толковен
реЧник
на
компјутерски
термини
фондација никола кљусев Поддржано од:
толковен реЧник на компјутерски термини Издава Фондација Никола Кљусев Приредувачи Анета Гацевска Зоран Крстевски Печати , Скопје
CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 004(038) ТОЛКОВЕН речник на компјутерски термини / [приредувачи Анета Гацевска, Зоран Крстевски]. - Скопје : Фондација Никола Кљусев, 2012. - 64 стр. ; 21 см ISBN 978-608-4685-00-5 а) Информатичка технологија - Речници, толковни COBISS.MK-ID 91197450
Кон ова издание... Во ерата на 21 век, кога нашето секојдневие сè повеќе станува компјутеризирано, забележуваме дека голем дел од популацијата во Р.М. е сè уште „недоволно упатена“ во областа на компјутерската терминологија. Иако државата прави напори компјутерите да влезат во секоја средина и да бидат што е можно подостапни до секој граѓанин, сепак компјутерската достапност не подразбира и општа компјутерска писменост. Постојат одредени категории граѓани на кои сметаме дека им е неопходно потребно запознавање со компјутерски термини кои се неизбежно потребни во секојдневниот живот. Тоа се: вработени во приватни, но и државни компании кои немаат секојдневен допир со компјутери, млади лица во руралните средини кои немаат пристап ниту финансиски средства да посетуваат компјутерски курсеви, пензионери, како и голем број лица кои користат компјутери, но не знаат што точно значат одредени термини. Иако на пазарот се јавуваат речници на компјутерски термини, сепак станува збор за директен превод на термините, при што и самиот превод не е ништо повеќе од обична кирилична транскрипција на англискиот збор. Така, доаѓа до уште поголема збунетост кај луѓето кои не се стручно упатени во таа област. Општата цел е речникот да добие што помасовна употреба. Благодарност до АД ЕЛЕМ, кој го поддржа издавањето на овој речник.
A Автоматски одговор
Програма која ќе прати автоматски одговор на вашата испратена е-меил порака. Најчесто се користи за праќање потврдни пораки, на пример при впишување во меилинг листата. Ако се употребува правилно, може да биде одлична маркетинг алатка.
AVI
Кратенка за аудио/видео формат (испреплетено аудио со видео), еден од најзастапените формати кои комбинираат видео и звук.
Агент
Агент е програма која на Интернет извршува специфични функции кои ќе му ги зададете. Овие програми уште се нарекуваат пајаци (spiders) или црви (worms). Тие го пребаруваат Интернетот, ја прегледуваат неговата содржина и креираат сопствена база на податоци врз основа на нејзината содржина.
Адаптер (елемент или уред кој се користи за адаптирање на сигнали, приклучоци и сл.) Се состои од печатена плоча, често со сопствен микропроцесор и меморија која се вградува во слотот за проширување на можностите на 4
Толковник на компјутерски термини
компјутерот, на пример видео, звучна или SCSI картичка.
Ад хок тестирање (Ad Hoc Testing)
Тестирање по случаен избор. Ова е фаза на тестирањето каде што тој што тестира се обидува да го растури системот со случајно избирање системски функции. Може да вклучи и негативно тестирање.
Алгоритам
Процедура, правило или формула за решавање на некој проблем. Компјутерските програми се всушност детаљни алгоритми кои одат чекор по чекор за на крајот да се дојде до одреден резултат.
Алфа верзија
Прелиминарна верзија на некоја програма која е обично нестабилна и се користи само за отстранување грешки.
Антивирус
Услужна програма која го пребарува дискот за да најде вируси и да ги отстрани. Повеќето антивирус програми вклучуваат средство за автоматско ажурирање, кои ѝ овозможуваат на програмата да симне фајлови од Интернет, поврзани со новооткриените вируси, заради нивно препознавање. 5
Апликација
Програма наменета за обичните корисници. Софтвер кој остварува специфична функција која е краен резултат од користењето на компјутерите. Овие програми се користат за обработка на текстови, за работа со базите на податоци, за пребарување на интернет и за уредување слики. Апликациите го користат оперативниот систем на компјутерот.
Апгрејд, Надградба (upgrade)
Тоa е дополнување на некоја програма, додаток на постоечкиот софтвер. Компаниите кои произведуваат софтвер постојано го надградуваат софтверот и на одредено време ги издаваат тие дополненија.
Атачмент, Прилог (attachment)
Тоa е фајл кој корисникот го прикачува и испраќа во е-меил порака. Фајлот може да биде од било кој тип-текст документ, слика ...
6
Толковник на компјутерски термини
Б Баг, грешка (bug)
Bug е грешка во програмата која настанала заради превид на програмерот. Се манифестира со различни неправилности во работата на програмите.
База на податоци (Database)
Збир на сите податоци кои се организирани на тој начин да можат лесно да се пребарува низ нив. Најчесто се организирани во табели.
Бајт (В)
Бајт е количество информација во компјутерски систем, и се состои од 8 бити (1 бит е елементарно количество информација).
Банер
Вид оглас на веб страницата, најчесто во вид на слика или анимација која е веб презентација за огласувачот. Постојат неколку стандардни големини: 468х60 пиксели (голем банер), 234х60 (пола банер), 125х125 (банер коцка), 120х240 (вертикален банер), 120х90 (копче 1), 120х60 (копче 2) и 88х31 (микро бар). Неодамна се воведени и нови, поголеми димензии: 120х600 (скајскрепер), 160х600 (широк скајскрепер). 7
Бед сектор, оштетен сектор
Оштетен сектор (Bad sector) е физичко оштетување кое се појавува на хард дискот. Податоците на тоа место се најверојатно трајно изгубени. Кога главата за читање ќе помине следниот пат преку оштетеното место, ќе дојде до уште поголемо оштетување, со што настануваат нови оштетени сектори. За да се спречи тоа, со програмата Scan disc, направете површинско скенирање на дискот. Самата програма ќе ги обележи оштетените места и тие ќе станат неупотребливи, но ќе се спречи понатамошно ширење на проблемот. Но, овој метод не е секогаш 100% сигурно решение и не значи дека нема да дојде до нови оштетувања.
Бекап (back up)
Правење безбедносни копии на важни документи и фајлови. Бекапот му овозможува на корисникот или на компанијата да задржи важни податоци кога компјутерот е нападнат од вируси или кога податоците во главниот компјутер се уништени или расипани. Во предвид треба да ги имате следниве видови бекап: • архива - место каде што се чуваат тематски информации, значајно за истражување посебни теми
8
Толковник на компјутерски термини
• диференцијален бекап - снимка на фајлот од времето кога е направен, а е различен од времето кога е направен претходниот бекап • инкременет бекап - тип на бакап кој се прави само ако фајлот е изменет. Се користи кога не се менуваат често сите податоци, а бекапот се спроведува периодично • off -line storage - надворешна меморија. Овој термин се користи кога се зборува за чување податоци надвор од компјутерот. Податоците може да се чуваат на ЦД, ДВД, УСБ или надворешен хард диск.
Бета верзија
Работна верзија на некоја програма во развој во која голем број компоненти работат правилно. Обично, софтверските компании им испраќаат бета верзии на своите купувачи кои настојуваат да пронајдат грешки во бетата. Програмите може да поминат низ неколку бета фази пред да се пуштат во официјална употреба.
BIOS
Основниот влезно/излезен систем (Basic Input/ Output System) е колекција од програмски кодови вградени во компјутерот кои ракуваат со некои од основните задачи за праќање пода9
тоци од едниот кон друг дел од компјутерот. Тоа е најнискиот, најосновен можен оперативен систем, вграден во чипот на матичната плоча. Тој го контролира поврзувањето на сите компоненти на компјутерот. Исто така, овозможува и некои основни подесувања во работата на компјутерот. Без ова ниту еден компјутер не може да работи.
Битмап (битмапирани) слики
Формат на сликите на компјутерот. Сликата се прикажува така што компјутерот ја памти локацијата на секоја точка (т.е. пиксел) и нејзината боја. На тој начин фотографиите имаат реални бои, но при нивното зголемување се губи квалитетот. Битмап форматите се: BMP, JPG, TIFF, PCX...
Блутут (Bluetooth)
Блутут е безжична технологија за пренос на податоци на мали растојанија (до 10 метри), брзо и едноставно. Се користи за безжично поврзување на компјутерите кај што не е потребен голем проток на податоци, но најчеста примена е за поврзување на компјутерот со безжично глувче, тастатура или печатач. Широка примена наоѓа и кај мобилните телефони.
10
Толковник на компјутерски термини
BMP, JPG, GIF, TIFF...
Ова се екстензии на разни формати битмапирани слики. Иако постојат уште многу формати, овие се употребуваат најчесто. За разгледување на сликите во сите формати може да се користат разни програми, но најприфатлив е АCDSeеPro, кој чита формати кои не ги читаат останатите програми.
Браусер, пребарувач/прелистувач (browser)
Пребарувачот е програма која служи за читање податоци и отворање страници на на Интернет. Најмногу се користат Microsoft Internet Explorer, Mozilla Firefox, Opera, Google Chrome и Netscape Navigator.
Букмарк, обележувач (bookmark)
Невидливо означено место на веб страницата, до која корисникот може да стигне директно со помош на URL или хиперлинк.
11
В Вај-Фај (WiFi)
Вај-Фај е популарна технологија која им овозможува на електронските уреди безжична размена на податоци (со користење на радио бранови) преку компјутерска мрежа, вклучувајќи ги и интернет конекциите. Уред кој може да користи Wi-Fi (како на пример персоналниот компјутер, видео конзола за игри, смарт телефон, таблет, или дигитален аудио плеер) може да се поврзе со мрежен ресурс, како што е интернетот преку точка за пристап на безжичната мрежа. Tочката за пристап (или хотспот(hotspot)) има опсег од околу 20 метри (65 стапки) во затворени простории и поголем опсег на отворено. Хотспотот може да има покриеност на мала површина како една соба која има ѕидови кои ги блокираат радио брановите или на голема површина од неколку квадратни километри - ова се постигнува со користење на повеќекратни пристапни точки кои се преклопуваат.
Веб адреса
Адреса која ни покажува каде се наоѓа некоја веб страница.
12
Толковник на компјутерски термини
Веб сајт
Веб сајтот е збир од веб страници кои се поврзани меѓусебно и се наоѓаат на еден веб сервер. Првата страница на веб сајтот се нарекува home page (почетна сраница) и не запознава со содржината на сајтот. На еден сервер може да има повеќе веб сајтови.
Веб страница
Тоа е документ креиран со HTML до кој може да се пристапи преку веб пребарувач. Повеќе веб страници сочинуваат еден веб сајт. Пребарувачот ги чита овие документи и ги прикажува заедно со сите слики, звук и видео, на екранот. Веб страницата може да содржи линкови кон други страници во рамките на истиот сајт или кон документите на други сајтови. Може да содржи текст, форми, слики, звук и видео клипови.
Векторски слики
Слики кои се добиваат со комбинација на разни форми (линии, кругови, квадрати...) во координатниот систем и се дефинирани со математички функции. Векторите не можат да прикажат реални фотографии, но тие се одлични за технички цртежи и илустрации. Предност на векторите е тоа што колку и да се зголемува димензијата на сликата, не се губи на квалитетот. Познати векторски формати се CDR и AI. 13
Виртуелна меморија
Дел од дискот кој се користи како меморија. Оваа опција работи само под платформата на Windows.
Виртуелно
Овој поим ги опишува работите кои изгледаат како да се вистински, кои се однесуваат така, а всушност ги нема. На пример, виртуелната меморија не е вистинска меморија (чип картичка), туку дел од хард дискот кој има задача да служи како меморија.
Вирус
Програм или фајл кој го онеспособува или уништува хардверот или софтверот, или врши опструкција за правилна работа на системот.
Волшебник (Wizard)
Wizard или волшебник, во компјутерскиот свет означува програма која ве води чекор по чекор низ некој процес (инсталација на програми, хардвер, подесување на монитораот, изработка на документи...).
WWW - World Wide Web
WWW („светска мрежа“) или само web е Интернет сервис кој овозможува прикажување на веб сајтовите.
14
Толковник на компјутерски термини
Г Гигабајт (GB)
Еден гигабајт е составен од 1024 мегабајти или 1.073.741.824 бајти
GIF - стандард за слики
Graphic Interchange Format (GIF) e формат за компресирани слики, кој најчесто се користи на Интернет за мали слики, зашто со овој формат не се губат детали. За жал, ограничен е на 256 бои. GIF-oвите се одлични за технички цртеж и за слики на кои се појавува текст.
Глувче (mouse)
Глувчето e важна компонента на секој ком пјутер, детектира дводимензионално придви жување и служи за поместување на курсорот (покажувачот) на екранот.
15
Д Даунлод, симнување, превземање (download)
Снимање податоци (на пример фајлови) од Интернет (или некоја мрежа) на вашиот компјутер.
Деинсталирање (uninstal)
Отстанување на некој софтвер од компјутерот со помош на друг софтвер кој е специјално дизајниран за таа намена.
Дигитален видео рекордер
Регистратор на видео податоци кои се запишуваат во дигитална форма.
Директориум
Збир од поврзани датотеки. Датотеките физички може да се наоѓаат на различни делови на уредот, но тие се логички групирани во директориум кој може да содржи и други поддиректориуми.
Диск драјв
Диск драјвот е погон за дискови, машина која ги чита и ги запишува податоците на диск. Направата го ротира дискот многу брзо и има
16
Толковник на компјутерски термини
една или повеќе глави за читање и пишување податоци.
DOC и DOCX
Најчести формати на текстуалните фајлови, документите напишани во програмата Microsoft Word. DOC е екстензија за документите напишани во Word 2003-2007, а DOCX е екстензија за документите од Word од 2007 година па наваму.
DOS
Скратеница од Disk Operating System. Ова е првиот оперативен систем кој во далечните 1980-ти го креирал Microsoft. За денешни услови изгледа многу скромно. Работи така што на тастатурата се впишуваат команди (на квазианглиски јазик), а на мониторот се испишуваат пораките. При активирање на некој програм, DOS сите ресурси му ги предава нему, а вас ве остава на милост и немилост. Програмата тогаш би можела да прави што сака, па дури и да не ве враќа во DOS. Овa имало и одредени предности, зашто оперативниот систем не ги кочел апликациите кои требал да ги извршува. Иако DOS делува застарено за денешните стандарди, и понатаму претставува основен оперативен систем, кој помага кога некој модерен оперативен систем ќе се расипе. 17
Домен
Група компјутери мрежно поврзани, кои се администрираат како целина, обично од страна на иста компанија или организација.
DPI
Кратенка за број на точки во еден инч (dots per inch), а го претставува бројот на точки во мастило кои печатачот го користи за една хоризонтална линија со должина од еден инч. Колку е поголем овој број, толку е поголема резолуцијата.
Драјвер
Софтвер кој е потребен за да може да функционира некој дел од хардверот, на пример графичка картичка, монитор...
DVD (дигитален видео диск)
DVD e оптички диск на кој се сместуваат податоци. DVD-јата можат да чуваат многу повеќе информации од CD-ата. Филмските компании први почнаа да ги воведуваат како нови медиум за дистрибуција на своите филмови. На DVD може да се чуваат не само филмови, туку и било кој друг вид компјутерски податоци. Со меморија од 4.7GB, DVD е одличен за бекап (снимање, заштитување) на сите важни фајлови.
18
Толковник на компјутерски термини
Е Е-меил (e-mail)
Електронска пошта (испраќање и примање писма преку интернет).
Етернет
Стандард за поврзување на компјутерите во локална мрежа.
EXE
Eкстензија на извршните фајлови, т.е. фајлови кои можат да се стартуваат. Во прашање се програми, апликации, игри... Треба да се додаде дека самостоен ЕХЕ фајл не ја прави некоја апликација комплетна, туку, секогаш е потребен пакет фајлови.
19
З ZIP
Една од најпознатите програми за компресија на датотеки (фајлови). Пакуваните фајлови се полесни за праќање преку Интернет заради нивната големина. За работа со .zip датотеките најчесто се користи програмата WinZip.
20
Толковник на компјутерски термини
И Име на домeн (domain name)
Името на доменот е единствено име на Интернет сајтот. Секогаш има два или повеќе делови, одвоени со точки и додатокот (т.е доменот) com, net, org. Одреден сервер може да има повеќе од едно име на доменот, но одредено име на доменот посочува само на еден сервер.
Инсталација
За да работат новите Windows програми, потребно е да ги прекопирате своите DLL фајлови во Windows \System, па да се впишат во Registry. Затоа сите доаѓаат со специјални инсталациски програми, кои ова го прават самите наместо вас. Процесот на автоматско (или во краен случај мануелно) снимање на овие фајлови се нарекува „инсталација“.
Интернет
Интернетот е систем од неколку милиони компјутери ширум светот кои се меѓусебно поврзани во мрежа. Затоа се вели дека тоа е „мрежа на сите мрежи“. Најдобрата работа поврзана со интернетот е тоа што секој може да и пристапи на таа голема заедница. 21
Интранет
Основната разлика помеѓу Интернетот и Интранетот е што на Интранетот не може да му пристапи секој. Тоа е приватна мрежа. Замислен е како мрежа, на пример, на една фирма која ги поврзува претставниците на таа фирма секаде во светот, и преку која, без разлика на оддалеченоста, компјутерите се поврзани како во локална мрежи и можат да разменуваат податоци, а за тоа се користи веќе постоечката мрежа - Интернет.
IP адреса
За да биде приклучен на Интернет, еден од условите е компјутерот да има IP број. Тој е во облик xxx.xxx.xxx.xxx, кој е единствен за секој компјутер и овозможува лесно пронаоѓање и индентификација на секој компјутер на интернет.
22
Толковник на компјутерски термини
Ј JAVA
Програмски јазик кој се применува за пишување на програми. Овој програмски јазик е сè позастапен во софтверските решенија на пазарот.
23
К Кернел
Датотека или јадро кое ги содржи главните фајлови на еден оперативен систем.
Кеш меморија (cache memory)
Основна меморија во процесорот, побрза од RAM-от, во која се наоѓаат податоците кои се користат во тој момент. Со тоа дополнително се забрзува работата.
Килобајт (КВ)
Килобајтот е исто што и 1024 бајти меморија. Сепак, интернационалните стандарди дефинираат дека КВ е еднаков на 1000 бајти. Вообичаено, мемориските единици се мерат во MB и GB.
Кластер
Кластер е најмалиот логички дел од дискот кој може да се лоцира за во него да се сместат податоци. Се состои од неколку соседни сектори на дискот.
Клипборд (Clipboard)
Тоа е виртуелна „кутија“ во која чувате дел од работата (текст, слики, музика...) кои сте ги исекле (Ctrl + X) или ископирале (Ctrl + C) од некоја
24
Толковник на компјутерски термини
програма, а тоа го правите за да го ставите истиот дел на некое друго место (Ctrl + V). Наредбите Cut и Copy ги сместуваат текстот или графиката во клипбордот, со што се брише претходната содржина во него. Наредбата Paste ги копира податоците од клипбордот во документ.
Клучен збор (keyword)
Клучниот збор е исто што и обичен збор, но се нарекува „клучен“ зашто се користи како ограничување за да даде резултати од пребарувањето. Клучниот збор, доколку се употребува често, не може како изолирана целина да даде добри резултати. Затоа, во пребарувањето се користат повеќе клучни зборови (или фрази) одеднаш.
Kолаче (cookie)
Kога отворате некој веб сајт, веб серверот на вашиот пребарувач му праќа „колаче“ кое го помни вашето движење по сајтот. Кога повторно ќе одите на некој сајт, означени се линковите кои сте ги посетиле последниот пат. Или, кога ќе ја отворите страницата да си ја проверите поштата, таму се наоѓа вашето корисничко име. „Колачињата“ можете да ги најдете на вашиот хард диск. Повеќето пребарувачи ги сместуваат овие „колачиња“ во директориум кој се вика Cookies или Temporary Internet Files. 25
Команден протокол
Збир на команди кои му издаваат наредба на дискот која акција треба да ја преземе, како што се читање или пишување податоци.
Компонента
Претставува само еден дел од компјутерот, внатрешен или надворешен. Сите поважни делови на компјутерот се одвоени еден од друг и по желба може да се додаваат, вадат или да се менуваат. Некои од нив се обврзни, а некои само ги подобруваат карактеристиките на компјутерот или му даваат нови можности.
Компресија
Постапка за намалување на големината на одредена папка и фајл. Со компресија на фајловите се заштедува простор на дискот и се намалува капацитетот на трансмисијата при испраќање на фајлот.
Контролен панел (Control Panel)
Контролна табла за главните компонентои на компјутерот (хардверски, софтверски, тастатура, интерфејс, монитор, фонтови, датум, време...) и управувањето со нив (додавање, отстранување, сигурност, Интернет опции и слично).
26
Толковник на компјутерски термини
Контролно копче (CTRL)
Контролното копче од тастатурата се притиска во комбинација со други копчиња за извршување на специјални функции.
Конфигурација
Во информатичките технологии се користи за да се прикажат карактеристиките на еден компјутер (процесор, плоча, RAM...).
Копче за исклучување (close button)
Ова копче обележано со буквата X на себе, се наоѓа на десниот агол на линијата на менито или линијата за наслов. Со кликање на ова копче се затвора документот, а програмата останува отворена. Со кликање на копчето за исклучување на линијата за наслов, се затвораат и документот и програмата.
Копче за големи букви (CAPS LOCK)
Копче на тастатурата кое кога ќе биде вклучено, сите букви се пишуваат големи.
Корисничка сметка (User Account)
Кориснички налог со кој лицето се пријавува и идентификува како корисник на системот.
27
Кориснички интерфејс
Графички приказ на еден програм кој ја олеснува комуникација помеѓу корисникот и ком пјутерот. Во зависност од програмата, тоа може да биде просто впишување команди и испишување одговори на екранот, а може да биде и систем со копчиња, сликички и тастери кои му ја олеснуваат работата на корисникот.
Кориснички пристап (Guest Account)
Опција која на корисникот му дава ограничен пристап кон одреден број апликации и услуги. Обемот на пристап е одреден со секоја поединечна апликација.
Кулер (cooler)
Тоа е малиот вентилатор кој се наоѓа над процесорот или кај графички картички, а е неопходен да го излади компјутерот.
Курсор, покажувач,
Текстуален покажувач - Хоризонтална цртичка која се појавува десно од знакот, додека пишувате. Курсорот се однесува како пенкало или молив - се што ќе отчукате ќе се појави на местото каде што бил поставен курсорот. Покажувач на глувчето – ги повторува движе њата на покажувачкиот уред, најчесто глувче или тачпад.
28
Толковник на компјутерски термини
Л Лаптоп или ноутбук
Преносен компјутер во форма на куферче. Ова е само формата на компјутерот, а не типот; лаптопите може да бидат PC или Machintosh и други.
Лента за адреса (address bar)
Тоа е дел, лента во пребарувачот каде што треба да се внесе адресата на веб страницата која сакате да ја посетите.
Лозинка (password)
Таен збор или низа од карактери кои се користат за потврдување, за да се докаже идентитетот (за пристап до меил, корисничка сметка и сл.) или да добиете пристап до ресурси. Лозинката треба да се чуваат во тајност од оние кои не им е дозволено пристап.
29
М Machintosh
Персонални компјутери на компанијата Apple.
Матична плоча
Главна плоча на компјутерите. Матичната плоча содржи приклучоци за дополнителни елементи и на нејзе се поставуваат процесорот, РАМ меморијата, графичката и звучната картичка на кoмпјутерот. Содржи приклучоци за тастаурата, мониторот, печатачот.
Мегабајт (МB)
Мерна мемориска единица, 1МВ = 1.048.576 бајти.
Мегахерц (МHz)
Мерка за фреквенција која опишува број на еден милион циклуси во секунда. Всушност, опишува колку милиони пати нешто ја менува својата состојба. Брзината на процесорот обично се мерат во гигахерци (GHz).
Меморија
Дел од компјутерот во кој се чуваат податоци. Постојат два типа меморија: • RAM меморијата е во форма на картичка и се прикачува директно на матичната плоча.
30
Толковник на компјутерски термини
Има помал капацитет (обично од 128MB до 4GB), но затоа е неспоредливо побрза од сите останати видови надворешна меморија. Затоа програмите кои се најкритични секогаш се префрлаат во RAM, а останатите по потреба се вчитуваат од надворешната меморија. Но, RAM е само привремена меморија, што значи дека програмите ја користат по потреба. • Во надворешната меморија спаѓаат сите уреди за складирање на податоците (хард диск, ЦД, ДВД ... ). Таа е постојана (не зависи од напонот и од работата на компјутерот) и служи за складирање на програмите до моментот на нивното стартување. Во оној момент кога ќе активирате некоја програма, дел од нејзиниот код преоѓа во RAM, а дел се вчитува од надворешната меморија. Од ова може да се заклучи дека надворешната меморија е многу побавна од RAM-от, но затоа има поголем капацитет. Некои компјутери користат виртуелна меморија која ја проширува RAM меморијата на хард дискот.
MIDI
Ова е кратенка за Musical Instrument Digital Interface (дигитален интерфејс на музичките инструменти). MIDI е протокол кој е поддржан од повеќето звучни картички и служи 31
за снимање и репродукција на музика на дигитални синтисајзери. Тој не претставува директен музички звук, туку пропишува како се произведува музиката. Звучните бранови кои се резултат на оваа постапка се генерираат од оние бранови кои веќе се наоѓаат во табелата на музички бранови на приемниот инструмент или звучната картичка.
Микропроцесор
Тип на процесор којшто се користи и денес во различни уреди, но овој термин престана да се употребува, туку се нарекува само „процесор“.
Модем
Уред кој му овозможува на персоналниот компјутер пристап до интернет. Модемот го претвора дигиталниот сигнал од компјутерот во модулирани електрични сигнали во опсег на гласовната фрекфенција кои понатаму се пренесуваат преку телефонски кабел. Постојат повеќе типови на модеми. Денес се користат кабловски модеми кои овозможуваат пристап до податоците преку кабловската инфраструктура. АДСЛ модемите се користат за поврзување на компјутерот или рутерот со ДСЛ телефонска линија.
32
Толковник на компјутерски термини
Модул
Генерички термин за самостојни делови на програмата кои остваруваат одредена функција, на пример, проверка дали зборовите се напишани правилно.
Мрежа
Мрежа е збирка на хардверските компоненти (печатачи, скенери...) и компјутери меѓусебно поврзани со канали за комуникација кои им овозможуваат споделување на ресурсите и информациите. Два уреди се во мрежа ако можат да разменуваат податоци.
МP3
Аудио датотека која е компресирана до една десетина од оригиналната големина на датотеката со звучен запис.
МPEG
Кратенка за Мotion Pictures Expert Group (експертска група за филм). MPEG е специфичен метод за декомпресирање видео и аудио податоци за репродукција во реално време.
Мулти таскинг
Можност истовремено да се извршуваат повеќе апликации. 33
Н Навигација
Навигацијата овозможува движење во рамките на хипермедијалните системи т.е. движење низ меѓусебно поврзани информации во различни форми.
Надворешен хард диск
Дополнителна меморија на компјутерот која се користи за чување податоци. Неговиот капацитет може да биде и преку 1TB (terra byte, 1TB = 1000 GB).
Направа, инструмент
Уред, дел од опремата кој може да се приклучи на одредена мрежа. Стандардни периферни направи се: екран, тастатура и диск драјв.
Негативно тестирање
Тестирање со цел да се покаже дека софтверот не работи.
34
Толковник на компјутерски термини
Несакана пошта (junk mail)
Несакана пошта е бескорисна е-меил пошта која примателите не ја побарале. Обично тоа се рекламни пораки кои се испраќаат до голем број корисници. Тука спаѓаат и спам пораките.
Нумеричка тастатура
Група тастери од десната страна на тастатурата. Тука влегуваат бројките/стрелките, Enter, +, -, /, *, Num Lock, Ins и Del. Според својот облик, потсетува на калкулатор.
35
О Одјавување (log out или log off)
Заради компјутерската безбедност, корисникот пристапува, се логира на компјутерскиот систем со најава и идентификација. Кога пристапот повеќе не е потребен, корисникот се одјавува од системот.
On-access Scaning
Посебна подобрена анти-вирус техника според која одредени програми стартуваат кога компјутерот ќе почне да работи и тогаш влегува во интеракција со секој друг активиран програм додека работи комјутерот т.е. до моментот на исклучување на компјутерот. Тие посебни програми ја испитуваат меморијата и системот на фајлови за да откријат дали постојат вируси во компјутерот.
On-line
Овој поим во буквален превод значи „на линија“. За некого се вели дека е on-line кога е поврзан на Интернет. Терминот off-line има спротивно значење.
OCR програма
Програма чијашто улога е да го препознае текстот од скенираните слики и да го префрли
36
Толковник на компјутерски термини
во некој популарен формат за да можете да го менувате. Одредени програми можат да ги препознаат и внесените форми, табели и слично.
Опсег, проток (Bandwidth)
Количина информации и податоци кои може да се пренесат преку компјутерските мрежи во одреден временски интервал. Обично се изразува како количина битови во секунда (bps), килобити по секунда (kbps) или како количина мегабити по секунда (mbps). Во однос на веб хостингот, означува количина на промет која веб презентацијата може да ја создаде во одреден временски интервал.
Оптички диск
Оптичкиот диск е електронски медиум за сместување податоци за чие читање и пишување се користи ласерски зрак со ниска енергија. Првично бил развиен кон крајот на 1960-те години, а познат е како CD.
Оптички драјв
Било кој медиум или направа која го користи ласерскиот зрак за пристaп до подаците на оптичкиот диск. Типични оптички направи се CD драјв и видео диск драјв. 37
П Параметар
Вредност која дефинира некоја карактеристика на елементите.
Партиција
Доколку компјутерот има голем хард диск или го дели со некого, препорачливо е да го поделите на повеќе делови, при што секој дел добива своја буква и се однесува како посебен хард диск. Овие новонастанати делови, се всушност, партиции. Ова се прави со помош на програмата Fdisk од DOS.
Ова е кратенка за Portable Document File или „фајл за преносен документ“ односно документ кој не дозволува промени на содржината. Всушност, PDF e тип на документ кој го развила компанијата Adobe и кој во себе може да содржи текст, фотографии, табели и други елементи. Основната идеја на еден ваков формат е што таквиот фајл, со помош на програмата Adobe Acrobat, може да се прочита на секој компјутер и на секој оперативен систем. Со тоа многу полесно се пренесуваат фотографии, текст, анимации и слично, од една платформа на друга.
38
Толковник на компјутерски термини
Персонален компјутер (PC)
Компјутер кој е наменет за поединци, т.е. обични луѓе, семејства и за деца, а служи за работа и забава. Друга крајност се супер-компјутерите кои ги купуваат големите компании или цели држави, а служат за тестирање на нуклеарното оружје, супер-сложени пресметки, контрола на вселенските летови и слично. Персоналниот компјутер е личен компјутер кој го развил IBM во далечните 1980-ти години. Основната карактеристика на PC-то е модуларноста, т.е. разложувањето на делови - компоненти.
Пиксел
Најмалиот дел од сликата или приказ кој компјутерот може да го прикаже или печати. Пикселот може да се препознае како елементарен еднобоен квадрат. Физичкиот пиксел е еднаков на физичкиот чекор на точки и се состои само од една точка за црвена, сина и зелена боја. Неколку физички пиксели можат да формираат еден логички пиксел, најмалата група точки во боја со кои видео картичката работи како да е една точка светлина.
Платформа
Претставува околина во која може да се креираат одредени апликации и програми. Во платформата се вклучени архитектурата на компјутерот, оперативниот систем, програмските јазици и корисничкиот интерфејс. 39
Порта (gateway)
Портата се однесува на хардверот или софтверот кој се поставува меѓу две некомпатибилни апликации или мрежи и овозможува пренос на податоци меѓу нив.
Поштенски канцелариски протокол (POP)
Post Office Protocol - POP e поштенски официјален протокол кој се користи за пребарување на електронските пораки. Повеќето меил апликации (т.н. меил клиент) користат POP протокол, иако, некои го користат поновиот IMAP (Internet Message Access Protocol). Со други зборови, тоа е меил протокол со кој меилот се пренесува од меил провајдерот до корисничкиот компјутер. Корисниците кои го користат POP клиентот, можат да го видат својот меил дури и кога не се онлајн, но мораат да направат бекап на своите меилови за да го избегнат губењето податоци во случај да откаже дискот.
Пријавување (log on)
Заради компјутерската безбедност, корисникот се пријавува (логира) на компјутерскиот систем со корисничко име и лозинка. Пријавување обично е потребно за влез на специфични интернет страници или преглед на екелктронска пошта. Кога пристапот повеќе не е потребен, корисникот се одјавува од системот.
40
Толковник на компјутерски термини
Приклучна програма (Plug-in)
Хардверски или софтверски модул кој додава одредена направа или услуга на постоечкиот систем. Суштината е новата компонента едноставно да се „приклучи“ на системот.
Приклучок (Порт)
Приклучок кој се наоѓа на задниот дел на картиците, надвор од куќиштето. Интерфејс на компјутерот на кој можете да врзете некој апарат. Во него се вклучуваат разни кабли (паралелни, сериски, за звучници, модемски...). Компјутерите имаат разни типови приклучоци. Интерно, постојат неколку портови за поврзување на дисковите, екранот и тастатурата. Екстерно, компјутерите имаат портови за приклучување на модем, печатач, глувче и други периферни единици.
Прилог (attachment)
Прилогот може да биде текст, фотографија или било каков документ кој се прикачува на е-маил пораката и се испраќа преку неа.
Применува (apply)
Наредба со која се применува опцијата која е избрана.
41
Поставување, прикачување (upload)
Испраќање податоци (на пример фајлови) од вашиот компјутер на некој сервер на Интернет.
Провајдер за пристап (access provider)
Тоа е оддалечен компјутерски систем преку кој вашиот компјутер се поврзува и се конектира на Интернет.
Програма
Низа инструкции на програмски јазик кои се компајлираат и преведуваат во машински јазик (јазик разбирлив за компјутерот) кои му кажуваат на компјутерот и на неговите компоненти што да работат. Тука спаѓаат програмите за пишување текстови, за цртање, игри.
Протокол
Договорен начин на комуникација меѓу серверот и клиентот. Тоа е уште и правило за комуницирање.
Профил
Кориснички профил (userprofile, или едноставно профил) е збирка на лични податоци поврзани на одреден корисник. Секој што е пријавен на социјалните мрежи креира свој профил.
42
Толковник на компјутерски термини
Р RGB мод
Ова е кратенка за red (црвено), green (зелено) и blue (сино). Се користи за прикажување бои во видео системите, камерите, мониторите. Овој систем ги прикажува сите бои како комбинација од црвена, зелена и сина светлост. Тоа е најраспространетиот мод за работа со дигиталните слики.
Регистар
Дел од оперативниот систем на Windows каде што се наоѓаат клучни информации за подесување на системите, хардверот и инсталираните програми. Се менува со програмата REGEDIT (Start > Run па впишете „REGEDIT“). Не менувајте ништо во регистарот освен ако не знаете точно што правите.
Режач/снимач (Burner)
Оптички уред способен да снима податоци на CD или DVD диск. Обично DVD режачот може да впишува податоци на CD и DVD, додека CD режачот впишува само на CD.
43
Режење или снимање (Burn)
Посебна метода на електронско впишување податоци на PROM чипови. Режењето или врежувањето записи значи копирање, снимање податоци (информации) на CD или DVD диск.
Резолуција
Квалитетот на текстот или сликата на печатената страница во најголема мера зависи од резолуцијата на печатење. Таа се утврдува со бројот точки од мастило кои се претставуваат на линија од еден инч. Најчесто, резолуцијата е 300dpi (точки на инч), иако сe повеќе се користат печатачи со резолуција од 600dpi и 1200dpi. Кај мониторите, резолуцијата е изразена со бројот на пиксели на некоја површина и тоа бројот на пиксели распоредени хоризонтално и вертикално на екранот (на пример, 640х480, 800х600, 1024х768...). Од резолуцијата зависи острината на сликата.
ROM и RAM
Read Only Memory (меморија само за читање) и Random Access Memory (меморија со случаен пристап). RОМ е составена од мемориски чипови или податоци од кои ситемот може да чита. Компјутерот не може да впишува нови
44
Толковник на компјутерски термини
податоци во тие чипови или диск уреди. RAM е брза меморија со случаен пристап, во која краткотрајно се чуваат податоците на програмот во кој моментно се работи.
Рутер
Уред кој се користи за креирање на мала (домашна) или голема (мрежа на една компанија или институција) компјутерска мрежа, која може да биде и дел од интернет мрежата.
45
С Сајбер простор (Cyber space)
Овој збор го измислил писателот на научнофантастични романи, Вилијам Гибсон за да ги опише целокупните информациски ресурси кои се расположливи низ компјутерската мрежа.
Сајт
Документ т.е. повеќе поврзани документи, напишани на HTML јазик и поставени на компјутер, така што им се достапни на сите останати компјутери на интернет. Секој сајт има своја единствена адреса (или URL), преку која ќе можете да го пронајдете. Адресите на сајтовите се секогаш со протокол „http://“, а сервисот е обично „www“. Кога во вашиот Интернет пребарувач ќе ја впишете адресата на сајтот, пребарувачот преку адресата повикува специјална програма на компјутерот каде што се наоѓа документот, а кој се вика „сервер“. Тогаш Интернет пребарувачот ја вчитува и ја прикажува на екранот.
Сектор
Најмало подрачје на површината на тврдиот диск кое може да се користи за сместување податоци.
46
Толковник на компјутерски термини
Сервер
Компјутер на кој се наоѓа веб страница или некои други сервиси.
Систем администратор
Лице одговорно за одржување на компјутерскиот систем за повеќе корисници, вклучувајќи ја и локалната мрежа (LAN). Негови типични должности се: додавање и конфигурирање на нови работни станици, поставување кориснички налози (user accounts), спроведување процедури за заштита од вируси...
Скајп (Skype)
Скајп е Интернет провајдер на телефонски услуги, кој им нуди бесплатни телефонски повици на своите претплатници, односно евтини телефонски разговори за оние кои не ја користат нивната услуга. Освен стандардните телефонски повици, Скајп овозможува брз трансфер на фајлови, видео разговор и видео конференции. Услугата е достапна за сите корисници на Интернет, и преку компјутерите и преку мобилните телефони.
Скрипта
Дел од некоја страница или посебен документ кој содржи програмски, а не HTML код. 47
Слот
Приклучок на матичната плоча на кој можат да се приклучат разни внатрешни (интерни) компоненти - модеми, графички картици, звучни карти. Се користат неколку видови слотови, вклучувајќи ги AGP, PCI, PCIe и ISA.
S.M.A.R.T
Ова е технологија за автоматско надгледување и известување (Self-Monitoring Analysis and Reporting Technology). Преку автоматска постапка уредот се надгледува самиот себе и ги открива првите знаци на неправилно работење или дефект, а потоа на корисникот на компјутерот му испраќа предупредување.
Сметка (account)
Налог, идентификација на корисникот, сметка која е слична на банкарска сметка, која ви дава поголем пристап до апликациите и право на услуги. Големината на пристапот е одредена со посебна апликација и вид работна одговорност. Посебна категорија е Гостинската сметка (Guest Account).
Софтвер
Софтверот (software) е програмскиот дел од компјутерот, оној којшто не може физички да
48
Толковник на компјутерски термини
се допре. Станува збор за сите програми кои се вградуваат во компјутерот, почнувајќи од алгоритмите кои ги придвижуваат чиповите и електрониката, преку BIOS, до Windows, апликациите во него, игричките...
Спајвер (Spyware)
Софтвер кој ги надгледува активностите на корисникот (или собира информации за корисникот) без знаење или одобрение од корисникот.
Спам
Електронска пошта испратена на голема група корисници на интернет, најчесто во комерцијални цели. Спамот го праќаат организации од различна големина и со различни мотиви, од големи познати компании за маркетиншки кампањи, до организирани „банди за спам“ чија цел е прибирање на лични податоци и различни измами.
Стартно мени (Start menu) Почетно мени
Стриминг
Праќање видео и аудио содржини во реално време преку интернет. 49
Т Тагови
Таговите се користат во HTML документите за да му кажат на пребарувачот како да ги прикаже текстот и сликата на веб страницата. На пример, за текстот да биде болдиран, задебелен, се корист тагот <b> на почеткокот и крајот на текстот.
Тастатура (keyboard)
Тастатура е влезен уред во компјутерот и служи за внес на податоци. Се состои од збир од копчиња (тастери) со букви, бројки, знаци или функции, орагнизирани во една целина така што потсетуваат на машина за пишување. Со притискање на еден тастер, тастатурата праќа кодиран сигнал до компјутерот што се прикажува на мониторот како визуелизиран симбол.
Твитер
Твитер е онлајн сервис за социјално вмрежување кој им овозможува на своите корисници да праќаат и читаат текст-базирани пораки до 140 карактери, познати како “твитови”.
50
Толковник на компјутерски термини
Текст процесор
Програма чија основна функција е менување, обработка и чување на текстовите. Најпознатата програма од овој тип е MS Word.
Тест на прифатливост
Тестирање кое му овозможува на корисникот да донесе одлука дали ќе прифати некој софтвер или не. Преку ова треба да се процени дали софтверот ги задоволува критериумите на корисникот.
Тестирање на инсталациите
Потврдува дека апликацијата која се тестира работи без да ги изгуби податоците и функциите и покрај очекуваните и неочекуваните случувања. Овие случувања можат да вклучат и недоволен простор на дискот, неочекувано губење на комуникацијата или прекинато напојување.
Тројански коњ (Trojan Horse)
Познат како Тројанец, ова е вид на злонамерен фајл кој е многу сличен на вирусите и го напаѓа компјутерот. Ја попречува правилната работа на инсталираните програми.
51
У УСБ (USB)
Кратенка за Universal Serial Bus, надворешен стандард кој поддржува брзини на пренос од 12 Mbps. Еден USB порт може да се користи и за 127 периферни единици, како што се глувче, модеми и тастатури. Поддржува plug-andplay инсталации и hot pluuging, а се очекува да ги замени сериските и паралелните портови.
УСБ мемориско стикче (USB Mass Storage device)
USB мемориско стикче кое ја вклучува и популарната флеш меморија, која е најпогодна за пренос на податоци. Големината на оваа меморија варира, исто како и формата и димензијата на апаратчето.
52
Толковник на компјутерски термини
Ф Фајл
Фајл или датотека е блок од произволни информации, или ресурс за чување на информации. Фајлот останува на располагање за понатамошна употреба и откако тековната програма ќе заврши. Компјутерските датотеки може да се сметаат како модерен пандан на хартиените документи кои традиционално се чуваат во канцелариите.
FAQ
FAQ или Frequently Asked Questions (често поставувани прашања) е дел од веб страница на која се наоѓаат секакви прашања, а на која самите корисници најчесто даваат одговори.
Фејсбук
„Фејсбук“ (Facebook) е социјална мрежа на интернет и е меѓу најпопуларните. Корисниците креираат личен профил и можат да се придружат на групи организирани по градови, работни места, училишта и региони за да се поврзат и комуницираат едни со други. Тие, исто така имаат сопствена група пријатели на кои можат да им испраќаат пораки. Корисниците ги ажурираат нивните лични профили за да ги известат пријателите за себеси. 53
Firewall (Заштитен ѕид)
Ова е еден вид заштита од хакерските упади. Всушност, за да упадне некој хакер на вашиот компјутер (по што на него ќе може да прави се што и вие) прво мора да пронајде „слободен“ порт (во тоа време мора да бидете поврзани на Интернет). Firewall е програма која ги скенира сите портови и го детектира секој обид за упад. Откако ќе го „фати“ хакерот, програмата ви ги испишува неговите податоци кои потоа само треба да му ги проследи на провајдерот и ... - еден хакер помалку на Интернет. Постојат неколку firewall техники: Packet filter, Application gateway, Circuit-level gateway и Proxy server. Firewall-(заштитниот ѕид) се смета дека е првата линија на одбрана во заштита на приватните информации. За дополнителна безбедност податоците можат да бидат шифрирани (encrypted).
FireWire
Брз приклучок за спојување на надворешните, најчесто мултимедијални уреди, со компјутерот.
Флеш меморија
Меморија која е често во вид на PC картичка, замена за хард драјвот. Овој уред има редови
54
Толковник на компјутерски термини
и колони со ќелии, кои имаат два транзистори на секој пресек. Ги задржува податоците и кога е прекинато напојувањето.
Фонт
Облик на буквите за пишување на текстуални документи. Постојат голем број фонтови, а кај сите нив буквите се со различна ширина. Постојат и „пропорционални“ фонтови кај кои секој знак е со иста ширина, на пример Courier. Денес, за пишување кај нас најчесто се користи македонската поддршка, за која има повеќе фонтови кои доаѓаат со самата инсталација на oперативниот систем.
Форматирање
Операција која е неопходна за дискот да може да работи (еден вид подготовка за работа). При форматирањето се брише целата содржина на дискот, па затоа сите податоци мора претходно да ги зачувате на друг медиум (CD, надворешен хард диск, USB).
Форум
Интернет форум, е сајт за интернет дискусија каде што луѓето може да дискутираат на одредени теми со испраќање на пораки.
55
Фрагментирање
Процес со кој датотеките се делат на многу оддалечени сектори. Дефрагментацијата, или оптимизацијата ја намалува фрагментацијата со повторно впишување на исцепканите датотеки во соседните сектори.
Freeware (Бесплатни програми)
Програми кои се 100% бесплатни, без потреба за плаќање. Ваквите програми се обично многу понеквалитетни и попрости од shareware програмите.
56
Толковник на компјутерски термини
Х Хакирање, хакери
Потекнува од зборот hack. Хакер е жаргонско име за ентузијаст т.е. лице кое ужива да учи програмски јазици и компјутерски системи, а кое често се смета експерт во некои области. Тоа е и лице кое „чепка“ во системскиот софтвер, обично без овластување, со цел да помине низ системот на заштита. Хакирањето значи пишување програмски код за да се додаде посебна функција на некоја постоечка програма или модифицирање на некоја програма, често без овластување, при што лицето го менува и самиот код.
Хардвер
Хардверот (hardware) е „цврстиот“, т.е. физичкиот дел од компјутерот. Тука влегуваат сите физички делови на компјутерот и опремата (монитор, тастатура, глувче, матична плоча, процесор, графичка картица и сл.)
Hard Disk Drive (HDD)
Хард диск, тоа е уред со мемориска единица со голема брзина и капацитет наменет за долгорочно чување податоци.
Херц (Hz)
Мерна единица за фреквенција и мерач на „брзината“ на процесорот. Главно мерењето 57
се врши во Мегахерци (MHz - милион херци) или Гигахерци (GHz - милијарда херци)
Хиперлинк
Текст или слики на веб страниците кои водат до други страници на кои ќе кликнете.
Хост
Хост е секој компјутер кој е директно поврзан на Интернет и кој може да ги користи услугите, како што се електронска пошта, World Wide Web, FTP, Newsgroups и кој им е на „располагање“ на другите компјутери во мрежата. Останатите компјутери кои се поврзуваат на хостот и ги користат неговите услуги, се нарекуваат работни станици.
HTML
Јазикот на кој се пишувани сајтовите. Во суштина, тоа се АSCII скрипти, кои сe помеѓу обичните текстуални фајлови од типот txt (не содржат во себе слики и не се бинарни) и вистински документи од типот doc (содржат форматирање, табели, потребна е специјална програма за да се чита...). HTML може да прикаже делумно форматиран текст, слики, табели, позадини, хоризонтални линии... Може да прикаже и линкови. Тоа се „активни“ делови на страницата, кои, по кликнувањето на нив од пребарувачот повикуваат некоја друга страница или друг сајт (преку интернет адресата).
58
Толковник на компјутерски термини
Ц CGA, EGA и VGA
Поими кои датираат уште од времето на DOS и графичките картички со малку меморија. Во тој период различни комбинации на резолуции и бројот на бои се групирани во посебни стандарди. CGA и EGA биле некои од тие стандарди. CGA подразбираше резолуција од 320х200 пиксели во 4 бои, а EGA се поврзува со 320х200 во 16 бои или 640х480 во 4 бои. Овие два стандарда се надминати и денес може да се сретнат само кај компјутерите за сметководство. VGA подразбира 640х480 во 16 бои или 320х200 во 256 бои, ама и овој стандард е надминат одамна.
CD-rip
Спакувана форма на фајлови и фолдери во .rip формат кои заземаат помалку меморија и е потребно нивно распакување за непречено користење во компјутерот.
CDR и AI
Екстензии на векторските цртежи, пришто CDR се употребува за слики работени во програмата Corel Draw, а АI за слики од Аdobe Ilustrator. Постојат и други екстензии на векторските слики, но овие две се најпознати. 59
Црв (worm)
Форма на злонамерен код кој се шири во компјутерските мрежи. За разлика од вирусот, не му треба програма „домаќин“, туку се шири самиот.
Цел екран (Full screen)
Прозорец или рамка која го опфаќа целиот екран.
Централна процесорска единица - CPU
Централната процесорска единица (central processing unit) уште се нарекува и срцето на компјутерот. Тоа е всушност процесор, микрочип кој ги обработува податоците и програмите кои ги користи компјутерот.
CMYK
Кратенка за сyan, yellow, magenta, black (цијан, жолта, магента, црна), четирите бои кои се користат најчесто при печатење во боја.
60
Толковник на компјутерски термини
У Уред
Уредите се приклучени на комјутерот, не се дел од него, а се помалку или повеќе зависни од компјутерот. Влезно-излезни уреди се: печатач, скенер, микрофон, звучници, веб камера…
61
Ч Чет (chat)
Во превод од англиски, муабетење, разговор. Станува збор за онлајн разговор, кој се остварува така што тие што „разговараат“ преку тастатура ги впишуваат своите пораки, а на екранот ги гледаат туѓите. За разлика од е-меил пораките, чет пораките се испраќаат и примаат во текот на пишувањето (како вистински разговор, но без глас). Најдобрите и најпопуларни чет системи се Скајп и оние на Фејсбук.
Чип
Мало парче изработено од полупроводнички материјал (обично силикон) во кое е интегрирано струјно коло. Типичниот чип е помал од 1 квадратен сантиметар и може да содржи милиони електронски компоненти (транзистори). Компјутерите се составени од многу чипови поставени на плочи (т.н. печатена плоча).
62
Толковник на компјутерски термини
Ш Shareware (делумно бесплатна програма)
Ова е делумно бесплатна програма. Ваквите програми можете бесплатно да ги снимите (даунлодирате) или користите, но уште на почетокот се поставуваат некои ограничувања: постојано се појавуваат иритирачки пораки и реклами, недостасуваат некои опции, а по 15-30 дена програмата престанува да работи и слично. За да ги снема овие ограничувања, корисникот мора да ја регистрира програмата, т.е. да и плати на фирмата која ја направила. Потоа фирмата на корисникот му испраќа шифра (клуч или сериски број) која ќе ги отстрани сите ограничувања на програмата.
63
16-битен, 32-битен...
Изрази кои ни кажуваат колку битови можат да се обработуваат истовремено. Овие термини се користат во различни контексти, но заедничко им е следново: повеќе битови - поголема брзина.
64