За две нешта милеам - татковината и Јанка

Page 1

ОД ДРУГАТА СТРАНА

По божикните празници таа 1902 година, Гоце Делчев, пред да замине повторно во Македонија, доаѓа на проштална вечера кај неа. Неговата Јанка му подготвува убава вечера, но му предава и црвено востаничко знаме со лав и фигура на девоЈка. Јанка на шега му вели дека лавот е тој, а девојката е таа. Гоце слатко се насмејува земајќи го знамето што таа самата го извезла и бродирала. По вечерата Јанка го изненадува со убав божикен подарок - срмен џемпер за да го чува од студот по македонските планини

оце Делчев имал вереница. Станува збор за охриѓанката Јанка Каневчева, учителка во Софија. „Теа модерна” дојде до едно нејзино писмо, но и до исповедта на Гоце за љубовта што ја чувствувал кон неа, кои ексклузивно ги објавуваме во овој број. Која е Јанка Каневчева и што се случило со неа по смртта на Делчев? Гоце бил убиен на 4 мај 1903 година во Баница. При увидот тоа го потврдил и еден од неговите заробени четници, Георги Савеклијата. Но, власта во Цариград, сепак, бара и дополнителни докази од турското претставништво во Софија. Во врска со тоа, на 9 мај 1903 година, пет дена по убиството, е испратена шифрирана телеграма директно од Портата. Дипломатите на султанот на 14 мај испраќаат кус одговор до Великиот везир: „Делчев е меѓу најглавните раководители на Внатрешната организација, а извештаите за неговата смрт во весниците се уште не се поткрепени со документи”. Иако во весниците нема документи - веројатно се мисли на фотографии од мртвото тело на убиениот - овојпат, за жал, Гоце Делчев навистина бил убиен. Недофатливиот Ахил, во отсуство осуден на смрт во 1901 година; големиот македонски револуционер Делчев - за чија глава султанот давал 500, а подоцна и цели 1.000 лири, плус бинбашиски чин - конечно е мртов. Но, зошто султанот не им верувал на весниците? Веројатно затоа што со години наназад излегувапе разни информации и репортажи за тоа дека Гоце Делчев е убиен. Од друга страна, се поставува прашањето кој толку брзал, јавно, преку весник, да го „убие” апостолот на македонското револуционерно движење?

Г

АЕМАНТОТ НА ЈАНКА Според писмото на Јустанијана (Јанка) Каневчева, љубовница или вереница на Гоце Делчев - кое првпат, ексклузивно, го објавуваме во нашето списание - убиството на Гоце, „медиумски”, се подготвувало цела година година однапред. Загрижената учителка Јанка на 8 февруари 1902 година пишува писмо, кое следниот ден го испраќа до редакцијата на со-

56

Т

Г 1

Ц

МОАЕЖА

1 Аекември 2 0 0 4

ф искиот весник „Дело”, барајќи да се демантираат гласините за наводното убиство на Делчев. Во тоа кратко и досега непознато писмо, охриѓанката Јанка Каневчева, жената која Гоце неизмерно ја сакал, пишува: „Почитуван редакторе; Ви испраќам во поштенски марки претплата за три месеци на Вашиот весник “Дело”. Ве молам, ако е можно, да објавите еден демант на распространетите лажни гласови дека г. Г. Делчев бил убиен. Ако е можно да се објави веднаш и весникот да ми се испрати на адреса: “Пловдив, Петар Мутавчиев, учителе. Докажете, ве молам, дека е жив и здрав, иако мнозина веруваат дека г. Г. Делчев е убиен. Докажете им дека е жив! Ако не сакате, тогаш не ми испраќајте на наведената адреса ништо. И сето ова, ве молам, да не се знае од кого е и кој го испраќа”. На крајот од писмото, Јанка пишува дека писмото го пишува во Софија на 8 февруари и дека „останува со вера” дека демантот ќе се објави. Таа добро знаела, бидејќи постојано била во контакт со својот вереник, дека Гоце Делчев во тоа време бил во обиколка на четите, и секогаш, кога имал можност, преку куририте, испраќал абер до Јанка дека е здрав и жив. Таа знаела се: знаела каде е и кога ќе дојде. Кон крајот на истата 1902 година, кога којзнае по кој пат се проширил глас дека е убиен, таа со растреперено срце го пречекува во својот дом. Тогаш не демантира, зашто лагата е очигледна, а Гоце е до неа. Пресреќна е што може да го прегрне: што може да му се порадува, што можат да бидат барем за кратко заедно, вљубени и среќни. Но, за жал, нивните заеднички среќни мигови траеле само неколку дена. По божикните празници таа 1902 година, Гоце Делчев, пред да замине повторно во Македонија, доаѓа на проштална вечера кај неа. Неговата Јанка му подготвува убава вечера, но му предава и црвено востаничко знаме со лав и фигура на девојка. Јанка на шега му вели дека лавот е тој, а девојката е таа. Гоце слатко се насмејува земајќи го знамето што таа самата го извезла и бродирала. По вечерата Јанка го изненадува со убав божикен подарок - срмен џемпер за да го чува од студот по македонските планини. За да не и го расипе расположението, Делчев не и кажува дека тој е против востанието за кое веќе речиси јавно се зборува. Заминува од домот на својата вереница, облечен во нејзиниот џемпер. Истата ноќ се сретнува и со својот драг пријател и соборец, Михаил Герџиков, кој, на секаков начин, упорно се обидува да го убеди да го одложи своето итно заминување во Македонија. Герџиков предлага заедно да заминат по неколку недели. Според неговите спомени, воопшто не сакал да разговара за никакво одлага-

ње; бил многу растревожен и потиштен од одлуката токму таа пролет да се крене општонародно востание во Македнија. На Герџиков му признал дека ќе стори се да се одложи востанието, затоа што народот не е вооружен и не е подготвен за такво нешто. Во такви услови, тоа нема да биде востание, туку кланица. Михаил Герџинов, неговиот верен другар и соборец, подоцна ќе запише дека никогаш не го видел Гоце толку тажен и загрижен. Пред да замине, го прегрнал и со солза во окото му рекол: „Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам - татковината и Јанка. Чувај ги и двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чувства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени”. Што се случува потоа со Гоце, Јанка и Михаил?

СМРТТА НА ГОЦЕ И ... Гоце ја напушта Софија веднаш по божикните празници. Најпрво стигнува во Самоков, а потоа, преку Боровец и селото Говедарци, четата се спушта во Демиркапискиот премин и започнува нова обиколка на Македонија. Во февруари 1903 година, Делчев е во Неврокопско, каде што како „гром од ведро небо”, како што ќе рече самиот, го пресретнува веста дека Солунскиот конгрес пред две недели ја донел конечната одлука за „општонародно стратегиско востание”. Претседателот на ЦК на македонската револуционерна организација, Иван Г арванов, не почувствувал никаква потреба ниту да го консултира за таквото решение. Затечен од таквиот развој на настаните, Гоце е сосема депримиран и потиштен. При една средба со Пејо Јаворов, му вели дека ќе оди во Солун за „да ги чуе лично луѓето што ја донеле таа одлука”. На 26 април, со кошница вапцани јајца во раката, Гоце стигнува во Солун. Тука од Гарванов, а особено од Даме Груев, го добива последниот удар на разочарување. И Груев е за востание, иако знае дека народот е многу слабо вооружен. Преоблечен во ќумурџија го напушта Солун и заминува во Серско, каде што има намера да дејствува кога ќе почне востанието. Притоа, разочаран и потиштен, не ги презема неопходните, вообичаени мерки за обезбедување. На 2 мај 1903 година доаѓа во селото Баница, не знаејќи дека реонот е полн со турска војска поради потерите по војводата Георги Радев. Во тоа време четите на Михаил Чаков и на Димитар Гоштанов се стационирани во кориите над селото Горно Броди. Оттаму ја гледаат турската војска што се движи кон селото. Приквечер Чаков и Гоштанов добиваат наредба од серскиот окружен раководител Лазар Димитров да го пречекаат „апостолот” во селото Баница. Двајцата војводи со своите чети веднаш тргнуваат и на 4 мај, околу два часот по


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.
За две нешта милеам - татковината и Јанка by IMacedonian - Issuu