Infinity spisanie br2

Page 1

11


12





PC_karsilama_Macedonia_Weekly_19,2x14_Mak.pdf

C

M

Y

CM

MY

CY

CMY

K

1

06/03/17

10:40


JEANS





02 3115-188 I www.insumak.mk I www.facebook.com/insumak.mk


Кога подарувате љубов, пријателство... себеси – подарете убав збор Поговорката „Убавиот збор – железни врати отвора“ останува да виси како пајажина на заборавениот таван. На нејзиното место се вкоренија сите нервозни зборови, пцости, вулгарности, завидливости... зборови што во речникот на македонскиот јазик никој не ги бара, а повеќето ги користат во секојдневниот вокабулар како да се непроценливо богатство за да ја засилат емоцијата, чувството што во моментот ги води. Кога малку ќе подзастанеме и подлабоко ќе се замислиме, не верувам дека некој поинаку ќе помисли одошто – жално е нашето секојдневие! Разочарувачко е нивото до кое стигнавме, дното на кое се препелкаме, во обидот да се покажеме како нешто повеќе одошто навистина сме. Зборувам глобално, од гледна точка на нашето општество, на нашата нација. Толку стар народ, толку коренита култура, а толку некултурно секојдневие. Дозволивме да нè прегази „модерниот“ свет, современиот начин на комуникација и живуркање, а заборавивме на најголемите вредности – пред сè на убавиот збор. Еве, појдете од себеси – колку убаво ви започнува денот кога колегите на работа ќе ви кажат дека дента блескате, кога саканиот/та ќе ви порача дека сте му/ѝ посебен/а, кога најмилото ќе ви каже дека ве сака, кога соседот во лифт ќе ви се насмевне и ќе ви посака да имате убав ден. Некои такви денови, кои верувам дека сите ги имаме сè помалку, бидејќи очигледно сите постојано брзаат и се нервозни и напнати и изнервирани од нешто, ни се како ветер в грб. Тогаш секој проблем ни изгледа решлив, тогаш со полно и насмеано срце правиме и повеќе одошто планираме. А зошто секој ден не би бил таков? Или барем повеќето? Што е толку мачно секој да направи нешто убаво за себе и потоа таа убавина да ја рашири околу себе? Веројатно ништо не нè спречува, а сепак самите се спречуваме. Но, ако сакаме промена, ќе мора самите да ја направиме, бидејќи таа почнува од нас, длабоко од нашето внатрешно јас. Сакате да почувствувате љубов, сакате да бидете пријател, сакате да ве сакаат и почитуваат – не срамете се да си го признаете тоа а потоа и да го добиете. Едноставно е, доволен ви е само убав збор. Не можете да го изговорите? Тогаш напишете го. Пратете смс, оставете писменце, подарете книга и составете своја посвета... Постојат илјадници начини да ја повикате љубовта што ја има околу вас, но најпрвин подарете ја. Зборувајте полека, за да размислувате додека зборувате. Не дозволувајте лошите зборови да излезат од вас. Сталожете се и убаво размислете. Дури и критиките и нервозата можат да се кажат на начин што нема да прободе ниту едно срце. Верувајте во моќта на убавиот збор и набрзо самите ќе ја почувствувате. И не заборавајте – барем еднаш месечно прочитајте убава книга. Само книгата ќе ви го отвори прозорецот на мудроста и богатството на убавите зборови. С. Тошиќ 8

18 Карнерите се повторно ин! 24 Најпозитивната утринска екипа 28 Со „популаризација“ на уметничката музика, против музичкиот шунд 30 Тие кажуваат и откриваат многу за вас... негувани нокти 38 Не дозволувајте вашето дете да се отуѓи 40 Ние ги создаваме насмевките 44 Спротивставете им се на манипулаторите

48 „Е-бизнис“ – порта кон европско усовршување 50 Шаренило до лудило... 52 Љубовта е најдобра опција 54 57 58 60 64

Кога денот започнува опуштено... Ќелавите - па? Експресија на луксузот Ferrari GTC4Lusso наследникот на FF Во стилот на Том Форд

66 Лион во магливиот превез на историјата 70 Сите бои на ентериерот... креирајте ја сопствената оаза 76 Персонален данок на доход - данок на вашите лични приходи 78 Водич за интегралните житарки... дали добро ги познаваме? Директор: Ангела Неновска Крстевска Главен и одговорен уредник: Слаѓана Тошиќ Арт директор: Анета Гацевска Графички дизајн: Горан Крстевски Сашко Соколов Фотограф: Јован Настевски – ЈоН Маркетинг директор: Анета Попова | тел: 070 344 410 anetapopova@nampress.com.mk Маркетинг асистенти: Нена Неновска Ѓорѓиевска Надица Пушкоска Стилист: Елизабета Кљусева Редакција: Силвана Јованчева Игор Ландсберг Сузана Прањиќ

Веб дизајн Маријан Петровски Тими Попов Печати: Нампрес бул. „Србија“ бр. 11, Скопје Датум на печатење: 1.3.2017 Тираж 30.000 Контакт: 389 22700 720 contact@infinitymag.mk www.infinitymag.mk Жиро-сметка: 200-0000912991-08, Стопанска банка 250-1010003997-12 Шпаркасе банка Правен застапник: Дарко Ѓорѓиевски ул. 1737 бр. 32 к3 лок. 38 Скопје 078 274 703 Издавач: Основач: Маргарита Неновска

Насловна: Ана Марија Михајловска, Фотограф: Јован ЈоН, Фризура: Студио Avangarde, Шминка: Ирена Сенокозлиоска


RSE OPTIMA

License of Federal Express Corporation

Tel. e-mail: Web:

+389 2 3 111 116 +389 2 3 137 044 macedonia@fedex.com.mk www.rseoptima.com.mk


Кошула Massimo Dutti 3790ден.

Фустан Guess

Панталони Guess

Фустан Oltre

Rochas Палто 1295$ Панталони 825$ www. avenue32. com

Паричник Parfois 1090ден. Сандали Kat Maconie 145$

Чанта House of Holland 203$

Заборавете на богатите аксесоар и... оваа сезона главен аксесоар е дезенот.

www. brandoutlet. com

www. brandoutlet. com

И тоа цветниот...

Чевли Peko

Чанта Parfois 1090ден.

Фустан Sisters Point 58$ na-kd.com

Шамија Guess

Парфем Wonder Flower, Oriflame

Сукња Zara 2590ден. Чевли Ara, Peko

4

Фустан Vilshenko Фустан 1308€ Alexis 642€

www.modaoperandi.com

Јакна Massimo Dutti 5990ден.

Сукња Mango 2490 ден.

Фустан Мarciano Guess

Фустан Attico 1326€

Панталони Gucci 1025€ www. mytheresa. com


5


Чанта Mona

Блуза Mango 1990 ден.

Кошула No 21 284€ www. farfetch. com

Џемперче Pure Collection 199$

Фустан Valentino 3279€

www. us.purecollection. com

www. mytheresa. com

Сукња Dolce&Gabbana 754€ www.farfetch.com

Кошула Massimo Dutti 3790ден.

Кармин Oriflame

Чанта Furla 303€

Чанта Mona

Сандали Aqazzura 640€

www. farfetch. com

www. farfetch.com

Обојте го расположението... еален избор во розово Ид на бојата

Кошула Balenciaga 620€

www. matchesfashion. com

што ќе ви го развесели секојдневието оваа пролет.

Обетки Parfois 290ден.

Фустан Mango 5990 ден.

Чевли Geox

Чевли United Nude 111$

www. brandoutlet. com

Часовник Parfois 1890ден.

Јакна Geox

Кошула Carven 576€

www.modaoperandi.com

Долна облека Women Secret

Парфем Boss Ma Vie Florale

Часовник Oriflame

Чанта Valentino 1415€ www.mytheresa. com

Чевли Valentino 499€

www.mytheresa.com

2

Zara Палто 4490ден. Панталони 2590 ден.


Нурнете се во природата

.

3


Блуза Zara 1990ден.

Фустан Guess

Фустан Mango 12990 ден.

Часовник DKNY My Time Чанта Red Valentino 459€

www.farfetch. com

Блуза Mango 1990 ден.

Парфем Naomi Campbell

Чевли Bata

Панталони Dolce&Gabbana 839€ www.mytheresa. com

Чанта Guess

Сукња Zara 1990ден.

Во светот на сонцето...

Блуза Zara 1290ден.

жолтата е непогреш лив избор оваа пролет

Фустан Giambattista Valli 1542€

Очила Parfois 1190ден.

www.farfetch. com

Блуза Mango

Чанта Mona

Сет накит Oriflame Сукња Rochas 585€

www.farfetch. com

Сандали United Nude 122$

www. brandoutlet.com

6

Чевли Paula Cademartori 413€

Чевли Charlotte Olympia 797€

www. matchesfashion. com

www.farfetch. com

Чанта Furla 399$

www. brandoutlet. com

Фустан Red Valentino 573€

www.farfetch. com


BREATHES

F O R YO U R W E L L B E I N G I TA LI A N PAT ENT

7


Фустан Diane von Furstenberg 173$ www. brandoutlet. com

Кошула Marco de Vincenzo 835$

Сукња Marco de Vincenzo 1035$

www.avenue32.com

Кошула Zac Posen 413€

Фустан Zac Posen 1244€

www.avenue32.com

Внесете игривост и леснотија во пролетниот стајлинг...

www. farfetch. com

со карнери

Фустан Massimo Dutti 5990ден.

www.farfetch.com

Панталони Marques Almeida 493€

Очила Parfois 890ден.

www.farfetch.com

Панталони Zara 2590ден. Блуза Mango 2490 ден.

Фустан Simone Rocha 1795€

www. mytheresa. com

Обетки Parfois 390ден. Сандали Geox Чевли Paar, Peko

Кошула Ralph Lauren 1950€

www.modaoperandi.com

Топ Johanna Ortiz 534€

Фустан Mango 1990 ден.

Кошула Massimo Dutti 2290ден.

8

www.modaoperandi.com

Фустан Ganni 339€

Фустан Mango 2990 ден.

www. mytheresa. com

Чанта Mona

Сукња Sonia Rykiel 950$

www. avenue32. com


.

9


Разиграни, лелеави, романтични...

Карнерите се повторно ин! Локација: Музеј на македонската борба Фото: Јован Јон Модел: Ана Марија Михајловска Фризура: Студио Avangarde Шминка: Ирена Сенокозлиоска

фустан: Guess 5390 ден. чанта: Guess 8990 ден. чевли: Guess 12790 ден. часовник: Michael Kors, Мy Time 17290 ден. ѓердан: Parfois 700 ден. 2


фустан: Guess 9990 ден. чанта: Guess 5690 ден. сандали: Mango 2490 ден. часовник: Michael Kors, Мy Time 17290 ден.

3


кошула: Mango 1990 ден. панталони: Guess 6790 ден. ѓердан: Michael Kors, Мy Time 10090 ден. часовник: Fosil, Мy Time 10690 ден. очила: Etnia Barcelona, Dioptra 11200 ден. 4


јакна: Desigual 7290 ден. блуза: Mango 1490ден. фармерки: Mango 2990 ден. очила: Etnia Barcelona, Dioptra 11200 ден. чевли: Ara, Peko 3590 ден. чанта: Parfois 1990 ден.

5


палто: Mango 2990 ден. блуза: Mango 1490 ден. панталони: Mango 2490 ден. чанта: Mango 1490 ден. сандали: Mango 2490 ден. ѓердан: Just Cavalli, Мy Time 7990 ден. прстен: Just Cavalli, Мy Time 5490 ден. очила: Prada, Dioptra 15000 ден. 6


палто: Mona 16290 ден. блуза: Mango 490 ден. сукња: Mona 3790 ден. сандали: Mango 1990 ден. ѓердан: Skagen, Мy Time 5290 ден. обетки: Skagen, Мy Time 3490 ден. 7


Најпозитивната

утринска „ екипа Ангела Неновска Крстевска

Марко, Елена, Гоце и Цеце или утринската екипа на „Утринска на Телма“... Секое утро од 8 до 12 часот со многубројните гости во емисијата пренесуваат многу нови информации, а со нивниот ведар дух ја пренесуваат позитивната енергија и атмосфера до сите гледачи. На 1-ви мај ова утринско шоу ќе го прослави својот прв роденден. Актери, доктори, ветеринари, астролози, пејачи, жонглери, спортисти и многу други личности од секој аспект на секојдневниот живот гостувале во „Утринска на Телма“. Сепак, неостварена желба на Марко, Елена, Гоце и Цеце е да ги видат во студиото Ед Ширан, Бруно Марс, Џорџ Клуни, Меланија Трамп, Владимир Путин, Скарлет Јохансон, Шарлиз Терон, Мадона... 24

Со најголема љубов започнавме, а така и продолжуваме... да создаваме прекрасни часови дружење за нас и за нашите пријатели пред ТВ екраните. Вистинита е мантрата што сите некогаш сме ја слушнале и потврдиле „Ако ја работиш професијата што ја сакаш, никогаш всушност и не си работел“ – ова го кажувам и потврдувам гласно. Мислам дека вистински успеавме да создадеме хармонија, прекрасна позитивна енергија, љубов. Признавам дека темите внимателно ги селектираме ... спорт, гастрономија, образование, музика, култура, здравство, но гледаме тие да не бидат презентирани сувопарно без жар, туку со добра енергија и непосредност во разговорите со нашите секојдневни соговорници. Секој еден гостин е своја интересна приказна“, вели Марко. Денес „Утринска на Телма“ е емисија што има цврсти темели, со голем број одбрани гости и соговорници кои со задоволство ја прифаќаат поканата за гостување, а гледачите секојдневно си наоѓаат теми што им се интересни. „Сè што е актуелно е секогаш интересно за публиката. Секоја тема што е поврзана со секојдневното живеење, здравствената едукација, информации од областа на сообраќајот, природата, културата, здравиот начин на живот, музиката... Сето ова, пренесено со позитивна енергија и ведрина, буди интерес кај гледачите“, вели Гоце. Четири часа секој ден... колку е тешко или лесно да се најдат соговорници и интересни теми за гледачите? „Гледаме да сме актуелни со темите, ги следиме настаните, сакаме да едуцираме, информираме и апелираме, зборуваме за социјални теми, имаме и музичари, одлични доктори, креативци што со своите раце прават чуда итн. Навистина сме имале прекрасни гости со кои сме направиле преубави интервјуа во кои публиката уживала. Во


студиото се играло и пинг понг, танго, хокеј... верувајте, нашата работа е уживање“, вели Цеце. „Според она што досега го имам забележано е дека ние водителите и нашата енергија, насмевка и желба да направиме промена во етерот е најважното што го задржува гледачот покрај ТВ приемникот. Од друга страна, секогаш внимателно одбраните и актуелни гости, како и одличните содржини се тоа што ве тера да продолжите да нè гледате. Сè на сè, „Утринска на Телма“ е еден одличен пакет кој направи промена и револуција во етерот“, вели Елена. Што е она што ви дава позитивна енергија која ја внесувате во целата емисија, а можат да ја забележат и гледачите преку ТВ екраните? „Ние сме семејство. Создаваме сè заедно, пред и зад камерите, имаме многу часови поминати заедно и крајниот производ е таа убава енергија. Со оглед дека секое утро подготовките ни започнуваат со музика, и знаеме дека нашите луѓе, нашата прекрасна публика и поддржувачи се точно во 8 часот со своето кафе и појадок пред ТВ екраните, тоа ни е доволно“, вели Марко.

Цеце вели дека ѝ е особено драго што гледачите многу брзо ја препознале нивната енергија и мисија. „Особено нè радуваат коментарите што често ги добиваме, во кои дел од нашата публика вели дека ги засакала понеделниците заради нас. Токму тоа и сакавме да го постигнеме.“ „Со самиот факт што сме една одлична екипа водители кои комплетно се поддржуваат, разговараат, пеат и се смеат додека ги подготвуваат темите и гостите, нормално е да произлезе добар производ и убава атмосфера. Тајната е можеби во тоа што функционираме како еден, во тоа што вистински ја сакаме оваа професија, во тоа што секогаш сме тука еден за друг и секогаш го имаме заедничкото мото, а тоа е дека заедно сме посилни и дека секогаш го нудиме најдоброто и најактуелното кај нас и во нашето окружување. Мотивира и фактот што сè повеќе гости и пријатели сами нè бараат за да гостуваат не само во најдобрата утринска програма туку и во најдобрата емисија воопшто во македонскиот етер. Тоа, секако, ни дава поттик за понатамошно уште поголемо залагање и уште подобро осмислување на содржинитe“, вели Елена. Според Гоце, позитивната енергија или ја имаш или ја немаш. „Кога ја имаш, убаво е да ја споделиш и ние тоа

го правиме. Треба да се обидеме секогаш и во што било да ги гледаме позитивните страни во нештата и општо во животот. Секогаш и секој може да најде мана за нешто, но тоа внесува само лоши мисли и нерасположение. А кога се гледаат убавите страни во нештата, па колку и да се мали, е тогаш ќе има и позитивна енергија.“ Се дружите ли зад камерите? „Дружење има во изобилство. Сите толку нè навикнаа, постојано ни даваат и псевдоними, но најпознати сме како „Највеселата утринска четворка“. Јадење, концерти, кино, театар, фестивали... многу време поминуваме заедно. Инаку надвор од работата се препуштам на наједноставните задоволства што ми го создаваат совршениот живот. Моето семејство, внуките, мојот ретривер, моите пријатели, велосипедот, планините, авантурите, патувањата...“ Која е Цеце приватно? „Веднаш да кажам дека јас не сум „утрински човек“ и кога не сум на работа сакам да си поспијам. Приватно не сум нешто поинаква од тоа што сум на ТВ, сакам да возам

велосипед, ја сакам природата, сакам дружење со пријателите, седење во парк, убава музика... Инаку да, ние сме пред сè колеги бидејќи работата нè спои, но се сакаме, почитуваме и дружиме многу често.“ Кој е Гоце зад камерите? „Уживам кога сум во природа било да е некое туристичко место или градскиот парк во Скопје, лете возам велосипед, често одам во театар или на кино, малку сум и гурман, сакам убаво подготвена риба, наоѓам и време за убава книга пред спиење. Ме интересира домот, потоа културно-историските места што сакам да ги посетам, сакам да се дружам со пријателите, ме интересираат велосипедите, рок музиката.“ А Елена кога не е во студио? „Елена е мајка на најпрекрасното момче Дион, Елена е сопруга, Елена е жена која сака да се дружи со своите пријатели, да посети убава претстава или филм, да вежба, да разговара на убави теми итн... Јас сум инаку дипломиран професор по биологија и отсекогаш ми била убава професорската работа, но исто така го сакам и радиото (работев во Клуб ФМ, Сити радио и Стрит ФМ).“

25



Така е тоа во

светот на жените Надица Пушкоска

zz Научно е докажано дека жените се поиздржливи од маиднината. Затоа и многу потешко се опуштаат бидејќи жите. Повеќе можат да издржат болка, физичка и емомозокот им работи 24 часа на ден. тивна, посилно се справуваат со непријатните и тешки zz 70% од жените би сакале да постојат контрацептивни животни ситуации и потешко се откажуваат од мажот. таблетки за мажи за да можат самите да ги исфрлат од употреба, со оглед на негативните хормонални промени Иако жените важат за понежен пол, сепак, фактите го што настануваат од нивното редовно конзумирање. докажуваат спротивното. zz Жените повеќе (понекогаш малку zz Кога би се собрало, излегува дека претерано) се грижат за својот изжените имаат менструален циклус Секоја жена е приказна за себе, глед и повеќе од мажите вложуваат 5 години од животот. но сепак сите жени имаат нешто zz во третмани за разубавување. Непобитен факт е дека женаzz 55% од жените имаат темни влак- заедничко: жената е најсилното, та може да биде добра сопруга, ненца околу брадавиците и се чувмајка, професионално успешна, а сепак најкревкото нешто на ствуваат непријатно поради тоа добра домаќинка и совршена светот. Таа умее да биде толку и затоа се одлучуваат за ласерско пријателка, без притоа да се пожаотстранување. ли за тежината на обврските. За силна, а истовремено толку zz Жените, за разлика од мажите, разлика од мажите кои веднаш би нежна. Има моќ со леснотија би направиле големи промени на се пожалиле. да ги менува нештата околу своето тело само поради саканаzz Во чантите на жените многу чессебе и покрај тоа што врз себе та личност. Изгледот за нив претто може да се најдат и непотребни ставува едно од најважните нешта, работи. Тоа е поради убедувањето носи голем товар. Во светот на па затоа пристапуваат кон драстич- можеби ќе затреба. жените владее сосем поинакво zz ни промени - зголемување на граНа сите жени им е важно да изглецарство од она на мажите, дите, усните, надградби и слично. даат убаво и привлечно. Тоа е дел zz 30% од жените воопшто немаат од кодот на жената. Комплиментиправилата се разликуваат ПМС. Другите се соочуваат со мноте на сите жени им се добредојдеречиси драстично, а сето гу нагли промени во телото кои кај ни, но не сите се опседнати со тоа. тоа затоа што така сакала нив се манифестираат со нервоза, zz 55% од мажите би се одлучиле за зголемен апетит, а кај некои и со паметна жена, а останатите би се природата. Така на пример... депресија. одлучиле само за добар изглед. zz Некои истражувања покажале дека 10% (можеби и поzz Анкетирањата покажале дека 44% од жените можат да веќе) од жените не се чувствуваат среќно и задоволно имаат пријател од спротивниот пол без да ја преминат веднаш по породувањето и длабоко во себе ги одбиваат црвената линија, за разлика од мажите што само 10% би своите деца. Тоа е така заради бројните промени што наго направиле тоа. стануваат во телото. zz 60% од жените не се одлучуваат на брак заради несериzz Народните тврдења дека жените во бременоста се разозноста на мажите, за разлика од нив, кои се плашат од убавуваат се испоставиле како точни. Без оглед на тоа одлуката за голема промена. дали жената во својата утроба носи машки или женски плод, нејзиното лице повеќе сјае заради побрзата цирЖената е олицетворение на убавина, на хракулација на крвта. брост, на смел чекор, на насмевка. Со сила се zz 40% од жените можат да издржат повеќе алкохол од маизборила за своето право, за својот глас, за рамжите. Тоа не се должи на редовното конзумирање, туку ноправноста. Затоа нејзината величественост на издржливоста на организмот. мора да се почитува - во спротивно, се кршат коzz Жените размислуваат 65% повеќе од мажите за минатото, за емотивните промени, за тоа како би изгледала дексите на доброто однесување. 27


Неговото доаѓање на позицијата уметнички раководител на Операта при Македонската опера и балет, како дел од младиот, амбициозен и креативен тим кој ја предводи оваа национална институција, донесе ново, свежо ветре, како во неа, уште повеќе на нејзината сцена, што резултираше и со забележително зголемен интерес кај публиката за она што е дел од атрактивната програма.

Со „популаризација“ на уметничката музика, против музичкиот шунд

С. Прањиќ

В

онредниот професор м-р Сони Петровски и како композитор, но и со останатите ангажмани (професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ) оставил автентичен печат во својата дејност. Свој потпис има ставено на над 130 оригинални композиции, меѓу кои и две музичко-сценски дела - балетот „Паралели“ и операта „Леандер и Косара“, музика за рускиот филм „Хармс“, албумот „Божилак“ на Тоше Проески, како и обработки во речиси сите жанрови и стилови, а за неговиот творечки опус се вели дека манифестира традиционален пристап кон музиката, со што ја доближува до широката музичка јавност. Она што познавачите на музичката уметност го издвојуваат како негова специфика се покрупните форми и употребата на некои веќе подзаборавени техники. Македонската опера и балет кон крајот на минатата година доби ново гледалиште, но и најава за богата програма за претстојната сезона, со концерти, премиери и неколку вистински спектакли. По што се водевте кога ја креиравте атрактивната програма, постои ли рецепт за успешно враќање на посетителите во МОБ, а со тоа и поинакво доживување на операта и балетот од нивна страна?

28

„Македонската опера и балет, како национална установа, по својата природа треба да биде врвот на музичката, сценската и музичко-сценската уметност. А како единствена во државата таа треба да е во функција на целата редовна публика на оперската и балетската музика, но и на сите потенцијална консументи на уметничката музика во сите свои форми. Токму тоа е основниот концепт на раководството на МОБ, бидејќи куќата ги има сите капацитети за ваква дејност.“


Оперски и балетски претстави за деца, оперите „Евгениј Онегин“, „Дон Џовани“, „Севилскиот бербер“, настапите на првенците Борис Трајанов и Благој Нацовски, но и атрактивни уметници од странство, прошталниот концерт на „Леб и сол“, Кастинг талент шоу кој треба да финишира со најавениот мјузикл „Тајно моја“, балетскиот спектакл „Клеопатра“ се само дел од содржините што придонесоа за задоволна публика и највисоки оценки. Кои се програмските адути што ќе ја одбележат оваа година? „Како минатата, и оваа година МОБ работи на бројни премиерни проекти: премиери на оперите „Палјачи“, „Кавалерија Рустикана“, „Травијата“, камерната опера „Меѓу соништа и летови“ од Горан НачевСо Игор и Ана Дурловски ски, детските претстави „Пипи долгиот чорап“, „Операта на шумските животни“, за Ана и Игор Дурловски, музиката за рускиот филм „Хар„Пролетна приказна“, оф-операта „Мастерклас со Марија Калас“, балетотот „Вечер на Бурнонвил“... Она што би измс“. Во моментот сум еден од авторите што работат на двоил е мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проемузиката за мјузиклот „Тајно моја“, како и на уште еден ски, за кој веруваме дека ќе биде еден од најпосетуваните крупен циклус за интересен проект, кој ќе биде промовипроекти во МОБ. Да не ги заборавиме „Мајските оперски ран оваа година.“ вечери“, на кои публиката ќе има можност да проследи Дипломиравте и магистриравте на одделот по компобројни гостувања на странски оперски и балетски куќи од зиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, регионот и подалеку.“ но продолживте да се усовршувате кај еминентни комСпоред вас, колку на овој начин ќе успееме да се избопозитори со светско реноме. Ваше лично мислење - кој е соодносот на талентот и усовршувањето за успех во риме со музичкиот шунд, што нѐ има преплавено од теоваа професија и како гласи „златниот совет“ за вашилевизиските канали до угостителските објекти? „Ова е единствениот начин да се бориме за сопствен те студенти? простор на медиумите и во концертните сали. Многуми„Соодност меѓу талентот и владеење со занаетот нема значително влијание на успехот. Неминовно е да се пона реагираат на концептот на „популаризација“ на уметничката музика, но мое лично убедување е дека само со седува едно од нив, но што повеќе ги има и двете, толку агресивна кампања и одредени комерцијални „отстапки“ поголем е успехот. Мојот совет би бил да се стремат да во програмата ќе успееме, пред сѐ, да им ги доближиме, а изградат сопствен творечки пат. Да експериментираат, потоа и да ѝ сервираме квалитетни музички производи на да истражуваат во непознати музички води, да излезат од публиката. Полните сали на МОБ и енормно зголемената нивната „безбедна зона“.“ продажба на билетите во изминатата година се потврда Во два мандата, од 2012 година сте претседател на дека програмската понуда на куќата е интересна за пубСОКОМ. На што сте особено горди од овој ваш период ликата.“ на раководење со Сојузот на композитори? „И во тој период, но и сѐ уште како активен претседаВашите музички дела се изведувани во над 30 држави, тел на СОКОМ, горд сум што како организација успеавме некои од нив и наградувани (на пример симфониската заеднички како фела не само да ги зачуваме сите вредносуита „Зодијак“), а добар дел издадени на носачи на звук. Од оваа гледна точка, кои емотивно најмногу ве сти што сме ги наследиле од претходните генерации мадопираат, а што ви буди покедонски композитори, туку и во одредени сегменти да го надградиме сето тоа. Денес авторот има одлични услови себна инспирација за некое за творење и изведба на неговите творби.“ следно дело, секако согласно времето што го имате за Ќе ве навратам уште малку назад - како основач и уметсоздавање музика? нички раководител на Ансамблот за современа музика „Создавањето музика е „Алеа“, преку бројни настапи во државата и надвор од неминовна дејност во мојот неа, ја промовиравте современата македонска и светска живот, без разлика на сите музика. Што се случува последниве години со „Алеа“? останати ангажмани. По„Благодарение на тој проект имав можност да запознастојано се обидувам да најдам ам стотици композиции. „Алеа“ беше резултат на студентмалку време за создавање ски иницијативи со колегите, а денес заедно со дел од нив нови композиции, најчесто го правиме истото со ансамблот „КонТемпора“, кој работи инспириран од уметници или во рамките на СОКОМ, и кој во период од 2 години успеа по нарачка на институции. Би да донесе во живот десетици нови композиции.“ можел да ги издвојам оние што сум ги напишал во измиИ, за крај, иако сè уште малечки, кој покажува повеќе натиот период, како „Пијан афинитети кон музиката – ќеркичката или синчето? танец-Пајдушко“, по нарачка „Благодарение на сопругата Симона, кај нас дома пона Македонската филхармостојано се пее и постојано се танцува на музика. И Сара и нија, кое навистина често се Јован се редовни посетители на сите детски претстави во изведува од повеќе оркестри МОБ, будно го следеа Кастинг талент шоуто, а особено се во државата и во странство, воодушевуваат на детското хорче „Фалсето“.“ циклусот „Песни од срцата“ Со сопругата Симона

29


козметика

Тие кажуваат и откриваат многу за вас... Не постои жена што не мечтае по, секогаш и во секое време, средени, негувани и цврсти нокти. Иако со нашиот начин на живот и секојдневното толкување 4-5 улоги (мајка, домаќинка, сопруга, деловна жена), што ни одзема многу време и не ни останува ни половина час да си се посветиме себеси и на сопственото разубавување, сепак негата на ноктите е една од задолжителните. Се вбројува дури и во секојдневната основна нега, бидејќи, нели, рацете многу кажуваат за нас. Пред сè ни ги покажуваат годините, праќаат порака колку се грижиме за себе, колку ни е важен впечатокот што го оставаме на околината и, секако, нè прават посамоуверени. 30

негувани нокти П

укањето на ноктите, белите дамки и габичките се само дел од проблемите што ги мачат ноктите, а вам ви го нарушуваат комплетниот негуван изглед. Многу жени во ваков случај решението го гледаат во надградба на ноктите, но тоа, верувајте, не е решение за проблемот. Најдобро е да го решите самата, постепено. Со правилна нега и исхрана!

Проблеми и решенија

Познато е дека убавината доаѓа однатре. Затоа исхраната е темел на здравите и убави нокти. Откријте што е предизвикувач на проблемите на вашите нокти и како да ги решите... Проблем: суви нокти Причина: недостаток на витамин А Решение: внесувајте повеќе моркови, сладок компир, кељ, тиква, диња, манго и праски


Проблем: меки и кршливи нокти со вертикални и паралелни бели линии Причина: недостаток на витамин АиБ Решение: редовно конзумирајте интегрални житарки, моркови, сладок компир, јаткасто овошје, зелен лисест зеленчук, авокадо и сирење

Проблем: листење на ноктите Причина: недостаток на хлороводородна киселина Решение: секое утро на гладен стомак пијте чаша топла вода со сок од половина лимон Проблем: заноктици Причина: недостаток на есенцијални масни киселини Решение: овие киселини ги добиваме преку сончогледовото масло, бадемовото масло, масло од пченични никулци, масло од пченкарни никулци и од рицинусово масло. Секој ден мачкајте ги ноктите со чист витамин Е или со гел од алое вера Проблем: жолти нокти Причина: прекумерно лакирање, пушење или заболување на црниот дроб Решение: повремено подгответе купка за ноктите од млеко и лимонов сок и намачкајте ги со рицинусово масло. Лимонот ги избелува ноктите, а рицинусовото масло е богато со витамин Е и ги омекнува заноктиците и го поттикнува растот и јакнењето на ноктите. Ако ноктите сепак не ви побелуваат, и покрај тоа што не ги лакирате и не пушите, добро би било да се консултирате со лекар

Проблем: кршливи и искривени нокти Причина: габички Решение: смалете го внесот на јаглехидрати, а за сметка на тоа повеќе внесувајте пробиотски јогурт и лук. Неколкупати дневно мачкајте ги ноктите со масло за нега на ноктите Проблем: недостаток на полумесечината на сите нокти Причина: недостаток на протеини или пореметување на метаболизмот Решение: зголемете го внесот на храна богата со протеини, а ако се сомневате на пореметување на метаболизмот, задолжително закажете преглед кај матичниот лекар

Како да го забрзате растот на ноктите

Проблем: бели дамки Причина: недостаток на цинк и хлороводородна киселина или проблеми со штитната жлезда Решение: зачестете го внесот на интегрални житарки и мешунки, соја, јаткасто овошје, тиква, семки. Ако се сомневате на проблем со штитната жлезда, задолжително посетете лекар

Екстремните диети, студот и недостатокот на протеини негативно влијаат на растот и изгледот на ноктите. Затоа, внимавајте преку секојдневната исхрана да внесувате доволно протеини и минерали кои учествуваат во градбата на ноктите: железо, сулфур, силициум, цинк, есенцијални масни киселини и витамините Д, Е и А. Задолжително зголемете го внесот на калциум. Витаминот Д е потребен за раст и цврстина на ноктите. Најдобар начин да го наполните телото со овој витамин е редовно да се изложувате на сонце. Витаминот Ц го поттикнува производството на колаген, ја прави кожата поубава и поцврста и го поттикнува растот на ноктите. Најмногу е застапен во лимонот, дињата, пиперките, портокалите, јаготките, кивито и карфиолот. Ако мислите дека вашата исхрана не содржи доволно нутритиенти, додајте во секојдневната исхрана квалитетни мултивитамини. И не заборавајте да ја поттикнете циркулацијата во рацете и прстите. Докажано е дека работата со рацете и прстите, како свирење, шиење или гимнастика го поттикнува растот на ноктите.

Проблем: бели линии Причина: недостаток на протеини Решение: зголемете го внесот на продукти богати со протеини (јајца, млеко и млечни производи, месо и риба, и мешунки) Проблем: бледи, тенки, напукнати, избраздени, кршливи нокти Причина: недостаток на железо Решение: зголемете го внесот на зелен зеленчук, интегрални житарки, грав, соја, тиква, авокадо, праски и круши 31


Здраво лакирање Лакирањето докажано негативно дејствува на здравјето на ноктите, но тешко можеме да се откажеме од него. Еве неколку совети за „поздраво лакирање“: - повремено направате пауза од лакирањето; - избегнувајте отстранувач на лакот што содржи ацетон бидејќи ацетонот ги исушува и уништува ноктите; - купувајте 3 free лакови што не ги содржат озлогласените толуен, формалдехид и дибутил фталат (DBP) Толуенот е растворувач што се додава во лаковите за да се нанесуваат полесно. Високите дози толуен може да резултираат со лоши когнитивни тестови, иритации на очите и на горните дишни патшта. Долготрајното вдишување големи количини толуен може да доведе до деменција и оштетување на мозокот. Формалдехидот служи за полиран изглед на ноктите и им дава цврстина. Тој е еден од главните алергени и предизвикувач на дерматитис. DBP ја продолжува трајноста на лакот на ноктите. Истражувањата покажуваат дека негативно влијае на штитната жлезда и може да го оневозможи нормалниот развој на мозокот. Исто така лошо влијае на функцијата на црниот дроб и на метаболизмот. Истражувањата спроведени во Кореја покажале дека децата чии мајки биле повеќе изложени на фталати имаат помал IQ.

Нега на рацете Цврстите и убави нокти секако поубаво изгледаат на негувани раце. Негувајте ги редовно своите раце. Заштитувајте ги од преголем студ и жештина, детергенти, киселини и други хемиски соединенија. Кога чистите задолжително ставајте ракавици. Ако кожата често ја изложувате на штетни состојки, тогаш редовно подготвувајте им купка од маслиново масло и лимон – така кожата ќе стане поотпорна. Ако имате премногу суви и чувствителни раце, пред спиење намачкајте ги со маслиново масло и навлечете памучни ракавици за да дејствува маслото во текот на ноќта.

32


козметика 1. Течна пудра: Natural Fix No 02. 2. Камена пудра: контурирајте го лицето со бронзер Air Touch Bronzer No 6. 3. Сенка за очи: Со сенка за очи Professional Eye Color No 277 исцртајте линија на долниот капак, истакнувајќи го надворешниот агол на окото. Со истата сенка, исцртајте линија под лакот на веѓата до внатрешнот агол на окото. Потоа ставете Diamond Effect Shadow No 05 на средишниот дел од очниот капак, сѐ до внатрешниот агол на окото. 4. Молив за очи: во внатрешноста на окото нанесете молив Softline Smoky Eye Pencil No 30. Со истиот молив, исцртајте танка лиија на очниот капак, закосувајќи ја нагоре. 5. Маскара: Magna Lash No 02. 6. Молив за веѓи: Powdery Brow Definer No 35. 7. Руменило: Blush Color No 119. 8. Кармин: нова нијанса мат кармин - Matt Lasting Color No 34

① ②

Егзотиката и раскошот на

ориенталната убавина Прекрасен изглед кој го потенцира ориенталниот шарм - силна шминка на очите, со истакнати, убаво дефинирани веѓи и драматични усни.

⑤ ④

33


Нешто ново... за неа

Пролетта на животот И во буквална смисла на зборот и метафорично - луксузот и овој пат не изостанува, како секогаш. Без оглед на цената на чинењето, доволна е само една силна внатрешна инспирација и... невозможното ќе стане возможно.

1

Etro - Принтшамија од волна

Шамијата е иде­ална за пролет­ ва, без оглед на неј­зиниот состав - 59% волна, 29% кашмир и 12% свила. Имено, комбинацијата на волна, кашмир и свила во споменатиот сооднос е гаранција за квалитет и долготрајност ако се чува и одржува според упатството. Шамијата ќе ѝ прилега на секоја дама што држи до себе, внимава на својот изглед, која се облекува шик. Поголемиот дел од шамијата е кремаста, дезен што не излегува од мода тукутака. Принт-шамијата чини 518 евра.

2

„Хипнотизирачки“ очила за сонце

Аксесоарите на италијанската модна куќа се поврзани со колекциите облека, во смисла на дезени, шари..., правејќи целина. Таканаречените хипнотизирачки очила за сонце ѝ припаѓаат на новата ретро линија во футуристички стил. Поради аглите, украсени со брановидни ленти во црно-сина (тиркизна) боја, имаат мачкина форма, независно од тркалезните рамки, кои се метални, а темните градиент леќи имаат 100-процентна заштита од ултравиолетни зраци. Нивната цена е 448 евра.

3

Dolce & Gabbana Златна триплет белезица со висечки украси

Всушност, станува збор за ме­сингова белезица во златна боја, во три реда, поврзани ме­ѓусебно, од каде што висат неколку различни украси, како на пр., емајлирани цветови, бакарни (златни) потковици, филигрански паричиња и, се разбира, кристали во жолта, зелена, сина, црвена боја. Привлекува со едноставноста. Затоа и може да се комбинира со шарени здолништа, но и на поинаков начин, со еднобојни парчиња облека. Големината е стандардна. И нејзината цена изнесува 518 евра.

34

Fendi -


4

Rаlph & Russo - Чантичка од алигатор со рачка во форма на пердув

Инспирацијата на британската модна куќа за чантичката со димензии 15×12,5×5,2 см е од балетот Лебедово езеро на П. И. Чајковски, која се карактеризира со елеганција и софистицираност. Изработката е врвна, и на торбичката и на златестата рачка (малку заоблена), во форма на пердув, и на синџирот, за да се носи на рамо. Има магнетно закопчување, а производството е во Франција иако седиштето на Ralph & Russo се наоѓа во Лондон. Чантичката од алигатор чини 6.927 евра.

Missoni Home - Табуретка со цветен дезен

Roja Parfums - Парфемот Britannia

5

Лондонска парфимерија што е синоним на луксузот, чиј основач е Roja Dove, неодамна го лансираше парфемот Britannia, во 100 милилитарско шишенце. Впечатливата комбинација на каранфилче и цимет ја нагласува топлината на ветиверот, пачулито и сандалот, мекоста (сензуалноста) на амберот, ванилата, модифицираниот ирис, какаото, мошусот, букетот од виоли, јасмин, магнолии, мимози, рози, хелиотроп, све­жината на бергамотот, мандарината, цитронот... Парфемот чини 1.065 евра.

6

Тапацираното столче е во јапонски стил. За него велат дека е и типично женско, кое ќе го разубави станбениот простор, ќе му даде свежина, ведрина, поради цветниот дезен. Всушност, цветовите во различни бои се испечатени на црна заднина од полиестер. Табуретката е тркалезна, со дијаметар 80 см и висина 35 см. Горниот дел (капакот) може да се извади, а внатрешноста да се искористи за чување разни предмети. Важи за една од полуксузните на Missoni Home. Нејзината цена изнесува 757 евра.

Laura Mercier - „Креденче“ со фиоки и дванаесет козметички средства

7

Француската мејкап артистка ја одбележа дваесетгодишнината од нејзината работа, пуштајќи ја во продажба лимитирачката едиција „креденчиња“ со дванаесет фиоки и исто толку производи. Меѓу нив има четка, сјај, руменило, пудра, моливчиња за очи, за усни, маскара... Освен за професионалци, козметичките средства на Laura Mercier се наменети и за обичните жени што внимаваат на својот изглед, шминката, вклучувајќи го и квалитетот. Неговата цена е 157 евра.

35


врски +

ешки р г и м е л о јг а н Двете от к а р б о в е м и в а што ги пр Дури

и најсилните жени што секогаш внимаваат на себе и стојат на она што го зборуваат често прават грешки во љубовта. А следниве две грешки се најчестите, и речиси нема жена што не ги направила барем еднаш...

1. Преминувате преку неговите престапи што ве прават несреќна

Ако

проблемот не може да се реши, а вие сте и понатаму несреќна, тогаш најдобро е да ја прекинете врската отколку да останете во неа. Некои постапки едноставно не можат да се простат.

Постојат

парови што можат да преминат преку навреда или неверство и повторно да ја стекнат меѓусебната доверба, но тоа се случува само кога оној што е виновен за престапот искрено жали за својата постапка и го менува своето однесување на подобро. Без тоа нема простување и доверба. Ако на партнерот му објасните што ве повредило длабоко, а тој продолжува така да се однесува и понатаму, преминувањето преку тоа нема да ве направи посреќна. Психолозите предупредуваат дека игнорирањето на проблемот долгорочно ѝ штети на врската или бракот и понекогаш е подобро убаво да се скарате отколку да премолчите и да продолжите да бидете несреќна.

2. Ги запоставувате своите потреби за сметка на неговите

За

да воспоставите здрав однос, не само љубовен туку и пријателски, морате да си бидете самата себеси на прво место. Жените често имаат потреба максимално да му удоволуваат на партнерот во сите аспекти на заедничкиот живот и притоа забораваат на сопствените потреби.

Секогаш

се прилагодувате на неговиот распоред, го готвите само она што тој го сака, во најинтимните мигови важно ви е тој да биде задоволен, а вие доброволно ја толкувате споредната улога. Сите овие се ситуации во кои не мислите на себе, а би требале. Запомнете: темелот на секоја врска е компромисот и еднаквоста, а вие сте подеднакво важна како и вашиот партнер.

Ова ве спречув вистинската љ а да ја пронајдете убов ...Чекајќи подобра можност

Дури

и ако имате некого, ви се чини дека тоа не е тоа и дека можете подобро. Желбата за напредок е природна, но понекогаш толку многу се подготвуваме за нешто подобро па воопшто не го гледаме она доброто што го имаме крај себе.

...Не откажувајте се од стандардите

Некои „Љубовта

не треба да се бара, таа доаѓа кога најмалку се надевате“ – ова е една изрека која може да ви го уништи љубовниот живот. А ако се препознавате и во следниве неколку тврдења, време е да го смените аголот на гледање на работите...

...Мислата дека љубовта ќе ве пронајде вас

Сите

заслужуваме да бидеме сакани, но ако мислите дека треба само да седите и да чекате љубовта да ви чукне на врата, тогаш ќе се изначекате. Љубовта понекогаш се наоѓа зад аголот, но сепак ќе треба да ѕирнете таму за да ја видите.

36

работи може да ги побарате, но од некои ќе морате да се откажете. Ако имате листа на „желби“ (квалитети што некој мора да ги поседува) и никогаш не го коригирате тој список, ќе останете сама – со списокот.

...Во исчекување некој друг да ве усреќи

Наместо

да си се посветите себеси и да научите да бидете среќна додека сте сама, вие времето го минувате чекајќи некој да ве спаси. Дури и ако се појави некој, набрзо ќе се разочарате затоа што вие и понатаму нема да бидете среќна.

Запознајте

се себеси за да откриете што навистина сакате и што ви одговара, бидејќи никој не е совршен.


4 нешта што се маж ги очекув кој вистински а од својата са кана

За

секоја врска најважен е односот што го имате со партнерот. Немојте секогаш да мислите само на себе и да забележувате секојпат кога ќе згреши, туку размислете и што тој очекува од вас. Бидејќи не се само вашите очекувања оние што треба да се исполнат. Секој вистински маж ги посакува следниве работи од неговата сакана:

Да биде ваш херој

Секој

маж има потреба да се почувствува како заштитник на својата поубава половина. Ќе направи сè што треба за вас за да ви угоди и на тој начин да создаде херојско чувство. Сака да знаете дека за сè можете да сметате на него, дека ќе му се обратите секојпат кога ви е потребна помош и дека тој ќе биде оној што ќе ве извлече од секоја непријатна ситуација. За возврат сака и вие да го доживувате на тој начин. Поточно, да му се восхитувате.

Да го прифатите а не да го менувате

Тој

не сака да му префрлувате, не сака да го менувате. Едноставно сака да го прифатите онаков каков што е и како таков да го сакате. Тогаш ќе биде најопуштен со вас и ќе може за сè да зборува со вас. Сака да се чувствува сакано без оглед на своите несовршености.

Да имате свои обврски

Вистинскиот

маж не сака крај себе жена која буквално ќе му биде потчинета. Мажите имаат разбирање за обврските на својата партнерка и сакаат таа да биде таква, но да не ги запостави. Едноставно, сакаат жена што размислува со сопствената глава.

Да ги делите со него своите чувства

Ако

мислевте дека мажите не ги интересираат чувствата на жените, тогаш се лажете. Разговарајте со него, не дозволувајте самиот да погодува што ви се случува и што ви се вртка низ главата, бидејќи лесно може да се случи да донесе погрешни заклучоци. Експертите тврдат дека секојпат кога нешто му премолчувате, ставате една цигла меѓу вас, особено тогаш кога не му кажувате како се чувствувате, а тоа се одразува на вашата врска.

Дали е тој ви следните дв стинскиот... ќе ви го дадае прашања т одговорот

1 2

Колку сте среќна во врската во која се наоѓате и колку би биле среќна ако не сте со него? Што мислите, како би одговорил вашиот партнер на овие прашања?

А еве

Без

многу филозофија и претерано размислување, две прашања ќе ви откријат дали тој е навистина вистинскиот за вас...

зошто овие две прашања можат да ви дадат одговор за иднината на вашата врска: првото прашање ќе ви даде одговор колку сте всушност (не)среќна со него. А второто прашање ќе ви открие колку добро го познавате својот партнер и колку водите сметка дали и нему му е удобно во врската колку и вам.

Прашањата

Научниците

што никогаш нема да престанеме да си ги поставуваме се: Дали сум со вистинскиот човек за мене? Дали треба да ја раскинам врската? Дали постапувам правилно? Благодарение на истражувачите од Америка постои полесен начин да откриеме дали личноста со која сме во врска е токму оној вистинскиот... или треба да продолжиме со потрагата.

А само

две прашања можат да ви помогнат да дознаете дали човекот крај вас е навистина вреден за трудот што го вложувате во вашата врска. Одговорете искрено:

ги поставиле овие две прашања во склоп на едно истражување во 1980 година во кое учество земале 4242 двојки од разни краишта на светот, и истите прашања им ги поставувале и во следните 6 години со цел да се уверат во ефикасноста на овој метод. Верувале или не, но дури 41% од испитаниците одговориле точно на второто прашање, поточно знаеле како се чувствува и нивниот партнер. Тоа значи, дека е многу важно што размислува партнерот за врската и дека не е лошо да се поработи на тоа. Секако, на второто прашање можете да дадете одговор само ако искрено си признаете себеси дека сте во навистина среќна врска.

37


мама+тато = јас

Не дозволувајте вашето дете да се отуѓи Д

Живееме во такво време кога родителите често се прашуваат „Како да се поврзам со моето дете?“ Се чини дека технологијата, без оглед на тоа колку добри страни има, нè отуѓи. И нас возрасните како единки, но најстрашно, и најблиските, особено родителите и децата. Секој родител сака да има близок однос со своето дете, да биде присутен во неговиот живот и мисли, повеќе од сè останато. И тоа може да го направи, но пред сè мора да ги разбере неговите емоции. 38

етскиот свет е едно посебно и волшебно место. Во него има место за многу љубов, за игри и радости, но недостаток му е што е лесно ранлив, па дури и кршлив. Некогаш дури и незабележливо свесно излегуваме од нивниот свет, а притоа не сме свесни како го правиме тоа. За детето отуѓувањето од родителите може да биде и голема траума, можеби не во миговите кога тоа се случува, но од потсвеста испливува нешто подоцна. Затоа, не дозволувајте да се оддалечите од своето дете. Зашто вие сте му најпотребни додека расте и се гради како личност. А ова се наједноставните и основни начини како да изградите емотивна врска со своето најмило...


1

Заинтересирајте се за она што го интересира вашето дете

Тоа е нешто најдобро што можете да го направите за вашето дете. Разбирливо, постои јаз во годините, па затоа понекогаш е тешко да се разберат некои работи што ги интересираат децата. Но пожелно е да се потрудите и самите да научите нешто од своето најмило, без оглед колку и да ви изгледа чудно тоа. Најдобро е да го прашувате и потпрашувате, самото да ви објаснува и да разврзете разговор за тоа. Тоа е еден од патиштата што водат до неговото срце. Најважно е детето да почувствува дека се интересирате за неговото хоби, за работите што сака да ги прави, па дури и за игричките што ги игра.

2

На лутината не одговарајте со лутина

Лутината е нормална емоција. Многу е важно децата слободно да ги искажуваат своите чувства. Ако не им дозволувате да се испразнат кога се лути, само им правите лошо. Не казнувајте ги бидејќи на тој начин ќе ги потиснуваат своите чувства, а тоа ќе доведе до дополнителни проблеми. Секој од нас има потреба да си ги искаже чувствата, без оглед какви и да се. Кога вашето дете е налутено, не лутете му се и вие нему, туку укажете му на вистинскиот начин како да се избори со своите емоции.

3

Запомнете: секое дете е поинакво

Разликите меѓу децата во искажувањето на нивните чувства не се нешто што би можело да се смета за необично. Некои деца се почувствителни, додека други

се позатворени и потешко ги искажуваат емоциите. Децата учат како да ги искажуваат своите чувства на разни начини, и тоа најчесто учат од врсниците. Вашето окружување влијае на емоционалниот развој на детето онолку колку што влијаете и вие самите. Потрудете се да ги прифатите овие разлики и оставете го детето да ги искажува чувствата онака како што тоа сака, но притоа укажете му и на другите начини на кои би можело да го стори тоа.

4

Не разгалувајте го

Родителите многу често ги разгалуваат своите деца во текот на нивното растење. Во ред е да му попуштите на детето за некои работи, но да му дозволите сè да прави како што ќе посака, тоа воопшто не е во ред. Обидете се да најдете баланс во сè, не давајте му во секој миг сè што ќе посака. Научете го да разликува она што смее од она што не смее и покажете му ја границата. И најважно, бидете трпеливи и упорни во ова.

5

Бидете им модел

„Прави како што ќе ти кажам, а не како што правам јас“ е многу лош принцип. Децата учат набљудувајќи ги родителите. Родителите им се модел како треба да се однесуваат. Не зборувајте му на детето да не јаде многу слатки, а вие пред него да јадете полна чинија колачи. Тоа е најлошиот чекор што можете да го направите. Секако, и родителите се човечки суштества, и тие грешат. Но трудете се да правите што помалку грешки. Кога ќе му ветите нешто на вашето најмило дека ќе направите, навистина направете го тоа. Така и самото ќе научи кога ќе порасне да ги исполнува ветувањата што кажало дека ќе ги исполни.

39


Надица Пушкоска

НИЕ ГИ СОЗДАВАМЕ НАСМЕВКИТЕ

Децата се нашето богатство, децата се причина за радост. Секој нов живот означува и мотив плус во животот на секој човек, но и откривање еден поинаков начин на доживување на себеси и на секојдневието. Всушност, најголемата уметност во живеењето и воедно најголемиот предизвик на секој од нас е да создадеме и да одгледаме свои наследници. Доктор Татјана Гуржанова од клиниката New Born, говори за сите методи за полесно забременување и за ин витрото како последен стадиум. Добрата едукација и навремената реакција може да го решат проблемот на неплодноста... 40

Огромната љубов кон професијата „После семејството, професијата е она што најмногу го сакам и без кое не можам да функционирам. Сите дечиња кои се наш заеднички успех, ги сакам како свои, бидејќи на некој начин ова е како креација, чудно е кога ќе учествуваш во создавањето, има некој феномен од самата креација, па сè до породувањето. Со пациентите имам посебна врска, повеќе од роднинска, така и тоа дете кога ќе се роди, го чувствувам како свое. И оттука произлегува дека јас сум вљубена во својата професија и доколку не се бавам со ова, јас едноставно нема да постојам.“ Ин витро - шанса за забременување „Со задоволство можам да кажам дека ние сме една од ретките држави што даваат ваучери за бесплатно ин витро. Тоа не е за потценување, напротив. Можеби токму поради тоа што здравствените органи се свесни дека се соочуваме со висок степен на стерилитет и да не се осуди нацијата на репродуктивна пропаст. Тоа не се пациенти што се соочуваат со болест, ризик по здравје или губење живот, тоа се пациенти што сакаат да си остварат среќен и исполнет живот со пород. Тоа не мора да се


парови, може да се индивидуалци, секој треба да добие шанса да го оствари правото на репродукција. Тоа е базично чувство што мора да се оствари. Во секој случај, сите тие се соочуваат со огромна емотивна болка и наша должност е да ги разбереме и да им помогнеме во тој процес на остварување. Ин витро воопшто не е страшен процес, не е ниту инвазивен, но е многу емотивен. Пациентката прима одредена терапија која не претставува ризик по здравјето. Многу од пациентките се плашат од одредени болести мислејќи дека ги предизвикува токму терапијата. Но тоа не е точно. За сè има генетска предиспозиција. Тие инјекции што се примаат се природни хормони што самото тело ги лачи за да ги стимулира јајниците. Ние ги даваме во малку поголеми дози за јајниците да се стимулираат и место една да добиеме повеќе јајце клетки. Бидејќи, колку повеќе јајце клетки имаме, толку е поголема шансата да добиеме поквалитетен ембрион. Во овој случај квантитетот прави квалитет. Значи, нема никаква операција, никаква инвазивност, самиот процес на пункција е со анестезија која пациенката ја става во природен сон и целиот тој процес трае десетина минути. Пациентката не чувствува никаква болка, значи потполно е безболно. Потоа, целиот процес се прави надвор од телото, ембриологот во лабораторија ги оплодува јајце клетките, ги остава во инкубатор и третиот ден се проверува дали се добри, а потоа се враќаат или третиот или петтиот ден. До пред година дена се сметаше дека петтиот ден ембрионот има поголема шанса за имплантација. Точно, шансата за имплантација е поголема, ама од друга страна во петтиот ден има поголема шанса за анеуплоиди кај ембрионот, значи поголема шанса ембрионите да бидат болни, па се нарушува рамнотежата помеѓу машко и женско, а тоа треба да биде запазено. Биологијата ни вели - 51% ќе се родат женски, 49% машки, за да може да се размножува човечката раса и таа рамнотежа не смееме да ја нарушуваме. Токму затоа, секаде е забрането полот да се одбира.“

и ембрионот не успеавме уште да навлеземе. Токму тука е оној процент на неуспех кај ин витрото. Затоа, сите студии се насочени тука.“ Ин витро со донирани јајце клетки „Во тоа почнавме први, пред две години. Имаме доста висок процент на успех, околу 80%. Со задоволство можам да кажам дека во програмата за биопотпомогнато оплодување со донирани јајце клетки ние сме лидери во регионот. Имаме свој посебен протокол на подготовка на пациентката, потоа оплоденaта јајце клетка се развива до третиот или петтиот ден како ембрион и на крајот ембрионот го враќаме назад во матката на идната мајка. Има доста скептици во врска со ин витро со донирана јајце клетка. Но верувајте, имаме многу пациентки што се породиле и кај ниту една од нив не се јавило чувство и размислување дека тоа дете не е нејзино. Напротив, тие деца се исконски сакани и обожавани. Тоа е затоа што во еден дел од животот мајката се откажала од идејата дека ќе роди дете и сега сето ова го доживува како чудо. Претходно, единствената шанса ѝ било да посвои дете, а сега веќе ѝ се нуди можност тоа дете да го носи под своето срце девет месеци. И она што е важно во оваа програма е тоа што, за донираните јајце клетки нема потреба никој да знае, поточно, дискрецијата е загарантирана. Единствено знае само комисијата што го дозволува тоа и центарот каде што се спроведува. Што се однесува до донаторот на јајце клетката, ние немаме никаков контакт, процесот е поинаков, нарачуваме од банка, покрај неколку сликички од детството ги имаме сите податоци за направените генетски испитувања, семејната анамнеза и бројот на донаторот. Тој донатор нема право никогаш на родителство. Затоа, за да се избегнат

Кога не успева ин витро „Постојат многу фактори. Ембрионот треба да се врати внатре во матката и ендометриумот мора да биде со одредена дебелина, со одреден квалитет. Докажано е дека и клетките комуницираат меѓу себе преку хемиски медијатори, значи имаат свој јазик на комуникација. Па, таа комуникација, дали можат да се совпаднат, дали ендометриумот го прима ембрионот за да расте е токму еден од факторите. Тоа е еден прекрасен процес за набљудување. И науката се базира на истражувања токму тука. Во ред, добивме јајце клетки, направивме протоколите да бидат совршени за да не го оптовари организмот, успеавме со посебни технологии и микроскопи да одбереме најквалитетен сперматозоид, но кај говорот помеѓу ендометриумот

41


некои непријатности и стравот кај пациентите, сето тоа се одвива по легален пат, се оди на нотар, се потпишуваат потребните документи, се поминуваат консултации со правник и психолог и сето тоа оди на комисија токму заради заштита на пациентите, да не дојде момент кога тој донатор би кажал дека има право на тоа дете. Значи, таков е законот кај нас, донаторот е непознат, за разлика од оние пациенти што доаѓаат и си носат свој донатор.“ Инсеминација „Во овој процес, пациентката поминува одредени прегледи - пап брисеви, микробиолошки брисеви, хормонален статус, потоа се прави хсд - да се види дали се проодни тубите, всушност се прави груба проценка на репродуктивните органи. И доколку сè е во ред, а од друга страна спермограмот на партнерот покажува дека нема никаков проблем, тогаш се оди на инсеминација. Не мора да успее од прв пат, позитивниот ефект кај инсеминациите е кумулативен, односно со секоја наредна се зголемува процентот на успех. После четири направени инсеминации имаме 75% успех. Тоа е поедноставен процес од ин витро. Тука пациентката не прима лекови, можеби многу минимално колку да се стимулираат јајниците за да направат фоликул. И во одреден период кога сметаме дека има добра големина, се дава инјекција која ќе предизвика овулација и тогаш кога се очекува овулацијата, се зема материјал од машкиот партнер кој потоа се обработува и се подо-

ВАШИОТ ПОЗДРАВ И ПОСРЕЌЕН ЖИВОТ ЗАПОЧНУВА ОВДЕ!

• • •

42

Развиено во Шведска Инспирирано од природата Врвен квалитет

www.oriflame.mk

брува квалитетот. Потоа, со катетер кој е многу тенок и безболен, во матката се внесува тој обработен материјал. Во секој случај, инсеминациите даваат големи и позитивни резултати. Третирањето на стерилитетот е сложен процес, каде ин витрото е последниот стадиум.“ Прерана менопауза кај жените (намалена резерва) „Во нашата клиника доаѓаат млади девојки со уништена резерва и резултати кои повеќе личат на жена од 50 години отколку на млада девојка. Иако сме добиле податок дека извесната личност нема предиспозиции за генетска менопауза, кај неа веќе, за жал, се случило тоа. Повторно тука вината ја препишувам на начинот на живот. И што преостанува освен да се бориме, иако кај некои случаи нема друга можност освен да се приклучат на програмата на ин витро со донирани јајце клетки. Сега медицината е насочена кон терапии со стен клетки на самите јајници, односно вештачко правење јајце клетки од стен клетки на самата пациентка. Но, тоа е сè уште на академско ниво и се надевам дека набрзо ќе се најде практично решение и за тој проблем. На тој начин жената нема да биде биолошки ограничена со својот репродуктивен живот.“ Неплодност кај мажите (машки стерилитет) „Кај мажите недостига сексуална едукација. Жално е што тежината секогаш паѓа на женскиот организам бидејќи таа ги преживува сите агонии од тој процес на забременување иако многу од причините се главно кај мажите, без оглед дали станува збор за некое сексуално преносливо заболување или е друга причина. Затоа, апелирам да се подигне свеста кај мажите и совесно да се однесуваат во целиот тој процес. Од друга страна, машката неплодност е во огромен пораст и покрај другите причини, многу голема улога во тоа има начинот на живот, загаденоста, брзата храна, недоволното движење, преголемиот стрес. Од досегашните испитувања е докажано зголемено присуство на естрогени кај мажите и намалено ниво на тестостерон. Тоа се случува со внес на естрогени, пестициди, користиме пластични амбалажи, одредени хемикалии што се користат за конзервирање храна, се однесуваат, а така и се викаат - ксено естрогени. Оттука мажите почнуваат да прават типична естрогено градба, масно ткиво на долниот дел околу стомакот, што е многу нетипично за маж.“ Превенција „Лично сметам дека едукативното ниво за овие теми е многу ниско. Редовните прегледи се занемаруваат и како по навика медицината се доживува дека треба да се занимава само со болести. Тоа не е точно. Медицината не е бавење со болести, туку спречување болести. Тука има голема разлика. И тоа е основно во медицината. Треба да се спречи населението да се разболува. А тоа се прави прво со едукација. Ние сме должни да им укажеме на нашите пациенти дека мора да прават редовни прегледи, треба да им дадеме совет за исхрана, треба да им дадеме совет за правилните животни навики, да им укажеме на редовните хормонални прегледи... Бидејќи, конкретно зборувам за мојата област, комплетниот дисбаланс прави голем проблем со репродуктивните органи. И доколку јас се фиксирам на нив, а не посочам на главната причина, таму проблемот ќе остане и општиот организам ќе биде во дисбаланс.“


ГО НАМАЛУВА ИСКОРИСТУВАЊЕТО НА КАЛОРИИТЕ ОД МАСТИТЕ ВНЕСЕНИ СО ХРАНАТА Производ со природно потекло Добро се поднесува и може да се зема подолг временски период Без холестерол и лактоза Може да го користат болни од дијабет

Основната состојка во formoline L112 медицинското средство е баластна супстанца полиглукозамин (L112), таа е од природно потекло и може да врзува големи количества масти од храната во дигестивниот систем. Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Auriege Eclat-Temps Anti-age третман со инкапсулиран кислород за интензивна оксигенација и детокс на кожата за блескав и подмладен изглед!

Видливи резултати веднаш по третманот! Специјална Промотивна Понуда!

* СЕКОЈ ТРЕТМАН+ГРАТИС ЛИФТИНГ НА ОЧИ СО Јавете се Денес и Закажете Бесплатна Консултација!

Дермабјути, Тел: 02 3230 130 Скопје Gardenia Hotel & Spa, Тел: 078 701 070 Велес Emi Phey, Тел: 02 322 2101 Скопје

Со formoline L112 е возможно без стресни диети да се постигне успех со одреден режим на исхрана и со балансиран внес на масти. formoline L112 нуди ефикасна поддршка при контрола на телесната тежина. formoline L112 пред се влијае на вишокот телесна тежина што се должи на внесот на храна богата со масти како мрсно месо, колбаси, путер, сирење, чипс, колачи и сладолед.


деловна Како против луѓето на кои вашата мака им е душевна храна?

Манипулација се случува кога една личност се обидува да управува со друга личност, за да дојде до својата цел. Желба на манипулаторите е да ги застрашат своите „жртви“ и да направат тие да се чувствуваат слаби и несигурни. Овие седум совети ќе ви помогнат како да им се спротивставите на манипулаторите, било тоа да е некој ваш пријател, познајник, партнер или колега. Силвана Јованчева

Спротивставете им се на

манипулаторите

1

Запознајте се со вашите основни човечки права

Ако сакате да се одбраните од манипулаторите прво и основно е да знаете како да препознаете кога вашите човечки права се загрозени. Сè додека не им штетите на другите, имате право да се заземете за себе и да ги браните своите права. Манипулаторите со своите постапки сакаат да ве лишат од тие права, за да можат да ја имаат контролата врз вас и да ве искористуваат во свои цели. Ова се некои од основните човекови права, кои никој нема право да ви ги одземе: имате право другите да се однесуваат кон вас со почит; имате право да ги изразите своите чувства, мислења и желби; имате право да ги одредите вашите приоритети; 44

имате право да кажете НЕ, без чувство на вина; имате право да го добиете тоа за што сте платиле; имате право на свое мислење што се разликува од мислењето на другите; имате право да се грижите за себе и да се браните од физички, психички и емоционални закани; имате право да изградите свој среќен и здрав живот.

2

Стојте подалеку од манипулаторите

Еден од начините на кој можете да препознаете манипулатор е да видите дали таа личност покажува неколку лица, односно дали се однесува поинаку во друштво на одредени луѓе и во одредени


ситуации. Сите ние покажуваме одреден степен на таква друштвена диференцијација, но манипулаторите одат до екстремна граница, па кон некои личности се многу љубезни, а кон други безобѕирни. Или во еден момент се потполно беспомошни, а веќе во следниот момент се многу агресивни. Ако забележите дека некој се однесува токму така, држете се на дистанца и избегнувајте каков било контакт со таа личност, освен кога морате. Причините за нечија хронична потреба за психолошка манипулација се комплексни и длабоко вкоренети и не е ваша работа таа личност да ја менувате или спасувате.

3

Запомнете: проблемот не е во вас

Манипулаторот ги бара и искористува вашите слабости поради кои може да се чувствувате неспособни, дури и да се обвинувате самите себе зошто не сте му ја исполниле желбата. Во такви ситуации важно е да запомните дека проблемот не е во вас – проблемот е во тоа што некој манипулира со вас и сака да се чувствувате лошо бидејки така полесно може да управува со вас. Поставете си ги следните прашања: Дали таа личност се однесува кон вас со почит? Дали очекувањата и барањата на таа личност се разумни? Дали давањето во овој однос е еднострано или двострано? Дали се чувствувам добро во друштво на таа личност? Одговорите на овие прашања ќе ви дадат важен увид во тоа дали проблемот е во вас или во другата личност. Манипулаторите се луѓе што се „хранат“ со туѓата несреќа и се чувствуваат добро кога другите околу нив се несреќни.

4

5

Времето нека работи во ваша корист

Често манипулаторот ќе бара веднаш да го исполните неговото барање, со што ќе ви предизвика максимален притисок и така ќе ве контролира. Наместо веднаш да одговорите на неговото барање, обидете се да се оддалечите од манипулаторското влијание и да го искористите времето во своја корист. Едноставно кажете: „Ќе размислам за ова“. Обезбедете си време да размилсите за добро и лошо во оваа ситуација и дали сакате да преговарате за праведен и разумен договор.

6

Научете да кажете НЕ – дипломатски, ама цврсто

Научете да кажете НЕ – дипломатски ама цврсто е дел од вештината на комуникацијата што мора да се вежба. Цврсто изговорено НЕ овозможува да ги браните своите ставови и во исто време да ја одржите разрешливата ситуација. Запомнетете дека вашите основни човечки права го вклучуваат и правото на личните приоритети, право да кажете не без чувсво на вина и право да изградите среќен и здрав живот.

7

Соочете се со манипулаторот

Манипулаторите за своите жртви најчесто одбираат личности што ги доживуваат како послаби. Сè додека изгледате и се однесувате пасивно и попустливо, ќе бидете мета на манипулаторите. Манипулаторите сакаат да ги заплашуваат своите жртви, но многу од нив всушност се кукавици. Кога неговата мета ќе покаже карактер и ќе се заземе за себе, манипулаторот најчесто се повлекува. Затоа, не чекајте, заземете се за себе!

Ставете фокус на нив поставувајќи им „истражувачки“ прашања

Манипулаторите често имаат неразумни очекувања и барања. Во тие случаи употребете го трикот со кој ќе ставите фокус на нив и поставувајте им прашања што можат да го разоткријат нивниот план: Дали тебе ова ти се гледа разумно? Дали мислиш дека ова што го бараш од мене е чесно? Дали можам да го кажам моето мислење во врска со ова? Дали ме замолуваш да го направам ова или ми наредуваш? Каква корист ќе имам јас од тоа? Зарем навистина очекуваш од мене да го исполнам ова неразумно барање? Кога ќе поставите вакви прашања како да поставувате огледало пред манипулаторот, така што тој ќе може да ја види вистинската природа на неговите барања и манипулации. Ако манипулаторот има малку совест ќе го повлече своето барање и самиот ќе се повлече. Од друга страна, патолошките манипулатори (како што се нарцисоидните личности) нема воопшто да ги сфатат вашите прашања и ќе инсистираат да биде по нивно. 45


козметика +

Дознајте што значат кратенките на кремовите за лице

Доколку

сакате да купите квалитетен и соодветен крем за лице во парфимерија, тогаш ви е потребен преведувач. Дури и кога ќе решите да дадете многу пари за квалитетен крем, сепак не сте сигурна дали сте погодиле. Затоа ви откриваме што значат ознаките BB, CC, DD и EE на кремовите за лице.

BB

Станува збор за скратеница од beauty balm или blemish balm, што во превод значи „балзам за неправилности“. Овој крем служи да се прикријат малите недостатоци на кожата со акни. Инаку овие кремови првпат се произведени во Германија, како производ што им пружа нега на пациентите после разни третмани со ласер, за да се прикрие црвенилото.

CC

Кремовите „color control“ служат да се прикријат недостатоците на кожата со дамки и претставуваат понапредна и попрефинета верзија на кремот BB. Имаат посилна прикривачка моќ и одлично ги камуфлираат промените на кожата, како што се акните и црвенилото.

DD

Ако кремот ја има оваа ознака тоа значи дека станува збор за најкомплексен производ, бидејќи скратеницата доаѓа од „daily defense“, или „дневна одбрана“. Улогата на овој крем е да го спречи настанокот на нови дамки, но и да ги сокрие веќе постоечките. Исто така помага и да се хидрира кожата и ја заштитува од губење на влагата.

EE

Скратеница од „extra exfoliating“ и ако користите ваков крем значи му овозможувате одличен пилинг на лицето. Помага во отстранување на мртвите клетки од кожата и позитивно дејствува на грубата кожа правејќи ја мека и мазна.

46

кти у д о р п е и в о д О о косата расте бсрзина неверојатна

Ако сакате

да го поттикнете растот на вашата коса, најдобро е тоа да го направите по природен пат. Постојат многу растенија што ѝ помагаат на косата да расте побрзо, но многу е важно правилно да се искомбинираат. Овие продукти го зголемуваат протокот на крвта во главата и на тој начин го осигуруваат природниот процес на раст на влакното.

Зелен чај

Зелениот чај е одличен препарат за побрз раст на косата затоа што содржи антиоксиданси. Можете да го пиете но и да го користите паралелно со шампонот за коса.

Компири

Косата измијте ја со водата што ќе ви остане откако ќе ги сварите компирите, а потоа измијте се со вашиот шампон. Ќе се воодушевите од резултатите.

Масло од грозје

Топлото масло од семки од грозје втријте го во коренот на косата пред да си легнете. Повторувајте ја постапката 2-3 пати неделно.

Маска од јајца

Измешајте 1 јајце со 50мл маслиново масло. Потоа смесата нанесете ја на косата, косата завиткајте ја со фолија и оставете да дејствува барем 1 час. Потоа косата измијте ја со благ шампон и нанесете балсам. Практикувајте го овој третман еднаш неделно.


НОВО НОВО Богата и хранлива линија за нега на сува, НОВО оштетена и кршлива коса.. СО ДОБРА НЕГА СО ДОБРА НЕГА Есенцијалните минерали, провитаминот Б5 и протеини од пченица и ДОУБАВА УБАВАКОСА КОСА ДО СО ДОБРА НЕГА овозможуваат на косата бескрајна хидратација ДО УБАВА КОСА

бутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399 www.viciski.com.mk

Богата и хранлива линија за нега на сува, оштетена и кршливалинија коса.. за нега на сува, Богата и Богата хранлива и хранлива линија за нега на сува, Есенцијалните минерали, провитаминот оштетена и кршлива коса..коса.. оштетена и кршлива Б5 и протеини од пченица и Есенцијалните минерали, провитаминот Есенцијалните минерали, провитаминот овозможуваат на косата Б5 и протеини од бескрајна пченица и Б5 и протеини од пченица и овозможуваат на косата бескрајна хидратација

овозможуваат на косата бескрајна хидратација Генерален увозник и дистрибутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399 хидратација www.viciski.com.mk

Генерален увозник и дистрибутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399

Генерален увозник и дистрибутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399 www.viciski.com.mk

www.viciski.com.mk

Генерален увозник и дистрибутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399 www.viciski.com.mk


„Е-бизнис“ – порта кон европско усовршување

Лајпциг - Германија

„Европски бизнис“ е името на Еразмус+ проектот преку кој 16 ученици од приватното средно училиште САБА од Скопје, Битола и Штип поминаа по две недели на пракса во четири европски држави: Италија, Германија, Шпанија и Португалија. Учениците работеа во различни европски и интернационални компании во кои имаа можност да видат дел од онлајн бизнисот, интернет маркетингот, интернет трговијата и сл.

Т

еа Седлоска и Климентина Кованцалиева, ученички во САБА Скопје, работеа во меѓународна компанија со големо искуство во изработка на уникатни дизајни на материјали што ги користат познати светски брендови. Теа вели дека е презадоволна од тоа што имала можност да работи во голема и развиена компанија со одлични ментори. „Ова за мене беше многу големо искуство и навистина сум благодарна што имав можност да бидам дел од овој проект. На секој што ќе му се пружи ваква шанса му препорачувам да ја искористи, бидејќи тоа е една животна лекција и огромно искуство.“ На Климентина најголем впечаток ѝ оставил начинот на организација на работата, брзината и прецизноста со која се извршуваат задачите. „За двете недели пракса научив колку е важно одговорно да се работи, затоа што секоја работа е важна и е дел 48

од една целина. А во целината придонесуваат сите и сите се дел од успехот или неуспехот на финалниот производ. Додека престојувавме во Болоња бевме на еднодневни екскурзии во Фиренца и Венеција, преку кои научивме многу повеќе за италијанската култура и традиција“, вели Климентина. Димитар Арсов заедно со Наталија Крстевска работеа во компанијата „Шустер-Флористенбедарф“ во Лајпциг, Германија. „Јас имав задача да ги обновам сите производи на веб-страницата на компанијата. Првиот ден менторот ми покажа каде и како можам да ги пронајдам производиБарселона - Шпанија


те во магацинот, потоа како да ги фотографирам и на крајот како да ги обработам во фотошоп и да ги поставам на веб-сајтот, односно во нивната онлајн продавница. Во текот на оваа двонеделна пракса го усовршив германскиот јазик, научив нешто повеќе за Германија, за градот Лајпциг во кој престојувавме, но и за Дрезден и Берлин во кои бевме на еднодневна екскурзија“, раскажува Димитар. Фиренца - Италија

Елеонора Димитрова, заедно со Димитри Ѓоргиев, двајцата ученици од САБА Штип, работеа во фармацевтска компанија во Монтихо, Португалија. „Во тие две недели научив многу за културата и животот надвор од нашата земја. Запознав многу нови луѓе, а со некои од нив изградив пријателства кои се надевам дека ќе траат уште долго. Исто така научив дека самостојноста и способноста за донесување брзи и објективни одлуки во некои моменти се од суштинско значење“, вели Елеонора.

Лисабон - Португалија приказни за тоа како станале успешни, ме поттикнаа и јас да отворам свој бизнис во иднина. Катедралата Саграда Фамилија, аквариумот, фудбалскиот натпревар што го гледавме на стадионот Камп Ноу засекогаш ќе ми останат во сеќавање.“ Проектот „Е(вропски) бизнис“ е дел од Еразмус програмата и поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Европската комисија. Берлин - Германија

И Теодор Костов беше дел од групата ученици кои беа во Португалија. Тој работеше во продавница за авто делови која е една од синџирот продавници на Норауто. „Таму бев задолжен за електронскиот дел од продавницата, како да ги привлечеме купувачите и да ги откриеме причините зошто потрошувачката на некои производи е многу мала. Голем впечаток ми остави организацијата на компанијата и атмосферата за работа. Искуството со кое се стекнав на оваа пракса е навистина огромно. Им препорачувам на сите што имаат ваква прилика да ја искористат, бидејќи препораките и знаењата што ќе ги добијат таму се од голема корист за понатамошното образование и работа. Голем впечаток ми остави и градот Лисабон кој го посетивме неколкупати за време на престојот во Португалија.“ Елена Божиновска беше дел од групата ученици кои праксата ја извршуваа во Шпанија. „Овој двонеделен престој во Шпанија ми овозможи да научам многу за маркетингот и онлајн маркетингот. Професионалците што ги запознав во компаниите во Барселона, со своите

Сега знаеш е твојот најдобар избор www . saba . edu . mk

САБА Скопје, Битола, Штип и Куманово

тел: 078 384 005

49


Minkpink Маичка 60$ Фармерки 110$ www. princesspolly.com

Zara Маичка 799ден. Јакна 2590ден.

Valentino Јакна 2859€ Сукња 1055€ Чанта 1095€ Сандали 665€

www.mytheresa.com

Кошула Forte Couture 341€

www.farfetch. com

Шаренило до лудило...

кога сакаш да си посебна, оригинална, да порачаш дека си своја Блуза Zara 1990ден.

Очила Parfois Јакна Mango 7990ден.

Чанта Furla 161$ www. brandoutlet. com

Кошула Springfield Блуза Springfield

Патики Geox

Јакна Springfield

Јакна Minkpink 150$

Јакна Mango 3990ден.

www. princesspolly. com

Чокер Parfois

Јакна Needle&Thread 340$ www.avenue32.com

Сукња Zara 1590ден.

2

Патики Ara, Peko

Стајлинг Liu Jo



Не е само денот на вљубените прилика да си ја покажете и докажете љубовта. Секој ден е идеална можност за љубов, внимание, почитување... Караниците, лутината и несогласувањата се секојдневие кај сите парови, но тоа не смее да премине во навика. Обиди се секој ден да го обоиш во „валентиново“ и да внесеш розова светлина во животот, бидејќи љубовта се слави секој ден.

ЉУБОВТА

Надица Пушкоска

Е НАЈДОБРА ОПЦИЈА

Н

ЗА ТЕБЕ, ДЕВОЈЧЕ...

е дозволувај вљубеноста да ти ја наруши самодовербата и да се погазуваш себеси заради него. Преголемата занесеност нема да ти помогне во врската, затоа што момчињата бегаат од девојки што не се ставаат себеси на прво место. Момчињата „трчаат“ по девојки што зрачат со самодоверба и позитивна енергија. За почеток, биди една од нив. Претераната романтичност нема да те однесе многу далеку со врската. Биди природна и реална, задржи го своето „јас“ и не прави ништо што предизвикува да се чувствуваш непријатно. Запомни, ти си само една прекрасна, на свој начин, тин девојка што треба да ја покаже радоста на животот преку своите очи, а не да се оптоваруваш себеси со непотребни нешта што се крајно небитни за твојата возраст.

Одбери за момчето соодветен подарок

Кога му купуваш подарок на момчето треба да мислиш на неговите желби и потреби, а не на своите. Она што твоите другарки им го купуваат на своите момчиња не мора да значи дека ќе му прилега и на твоето. Подарокот не мора, а и не треба да биде премногу скап бидејќи ти си само тинејџерка, а ова е само еден ден кој на некој начин ја симболизира љубовта, која пак мора да биде присутна во секој ден. Затоа, најубаво е да одбереш некој скромен и интересен подарок, со што ќе го изненадиш момчето. Неговото омилено ЦД или доколку обожава спорт, билети за натпреварот на неговиот омилен тим. Уште подобро би било да бидеш креативна и сама да го направиш подарокот. Идејата е наша, а ти со својата креативност и визија можеш да создадеш магија.

Остани своја и сè само не обична девојка дури и ако си сингл

Она до што мораш безусловно да се придржуваш, сега но и во животот понатаму, е да бидеш своја дури и во моментите на лутина. Можеби ќе се случи да бидеш пред разврска токму на овој ден. Не очајувај! Подароците не значат апсолутно ништо во споредба со почитувањето. Не смееш да се донесеш во си-

52


туација да се смириш со момчето само заради причината да не си сама на тој ден. Никако!!! Можеш добро да се забавуваш и без момче. Женските дружби се навистина прекрасни. Научи сите нешта во животот да ги примаш со леснотија, ништо да не те натажува премногу. Ти си девојче што сега треба да ужива во животот, а не да се оптоварува со непотребни нешта. На крајот на краиштата, ова е само еден обичен ден и, верувај, подобро е да си сама отколку во погрешна врска. Не ти се потребни сите тие плишани мечиња и чоколатца како доказ на љубовта. Кога ќе го сретнеш вистинското момче што те заслужува, нема да ти биде потребно ништо друго освен насмевка.

ЗА ТЕБЕ, МОМЧЕ...

Девојките честопати мислат дека на момчињата сè во животот им е полесно. Но, не е баш така. На нив останува да се изборат за саканата девојка, да се трудат да ја освојат нејзината љубов и да ја задржат. Иако, во последно време, улогите во освојувањето срца се сменија, сепак, не е секогаш лесно да си момче. Токму затоа, ти се обраќам и тебе, убаво момче, да внимаваш кон која девојка го насочуваш вниманието. Тоа што си припадник на посилниот пол, не мора да значи дека треба по секоја цена да ѝ ги симнеш ѕвездите на твојата симпатија. Почитувањето не смее да биде еднострано, а љубовта во никој случај. Не дозволувај да ја изневериш љубовта на девојката, но ако таа ги надмине границите на толеранцијата, во никој случај не погазувај се себеси и не дозволувај да се претвориш во „убава амбалажа полна со очај“. Запомни, секој мора да си стои до своите желби и принципи и она непријатно чувство што не сакаш да го почувствуваш, никогаш не предизвикувај го кај никого.

Одбери за девојката соодветен подарок

Не залажувај се себеси дека можеш да ја наведеш девојката на уште поголема љубов преку скапи подароци.

Уникатноста нема цена. Тоа значи дека подарокот може да биде уникатен само ако е одбран со многу љубов и даден од срце. Можеш да одбереш убава книга, на која ќе напишеш оригинална и лично твоја порака или нешто ситно што ќе ја асоцира на вашата љубов. Нека биде во нејзината омилена боја, девојките сакаат нежни гестови на љубов. Но, не претерувај со романтиките. Остави ги свеќите на под во форма на срце и листовите рози околу нив за подоцна. Девојките сакаат романтика, но таа понекогаш може и да ги исплаши, верувај. Доволно е да се вооружиш со искрена и широка насмевка, да ја поканиш во кино и да ѝ го посветиш целото внимание. Романтичните сцени нека останат за миговите кога вашата љубов ќе биде навистина зрела и сериозна.

Забавата не запира ако си сингл

Доколку немаш девојка или си во токсична врска, не очајувај. Не „лепи“ се по секоја цена до првата девојка на која ќе налеташ во најблиското кафуле и не ѝ се враќај на поранешната девојка само затоа што овој ден те асоцира на љубов. Другарите се идеално решение ако си сингл. Излезете на добра журка, запознавајте нови девојчиња, дружете се. И она што е најважно - не опивај се! Девојките не сакаат пијани момчиња. Бидејќи алкохолот не е решение за ништо, а најмалку за среќа. Дружи се и настојувај да ја привлечеш девојката што ти се допаѓа со својата скромност и со она што навистина си ти. Девојките сакаат скромни момчиња, колку и да ти е тешко да поверуваш во тоа. Ако некоја девојка не те прифаќа таков каков што си, продолжи понатаму. Таа не ја заслужува твојата љубов.

Нека Валентин ви биде секој ден од годината бидејќи само љубовта е решение за сè! 53


Тренд

Ремен Armani Jeans

Палто Massimo Dutti 10990 ден.

Кошула и вратоврска Peirre Cardin Кошула Massimo Dutti 3790 ден.

Панталони Boss Чевли Bata

Кошула Armani Jeans

Кога денот започнува опуштено... џинс и многу сино за да се чувствувате како во своја кожа

Кошула Bitsiani

Парфем Armani Code Colonia

Чевли Peko - Ara

Фармерки Celio

Кошула Armani Jeans

Кошула Boss

Јакна Geox

Јакна Wood Wood 166 $ www.brandoutlet.com

Јакна Boss

Јакна Armani Jeans

2

Фармерки Armani Jeans

Чевли Armani Jeans

Патики Geox

Чанта Mona

Ремен Massimo Dutti 2290 ден.


Мисли

Пакет за осигу Пакет за осигурување Пакет за осигурување #SafeFam Пакет за осигу #SafeFamily #SafeFamily #SafeFam

среќна ИДНИНА

15% поп 15% поп 15%15% 15%попуст попуст попуст

од денес се ГРАДИ!

Пакет за осигурување #SafeFamily

Кампања

Пакет за осигурување #SafeFamily

Добијте бесплатна Добијте бесплатна и закажететер те #SafeFamilyDay и закажете Добијте бесплатна пресметка Добијте бесплатна пресмет кај нашиот прода

15% попуст

кај нашиот продаж и закажете термин и закажете термин на следниот те Добијте бесплатна пресметка на следниот тел Добијте бесплатна пресметка кај нашиот продажен агент кајинашиот продажен агент закажете термин и закажете термин кај нашиот продажен агент накај следниот телефон на следниот телефон нашиот продажен агент на следниот телефон на следниот телефон 02/ 2454-004


Чевли Timberland

Јакна Massimo Dutti 22990 ден.

Јакна Springfield

Кошула Armani Jeans

Панталони Springfield

Чевли Boss Часовник Diesel My Time

Јакна Mona

Чевли Peko

Лежерно и елегантно... ст

Тренчкот Springfield Кошула и вратоврска Peirre Cardin

ил обоен во нијансите на природата, неодминливата кафе ава Парфем Invictus Intense Панталони Massimo Dutti 3790 ден. Тренчкот Massimo Dutti 9990 ден.

Ремен Boss

Јакна Geox

Чантичка Massimo Dutti 3790 ден.

Маичка Maison Flaneur 258€ www.farfetch.com

Очила Chopard Dioptra

Чевли Geox

4

Ремен Mona

Панталони Springfield

Паричник Mona Чевли Bata


Верувале или не, но жените не обрнуваат внимание на ќелавоста. Ако ги воодушевите со индивидуалните, карактерни особини, нема ни да ја забележат. Паѓањето на косата е нормална појава со годините. Освен генетички, постојат и други причини. Важно е да не ја загубите самодовербата, да не драматизирате многу, затоа што не ви треба дополнителен стрес.

Ќелавите - па?

Ф

акт е дека ќелавењето може да биде неменуваат и различни третмани за да го забават паѓањето, пријатно, да предизвика фрустрација, особедури и да го спречат. Едни се успешни, други не. Косата но ако се земе предвид дека со паѓањето на може да паѓа периодично, со помал или со поголем инкосата напред, правејќи залистоци, или на тензитет. Во поретки случаи и престанува. Одете на летемето, се соочуваат и тинејџери, околу осумкар штом ќе забележите дека ќелавењето е проследено со замор и кога не е типично машко, однапред и на горниот наесеттата година, но во помал број. Инаку ќелавењето дел, туку се формираат „печати“. Во спротивен случај припочнува во доцните дваесетти или во раните триесетти, кога се возраста и годините во прашање. Најпрвин косата фатете ја реалноста. се проретчува, а потоа целосно опаѓа, при што кожата на И трансплантацијата е решение, а берберите можат да главата се гледа сè повеќе. Некои мажи не ѝ придаваат ве потстрижат така што ќе го замаскирате ќелавиот дел. особено значење на ќелавоста, за разлика од другите, кои Третманите со растителни екстракти што содржат витареагираат емотивно, па дури се соочуваат и со депресија. мин Е, железо, магнезиум, цинк и сл. можат да помогнат Им се разнишува самодовербата, што причинува дополниили, подобро кажано, не одмагаат. Лосионот на база на моноксидил се трие на главата. Ова е стручниот назив на телен стрес, кој во сегашно време е ризичен. Тоа се одрапрепаратот, а во аптеките се продава под друго име, во зува на здравствената состојба (во лоша смисла), а воедно зависност од производителот. Велат дека е доста ефикаго засилува и косопадот. Притоа, работата се врти во маѓепсан круг, без можност да се излезе од сен, исто како финастеридот што важи за последен него. Затоа настојувајте да останете присебзбор на медицината. Лекот се зема орално, како Некои таблета. Го забавува опаѓањето на косата. Зани, да владеете со себе. Нема потреба од мажи не нервоза. Освен пресадување постојат и тоа се препорачува да го користите веднаш ѝ придаваат разни третмани, кои можеби нема да кога ќе забележите дека косата ви се ретчи. особено значење на ви ја вратат загубената коса, но затоа, Како било, ќелавоста не е толку страшна пак, ќе го намалат или ќе го спречат колку што некои мажи сметаат дека е. Ним ќелавоста, за разлика опаѓањето, а и берберите се толку исим треба време да го сфатат тоа, ништо поод другите, кои праксирани што знаат како да го завеќе. реагираат емотивно, маскираат недостатокот. па дури се Паѓањето на косата е наследно, соочуваат и со поврзано со гените. Може да го зафати предниот дел од главата, средината и или депресија. страните (залистоците) или темето. Главната причина се знае - претераното лачење на дихидротестостеронот што влијае на фоликулите на косата да создаваат сè потенки влакна за на крајот, по извесно време, сосем да престанат да ги создаваат. Како причинители се јавуваат и недостигот од железо (анемија), и недоволната активност на тироидата (штитната жлезда), и габичната инфекција на кожата на главата, и користењето одредени лекови, и стресот. Кога ќе се отстранат реверзибилните причини, ќе исчезнат и последиците, што значи дека паѓањето на косата запира. На пример, доколку се дијагностицира анемија, постои можност да се поправат недостатоците со внесување железо во исхраната. Се при57


нешто ново... за него

Експресија на

луксузот Преку животот, како божествена убавина, без оглед на тешкотиите, до ексклузивните колекции што пленат. Дизајнот, изработката, материјалите..., влијаат на цената, која неретко е повеќецифрена (четири-пет), достапна за малцина. Барем инспирацијата е непресушна.

Trianon - Украсни копчиња за манжетни

2

Потесна специјалност на њујоршката јувелирница, која постои веќе триесет години, е рачната изработка на украсни копчиња за манжетни, во различни бои, од разни материјали, со различни имиња, како на пример Кантон. Ја истакнуваат елеганцијата иако се работи за аксесоари чија димензија е мала, 2×0,5 см. Тие се комбинација на 18 каратно злато, лапис и јапонски бисер, за што има сертификат. Камениот украс е резбан, и тоа рачно. Пакувањето е исто така луксузно. Чинат 1.601 евро.

IWC Schaffhausen - Рачен часовник од црвено злато и крокодилска кожа

3

Без оглед на тоа што фирмата е швајцарска, овој рачен часовник се вика Португалски вечен календар. Неодолив е и поради неговиот изглед, дизајн, механизмот што може да се види одзади, и слично. Рамката е златна (18 карати, во нијанса на црвена боја), има 54 различни украси, а ремчето е од крокодилска кожа. Се одликува со префинетост и функционалност. Работи автоматски, движењето е механичко, па дури и рачно, кога е навивањето во прашање, еднаш во седум дена. Неговата цена изнесува 34.866 евра.

58

1

Gentlemen’s Tonic Прибор за бричење

Во прашање е салон за мажи, кој се наоѓа во Мејфер, Лондон. Освен берберница (за бричење и потстрижување), има и „спа“ и трговски дуќан, продавница за козметички средства, вклучително и разни прибори, што се во негово производство. Држачот, како и рачките на бричот и четката се, всушност, комбинација на висококвалитетна смола и никел, а влакната се јазовечки. Приборот е наменет за традиционалисти што држат до себе - џентлмени во поширока смисла на зборот. Неговата цена е 188 евра.


Dior - Црно-жолти очила за сонце

Brunello Cucinelli Ремен од испреплетена телешка кожа

4

Шеесет и тригодишниот италијански моден креатор потекнува од Умбрија. Оттаму и неговата инспирација во дизајнирањето разнобојна кашмирска облека што му донесе слава. И најновата пролетна колекција е инспирирана од животот на село. Малкумина знаат дека седиштето на компанијата се наоѓа во Соломео, во реставриран замок од 14 век. Ременот е адаптабилен, од испреплетени долги, танки парчиња телешка кожа и сребрена тока. Чини 419 евра.

Ѝ припаѓаат на најновата пролетна колекција што веќе побуди голем интерес. Навидум едноставни, очилата за сонце изгледаат доста екстравагантно, како впрочем и сè останато, кое е потпишано од Dior. Комбинацијата на ацетат (50%) и алуминиум (50%), на црна и жолта боја, ги прави толку привлечни што секој маж ќе ги посака штом ги проба. Се разбира, имаат и заштитна обвивка. Дијаметарот на леќите изнесува 52 мм, а вкупната ширина е 144 мм. Рачките се долги 145 мм. Чинат 480 евра.

5

Alexander McQueen Платнена чанта со печатени амблеми

6

Екстраваганцијата на британскиот дизајнер, по која беше препознатлив, е очигледна и денес, седум години по неговата смрт, во моделите што ги креираат неговите наследници, кои работат за истоимениот бренд. Чантата е четвртеста, со димензии 36×27×1,5 см, без разлика на тоа што едниот агол е заоблен. Целата е платнена, црна, со испечатени амблеми во различни бои. Има кожени детали, како рачката, дел од внатрешниот џеб, а патентот е украсен со мртовечка глава. Продажната цена е 437 евра.

Cedes Milano - Винска кутија за патување

7

За романтичерите, во пресрет на пролетта, за неделен излет на пример, покрај езеро, река, на планина, сосем сеедно. Во друштво со љубената. Кутијата е изработена од свинска кожа, кафеава, со димензии 38×22×19 см, а должината на рачката е 4 см. Шарките, механизмот за затворање се месингови, обложени со паладиум. Внатре, во четирите прегради има две стаклени високи чаши, спирален отворач, термометар и слично. Можат да ја користат и енолози. Нејзината цена е 2.496 евра.

59


автомобилизам

2017 GTC4Lusso наследникот на FF Игор Ландсберг 60


Неговото промовирање на минатогодишниот саем во Женева го привлече вниманието на присутните и, воопшто, на целокупната јавност, која не можеше да им одолее на внатрешноста, изгледот (надворешен), перформансите, на различноста. Италијанската компанија што важи за синоним на луксузот, кога е спортскиот автомобил во прашање, на GTC4Lusso му предвидува зголемена побарувачка во текот на 2017 година. Оттаму и „предзнакот“.

GTC4Lusso потсетува на моделите што ги одбележаа шеесеттите години на минатиот век, кои можеа да се видат само во печатените каталози на Ferrari, претпоставувајќи што се крие во каросеријата, т.е. под неа.

К

ога ќе се спомене Ferrari, асоцира на спортски авто­ мобил, брз, двосед. GTC4Lusso е поинаков, различен од досегашните, за кој велат дека годинава ќе до­ живее одличен успех, надминувајќи ја и побарувач­ ката на моделот FF што дигна прашина со неговата промоција во 2011 година. Интересот беше голем. Наместо предвидените 800, во 2012 година се продадоа два-три­ пати повеќе. Досега бројот се искачи на 6.000. Ferrari GTC4Lusso е, всушност, наследник на FF. Првичното кон­ струкциско решение произлезе од желбите на купувачите, нивните совети за цената, управувањето, практичноста, за моторната сила, но... Инженерите во компанијата не сакаа да прават отстапки, ниту да постигнат компромис. Се стремеа кон исти цели, како секогаш, не сакајќи да ја жртвуваат препознатливоста, која датира од 1939 година. Кога е дизајнот во прашање, GTC4Lusso потсетува на моделите што ги одбележаа шеесеттите години на мина­ тиот век, кои можеа да се видат само во печатените ката­ лози на Ferrari, претпоставувајќи што се крие во каросе­ ријата, т.е. под неа. Формата на моторот V12 е речиси не­ променета, како и литражата (6,3) и неговата поставеност (аголот изнесува 65 степени). Сепак, техничките промени овозможуваат поефикасно согорување и дополнителни 30 коњски сили. Максималниот број вртежи е 8.250, иако си­ лата на моторот е најголема кога има 8.000 вртежи во ми­ нута. Нема промена во брзината (250 километри на час), а 680-те коњи го намалуваат потребното време да се достиг­ не брзина од 60 километри на час, кое изнесува 3 секунди.

Ист е и менувачот, седмостепен модел со двоен куплунг, додека новина е вградениот систем ZF на задно управу­ вање. И системот на регулација на задната оска, со помош на системот на електронскиот заден диференцијал, каков што има формула 1, и електронската стабилност и четвр­ тата генерација контрола на лизгање се исто така карак­ теристични за наследникот на FF, кој се движи со голема сигурност. Инженерите тврдат дека стабилноста и управу­ вањето се подобрени за пет отсто. Внатрешноста е обложена со мека кожа, поточно по­ големиот дел од нејзината површина и удобните седишта. Зафатнината на багажникот изнесува 365 литри, а постои можност да се зголеми и на 790 литри доколку се спуштат задните седишта. Поради обликот на предните седишта, патниците што седат одзади можат да се чувствуваат ко­ мотно бидејќи имаат доволно простор за нозете, т.е. коле­ ната. 61


...Во таков случај изборот е непогрешен. Иако на пазарот се нуди сè и сешто, во ексклузивните продавници чијашто брендирана облека изгледа привлечно, некогаш е тешко да се најдат парчиња што ќе ви прилегаат токму вам, што ќе ви стојат добро. Одберете квалитетен штоф, модел на јакна, костум, палто (тренчкот) или панталони, а потоа одете на шнајдер. Нека биде најдобриот, за подоцна да не се каете.

Облечете се по мера... С è повеќе мажи се одлучуваат да шијат облека. Има и причина зошто. Како прво, не чини многу, а и веројатноста да го добиете тоа што ви се допаѓа, без да го барате во странство на пример, е поголема, дури и од наоѓањето модел што сте го виделе во некое списание. Најважни се квалитетот на материјалот од кој сакате да сошиете нови панталони, палто (тренчкот), костум или јакна, сеедно, и работата на шнајдерот, неговата мајсторија, вклучувајќи ја и професионалноста. Никогаш не купувајте евтини штофови, бидејќи не траат долго, брзо изветвуваат. Неретко цената зборува за карактеристичните својства на ткаенината што сте ја избрале. По правило, материјалите се купуваат во специјализирани продавници, а некои кројачи располагаат и со штофови чиј квалитет е висок, изгледаат убаво и, што е најважно, испробани се, во смисла на работа со нив, дали се ресат, туткаат, како се перат, пеглаат и сл. Тоа не значи дека не ја следите модата. Напротив, на побрз и на поедноставен начин се доближувате до светските трендови, кои во нашата земја доаѓаат со мало задоцнување, а често и му пркосите на времето. Едноставно одите пред него. Таква привилегија имаат малкумина, не сите. Бидете еден од нив, зошто да не.

62

Костуми од новата пролетна колекција.


Најважни се квалитетот на материјалот од кој сакате да сошиете нови панталони, палто (тренчкот), костум или јакна, сеедно, и работата на шнајдерот, неговата мајсторија, вклучувајќи ја и професионалноста.

И палтата и т.н. бомбашки јакни се шијат по мера (од годинешната пролетна колекција).

Р

ечиси не постои дизајнер, креатор, па дури и модна куќа што не прави облека по мера за своите клиенти, постојаните купувачи. На ревиите ги прикажуваат новите колекции, дел се пушта во продажба за масовна, широка потрошувачка, преостанатото се шие по мера. Италијанската модна куќа „Бриони“ е меѓу попознатите, која работи токму така, на принципот хајенд. Ги облекува ѕвездите од светот на музиката, филмот и сл. И бизнисмените и политичарите ги ангажираат нејзините шнајдери за да изгледаат привлечно. Нема дилема, тоа што е направено според пропорциите на муштериите, и стари и нови, стои најдобро, идеално. Освен јакни, костуми, палта и панталони, во италијанската модна куќа се шијат и кошули, со иницијали на клиентите. Секако, не изостанува ни конфекцијата - блузи, елеци, поло маици, пуловери, како и чевли и аксесоари. Квалитетот не е прашање за дискусија. Сè е врвно за мажите чиј поглед на светот (животот) е судбински поврзан со естетиката, од раѓање. „Бриони“ функционира беспрекорно веќе седумдесет и две години, што како аманет на новите генерации им го оставија нејзините основачи Наѕарено Фонтиколи и Гаетано Савини. Креативен директор е Џанлука Флоре.

Се ближат матурските прослави, свадбите... Ако не сакате да шетате по дуќани, да барате соодветна облека, можете да сошиете или црн костум или бело палто, црни панталони. Со бела кошула ќе изгледате привлечно. Доколку сакате, можете да ставите и пеперушка (од новата пролетна колекција).

63


Мода

Минатата година дизајнерот се „закити“ со наградата, т.е. признанието за особени заслуги, постигнувања во уметноста. Неговиот стил го карактеризира елеганција и минимализам. Тој е непогрешен во изборот на гардеробата, вклучувајќи го и комбинирањето на облеката, аксесоарите. Неговиот потпис, логото, нека ви послужи како инспирација, доколку не можете да си го дозволите оригиналниот.

Во стилот на

ТОМ ФОРД Без оглед на „играчките“ правила - црната вратоврска (со микро­ ткаење, свилена - 220 $) не се препорачува за поширока примена, но... таа е заштитен знак на Том Форд кој, како што вели, модата е „игра“ „Клипер“ за книжни пари, исто така од 18 каратно злато (2.950 $), да го комплетира впечатокот Кожени чевли - црни, се разбира (1.790 $)

Црн триделен костум струкирано палто, елек и панталони од најмека волна (5.670 $)

64

Американскиот дизајнер ги обожава украсните копчиња за манжетни, кои се неизбежни - бела кошула и декоративни кламери од 18 каратно злато (4.200 $)


Авијатичарските очила за сонце се исто така заштитен знак на Том Форд - металот е сјаен, а рамките се ацетатни (415 $) Аксесоарите имаат пресудно значење. Не морате да носите тиркиз, доволна е само една сребрена извртена гривна (650 $), за комплетен впечаток

Класичната мерино блуза (790 $) е сина, и безвременска - секако, може да се носи со палто

Пролетен жакет („војнички“) во црна боја, комбинација на лен, памук и свила, со четири надворешни џебови на закопчување и кожен детаљ на јаката (3.590 $)

Кожен ремен со тока во форма на потковица (990 $)

Бидете смели, и направете нешто што не сте имале можност досега. Облечете сини чевли од кадифе (1.790 $) Се разбира, доколку одлучите да облечете сако од ист материјал. Во спротивен случај, изберете нешто меѓу патики и чевли (990 $) Освен блуза, под јакната можете да носите и светлосина кошула (615 $), струкирана и откопчана

Темносиното кадифено сако е омилено на дизајнерот. Ако немате храброст или, пак, не ви се допаѓа, заменете го со петролеј кожена јакна (5.990 $)

Американскиот дизајнер во интересна комбинација што може да ве инспирира

Фармерките се непогрешен избор, секогаш (680 $) Парфемите на Том Форд се преубави, но и козметиката не изостанува со квалитетот. Средство за пилинг, дневен крем и спреј за тело го сочинуваат луксузно спакуваниот сет (218 $).

65


едно патување

Лион

во магливиот превез на историјата И блиската и далечната, која привлекува илјадници туристи дневно, испреплетена со сегашнината, иднината на градот што ги „роди“ браќата Лимиер, кулинарскиот маг Пол Бокиз, миленикот на децата и возрасните – „Малиот принц“, седумкратниот првак - фудбалскиот клуб Олимпик, стрипот Астерикс и Обеликс, физичарот Ампер... Игор Ландсберг 66

М

ожеби не важи за град што секојпат е буден, чија спектакуларност не произлегува од забавата што ја нуди туку од неговата мистериозност, кога се работи за историјата, односно минатото, сегашноста и иднината, но Лион е сепак привлечна дестинација за туристите што сакаат нешто поинакво, интересно, а не само возбудливо, забавно патување. Неговите жители во Франција се познати како студени домаќини, без изразита гостопримливост. Сепак, не забораваат да го споменат „Астерикс и Обеликс“, еден од најпознатите стрипови кој говори за (не)згодите на Римјаните и Галите во Лугдунум, денешен Лион, каде што се родил и Клавдиј, наследникот на Цезар (Калигула). Постојат многу архивски записи што ја потврдуваат заљубеност на староримскиот цар во брдото што се издигнува над двете реки, Сона и Рона. Се женел четирипати, а најголема трага оставила Месалина, негоМостот на Сона, од различни агли, пред самрак и навечер


Детали од Градската куќа (општината)

Анекти­ рањето на Лион и црквата во Бур­ гундија не ја намалила епископската дејност на катедралата Сан Жан. Таа и натаму била моќна. Во срцето на стариот град имала четири хектари земјиште, аудиториум, затвор, конаци..., утврдени. вата трета сопруга, која била многу развратна, алчна и властољубива. Во текот на владеењето се истакнувал со измените во полза на широките народни маси, вклучително и Евреите, овозможувајќи им верска слобода. Едновремено им го ускратил правото на прозелитизам. Клавдиј придонел и за присоединување на британските острови кон Римското Царство, а на Галите им дал повеќе права, изедначувајќи ги со другите жители на древниот Рим. Како благодарност, неговиот говор пред сенатот го изрезбариле на табла, а дел од неа е изложен во лионскиот Историски музеј. Без оглед на брзината со која се одвивале настаните, бидејќи времето не може да запре, анектирањето на Лион и црквата во Бургундија не ја намалила епископската дејност на катедралата Сан Жан. Таа и натаму била моќна. Во срцето на стариот град имала четири хектари земјиште, аудиториум, затвор, конаци..., утврдени. Набргу конфликтот на интересите ги разбранил немирите во кралскиот дворец отспротива, кои траеле до почетокот на 11 век, кога власта ја презел Фридрих Барбароса. Трговијата се одвивала непречено, а црковното влијание било забележано и на другата страна на реката Сона, што го потврдило и екскому-

Во катедралата Сан Жан е крунисан папата Климент Петти, се венчале Хенри Четврти и Марија (Медичи) итн. ницирањето на Фридрих Втори, два века подоцна. Таму го крунисале и папата Климент Петти, кој ги прогонил темпларите, под влијание на Филип Убавиот што, пак, во 1307 год. придонело за лионската автономија. Откако стивнала епидемијата на чума и на колера, некогашниот Лугдунум излегол од средновековниот мрак и доживеал преродба.

Отел Дју (болницата) на другата страна од Рона

67


Во 1789 г. завладеало мрачно чувство, започнала Буржо­ аската револуција. Лион страдал како, впрочем, и другите француски гра­ дови. Поради близината на Алпите и морето, како и пловноста на двете реки, Лион станал крстосница на Северна Европа, Медитеранот и Левант. Почнале да се одржуваат меѓународни саеми, привлекувајќи ги трговците со ткаенини од Тоскана и Џено-

Лионската опера

Базиликата Нотр Дам де Фурвиер однадвор изгледа преубаво, како и нејзината внатрешност Ботаничката градина во „Златната глава“, паркот на педесет хектари, каде што во шеесеттите години била инаугурирана принцезата од Монако (Грејс Кели)

68

ва. Се отворила и банка, сопственост на семејството Медичи, во 1466 г. Освен ткаењето свила, и печатењето книги го сменило животот на граѓаните. Во 1473 година е издадена првата книга на француски јазик. Тогаш се граделе и тајните пасажи (на кат), а во 1550 год. е изршен попис, кога се утврдил точниот број на жители - 50.000. Ренесансата им влијаела позитивно. За жал, вооружената борба меѓу католиците и протестантите го ослабела градот на сите полиња, до влегувањето на трупите чиј војсководец бил Хенри Четврти. Откако се оженил за Марија (Медичи), во катедралата Сан Жан, престанала и крвавата битка и дошло до помирување на завојуваните страни. Неколку децении потоа интензивно се градело, првин велелепната Градска куќа (општина), додека централниот плоштад Белкур, импозантните Лож ду Шанж (црква) и Отел Дју (болница), подоцна, во времето на Луј Четиринаесетти. Се подобрила организираноста на јавните работници - кочијашите,


пожарникарите..., свиларскиот занает станал доходовен, а бројот на вработените се искачил на 60.000, улиците наскоро добиле имиња, се отворило ветеринарно училиште (прво во Европа), се обзнаниле Амперовите откритија. Во 1789 г. завладеало мрачно чувство, започнала Буржоаската револуција. Лион страдал како, впрочем, и другите француски градови. Останатото е историја, долга приказна, ново поглавје во неговиот развој. Потребата од работна сила во лионските свиларници растела брзо. Градот бил индустриски центар во 19 и 20 век. Пронаоѓањето на разбојот, влијаело врз зголемувањето на извозот, а нарачките доаѓале и од Америка. Машината заменувала шест работници, поради што многумина ја изгубиле работата и во 1831 година се побуниле. Сепак, иновациите ги засенувале таквите проблеми. Браќата Лимиер со кинематографијата го свртеле вниманието на пошироката јавност, истражувајќи ја филмската уметност. Во 1895 год. се претставиле со десет филмови, пред триесетина гледачи во париското Гран-кафе. Денес посетеноста на институтот, отворен во нивна чест, е голема, вклучително и можноста да се дознае многу за создавањето на филмот. Покрај уметноста, и фармакологијата и хемиската индустрија се лоцирале во Лион каде што напоредно се работело и на негова урбанизација - операта, Палатата на правдата, базиликата Нотр Дам де Фурвиер. Измазнетите фасади, светлосните ефекти од патинирањето ги прават уште попривлечни, вредни за фотографирање, но и за да се разгледаат внатре, како и „Златната глава“, паркот на педесет хектари, кој опфаќа ботаничка и зоолошка градина, езеро и леи со ружи, каде што во шеесеттите години била инаугурирана принцезата од Монако (Грејс Кели). Таму се калемат рози што носат имиња на славни личности. Но, градот не живее исклучиво од минатото. Лион важи за гастрономска престолнина на Франција што се потврдува со преполните кафеанчиња („бушони“) во кои се послужуваат специјалитети како, на пример, колбаси во кисело тесто и салата од јајца и пилешки џигерчиња. Треба да се пробаат и деликатесните јадења на кулинарскиот маг, деведесет и едногодишниот Пол Бокиз, одликуван со Легија на честа. Поседува неколку ресторани, а резервирањето место е задолжително. Основал институт за гастрономија, каде што се обучуваат млади готвачи, угостители. Прошетката низ калдрмисаните улички со антикварници, пекарници, цвеќарници..., по мостовите, крај реките, до банкарската зграда во модернистички стил - Портокаловиот куб, ќе го направат престојот уште по-

Прошетката низ калдрмисаните улички со антикварници, пекарници, цвеќарници..., особено навечер, е уживање на слободата убав, имајќи го предвид фактот дека градот е заштитен од УНЕСКО, оттаму е седумкратниот првак - фудбалскиот клуб Олимпик и, се разбира, „таткото“ на миленикот на децата и возрасните – „Малиот принц“, кој зборува на еден јазик разбирлив за сите - јазикот на љубовта.

Лион важи за га­стро­номска престолнина на Франција што се потврдува со препол­ ните кафеанчиња („бушони“) во кои се послужуваат спе­ цијалитети.

Кулинарскиот маг, деведесет и едногодишниот Пол Бокиз, поседува неколку ресторани, а резервирањето место е задолжително

Банкарската зграда во модернистички стил - Портокаловиот куб од 2011 година

69


мојот дом

Сите бои на ентериерот... креирајте ја сопствената оаза Психологијата на боите е важна за уреду­ва­ њето на ентериерот, бидејќи во тие просто­ рии престојувате секој ден. Погледнете кои се идеалните бои за секоја просторија и создадете оаза за уживање во својот дом.

П

оигрувањето со боите во станот или куќа­та е одличен и достапен начин за де­корирање и уредување на ентериерите, а предноста на овој тип декорирање е тоа што со малку труд можете да го смените ефектот што сте го постигнале доколку не ви се допаѓа или, пак, ако ви здодее по из­вес­но време. Дознајте и како боите на ѕидовите влијаат на вашето расположение, а со самото тоа и размислувањето и начинот на живот.

Кујна

За да создадете чувство на чистота и убавина, во кујната треба да доминира белата боја. Таа е чиста и едноставна, а тоа допринесува за смиреноста во неа и помалку прејадување. Истражувањата покажаа дека сè почесто јадеме во неуредна кујна, а ако на тоа ги додадеме и многуте бои, крајниот резултат ќе биде катастрофален. Додајте малку жолта, виолетова или природни кафеави тонови како што се различните бои на дабот, за да ја „оживеете“ белината. 70


Дневна

Ова е местото каде што семејството се дружи и одмора. Затоа во неа мора да доминира неутрална боја на ѕидовите, што ќе создаде смирувачка атмосфера за сите. Најпрепорачливи нијанси се сивите, од нежни до темни. Други идеални бои за дневната соба се темносината и зелената. Деталите во темноцрвена, розова или жолта боја ќе создадат убав контраст. Опремете ја дневната соба со квалитетен и функционален мебел кој ќе го следи вашиот вкус и животен стил. Ако сакате да внесете повеќе боја во просторот, разиграјте го со перничиња, килим, завеси и впечатливи прекривки.

Трпезарија

Многу е важно во оваа просторија да создадете добра атмосфера, па затоа се препорачува правење контраст. Ѕидовите нека бидат бели, а ед­ниот ѕид сив, светлокафеав или бордо. Најевтиниот начин да постигнете контраст е со помош на чаршафот на масата или со украсните садови.

Спална

Станува збор за вашата лична оаза и затоа тука не мора да следите никакви правила. Одберете го она што најмногу ви одговара, без оглед дали станува збор за црвена, смирувачка сина, виолетова или боја на лаванда. Додајте ги своите детали и не грижете се премногу. Тоа е сепак вашата спална соба.

71


Бања

Најубави се оние бањи во кои има доволно природна светлина. Но бидејќи денес во новите згради бањите главно немаат прозорци, боите ја играат клучната улога во обезбедувањето удобност. Нежните земјени тонови ќе го отворат просторот, особено ако искомбинирате со бели крпи и големи огледала. И не заборавајте дека сјајните плочки повеќе го отвораат просторот отколку оние матираните.

5 тајни на молерисувањето за визуелно зголемување на просторот

Правилото за уредување на ентериерот според кое малите простории „не трпат“ бои на ѕидовите едноставно веќе не постои. Токму како и уверувањето дека на малите простории им одговара што помалку мебел со цел просторијата да изгледа поголема. Научете како со боите да внесете живост и уникатност во малиот простор, а со помош на следните трикови визуелно зголемете го...

Ефектот на темните и светлите нијанси

Не заборавајте дека темните бои ја апсорбираат светлината и имаат тенденција да го направат просторот помал така што визуелно ги доближуваат ѕидовите. Но темните бои во детали, кои не покриваат големи површини

Влијанието на боите врз психата Различни бои будат различни чувства и имаат поинакво влијание врз телото. Вака реагира нашето тело на следните бои... ...црвената, жолтата и портокаловата го покачуваат крвниот притисок и го забрзуваат чукањето на срцето ...сината, зелената и виолетовата го смалуваат бројот на отчукувања на срцето, го снижуваат притисокот, го смируваат дишењето и ги прошируваат крвните садови ...жолтата боја го поттикнува интелектот ...црвената боја ја стимулира сензуалноста ...зелената го поттикнува вербалното изразување и критичкото анализирање ...сината влијае на идеализирањето ...бојата на песокот го поттикнува опуштањето ...нежните розови нијанси внесуваат топлина и ја поттикнуваат дружељубивоста ...студените темни зелени тонови ја будат самодовербата ...светлите, нежни сини нијанси го поттикнуваат размислувањето

на ѕидовите, можат да му дадат на просторот длабочина. Нијансите во средината на одредена палета, што не се ни премногу силни ни премногу бледи се одличен избор бидејќи даваат живост на помалите простории. Тоа се оние тонови во кои најголемо влијание има белата боја. Така на пример, наместо модро виолетова одберете само светло виолетова – обичната виолетова разблажена со многу бела боја. Разблажената боја, онаа што ја добивате со мешање со бела боја, креира мирна и релаксирачка атмосфера, притоа одбивајќи ја светлината па помалите простории визуелно ги прави поголеми бидејќи светлите нијанси визуелно ги оддалечуваат ѕидовите.

72


Во малите простории оваа дизајнерска игра може да направи многу. Перничињата чија боја се согласува со бојата на ламбата и се стопуваат со сличната нијанса на ѕидовите или завесите ќе изградат дизајнерска атмосфера во малиот простор.

Проширете го просторот со линии

Контрастни ѕидови во различни бои

Иако на некои дизајнери на ентериери не им се допаѓа оваа идеја, дизајнерката Либи Лангдон советува дека не би требало да се плашиме од посмелите бои во просторот. Малку потемна боја на еден од ѕидовите ќе направи просторот да изгледа поширок.

Боењето на ѕидовите во линии претставува уште еден начин на поигрување со боите што може визуелно да го издолжи или да го прошири просторот, во зависност од тоа како ќе ги поставите линиите. Ако не сакате самите да ги правите бордурите и да ги мешате боите, можете да залепите и тапети со линии. Некој сантиметар плус ќе додадете и ако таванот го молерисате во малку посветла нијанса бидејќи на тој начин просторот ќе изгледа повисок и посветол.

Боја во детали на необични места

Просторот зад полиците, околу рамката на прозорецот или некое друго необично место обојте го во омилената нијанса и така дајте ѝ длабочина на просторијата. Ако имате мал ходник кај влезната врата, тогаш ѕидовите во него обојте ги со потемна нијанса која постепено ќе ја осветлувате како што ќе се движите накај дневната. На тој начин ќе креирате впечаток на широчина.

Детали во собата стопени со бојата на ѕидовите

Како што различната боја на ѕидовите може визуелно да го подели просторот, истите тонови на деталите во просторијата како и бојата на ѕидовите можат да го „обединат“ малиот простор.

Запомнете: кога ги одбирате боите за ѕидо­ вите, обрнете внимание и на ориентацијата на просторијата што ја молерису­ вате. Ако собата гледа на север, до неа ќе допи­ ра многу малку природна свет­ лина, па затоа одберете топли тонови. Оние соби, пак, што гледаат на југ или запад совршено ќе изгледаат во сини или зелени тонови. 73


новитети во дизајнот

Мебел што ги грее бањите Дизајнерот Давид Версели креираше за компанијата Rotfil нова генерација грејни тела првично наменети за бањите. Иновативниот мебел HOM е предвиден за опремување, греење и сушење, а изработен е од традиционални или природни материјали како што се кедарот и теракотата.

Колекцијата HOM вклучува полици, столчиња и плочи, а во внатрешноста на секој предмет се наоѓа технолошко јадро што го претвора мебелот во грејни објекти за сушење на облеката, крпите или едноставно за седење. Технолошкото јадро на овие термални предмети се состои од специјален греен кертиџ скриен меѓу издржливите плочи од природен материјал. Плочите ефикасно ја задржуваат топлината и подолг период лесно ја испуштаат. Оваа технологија е најнапредниот систем во сферата на штедливото електрично греење, а претставува резултат на тригодишното истражување на дизајнерот и компанијата Rotfil во соработка со Политехничкиот универзитет во Торино.

Луксузна када од природен камен Благодарение на данскиот производител Muubs, сега во вашиот дом можете да внесете уникатно парче од природата, кое воедно ќе го претвори капењето во единствено искуство. Кадата Riverstone претставува вистински допир на луксузот и доминантен детаљ во бањата. Секоја од кадите е оригинална и изработена од природен камен. Необработената надворешност на кадата е впечатлива и сурова, додека мазната внатрешност претставува визуелно интересен контраст и обезбедува исклучителна удобност и смирувачко чувство на сигурност. Несекојдневниот материјал од кој е изработена и големите димензии гарантираат дека кадата ќе стане централна точка на секоја бања во која ќе се постави. Кадата доаѓа во димензиите 205 х 88 х 70 сантиметри и нејзината надворешност е во природната боја на каменот.

Импресивните висечки тушеви Rainmaker Select Новата линија висечки тушеви Rainmaker Select на компанијата Hansgrohe го претвора туширањето во врвно сензуално искуство и ја трансформира бањата во вистинска оаза на уживањето и место за релаксација. Површината на тушевите без рамка, окружена со тесно куќиште изработено до хром, пружа врвен изглед и ги прави овие тушеви погодни за секоја бања. Импресивниот дизајн го красат и новата бела стаклена површина и сјајниот метал кои се изработени од најквалитетни материјали, што го прави целиот амбиент на бањата исклучително пријатен и визуелно ги дополнува другите елементи на бањата. Тушевите Rainmaker Select ги карактеризира и фантастична прецизност на изработка и завршна обработка, за што најдобро сведочи податокот дека има повеќе од 200 отвори на стаклената плоча што го покрива тушот, направени со помош на исклучително прецизен ласер. Тушевите се достапни во големини од 460 и 580 милиметри и овозможуваат целосно уживање со повеќе различни видови млазови. Тушевите Rainmaker Select се одржуваат и чистат исклучително лесно бидејќи за првпат целата глава на тушот може да се извади, а заради дополнително чистење и плочата може да се одвои од главата. 74


Часовник што го гравира времето Постојат многу начини да се покаже точното време, а дизајнерите на швајцарската компанија 42foundry осмислија еден исклучително креативен. Тоа е единствениот часовник ETCH. Со мазна површина како камен врамен во алуминиумска рамка, ETCH на прв поглед не изгледа воопшто поразлично од другите декоративни предмети во ентериерот. Но, она што изгледа како неподвижна површина, повремено формира дигитални карактери што покажуваат точно време. Тајната е во еластичната мембрана што ја претставува површината на часовникот и овозможува да се креира елегантен 3Д ефект. Откако ќе го прикаже времето, мембраната лесно се враќа во првобитната положба. Димензиите на часовникот се 40х40 сантиметри, тежи околу шест килограми, а може да се чува на маса или да се закачи на ѕид. Со помош на соодветна апликација на мобилниот телефон, може да се усклади времето што го покажува ETCH со моменталното време. Апликацијата овозможува и да се одберат два начина на прикажување на времето – едниот начин е прикажување на времето на секои 30 секунди, а другиот е прикажување на времето на секои 30 секунди само ако регистрира звуци во просторијата. Часовникот ETCH е исклучително ефективен детаљ во ентериерот, а чини 1450 долари.

Модуларната печка на Филип Старк Иако печката и камините не спаѓаат во традиционално флексибилните домашни уреди, Французинот Филип Старк ја претстави модуларната еколошка печка Speetbox и така внесе новина во грејните уреди. Печката на дрва што ја дизајнираше Старк за компанијата Speeta, може да се трансформира според желбите на купувачите, со комбинирање на сегментите со различни функции. Покрај основниот елемент за греење, функциите на печката можат да се прошират со додавање различни модули кои можат да се поставуваат и редат хоризонтално и вертикално еден до друг на многу начини. Можеби најинтересен е модулот исполнет со камења кој ја акумулира топлината додека печката грее, а постепено ја ослободува во текот на 24 часа откако ќе се изгасне печката. Модулите за складирање нудат простор за чување трупци, книги или дополнителна опрема што се добива заедно со печката – лопата за пепел, четка, маша. Со помош на апликација на мобилен телефон може да се контролира температурата во просторијата, дистрибуцијата на топлиот воздух, брзината на согорувањето, осветлувањето, па дури и да се види емисијата на штетни гасови. Speetbox поседува херметички затворена печка изработена од челик. Може да работи со и без електрична енергија. Печката е енергетски поефикасна од конвенционалните алтернативи и произведува помалку пепел од обичниот камин. Компанијата тврди и дека емисијата на штетни гасови е драстично смалена.

75


правни дилеми

Периодов пред нас ќе биде актуелен по една обврска на граѓаните, пријавување и уплата на утврдениот персонален данок на доход од страна на Управата за јавни приходи.

Персонален данок на доход -

И

данок на вашите лични приходи

мајќи го предвид фактот што за повеќето граѓани постојат определени недоумици во врска со овој закон, а пред сè имајќи предвид дека казните за непочитување на законската обврска за пријавување и плаќање на овој данок се навистина високи, овде ќе се обидеме да разјасниме определени аспекти на Законот за персонален данок на доход. Најпрво, со овој Закон се уредува начинот на оданочување на доходот на граѓаните и истиот се плаќа годишно на збирот на нето приходите од сите извори, освен на приходите што се изземени од оданочување со закон. Доходот на граѓаните што подлежи на оданочување го сочинуваат следниве видови приходи, што граѓаните ги остваруваат во земјава или во странство:

1) лични примања (плати, пензии...); 2) приходи од самостојна дејност; 3) приходи од имот и имотни права; 4) приходи од авторски права и права од индустриска сопственост; 5) приходи од капитал; 6) капитални добивки; 7) добивки од игри на среќа; 8) други приходи. Треба да се напомене дека на оданочување подлежат сите приходи од погоре наброените што се остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид. На одделните видови приходи, наброени погоре, во текот на годината се пресметува аконтација на данокот на доход што се наплатува по одбивка од секој приход или врз основа на решение на органот за јавни приходи, освен ако не е поинаку определено со закон. Износот на платениот данок се одбива од пресметаниот годишен данок на доход, а олеснувањата се признаваат во износ во кој се одобрени при аконтативното пресметување.

Персонален данок на доход не се плаќа на примањата како што се:

адвокат м-р Владимир Бангиевски Адвокатска Канцеларија Бангиевски 76

1) награди што ги доделува Организацијата на обединетите нации и меѓународните организации; 2) награди за животни достигнувања во науката, културата и спортот; 3) стипендии и кредити на ученици и студенти што ги доделуваат органите на државната управа и фондациите во согласност со закон;


4) награди на ученици и студенти за време на задолжителна практична работа и обука до 4.000 денари месечно; 5) награди на ученици и студенти освоени на натпревари во рамките на образовниот систем; 6) награди на спортисти за постигнати резултати на официјални меѓународни натпревари; 7) стипендии за спортисти; 8) надоместок на трошоци за службени патувања (трошоци за превоз, сместување и исхрана) при патување на државните репрезентации и спортските клубови на официјални првенства и други меѓународни натпревари; 9) надоместок на трошоци за службени патувања, за теренски додаток (сместување, исхрана) или одвоен живот од семејството на вработени лица во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа; 10) надоместоци на трошоците за користење сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно; 11) организиран превоз до и од работа, како и исхрана за време на работа утврдени со закон, општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа; 12) надоместок на лицата волонтери согласно со Законот за волонтерството; 13) надоместок за инвалидност, плата и пензија на инвалидно лице; 14) детски додаток; 15) други социјални додатоци за деца, утврдени со закон; 16) паричен надоместок за време на невработеност, утврден со закон; 17) надоместок во случај на смрт на вработениот и на член на семејството, до пропишаниот износ; 18) помош за претрпени штети од елементарни непогоди, до најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа; 19) надоместок по основ на здравствено осигурување, освен надоместок на плата; 20) помош за социјална заштита; 21) надоместок за телесно оштетување; 22) надоместок на штета по основ на животно и неживотно осигурување; 23) камати по јавни заеми; 24) камати по обврзници издадени од Република Македонија и единиците на локалната самоуправа; 25) камати на штедни влогови, трансакциски сметки и депозити по видување; 26) алиментации и надоместоци на штета по судска одлука и надоместок на штета како последица на несреќа при работа; 27) приходи од продажба на собрани лековити билки и шумски плодови, остварени од физичко лице; 28) парични надоместоци доделени на национален уметник согласно со Законот за националниот уметник на Република Македонија; 29) парични надоместоци доделени на уметник и стручен соработник од областа на заштитата на културното наследство

кој остварил право на пензија и е добитник на една од државните награди „11 Октомври“ за животно дело, „11 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста, „Св. Климент Охридски“ за долгогодишно остварување во културата и уметноста, наградата „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата, согласно со Законот за културата; 30) отпремнина што се дава при заминување во пензија во висина од две просечни месечни нето-плати по работник исплатени во Република Македонија во последните три месеци; 31) надоместок за учество во органите за спроведување избори; 32) еднократен надоместок во вид на испратнина, заради трајно работно ангажирање на работниците, под услови и начин утврдени со закон; 33) примени донации во согласност со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности; 34) плати на вработените лица кај обврзникот кој е корисник на технолошка индустриска развојна зона, за период од десет години од започнувањето на вршењето на дејноста во зоната, односно од првиот месец во кој корисникот ќе изврши исплата на плата, без разлика на бројот на вработените лица кај корисникот, под услови и постапка утврдени со Законот за технолошки индустриски развојни зони и 35) надоместок на трошоци за хотелско сместување, храна и превоз за лица што не се вработени кај филмскиот продуцент, кои учествуваат при производство на филм наменет за јавно прикажување, во висина на стварните трошоци, утврдени врз основа на документ за направените трошоци. Обврзник на данок на доход според овој Закон е секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство. Обврзник на данокот на доход, во смисла на Законот за персонален данок на доход, е и физичко лице - трговец, трговец-поединец, како и физички лица што се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лица што вршат услуги или слободни занимања. Обврзник на данок на доход е и физичко лице што не е резидент на Републиката за доходот што е остварен на територијата на Републиката, како и доход на физичко лице кое непријавено врши дејност и остварува приходи што подлежат на оданочување според одредбите на овој Закон. Инаку данокот на доход се плаќа по стапка од 10%, а заради одбегнување двојно оданочување на даночниот обврзник - резидент му се намалува пресметаниот данок на доход за износот на платениот данок на доход во друга држава, најмногу до износот што би се добил со примена на даночните стапки од член 12 на овој Закон. Заради примена на даночното ослободување или олеснување кое произлегува од меѓународен договор за одбегнување на двојното оданочување, Управата за јавни приходи по барање на даночниот обврзник - резидент издава потврда за даночен резидент на Република Македонија. 77


здравје

Водич за интегралните житарки... дали добро ги познаваме? Силвана Јованчева

Житарките отсекогаш биле и сè уште се основната храна во нашиот живот. Во дамнешни времиња, полн амбар зоб, пченица, пченка, јачмен значеле и сигурен и мирен живот. Модерното време донесе сè и сешто, да не зависиме од основните хранливи производи, но воедно донесе и многу болести. Бидејќи, како што велат старите „Здравјето низ уста влегува“.

З

аглавени во модерното живеење, заборавивме на основните начела на исхраната, но затоа тука се секојдневните пораки и препораки што допираат до нас преку медиумите и интернетот дека никогаш не е доцна да се погрижиме за себе и сопственото здравје. А тоа значеше и да почне масовната употреба на таканаречената „здрава храна“. Како основа пак на таа здрава исхрана се интегралните житарки. Значи повторно се враќаме на почетокот, во старо време, кога луѓето мо78

жеби не знаеле што е тоа чоколадо или сендвич, но затоа пак биле многу повити и поздрави отколку што сме ние денес. На полиците во продавниците за здрава храна стојат многу видови житарки, а бидејќи голем дел од нив ни се непознати, свесно ги избегнуваме. Овој кус водич ќе ве запознае со тие разни видови и нивните лековити својства. Во оваа листа ги вклучивме и оние билки што не припаѓаат официјално на житарките, но поради своите нутритивни својства се многу слични со нив.

1

Пир (крупник, спелта или динкел)

Крупникот е еден од најстарите видови пченица, која потекнува од Азија и се споменува во Стариот завет од Библијата. Содржи многу повеќе протеини од пченицата, незаситени масти, витамините А, Ц и Б, потоа минералите калциум, селен, кобалт, железо, фосфор, магнезиум, калиум, бакар, а содржи и многу растителни влакна. Помага во борбата против анемијата, дејствува лаксативно и закрепнувачки за организмот. Има изразено антиоксидативно дејство. Поволно дејствува кај кожните и алергиските зарази, невродермитисот, ревматските заболување и кај покачен холестерол. За да се подобри неговото корисно дејство, се препорачува само малку да се свари и така


да се конзумира. Во продавниците можете да го најдете како гриз, кускус и брашно од пир. Тој се користи за подготвување леб и пецива, за производство на пиво, како и производи за деца. Пропржени и мелени зрна од пир се користат како замена за кафе. Пирот лесно се вари во организмот, па затоа е многу добар за исхрана на децата и старите лица.

2

Амарант (без глутен)

Амарантот e древна житарка, широко распространета на територијата на Америка и Азија.Оваа хранлива житарка се одгледува повеќе од 8000 години и била значаен дел од обредите на американските домородци. Нејзиното име означува „бесмртен“. Таа е една од најздравите и најстари житарки во светот. Содржи висококвалитетни протеини и лизин во најголем процент од другите житарки. Способноста на биолошката асимилација на неговите протеини е поголема отколку кај млекото, сојата, јачменот и пченицата. Оваа храна била високоценета уште пред 6000 години во времето на Ацтеките. Се користи како замена за житата и нејзина главна карактеристика е отсуството на глутен. Содржи големо количество манган, но, исто така, и железо, магнезиум, фосфор и диетални влакна. Амарантот претставува извор и на протеини и специфично е тоа што има есенцијална аминокиселина која е ретко застапена во растителните продукти. Амарантот во зрна може да го варите како и другите житарки, а брашното се користи за подготовка на леб.

3

Просо (без глутен)

Просото е безглутенска житарка, која доаѓа од Истокот. Неговото потекло не е сосем разјаснето, но сигурно е дека е одгледувано во Кина пред многу илјади години. Во средниот век просото било популарно во многу делови на Европа и се сметало за одлична замена за месото. Можело да се чува во складишта долги години. Венеција се спасила од опсадата на Џеновезите благодарение на просото сочувано во нивните складишта. Просо е исклучително богато со скроб и затоа може да се спореди со пченката. Воедно е одличен извор на протеини, витамини А и Б, како и минерали, посебно

железо, магнезиум, фосфор и салицил. Поради високата содржина на силицилна киселина просото се смета за вистински козметички препарат, бидејќи одлично дејствува на ноктите, кожата, косата и забите. Просото го чисти организмот, воспоставува рамнотежа во организмот, ја регулира работата на системот за варење и го јакнее имунитетот. Се препорачува на луѓе што се изложени на зголемен физички и психички напор, бремени жени и доилки. Се подготвува многу брзо и лесно. Зрното му е слаткасто и токму поради тоа е многу вкусно за јадење. Оваа житарка не содржи глутен, но може да се меша со пченкарно брашно и да се користи за подготовка на леб и тестенини.

4

Киноа (без глутен)

Киноата е древна јужноамериканска житарка, што се одгледувала на Андите уште пред 5000 години. Инките ја знаеле оваа житарка како извор на сила и издржливост. Ја нарекле „Златото на Инките“ и „Мајка на житарките“. Киноата е богата со висококвалитетни протеини и ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Посебно е богата с о лизин, кој учествува во процесот на растење и зацелување на ткивата. Лизин е ɑ-аминокиселина што учествува во биосинтезата на протеините. Претставува есенцијална аминокиселина за луѓето, што значи дека организмот не може да ја синтетизира поради што е неопходно да се внесува со исхраната. Од минералите содржи калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк и бакар. Од витамини има тиамин, рибофлавин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина и витамините А и Е. Киноата содржи и растителни влакна и каротеноиди. Помага кај мигрена, ја подобрува работата на срцето и крвните садови, го намалува холестеролот и високиот крвен притисок, спречува алергии и астма. Пред да ја подготвувате киноата треба убаво да ја измиете, бидејќи нејзината лушпа содржи сапонин - природен горчлив вкус. Измијте ја и убаво исцедете, а потоа варете ја во голем сад со многу вода или на пареа (во сразмер 2 чаши вода на една киноа).

5

Камут

Древна житарка, слична на денешната тврда (дурум) пченица. Зрното на житарката камут е малку закривено на средината и 2-3 пати поголемо од зрното на класичните сорти пченица. Во однос на хранливата вредност, камутот е супериорен и содржи 20-40% повеќе белковини, масти, аминокиселини, витамини и минерали. Вкусот му е сладок и токму поради ова е наречена „слатка пченица“. Поради високата енергетска вредност особено е препорачлива за спортистите и физички активните луѓе. Луѓето алергични на глутен покажуваат 70% помала чувствителност на камут и затоа меѓу нив е позната како „пченица што можете да ја јадете“. Можете да го користите за подготовка на леб, колачи, палачинки и во многу други рецепти каде што обично се користи пченица. Од камут може да се подготви кускус и тестенини.

79


6

Јачмен

Во многу цивилизации јачменот е познат уште пред 12000 години. Спаѓа во најстарите растенија што ги користел човекот во својата исхрана. Меѓутоа денес употребата на јачменот во исхраната на луѓето сè повеќе се намалува. Денес зборот јачмен, кај повеќето луѓе, асоцира само на пиво. Јачменот е исклучително хранлив, богат со скроб, протеини, шеќери, растителни влакна, минерали (калциум, железо, фосфор, калиум), како и со витамините А, Б, Б2 и Б5. Оваа житарка го чисти организмот од отрови, има својство на диуретик, го поттикнува создавањето млеко, ги зајакнува коските, го обновува организмот и ги чисти крвните садови. Јачменот можете да го користите во супи, чорби, готвени јадења, ориз и како вкусен појадок.

7

Зоб

Во денешно време зобот се користи пред сè за исхрана на добитокот, но во минатото имала големо значење во исхраната на луѓето. Кинезите знаеле за оваа житарка уште многу поодамна, а ја користеле и старите Римјани. Денес во големи количини се користи во Русија, Шкотска и Ирска. Познатиот пориџ (каша) се подготвува од зоб готвен на ниска температура. Зобот е една од најхранливите житарки (400 калории на 100 грама). Оваа житарка е богата со протеини, масти и растителни влакна. Содржи голема количина минерали (калциум, железо, фосфор, магнезиум) и витамини од групата Б. Зобот го јакне организмот, го зголемува создавањето на телесната маса, го регулира метаболизмот и помага кај анксиозност и депресија. Во зрното зоб е присутен хормонот за раст со голема количина калциум. Поради тоа оваа житарка е идеална храна за младите и децата во фазата на раст и развој, како и за бремените жени. Зобот се користи во многуте препарати за нега на телото. Ја чисти кожата, ја омекнува, хидрита, смирува и ја штити кожата.

8

Теф (без глутен)

Теф е ситна житарка од африканско потекло, чии лековити својства воопшто не одговараат на нејзината големина. Тефот најмногу расте во Етиопија, каде што се користи за подготовка на нивниот традиционален леб без квасец, познат како ињера. Инаку, теф е мала житарка со големи бенефити по здравјето на човекот. Многу нутриционисти тврдат дека е совршена доколку сакате да ја подобрите својата исхрана и да му обезбедите на организмот совршена комбинација од нутритиенти. Покрај тоа што е една од ретките житарки што не содржи глутен, таа е богата со железо и е многу вкусна. Содржината на калциум и железо е далеку над содржината во другите житарки, а освен тоа изобилува и со осум есенцијални аминокиселини и е одличен извор на протеини. Од теф може да се подготви и каша, а брашното може да се додава во многу други пецива.

80

9

Пченка (без глутен)

Пченката е навистина волшебно растение. Расте брзо и нејзините зрна се јадат уште пред убаво да созреат. Расте самостојно, одгледувањето не бара премногу труд. Пченката потекнува од Јужна Америка, каде што ја сметаат за Божествено растение. Содржи јаглехидрати, протеини, незаситени масти, витамини и минерали, како железо, фосфор, магнезиум и калиум. Пченката има диуретички, хранливи и закрепнувачки својства. Ја поттикнува работата на слезината и бубрезите, активно дејствува на тироидната жлезда и ја забавува нејзината работа. Се препорачува во случај на нервоза и раздразливост. Го јакне срцето, крвниот систем, мускулите и коските. Пченката може да се вари или пече. Од пченкарното брашно се подготвува палента, тестенини, леб и колачи. Можете да ја консумирате во облик на пуканки или снегулки. Пуканките се најдобрите и најздравите грицки.

10

’РЖ

’Ржта традиционално се смета за сиромашна житарка, но не е така. ’Ржта е продукт со значајни нутритивни својства, содржи јаглехидрати, протеини, минерали (железо, фосфор, калциум) и витамините Б и Е. Богата е со растителни влакна и лизин. Оваа житарка го чисти организмот, дејствува закрепнувачки, ги спречува болестите на цревата и склерозата, ја поттикнува циркулацијата и го забавува стареењето на крвните садови. Особено им се препорачува на лицата изложени на интелектуален стрес, бремени жени, доилки и постари лица. Можете да ја користите во вид на цело зрно, но често се употребува и нејзиното брашно. Пропржена или мелена може да биде замена за кафето. Може да се користи и како ’ржени снегулки, одличен појадок, за подготвување мусли или како додаток на кремови и супи.

11

Елда (без глутен)

Иако не припаѓа на фамилијата на житарки, елдата по составот и начинот на употреба е слична на житарките. Потеклото ѝ е од Азија, а денес ова растение најмногу се одгледува на територијата на Русија. Елдата е многу избалансирана намирница. Богата е со протеини, содржи витамини Б, Е и П,


минерали (калциум, железо, фосфор, магензиум, бакар), како и есенцијални аминокиселини (лизин и триптофан). Го јакне организмот и ја зголемува телесната топлина, поради што е многу добра за употреба во зимскиот период. Поради ова закрепнувачко својство дејството на елдата им се препорачува на спортистите, бремените жени и младите во развој. Таа го чисти организмот, ги штити крвните садови и бубрезите. Од пропржените зрна елда во Русија подготвуваат одлична каша. Начинот на подготовка е сличен како и кај подготвувањето ориз. Од мешавината брашно од елда и пченка се подготвува вкусен леб.

12

Сирак (без глутен)

Сирак или соргхум е житарка што се користи во човековата исхрана, но и во исхраната на добитокот. Потекнува од Африка, а денес е популарна во Индија и Кина. Сиракот е богат со железо, калиум и фосфор. Од витамините ги содржи тиамин и ниацин и е одличен извор на протеини и растителни влакна и не содржи глутен. Многу е добар во превенција на болести на срцето, дијабетот, артритисот, алергиите и прекумерната тежина. Од сиракот може да се подготви каша, а брашното од сирак се користи за подготовка на леб и слатки. Со мало количество масло можете да подготвите експандиран сирак – здрава закуска слична на пуканките.

13

Ориз (без глутен)

Оризот, после пченицата, е втората најпопуларна житарка во нашата иахрана. На Истокот оризот е доминантно растение и покрива дури 80% од исхраната на азиските народи. Кознумирањето на интергарлниот ориз му ги осигурува на организмот неопходните јаглехидрати, протеини, витамини (посебно витамините од групата Б), минерали (калциум, железо, фосфор),

како и ензими. Оваа житарка има антиалергиско дејство и бидејќи не содржи глутен, многу лесно се вари во организмот. Оризот благопријатно дејствува при хипертензија, колитис и желудечни тегоби. Може да го користат и дијбетичари, бидејќи скробот од оризот при варењето се претвора во декстроза, а не во гликоза. Освен во зрно, оризот се користи и во вид на оризови снегулки и брашно. Снегулките што се добиваат со гмечење на зрната ориз може да се користат за лесен и здрав појадок. Интегралното оризово брашно пак се користи за подготовка на леб и слатки.

14

Пченица

Пченицата е најкористената житарка во нашата исхрана. Првобитно била одгледувана во Азија и Африка, а се претпоставува дека е стара повеќе од 17.000 години. Постојат два вида пченица: мека и трвда (дурум пченица). Меката пченица се користи за подготовка на леб, пецива, колачи, додека тврдата за подготвување тестенини. Пченицата има неверојатни нутритивни својства. Оваа житарка содржи сè што му е потребно на организмот за нормално функционирање – протеини, масти, јаглехидрати, витамини, минерали и ензими. Ако јадете само пченица, не само што ќе преживеете, туку ќе бидете и здрави, под услов да ја користите во интегрален облик.

Внимавајте: псевдо (лажни) интегрални производи

Со зголемувањето на потрошувачка на здрава храна, се појавија и мноштво лажни интегрални производи, посебно леб и брашно. Како интегрално се подметнува реинтергирано брашно – мешавина од рафинирано брашно и ’ркулци, што е обид за обновување на тоа што претходно е уништено во обработката. Тоа нема никаква врска со вистинското интегрално брашно. Како да го разликувате вистинското интегрално брашно: реинтегрираното брашно е бело, со многу темни точки, додека вистинското интегрално брашно е еднакво и има темножолта боја.

81


медицински занимливости

Влијанието на муз иката врз болката Комбинацијата

од музика и лекови против болка може дополнително да ги ублажи хроничните и акутни болки поврзани со карциномот и други заболувања, сугерира истражувањето на јужнокорејските научници. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Сеул се темели на проучувањето на пациентите во клинички услови. Биле користени податоци од 9147 испитаници во период од 1995 година до 2014 година. Користењето музика било поврзано со 10% помало чувство на болка, се вели во списанието Журнал оф мјузик терапи.

Помал внес на калории за подолг живот? Експериментите

спроведени врз мајмуни покажале како ограничениот внес на калории е поврзан со поголемите шанси за подолг и поздрав живот. Американските научници од Универзитетот Висконсин-Медисон и Националниот институт за истражување на стареењето велат дека калориските рестрикции имале позитивно влијание само кај постарите животни. Покрај поголемите шанси за долговечност, редуцираниот внес на калории бил поврзан и со помалиот ризик за рак, болести на срцето и резистенција на инсулин. Притоа резултатите биле подобри кога храната не содржела преработки со високо ниво на шеќер. Негативното влијание на мрсното ткиво било поизразено кај мажјаците. 82

Студија за постпородилната депресија Податоците

од истражувањето во кое учество земале 700000 жени го поврзуваат гестацискиот дијабетес со зголемениот ризик за послепородилна депресија. Истражувачите од Медицинската школа Икан во Њујорк велат дека дополнително зголемување на ризикот е забележано кај жените кои од депресија страдале и пред бременоста. Ризикот за постпородилна депресија бил зголемен и кај испитаничките што имале дијабетес пред бременоста, како и кај оние што се породиле пред 36 недела од бременоста. Породувањето на помлада возраст како и породувањето со царски рез исто така биле поврзани со поголем ризик за постпородилна депресија. Според зборовите на истражувачите, новите сознанија ќе ја олеснат идентификацијата на жените кај кои постои ризик од постпородилна депресија и на тој начин ќе се овозможи благовремен почеток на лекувањето.

о Кофеинотјав превенциите на болест на срцето Тестирањата

на американските научници сугерираат дека кофеинот може да ги блокира воспалителните процеси поврзани со факторите на ризик за заболувања на срцето. Научниците од Универзитетот Стенфорд, по анализата на податоците собрани од околу 100 возрасни испитаници, веруваат дека на овој начин умерениот внес на кофеинот може да го смали ризикот за превисок крвен притисок и атеросклероза. Според нив, ваквото влијание на кофеинот врз клучниот протеин ИЛ-1-бета може да се спореди со влијанието на омега-3 масните киселини. Претходните истражувања веќе ја покажаа поврзаноста на редовното конзумирање кафе со долговечноста. Во новото истражување биле идентификувани некои молекуларни „мети“ за нови терапии наменети за третирање на хроничните воспалителни процеси.


Врската меѓу студот и грипот

Истражувањето

спроведено во Шведска укажува на зголемен број случаи на грип зиме во тек на една недела по првиот период на студено време. Научниците од болницата Салгренска во период од три години собрале 20000 податоци од лица што живеат во околината на Гетеборг. Се покажало дека секоја зима бил присутен истиот фактор – по првата навистина студена недела со температури под нулата и многу ниска влажност во воздухот доаѓа до нагло зголемување на бројот на лица заболени од грип. По почетокот на епидемијата бројот на заболени се зголемува, без оглед на температурите на воздухот. Истражувачите објаснуваат дека студениот и сув воздух се плодна почва за ширење на капките што го содржат вирусот на грипот бидејќи таквите услови им овозможуваат да се рашират на поголема оддалеченост. Истото се однесува и за некои вируси предизвикувачи на настинки.

Врската пом притисок на еѓу крвниот полот на беб мајката и ето Група

канадски и кинески научници спровела истражување кое ги поврзува висината на крвниот притисок на мајката шест месеци пред забременувањето и полот на бебето. Жените што имале покачен крвен притисок шест месеци пред забременувањето, во најголем број случаи раѓале момчиња, додека понискиот крвен притисок бил поврзан со поголемите шанси да се роди девојче. Претходните истражувања укажаа на можноста случувања од типот на природни катастрофи или економски кризи исто така да влијаат на полот на бебето. Во новото истражување биле користени податоци за околу 1400 жени. Истражувањето воедно покажало дека на зачестеноста на раѓањето девојче или момче не влијаат факторите како возраст на мајката, степенот на образование, евентуалното пушење или преголемата дебелина или концентрацијата на холестерол, триглицериди или шеќер во крвта.

Зошто треба да се јадат мешунки

Резултатите

од истражувањето што ги објави списанието Храна и нутриционизам сугерираат дека мешунките побрзо го задоволуваат чувството на глад од месото. Данските научници од Универзитетот во Копенхаген следеле 43 испитаници кои добивале оброци со разни видови мешунки или различни видови месо. Учесниците во истражувањето освен што биле посити по оброкот со мешунки, во следните оброци конзумирале дури и 12% помалку калории. Тоа укажува дека мешунките можат да бидат ефективно средство во контролата на телесната тежина. И мешунките како и месото се одличен извор на протеини, но воедно се многу побогати со растителни влакна. Токму влакната се најзаслужни за засилување на чувството на ситост, сметаат истражувачите. 83


подароци Sattwa колекција крем за ден и ноќ

Bourjois лак за нокти

Eucerin ELASTICITY+FILLER

Мона

женск

и рем

ен

INVICTUS привезок OLYMPEA алка Sara Fashion - долна облека

Max factor несесер, четка и Naomi Campbell гел за туширање

Avon True кармин и маскара

Dove шампон и антипреспирант

Yves Saint Laurent - Gloss Volupté сјај за усни

Lacalut herbal formula и Д-р Тајс Венен гел

84


LUSH - SHINY HAPPY PEOPLE

Revolution the ONE blush stick

Golden rose full volume & length intense black маскара

black ’n’ Easy кафе и шоља

Colgate четка и паста за заби

C MYK

Seventeen кармин со масло од манго и јојоба производи од Natura

Vileda крпи Multi Quattro и durex

Бадел - селфи стик, наочари и огледалце

Еден од овие подароци може да биде ваш. Испратете го вашето име и презиме и контакт телефон на:

www.infinitymag.mk 85


Воздухот и ВОДАТА се најважните Елементи за ЖИВОТ. Ако е за ВАС Важна ВОДАТА, тогаш, Ослободете ја од Нечистотиите...

Benten-Pan, D.O.O. - Скопје ПРОДАВНИЦА #1 БУЊАКОВЕЦ ПРОДАВНИЦА #2 БИСЕР Т.Ц. Бисер, кат 1, лок.2 Т.Ц. Буњаковец, сутерен, лок.11 1000 Скопје, Р. Македонија 1000 Скопје, Р. Македонија +389 2 2477 000 +389 2 3163 062 bp.filtri@gmail.com; filtri@b-p.com.mk www.voda.com.mk

Б-П Филтри Филтри За ВОДА Facebook page: Filtri Za Voda


13


ИЗБОР НА ИЗБОР НА OДЛУЧНИТЕ OДЛУЧНИТЕ

INSIGNIA Active 1.6 136 KС

21.990€ 21.990€

INSIGNIA Active 1.6 136 KС

Со богата опрема: • Intelilink Radio 8" екран на допир Со богата опрема:

• Паркинг сензори Темпомат • Intelilink Radio 8" екран на допир Кожен управувач • Паркинг сензори со команди 18" алуминиумски фелни • Темпомат Електрична паркирна сопирачкa • Кожен управувач со команди Електронски двозонски • 18" алуминиумски фелниклима уред Електричнопаркирна преклопување и греење на ретровизори... • Електрична сопирачкa • Електронски двозонски клима уред • Електрично преклопување и греење на ретровизори...

Insignia. Изборот на одлучните. Insignia. Изборот на одлучните. Olympia Motors 02 260 03 03 10 Olympia Motors 02 260 03 03

*Opel обезбедува дополнителна гаранција на стандардната производна (2 години и неограничена километража) која подразбира дополнителни 2 години „Премиум“ гаранција или 120.000 км до исполнување на првиот од двата услови. Пакетот опфаќа и 1+3 години “Opel Помош на Пат”. Купувачот ќе може да се запознае со условите за гаранција пред купувањето или преку http://www.opel.mk/garancija.html. Прикажаниот изглед на автомобилот е само за илустрација и не се однесува на оваа промоција. Понудата важи до 31.03.2017. Opel Southeast Europe LLC и авторизираните дилери го задржуваат правото *Opel обезбедува дополнителна набило стандардната (2 години и неограничена километража) која подразбира дополнителни 2 години на измена или повлекување нагаранција понудата во кое времепроизводна и без предходна најава. За повеќе информации контактирајте ги авторизираните Opel дилери. „Премиум“ гаранција или 120.000 км до исполнување на првиот од двата услови. Пакетот опфаќа и 1+3 години “Opel Помош на Пат”. Купувачот ќе може да се запознае со условите за гаранција пред купувањето или преку http://www.opel.mk/garancija.html. Прикажаниот изглед на автомобилот е само за илустрација и не се однесува на оваа промоција. Понудата важи до 31.03.2017. Opel Southeast Europe LLC и авторизираните дилери го задржуваат правото на измена или повлекување на понудата во било кое време и без предходна најава. За повеќе информации контактирајте ги авторизираните Opel дилери.

Aутомакедонија 02 3103 150 Aутомакедонија 02 3103 150

Auto CEM 044 353 330

Auto CEM 044 353 330


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.