Infinity br 4 Esen 2017

Page 1

Бр. 4

C MYK


C MYK

Новата Opel

INSIGNIA Германска технологија за секој од нас •

Предни светла LED Matrix®, најдобри во класата

Автоматско итно сопирање со детекција на пешаци1

Head up дисплеј со приказ на информации на ветробранското стакло2

opel.mk Работи автоматски при брзина над 8 km/час и под 80 km/час. Посетете ја opel.mk/insignia за детални информации за работата на системот. 2 Дисплејот на предното ветробранско стакло е достапен почнувајќи од Dynamic нивото на опременост со доплата. На сликата е прикажана опционална опрема. 1

ИДНИНАТА НИ ПРИПАЃА НА СИТЕ


СОВРШЕНА СЕКОЈ ДЕН. КОЛЕКЦИЈА НА АПАРАТИ ЗА НЕГА НА КОСА

gorenje.com.mk

Gorenje Beauty Collection е нова колекција на апарати за нега на коса која овозможува брзо и совршено стилизирање на косата наутро, во текот на денот или во вечерните часови. Апаратите во трендовски бои се лесни за користење и внесуваат задоволство во оваа секојдневна рутина.


Тоа беа денови... а беа ли? Ах, тие добри стари времиња. Позната ви е реченицата? Ја слушате речиси на секој чекор, а веројатно и самите ја употребувате повремено велејќи „еее, некогаш децата беа повоспитани, попослушни, пријателите верни и блиски, семејството се држеше како едно, јадевме многу поздрава храна, живеевме многу побезбедно...“. Оваа појава и не е толку чудна, затоа што кога ќе ѕирнеме малку во литературата, па и во историјата, сфаќаме дека овој феномен е безвременски. А зошто? Веројатно, во миговите кога ни е тешко, кога го чувствуваме бремето на животот како ни тежи врз грбот, посакуваме да се вратиме во минатото, кога сме се чувствувале побезбедни. Честопати минатото во мислите го доживуваме како сигурна скривница од шлаканиците на сегашноста. Но дали сте помислиле некогаш на што всушност ние тоа се сеќаваме, и по што жалиме? Кога ќе кажеме, тоа беа убави времиња, всушност се навраќаме во младоста кога сме биле деца и млади, кога не сме биле соочени со животот и сè она што тој носи со себе, кога секојдневно не нè чекале тешки одлуки, кога грижата за семејството и блиските не била наша обврска, туку сме биле оставени на мечтите што сè би сакале да направиме во животот и како да го оствариме тоа. А потоа, полека годините почнале да нè совладуваат и сме станале свесни дека многу работи не се онакви какви што сме ги замислувале. Но жалот по она што поминало не се крие само во фактот што мечтаеме по младоста, туку и во тоа што некако со текот на времето ги забораваме негативните нешта што ни го боеле животот па остануваат само убавите спомени. Па така, кога се сеќаваме на минатото, ретко ни се навраќаат неубавите спомени, напротив најчесто помислуваме на миговите кога сме се смееле, на луѓето што биле со нас кога ни било најзабавно, на песните што ни буделе убави чувства. Можеби затоа понекогаш треба да застанеме и да се запрашаме, а дали порано навистина беше поубаво од денес? Денес го имаме она што го носи денот, саканите покрај себе, нашите деца, нашите кариери, некогаш успешни некогаш и не толку, домот, кој иако понекогаш е исполнет со кавги и тага, почесто е насмеан и весел. Го имаме утрото кое ветува дека никогаш не треба да велиме никогаш, бидејќи многу можеме само ако сакаме и ако сме упорни. Некогаш не можеме да влијаеме на тоа како ќе се случуваат нештата, незадоволно заклучуваме дека губиме и дека не сме успеале во нешто, но тоа пак отвора нова врата за нови предизвици. Мојот став за носталгијата е дека навистина некои работи порано биле подобри, но дефинитивно има работи што се подобри денес. Дефинитивно жалам по поврзаноста и блискоста што ја остварувавме со пријателите, а денес зависиме од социјалните мрежи и студените разговори преку прозорчињата што светкаат кога некој ќе ни пише. Разговорот во четири очи и искрената насмевка никако не можат да бидат заменети со неколку смајли. Сепак, којзнае, во иднина можеби и следните генерации ќе жалат по ова нашево?! С. Тошиќ 4

10 Ако се враќаш од работа среќен и исполнет, значи дека го живееш сонот, Сања Стефанова 18 Секој ангажман го прифаќам како да е најбитниот досега, Елена Голомеова 20 За пријатни чувства, и уште попријатен изглед... 22 Негата на кожата после летото 24 Кога виолината ги свири вистинските ноти, Ева Богоевска 28 На кафе во Ќоше

30 Како во своја кожа... 32 Кога „војуваш“ со семејството 34 Новите трендови нудат поголема слобода во изборот на облеката за на работа... осмелете се и пробајте 36 Џемперот како еден од главните аксесоари во првите постудени денови 38 Согласно естетските критериуми... ексклузивна колекција луксузни предмети 40 „Чинија полна љубов има посебен вкус“, Марк де Јонг 44 Уметнички научник што ги преиспитува идеите, Сашо Саздовски 46 Мотоциклот BOLD - Таков каков што (го) сонувате... 48 Среќен сум што не станав интернет коментатор! Зоран Михајлов 52 Гиетхорн - Живописното селце на вода 55 Орнамент и специфично ремек-дело... во вафлите на МАРТИНИ 56 Боемскиот дух на излитената елеганција во домот... 62 Кога желбите на клиентите и визуелните креации создаваат уметничко дело 64 Дискриминација на работното место Директор: Ангела Неновска Крстевска Главен и одговорен уредник: Слаѓана Тошиќ Арт директор: Анета Гацевска Графички дизајн: Горан Крстевски Сашко Соколов Фотограф: Јован Настевски – ЈоН Маркетинг директор: Анета Попова | тел: 070 344 410 anetapopova@nampress.com.mk Маркетинг асистенти: Нена Неновска Ѓорѓиевска Надица Пушкоска Стилист: Елизабета Кљусева Редакција: Силвана Јованчева Игор Ландсберг Сузана Прањиќ Насловна: Сања Стефанова Фотограф: Metomax photography

Веб дизајн Маријан Петровски Тими Попов Печати: Нампрес бул. „Србија“ бр. 11, Скопје Датум на печатење: Септември 2017 Тираж 20.000 Контакт: 389 22700 720 contact@infinitymag.mk www.infinitymag.mk Жиро-сметка: 200-0000912991-08, Стопанска банка 250-1010003997-12 Шпаркасе банка Правен застапник: Дарко Ѓорѓиевски ул. 1737 бр. 32 к3 лок. 38 Скопје 078 274 703 Издавач: Основач: Маргарита Неновска


НОВИОТ НОВИОТPEUGEOT PEUGEOT308 308 НОВИОТ PEUGEOT 308 НАПРЕДНА НАПРЕДНАТЕХНОЛОГИЈА ТЕХНОЛОГИЈА НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА

Фотографијата е обврзувачка. Фотографијата не енеобврзувачка. Фотографијата не е обврзувачка.

OДOД OД

170 170 170

€/МЕСЕЧНО* €/МЕСЕЧНО* €/МЕСЕЧНО*

МЕСЕЧНАТА МЕСЕЧНАТА ВРЕДНОСТ ВРЕДНОСТ ВОВО ДЕНАРИ ДЕНАРИ МЕСЕЧНАТА ВРЕДНОСТ ИЗНЕСУВА ИЗНЕСУВА 10.506 10.506 МКД МКДВО ДЕНАРИ ИЗНЕСУВА 10.506 МКД

PEUGEOT PEUGEOT i-COCKPIT i-COCKPIT PEUGEOT i-COCKPIT НОВИ НОВИ СИСТЕМИ СИСТЕМИ ЗАЗА „ПОМОШ „ПОМОШ ПРИ ПРИ ВОЗЕЊЕ“ ВОЗЕЊЕ“ НОВИ СИСТЕМИ ЗА „ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ“

ЕУРОИМПЕКС, ЕУРОИМПЕКС, Генерален Генерален увозник увозник за Peugeot за Peugeot во Македонија, во Македонија, Србија, Србија, Црна Црна Гора, Гора, Косово Косово и Албанија и Албанија Локација Локација 1: Бул. 1: Бул. Трета Трета Македонска Македонска Бригада Бригада бр. 72, бр.во Скопје. 72, Скопје. Тел (02) Тел 3111-000 (02) 3111-000 •Црна Локација • Локација ул.2:Скупи ул.иСкупи бб, Скопје. бб, Скопје. Тел (02) Тел 3096 (02) 3096 -900-900 ЕУРОИМПЕКС, Генерален увозник за Peugeot Македонија, Србија, Гора,2:Косово Албанија СКОПЈЕ СКОПЈЕ • СИТИ • СИТИ КАР КАР (02) 3109-987; (02) 3109-987; ГЕВГЕЛИЈА ГЕВГЕЛИЈА БОНДИ • БОНДИ (034) 211-400; ПРИЛЕП ПРИЛЕП • АВТО • АВТО (048) (048) 419-777; 419-777; ТЕТОВО АВТО • -900 АВТО ЧАЈКА ЧАЈКА (044)(044) 333-090; 333-090; ШТИП ШТИП • АВТО • АВТО ЧАЈКА ЧАЈКА 2 (032) 2 (032) 395-090; 395-090; Локација 1: Бул. Трета Македонска Бригада бр.•72, Скопје. Тел(034) (02) 211-400; 3111-000 • Локација 2:СТЕЛА ул. СТЕЛА Скупи бб, Скопје. ТелТЕТОВО (02) •3096 СКОПЈЕ • СИТИ КАР (02) 3109-987; ГЕВГЕЛИЈА • БОНДИ (034) 211-400; ПРИЛЕП • АВТО СТЕЛА (048) 419-777; ТЕТОВО • АВТО ЧАЈКА (044) 333-090; ШТИП • АВТО ЧАЈКА 2 (032) 395-090;


dolce&gabbana

Што препорачуваат светските модни куќи за оваа сезона

Шарено

за весело расположение 6


Gucci

Blumarine

Versace

Prada

7


KOOKAI

Што препорачуваат светските модни куќи за оваа сезона

Елеганција

во смирени тонови 8


Salvatore Ferragamo

Fendi

Moschino

Bottega Veneta

9


интервју

Фотографии: Metomax photography

„Моето мото е внимавај што посакуваш, можеби и ќе ти се оствари! И тоа навистина ми се случи. Работам, патувам, се дружам, остварувам – го живеам мојот сон. Сакам предизвици, нови дестинации, работа без бариери, креативност и работа со многу луѓе,“ вели Сања Стефанова, координатор на програмата Еразмус+ во Центарот за меѓууниверзитетска соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ангела Неновска Крстевска

Ако се враќаш од работа

среќен и исполнет,

значи дека го живееш сонот

„В

о 2011 година станав инженер по информатички науки и технологии при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Веднаш по дипломирањето започнав да работам на УГД. Работев како практикант на развојот на системот за електронско учење како и

на примена на новите технологии во едукативниот процес. Бев дел од повеќе проекти и имав различни работни активности: е-библиотека, е-репозиториум, е-тестирање. Во тој период често патував и експериментирав. Бев на неколку младински размени и обуки и започнав дополнително да работам на проекти поврзани со програмата Еразмус +. По неколкуте успешно завршени проекти и обуки ми понудија да работам во делот на меѓународната соработка при Универзитетот. Програмата Еразмус + беше новитет, а јас со голем ентузијазам пристапив кон новото работно место. Како Универзитет, само за една година успеавме да склучиме 160 нови договори со Универзитетите во Европа. Тоа значи дека нашите студенти ќе можат да заминат и да студираат на некој од тие Универзитети, а професорите професионално да се надградуваат и да работат со колегите низ Европа.“ „Најубаво е чувството на душевното задоволство и моментот кога ќе се вратиш од работа среќен и исполнет - тоа значи дека го живееш сонот.“ Како координатор на програмата Еразмус + Сања вели дека Еразмус навистина ѝ го промени и збогати животот. „Моето прво искуство со програмата беше младинската размена во Германија во 2013 година. Бевме

10


учесници од 12 држави во Европа. Беше навистина прекрасна дружба, културно вмрежување и градење на идентитет. Кога станав координатор на Еразмус + почнав да патувам низ Универзитетите во Европа. Бев дел од интернационалната недела на универзитетите во Мадрид, Грац, Картагена. Присуствував на конференцијата во Виена организирана од Европската комисија заедно со повеќе од 250 координатори на Еразмус + во Европа. Преку можностите за обука бев на работилници во: Италија, Шпанија, Кипар, Полска, како и учесник на неколку форуми на Западен Балкан. Најчесто присуствувам на обуките за младински работници, младинско лобирање и застапување, проширување на меѓународната соработка и Еразмус + вмрежување. Сите обуки за мене се незаборавно искуство. Запознав многу луѓе, имам пријатели од целиот свет. Во оваа прилика би го издвоила последниот форум на Западен Балкан – 6-та средба на Министрите од регинот. За истата добив покана од Европската комисија и учествував како панелист заедно со еврокомесарот за едукација, култура, млади и спорт. Разговаравме за предизвиците во високото образование, можностите на програмата Еразмус +. Како панелист го споделив моето лично искуство поврзано со Еразмус + како и напредокот на Македонија во оваа поле.“

По неколкуте Во изминативе четири години Сања е и претседател на Советот на млади на успешно завршени општина Штип. проекти и обуки ми „За жал, во Македонија немаме трапонудија да работам во диција на вакви тела, ниту пак имаме делот на меѓународната развиено младинска култура и дијалог. соработка при УниверзитеЈас мојот акцент го ставив на младите. тот. Програмата Еразмус Младите се тие кои треба да ги започнат + беше новитет, а јас со промените, да експериментираат, да бидат љубопитни, да грешат, да веруваат, да голем ентузијазам приссе охрабруваат, да зрачат со оптимизам, тапив кон новото рада мотивираат други, да веруваат во тоа што ботно место. го работат, да знаат да сакаат и да простуваат. Овие карактеристики ги пробудивме кај нашите млади. Тие се Советот на млади. Заедно со нив секоја година организиравме повеќе од 70 проекти. Имавме обуки и работилници од секоја област: е-бизнис, претприемништво, маркетинг, лобирање, школа по англиски јазик, социјални мрежи, младите и медиумите, организиравме и летен камп за лидерство, постојани дебати и разговори на актуелните теми. Успеавме да направиме мала промена во општеството и започнавме да градиме нови вредности. Младите имаат голем потенцијал и тоа не треба да биде занемерено. Посакувам секој млад човек да успее да го добие заслуженото место во ова општество според неговите заслуги и квалитет.“

За себе и својата перспектива во иднина, вели... „Се водам од тоа осмели се да бидеш различен, никогаш не задоволувај се со тоа што го имаш и секогаш постави си нова поголема цел. Живеам за незаборавните моменти и неочекуваните повици. Знам дека секој нов пријател е нова можност. Сакам да патувам, да работам со луѓе, да се соочувам со нови предизвици. Доколку би можела да работам за напредокот и развојот на Македонија тоа би било идеално. Верувам во успехот и го посакувам. Никогаш не треба да се откажеме од потрагата по сопствената среќа.“ 11


Фустан Saint Laurent 1,899€ www. farfetch. com

Фустан Badgley Mischka 610€ www. farfetch. com

Фустан Oscar de la Renta 4680€ www. farfetch. com

Фустан Mango Фустан Elie Saab 2794€

www. farfetch. com

Чанта Benedetta Bruzziches 662€

Чанта Valentino 1693€

www.farfetch.com

www.farfetch.com

Висока елеганција во вистинска нота

-

боите на смарагдот и сафирот

ќе го „поткренат“ ва шиот стил на малку повисоко ниво ... вистински избор за свечени прилики ов аа сезона

Џемпер Balenciaga 1130€

www.farfetch.com

Фустан Massimo Dutti 7990ден.

Фустан Mango 1990ден.

Палто Issey Miyake 2045€

www. farfetch. com

Чевли Dolce & Gabbana 549€ www.farfetch.com

Чевли Aquazzura 400€

www. farfetch.com

Чизми Santoni 454€ 2 www. farfetch. com

Сукња Roland Mouret 1990€

Чевли Marco De Vincenzo 536€

www.farfetch.com

www.mytheresa. com

Сукња Zara 1990ден.


02 3115-188 I www.insumak.mk I www.facebook.com/insumak.mk


Јакна Stella McCartney 1,442€

Палто Magda Butrym 1825€

Фустан Nili Lotan 679€

www.farfetch.com

www.farfetch. com

Кошула Zara 1590ден.

www.farfetch. com

Чанта Red Givenchy 1341€

www.farfetch. com

Чевли Massimo Dutti 5990 ден.

Пречекајте ја есента

во бојата на виното...

Чанта Stella McCartney 596€

www.farfetch. com

бојата што воедно жари и смирува, а е и елегантна и предизвикувачка

Фустан Mango 1490ден.

Чанта Massimo Dutti 5990 ден.

Zara палто 3990ден. панталони 2590ден. Џемпер Jonathan Simkhai 643€

www.farfetch.com

Чанта Peko

Чанта A.P.C. 385€

www.mytheresa.com

Чизми Zara 7990ден.

Чевли Bata 6

Чевли Isabel Marant 479€ www.mytheresa.com

Панталони Mango 2990ден.


Претставување на првиот парфем на Алесандро Микеле...

Gucci Bloom Инспириран од автентичниот дух на жените, креацијата на Алесандро Микеле го отсликува ставот да бидеш тој што сакаш да бидеш. Во комбинација со бојата, декорацијата и текстурата дизајнирана од креативниот директор, жените кои ги облекува овој мирис едноставно процветуваат на природен, експресивен и инвидуален начин: тие се во цут.

За мирисот Креиран од врвниот специјалист за парфеми, Алберто Мориљас, со насоки од Алесандро Микеле, мирисот е создаден да открие исто толку колку и неговото име. Автентичноста е вметната преку квалитетните, висококонцентрирани природни состојки. Екстрактот од природната тубероза собрана од Индија е испреплетена со екстракт од природен јасмин. Екстрактот од пупката од јасмин, добиен преку ексклузивен метод на коекстракција, кој го меша природниот квалитет на јасминот со молекулите да пренесат свеж мирис на зелени ливчиња на кожата.Gucci Bloom исто така содржи и ноти од уште едно растение кое за првпат е употребено во индустријата на парфемите – ползавец рангун.

„Сакав богат мирис од бели цветови, смел мирис кој те носи во бесконечна градина исполнета со многу цвеќиња и растенија. Градината е исто толку убава колку што се и жените: разнобојна, дива, разновидна. Gucci Bloom мириса како оваа градина, со Gucci Bloom патуваш на замислено место“, алесандро микеле.

За диЗајнот Талкачот по убавина, Алесандро Микеле, замислил шишенце и пакување во кое е сместен духот на мирисот, посветен на разновидноста на жените. „Шишенцето не е дизајнирано да биде женствено за да ги заведува мажите, туку за да им прави друштво на жените кои го носат парфемот. Со ретро и нежен изглед поради неговата боја, со чисти и тенки линии, шишенцето не е изработено во транспарентно стакло, туку е обоено и потсетува на порцелан, материјал кој многу го сакам“, вели тој.

113


Фустан Stella Mccartney 949€ www. mytheresa. com

Чизми Peko

Massimo Dutti палто 9990ден. панталони 4790ден.

Палто Ralph Lauren 4620€

www. modaoperandi .com

Панталони Oscar de la Renta 1990€ www. modaoperandi .com

Заштитниот знак на студените денови -

твид.

Палто Zara 2590ден.

Во сите комбинации на каро, стилски зачекорете во есента

!

Палто Mango 7990ден.

Панталони Mango 2990ден.

Чанта Bata

Чевли Bata Сукња Zara 2590ден. Палто Massimo Dutti 5490ден. Фустан Zara 1990ден.

Пончо Stella McCartney 1102€ www.farfetch.com

Чевли Laurence Dacade 687€

Чанта Proenza Schouler 1860€

www.farfetch.com

www. modaoperandi .com

4

Чевли Nicholas Kirkwood 366€ www. modaoperandi .com

Чанта Boyy 894€

www. modaoperandi .com


Gucci 455€

www.farfetch.com

Alexander Wang 585€

www.mytheresa.com

Balenciaga 750€

www.farfetch.com

А зошто да не...

влечките во елегантен стил

Malone Souliers 409 € www. mytheresa.com

Sergio Rossi 950€ www.farfetch.com

се уште можат да би дат вашиот избор во канцеларијата... Sergio Rossi 540€

Sanayi 313 945€

www.farfetch.com

www.mytheresa.com

Gucci 434€

Rue St 450€

www.farfetch.com

www.farfetch. com

Malone Souliers 399 €

Mango 2990 ден.

www.farfetch. com

Giuseppe Zanotti 408€ www.farfetch. com

Casadei 905€ Stella McCartney 549€ www.farfetch.com

www.farfetch. com

Сребрени и златни тонови

Alchimia Di Ballin 887€ www. farfetch. com

Saint Laurent 1683€

во комбинација со црно за вашите стапала се идеалниот избор за оваа есен елегантни чевли, куси и високи чизми

www.farfetch. com

Balenciaga 700€

www.farfetch.com

Chiara Ferragni 324€ www.farfetch. com

Sophia Webster 556€ www.farfetch. com

9


Интервју со Елена Голомеова, оперска певица Ја паметиме по детските хитови „Тина татина“, „Дропки-сопки“, „Дедо бара зелник“, кои и денес се вртат по детските емисии. Некогаш малечката и темпераментна русокоса блесна како вистинска грациозна убавица на неодамнешната изведба на Марсељезата во Скопје, по повод националниот празник на Франција, Денот на Бастилја, а одвременавреме знае да нѐ освежи и со по некој настап на француски шансони.

Секој ангажман го прифаќам како да е најбитниот досега

Е

лена Голомеова веќе 15 години ги освојува француските оперски сцени, а со досега изработените претстави, веќе ужива посебен статус на уметник-солист, како специфичен начин за стимулација на оваа држава кон врвните уметници. Сепак, македонската публика сѐ уште немала можност да го чуе нејзиниот колоратурен сопран на нашата оперската сцена. На ова таа вели: „За жал, досега не сум имала можност да настапам на македонската оперска сцена, па би ми претставувало посебна чест и задоволство доколку бидам поканета и сето тоа се вклопи во моите веќе планирани идни ангажмани.“ Од оваа гледна точка, како би го опишале патот од детските фестивали „Весело штурче“ и „Златно славејче“, до европските оперски сцени во Ница, Тулон, Париз...? „Со музика, односно со пеење, започнав да се бавам многу рано, бидејќи уште од малечка знаев дека тоа е мојата пасија, тогаш надевајќи се дека подоцна во животот на музиката ќе ѝ се предадам и професионално. Во секој сегмент во животот треба да знаеме што сакаме и да сториме сѐ за да можеме да се приближиме или да го достигнеме тоа што сме си го зацртале. Така, мојот сон беше да добијам можност да настапувам на големите оперски сцени, па од мала почнав да настапувам пред бројна публика. Бидејќи моите почетоци беа врзани за детските песнички, и публиката беше млада, јас сепак знаев дека тоа е она што сакав да го работам во животот.“ Во музичките училишта во Штип и во Скопје се здобивте со музичката основа за потоа, со поддршка на Францускиот културен центар и Амбасадата на Франција во 18

С. Праниќ

Скопје да изберете дооформување на образованието во Франција. Вака звучи идилично, но имаше ли „кршење копја“ и дилеми при изборот? Какви беа почетоците? „Токму така, со помош на Францускиот институт и Француската амбасада можев да заминам на студии во Франција, веднаш по завршувањето на средното музичко училиште. Изборот падна на Франција, пред сѐ поради долгогодишната соработка на мојата мајка со оваа земја, која според мене е центар на културата и уметноста, земја на светлината. Градот Ница беше мој избор поради климата што им годи на оперските уметници и, се разбира, поради реномираната Музичка академија. Оваа поддршка од Француската амбасада продолжува преку нашата долгогодишна соработка, како што беше поканата од Н.Е. Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија, да настапам во Скопје, на државниот празник на Република Франција – Денот на Бастилја.“ Во Ница дипломиравте, во класата на професорката Мари Жозе Ролан Гање, а во Париз магистриравте, односно над 15 години живеете и работите таму. Кои моменти би ги издвоиле како најблескави за вас во оваа една и пол деценија, од аспект на соло кариерата?


„Да, магистрирав во класата на Жаклин Бонардо, најпознатиот професор по француски оперски репертоар, а воедно и исклучителен педагог и автор на учебниците што се користат на факултетите. А што се однесува до настапите, сите тие, без разлика дали биле во текот на моето студирање (мојата прва улога ја добив во втора година на факултет, кога успешно ја завршив аудицијата на која се бараше солист за Жулиет во „Пети Рамоне“ („Petit Ramoneur“) од Бенџамин Бритен, или по моето магистрирање или, пак, во текот на докторатот, ми се драги, бидејќи секој ангажман го прифаќам како да е најбитниот досега и се обидувам да дадам сѐ од себе.“ Кои биле клучните улоги, или оперски и филмски дела, што ве катапултирале до следниот поголем проект? „Би рекла повеќе оперски дела, претежно од францускиот репертоар, а би ги издвоила „Пелеас и Мелизанда“, „Без огниште“ и „Волшебната флејта“.“ Можеме ли да се обидеме да разграничиме колку е пресуден талентот за еден оперски уметник, колку едукацијата, а колку секојдневната работа/вежбање? „Изучувањето на оперското пеење одзема долги години, школувањето во секоја уметност трае долго, а што се однесува до оперската техника, таа претставува 80 отсто од крајниот резултат. Талентот е само 20 отсто, сѐ друго е работа. Се разбира дека оние што ќе започнат со позабележителен талент, потоа тој ќе се почувствува на сцената, најчесто преку една карактеристична боја на гласот.“ Како оперски уметник, посебно ‘дојденец’ во Франција, колку сте задоволна од третманот на уметниците таму? „Уметниците овде не се разликуваат во однос на тоа од која земја потекнуваат или доаѓаат. Посебно би сакала да истакнам дека Франција креираше посебен статус на уметниците-солисти, кои ќе изработат определен број претстави или различни проекти од поголем размер, и преку тој статус државата нѐ заштитува и нѐ стимулира за уште поголеми успеси, за разлика од другите држави во Европа и низ светот каде што вакво нешто не постои.“

гласовните можности, за нив и тој аспект е подеднакво важен. За разлика од театарската сцена, каде што публиката е на поголема дистанца и физичкиот изглед не е примарен, во филмот токму тој е главниот акцент. А втората голема разлика е што за филмот направивме неколку снимки, од кои се избира најдобрата, односно најсоодветната за таа потреба, додека на сцена, кога ќе се крене завесата и спектаклот ќе започне, тој трае континуирано и по повеќе од три часа, без можност за втора шанса.“ Ваш нов проект е операта „Свадбата на Жанет“, во која имате главна улога, а потоа следи концертен настап со Филхармонијата. Што повеќе ве возбудува, на кои настапи се чувствувате најсвоја? „Ги сакам солистичките концерти со Филхармонијата, поради разновидноста на програмата, каде што предлагаме дела од различни периоди и композитори. Но, кога интерпретирам улога во претстава на оперската сцена, во неа, покрај пеење, има и глума и кореографија, што посебно ме возбудува.“

Гласот е нежен и комплексен „инструмент“ на кој треба особено да се внимава. На што обрнувате посебно внимание во вашите дневни рутини и колку климатските фактори, кои веќе ги споменавте, можат да влијаат врз „средството за работа“ на еден сопран? „Посебно доколку го пееме оној највисокиот фах - колоратурниот, гласилките се понежни, а и звукот исто така, што значи дека неопходни се посебна нега и огромно вниOд друга страна, колку оперската уметност е прифатемание во секојдневието. Поради секојдневното вежбање, на и популарна од страна на обичниот човек? се обидувам во останатиот дел од времето да не зборувам „Знаете, овде, во Француската опера, имав можност премногу, поради тоа што зборувањето знае да го замода настапам во главна улога во една оперска претстава ри гласот. И нормално, како што веќе споменав, изборот од Жан Клод Пети, која ја чинеше државата 1 мипадна на Ница, каде што поминувам најголем лион евра. Во неа уште од почетокот беше израВо Француска- дел од времето, токму поради прекрасната ботен декорот, поточно имаше дури 8 различни та опера имав клима на Азурниот Брег.“ сценски декори, при што акцентот беше ставен главна улога во Колку е тешко да се биде дисциплиниран и на правење оперска претстава во која публиката посветен на професијата во град и област една оперска ќе се чувствува како да се наоѓа на кино и да гледа филм. Дури 200 уметници учествуваа во овој претстава од во која константно се нижат културни, па голем проект, кој имаше за цел да ја привлече не Жан Клод Пети, и забавни збиднувања? Што не пропуштате да посетите во Ница, Кан, Париз...? само класичната публика, која има познавања која ја чинеше „Не може човек на уметноста, но и сите од оперскиот репертоар, туку и обичниот човек, државата 1 оние што обожаваат да ги следат збиднукој досега немал можност да гледа еден спектавањата, да остане имун на исклучително бо­ милион евра, кл на оперската сцена. Значи, театрите сѐ повеќе гатиот културен живот, што ги карактеризиги користат инвентивните режии и декор за да за која имаше ра Париз или Ница. Јас лично сакам да одам го направат овој жанр поотворен за пошироката дури 8 различни на класичен театар, на концерти, и тоа не публика.“ сценски декори само на класичари, туку и на француски шанНастапивте во филмот за животот на Рахмањии учествуваа сони, кои навистина ги обожавам.“ нов со славниот Депардје, како и во филм во 200 уметници. продукција на француската телевизија, со колегата Раимонди. Би сакале ли да нè запознаете малку како изгледа работа на музика за филм? „Да, вториот филм е во продукција на државната национална телевизија France2. Во овие филмови јас играм оперски уметник и за мене работата е иста како да настапувам во живо, на сцена. Разликата е во тоа што за да се учествува со ваков проект како што е филмот, продуцентите бараат лик што добро поминува на екран, па паралелно со

19


нешто ново... за неа

За пријатни чувства,

и уште попријатен изглед...

1

Во изобилството новитети навистина е многу тешко да се изберат неколку, за да ѝ се претстават на пошироката јавност. Прашањето на вкус и овој пат е ирелевантно, како досега. Заеднички им се луксузот, ексклузивноста... А, да, и желбата на повеќето жени да ги имаат, да ги носат.

Gucci „Мачкини“ обетки

Можат да се носат и дење (со џинс) и навечер (со свилен фустан или костум од сатен). Кристалите во различни бои, перлите, т.н. старински метал (златен), формата (изглед на глава од мачка) придонесуваат за нивната привлечност, гламур и нападен раскош. По малку потсетуваат на деведесеттите години, кога преовладуваше мачкиниот стил во модата. Се изработуваат само во една големина - 2,6 см, а се „закопчуваат“ со гвинтови, на игличките што се протнуваат низ ушите. Обетките чинат 339 евра.

Sisley - Лимитираниот Eau du Soir

2

Всушност, парфемот „датира“ од 1990 година. Оттогаш претрпи неколку измени, а годинава Eau du Soir е лимитиран, кога се работи за неговата достапност. Како и досега, во креирањето учествуваше брачната двојка D’Ornano, Hubert и Isabelle. Парфемот е мистериозен, важи за небесен (што може да се забележи на шишенцето и на пакувањето - ѕвездите што трепкаат во ноќта, планетите), ја буди фантазијата. Капачето е израбо­те­но од 18 каратно злато. Лими­ ти­­ра­ниот Eau du Soir чини 218 евра.

3

Liberty London - Ешарпа „фиренца“

Таа е комбинација на стар и на нов стил, а има и психоделичен „момент“. Дименизиите се 130×110 см. Ја има во две бои (црвена и црна), ѝ припаѓа на новата бел епок-колекција, есен-зима 2017 г., и е инспирирана од „шарата“ со која тргувал познатиот лондонски баздриѓан, основачот на компанијата Arthur Lasenby Liberty. Инаку, фирмата е синоним на елеганција, а цената на „фирентинската“ ешарпа изнесува 213 евра. 20


111 Skin Мезотерапија на усни

Надалеку прочуената The Harley Street Clinic, која се наоѓа во Лондон, меѓу другото ја практикува и мезотерапијата на усните, за чии ефекти се зборува наголемо. Бројот на пациентите е огромен. Неодамна ја „исфрли“ 111 Skin, Meso Infusion Lip Mask and Plumping Duo, или производ за нега на усните во два чекора. Состојките придонесуваат усните да изгледаат преубаво (меко, свилесто), и тоа само по неколку нанесувања. Цената на кремата изнесува 133 евра.

4

5

Eugenia Kim - Волнена шапка во панама-стил

Њујоршката дизајнерка, чија потесна специјалност ѝ се аксесоарите (најмногу се прослави со шапките), неодамна ја лансира новата колекција есен-зима 2017 год., во која влегува и шапката „дита“ што потсетува на панамата. Волнена е, црна и украсена со црвен помпон (тркалезна туфка од волнени, свилени и др. конци). Иако се произведува во САД, материјалите се италијански. Ободот е рамен, широк, а „круната“ е заоблена и сплескана. Цената на шапката изнесува 409 евра.

Samsara Алуминиумски куфер, за првпат

6 Dries van Noten Кожено пликчантиче обложено со жакар

7

Неколку примероци веќе се готови, за да се види колкав е интересот, а широка, масовна потрошувачка се очекува наредната година, кога бројот ќе се зголеми повеќекратно. Куферот е наменет за бизнисменките (и бизнисмените, секако), кои се во постојано движење што, пак, го дефинира денешниот начин на живеење. Го има во две бои: сребрена (природна) и црна (мат), четирилитарски е, со тркалца, рачка на извлекување, телефонски и полнач за лаптоп и со LED осветлување. Изработен од алуминиумските легури 6061 и 5052, куферот е премачкан со лак кој ја спречува оксидацијата, а во исто време штити од гребаници и удари. Неговата цена е 606 евра.

Педесет и деветгодишниот белгиски дизајнер со баронска титула го привлекува внимението на јавноста што ги следи трендовите во модата, со својата иновативност, креативниот дух... Новото плик-чантиче, кое се „закопчува“ со пуфер, има кожена основа, обложена со жакар, чиј апстрактен цртеж е во темносина, портокалова и крембоја. Се изработува рачно, во Индија, со димензии 33(28)×23×2,5 см, а чини 877,5 евра.

21


козметика

Негата на кожата после летото Многумина ја поддржуваат идејата за златен и бронзен тен од рана пролет па сè до крајот на летото. Но ваквиот тен сепак претставува еден вид оштетување на кожата. Ултравиолетовите зраци од сонцето ја оштетуваат кожата, но исто така можат да создадат и проблеми со видот, алергиски реакции, депресија на имунолошкиот систем... Но убавината на кожата не зависи само од тоа како ја негувате. Постојат неколку битни фактори што треба да ги практикувате секојдневно за да го задржите младешкиот изглед...

В

о последно време билките добиваат на значење како активни состојки за козметичките формула­ ции, што се должи на нивните заштитни ефекти про­ тив штетните материи од ендогени и егзоге­ ни извори. Употребата на растенијата како фото­ заштитни и/или антиоксиданси почнува да добива зна­ чително внимание од истражувачите поради нивната без­ бедност, повеќето биолошки дејства на кожата и ефикас­ носта на чинењето. После изложувањето на сончевите зраци и морската сол, неопходно е да се направи ексфолијација, отстранување на сите мртви клетки и оштетените слоеви на самиот епидер­ мис. Кожата по сончање останува сува, дехидрирана, нечис­ та, груба, по што настанува фотостареење или таканаречени фини брчки. Затоа ѝ е потребно темелно чистење - пилинг, хидратантна маска и хидратантен крем. Пробајте ја маската од грозје за свеж изглед на кожата на лицето. Грозјето е од­ личен детоксикант и помага при забавување на процесот на стареење. Познато е по тоа што ја подобрува еластичноста на кожата, го враќа младешкиот сјај, богато е со витамин Ц и Е, и го спречува сушењето на кожата. При нега на кожата треба да се користат креми што содржат висока концентрација на витамин Е, кој го спре­ чува предвременото стареење на кожата. Доколку кожа­ та е чувствителна, препаратите не би требало да содржат емулгатори, за да не дојде до иритација. Најпрепорачливи состојки на добриот крем што ќе ѝ помогне на кожата по сончањето се пантенол, алое вера и витамини. Природната козметичка линија SIXTH SENSE ги содр­ жи овие состојки и е препорачлива за секојдневна упо­ треба. Кремот за избелување SIXTH SENSE, пак, е базиран на природни растителни масла и растителни синергетски активни состојки, постигнува одлично избелување, освет­ лување и регенерација.

22

Ј

адете повеќе риба

К

ористете очила

З

аменете го кафето со какао

Рибата, особено лососот, е одличен извор на проте­ ини и омега-3 масни киселини кои ја одржуваат дебелина­ та на кожата и нејзиниот младешки изглед. Мимиките со лицето, како мижуркањето, ги оптова­ рува мускулите на лицето, формирајќи бразди под површи­ ната на кожата. Тие со текот на времето се претвораат во брчки. Држете ги очите широко отворени, и практикувајте очила за сонце (и за читање доколку ви се потребни). Какаото содржи високо ниво на флавонолите епи­ катехин и катехин кои ја штитат кожата од сончеви изго­ реници, предизвикуваат подобра циркулација во клетките на кожата и ја хидрираат.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ

(постојат неколку продукти што се исклучително опасни доколку ги употребувате на кожата)

С

ода бикарбона

Таа е корисна како за организмот, така и како сред­ ство за чистење, но сепак pH вредноста е премногу алкална за кожата што може да ја уништи нејзината природна ба­ риера. Затоа содата не се препорачува како маска за лице.

Л

имон

Л

ак за коса

Лимонот ги отстранува белите дамки на лицето, и изобилува со витамини. Сепак, неговата киселина во ди­ ректен контакт со кожата може да предизвика иритација на лицето, по затоа треба да се разредува со вода.

Многумина го користат за поправање на шминка­ та, но лакот може сериозно да ја оштети кожата, бидејќи ја суши и ги затвора порите. Преполн е со хемикалии и може да предизвика појава на акни и иритација.


козметички новитети Нова линија на Eucerin® DermoPure– за почиста и мазна кожа

Со новата линија DermoPure, Eucerin® претставува нови и подобрени производи за кожа склона кон акни. Здравата кожа изгледа чиста и мазна. Кожата склона кон акни не е само естетски проблем. Луѓето со овој про­ блем треба да се справат и со воспаленијата, кои можат да бидат болни и да имаат психолошки ефект на нивниот живот. Со над 100-годишното искуство во областа на ме­ дицинската козметика и новата линија Eucerin® Dermo Pure, Eucerin® знае како да им помогне на корисниците да ја преземат контролата над нивната кожа, склона кон акни. Линијата предлага 10 производи, во кои спаѓа и новиот Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега, кој ефикасно дејствува уште од првото нанесување, и води до почиста и помазна кожа со текот на времето. Препорачливо е да се користи навечер. Формулата во иновативниот нов произ­ вод Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега ефикасно го намалува црвенилото, ги отвора порите и ја заштитува кожата од појава на нови комедони. Ефикасно дејству­ ва уште од првото нанесување, доведувајќи до почиста и мазна кожа со тек на времето. Моќниот 10% хидрокси комплекс содржи високоефикасна комбинација од пилинг честички: гликолна, салицилна и полихидроксилна кисе­ лина. Освен тоа, производот има и силно антибактериско дејство во текот на ноќта.

АСОРТИМАНОТ НА ПРОИЗВОДИ НА MONSIEUR BIG

Monsieur Big Marker е исклучително флексибилен туш за очи кој елегантно се спојува со работ на трепките, оста­ вајќи интензивно црна линија која привлекува погледи.. Со прецизниот врв на четкичката на тушот може во мо­ мент да креиратe „мачкини очи“ какви што посакувате. Четирите нијанси на Monsieur Big Brow моливи за веѓи во нијанси од светлоруса нијанса до темно кафена нијан­ са ги обликуваат и прикриваат неправилностите на веѓи­ те, додека „highlighter“ нијансата му дава блескава свет­ лост на окото...

EMPORIO ARMANI YOU - нов парфемски дијалог помеѓу жените и мажите Парфемско дуо со еднак­ва моќ. Еден, совршено женствен. Друг раскошно мажес­ твен. Комуницираат, се предизвикуваат и заве­ дуваат еден со друг.

Орифлеим ви ја претставува новата линија за нега на кожа NovAge Bright Sublime

Прекрасна вест за жените што сакаат да имаат побле­ скав и посветол тен! Орифлеим ја претставува новата ли­ нија за нега на кожа NovAge Bright Sublime – ново и сигур­ но решение што ги коригира недостатоците на пигментот и го прави тенот изедначен и беспрекорен. Оваа напредна линија за нега на кожа клинички докажано го израмнува тенот и истовремено ги намалува брчките.

За неа / BECAUSE IT’S YOU Нејзиниот мирис е весел, вкусен, пенлив и едностав­ но неодолив – како елегантна комбинација од нероли и зрели малини. Храбар и впечатлив, нејзиниот мирис изра­ зува силна желба на саканата личност да ѝ изјави љубов: BECAUSE IT’S YOU. За него / STRONGER WITH YOU Тој е прилагоден на современиот начин на живот. Не­ превидлив е и оригинален, како пикантен акорд во горни­ те ноти кои се спој од кардамон, розов бибер и листови од темјанушка. Зрачи со вродена елеганција и младешка ле­ жерност, која ги одразува нотите на кадуљ во срцевината. Во долните ноти се спојуваат доза на сензуалност со ноти од „Vanilla Jungle Essence“ и сладок акорд на костен, а тоа е всушност: STRONGER WITH YOU.

Професионална палета за шминкање од Catrice

Professional Make up Techniques face palette

23


интервју Секоја награда ја доживува како еден вид верификација на вложениот труд, показател дека е на правиот пат и, секако, мотив за понатамошна работа. Ева Богоевска досега има остварено повеќе меѓународни победи и признанија, меѓу кои прва награда ,,Кристалот на Сан Ремо“ на фестивалот Сан Ремо јуниор во Италија, ,,Лауреат од прв степен“ на реномираниот Меѓународен фестивал за класична музика во Санкт Петербург, Гран-при на Интернационалниот фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим... Младата виолинистка Ева Богоевска продолжува да концертира и да нè претставува ширум светот.

Кога виолината ги свири вистинските ноти, Ева Богоевска

Почетоците во музичките води... „На 6-годишна возраст прво почнав да свирам пијано, но тоа беше повеќе желба на мајка ми. Мене многу повеќе ми се допаѓаше виолината како инструмент. На еден концерт буквално се воодушевив од звукот на виолината, а се

Силвана Јованчева

сеќавам и како си размислував дека е подобро да свирам виолина бидејќи е помала од пијаното па ќе можам да си ја носам секаде со себе. На почетокот работев со виолинистката Ана Кондратенко и за кусо време почнав успешно да настапувам и концертирам. Брзо напредував и успеав да освојам прво место на меѓународиот натпревар за класична музика „Охридски бисери“. Можам да кажам дека тоа беше на некој наКонцерт во Карнеги Хол, Њујорк чин почетокот на мојата музичка кариера.“ Со многу труд до совршена изведба... „За да се постигне максимумот во изведбата на едно дело се вложува многу труд. Потребно е секојдневно повеќечасовно вежбање за да се постигне подготвеност за изведба на делата. Тоа секојдневно вежбање понекогаш е доста исцрпувачко, одзема време и бара многу самооткажување. Колку време и труд е потребно да се изработи едно дело зависи од техничката и музичката сложеност на делото, како и од претходното ни­ во на подготвеност на изведувачот. Но дури и кога едно дело е изработено во

24


финална форма и е подготвено да се презентира на сцена, секогаш постои можност да се направи и повеќе од тоа. Јас сум доста самокритична и по секоја изведба се самоанализирам и гледам што би можела да направам за да наредната изведба биде уште подобра.“ Релацијата со публиката... „Позитивните реакции на публиката се најголемата награда за секој изведувач. Во однос на реакциите од страна на публиката би го издвоила мојот последен настап. Тоа е солистичкиот концерт што го одржав годинава на 26 август во Рим, во театарот Марчело. По бисот сè уште имаше многу аплауз и овации од страна на публиката, која и покрај обемната програма во траење од еден час, едноставно не сакаше да си замине дома. По концертот луѓето спонтано ми приоѓаа да ми честитаат, да се запознаеме и веднаш добив покани за нови настапи низ Италија.“ Досегашни настапи... „Како првонаградена на меѓународниот натпревар за класична музика „Охридски Бисери“ добив можност да реализирам два концерта во Братислава, Словачка, од кои еден беше во замокот во кој Бетовен ја творел познатата „Месечева соната“. Настапував на неколку локации во Куала Лумпур, Малезија, од кои би го издвоила настапот во театарот што е сместен во Convention Centre (Кулите близначки) во Куала Лумпур. Повеќепати имам настапувано како солист со Македонската филхармонија, а бев солист и со Симфонискиот оркестар на Операта и балетот во Хо Ши Мин, Виетнам. Би ги издвоила и настапите во салата Аристон во Сан Ремо, Италија, настапите како солист во Санкт Петербург, потоа во Прага, во Виена, Будимпешта, Ерусалим. Посебно ми е драг настапот што оваа година го имав во Карнеги Хол во Њујорк. Овој настап го добив Младата и како првонаградена на Интернационалниот натпревар исклучително за класична музика кој е базиран во Њујорк. Наидов на одличен прием од страна на публиката, а добив извонталентирана редни критики од страна на стручното жири. Би го споЕва Богоевска менала и последниот настап во театарот Марчело во Рим, но има и многу други кои ми се подеднакво драги.“ веќе со крупни Наградите како верификација за вложениот труд... „Како и настапите така и секоја од наградите што ги имам освоено ми е посебно драга. Досега имам освоено повеќе државни први и специјални награди. Од меѓународните награди би ги издвоила: првите награди на меѓународните натпревари „Охридски Бисери“ и „Езерски Бисери“, првата награда на фестивалот Сан Ремо-јуниор, првата награда Лауреат од прв степен на реномираниот Фестивал за класична музика во Санкт Петербург, Гран-при на Меѓународниот фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим, како и првата награда на Интернационалниот натпревар за класична музика во Њујорк. Секоја награда ја доживувам како еден вид верификација за вложениот труд, показател дека сум на правиот пат и, секако, мотив за понатамошна работа.“

Симфонискиот оркестар на Операта и балетот во Хо Ши Мин, Виетнам

чекори оди кон уште повеќе успеси, градејќи ја својата кариера и себеси низ она што најмногу го сака – музиката на виолината. Моментално е втора година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко, со големи планови и размислувања каде да го про­дол­жи школувањето и усовр­шу­ вањето.

Концерт во РИМ

Концерт на Интернационалниот фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим

Со македонската филхармонија

,,Кристалот на Сан Ремо“ на фестивалот Сан Ремо - јуниор во Италија

25


врски +

Пет најчести грешки што ги прават жените а можат да го загрозат бракот Ретко

кој брак е идеален, но постојат одредени работи заради кои, доколку сакате за­ секогаш да останете заедно со својот партнер, би требало да ги избегнува­ те.... Никој не влегува во брак со идејата дека би можел да се распадне, туку со идејата дека нивниот ќе биде најдобар и најуспешен. Сепак, постојат неколку грешки што жените често ги прават, а кои можат да ја уништат брачната заедница. Еве за што станува збор...

1. Ги ставате децата на првото место Тоа се подразбира? Полесно е да им се посветите на децата отколку на партнерот од многу едноставни причини. Бракот бара труд. Детето лесно ќе го насмеете и ќе го заиграте. Кога ќе се појават проблеми во бракот, сокривањето зад децата е нешто најлошо што можете да го направите.

2. Спиете одвоено Спиењето во заеднички кревет не мора да значи целоноќни сексуални игрички. Со одвоено спиење ја уништувате блискоста со партнерот.

3. Поставете граници Гостите и семејството се постојано кај вас. Доаѓаат ненајавено и остануваат до доцна. Особено ако станува збор

за вашето семејство и пријатели, на партнерот би можело тоа да му пречи. Граници мора да постојат.

4. Го озборувате партнерот Без оглед дали ѝ се жалите на мајка ви, на свекрвата или на пријателите, проблемите што ги имате со партнерот не би требало да ги кажувате никому, барем не додека меѓусебно не ги решите.

5. Обвинување Меѓусебното обвинување за работи за кои ниту еден од вас веројатно не е виновен дополнително ќе ве оддалечат и несогласувањата ќе станат уште понагласени.

Двете најчести причини за развод Според

истражувањето спроведено на Универ­ зитетот во Вашингтон во 2016 година, паровите најчесто се разведуваат во март и во август. Научниците сметаат дека двојките треба да одат на одмор токму во овие два месеца бидејќи, објаснуваат, од­ морот претставува „циклус на оптимизам“ кој на парт­ нерите им помага да видат шанса за нов почеток. Истражувањата исто така покажуваат дека е помала веројатноста да се разведат паровите што се венчале во доцните дваесетти, како и оние што се еден на друг поблиску со годините. Истражувањето на Харвард од 1986 година пак сугерира дека шансите за развод ги зголемува и поделбата на работата и обврските меѓу сопружниците. А истата студија покажува и дека поголеми се шансите за развод на оние жени што пред бракот имале многу сексуални партнери. Истражувањето, пак, спроведено на Универзитетот Дјук во 2015 година покажува дека разводот може да го зголеми ризикот од срцев удар кај жените. Нивното ис26

тражување покажало и дека стапката на разводи е поголема меѓу оние двојки што заедно гледаат порно филмови отколку од оние што не го прават тоа. Ова истражување опфатило околу 2000 двојки што биле следени во текот на десет години. На крајот од истражувањето биле утврдени и двете најчести причини за развод, а тоа се неверството и насилството во семејството. Интересен е и податокот дека разводот е сè почест меѓу постарите парови, и дека постарите жени стануваат поздрави по разделбата.


Главни причини поради кои ќе ве изневери партнерот Пораките,

мејлови­ те и дру­ ш­тве­ните мрежи ни ја олеснија ко­ муникацијата, но за оние што се во сериозна врска или брак, ова може да претставува сериозен проблем... Истражувањата покажаа дека речиси половина од испитаниците би се одлучиле на неверство поради чувството на запоставеност. На нивните партнери телефоните им биле на прво место и им посветувале многу повеќе внимание додека гледале заедно филм, разговарале, а некогаш дури и веднаш по сексот. На сајтот за запознавање „Викторија Милан“ биле анкетирани околу 6000 члена, од кои 45% жени на возраст меѓу 30 и 50 години кои признале дека би изневериле или веќе изневериле затоа што нивните партнери поголемо значење му придавале на својот телефон отколку ним. Неверството, реално или виртуелно, покажува дека во врската постои подлабок проблем, чувствуваме дека нешто ни недостасува и свесно или несвесно, го бараме тоа нешто или тој некој.

Дури

66 проценти од испитаниците изјавиле дека не би изневериле кога не би постоел интернет, но се одлучиле за тој чекор токму затоа што биле запоставени. Интернетот е меч со две острици во животот на луѓето. Мислењето дека користењето модерни технологии води кон изолација и не е толку точно, бидејќи модерните технологии нè водат кон тоа да воспоставуваме врски со други.

27


Најголемиот успех на еден човек е да го работи тоа што го сака. Тоа е впишано и во кодот на Дивна Милковска, која неодамна успешно се проби на бизнис сцената. Таа е сопственичка на Ќоше, специјализиран локал за вкусно кафе со автентично окружување, сместен во срцето на Струмица, а низ македонската јавност познат како „македонски Старбакс“. За кусо време се проби и надвор од нашите граници и нормално, со тенденција за проширување на нови локации. Таа е посветена мајка и сопруга и успешна бизнис жена која праќа јасна порака дека жената има сила да оствари бесконечно многу нешта доколку верува во својата сила...

На кафе во Ќоше Надица Пушкоска

фото: Студио 38, Струмица

НА ЖЕНАТА НЕ Ѝ ТРЕБА ПРИРАЧНИК ЗА ДА СТАНЕ УСПЕШНА „Една од дефинициите за среќен живот е да го жи­ веете во целост. Во мојот живот сè се случи во вис­ тинско време и сметам дека секој во животот добива карти што треба правилно да се распоредат. Јас се фокусирам на оние нешта што го забрзуваат процесот на создавање на среќата, на позитивноста, на квали­ тетно поминато време, на креирање нови можности. Долго време бев уредник и презентер на вести, исто­ времено и професорка по англиски јазик во приватно училиште и тогаш сфатив дека потребата за нешто по­ веќе оди сè подлабоко. Така се роди идејата за Ќоше. И секако, во секоја жена постои тој впишан код, без оглед дали е во брак или не. Мојот сопруг Сашо е моја најголема поддршка во животот, и може ли, него да го наречам Инфинити, бидејќи ми даде бесконечна понуда, за бесконечни можности, со бесконечна ин­ спирација за животот. Затоа, бидете жена со предзнак Плус, бидејќи само така ќе привлекувате успех во се­ кој сегмент во животот. Кога мојата ќеркичка Мартија ќе порасне, би сакала да знае дека нејзината мајка не се сопнала на несоодветно планирање на животот и дека жената има посебна моќ за менаџирање со вре­ мето, а тоа значи дека сепак ќе успее да ги истрча сите 24 часа и денот да го затвори со насмевка.“ 28


СОЗДАВАЊЕТО НА ЌОШЕ - ПРИСТАП ОД НОВ АГОЛ ЗА РАБОТА „Кога го создавав Ќоше, размислував како на создавање спомени. После Мартија, тоа е моето второ „бебе“, кое бара многу одговорност, љубов и ангажираност за да расте и да се развива. И си ветив себеси дека нема да се сомневам во вкусот на моите визии, знаењето и мудроста на идеите. Ако глобализацијата го донесе брзиот начин на живот и днев­ ната рутина на пиедесталот на живеењето на целиот свет, тогаш несомнено Ќоше нуди краток момент на мир и релак­ сација. Остроумните кафе зависници, во друштво на својот омилен колач, во некое Ќоше, ќе си создаваат своја, уникат­ на приказна. Неговото создавање со сигурност не ме прави експерт, но самата помисла дека и „Coutume Cafe“, мини­ малистичка продавница во срцето на Париз, и „D’espresso“ во Њујорк, започнале од иста идеја, а прераснале во она што се сега. Патувањата ми овозможија да ја почувствувам таа потреба на луѓето за постоење вакви локали и сакав истото да го пренесам тука. Специфичноста е во комби­ нацијата и разновидноста на слатките карамелизирани вкусови, со интересни додатоци што им даваат бомбастич­ но уживање на вашите сетила. Покрај големиот избор на кафе, уживањето е целосно со слатките десерти што одлич­ но одат со него и привлекуваат со својата пријатна арома. Секој тип ваков локал низ светот има своја специфичност, па така и Ќоше претставува соединување од различни бои, вкусови и облици. Луѓето доаѓаат тука за да се „расонат“ од секојдневните рутини.“

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА КНИГАТА - СПОЈ НА НЕШТО ВКУСНО СО ЕЛЕГАНЦИЈА И МИРИС НА ГЛАМУР „Човекот што се грижи за својот бизнис и очекува ус­ пех, не може да го стори тоа доколку на листата на прио­ ритети, домот не е на прво место.

Ако ви откријам дека готвењето храна и уживањето во неа ме прави целосно среќна и ме носи до самиот врв на за­ доволство, ќе ми верувате ли? Додека некои жени се опуш­ таат со шопинг, јас тоа го правам со готвењето. Пријатно друштво, чаша добро вино и добра храна како спој на страс­ ти. Јас сум личност што сака да креира, преку храната тоа го умеам најдобро. Едноставно, јас сум луда по храна. Во неа гледам ремек-дело, подготвено со многу релаксација. И кафето и храната го подобруваат расположението. Тоа е хемија на љубовта. А пишувањето е она што доаѓа после за­ висноста од едно неповторливо чувство. Тоа ќе бидат „при­ казни“ кои луѓето ќе можат да ги зготват и да ги изедат со голема доза љубов и големо количество задоволство.“

ОНА ШТО ГО ПОСАКУВАМЕ НИ ЈА ОТСЛИКУВА ИДНИНАТА „Пораснав во семејство каде што сите се бореа да бидат подобри. Ако некој помисли дека е доволно добар, тука за­ вршува патувањето. Како што Паоло Коељо пишува во „Ал­ хемичарот“: „Ако нешто силно посакуваш, тогаш целиот универзум ќе направи да успееш во тоа“. Ако некој не успее, верувам дека во тој неуспех има голем удел и тоа што не бил упорен до крај. Верувам во упорноста, верувам во сила, ед­ ноставно, работите секогаш си го наоѓаат својот тек. Моќта на жената е во постигнувањето баланс со другата половина, независноста и ставот на своите одлуки. Секогаш знае кога да биде доволно силна за да издржи и доволно кревка за да биде жена. Откако се породив, моето тело целосно се про­ мени, но јас уживам во сето тоа, бидејќи тајната на убавата жена е да се сака себеси токму онаква каква што е. Дали има поубаво чувство од тоа да се биде оригинален? А ид­ нината... Сепак, имам некои желби... повеќе „ќошкарење“ и повеќе деца бидејќи тие се богатство. Има нешто магич­ но кога ќе се собере целото семејство, нели? И секако, тоа вклучува и повеќе „ќошкарење“, заедно со сите вас.

29


Обетки Parfois 490ден. Топ Lærke Andersen 283€

www.farfetch. com

Сукња Deja Vu 70$

Блуза Mango 2990 ден.

Фустан Minkpink 110$

Фармерки Tu Es Mon Tresor 909€

www. princesspolly. com

www.farfetch.com

www.princesspolly. com

Јакна Springfield Фармерки Zara 1990 ден.

Фармерки Zara 1990 ден.

Шапка Parfois Чанта Parfois 1890ден.

Комбинезон Minkpink 100$

www.princesspolly.com

Чевли Bata

Патики Skechers - Peko

Како во своја кожа...

Фармерки Springfield

и оваа есен нема да згрешиш во ниту една тексас комбинација, особено ако е зачинета со везени детали

Фармерки Moschino 339€

www.farfetch. com

Фармерки Aalto 260€

Фармерки Mango 2990 ден.

www. farfetch. com

Фармерки Mango 2990 ден.

2

Фармерки Mango 2990 ден.

Чизми Bata


3


тиин разговори

„ВОЈУВАШ“

КОГА СО СЕМЕЈСТВОТО Најтешкото оружје со кое сигурно можеш да повредиш некого се зборовите. Затоа, внимателно со нив! Тие многу лесно можат да скршат нечие срце, да растурат пријателство, да стават крај на довербата... И РОДИТЕЛИТЕ ПОНЕКОГАШ ГРЕШАТ

Р

одителите грешат кога мислат дека постојаното прекорување на децата е знак на добро воспитување. Но, тоа не треба да се разбере злонамерно. Твоите родители за тебе мислат најдобро, верувај, но не секој е способен тоа да го покаже на најдобриот начин. Па затоа понекогаш се случува во знакот на „доброто воспитување“ да употребат и тешки зборови и навреди, кои остануваат засекогаш врежани. Да бидеме реални, караниците се присутни секаде, во секое семејство. Само што би требало да бидат во границите на нормалата. Никако не смеат да ни станат секојдневие. Ако и тебе ти се случува тоа, запрашај се најпрвин себеси каде е проблемот и кој греши, а потоа отворено позборувај со твоите. 32

Родителите можат и смеат да те прекоруваат... Дали и ти, барем некогаш, си го почувствувал/а горчливиот вкус на навредите? Но, искрено, дали и твојата суровост некогаш одела толку длабоко што ги довела твоите родители до неверување, да се чувствувате како странци? Ако не ти се случило, сигурно си слушнала некоја таква приказна во друштвото. И се ужаснуваш од самата помисла на тие зборови, а камоли да бидат упатени до тебе. И кога подобро ќе размислиш, можеби и тебе некогаш ти била упатена навредлива стрела од устата на твоите родители, но си ја потиснала длабоко во себе и пред другите изгледа како сè да е во ред. Тоа е супер што можеш да ги контролираш своите чувства, но внимавај, за ова треба да се зборува искрено, а не да се сокрива под „килимот“. Затоа – само отворено со родителите.


ВЕЧНОТО ПРАШАЊЕ: КОГА ИМААТ ПРАВО? Сосем искрено од устата на твоите родители:  Мораш да ги поправиш оценките на училиште за да го постигнеш она што го сакаш;  Среди си ја собата, непристојно е и неприфатливо да бараш сè и сешто, а да не си ги завршуваш основните обврски;  Премногу време поминуваш на телефон, не помислувајќи дека зад себе оставаш незавршени обврски. Размисли малку и оддели време и за сите други интересни и неинтересни нешта кои сепак го сочинуваат животот;  Веќе неколкупати по ред доцниш навечер, а очекуваш да ти веруваме? Ни во сон! Даденото и исполнето ветување ќе ти ги олесни сите нешта, затоа обиди се да го почитуваш дадениот збор. Сосем погрешно:  За ништо не те бидува, оценките во дневникот само што не заплакале од мака. Срам да ти е! Од тебе никогаш нема да стане човек. Залудно се трудиме од тебе да направиме нешто, ти ќе пропаднеш.  Собата ти наликува на кочина. Ти си пропаст, да знаеш. Не личиш на ништо.  Само за разговарање на телефон те бидува, за ништо друго. Мислиш дека некој те сака? Не, сите само те користат и си разбиваат монотонија со тебе.  Како не ти е срам да скиташ до толку доцна ноќе, како уличарите! Кој знае каде одиш и што правиш?! Ти си срам за куќава.  Стани, мрдни се од креветот, невиден мрзливец. Никој нема да те сака таков/ва.

НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА НАВРЕДУВА. УБАВИОТ ЗБОР Е РЕШЕНИЕ ЗА Сè. Не. Никој не смее да дозволи да биде омаловажуван. Ако ти се случува тоа, мораш под итно да го решиш тој проблем бидејќи кај тебе тоа може да донесе трајни последици на твојата психа. Тргнувајќи од тоа дека, ако за родителите кои цел живот нé познаваат не вредиме како личности, тогаш нема да вредиме ниту за себе, а најмалку за другите. Никој не смее да го омаловажува своето дете. Прекорувањето преку навреди е бесмислено и крајно неправилно. Во никој случај не се оправдани тие навредливи зборови. Ниту ти никогаш не смееш да си дозволиш од твојата уста да излезат такви отровни стрелички.

Запомни: нормално е родителите да те искараат и да те советуваат, но без навредливи зборови. Во секој случај, со добар разговор сé ќе се среди.

ОБИДИ СЕ ДА ГИ ПОПРАВИШ РАБОТИТЕ ПОМЕЃУ ВАС Помогни ѝ на мајка ти кога готви Така не само што ќе научиш да готвиш, туку и ќе ѝ помогнеш на мајка ти побрзо да ги заврши домашните обврски. Можеби сега ќе речеш дека тоа е преголемо „замарање“ за тебе, но никој не те тера тоа да го правиш постојано и постојано. Еднаш во неделата е добро да ѝ бидеш од корист. Таа ќе го цени твоето внимание и жртвување на твоето скапоцено време (шетање, зборување со другарките, социјални мрежи). Предложи ѝ да направите некој интересен специјалитет и викни ги другарките или момчето на ручек, нека видат сите дека ти не си онаа мрзелива тинка што мисли само на себе. Поделете ги домашните обврски Твоите родители имаат дупла работа. Одат и на работа и потоа продолжуваат да работат и низ дома. А ти, што правиш? Седиш пред телевизорот со часови или разговараш на телефон или не си дома. А на твоите им останува целата работа. Дури и за обврска на мајка ти го сметаш средувањето на твојата соба. Треба да ти биде жал за твоите родители. Одат на работа за да можат да ти овозможат сé што посакуваш, а воедно и да те изведат на вистинскиот пат. Размисли како ѝ е на мајка ти кога ќе се врати изморена од работа, а те наоѓа тебе како си уживаш, а куќата како да ја погодило невреме. Можеш ли да помислиш како се чувствува твојата мајка тогаш? Прави им друштво на мајка ти или на татко ти понекогаш кога пазаруваат Кога мајка ти ќе те викне да ѝ правиш друштво до најблискиот маркет за да пазарувате, многу е лесно да ѝ кажеш, „не можам, ме мрзи и топло ми е“. Зар неа не ѝ е топло? И како не ти е топло кога треба да излезеш со друштвото, а топло ти е да им помогнеш? Тоа не е фер. И твоите родители треба да ти бидат на еден начин другари, затоа што во животот – тие први ќе ти помогнат. За крај: сакај ги и почитувај ги родителите, помагај им секогаш кога треба и кога можеш затоа што тие се најскапоценото нешто на овој свет. Ништо и никогаш нема да може да ти ги замени ниту нив, ниту нивните зборови, прегратки и поддршка.

33


Палто Boggi

Палто Pierre Cardin

Панталони Pierre Cardin

Џемпер J.W.Anderson 353€ www.farfetch.com

Панталони Springfield

Елече Hugo Boss

Кошула Springfield

Капа Hugo Boss

Чанта Gucci 581€ www.farfetch.com Чевли Timberland

Часовник Longines Božinovski

Новите трендови нудат поголема слобода во избоот на облеката за на работа... осмелете се и пробајте

Џемпер Laneus 276€ www.farfetch.com

Капут Ami Alexandre Mattiussi 689€ www.farfetch.com

4

Капут Gabriele Pasini 793€ www.farfetch. com Чанта Massimo Dutti 14990ден.

Часовник Hamilton Božinovski Патики Peko

Кошула Dolce & Gabbana 464€ www.farfetch. com

Панталони E. Tautz 234€ www.farfetch.com

Палто Massimo Dutti 9990ден. Машна Etro 129€ www.farfetch.com


ጄ∄☄ ☀ 匀欀漀瀀樀攀 䌀椀琀礀 䴀愀氀氀

5


Џемпер Springfield

Џемпер Massimo Dutti 3790 ден.

Џемпер Thom Browne 979€ www.farfetch.com

Чевли Massimo Dutti 7990 ден.

Џемпер Boggi

Џемпер Kenzo 256€ www.farfetch.com

Чевли Timberland

Плетени, од кашмир, во едноставен дезен или со геометриски шари..

џемперот

како еден од главните аксесоари во првите постудени денови

Џемпер Saint Laurent 842€ www. farfetch. com

Џемпер Dolce & Gabbana 683€ www.farfetch. com

Џемпер Hugo Boss

Џемпер Massimo Dutti 3790 ден.

Џемпер Pringle Of Scotland 381€ www.farfetch.com

Фармерки Celio

Џемпер Massimo Dutti 2990 ден.

Панталони Hugo Boss

Панталони Boggi

Чевли Ara - Peko 2

Патики Timberland Џемпер Givenchy 885€ www.farfetch.com


Нега на машката кожа: што му е потребно на вашето лице?

Ф

акт е дека лицето на мажот, поточно неговата кожа е поиздржлива од женската. Освен што е подебела, околу дваесет проценти, подлабокиот слој е побогат со колагенски влакна и еластин, кои ја прават поцврста и поеластична. И покрај тоа што е поотпорна, не може да им се спротивстави на надворешните влијанија. Исто како женската, и машката кожа е подложна на иритации, сушење, а секако со текот на времето и на брчки. Алкохолот, бричењето, загадениот воздух, изложувањето на сонце, лошата исхрана, недостигот на сон, пушењето, стресот, уморот... едноставно ѝ влијаат. Иако машката кожа сепак не е толку чувствителна како женската, не значи дека треба да се запостави. Морате да ѝ обрнете внимание, ако не секој ден, барем еднаш неделно. Негата претворете ја во ритуал, а тој, пак, нека ви мине во навика, исто како бодибилдингот, трчањето и сл. При бричење, честопати доаѓа до воспаленија, инфекции од сраснати влакна, исеченици, црвенило итн., што е донекаде вообичаено. Но за да ги избегнете таквите непријатности, внимавајте на хигиената на рацете и на лицето пред да почнете со бричење, внимавајте на хигиената на бричот, жилетите менувајте ги редовно, употребувајте антисептик. Откако ќе се избричите, намачкајте се со хранлив лосион без алкохол. Основната нега подразбира миење со вода и сапун, но дерматолозите советуваат да се избегнуваат евтините тоалетни сапуни. Користете или природен, органски сапун или гел за миење на лицето. По миењето, на лицето нанесете растителен тоник, за опуштање. Пилингот си ја игра улогата во отстранување на изумрените клетки од горниот слој на кожата. Препорачливо е да се применува еднаш до двапати во неделата. Доколку имате мрсна кожа, употребувајте гел за контрола на сјајот на лицето. Во спротивно, користете хидратантен крем за лице.

Наспроти закоравените, изветвени и погрешни сфаќања за негата на мажите кога е лицето во прашање, но и другите делови од телото, никогаш не заборавајте дека хигиената е услов за добро здравје. Затоа, не осврнувајте се на мачо-ставот дека тоа е женска работа, туку уживајте во секојдневното внимание што ќе ѝ го посветите на кожата. Денес, кога стресот е составен дел на животот, исто како и загаденоста што секојдневно ја вдишуваме, тешко е кожата на лицето да ја одржиме во добра состојба. Сепак, има мажи што сè уште можат да се пофалат со здрав, убав тен. Освен што употребуваат соодветни козметички средства, тие се придржуваат и кон упатствата на дерматолозите кои советуваат...

Избегнувајте сончање

– исончаниот изглед е сон на речиси секој човек. Сончањето ги истакнува контурите на лицето, мускулестото тело. Но за да ги избегнете сончевите дамки, брчките што ги предизвикува поради сушење на кожата, треба да избегнувате сонце.

Престанете да пушите - непушачите имаат

изразено убав тен или, ако не друго, барем поубав од пушачите. Доколку пушите, рано ќе ви се појават брчки околу усните и очите, а веројатно постојано ќе ве „красат“ и големи, темни подочници.

Избегнувајте сапун

- Тоалетниот сапун ја суши кожата. Затоа се препорачува да се избегнува неговото користење. Наместо тоа, употребувајте специјални производи, на пример гел за миење лице, кој во исто време ја чисти кожата длабински.

Внимавајте на храната – заборавете на брзата храна, грицките, слатките, газираните напитоци. Ако сакате да имате здрав, убав тен, внесувајте повеќе житарки, зеленчук, овошје, протеини.

Избегнувајте стрес

докажано е дека стресот е штетен за здравјето, а влијае и на кожата. Како резултат од стресот, се појавуваат акни. Затоа, погледнете малку попозитивно на работите околу вас, дома и на работа, и не нервирајте се за сè и сешто.

37


нешто ново... за него

Согласно естетските критериуми...

ексклузивна колекција

луксузни предмети

Секој поединечно или заеднички, групно, како збирка, го привлекуваат вниманието на множеството информирани, упатени луѓе, кога е модата во прашање, вклучувајќи го и трендот. Понудата и побарувачката се големи, тоа е факт што не може да се оспори, а изборот е Ваш, индивидуален. Согласно естетските критериуми. Movado - Црн часовник „раб“, со кожено ремче

1 2 38

Швајцарија е водечка земја кога се работи за часовничарскиот занает. Годинава Movado прославува значаен јубилеј, 70-годишнина од неговото ос­новање. Четириесетмилиметарскиот часовник „раб“ е црн, со куќиште, магнетни стрелки (во среб­ рена боја) и тока од нерѓосувачки челик, ко­же­ но ремче, сафирни де­тали на основата, кои се испакнати. Водоотпорен е до 30 м длабочина. Употребата на кварцот се подразбира. Часовникот чини 501 евро.

Dolce & Gabbana Темен шал од печатена свила

На формалниот изглед (црни панталони, тегет сако и блуза со сиви рабови) можете да му додадете темен шал од печатена свила, кој ќе го врзете или завиткате околу вратот, и ќе триумфирате со вашата привлечност. Шалот е со димензии 33×33 см, а шарата, темносините нијанси, ресите придонесуваат за неговиот сериозен изглед. Потсетува на минатото, кога нашите татковци, дедовци, го носеа секојдневно. Неговата цена е 572 евра.

Dior Homme - Класични Black Tie очила за сонце

Тркалезни се, ѝ припаѓаат на колекцијата Black Tie што, на еден или на друг начин, е негов заштитен знак. Dior Homme се одликува со висок квалитет, во смисла на дизајн, класичност. Без оглед на сезоната, очилата за сонце можете да ги носите кога ќе посакате. Овие, на пример, имаат рамка широка 14 см, а димензиите на леќите изнесуваат 4,5×4 см. Комбинацијата на сребрен и на црн ацетат е совршена, како и погледот низ нив, а чинат 251 евро.

3


Coach - Дрвенест, урбан..., како Њујорк

Новиот парфем е инспириран од урбаниот стил, начинот на живеење и забрзаниот ритам на градот. Њујорк, се разбира. Исто така, една од битните карактеристики е неговиот спонтан развој, а енергијата на младите луѓе, па и повозрасните, им ја даваат пријатните дрвенести ароматични состојки - зелени круши, кардамом, ветивер. Негово заштитно лице е Џејмс Франко. Боите на шишенцето се прелеваат, од сини до сиви нијанси, а распрскувачот се „заклучува“. Стомилилитарскиот парфем чини 68 евра.

4

Alexander McQueen Копчиња за манжетни, украсени со кристали

6

Очигледно дека готскиот стил го инспирирал познатиот англиски бренд за новите украсни копчиња за манжетни од месинг, сребрени, со старински изглед, гравирани и со црни, црвени и проѕирни кристалчиња „сваровски“. Се изработуваат во Италија, рачно. Нивната импресивност е особена кога се носат со бела кошула, со двојни, превртени манжетни. Максималните димензии на украсните копчиња се 2×1,5 см, а цената изнесува 420 евра.

Riedel - Кристален сад за декантирање

Австриската мануфактура произведува висококвалитетно стакло од 1756 година, за речиси 11 генерации. Една од поновите колекции е Mâcon, инспирирана од француското гратче каде што се прави најубавото црвено вино бургундец. Овој кристален сад е изработен рачно, и служи за одвојување и отстранување на бистрата течност од талогот. Треба да го има секој винопиец. Садот инаку е висок 21 см, со капацитет од 1.425 кубни сантиметри. Чини 164 евра.

5

7

Richard James Кожен паричник со текстура од станиол

Рафинираноста, префинетиот вкус, својствени за лондонскиот бренд, кој постои веќе дваесет и пет години, се отсликуваат и во аксесоарите, покрај облеката, што може да се забележи во паричникот изработен од кожа и украсен со текстура од станиол во сина боја и кафеави нијанси. Паричникот, со димензии 11×9×2 см, се продава со кутија на која е испечатено и логото со додавката Savile Row, а цената е 229 евра. 39


интервју Кога харизмата, позитивизмот, хуманизмот и професионалноста ќе се спојат на едно место, успехот е незибежен. За професијата што сите ја обожаваат, бидејќи оттука произлегуваат најубавите јадења, се учат новите тајни од кулинарството, раскажува неповторливиот и секогаш насмеан мастер шеф, Марк де Јонг, кој ја преставува македонската кујна на модерен начин...

„Чинија полна љубов има посебен вкус“,

Марк де Јонг За своите почетоци сака да каже... „Угостителство почнав да учам на 15 години. Додека одев на училиште почнав да работам како помошник во еден од најпознатите ресторани со три мишелин ѕвезди во Брисел, Restaurant Bruneau. Таму работев околу две години, а почнав од најниската позиција во кујната. Потоа продолжив со работа во хотел со пет ѕвезди Hôtel President WTC. Следното работно место ми беше во офицерски дом на НАТО во Брисел, каде што го отслужував мојот воен рок. Откако ми заврши воениот рок, до мојата 30-та година работев во повеќе ресторани и хотели каде што ги учев тајните на готвењето. Во периодот од мојата 30-та до 36-та година работев како асистент менаџер во хотел/ресторан во сопственост на Министерството за одбрана на Белгија каде што работев за високи офицерски службеници и претставници на странски делегации. Потоа сакав да пробам како самостоен газда и готвач и го отворив мојот ресторан и кетеринг сервис La Pallette Gourmande во Брисел. Во тој период паралелно работев и како персонален шеф во Парламентот на Белгија. Во 2006 година првпат учествував на натпревар во готвење за најдобар мастер готвач во Белгија. Мојот ментор Филипе ван Капелен ме пријави на национален натревар во гастрономија во Белгија организиран од Master Chef Belgija. На овој мој прв натпревар го освоив второто место. Потоа следеа други наптревари, но најголем предизвик ми беше учеството на светскиот натпревар во готвење во

40

Пекинг, 2012 година, како капитен на тимот на Белгија. На тој натпревар освоивме шесто место во светот, а исто така освоив и прво место како најдобар готвач од Европа. Денес сум член на Европската асоцијација на готвачи EURO -Toques (еуро-ток). Во 2016 година бев дел од македонскиот тим на меѓународниот натпревар во Истанбул, каде што освоив златен медал, во категорија модерна кујна. Искрено да ви кажам, овој натпревар беше голем предизвик за мене и затоа овој медал има особено значење за мене. Мојата желба беше да дадам свој придонес во подигнувањето на пласманот на Македонија на меѓународната кулинарска мапа.“ Како животот го донесе во Македонија... „Мајка ми по потекло е од Македонија. По големиот земјотрес во Скопје 1963 година, семејството на мајка ми заминало за Белгија. Јас сум роден во Брисел, но детството го поминав со баба ми и дедо ми кои по потекло се Македонци. Тие постојано ми раскажуваа за убавините на Македонија, за луѓето и за обичаите во нивната родна земја, а баба ми, се разбира, готвеше македонски јадења. Сето тоа ја разбуди мојата љубопитност и желба да ја посетам Македонија. Пред четири години, за првпат заедно со вујко ми, дојдов тука. Посетивме многу убави места, запознав многу луѓе. Потоа дојдовме уште неколкупати. Секогаш кога се враќав во Брисел, ја носев таа убавина и топлината на македонското сонце со мене, а пред три години од-

Фото Дичо

Силвана Јованчева


лучив да се преселам и да продолжам со мојот живот и работа токму овде во Македонија. Секој ден учам нешто ново, запознавам нови луѓе и обичаи. Ја сакам топлината на луѓето и нивната гостопримливост и со иста мера возвраќам. Уште од првиот момент кога стапнав во Македонија се чувствував како дома, во своја земја. Сега сакам моето знаење и искуство да го пренесам на моите помлади колеги тука, на сите што се интересираат за готвење и да покажам дека во Македонија сите јадења имаат поубав вкус затоа што тука можат да се најдат најубавите и најсвежи продукти, прекрасно овошје и зеленчук со вистински вкусови, какви што нема никаде во светот. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на вкусни јадења. Мирисот и вкусот на јадењата што ги подготвуваше баба ми е незаборавен за мене. Јас ја познавам белгиската национална кујна, а од баба ми и дедо ми ја научив и македонската, се школував, и сега сè што знам и умеам се обидувам го спојам во различни вкусни комбинации. Во Брисел, во мојот ресторан се обидував да ја доближам македонската традиција преку некои вкусови, па на пример, ставав ајвар со храната што ја подготвував таму. На некои гости им беше малку чудно, но вкусно! Кога готвам ја пуштам мојата креативност, ги мешам намирниците, зачините, вкусовите. Токму затоа, овде во Македонија можам да го мешам искуството и знаењето со производите од ова поднебје, со свежите тревки и зачини и да создавам прекрасни вкусови. Треба да ставите љубов во чинијата со јадењето, бидејќи ако не додадете љубов, веднаш се чувствува дека нешто недостига. Чинијата со љубов има друг посебен вкус.“ Македонија - чудесна земја во очите на Марк... „Ја сакам природата, шаренилото на бои и мириси на пазарите, луѓето. Во Македонија е вообичаено да се седи со часови по кафеаните, масата да биде полна и да се мези со часови. Така и јас научив да мезам и да уживам во разговорот со моите блиски и со пријателите. Тоа за мене е еден ритуал што го нема во Белгија. И моите деца поминуваат многу време во Македонија, бидејќи навистина им се допадна. Омилена ми е шопска салата со чашка мастика како вовед во главното јадење, а освен тоа обожавам гравче тавче, пинџур, ајвар, лутеница, но и убавото овчо сирење кое има навистина единствен вкус овде во Македонија...“ За себе вели „Уште од мал сум паднат во тенџерето на македонската кујна“ и со одушевување се сеќава на јадењата, посебно на пиперките со лукче што ги подготвувала баба му и урдата што ја правел дедо му. Денес, со својот ангажман придонесува во збогатувањето на македонските вкусови.... „Работам како персонален шеф, готвам кај луѓето во домашни услови и тоа најчесто кога им е потребна некоја специфична храна или кога имаат некој повод за прослава или дружење. Веќе почнавме и со третата сезона од телевизиската кулинарска емисија „Брза Кујна“, која е малку поинаква од сите досегашни кулинарски емисии во Македонија. Има голема гледаност, а тоа е пока-

зател дека луѓето сакаат нови рецепти, нови начини на подготовка на храната, нов предизвик.“ Со неговите колеги, врвни шефови од Македонија, се основачи на организацијата Macedonian Multiethnic Culinary Chefs – MMCC. Цел им е да го искачат квалитетот на оваа професија на малку повисоко ниво во Македонија... „Во оваа прилика имам чест да го најавам „Innovative Culinary Experience Festival 2017“, настан што ќе се одржи од 2 до 8 октомври во винаријата Камник, Скопје. Планирано е да дојдат светски познати готвачи со една и две мишелин ѕвезди, и секој од нив ќе одржи обука (Master Class) за подготовка на храна од шест различни кујни и тоа од Латинска Америка, од Европа, од Азија и од северна Африка и Кина, поточно германска, турска, чилеанска, перуанска, кинеска и мароканска. Многу сум среќен што за првпат се организира ваков настан во Македонија, со мастер шефови што доаѓаат од разни континенти. Секој од нив ќе има можност да ја промовира храната и традициите од својата земја, но истовремено ќе имаат можност да се запознаат и со храната, традицијата и културата во Македонија. Сакам да се направат многу познати светски јадења со македонските производи. Светски познатите готвачи да зготват јадења од македонски производи. Морам да признаам дека се соочив со многу проблеми и потешкотии во процесот на организирање на настанот, но исто така се надевам дека на крајот успешно ќе ја реализираме нашата идеја.“ По природа е оптимист и настојува да ја сподели позитивната енергија со луѓето околу него. Дојде, виде, му се допадна многу и... остана во Македонија... „Сакам да го споделувам моето знаење и искуство, но секогаш сум подготвен и да научам нешто ново. Мојот принцип во готвењето е брза подготовка на свежи продукти за да се зачуваат сите хранливи состојки, комбинирање на тревки и зачини кои го подобруваат вкусот на храната. Понекогаш чувствувам дека луѓето се изненадени од некои мои необични рецепти, но кога ќе ја пробаат храната се задоволни од вкусот. Сакам да ги мотивирам младите таленти, младите луѓе што ја одбрале оваа професија. Бев дел од неколку проекти со учениците од училиштето „Лазар Танев“, и тоа беше вистинско задоволство за мене. Како што веќе реков креативноста е моја движечка сила , па така неодамна, во соработка со мојот пријател Драган Георгиевски, занаетчија и професионалец во својата област, започнавме една нова заедничка приказна. Започнавме со изработка на рачно изработени кожни торби-футроли за готварски ножеви, за кои јас го направив дизајнот и ги брендиравме. Мислам дека и ова е почеток на една нова и успешна приказна за мене... ќе оставиме времето да покаже“, со насмевка на лицето завршува Марк. А токму тоа и таков е тој.

41


занимливости +

Цртежот открива каква личност сте Психолозите

тврдат дека навидум безначајните чкртаници всушност имаат скриени значења и дека можат да откријат некои занимливости за личноста на „цртачот“. Речиси секој човек додека работи или седи на предавање или зборува на телефон има навика да чкртка пред себе. И тие цртежи воопшто не се безначајни, а еве и зошто... Човечки фигури упатува на чувство на беспомошност или желба да избегате од некои одговорности. Колку е подетален цртежот, тоа укажува на емоционална нестабилност и желба да се оддалечите од другите.

Квадрати, ромбови и други четириаголни фигури откриваат упорна и доследна личност со

цврсти уверувања и цели, која не ги сокрива своите ставови, но во исто време е исклучително внимателна и претпазлива.

Кругови и останати тркалезни предмети, споени или нацртани еден до друг се знак дека са-

кате да се поврзете со други луѓе и дека со задоволство би соработувале. Можно е да се чувствувате осамено и да не добивате доволно внимание од другите. Животни, цртеж на тигар или волк сокрива потисната агресија, зајак или верверичка желба за внимание и заштита, додека цртеж

на лав зборува за самосвесна личност. Ако постојано цртате едно исто животно, значи дека се споредувате со него и дека себеси си ги припишувате особините на неговото однесување.

Спирали, тркалезни форми и заоблени линии, проблемите на другите

луѓе не ви се важни и не ве интересираат, бидејќи можеби минувате низ емотивна криза и се обидувате да се соочите со сопствените проблеми. Стрелки, насоката во која ги цртате укажува на насоката кон која се движи вашиот живот – ако се свртени нагоре значи дека сте сконцентрирани на луѓето околу вас, а ако се надолу, тогаш сте повеќе свртени кон себе. Стрелка налево значи дека често се вртите кон минатото, а онаа надесно значи дека размислувате за иднината. Ѕвезди, значи дека сакате да бидете во центарот на вниманието и дека особено ви значи да ве забележуваат. Меѓутоа, ѕвездите со различни врвови можат да бидат знак и дека ве мачи некоја голема тага. Цвеќе, сонце, облаци укажува дека сте оптимистична личност, со ведар карактер и задоволна со својот живот. Крстови, најчесто откриваат личност која има чувство на вина кон некој близок или проблем за кој се смета себеси за одговорна. Мали куќички и кутии, цртањето симетрични форми е знак дека сакате ред, детално планирање и калкулирање. Точно знаете што сакате и секогаш ги браните своите ставови. Форма на шаховска табла, или сте заглавена во некое за вас непријатно окружување или криете некои лични проблеми со кои не можете да се соочите.

Убави манири во ресторан: ги правите ли овие грешки? Фотографирање

храна, влечење на столчињата и масите за да може целото друштво да се собере... Дали сте вие виновни за ваквото „однесување“ во ресторан? За некои ваквото однесување е нормално, но за други е неприфатливо. Група експерти направила големо истражување во кое опфатило повеќе европски земји, а еве ги заклучоците од истражувањето во кое е наведено сé она што се смета за непристојно кога сте во ресторан...  родители што ги пуштаат своите деца да дивеат, да трчаат и гласно да викаат во ресторанот;  пријатели што меѓусебно се убедуваат кој да ја плати сметката, притоа едните инсистираат да биде точно поделена на половина;  зборување со полна уста и гестикулирање со приборот за јадење;  гласно секнење на носот (иако се употребува шамиче). Повеќето испитаници сугерирале дека тоа сепак треба да се направи во тоалет;  гласно зборување и смеење, кое го слушаат сите соседни маси;

42

 кога родителите ќе им го дадат својот мобилен или таблет на децата со цел овие да се занимаваат, и притоа им пуштаат гласни снимки;  лижење на приборот по јадењето (ако некогаш ви се случило да го излижете ножот или лажичето по вкусниот десерт, немојте да мислите дека сте останале незабележани, на многумина тоа им пречи и сметаат дека е крајно непристојно);  и телефонските разговори им пречат на другите гости во ресторанот, а дел сметаат и дека многу е невкусно кога жена си ја поправа шминката на самото место, на масата, наместо во тоалетот;  не е пристојно ако силно дувате во храната да се излади, и ако премногу гласно џвакате.


Кое животно е идеален миленик за детето? Ако

сте родител, веројатно повеќе од еднаш сте го слушнале своето дете да ве праша: „Кога ќе добијам милениче?“ И ако сте и самите љубители на миленици, веројатно размислувате дали треба да му дозволите на вашето најмило да чува миленик. Затоа што, вечната дилема е секогаш присутна: кој ќе води грижа за миленичето, дали детето ќе сфати дека има одговорност, дали е здраво да се чува милениче дома, и доколку се одлучите, кој е вистинскиот миленик за вашето дете?! При изборот на миленик најважно е навиките и потребите на животното да се вклопат во секојдневната рутина на семејството. За животното ќе треба да се грижите секојдневно, па затоа пред да набавите миленик треба да се запрашате дали имате доволно простор и време да го чувате дома. Секако, доколку детето нема некои здравствени проблеми поради кои не би смеело да има миленик дома, тогаш останува само на вас дали ќе се нафатите да се грижите за него, особено ако детето ви е мало. Ако имате помало дете, тогаш подобро е да земете помало кученце или мачка. Овие животни се навикнати да живеат со луѓе и затоа полесно прифаќаат кога детето ги гали или ги носи в раце. Ако, пак, имате поголемо дете тогаш поголема раса куче е подобро од оние малите раси, бидејќи помалите кученца во невнимание може случајно да се згазнат. Ветеринарите ги препорачуваат златниот ретривер, бишон фризе или малтипудлица (мешавина од пудла и малтезер). Од друга страна, ловечките кучиња, како кокер шпаниел или далматинец, не се соодветни за деца.

Не купувајте мали животни Експертите советуваат да не се купуваат мали животни како зајачиња или морски прасенца. На пример, морските прасенца се познати како слатки животинчиња, но тоа и не е баш така. Тие не сакаат луѓе-

то да ги допираат. Ни ноќните животни како што е хрчакот не се идеални. Ова животно никако не смее да се тормози или да се зема в раце додека спие дење. Допирање и земање в раце за него е дополнителен стрес. Освен тоа, ветеринарите советуваат да се внимава со овие животни зашто тие можат, иако ретко, да пренесат вирус на менингитис. Разните птички се лесни за чување, но тие оставаат голем неред. Сепак, деца постари од 10 години можат да се грижат за нив. Аквариум со риби е исто така возбудлив за децата, но недостаток е тоа што рипчињата не можат да се допираат и земаат в раце, па детето на тој начин не може да изгради поврзаност со нив. Во врска пак со чувањето диви животни, како што се желки, гуштери или змии во затворен простор, експертите се строго против. Пред сè затоа што речиси е невозможна соодветна грижа околу нив во затворен простор, а и затоа што повеќето рептили пренесуваат салмонела.

43


интервју

Уметнички научник што

Од коцки и цртање, преку графика до глина и камен... „Моите првични интереси беа насочени кон графиката и графичките техники но, бев примен на вајарскиот оддел во Средното уметничко училиште, што можеби беше пресуден момент и ја определи мојата животна професија. Како ученик во Средното уметничко училиште ги учев основите на вајарството но, да бидам искрен, никогаш не сум ја сакал глината како материјал. Подоцна, кога се запишав на Факултетот за ликовни уметности, на часовите по вајарски техники, ми беше предизвик работата во дрво и камен. Во прва година работев единствено во дрво кое ми изгледаше поедноставно и полесно за работа бидејќи имав мал отпор кон каменот. Во втора година секој студент мораше да има скулптура изведена во камен и тогаш се случи неверојатен пресврт. Огромниот отпор и страв од каменот се претвори во огромна љубов, бидејќи каменот како материјал нуди можности кои најмногу одговараа на моите идеи и за тоа како скулптурата треба да изгледа и начинот на кој таа се обработува. Од самото детство бев опкружен со уметност. Мајка ми Лидија Саздовска, академски сликар и ликовен педагог, уште од рана возраст кај мене го забележала афинитетот кон цртање и креирање објекти од коцки. Таа има голема улога во тоа што сум јас денес. Водена од сопственото искуство во текот на моето школување, многупати ме поттикнуваше да работам и да истраам на уметничкиот пат. Од тие причини сметам дека е голема среќа и привилегија кога имате уметник во семејството.“

ги преиспитува идеите, Сашо Саздовски

Силвана Јованчева

Себеси се смета за уметнички научник што ги преиспитува идеите и секогаш се труди да дојде до ново уметничко откритие кое ќе го забележи во каменот за да остане за навек. Сашо Саздовски е уметник кој создава уметност. 44


Скулптурата како уметнички предизвик... „Скулптурата е многу комплексна. Отсекогаш сум сакал да експериментирам и да создавам. Сам да ја изодам сопствената патека повеќе отколку да следам нечија туѓа. Многупати сум го нагласувал фактот дека јас сум уметник, креатор кога цртам, бидејќи низ цртежот најдобро може да ги исфилтрирате идеите за да дојдете до посакуваниот резултат. Кога работам скулптура, постојат проблеми што ги решавам во текот на самиот процес кој допринесува мојата идеја да биде точно реализирана во посакуваниот материјал. Каменот е материјал создаван со илјадници години таложење и долг геолошки процес. Ние како луѓе сме само еден микро момент во сооднос со староста на каменот, затоа многу внимавам што ќе создадам од материјалот. Себеси се сметам за уметнички научник кој ги преиспитува идеите и секогаш се труди да дојде до ново уметничко откритие кое ќе го забележи во каменот.“ Идејата се раѓа од она што го носиме околу нас, од она што нè скокотка во мислите... „Уште од мали нозе ме интересирале неистражените полиња на кои луѓето немаат јасно дефиниран одговор. Како уметник, преку скулптурата сакам да направам свое визуелно истражување на одредени проблеми. Мојата прва фаза во ликовното истражување беше феноменот на бесконечноста кој е математички проблем и отсекогаш ме фасцинирал. Подоцна истражував во полето на енергијата, како таа е во константна промена, не се губи туку само ја менува својата форма. Понатаму, базичните семејни врски како дел од глобалниот човечки феномен беа интригантни за мене. Се обидував да ги претставам различните семејни врски како основен нуклеус на нашето живеење. Последното што го работам е насловено како „Разлики и споеви“, при што комбинирам различни материјали, мермер, камен и гранит како природни материјали наспроти плексигласот како вештачки материјал создаден од човекот. Во последните 6 години работам како професор по ликовна уметност во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ и вистински уживам во работата со учениците. Според мене, најголема вредност што ја поседувам е моето искуство и знаење што го имам стекнато преку напорна работа. Знаењето нема никакво значење доколку не го споделите и пренесете понатаму. Споделувањето и анализирањето на проблемите и решенијата со моите ученици е мојата главна мотивација.“ Изложби, признанија, достигнувања и предизвик... „Во моментов сум на Форма Вива во Порторож, Словенија. Тоа е еден од најстарите скулпторски симпозиуми кој успеа да ја задржи својата традиција уште од 1961 година до денес. Овде изработувам скулптура од мермер која е околу 2,5 метри кубни материјал и блокот тежи 7,5 тони. Скулптурата ќе биде поставена во центарот на градот по завршувањето на симпозиумот. Досега имам изложувано во Обединетите Арапски Емирати, Русија, Австрија, Герма-

нија, но би ја издвоил првата награда за скулптура што ја добив во Париз, Франција. Изложбите најчесто ги правам заедно со мојата сопруга Пандора Апостолоска Саздовска. Имам среќа што таа е визуелен уметник, и работи инсталации со политичка тематика. Заедничкиот начин на изложување ни дојде некако спонтано бидејќи и во нашиот дом сликите, инсталациите и моите скулптури некако се надополнуваат. Иако имаме различна тематика на истражување, минималистичкиот пристап кој и двајцата го негуваме можеби беше пресуден во одлуката да ги изложуваме делата во ист простор. Нашите дела беа претставени на повеќе локации низ светот, од кои би ја издвоил изложбата во Македонската мисија во ЕУ на покана на тогашниот амбасадор Никола Попоски. Имам своја скулптура во музејот Марк Ротко во Латвија. Двапати сме изложувале во Берлин, Њујорк, во Малезија учествувавме на Биенале за уметност, Индија, Австрија, каде што ја освоив специјалната награда за скулптура „Оскар Кокошка“, Португалија, Русија, Данска, Италија, Обединети Арапски Емирати каде што имам неколку скулптури во јавен простор и неколку во приватниот Музеј на современа уметност во Абу Даби, Чешка, Азербејџан и во сите балкански држави.“ Уметноста тука и уметноста надвор... „Создавањето дела секаде е скоро исто. Доколку знаете што сакате, имате добра идеја и решеност да ја изведете секогаш може да изнајдете начин како да го остварите тоа. Пречките се понекогаш во самите нас, доколку успеете да надвладеете над себе, станувате слободен. Но, за жал, постојат пречки од финансиска гледна точка, која не секогаш ја добиваме од сопствената држава, што укажува на недоволна почит кон нашата работа и почесто нестручност и непрофесионален однос од страна на комисиите на институциите за култура во Македонија. Но, без оглед, јас продолжувам понатаму, со истражувања во мојата работа и откривање нови начини за решавање на проблемите во скулптурата. Мојот следен проект после Словенија е во Доха, Катар, каде што во текот на декември ќе изработувам две монументални скулптури.“

45


мотоциклизам

Мотоциклот

BOLD

- Таков каков што (го) сонувате... А, кој вели дека сонот не може да стане стварност? И најсмелата идеја е остварлива, доколку се работи плански. Уметничката замисла е првиот чекор, а наредните... сè поблиску до целта. Очигледно дека мотоциклот BOLD ја погоди „точката во која се нишани“, благодарение на челичната волја, концептот што го вклучува и дизајнот и... што ли не. Работи на електричен погон, визирот се протега до фарот, дури и под него, итн. 46

Игор Ландсберг

Соработка меѓу италијанските Camal и Tacita резултира со врвен производ што е достапен за тесен круг луѓе, мотоциклисти, поради високата цена и лимитирачкиот фактор - нивниот број. Едноцифрен, се разбира.


К

ако што кажува неговото име - BOLD, се работи за мотоцикл со подебели „контури“ во споредба со нормалните, чија инспирација, која доаѓа од програмскиот јазик, влијаела врз дизајнерите на италијанското студио Camal да го направат, и да ги заинтересираат мотоциклистите, да го привлечат нивното внимание, и со надворешниот изглед и со перформансите. Во реализацијата на планот учествувала и Tacita, италијанската мануфактура чија првенствена задача е изработка на електрични мотоцикли. Всушност, меѓусебната соработка резултира со врвен производ што е достапен за тесен круг луѓе, мотоциклисти, поради високата цена и лимитирачкиот фактор - нивниот број. Едноцифрен, се разбира. Обете фирми не ја исклучуваат можноста BOLD да се изработува и по нарачка, ако има интерес. Camal инаку произведува спортски, луксузни автомобили, но, не можејќи да му одолее на големиот предизвик, го ангажира најмладиот дизајнер во студиото да го осмисли т.н. мотоцикл за идните генерации. Придавката предвремен му прилега преубаво бидејќи надворешниот изглед на BOLD е проникнат од идеите на футуризмот. Не случајно, зашто целта ги оправда средствата, во добра смисла, да се слави успехот. Официјално, во прашање е мотоцикл BMW (моделот не се открива), кој служи како база, вклучувајќи ги сопирачките и повеќекатните виљушки Brembo, својствени за спортските мотоцикли. Постојат и други отстапки кога се работи за футуризмот. Запазувањето на традицијата е очигледна и во петстепениот пренос, за кој се заложува Tacita. Оттаму и придавката традиционален бидејќи

таков (петстепен) пренос овозможува, како што велат во италијанската мануфактура, најдобар степен на пренос во каква било ситуација, независно од неа, ги намалува прегревањето на моторот и потрошувачката на електрична енергија. BOLD има 100 коњски сили. Доволни се само 2,9 секунди за да „моќноста“ го достигне максимумот, почнувајќи од нула, благодарение на батеријата од 10,6 киловат-часови, која се полни за триесетина минути. Затворениот мотоцикл е одраз на богатата визуелна имагинација, а неговиот ефект предизвикува внимание, кративен восхит. На пример, визирот се протега до фарот, дури и под него, создавајќи комплетен, сеопфатен штит во предниот дел на BOLD, поради што изгледа впечатливо. Боите се јасно дефинирани. Комбинацијата на сребрена (горе) и мат црна (долу) е непогрешна, и опасна. Како да ги повикува зависниците од „адреналин“ на своето најбрзо и најдобро возење од соништата.

BOLD има 100 коњски сили. Доволни се само 2,9 секунди за да „моќноста“ го достигне максимумот, почнувајќи од нула, благодарение на батеријата од 10,6 киловат-часови, која се полни за триесетина минути.

47


Среќен сум што не станав интернет коментатор! С. Прањиќ

Зоран Михајлов на коментаторска позиција (Сиднеј) Како ја доживеавте оваа награда? „Беше пријатно во Лондон да се биде во друштво на великаните на светското спортско новинарство и голем број истакнати спортисти од светски ранг. За мене, по примањето на наградaта, особено импресивна беше средбата со сер Себастијан Коу, поранешниот атлетски шампион и светски рекордер, a сега претседател на Меѓународната атлетска федерација. Во еден момент, во убавата атмосфера што се создаде, му пријдов и му кажав дека јас, како коментатор на поранешна ЈРТ за подрачјето на Македонија, ја коментирав неговата трка на 1.500 метри од Олимпијадата во Москва во 1980 година, кога стана олимписки шампион. Беше изненаден, истовремено и воодушевен, зашто можеби бев единствен од сите присутни што сум бил на некој начин активен сведок на тој настан. Тогаш Коу се сврте кон другите колеги и рече: „Гледајте, овде има човек што пред 37 години ја коментирал мојата олимписка победа“. Одекна и аплауз, па не можам да ви опишам колку бев среќен во тој момент. По толку години минати зад микрофонот, кога стигнаа честитките од колегите, меѓу кои и претседателот на АИПС – Џани Мерло, најпознатиот италијански атлетски новинар, почувствував дека, сепак, во кариерата како коментатор сум постигнал нешто што се цени и останува засекогаш запаметено.“ По пензионирањето, излеговте од шемата на секојдневно одење на работа. Но, дали излеговте од новинарството? „Никогаш не сум ја напуштил новинарската шема. Дури нечујно, без помпа, заминав во пензија, а многумина и не знаеја за тоа. Некои си помислија дека сум отишол во пензија со мојот последен пренос на МТВ, од фудбалскиот натпревар Македонија - Украина одигран во Скопје во 2004 година. Тогаш само се збогував со гледачите и реков дека ќе продолжам на некое друго место. Побегнав од МТВ, поточно од Гордана Стошиќ, која како директор немаше слух за спортот. Продолжив во „А1“, со коментари на ски-магазините, потоа во „5-ка“ со коментирање на Златната лига во атлетика, за да од 2008 година почнам со хонорарна работа во „Наша ТВ“, каде што коментирав атлетика, а три сезони и Светскиот куп во скијање. Но, нај­ многу се ангажирав околу проектот посветен на Македонските спортски легенди, кој и денес е присутен на програмата на „Наша ТВ“, која ги почитува и им дава адекватно место на поранешните спортски асови. Имам снимено 157 емисии. За жал, тоа малкумина го знаат, но јас и понатаму продолжувам да ги претставувам легендите. Истото го правам секој понеделник и во „Нова Македонија“.“ 48

Многу секвенци од неговите емотивни коментари на големите спортски натпревари и денес се повторуваат, позиционирајќи го меѓу великаните, особено на спортското ТВ новинарство. Сепак, Зоран Михајлов првите чекори во новинарството ги направи во „Млад борец“ и „Студентски збор“, па потоа и во „Нова Македонија“. Присеќавајќи се на тоа негово искуство, вели: „Во ’Нова Македонија’, каде што се учеше вистинското новинарство, од тоа како се прави вест, потоа информација, па извештај од настан, коментар и слично, јас дури по 5 години минати како спортски новинар, а подоцна и уредник во весникот, добив задача да напишам извештај од еден прволигашки натпревар на ФК Вардар. Така беше тогаш, новинарот требаше да ’созрее’, па да стигне да пишува за она што е најактуелно и најтиражно за весникот“. Неодамна, пак, на СП во Лондон беше почестен со високата награда од Асоцијацијата на спортски новинари за посебни заслуги во атлетскиот спорт, како и за учество на над 13 светски првенства и 15 олимпијади. Ваши први уредници во спортската редакција на МТВ беа Никола Солдатов и Атанас Костовски. Паметите ли некои новинарски совети од нив како побрзо да се „прешалтувате“ од печатените во телевизискиот медиум? „Со Таско секогаш се консултирав и него и денес го ценам како прв ТВ спортски коментатор, а Никола Солдатов пред да одам на првите преноси, и тоа веднаш на СП во ракомет за жени (за моја среќа Југославија стана светски првак), ми рече: „Ако од извадените податоци во текот на преносот пласираш 75 отсто, знај дека си го ’убил’ гледаЗоран Михајлов со Усеин Болт


сум што ги немаше, зашто ќе бев – интернет коментатор.“

од доделувањето на наградата чот; ако си пласирал 50 отсто тогаш е и така и така, а ако си пренел само 25 отсто и помалку – знај дека си успеал!“ И така беше... цел живот во главата ми се вртеше она Солдатовото, за податоците.“ Не секогаш сте биле еднакво говорлив на коментаторското место. Дали одредени спортови ви лежеле повеќе од другите или, сепак, некои дисциплини трпат поактивно коментирање, а некои бараат полежерен пристап? „Прашањето ви е на место – некаде треба да бидеш поговорлив, а некаде, на пример во атлетиката, кога е старт во некоја спринтерска дисциплина, не испуштам глас! Сум го чекал стартниот истрел за да го оставам гледачот на раат да го види стартот, зашто „стотката“ минува за миг, па дури потоа сум продолжувал со коментарот. За тоа кои спортови ми лежат, би кажал – сите! Од детството бев крај кошаркарскиот терен со Лечиќ и Књазев, еден период како младинец заиграв и му бев капитен дури и на Дули Андоновски во КК Работнички. Ракомет играв за младинската репрезентација на Македонија (бевме трети во Охрид на првенството на Југославија), за атлетиката и да не говорам - бев првак и рекордер на Македонија, репрезентативец на Југославија. Во боксот, како пионер ставив ракавици, а во скијачкото трчање во 1966 година ги бранев боите на Македонија на Мавровскиот меморијал. За фудбалот многу ми помогна периодот кога бев генерален секретар на ФК Вардар и три години, заедно со Бобек и Вишњевац, седев на клупата за време на натпреварите. Накусо, влегував во коментирањето со искуство, можев да го почувствувам моментот на пресврт, потоа кризата на тркачот или падот на концентрацијата на екипата.“ Сте успевале ли да ја контролирате емоцијата, особено кога се коментира натпревар на наш тим или учество на наш натпреварувач? „Тој што е без емоции не може да биде коментатор! Како би можел да молчам кога Русевски тргнуваше во напад и се бореше за олимписки медал или кога Шабан Сејдиу, како 15-годишно момче се бореше во финалето за златниот медал (и стигна до него) на Медитеранските игри во Алшир -1975 година, или кога во 1991 година на Европското првенство во кошарка во Рим, репрезентацијата на земјата што беше во распад, во финалето им одржа вистинска лекција на домаќините и го освои последното злато како заеднички југословенски состав. Како коментатор го величаш успехот, а знаеш дека уште во авионот на враќање овој тим веќе нема да постои.“

Додека сме кај актуелните трендови, како гледате на повремените новинарски „експерти“ кои имаат поголема амбиција да станат селектори одошто да пренесат одреден натпревар? „Желбата да се сугерира нешто на селекторот кај сите е присутна, па и кај коментаторите. Тоа е за да се покаже дека - еве колку добро го познавам спортот. Мислам дека на таков начин не се покажува знаењето, а дека е така, ќе цитирам дел од една изјава на големиот фудбалски маг Миљан Миљаниќ, кој во една прилика рече: „Од 100 илјади гледачи на стадионот, дури 99.999 се селектори, па изгледа дека само јас не си ја знам работата!““ Работевте во ера без глобална мрежа и компјутери, а бевте енциклопедија со спортски податоци. Како успевавте во тоа? „Имав тетратки и сè запишував. Кога ќе почнеше сезоната во атлетиката, на пример, ги бележев најдобрите постигнувања кај нас и во светот. Истото го правев и во другите поединечни, а и во екипните спортови. Често и директно контактирав со тренерите и спортистите, а исто така, и со колегите од другите градови и држави. Тие тетратки и денес ги чувам и од нив некогаш вадам подзаборавени податоци.“

со Благој Истатов и Бошко Трпевски

Успеавте ли да создадете пријателство со некои од врвните поранешни или актуелни спортисти? „Со многумина, но во најубаво сеќавање ми се другарувањата за време Шаховската олимпијада во Скопје, со двајца светски прваци – Борис Спаски и Михаил Таљ. Со првиот, три години порано, на Средбата на солидарноста имав интервју, а со вториот, секојдневно другарував, зашто тогаш бев уредник во Нова Македонија, а Таљ го ангажиравме да биде наш коментатор. Од Македонија другарувам со сите спортисти, од ЈУ-просторите со Дане Корица, Ратко Рудиќ, Жељко Обрадовиќ, браќата Качар, Дивац, Раџа, Кукоч, Маљковиќ, Бланка Влашиќ, Шекуларац, Слишковиќ, Сушиќ, а посебно би ги издвоил фудбалските легенди, за жал, покојните Миљан Миљаниќ и Стјепан Бобек и големиот боксерски шампион Мате Парлов Какво е чувството кога на големи спортски збиднувања (сите негови мечеви, со мали исклучоци, ги коментирав). од меѓународен карактер како спортски новинар претДолг е списокот... Од светските асови најмногу има атлеставувате спортски супериорна земја, каква тичари - Коу, Овет, Бубка, Морис Грин, Ауита, што беше поранешна Југославија, кога моКолин Џексон, а незаборавна е средбата и фожевме да се пофалиме со прваци во кошар- со синот Горазд тографијата со Болт.“ ка, ракомет, ватерполо, бокс, борење...? „Ех, камо да можеше да се врати тоа спортКога би се задржале на поновата историја, ско време на успеси, па и помладите новинапо осамостојувањето на Македонија, кој натри да почувствуваат како изгледа сето тоа. Се превар ви предизвикал најмногу емоции? случувало најпознати коментатори од спорт„Фудбал 2002 година: Англија-Македонија ските велесили да дојдат кај тебе, во прес-ценво Саутемптон. Голот на Шаќири од корнер, кој тарот, зашто знаат дека си од Југославија, па со мојот коментар се вртеше и сè уште се врти да те прашаат нешто за репрезентацијата во на некои реклами и преносот од ОИ во Сиднеј, кој и да е спорт, за составот, поединците, за кога борачот Могамед Ибрагимов го освои прнивната форма. А ти, се чувствуваш некако виот и засега единствен медал од Олимпијадивозвишено, доминантно. Тогаш информациите за Македонија по осамостојувањето. Тогаш те одеа низ такви, непосредни контакти, зашто проработија емоциите и на крајот занемев, оскомпјутерите „проработеа“ подоцна. И, среќен танав без здив...“

49


занимливости +

Бестселери што прво вачите биле одбиени од изда Патот

до издавачите е особено трнлив, потребно е да се отворат многу врати, да се прескокнат многу ѕидови, но најважно е да се биде упорен. Можеби за некого изгледа нереално тоа што директорите на повеќе издавачки куќи ја одбиле Џ. К. Ролинг и нејзиниот роман за доживувањата на момчето Хари Потер, но тоа навистина се случило. Дури по 12 години одбивање требало да се појави осумгодишното девојче Алис Њутон, ќерка на основачот на денес познатата издавачка куќа „Блумсбери“, која побарала од татко ѝ да ѝ овозможи да го прочита и остатокот од книгата, бидејќи авторката ги пратила само првите поглавја. Па дури и тогаш експертите од областа на маркетингот биле строги во својот став и мислење дека книгата е напишана исклучиво за момчиња и ја убедиле авторката да се потпише со Џ. К. наместо со Џоен. Исто така, ја советувале и да си најде редовна работа, а да не се потпира само на пишувањето. А сите знаеме како оди приказната понатаму, продадени се над 450 милиони книги и снимени се 8 блокбастери. И голем дел од великаните на светската книжевност биле повеќепати одбивани. На пример, Џемс Џојс добил решително „не“ за своите „Даблинци“, исто како и Џек Керуак за своето патешествие кое подоцна стана модел за „роман на патување“ („На пат“). Тука е и „Книга за џунглата“ која на Киплинг му донесе бесмртност, потоа „Кодот на Да Винчи“ на Ден Браун, која и по две децении сè уште се допечатува. Во категоријата одбиени па бестселери е дури и „Големиот Гетсби“, книга што е повеќепати екранизирана, а писателот Скот Фицџералд го вброи меѓу култните писатели на англосаксонската литература во 20 век. Иако денес романот „Франкенштајн“ на Мери Шели се смета за вистински класик, како на полето на книжевноста, така и на полето на жанрот хорор, неговиот пат до славата бил полн со пречки. Мери Шели романот го завршила 1817 година, но не успеала да го издаде една година. Дури во март 1818 година група издавачи се согласиле да го објават романот, но условот бил името на авторката да не се објави на корицата. Така и било направено, а почетокот бил ужасно лош. Биле отпечатени 500 примероци, а од нив се продале само 25. Дури 13 години подоцна, во 1831 година, „Франкенштајн“ го

добил вниманието што го заслужува. Денес Франкенштајн, заедно со Дракула, е најпопуларниот лик во светот на стравот и ужасот. Романот „Лолита“ од Набоков се смета за еден од најпознатите и најценетите романи на дваесеттиот век. Откако е издаден, во далечната 1955 година, продадени се 50 милиони примероци, со што се најде на листата на најпродавани наслови на сите времиња. Но издавачите на почетокот се плашеле од можните правни последици и јавната осуда. Еден од издавачите што му се обратил на Набоков, пишува: „Содржината е одвратна дури и за еден просветен Фројдовец. На публиката ќе ѝ биде гнасна и нема да се продава, а ќе предизвика огромна штета на вашата растечка популарност. Мислам дека овој ракопис треба да се закопа под карпа и да се остави така илјада години“. Откако сите големи издавачи го одбиле, Набоков заминал во Франција каде што склопил договор со издавачот „Олимпија прес“ книгата да се отпечати во 500 примероци. Во следните неколку години, „Лолита“ ја објавиле сите издавачки куќи што при првото читање ја одбиле. Орвеловата „Животинска фарма“ одамна се смета за едно од најпознатите дела на светската книжевност, но издавачката историја на оваа книга е дефинитивно една од најконтроверзните. Најпрво, издавачите се плашеле да ја објават стравувајќи да не се нарушат односите меѓу Британија, САД и Русија. Томас Стерн Елиот го одбил ова дело заради неговата „троцкиевска политика“, иако, според него лично, тоа било многу добро напишано. Орвел накусо се израдувал кога Џонатан Кејп се нафатил да го објави неговото дело, но подоцна сепак морал да го одбие и тоа на предлог на британскиот министер за информации. Интересно е што подоцна било откриено дека истиот министер бил руски шпион. Дури неколку месеци по Втората светска војна, издавачот „Секер и Варбург“ одлучил да го објави овој сега веќе култен, антиутописки роман.


ДОВОЛЕН ЗА ПОДОБАР ДЕН

Оригинален германски производ

Magnetrans® а  а а а а  а.

МАГНЕЗИУМ MAGNETRANS® 375 ДИРЕКТ Е ДОБРО ДЕЛО ЗА УМ И ТЕЛО. К

Mg

Ма Magnetrans® аа аа а а а а, а а а, а аа, аа а    а.

Д

Ма Magnetrans®  а  а,  а а,    а  а а а   а аа.

В

Ма Magnetrans® а  а   .

Мисли

Пакет за осигу Пакет за осигурување Пакет за осигурување #SafeFam Пакет за осигу #SafeFamily #SafeFamily #SafeFam

среќна ИДНИНА

15% поп 15% поп 15%15% попуст 15%попуст попуст

од денес се ГРАДИ!

Пакет за осигурување #SafeFamily

Кампања

Пакет за осигурување #SafeFamily

Добијте бесплатна Добијте бесплатна и закажететер те #SafeFamilyDay и закажете Добијте бесплатна пресметка Добијте бесплатна пресмет кај нашиот прода

15% попуст

нашиот продаж и закажете кај термин кај нашиот продажен агент агент кајинашиот продажен закажете термин и закажете термин кај нашиот продажен агент накај следниот телефон на следниот телефон нашиот продажен агент на следниот телефон

и закажете термин на следниот те Добијте бесплатна пресметка на следниот тел Добијте бесплатна пресметка на следниот телефон 02/ 2454-004


едно патување

Гиетхорн Живописното селце на вода Речиси двесте мовчиња (повеќето дрвени) ги поврзуваат бреговите каде што се наоѓаат преубави куќарки, со дворчиња што наликуваат на градини (цветни, овошни, зеленчукови), тревници..., а под нив минуваат каналчињата полни со чамци што ги превезуваат и месното население и туристите, на прошетка. И едните и другите се заштитен знак на холандското селце чија питорескност нè враќа во годините на детството, кога сликовниците ги „голтавме“ без да трепнеме, во еден здив. Игор Ландсберг

52

И

ако е селце, го нарекуваат „мала Венеција“ или „холандска Венеција“ или „Венеција на север“. Има перфектна основа за називот, без разлика во нивната големина. Импресионира со мирот и тишината, убавината, различноста, кои будат едноставни чувства. На прв поглед е нереално, како бајка или, евентуално, кулиса, во зависност од фантазијата, поради каналчињата меѓу фармерските куќарки чии покриви се направени од слама. Божем ништо не е случајно, па така ќе налетате на „попречна улица“ (каналче), ќе здогледате одвај подвижен старец на некое дрвено мовче, како оди во посета на соседите. Мирниот, тивок живот е својствен за Гиетхорн, подеднакво убав, но сепак различен, поинаков од Венеција каде што се претера во комерцијализацијата. Тука, во холандското селце, владее полно спокојство. Најгласен е викот на пајките и на другите птици (домашни, диви). Нема бучава и покрај многуте моторни чамци. Решението е многу едноставно, наместа се изнајмуваат бесшумни чунчиња, додека жителите веслаат онака, мераклиски, без да брзаат некаде, каде било.


Деведесет километри долгите каналчиња имаат одличен распоред иако се природни. Настанале со тектонски поместувања на земјиштето, а сто и осумдесетте мовчиња (повеќето дрвени) ги поврзуваат бреговите каде што „заталкало“ понекое уличе, кратко, само да се мине.

текот на зимата е убаво. Замрзнатите каналчиња се полни Деведесет километри долгите каналчиња имаат одличен распоред иако се природни. Настанале со тектонски посо деца, возрасни, на лизгалки, видно расположени. Неместувања на земјиштето, а сто и осумдесетте мовчиња зависно од сезоната, туризмот цвета. Гиетхорн нема ни (повеќето дрвени) ги поврзуваат бреговите каде што „застари ниту, пак, модерни зданија, ни цркви од минатото. талкало“ понекое уличе, кратко, само да се мине. Атрактивноста е резултат на добро осмислениот проект, Мештаните обично ги користат чамците за превоз, план за работа, неговата концепциска замисла. Интерепо навика. Одат пеш само на куси релации, докај првисот за крстосување, туристичко патување со бротче или чамец со две-три седишта, за педалинка е толку голем што те соседи, клупата отспротива. Не ги мрзи, напротив. Се резервацијата мора да се направи еден-два дена порано. движат со чунчиња за да ја сочуваат претставата, сликаИстото важи за големите топки на дување. Во нив можете та за некогашниот живот и да ја пренесат во светот, преда влезете и да трчате низ каналчињата, езерцата, додеку туристите што доаѓаат од сите страни. Всушност, тоа е нивна традиција, но и секојдневие. Ни поштарот ка не се изморите. Во рестораните ќе ја изгаснете не е исклучок. Сè изгледа фантастично, како жедта со ладно пиво. Таму се служи од печен Раскошот извадок од бајка или, можеби, сценарио за бифтек на скара до палачинки со различни на бои не филм, сценографија. Неговата живописвидови овошја. На пример, ресторанот De се знае кога е Lindenhof, кој се наоѓа во истоимениот хоност, питорескност, привлекува многу посетители, а најбројни се Кинезите, од тел, е првокласен и водечки на листата за поголем, напролет, 150.000 до 200.000 годишно. Селцето препораки. Специјалитетите што важат во лето или наесен. Па има околу две илјади и шестотини жиза ремек-дело, и визуелно и според вкуи во текот на зимата тели, целосно посветени на работата, сот, ги приготвува Мартин Круитхоф. Тој е убаво. Замрзнатите во смисла на одржување на дворовите и сопругата се всушност и сопственици. каналчиња се полни со што повеќе личат на градини (цветни, Веднаш потоа, следуваат De Dames van овошни, зеленчукови) и на тревниците. de Jonge, Holands Venice, De Rietstulp итн. деца, возрасни, на Раскошот на бои не се знае кога е погоСите ресторани обезбедуваат бродски прелизгалки, видно лем, напролет, во лето или наесен. Па и во воз. Инаку, освен во хотелски соби, може да

расположени.

53


Состојбата години. Интерактивен е. Од понеделник до сабота работи од 11 до 17 часот, а во недела на полно од 12 часот. Влезницата чини 4 евра за спокојство, нирвана, возрасни, 1 евро за деца. Вреди да се се преспие и во апартмани што ги изе вообичаена, од рано отиде и во De Oude Aarde, музејот на најмуваат мештаните. Цената за ноќеизутрина до навечер: (полу)скапоцени камења и минерали. вање и појадок се движи од 80 евра погледот на каналчињата, Од март до октомври е отворен од па нагоре. Гостите можат да изберат 10 до 18 часот, додека во ноември, дрвените мовчиња, езерцата..., меѓу луксузот и едноставноста, со недекември, јануари и во февруари избежните рустични елементи. првото кафе, обиколката низ работи од 10 до 17 часот. Цената на Состојбата на полно спокојство, селцето, индивидуално или билетот за возрасни е 3,5 евра, а за нирвана, е вообичаена, од рано организирано, по желба, деца 2,5 евра. Има и продавница што изутрина до навечер: погледот на капеш, со велосипед, чамец, нуди разни производи. Најбаран е наналчињата, дрвените мовчиња, езеркитот, секако. Љубителите на стари авбротче, вклучително и цата..., првото кафе, обиколката низ томобили ќе уживаат во глетката доколселцето, индивидуално или организирано, мочуришниот крај. по желба, пеш, со велосипед, чамец, бротче, вклучително и мочуришниот крај. Околината е исто така живописна. Таму повеќето фарми, овоштарници, зеленчукови градини се како дел од територијалната целост. Името Гиетхорн доаѓа од стотиците козји рогови (gietehorens) што луѓето кои го населиле местото во 10 век, по поплавите, ги нашле во мочуриштето. Денес таму нема животински останки, сè е исчистено, но затоа, пак, има многу риби, поради што месното население се занимава и со риболов, меѓудругото, а доаѓаат и спортски, страсни риболовци отсекаде. Селцето го привлече вниманието на туристите по „Фанфара“, комедијата што ја сними познатиот продуцент Берт Ханстра, во 1958 година. Дотогаш немало пешачка зона. Ја направиле подоцна. До 1973 год. не припаѓало никому, функционирало независно, кога се приклучило на Бредервиеде. Доколку ве интересира историјата на Гиетхорн, посетете го музејот Het Olde Maat Uus каде што се прикажани амбиенталните вредности на селската куќарка, начинот на живеење и сл., пред стотина

ку го посетат музејот HistoMobil каде што се изложени и мотоцикли, јакни, вагони..., околу 5.000 на број, собрани од 1800-тите до 1970-тите години. Влезницата чини 7,5 евра за возрасни, а 3,5 евра за деца. Докази за атрактивноста на ова селце има колку што сакате. Еден од нив е, на пример, освоеното дваесет и прво место (во конкуренција од 182 натпреварувачи) во бордот на „Монопол“, вид игра во која се имитираат односите во општеството, за што жителите зборуваат горделиво, и со задоволство се фалат.

Доколку ве интересира минатото на Гиетхорн, посетете го музејот Het Olde Maat Uus каде што се прикажани амбиенталните вредности на селската куќарка, начинот на живеење и сл., пред стотина години. Интерактивен е. 54


Орнамент и специфично ремек-дело... во вафлите на

МАРТИНИ АМБРОЗИЈА ОД ВКУСОВИ Вафлите, сами по себе, претставуваат слатко, бомбастично чувство, но тајната на тие плочести, слатки задоволства, си има свои карактеристики при изработката. Треба да се напомене дека никој не го создал рецептот за вафлите, тие едноставно се менуваат, дополнуваат и комбинираат во склоп на вкусовите на луѓето. Мартини ја создаде својата рецептура не за популаризација, туку за нежно задоволство што се задржува како трага на усните. Вкусот се памети заради играта на додатоци, добивајќи интензивна експресија. Кога кажуваме дека заштитен знак на Мартини, покрај ентериерот кој изобилува со мозаици во духот на македонската традиција, се вафлите, тоа е од причина што секој додаток во вафлата има посебен вкус со автентични аромати. Инспирирани од светски познатите слаткари, воопшто не изостанува ниту „декорацијата“ на вафлите, која без пренатрупаност на слатки додатоци, ги карактеризира сите видови. Всушност, самата вафла претставува орнамент и специфично ремек-дело.

Надица Пушкоска

Освен што е еден од најпознатите локали во Скопје и е на врвот цели 25 години, Мартини ги нуди и највкусните вафли. Познати по својата автентична рецептура и специфичен вкус, тие се убедливо најдобри и „рамо до рамо“ со белгиските, оригинални вафли... би играта со растопено чоколадо комбинирано со овошје не изгледа како посебна креација, но кога дегустаторите говорат за храната, тие ја чувствуваат со сите сетила и ја опишуваат како да достигнале врв на задоволството. Рецептурата за совршено вкусните вафли, сепак, останува тајна на куќата, а вам пак ви останува да ги пробате сите вкусови и да одлучите кој е најдобриот. Постојат неброено многу рецепти и варијации, но вафлите Мартини, во добро друштво, потсетуваат дека треба да го јадете и да го правите она што ве прави среќни, за да можете да постигнете целосно уживање и беспрекорно насладување.

ОБИЧНА А ТОЛКУ НЕОБИЧНА „ПЛОЧЕСТА ТАБЛА“ Интересен е фактот што дури и во „секојдневните“ чоколадирани вафли, во Мартини има посебна обработка која го трасира патот на задоволството. Тајната е во изработката која таа „плочеста табла“ ја прави неодоливо задоволство. Каква магија од чувства ве обзема кога ќе ве допре мирисот на топли вафли кои алудираат на мистерија. Тоа е полнето задоволство кое има свој процес на создавање и рецептура на специјалитет. Темно, млечно или бело чоколадо, прелеано и концентрирано на меката и блага плочка, со секаков вид овошни и толку многу специфични супстанции, во различи бои како разиграна текстура, ја прават полна со енергија која се топи како путер во устата. Солените вафли на Мартини се полнети со посебна комбинација од месни и млечни производи, кои додека ги јадете, го чувствувате тој суптилен и деликатесен вкус со хармонија на концентрирани парчиња задоволства. Сеедно дали сте љубител на вафли или не, особено за празничните денови, невозможно е да останете рамнодушни пред неодоливиот мирис на цимет и роза. Некои вафлата ја нарекуваат храна на боговите, но рецептурата на Мартини ја прави уште поспецифична, внесувајќи состојки што нудат задоволство кое тешко се опишува. Може55


мојот дом

Боемскиот дух на излитената елеганција во домот... Нема сомнеж зошто дизајнот на ентериерот наречен шеби шик (shabby chic или во превод излитена елеганција) е толку привлечен. Кога ќе се примени правилно, овој стил е совршена рамнотежа меѓу опуштениот и старинскиот изглед. Дозволува да се развие уметничка но и елегантна атмосфера, додека на дизајнерот му дава многу слобода во презентирањето на сопствените идеи.

Н

о, доколку претходно не сте се обиделе со уредување во шеби шик стил, тоа може да ви изгледа и по малку застрашувачки. Понекогаш е тешко да се креираат помалку структурирани простори кои ќе остават впечаток на корисни отколку на неуредни. Но затоа, следниве неколку препораки ќе ви помогнат да ја усовршите шеби шик естетиката...

Почнете со неутрална позадина Успешните проекти на дизајнот се засноваат на балансирањето околу она што се додава и што се одзема. Додека секој елемент игра своја улога во дизајнирањето на просторот како целина, некој од овие елементи мора да преземе понеутрална улога за сметка на некој друг да дојде до израз. Бидејќи многу од парчињата во шеби шик стил се со силни, шарени бои, позадината на тие простори мора да остане неутрална за да се добие одреден баланс. Кога велиме „позадина“, зборуваме за структурните елементи на просторијата – ѕидовите и подовите, кои не се дел од вашите лични работи. Размислете да ги обоите ѕидовите во лесни понеутрални нијанси, како што е белата боја со сите нејзини нијанси, во комбинација со едноставни, дрвени подови. Имајте на ум дека неутралната позадина не мора да биде здодевна. Слободно насочете го својот дизајн околу елементите како што се камин или вградени полици. 56


Сконцентрирајте се на употребуван или старински мебел Самиот збор шеби (shabby) на англиски јазик значи излитен, и најмногу се користи за опис на предмети што имаат временска или античка естетика. Што се однесува до тоа како да го постигнете овој изглед, имате повеќе можности. Најнапред можете да ги разгледате готовите производи од овој стил или да купите некој недовршен модел или пак да побарате онлајн водич за тоа како самите да создадете шеби шик стил во вашиот дом. Меѓутоа, на оние што не им пречи нивниот мебел да има малку историја во себе, би можеле да ги истражат и старинските опции. Проверете што се крие кај вас на таванот или во подрумот, или кај вашите роднини или пријатели, размислете дали ќе се вклопи во вашиот единствен стил и понудете да им го откупите тоа парче. Но запомнете – одбраниот мебел само навидум треба да изгледа како да е оштетен. Ако купувате елементи за довршување на вашиот дизајн, проверете дали секој дел добро се вклопува, дали е сé убаво прицврстено. Секогаш можете да смените дел од вашиот дизајн, но сепак нема смисла да вложувате премногу време и пари во нешто што нема да функционира долго време.

57


Комбинирајте и прилагодувајте ги деталите Ова е веќе позабавниот дел во креирањето на вашиот уникатен стил. Со дополнителните елементи можете многу лесно да го доловите боемскиот дух на собата. Овој стил е карактеристичен по тоа што се состои од слоевито додавање разни дополнителни елементи – килими, ќебиња, перници, ѕидни уметнички дела и декорации – и на тој начин да создадете пријатно и релаксирано окружување. Во овој случај особено е важно мешањето. Одберете елементи што содржат различни шари и текстури. За оние што сакаат покохерентен изглед, обидете се да ја ограничите својата шема со бои на две или три различни нијанси, повторени во целиот простор. Меѓутоа, ако вашиот стил е еклектичен, тогаш само вашата фантазија претставува ограничување – со други зборови, препуштете се на сé она што го замислувате. Кога практикувате помалку структурирани стилови, внимавајте – просторот на крајот не смее да изгледа пренатрупано. А добар начин да го постигнете тоа е да ја смените сопствената перспектива. На пример, ако не сте сигурни дали некој предмет добро се вклопува во вашиот дизајн, вратете се неколку чекори наназад. Замислете го просторот во целина и одредете дали тој предмет ја надополнува вашата визија или едноставно е вишок.

58


Додавајте природни елементи Просторот уреден во шеби шик стил е секогаш светол, лесен и проѕирен. А еден од наједноставните начини за да го внесете тој изглед во вашиот дом е така што во уредувањето ќе вклучите и многу надворешни предмети. На пример, одберете многу зеленило, собни растенија или, пак, секогаш оставајте ги завесите отворени со што ќе дозволите природната светлина да навлегува во просторот во огромни количини. Исто така, можете да размислите и за вградување одредени природни материјали во целиот дизајн – дрво во мебелот, килимче од бамбус, разновидни камени или глинени предмети (вазни, садови, фигури). Кога внимателно ќе се обмисли и правилно ќе се примени, дизајнот шеби шик е интересен, елегантен а за него сепак не ви е потребен голем напор.

59


новитети во дизајнот

Ѕидно огледало „ХЕЛИОС“, инспирирано од богот на Сонцето Во старогрчката митологија Хелиос го олицетворувал Сонцето, но не како небесно тело, туку неговата светлина и топлина. Богот, секое утро, кога зазорувала зората, се издигал нагоре, до небото, на крајот на светот, каде што живеел, во палата. Неговиот ореол бил толку сјаен што неретко и заслепувал. Народните преданија им послужиле како инспирација на дизајнерите. Ѕидното огледало, чии димензии се 120×120×14 см, најубаво прилега на празен ѕид, без прозорци, слики.

Тросед „МИЈА“, за пријатен амбиент И удобен живот, во секој поглед. Заобленоста и пругавото тапацирање (однапред), визуелно ја зголемуваат иако нејзините димензии се 220×85×76 см. Висината на облегалката изнесува 46 см, а седиштето е широко 51 см. Ткаенината со која се обложува е прашање на вкус, по избор на купувачот. Свиленото кадифе ја прави уште полуксузна. Софата тежи 67 кг. За да трае подолго, не треба да стои на место каде што има сонце. Се чисти машински, со вакуум, или рачно, со нежно четкање.

Детска мини-спална соба „ТИПИ“ Детската игра нема граници, ниту фантазијата, и таа не треба да им се ускрати. Дури и кога се Индијанците во прашање, нивниот стил, начин на живеење. Детската мини-спална соба наликува на индијански шатор, направен од синтетичка кожа во боја на праска, а во неа се сместени кревет, складиштен простор, кутија за играчки на тркалца и орман изработен од дабовина, премачкана со акрилик. Деталите се алуминиумски. Шаторот, со димензии 280×245 см, е огноотпорен. Тежи 371 кг. 60


Уникатност што го одразува слободниот дух - параван „ДЕЛТА“ Параванот се состои од четири панели чии геометриски форми ги истакнува драматичната, но сепак елегантна, црна, то ест бојата на јагленот, саѓите. Рабовите на плочите од лакирано дрво, наместа покриени со кожа, се месингани (полирани). Неговата уникатност е одраз на слободниот дух, волјата и, секако, изразувањето. Висината на параванот е 160 см, долг 202 см, а дебелината изнесува 6 см. Тежок е 85 кг.

Држач за крпи „ДИЈАМАНТ“, што служи и како декор Се разбира, овој декоративен предмет е и практичен, без оглед на неговата ексклузивност, бидејќи го има во мал број. Наменет за бања чиј луксуз се забележува секаде, во сè, држачот за крпи е комбинација на мермер (бел или црн) и полиран месинг, на основата и на цевките. Се карактеризира со безвременост, висок квалитет, дизајн што маѓепсува иако е едноставен, сосем поинаков од кичестите предмети. Неговите димензии се 123×54,5×17 см.

Ѕидна светилка за бањи „ВЕЛУМ“ Инспирирана од старите ракописи, текстовите напишани на пергамент, од телешка кожа, ѕидната светилка се изработува рачно, од месинг. Всушност, легурата од бакар и цинк, која изгледа старински, е релјефна, благодарение на чеканот. Нејзината елеганција се истакнува со светлината што дава топлина... на стилот, на чувствата и сл., а луксузот е очигледен, па дури и кога се работи за бања. Димензиите на „Велум“ изнесуваат 60×17×9,5 см. Трае долго, исто како приказните смислени одамна.

Масиче „ЛЕМПРИКА“, во Арт деко стил Комбинацијата на т.н. свиленикав месинг и неколкуте огледала (античко, бронзено, јасно, чадено) ја карактеризира масичката, која обично стои настрана, покрај троседот на пример. Всушност, острите геометриски облици и студените материјали се својствени за стилот во применетите уметности и архитектурата во 20-тите и 30-тите години на 20 век - Арт деко. Димензиите на масичето изнесуваат 70×65×65 см, тежи 31 кг, а се чисти со влажна крпа (месингот) и со средство за чистење стакло (огледалата).

61


Кога желбите на клиентите и визуелните креации создаваат уметничко дело Beauty Style Sofija е професионално студио за внатрешно уредување, со главно седиште во Скопје и соработка во Србија, Албанија, Словенија... Познати се по својата иновативност и професионална реализација. Оваа професија обединува широк круг енергии, а ја опфаќа и уметноста како дејност. Крајно одговорни и успешни во уредување на секој простор, ги прави оригинални при изнаоѓање функционално решение за секаков вид проблем при уредувањето. Сопственичката Даниела Мисајловска, ги отвори вратите на својот изложбен салон и ни ја откри тајната за совршено уреден простор и за комплексноста на внатрешното уредување... Н. Пушкоска 62

Кога е во прашање планирањето и уредувањето, секогаш следете го својот инстинкт... „Оваа професија е како уметност, како творечка креативност која претставува состојба во која желбите на клиентите и моите визуелни креации создаваат уметничко дело. За да се постигне успешно реализиран проект, мора да се постигне рамнотежа помеѓу неколку елементи на внатрешното уредување, кои меѓусебно се неодоливо споиви. Желбите на моите клиенти не секогаш се совпаѓаат со прецизноста на уредувањето, но со повеќето од нив изнаоѓаме заедничко решение. Без оглед дали се работи за уредување на домот или деловна просторија, мотивот е ист - да се постигне функционална убавина за хармонична практичност во просторот.“


Завеси, драперии, корнизи, роло завеси, постелнини, хотелска програма, мебел штоф за тапацирање, сертифицирани материјали... се само дел од широката палета на Beauty Style Sofija „Убавината на оваа професија е во практичноста и визуелните ефекти, доста спротивно од теоријата. Јас ги следам модните трендови и сакам да сум во чекор со случувањата, но тоа не значи дека треба да фрлам хендикеп врз мојата визија и да ѝ препуштам на модната индустрија да одлучува за комбинациите. Што се однесува до брендовите со кои располагаме, не би сакала да ги набројувам бидејќи имаме одлична соработка со сите најквалитетни брендирани имиња, но со задоволство ќе го споменам брендот Aco Tekstil, за кој единствен застапник во Македонија е Гордана Десановска од студиото Aco Tekstil Evropa во Битола. Ги издвојувам нив бидејќи се работи за врвни материјали и исклучително совршен погодок за секаква комбинација. Имам соработка со модни дизајнери кои ја дефинираат мојата замисла и крајниот производ на таа комбинација е до степен на совршенство. Ако сакаме она што го нуди модната индустрија да го донесеме тука, треба да одиме подлабоко и да растеме заедно со случувањата. Јас ја преферирам класиката во комбинација со модерни елементи, во игра со живи бои и токму таа комбинација, склопена во едно, ја нарушува едноличноста во просторот, ја отфрла пренатрупаноста и нуди едноставност. Класиката секогаш е во тренд, само треба да знаете како да ја искомбинирате за да биде едноставно, а модерно.“

внатрешното уредување не е само потреба, туку и само по себе претставува декоративен елемент, збогатување и разубавување на просторот преку поседување нешто уникатно што претставува престиж.“ Правилно насочената енергијата во работата, секогаш има позитивен ефект... „Во зависност од тоа колку професионалност е вложена во изведбата на самиот ентериер, во никој случај не смееме да изостанеме зад успешниот европски свет во поглед на внатрешното уредување и новите трендови во него. Она што им го сугерирам на клиентите е храброста при менувањето на нештата, без оглед дали ќе одберете мирни тонови или нежна динамичност, дали ќе се одлучите за голема доза традиционални или класични елементи, што и да одберете, тоа сепак ќе биде вистински погодок бидејќи секој стил има свој уникатен впечаток. Главната цел на внатрешното уредување е да се постигне вистински спој помеѓу структурната димензија во просторот и душата што зрачи од него. И секако, во соработка со проверени и истакнати еминентни имиња од висок калибар, за подобар квалитет и беспрекорно совршен, уреден простор.“

Beauty Style Sofija деновиве ќе се претстави во Белград, во хотел Москва, како единствен застапник од Македонија за уредување домови, потоа на саемот за мебел во Албанија, па следат ангажмани во Словенија... „Уште од самиот почеток сум свесна дека доколку сакам да бидам успешна во оваа дејност, морам да бидам максимално посветена на работата. Можеби токму поради моето пропагирање на уметноста низ уредувањето и советување на моите клиенти за разубавување на просторот околу себе, неуморно ги пробив границите и ги пуштивме своите чекори и надвор од Македонија. Свесна сум дека кај нас продажбата не е на ниво на кое треба да биде, со оглед на тоа дека брендот Aco Tekstil успешно го промовиравме низ нашите производи во Шведска, Германија, Швајцарија, Франција и Шпанија. Но, мислам дека сите знаеме дека

63


правни дилеми

ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РАБОТНО МЕСТО Согласно Законот за работните односи (ЗРО), дискриминацијата како негативен однос кон работникот е забранета!... ...Па така, работодавачот не смее барателот на вработување или работникот да го става во нееднаква положба заради расно или етничко потекло, боја на кожата, пол, возраст, здравствена состојба, односно инвалидност, религиозно, политичко или друго убедување, членување во синдикати, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотна состојба, половата насоченост или заради други лични околности.

Исто така, на жените и на мажите мора да им бидат обезбедени еднакви можности и еднаков третман во врска со:

1) пристап до вработување, вклучувајќи унапредување и стручна и професионална обука во работата; 2) условите за работа; 3) еднаква исплата за еднаква работа; 4) професионални шеми за социјалното осигурување; 5) отсуство од работа; 6) работно време и адвокат м-р Владимир Бангиевски Адвокатска Канцеларија Бангиевски 64

7) откажување на договорот за вработување.


Видови дискриминација според ЗРО

Принципот на еднаков третман подразбира забрана за директна и/или индиректна дискриминација! Забраната на директна или на индиректна дискриминација се однесува на дискриминација на кандидатот за вработување и на работникот. Па така: Директна дискриминација, во смисла на Законот за работните односи, е секое постапување со кое лицето било ставено, се става, или би можело да биде ставено во понеповолна положба од други лица во споредбени случаи. Индиректна дискриминација постои кога определена, навидум неутрална, одредба, критериум или пракса, го става или би го ставила во понеповолна положба во однос на другите лица, кандидатот за вработување или работникот поради определено својство, статус, определување или уверување!

Дискриминацијата кај работодавачот е забранета во однос на:

1) условите за вработување, вклучувајќи ги и критериумите и условите за избор на кандидати за вршење определена работа, во која било гранка односно оддел, согласно со Националната класификација на дејности и на сите нивоа на професионална хиерархија; 2) напредувањето во работата; 3) пристапот до сите видови и степени стручно оспособување, преквалификација и доквалификација; 4) условите за работење и работа и сите права од работен однос и во врска со работниот однос, вклучувајќи и еднаквост на плати; 5) откажувањето на договорот за работа и 6) правата на членовите и дејствувањето во здруженијата на работниците и работодавачите или во која било друга професионална организација, вклучувајќи ги и привилегиите што произлегуваат од тоа членство. (5) одредбите на колективните договори и договорите за вработување со кои се утврдува дискриминација на некој од основите од членот 6 на овој Закон се ништовни.

Што не се смета за дискриминација и видови дискриминација според ЗРО и правото на надомест на штета?!

Според Законот, не е и не може да се смета за дискриминција правењето разлика, исклучувањето или давањето предност во однос на определена работа, кога природата на работата е таква или работата се врши во такви услови што карактеристиките поврзани со некои од случаите претставуваат вистински и одлучувачки услов за вршење на работата, под услов целта што со тоа се сака да се постигне да е оправдана и условот да е одмерен. Сите мерки предвидени со закон, колективните договори и договорите за работа кои се однесуваат на посебната заштита и помош на определена категорија работници, а посебно на оние за заштита на инвалидите, постарите работници, бремените жени и жените што користат некое од правата од заштита на мајчинството, како и одредбите од законите или другите правни акти што се однесуваат на посебните права на родителите, посвоителите и штитениците не се сметаат за дискриминација ниту смеат да бидат основа за дискриминација. Исто така, во однос на условите за вработување, работниците на определено време не се третираат на понеповолен начин од работниците на неопределено време само затоа што имаат договор за вработување на определено време, освен ако различниот третман е оправдан од објективни причини.

Некои видови дискриминација Вознемирување и полово вознемирување

Вознемирувањето и половото вознемирување претставува дискриминација во смисла на Законот за работните односи. Според ЗРО, вознемирување е секое несакано однесување кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување. Полово вознемирување, во смисла на ЗРО, е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување.

Психичко вознемирување на работно место (мобинг)

Психичко вознемирување на работно место (мобинг) претставува дискриминација според ЗРО и е секое негативно однесување од поединец или група што често се повторува (најмалку во период од шест месеци), а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.

Заштита од дискриминација на работничка по основ на бременост, раѓање и родителство

Според ЗРО, забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство, без оглед на времетраењето и видот на работниот однос заснован согласно со закон. Забраната на дискриминација се однесува на пристапот до вработување, условите за работа и сите права од работен однос и откажувањето на договорот за вработување на работнички кои се наоѓаат во состојба на бременост или користат права кои произлегуваат од раѓање и родителство.

Надомест на штета за дискриминација

Во случаи на дискриминација, кандидатот за вработување или работникот има право да бара надомест на штета, согласно Законот за облигационите односи, а товарот на докажување паѓа на работникот или работодавецот, во зависност од тоа за каков вид дискриминација се работи.

65


медицински занимливости

Влијанието на кафето врз внесот на шеќерот Истражувањето

што го објави Журнал оф фуд сајанс сугерира дека кофеинот влијае на одредени рецептори во мозокот и на тој начин ја смалува можноста за осет за шеќер. Последица може да биде зголемена желба за внес на шеќер, сметаат американските научници од Универзитетот Корнел. Промените во перцепцијата на вкусот на храната по внесувањето кофеин се потврдени врз примерок од 107 испитаници. Дополнителните анализи покажале и дека учесниците во истражувањето не биле во состојба да разликуваат дали пиеле кафе со или без кофеин. Според истражувачите, испитаниците се чувствувале поразбудени и откако пиеле кафе без кофеин, што укажува на тоа дека секој вид кафе може да има и плацебо ефект.

Важноста на појадокот во исхраната на децата Кај

децата што не појадуваат постои поголем ризик за премал внес на калциум, железо, јод и фолати, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија. Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон ги следеле навиките во исхраната на 1700 деца на возраст од 4 до 10 години и од 11 до 18 години, во период од 4 години. За потребите на истражувањето, појадокот е дефиниран како оброк со повеќе од 100 калории во период од 6 до 9 часот наутро. Како што пишува Бритиш журнал оф нутришн, 7% од децата на возраст од 4 до 10 години редовно го прескокнуваат појадокот, а пак повеќе од една четвртина оние на возраст од 11 до 18 години. Истражувањето покажало дека дури една третина од сите испитани деца немаат минимум препорачан внес на железо. Кај 20% од децата што не појадуваат бил забележан и внес на калциум помал од минималните препораки.

Пообразованите луѓе имаат поздраво срце Истражувањето

на швајцарските и на бри­ та­ н­ ските научници го поврзува повисокиот степен на образование со помалиот ризик за здравјето на срцето. Податоците собрани во Лозанскиот универзитет, Оксфордскиот универзитет и Универзитетскиот колеџ во Лондон сугерираат дека факултетски образованите лица имаат една третина помал ризик за болести на срцето отколку оние со понизок степен на образование. Во истражувањето биле користени податоци за околу 544000 лица, главно од европско потекло. Научниците ги зеле предвид и генетските фактори. Се покажало и дека пообразованите луѓе поретко пушат, и имаат помал ризик за прекумерна тежина и превисока концентрација на таканаречен лош холестерол во крвта.

66

Нов третман за алергијата на кикирики Оралниот

третман за алергија на кикирики се покажа како исклучително ефикасен и по 4 години употреба, покажа новото истражување на австралиските научници. На почетокот на истражувањето, алергичните деца секојдневно во период од 18 месеци примале комбинација од пробиотици и протеини од кикирики. Бил користен пробиотикот Lactobacillus rhamnosus кој веќе се поврзува со превенција од некои симптоми на алергии. Месец дена по завршувањето на терапијата, 80% од алергичните деца можеле да толерираат кикирики без никакви симптоми на алергија. Научниците од истражувачкиот институт во Мелбурн истакнуваат дека сега за првпат е постигнат волку долготрајно противалергиско дејство. Алергијата на кикирики е една од најчестите причини за смрт меѓу алергиите на храна.


чниците ау Н Внесот на витамин Ц и епорачуваат пр превенцијата од леукемија подинамични прошетки Истражувањето

објавено во на­учното списание Нејчр го поврзува внесот на поголема количина витамин Ц со смалување на ризикот од заболување од леукемија. Претходните испитувања веќе го поврзаа премалиот внес на витамин Ц со зголемен ризик од разни типови рак. Според најновите сознанија, витаминот Ц има клучна улога за нормално функционирање на матичните клетки, што доведува до смалување на ризикот од леукемија. Научниците од Универзитетот во Тексас објаснуваат дека матичните клетки го користат витаминот Ц за регулирање одредени хемиски модификации на ДНК и активирање на гените. Според најновите сознанија, доволниот внес на витамин Ц е особено важно за луѓето со одредена мутација на генот Тет2.

Зачестеноста на депресијата кај вегетаријанците Сознанијата

на британските научници од Универзитетот во Бристол укажуваат на речиси двојно поголема зачестеност на депресија кај вегетаријанците отколку кај луѓето што јадат месо. Во истражувањето во кое учествувале околу 10000 испитаници, се покажало дека како причина за тоа е недостатокот на некои витамини и минерали кај вегетаријанците. Според нив, исхраната што не вклучува месо често доведува до недостаток на железо и витамин Б12, што, пак, предизвикува пореметување во расположението. Околу 7% од вегетаријанците и 50% од веганите страдаат од недостаток на витамин Б12. Ризикот за депресија бил најголем кај оние што најдолго време биле вегетаријанци.

Англиските

експерти советуваат повозрасните луѓе да практикуваат подинамични прошетки со цел да се заштитат од последиците од недоволната телесна активност. Според нив, по 40-тата година од животот кај повеќето луѓе се забележува помала зачестеност и интензитет на телесните активности. Се проценува дека околу 40% од луѓето на возраст од 40 до 60 години не успеваат ниту еднаш месечно да применат брзо 10-минутно одење. Токму ваквите прошетки кај оние што ги практикуваат се поврзани со 15% помал ризик за прерана смрт. Во споредба со податоците за телесната активност во 60-тите години на минатиот век, еден просечен Англичанец денес е 20% помалку телесно активен. Секој шести смртен случај во Англија е поврзан со последиците од телесна неактивност, нагласуваат експертите.

Оревите во контрола та на апетитот

Истражувањето

спроведено во медицинскиот центар Бет Израел во Бостон покажува дека консумирањето ореви ја олеснува контролата на апетитот. Американските научници ги користеле податоците собрани од 9 испитаници со прекумерна тежина кои во текот на 5 дена консумирале околу 50 грама ореви дневно. Со помош на снимките направени со магнетна резонанца било утврдено дека кај овие испитаници по прикажувањето фотографии од храна доаѓа до засилена активност во делот на мозокот задолжен за контрола на апетитот и импулсите. Освен тоа, било потврдено дека оревите содржат висока концентрација на омега-3 масни киселини и други супстанции поврзани со смалување на ризикот за дебелина и дијабетес тип 2.

67


Можност за префрлување и упис на вонредни ученици Бизнис

Администрација

Информатика

10 ГОД И Н И

е твојот најдобар избор www . saba . edu . mk

САБА Скопје, Битола, Штип и Куманово тел: 078 384 005

Туризам


подароци Avon Perceive парфем за жени 3 награди

Avon Black Suede Sport тоалетна вода за мажи 3 награди

ремен Mona

Guerlain + Dior 4 награди

Essence + Catrice 4 награди

Golden Rose 2 награди

C-THRU Glamorous

Oriflame крема

Max Factor 3 награди

68


MERZ 3 награди

Dove и Rexona 15 награди

Ловец на бои 10 награди

Eucerin Dermo Purifyer Colgate 6 награди

LUSH Wild

C MYK

Бадел - маичка и огледалце 5 награди

Следете не на:

Infinityspisanie infinitymag.mk Еден од овие подароци може да биде ваш. Испратете го вашето име и презиме и контакт телефон на:

www.infinitymag.mk 69



C MYK

Новата Opel

INSIGNIA Германска технологија за секој од нас •

Предни светла LED Matrix®, најдобри во класата

Автоматско итно сопирање со детекција на пешаци1

Head up дисплеј со приказ на информации на ветробранското стакло2

opel.mk Работи автоматски при брзина над 8 km/час и под 80 km/час. Посетете ја opel.mk/insignia за детални информации за работата на системот. 2 Дисплејот на предното ветробранско стакло е достапен почнувајќи од Dynamic нивото на опременост со доплата. На сликата е прикажана опционална опрема. 1

ИДНИНАТА НИ ПРИПАЃА НА СИТЕ


Бр. 4

C MYK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.