапија ( освен ако не сте добиле поинакви инструкции во однос на лековите). Најмалку 1-2 часа пред тестот да не конзумирате храна, пијалок, а особено не алкохол и цигари. На себе да носите лесна облека и обувки (најдобро патики). За жените е пожелно да носат и градник. Сите објаснувања околу техничката изведба на тестот ќе ги добиете непосредно пред самиот тест. Ќе ви

бидат ставени неколку електроди за пренесување на импулсите од срцето и апарат за мерење на притисок. Тестот се изведува со одење по лента која на секои 3 мин го менува нивото и брзината на движење. Тој може да биде прекинат во секое време доколку вие не се чувствувате добро. Самиот тест заедно со одморот трае највеќе 15 мин. Целокупниот тест со подготовката е во времетраење од 30-40 минути

Што може да очекувам по добивањето на резултататот Резултатите ќе ги добиете по завршување на тестот. По добивањето на резултатот вашиот лекар соодветно на резултатот ќе ја одреди терапијата и вашиот понатамошен третман. Доколку е потребно, тој ќе ве упати на понатамошни испитувања.

UPASTVO ZA PACIENTI KST.indd 7

02.02.2010 10:02:27


ПЗУ Специјална болница по хируршки болест

„Филип Втори“

Ул.“ Илинденска “ бб. 1000 Скопје, Македонија Тел: +389 2 3091- 484

www.cardiosurgery.com.mk

UPASTVO ZA PACIENTI KST.indd 8

02.02.2010 10:02:27


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.