114
114
Комплетно нов почеток... до бесконечноста Прв ден на новороденчето, прваче, прв бакнеж, прво утринско кафе, прв ден од новата година, прва страница од ново списание... низата на први нешта е бесконечна, а првите нешта се секогаш најслатки. Колку пати сте сонувале за повторен нов, прв почеток на нешто или сте мечтаеле за убавите први нешта што веќе ви се случиле? Убавината на почетоците и на првите нешта содржи некоја посебна магија, волшепство што не се доживува двапати. Отсекогаш размислувам и мечтаам за нови и убави почетоци. Дури и во секојдневните ритуали и навики. Но од друга страна, ја мразам ограниченоста. Мразам кога нешто завршува, мразам кога имам краен рок. Зошто нештата едноставно не би биле препуштени на слободата и неограниченоста? На бескрајот? Знам, многу нешта во тој случај би немале значење, но од друга страна помислата на бесконечноста некако ослободува. Шири убава енергија и отвора простор за нови мисли и погледи. Бесконечноста претставува концепт кој се однесува на „големината“ без граница поточно без крај. Зборот бесконечност доаѓа од латинскиот јазик – infinitas што значи неограниченост. Размислувајќи за неограничените можности, желби, вкусови, толкувања... го создадовме Infinity, списание што не ограничува, не обврзува и не наметнува. Страници споени во една бесконечна понуда производи за секој дом, интересни содржини за секоја комплетна жена што држи до себе, за секоја тинејџерка што сонува да биде сè само обична не, за секој маж што сака да ѕирне во неговиот, машки свет. Добредојдовте во нашиот нов свет, замислен да не биде ограничен со времето. Замислен како бескрајно уживање во единствениот вкус на омиленото чоколадо... Слаѓана Тошиќ Директор: Ангела Неновска Крстевска Главен и одговорен уредник: Слаѓана Тошиќ Арт директор: Анета Гацевска Графички дизајн: Горан Крстевски Сашко Соколов Фотограф: Јован Настевски – ЈоН Маркетинг директор: Анета Попова | тел: 070 344 410 anetapopova@nampress.com.mk Маркетинг асистенти: Нена Неновска Ѓорѓиевска Надица Пушкоска Стилист: Елизабета Кљусева Редакција: Силвана Јованчева Игор Ландсберг Сузана Прањиќ 8
Веб дизајн Марјан Петровски Печати: Нампрес Бул. Србија бр. 11, Скопје Датум на печатење: 12.12.2016 Тираж 20.000 Контакт: 389 22700 720 contact@infinitymag.mk www.infinitymag.mk Жиро сметка: 200-0000912991-08, Стопанска банка 250-1010003997-12 Шпаркасе банка Правен застапник: Дарко Ѓорѓиевски ул. 1737 бр. 32 к3 лок. 38 Скопје 078 274 703 Издавач: Основач: Маргарита Неновска
21. Едноставна елеганција 28. Нашминкајте се како професионалец 30. Ние сме генерацијата што ќе ја однесе Македонија во модерните филмски води 34. Како родителите си ги „расипуваат“ децата?
50. Метален одблесок за шик стил 54. Размислувам јас... размислува тој...
56. АНТОНИО БАНДЕРАС Заведувањето не завршува никогаш 62. Класично + модерно + спортско = тренди стил за секој маж 64. Aston Martin DB10 - А, кој вели дека совршенство не постои?! 68. Во стилот на ЏЕЈМС БОНД 007 70. Ком ил фо 72. Моќ во статусот - моќ во џебот... ...10 најбогати политичари во светот 74. Вал Торенс - Каде што снежните височини на планината се голем предизвик за љубителите на зимските спортови 80. Висока елеганција и острина – уредување со темни бои 88. Мобинг - Вашето право на заштита од вознемирување 90. Виното ги претвора работите во нешто повеќе 92. 10 начини како да го исчистите домот од негативна енергија
02 3115-188 I www.insumak.mk I www.facebook.com/insumak.mk
RSE OPTIMA
License of Federal Express Corporation
Tel. e-mail: Web:
+389 2 3 111 116 +389 2 3 137 044 macedonia@fedex.com.mk www.rseoptima.com.mk
Чанта Mona
Тренд
Наметка Zara Капут MAX&Co. Капут Liu Jo
Чанта Liu Jo
Парфем Coach Woman
Estée Lauder Revitalizing Supreme Wake Up Balm
Волна, кашмир и крзно
Чизми Bata
рецепт за зимска елеганција, удобност и топлина!
Џемпер Marella Чанта Marella
Капут Mango Очила Blumarine
Капут Mango
Часовник и алка Swarovski
Шамија Parfois Наметка Mango
Чанта Mona
Чизми Peko - Gabor 2
Шапка Parfois Ѓердан Parfois
Ремен Marella Чанта Guess Капут Mango Палто Marella
Шал Marella Палто Mango Стајлинг Basler Парфем Zadig & Voltaire This Is Her
Во светот на облаците Графитните и сиви те класика на зимските ноти се дни!
Обетки Parfois
Чанта Carpisa Капут Mango
Чизми Bata Чанта Mona
Капут Springfield
4
Чанта Liu Jo
есенција за благосостојба на телото...
Линија на производи со непогрешлив мирис посветен за уживање на целото семејство
Увозник и дистрибутер: РУДИНЕ ММ Скопје 02/3116 236
Ѓердан Parfois
Фустан MAX&Co. Фустан Marella
Фустан Liu Jo
Обетки Swarovski
Чевли Peko Часовник Calvin Klein
Парфем Estée Lauder Modern Muse Le Rouge Gloss Чанта Guess
Аларм за црвено
Зачинете ја зимскат а едноставност со црвената сензуалн ост!
Капут MAX&Co.
Џемпер Mango
Стајлинг MAX&Co. Капут Marella Алка Calvin Klein
Очила Chopard Чанта Mona
Чизми Guess 6
Ремен Guess
Чизми Peko
РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ ВО ИЗБЕЛУВАЊЕТО ЈА ОТКРИВТЕ ТАЈНАТА?
СО СОСТОЈКИ ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ КОИ ГИ КОРИСТАТ СТОМАТОЛОЗИТЕ. Ги отстранува обоените дамки Побели заби за 5 дена За секојдневна употреба. Нежна со глеѓта
Фустан Mango
Палто Mango Парфем Givenchy L‘ange noir Алка Calvin Klein
Очила Chopard
Фустан Mango
Сукња Zara Фустан Mango
Чевли Guess
Парфем Carolina Herrera - Good Girl
Метален шик
Неодминлив стајлинг, барем за ќе многубројните празници, со кој ок! оставите непогрешлив впечат
Обетки Swarovski Чанта Swarovski Сукња Marella
Ѓердан Parfois
Чанта Guess Фустан Liu Jo
Блуза Zara
Чевли Zara
Комбинезон Zara 8
Halle Berry
Едноставна елеганција
Локација: Хотел Мериот Претседателски апартман Фото: Јован Јон Модел: Ана Ежова Фризура: Студио Avangarde Шминка: Ивана Заковска
фустан: креатор Јована Филиповиќ алка: Calvin Klein очила: Fendi прстен: Parfois 3
фустан: креатор Јована Филиповиќ јакна: Mona алка: Calvin Klein очила: Chopard 4
фустан: креатор Јована Филиповиќ чанта: Mona ѓердан: Calvin Klein 5
фустан: креатор Јована Филиповиќ алка: Parfois очила: Chopard 6
фустан: креатор Јована Филиповиќ ѓердан: Calvin Klein очила: Gucci 7
кошула: Guess пончо: Parfois панталони: Mango чанта: Mona чевли: Parfois 8
кошула: Mona палто: Mango панталони: Mango чанта: Guess чевли: Guess очила: Chopard 9
козметика
Тајната на беспрекорната шминка се наоѓа во добриот прибор за шминкање, боите што му одговараат на вашето лице и во вежбите. Вистина е дека шминкерите најдобро ја знаат и познаваат тајната на совршено нашминканото лице, но тоа не значи дека и самата не можете да се обидете да го постигнете тоа. Ќе ви треба само малку повеќе трпение и време бидејќи преку ноќ не можете да станете професионалец.
Нашминкајте се како
професионалец Следниве неколку трика ќе ви помогнат да се нашминкате како професионалец...
1. Изберете го вистинскиот прибор за шминкање
Многумина велат дека изборот на квалитетен прибор за шминкање и употреба та на посилни пигменти можат да доведат до посакуваната цел, дури и да не сте ја совладале техниката за шминкање.
2. Исцртување на контурите на лицето
Уште една причина зошто лицето ни изгледа совршено кога ќе нè нашминка про фесионалец се крие во правилното исцртување на контурите на лицето. Секој профе сионален шминкер знае да ги истакне линиите на вашето лице или да направи нови ако е потребно. Значи, сенчењето е исклучително важно. Исцртувањето на контурите на лицето може визуелно да го стесни или да го прошири доколку е потребно, да ги нагласи јаболчиците, да го смали или издолжи носот или, пак, да го „сокрие“ челото. За контурирање на лицето ви треба еден посветол и еден потемен коректор или пудра со која ќе го правите сенчењето.
28
3. Изберете добра подлога
За да го избегнете ефектот „маска“ треба да одберете подлога што е во боја како вашиот тен или за нијанса посветла. Подлогите што се потемни од вашиот тен не се најдобар избор бидејќи на дневна светлина ќе направат лицето да из гледа уште потемно отколку што се доживувате себеси под вештачката светлина во продавницата кога го пробувате производот.
4. Никогаш не користете сенка во една боја
Професионалните шминкери секогаш користат повеќе нијанси сенки за да добијат длабочина и одредена фор ма на капаците. Особено е важно секојпат да ја истресете четкичката по аплицирањето, за да го отстраните вишокот честички што можат да завршат под окото.
Нов мејкап тренд – црвена сенка за очи
Најпрво на целиот капак нанесете светла сенка, а темна нанесете на надворешниот раб на окото и трепките и продолжете да го сенчите кон длабочината на капакот.
5. Пудра за крај или фиксатор
Пудрата во прав е тајната на долготрајната шминка, но и за беспрекорен, кадифест тен. Се нанесува на крајот, по подлогата, контурира њето, руменилото (кога нанесувате руменило обрнете внимание на нанесувањето и рамно мерното сенчење за да изгледате што попри родно) и другата шминка, со помош на сунѓерче или четкичка и тоа во многу мала количина. Вишокот пудра задолжително истресете го од четкичката.
Кармин во боја на вино е изборот за оваа сезона Студените денови бараат и посебен на чин на облекување, што пак со себе повле кува и поинаков стил на шминкање. Оваа сезона кога ќе го менувате спектарот на шминките во вашиот несесер, не забора вајте да вклучите и барем еден кармин во нијанса на црно вино или во боја на слива. Ако сметате дека оваа нијанса е прем ногу темна, кога ќе го нанесете карминот само нежно поминете врз усните со харти ено шамиче. Бидејќи станува збор за исклучител но интензивна нијанса, најдобро ќе биде ако ја искомбинирате со руменило во крем боја. Ако сметате дека ултравиоле товата боја на слива е пресилна за вас, то гаш нема да згрешите ни со карминот во нијанса на црно вино!
Секоја сезона носи некој нов моден тренд. Оваа сезона црвената боја е ИН и тоа во вид на шминка на капаците и на образите. Значи, сенка и руменило. Иако никогаш не е на одмет на некој важен состанок да се појавите и со цр вен кармин на усните. Тоа е секогаш секси и го привлекува спротивниот пол. Ако нанесете кремаста сенка во интензивно црвена боја, ќе го постигнете популарниот „вампирски“ изглед. А ако се осмелите да ги обоите и веѓите во црвено, ќе изгле дате како неодолива гејша. Можеби ви делува премногу смело и чудно, но позна тите мејкап артисти советуваат оваа сезона слободно да си поигрувате со црвените нијанси. Можеби веѓите во црвена нијанса не се ваш стил, но малку темноцрвена на капаците е идеален предлог за вечерните излегувања кога сакате да изгледате како вистинска „вамп дама“. 29
Ние сме генерацијата што ќе ја однесе Македонија во модерните филмски води Успехот на нивната работа речиси и да нема врска со буџетот на еден филм. Многу поважна е врската со обемот и степенот на нивната амбиција и вештината да изнајдат начин да ја преточат во конкретен успешен производ. Вака познавачите на филмската уметност ги дефинираат успешните продуценти, или, како што ќе каже продуцентот на филмот „Златна петорка“, Дејан Милошевски: „Знаете, кога некој ќе реши дека мора да се заврши одредена работа - тогаш сѐ е можно!“ Откако првичните импресии стивнаа, а филмот наиде на одлични критики и урна своевидни рекорди на гледаност, Милошевски признава дека со екипата со која работеше на ова остварување минале низ многу искушенија и предизвици... 30
С. Прањиќ
„Златна петорка“ е нешто што го чувствувам како свое, како дел од мене. Со самиот факт што ова е историски филм, поголеми се и обврските, беа потребни голема посветеност и внимание на сите детали за гледачот да може да ја почувствува емоцијата што сакавме да ја пренесеме. Првата проекција, што беше во Битола во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, веднаш предизвика реакција кај публиката. Филмот беше одгледан во еден здив, а солзите кај дел од присутните за време на таа проекција говорат дека „Златна петорка“ е приказна што ги буди емоциите кај публиката, раскажувајќи еден историски настан низ призма на љубовта и пријателството. Морам да изразам благодарност до жителите на Струмица, кои освен што помогнаа да се реализира, со нетрпение го дочекаа филмот. Во овој град, од каде што потекнува и мотивот за сценариото, десет дена имаше преполни сали, над 9000 гледачи беа присутни на проекциите. Бидејќи Домот на културата „Антон Панов“ е сала во која се прикажуваат и театарски претстави, мораше да прекинеме со проекциите. Последниот ден имавме над 350 гледачи, што говори дека во Струмица сѐ уште има интерес за филмот, па на публиката ѝ ветуваме дека повторно ќе се вратиме со кино проекции.“ Со оглед на фактот што продуцентот може да ни даде слика на моментите од процесот на подготовка и продукција на „Златната
петорка“, кои на гледачите не им се познати, кои моменти ќе ги паметите засекогаш? „Развојот на сценариото е клучот за добар филм. Токму на овој сегмент посветивме и најголемо внимание, со цел да добиеме силна и емотивна приказна. Повеќе од две години, колку што работевме на сценариото, живеев со оваа филмска приказна, па логично е и на тоа најмногу да се сеќавам. Имавме дури шест верзии. Секое сценарио доживеа критики и на крајот дојдовме до една мошне интересна приказна. Во овој финален производ многу ни помогна косценаристката Билјана Гарванлиева, која внесе еден посебен дух и шарм со својот препознатлив ракопис. Таа успеа да ги интензивира односите меѓу главните јунаци, да напише една силна љубовна приказна и да испрати универзална порака – дека љубовта треба и мора секогаш да победува. Лично многу жалам што таа не успеа да го види овој филм, непосредно пред премиерата ја загуби битката со тешката болест. Морам да нагласам дека и овој проект беше невозможно да се реализира доколку не добиевме поддршка од Агенцијата за филм и општините Василево, Босилово и градот Струмица која, освен финансиска помош, ни ги овозможи и сите ресурси со кои располага за да можеме што пореално да ги снимиме историските сцени. На кого и да се обратевме, добивавме поддршка. Секако дека крајот го краси делото, а ние оставивме порака, преку нараторскиот крај на
Стани дел од средношколската елита 31
филмот, во која се вели: „Никогаш повеќе да не се повтори времето, кога поради идеја се убиваше, а поради мисла се умираше. ПРОКЛЕТА ДА Е ИСТОРИЈАТА, ПРОКЛЕТА ДА Е НАИВНОСТА СО КОЈА УБИВАМЕ И УМИРАМЕ ВО ЗЕМЈА ВО КОЈА НЕ СЕ ГЛЕДАМЕ ЕДЕН СО ДРУГ, ТУКУ ГЛЕДАМЕ САМО ИДЕИ. ИДЕИ, ШТО НЕНАСИТНО НÈ ЈАДАТ И ЖИВИ НÈ ГОРАТ!“ Порака што сите треба да ја почитуваме.“ Иако, генерално, работата на продуцентот подразбира негово учество ‘од сценарио до филмско платно’, каде сè беше потребно „ставање продуцентска рака“, конкретно во овој филм? „Кога работиш филм, а особено кога си продуцент, мора да бидеш присутен во сите фази, од предпродукција па сѐ до дистрибуција на филмот. Особено би напоменал дека предпродукцијата е еден дел, кој по мое мислење е многу важен за целата фаза на проектот. Добрата организација прави да можете лесно да влезете во делот на снимањето, да знаете кои ви се адутите, а каде сте послаби, на што да ставите акцент и во кои стапици може да паднете. Напоменувам, ние во овој историски филм имавме малку средства и за да не наштетиме на сценариото, бевме принудени снимањето да го сведеме на минимум работни денови. Тоа не значеше да исфрламе сцени, туку да снимаме брзо, да знаеме која ни е целта, да бидеме прецизни и ефикасни кога сме на сет и во тоа успеавме. Колегите продуценти во неколку наврати ме прашуваа – како мислиш да го реализираш сево ова, а да успееш да добиеш добар филм?! Но, знаете, кога некој ќе реши дека мора да се заврши одредена работа - тогаш сѐ е можно! Притоа, голема благодарност до сите спонзори и помагатели што веруваа во овој проект.“ Се вели дека продуцентот треба да има инстинкт на коцкар, вештина на жонглер и талент да го види процесот до крај. Во кои моменти која од овие вештини ви беше потребна за да го добиеме филмот во кој уживаше публиката кај нас, но и онаа која го проследи филмот на фестивалот Реинденс, како и во Сиднеј, Торонто? „Кога ќе се навратам наназад, сфаќам дека навистина сум одел по жица како жонглер и сум балансирал на повеќе полиња за да се заврши проектот. Особено е тешко кога ќе се влезе во фаза на снимање, тука веќе нема простор за манипулации. Екипата е собрана, задачата е пред нас и мора да се граби напред. Јас како продуцент треба да ги
32
обединам сите што работат на филмот за ништо да не нѐ исфрли од колосек. Еден загубен ден на сет значи многу, затоа мора да се биде буден, да се следи сѐ, во од да се решаваат проблемите, да се мотивира некој доколку е потребно... Кога се работи на вакви проекти, поддршката од семејството и од блиските е бесценета. Сценариото, кое беше работено по вистинит настан, ни навестуваше дека можеме да имаме производ кој публиката ќе го прифати и засака. Екипата и јас верувавме дека овој проект е важен не само за граѓаните на Струмица, туку и за нашата држава, бидејќи станува збор за филм кој ги ‘удира’ поранешниот систем и тајните служби, но во ниеден момент не се плашевме од оваа тема, која поназад во времето била забранета. Кога имате малку денови за снимање, а тоа не сакате да влијае врз квалитетот на приказната, се движите по линија на невозможното, но сепак, верувате дека ќе заврши и ќе успеете. Не сум суеверен, но ете, како и небото да беше на наша страна, па од почетокот до крајот на снимањето имавме сончево време, без облаци, иако снимавме во средината на октомври. На фестивалот во Кан, Франција, заедно со режисерот Горан Тренчовски го презентиравме на дистрибутери и филмски фестивали. Мислам дека од големо значење е тоа што присуствувавме на филмскиот маркет во Кан, што ни овозможи доста добри контакти и запознавање големи светски лица од филмскиот свет. Филмот целосно беше завршен во јули годинава, па пред нас беше еден голем фестивал во Лондон - RAINDANCE. Веднаш им испративме линк и чекавме нивна првична реакција. Одговор добивме во средината на август, кога ни понудија да бидеме во официјална селекција на фестивалот. Присуството на тој фестивал е од големо значење за овој проект и за неговиот живот. Премиерата во Лондон побуди голем интерес, салата беше преполна со љубители на филмот, особено Македонци што живеат и работат во Лондон. Филмската критика на селекторите на фестивалот Raindance ја даде својата оценка: „Силен и трогателен филм! Иако филмот е претежно приказна за минатото, како и сите добри приказни за историјата нѐ информира за сегашноста, нѐ предупредува за последиците од фанатичен национализам и нетолерирањето критики кон власта но, исто така, дава порака на надеж за оние што се подготвени да ги прифатат лекциите од минатото“. Пред билетарницата останаа 30-тина луѓе што не успеаја да обезбедат билет за да присуствуваат на премиерата. Филмот, како и во Македонија, така и таму доживеа голем аплауз и предизвика емоции. Горди сме и на успехот што го остваривме и во Сиднеј и во Торонто, бидејќи секаде салите беа преполни.“ Холивудскиот рецепт за добар филм обично значи римејк на веќе успешен филм или правење филм врз основа на скандал, веќе успешна книга, ТВ шоу или филм со филмска ѕвезда во него. Балканските филмски остварувања, пак, најчесто се темелат на историски приказни и национални и верски прашања. Вие како подлошка искористивте вистинска случка од пред шест децении, кога петмина студенти биле убиени под неразјаснети околности за да создадете филм
за љубовта и животот, во кој се преплетуваат минатото и сегашноста. Како дојдовте до идејата за една ваква филмувана приказна? „Филмот, пред сѐ, е направен на модерен начин, со испреплетување две времиња што се различни во начинот, но не и во размислувањето. Брзата и прецизна монтажа го даде успехот на филмот за која е заслужен големиот мајстор Андрија Зафрановиќ, кој е еден од најдобрите монтажери во Европа. Режисерот Горан Тренчовски потекнува од Струмица и е запознаен со темата што ос тавила белег во животите на струмичани. За да ја из бегнеме стапицата да западнеме во едно документарно прикажување на фактите во филмот, ние одлучивме да дадеме една интересна приказна во која преовладува љубов, дружба и почитување. Преку сите тие предизвици дојдовме до финалната верзија на сценариото што ни овозможи добар и гледлив филм. Настанот ни беше мотив за филмот, но сите случувања и ликови се измислени во една приказна за публиката.“ Кои се следните планови на „Златна петорка“, во смисла на фестивали, меѓународни премиери, дистрибуција...? „Посветивме големо внимание на дистрибуцијата во Македонија, а фестивалите се пред нас. Претстои фестивалот во Берлин, на кој ќе се обидеме да најдеме дистрибутер. Не сакам да брзаме во одлуката кој ќе го дистрибуира филмот, бидејќи од тоа зависи и неговиот живот. Досега имаме интерес од тројца дистрибутери, ќе видиме кој ќе понуди најдобри услови. Сакам да напоменам дека филмот „Златна петорка“ досега немаше прикажување на ниту еден маркет, но ние знаеме да се бориме и на крајот сум сигурен дека ќе се избориме за голема дистрибуција. Веќе подготвуваме големи проекции во неколку града во САД, наменети не само за нашите иселеници, туку и за американските вљубеници во филмот.“
Колку во последнава деценија се менува ситуацијата на домашната филмска сцена? Има ли поместување во смисла на идеи, давање шанси, менување шаблони...? „Секако, веќе дојде нова генерација која работи на модерен, европски начин и сигурен сум дека оваа генерација кога – тогаш, полека, чекор по чекор ќе направи филм на кој сите ќе бидеме горди. Овде сакам да напоменам дека ние, од помладата генерција, соработуваме без никаков проблем на сите полиња, ги делиме нашите проблеми и меѓусебните искуства. Верувајте, ние сме генерацијата што ќе ја однесе Македонија во модерните филмски води, а со тоа ќе следат и успеси.“ Ако тргнеме од она „што би било кога би било“, со кого би сакале да работите на некое филмско остварување? Или, такво нешто е веќе на повидок...? „Моето напорно работење отвора нови светови, како што во моментов соработувам на проект кој ми е од животно значење. Станува збор за продукција која е една од најголемите во Европа и зад која стојат големи професионалци, сценаристи, режисери, актери... Кога би можел да бирам, би сакал во некој мој филм да видам играчи од светски калибар. Тоа не значи дека сакам актери или режисери кои ги гледа Холивуд, туку наши луѓе од Македонија и од регионот што работат модерно и светски. Таква беше соработката со Рајко Грлиќ, режисер од Загреб, кој има одличен сенс за добра приказна. На неговиот последен филм „Уставот на Република Хрватска“, преку „Револушн продукција“ работеше Дуке Бојаџиев, кој ја потпиша музиката, наш, а сепак светски композитор, како и Јелена Јованова која има мала, но значајна улога. Во моментов пред мене е еден голем проект, а тоа е филмот „Цар Самоил“, кој е веќе подготвен и следната година треба да започне со снимање. Главната улога е доделена на Лазар Ристовски, па би рекол дека ова е проект на кој сите ќе бидеме горди. Сценариото е ремек-дело на нашиот Венко Андоновски.“
Бизнис Администрација Информатика Туризам
33
мама+тато = јас
Како родителите си ги „расипуваат“ децата? 1 2 3 4 5 Дали сте сигурни дека во секој миг, секој ден го разбирате вашето дете? И тоа навистина го разбирате? Секој родител секојдневно е во потрага по вистината за сопственото дете, вистинските методи во неговото воспитување и вистинските постапки при комуникацијата со него. И иако речиси секој родител е уверен дека го прави најдоброто за своето најмило, често сите грешиме. Децата се всушност многу искрени, и во нивните постапки нема затскриени постапки и зборови, но родителите често од преголемо или недоволно внимание не ги забележуваат тие знаци. Еве што всушност сака да ви каже вашето дете... 34
Не ме разгалувајте, знам дека не мора да ми ја исполните секоја желба.
Не плашете се да разговарате со мене отворено.
Не дозволувајте да стекнам лоши навики – одвикнувањето ќе ми биде потешко. Не правете ми да се чувствувам како моето мислење да не е важно, бидејќи во тие мигови ќе се однесувам лошо.
Не поправајте ме во присуство на други луѓе. Многу подобро ќе разберам и прифатам кога ќе зборуваме во четири очи, зашто пред другите се срамам и за инает ќе постапувам лошо.
6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16
Не правете ми моите грешки да ги чувствувам како најголеми злосторнички престапи.
Не заштитувајте ме постојано од последиците на моите постапки, не сакам утре да ме нарекуваат мамино галениче. Не лутете се кога се закачкам. Понекогаш едноставно сакам да сум во центарот и да зборувате со мене.
Не навредувајте ме кога ќе ви кажам „ве мразам“. Јас не ве мразам, туку се борам против вашата власт.
Не повторувајте ми ги истите работи 100 пати, во спротивно ќе се преправам дека не ве слушам.
Не давајте ми нереални ветувања. Секогаш ми е потешко кога не ги исполнувате.
Не заборавајте дека јас сè уште не можам убаво да објаснам што чувствувам.
Не барајте да ја кажам вистината кога сте ми лути. Од страв можеби навистина ќе ве излажам.
Не зборувајте лоши работи и пцости пред мене – тоа ме расипува.
Не оставајте ги моите прашања без одговор. Јас секако ќе ги побарам одговорите, па ако треба и на друго место. Не кажувајте ми дека моите стравови не се важни и глупави. Мене ми се важни и ми стануваат уште пострашни кога не сакате да ме сослушате и да ги разберете.
17 18 19 20 21
Не преправајте се дека сте совршени личности што не прават грешки. Ќе ми биде многу тешко кога ќе сфатам дека тоа не е вистина. Немојте да мислите дека не ви доликува да ми се извините бидејќи сум дете. На тој начин ме учите и јас така да се однесувам во иднина. Не заборавајте дека јас брзо растам. Ќе морате често да се прилагодувате.
Не забранувајте ми да експериментирам. Без тоа јас не можам да се развивам.
И на крајот, не заборавајте дека јас не можам да пораснам во среќен човек ако дома не ги гледам мама и тато среќни и насмеани, и ако не почувствувам дека ме сакаат многу, најмногу.
Можеби тие се навистина мали, за повеќето родители постојано ќе бидат само деца, но верувајте – децата ја градат својата личност и карактерот низ призмата на своите родители, а овие големи мисли, можеби не се на овој начин замислени во нивните главчиња, но верувајте – тие токму ова го мислат и посакуваат.
Сега знаеш е твојот најдобар избор www . saba . edu . mk
САБА Скопје, Битола и Штип
тел: 078 384 005
35
козметика +
ик н т и т ш а з Квасецота е на косат Студеното
време може да ја оштети косата, бидејќи ветрот и ниските температури ја исушуваат и го поттикнуваат опаѓањето. Затоа е неопходно редовно да ја негувате, а во тоа може да ви помогне еден природен рецепт – маска за коса од квасец.
Растворете
лажичка мед во топло млеко, а потоа додајте 20гр свеж квасец. Оставете ја смесата да отстои 20 минути на топло место, додека квасецот не нарасне. Потоа земајте од маската и нанесувајте ја на претходно измиена и влажна коса, почнувајќи од коренот сè до врвовите. Завиткајте ја косата со кеса, а врз неа завиткајте крпа, на тој начин овозможувајќи хранливите состојки полесно да се впијат во коренот на косата. Оставете да отстои еден час, а потоа измијте ја косата со млака вода, нанесете балзам и повторно исплакнете. Маската нанесувајте ја еднаш неделно, а доколку имате проблем со позасилено опаѓање, тогаш нанесувајте ја на секои три дена.
Лице како „средено“ во фотошоп
Не
постои жена што не мечтае за лице како порцелан, мазно и совршено како на девојките од насловните страници што се претходно „средени“ во фотошоп. Реално, идеалната мазна кожа зависи и од генетиката, но и од низа други фактори: стил на живот, исхрана, редовна и квалитетна нега. Но реално, денес речиси не постои жена што не е изложена на постојан стрес, храна што ни се продава како здрава а всушност не е, и премногу скапи производи за нега на лицето. Бидејќи за стресот и начинот на исхрана ќе мора да се погрижите самата и да го најдете најдобриот начин како да ги смените, околу негата, поточно „фотошопирањето“ на лицето може да ви помогне следнава маска...
Потребни состојки: 1 лажица алги во прав 1 лажица мед Подготовка: измешајте ги состојките и кога ќе добиете фина смеса, нанесете ја на целото лице (освен на делот околу очите). Оставете да делува 20 минути, а потоа извадете ја со мокра крпа. По третманот со маската ќе се збогувате со вообичаеното црвенило, а порите ќе бидат длабински исчистени.
36
Не ви требаат вештачки трепки: еве како самата да ги згуснете Кога
се трепките во прашање, многу жени се незадоволни со нивната густина и изглед, па честопати се одлучуваат за надградба или за вештачки трепки. Но поентата е да имате густи природни трепки, нели? А тоа можете да го постигнете со мала помош од следниот рецепт...
Основата
на рецептот со кој ќе ги згуснете трепките е рицинусовото масло, но за да го поттикнете растот на трепките можете да додадете и пантенол, масло од чички и др. Во шишенце од стара маскара (претходно измиено) ставете рицинусово масло, масло од чички и пантенол. Со четкичката измешајте и секоја вечер пред легнување нанесувајте од смесата врз трепките. Рицинусовото масло и маслото од чички содржат хранливи материи што го поттикнуваат растот дури и на најизретчените места. Сепак најважно е да бидете упорна бидејќи резултатите не се толку брзи, но по извесно време ќе ја забележите огромната промена. Овој рецепт можете да го примените и на веѓите.
козметика +
И тоа е трик: како црвениот оВбнимателно со ликувањето кармин да не остава трага на веѓите
Црвениот
кармин уште одамна го прославија Мерлин Монро и Елизабет Тејлор, но тој и денес ја „живее“ својата слава. Иако е исклучително ефективен, многу жени го избегнуваат бидејќи остава трага буквално и ако малку го допрете: на забите, на чашата, понекогаш остава дамки и на ракавот ако случајно го допрете или додека ја соблекувате блузата ако претходно не сте го отстраниле.
Но
постои едноставен начин за да го избегнете сето тоа. Штом ќе го нанесете карминот на усните, врз него ставете тенок слој хартиено шамиче, па врз него натапкајте малку пудра во прав. Оставете да стои една минута, а потоа полека и внимателно тргнете го шамичето. Карминот ќе биде толку „зацементиран“, нема да остава траги и дамки, а сепак ќе биде впечатлив и убав.
Убаво
обликуваните веѓи можат да бидат прекрасен украс на вашето лице, украс што ќе ги нагласи очите и ќе го истакне погледот, но ако претерате во нивното тенчење или задебелување со моливот, тие лесно можат да го расипат целосниот впечаток.
Избегнувајте
прекумерно скубење. Кога ќе ја постигнете посакуваната форма, оставете ги. Единствените влакненца што мора да ги отстраните се оние околу веѓите, што не се вклопуваат во нивната форма. Ако еднаш претерате со скубењето, многу тешко ќе им ја вратите нормалната форма.
Не
игнорирајте го природниот изглед. Многу жени се одлучуваат за скубење на завршетокот на веѓите и потоа ги дополнуваат со моливче што изгледа многу вештачки. Природниот лак на растот на влакненцата го следи вашето лице и затоа не смеете многу да го менувате. Доволно е само благо да ги обликувате.
Внимателно
со моливчето. Моливчето за веѓи е идеално со пополнување на празнините внатре во самиот лак на веѓата или за нијансирање на влакненцата со што би се постигнал посилен ефект. Но со моливчето не треба да исцртувате влакненца ниту да ја исправувате формата на веѓите. Освен што не изгледа природно, многу лесно може и да се размачка.
Топ свилло мас ена ло за кож а
И кожата страда под ударот на зимскиот ветер и ниските температури. Засилената нега во овој период од годината е задолжителен, речиси подеднакво како кога ја штитите од пресилното сонце во текот на летото. Освен редовната примена на козметичките препарати што ѝ овозможуваат соодветна „зимска“ заштита, по туширањето добро ќе ѝ дојде топлото, миризливо масло што можете да си го подготвите и самата.
Потребни состојки:
1 дл масло од сусам 10 капки етерично масло од портокал или од мандарина 10 капки етерично масло од гераниум 10 капки етерично масло од лаванда
Подготовка: измешајте ги сите состојки и сипете ги во стаклена тегличка од темно стакло. Пред употреба загрејте го маслото така што тегличката ќе ја ставите на радијаторот или во тенџере со топла вода (но не жешка). Нанесете го топлото масло на мокра кожа веднаш по туширањето. Ќе се изненадите од ефектот!
38
24k Gold Excelance Цел: Anti-Aging!
Револуционерен Премиум anti-age третман со 24-каратно злато и дијамантски прав за видлив anti-age ефект!
√ Долготраен Anti-aging! √ Подмладен, тониран и затегнат изглед √ Освежен тен и блескав сјај на кожата √ Хидратирана и нежна кожа √ Ублажени брчки
Auriege-Paris e реномирана француска козметичка куќа која постои повеќе од 50 години и која се одликува со беспрекорен квалитет и совршенство од козметички компоненти. Епитетот „Експерт за Хронобиологија“ оваа куќа го носи благодарение на новиот и единствен anti–age концепт со кој се креирани комплетни и специјализирани третмани прилагодени на типот, возраста, состојбата и личната потреба на секоја кожа. Auriege-Paris е добитник на 11 врвни награди на најпрестижниот интернационалниот конгрес Les Nouvelles Estetiques.
Дермабјути, Тел: 02 3230 130 Скопје
Gardenia Hotel & Spa, Тел: 078 701 070 Велес
Emi Phey, Тел: 02 322 2101 Скопје
козметика
Богати бои за луксузен блесок Тајната на добрата шминка се крие во нејзиниот квалитет, но и во вистинската комбинација на нијансите. Lancôme ви нуди богата палета нијанси, започнувајќи од подлогата преку сенките и моливчињата за очи, до руменилата и кармините. Ваше е само да го одберете она што најмногу ве привлекува и да започнете да ја креирате магијата на лицето... Модел: Билјана Костадиновска Мејкап артист: Ивана Лисак Креација: Јована Филиповиќ
①
②
⑦
③
⑧
1. Lancôme Blush Subtil 021 - руменило за лице - 2670 ден. 2. Lancôme Ombre Hypnôse mono I202 сенка за очи - 1630 ден. 3. Lancôme L’Absolu Rouge cream 368 кармин за усни - 2030 ден. 4. Lancôme Effacernes Longue Tenue 015 - коректор за лице - 2160 ден. 5. Lancôme Teint Miracle 010 - течна пудра за лице - 2910 ден. 6. Lancôme Sourcils Styler 02 - маскара за веѓи - 1390 ден. 7. Lancôme Crayon Khôl 01 - молив за очи - 1290 ден. 8. Lancôme Le crayon sourcils 020 - молив за веѓи - 1370 ден. 9. Lancôme Hypnôse Volume-a-Porter маскара за трепки - 2130 ден.
④
⑤ ⑥
⑨ 40
C MYK
Нешто ново... за неа
Крем де ла И најдобро... Како што велат Французите, подобро и од него. Во смисла на изглед, квалитет. И луксузот му е одлика, за припадничките на понежниот пол што знаат да ја препознаат вредноста. Игор Ландсберг
1
Bulgari - рачен часовник Divas Dream
Инспирирана од бо гатството и декаден цијата на Рим, итали јанската златарница, што е синоним на лук сузот, неодамна го лан сира овој рачен часовник, само во неколку примероци. Веднаш го привлече вниманието со неговата убавина. Изработката е врвна, од 18 каратно розово злато, со дијаманти, односно брилијанти, а внатрешноста е седефна. Кварцот е исто така присутен. Личи на цвет, со пречник 39 мм. Има сатенско ременче во кафеава боја. Неговата цена е 58.867 евра.
42
крем
2
Lele Sadoughi - обетки во форма на цвет
Кога се работи за материјалот, обетките се изработени од т.н. мајка на бисерот. Во прашање е цврста смола, премачкана со седеф. Иако се гломазни, нивната тежина е мала. Имаат штипки, а на средината се безбојните чешки кристали што ги претставуваат толчниците на цветовите. Спојките се сребрени, со 14 каратна позлата. Дизајнерскиот на кит е омилен меѓу припадничките на џет-сетот, како на пример, Никол Кидман, Оливија Палермо, Џесика Алба. Обетките чинат 157 евра.
3
Burberry „панелирана“ чанта со змиска кожа и сомот
Може да се носи во рака или преку рамо, сеедно. Шарена е, во различни бои на змиска кожа и сомот. Всушност, „панелите“ се залепени и сошиени на телешка кожа што ја прави цврста. Нејзините димензии (15×12×4 см) се доволни за мобилниот телефон, кредитните картички, огледалцето да си ги носите во секое време, каде било, бидејќи имаат посебни места. Должината на синџирот изнесува 68 см. Златната тока е од особена важност. Потсетува на мантилите. Нејзината цена е 1.898 евра.
4
Estée Lauder - парфем Wise Owl
Ѝ припаѓа на колекцијата Beautiful иако е во лимитирано издание. Не може да се најде во парфимериите бидејќи продажбата е дефинирана поинаку. Розата, портокаловиот цвет, мандарината, јасминот, илангиланг се дел од компактната це ли на што воодушевува. Такво чувство предизвикува и шишенцето, дело на Моника Рич Косан, инаку познат американски јувелир. Освен кадифена торбичка, има и кутија. Неговата цена е 336 евра.
6
Fendi - очила за скијање со крзнени пуВки
Оваа есен е во знакот на крзнените пувки, а ќе биде и зимата што ни претстои, кога се работи за модните трендови. Аксесоарите на Fendi го надминаа очекувањето. Преубав е секој детаљ, буквално. Такви се и жолтите пувки од лисичино крзно на црно-белите очила за скијање. Ги освежуваат. Во исто време го привлекуваат и вниманието. Забавата може да почне, секако на спортските патеки. Штитат од ултравиолетни зраци, 100%. Чинат 370 евра.
Alexis Bittar - „Храбра“ месингана гривна
5
Метафоричното значење на зборот не е ни малку случајно. Навистина треба храброст за да се носи. Атрактивна е, без сомневање. И гломазна, се разбира. Месингот е позлатен, обложен со тенок слој 10 каратно злато, што му дава уште поголема сјајност. Украсите во различни форми (змијулче, месечинка, мртовечка глава, ножичка) се опточени со рубинен корунд, морганит, циркони. Закопчувањето е малку поразлично, со кожно ременче. Гривната чини 447 евра.
7
Carven „панели рани“ ракавици со кожа и волна
Станува очигледно дека т.н. панел-аксесоари се голем хит оваа сезона. Ни француската дизајнерка, чиј бренд (називот на трговската марка) е, всушност, нејзиното презиме, не ѝ одолеа на таквата изработка. Парчињата кожа и волна, исечени во различни форми, за потоа да ги спои, правејќи целина што го заокружува изгледот, кога е гардеробата во прашање, се внимателно избрани. Комбинацијата на црвена, црна и крем-боја е совршена. Потсетува на 1940-тите години, инспиративни за Carven. Нивната цена е 79 евра.
43
врски +
Што откриваат кавгите за вашата врска
Пари
– ако скоро секоја ваша кавга се врти околу парите веројатно во животот сакате различни нешта. Луѓето мислат дека се расправаат поради недостаток на пари, но во поголемиот број случаи всушност се караат заради разликите во вредностите. Двајцата размислете за приоритетите во вашиот живот и потоа поразговарајте за нив. Само така ќе откриете дали имате заеднички цели во животот. Тоа што во моментот не сакате исти нешта не значи дека ќе доведе до распад на вашата врска. Сè додека имате разбирање еден за друг и меѓусебно ги почитувате амбициите и желбите, секој проблем можете да го решите со компромис.
обврски – ова е Домашни една од најчестите кавги во домот. Многу жени врз себе ги преземаат поголемиот број обврски и потоа никако не можат да го натераат партнерот да им помогне. Во почетокот на врската тоа и не претставува голем проблем, но по извесен период нормално е што доаѓа до нервоза и префрлување. Ако сто пати му повторувате на партнерот да ги собере трошките што ги оставил зад себе или да си ги стави алиштата на место, а тој упорно ве игнорира, тогаш вие сте во врска со човек што воопшто нема почит ниту за вас ниту за вашето време. Бидете упорна и барајте еднаква поделба на обврските. Ако ве сака, тој без противење ќе го прифати тоа.
Секс
– Кавгите поврзани со најинтимните моменти можат да се појават од разни причини. Без оглед на причината, коренот на секоја ваква кавга е недостаток на комуникација што упатува на тоа дека не сте во врска во која можете отворено да разговарате за сè и дека не сте подготвени на глас да ги кажете сопствените желби. За проблемите поврзани со сексуалниот живот никогаш не разговарајте во текот на интимните мигови или веднаш потоа. Тоа кај партнерот или кај вас може да го поттикне одбранбениот став или пак чувството на нелагодност и срам.
Семејство
– кавгите во врска со членовите на семејството упатуваат на тоа дека еден од партнерите не се чувствува доволно важно во врската. На пример, ако партнерот постојано ви префрла дека многу често се гледате со членовите на вашето семејство, а со неговите само неколкупати годишно, тој всушност длабоко во себе смета дека не ви е приоритет. Обидете се да најдете баланс во дружењето со двете семејства.
Постојаното префрлува ње води до пропаст
Додека
самците мислат дека е најтешко да најдат партнер со кој ќе го поделат животот, факт е дека за оние што го изговориле судбинското „да“ проблемите почнуваат токму тогаш. Ако сакате да го сочувате бракот, избегнувајте да ги правите следните четири работи... 44
ňň Жалбите на негова сметка се во ред, но постојаното префрлување го загрозува неговиот внатрешен мир и интегритет, а тоа води кон разочарување и крај на љубовната магија. Затоа никогаш не велете му дека е лоша личност затоа што не го исфрлил ѓубрето туку потрудете се да ги запомни неговите обврски. ňň Ако од која било причина се појави презир во бракот, тоа значи крај. Лошите зборови, превртувањето со очите и исмевањето на оној што сте го одбрале за партнер ќе стават точка на вашата љубов. ňň Истиот ефект ќе го постигнете и ако во текот на кавгите ја употребувате реченицата „не сум виновна јас туку ти“. Ваквата „одбрана“ само ќе ги влоши работите а проблемот ќе остане нерешен. Затоа разговарајте и признајте си ги секој своите грешки. ňň Ако ги избегнувате кавгите и соочувањата, тоа значи дека емотивно се оддалечувате од партнерот. На тој начин му ставате до знаење дека вашиот однос односно љубовта повеќе не ви се важни.
врски +
вта – о б у љ а в у н и м и о к з и н 5 фази ? а т а т е р т и л е т в а н и м о п ја Психологот Џед Дајмонд по 40-годишно искуство дошол до заклучок дека поголемиот број луѓе навистина во некој миг од животот ја наоѓаат „љубовта на својот живот“, но најчесто остануваат без неа бидејќи заглавуваат во третата фаза од вкупно петте фази низ кои минува љубовната врска.
Прва фаза – вљубување
Повеќето љубовни врски започнуваат со вљубување, односно период во кој се чувствуваме дека „лебдиме“ со главата во облаците. Тогаш идеализираме сè и светот го гледаме низ „розови очила“.
Втора фаза – двојка
Во следната фаза двајца луѓе стануваат „вистински пар“, а љубовта помирна, позрела и постабилна. Тоа може да потрае и неколку години, а тогаш најчесто и доаѓа до венчавка и проширување на семејството. Тогаш партнерите се чувствуваат сигурно, сакано и задоволно.
Трета фаза – криза
Третата фаза е всушност најкритична. Тоа е период во кој на повеќето им изгледа дека страста исчезнала, дека партнерот им станал предвидлив, а секоја ситница им оди на нерви. Често завршува со заклучокот „нема смисла да се мачиме кога очигледно не ни оди“, без оглед на тоа колку време сте поминале заедно.
Четврта фаза – без илузии
Оние парови што ќе ја преживеат критичната фаза, во четвртата фаза треба да докажат дека напорот да останат заедно им се исплател. Повеќе нема илузии, личноста пред вас е реална, не онаква каква што сте ја замислувале додека сте биле млади – и тоа е сосем во ред, бидејќи сте ја прифатиле како таква и ја сакате со сите нејзини мани и доблести.
Петта фаза – животна љубов
Ако во петтата фаза парот го преживеал сето она што животот им го донел, веќе се развила длабока и силна поврзаност меѓу партнерите, кои имаат чувство дека сè додека се заедно, можат да го остварат она што ќе го посакаат. Тогаш љубовта има заеднички цели, планови и желби, а сите оние ситници што ви пречеле во третата фаза сега изгледаат детинесто и безначајно. Тоа е воедно и фазата кога партнерите сфаќаат дека навистина „ја нашле љубовта на својот живот“.
Мали љубовни тајни: 3 чекори за убав ден цените доволно. Утрото е најстресниот дел од денот, кога сите сме во најголемо брзање, но во овие ситуации и на ваков начин покажувате дека партнерот ви е секогаш важен.
2 Дали сте помислиле дека за убав почеток и завршеток на денот ви се потребни само 3 мали нешта? Пробајте и ќе видите, насмевката меѓу вас двајцата ќе стане секојдневна навика...
1
Кажете „добро утро“ и „довидување“
Звучи едноставно, но верувајте овој мал гест може да има големо влијание бидејќи на вашиот партнер не му остава простор да помисли дека е отфрлен и дека не го
46
3
Испијте го кафето заедно
Станете 10 минути порано за да ја сварите вашата омилена напивка и да ја испиете заедно со партнерот во опуштен разговор. Можеби во почетокот ќе ви пречи станувањето порано, но со текот на времето тоа ќе се претвори во ритуал во кој ќе уживате. И запомнете, без премногу сериозни теми!
Пофалете го
Кажете му зошто го сакате, зошто сте горда на него и дека ќе ви недостасува цел ден. Ако станувате во различно време, напишете му го тоа во порака или на ливче и ставете го на видливо место. Нема подобар почеток на денот од оној кога некој ќе ве пофали и ќе ви каже дека ве сака.
Мисли
Пакет за осигу Пакет за осигурување Пакет за осигурување #SafeFam Пакет за осигу #SafeFamily #SafeFamily #SafeFam
среќна ИДНИНА
15% поп 15% поп 15%15% 15%попуст попуст попуст
од денес се ГРАДИ!
Пакет за осигурување #SafeFamily
Кампања
Пакет за осигурување #SafeFamily
Добијте бесплатна Добијте бесплатна и закажететер те #SafeFamilyDay и закажете Добијте бесплатна пресметка Добијте бесплатна пресмет кај нашиот прода
15% попуст
кај нашиот продаж и закажете термин и закажете термин на следниот те Добијте бесплатна пресметка на следниот тел Добијте бесплатна пресметка кај нашиот продажен агент кајинашиот продажен агент закажете термин и закажете термин кај нашиот продажен агент накај следниот телефон на следниот телефон нашиот продажен агент на следниот телефон на следниот телефон 02/ 2454-004
Украсувањето му било познато на човекот од најстари времиња. Накитот е составен дел и од модерното време, без исклучок ја дефинира современата убавина. Без оглед дали ја допира класиката или оди до крајноста на екстравагантноста, добрата комбинација, неопходен ви е најдобриот избор... Татјана Здравеска Пероска, аксесорис Адорабела, нуди неколку идеи за уникатен изглед за претстојната сезона
Секоја дама мора да верува во
својата убавина Надица Пушкоска Убавината и самодовербата најголем белег на убавината
Секоја дама мора да верува во сво јата убавина за да се етикетира како уникатна. Стилот кој без оправдување треба да плени со префинетост во се која прилика.
Добрата комбинација е секогаш привлечна...
Вистинската дама секогаш мора да има добро искомбиниран накит со об леката и пригодата за која го носи.
Апсолутен хит за оваа сезона...
Во овoј период се носат впечатли ви модели без разлика дали станува збор за ѓердан, белегзија, прстен или обетки, важно е да се ефектни. Меѓу тоа модата не треба да се следи слепо, при изборот на накит најмногу треба да се обрне внимание тој да биде во согласност со пригодата. Доколку од бирате накит за класична прилика, то гаш добро би било да се одлучите за
2
бисерни комбинации, уникатен брош или некој друг модел на накит што има голема естетска вредност. Доколку од бирате накит за кежуал прилика тогаш одлучете се за повпечатлив часовник или белегзија за да не биде пренатру пано, дискретни обетки со сваровски кристали и впечатлив ѓердан.
Жената како „обожAвана убавина“...
Сè што една девојка или жена би посакала од накит, може да го најде во „Адорабела“, што на латински значи обожaвана убавина. Она што е модер но за претстојната сезона, тоа мора да претставува „обожaвана убавина“.
Секоја жена мора да има барем едно парче накит што ќе ја прави неодоливо комплетна...
Жената мора да знае како да ја ис такне и потенцира својата убавина, да се познава себеси и да се труди да дознае нешто повеќе за себе.
Фото: eNPe Photography Studio
Секоја жена треба да биде синоним за единственост и оригиналност, со уникатен стил на облекување, која без оглед дали ќе ја потенцира или подзатскрива линијата сепак ќе праќа сигнал на совршенство, моќ, женственост. Даниела Лозановска преку модното катче УРБАН во Охрид, испраќа порака за модните трендови што доаѓаат... што е точно, а што погрешно при изборот на облеката... Надица Пушкоска
УРБАНА ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА ПОГРЕШНО - Не ми доликува ваков стил на облекување
Сите имаме свој препознатлив стил, но тоа не значи дека понекогаш не можеме да направиме некоја промена со која ќе се изненадиме и себеси и другите со новиот стајлинг. На сите ни доликува убаво парче облека, нормално, во зависност од приликите за кои се облекуваме.
ТОЧНО - Оние што имаат моќ да комбинираат и што знаат да ја „носат“ својата облека, изгледаат совршено
Секоја жена треба да знае како да ја покаже својата женственост и префинетост дури и да е облечена најсекојдневно и едноставно. Сите нешта што се зачинети со самодоверба, оставаат поголем впечаток. Вештата жена знае како моќно да си поигрува со трендовите и стиловите и не се плаши да експериментира.
ПОГРЕШНО - Преферирам спортски стил, воопшто не ми прилегаат крзнени бунди или елеци...
Доколку вашата професија бара повеќе класика, зарем ќе облечете спортска гардероба? Сосем е погрешно тврдењето дека не ви прилега таква облека. Нормално, не присилувајте се себеси со облека во која не се чувствувате лагодно, но добро е да се обидете да искомбинирате и да направите промена во боите и моделите.
ТОЧНО - Дури и со боите и материјалите може да се добие совршена комбинација
Оваа сезона во тренд се широките панталони до под колена или малку подолги, што потсетуваат на здолниште и кои совршено одговараат со чизми со високи потпетици. Можете да ги комбинирате со многу бои, но настојувајте да бидат од палетата пастелни, земјени тонови. Исто така, крзнените елеци што одат во совршена комбинација со блузи или панталони во друга боја. Сѐ зависи од приликата за која се облекувате, а сѐ што но не е соодветно искомбинирано и погодно за наменетата прилика е кич.
ПОГРЕШНО - Оваа зима во мода се велур и кожа, но не ми прилегаат на конструкцијата на телото
Не мора да значи дека доколку има малку повеќе килограми дека треба да биде осудена на обични и едноставни парчиња облека. Моделите од велур и кожа се ин оваа зима, како и шарените крзна, кои едноставно имаат намена и да топлат и да подзатскриваат.
ТОЧНО - Не ви треба моден водич за да изгледате убаво. Тоа го можете сосем сама
Колку од нас се моќни да носат металик боја, или за вечерните прилики свечени тоалети од тантела или мрежести детали? Дали имате храброст да облечете пругаст костум или здолниште - панталони до под колена? Сите овие парчиња облека се ин оваа зима, но не сите имаме храброст за нив. Во тоа е поентата на модата. Да не ве направи нејзини робови, но да ве натера да ја следите во нормални граници. Колку и да го преферираме обичниот кежуал стил, доколку сакаме да изгледаме барем малку модерно, доволно е да облечеме кошула со софистицирана женствена висока јака или панталони со изразито висок струк. Значи, не ви треба да ја ставите на вас целата гардероба од модна писта за да бидете модерна, доволно ви е едно парче, сосем едноставно комбинирано. 49
Блуза Springfield
Блуза Bershka
Топ Bershka
Блуза Springfield
Чанта Bershka
Чанта Zara
Метален одблесок за шик стил
необично модерна во најлудат
а ноќ
Паричник Desigual Сукња Bershka
Фустан Springfield
Панталони Stradivarius
Стајлинг Stradivarius
Панталони Zara
Фустан Bershka
Фустан Stradivarius Стајлинг Springfield
Комбинезон Bershka 4
Ремен Bershka
Шамија Stradivarius
Блуза Springfield
Тренд
Палто Springfield
Капче Stradivarius
Палто Springfield
Чевли Bata
Едноставно тин ено
удобно, топло, плет Блуза Stradivarius
Стајлинг Springfield
Блуза Bershka
Палто Bershka
Капче Stradivarius Јакна Stradivarius
Шал Stradivarius
Фармерки Desigual
Кошула Desigual Панталони Bershka Сукња Stradivarius
2
Сукња-панталони Zara
тиин разговори
Размислувам ЈАС... Размислува ТОЈ... Надица Пушкоска
ЗА ЉУБОВТА ТАА...
Колку ме нервира кога мисли дека е единствен на светот, иако го сакам, но може ли малку да се спушти на земја и да размислува пореално? Кога е со мене, го гледам како се врти по сите девојки што минуваат крај нас, а мене ме држи за рака. И што љубов е таа кога повеќе време поминува со другарите на фудбал и во кафулето, а јас одвај чекам да го видам? Ми недостига неговиот мирис, неговата насмевка, нештата по кои се издвојува од сите момчиња на светот. Порано беше повнимателен, ме чекаше по часовите па одевме на сендвичи или на палачинки. И не се случуваше да си легне без да ми се јави или да ми пише. Откако му кажав дека го сакам, престана да биде толку внимателен. Не знам зошто се такви сите момиња? Еве, седам до него во кафулево, а тој се однесува како воопшто да ме нема. Порано знаеше да ме прегрнува, да ми се насмевнува и да ми каже колку убаво изгледам, а сега се загледал во мобилниот, се врти наоколу, се смешка иронично и одвај чека да си заминеме. Не знам до кога ќе го поднесувам ова, но како да го насетувам крајот...
ТОЈ...
Колку ја сакам оваа девојка, ама навистина не оди вака повеќе. Не можам да ја разберам. Толку е ладна кон мене што повеќе ја интересираат другарките отколку јас. Намерно се однесувам онака како што ја нервира за да ѝ текне дека има дечко на кој му недостига нејзиното внимание. Колку беше нежна на почетокот. Постојано се смеевме, одевме во кино, на театар, возевме ролери, се тркавме со велосипеди, се мававме со снежни топки, едноставно, времето ни поминуваше за миг. Откако се увери во мојата љубов, стана рамнодушна, па дури почна и да си поигрува со моите чувства. Не оди тоа така. Јас знам дека таа не е девојка што ќе се покори, но и нам момчињата ни треба љубов и внимание. Еве ја сега „дреме“ до мене во кафичов и веќе половина час разговара со другарка ѝ на мобилен. Е поради тоа сега и јас ја ставив на игнор па да видиме кој ќе попушти прв. Многу ја сакам и ми недостигаат нејзините прегратки, ама не може само еден да ја влече врската...
54
тој е најубавото момче што сум го сретнала. Што би правела јас без него? Кому инаку би му ги кажувала своите мали слатки маки, кој ќе ми помага да учам, со кого ќе дремам со часови на фејзбук убедувајќи се кој кого повеќе сака?! Не сакам ни да помислам да раскинам со него и не ни помислувам на крај. Знам дека понекогаш се однесувам како мало разгалено дете, но ќе внимавам повеќе за да го задржам. Можеби би нашла и подобар, но не сакам да го барам. Зашто секојпат кога ќе го видам срцето силно ми бие, и тогаш навистина знам што ми е!
ЗА ДРУЖБАТА ТАА...
Секогаш кога ќе излезам со другарките, мора да го крене носот за глупости и да се налути затоа што сум облекла толку кусо здолниште па сите гледале во мене. Аман веќе со неговите коментари. Ме убива со неговите прашања. Потоа ме бомбардира со смс-пораки колку да ми ја расипе вечерта и постојано го прави тоа кога излегувам со другарките. Понекогаш за инает се дотерувам толку многу за да слушам безброј пати да ми кажува дека сум убава. Понекогаш ми оди на нерви кога ми коментира за моите другарки, сè нешто него не му одговара. Тој постојано сака да ја води врската и да биде по негово. Понекогаш се чувствувам толку празно што посакувам никогаш да не се заљубев во него. Повеќе сакам да сум приклештена за неговата прегратка отколку да дремам без него по шанковите, но понекогаш сакам да го правам и љубоморен за да видам дали сум му потребна...
ТОЈ...
Понекогаш сум ѝ лут, и бесен, и исчезнувам на два- три дена, ама да ја изгубам засекогаш, тоа не можам да го замислам. Тешко ми е од самата помисла да биде со некој друг. Можеби е малку напорна, ама од сите девојки досега таа најмногу ме сакаше. Таа е едноставна, се радува на ситници, и многу убаво се смее секогаш кога ќе ме види. Кога не сме заедно, ми недостасува. И кога сум со другарите помислувам на неа и посакувам да ја видам барем на кратко. И колку и да ме нервира, и кога ми е лута, ми недостига да ми пишува смс и да ми титка по илјада пати. Важна ми е и сакам да бидеме заедно. Не сакам ни да помислам да ја изгубам. Можеби би нашол и подобра, ама штом секојпат срцето силно ми бие кога ѕвони мобилниот, знам дека тоа вистинска љубов е!
ТОЈ...
Колку и да се обидувам да ја сменам, секојпат е сè побезуспешно. Кога ќе излезам со другарите на пиво или да гледаме некој натпревар, само мојот мобилен ѕвони како луд. Кога ќе излезам да играм кошарка, таа не престанува да ме тормози со прашањата дали ја сакам или не. А кога ќе излеземе заедно со целото друштво, таа мора на сите мои другари да им наоѓа мани, превртува со очите и апсолутно никој не ѝ одговара. А да не зборуваме за нивните девојки! Ниту една не чини само таа е најдобра! А љубоморна е за секој збор што ќе го кажам. А не дај Боже да излезам сам со другарите во диско и да ѝ кажам дека ќе се видиме утре. Е тогаш веќе ми нема спас. За да си поминам убаво морам или да го оставам мобилниот дома или воопшто да не го погледнувам зашто ќе видам 100 пропуштени повици и 50 смс-пораки. Љубоморна е на секој мој чекор и сето тоа ме задушува. Зар мисли дека ако излезам сам или искористам дел од времето само за себе, дека не ја сакам? Многу ја сакам, ама кога е таква едноставно помислувам дека нашата врска не може да опстои...
ЗА РАСКИНУВАЊЕТО... ТАА...
Не можам ни да замислам да го изгубам, едноставно, тој најдобро знае како да ме направи среќна. Најубавите зборови сум ги слушнала од него, кога сум настината секогаш доаѓа да ме посети и заедно да пиеме чај, кога сум тажна заради оценките знае како да ме насмее. Го обожавам,
55
интервју
Антонио Бандерас Славниот холивудски актер кому латино шармот му помогна да не остане само еден во масата талентирани и убави вработени во Фабриката на соништата, со парфемите на кои е заштитно лице праќа јасна порака до сите мажи – Секогаш станува збор за заведување! Заведувањето не завршува никогаш.
Н
ему му тргна од рака парфемите зад кои стои лично тој да не бидат прифатени само како вносен и исплатлив хир на една холивудска ѕвезда. Во нив го вткаја сето она што денес го прави да биде тој што е - мирисот на југот, морето и вечно инспиративниот Медитеран. Со секој нов парфем ги уверуваше мажите дека мажественоста е клуч на идентитетот на современите плејбои и дека уметноста на заведувањето е непроценлива.
Што ве наведе да се поврзете со индустријата за парфеми сиве овие години? „Тоа е свет што ја предизвикува мојата љубопитност и со текот на времето сфатив дека има исти елементи како и уметничкото дело. За мене уметноста е интерпретација на природата, пред сè на човечката, која е најкомплексна и најтешка за сфаќање, и воедно најубава. Правењето парфеми вклучува ист начин на интерпретација на природата, што е сосем соодветно со оглед на тоа дека производите што се користат се природни.“ Што претставуваат парфемите за вас? „Многу ми значат. Мојата врска со индустријата за парфеми се разви неверојатно многу благодарение на соработката што трае веќе 18 години со брендот Puig и Antonio Banderas Fragnances. Правењето парфеми е еден вид изразување – и сега кога ја запознав подобро, слободно можам да кажам дека тоа е еден вид уметност. Тоа е многу покомплексен свет отколку што го замислував претходно, пред да се впуштам во ова 18-годишно патување. Тоа е начин на комуникација, апстрактна исто како што е и музиката. Неодамна дознав дека дефинициите за парфемите што
56
се учат во училиштата за парфемски експерти се блиску поврзани со музиката – тие зборуваат за симфонии, ноти, акорди... И тоа е точно, бидејќи тоа е врска што не се формира со носот туку со мозокот и со спомените. Тие се многу поблиску поврзани со интимните аспекти на личноста.“ Кои ароми ве инспирираат и зошто? „Ги има многу, но секоја поради различна причина. Аромите ме навраќаат во одреден период од животот, но исто така поради географски причини, ги поврзувам и со некое место. Ако отидам на Менхетен и го почувствувам мирисот на кучињата и на хот-догот што се продава на улица, ќе знам дека сум таму. Ако отидам во Малага и го почувствувам мирисот на морето, иако е пролет, постои и силен мирис на цветот од портокал бидејќи таму има многу дрвја портокали. Ако сум таму за Велигден, на пример, сите тие пролетни дразби се измешани со мирисот на темјан... и со многу други нешта. Одредени парфеми се дел од мојата лична сензуалност. Неодамна налетав на шишенце парфем Aqua Brava. Сакав да се потсетам на седумдесеттите години, си напрскав малку и тоа е тоа. Ме враќа низ времето, но на некој начин секогаш е тука, врежан во сеќавањето. Тоа е тоа навистина – луѓе, места и периоди на времето.“ Кој е првиот мирис од детството на кој можете да се сетите? „Првиот мирис? Мирисот на морето. Роден сум во место на југот на Шпанија и го доживеав на многу интензивен начин – чувствував силна врска со морето. Моите лета започнуваа кон средината на април, а завршуваа на почетокот на октомври. На плажа одев со брат ми каде што си игравме. Мирис на јод... и сè што имаше врска со морето, а не само плажата и заливот каде што често се забавувавме. Водата е помирна во заливите. Мирисот е поинаков на плажата оддалечена половина километар, сè е јасно поделено. Сето тоа за мене се спомени и први ароми што се доведуваат во врска со мене како личност.“
57
сум Вообичаено рис м н и верен на еде ек што чов бидејќи сум работите. а з а в у з р в е с оа дека живо Со оглед на т тапуваше со ос тот убаво п а сум поврзан д мене, сакам што ми пое т и т о б а р со одржам могнале да го го остм тоа што су и вар л.
58
Дали некогаш ги менувате парфемите? И зошто? „Вообичаено сум верен на еден мирис бидејќи сум човек што се врзува за работите. Со оглед на тоа дека животот убаво постапуваше со мене, сакам да сум поврзан со работите што ми помогнале да го одржам тоа што сум го остварил. Очигледно дека откако ја почнав соработката со Puig и Antonio Banderas Fragnances не сум носел парфем од ниту еден друг бренд. Тоа го кажав во повеќе интервјуа и сигурен сум дека луѓето мислат оти тоа е од комерцијални причини, но тоа го велам затоа што навистина го мислам. Во текот на денот главно го користам Diavolo, а пософистицираните парфеми навечер, пред сè најновите три – Blue Seduction, The Sicret и King of Seduction – тие се наменети за специјални прилики. Diavolo е мој прв парфем и му останав целосно верен. Колегите дури и луѓето од Puig ми велат дека треба да одберам друг, но јас ја обожавам неговата арома и мирисот што го остава на мојата кожа. Мислам дека совршено ми одговара и совршено се вклопува со тоа кој сум јас. Можеби работите ќе се сменат кога ќе пораснам... (се смее)“ Секој од вашите парфеми претставува аспект на Антонио Бандерас како личност. Дали научивте нешто повеќе за себе во тој процес? „Бидејќи не сум хемичар ниту експерт за правење парфеми, сакам да слушам што ми зборуваат експертите за парфеми во Puig, за да дознаам на кој начин ќе го интерпретираат низ парфемите она што сум јас и ќе ме стават во шишенце. Зошто ми даваат одредени атрибути и како можат да го спакуваат сето тоа во производ во вид на мирис. Би сакал да знам дали тоа се заснова на мојата личност или на некој од филмските ликови што сум ги толкувал – дали во моите парфеми е присутен светот на Алмодовар или Зоро...“ Што ви дава инспирација во текот на креативниот процес на правењето мириси? Од почетокот, низ развојот, па до крајниот производ... „Комплексноста на целиот процес е фасцинантна, целиот синџир експерти што го креираат тој парфем до луѓето што го создаваат дизајнот на шишенцето и тимот што работи на развојот на маркетингот. Но, исто така, станува збор и за начинот на кој комуницираме со лансирањето на парфемот, заедничкото патување за да ги претставиме парфемите, хуманитарните акции на кои работиме ширум светот и уметничкиот начин на кој раскажуваме за парфемите... Сите овие се елементи што кога ќе се искомбинираат – дејствуваат и го даваат финалниот производ. Кога отидов во фабриката, сфатив колку е детален процесот на производство – колкав број контроли има во секој од департманите за да биде совршен крајниот производ, без никакви мани. Сиве овие фактори се вклучени во правењето нешто што на целиот проект би му дало значење. Сакам да видам како се создава сето ова, да бидам дел од тоа, да допринесам во процесот на создавање и да ја имам поддршката од целата компанија. Тоа што е создадено нешто, полека но сигурно, од нула.“
59
Можете ли да издвоите некоја од вашите лични карактеристики низ секој од вашите парфеми? „Diavolo е првиот член на семејството и неговата основна карактеристика е палавоста. Да, мислам дека тоа е она што го претставува Diavolo – некој што е палав, тип лоша личност што би сакале да ја имате крај себе. (се смее) Mediteraneo има нешто што го сметам за неопходно во животот, за секој човек воопшто, но особено за уметниците – автентичност. За тоа станува збор кај овој парфем. Исклучително ми е драг затоа што тоа е мирисот што го носев во текот на целиот мој ангажман на Бродвеј. Имав среќа да работам на мјузиклот Nine во кој бев единствениот машки актер. Остатокот на екипата беа жени, дури 16. Беа воодушевени од парфемот уште на пробите, така што го носев до последното прикажување – речиси една година на Бродвеј. The Sicret е специфичен бидејќи не можам да откријам кои мои карактеристики ги претставува бидејќи тоа е... тајна. Но, ако го погледнете шишенцето, можеби и ќе откриете. (се смее) King of Seduction е Дон Жуан, заводник. Можеби тоа е најкомплексниот парфем, повозрасен. Тоа е мирис за кој сметам дека е во рангот на другите големи парфеми. Го носите а притоа не размислувате на него и тоа на големи случувања – вечери, гала случувања, доделувања награди, тој тип на ивенти. Тоа е парфем што ви влева доверба. Парфемот Blue Seduction – освен фактот што е со прекрасна боја, тоа е мирис што ја нагласува страста. Многу ме потсетува на морето – но не на морето во Малага, можеби повеќе на Карипското Море. Поседува нешто карипско во себе – страст, но исто така и свежина, непретенциозност. Ми се допаѓа долниот дел на шишенцето што потсетува на мозаик – парфемите ве допираат на разни начини, низ мирисот, па и визуелно.“ Со кој од вашите парфеми најмногу се идентификувате и зошто? „Тие се како мои деца, така што се идентификувам со секој од нив! Можеби со мене ќе се случи истото што и со сите креативци, последниот што ќе го направите мислите дека тоа сте вие самиот. Што значи дека оној последниот ги победува оние постарите... но генерално се идентификувам со сите.“ Која е врската меѓу парфемот и заведувањето? „Низ разговорот со експертот за парфеми во Puig дојдовме до заклучок дека клучен елемент на сите мои парфеми е заведувањето. Зборувавме за нешто што мене ми беше многу интересно – ми објасни дека јасминот има поинаков мирис ноќе отколку наутро. Наутро тој ги губи молекулите, тоа е состојката што се користи кога инсектите го опрашуваат цветот на јасминот. Тоа е начинот на растението да ги заведе инсектите. Со други зборови,
60
природниот тек на работите е дека мирисот укажува на заводливоста. Тоа е многу интересно. Многу ми се допаѓа да учам за ова и за другите работи поврзани со светот на парфемите кој ме фасцинира.“ Постои ли врска меѓу парфемите и светот на филмот? „Мислам дека постои. Постои и врска со театарот бидејќи во парфемите постои нешто ефемерно, нешто што се менува, фактот дека постојат долни, средни и горни мирисни ноти. Парфемот е како опера. Прво ве воодушевува почетната нота што брзо исчезнува. Потоа одите во срцето на парфемот каде што се случува главната приказна... Потоа имате dénouement, резултат на нотите во парфемот. Ова се Аристотеловите правила на драмата – експозиција, кулминација и dénouement. На тој начин се пишуваат сценаријата за класичните претстави. А бидејќи филмската уметност се јавила како реплика на театарот, да, врска постои.“ Што е за вас незаменливо кај машкиот парфем, а што кај женскиот? „Машкиот мирис пред сè мора да биде мажествен. Сакам акценти што имаат нота на дрво или тутун, кафе или кожа. А женските се цветни, како пролет, составени од слатки ароми како што се розите.“ На крајот, господине Бандерас, што според вас е клуч на сè? „Мислам дека животот, професионалните активности и односите со другите луѓе може да се дефинираат на многу начини, но за мене лично клуч на сè е љубовта. Ако го сакате тоа што го работите, работата е лесна. Мотивирани сте, со моторот кој тешко се контролира, бидејќи тој ве води напред и ви помага при правењето компромиси, како што се заморот и честите патувања и неуспеси. А сето тоа се базира на љубов. За мене тоа е клучен збор за животот воопшто.“ Што е со љубопитноста, со желбата за учење? „Љубопитноста е дел од творештвото и дел од животот. Со неа доаѓа толеранцијата, прифаќањето, знаењето зошто работите се случуваат, со добар или лош завршеток. Разбирање на светот и на времето во кое живееме. Тоа е толку убав збор – љубопитност. Кога сме веќе кај таа тема, јас не верувам многу во среќа – кога ќе погледнам што се случува во светот – но верувам во став кон животот. Според мене, веројатно најубавиот збор што постои е радост. Тоа е нешто активно, став. Од друга страна, среќата е пасивна. Радоста е став кога се соочувате со проблемите, пречките, нешто што не оди толку добро. Тоа е голем збор, радост. Но, ќе се навратам на она што го кажав претходно – љубов, таа е клуч на сè.“
Капут Pierre Cardin
Тренд
Капут Bitsiani Парфем Givenchy Go Absolute
Капут Celio
Капут Springfield
Капут Celio Чевли Peko
Класично + модерно + спортско =
Капут Springfield Капут Celio
ј маж
тренди стил за секо
Очила Chopard
Јакна Celio
Чанта Mona
Чанта Mona
Јакна Springfield
Ремен Mona
Јакна Springfield
Парфем Jimmy Choo - Man Intense
Мантил Bitsiani
Парфем Versace Dylan Blue
Чевли Peko 2
Јакна Celio
DB10
А, кој вели дека
совршенство не постои?!
64
Кога е Aston Martin DB10 во прашање, нема дилема. Конструиран специјално за потребите на филмот Сениште (Spectre), кој се снимаше од декември 2014 година до јули 2015 година, во неколку земји, спортскиот концептуален автомобил, купе со две врати, го привлече вниманието и на актерите и на филмаџиите и на гледачите и на страсните автомобилисти. Го возеше Џејмс. Џејмс Бонд.
Љ
убителите на филмовите за тајниот агент 007 и натаму ги полнат киносалите ширум светот. Во најновиот, засега последен - Сениште друштво на Даниел Крег му прави Леа Сејду и, се разбира, Aston Martin DB10 како верен, молчалив придружник. Британската мануфактура чија специјалност е производство на првокласни автомобили, меѓу другото, ја основале Лајнол Мартин и Роберт Бамфорд во 1913 година, а соработката со филмаџиите инволвирани во „проектот“ за Џејмс Бонд трае половина век. Првиот концептуален автомобил - DB5 го извози Шон Конери. Всушност, марката автомобили што се карактеризира со перфекција во смисла на изглед (надворешен), ентериерна обработка и перформанси ја има во дванаесет од вкупно дваесет и четирите филмови за познатиот шпион. За неговите потреби, снимање и промоција на филмот, се изработија десет примероци што послужија како прототипи за натамошното производство, конструирањето нови модели. Занимливо е да се напомене дека и режисерот и продуцентот учествуваа во изработката на овој авто-
65
мобил, почнувајќи од нацртот (замислата) до неговото финализирање. Работата ја предводеше директорот на одделот за дизајн - Марек Рајкман. Неговата одговорност беше многу голема и кога се работеше за техничкиот прогрес, усовршувањето на дотогашните модели. Без оглед на совршената конструкција, 100% рачна изработка, и однадвор и однатре, производителот не ги откри деталите. Само накратко се осврна на менувачот, кој е мануелен, за менување на шесте брзини, својствени за мануфактурата што употребува исклучиво V8 мотори. Шасијата е, всушност, модификувана верзија на платформата VH која, пак, личи на онаа што ја има Vantage, додека растојанието меѓу оските се споредува со ширината на One-77. Ѝ припаѓа на класата S. Се користи погонско гориво (4,7 л) за моторот кој е сместен во предниот дел на спортскиот автомобил, купе со две врати. Еден од двата примерока што служеа за промоција на Сениште достигна цена од 2,4 милиони фунти. Неговата продажба беше јавна, со наддавање.
66
Aston Martin, марката автомобили што се карактеризира со перфекција, ја има во дванаесет од вкупно дваесет и четирите филмови за познатиот шпион.
Тренд
Даниел Крег и Леа Сејду во Spectre
Во стилот на
ЏЕЈМС БОНД 007 Секогаш тип-топ, кога се работи за гардеробата, Даниел Крег во улогата на познатиот шпион е пример за маж кој држи до себе и својот изглед во каква било ситуација, дури и во најзаплетканата. Синоним на елеганција. Минималистичките барања ги исполни Том Форд, секако. Преку линијата Капсула.
Црн ремен од гранулирана кожа со тока од паладиум (790 $)
Бело сако „виндзор“, чии ревери се поставени со сатен (3.740 $) Лакирани црни чевли од телешка кожа, на врзување (1.450 $)
112
Црна пеперуткамашна (250 $) и бела кошула
Украсни копчиња за манжетни од оникс и дијаманти (9.950 $), што одговараат на копчињата од кошулата
„Спортски“ панталони, во боја на јаглен, со јамки на појасот (1.190 $)
Свилено џебно шамиче, сино графичко или бело (165-175 $), во зависност од комбинацијата
Сив костум - струкирано палто и панталони, со елек (5.440 $)
Приврзок на кожно ременче во боја на антрацит (490 $)
Испреплетена кожна гривна во боја на саѓи со Т-закопчување (390 $
Класична светлосина кошула (615 $)
Црна торба, чанта со трапезоидна форма, од грану лирана кожа, во која има место и за лаптоп, со патент (3.460 $)
Црна ролка од кашмир (1.470 $)
Очила за сонце со полароид (455 $)
Сина вратоврска од компактно ткаена свила, појака и потемна од бојата на кошулата (220 $)
Црни високи обувки од гранулирана кожа со патент отстрана (1.690 $)
Класични црни фармерки (680 $)
Волнен, црн капут што може да се комбинира и со ролка и со костум (5.590 $)
113
нешто ново... за него
Ком ил
фо
Токму така... Како што треба, како што му прилега на секој маж, без оглед на возраста. Не случајно Французите го имаат овој израз бидејќи тие знаат што е убаво и квалитетно, најдобро. А, зошто да не се метнеме на нив?! Игор Ландсберг
Bulgari - парфем Gyan
Без оглед на цената, парфемот што е дел од колекцијата Le Gemme оди како алва иако неодамна излезе во продажба. Тој е комбинација на јасмин, пачули и темјан, идеален за овој период на годината. Неговото име во санскритскиот јазик означува божествена мудрост, поврзана со Александар Велики, неговите походи. Мириса на Ориентот, евоцирајќи ги кадифестото синило на сафирот, ѕвезденото небо над Хималаите и спиритуалниот живот. Шишенцето е 100 милилитарско и чини 241 евро.
2
Missoni - волнен шал со цикцак и пругави шари
1
Италијанската модна куќа е препознатлива кога се работи за шарите, вообичаено цикцак. Овој ѝ припаѓа на новата, последна (есен-зима) колекција, од 100% волна. Боите соодветствуваат на двете сезони - различни нијанси на кафеава и сива, што се прелеваат, со забележливи бели, црни пруги на краевите. Шалот е прилично долг - 185 см, а широк 30,5 см. Производителот препорачува хемиското чистење за да не се оштети со домашно перење. Неговата цена е 129 евра.
70
Gucci - „резбан“ прстен со стаклен бисер
3
Ќе се воодушевите од неговата убавина, и тоа на прв поглед. Металниот прстен чија „резба“ е инспирирана од лавовската грива, патинирана, украсен со стаклен бисер во крем-боја, што се држи за секачите, на кој се наоѓа логото, стана голем хит. Делува моќно, а симболиката на лавот, кралот на животните, е доволна за да се препорача на храбрите, смелите мажи. Се изработува во една големина. Пречникот на отворот изнесува 11,5 мм. Неговата цена е 252 евра.
4
Larose - светлосива шапка од ангора зајак
Толку е мека што секој ќе посака да ја има. Нејзината леснина и топлина придонесуваат за желбата да биде уште поголема. На допир е фантастична, исто како што изгледа. Се изработува на калап, од мохер (ткаенина од ангора зајак), во светлосива боја. Таква е и лентата околу шапката, со сребрено лого на француската шапкарница. Одоздола има постава, 100% памучна, и може да се пере рачно. Ширината на ободот е 7,5 см. Чини 258 евра.
Emporio Armani - кожна торба со крокодилски „дезен“
Всушност, кожата е телешка, наместа говедска, изложена на гранулирање и печатење за да се постигне крокодилски ефект. Поради класичноста, торбата изгледа софистицирано, елегантно и, како што вели самиот дизајнер - Џорџо Армани, таа е олицетворение на модерноста. Во пространата внатрешност може да собере разни потреби, на пример доколку одите на пат. Не е исклучена можноста да се носи и на работа, во рака или на рамо. Има два патента, едниот е надворешен. Чини 1.232 евра.
5
Bottega Veneta паричник од испреплетени кожни ленти
6
Димензиите на овој паричник се 18×8,5×2 см, доволни за книжни пари, кредитни картички, па дури и документи. Има четири големи прегради, девет мали. Правоаголен е и се носи во внатрешниот џеб на сакото, капутот, јакната. Неговата изработка е својствена за италијанската модна куќа што го преферира луксузот, често употребувајќи кожни ленти што се испреплетуваат. Се изработува во кафеава боја. Неговата цена е 432 евра.
Corgi - календарска кутија за чорапи
7
Во пресрет на божиќните празници, велшката мануфактура ја пушти во продажба календарската кутија за чорапи Mr Porter, со 24 фиоки, од картон. Но, кутијата може да се употребува и понатаму, цела зима. Во комплет се и неколку пара чорапи со различни дезени, шари, од новогодишни до скијачки. Празничните содржат кашмир и свила, додека останатите во составот имаат памук, најлон. Перењето може да биде и рачно и машинско. Чини 393 евра.
71
Моќ во статусот моќ во џебот...
...10 најбогати политичари во светот Игор Ландсберг
Крајот на годината е резервиран за многу пресметки, анализи, заклучоци, размислувања, но и за отчет на политичарите кога се работи за нивното богатство. Во демократските земји тоа се прави пред народот. Со благородниците, аристократите, ситуацијата е поинаква. Според истражувањата, листата на годинашните политичари богаташи ја изненади пошироката јавност.
Л
уѓето што се занимаваат со политика отсекогаш го привлекувале вниманието на останатите граѓани, без оглед на државното уредување. Во демократските земји, каде што народот им го дава пратеничкиот мандат, одговорноста (вклучувајќи ја и моралната) е поголема, за разлика од аристократијата на пример. Таму мора да се даде отчет за богатството. Еве кој се најде на листата 10 најбогати политичари во светот за оваа година...
72
10
Силвио Берлускони - 7,8 милијарди долари
Малкумина знаат дека осумдесетгодишниот Италијанец, кој важи за неуморен (во смисла на истрајност), започнал како продавач на правошмукалки, кога се работи за неговиот кариерен развој. Набргу станал бизнисмен, ориентирајќи се на богатите домаќинства. Успехот бил очекуван. Иако се занимавал со политика и претходно, станал премиер дури во мај 2008 година. Во текот на политичката кариера го следеа многу скандали, но остана запаметен и со неговите предизборни кампањи.
9
Серж Дасо - 8 милијарди долари
Деведесет и едногодишниот Французин, родум од Париз, освен што ја предводи групацијата што е всушност семеен бизнис, во чии рамки влегува и дневниот весник „Ле Фигаро“, не се откажува ни од политиката. Имено, тој е член на Сенатот, а обичните луѓе го ценат поради неговите хуманитарни акции, насочени кон децата болни од канцер и хендикепираните.
8
Зон Кингхау - 10,8 милијарди долари
Овој човек има седумдесет и една година. Живее и работи во Кина, неуморно. Важи за еден од најбогатите Кинези, со претприемачки дух, кој не успеа да ѝ одолее на политиката. Членува во Националниот совет. Без оглед на богатството што го поседува, познат е по скромноста. Дневно троши 20 долари, а парите ги вложува во природни ресурси, за добробит на државата и на граѓаните.
4
Соња Ганди - 19,2 милијарди долари
Седумдесетгодишната Индијка со италијанско потекло, која беше сопруга на Раџив Ганди (премиер на Индија од 1984 година до 1989 година), се активира во политиката неколку години по неговата смрт. Најпрво стана претседател на Индискиот национален конгрес, а потоа и премиер. Мандатот ѝ заврши во 2014 година. Моментално е опозиционер. Постигна значајни резултати во подобрувањето на условите за живот во Индија.
7
3
Савитри Џиндал - 13,2 милијарди долари
Шеесет и шестгодишната Индијка е богата и моќна, а нејзиното богатство за животниот стандард во нејзината родна земја е бесценето, баснословно. Нешто што Индијците (мнозинството) не можат ни да си го замислат. Ангажманот во Законодавното собрание го искористува за да ја покаже наклонетоста кон мајките, жените, чии права се ограничени во поголемиот дел од Индија. Сосем оправдано, бидејќи е мајка на девет деца.
6
Владимир Путин - 18,4 милијарди долари
Според „официјалните“ информации, шеесет и четиригодишниот Русин е најбогатиот човек на светот, неколку години по ред, но... Вистината е поинаква. Или обратно. Неговата политичка работа е јасно определена. Веќе трипати ѝ служи на државата, на граѓаните и на самиот себеси. Претседател стана во 2012 година. Познат е по луксузниот живот. Поседува голем имот - 20 вили (убави, раскошни куќи со 75 тоалети), 4 јахти, 58 авиони. Го сакаат поради неверојатната смелост и острината.
5
Калифа бин Зејад бин Султан Ал Нахијан - 19 милијарди долари
Емирот од Абу Даби, шеесет и осумгодишниот владетел на Арапските емирати го привлекува вниманието на пошироката јавност со луксузниот живот, кој е својствен за него и за неговото семејство веќе со генерации. Го управува Златниот фонд, а ги контролира и нафтените резерви чија вредност изнесува 97,8 милиони долари. Според традицијата, наследството мора да се зголеми, повеќекратно. И успеа во тоа.
Хасанал Болкија - 20 милијарди долари
Султанот од Брунеи е третиот најбогат политичар на светот. Има седумдесет години, а со титулата владетел се здобил во 1967 година, кога имал само 21 година. Поседува извори на гас и нафта. Живее луксузно. Тој ја поседува најголемата резиденција воопшто, Истана Нурул Иман, што се простира на површина од 200.000 квадратни метри. Екстраваганцијата на Хасанал оди дотаму што има 8.000 автомобили чија вредност изнесува 790 милиони долари. Така ја покажува имотната состојба.
2
Салман бин Абдулазиз Ал Сауд - 21 милијарда долари
Осумдесетгодишниот крал на Саудиска Арабија е всушност наследник на брат му, кога се работи за највисоката титула што „дозволува“ монархиски апсолутизам. Абдула почина на 23 јануари 2015 година. Истиот ден Салман ја презеде власта. Претходно беше гувернер на Ријад. Како „чувар на две свети места“ се обврзува да ги одржува џамиите во Мека и Медина. Веднаш ги започна долгорочните реформски процеси, што не поминаа со одобрување од сите. Измените продолжуваат и натаму.
1
Мајкл Блумберг - 37,2 милијарди долари
Тој моментално е најбогатиот политичар во светот. Седумдесет и четиригодишниот магнат, кој беше и њујоршки градоначалник (од 1 јануари 2002 година до 31 декември 2013 година), студирал на Харвард. Блиските релации со браќата Соломон му помогнале брзо да напредува во професијата. Денес е посветен на економската логика. Обичните луѓе го сакаат бидејќи го подобрил животот во Њујорк, но и поради неговото донаторство кога се медицинските истражувања, образованието и уметноста во прашање. 73
едно патување
Вал Торенс
Каде што снежните височини на планината се голем предизвик за љубителите на зимските спортови Годинава во центарот на вниманието е ресортот за кој се вели дека ги исполнува желбите и очекувањата дури и на врвните скијачи. Аматерите, пак, го сакаат бидејќи едноставно ги провоцира... со височините, снежната белина, патеките, со можностите. Затоа е и најдобар. Игор Ландсберг 74
Т
ака одлучија луѓето што зимите ги поминуваат во ски-центрите за да ја проценат успешноста во работењето и, секако, предностите што се главна причина за нивната посетеност. Или обратно. Според нив, Вал Торенс го зазеде првото место. За 2016 година е најдобар, што значи дека во 2017 година ќе биде исполнет максимално. А, туристичката сезона веќе почна. Без оглед на големата посетеност и лете, снежните височини на планината, нејзината белина и чистота се посебни. Убавината е поинаква, затоа и бројот на гостите од сите краишта се удвојува. Отворањето на 26 ноември беше фасцинантно, имаше спектакуларна програма и утредента, го потврди успехот и со наградата Најдобар европски ски-центар за 2016 (European Best Ski Resort 2016), која ќе ја носи со задоволство до затворањето на 1 мај. Франција е земја што предничи кога е во прашање понудата на зимските задоволства. И побарувачката, се разбира. Таа е пред Швајцарија, Австрија, Италија. Местоположбата на Вал Торенс му дава уште поголемо значење, како дел од француските Алпи. Имено, ресортот се наоѓа во „утробата“ на глечерската планина чии ледници, шест на број, придонесуваат за љубителите на зимските спортови да уживаат во нивните страсти (од скијање, преку санкање до бординг) цели пет месеци, дури и повеќе, на височина од 2.300 м. Сигурно ќе ве интересираат и другите податоци за ски-центарот, кои, во исто време, можеби и ќе ве фрапираат. Ѝ припаѓа на областа Три долини (Les 3 Vallées) со вкупна должина на стазата од 600 км. Жичницата е на височина од 1.850 м, каде што има патека за почетници, аматери. Височината до која се искачува еден од двестоте лифтови може да предизвика вртоглавица. Таа изнесува 3.195 м. Замислете каква е глетката, а пак спустот?! Не може да се опише. Мора да се доживее. Во рамките на Трите долини влегуваат Вал Торенс - Орел и Вал де Белевил поради што има три вида ски-пасови. Од вкупно 600 км на првата ѝ припаѓаат 150 км, а на втората 300 км, од вкупно 30 црни (тешки патеки), 108 црвени (средно тешки стази), 129 сини (лесни патеки),
Замислете каков е по гледот од Cime de Caron, Glacier de Péclet. А, спус тот?! Неописливо. Мора да се доживее. И да се наздрави со Château de Campuget, на пример.
Забавата е на прво место, дури и во натпреварите на т.н. плато, во паркот.
Идејата за планинската област да се претвори во скијачки центар се јавила во почетокот на 1960-тите години, а реализацијата почнала во 1967 год. 75
Имајќи го предвид интере сот за ноќна забава, голем број стази се осветлени.
Вал Торенс е, всушност, ком плекс на хотели, резиденци јални објекти, апартмани. По малку личи на олимписко се ло каде што сместување то на гостите нуди комфор, пред сé. Луксузот не е при оритетен. Може да се најдат ноќевалишта од сите катего рии, само не „шкарт“. Заста пеноста на модерното уреду вање е пропорционално на рустикалното. Хотелот со 5 ѕвездички Le Pashmina-Le Refuge се наоѓа на врвот, свртен на југ. Има покриен базен и ресторан. Внатрешноста се карактеризира со модернистички стил на декорирање.
76
Хотелот 3 Vallées има че тири ѕвезди, а во однос на локацијата се наоѓа во цен тралниот дел на ресортот. Дозволено е да се понесат и домашните миленици. Располага со ресторан и „спа“. Преовладува дрвото, заради поголема топлина.
51 зелена (многу лесни стази) во Вал Торенс - Орел има 8 црни, 30 црвени, 29 сини, 11 зелени, а во Вал де Белевил 14 црни, 51 црвена, 60 сини и 20 зелени. Цените на дневните карти се движат од четириесетина до педесетина евра во зависност од скијачката област. Секако, најевтин е ски-пасот за првата иако се наоѓа на врвот. Секоја патека е изложена на сонце, без дрвја. Имајќи го предвид интересот за ноќна забава, голем број стази се осветлени. Оваа сезона е јубилејна, Вал Торенс ја слави 50-годишнината од неговото постоење. Идејата за планинската област да се претвори во скијачки центар се јавила во почетокот на 1960-тите години, а реализацијата почнала во 1967 година, на височина од 1.850 м, каде што имало бачило. Следеле инфраструктурните зафати, потоа изградбата на жичницата во 1971 година, па отворањето на школата за скијање во 1973 год. Архитектурата не можела веднаш да се дефинира, извесно време се талкало, доминирал бетонот, за конечно, по десетина години, да се утврдат плановите за иднината. Почнало да се користи дрвото, се правела рустика, но зданијата останале. Хотелските комплекси можат да сместат голем број посетители, макар и на ден-два. Понудата е неограничена, исто така и можностите. Освен скијање, лизгање со дрвени и моторни санки, се организира и брзо возење автомобил и велосипед на снег, нуркање под мраз, параглајдерство. Интересот за бордингот е огромен и постојано се зголемува. Од тие причини е направен парк кој се наоѓа на т.н. плато, до каде што се стигнува со лифт. Таму е, всушност, забавата. На површина од 70.000 м² се изведуваат акробации, вклучувајќи ги салтата, па дури и салтомортале, се скока со падобрани, од хеликоптери, на душеци. Често доаѓа до повреди, затоа туристите се осигуруваат. Дневната полиса чини 2,8 евра. Сепак, секој посетител е насочен кон рекреација, одмор, забава, преку ден и навечер, во бар, ресторан итн. Продавниците се толку добро снабдени што ќе ве натераат да влезете и да се почестите со нешто, што било.
Во рамките на Chalet de la Marine, кој се наоѓа на 2.500 метри надморска височина, до патеката, е Le Restaurant Tradition и Le Bistro de la Marine. Меѓу другото се подготвуваат и морски плодови, риба и сл. Погледот на долината е прекрасен.
77
Резиденцијата Village Montana опфаќа три објекти (Montana, Montana Valbel и Montana Soleil), чија понуда е богата, во секој поглед. Има четири ѕвезди, брза и добра услуга, и апартмани со површина од 32 до 110 м². Се наоѓа близу патеките. Додека родителите скијаат, децата можат да отседнат во градинката.
Ски-центарот изобилува со ресторани, барови, за сечиј вкус. Можете да појадувате во хотелскиот ресторан, да ручате во еден од рестораните до стазите, да испиете чаша вино или чај, да вечерате во некој ресторан што служи и како бар. Ги има на претек.
Ноќната забава во Вал Торенс е богата. Таму се наоѓа Le Malaysia, која важи за најголема дискотека на Алпите. Работи од 22 до 4 ча сот наутро. Познатите диџеи како, на пр., Nicky Romero, Rudimental, AfroJack, Calvin Harris, Chase & Status, RuneRK (Enur), DJ Pone (Birdu NamNam), Pendulum, Tony Romera…, секогаш се добредојдени, по барање на посетителите.
Продавниците се толку снабдени што... ако влезете, сигурно нема да излезете со празни раце.
78
мојот дом
Висока елеганција и острина –
уредување со
темни бои Мебелот со темна боја најдобро ќе дојде до израз на светол под, на пример од бор или бука. Темните подови пак, од друга страна, се совршена подлога за посветлиот мебел. Како и да е, темната боја е одраз на елеганцијата, острината, на високиот стил. Сосем спротивно од вообичаеното верување дека темниот мебел или темниот под ќе го направат окружувањето исто така темно и непривлечно, тие му даваат мистичност и висок стил на окружувањето. Но многу е важно како ќе се искомбинира...
80
Темен под во ентериерот
Подовите се најголемата површина во ентериерот и тие го оставаат првиот впечаток. Темните подови изгледаат елегантно и создаваат софистицирана атмосфера во ентериерот на домот. Со овие подови и малку мебел и детали се создава окружување што е малку поинакво, класично, рустично, винтиџ или минималистичко. Со темните подови се препорачуваат светли ѕидови, сосем бели или во природни земјени тонови. Но контрастот меѓу ѕидот и подот не треба да биде премногу нагласен, за да не се создаде линија на пресекување и ѕидовите да не изгледаат како граница со што ќе се елиминира чувството за простор и широчина. Многу темните подови, дури и оние црните дрвени подови, се комбинираат со светли или неутрални ѕидови – виолетови, сини, зелени. За да добиете модерна и поколоритна атмосфера ускладете ги овие подови со поинтензивни бои на ѕидовите, како што се путер жолта или рубин црвена во комбинација со темни лајсни. Така на пример, дневната соба ќе ја претворите во удобен простор за одмор ако дрвениот под во боја на чоколадо го дополните со топла палета бои. 81
природно темна или ако е свртена накај југ. Доколку се соочите со ваков проблем, размислете за комбинацијата дрвен под со светли ѕидови со што ќе избегнете собата да изгледа мрачно, или пак одберете не толку темен под што има природна боја и интересна текстура. На темните подови лесно се забележува нечистотијата, секоја гребаница или вдлабнатинка, и затоа е неопходно секојдневно да се одржуваат. За оние што сакаат домот да им изгледа беспрекорно, тоа може да стане проблем. Посветлите подови подобро ја сокриваат прашината и се полесни за одржување.
Како да вклопите темен мебел и силни бои
На темните подови не им треба многу мебел, ниту пак темен мебел. Темните подови со висок сјај, како што се дрвените подови и керамиката со глазура, во комбинација со мебел во светли бои создаваат софистициран изглед. Само едно парче мебел во темна боја, на пример голема удобна кожна фотелја или масичка изгледа убаво, доколку е единственото темно парче мебел во просторот. Темните подови не треба да се затрупуваат со килими. Тие изгледаат убаво и без килим или друг вид простирка. Доколку, пак, сепак се одлучите да поставите нешто, тогаш одберете килимче со мали димензии. Темните подови можат да го направат просторот потемен отколку што е вообичаено, особено ако собата е 82
Шик мебел во црна боја секако ќе се издвои во светла просторија. Кога ја уредувате дневната соба и сакате во неа да внесете гарнитура во црна боја тогаш мора да бидете исклучително внимателни при изборот на останатиот мебел како и при изборот на бојата на ѕидовите. Што се однесува до останатите детали и мебел во оваа просторија најдобро би било да се во светла и нежна боја. Честопати грешно се толкува и на прв поглед се изразува незадоволство кон црната боја, но кога убаво ќе го уредите останатиот простор, ова парче мебел едноставно изгледа софистицирано и убаво. Дневната соба ќе изгледа како да сте ја извадиле од списание. Црните гарнитури најчесто се изработени од природна или еко кожа, а многу поретко од мебел штоф. Но без оглед на моделот и дизајнот, ваквите гарнитури за седење делуваат многу остро во амбиентот каде што се поставени и исклучително се доминантни. Секако за да вклопите темен или црн мебел треба да се одлучите за светол под, од паркет или керамика, бидејќи поставени на темен под ќе го задушат просторот. На овој начин тие се визуелно одвоени со изразито светли ѕидови во бела боја, или боја на слонова коска, како и со дабов паркет.
Килимите и мебелот во темна боја
Ако имате мебел во темна или црна боја и сакате да поставите килим, не мора да го менувате мебелот. Доволно е да одберете килим со средна големина (избег нувајте многу мал или килим со големи димензии). Со црната гарнитура најдобро ќе се вклопи килим во интензивни бои од топлиот дел на спектарот на бои, како што се црвена, портокалова или кремаста.
83
новитети во дизајнот
Прилагодливиот стол Гендер 570 Гендер 570 е оригиналниот дизајн на Патриција Уркоиола, и претставува комбинација на традиционалното и модерното. Благо обликуваните внатрешни делови на столот имаат јасен дијалог со ригидните надворешни рабови и обрабените кожни делови на тапацирот што ги нагласуваат синусните линии на ова парче мебел. Тапацираните материјали им опонираат на спиралите на конструкцијата, претставувајќи контраст на ригорозно формалната структура на овој стол со петте различни бои што доаѓаат како стандардна комбинација. И употребените материјали се исто така различни. Вака измешаните материјали и бои му дозволуваат на секој купувач да го персонализира својот стол, но и ентериерот во кој се наоѓа тој. Овој отворен, удобен стол поседува уште поудобен потпирач за грбот, кој се навалува за око-
лу 12 степени под притисок, а потоа автоматски се враќа во првобитната положба. Ова парче мебел дефинитивно претставува нешто што може да го разубави дизајнот на секој модерен дом и ги поседува сите елементи што секој од нас би ги посакал.
Колекција мебел како вистинско уметничко дело Компанијата Крафт комбајн смисли интересен начин да ја трансформира вашата врамена уметност во функционален мебел кој потоа повторно може да се врати во претходната форма. Серијата парчиња мебел Пис фурничр се состои од три вида дизајн од кои секој е креиран од делови налик на сложувалка врамени со рамка за слика. Во внатрешноста на рамката се наоѓаат сите елементи за создавање скулптурален мебел. Со склопување одделни графички парчиња што се вклопуваат во одредена тема на серијата може да креирате мебел, а ако повторно ги разделите и ги поставите во рамката, можете да ги користите и како ѕидна слика.
Градиент алато – комода инспирирана од природата
84
Денес многу дизајнери се инспирирани со разнообразни природни феномени, животни и растенија, креирајќи на тој начин предмети што наликуваат на нив. Токму еден таков проект инспириран од птиците, поточно речено од нивните пердуви е комодата Алато. Нејзиниот концепт се заснова исклучиво на дрво и занаетчиските вештини при нејзината изработка. Најистакната карактеристика на ова парче мебел се неговите вратички при чие создавање како инспирација послужиле птичјите крилја. Изработена е од цврсто јасеново дрво, јасенова шперплоча, штици МДФ и метал. Фурнирот е обоен во бои со различен интензитет, што резултира во шара налик на рибји крлушки. Во внатрешноста има комфорни единици за чување предмети, па така ова паче мебел не е само преубава декорација туку е и исклучително функционално.
новитети во дизајнот
Хартиени оригами ламби ОВЛ пејпрлампс е дизајнерски бренд што е создаден оваа година во Лисабон. Инспирирани од уметноста оригами, луѓето од овој бренд комбинираат моделирање со осветлување за да креираат оригинални ламби од хартија. Нивните ламби, без оглед дали се вклучени или исклучени, привлекуваат многу внимание и го шармираат секој оној што ќе ги здогледа. Креативците што ги осмислиле овие дизајни постојано имаат нови идеи и тестираат нови материјали. Секоја од нивните креации има свои индивидуални особини што се нагласени со движење или положба. Кога ќе се вклучат тие претставуваат ултимативен декор на која
Порцелан инспириран од Алиса во земјата на чудата Студиото Леблон Делиен нè навраќа во светот на Алиса во земјата на чудата со помош на својата прекрасна колекција порцелан. Интерпретацијата на светот на Алиса се наоѓа во идеална хармонија на црните и белите дезени и префинетите барокни детали и дванаесет рафинирани силуети, од кои четири ги претставуваат главните ликови – Алиса, Белиот зајак, Насмеаниот мачор и Лудиот шапкар. Срцето на оваа колекција е претставено во вид на подарок пакување со четири различни предмети што ги претставуваат овие четири лика. Целата колекција е збогатена со сад за слатки, чинија за торта и чинија за салата, кои се украсени со 12 различни лика, а тука е и чајникот украсен со протагонистите, како и садот за шеќер украсен со антагонистите. Инаку студиото Леблон Делиен работи и ја усовршува својата експертиза за дизајн повеќе од 30 години, а секое колекционерско парче е дизајнирано како вистинско ремек-дело.
86
било просторија во која се поставени. Изработени се од квалитетна хартија од 160 грама, при што боите се одбрани особено внимателно со цел да се создадат различни и уникатни амбиенти. При купувањето на една од овие креации се добива и пакет „Направи сам“ во кој се наоѓаат сите потребни алатки за нивно составување.
Апарат за кафе со мистериозна форма На прво видување воопшто не сте сигурни што претставува оваа направа, бидејќи има навистина чуден и мистичен изглед. Но ова е сепак „само“ апарат за кафе, напивката без која не може речиси никој од нас. Кафематот го носи името АКМА а е дело на компанијата Дуч Лаб од Сеул, што на корејски значи ѓавол - сосем соодветно име за овој смел, мрачен и мистериозен технички додаток. Покрај неговиот изглед во препознатлив модерен стил, она што го прави овој апарат посебен е системот по кој го прави кафето, таканаречен студен метод за накапување. Тоа е многу бавен процес што користи филтри, вода и сила на гравитација. Иако на многумина им делува како губење време, резултатот е нешто што сепак вреди да се почека и ви нуди кафе со исклучителен и беспрекорен вкус. Телото на кафематот е изработено од алуминиум, додека чашите се изработени од боросиликатно стакло.
правни дилеми
Мобинг
Вашето право на заштита од вознемирување Долго време во нашето законодавство не постоеја одредби кои на директен начин ги регулираа ситуациите каде што едно лице е мобингувано односно вознемирувано на неговото работно место од страна на друг вработен или група вработени. Со оглед на очигледноста на некои ситуации што значеа мобинг на работното место, но и следејќи ја легислативата на земјите од Европската унија, како и тенденциите на современите законодавства, се наметна потребата од донесување еден ваков закон кај нас во Македонија. Па така Собранието на РМ во 2013 година го донесе Законот за заштита од вознемирување на работното место или популарно наречениот Закон за мобинг.
адвокат м-р Владимир Бангиевски Адвокатска Канцеларија Бангиевски 88
Со Законот за мобинг се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување психичко и полово вознемирување на работното место и местото на работа, мерките и постапката за заштита од вознемирување на работното место, како и другите прашања што се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работното место. Законот има цел да спречи и да даде заштита од психичко и полово вознемирување на работното место, односно местото на работа и обезбедување здрава работна средина. Овој Закон се применува на работодавачите, вработените, кандидатите за вработување, како и на лица ангажирани со договори, кои учествуваат во работата кај работодавачот. Законот забранува секаков вид вознемирување на работното место, но и злоупотреба на правата на вознемирување на работното место.
Психичко и полово вознемирување на работното место
Психичко вознемирување на работното место, Законот дефинира, дека е секое негативно однесување од поединец или група што се повторува, континуирано и систематски, и кое претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место. Полово вознемирување, во смисла на овој Закон, пак, е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а што предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост. Однесувањето кое по овој Закон се смета за психичко, односно полово вознемирување на работното место, е секое психичко или полово вознемирување, признаено со овој Закон, доколку не престанало и по писменото предупредување од страна на вознемируваното лице дека му пречи однесувањето на вршителот на вознемирувањето и дека ќе го смета за вознемирување на работно место. Вознемирување на работно место претставува и поттикнување или наведување на однесување во смисла на тоа што Законот го смета за психичко односно полово вознемирување.
Законот за мобинг има цел да спречи и да даде заштита од психичко и полово вознемирување на работното место и обезбедување здрава работна средина.
Кој може да биде вршител на вознемирувањето и активности кои не се сметаат за мобинг?!
Вршител на вознемирување на работно место може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување без оглед на нивното својство - работодавач во својство на физичко лице, одговорно лице кај работодавач - правно лице, вработен или група вработени кај работодавач или трето лице со кое вработениот или работодавачот доаѓа во контакт при извршувањето на работите на работното место. Поимите вршител на вознемирување на работно место и вознемирувано лице употребени во овој Закон имаат неутрално значење и се однесуваат и за жени и за мажи. Однесувања и активности кои не се сметаат за вознемирување на работно место според Законот за забрана за вознемирување на работното место се: 1) поединечните акти донесени од страна на работодавачот со кои се одлучува за права, обврски и одговорности од работен однос, против кои вработениот има право на заштита во постапка утврдена со закон; 2) лишување и оневозможување остварување и користење права утврдени со закон, колективен договор и договорот за вработување, чија заштита се остварува во постапка кај работодавачот и пред надлежен суд; 3) секое неоправдано правење разлика при нееднакво постапување спрема вработениот по кој било основ на дискриминација, што е забрането и во врска со кое се обезбедува заштита, согласно со закон; и 4) повремени разлики во мислењата во врска со прашања и проблеми поврзани со вршењето на работите и ра-
ботните задачи, освен ако истите немаат за цел да го повредат или намерно навредат вработениот.
Која е постапката за заштита од вознемирување на работното место кај работодавачот?
Според Законот за заштита од вознемирување на работно место, лицето што е мобингувано може да оствари заштита по вонсудски пат или директно по судски пат, доколку вонсудскиот заврши неуспешно за него, а и понатаму смета дека е жртва на мобинг. По судски пат, со тужба, вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место може да бара: - утврдување дека претрпел вознемирување на работно место, - забрана на вршење на однесувања што претставуваат вознемирување на работно место, односно забрана на повторување вознемирување на работно место, - преземање на дејствија заради отстранување последици од вознемирување на работно место и - надоместок на материјална и нематеријална штета причинета со вознемирувањето на работно место. Концепцијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место би требало во иднина да гарантира целосна заштита на вработените од мобинг и остварување на правата на вработените лица кои Законот ги предвидува во случај на мобинг. Секако дека искуствата од примената на овој Закон најдобро ќе го дадат одговорот на прашањето дали Законот ја исполнува целта за која е донесен! 89
Виното ги
претвора работите во нешто повеќе Вистинските приврзаници, следбеници на хедонизмот, на сетилното уживање, на „сетилниот живот“ не можат да замислат гозба без вино. Според нив, тоа не е средство за задоволување на жедта или за опивање. Напротив, тоа ја има способноста да ги претвора работите во нешто повеќе. Гастрономите, специјалистите за подготвување добра храна, додаваат: „Во виното е тајната“.
браната храна и готвачката вештина. Речиси не постои добро јадење на кое не му одговара одредено вино. Неговиот пријатен мирис (и вкус) може да се почувствува и во некои специјалитети што гастрономите ги поврзуваат со минатото. За употребата на „бах“ (како што некои го нарекуваат виното - според Бах, богот на виното) во кујната се говори од памтивек, откако постои пијалакот чија боја е основа за светата симболика. Секојдневно се надградуваат комбинациите, а врвните готвачи се едногласни дека „виното е најдобрата мирудија“. Порано, кога фрижидерот бил апстрактна именка, виното се користело за храната (особено месото) да се зачува подолго време. Маринадата, освен што го заштитува месото од расипување, му дава и фин вкус. Повеќето гастрономи ја користат кога подготвуваат зеленчуци, супи, десерти, колачи. Секоја земја што се вбројува меѓу вински производители има и рецепти во кои виното е, всушност, главната состојка.
Н
еговата вредност како гозбен, хранлив и лековит пијалак е несомнена, многупати докажана. Виното ја симболизира животворната сила, духовниот благослов, спасот, радоста, вистината... Има специфична арома и боја. Се добива преку ферментација на сокот од згмечено грозје, под влијание на габичката saccharomyces leepsoideus, без присуство на кислород, при температура од 30 степени целзиусови, со 25 отсто шеќер. Најстарите археолошки наоди доаѓаат од Иран каде што во амфорите стари повеќе од пет илјади години бил пронајден талог што содржел винска киселина и танин, а фосилните остатоци од виновата лоза кажуваат дека растела уште во терцијарот, милиони години пред човекот. Денес виното има значајно место во култот на из90
Може да послужи како „основа“, во која се готви, а некогаш се додава поради арома и боја. Во кујната се употребуваат и белото и црвеното вино. Каде и да било, ризото од бароло е најпознат специјалитет во чие подготвување се користи црвеното вино. Ширум светот е прочуено и ризото од шампањ. Десертите (овошните салати) и колачите имаат посебен вкус
кога во нив има додадено малку пенливо вино. Слатките десертни вина се посебна приказна, а силните вина (со голем процент алкохол), како што се на пример „мадера“, „порто“, „шери“ итн., освен исклучителен вкус, имаат примена и во кулинарството, и тоа скапоцена. Имајќи го предвид нивниот пријатен мирис и вкус, специјалистите за подготвување добри јадења не ги заобиколуваат. Тие го претставуваат оној познат готварски „миг“, последниот „допир“, она што повеќето врвни гастрономи го чуваат како тајна и најчесто „забораваат“ да го спомнат во рецептите. Таквите вина се создадени за готвење, но и за пиење. Обично се пијат по оброкот, по малку, затоа што пијанството од „порто“ на пример, граничи со делириум тременс (алкохолно лудило). Со нив треба да се биде претДесертите (овошните салати) пазлив. Впрочем, ниеден вистински хедонист не претеруи колачите имаат посебен ва оти, во спротивно, се губи вкус кога во нив има додадено смислата на сетилното уживање како најголемо добро, малку пенливо вино. идеал на човекот, како цел на неговото постоење. името го добил поради тоа што се послужува со квалитетното вино од островот Мадера. Надалеку се познае слатко сицилијанско вино, ти и рибјите специјалитети наречено по приморскиот град како на пример, туна со „маМарсала. Се подготвува со додера“. давање згусната шира, слично е, всушност, како „малвазијата“. Особено прочуено португалско црвено го препорачуваат шефовите на вино од градот Порто. Начинот на правење отсекогаш ги кујните во италијанските ресинтересирал винарите. Тајната лежи во додавањето алкоторани низ Америка. Познати хол со кој се запира ферментацијата и, се разбира, во песе на пример, пилешкото во сос десетгодишното одлежување. Идејата потекнала од чес„марсала“, десертот „ѕабајоне“ тото расипување на виното додека се транспортирало во што се послужува со бадеми, Англија. Денес е едно од најбараните вина во рестораните свежо овошје и сл. Го употребукаде што оди џет-сетот. ваат и наместо вода во кое врие јадењето, но и како додаток во мала количина.
„Марсала“
„Порто“
По долготрајното патување и големите жештини, виното во бочвите што постојано се нишале станувало сè поубаво.
„Мадера“
е квалитетно вино и доаѓа од истоимениот португалски остров. Со него се врзуваат многу приказни, посебно за неговото настанување. Имено, поморците на патот кон Индија застанувале на Мадера од каде што се снабдувале со вино. По долготрајното патување и големите жештини, виното во бочвите што постојано се нишале станувало сè поубаво. Откако го увиделе тоа, жителите на островот направиле неколку измени. Најпрво, го оставале да отстои на температура од 50 степени целзиусови, му додавале бренди, а некојпат и шеќер. Прочуен е и колачот „мадера“ во кој може да се стави малку вино, но сепак
„Шери“
е силно бело вино, кое потекнува од Херес де ла Фронтера од Андалузја, Шпанија, има голема примена во интернационалната кујна. Најпрво се користело во Европа, а потоа Англичаните го однеле на исток, дури до Јапонија. Повеќето рецепти на тамошните кулинари содржат „шери“, од благите до киселкастите јадења. Дозволуваат и замена. На негово место може да се стави „порто“ и „мадера“. И обратно, кое и да било, сеедно, виното ги претвора работите во нешто повеќе. Затоа врвните готвачи препорачуваат да експериментирате. Сипете си чаша вино. Пијте пополека додека го сечкате остатокот од зеленчукот што треба да го ставите во јадењето што врие и уживајте во мирисот на „бахус“ што испарува од него, измешан со зачините што му даваат финиш. На здравје! 91
с.о.с во домот
Чувството на негативна енергија во домот понекогаш е вообичаено, но кога постојано ќе чувствувате замор и исцрпеност, тогаш тоа е знак дека вашиот животен простор треба да го исчистите од негативна енергија.
10 начини
како да го исчистите домот од негативна енергија
К
ога ќе се вратите дома после работа, или кога ќе се разбудите во сабота наутро знаејќи дека немате други обврски, тоа треба да бидат едни од најубавите и најрелаксирачки мигови во денот, речиси секој ден. Но понекогаш работите како едноставно да се излезени од колосек. Со следните 10 методи можете да се ослободите од насобраната негативна енергија во домот. Вашиот дом повторно ќе стане пријатно и сигурно катче во кое ќе ги ткаете сите пријатни и слатки мигови од животот.
1 2
Силвана Јованчева
Проветрете го целиот дом
Првиот чекор во отстранувањето на негативната енергија е чистиот воздух. Овторете ги сите прозорци во домот, дури и кога надвор е студено. Додека домот се проветрува, одвојте време за чистење на перниците, ќебињата, јорганите и другите прекривки.
Запалете темјан
Ова мирисно растение се користи во медитацијата. Зошто да не го пробате и во својот дом? Темјанот ќе ја зголеми енергијата и ќе создаде мирен и топол амбиент.
3
Поправете ги или фрлете ги сите скршени предмети во домот
Веќе долго планирате да го поправите скршениот стол, но никогаш немате време за тоа... Сега или веднаш поправете го или едноставно исфрлете го. Скршените предмети 92
5
Обојте ги ѕидовите во жолто
Боите играат многу важна улога во вашиот дом, а жолтата боја е позната како неутрализатор на негативната енергија. Покрај тоа, просторот во домот ќе изгледа поголем и потопол.
6
Заштитете го просторот во домот со кристали
Црниот турмалин е познат како кристал што ја уништува негативната енергија. Розовиот кварц, пак, исто така заштитува од негативна енергија и ги заменува негативните со позитивна чувства. Ставете ги во близина на електронските уреди и на тој начин ќе го максимизирате нивното дејство.
7
привлекуваат негативна енергија и ја наталожуваат во домот, сè додека не се направат промени во домот. Време е да си купите некое ново парче мебел, нели?
4
Освежете го домот со етерично масло од портокал
Мирисот на портокал потсетува на сонце и смеа, така што нема само да ја исчисти куќата од негативна енергија, туку и ќе ви го поправи расположението. Растворете неколку капки етерично масло од портокал во вода или капнете во навлажнувачот на воздухот. Промената ќе ја почувствувате веднаш!
Ослободете се од непотребните предмети во домот
Предметите во домот и енергијата што ја создаваат влијаат врз вас физички, ментално и емотивно. Поркај тоа, колекцијата непотребни предмети во домот многу заморува и создава стрес. Што е можно побрзо ослободете се од насобраните предмети што веќе подолго време не ги користите.
8
Ставете сол во аглите на собата
Ставете малку сол во аглите на собите и оставете да отстои 48 часа, а потоа исчистете со правошмукалка. Солта ќе ја акумулира негативната енергија од вашиот дом.
9
Повеќе огледала
За да овозможите поголем влез на позитивна енергија во вашиот дом, поставете повеќе огледала во просторот, но избегнувајте ги оние со остри агли. Огледалата ја рефлектираат светлината и визуелно создаваат широчина и отвореност на домот, а воедно и на мислите, што автоматски привлекува позитивна енергија.
10
Користете неутрални бои во домот
Темните бои можеби изгледаат убаво, но понекогаш е потребно сосем спротивното за да создадете опуштена атмосфера во домот. Затоа кога ги бирате боите за вашиот дом, бирајте ги неутралните нијанси. Темните бои прават просторот да изгледа помал и токму тоа чувство на стеснетост привлекува негативна енергија. 93
медицински занимливости
Рекламите на децата и исхраната
Сознанијата
на американските истражувачи покажуваат какво влијание имаат ТВ рекламите врз исхраната на децата на двегодишна возраст. Во истражувањето спроведено на колеџот Дортмунд учествувале 60 деца на возраст од 2 до 5 години. Пред почетокот на експериментот децата добивале оброк, а потоа им биле пуштани реклами за чипс. Се покажало дека децата што ја гледале рекламата посегнале токму по рекламираниот чипс отколку по останатите грицки што им биле ставени на масичката. Освен тоа, децата што ја гледале реклама, по оброкот внеле уште 127 калории, наспроти просечните 90 калории што ги внеле децата што не ја гледале рекламата. Според податоците собрани во САД, децата на оваа возраст поминуваат три часа дневно пред телевизорот.
Честите диети му штетат на срцето Честите
диети што ги придружува враќањето на привремено изгубените килограми можат да имаат негативно влијание на здравјето на срцето, велат американските научници од Меморијалната болница на Роуд Ајланд. Следејќи 158.000 жени што ја минале менопаузата, истражувачите заклучиле дека таканаречените јо-јо диети се поврзани со три и пол пати поголем ризик за ненадејна срцева смрт. Освен тоа, кај жените што често добивале и губеле килограми бил забележан 66% поголем ризик за срцева смрт од другите заболувања. Учесничките во истражувањето биле следени во период од 11 години, а најмал ризик бил забележан кај жените кои немале големи промени во телесната маса.
тети Лошиот сон им ш на бубрезите
Лошиот
сон кај лицата со хронично бубрежно заболување е поврзан со зголемување на ризикот за влошување на симптомите на болеста, сметаат американските научници од Универзитетот на Илиноис. На прогресијата на хроничната бубрежна болест особено влијае кусиот и фрагментиран сон, покажуваат податоците собрани од 432 пациенти. Учесниците во истражувањето биле следени 5 години. Откако биле земени предвид факторите на ризик како што се телесната тежина или евентуално срцево заболување, научниците пресметале дека секој дополнителен час ноќен одмор е поврзан со 19% помал ризик за престанок на работата на бубрезите. Во текот на испитувањето, испитаниците спиеле просечно 6,5 часа.
Како реаги кафето зав раме на иси од ген ите
Истражувањето
спроведено во САД би можело да објасни како некои луѓе можат да заспијат веднаш откако ќе испијат шолја кафе, додека на другите тоа не им оди од рака. Според научниците од универзитетот Нортвестерн, причината за тоа е дејството на гените што влијае врз присутноста на хемиските соединенија присутни во крвта по конзумирањето кофеин. Некои гени се поврзани со пониско ниво на овие хемиски соединенија, што укажува на побрз метаболизам на кофеинот. Истите гени претходно веќе биле поврзани со зголемената склоност кон конзумирање кафе. Во истражувањето биле користени податоците собрани од околу 10.000 испитаници од европско потекло.
94
Доењето ја ублажува болката
Децата
што се дојат во текот на имунизацијата чувствуваат помала болка и помалку плачат, се вели во истражувањето на канадските научници од Универзитетот на Отава. Новите резултати се темелат на анализата на податоците собрани преку следењето 1066 бебиња на возраст од 1 до 12 месеци. Научниците велат дека претходните истражувања го поврзувале доењето со намалување на болката за време на земањето крв кај новороденчињата. Според нивните зборови, ниту еден друг метод за намалување на болката не бил поефикасен од доењето. Добиените сознанија можат да се објаснат со дејството на окситицинот, таканаречен хормон на љубовта чие ниво се зголемува во процесот на доење.
Пушењето е ушт за дијабетичари е поопасно те На
пушачите што боледуваат од дијабетес им се заканува двојно поголем ризик за прерана смрт, тврдат американските научници од Универзитетот на Колорадо. Во седумгодишното истражување во кое земале учество 53.000 пушачи или поранешни пушачи било заклучено дека стапката на смртност кај дијабетичарите е 13%, а кај останатите околу 7%. Кај пушачите што боледувале од дијабетес било забележано исклучително зголемување на ризикот од рак на белите дробови, предупредуваат истражувачите. Според нив, пушењето е многу опасно за дијабетичарите поради негативното влијание врз срцето и врз крвните садови. Истите сознанија биле забележани и кај испитаниците со преддијабетес.
а За делењето. н постелата.. ´Рчењето,
туркањето, битката за прекривката, сето тоа се „благодети“ од делењето на постелата меѓу сопружниците, партнерите, љубовниците, што на крајот, велат научниците, може да придонесе и за појава на одредени заболувања. За некои луѓе што се во долга врска или брак тајна желба е да имаат кревет само за себе, а новото истражување покажува дека не треба да имаат грижа на совест поради тоа. Истражувањето на факултетите во Лидс покажало дека 29% од луѓето за својата ненаспаност ги обвинуваат партнерите. А не е тајна дека недостатокот на сон доведува до лошо расположение и слаба концентрација, а може и да го зголеми ризикот од развој на срцеви заболувања или дијабетес. Сепак, недостатокот на простор во креветот не е причина за прекин на врската, велат научниците, бидејќи се покажало дека луѓето во среќна врска сепак спијат подобро од самците бидејќи се чувствуваат сигурно и заштитено. 95
подароци Antonio Banderas King of Seduction и Queen of Seduction EDT
Lancome Juicy Shaker сјај за усни
Yves Saint Laurent beaute несесер Velvet кармин од BOURJOIS
Lush Golden Wonder
Mona футрола за визит карти и мобилен NINA RICCI L‘EXTASE Kenzo Чанта и Несесер
NINA RICCI L‘EXTASE Алка
Carolina Herrera L‘Eau лосион за тело
Carolina Herrera L‘EAU Привезок 96
Catrice кармин, моливче и сенка за очи
Max factor турпија и кармин
Tamara капа
Penti Lovely дизајнирани хулахопки
SF шал Tamara топлинки Golden rose make-up primer и 4in1 complete care 2
Eucerin Dermo Purifyer
3 Nivea after shave balm и fairness creme
5 Pelinkovac Selfie stick
Dove и Rexona 3 Centravit energy
Seventeen 3 комплета
Еден од овие подароци може да биде ваш. Испратете го вашето име и презиме и контакт телефон на:
www.infinitymag.mk
97
C MYK
115
114