Infinity br5 Zima 2017

Page 1

Бр. 5

C MYK


C MYK


LECTUS GROUP FURNITURE The perfection of Italian luxury Магијата на италијанскиот дизајн, инспириран од уметностa, ги доведува кожeните софи, направени со многу љубов, до совршенство. Есенцијални вредности на Lectus Group Furniture: • 20-годишна традиција во рачната изработка на кожeни софи • Внимателно одбран, луксузен италијански дизајн • Висококвалитетна италјанска кожа со префинета обработка • Кожени софи базирани на Вашите специфични потреби • Употреба на најквалитетни материјали • Директен линк помеѓу Вас и изложбениот салон заради можноста за внесување на целата Ваша инспирација и креативност во финалниот производ

Lectus Group Furniture www.lectusgroup.com E-mail: contact@lectusgroup.com Ул. Антон Попов бр. 1/4, локал 6, 1000 Скопје, Република Македонија Телефони: ++398 2 6145 300; 075 223 553

infinit

3


Сакам или морам… исправени пред новогодишните одлуки?! Новогодишните одлуки почна да ги бие лош глас…. Лесно ги донесуваме, но уште полесно ги кршиме – речиси секој се придржува до нив во првите неколку дена, за да паднат во заборав многу брзо. Почетокот на годината, некако ритуално, секогаш се врзува со нови одлуки и поправање на лошите навики. Си даваме ветувања дека ќе се поправиме и подобриме, дека ќе станеме посреќни, побогати, дека ќе ослабнеме. Ја резимираме целата година, го вагаме позитивното наспроти негативното, се обвинуваме или си даваме пофалби. И тогаш повторно започнува „маѓепсаниот круг“ на ветувањата од кои никако да излеземе… Новогодишните одлуки ни носат нова надеж, возбудување, потреба да бидеме поуспешни и следната година да биде поквалитетна и поисполнета од претходната. Иако најчесто се сопнуваме пред нашите ветувања и остануваме на коленици пред нив, сепак тој неуспех што го доживуваме речиси секогаш е дел од нас самите. Всушност, тајната на остварливоста на желбите и ветувањата што си ги даваме со почетокот на новата година се крие во нас самите, поточно колку тие цели ги подредуваме на нашата личност и ги правиме полесно остварливи. Најважно е да не си ставате кратки рокови. Да, за да остварите некоја цел најдобро би било да се процените најпрво самите себеси, вашата упорност и издржливост па дури потоа да одредите за колку време би го сториле тоа. Или уште подобро, зошто да не си одредите година за промени? Година која ќе трае до следната година. И едноставно да му се „нафрлите“ на вашето очекување или цел да го остварувате чекор по чекор. Не заборавајте ја мотивацијата. Таа е движечка сила. Никогаш сами, затоа што без поддршка од најблиските и пријателите ќе ви биде потешко, верувајте. Окружете се со позитивни луѓе и насмеано впуштете се во новите 365 предизвици. Среќна Нова уште попредизвикувачка 2018 година!!! С. Тошиќ Насловна: Александра Бошњаковска, Фото: Јован Јон Креација: Наташа Карчева - Al Aparel Алка: Calvin Klein Božinovski 6800 ден Чевли: Paar - Peko 4590 ден.

4

6 12 13 14 16 18 20 22 24

Одиме на забава! Луксузно, раскошно, што восхитува Топло и меко, елегантно и обоено... Светски бренд а македонски производ Охридски бисер Совршена венчаница е онаа што ќе произлезе од вашата визија I DO... за совршени мигови за паметење Трендот во светот на фризурите за 2018 година Едноличноста не ѝ прилега на ниту една жена Најголемиот успех во животот е среќно дете

26 Најважното правило за среќа: нема правила 28 Тренди, плишано, палаво... 30 Привлечно, допадливо, со сите убавини во себе 32 Единствен показател за вредноста на еден уметник или дело е времето, Борјан Цанев 34 Ултимативниот Lotus Elise Cup 260… за возбудливи доживувања 36 Њујорк е едно прекрасно чудовиште, Тони Наумовски 38 Уметникот и пеперутките, Горјан Ѓорѓиев 40 ОД МОДА ДО МЕБЕЛ… но стилски! 44 Магијата на божикните и новогодишните панаѓури 47 „Луксуз-пакетот“ за новогодишно уживање на Timothy Oulton 48 Причинување штета

Директор: Ангела Неновска Крстевска Главен и одговорен уредник: Слаѓана Тошиќ Арт директор: Анета Гацевска Графички дизајн: Горан Крстевски Сашко Соколов Фотограф: Јован Настевски – ЈоН Маркетинг директор: Анета Попова | тел: 070 344 410 anetapopova@nampress.com.mk Маркетинг асистенти: Нена Неновска Ѓорѓиевска Надица Пушкоска Стилист: Елизабета Кљусева Редакција: Силвана Јованчева Игор Ландсберг Сузана Прањиќ

Веб дизајн Маријан Петровски Тими Попов Печати: Нампрес бул. „Србија“ бр. 11, Скопје Датум на печатење: Декември 2017 Тираж 20.000 Контакт: 389 22700 720 contact@infinitymag.mk www.infinitymag.mk Жиро-сметка: 200-0000912991-08, Стопанска банка 250-1010003997-12 Шпаркасе банка Правен застапник: Дарко Ѓорѓиевски ул. 1737 бр. 32 к3 лок. 38 Скопје 078 274 703 Издавач: Основач: Маргарита Неновска


ВПЕЧАТЛИВ, ПРЕФИНЕТ И ЖЕНСТВЕН SUBLIME NATURE TONKA BEAN Парфем

“Нежното зрно тонка ја открива својата раскошност, збогатена со ноти на ванила, бадем и цимет. “

Мисли

Пакет за осигу Пакет за осигурување Пакет за осигурување #SafeFam Пакет за осигу #SafeFamily #SafeFamily #SafeFam

среќна ИДНИНА

15% поп 15% поп 15%15% попуст 15%попуст попуст

од денес се ГРАДИ!

Пакет за осигурување #SafeFamily

Кампања

Пакет за осигурување #SafeFamily

Добијте бесплатна Добијте бесплатна и закажететер те #SafeFamilyDay и закажете Добијте бесплатна пресметка Добијте бесплатна пресмет кај нашиот прода

15% попуст

нашиот продаж и закажете кај термин кај нашиот продажен агент агент кајинашиот продажен закажете термин и закажете термин кај нашиот продажен агент накај следниот телефон на следниот телефон нашиот продажен агент на следниот телефон

и закажете термин на следниот те Добијте бесплатна пресметка на следниот тел Добијте бесплатна пресметка на следниот телефон 02/ 2454-004


одиме на забава!

Фустан: Kokev 9230 ден. Чевли: Paar - Peko 4590 ден. Локација: продажен салон „LUX“ Фото: Јован Јон Модел: Александра Бошњаковска, модна агенција „Подиум“ Фризура: Студио Avangarde Шминка: Ирена Сенокозлиоска 2


Блуза: Kokev 3780 ден. Сукња: Kokev 5270 ден. Ѓердан: Calvin Klein - Božinovski 5200 ден. Алка: Calvin Klein - Božinovski 6300 ден. Чевли: Clarks - Peko 5990 ден.

3


Фустан: Kokev 9230 ден. Чевли: Clarks - Peko 5990 ден. 4


Креација: Наташа Карчева - Al Aparel Алка: Calvin Klein - Božinovski 9000 ден. Прстен: Calvin Klein - Božinovski 4000 ден. Чевли: Clarks - Peko 5990 ден. 5


Фустан: Kokev 9230 ден. Ѓердан: Calvin Klein - Božinovski 5200 ден. Чевли: Clarks - Peko 5990 ден. 6


Блуза: Kokev 3780 ден. Сукња: Kokev 6370 ден. Часовник: Calvin Klein - Božinovski 15400 ден. Обетки: Calvin Klein - Božinovski 5000 ден. Чизми: Paar - Peko 9590 ден. 7


нешто ново... за неа

Луксузно, раскошно, што восхитува

Percossi Papi Колоритни обетки со филигранска изработка

1

Уникатните примероци накит се дело на познатиот јувелир од Рим каде што се наоѓа и неговиот дуќан во чии рамки е и ателјето. Обетките имаат филигранска изработка, од сребро, обложена со 24-каратно злато. На некои места е користена античката техника „cloisonné“, со тиркизен емајл. Освен мали бисери од Индија, на обетките се инкрустирани зелени циркони, сини топази, кафеав турмалини. Закопчувањето е со гвинт. Долги се 4,5 см, широки 1,8 см. Нивната цена изнесува 1001 евро.

2 12

Со убавината, секако. Мирисот, допирот... Но, тоа не значи дека мора да се има, по секоја цена. Јувелирниците, модните куќи..., брендовите, нивните производи, некогаш можат да послужат и како инспирација, поттик да се купи нешто ново, слично, за подарок или за себе, освен козметичките средства, парфемите, кои мора да се оригинал.

Tiffany & Co. - парфем инспириран од накит

3

Без оглед на тоа што златарницата, која е синоним на гламурот, се наоѓа во Њујорк, парфемот е „француски“. Комбинацијата на зелена мандарина, ирис, мошус и пачули ја осмисли Daniela Andrier, мастер „нос“, инаку вљубеник во украсните предмети на њујоршката златарница што произведува и стакло. Нејзина е амбалажата - Tiffany Blue Box како симбол на софистицираност, стил и кристалното светлосино шишенце (50 милилитри) со Tiffany Lucida и Tiffany Yellow Diamond засеци. Парфемот чини 92 евра.

Bobbi Brown - балсам за „светло“ лице

Во неговиот состав има екстракти од личи (азиска цреша, потекнува од југозападна Азија и јужниот дел на Кина) и бисери, што ја рефлектираат светлината. Едновремено и навлажнува. Резултатот е блескав сјај. Може да се нанесе на чисто лице, пред да се стави пудра, но и одозгора, на образите на пример, како финиш. Кутичето е тамам за во несесер, чантиче, секогаш да се носи со себе, за корекција. Притоа дава свежина, поради што лицето изгледа посветло. Неговата цена е 251 евро.


Шал Stella Mccartney 395€

www.mytheresa.com

Палто Gabriela Hearst 2712 €

www.farfetch.com

Чанта Parfois 1890ден.

Палто Mango 7490ден.

Палто Calvin Klein 1676€

www.farfetch. com

Палто Zara 5990ден.

Чанта Diane Von Furstenberg 97$

www.brandoutlet.com

Палто Zara 4990ден.

Палто Mango 39990ден.

Јакна Lа Seine & Moi 511€

www.farfetch.com

Чанта Parfois 2090ден.

Капа Diane Von Furstenberg 97$

Стоплете ја зимата во меки и елегантни бундички и капути од вештачко крзо, во силни и впечатливи бои.

Топло и меко, елегантно и обоено...

www.brandoutlet. com

Пелерина Uureal Fur 162$

Капут Zara 6490ден.

www.brandoutlet. com

Капут Dries Van Noten 1.885€

www.mytheresa. com

Чанта Bata

Палто Zara 5990ден.

Сандали Parfois 2290ден.

3


интервју Кога ќе се спомене оригинал што потекнува од Македонија, но од Охрид, веднаш помислуваме на Охридскиот бисер и на Михајло Филев, човекот што ги проби границите низ светот и достоинствено го претстави оригиналниот производ. Михајло е четврта генерација од неговото семејство, кој достоинствено ја продолжи традицијата и остана верен на тајната за изработка на Охридскиот бисер. Неодамна, Охрид доби уште едно автентично место што ги мами сите туристи, и домашни и странски - Музеј на Охридскиот бисер, а според Монографијата за Охридскиот бисер е снимен и документарен филм што ја имаше својата промоција на Охридско лето 2017 година. Н. Пушкоска

СВЕТСКИ БРЕНД А МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД -

ОХРИДСКИ БИСЕР

Приказната започна вака… „Еден руски емигрант по име Јован Субанович, кој побегнал поради неповолните услови за живот во Русија и започнувањето на Октомвриската револуција во 1917 година, дошол во Охрид и ја донел со себе тајната од Бајкалското Езеро. Во Охрид се запознал со мојот дедо Никола Филев кој бил сопственик на тогашниот ресторан Велика Србија. Стекнале големо пријателство кое било причина подоцна да му ја каже тајната за изработка на Охридскиот бисер, како подарок и благослов за тоа што пријателски се грижел за него. Ова е доволен доказ дека во животот некои нешта се предодредени. Природата или вишата сила одлучи да се родам во семејството Филеви, кое скоро 100 години е познато по Охридскиот бисер и пренесување на тајната за неговата изработка од колено на колено. И самиот занает е дело на судбината, бидејќи во Охрид пред 100 години никој не знаел дека може да се изработи бисер. Сета магија ја крие Охридското Езеро со својата флора и фауна бидејќи била иста со онаа во Бајкалското Езеро, или поточно рибата плашица или на латински - Albinus Albornus Alborela. Тајната се крие токму во неа, а тоа е

14

крлушката и кожниот епител кој е многу сјаен и со примена на тајната формула се прави емулзија со која рачно се премачкуваат во повеќе слоеви бисерните топчиња што се изработени од срцевина на школка или се спојуваат две природни материи во една. Оваа тајна технологија ја знаат само две семејства, Филеви и Тилеви, кои заеднички низ сите децении како пријатна конкуренција со еснафски респект се бориме да ја зачуваме и пренесеме тајната на следните генерации.“

По макотрпното градење на брендот, денес тајната е во рацете на Михајло Филев, а сѐ започна од неговиот прадедо Никола Филев… „Моите почетоци беа од мали нозе, гледајќи го моето семејство како работи и создава производи од бисерен накит. Во дуќанот доаѓаа многу туристи, пријатели, еминентни имиња од сите бранши - политичари, актери, музичари... од сите страни на светот. Знаев дека нешто се прави и зад затворената вратата на работилницата, чувствував како нешто сокриваат од мене. Тоа беше така сѐ додека не сфатив дека тоа е работа со сериозен пристап, па покрај детската игра, почнав да изработувам, да учам и градам една голема љубов кон занаетот. Со текот на времето сфатив дека нашето семејство значи нешто за културата на Охрид и на Македонија. Знаев дека еден ден ќе морам да го преземам товарот на занаетот и на тајната која е единствена во светот и по која сме познати. Во еден момент, низ образованието и годините имав афинитет кон други науки како историја, географија, политички науки, па дури и фудбал, но бев свесен за тоа дека мора да се продолжи со традицијата во мој личен интерес, на семејството и културата на Република Македонија. Така се одлучив


за негување на традицијата, односно занаетот, да го наградам, афирмирам и заштитам на меѓународно ниво. Покрај моето образование на Факултетот за туризам и угостителство, завршив филигранство златарство, на тој начин сѐ да биде поврзано со традицијата, накитот и туризмот, кој е важна гранка во економијата.“ Охридскиот бисер и семејството Филеви се прочуени во целиот свет. Во 1929 година ја добиваат првата награда за накит создаден од природно потекло од страна на Кралството СХС. Една година подоцна, од кралот Борис III добиваат почесен медал, а веќе во 1957 година, Јосип Броз Тито им доделува златен медал за рачно изработен природен накит, занаетчиство, и воедно бисерот се прогласува за највреден југословенски производ… „Професионализмот, истрајноста, упорноста и љубовта кон тоа што го правиш е универзална формула за успех на секое поле. Тоа го применувам како четврта генерација, со макотрпна работа заедно со мојот семеен тим. Мотивот го црпам од минатото на моите предци, кои успеале низ многу бурни години и историски превирања во Македонија да го зачуваат занаетот за новите генерации, така што еден ден и јас ќе го пренесам товарот и тајната на мојот наследник кој достојно пак ќе го пренесува понатаму. Според сите историски сведоштва, архивски податоци и познавање на тајната формула која преку производот е оригинален доказ и вештина, при испитување на физичко-хемиските својства од страна на институциите, се работи за оригинален производ. Сето тоа придонесе Охридскиот бисер на семејството Филеви да стане заштитен географски назив, сертифициран од страна на институциите и ставен во правна рамка на Република Македонија како посебен бренд препознатлив во светот. Истото тоа го стори и Лисабонската декларација на меѓународно ниво, каде што припаѓаме и сме рамо до рамо со сите други светски брендови. Многу еминентни звучни имиња нѐ посетија во изминативе години и за мене сите имаат исто значење и подеднакво ги почитувам. Чест и задоволство ми претставува на секој турист или група туристи да им направам презентација за Охридскиот бисер. Овој редок, поточно единствен занает, кој ексклузивно го има во Охрид, ја претставува културата на Македонија. Многуте копии на Охридскиот бисер, трговски дуќани што бесправно го користат заштитениот назив Охридски бисер и нудењето лажни сертификати за лажно претставување, предизвикува револт кај туристите кога ќе сфатат дека се измамени. Со нашето долгогодишно постоење, квалитет, проекти, афирмација што ја правам со љубов и макотрпната работа, им докажавме на купувачите кој е нашиот идентитет.“

Владо Јованосвки, Љупчо Николски, Стрезо Стаматоски и многу други. Во делото е опфатен историски период од 100 години со сите семејни, општествени, културни случки, каде што провејува многу патриотизам и љубов, со што предизвика голем интерес и промоција на нашата македонска вредност. Откако занаетот е прогласен како културно наследство на Македонија, дојдов до идеја да отворам Музеј на Охридскиот бисер и тоа и го сторив. Музејот се наоѓа до катедралата Св. Софија. Изобилува со многу содржини, стари фотографии од почетоците, фотографии од сите кралици, актери, музичари, политичари што не посетиле, како и реплика на накитот. Изложени се оригиналните алатки со кои се изработуваат бисерите како и посебен дел за практична презентација на техниката за изработка на бисерот. Во слична насока се движат и нашите идни проекти кои ќе бидат уште поголеми во сферата на производството, креирање и применување нови правци во спој на минатото и иднината, потпомогнати со нови технологии. Сѐ со цел издигнување на културните вредности на Македонија преку Охридскиот бисер. И, секако, врз база на документарниот долгометражен филм, се насочуваме кон игран филм со познати светски глумци, како и учество на сите познати филмски фестивали.“

Богатата историја на старите градски семејствата Филеви и Тилеви овозможи да направат еден историски сублимат на целата семејна историја, од што произлезе Монографија за Охридскиот бисер, поддржана од Министерство за култура. Автор на монографијата е Никола Митровиќ Бабе, доктор по историски науки и архивист, и Оливера Мишева, етнолог. Потоа следуваше проектот за снимање документарен филм, како и отворањето на Музејот на Охридскиот бисер… „Документариот филм според Монографијата за Охридскиот бисер беше прикажан на Охридско лето 2017 година. Направивме најдобар тим од сценаристи, браќата Кумеви, познатите глумци 15


интервју Жана е ателјето каде што ќе ги најдете најуникатните венчални фустани, едноставно совршени за вашиот најубав ден. Лоцирано спроти Владата на РМ во центарот на Скопје, неминовно ќе ви го привлече погледот со белата магија што се шири од излогот. Жана постои околу 46 години, а Марија и Анкица со својот креаторски потпис стојат зад венчаниците веќе 20 години.

Совршена венчаница е онаа што ќе произлезе од вашата визија

Фотографии: Јован Јон

Богата понуда на модели со различен стил... „Секоја жена има своја автентична убавина и свој стил, па наметнувањата на модната индустрија не секогаш имаат позитивни вибрации. Моделот на венчалниот фустан е во склад со желбите на клиентите и нормално, дали прилега соодветно на фигурата на телото. Во нашето ателје има модели од секаков вид и тематика. Секако, некои сакаат поедноставни модели, но некои поекстравагантни и сексапилни. Современата индустрија веќе не ги наметнува класичните венчаници во бела боја, туку почнуваат да преовладуваат и други пастелни нијанси, со необични рачно изработени додатоци. Но, како што напоменавме, ние преку нашите модели се обидуваме да ја изразиме нашата комплетна инспирација, а не по секоја цена да ги следиме модните чекори. Тоа е начинот на кој се изразуваме. Сметавме дека треба да останеме верни на нашето долгогодишно работење и визија што ни дава инспирација за напред. Венчаниците создаваат бела, совршена убавина што изгледа толку природно, посакувано, топло.“ Најновата модна линија од ателјето Жана за современата, скромна и специфична женска убавина… „Целта на нашите модели не е само да ја задоволи нашата визија туку и да одговори на желбите на клиентите. Секоја нова модна линија што излегува од ателјето Жана, креативно ја истакнува женската силуета, со ненаметливи специфични кроеви, како и 3Д форми кои уште повеќе ѝ даваат акцент на женственоста. Беспрекорната нежност се истакнува преку ле16


леавите здолништа, како и преку француската тантела што нежно се допира со женското тело. За да просперирате долго и успешно на пазарот, треба и мора да останете верни на својот стил. Точно е дека стиловите, а со тоа и желбите постојано се менуваат, но целта останува иста - да се обои женската убавина во бело совршенство што зрачи со чистота и совршеност, без да се претерува со пренатрупаноста од бои, дезени и додатоци, бидејќи женската убавина се крие во она што не е пренагласено.“ Процесот на подготовка на уметничкото дело што се крои во ателјето Жана... „Секој модел е своја приказна. И можеби не е толку важен моделот што се изработува колку што е квалитетот на материјалите од кој е изработен. При секоја креација внимаваме да се запазат повеќе елементи бидејќи во оваа професија грешките не се дозволени. Венчаницата треба целосно да се вклопува со желбите, енергијата и телото. Тогаш се добива совршена, финална слика. Квалитетот на материјалите и изработката најмногу влијае на крајниот дел. Секој има свој препознатлив стил, но во поглед на комбинацијата мора да се прифатат сугестии од професионалци, поточно од оние што се занимаваат со оваа професија. Во поглед на грешките, тие се случуваат и во несоодветна комбинација на додатоци како ракавици, вел, наметка и друго. Некои венчаници не одговараат со дополнителни додатоци бидејќи самиот фустан е доволно богат со материјали и рачно изработени додатоци на него, но тоа може да го објасни само добар моден дизајнер, со цел да не се претера во изгледот. Во поглед на изборот на венчаница, важна улога игра и свеченоста дали ќе биде мала или голема, местото за свеченост и тематиката. Како и да е, од сите нешта во добра комбинација, може да се оствари совршена венчавка.“ Секоја невеста е дама со свој стил... „Секоја жена има свој препознатлив стил и според него таа може да биде дама. Не мора да значи дека кралските венчаници се најзастапени и репер за совршена венчаница или тесно припиените модели до телото со француски тул и тантела и сето она што го наметнува модата. Совршена венчаница може да биде секоја што ќе излезе од ва-

шата визија. Онаа невеста што зрачи со позитивна енергија, неминовно е дека ќе изгледа прекрасно дури и да ја носи наједноставната венчаница. Женственоста е одраз на внатрешноста на личноста и нејзините желби што ги манифестира. Секоја невеста сака да изгледа совршено, а што се однесува до стилот што ние го преферираме, тој е секогаш едноставен со акцент на специфично совршените детали. Во тоа е тајната на секоја прекрасна венчаница. Некои материјали не одат во комбинација со други и неприфатливо е да се комбинираат бидејќи така ќе се изгуби тематиката и стилот на венчалниот фустан. За да бидете дама со стил и на вашата свадба, доволно е да се запазат деталите што се ваша желба како, сексапилно отворен грб, деколте, карнери или нежно припиен модел, кралска венчаница со многу тул или куса венчаница, дали ќе биде бела, бледорозова или во беж боја... сеедно, важна е само замислата, а останатото треба да го препуштите на професионалците кои во пријателски разговор ќе ви укажат дали ви прилега и ќе го одберат соодветниот материјал за вашиот фустан.“ Марија и Анкица, креаторки на романтиката во стилот... „За да се постигне врвот во една професија мора да се работи напорно на секое поле. Покрај визиите, мора будно да го следите секое модно случување на светско ниво, саеми за венчавки и модни ревии, многу активност во нештата бидејќи модната индустрија постојано лансира новитети. Иако не преферираме да ја следиме модата туку активно го наметнуваме сопствениот стил, сепак, мора да бидеме во чекор со случувањата заради материјалите, боите, додатоците... Можеби досега кај нас не беа актуелни венчаниците во боја со разиграни дезени, но модата го наметнува тоа на пазарот. Затоа сугерираме, секоја невеста да си ги следи желбите и визиите, да остане верна на она што го посакува за да може да ја доживее својата романтична фантазија. Без оглед што и да одберете, најважно е да бидете среќна и да знаете дека за тој до вас, вие сте најсовршената невеста што постои.“

17


I Do е професионално ателје за организирање настани од најситниот детаљ до целсна организација, кое постои од почетокот на 2012 година. Сместено во мало сокаче во близина на срцето на Битола, I Do е вториот дом на сопственичката Маријана Танчевска Симакоска, каде што ги добива сите креативни идеи, смиреност и исполнетост преку работата... Во пресрет на најубавите празници, Маријана ни говори за магичните моменти на радост и споделување... I Do е прифаќање на љубовта, прифаќање на моментите што доаѓаат, прифаќање на заедничките желби и сплотување две патеки во една насока што ја познава само љубовта... „Животот е како роман и секој ден е нова страница. Страница од тој живот e и I Do. Самиот збор звучи магич­ но, а со тоа и миговите што ги носи со себе. Ова е ком­ плексна, но совршена професија, бидејќи ги опфаќа сите убави моменти од животите на луѓето. Јас сум директно инволвирана во сите радосни моменти на моите клиенти. Понекогаш можеби е напорно, но крајниот дел е магичен. Бог на сите ни дал некоја дарба. Работата го трансформира талентот во страст. Мојата страст е цвеќето, љубовта кон ситните детали кои прават големи работи. Фантазијата, желбата да бидам своја, уникатна, независна, да творам, да создавам беше причина да ја засакам оваа професија. Преку неа го остварувам својот сон. Среќна сум во тоа што го работам. Среќна сум што сум дел од прифаќањето на заедничкиот сон на луѓето. Среќна сум за малите работи... Зборовите се најмал­ ку потребни, делата го кажуваат своето!“ За да биде успешно организиран и декориран еден настан, пред сѐ се потребни инспирација и добро планирање… „Патот до успехот е тежок. Секогаш треба да бидеме подготвени да се сопнеме и да направиме грешка на патот. Тоа е сосем нормално, особено на почетокот. За секои два чекора напред треба да очекуваме еден назад. Но, никогаш не треба да се откажеме! Борбата нѐ

18

I DO... за

СОВРШЕНИ МИГОВИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ прави посилни, поуспешни. Секоја работа има своја тежи­ на. Така е и со организацијата, планирањето. Најпрво тре­ ба да се има визија, цел, да се осмисли, изработи и потоа да се употреби. Користам повеќе декоративни предмети од рачна изроботка, а за тоа е потребно време, посвете­ ност, концентрација. Битно е местото (дали тоа ќе биде отворен или затво­ рен простор) како и темата и кои бои го користат просто­ рот. Понекогаш самиот простор ја диктира темата, дали таа ќе биде рустикална, елегантна, ретро, класична и сл. Но секогаш желбата на клиентите е персонална и не се

Фото: Златко Младеновиќ

интервју


обидуваме да сугерира­ ме доколку нема простор за тоа. Исто така, битен фактор е и бројот на гос­ тите што ќе бидат дел од настанот. Кои детали ќе бидат користени, видот на цвеќето што зависи од сезоната и сл. Но со пози­ тивна енергија, љубов и трпение секој настан од моја страна е остварен и доживеан како траен спо­ мен за секој клиент. Задо­ волството на клиентот за мене е најголема придо­ бивка. Нема подобар сон после успешно завршена работа.“ Квалитетот е секогаш побитен од квантитетот. Тој е резултат на напорна работа, високи цели, упорност и посветеност. Секогаш настојувајте да се издвојувате од толпата… „Мојот стил е препознатлив по материјалите што ги користам. Тантелата, брошовите, сатенот, маркизетот и кристалите се детли кои секогаш го дополнуваат изгледот во секоја декорација. Тие се мојот заштетен знак. Исто така, особено ги преферирам јутата и конопот кои се совршен детаљ на рустичниот стил. Доколку станува збор за стилот винтиџ кој никогаш не излегува од мода, корис­ там стари декоративни предмети (рамки, книги, свеќни­ ци, фенери, дрвени кутии и сл.) секогаш комбинирани со свежо цвеќе. Во овој стил особено ги користам златната и бронзената боја. Ги следам трендовските случувања, но не бегам од рамките на мојот стил. На клиентите им сугери­ рам да ја следат својата интуиција, бидејќи секој момент е дел од нив. Стилот на секој клиент е персонален. Јас само можам да ја креирам нивната замисла. Најбитно ми е клиентот да добие што повеќе информации за сите де­ тали и случувања. Визуелните презентации се моќна алат­ ка. Пред настанот настојувам клиентот да добие целосна презентација на настанот што ќе го организирам. Нивното задоволство е мојот најголем успех.“ Елеганција е кога внатрешноста е подеднакво убава како надворешноста, Шанел „Модните трендови ги следам преку социјалните мре­ жи и повеќе веб сајтови, но најмногу преку патувања и по­ сети на случувања што се дел од мојата професија. Тренд детали што доминираа оваа година беа геометриските фи­ гури дополнети со цвеќе или свеќи. И камењата и криста­ лите исто така. Потоа цветната позадина и цветните обра­ чи. Балоните во форма на бројки и букви беа MUST HAVE

речиси на секој настан. Колку поголеми толку по­ добри! Стилот е начин да се покажете себеси без да зборувате. Тој е осо­ бина на секоја личност. Мојот стил е романтичен, женствен, елегантен. Ја сакам романтиката (сите имаме различна визија за романтика), а особено цвеќињата. После жена­ та, цветот е најубавото нешто што Господ му го дал на светот.“ Креативноста е енергија што се храни преку продуктивни нешта... „По природа сум ам­ бициозна и самоуверена, сакам нови предвизици, напредок, успех, така што успевам да избалансирам со останатите обврски. Са­ кам позитивни луѓе, патувања, добра книга, добар филм и мислам дека тоа е она од кое секој од нас треба да црпи енергија. Сакам медитација, јога и театар. Мислам дека не само ние што се занимаваме со креативна професија, туку апсолутно сите, треба да се релаксираат со продук­ тивни нешта. Обожавам да готвам и да експериментирам со храната. Можеби затоа и во професијата секогаш са­ кам да внесам нешто ново и интересно. Си поигрувам со бои и материјали. Но, уредноста мора да биде на прво место. Мора сѐ да биде наредено како под конец. Тоа е дел од мене.“ Животот се состои од моменти. Секој момент претставува доживување и искуство во животот. Со позитивна енергија секој момент може да се претвори во оаза на задоволство… „Само убавите моменти можат да остават траен спомен во срцето. Насмевката има најголема моќ, затоа подарете насмевка, прегратака, убав збор, комплимент. Уживајте во својата свадба, роденден, запросување... Едноставно - уживајте во миговите. Најдобриот начин за да ја пред­ видиме сопствената иднина е да ја креираме. Иднината припаѓа на оние што веруваат во убавината на својот сон. Имајте цел, план во животот. Мојот сон, моите планови, мојата цел се секогаш поврзани со I Do. Би посакала што повеќе можности, патишта за напредок, патувања, повеќе љубов, среќни луѓе што споделуваат убави моменти. Веру­ вам во љубов, во среќа, во моќта на жената. На крајот на денот, секогаш му велам „I Do“ на животот, на моите со­ ништа и желби. А со тоа и му ветувам дека никогаш нема да се откажам од нив. Тоа ви го посакувам и вам!“

19


козметика Фризурата е еден од најважните аксесоари на секоја жена и го надополнува нејзиниот комплетен изглед на еден посебен начин. А зависно од формата на лицето и бојата на косата секој може да креира свој посебен стил како да ја обликува фризурата, одбирајќи поинакво потстрижување и боење.

Трендот во светот на

фризурите

Н

е постои жена што не ужива да ги погледне најно­ вите трендови од светот на фризурите, кои најго­ лемото претставување го имаат на модните случу­ вања за време на Модните недели во најголемите модни центри, Лондон, Њујорк, Париз и Милано. Доколку во моментов размислувате да ја смените вашата фризура, тогаш запознајте се со трендовите што ќе владе­ ат во 2018 година…

Трендот на боите

Кога станува збор за тоа кој тренд на боење ќе владее, најважно е – не оставајте ја вашата боја запоставена. Из­ бледената руса коса продолжува да биде тренд и во 2018 по големиот хит во 2017 година. Најпопуларни меѓу овие тонови се платинестата руса и пепелавата руса, кои нудат прекрасна промена по класичната златна руса. Популарните техники на боење на косата, Балајаж и Омбре, исто та­ ка остануваат ме­ ѓу трендовите во новата година. Ба­ лајаж е впечатли­ ва техника со која се постигнува при­роден изглед на бо­јата на косата и посакуваниот из­ глед „бакната од сонцето“.

20

за 2018 година

Куса фризура само за храбрите жени во 2018 година

Кусата фризура е дефинитивно во мода во 2018 годи­ на, и доколку се сомневате во тоа слободно погледнете ги фризурите на некои од најпопуларните дами на Холивуд. Кара Делавињ и Кристен Стјуарт се одлучија за сосем куса, машка фризура, додека Кети Пери се одлучи за малку по­ долга. И најдоброто во нивниот избор е тоа што сега не треба воопшто да се грижат околу негата и стилизирање­ то. Ако сте и вие една од храбрите жени и сакате голема промена, тогаш земете го предвид овој стил. Ако се одлучите за куса коса во 2018 година, не забо­ равајте дека тренд се острите, чисти рабови. Исто така се истакнува и степенестото потстрижување но покусо одна­ пред, подолго одзади.


Трендот кај долгата коса во 2018.

Средната должина на косата останува тренди

Во истовреме, ниту премногу куса ниту премногу долга. Должина до под ушите или малку подолга, најмногу до над рамениците е најдобрата должина бидејќи лесно може да се обликува на различни начини, во контраст со кусата, а во истовреме многу полесно да се одржува нас­ проти долгата коса. Не ви е потребна дополнителна при­ чина зошто би одбрале фризура со оваа должина. Паж фризурите се евергрин меѓу стилистите така што нема да згрешите ни со нив. За новата сезона, фризерите советуваат доколку се одлучите за средна должина на ко­ сата, истата да ја тргате зад ушите, а само задниот дел да го оставите да паѓа слободно, обликувајќи ја со гел, или пак закачена со плетенка, шноли и слично.

Ако имате убава, негувана долга коса, тогаш опсегот на опциите за тренди фризура во новата година ви е огро­ мен. Како број еден тренд се издвојува „мокриот“ изглед, кој порано беше популарен само кај кусата и евентуално малку подолгата коса од кусата. Но стилизирањето на ваквиот изглед е особено битно затоа што во спротивно може да добиете неуреден наместо кул изглед. Едностав­ но, залижете ја косата од страните наназад со гел и ва­ шиот моден изглед е завршен. И различните варијации со плетенки се тренд за следната сезона. Ед­ ноставно направете си мала плетенка некаде во косата и пуштете ја слободно да паѓа со останатата коса. Тоа ќе ѝ даде необичност и ќе го раздвижи се­ којдневниот изглед на брановидната коса. И на крајот, не за­ боравајте дека во 2018 година фризерите ќе се свртат кон аксесо­ арите за коса, поточ­ но разните украси, па така нема да згрешите доколку на опавчето ставите панделка, би­ дејќи оваа година во тренд се префинетите додатоци за коса.

21


Убавка Петков е сопственичка на Петков Козметик, а воедно важи за комплетна жена со широки визии, цврсти ставови и неограничена количина храброст во приватниот и во деловниот живот. Успехот што го постигнува низ годиниве во и надвор од Македонија говори за нејзината сила и шарм, со што ја создаде својата деловна империја. Таа ги сподели со нас нејзините визии и ставови за жената и негата на убавината...

Едноличноста

не ѝ прилега на ниту една жена УБАВИНАТА НА ЖЕНАТА е НАЈВЕЛИЧЕСТВЕНОТО НЕШТО...

Убавината на жената е една ком­ плексна тема па затоа не можеме да ја идентификуваме само според физичкиот изглед. Таа вклучува и многу други фактори и карактеристи­ ки што се дел од целокупната личност. Убавината на жената со себе носи низа придружни одговорности и токму затоа претставува важна алка во нејзиниот живот. Зад секоја убава жена се кријат многу тајни и вештини што ни оставаат силен впечаток и што говорат за нешто што е комплетно, стабилно, созреано, со свои ставови, имиџ и углед. Убава жена е секоја онаа што е реализирана на повеќе полиња, а притоа не дозволува нештата и обврските од секојдневието да ја спречат постојано да се надограду­ ва и надополнува. Тоа значи дека убави­ ната доаѓа однатре и создава магија што ги плени луѓето оставајќи им впечаток на нешто чисто, нежно, доверливо и со јасни ставови.“

СПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА КИЧОТ... „Според мене, кичот е еден новоком­ пониран синдром на различни видови 22

генерации и сметам дека времето го наметна истото и токму затоа повеќето жени се заробени во овој невкусен стил. Тоа доаѓа од спојувањето повеќе трендо­ ви во еден, желбата да се остави нека­ ков впечаток во средината, желбата да се изгледа многу постаро или помладо (во зависност од возраста), желбата за привлекување внимание на начин што не е соодветен за таа личност. Затоа се­ кој треба да внимава на своите желби и својот стил, бидејќи само на тој начин се создава препознатливост и се дава позитивна енергија на другата страна, почнувајќи од сопствениот карактер, парфем, мејкап, па сѐ до целокупниот надворешен изглед. Она што е разголе­ но, достапно и транспарентно НЕ секо­ гаш е привлечно...“

УБАВИНАТА ВО ЗИМСКИТЕ ДЕНОВИ.. „Како сопственик на салон за убави­ на, а притоа имам и академија за изучу­ вање изработка на професионални но­ кти и шминка, со сигурност можам да потврдам дека во последниве неколку години негата на жената е на повисо­ ко ниво од претходно и интересот сѐ повеќе се зголемува без оглед за кое годишно време станува збор. Она што е интересно е дека животот наметна


една дополнителна и сериозна обврска на современата жена, а тоа е потребата да се грижи за својот изглед а сепак тој да биде во склад со трендот и времето. За да може една жена да го покаже својот уникатен печат треба едноставно да биде своја во секое време и прилика. Искрени­ от говор и насмеаните очи се единстве­ ниот печат што не може да се имитира или глуми, тоа е уникатно и единствено за секоја индивидуа. Точно е дека брзиот живот ни носи многу проблеми и борба за опстанок, но не секогаш целта ги оп­ равдува средствата.“

МАГИЈАТА НА ПРАЗНИЧНИТЕ ДЕНОВИ... „Магијата на празниците тешко се опишува со зборови. Тоа се денови исполнети со љубов и желба за убав и комплетен изглед. Секоја комплетна жена знае дека убавината не се состои само во изгледот, туку и во она што се носи во себе. Насмевката и убавото рас­ положение се најголемиот украс на секоја личност, тоа е како магија. Во пресрет на најубавиот празничен пери­ од, за развој на идејата за реализација на сопствена­ та мистична убавина секој треба да вложи во своите идеи и во разубавување на внатрешноста, а потоа да вложи и во свежината и одржувањето на надво­ решноста. Магијата се негу­ ва прво однатре за да изле­ зе на површината.“

АКАДЕМИЈА ПЕТКОВ КОЗМЕТИК… „Академијата Петков Козметик е активна многу одамна и преку нашата про­ грама успеваме да пренесе­ ме дел од личното знаење на сите идни заинтересира­ ни кандидати што сакаат да отпочнат сопствен биз­ нис од областа на козмети­

ката и негата на жената. Заинтересираноста е огромна и токму затоа постојано следиме и воведуваме нови мето­ ди и дополнителни едукации каде што сакаме на наши­ те кадидати да им ги посочиме сите придружни задачи и одговорности што се наметнуваат при водењето сопствен бизнис. Извршувањето на услугата од некоја конкретна дејност не опфаќа само квалитетна изработка на истото, туку и начин на кој таа се нуди, начин на кој се презентира, па сѐ до менаџерски облици кои според мене се клучен фактор за добар успех.“

СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА Е ПРАЗНИК ЗА ПОЧИТ КОН ЖЕНАТА... „Минатата година бев гостинка на една телевизија каде што токму под мотото на оваа тема имавме отворе­ на дискусија за тоа дали убавината на жената треба да се слави само еден ден и колку се почитува нејзината вред­ ност, воопшто. Моите ставови во однос на оваа тема се сосем спротивни од она што самиот ден го наметнува и сметам дека жената треба да биде почитувана во текот на целата година. Благодарение на мојот сопруг кој е извон­ реден и уникатен во начинот на изненадувањето и ис­ кажувањето внимание, чувствувам љубов во текот на це­ лата година и посакувам секоја жена да го живее ваквиот сон. Тоа е она што нѐ прави среќни и комплетни. Запом­ нете дека сѐ започнува од нас самите. Какви ќе одлучеме да бидеме, така ќе нѐ гледаат и останатите. Бидете свои и оригинални за да успеете подолго да ја зачувате мисте­ риозноста, бидејќи едноличноста ниту на една жена не ѝ прилега.“

23


мама+тато = јас Современиот начин на живот ги наметнува искривените правила што излегуваат од рамките на она како постапувале нашите родители со нас. Сѐ повеќе се соочуваме со „современи“ родители што се плашат да излезат од својата зона на удобност и да ја нарушат сопствената хармонија, па родителството го сфаќаат како товар и нарушување на секојдневието. Но, само додека да сфатат дека тоа е најубавиот период од животот на една личност…

Најголемиот успех во животот е среќно дете

Н. Пушкоска

ТЕЛОТО СЕ МЕНУВА, НО ЗАДОВОЛСТВОТО РАСТЕ

О

ткако жената ќе се породи и ќе почне да дои, телото целосно се менува. Доаѓаат непроспиените ноќи, нервозите и сите одговорности околу најмалиот член на семејството. Тогаш стигнува разочарувањето. Но, почетоците се секогаш најтешки. Иако станува збор за најблагородниот период во животот на родителите. Од времето на нашите родители кога ние бевме деца, многу работи се изменија сега кога ние треба да бидеме родители. Но, тоа не значи дека не можете да го дадете својот максимум и да се обидете на најлесен начин да прифатите дека тоа мало детенце што без никакво чувство на вина ве буди во доцните часови е најскапоценото и најубавото нешто што ви се случило во животот. Доаѓа време кога ќе разберете дека моментот кога ќе го земете вашето најмило во прегратка е многу поважен од темните кругови околу 24


вашиот живот, туку го средува. И не прави хаос од вашето живеалиште туку од него создава дом и му дава смисла на секој нов ден. Кога ќе порасне, сѐ би дале барем уште еден ден да ги гледате расфрланите играчки и тие две рачиња што се трудат да склопат две коцки. Помислете само колку чини радоста кога ќе успеат во тоа. И колку вреди таа насмевка со првите запчиња после долгите непроспиени ноќи. Ова богатство нема цена, но има ограничено траење. Детето расте, а вие научете да уживате во секој негов нов ден, бидејќи тоа се непроценливи моменти кои никогаш нема да се вратат.

очите и брчките за кои секогаш се грижевте вешто да ги сокриете. Ви текнува на слободата и на сите моменти што ви се скратени, но сфаќате дека во рацете го држите целиот свет и повеќе ништо друго не е толку важно. Иако не сте рамнодушна кога ќе се погледнете во огледало помислувајќи како целиот напор да останете во добра форма бил залуден, сепак свртете го погледот накај своето дете и ќе сфатите дека таа трансформација не била залудна.

ЗА ПРВПАТ ВО ЖИВОТОТ, НЕКОЈ ДРУГ Е ПОВАЖЕН ОД ВАС

А

ко досега своите желби и обврски ги стававте на прво место, сега е време својата енергија да ја насочите кон вашето дете. Промените не се нималку лесни, но откажувањето од сопствените амбиции е задолжителен дел. Ако досега внимававте на здравиот начин на живот и здравата исхрана, сега ќе се пренасочите кон подготовка на здрави оброци за вашете дете со внимателно одбрани продукти и целосно здрав начин на живот. Но, тоа не значи дека се откажувате од себеси. Само сте ставиле некој друг пред вас и неговата среќа е најважна. Кога ќе научите дека не треба да им се спротивставувате на обврските и на сите одговорности што доаѓаат со раѓањето на бебето, полесно ќе се снајдете во целата новонастаната ситуација и одново ќе можете да си создадете свој дневен ред, овој пат сосем поинаков од претходниот.

ДЕТЕТО НЕ ПРАВИ ХАОС ОД КУЌАТА, ТУКУ ДОМ

С фото: Студио 38, Струмица

екојдневно ги слушам коментарите од моите пријателки како детето прави хаос со играчките на сите страни, шишето на една страна, чинијата на друга, коцките на трета, а топлото кафе остинало и веќе ништо нема смисла, животот ја губи својата боја. Колку голема заблуда! Дали средените полици и празните масички носат поголема хармонија од детскиот џагор и обидот тоа мало дете да си создаде радост во својот свет преку играчките и сите нешта што ви пречат вам. Тоа не прави хаос од

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ МОЖАТ ДА ПОЧЕКААТ. ВАШЕТО ДЕТЕ Е ПОВАЖНО ОД ВИРТУЕЛНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

К

ога ќе се сетам на најраните денови од моето детство, никаде во сеќавањето не можам да соочам момент со она што се случува сега. Современиот начин на живот е виновен за постапките на многумина. Имам пријатели на кои компјутерските игри им се поинтересни отколку игрите со сопственото дете и мобилниот телефон и социјалните мрежи се поактуелни додека нивното малечко лежи во своето креветче и си игра со некоја излитена играчка. Тоа го прават многумина и за жал за нив тоа е сосем нормално. Но, ајде да ја погледнеме приказната од другата страна. Порано немало смартфони, но имало други алатки за забава, а сепак нашите родители нѐ одбрале нас за најдобро поминато слободно време. Наредниот пат кога повторно ќе го сторите тоа, само помислете на овие зборови и завртете ја главата на другата страна, кон вашето малечко. Она што ќе го видите ќе ви го даде соодветниот одговор на тоа што е најдобро во тој момент да направите. Во ред е да имате и свој начин на одмор и време за себе, но само откако ќе ги исполните сите одговорности и обврски кон него.

ПСИХОЛОШКАТА ЗРЕЛОСТ НЕМА ВРСКА СО ГОДИНИТЕ

Р

одителството е голема одговорност, но и најголемата среќа што овој живот може да ни ја даде. Колку родителите се подготвени за тој чекор, нема никаква врска со возраста, туку со соодветната психолошка состојба. Некои луѓе и по триесеттата година во животот сметаат дека сѐ уште не се подготвени за улогата родител. Повеќе се грижат за успехот, кариерата, забавите, редовната грижа за сопственото тело и разубавувањето, отколку за својот биолошки часовник. И едноставно не сакаат да разберат дека најголемиот успех во животот не е оној на деловното поле туку во домот, како остварен родител. И нема поголема исполнетост во животот, ниту поголемо признание, бидејќи најголемиот успех во животот е среќното дете!

25


тиин разговори Си се заљубила во него премногу, а тој бидејќи го знае тоа, го користи за да те повреди. Го толерираш, ги трпиш неговите навреди, ја играш таа игра по негови правила... и до кога така?

Н. Пушкоска

НАЈВАЖНОТО ПРАВИЛО ЗА СРЕЌА: НЕМА ПРАВИЛА

Т

и ги живееш најубавите денови од животот и не смееш да дозволиш некој да си поигрува со тебе. Зарем е единствено момче па се плашиш дека ќе го изгубиш? Како би издржала без него? Многу лесно! Најпрво - не очајувај. ТОЈ само те вплеткал во својата стапица и сака да те направи свој плен. Сѐ што треба да направиш е да се опуштиш и да разбереш дека никој не е поважен од тебе и секој заслужува да ужива подеднакво во врската. Љубовта не прави поделби на момчиња и девојчиња и секој има свое место во врската, која треба да биде уживање, а не измачување. Понекогаш, девојките, поради некое неодамнешно разочарување во љубовта, се плашат да се опуштат и им дозволуваат на момчињата да раководат со нивните чувства, без јасно да ги кажат своите желби и соништа. Но, ти не смееш да бидеш една од тие девојки. Бидејќи, животот е за уживање!!! Кога некои нешта не одат како што треба, или треба да ги промениме, или да ги прифатиме како такви и да живееме со нив. Но, кога се работи за љубовта, секогаш мора да знаеш дека таа е најволшебното нешто, највозвишеното, најчистото нешто и најскокотливото нешто што го чувствуваш и што се случува и затоа покрај неа нема место за измачување. Сите дилеми мора да се решат за да биде љубовта целосно уживање.

ПРАВИЛО БРОЈ 1

НИКОГАШ НЕ МЕНУВАЈ СЕ ЗА НИКОГО

Т

оа значи дека мора да останеш таква каква што си без оглед дали момчето сака да се однесуваш како во некоја негова замисла. Ако те сака, ќе те прифати

26

како таква и ќе ужива со тебе. Најдобар предуслов за секоја успешна врска е да бидеш природна и да не глумиш „лудило“ пред него. Секоја глума изгледа многу смешно, како искривување на оригиналот. Момчињата сакаат природни девојки. Докажи дека и ти си едно од оние девојчиња кои без оглед на околностите остануваат свои.

ПРАВИЛО БРОЈ 2

БИДИ ПОСЕБНА, СВОЈА И ОРИГИНАЛНА

Д

ржи се до своите желби и ставови. Изненадувај го, смислува свои и оригинални нешта, покажи му колку ти се допаѓа, но не и дека те поседува за да си игра со тебе. Биди силна девојка која знае што сака и која знае да им удри „корпа“ на момчињата што не ја почитуваат. Момчињата не ги сакаат девојките што им се лесно достижни и кои немаат свое мислење. Повеќе ги привлекуваат девојките кои се свои и кои знаат да кажат што сакаат и не се плашат да го кажат тоа на глас. Сепак, ти си му девојка, а не предмет што го поседува.

ПРАВИЛО БРОЈ 3

НЕ ПЛАШИ СЕ ДА ГО КАЖЕШ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ

А

ко на секое негово прашање климаш со главата и воопшто немаш свое мислење за ништо, за многу кусо време ќе му станеш здодевна и вашата врска ќе стане монотона. Зошто мислиш дека така повеќе ќе те засака? Зарем мислиш дека ќе го изгубиш ако го кажеш своето мислење? Зошто едноставно не се опуштиш и не уживаш во


врската? Па, ти не си роб во врската, туку исто како и него во врската влезе бидејќи меѓу вас постоела хемија и се родила љубов. Ако нешто не ти се допаѓа, тоа кажи го јасно и држи се до својот став. Никој не смее да те присилува на ништо што не сакаш, бидејќи тоа не е љубов. Ако те сака, мора да научи и да те почитува, а тоа значи да те прифати и тебе и твоето мислење и да ужива во она што му се случува додека е со тебе.

ПРАВИЛО БРОЈ 4

ОНА ШТО НЕ ТЕ УБИВА ЌЕ ТЕ НАПРАВИ ПОСИЛНА

Н

е очајувај ако нештата не одат како што мислиш дека треба да одат. Како што постои почеток, мора да постои и крај. Ако врската не оди, подобро е навреме да ја завршиш, отколку да се измачуваш во неа. Додека се обидуваш да ги поправаш работите само ти, а тој си ужива и не се труди да ја спаси врска-

та, не очекувај дека ќе се поправи. И не мисли дека е крај на светот ако не си веќе со него. Ти си девојка што го заслужува најдоброто и сигурно ќе дојде и тоа. Подобро е да бидеш сама отколку со некој што воопшто не знае да те почитува и си поигрува со твоите чувства. И запомни, има толку многу момчиња што чекаат на твојата љубов, а ти залудно си го трошиш времето, попусто обидувајќи се да го промениш момчето. Она што треба и мора да го направиш е целосно да се повлечеш од врската, да се посветиш на себе и на луѓето што те сакаат и да ги прошируваш своите квалитети. Секое лошо искуство е за нешто добро и сигурно ќе биде така. Којзнае, можеби и тој кога ќе сфати дека те изгубил целосно, ќе се промени и ќе сака да те врати, но најважно е само да го следиш срцето и никогаш да не дозволиш да бидеш она што не си.

ПРАВИЛО БРОЈ 5

БИДИ СВОЈА

И

остани таква. Љубовта е единственото нешто што е создадено за уживање, а не за измачување. Можеби сега ти изгледа како ништо да не е онака како што треба, можеби си во вителот на тагата и се обидуваш да го преболиш, можеби веќе си го преболела... сеедно, продолжи само напред. Понатака во животот ќе се соочиш со уште поголеми проблеми и ќе сфатиш дека овие биле слатки маки што морале да поминат во твојот живот како искушенија и темни облаци. Ти остани силна и не попуштај ѝ на тагата да те победи. Излегувај со другарките, дружи се со сите, смеј се, едноставно, живеј го животот и уживај во него. Ќе се изненадиш колку брзо ќе ти помине мислата за него и ќе најдеш момче кое навистина ќе те заслужува и нема да те измачува, туку ќе те прифати таква каква што си и ќе те сака безрезервно бидејќи навистина заслужуваш. Живеј го својот сон и своите желби и уживај во она што ни се нуди со секој нов ден. Не заборавај, ти никогаш нема да бидеш сама. Искористи ги овие весели и убави денови најдобро што можеш. И најважно од сѐ, знај дека најдобро правило за среќна врска е твоето правило, а тоа е - ВО ЖИВОТОТ НЕМА ПРАВИЛА. 27


Јакна Suki 39$

www. princesspolly. com

Чанта Mango 2990ден. Капа Federica Moretti 101€ www.farfetch.com

Патики Bata

Фустан Mango 1490ден.

Чевли Bershka 2290ден.

Блуза Mango 990ден.

Јакна Roberto Collina 226€

www.farfetch.com

Тренди, плишано, палаво...

Сукња Bershka 1790ден.

И оваа сезона задржи го твојот тренди стил, така што ќе вклучиш малку плиш во секојдневните комбинации...

Ранец Parfois 2090ден. Чевли Prada 304€

www.farfetch.com

Блуза Bershka 1190ден.

Јакна Zara 4990ден.

4

Патики Mango 1490ден.

Блуза Bershka 990ден.

Патики Bershka 1890ден.


Можност за префрлување и упис на вонредни ученици Бизнис

Администрација

Информатика

10 ГОД И Н И

е твојот најдобар избор www . saba . edu . mk

САБА Скопје, Битола, Штип и Куманово тел: 078 384 005

Туризам


нешто ново... за него

Привлечно, допадливо,

со сите убавини во себе Clive Christian Парфем што мириса на богатство

1

Британскиот дизајнер е познат по кујните што ги изработува и, се разбира, парфемите што важат за најскапи на светот. Затоа и велат дека мирисаат на богатство, природното во овој случај. Парфемот C, првата буква на неговото име и презимето, е дел од т.н. приватна колекција на дизајнерот, инспириран од дивината, убавината на шкотскиот пејзаж, комбинирајќи ги есенциите од зелените лисја, тутунот и Evernia prunastri (oakmoss). Цената на 100-милилитарското шишенце изнесува 451 евро.

3 Cutler and Gross Очила за сонце инспирирани од филмот Kingsman

2 30

Што одговара на карактерот... Всушност, неговиот избор е одраз на темпераментот, животната енергија, вклучително и желбата да се допадне некому, најмногу себеси. Секако, треба да кореспондира и со неговите манири, стилот што се гради со години, децении, постојано надградувајќи го бидејќи, како што велат, модата минува, тој останува.

Синоним на ликсузот - тоа е Cutler and Gross, англискиот бренд очила за сонце, основан во 1969 година од страна на Gream и Tony. Високите цени се подразбираат. Филмот Kingsman: The Golden Circle, поточно ликот (фиктивен) на Harry Hart кој го игра Colin Firth, на дизајнерите им послужи како инспирација за новите очила што имаат стопроцентна заштита од ултравиолетовите зраци. Рамката е метална, мат (димензии: 13,5×4,5 см), леќите се кафеави, ретро, и чинат 439 евра.

Burberry - Кожени ракавици со постава од кашмир

Откако доби раководна улога, одговорен за креативноста, Christopher Bailey внесе раздвиженост, свежина во Burberry, разбивајќи ја неколкудецениската „меланхолија“, без оглед на препознатливоста - шарата (тартан) и минимализмот што успеа да ги сочува. Британската модна куќа е позната и по аксесоарите, како ракавиците на пример. Новите се кожени, мазни, во боја на капучино, украсени со три штепа одозгора и лого (изгравирано на златна плочка), нитна одзади, а поставата е изработена од кашмир. Се продаваат во три големини, по цена од 314 евра.


фото: Алекс Јакимовски

Класична елеганција Стајлинг: Signori

3


интервју

Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис. Во наредните години маестро Цанев остварува многубројни концерти со Македонската филхармонија, како и со нејзиниот Камерен оркестар во Македонија и во странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, турнеја во Полска, Загреб, Њујорк) С. Јованчева

Единствен показател за вредноста на еден уметник или дело е времето,

Борјан Цанев 32

Д

ипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис во Кралскaта оперска школа. Добитникот на македонското признание „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати кај нас и во странство.


Почетоците во музичките води… „Растев во музичко семејство и уште од многу рана возраст бев во контакт со музиката, пијаното, виолината итн. Подоцна почнав и со првите часови по пијано и солфеж во Нижото музичко училиште. Да бидам искрен, на почетокот не бев голем љубител на вежбањето и редовното одење на часови. Но сепак тогаш бев многу мал, немав трпение и очекував брзи резултати еднакви на чудо. А во нашава работа тоа е невозможно. Подоцна работите се променија и почнав да гледам на нештата малку поинаку.“ Да се биде диригент... „Тоа е една од најодговорните, најсложените и најконтроверзните улоги во еден оркестар, оперска куќа и сл. Бара комплетна музичка и психофизичка подготвеност. Всушност, диригентот не свири, не произведува никаков звук сам по себе. Но тој мора да има јасна претстава за целата музичка слика на делото и јасна стратегија и план како најдобро и најбрзо да се стигне до целта. Нешто слично на режисерот во театарот, генералот во војската. Речиси без исклучок, во земјите со поголема традиција, диригентите се главните носители и уметнички раководители на симфониските оркестри и оперските куќи. Тие се комплетно одговорни за уметничкиот дел. Го прават репертоарниот план, се грижат за развојот и квалитетот на матичната куќа. Тие се уметнички директори и заедно со менаџерите, т.е. техничките директори, соработуваат во интерес на куќата. Кај нас работите се малку поинакви. Но сеедно, Македонската филхармонија досега беше пример за професионална и добро организирана институција, а уверен сум дека ќе остане и понатаму. Јас секогаш сум давал и ќе давам максимален придонес кога е потребно. А совршена изведба не постои, бидејќи никој од нас не знае што е тоа совршенство и каде се наоѓа неговата граница. Во уметноста, изведувачите и публиката честопати имаат различни ставови и критериуми за тоа што е добро а што не. Но едно е сигурно - колку повеќе труд се вложува, шансите за добра изведба се поголеми.“ За настапите што оставаат најголем впечаток… „Ги има повеќе, но доколку треба да издвојам еден, тоа секако е гостувањето на Македонската филхармонија во Загреб 2014 година. Оркестарот свиреше неверојатно, мотивирано и на европско ниво. Им благодарам на моите колеги за незаборавната вечер.“ Од 2002 година до денес, Борјан Цанев е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија 2004 година му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Во 2005 година Цанев дебитира во Македонската опера и балет, каде што следната година ја поставува премиерата на „Волшебната флејта“ од Мо-

царт. Покрај гореспоменатите, Цанев диригирал и со Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ од Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Дејвид Герет, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Кристоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Сајака Шоџи, Бранимир Слокар, Ана Дурловски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство, вклучувајќи ги „Жорж Енеску“, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката и други. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“. За соработката со солистите... „Секогаш коректна и професионална. Се обидувам на солистот да му овозможам комотен простор за да може да се изрази најдобро што може. Во мојата 20-годишна кариера, имав среќа да настапам со завиден број врвни светски солисти, искуство кое нема цена. Инаку, денес условите за работа во новата концертна сала се извонредни! Сѐ што е потребно за еден високо професионален симфониски оркестар. Дури и многу повеќе од каде и да било во нашата околина, па и пошироко.“ Награди и признанија… „За мене наградите не претставуваат доказ дали еден уметник е добар или не. Или уште повеќе дали вреди или не. Да, имам добивано награди. Истото мислење го имам и за натпреварите. Единствен показател за вредноста на еден уметник или дело е времето.“ Идни планови… „Имам доста, како и секој уметник. Ми претстои возбудлив период со многу концерти во Македонија и во странство. Во исто време, сѐ повеќе ѝ се посветувам и на педагогијата. Како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, веќе 15 години се обидувам да помогнам колку што можам повеќе во обуката и формирањето квалитетни професионални музичари, кои во иднина би биле стожер на нашите музички институции.“

33


автомобилизам

Ултимативниот

Lotus Elise Cup 260… за возбудливи доживувања

Игор Ландсберг

Во пресрет на значајниот јубилеј, 70-годишнината од постоењето на британскиот бренд спортски (тркачки) автомобили, што ќе се прослави за неколку месеци, Lotus го лансираше Cup 260, кој ѝ припаѓа на едицијата Elise, промовирана во 1994 година, а две години потоа излезе на пазарот. Неговото производство е ограничено на триесет примероци. Ав­­томобилот воодушевува со надворешноста (во бо­ја на злато, ловоровиот венец на левата страна...), пер­ формансите, рачната изработка во внатрешноста итн.

34


С

портскиот (тркачки) автомобил Lotus Elise Cup 260 е двосед, кој има и друга, поинаква намена. Се разбира, во прашање е престиж, особено поради неговото лимитирање - триесет на број. Добропознатата причина одекна низ Европа и светот како грмеж. За неколку месеци ќе се прослави седумдесетгодишниот јубилеј. Имено, Lotus Cars, со седиште во Hethel, Англија, е основана во 1952 година од страна на Colin Chapman, но малцина знаат дека машинскиот инженер во 1948 год. го дизајнираше автомобилот LM 1, модификација на Austin 7, кога имал само дваесет години. Без оглед на тоа што Elise (го носи името на внуката на Romano Artioli, еден од првите сопственици на Lotus) го промовираше во 1994 година (нацртот е дело на Julian Thomson), а две години потоа излезе на пазарот, компанијата реши да му се оддолжи на основачот и вака - оддавајќи му признание, многу благодарно. Неговиот син Clive го предводеше тимот за конструирање Cup 260 чија надворешност, бојата на златниот медал, е симболична - победничка, достојна за шампионска титула. Ловоровиот венец на левата страна и Union Jack (Union Flag), деталите на задното крило го засилуваат впечатокот, значењето, поради што глетката е величествена. Истовремено се интегрирани неколку дизајнерски решенија од неговите „браќа“ и „сестри“ - Exige Cup 380, Evora GT430 и Elise Race 250, вклучително и перформансите. Инспириран од трките (шампионатите), овој модел има прогресивна аеродинамика која произлегува, меѓу другото, и од намалената отвореност на предните тркала (вдлабнати), ултралесните карбонски компоненти, зголемената висина и ширина на задното крило, слично како кај Lotus 3 - Eleven. И останатите работи, на пример покривачите за праговите, капакот на обрачот, предниИнспириран от панел за пристап и капакот на моторот, од трките, овој направен од ист материјал како двојните модел има прогресивна сопирачки дискови - карбон, се стандардаеродинамика што прони, карактеристични за Elise Cup. Нови излегува и од намалената се амортизерите (двонасочни) на Nitron, отвореност на предните стаклото чие вградено осветлување е поликарбонско и, секако, рачната изратркала, ултралесните ботка во внатрешноста, од карбонските, карбонски компоненти, тркачки седишта обложени со алкантра, зголемената висина и материјал што личи на кожа, и жолтоцрширина на задното вени шевови, преку менувачот, до системот крило HVAC (уредите за климатизација, проветрување и сл.), изработен од алуминиум, карбон итн. Постои можност да се стави радио, цедеплеер, iPod конекција, Bluetooth. Изборот е голем, по желба на купувачите. За интересот, пак, не треба да се коментира. Тој е огромен. А, возбудливите доживувања имаат „гаранција“ бидејќи забрзувањето од 0 до 100 километри на час трае само 4,2 секунди. Пробната, кружна патека во Hethel се извози зa 1 минута и 32 секунди (2,5 секунди побрзо од Elise Cup 250). Сигурноста ја обезбедуваат тркалата предвидени за трки, во согласност со законот, што придонесуваат за поголема брзина на потешки свиоци. Но без оглед, внимателното совесно возење дури е и повеќе од препорачливо.

Синот на Colin Chapman, Clive го предводи тимот за прослава на 70-годишнината од конструирањето на Lotus Mark I, вклучително и производството на Elise Cup 260

35


интервју За да го пронајдеме нашиот Македонец во Њујорк, кој, патем, е роден во Сиднеј, своето детство го уживал на ливадите во Ротино, а патиките од својата младост ги ’кинел’ шпартајќи низ битолскиот Широк Сокак, каде што за првпат и зачекорил на штиците што живот значат како дел од театарската група „Талија“, која му беше пресвртница наместо на џез академијата „Беркли“ да го учи актерството на софиската филмска акдемија НАТФИЗ, почетна станица ни беше „На терапија“, серијата што беше доживеана како вистинско домашно освежување на малите екрани. С. Прањиќ

МОЈОТ ГРАД – МОЈОТ ДОМ

ЊУЈОРК Е ЕДНО ПРЕКРАСНО ЧУДОВИШТЕ

Т

аму поблиску го запознавме ликот на војникот Владо, што беше доволна провокација да го побараме актерот Тони Наумовски, кој веќе 14 години живее и работи во Њујорк. А како го избра Њујорк? Се чини дека, сепак, се случи токму обратното - Њујорк го избра Тони, преку стипендијата за едногодишна специјализација на институтот „Ли Стразберг“, на која ù претходеше магистратурата на австралиската академија во Сиднеј. На њујоршката актерска сцена важи за вреден, неуморен, дисциплиниран и посветен актер, за што говорат и над 100-те театарски, филмски и ТВ улоги. За неговите колеги тој е ’крадец’ на вниманието на публиката, за него глумата е учење и постојано надгра-

36


дување. Последни негови проекти се мјузиклот „From Here to Eternity“ и ТВ-серијата „Big Dogs“, a од досегашните остварувања би ги споменале филмот „Run All Night“, „Daredevil“, како и „Медена ноќ“ и „Ова не е американски филм“. Музичкиот ген, пак, кој го наследил од своето семејство, уште од мали нозе направило од него талентиран пејач и свирач на тапани, а денес успешно го користи во актерската професија, но и за свој мерак. Каде е твојот дом – Сиднеј, Битола или Њујорк? „Дрво без корен не постои. А коренот е македонски.“ Најдраг спомен од детството? „Имав прекрасно детство и безброј драги спомени, но еве сега, од прва се сеќавам колку сум се радувал кога го јавав нашиот коњ Сокол во Ротино.“ Ротино за тебе е... „Алфа и омега. Магија! Место каде што ти запира здивот. Место каде што ти се продолжува животот. Вечност!“ Кои асоцијации ти ги буди „Талија“? „Прекарсни. Секогаш ќе ѝ бидам благодарен на Маја Димитровска Ангеловска за таа пресвртна точка во мојот живот.“ Тапан или микрофон? Џез или фолк? „Тапан. Џез.“ Кој претставуваше најголема инспирација во најмладите години, а кој денес? „Дедо ми Коле. Татко ми Драган.“ Најдобриот совет што си го добил од некого. .. „Професионално, „На сцената се брза бавно“, од мојот професор Стефан Данаилов на софиската академија. Приватно, „Полека, не скокај!“, од татко ми Драган. Трпението е доблест.“ Одигран лик што ти дал посебна енергија и зошто? „Ова навистина ме става во шах - мат позиција, но процесот на креирање на ликот на Владо беше чудесен. Затоа што...“ Театар или филм? „Театар.“

Кое е најромантичното нешто што си го направил за некого? „Се појавив на врата во Скопје кај една многу специјална личност, додека таа личност мислеше дека сум во Њујорк.“ Што претставува твоето најголемо откритие во Њујорк? „Самиот себе.“

Сум глумел на осум јазици нема ништо помоќно од тоа што играм на мајчин јазик.

Што е за тебе најдобра „терапија“ кога си изморен или под стрес? „Возење велосипед и слушање класична музика.“

Признанија/награди што посебно ти значат или посебно си ги доживеал? „Играв во една претстава пред скоро 13 години. Една од партнерките, што ми беше мајка во претставата (големо светско актерско име), после една од изведбите ми рече: „Морам да ти го кажам ова - ја украде претставата!“. Тоа беа моите почетоци во Њујорк и да го чујам тоа од една Оскаровка ми значеше навистина многу.“ Кои чувства ги буди Њујорк во тебе? „Сите оние што се во екстремности. Од безрезервна љубов, до лудило. Њујорк е едно прекрасно чудовиште.“ Каде одиш кога сакаш убаво да се најадеш, а каде најдобро се забавуваш? „Во Македонија - Пелистер, во Њујорк - Централ Парк, во Сиднеј - покрај океан. А најдобро се забавувам додека работам.“ Кој е најголемиот гест што некој го направил за тебе? „Моите родители Зора и Драган - што ми дале живот.“ Како би сакал да започнуваат твоите мемоари, биографија или книга за тебе? „Во животот имаат смисла само две работи - Љубовта и Простувањето.“ Што е првата работа што сакаш да ја направиш кога ќе дојдеш во „стариот крај“, а што во „Големото јаболко“? „Во „стариот крај“ прво одам на гробишта во Ротино, па на гробишта во Битола, каде што почиваат моите предци. Тоа е прво и последно нешто што правам секогаш пред да заминам. А во Њујорк веднаш во акција: на аудиција, проба или на мастер клас.“ Патување што ќе го паметиш? „Русија. Пред две години. Ќе го паметам по апсолутно СÈ. Беше магично.“ Најголемата екстраваганција што си ја дозволил за себе досега? „Пат околу Европа.“ Каде би сакал да се видиш за 10 години? „Можеби во Македонија.“ Кога те фаќа носталгија, кого прво го бараш? „Моето семејство и пријателите.“ 37


интервју Горјан Ѓорѓиев неодамна ја круниса 30-годишнината од своето ликовно творештво со изложба во Културно информативниот центар – Скопје. Интересен во своите размисли, впрочем како и во делата што ги создава, по повод својата јубилејна изложба вели: „Пред сѐ, имам огромна потреба во живо да прикажам слики што се моменти на едно дневно или неделно опседнување со пријатна размисла во моето себство…“. Инаку, дипломираниот сликар и веќе 20 години член на ДЛУМ, со 17 самостојни изложби во земјава, но и надвор од неа (Србија, Франција, Црна Гора), како и голем број перформанси, групни изложби и ликовни колонии во земјава и во странство, за своите дела ќе каже: „Чувствувам дека со луѓето што ги сакаат и поседуваат моите дела имаме слична животна фрекфенција и дека живееме за љубовта, радоста и креацијата во сите области“. С. Прањиќ

Уметникот и пеперутките Триесет години од што? „Години од животот, со секојдневна мисла: да оставам трага на платно или на хартија од позитивните вибрации на моето себство. Претходно себеси не се замислував како уметник, повеќе како некој што треба да партиципира во општеството за да прима пристојна плата и да живее како пиксел во сликата на основната матрица. Но, сета таа замисла се урна со професорувањето на Петар Мазев во мојата класа. Тој уште тогаш ми рече дека ја имам дарбата на автентичниот израз. Втор човек што влијаеше на мојата определба е Драган, го заборавив презимето... тоа беше пред 30 години на една новогодишна аукција на слики... мојата слика „Акт во контра“ беше најскапа од сите, дури и во весник пишуваше за скандалозната цена, па сепак, господин Драган, кој сега доколку би бил жив би имал околу сто години, дојде кај мене и ја купи. Ми рече: „Колку и да вреди, за 20 до 30 години сигурно ќе вреди тројно“. Инаку, таа слика со специјален попуст ја дадов за 900 тогашни марки, а беше со димензија 120 х120см, масло на платно. И навистина, сега таа слика би вредела минимално трипати повеќе, ако се земе предвид и промената на марката во евро. Триесет години после тие два круцијални момента јас сум уметник!“ Какво е чувството да се биде уметник? „Јас чувствувам дуалитет (можеби нормално, бидејќи во хороскоп сум Близнаци). Од една страна, конекцијата со матрицата на постоењето и огромната тенденција на форсирање на позитивниот израз, како главен акцент во творењето. Од друга страна, отпорот

38


во толпа, не ми се допаѓа (метафорички кажано) ако некој сака цреши, да го собере целиот плод од дрвото и да не остави ништо за другите... на крај може да му се слоши. Околу естетиката на окружување„Секој што може делото то би рекол дека одиме кон стерида го почувствува со лизација на душата, а загадување на срцето, а динамиката, околината. Небото веќе не е примарестетиката и но, туку асфалтот и големиот екран.“

Кој се разбира во уметност?

идејата - со разумот.“

кон сѐ што ни е наметнато како правило на игра и наметнат исход. Мислам дека најголемото достигнување на еден уметник е, самиот, но и од другите да биде доживеан како тотален индивидуалец.“

Која е вашата публика? „Тоа се, едноставно речено, остварени, убави луѓе... јас така ги доживувам... и по душа и по физикус. Ги сакам и ми претставува радост секаков контакт со нив. Морам да бидам попрецизен, тие не му требаат на моето его, туку на мојата пријатна леснотија на постоењето. Најмногу ме радува кога некој што купил слика пред многу години, ќе ми каже дека сѐ уште ужива во неа и дека му е ставена на видно место за да му го даде полетот на денот. Со тие луѓе многу лесно се разбирам, затоа што вибрираме на иста фрекфенција, се случува да се почувствуваме како да се знаеме со години.“ Кој се разбира во уметност? „Секој што може делото да го почувствува со срцето, а динамиката, естетиката и идејата - со разумот.“ Велите дека со луѓето што ги сакаат вашите дела имате слична животна фрекфенција. Што со оние другите? Која е пожелната, а која непожелната околина? „Знам дека е утопија но, би сакал да бидам окружен со луѓе со оригинален став кои немаат потреба да влезат

Метафизика или физика? „Физиката ни овозможува да размислуваме метафизички па...“

Инспирација и дело? „Кај мене, динамичко димензиски искажано, инспирацијата доаѓа од нултата точка на димензиите и алудира на првата димензија на линијата сѐ до четвртата варијабилност на приказот и петтата времена интеракција на делото и опсерваторот... J Се шегувам... a можеби и не J Ова прашање и досега ми го поставиле, а секогаш го одговарам различно. Сепак, кај мене основната инспирација е помеѓу пркосот и убавината, затоа бикот е чест лајтмотив во моите дела.“ Мислите ли дека сте голем сликар? J „Јас сум меѓу најголемите сликари во светот. Висок сум 117 сантиметри, имам 115 килограми, спортувањето, но и мешкото ме прават уште поголем J Реално, големината ја прави маркетингот, околностите, а кај нас и политичката пристрасност. Како последна ставка, но сепак реална, голем уметник е оној кој за првпат ќе покаже оригиналност во изразот, а тоа ќе биде поткрепено со здрави темели на ликовност и енергија во изразот.“ Нешто за сите - околу вашата идеја и сликарството? „Исус рекол: „Кој има уши ќе чуе, кој има очи ќе види“... тоа!“ Политика? „Во боксот секогаш навивам за послабиот, што значи секогаш опозиција, секогаш губам и никогаш нема да добијам политички „златен појас“, т.е. награда.“ Како помина изложбата по повод 30 години творештво? „Изложбата беше од затворен карактер, само за љубителите на мојата уметност, немаше сеирџии, туку само убави луѓе со кои си разменивме убавини. Нормално, тука беа и стандардните „коктелаши“...но, ако!“ За крај? „Зборот крај нека биде... останувам поКРАЈ платното... уште некое време... и невреме.“

39


мојот дом

ОД МОДА ДО МЕБЕЛ…

но стилски! Мебелот и уредувањето на домот ви се голема слабост, но истовремено и дилема. Што да одберете? Дали ќе биде премалку или премногу? Што би ви одговарало најмногу? И што е во тренд?

С

оставивме листа од моментално најпопуларните трендови за уредување на домот. Внимателно разгледајте па одлучете. Но и да не се пронајдете во некој од нив, секогаш имате можност за мешање и персонализирање на стилот…

Шеби шик

Се извлече од статусот минлива мода, а за солидниот успех може да му се заблагодари на својот „запуштено-елегантен“ стил. Се базира на јасните правила во тоновите на белата, сивата, пастелните и кремастите бои. Мебелот на шеби шик може да вклучува автентични парчиња „нагризени“ од времето или нови што поминале низ незаобиколниот процес на „стареење“.

Индустриски стил

Груби површини, автентични материјали, недовршени ѕидови, се карактеристиките на индустрискиот стил. Неговата разновидност функционира насекаде, од деловниот до просторот за живеење. Функционира и во комбинација со елементи од некој друг стил.

Еклектичен

Овој стил ви порачува, само храбро! Формите, боите, деталите и времињата се мешаат во разигран резултат. Во овој стил е задолжително да ја проширите палетата на боите. Дозволени се и провокации со животински принтови.

40


Класичен

Траен и сигурен, овој стил го карактеризираат едноставни линии и функционален мебел. Додатоците од ткаенини, како завеси и килими, ги пренесуваат традиционалните решенија, поточно избор на многу малку бои и формален ред.

Рустичен

Автентичен и искрен, се разликува по склоноста кон дрвениот мебел со меки линии. Со него одат ѕидови од камен, топли бои и ткаенини што потсетуваат на окружувањето. Секако, сето тоа надополнето со камин или печка на дрва. Отворениот простор бара ковано железо, камен и керамика.

Современ

Тешко може да се опише во една дефиниција бидејќи е постојано подложен на промени. Стилот на нашето време одговара на потребата за чистота и функционалност низ прецизни линии, без откажување од визуелниот ефект. Мебелот е компактен, со чисти бои и со можност за трансформација и прилагодување.

41


Винтиџ

Од дваесеттите години на минатиот век, винтиџ е стилот што овозможува, вам и на вашиот дом, искуство од минатото. Мебелот, осветлувањето и деталите што доаѓаат од светот на модерната уметност и рециклираните предмети, не доаѓаат предвид.

Етно

Дајте им простор на боите, храбрите комбинации и додатоци од коноп, рафија, дрво, метал, перфориран метал и кожа. Ништо не може да го направи домот поличен од ситниците донесени од далечните патувања.

Бохо шик

Од мода до мебел, бохо шик ја најде инспирацијата во седумдесеттите години на минатиот век и нивниот неконвенционален стил. Тајната е апсолутно слободното комбинирање. Мебел со меки линии, шарени ткаенини… сѐ со стил, се разбира!

42

Скандинавски

Дрво, волна, традиционални предмети, рачно изработени предмети, чиста геометрија, удобна и хармонична, без формалности и претерување го дефинираа стилот на северна Европа. Важно е да се споменат и заиграните и поп-текстури. Скандинавскиот стил е посветен на светлината заради потребата од неа.



едно патување

Магијата на божикните и новогодишните

панаѓури

Игор Ландсберг

Берлин

П

едесетина божикни и новогодишни панаѓури се одржуваат во главниот град на Германија, додека трае адвентот и по него. Предворието на барокното здание Charlottenburg во западниот дел на Берлин е местото каде што се минуваат празничните денови, во добро расположение. Светлечките ефекти на дворецот, дрвјата, оградата и тезгите им даваат романтичност, а бројните атракции за деца, вовчето, вртелешката и годинава се посебни обележја на „Зимската шума“ (Winterwald). И централниот дел на градот - Alexanderplatz, кој е, всушност, бетонска тераса во модернистички стил во чија средина е поставена телевизиска надзорна кула, од 27 ноември до 26 декември се претвора во еден од најпосетените берлински панаѓури со лизгалиште и рингишпил. Подиумот е задолжителен. Имено, во Берлин за божиќните празници се „издвојуваат“ петстотини места за танцување.

44

Брисел

Н

Нивниот раскош е толку привлечен што не можат да му одолеат ни рамнодушните кон таквите „забави“. На европскиот континент, во адвентските денови, метрополите блескаат од празнично расположение, во сиот сјај. Илјадниците светилки, дрвените тезги, различните украси, колачињата, виното... музиката, придонесуваат луѓето да се повеселат, во иста атмосфера, без оглед на местото. Дали е Берлин, Брисел, Будимпешта, Виена, Копенхаген, Париз, Прага, Стокхолм сеедно, кога има што да се види, купи, проба и, најважно, да се забавува.

а неколку локации во белгиската метропола, на 25 ноември започнуваат т.н. зимски чуда (Winter Wonders), кои претставуваат своевидни божикни (новогодишни) панаѓури што работат нонстоп, до 31 декември, кога се дочекува Новата година. Всушност, Брисел во текот на празничните денови е преполн (има два и пол милиона посетители - 65% Белгијци, 35% странци, како на пр. Англичани, Германци, Французи, Холанѓани...), наликува на огромен саем под ведро небо, интересен и за младите и за старите. Навистина е атрактивен, со новогодишната елка на градскиот плоштад, инвентивните звучни, светлосни ефекти, визуелните сензации, лизгалиштето, парадата во која се вклучени 70.000 учесници, со традиционалната вртелешка, рингишпилот. Добротворните акции се составен дел на панаѓурите каде што се собираат детски играчки, ќебиња и слично.


Копенхаген

Ж

Будимпешта

Г

одинава божикниот (новогодишниот) панаѓур и зимскиот фестивал се отворија на 10 ноември, а ќе траат до 31 декември. Локацијата е идеална - плоштадот Vörösmarty во централниот дел на градот каде што завршува Váci utca (позната шопинг улица), пред прочуениот Gerbeaud Coffee House. Големиот број дрвени тезги на кои се продаваат домашни ракотворби (од лампиони до крзнени елеци, капи...), медени колачиња, каде што се послужува топло вино со цимет, и двете бини на кои се одржуваат концерти, театарски претстави..., придонесуваат за комплетниот впечаток на унгарската метропола што блеска од илјадниците светилки поставени секаде (највпечатлив е паркот Városháza пред Градското собрание), па дури и на трамваите. Лизгалиштето е доста големо - 200 м², бесплатно за деца, кои ќе можат нешто и да научат за столарскиот, терзискиот занает на пример, во импровизираните работилници.

ителите на данската метропола и туристите од 18 ноември до 31 декември можат да уживаат во програмата што е предвидена за овогодишниот панаѓур, кој вклучува секојдневни дружби, забава, шопинг. Најпосетен е „Тиволи“, најстариот лунапарк во Европа, кој годинава брои шеесет дрвени тезги каде што има сè, од светликави украси за новогодишна елка, преку домашни ракотворби (квалитетни изработки), до разновидни јадења, пијалаци. Декоративното осветлување, илуминацијата на езерото и на кинескиот „ареал“ им дава посебен шарм, како и традиционалното кабаре во стакленикот, чии хумористично-сатирични скечеви гарантираат смеа до солзи. Театарските костими се раскошни, богати, а тука е и кралската божикна трпеза од шест маси, доверени на еден познат уметник што ја смислува приказната и ја кажува на дело, со неговите вредни раце.

Најголем е интересот за рачните изработки, а децата се радуваат на вртелешките, работилниците итн. На 16 ноември се отвори првиот, во Spittelberg (зад Volkstheater), утредента пред Градското собрание, потоа во дворот на некогашната Општа болница и на Schönbrunn (на 18 ноември), па на плоштадот Марија-Тереза (на 22 ноември) и последниот, на 24-ти, пред дворецот Белведере. Валцерот е незаобиколен, како и хоровите. Адвентскиот период изобилува со балови, има околу четиристотини, а најпознат е новогодишниот - Le Grand Bal der Wiener Hofburg.

Виена

П

разничните панаѓури во главниот град на Австрија имаат повеќевековна традиција, датираат уште од Средниот век. Имено, Albrecht во 1298 година на виенчанци им приредил убаво изненадување - Krippenmarkt. На дваесетина локации се поставуваат дрвени тезги, „порабени“ со гранки од елки, чиј мирис доминира и се меша со оној на пунч, костени...

45


Прага

Париз

Г

лавниот град на Франција во четирите недели пред Божиќ и деновите по него, до Нова година, блеска во сиот сјај. Дрвјата, зградите, продавниците, улиците... сè е богато осветлено. Монументалните споменици, храмовите, дворците изгледаат волшебно. Излозите, кој од кој подобар, поубав. Едноставно мамат, примамуваат да застанете, да влезете, да купите нешто, што било, да вкусите. Galeries Lafayette привлекува магнетски, тера на сонување, ја буди фантазијата. Не помалку и Ајфеловата кула, и мостовите на Сена, и Елисејските полиња. Освен на булеварот, божикните (новогодишните) панаѓури се лоцирани и на други места, во различни делови од Париз, како на пример во предворието на катедралата Notre Dame, станицата Gare de l’Est, еспланадата La Défence, музејот Quai Branly.

Ч

ешката престолнина за божиќните и новогодишните празници се облекува поинаку, во свечено руво, чиј блесок никого не остава рамнодушен. Годинава панаѓурите се отворија на 2 декември, а ќе се затворат на 6 јануари. Плоштадот во стариот дел на градот и Wenceslas (Václavspalssen) изгледаат романтично, инспирирани од класичните бајки. Пространи се, што влијае на посетеноста. Дрвени тезги на кои се продава сé, нај­ многу има домашни ракотворби, каде што може да се јаде обилно (на пример, колбаси), да се пие топло вино, пиво, има и на плоштадот Република, на пазарот Хавел, на островот Кампа на Влтава, на плоштадот во Прашкиот замок, пред базиликата Св. Ѓорѓи. Секој ден се одржуваат концерти, деца од целата земја доаѓаат за да пеат, хорски, облечени во старинска облека. Секако, импресивни се и јаслите (со разни домашни животни), и елките од Бохемија, осветлени со илјадници светилки.

Стокхолм

В

о главниот град на Шведска божикните и новогодишните панаѓури имаат голема посетеност. Освен стокхолмци, Швеѓани, ги посетуваат и жителите на останатите скандинавски земји, без оглед на оддалеченоста. Стокхолм е осветлен, украсен, а снежната белина придонесува за комплетен впечаток. Панаѓурот на плоштадот Stortorget во стариот дел на градот, близу до Кралската палата, се отвори на 2 декември. Трае до 23 декември. Панаѓур има и во Scansen (музеј на отворено) и во замокот Drottningholm. Едниот датира од 1903 година, и работи на 16 и 17 декември, а другиот на 9 и 10-ти. Тезгите се преполни со рачни, квалитетени изработки. Важно место заземаат и лепчињата со ѓумбир, марципанот, специјалитетите на шведската кујна (чадени колбаси, еленско месо...), вклучително и виното (glögg).

46


Игор Ландсберг

Британската мануфактура што изработува луксузен мебел, внесе новина во работењето, благодарение на соработката меѓу Harrods, Marian Bake и VeryFirstTo. Како што се ближат новогодишните празници така побарувачката расте, а понудата е доста интересна. Имено, четирите парчиња мебел: орман, шкафче, бар и шанк, што се разликуваат по големина, полни со разни пијалаци, вклучително и пури, можат да се купат за 121.448 фунти (136.412 евра). Притоа се добива и гратис бармен за викенд, и тоа не кој било, туку најдобриот.

„Луксузпакетот“ за новогодишно уживање T

на Timothy Oulton

imothy Oulton е синоним за луксуз. Британската мануфактура што изработува мебел го носи името на нејзиниот основач, кој важи за исклучителен креативец што ѝ пркоси на стереотипноста, комбинирајќи ги страста кон ракотворбите (домашните, инспирирани од традицијата) и желбата за иновации (храбри, нелимитирачки). Уникатните примероци се изработуваат од висококвалитетни материјали што се наоѓаат секаде, па дури и во старите воденици. Финишот е рачен, секако. На пример, обработката на дрвото, каменот е голем предизвик, вклучително и јужноамериканската кожа бидејќи дестилацијата на анилинот со кој се бои е исто така рачна. Спојот на модерното, современото и застареното е очигледен, во идеална рамнотежа. Иако не се плаши од конкуренција, новините секогаш се добредојдени, најмногу за клиентите. Така е и сега. Промоцијата на бифето (комплет орман, шкафче, бар и шанк) се одржа во Harrods (Лондон), а на соработката се приклучи Marian Bake и VeryFirstTo, што значи дека нарачката може да биде и онлајн. Можно е дополнување со вграден фрижидер, „стакленик“, маса и сл., во зависност од вкусовите, желбите и потребите на купувачите, со доплата. Секој дел од мебелот е обложен со парчиња кожа меѓусебно сошиени, што потсетува на пачворк. За богата визуелна имагинација, анилинот придонесува кафеавата и црната боја да се прелеваат. Внатре во орманот има доволно прегради, фиоки, држачи за пијалаци, чаши, барска опрема, кои можат да се стават и на вратите однатре, каде што има и метални огради. Неговите димензии се 165×100×60 см, а цената изнесува 6.100 фунти (8.100 евра). Изборот на пијалаците не е случаен. Има вино бело, црвено и шампањско, виски, вотка, коњак, рум, текила, џин... Некои од нив чинат дваесетина илјади фунти, за шише (на пр., The Glenlivet - The Winchester Collection 1964, 1997 Domaine de la Romanée-Conti RomanéeConti, Louis Roederer Cristal 2002 Jeroboam). „Пакетот“ вклучува и кубански цигари (пури), околу четириесет, по цена од 14,5 до 260 фунти (Partagás Lusitania Gran Reservas). Цената на шкафчето изнесува 3.850 фунти (5.450 евра), со димензии 150×92×60 см. Барот има димензии 90×78×60 см, и чини 2.675 фунти (3.800 евра), а цената на шанкот е 3.375 фунти (4.800 евра). Димензиите се 160×110×77 см, сосем доволно за Marian Bake да може да ги приготвува коктелите. Тој е познат во светот, добитник на многу награди, автор на илустрирани книги со рецепти. Често патува низ светот и воедно и обучува. Времето (викендот) што ќе се помине со него ќе биде скапоцено, а искуството незаборавно, поради стекнатото знаење. Кој не посакува такво нешто!? 47


правни дилеми

Причинување штета Правата и односите што настануваат по повод причинувањето штета се уредени во нашиот Закон за облигациони односи (ЗОО).

О

пшто е правилото, поставено во самиот ЗОО, дека тој што ќе му причини штета на друг должен е да ја надомести истата, доколку не докаже дека штетата настанала без негова вина. За штета причинета од предмети или дејности од кои произлегува зголемена опасност од штета за околината, се одговара без оглед на вината! За штета без оглед на вината се одговара и во други случаи предвидени со закон.

Што е тоа штета?

Штетата, според Законот за облигациони односи, е намалувањето на нечиј имот (обична штета) или спречувањето на негово зголемување (испуштена корист), како и нанесувањето друга физичка или душевна болка или страв (нематеријална штета). Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува воз-

адвокат м-р Владимир Бангиевски Адвокатска Канцеларија Бангиевски 48

немирување или опасност од штета, ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки. Судот, на барање од заинтересираното лице, може да нареди да се преземат соодветни мерки за спречување на настанувањето штета или вознемирување, или да се отстрани изворот на опасноста, на трошок на држателот на изворот на опасноста, ако тој самиот не го стори тоа. Ако, пак, штетата настане во вршењето на општокорисна дејност за која е добиена дозвола од надлежниот орган, може да се бара само надомест на штетата што ги преминува нормалните граници. Во случајов може да се бара преземање општествено оправдани мерки за спречување на настанувањето на штетата или за нејзино намалување.

Штета како барање да се престане со повреда на право на личноста

Секој има право да бара од суд или од друг надлежен орган да нареди престанување дејствие со кое се повредува интегритетот на човечката личност, на личниот и семејниот живот и други права на неговата личност. Судот, односно друг надлежен орган може да нареди престанување на дејствието под закана со плаќање извесна парична сума определена вкупно или по единица време, во корист на повредениот.

Одговорност за штета врз основа на вина

Вина постои кога штетникот причинил штета намерно или со невнимание. Лице кое поради душевна болест или заостанат умствен развој или од кои и да е други причини не е способно за расудување, не одговара за штетата што ќе му ја причини на друг, додека пак тој што ќе му причини штета на друг во состојба на преодна неспособност за расудување, одговорен е за неа, освен ако докаже дека во таа состојба не се нашол по своја вина. Ако во таа состојба се нашол по туѓа вина, за штетата ќе одговара оној што го довел во таа состојба. 1. Одговорност за штета што ќе ја причини малолетник Малолетник, според Законот за облигациони односи, до наполнета седма година не одговара за штетата што ќе ја причини, додека пак малолетник од наполнета седма година до наполнета четиринаесетта година не одговара за штета, освен ако се докаже дека при причинувањето на штетата бил способен за расудување, а малолетник со наполнети четиринаесет години одговара според општите правила за одговорност за штета.


Одговорност за штета причинета од друг

1. Штета причинета од душевно болни и заостанати во умствениот развој За штета што ќе ја причини лице кое поради душевна болест или заостанат умствен развој или поради некои други причини не е способно за расудување, одговара оној што врз основа на закон, или на одлука од надлежниот орган, или на договор, е должен да врши надзор над него. Лицето одговорно за друг може да се ослободи од одговорноста ако докаже дека го вршел надзорот на кој е обврзан или дека штетата би настанала и при грижливо вршење на надзорот. 2. Одговорност за штета на родителите на малолетното дете Родителите одговараат за штетата што ќе му ја причини на друг нивното дете до наполнета седма година, без оглед на својата вина! Тие се ослободуваат од одговорност ако постојат причини за исклучување на одговорноста според правилата за одговорноста без оглед на вината. Родителите не одговараат за штета причинета од својот малолетник, ако штетата настанала додека детето му било доверено на друго лице и ако тоа лице е одговорно за штетата. Родителите одговараат за штетата што ќе ја причини на друг нивното малолетно дете што наполнило седум години, освен ако докажат дека штетата настанала без нивна вина. Во случај кога

покрај родителите за штетата одговара и детето, нивната одговорност е солидарна. За штетата што на друг ќе му ја причини малолетник додека е под надзор на старател, училиште или друга установа, одговара старателот, училиштето, односно другата установа, освен ако докажат дека надзорот го вршеле на начинот на кој се обврзани, или дека штетата би настанала и при грижливо вршење на надзорот. Ако за штетата одговара и малолетникот, одговорноста е солидарна. Во случај кога должноста за надзор над малолетно лице не е од родителите, туку од некое друго лице, оштетениот има право да бара надомест од родителите кога штетата настанала поради лошото воспитување на малолетникот, лошите примери или порочните навики што му ги дале родителите, или ако и инаку штетата може да им се впише во вина на родителите. Лицето врз кое во овој случај е должноста за надзор има право да бара од родителите да му го надоместат исплатениот износ ако тоа му исплатило надомест на оштетениот.

Одговорност за штета врз основа на справедливост

Во случај на штета што ја причинило лице кое за неа не е одговорно, а надоместот не може да се добие од лицето што било должно да води надзор над него судот може, кога тоа го бара справедливоста, а особено со оглед на материјалната состојба на штетникот и оштетениот, да го осуди штетникот да ја надомести штетата, целосно или делумно. Ако штетата ја причинил малолетник способен за расудување кој не е во состојба да ја надомести, судот може, кога тоа го бара справедливоста, а особено со оглед на материјалната состојба на родителите и на оштетениот, да ги обврзе родителите да ја надоместат штетата, целосно или делумно, иако не се виновни за неа.

C MYK

2. Согласност на оштетениот да му се предизвика штета Тој што на своја штета ќе му дозволи на друг преземање некое дејствие, не може да бара од него надомест на штетата причинета со тоа дејствие. Ништовна е изјавата на оштетеникот со која се согласил да му се стори штета со дејствие што е забрането со закон.

49


подароци Avon 2 награди

Antonio Banderas - The Secret Temptation

Antonio Banderas - Her Secret Temptation

Nivea 3 сета Mona привезок

Sara Fashion - долна облека Shiseido Synchro Skin

Oriflame - Sublime Nature Tonka Bean

Max Factor 3 награди Golden rose 2 награди

LUSH Best Wishes MERZ 3 награди

Essence + Catrice 4 награди

Dove и Rexona 15 награди

Dr. Beckmann 10 награди

Infinityspisanie

Colgate 6 награди

infinitymag.mk Еден од овие подароци може да биде ваш. Испратете го вашето име и презиме и контакт телефон на:

www.infinitymag.mk 50


C MYK


Бр. 5

C MYK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.