Интервенција Опис на интервенцијата: - се стерилизира ингвиналната регија, - се дава локална анестезија, - се пунктира в.феморалис, - селективно се катетеризира в.сперматика (преку в.кава инф., в.реналис син.), - се вбризгува склерозирачки материјал, - се поставува лесен компресивен завој, - се задржува пациентот неколку часа и се пушта дома истиот ден, со препорака за домашен одмор од 2 – 3 дена.
С пе ц и ј а л н а б ол н и ц а по х и рур ш ки б ол е с т и
„Филип Втори“
Емболизација на варикоцела
Варикоцела е проширување на сперматичната вена како резултат на инсуфициенција на венските клапи (ист механизам како кај варикозитети на долните екстремитети), при што тие се издолжуваат креирајќи варикоцела.
196 Varicocela flaer.indd 1
24.06.2009 10:02:15
Симптоми
Третман
Симптоми: тапа болка во тестисите, чувство на “тегнење” во скротумот, оток (“како вреќа од црви”) на палпација, смалување на тестисот... Симптомите се влошуваат при напор, подолго стоење, а исчезнуваат при лежење
Третманот може да биде: 1. оперативен, со лигатура на проширените вени, во општа анестезија;
Најчесто се појавува на левата страна од скротумот и е можна причина за стерилитет.
2. емболизација од страна на интервентен радиолог, со селективна катетеризација на сперматичната вена и вметнување на coil–и или склерозирачки материјал, во локална анестезија.
Статистички се смета дека варикоцела имаат околу 20 % од мажите помеѓу 15 и 25 год., а околу 40 % од мажите со стерилитет.
Varicocela flaer.indd 2
24.06.2009 10:02:15