Infinity br-3 Leto

Page 1



watches calvinklein.com

Скопје - ул. Македонија 29, ТЦ City Mall и ТЦ РаМСТоР БиТола - ШиРок Сокак | www.bozinovski.CoM.Mk


Пет литературни класици за силните жени од 19. век во издание на НАМПРЕС

Ен Бронте

Ен Бронте

СТАНАРКАТА НА ЗАМОКОТ ВАЈЛДФЕЛ

СТАНАРКАТА НА ЗАМОКОТ ВАЈЛДФЕЛ

ДАЛЕКУ ОД БЕЗУМНАТА ТОЛПА ISBN 978-608-251-016-3

9 78608 2 51 0163

90000

Слика на корица: Нана од Едуар Мане

Отфрлена (1908 г.) е првиот роман на Луиџи Пирандело, добитник на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Во него, тој ја опишува судбината на Марта Ајала, жена која се чувствува отфрлена од општеството во коешто живее, зашто ги загубила положбата и статусот кои ѝ биле „доделени“ по некој природен пат: потчинета и здодевна домаќинка која никогаш не се соживеала со својата улога, но која стекнала почит во општеството заради тоа. Таа не жали што ја изгубила оваа улога, но насилниот и брз начин на кој загубила сѐ ја фрлиле во драматична ситуација: нејзиниот сопруг ја избркал од домот откако ја фатил како кришум чита писмо од мажот кој долго ѝ се додворувал, а чии обиди за блискост таа секогаш ги одбивала...

НАНА

ISBN 978-608-251-034-7

9 78608 2 510347

Луиџи Пирандело

Отфрлена

90000

Емил Зола

Луиџи Пирандело

Портретот на една дама

ISBN 978-608-251-059-0

9 78608 2 510590

Во Нана на веродостоен начин се прикажани бројни човечки слабости. Ова е реална приказна од нашето секојдневие каде што вистинските вредности се често потиснати во втор план.

НАНА

Далеку од безумната толпа се наоѓа на десеттото место на листата „Најљубовни романи во Британија“ што ја состави весникот Гардијан.

ДАЛЕКУ ОД БЕЗУМНАТА ТОЛПА

Портретот на една дама

Дејството на романот се случува во руралниот југозапад на Англија, во измислената област Весекс. Тема на приказната се љубовта, честа и предавството, наспроти привидната идилична, ама често сурова реалност во фармерската заедница во викторијанска Англија. Харди едноставно и мајсторски ја опишува Батшеба Евердин, сопственичка на фарма, нејзиниот живот и нејзините врски, посебно со нејзиниот осамен сосед Вилијам Болдвуд, со верниот овчар Габриел Оук и со препредениот војник, наредникот Трој.

Нана на Емил Зола е роман во кој тој вешто ја раскажал приказната за една жена, за нејзината љубов, страст, предаденост и желба. Нана е жена со чист дух, а грешно тело, што често ја доведува до лудило. Во само еден лик, Зола ни прикажува три различни жени. Нана е претставена како безобѕирна и студена жена која ги уништува машките срца за да ги задоволи своите цели; ја прикажува како мајка; ја прикажува и како очајна жена која бара страст на улиците на Париз. Таа сите свои љубови ги доживува како деловни зделки, а од своите љубовници вешто извлекува корист.

Емил Зола

Далеку од безумната толпа е четвртиот роман на Томас Харди, но прв со кој постигнал голем литературен успех.

Томас Харди

Томас Харди

Хенри Џејмс

Хенри Џејмс

ОТФРЛЕНА

90000

В

о времето на брзи бестселери, научна фантастика, вампири и херои од другите светови, издавачката куќа НАМПРЕС реши да се врати малку наназад во времето и да преведе на македонски јазик некои од најубавите светски класици. Проектот „Слободата на жените во литературата во 19. век“ опфати дела на пет извонредни книжевни ликови од 19. век. Во сите овие книги се нагласуваат правата на жените, нивната слобода, различните карактери и личните искуства, а претставени преку перата на пет истакнати европски автори: Ен Бронте, Хенри Џејмс, Томас Харди, Емил Зола и Луиџи Пирандело. Романите „Станарката на замокот Вајлдфел“, „Портретот на една дама“, „Далеку од безумната толпа“, „Нана“ и „Отфрлена“ и денес се сметаат за феминистички романи, ама тие и понатаму ја пленат читателската публика од целиот свет. Темите поврзани со психичкото злоставување, независноста, неверствата, желбите, правата... се актуелни теми и во денешниот свет на модерно живеење. Пристапот на авторите кон овие женски ликови е силен, природен, страстен, а темите за личната слобода, предавството и одговорноста имаат многу заеднички нишки со нашите современи судбини и лични приказни.

Промотивен пакет од 5 книги на 5 врвни европски автори Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија, Креативна Европа на Европската Унија. цена: 1000кофинансиран ден.од програмата Нарачки на тел. 02/5119-953



Најдобро а сепак наше Неретко се сретнувам со појавата „туѓото е послатко“... а верувам и вие. Како во потсвеста на речиси секој од нас да е влезено она заразното – сè што имаат другите е поубаво од нашето, секогаш на другите им е подобро отколку нам. А дали е навистина така? Убавината на живеењето и на она што сме е всушност во нашата потсвест. Во нашето разбирање и прифаќање на себеси и на она што сме. Верувам дека ниту еден човек свесно не би излегол со изјавата „јас не чинам, јас не вредам, јас не сум убав“, но сепак тоа некако се наметнува низ илјадници примери во секојдневното живеење. Таков еден пример можеме да согледаме низ треската наречена шопинг. Во бесконечната понуда на пазарот, не знам зошто но секој втор размислува на начинот, дека она што е наше е понеквалитетно од странското. Зошто? Од каде тој заклучок? Редовно се прашувам... И кога зборувам со пријателите, честопати им го поставувам тоа прашање. Ме засипуваат со илјадници објаснувања како ка нас не се произведуваат квалитетни производи, како кај нас се работело „фуш“, и едноставно немало доволно интересни и предизвикувачки нешта што би го задоволиле вкусот. А јас, искрено, ама воопшто не се согласувам со тоа. Како единствен проблем можеби би го издвоила тоа што можеби немаме толку голема понуда, но дека она што е македонски производ – тоа е најдоброто. Во бесконечната низа што ни се нуди низ продавниците, голем број наши производи стојат рамо до рамо до оние што се навистина квалитетни и добри, а од голем број наметнати како „најдобри“, нашите се всушност многу подобри. За жал, ние како општество изгледа сè уште тешко го прифаќаме фактот дека и македонските производи се бренд. Добро, не буквално секој, но верувајте ми голем дел од нив. И најжалното е, што повеќето од нашите брендови се супер прифатени надвор, но кај нас некако стојат срамежливо во сенката. Но тоа им го правиме ние! Секако, голема улога во тоа си ја одигра маркетингот. Сепак, знаеме дека многупати рекламата и не го ветува токму она што се нуди, а за разлика од тоа, многу добри нешта остануваат недоволно забележани поради тоа што се ограничиле од нападен маркетинг. Затоа, во овој број на Инфинити решивме да ви покажеме дел од македонските брендови, креации на наши познати креатори... нивните дела говорат повеќе од сите реклами, а воедно и порачуваат – наше е, а сепак најдобро! С. Тошиќ 6

20 Елеганција за секоја свеченост... 22 Едноставната невиност на белото 24 Младите македонски генијалци се подготвени за лансирање пред НАСА 30 Малите тајни во козметиката за големи резултати во огледалото 38 За душевен мир... „Шамбала“

46 Лелеави и толку летни... куси панталони и комбинезони за воздишки милиони 48 Започнува уште една авантура.... подготовки за ЛЕТНИ ЖУРКИ УРААААААА 50 Класично- модерни линии... спортски кроеви на костумите 52 Водено-воздушни бои и мотиви што релаксираат... 54 Во пресрет на летото 56 Јахтата Bugatti Niniette 66 - инспириранa од суперлуксузниот автомобил Chiron 60 Теларо - Нирвана среде морето и небото, гребените и зелената гора 64 Пролетен тренд и во вашиот дом... 72 Идеални придружници на креативноста, инспирацијата и успехот... растенијата во вашата канцеларија Директор: Ангела Неновска Крстевска Главен и одговорен уредник: Слаѓана Тошиќ Арт директор: Анета Гацевска Графички дизајн: Горан Крстевски Сашко Соколов Фотограф: Јован Настевски – ЈоН Маркетинг директор: Анета Попова | тел: 070 344 410 anetapopova@nampress.com.mk Маркетинг асистенти: Нена Неновска Ѓорѓиевска Надица Пушкоска Стилист: Елизабета Кљусева Редакција: Силвана Јованчева Игор Ландсберг Сузана Прањиќ

Веб дизајн Маријан Петровски Тими Попов Печати: Нампрес бул. „Србија“ бр. 11, Скопје Датум на печатење: 10.5.2017 Тираж 20.000 Контакт: 389 22700 720 contact@infinitymag.mk www.infinitymag.mk Жиро-сметка: 200-0000912991-08, Стопанска банка 250-1010003997-12 Шпаркасе банка Правен застапник: Дарко Ѓорѓиевски ул. 1737 бр. 32 к3 лок. 38 Скопје 078 274 703 Издавач: Основач: Маргарита Неновска

Насловна: Павлина Манева, модна агенција „Подиум“ Креација: Ивана Кнез - Драма Студио Фотограф: Јован ЈоН Фризура: Студио Avangarde, Шминка: Ирена Сенокозлиоска


wwwwww..rrsseeoopptti im maa..m mkk


Customer Service info@astibobasic.com Follow us: www.astibobasic.com.mk Astibo Basic Goce Delcev 42 2000 Stip, Macedonia


35


Македонски креации, а светски изглед Креација: Марија Трајанова - Marsin Oчила: Dioptra, Miu Miu Алка: Landsberg Jewellery Чевли: Peko Локација: хотел „Парк“, ресторан „Four“ Фото: Јован Јон Модел: Павлина Манева, модна агенција „Подиум“ Фризура: Студио Avangarde Шминка: Ирена Сенокозлиоска 2


Креација: Марија Трајанова - Marsin Oчила: Dioptra, Lio Occhiali Чевли: Peko 3


Креација: Наташа Карчева - Al Aparel Алка: Landsberg Jewellery Чевли: Peko 4


Креација: Наташа Карчева - Al Aparel 5


Креација: Златко Јовановски - JZL Сандали: Peko

6


Креација: Антонија Ристовска 7


Креација: Антонија Ристовска Очила и обетки: Dioptra, Lio Occhiali Чевли: Peko 8


Фустан: Linea Алка: Landsberg Jewellery Чевли: Peko 9


Кошула: Albatros Панталони: Linea Очила: Dioptra - Lio Occhiali Чевли: Peko 10



Сандали Aquazzura 450€

Сандали Mango

www.mytheresa.com

Фустан Massimo Dutti 5990ден.

Фустан Emilo da la morena 1140$ www. avenue32. com

Фустан Brock Collection 2868€

www. modaoperandi. com

Фустан Malene Birger 569€ www. mytheresa.com

Фустан Diane von Furstenberg 380€

Чанта Jimmy Choo 731€ www.farfetch.com

Чевли Geox

www.mytheresa.com

www.farfetch.com

Елеганција за секоја свеченост... Заблескајте во моделот зависно од вашата фигура

Фустан Dolce & Gabbana 1895€

www. mytheresa. com

Стајлинг Liu jo

Фустан Астибо

Чанта Guess

Фустан Marciano Guess

Фустан MAX&Co

Чевли Giuseppe Zanotti 651€

www. modaoperandi. com

Фустан Massimo Dutti 5990ден.

Фустан Self Portrait 365€

www.mytheresa.com

Чанта Guess

Сандали Tabitha Simmons 1074€

www. modaoperandi. com

20

Чевли Jimmy Choo 472€


Чанта Gucci 2022€

www.farfetch.com

Чевли Pеко

Фустан Jay Godfrey 563€ www.farfetch.com

Фустан Diane von Furstenberg 380€

Фустан Alberta Ferretti 2122€

www.farfetch.com

www.mytheresa.com

Фустан Boutique Moshino 398€

www.farfetch.com

Фустан Mango

Чевли Pеко

Фустан Dolce & Gabbana 1895€ www.mytheresa.com

Фустан MAX&Co

Сандали Bata Фустан Mango 12990ден.

Чевли Bata

Фустан Астибо Фустан Liu jo

Сандали Bata

Чевли Rochas 547€

www.farfetch.com

Фустан Needle & Thread 744€

www. modaoperandi. com

Фустан Valentino 1425€

www.mytheresa.com

Чевли Prada 510€

www.mytheresa.com

Комбинезон Roksanda 1425$ www. avenue32.com

Фустан Costarellos 3252€

www. modaoperandi. com

21


Сандали Valentino 640€

www.farfetch. com

Блуза Zara 990 ден. Сукња Massimo Dutti 5990ден.

Сандали Peko Комбинезон 678€

www.modaoperandi.com

Чанта Fendi 1350€

www.mytheresa.com

Кошула Zimmermann 485€

www.mytheresa.com

Стајлинг Liu jo

Едноставната невиност на белото Фустан Астибо

Чанта Guess

Фустан Tibi 915€

www.farfetch.com

Сандали Peko Чевли Geox Сукња MAX&Co

Фустан Massimo Dutti 5990ден.

Чевли Attico 569€

www.mytheresa.com

Чанта Parfois 2190ден.

22

Кошула Massimo Dutti 2490ден.


Чевли No 21 395€

Фустан Tabula Rasa 552€

www. farfetch. com

www. modaoperandi. com

Фустан Caroline Constas 506€

Сукња Desigual

www.farfetch. com

Фустан Massimo Dutti 5490ден.

Фустан Zara 1990ден.

Панталони Zara 2590ден.

Комбинезон Liu jo

Часовник Parfois 1690ден. Кошула Mango

Фустан Desigual

Лежерната удобносит претопена во лини Сукња Johanna Ortiz 1620€

www.farfetch.com

Стајлинг Liu jo

Фустан Milly 682€

www. farfetch.com

Фустан Mango 1290ден.

Чевли Bata

Фустан Dolce & Gabbana 1135€ www.mytheresa.com

Панталони Martin Grant 1620€

www. modaoperandi. com

Чанта Mango 1990ден. Туника Zara 3290ден.

Кошула Caroline constas 496€

Блуза Mango 1290 ден.

www.farfetch.com

Панталони Mango 2990ден. Чанта Balenciaga 1130€ www. mytheresa. com

Сандали Ralph Lauren 155€

www.mytheresa.com

23


Младите македонски генијалци се подготвени за лансирање пред НАСА

С. Прањиќ

DELTA, SWIFT и NUMERO UNO се подготвени за лансирање! И тоа не каде било, туку во универзумот на иновативни решенија, како финалисти на светскиот натпревар NASA Space Apps Challenge, кој се одржа по 5. пат во Македонија, во организација на ЊуМенс бизнис акцелераторот и Фондацијата Голдилокс Стејт, во партнерство со Амбасадата на САД во РМ и операторот „Вип“, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Нивните екипажи две недели пред големото национално финале ги направија последните подготовки за претставување на своите унапредени решенија, а SWIFT и DELTA успеаја да креираат и прототипи, претставувајќи го направеното пред жирито составено од институции и компании поддржувачи на натпреварот. 24

Н

а големото финале, што се одржа на 17 мај, како резултат на гласовите на жирито, прет­ став­­ ниците на НАСА и онлајн гласовите од пу­ бликата, со освоени 59 поени првото мес­ то му припадна на тимот SWIFT, кој е и до­ бит­ ник на главната награда. Второпласиран е тимот DELTA, со 50 поени, а NUMERO UNO трет со 25 поени. Сите три тима остануваат во конкуренција на глобално ниво, на кое победниците ќе бидат објавени на почетокот на јуни, а победничкиот тим од Македонија, поточно SWIFT ќе ја има честа да присуствува на лансирање ра­ кета во Флорида. „Oваа година победничкот тим од Македонија директно ќе патува во Kennedy Space, центарот на НАСА, и ќе има можност да проследи полетување на вселенско летало, но и да го презентира своето решение пред претставници на НАСА и комерцијалната вселенска индустрија. Сето ова претставува огромна потврда за досегашниот успех и квалитетот на решенијата креирани од тимовите од Македонија и на организацискиот тим на ЊуМенс бизнис акцелераторот. Благодарение на Амбасадата на


Ирена Чаушевска со претставник на Американската амбасада САД, како традиционален партнер на овој натпревар во Македонија обезбедени се и авионските билети за членовите на победничкиот тим“, ни раскажа Ирена Чаушевска, основач на ЊуМенс бизнис акцелераторот. Ирена во 2012 година самоиницијативно отпатува во НАСА во САД, со цел да го донесе натпреварот во Македонија, а денес таа заедно со тимот од Њуменс (а посебно Стефан Савевски и Виолета Абаџиева) го организира натпреварот истовремено и во Скопје и во Силиконската долина и е иницијатор и координатор на натпреварот во повеќе земји од Источна и Централна Европа. Уште еден куриозитет е што на 22 јуни годинава, за време на Paris Air Show, ЊуМенс бизнис акцелератор и Европската вселенска агенција ќе го објават стартот на соработката за организирање ваков вид натпревари на 15 локации на територија на САД и, секако, во Македонија, со почеток од 2018 година. Што се однесува до наградата, за неа од Македонија се натпреваруваа 26 тимови составени од програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи, кои заеднички работеа на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и Вселената, со поддршка и совети од експерти од компаниите поддржувачи на овој настан, како што се телекомуникацискиот оператор Вип, TAV Information Technologies, Агенцијата за електронски комуникации, Нетцетера и ФХ3Х. арактеристично за натпреварот годинава е што трите тима финалисти беа составени од средношколци матуранти, што покажува дека потенцијалот на младите генерации не смее да се потцени, туку треба навремено да се препознае и поддржи. Два од тимовите беа избрани од страна на жирито (SWIFT и DELTA), а еден беше изгласан од самите тимови (NUMERO UNO). Сето ова беше доволен предизвик да ги претставиме најдобрите и да се запознаеме малку поблиску со нашите млади генијалци...

К

Тимот SWIFT креираше решение што ќе помогне во оптимизација на работата на соларните панели и

ќе мотивира што повеќе домаќинства да ги користат. Решението овозможува прибирање податоци од соларни сензори и нивно искористување за прецизно пресметување на заштедите на електрична енергија. Членови на овој тим се Александар Момироски, Борче Ангелов, Дамјан Постоловски, Павел Ѓорговски и Јаков Докузов. Момировски учи во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а слободното време го користи за рекреирање и следење на новитетите во ИТ сферата, како и креирање програми и апликации за IOS и Android. „Конкретно за овој предизвик придонесов со креирање апликација која е достапна во веб- Прототипот на тимот SWIFT формат, но е добро оптимизирана и за корисниците на IOS и Android. Потоа направив мини-проект за прототипот, кој по кусо време го реализирав и како физички продукт, ‘оживувајќи го’ со додавање хардвер и сензори за да ја извршува својата работа. Се надевам на глобален пласман, а понатаму можеби и патентирање на нашиот производ“, раскажа Александар. Борче Ангелов има 18 години и во слободно време се занимава со проекти од типот на веб-страници, андроид апликации и мобилни игри со „gameengineUnity“. „Јас лично ја преземав улогата на проект менаџер во тимот, имав крајна визија за нашиот продукт и преку комуникација со другите членови согледувавме колку од тоа е возможно да се оствари за кус временски период. Со добро истражување и анализа на предизвикот и сегашната понуда на светскиот пазар, сфатив што конкретно е потребно и воедно,

Стани дел од

средношколската елита

Бизнис Администрација Информатика Туризам

25


изводливо да го направиме, а го напишав и текстот за промотивното видео“, објас­ ни Борче. Дамјан Постоловски во проектот го работеше back-end програмирањето на веб-апликацијата, вклучувајќи ја датабазата и менаџирањето на серверските ресурси. Негова задача беа и снимањето и монтажата на краткото видео, кое го претставува нивното решение. „Во слободно време работам мобилни апликации и игри. Една од моите игри е TileShoot и може да ја инсталирате Тимот SWIFT на Play Store. Од овој натпревар сфатив колку многу може да се постигне во краток временски период, доколку тимот е мотивиран и добро координиран“, категоричен е Дамјан. Павел Ѓорговски и Јаков Докузов, исто така, доаѓаат од „Р.Ј. Корчагин“. На Павел слабост му се истражувања­ та во физиката и моделирањето. „You’re my sunshine не ни беше првата идеја, туку кога создадовме план за овој уред, темата сама по себе си дојде“, открива Павел, додавајќи дека со користење на информациите од НАСА, како и од натпреварот, научил како да средува податоци и да ги претстави на наједноставен можен начин. „Истовремено ја сфатив важноста на тимската работа во вакви проекти. Се надевам на уште многу тимски проекти и дека барем еден од нив ќе го смени светот“, вели Ѓорговски. За Јаков Докузов, пак, најинтересно е откривањето на новитетите во науката. За NASA Space Apps Challenge

Тимот DELTA

26

дознал од своите пријатели и соученици кои го поканиле во тимот. „Учествував во програмирање на прототипот. Се надевам на успех на тимот и добар пласман на производот“, сигурен е Јаков. ешението креирано од тимот DELTA, пак, има за цел да помогне во рана детекција и брзо информирање за пожари, што е основно за навремена и ефективна реакција и нивно успешно гаснење. Најинтересно е што со оваа платформа дури и случаен минувач ќе може да пријави пожар. Јована Крстиќ, Никола Јовановски, Марко Марковиќ, Никола Петроски, Ива Цветковска и Мирослав Ѓорѓиевски, сите од средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“, се членовите на DELTA. Јована е амбициозна средношколка, која го има најразновидниот ростер на вештини од тимот. Покрај училиштето, се занимава со пеење, медицина, размени за развој на лидерски потенцијал, тренира бадминтон....и сето тоа со одличен училиштен просек. „Мотивација за оваа конкретна тема беше шансата да им се помогне на луѓето од подрачјата често погодени со пожари. Не само поради директните штети, туку и бројните респираторни проблеми што може да ги има населението, кои и без шумските пожари не ни се кусок“, објаснува Јована. Нејзиниот тимски колега Никола Јовановски надвор од училиште е зелен активист, волон­ тирајќи во организацијата „Биди зелен“. Преку таа и други платформи се труди да ја доближи екологијата до сите и, еден ден да го спаси светот. „Борбата против климатските промени не смееме да ја изгубиме! Со мојот еколошки ентузијазам пробав да внесам позитивна енергија во тимот. Истражував во однос на конструкцијата на стативите на нашиот проект и научив како да се направи одржливо

Р


решение за спас на животната средина. Ова искуство ми даде нова страст во однос на екологијата и ме мотивира да бидеме истрајни и да го одржиме проектот далеку после натпреварот“, смета Никола. Марко Марковиќ важи за изворот на ведрина во тимот, со опсежни знаења од информатиката. Поседува бројни вештини за дизајн, видео едитинг, програмирање и е светски признаен во офис алатките на „Мајкрософт“. Во слободно време го води Јутуб каналот под псевдонимот GP, искажувајќи ги своите креативни вештини. Тој го запозна и иницијално го мотивираше тимот да се приклучи на овој натпревар. Значително помогна со своите знаења од програмирањето, а неговиот оптимизам во тимот игра важна улога, особено што, според Марко, крајот на натпреварот нема да биде крај на тимот. Никола Петроски во слободно време се труди да се надминува себеси, и физички и умствено. За него е клучен ваквиот баланс. Физичката подготовка се должи на вежбање кикбокс, но често игра и шах, решава различни видови загатки, учест­ вува во дискусии. „Откако дознав за проектот, се внесов во него, па произлезе генијалната идеја за сензорите. Така почна лавината, на која сите се надградувавме и надополнувавме и го добивме одличното решение на тимот DELTA“, објасни Никола. Ива Цветковска, максимално посветена на училиштето, но и филантроп, е креативецот во тимот. Има широк светоглед, а сака да се занимава со психологија или астрофизика. Вклучувањето во проектот беше идеална можност да одговори на својата желба да им помага на луѓето. Ива раскажува: „Сметам дека најмногу придонесов со своето знаење од електротехниката, особено кога се проектираа сензорите. Презентацијата на идејата на тимот ја обмислив со посебно внимание, со што стигнавме до финалето“. За Мирослав Ѓорѓиевски велат дека секогаш е подготвен за нов предизвик и секојдневно го става на тест својот ум. Како и Никола, тој неретко влегува во дебати, игра шах и секоја година учествува на училишните натпревари, научни и спортски. И, што е најважно, никогаш не потклекнува пред предизвици. „Напротив, тоа дополнително ме мотивира да истраам“, вели Мирослав. Оваа страст, како и неговата иноватив­ ност создаваа позитивна напнатост во тимот и го одржаа натпреварувачкиот дух на DELTA. Добитникот на наградата од публиката - тимот Numero Uno креираше видео во кое ги презентираше убавините на планетата Земја, чија цел е да мотивира што повеќе луѓе, преку согледување на диверзитетот и убавините на нашата планета, да ги прифатат и вреднуваат своите разлики и да се фокусираат на работите што нѐ обединуваат. Овој тим го сочинуваат само четворица членови, и тоа Томислав Живковиќ, Огнен Аревски, Емил Славковски и Никола Стефановски.

Тимот NUMERO UNO „Сите четворица сме средношколци, ученици во 3-та година. Сите учат во Итернационалното средно училиште, само јас во гимназијата ‘Панче Арсовски’“, раскажува Томислав Живковиќ, како гласноговор­ ник на тимот, кој професионално игра мал фудбал во првата македонска футсал лига, но има личен интерес за компјутери, фотографија и видео обработка. „Секој од членовите се вложи на свој начин и сите помогнавме нашиот проект да биде успешен“, објасни Живковиќ, додавајќи дека го одбрал овој предизвик бидејќи сакале да допрат до што е можно повеќе луѓе со различни вештини и да ги поттикнат да работат на одржување и зачувување на планетата Земја. „Тоа што имавме познавања од видео обработка ни беше добредојдено во целиот процес, а натпреварот за нас беше едно прекрасно искуство, кое вгодина планираме да го повториме. За дружбата можеме само да кажеме дека беше подобра од одлична, сите дечки беа кул, почнувајќи од учесниците, волонтерите, па сѐ до менторите“, го прене­ сува Томислав расположението на тимот Numero Uno. то се однесува до идните планови на победничкиот тим од трите финалисти, тимот SWIFT во текот на летото ќе работи со ментори од ЊуМенс бизнис акцелераторот за комплетирање на проектот и подготовка на тимот за успешно претставување наесен во Флорида, пред претставници на НАСА и потенцијални инвеститори. Инаку, NASA Space Apps Challenge е најмасовниот интернационален хакатон на светско ниво, што се случуваше истовремено на 6 континенти, во 187 градови, 69 земји со над 25.000 учесници и е под директно водство на НАСА, која за време на хакатонот им стави на располагање на учесниците отворени податоци од своите истражувања.

Ш

Сега знаеш е твојот најдобар избор www . saba . edu . mk

САБА Скопје, Битола и Штип

тел: 078 384 005

27


Нешто ново... за неа

Во боите

на раскошот

1

Gucci - Рачен часовник со плексиглас

Новината во итали­ јанската куќа го сврте вниманието на девој­ ките што ја следат мо­ дата, кои држат до се­бе, и доби позитивна критика. Куќиштето на часовникот е злат­но, со гра­ вирана пчела одза­ди, заедно со логото, со неизбежниот кварц внатре, покриен со транспарентна плочка (24×40 мм) од плексиглас, споена со ремче во црвена и зелена боја, долго 168 мм. Отпорен на вода, до 30 м длабочина, часовникот се одли­ку­ва и со швајцарска прецизност. Часов­никот чини 438 евра.

RéVive Спасоносно средство, против стареење

2

Козметиката на њу­ јорш­ ката куќа, чиј осно­ вач е Грегори Браун, важи за по­ ексклузивна, што дава ефект. Неј­ зиниот елик­ сир, кој е најнов, има влија­ ние на пигментацијата, тенот, благо­да­­рение на суперлес­ ните масла од Медитеранот и Аф­ рика, претежно од источ­ ниот дел. Истовремено ја пот­хра­­­ нува кожата, правејќи ја бле­ скава, волуменозна, еластична, мазна, мека, освежена..., со помош на тех­ нологијата RES (Renewal Epider­­mal Science), што значи при­ мена на оли­­ гопептидите 24 и 41. Чини 230 евра.

28

Или неговото шаренило, зошто да не... Дизајнерите во козметичките, модните куќи, техниката воопшто, вклучувајќи го и часовничарскиот занает, се приспособуваат на сезоната, потребите на клиентите, нивните желби, а често ја „наметнуваат“ и својата уметничка замисла. Впрочем, тоа им е работа, промовирајќи ги на „Very First To (Know, Have & Do)“.

Glassing - Мачкини очила за сонце

3

Италијанскиот оптичар, кој очи­ лата за сонце ги изработува рач­но, неодамна ја лансира новата годинеш­ на колекција и предизвика внимание. Освен формата (мачкина), за популарноста придо­ несе и бојата, во златна и виолетова. Заштита­ та од ултравиолетните зраци е стопроцентна. Всушност, очилата за сонце се комбинација на метал и ацетат, со 55 милиметарски леќи, ширината на мостот е 15 мм, а должината на рачките изнесува 135 мм. Нивната цена е 445 евра.


4

Kotur - Чантиче од „калеидоскопски“ плексиглас

Њујорчанката Fiona Kotur го ис­ користи своето презиме за име на брендот, кој го промовира во 2004 година. Техниката на изработка ја научи во Хонгконг, од 90-годишен старец. Таму се одвива и рабо­ тата, односно производството. Чантичето од плексиглас во боите на виножитото стана го­ лем хит. Доминираат блескавите плочки што изгледаат калеидоскопски. Работ е златест, како и затворачот и синџирот за преку рамо, па дури и жакардот. Димензиите на чантиче­ то се 5×11×24 см, а чини 599 евра.

Lomography - Автоматски, инстант фотоапарат

Jo Baker Сребрен прстен со дробен јаспис

5

Основата е бакар­ на, обложена со чисто сребро, на кое, пак, има залепено дробен јаспис (темноцрвен) со цвр­ ста смола. Ова, како и останатите парчиња накит - приврзоци, прсте­ ни..., е уникатно, иако може да се нарача и нешто слично. Jo Baker дипломираше лани на Vannetta Seecharran School of Jewellery во Лондон, а потесна специјалност ѝ е истражување на (полу)скапоцени камења, нивните карактеристики, вклучувајќи ја и невообичаената примена. Неговата цена изнесува 288 евра.

6

Без оглед на предностите што ги имаат мобилните теле­ фони, кои служат и за фото­ графирање, Lomography смета дека фотографскиот апарат е незаменлив. Затоа не излегува од мода. Сé работи ав­ томатски, а користи мини-филм. Има блиц за сликање навечер, до 9 м далечина, иако денската светлина е најубава. Потсетува на времето кога техниката не беше толку напредна. „Нормалната“ положба му е исправена, вертикална. Работи на батерии (2×3V). Т.н. инстан фото­ апарат чини 166 евра.

Prada Приврзок во форма на цвет

7

Повеќенаменски е, за клучеви, а може да послужи и како украс на чантата. Миланскиот бренд, кој важи за еден од најлуксузните, постои 104 г., а последни­ те неколку години, меѓу другото, се фокусира и на аксесоарите, како приврзокот од јагнешка кожа (со текстура) на пример, во форма на цвет. Изработката е рачна, се разбира. Има клипен затворач од месинг, со гравирано лого на тркалезна плочка. Такви се и нитните. Должината изнесува 19 см, а ширината е 12 см. Неговата цена изнесува 242 евра.

29


козметика

Не, не можете да го запрете времето, но можете да направите косата, рацете и кожата да ви изгледаат помладо...

Малите тајни во козметиката

за големи резултати во огледалото

Нема потреба од пластични операции, ниту од скапи третмани во салоните. Сè што треба да направите е да ги преиспитате своите дневни навики и да направите неколку анти-ејџинг промени. Овие 14 промени ветуваат дека ќе постигнете помлад изглед доколку се придржувате до нив...

1

Прескокнете го стилизирањето на косата со преса

Младата коса е сјајна и лелеава. Но ако користите пегла, фигаро или фен за коса, таа со текот на времето станува сува и безживотна. Настојувајте да ја стилизирате косата без употреба на високи температури.

30

2

Нанесувајте заштитен фактор секој ден

Дерматолозите советуваат кремовите со заштитен фактор да се користат секој ден. Тоа ќе ве заштити од прерано стареење на кожата. Ако ставате заштитен фактор 3-4 пати неделно, сигурно ќе ги забавите годините. Најдобро е секој ден да нанесувате крем со заштитен фактор 30, без оглед дали сонцето ќе се појави на небото или не.

3

Користете крем за раце

4

Избегнувајте храна што ги бои забите

Кожата на дланките е многу тенка и чувствителна. Сигурно сте забележале како рацете ви изгледаат постари кога ќе испукаат на студено време. Затоа нанесувајте крем за раце по секое миење. Белите заби се знак за здравје и младост. Темната, жешката и лепливата храна може да остави траги на вашите заби. Из-


10

Јадете храна богата со протеини

бегнувајте црвено вино, кафе, кока кола, цигари... ако сакате да ја задржите вашата млада насмевка!

5

Лакирајте ги ноктите

Делот од телото што постојано го откривате и кој ги открива вашите години се секако рацете. Покрај средените нок­ ти настојувајте да но­­сите и прстени... тие ќе го одвлекуваат вниманието од самите дланки доколку веќе се забележуваат првите знаци на стареењето.

6

Редовно вежбајте

Вежбањето ја подобрува циркулацијата која ѝ помага на кожата да изгледа помладо. Исто така, некои истражувања покажуваат дека вежбањето може да ги врати годините наназад. Секако, кога сте фит – изгледате помлада.

7

.Внимавајте на внесот на сол

8

Држете ја „зависноста“ од телефонот под контрола

Солената храна ја собира водата во телото и така создава подуеност. Особено во делот околу очите. Смалете го внесот на сол и така ќе ја исфрлите непотребната течност од организмот.

Ако често ја држите главата наведната надолу накај телефонот, им помагате на брчките на вратот и на подбрадокот да се истакнат уште повеќе. Редуцирајте ја употребата на телефонот ако сакате да го задржите младешкиот изглед на вратот.

9

Ако сакате да има­те природно цврста и сјајна ко­ са, тоа значи де­ка мора да тргнете од основата – најпрво внесете доволна количина протеини во исхраната.

Плакнете ја устата со освежувачки раствор секој ден

Откако ќе ги измиете забите, исплакнете ја устата со раствор што го освежува здивот и ги убива бактериите. Ова ќе ги одржи непцата здрави, забите бели а здивот свеж.

11

Внимавајте на влажната коса

12

Јадете зелено

13

Избегнувајте стрес

14

Наспијте се

Никогаш не чешлајте ја косата додека е мокра. Оставете малку да се исуши, а потоа полека исчешлајте ја и тоа исклучиво со четка со природни влакна. Чешлањето на мократа коса ќе ги искине и оштети влакната.

Зеленилото е природна четкичка за вашите заби. Храната богата со растителни влакна, како што се спанаќот, зелката и брокулата помагаат во природното чистење на забите. Тие спречуваат појава на наслаги на забите, што секако не смеете да си го дозволите. Освен тоа, оваа храна е природен прочистувач на организмот, го забрзува метаболизмот што, пак, доведува до чиста и блескава кожа и секако младешки изглед.

Не само што ве полудува однатре, туку тој се манифестира и однадвор. Стресот во телото создава процеси што го забрзуваат стареењето на кожата, а може да доведе и до појава на многу непријатни и визуелно одбивни заболувања – егзема и псоријаза. Додека спиеме телото произведува естроген и профестерон. Тие ја подмладуваат кожата и создаваат природни механизми за поправка на организмот.

31


Негувајте се... ама правилно Дали имате навика кога го чистите лицето маскарата да ја отстранувате со груби движења, или веднаш по депилацијата на пазувите да нанесувате дезодоранс, не размислувајќи какви последици има тоа за кожата? Секојдневната нега на лицето и телото подразбира внимателно одбрани постапки и правила, без кои никогаш нема да успеете да го постигнете главниот ефект – здрава и млада кожа. Затоа обрнете внимание...

Млеко за чистење

ќе ставите дезодоранс (особено доколку содржи алкохол) предизвикувате иритација која може да биде многу непријатна. Како да ги спречите мирисите и да ја заштитите кожата? По депилацијата, оставете ја кожата да дише најмалку половина час, а потоа нанесете неутрален дезодоранс.

Крем за лице

Менувањето козметички производи за лице во текот на годината е одлична навика бидејќи на тој начин кожата ги добива сите хранливи состојки што ѝ се потребни. Значи, кремот со антиоксиданси (витамин Е и ензим Q10) по искористувањето заменете го со крем за осветлување (оној што содржи витамин Ц и арбутин), а откако ќе завршите и со тоа кутиче, купете си регенеративен крем за лице (со ретинол и овошни киселини).

Млекото за чистење лице е производ што содржи хемикалии. Затоа, откако ќе го исчистите лицето, задолжително треба да ги отстраните остатоците од млекото со тоник или со вода. Доколку го оставите така, тогаш на кожата оставате траги од шминка и нечистотии кои придонесуваат кон побрзо стареење на кожата.

Очи

Површно бришење

Веѓи

Наутро, кога секоја минута е скапоцена, често се случува набрзина да се избришеме и облечеме иако не сме свесни дека не сме ја исушиле кожата внимателно. Ако сакате да ги избегнете црвенилото и иритациите, по капењето мора внимателно и детално да се избришете. Ако имате проблем со прекумерно потење, тогаш откако ќе се избришете нанесете пудра во прав која ќе помогне да се отстрани секоја влажна трага.

По депилацијата

Без оглед дали користите брич или восок, кога ги отстранувате влакненцата под пазувите заедно со нив го отстранувате и заштитниот слој на кожата. Затоа по депилацијата кожата е исклучително чувствителна и кога

Кога се обидувате да ја отстраните маскарата со млеко за чистење и таа ќе се размачка под очите, никако немојте силно да триете. За отстранување на маскарата, без опасности од иритации и црвенила, секогаш користете посебно средство за отстранување на шминката. Неправилното скубење на веѓите го нарушува нивниот правилен облик и симетрија. Најдобро е еднаш годишно да отидете на козметичар кој ќе ви предложи облик и густина што одговараат на вашето лице, а потоа самата ќе ги одржувате.

Заноктици

Тоа е искушението со кое се соочуваме секојпат кога сами ги средуваме ноктите. Но доволно е само да ја поттурнете кожичката нагоре со помош на дрвено стапче откако претходно сте ги потопиле рацете неколку минути во топла вода. Всушност, кожичката е природна заштита на коренот на ноктот и ако ја сечете, се изложувате на голем ризик од инфекција.

ЗА СВЕЖА И СЈАЈНА КОЖА СО РАМНОМЕРЕН ТЕН, НЕЗАВИСНО ОД ВОЗРАСТА Хиперпигментациите (пеги, мелазма, ста­ речки дамки, хиперпигментации после акни и други воспалителни кожни процеси) се по­ темни делови на кожата, кои може да бидат со различна форма и интензитет. Настанува­ ат при зголемена активност на меланоцитите како резултат на претерано изложување на сонце, хормонски промени, воспалителни процеси и кожни трауми, употреба на одре­ дени лекови, при стареење на кожата. Постојат бројни дер­ матолошки процедури за избелување на хиперпигментаци­ ите. По завршување на соодветниот третман, следува нега на кожата со производи што ја стабилизираат синтезата на меланин и обезбедуваат соодветна заштита од сонце. Eucerin®EVEN BRIGHTER е првата специјализирана ли­ нија медицински производи што го помага отстранувањето на пигментните промени на кожата со истовремен регене­ ративен, протективен и подмладувачки ефект. Активната состојка Б-резорцинол ја стабилизира прекумерната син­ теза на меланин и долготрајно ги намалува пигментните дамки, со што се по­ стигнува порамномерен и сјаен тен. Глициретинската киселина во производи­ те ја помага регенерацијата на клетките оштетени од дејството на УВ зраците и ја заштитува кожата од предвремено стареење. Во линијата се вклучени дневен крем со SPF30, ноќен крем за подобрување на регенерацијата на кожата во текот на ноќта и серум-концентрат што го засилува ефектот на дневниот и ноќниот крем. Линијата е дополнета и со коректор за интензивен локален третман на поединечни пигментни промени на кожата. 32


C

M

Y

CM

MY

CY

MY

K

facebook.com/cell1macedonia www.cell-1.swiss


врски +

а ве д а б е р т е н о т ш и т о б а р 8 свадба а т а ш а в а н т а а в у ж и гр за Иако

свадбата е еден од најубавите денови во животот на секој човек, сепак таа знае да биде и многу стресна. Поточно, не постои младоженец ниту невеста што биле речиси стопроцентно опуштени на тој ден. Сепак, откако големиот ден ќе заврши, речиси сите сме свесни дека грижите биле залудни. Еве за што дефинитивно не треба да се заморувате и нервирате додека ја подготвувате вашата свадба...

1. Временска прогноза

ле да кажат „да“? Не. Затоа ниту вие нема да бидете такви. Дури и да ви затрепери гласот, да ви наврат солзи, верувајте дека судбинското „да“ сепак ќе излезе низ вашите усни.

5. Гости

Знаете дека не можете да влијаете на времето и затоа воопшто не обрнувајте внимание на тоа. Подобро бидете подготвени и за дожд и за сонце. Едноставно, понесете си чадори и палта во случај времето „да ве изненади“. А едно старо верување вели дека ако врне дожд на денот на свадбата, тоа носи среќа.

На свадбените веселби најчесто на една маса седат повеќе луѓе, па така се случува да се сретнат оние што одамна не се виделе или пак да се случат и нови познанства, што значи дека вие не треба да сте загрижени за тоа дали гостите добро се забавуваат. Ваша обврска е само да најдете време да размените неколку збора со секој гостин, а останатото време да се забавувате. И тоа многу.

2. Изглед

6. Фотографии

Невестата е секогаш прекрасна и блеска од среќа! Вашето внатрешно расположение ќе се одрази и на вашиот надворешен изглед, па затоа не грижете се премногу бидејќи тоа ќе се види на вашето лице.

Фотографот што ќе го изнајмите за свадбата ќе ве следи во чекор. Затоа настојувајте постојано да сте насмеани. И не грижете се какви ќе бидат фотографиите, бидејќи ќе ги има многу, па потоа слободно ќе можете да си ги одберете оние што вам ви се допаѓаат.

3. Ситни малери Ако размислувате негативно, ширите и негативна енергија околу себе. Тоа што нè загрижува и она од што се плашиме – тоа најчесто и се случува. Затоа, не размислувајте на заборавени бурми, на малку повеќе испиен алкохол, на недоволно добро украсена сала... Најдобро е убаво да се подготвите пред свадбата, а потоа што и да се случи, и некој ситен малер, смеата и хуморот се оние што најдобро ќе ве извлечат од непријатната ситуација.

4. Трема дали ќе успеете да кажете „да“ Дали некогаш сте присуствувале на венчавка на која невестата или младоженецот занемеле и никако не може-

7. Солзи Солзите се израз на среќа на свадбите, па затоа не срамете се од нив. Слободно пуштете ги да потечат кога ќе ви дојде така, но не заборавајте да си понесете хартиени шамичиња. Никако не бришете ги кога ќе потечат, туку само благо натапкајте ги со шамичето.

8. Гласни деца Па децата и треба да бидат такви, затоа што тие се едноставно – деца. И секогаш се највесели, а свадбата е сепак една од најголемите веселби во животот. Затоа, уживајте најмногу што можете!

Зошто се фрла бидермаерот на свадба? Ширум

Европа и Северна Америка постои традиција невестата да го фрли својот букет, додека сите немажени припаднички на понежниот пол се натпреваруваат да го фатат. За жената што ќе го фати бидермаерот се верува дека ќе се омажи (некои се уверени дека фатениот букет ќе им обезбеди брак 100%). Но од каде потекнува овој обичај?

Во

средновековна Европа, невестата не очекувала дека повторно ќе го носи својот венчален фустан, а самиот фустан се сметал за среќен за друга жена. По венчавката, немажените девојки и жени трчале кон невестата и кинеле по едно парче од фустанот. Со текот на годините, венчалните фустани станале доста скапи и се родила една нова традиција невестата да си го задржи фустанот, или како спомен да ѝ го пренесе на 34

ќерката на денот на венчавката. Во обид да си го сочуваат фустанот, невестите фрлале разни работи, а една од нив биле и жартиерите (се случувало некои нестрпливи девојки да се обидат да ја грабнат жартиерата на невестата додека таа сè уште ја носела). Подоцна било прифатено и задржано тоа да биде невестинскиот букет – бидермаерот.


Забранети свадби за разведените Градските

власти во едно гратче во Кина забраниле свадбени веселби за оние што решаваат да стапат во брак по вторпат, а сè со цел смалување на екстравагантните и непотребни веселби.

Властите

на градот Каили, во провинцијата Гуижу објавиле нов правилник според кој свадбена веселба можат да организираат само оние што стапуваат во брак првпат. Исто така забраниле и организирање една венчавка на повеќе локации, што е практика во Кина со која тие го покажуваат и докажуваат својот општествен статус. Така, според овој правилник идната невеста и младоженецот при закажувањето на венчавката мора да поминат низ задолжителна проверка за да се утврди да не случајно биле во брак претходно. Секако, властите не можат директно да ги казнат оние што, и покрај забраната, ќе одржат свадбена веселба, туку мора да имаат докази за тоа, а потоа случајот да му го предадат на одделението што го изработило овој правилник.

Инаку

, Комунистичката партија на Кина пред неколку години започна решителна битка

против корупцијата, бирократијата и прекумерното покажување на богатството, што е карактеристично за Кинезите. Не е тајна дека во некои кинески провинции свадбите знаат да бидат и повеќе од екстравагантни и да траат и по неколку дена. Целта на овие свадби е покажување на богатството, во што Кинезите уживаат. Иако оваа забрана предизвикала големо незадоволство меѓу Кинезите, сепак огромен е и бројот на оние што ја поддржуваат бидејќи разликата меѓу богатите и сиромашните во провинцијата Гуижу е огромна.

Народни за свадбиверувања те

Нашите

предци биле многу внимателни кога го одбирале датумот кога ќе стапат во брак. Секој месец си имал свое значење, па според тоа и се одредувало дали е добар период да се направи свадбата.

Доколку младите се одлучеле да направат свадба околу нова година, се верувало дека сопругот ќе биде заљубен, искрен и добар. Февруари не се сметал за добар месец, а доколку свадбата се одржела во март, тогаш младите би

требало да очекуваат и солзи и задоволство во својот брак. Месецот април, верувале, носи многу задоволства и за невестата и за младоженецот во нивниот понатамошен живот, а мај пак верувале дека не ветува некои убавини во животот. За оние што се венчавале во јуни, се верувало дека ќе го прошетаат светот, а за оние во јули, дека цел живот ќе треба да работат за корка леб. Младоженците од август ќе минуваат низ големи промени низ животот, а се препорачувало да се одржуваат венчавки во септември и тоа во црква, за животот да им биде богат и добар. Доколку младоженците го одбрале октомври, старите верувале дека како што нивната љубов ќе расте, така богатството ќе им опаѓа, а пак темниот ноември иако бил студен месец, сепак им ветувал на младите задоволства во животот. За декември, тие сметале штом првиот снег падне дека треба да се направи венчавка брзо со цел искрената љубов да потрае.

35


Кога животот би напишал правила, од својата азбука би сакал да ви создаде приказна што ќе ја паметите засекогаш...

Азбука на животот или 31 ПРАВИЛО за среќен ЖИВОТ

А Б В Г

ко нешто доволно силно посакувате, тоа и ќе се случи. Желбата никогаш и никому не е дадена залудно. Обидувајте се... секој Божји ден!!!

итките на животот не се лесни, но убавината на денот е непроценливо важна. Не губете ја енергијата на неважни нешта. Во животот има многу нешта за кои вреди да се смеете.

ерувајте дека сè ќе биде во ред. Во животот најважно е како гледаме на нештата. Дури и во моментите на бескрајна тага, еден нов пат се отвора пред вас.

олемите постигнувања се резултат на голем труд. Никој не постигнал голем успех без претходно да биде поразен многупати. Најуспешните луѓе се всушност оние што најмногу паѓале, но сепак успеале повторно да се кренат и да продолжат понатаму.

Д

енот може да донесе изненадувања повеќе одошто можете да замислите. Научете да верувате во чуда. За позитивните луѓе и за оние со широко срце, секогаш стои голем подарок од животот на самиот агол од патот.

Ѓ

аволот, велат, постојано ни го искушува трпението. Бидете силни и не давајте им ја таа моќ на лошите зборови да убијат нечие срце. Зашто нема пострашно оружје од зборот.

36

Е Ж

Надица Пушкоска

ден ден сè ќе ви биде јасно. И за добрите и за погрешно донесените одлуки. Времето не ги дава одговорите, но со тек на време ќе созреат во вас нештата што сега ви изгледаат премногу далечни. ивотот е едно прекрасно патување. Уживајте во него, барем додека го нуди тоа. Сите ние ја имаме таа навика кога ќе се сопнеме на мало каменче по патот да се жалиме на него, сè додека не застанеме поразени пред голема карпа што ќе ни се испречи пред очи. За жал, најчесто тогаш ја сфаќаме неговата вредност.


З

Р

арем не знаете дека сите ние го привлекуваме она што го мислиме? Нашите зборови за другите луѓе во голема мера нè опишуваат нас. Најпаметното нешто што може да го направите е да се оградите себеси од сите негативни нешта кои на некој начин се обидуваат да ве оковаат.

Ѕ

воната на убавите нешта се слушаат далеку, но на лошите уште подалеку. Не повлекувајте се кога некому му е потребна прегратка или добар збор. Бидете добар пријател во добро, но уште подобар во лошо. Не знаете каде ќе ве однесе животот во иднина.

адоста ги прави моментите подол­ ги, а смеата уште повпечатливи. Секогаш кога ќе си го видите своето лице намуртено, сетете се барем на едно нешто што ќе ви даде причина за насмевка. Денот поминат во радост и мир тежи многу повеќе од годините поминати во незадоволство.

С

реќата не била отсекогаш она што е сега. Таа е сестра на тагата и биле потполно исти. Но еден ден, среќата решила да се промени бидејќи се давела во сопствената река. Дури и по цена да се удави, решила да го напушти своето корито. И успеала да ја пронајде својата оаза. Бидејќи цело време во дланките држела храброст.

днината ни е непозната на сите, но убавината е во креацијата. Какво е тоа изненадување кога секој ден би знаеле што нè очекува? Имајте храброст да ги менувате нештата. И не штедете се себеси, бидејќи сепак вие вложувате во својата иднина.

И

Т

асно се гледа само со чувствата, површноста е ветена за губитниците. Доколку не се обидете да погледнете на нештата малку подлабко, цел живот ќе ви помине залудно. Не дозволувајте да дојдете до крајот од животот за да сфатите дека залудно сте го потрошиле.

Ј

Ќ

ога една врата се затвора, не можете да очекувате веднаш да се отвори нова. Можеби сè уште не е дојдено вашето време. Кога ќе дојде, верувајте дека ќе го имате в рака вистинскиот клуч.

И траеше таа љубов до крајот, без да стравуваат од вистината на одговорот.

К Л Љ М

есно е за оние кои од врвот на планината коментираат како е лесен патот, а тие се искачиле лежејќи на нечии раце. Прашајте ги оние што потполно сами, чекор по чекор се движат нагоре. убовта е најголемата сила што го придвижува човекот. Без оглед во каков облик се јавува, таа има совршена моќ да ги менува нештата. Вистината е јасна- на срцето полно со љубов ништо не може да му се случи. ислите се како тирани и ако успееме да се избориме со нив, сме направиле голема работа во животот. Тие умеат да ја искриват секоја права линија и да ја заматат сликата пред нашите очи. Само силните луѓе нема да го дозволат тоа.

олку убаво е чувството да го имаме она што го посакуваме, без да се мачиме многу околу тоа. Но совршено е чувството кога упорно да се трудиме да го добиеме, и покрај неуспешните обиди, а сепак на крајот ќе успееме во тоа. е има ли подобри денови за нас? – птицата ја праша рибата.

Ќе разбереш ли дека и јас тебе те сакам, но каде ќе живееме? - ѝ одговори рибата.

У Ф

бавината на денот не е ниту во изгрејсонцето, ниту во залезот. Убавината на денот е во неговата неповторливост и во фактот дека токму тој ден нема никогаш да се врати. енерот на животот нема вечно да ви го носи некој друг, осветлувајќи ви го патот. Дури и да е така, треба да се запрашате дали сте потполно сигурни дека таа рака што ве води ќе ве однесе на правиот пат? Никој не може да знае подобро од вас што е најдобро. Самите одбирајте го патот дури и по цена да заталкате во слепа уличка, барем ќе научите некоја лекција.

Н

Х Ц

Н О П

Ч Џ Ш

икогаш не сум видела толку уништени луѓе од некој друг, како од самите себе. Нема поголема штета од таа што можеме да си ја нанесеме самите. За она што ќе дозволиме да се случи, а сме можеле да го спречиме, само ние сме одговорни. ема поголема загуба од тоа да не се обидеме барем уште еден пат. Заради себе. Заради мигот кој, ако не се обидеме, ќе ни се смее в лице велејќи „Ти реков дека си кукавица“. свен радоста и убавите моменти, ништо нема толку голема вредност. Бидете среќни сè додека ги делите миговите со вашите сакани. Не знаете до кога ќе ја имате таа привилегија на животот.

рекрасно е чувството да се биде храбар, да не се плашиш од ништо, да не се оправдуваш никому и да си во мир со секого. Ако некој го постигне тоа, тој е среќен човек. Бидејќи, само доброто срце што живее во слобода ја има моќта да не завидува, да не очајува и да не се разочарува толку лесно.

раната не е тоа што го држи телото исправено. Телото ќе падне кога душата ќе се разболи. Затоа, хранете ја душата со радост, насмевки, љубов.

ветот поминал време на трансформација за да ја има таа убавина и тој восхитувачки мирис. И пупката пред да расцвета многу се измачила. Но сепак, цветот е создаден за восхит. Така е и со човекот. Колку сега и да изгледа тешко, на крајот сепак сите ќе бидеме она за што сме предодредени. есниот човек секогаш спие мирно на перница. А зошто е тоа така, нечесниот никогаш нема да научи. ебот му е полн – вака една стара изрека го опишува богатиот човек. Честопати се прашувам, дали богатството им ја зголемува среќата на тие луѓе?

то ми вреди да го имам најголемото богатство на светот ако по пат ги изгубам саканите, а со нив и душата? Нема поголема мака од тоа да се сеќавам на убавите моменти, ако јас сум виновна за прекинот на нивното траење. Тоа јас го мислам. Не знам за вас, бидејќи не знам која величина ви е душата. 37


За душевен мир...

„Шамбала“ Скапоцениот накит што ги спојува древните култури на Истокот со модерниот дизајн, рачна (совршена) изработка на мајсторите од данската јувелирница во сопственост на браќата Медс и Микл Корнерап, е омилен меѓу членовите на кралските семејства, политичарите, пејачите, глумците..., а цената е различна, од неколку илјади евра до милион, па дури и повеќе.

С

едиштето на „Шамбала“ се наоѓа во Копенхаген, на една од тамошните улици, која важи за престижна кога е шопингот во прашање, каде што се изложени уникатните примероци на гривни, прстени, синџири..., кои не само што го свртуваат вниманието на случајните минувачи, туку и намерниците од различни краишта на светот доаѓаат специјално да си нарачаат за себе или некој близок, иако се продаваат и во најпознатите стоковни куќи од типот на „Барнис“, „Колет“, „Монтењ маркет“, „Хародс“, во триесетина земји. Без оглед на скромниот маркетинг што се должи на ненаметливоста на браќата Корнерап, уредниците на странските магазини самоволно ги ставаат во модните едиторијали и рубриките што ги покриваат важните случувања, објавувајќи фотографии на славни личности што се нивни муштерии. Освен синџирите, прстените..., и гривните „шамбала“ се доста барани. Всушност, интересот за нив е најголем. Секоја белезица ја карактеризира уникатност и во дизајнот и во изборот на скапоцените камења, кои се исклучително ретки. Необработените

38

дијаманти (бели и црни), рубини, сафири, смарагди ги обликуваат по желба на лицата што нарачуваат, вклучувајќи го и жадот. Нивното комбинирање исто така е важно, за да соодветствува на сензибилитетот, бидејќи целта на изработката се состои во пронаоѓање душевен мир, што е и филозофијата на „Шамбала“. Поради квалитетот, совршената рачна изработка, оригиналноста, индивидуалноста, цените на гривните се различни, од неколку илјади евра до милион, па дури и повеќе. Забележлив е спојот на древните култури на Истокот, филозофското учење на Сидарта Гаутама, наречен Буда - просветен, јогата која ги опфаќа самоконтролата и медитацијата, заради соединување на човекот со природата, и модерниот дизајн, што води кон спокој, мир и тишина во животот (душевниот), кој дава сила. Приказната е толку содржајна што може да послужи како инспирација за оние што не се задоволуваат со медиокритет, дежа ви, вообичаеност, туку сакаат нешто ново, сосем поинакво, макар и коренот (изворот) на вдахновението да е во минатото, традицијата, обичаите, културата (севкупноста на духовните и


Необработените дијаманти (бели и црни), рубините, сафирите, смарагдите ги обликуваат по желба на лицата што нарачуваат, вклучувајќи го и жадот. Нивното комбинирање исто така е важно, за да соодветствува на сензибилитетот, бидејќи целта на изработката се состои во пронаоѓање душевен мир, што е и филозофијата на „Шамбала“.

материјалните вредноси на човештвото), во согласност со нивниот креативен, творечки дух. Браќата Медс и Микл Корнерап велат дека публицитетот е меч со две острици. Затоа се држат настрана. Во јавноста излегуваат само кога треба да ги соопштат новините.

Молитвење со бројници како извор на вдахновение Отсекогаш се воодушевувале на духовната симболизација, во секој поглед, дури и морален (па и уметнички), што е потврда за нивниот спиритуален живот. Ги инспирирал начинот на молитвење во која и да е религија, каде што се употребуваат бројници, неколку векови наназад. Имено, првата белезица „шамбала“ ја дизајнирале многу едноставно, гледајќи ја поставеноста на каменчињата на една круна. Денес нивната изработка е заштитена, сосе дизај-

ките, ги изгравирале неговите иницијали, хороскопскиот знак и логото на фирмата, во стилот на раперот. Толку се поврзал со неа, духовно, што не ја вадел од рака. Денес има неколку, и е нивен редовен муштерија. Популарноста која им ја донесе има светски глас. Нарачуваат и членовите на кралските семејства и политичарите и пејачите и глумците.., дури и модните креатори од рангот на Валентино Гаравани, Карл Лагерфелд. „Шамбала“ работи добро и поради разбирањето меѓу двајцата браќа. Кога нема слога, нема напредок, нема резултати. Медс е креативен, а Микл изврешен директор. Првиот, освен со творечки дух, се карактеризира и со импулсивност, додека вториот е многу внимателен, претпазлив. Тоа ги држи во рамнотежа, иако некогаш не се согласуваат за одредени работи,

Браќата Медс

нот. Користат макраме - вид преплет но постигнуваат компромис, и тоа не и Микл Корнерап ги со врзување разни видови јазли, во само за материјалите, дизајнот, на инспирирал начинот комбинација на злато, дијаманти..., пример, туку и во поглед на ценина молитвење во која било како перли, било како плочте. Имајќи го предвид фактот што и да е религија, каде што ки. Не одат во детали за да не им секоја белезица е уникатна, намесе употребуваат бројници, ја олеснат работата на оние што се нета за поединец, како одделна личност, индивидуа, цените не се обидуваат да ги копираат, бидејќи неколку векови наназад. фиксни. Почетната е три илјади е познато дека гривните „шамбаИмено, првата белезица евра, но може да достигне и до мила“ се, всушност, најчесто копира„шамбала“ ја дизајнирале ни парчиња накит. Од една страна, лион, па дури и повеќе. Независно многу едноставно, гледајќи тоа го сфаќаат како комплимент. Од од местото каде што се нарачува, изја поставеноста на друга страна, пак, ги обзема желба работката е во Копенхаген, а нејзинапостојано да се надградуваат. Изнаоѓата вредност (цена) се одредува според каменчињата на квалитетот на скапоцените камења, раат нови начини на преплетување, камења една круна. што ги има само во мало количество, чија ритетот, но влијаат и други фактори, како вредност е непроценлива, смислуваат поинакна пример, желбата на муштеријата. ви дизајни, со уште поголема инвенција, за да ги задоволат желбите на своите муштерии, земајќи ги предвид и нивните вкусови. Велат дека копиите не им се никаква закана, поради материјалите што ги употребуваат, квалитетната (совршена) рачна изработка и слично. Законски мерки преземаат во случај кога се злоупотребува името на брендот. Имале такво искуство, пред точно петнаесет години, кога Џеј Зи нарачал белезица што ќе се разликува од сите други шамбала-гривни. На златните перли, плоч-

39


мама+тато = јас

Кога воспитувате

тинејџер.... К авгата не е секогаш штетна, тоа е всушност еден од начините детето да се бори за сопствената личност, природен придружник на развојот. Најмногу проблеми во растењето имаат тинејџерите што не влегуваат во конфликти, оние што не знаат да се борат за себе. А најважно од сè е - и покрај сите конфликти, децата сепак не престануваат да си ги сакаат своите родители. Тоа им паѓа особено тешко на родителите кои, додека децата им биле мали, имале улога на господари, но тоа мора да се смени во периодот на адолесценцијата. Во спротивно, ќе добиете дете што е целосно неспособно и неподготвено за самостојност.

Не споредувајте го

Тинејџерската возраст подеднакво тешко им паѓа и на родителите и на децата. Иако понекогаш не изгледа така, но тинејџерите сепак многу си ги сакаат своите родители.. Конфликтите меѓу тинејџерите и родителите се најнормална работа – едноставно, не може да се расте без конфликти.

Тинејџерите се чувствителни, затоа избегнувајте ги коментарите од типот „зошто не си како...“ бидејќи тоа ќе ги „збесне“. Она што им е потребно е пофалба, но не во смисла – добро го направи тоа, туку чувството дека нивната личност се почитува. Тие се свесни дека не се совршени, но постојаните префрлувања создаваат контраефект. Така го губите соговорникот во детето. Затоа, кога е потребно, критикувајте го однесувањето, а не личноста на вашето дете. Секое губење на контролата, како што е на пример викањето или физичкото насилство

40

претставува дозвола за детето и самото да се однесува така. Тоа всушност го засилува она што го одбива од родителите, без оглед дали е добро или лошо.

Проблемите се исти, но околностите се поинакви

И родителите некогаш биле тинејџери, иако на децата им е тешко да поверуваат во тоа. Иако сите тинејџери ги измачуваат слични проблеми, сепак мора да сфатите дека времињата се сменети. Ние не знаеме како изгледа светот на нашите деца бидејќи едноставно не сме растеле на тој начин. Пред да почнете да го споредувате своето дете со себе, помислете колку се разликува вашето растење од растењето на вашите родители. Тоа не значи дека не може да постои комуникација, туку дека таа треба да се води на поинаков начин.

Забраните не значат ништо

Секоја забрана што ќе му ја поставите на вашето дете е забрането овошје за него. Тоа е лош пат во воспитувањето, кој моментално наидува на отпор. Од друга страна, детето треба да се запознае со ризиците со кои се соочува. Уште додека е мало, на детето треба да му се објасни што е опас-


но, а што безбедно, бидејќи воведувањето забрани во тинејџерскиот период е едноставно невозможно. Друштвото е важна алка во формирањето на самодовербата. Повеќето родители не сфаќаат колку му се важни другарите на детето. Друштвото има многу важна улога во градењето на сликата за себе, поради што треба да го поддржите своето дете, но и да му обрнете внимание кога прави лош избор.

Дозволете му на вашето дете да ве запознае

Додека го испрашувате својот тинејџер каде бил, со кого и што правел, не заборавајте да го пуштите малку да влезе и во вашиот свет. Прашајте го што би сакал да дознае за вас, и сигурно ќе се изненадите. Дозволете му да дознае нешто и за вашите искуства. Отворете простор за дијалог, кој подразбира и вие да слушате, а не само да зборувате. Родителите и децата треба да изградат близок однос, што сепак не значи буквално другарство. Во воспитувањето треба да ве водат три принципи, а тоа се нега, контрола и водство, поточно насочување.

Каде грешите во воспитувањето на вашиот тинејџер? Најголемата грешка е кога забораваме да ги пофалиме и не им покажуваме доволно љубов, кога немаме време за нив, кога ги омаловажуваме или им поставуваме прекумерни барања... Преголемата контрола како и преголемата слобода се еднакво погубни во воспитувањето на децата, особено во раната младост. Родителите најмногу грешат кога покажу-

ваат премалку интерес за активностите со кои се бават нивните тинејџери, кога недоволно ги фалат и не покажуваат љубов, кога немаат време за нив, ги омаловажуваат и им поставуваат преголеми барања, притоа не почитувајќи ги нивните чувства. Грешат кога и самите не им се пример и кога не можат да се изборат со пороците или лошите навики, кога сè подредуваат на стекнувањето материјални добра или ги оптоваруваат со своите животни проблеми. Всушност, секој родител треба да се однесува посуптилно кон своето дете-тинејџер, бидејќи во овој период од неговото растење тоа почнува да размислува поинаку, увидувајќи дека неговите родители всушност не се совршени и безгрешни, велат психолозите. Во суштина, со „превоспитување“ на тинејџерот може да се направи многу малку. Но затоа, пак, може да се разговара, но под услов претходно да се вооружите со многу трпение и да почекате тинејџерот сам да излезе од тој сопствен чудно обоен свет.

41


козметика +

Домашен пилинг против целулит: кафе, сол и кокосово масло

С

о овој едноставен рецепт ќе ја подобрите циркулацијата и целосно ќе го отстраните целулитот. Целулитот е еден од најпопуларните женски „непријатели“, а го има речиси секоја жена на светот. Со доаѓањето на убавото време, проблемот со целулитот станува сè поголем. До излегувањето на плажа треба да го направите што поневидлив, па затоа најдобро битката да ја започнете уште веднаш. Со помош на овој домашен лосион против целулит, вежбање и пиење големи количини вода ќе допринесете за ваш подобар изглед. За пилингот ви се потребни само 3 состојки – мелено кафе, сол и кокосово масло. Во шолја мелено кафе додајте 6 лажички кокосово масло и 3 лажички сол, па убаво измешајте да добиете компактна смеса. Пред туширањето, истријте ги критичните места на телото со четка со природни влакна со цел да ја поттикнете циркулацијата и да ја подготвите кожата да ги впие состојките од пилингот. Додека

се туширате на влажна кожа со кружни движења втријте го пилингот. Колку подолго масирате, резултатот ќе биде подобар. Кофеинот од кафето ќе ја поттикне циркулацијата и значително ќе ја затегне кожата, зрнцата сол ќе направат интензивен пилинг, а кокосовото масло ќе ја нахрани и омекне кожата.

Создава чуд 5 помалку п а за убавината: употреби н ознати маслиново а то масло Пред

А

ко сте го гледале филмот Мојата голема мрсна православна свадба, тогаш сигурно се сеќавате и дека еден од главните ликови користеше средство за чистење за речиси сè: од лекување мозолчиња до осип. Слично на тоа, можете да го користите и ладно цеденото маслиново масло.

А ова се 5 најдобри начини на кои можете да го користите маслиновото масло во полза на разубавувањето...

Нанесете

маслиново масло на косата која претходно сте ја навлажниле и сте нанеле шампон. Потоа косата завиткајте ја во крпа и оставете да стои 20 минути. По овој третман косата ќе стане значително помазна и посјајна.

За да

ја омекнете кожата, во купката додајте неколку капки ладно цедено маслиново масло. Во исто време подгответе си и одличен пилинг за кожата: измешајте неколку капки маслиново масло со неколку лажици шеќер и сол. Смесата треба да биде како паста.

42

спиење втријте маслиново масло на сувите и испукани стапала и потоа облечете памучни чорапи. Овој третман ќе ви помогне да ја омекнете кожата на стапалата. Воедно маслото можете да го употребите и кога си правите маникир: за да ги зајакнете кршливите нокти, пред секој третман потопувајте ги во маслото неколку минути. А доколку, пак, имате проблем со пожолтени нокти, во маслиновото масло додајте и свеж сок од лимон и истријте ги со добиената смеса.

Навечер,

пред да ја извадите шминката, со врвовите на прстите нанесете неколку капки маслиново масло врз неа, и едноставно избришете ја со памукче. Ова е еден од најздравите и најефективните отстранувачи на шминка. А во деновите кога кожата ви е екстремно сува, маслиновото масло можете да го користите и како ноќен крем – маслото е богато со витамин Е и антиоксиданси. Наутро, пак, ако станете со подуени очи, едноставно намачкајте ги со неколку капки маслиново масло и надуеноста набрзо ќе ја снема.

Кога

излегувате надвор на студено време, намачкајте ги усните со маслиново масло. А ако веќе ви се испукани подгответе ја оваа смеса: измешајте малку шеќер и маслиново масло така што ќе добиете паста. Оваа паста нанесете ја на чиста четкичка и со неа нежно истријте ја устата. Ова е идеален пилинг за испукани усни.


Кина: и ја и н о п Ја д о к и р т т о и Стар а вода в зо и р о о с а т а с о к а н е њ плакне

А

ко сакате на косата да ѝ подарите нов сјај и да ја направите поцврста, испробајте го овој трик. Жените во Кина и Јапонија со векови ја користат водата во која се варел ориз. Оризовата вода лесно се добива, особено ако го варите оризот во вреќичка, а ако го варите на класичен начин, тогаш додајте малку повеќе вода и на крајот процедете го оризот, а водата сочувајте ја.

Жените од селото Хуанглуо во Кина, кое влезе во Гинисовата книга на рекорди како село со жени што имаат најдолга коса во светот, верувале дека водата што ќе остане од варењето на оризот е заслужна за убавината на нивната коса: ја зацврстува, ја прави посјајна и потемна. Откако ќе ја подготвите оризовата вода, измијте ја косата со шампон како и вообичаено. Потоа полијте ја со млака или студена оризова вода, измасирајте го темето и оставете да стои 3 минути. На крај исплакнете со чиста вода и оставете да се исуши.

За што уште можете да ја користите оризовата вода...  за опуштање и блескава кожа додајте ја во купката  доколку имате проблем со проширени пори, користете ја како тоник  за мека и чиста кожа, можете да ја користите наместо лосион (наутро и навечер) Откако ќе ја сварите оризовата вода оставете ја да остине, а потоа соберете ја во стаклено шише. Чувајте ја во фрижидер најмногу 7 дена, а потоа сварете си нова.

Негувајте го лицето со квасец: брчките исчезнуваат како избришани со гума

К

васецот е чудо од кујната кое има одлично дејство кога го користиме за нега на телото и лицето. Маската од квасец е идеален начин за избелување на кожата, но и за да ја нахрани.

Потребно: 20 гр квасец и 2 лажички лимон Подготовка и употреба: измешајте ги квасецот и

сокот од лимон (можете да употребите и сок од грејпфрут или од рибизли). Садот во кој ги измешавте состојките ставете го во друг сад во кој претходно ќе наполните жешка вода. Оставете да стои така 2-3 минути. Потоа нанесете ја маската на претходно внимателно исчистено лице и оставете да дејствува 20 минути. Исплакнете со топла вода и нанесете хидратантен крем за лице. Со маските не треба да претерувате. Маската од квасец е идеално решение за вашето лице, но само ако ја користите 1-2 пати неделно.

от: Заборавете на кореркоттоирв проверен рецепт п подочници

С

игурно досега сте испробале многу кремови и препарати против здодевните темни кругови околу очите, но скоро сè било безуспешно. Но овој домашен рецепт не бара многу време за подготовка, а со резултатот сигурно ќе бидете презадоволни.

Потребни ви се жалфија, камилица и магдонос. Дали ќе одберете суви или свежи тревки зависи од вас. Од секое растение земете по половина супена лажица. Ставете ги во сад и прелијте ги со 200 мл зовриена вода. Покријте го садот и оставете да отстои 2 часа. Потоа течноста истурете ја во калапи за мраз и ставете во замрзнувач додека да добиете коцки мраз.

Употреба: наутро и навечер нежно бришете го делот околу очите со коцката мраз. За да впие кожата поубаво, немојте да го плакнете ниту да го бришете лицето. Веднаш по третманот подочниците ќе изгледаат уште потемни, но не грижете се затоа што кожата црвенее од студенилото на мразот. За неколку минути ќе се врати во нормала. Бидете упорна со третманот и набрзо ќе се ослободите од темните кругови и сосем ќе заборавите на коректорот. 43


Обетки Parfois 590ден.

Фустан MAX&Co.

Фустан Mango 2490 ден.

Фустан Isabel Marant 415€

Комбинезон Astibo

www. mytheresa. com

Сандали Alexandre Birman 495€

www.modaoperandi.com

Фустан Liu Jo

Сандали Bata

Фустан Liu Jo

Впечатлива и нежна,

за забава секогаш подготвена...

Фустан Balmain 824€ www. farfetch. com

Фустан Linea

Чанта Liu Jo

Сандали Aquazzura 389€ www. mytheresa. com

Чанта Liu Jo Фустан Roberto Cavalli 2388€

www.modaoperandi. com

Сандали Casadei 553€

Фустан Giambattista Valli 1996€

www.farfetch. com

www.farfetch. com

Фустан Guess Фустан Just Cavalli 538€ Фустан Black Halo 342€

www. farfetch. com

www.farfetch. com

Сандали Guess

Фустан MAX&Co. Чанта Oscar de la Renta 1272€ www.modaoperandi.com

2

Ремен Parfois 690ден.


Скопје - ул. Македонија 29, ТЦ City Mall и ТЦ Рамстор | Битола - Широк Сокак www.bozinovski.com.mk


Комбинезон Shivani Corduroy 65$ www.princesspolly.com

Комбинезон Аlina 50$

Комбинезон Bluebonnet 70$

www.princesspolly.com

www.princesspolly.com

Алка Parfois 590ден.

Комбинезон Guess

Куси панталони Mango 2490ден.

Комбинезон Mango 1990ден.

Комбинезон Mango 2990ден.

Сандали Peko

Патики Jimmy Choo 379€ www. mytheresa. com

Комбинезон Red Valentino 325€

www.modaoperandi. com

Чевли Peko

Очила Parfois 690ден.

Лелеави и толку летни...

куси панталони и комбинезони за воздишки милиони

Комбинезон Zara 1990ден.

Комбинезон Zara 1290ден.

Топ Mango

Куси панталони Dodo Bar Or 215$

Комбинезон Аnna Кosturova 230$

www. avenue32. com

www.avenue32.com

Патики Springfield

Брош Parfois 590ден. Чевли Guess

4

Чевли Bata


НОВО НОВО Богата и хранлива линија за нега на сува, НОВО оштетена и кршлива коса.. СО ДОБРА НЕГА СО ДОБРА НЕГА Есенцијалните минерали, провитаминот Б5 и протеини од пченица и ДОУБАВА УБАВАКОСА КОСА ДО СО ДОБРА НЕГА овозможуваат на косата бескрајна хидратација ДО УБАВА КОСА

бутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399 www.viciski.com.mk

Богата и хранлива линија за нега на сува, оштетена и кршливалинија коса.. за нега на сува, Богата и Богата хранлива и хранлива линија за нега на сува, Есенцијалните минерали, провитаминот оштетена и кршлива коса..коса.. оштетена и кршлива Б5 и протеини од пченица и Есенцијалните минерали, провитаминот Есенцијалните минерали, провитаминот овозможуваат на косата Б5 и протеини од бескрајна пченица и Б5 и протеини од пченица и овозможуваат на косата бескрајна хидратација

овозможуваат на косата бескрајна хидратација Генерален увозник и дистрибутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399 хидратација www.viciski.com.mk

Генерален увозник и дистрибутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399

Генерален увозник и дистрибутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399 www.viciski.com.mk

www.viciski.com.mk

Генерален увозник и дистрибутер за Р.Македонија ВИЧИШКИ КОМЕРЦ ДООЕЛ, тел. 02/2550-399 www.viciski.com.mk

02 3115-188 I www.insumak.mk I www.facebook.com/insumak.mk


Наближува крајот на сите училишни лудории, но и на училишните маки. За некои училиштето е место што нè подготвува за поголеми предизвици и место за дружење и забава, а за некои само големо мачилиште. Но, како и да го чувствуваш, дојде време да се подготвиш за големиот ден за секој средношколец, крајот на учебната година, да ги исполниш своите желби и да се подготвиш за една гоооолема забава ова лето... Надица Пушкоска

Започнува уште една авантура....

подготовки за ЛЕТНИ ЖУРКИ УРААААААА СКРОМНА, НО АВТЕНТИЧНА ГАРДЕРОБА

Д

евојките обично повеќето забави си ги замислуваат како ноќ на доделување Оскари и се обидуваат да внесат што повеќе гламур во нив. Но грешката е токму тука. Сакајќи да изгледаат префинето, тие изгледаат премногу кич и пренасилено. Затоа, пред да одлучиш што ќе облечеш за омилената забава, помисли дека тоа е само една вечер за добра забава со своите врсници. Не ти се потребни балски фустани за да изгледаш како дама. Ниту пренатрупани модели со камења, циркони, тантела за да бидеш заводлива. Доволно е да облечеш гардероба која прилега на твојата возраст, да бидеш природна, а сепак совршена. Повеќето девојки грешат сакајќи што побрзо да пораснат и тоа го искажуваат и преку гардеробата, а потоа сфаќаат дека најубавиот период од животот е токму тој. И место да одберат автентична гардероба која прилега на нивниот стил и возраст, тие одбираат гардеро48

Фото: Јован Јон Модел: Августина Гулевска Фризура: Студио Авангард Шмика: Ирена Сенокозлиоска

ба што повеќе би прилегала на нивните мајки или на актерките од некое холивудско случување. Другата грешка која најчесто се случува, што се однесува до гардеробата, е акцентирањето на тоа колку е скапа и дали е брендирана облеката. На некој начин, вечерните забави станаа натпревар во кој е најважно кој како е облечен и чиј автомобил е поубав. Патетично. Тоа воопшто не ти прилега, ниту на годините, ниту на личноста. Она што е најважно при изборот на облеката е добро да му прилега на твоето тело, да биде „вкусно за очи“, сепак, ти си само тинејџерка. Задолжително да биде во твојата омилена боја бидејќи ова е твоја вечер и дефинитивно, најважното нешто - да се чувствуваш прекрасно во тоа што ќе го облечеш. Значи дека треба да се чувствуваш слободно кога се движиш, слободно да танцуваш без да се плашиш дека нешто ќе се открие или постојано да се „поднаместуваш“ и одвај да чекаш да си заминеш дома бидејќи се чувствуваш непријатно. Не сфаќај ја оваа вечер како натпревар, туку како една голема забава.


ВИСТИНСКИ ИЗБОР НА ОБУВКИ

В

исоките потпетици совршено прилегаат за една ваква пригода. Не е исклучено и тоа дека ниските чевли можат да бидат добро комбинирани, но високите потпетици се дефинитивно вистински погодок за добри забави. При изборот на обувки, решавачкиот дел го има гардеробата бидејќи треба да бидат во добра комбинација со неа, како по боја така и по дезен. Не одбирај чевли во иста боја со гардеробата - ќе изгледаш премногу униформирано, ниту во иста боја, а различна нијанса. Одбери чевли во боја што супер се комбинира со бојата на гардеробата или сосем контрастни - за да изгледаш модерно и разиграно, во зависност од облеката што ја носиш.. Но сепак, најважното нешто при изборот на обувки е удобноста. Доколку не се чувствуваш пријатно, не можеш слободно да се движиш, а уште помалку да играш во нив, тогаш изгледот воопшто не е важен - немој ни да помислиш да ги купуваш. Удобноста и комоцијата на гардеробата и обувките се најважни. Сè друго е споредно. Бидејќи, доколку не се чувствуваш пријатно во она што го носиш, залуден е целиот труд да изгледаш прекрасно.

НЕЖНА ШМИНКА ЗА УБАВА ТИНКА

О

на што на прв поглед се забележува е твоето убаво лице. Понекогаш и недостатоците знаат да бидат убави, ако знаеш како гордо да ги „носиш“. Научи како правилно да ја истакнеш убавината, а не да ја сокриваш со јака шминка. Имај предвид дека пренатрупаната шминка ќе те доведе до непрепознатливост, ќе изгледаш многу повозрасно, едноставно умешно ќе ги сокрие твоите млади црти на убавината. Стилистите најдобро знаат што е ин оваа сезона и без проблем ќе направат од тебе прекрасна девојка. Но, дали тоа ќе ти прилега и дали така најдобро ќе се чувствуваш? Доколку си љубител на јаки тонови, можеш да направиш добра комбинација. Со јаки бои на кармин да ги истакнеш усните, додека очите можеш да ги истакнеш само со надградба на нежни, свиленкасти трепки, или едноставно со повеќе слоја маскара, без посебно пренагласување со сенка. Лицето не задушувај го со тешка пудра, туку со лесна крем пудра која само ќе му даде сјај. И не е потребно ништо друго освен една широка и искрена насмевка - таа е најубавата шминка на секое лице.

САМОДОВЕРБА ЗА БЕСПРЕКОРНА УБАВИНА

И

ништо од сето ова погоре не е толку важно како самодовербата. Од неа произлегува насмевката, доброто расположение, од неа произлегува начинот на кој ја носиш гардеробата, начинот на кој се движиш, начинот на кој изгледаш. Самодовербата е најверната придружничка на убавината. Бидејќи таа е најмодерната и најубавата облека што еден човек може да ја облече. Биди насмеана, позитивна, весела и секој ден ќе ти биде волшебен. Не ти треба посебна причина за радост, доволно е да бидеш задоволна со она што го поседуваш.

АКСЕСОАРИ ЗА СОВРШЕНА КОМБИНАЦИЈА

В

о „обичните“ денови дозволено е скоро сè од широката палета аксесоари, зависно од желбата, но за вакви ноќни забави мора да се одбере вистинската комбинација. И самата веќе знаеш дека деталите ја креираат и ја финишираат крајната слика. Затоа, одбирај внимателно. Чантата, нормално, треба да биде мала и компактна, а материјалот и бојата совршено да се вклопуваат со гардеробата и потпетиците. Треба да биде доволна да ги собере сите нешта што ти се потребни за таа вечер. Што се однесува до накитот, повторно имај го на ум златното правило – повеќе не значи и поубаво. Научи како да изгледаш уникатно, совршено, а сепак едноставно и прекрасно. Она што е пренатрупано, веднаш станува кич, а кичот воопшто не е привлечен. Доколку се одлучиш за големи обетки, тогаш синџирче на вратот не ти е потребно. Ако се одлучиш за некоја нежна комбинација, тогаш можеш да си дозволиш малку повеќе. Сепак, најдобро е акцентот да се стави на нешто посебно, без да обидуваш од себе да направиш кловн. 49


Палто Celio

Тренд

Massimo Dutti палто 9990 ден. панталони 3790 ден.

Стајлинг Hugo Boss

Ремен Massimo Dutti 2290 ден. Чевли Peko Boggi Палто и панталони

Кошула Massimo Dutti 2990 ден.

Класичномодерни линии за елегантноопуштен изглед...

Алка Massimo Dutti 1490 ден.

спортски кроеви на костумите

Кошули Peirre Cardin

Стајлинг Bitsiani

Кошула со вратоврска neil barrett 318€ www.farfetch.com

Ремен Mona

Чевли Peko

Копчиња за манжетни Massimo Dutti 1490 ден.

Палто Boggi

Стајлинг Hugo Boss 2

Чевли Bata

Паричник Mona

Стајлинг Bitsiani

Костум dsquared2 1474€ www.farfetch.com Чевли Bata

Костум Mona


ВРВЕН АМБИЕНТ ЗА ВРВНИ НАСТАНИ

НУ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА 11 Март 1 1000 Скопје 02 3256667 и 02 3256668

www.mmb.org.mk mmb@mmb.org.mk 072422975

ПОРТА МАКЕДОНИЈА

11 Октомври 4a 1000 Скопје 02 3151 141

www.portamk.org.mk mmb@mmb.org.mk 075328850 и 072251443


Маичка Massimo Dutti 1490 ден. Кошула Celio

Стајлинг Hugo Boss

Кошула Hugo Boss Маичка Diesel Бермуди Celio

Чевли Timberland Патики Diesel

Чевли Peko Маичка Massimo Dutti 1490 ден.

Бермуди Diesel

Воденовоздушни бои

и мотиви што релаксираат... ви

стински избор за се ко што ужива во сопств ј маж ената кожа

Маичка Diesel Маичка Celio

Чевли Timberland Чевли Peko - Skechers Блузон Kenzo 199€ www.farfetch.com Бермуди Springfield Чанта Diesel

Бермуди Helmut Lang 295€ www.farfetch.com

Сандали Bata

4

Маичка Мarcelo Burlon 143€ www.farfetch.com


Мисли

Пакет за осигу Пакет за осигурување Пакет за осигурување #SafeFam Пакет за осигу #SafeFamily #SafeFamily #SafeFam

среќна ИДНИНА

15% поп 15% поп 15%15% 15%попуст попуст попуст

од денес се ГРАДИ!

Пакет за осигурување #SafeFamily

Кампања

Пакет за осигурување #SafeFamily

Добијте бесплатна Добијте бесплатна и закажететер те #SafeFamilyDay и закажете Добијте бесплатна пресметка Добијте бесплатна пресмет кај нашиот прода

15% попуст

кај нашиот продаж и закажете термин и закажете термин на следниот те Добијте бесплатна пресметка на следниот тел Добијте бесплатна пресметка кај нашиот продажен агент кајинашиот продажен агент закажете термин и закажете термин кај нашиот продажен агент накај следниот телефон на следниот телефон нашиот продажен агент на следниот телефон на следниот телефон 02/ 2454-004


нешто ново... за него

Во пресрет на

летото

Новитетите како животни, материјални потреби, без оглед на луксузот, нивниот раскош, вклучувајќи ја и тековната сезона, лансирани на „Very First To (Know, Have & Do)“, сигурно ќе го привлечат вниманието на мажите што знаат да ги проценат вредностите, нивните квалитети, убавината и, според можностите, да си ги дозволат самите за себе, па дури и ако се работи за престиж.

Etro - Сламена шапка со контрастни „тримови“

1

Идеална е за лето, но може да се носи и во пролет. Сафари сти­ лот (како начин на облекување) е веќе одомаќен кај нас. Аванту­ ристичките патувања низ афри­ канските земји се доста инспиратив­ ни, во секој поглед. Сламената шапка со потписот на Etro е пример за нешто поинакво, различно. Исплетените сла­ ме­­ни „тримови“, во ком­ бинација со па­ мук и вискоза, на шапката ѝ даваат по­ себна драж. Боите се природни, земјени. За комплетен впе­ чаток, ставете очила за сонце. Нејзината цена е 179 евра.

2

Dita - Очила за сонце ИНСПИРИРАНИ од автомобилизмот

Американскиот бренд очила за сонце ги спои лук­ сузот, модата и функционалноста, вклучително и љубовта кон натпреварувањето во брзо возење автомобили. Колек­ цијата Mach Five наиде на голем интерес кај помодарите. Нејзината продажба е ограничена. Рамката на очилата за сонце е титанска, од розово злато, а во средината има мре­ жа, во форма на дијамант. Ширината на леќите е 6,5 см, должината изнесува 5,5 см. Заштитата е 100 процентна. Чинат 1.555 евра.

Ermenegildo Zegna - Држачи за јаки од кошули

Италијанската марка, со седиште во Њујорк, е наменета исклучиво за мажите што внимаваат бук­ вално на секој детаљ, па дури и на држачите за јаки­ те од кошулите, да не се виткаат. Нивната изработ­ ка е рачна, од т.н. мајка на бисерот, и обликувањето и точењето (измазнувањето) и гравирањето на лого­ то. Држачите за јаките од кошулите се долги 6 см, а широки 1 см, токму за сите броеви кога е величината во прашање. Нивната цена из­ несува 225 евра.

3 54


Turnbull & Asser - Пеперушка со шари „полка дот“

Thom Browne - Торба од гранулирана кожа во форма на ајкула

4

Педесет и двегодишниот њу­ јорш­ки дизајнер, чиј бренд е добро познат меѓу помодарите, во колек­ цијата за оваа пролет и летото што ни претстои ја „вметна“ и црната торба од гранулирана кожа во фор­ ма на ајкула, тродимезионална. Вна­ трешноста е обложена со пру­ гав материјал, каде што се наоѓа и џепчето за бележникот, мобилниот телефон, паричникот. Има капаци­ тет од 12 л, долги рачки (17 см), виси­ ната изнесува 25 см, длабока е 8 см, широка 58 см, и чини 2.177 евра.

5

6

Во екот на матурските забави, свадби­ те..., папилотката или пеперушката (вратоврска во форма на пеперутка) е неизбежен аксесоар, моден додаток, кој на облеката ѝ дава свечена нота. Шарите „полка дот“ асо­ цираат на нешто весело, радосно. Меѓусебната поврзаност е логична, сама по себе. Инаку, Turnbull & Asser постои веќе 132 години. Англискиот бренд е синоним на џентл­ менството, дури и кога се работи за облеката. Чистењето на свилената пеперушка е лесно, на суво, а чини 98 евра.

Valentino - Авангардна „недовршена“ бразлетна

7

Овој пат Италијанецот, чиј дизајн се карактеризира со елеганција, направи отстапка, лансирајќи го накитот што изгледа како да не е довршен. Таква е бразлетната од месинг, на пример, кој има сребрена облога, и тоа полирана. Лесно се става на раката бидејќи краевите немаат спојки. Едната половина е четвртеста, а другата има рустичен елемент, во смисла на груба (рапава) обра­ ботка. На мазниот дел се забележува правоаголен, шилест детаљ во златна боја. Нејзината цена е 299 евра.

Dunhill - Бостон домино за разбигрижа

Во часовите на разонода, во пролет или налето, бостон домино е вистински избор. Британската марка што веќе 110 години се вбројува меѓу најдобрите, најлуксузните, неодамна го исфрли новото бостон домино во поинакво, поразлично пакување од досегашното. Правоаголните плочки, кои на едната страна се обележани со различен број точки, се направени од ацетат, а во средината имаат сребрена нитна, спакувани во темносина футрола од гра­ нулирана (кравја) кожа. Цената му е 288 евра.

55


наутика

Јахтата

Bugatti Niniette 66 - инспириранa од суперлуксузниот автомобил Chiron Два милиона и двесте илјади долари, толку чини јахтата што францускиот производител на спортски автомобили ја пушти во продажба неодамна (пред 2 месеца), првпат во неговата историја. Всушност, серијата е лимитирана - бројот изнесува 66, а суперлуксузниот автомобил Chiron, што исто така се промовираше лани, додека траеше Женевскиот саем, на дизајнерите им послужи како инспирација за Niniette, јахтата што веќе ги има првите сопственици - неколкумина богаташи чиј идентитет засега не е познат. 56

Игор Ландсберг


С

уперлуксузните, спортски автомобили на Bugatti, донекаде, се прашање на престиж. А, јахтите? Тоа е сосем сигурно. Неговите дизајнери, во консултација со челниците на францускиот производител, сакаа да се испробаат меѓу другото и во наутиката, да покажат дека изворот на вдахновение е непресушен, и успеаја, без каква било недоумица. Велат дека се чекал моментот, вистинскиот. За да се оди напред, како што Ettore им покажал на своите наследници пред 108 години, кога ја отворил мануфактурата, не претпоставувајќи дека го чека толку голем успех, без оглед на потеклото (италијанско), сред Alsace, тогаш германски, а денес град во Франција. Креативниот дух, пристапот кон работата, страста, желбата за успех... гарантираат прогрес, во секој поглед, и технолошки и општествен, зошто да не. Иницијалите на основачот (E. B.) се „врежани“ во логото на фирмата, како сеќавање, што е истакнато на јахтата, и внатре и однадвор. Niniette личи на Chiron, автомобилот за кој нема ниту една замерка. Беспрекорноста во смисла на техничко усовршување, инвентивност, високо уметничко достоинство... е одлика на јахтата што се прави во соработка со Palmer Johanson, кој има бродоградилиште во Монако. Бројот е лимитиран - 66. Должината на Niniette изнесува 20 м, линиите се заоблени, профилот е извонреден, како и дизајнот, потврден од критичарите, вклучително и од оние пожестоките. Раководителот на одделот за дизајн во Bugatti, Etienne Salomé, на промоцијата изјави дека јахтата и овој пат успешно ја пренесе ДНК-та, кога се работи за 108-годишното постоење на брендот, преку специфичната архитектура што ја карактеризираат убаво центрирање, симетрија, двотонски бои... кои, пак, можат да се видат и на автомобилите. Т.н. мастер апартман изобилува со луксуз, почнувајќи од материјалите (карбон, мека кожа, полирани метали, сомот), завршувајќи со салонот (гостинската соба) во форма на потковица, што повторно алудира на Chiron. Брзината на Niniette изнесува 44 јазли, а комфорот на патниците во најголема мерка е резултат на трупот и неговата стабилност. Палубата има простор за бифе полно шампањ, лежалки, логорски оган, џакузи..., што на гостите им гарантира уживање. Според Salomé, јахтата не е дизајнирана за да се задоволат „дежа ви“ штурите стандарди на луѓето. Напротив. Таа е креирана за оние што сакаат оригинално, уникатно Bugatti искуство, кои повеќе ги ценат квалитетот и луксузот наместо марката и трендот.

Беспрекорноста во смисла на техничко усовршување, инвентивност, високо уметничко достоинство... е одлика на јахтата што се прави во соработка со Palmer Johanson, кој има бродоградилиште во Монако.

57


Секое вртење на педалите е

нова авантура Брзиот ритам на живот ги оптоварува духот и телото. Се соочуваме со сè помалку време за оддишка и уживање во природата, но нештата може да се променат само со неколку вртежи на педалите кои ќе ве навратат на убавите спомени од детството.

В

елосипедизмот е спорт за умот и телото, спој на природата и вистинското уживање со секој поминат километар. Секое ново вртење на педалите не води во нова авантура која е најдобрата анти-стрес терапија и одлична физичка активност во која може да ужива секој, па дури и најголемите мрзливци.

КАКО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИОТ МОДЕЛ НА ВЕЛОСИПЕД?

Понудата на велосипеди во Македонија од година во година е сè поголема, а самите велосипеди се сé поприлагодени кон потребите на корисниците. Колку понудата и карактеристиките на велосипедот се поголеми толку е поголема дилемата во одлуката како да го одберете најсоодветниот велосипед за вас и вашиот буџет. Затоа, најнапред размислете каде би го возеле велосипедот (дали би го користеле рекреативно низ градот или до вашето работно место или пак ви е потребен велосипед кој ќе ја разбуди желбата за планинска велосипедска авантура, велосипед што нема да биде преценет, а сепак да биде доволно квалитетен со квалитетни делови за да ги издржат сите несакани случувања). >> Детски велосипеди - приказна за себе која се памети до крајот на животот. Прилагодени според возраста и најважно безбедноста на вашето најмило, гарантирајќи удобност и забава за најмладите. Зошто треба да се следи висината на детето? Иако децата многу лесно учат да возат поголем велосипед, сепак тоа во тој случај не е безбедно - нема да биде сигурно, нема да може да застане , ќе ја нема истата рамнотежа, геометријата на телото не одговара на геометријата на велосипедот, ризикот да падне од поголем велосипед од предвидената големина на возраста и висината е многу голема. >> Градски велосипеди -прилагодени за урбани површини. Практични и едноставни, кои се прилагодуваат на брзината на вашите дневни потреби на градскиот асфалт. Совршено превозно средство што му пркоси на сообраќајниот метеж, а воедно е еко - пријател на вашата животна средина. >> Планински велосипеди - подготвени да одговорат на секоја авантура. Прилагодени за возење по неасфалтирани планински предели, висорамнини и нерамни терени, едноставно велосипед кој ќе ви го „покачи“ адреналинот. 34

При одбирањето велосипед, покрај конфигурацијата на теренот важни се уште неколку сегмент. Еден од нив е да одберете велосипед со правилна висина, која ќе може да се прилагоди според потребите или возраста. Женските велосипеди обично се пократки но пошироки во својот изглед и главната горна цевка на рамката е пониска од стандардниот велосипед. Карактеристика што ги одвојува планинските велосипеди се големите и нестандардни тркала креирани за планинските предели. Добропознатите 26 инчни тркала сè повеќе се заменуваат со 27,5 инчни. Велосипедите со 26 инчни тркала беа многу популарни, но најновите истражувања покажаа дека во поново време големината на тркалата се зголемува на се помодерните 27,5 и брзите 29 инчни.

СИГУРНИ НА ВЕЛОСИПЕД

Велосипедот е едно од најсигурните превозни средства. А сепак велосипедистите и пешаците се најзагрозени во сообраќајот. Вашата безбедност сепак најмногу зависи од вас самите. Придржувајте се до следниве универзални совети кои се на листата на сообраќајната култура... - Секогаш почитувајте ги правилата, возете исклучиво на означената велосипедска патека и тоа по десната страна во насоката на движење. Доколку нема означена велосипедска патека, тогаш движете се што поблиску до десната страна на улицата во правецот на движење на истата. >> Ако велосипедот го возите во група, тогаш возете еден зад друг, а децата треба секогаш да бидат во вашето видно поле. >> За комплетна безбедност потребна ви е и задолжителна опрема и тоа: бела светилка за осветлување на патот и црвена светилка на задната страна, потоа „мачкини очи“ исто така на задната страна и на педалите, потоа ѕвонче и, секако, беспрекорни сопирачки. >> Секој велосипедист во вечерните часови треба да има светилки и светлосна облека за комплетна заштита. >> Велосипедот како и секое превозно средство бара грижа, без оглед дали го користите за утринско возење до работното место или за планинска авантура. Затоа пред и по сезоната овозможете му го третманот што го заслужува и тоа секако од овластениот велосипедски сервис .

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ... подготвени за сé !

Велосипедизмот е еден од најпопуларните облици на рекреација, а притоа овозможува близок контакт со природата. Храбро земете ги „уздите“ на вашиот велосипед и сами или во друштво препуштете се на авантурата без оглед дали „галопирате“ низ „градската џунгла“ или на планинските падини. Заштитете се од студот и облечете се слоевито, а во топлите денови понесете со себе резервна облека. Покрај удобната велосипедска маица и панталони од лесен и специјален материјал, потребна ви е и соодветна, лесна јакна која ќе ве заштити од сите временски непогоди. Покрај облеката не заборавајте на заштитната велосипедска кацига која треба да е изработена од соодветен материјал кој нуди соодветна заштита. (совети од тимот МАХ-bicycles)

Уживајте во возењето!


MOЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ СО ЕЛЕКТРОНСКИ КАРТИЧКИ

35 od1991

god.


едно патување

Така познатиот италијански писател и режисер Марио Солдати го опиша местото што, иако не важи за омилено меѓу светскиот и европскиот џетсет, неговата живописност, мирот и тишината, природната хармонија сигурно ќе ве испровоцираат да го посетите. Можеби летово, зошто да не. Имате доволно време за размислување, да се распрашате, да пребарате на Интернет, да прочитате, да букирате, да се спакувате и да отпатувате.

Теларо Нирвана среде морето и небото, гребените и зелената гора

О

Игор Ландсберг

во неговата живописност..., минувајќи дел од времето на дморската возбуда само што не започнала, вклучуседенки, јадење и пиење со мештаните, кои важат за мновајќи го и времето за размислување, кроењето гу гостопримливи. Се наоѓа во Лигурија, оддалечено 5 км планови, нивната реализација. Многу луѓе веќе од Леричи. Патот мине низ Маралунга и Фјаскерино. Годисе заситени од „извиканите“ места, кои најчесто ги посетуваат заради тоа што немаат друг избор. нава Теларо се вброи во листата на стоте најубави села и Како и да е, важно е неколкудневниот престој, сеедно ја доби наградата што ја доделува I borghi più belli d’Italia. каде, на летниот одмор да му даде поинакво значење, па и димензија (четврта, зошто да не). Теларо е место за кое ИтаТеларо... панорамски лијанците зборуваат во суперлатив. И туристите, и од европските и од земјите на останатите континенти, се разбира. Го нарекуваат скриен или не(доволно) откриен скапоцен бисер на т.н. поетски залив (Golfo della Spezia, Golfo dei Poeti), каде што Дејвид Херберт Лоренс, Лорд Бајрон и Перси Биш Шели го нашле изворот на својата инспирација. Таму се чувствувале сигурно, пријатно, како да се дома, окружени со книги, во самотија... Единствени на светот, пријателствувале со морето и небото, гребените и зелената гора, заради нирвана - смирена, блажена состојба на душата. И Марио Солдати неретко уживал во природната хармонија, мирот и тишината,

60


можат да се добројат рестораните, меѓу кои е Го нарекуваат и Locanda Miranda, во рамките на истоимескриен или не(доволниот мини-хотел, чија Мишелинска ѕвезда но)откриен скапоцен биго прави уште поатрактивен за гостите. сер на т.н. поетски залив Вреди да се проба сé, буквално. Храната е извонредна, со мераклиско вино за (Golfo della Spezia, Golfo dei Poeti), каде што Дејвид Хер- комплетен впечаток. И таму и во другите гостилници, во селската пекарница, се берт Лоренс, Лорд Бајрон и подготвува најубавата италијанска фаПерси Биш Шели го нашле рината од леблебија, со песто. Мајстори изворот на својата за морски плодови, мешавина од школки, ракчиња, лигњи... се готвачите во Osteria La инспирација. Местото датира уште од времето на Етрурците, а куќите кренати по ридот се спуштаат до пристанишниот кеј. Повеќето градби се утврдени. Така останале од минатото, за жителите на Теларо да се заштитат од непријателите што доаѓале по морски пат со една цел, да го освојат. Асфалтираниот, пак, води накај центарот, каде што е мегданот, начичкан со барови и гостилници. Факт е дека во Лигурија се јаде обилно, убаво, нејзините специјалитети ги карактеризира толку голема разновидност за која нема друга критика освен позитивна, па дури и кога се работи за вкусот, начинот на приготвување, како дел од стилот на живеење, што не

Caletta, окружена со многу зеленило, цвеќе, а необичните вкусови, на кои не може да им се одолее, гарантираат повторно враќање. Изборот е голем - Il Delfino, Il Gambero Nero, La Gritta, Il Fico Trentacareghe, Red Fish Café... според вкусовите на посетителите, со поглед на морето, гребените, на зелената гора. Сеедно, убаво е. Во Лигурија се јаде обилно и убаво. Рестораните не можат да се добројат. Еден од нив е во Теларо, во рамките на мини-хотелот Locanda Miranda. Мишелинската ѕвезда го прави уште поатрактивен за гостите

Годинава Теларо се вброи во листата на стоте најубави села и ја доби наградата што ја доделува I borghi più belli d’Italia.

61


Специјалитет на лигуриската кујна е фарината од леблебија, со песто

Готвачите во Osteria La Caletta се мајстори за морски плодови. Таверната е окружена со многу зеленило и цвеќе

Тесните сокаци водат накај ораториумот Santa Maria in Selàa, изграден во 1660 година. Малата капела, т.е. просторијата за молитва беше обновена целосно. Неодамнешната реконструкција ѝ даде инаквост во секој поглед. Освен миси, таму се одржуваат и културни настани - промоции, поетски читања, мини-концерти, изложби. Има преубав Тесните сокаци ги поврзуваат храмовите

двор, покриен со теракотен „паркет“, оградата е камена, ниска, доволно за седење, да се ужива во визурата, морското крајбрежје, брановите... Меѓусебната поврзаност на храмовите не е ни малку случајна. Уличката од малата капела води накај црквата San Giorgio, препознатлива секаде, на сите разгледници, „времеплови“ на веб-сајтови, бидејќи е главно обележје на Теларо. Датира од 16 век, неговата втора половина. Глетките навечер и кога брановите удираат по нејзините ѕидови, оградата или гребените, во зависност од големината и силината, се непроценливо богатство, макар и за сеќавањето. Има доволно патеки што ја олеснуваат прошетката крај морскиот брег или горе во планината, до Монтемарчело. Но и возењето на брод е исто така доживување. Од Леричи може да се оди во Џенова, Портофино, Портовенере, Чинкветере, а близината на Тоскана, пак, овозможува посета на Вијареџо, Лука, Карара, Монтекатини, Пиза, Фиренца.

Oраториумот Santa Maria in Selàa е изграден во 1660 година. Неодамна беше обновена целосно. Дворот е покриен со теракотен „паркет“, има камена ограда, ниска, доволно за седење, да се ужива во погледот на морското крајбрежје, брановите...

62


Црквата San Giorgio - „симболот“ на Теларо. Датира од 16 век, неговата втора половина. Глетката навечер е непроценливо богатство, макар и за сеќавањето

Теларо е преубав лете. Плажите се различни - големи, мали, камени, песочни... Една од најпознатите, каде што се наоѓа клубот Eco del Mare, кој работи нонстоп, и дење и ноќе, а освен ресторан, има и мини-хотел, можност за секаков вид забава, е близу до селото. Другите, пак, се одда-

Плажите се наоѓаат во околината на селото. Една од најпознатите му припаѓа на клубот Eco del Mare, кој работи нонстоп. Освен ресторан, има и минихотел, со шест соби

лечени дваесетина минути возење, му припаѓаат на ресортот Forte dei Marmi, во истоимениот тоскански град. Повеќето хотели се луксузни (Il Negresco, Principe Forte dei Marmi, Grand Hotel, Grand Hotel Imperiale итн.). Нивниот број е педесетина. Има и шопинг центри, ресторани, клубови, чии цени се вртоглави, а вртоглавица предизвикуваат и деноноќните забави.

Ресортот Forte dei Marmi, во истоимениот тоскански град, е луксузен, кој располага со педесетина хотели. Il Negresco има пет ѕвезди, а цената се движи од 150 евра, па нагоре, за полупансион

63


Ако одлучите и оваа пролет да го смените изгледот на вашиот животен простор, прочитајте ги следниве неколку инспиративни предлози за пролетно освежување на домот. Бидејќи ова е идеално време за преуредување, па дури и реновирање, поиграјте си и смело уредете го вашиот животен простор...

Пролетен тренд и во вашиот дом... Еколошки и природно

Основното правило, доколку сакате вашиот дом да биде модерен, тогаш треба да се раководите по принципите „еко френдли“. Тоа значи да одбирате нетоксични, еколошки бои за ѕидовите, а мебелот и деталите во домот претежно да се изработени од рециклирани материјали. Перниците, прекривките, навлаките... нека бидат од природни материјали.

64


Палета бои

Тиркизната, виолетовата, светло жолтата и коралната боја се модерни оваа пролет. Нека вашиот дом наликува на палета бои од природата. Бидете смели, не двоумете се. Почнете со по некој детаљ во овие бои, но потоа храбро, слободно одбирајте и парчиња мебел... и ѕидовите можат да бидат шарени, но секако не сите.

Комбинирајте ги боите

Ако ѕидовите во собата се во силни бои, тогаш одберете детали со неутрални нијанси. Интересно ќе изгледа и ако комбинирате нијанси од една боја. На пример, ѕидовите да бидат во светло сина боја, а прекривките на креветите тегет.

Металното е ин

Ако просторијата е во неутрални бои, разбијте ја монотонијата со метал. Одличен начин да се направи тоа е да додадете огледало со метална рамка или на пример, ако ѕидот е во нежно розова боја, да закачите слики и украси со рамка во боја на старо злато.

65


Пролетна романтика

За да ја постигнете оваа нота во вашиот дом, внесете лустери од ковано железо или брусен метал. Ако не можете да си дозволите антиквитети, тогаш доволно е да наликуваат и потсетуваат на старите времиња.

Налепниците го разубавуваат домот

И со малите промени во своето окружување можете да креирате убави мигови со своите сакани. Во дневната или можеби во спалната соба поставете налепници на ѕидот. Тие ќе го освежат целиот простор и ќе внесат ведрина. Нека бидат во весели зелени нијанси. Предност е тоа што се заменливи, така што кога ќе ви здодеат, можете да ги тргнете и да ставите нови.

Ѕидови и тавани – едноставно реновирање на кујната

Вашата кујна ќе има нов и свеж изглед ако внесете нови бои на ѕидовите и таванот. Боите што традиционално се користат за боење на ѕидовите и таваните во кујните полека и со текот на времето излегуваат од мода, исто како што се случува со облеката. Затоа ако веќе неколку години гледате во истата боја во вашата кујна, тогаш време е да ја смените. Но ова не е неопходно ако ви се чини како голем зафат за пролетно освежување на домот – сличен ефект ќе постигнете ако поставите слики на кујнските ѕидови. 66


Стаклени облоги наместо плочки

Ако оваа пролет планирате реновирање, тогаш наместо за вообичаените плочки, одлучете се за стаклени облоги. Ова е еден од главните трендови оваа сезона. Предноста на новата декорација, поточно стаклена подна облога е големиот избор на дезени и бои. Кога станува збор за дизајнот на ентериерите, стаклото полека но сигурно се избори за својата позиција. Стана атрактивен, но и практичен елемент за обложување на ѕидовите бидејќи така дојде до израз неговата функционалност и декоративност. Освен што се интересни и убави, стаклените површини во боја се и лесни за одржување бидејќи ги нема здодевните фуги.

Време е за поправки

Можеби веќе некое време ја одложувате поправката на чешмата и замената на некои стари и дотраени предмети дома, но пролетта е идеално време за освежување, нови почетоци, па затоа и треба да се погрижите да ги завршите овие работи. Заменети ги старите и дотраени чешми, скршените рачки на плакарите и другиот мебел, исфрлете ги старите прекривки и перничиња и купете нови... Зашто сите овие мали детали всушност го прават вашиот дом она што е.

Растенија

Наједноставен и најлесен начин да го освежите домот во пролет е со помош на растенија и зеленило. Значи, време е да го средите балконот (или дворот доколку го имате), да внесете малку повеќе растенија и во домот и да му се препуштите во уживањето...

67



Разубавете го животот

со појасни и поизразени бои Постојат два типа на наелектризираност Позитивно (+) и Негативно (-). Поголемиот број на текстилни бои кои се користат за боење на алиштата се со негативна наелектризираност. Марамчињата од Ловецот на бои Др. Бекман се изработени од микрофибер влакна со модифицирана површина со слој кој е со позитивна наелектризираност. Негативно наелектризираните остатоци од бои и нечистотии во водата ќе бидат привлечени од позитивните јони на површината на влакната од Ловецот на бои. Овој процес е неповратен. Боите кои што како со магнет ќе бидат привлечени на површината на марамчето, никогаш повеќе нема да се преселат на друга ткаенина. Со секое перење на алиштата во боја топлата вода и детергентот влијаат на одвојување на боите од ткаенината. Боите растворени во водата оставаат траги на алиштата, а нечистотијата сивило. Дали ве заморува фактот дека треба да чекате и собирате алишта со слични бои за перење во машината за перење? Дали приметувате дека после неколку перења боите на алиштата ја губат својата свежина? Постои решение, а тоа е Ловец на бои и нечистотии Др. Бекман. Чудесни марамчиња од микрофибер кои неповратно ги апсорбираат растворените бои во водата и ги штитат ткаенините од несакано обојување. Како магнет ги привлекуваат боите и нечистотиите и со тоа алиштата остануваат подолго со јасни и свежи бои. Едноставно и безбедно, зар не?

Со тоа факт е дека Ловецот на бои и нечистотии е вистинскиот избор .

БИДЕТЕ АКТИВНИ! ЗЕМЕТЕ ГИ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ!

Зошто треба да го користите Ловецот на бои? Ви го препорачуваме од повеќе причини: | истовремено и безгрижно перење на алишта

со различни бои | нема несакано боење на облеката во текот

на машинско перење | светлите алишта ги заштитува од боење, а на

шарените им ја одржува свежината на боите | ја штеди енергијата и времето за сортирање

на алиштата, а со тоа се намалува бројот на перења

Увозник и дистрибутер Трејдек дооел Скопје тел.02/2549-550

infinit

3


новитети во дизајнот

Трпезариска, маса за јадење „агра“ Нејзиното име, вклучувајќи го и дизајнот, асоцира на индискиот музеј Таџ Махал, кој се наоѓа во истоимениот град. Оттаму е инспирацијата. Тркалезната маса за јадење како дел од трпезарискиот мебел е изработена од мермер. Забележливи се деликатните занаетчиски работи на варовитиот робустен камен што, на крајот, е полиран и украсен со месингова лента (долу) и обрач (во средината на конусовидниот столб). Димензиите на масата за јадење изнесуваат 130×130×78 см.

Стол „грива“, во стилот на Холивуд Тој е навистина уникатен. Гланц месинговата конструкција што ја сочинуваат неколку тубуси, кружно распоредени со цел да се добие овална форма, го прави толку привлечен што секој ќе посака да го има во домот, на пример со димензии 75×74×62,4 см. Потсетува на златната доба во Холивуд, исполнет со гламур. Удобноста е несомнена, поради обликот и, се разбира, кожените перничиња во боја на саѓи, јаглен. Совршен е за опуштање со коктел, во друштво или сами, зошто да не.

Дисплеј „лебед“, за ваза со цвеќе или саксија Повеќезначниот збор (дисплеј) се употребува и во индустријата, кога е производството на мебел во прашање, а мотивот за неговото име (Лебед) се наоѓа во истоимената констелација што важи за едно од најголемите соѕвездија. Изработката е рачна, од леан месинг во бакарна боја. Всушност, десетици квадрати, правоаголници се споени така што (не)правилната фигура може да има широка примена. Одозгора е поставено бронзено стакло, за ваза со цвеќе или саксија. Неговите димензии се 120×35×35 см.

70


Столна, електрична ламба „кала“ Од името на светилката може да се претпостави каква е нејзината форма, т.е. обликот на штитот, абажурот што ја ублажува светлината. Цветот на ендемскиот вид кала од Јужна Африка ги инспирира занаетчиите да го направат од месинг, и да го прицврстат на мермерна основа. Има димензии 51×35×15,5 см. Инаку, месинговиот абажур изгледа по малку старински, за поголема ефектност, додека пак мермерот „естремоз“ наместа е делкан. Може да се вклопи во секаков простор.

Огледало „белизе“, инспирирано од коралните гребени Во морските длабочини кај Белизе се наоѓаат преубавите и, секако, најголемите корални гребени, во разни бои и форми. Повеќето се црвени, поради што дизајнерите, вклучително и занаетчиите, мајсторите, решија така да го бојадисаат огледалото, т.е. рамката. Наместа е потемно бидејќи е премачкано со црно. Златните полжавчиња во различна големина ја дополнува неговата убавина, разубавувајќи ја просторијата каде што се наоѓа. Дијаметарот е 130 см, а дебелината на огледалото изнесува 20 см.

Канабе, блескава „луна“ Стилскиот мебел, без оглед на парчето и неговата примена, секогаш е добредојден, како дополнување, макар и да се работи за минималистички уреден простор. Блескотот на канабето, во поширока смисла на зборот, произлегува од неговиот изглед, чии потпирачи имаат облик на полумесечина, и од материјалите со кои е обложен, драп кожа (светкава) и свилено кадифе, порабен со месинг (полиран). Канабето тежи 53 кг, а неговите димензии се 190×68×62 см.

Креветче авион „скај би“ Неодоливо е, за децата што сакаат да мечтаат, сонуваат, фантазираат, кои ги обожаваат филмовите на Дизни, како на пример „Авиони“. За неговата удобност придонесува мекиот душек, сместен во пилотската кабина. Одзади, каде што се наоѓа перницата, има куфери што служат и за качување/симнување и за складирање на постелнината. Креветчето може да се користи за играње преку ден, а има можност и да се помести, благодарение на тркалата. Димензиите на „Скај би“ изнесуваат 285×280×170 см. 71


Користа од вистинско, зелено растение во работниот простор е непроценливa. Зеленилото го разубавува окружувањето во кое работите, го намалува стресот, го зголемува работниот елан и го прочистува воздухот, а голем број истражувања покажуваат дека сме 40% попродуктивни и 50% покреативни.

Идеални придружници на креативноста, инспирацијата и успехот...

...растенијата во вашата канцеларија

А

ко сè уште немате одбрано зелен „декор“ или „милениче“ за вашата канцеларија, време е да го сторите тоа, а следниве совети ќе ви помогнат како да го одберете и негувате...

Одберете го најсоодветното растение во 4 чекори

1 2

Фокусирајте се на растенија за кои не е потребно многу нега, па така нема да зажалите ако го прескокнете полевањето додека сте преокупирани со работата. Ако на вашето работно место немате многу природна светлина, купете си замија, африканско копје (познато и како цилиндрична сабја или цилиндрична змија) или филадендрон. Ако имате многу светлина тогаш купете красула, папрат или кактус. Одберете растение што го прочистува воздухот. Наши фаворити за работен простор се фикус, драцена, дрво на мирот и африканско копје.

3 4

Основни совети за нега на растенијата

 Запознајте го вашето растение. Ставете го на работната маса, проверете ја земјата во саксијата – ако првите 3 до 4 сантиметри од земјата е сува, тогаш му треба полевање.

72

Силвана Јованчева

 Не дозволувајте чиничето на саксијата да биде полно со вода повеќе од 30 минути. Ако водата се задржи во него, истурете го вишокот.  Зиме греењето во просториите е посилно, па често воздухот е многу сув. Затоа во такви услови потребно е дополнително наводнување на растенијата.  На ратсенијата исто како и на луѓето, најсоодветна им е температурата помеѓу 19 и 23 степени. Затоа никако не поставувајте го растението близу вентилатор, климатизер, радијатор или влезна врата, каде што има поголем провев или поголеми температурни разлики.

5 растенија што ќе ви ја унапредат кариерата

А

ко посакувате зголемување на платата, подобри услови за работа, поголема креативност и наплив на идеи еден од најдобрите патишта да успеете во тоа е да внесете растенија во своето работно окружување. Едно неодамнешно истражување на британските научници од Универзитетот Екситер, покажало дека присуството на растенија во канцелариите ја подобрило креативноста за 45%, продуктивноста за 40% и расположението за 50%. Истражувачите од Универзитетот Екситер, спровеле истражување во кое учество зеле 350 испитаници, поделе-


ни во импровизирани канцеларии. На сите испитаници им биле дадени исти работни задачи, а резултатите покажале значително подобрена продуктивност и креативност кај оние во чии работни простории имало многу растенија. „Уште од поодамна е познато дека со дизајнирањето на сопствениот работен простор можеме да го подобриме здравјето, среќата и продуктивноста. Беше време да направиме уште еден чекор напред и да испитаме дали сето тоа ќе има влијание и на креативноста и да испитаме дали со дизајнирањето на работниот простор можеме да ја подобриме ефективноста во работата. Резултатите покажаа дека креативноста се зголеми дури за 45%, благодарение на растенијата и дизјнот на работното окружување, бидејќи на тој начин се унапредува нашата психолошка благосостојба“, објаснува психологот д-р Крег Најт. Покрај овие предности, зеленилото го разубавува просторот, го прочистува воздухот, а познато е и дека го намалува стресот. Ако ве убедивме во благодатот на зеленото окружување во работниот простор, погледнете кои 5 растенија совршено се вклопуваат во секоја канцеларија...

1

Сансеверија (Sansevieria)

Сансеверијата (Африканско копје или Индијански пердув), е многу отпорно растение, па со тоа и совршен избор ако немате многу искуство во одгледувањето растенија. На ова растение не му пречи сувиот воздух и недостатокот на сончева светлина или ако поради многуте работни обврски заборавите да го навадите. Иако нема да го „убие“, сепак недоволната нега може да влијае на убавината на ова растение, односно шарите на листовите ќе бидат бледи.

2

Замија (Zamioculcas zamiifolia)

Замијата спаѓа во групата растенија на кои не им е потребна голема грижа, таканаречени сукуленти. Замијата е многу популарно собно растение. Идеална е за работни простории, бидејќи според фенг шуи, го активира полето на среќата и парите и ја собира негативната енергија. Грижата за замијата не бара многу труд, бидејќи ѝ е доволна основна нега. Потребно е да ја полевате еднаш во месецот, а лете нешто почесто.

3

4

Красула (Crassula ovata)

Красулата или Јапонско дрво на парите е многу популарен избор за канцелариско растение. Како што кажува и самото име, присуството на ова растение наводно ги привлекува парите. Постојат објаснувања дека листовите на ова растение содржат етерични масла што ја зголемуваат менталната и физичката будност на луѓето и ги активираат умствените и физичките способности, па на тој начин се постигнуваат подобри резултати во работата, а секако и поголема заработувачка.

Потос (Pothos)

Ова растение-ползавец е познато и под името Ѓаволов бршлен, и е во сродство со филадендронот. Се одгледува многу лесно и убаво го поднесува сувиот воздух. Толерира и послаба светлина, а ќе ве награди со брз раст доколку одвреме-навреме го полевате.

5

Кактус пенкало (Euphorbia tirucalli)

Својата популарност ја долгува како на необичниот изглед, така и на својата отпорност. Токму како и останатите видови кактуси, и ова растение не бара многу внимание. Поставете го на посветло место во канцеларијата, но не и директно изложено на сонце. Сака влажни простории, но полевањето е еднаш месечно. Одличен е за канцеларии, бидејќи не се препорачува да се стави во просторија со деца (ако се скрши, овој кактус испушта отровно млеко, па затоа треба многу внимателно да се постапува со него). 73


правни дилеми

Договорот за доживотна издршка во последно време, кај нас, се чини дека доживува вистинска „ренесанса“. За тоа сведочи бројот на склучени договори од овој вид, помеѓу граѓаните (физички лица), т.е. помеѓу примателите и давателите на издржувањето.

Д

ЗА ДОГОВОРОТ ЗА ДОЖИВОТНА ИЗДРШКА

оговорот за доживотна издршка, како и секој друг договор, изрично регулиран во законот или не, се состои од битни и небитни елементи. Најопшто кажано, под битни елементи се подразбираат т.н. објективно битни елементи (essentialia negotii), чие постоење е неопходно за настанување договор од определен вид. Така, договорот за доживотна издршка се смета за склучен во моментот кога договорните страни ќе постигнат согласност околу битните елементи (точки) на договорот. Непостоење согласност помеѓу договорните страни околу споредните точки не влијае врз полноважноста на договорот. Споредните елементи на договорот ги определува дополнително судот, притоа водејќи сметка за претходните преговори помеѓу страните, утврдената практика помеѓу нив и обичаите. Разликувањето на битните елементи на договорот од споредните е од пресудно значење за

идентитетот и полноважното настанување на договорот за доживотна издршка. Секако дека договорните страни можат, покрај објективно битните елементи на договорот, да предвидат и некои други права и обврски кои ќе бидат битна состојка на договорот (субјективно битни елементи). Тогаш на нив се применуваат истоветните правила како и за објективно битните елементи на договорот. Конкретно кажано, битни елементи на договорот за доживотно издржување се определени давања (dare) и чинења (facere) кои ги должи давателот на издржувањето и одредени ствари и други права кои ги должи примателот на издржувањето. Договорот за доживотна издршка, како што наведовме, настанува дури кога договорните страни ќе постигнат согласност за битните елементи на договорот, а тоа се:

1. Согласност давателот да го издржува примателот и да се грижи за него сè до неговата смрт и 2. Согласност за имотот што од примателот на издржувањето после неговата смрт ќе се пренесе на давателот на изджувањето.

адвокат м-р Владимир Бангиевски Адвокатска Канцеларија Бангиевски 74

Давателот на издржувањето е должен да се грижи за примателот на издржувањето, да го издржува сè до смртта на примателот на издржувањето, а после смртта и да го погребе. Значи, станува збор за определување на обврските на давателот на издржувањето, определување кое најпрво служи за разграничување на овој договор од некои други, сродни договори, со трајна обврска на некое лице (да речеме, договор за доживотна парична или натурална рента, договор за сместување и сл.), но и своевидно предупредување дека при непостоење на некој од тие елементи не постои ни договор за доживотно издржување, туку, можеби некој друг, именуван или неиме-


нуван договор. Во практиката договорите за доживотно издржување најчесто се склучуваат по пат на општи формулации, како на пример такви каде што давателот на издржувањето е должен примателот да го негува и издржува до смртта, а после смртта да го погребе, или пак формулации од типот: да го чува, да се грижи за него и до смртта на примателот да му го одржува имотот. Се гледа дека обврската на давателот се состои од два вида:

1. Од чинидба на издржување на примателот и 2. Од морални обврски. Првиот вид обврски подразбира различни чинидби со цел да се намири примателот со работи потребни за живот. Вториот вид обврски подразбира грижа за личноста на примателот и цела низа други лични услуги - да речеме: подготвување храна, прошетка, подготвување на постелнината, читање весник на примателот, играње разни друштвени игри со примателот, носење во посета кај пријатели, во болница, поправка на телевизорот, што како обврски често не се мерливи во паричен еквивалент. Давателот на издржувањето е обврзан да врши различни чинидби кои се потребни за намирување на примателовите животни потреби, но на договорните страни паѓа обврската сами да го одредат видот и обемот на тие обврски: начин, рокови, место, обем и квалитет... Во отсуство на договорни одредби, видот на обврските на давателот се определуваат во ЗОО. Давателот е должен на примателот посебно да му обезбеди станување (не посебен стан), храна, облека, обувки, нега во болеста и староста. И не само тоа. Обврската на давателот се протега и на разни други престации за вообичаените, секојдневни примателови потреби како на пример: купување весник, книги, билети за кино, спортски приредби, превоз во градски сообраќај. Овие обврски на давателот особено се ценат во отсуство на договорни одредби, а се ценат по пат на два параметра:

1. Потребите на примателот и 2. Можностите на давателот. Потребите на примателот се вреднуваат и ценат со посредство на неговиот, ако може така да се каже, „преддоговорен начин на живот“, па така: примателот на издржувањето не може после склучувањето на договорот за доживотна издршка да има полоши услови отколку пред склучувањето на договорот. Во секој случај чинењата на давателот, во отсуство на договорни одредби, не смеат да бидат со послаб квалитет од просекот што важи во местото на исполнување на договорот. Во недостаток на договорни одредби за времето и местото на чинидбите на давателот се применуваат за секој вид чинидба соодвет-

ни правила од ЗОО. Покрај издржување, сфатено како низа чинидби, давателот е обврзан да се грижи за личноста на примателот: да се грижи за примателот, да го чува и негува во болест и староста и после смртта да го погребе. Тие обврски постојат и кога не се изрично наведени во договорот. Кога примателот ќе се разболи, давателот е должен да го негува и да ги сноси тршоците на лекување, без оглед дали издатоците настануваат со болнички третман или не, при што не е значајно дали примателот се разболел пред или после склучувањето на договорот. Давателот на издржувањето ги сноси само оние видови трошоци за лекување што се неопходни (трошоци за болнички третман, трошоци за лекови и лекари, трошоци за медицински операции и зафати, трошоци за набавка на протеза и вградување вештачки делови во организмот, закрепнување, бањско лекување итн.) Висината на сносењето на трошоците се определува спрема материјалната состојба на давателот на издржувањето. Давателот на издржувањето е должен да го погребе примателот, на примерен начин (на пример ако е верник да се обезбеди свештеник, соодветна погребна опрема и сл.). Обврската за погреб се подведува под обврската за нега и грижа над примателот и постои и кога давателот не е наследник на примателот на издржувањето. Давателот не е должен на примателот да му подигне надгробен споменик, со исклучок ако е тоа договорено и произлегува од околностите на случајот. Давателот на издржувањето е должен лично да ги исполнува своите обврски. Исклучоци се можни но не и во случајот со оние давателови чинења што не можат да се исполнат без личен контакт со примателот, или пак, обврски што произлегуваат од негата и грижата за примателот. Извршувањето на обврските на давателот се протега по правило во подолг временски период. Затоа, начинот на извршување на тие обврски, нивниот вид и обем не смеат да бидат однапред фиксно определени во договорот, туку мора да биде оставена можност обврските на примателот да се прилагодат на изменетите потреби и на примателот и на давателот на издржувањето (цврсто договорно фиксирање на давателовите обврски води до некој друг договор, да речеме во договор за доживотна натурална или парична рента). Обемот и содржината на обврските на давателот е подложна на промени во однос на постоечката состојба во време на склучување на договорот: промените може да бидат причинети како од објективни така и од субјективни фактори, како од материјалната или друга состојба на примателот, така и од измената на состојбата на давателот. Промените на состојбата го прават Договорот за доживотно издржување, после склчувањето, подложен на модификација, а незадоволството од променетите околности можат пред судот да го изразат и давателот и примателот на обврската. Посебно се значајни нормите за раскинување на договорите за доживотно издржување заради неисполнување. Последиците од раскинувањето на договорот заради неисполнување се следни: А. Барање да се врати тоа што е примено врз основа на раскинатиот договор; Б. Давање надомест за користа што секоја страна ја имала од тоа што другата е должна да врати; В. Надомест на штета, која припаѓа само на совесната страна. 75


Кисело-слатка црвена заводливка...

вишна 

Заштитува од одредени видови рак. Антоцијаните и останатите пигменти, кои им ја даваат темноцрвената боја на вишните, со своето антиоксидансно дејство ги заштитуваат клетките од мутации и го намалуваат ризикот од појава на малигни болести.

Го намалува ризикот од инфаркт. Вишните ја спречуваат оксидацијата на штетниот LDL холестерол кој ги оштетува ѕидовите на крвните садови.

Влијае врз намалување на ризикот од атеросклероза, обезбедува здрави крвни садови и штити од мозочен удар.

Особено е препорачлива за мажите: антиоксидансите и витамините, особено витаминот Ц, што ги има во изобилство во вишните, го подобруваат квалитетот на спермата.

 

Поволно влијае врз клетките на окото со што го подобрува видот.

Содржи кумарин кој помага во намалување на ризикот од згрутчување на крвта, со што се намалува ризикот од тромбоза.

Поради високата концентрација на калиум, вишната е еден вид диуретик, поточно го потикнува исфрлувањето течности од организмот и влијае на намалување на крвниот притисок.

 

Ги забавуваат воспалителните процеси во организмот и ги олеснуваат тегобите од ревматски заболувања, особено кај ревматскиот артритис. За слабокрвните е вистински избор затоа што изобилува и со железо (особено е препорачлива за жените што имаат обилни циклуси и патат од анемија).

76

Темноцрвената боја, слатко-киселиот вкус и својствата што ги поседува ја прават вишната едно од омилените овошја. Нејзините исцелувачки моќи биле познати уште пред два и пол века, кога почнала да се одгледува на просторите на денешна Турција и Грција. Денес вишната најмногу се одгледува во Европа и југозападна Азија. Вишната може да се јаде во неограничени количини, бидејќи е вистински благодат за организмот. А еве и зошто... Силвана Јованчева

Чаша сок наместо аспирин

– според хранливите вредности вишните се вбројуваат во групата супер храна. Богатството од витамини и минерали е мевлем за организмот, така што може да се конзумираат во неограничени количини. Лековити се и за кожата и за нервниот систем. Може да го заменат и аспиринот. Една чаша сок од вишни е замена за една таблета аспирин.

против грчеви и болки во мусЧајкулите

– прелијте 1 кг вишни со седум литри претходно зовриена, па изладена вода (може и дестилирана). Варете околу 30 минути на тивко со повремено мешање. Откога ќе се свари, процедете и течноста соберете ја во стаклени шишиња, а потоа пијте ја наместо вода. Ова лековито својство на вишните го потврдиле експертите од Универзитетот во Вермонт во САД.

Чај од листови и плодови од вишна – овој чај е познат и како диуретик бидејќи помага при исфрлување на песокот од мочните канали, а го намалува и целулитот. Листовите од вишна во комбинација со пиво е вистински еликсир за телото.


C MYK


медицински занимливости

Возете велосипед за подолг живот

Редовното

возење велосипед е поврзано со речиси двојно помал ризик од заболување од рак и болести на срцето, покажува истражувањето на шкотските научници. Податоците од Универзитетот во Глазгов, собирани во период од пет години од околу 250 000 лица, покажуваат и дека одењето до работа пешки е подобра опција од седењето во јавен превоз или во автомобил. Научниците нагласуваат дека користењето велосипед како превоз до работното место кај повеќето испитаници станало пријатна навика која не бара посебен труд и силна волја. Редовното возење велосипед е поврзано со просечно 41% помал ризик од смрт од која било причина, 45% помал ризик од заболување од рак и 46% помал ризик од болести на срцето. Учесниците во истражувањето поминувале 40-50 километри неделно, а поизразено позитивно влијание имало кај оние што возеле повеќе.

Псоријазата потешко ги погодува мажите Потешките

облици псоријаза се почести кај мажите, покажало истражувањето што било спроведено врз 5400 испитаници во Шведска. Научниците од универзитетот во Умеи велат дека тоа се однесува на сите возрасти и на сите делови на телото освен на главата. Американ журнал оф клиникал дерматолоџи пишува дека новите сознанија би можеле да објаснат зошто мажите со псоријаза многу почесто бараат помош од лекарите отколку жените со хроничната незаразна кожна болест. 78

т Влијанието на вишоко сол во исхраната Вишокот

сол во исхраната е поврзан со смален внес на вода и зголемено чувство на глад, сугерира истражувањето на германските научници. Причината за засилување на чувството на глад е зголемување на потребата за енергија. Новите сознанија биле собрани во берлинскиот центар Макс Делбрук во текот на симулирана мисија на Марс. „Космонаутите“ што јаделе посолена храна задржувале повеќе вода во организмот, па затоа биле помалку жедни, објаснуваат истражувачите. Во истражувањето учествувале две групи од по десет мажи – едната група била следена 105 дена, а другата 205 дена.

Факторите на ризик за депресија зависат и од возраста Истражувањето

спроведено на универзитетот во Амстердам вели дека некои фактори на ризик за депресија се посилно изразени на одредена возраст. Резултатите биле добиени преку следење на околу 2000 испитаници на возраст од 18 до 93 години. Околу три четвртини од учесниците во истражувањето имале дијагноза депресија. Анализирајќи ја присутноста на 19 фактори на ризик за депресија, се покажало дека повеќето од нив (на пример, степен на образование, лошо здравје, лични карактеристики) биле присутни кај сите лица на секоја возраст. Сепак, кај лицата на возраст од 18 до 39 години посилни фактори на ризик за депресија биле прекумерна тежина, болки, злоупотреба во детството и присуство на хронични заболувања. Кај лицата постари од 60 години најголем фактор биле малите приходи.


Овошјето како пр од дијабетес тип 2евенција Секојдневното

конзумирање свежо овошје е поврзано со 12% смален ризик за дијабетес тип 2, покажува истражувањето на кинеските научници. Освен тоа, забележан е и помал ризик за смрт кај лицата со дијагноза дијабетес тип 2 кои редовно јадат овошје. Секојдневното конзумирање овошје е поврзано и со помал ризик од компликации предизвикани од дијабетесот, како на пример дијабетска ретинопатија.

Во

четиригодишното истражување биле користени податоци собрани од околу половина милион испитаници на возраст од 30 до 79 години, а резултатите ги објави научното списание ПЛОС медицина.

и Побелената косеави ризикот за срц заболувања Наодите

на египетските научници од универзитетот во Каиро собрани од 545 мажи укажуваат на поврзаноста на побелената коса и зголемување на ризикот за атеросклероза. Истражувачите нагласуваат дека не ја докажале причинско-последичната врска меѓу побелената коса и ризикот за здравјето на срцето и крвните садови. На забележаната поврзаност не влијаела возраста на испитаниците. Атеросклерозата ја карактеризира стенчување и смалување на еластичноста на ѕидовите на крвните садови што е придружено со насобирање масен материјал под внатрешната обвивка на артерискиот ѕид. Кога ќе се развие атеросклерозата во артериите што го снабдуваат мозокот може да дојде до мозочен удар, а ако ги зафати артериите што го снабдуваат срцето може да дојде до срцев удар.

Вежбање – пред или по оброкот?

Проучувањето

на британските научници од Универзитетот на Бат покажало дека вежбањето на празен желудник долгорочно има поизразено позитивно влијание на здравјето. Анализирајќи ја експресијата на гените во клетките на масното ткиво, истражувачите забележале како позитивните промени се поприсутни ако телесната активност му претходи на оброкот. Тие велат дека оброците пред вежбање можат да доведат до полесна адаптација на масното ткиво на редовната телесна активност. Во истражувањето што било спроведено врз возрасни мажи со вишок килограми биле следени гените ПДК4 и ХСЛ. Се покажало дека нивната засилена експресија укажува на искористување на складираното масно ткиво како „гориво“ во текот на вежбањето.

Музика за закрепнув ање по операција

Терапијата

со музика може да ги ублажи болките и анксиозноста по оперативниот зафат, покажало истражувањето спроведено врз пациенти подложени на операција на карлицата. Резултатите од болницата Монт Синај во Њујорк биле добиени со помош на учеството на 30 испитаници на возраст од 40 до 55 години. Се покажало дека терапијата со музика што вклучува пеење, ритмично тактирање и слушање музика има значително позитивно влијание врз пациентите. Примената на терапијата со музика започнала 72 часа по операцијата, а била комбинирана со стандардната нега на пациентите.

79


подароци Avon Perceive парфем за жени 2 награди

Burberry несесер

Avon Black Suede Sport тоалетна вода за мажи 3 награди Revolution the ONE blush stick

Golden Rose matte velvet лак

Collistar антицелулитен скраб

Max Factor 3 награди

Clinique несесер со мини производи

Essence 4 награди Salvatore Ferragamo несесер

Trussardi несер

80

Black UP 3 колекции за сончање

Oriflame чанта, маскара и гел за туширање


Clarins несесер

LUSH Sweetest Thing комплет

Lacalut flora раствор 2 награди

Pharmatheiss крем за раце од калинка Mona несесер Nivea 2 сета за мажи и 2 за жени Eucerin лосион

Doliva ноќен крем за лице

Vileda PUR active 10 награди

Colgate & Palmolive

Golden ceramides крем за лице и очи

Natura 5 награди

Dove и Rexona 5 награди

Еден од овие подароци може да биде ваш. Испратете го вашето име и презиме и контакт телефон на:

www.infinitymag.mk 81





Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.