Никола Кљусев
Мојата партија е мојата татковина
Dela od Nikola Kqusev Poezija: • Antiteza • Kamen Ostrov • Silata na zborot • Oda na zborot • Neizrteno seme • Re~nik na srceto • Prividenija • Ispra}am son~ev zrak • Grauntele de aur / selectie si postafata de Dimitri M. Jon (prevod na romanski jazik) • La Semence d'or (prevod na na francuski jazik) • Hayat Cesilemeri (prevod na turski jazik) Esei: • Pogledi i promeni • Verba i izmama (esei), (Predizvici; kniga 1), • Bessoni no}i, (Predizvici; kniga 2), • Viduvawe (Predizvici; kniga 3),
Roman: Lenman - hronika na edna mladost Izbrani dela: Izbrani dela - 6 toma - Teorija i politika na ekonomskiot razvoj - Investicii: teorija - politika - ekonomika - Problemi na stopanskiot razvoj - Investiciono - razvojni problemi - Patot na makedonskata nezavisnost - Zlatno zrno
Никола Кљусев
мојата партија е мојата татковина
Книга петТА патот кон независноста
Фондација Никола Кљусев Скопје, 2015
МЕ УБЕДУВАА ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА, А МЕ СОБОРИЈА „Вечер“, 24 октомври, 1992 г. (Вера В. Аџигогова, Бранко Героски)
Бившиот премиер на македонската Влада, академик, професор д-р Никола Кљусев, го напушти кормилото на извршната власт без докрај да ги обелодени околностите под кои падна неговиот експертски кабинет. На неговиот последен настап на собраниската говорница господинот Кљусев загатна многу дилеми, кои „меѓу редови“ можеа да ги прочитаат само оние поупатените во испреплетените односи во државниот естаблишмент. Тоа беше причината од д-р Кљусев да побараме интервју во кое тој докрај ќе ги отвори картите. На почетокот од разговорот д-р Кљусев нè дочека со мало „досие“ - евиденција во која внимателно беше забележано сето она што во весникот е пишувано за него, за неговиот имиџ и настап. Тоа беше повод за мала расправија, но таа сепак не пречеше д-р Кљусев отворено да проговори.
5
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
При изгласувањето недовер6а на вашата Влада беше речено дека причина заради која таа не може натаму да опстане е и фактот што нема политичка поддршка од ниту една структура во Парламентот. Дали тоа, според Вас, беа вистински мотиви за уривање на Вашиот кабинет? Н.К.: За да се даде одговор на тоа прашање би требало да се каже нешто за структурата на Парламентот. Ние немавме мнозинска партија која ќе формира своја Влада. Не случајно претсе дателот Глигоров формираше експертска Влада. Можам да кажам дека Владата беше формирана со поддршка на сите пратенички групи, освен на ПДП-НДП. Тоа значи зад нас имавме политичка поддршка. Иста подршка се доби и кога се предлагаше програмата на Владата во моето прво експозе. Меѓутоа, мотивите се во борбата за власт. Особено меѓу партиите кои, до вчера бараа предвремени избори, а потоа се претворија во протагонисти на борбата за власт. За време на Деновите на македонското новинарство јас понудив да се оди на доверба на Владата. Бев критикуван од шефот на државата, зошто воопшто сум го поставил тоа прашање. ‘ Зошто бевте критикуван? Н.К.: Ми беше речено – „Не доаѓа предвид. Каква доверба на Владата. Таа нормално си работи? Јас тогаш се најдов во дилема. Кога човек гледа дека нешто е во дисонанца во опкружувањето, се прашува што мора понатаму да постоиме како Влада, која и така, речиси, сите ја земаа на нож. И реков отворено дека ќе си одиме. Тоа го реков и во Владата. Речиси, сите бараа да се постави прашањето на доверба на Владата пред самата антиинфлаторна програма, но се укажуваше дека сега не е моментот, опкружувањето, Армијата... И во такви услови воопшто не доаѓаше предвид од оној што сум добил мандаторско право да поставувам прашање за доверба на Владата. Изненадувачки делува: кога дојде прашањето на довербата на Владата на дневен род, тогаш се замолчеа! 6
Н и к ол а Кљус ев
Од кои причини се замолчеа, според Вас? Н.К.: Јас лично не можам да влегувам во интимата на одделни личности. Чинам дека постојат некои опции. Природно би било, како што бев информиран, дека и тој не бил доволно информиран за целата таа конструкција околу довербата. Така ми велеше претседателот. Иако јас лично мислам дека без негово знаење не е можно да се оди на доверба, зашто тој е протагонист на давањето на мандатот. Можеби и тој имал притисоци од партиите. Тие притисоци беа неодмерени. Ако ја испитуваме нивната анатомија, ќе видиме дека тоа е многу одамна.
КОНСУЛТАЦИИ И КОНФЛИКТИ Како се чуствувавте кога од мандаторот не добивте поддршка? Н.К.: Јас тоа прашање му го поставив на претседателот уште пред да се нафатам на мандатот. Што ако дојде до некои ситуации во кои би требало да се покрене прашањето за доверба? Тогаш оценките беа, оти блиски ни беа погледите: „ .... ако падне Владата, нормално, треба да си одам и јас“. Значи, бевте изненаден - затекнат? Н.К.: Видете, секој си изградува свој стил во текот на времето. А можеби и тоа не било искрено кажано. Тоа се тие моменти што треба да се разгледаат. При заминувањето, рековте дека ниту една поважна одлука не сте ја донеле без консултации со Глигоров и Андов. Кој ви го наметна таквиот начин на работа и зошто сте го прифатиле тој метод? Н.К.: Нормално беше во отсуство на друго координативно тело да постојат некои консултации меѓу претседателот на Владата, на државата, на Собранието и членот на Претседателството. Јас сметав дека е нормално некои суге7
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
стии што ги даваше претседателот на Републиката да бидат уважени. И тогаш воопшто не размислувавме така, како што може сега да се размислува. Тогаш имавме целосна доверба во соработката. Единствено отскокнуваше претседателот на Собранието. Тој секогаш ќе создадеше некоја конфликтност. И сега е прашање до кој степен имаше коресподенција со позитивна назнака, до кој степен носеше пенетрација со патерналистичка назнака, до кој степен имаше сугестивна моќ да се менуваат некои процеси. Или, да речеме, ако се донесеше некое решение, веднаш се поставуваше прашање – зошто тоа така сте го направиле? И Вие, како Влада се noвлeкyвавте? Н.К.: Точно, некои работи ги повлекувавме, да речеме, околу интерните акции. Веднаш партиите кај што беше Стојан Андов реагираа. Ние настојувавме тоа да го направиме во Законот за приватизација. Мислевме дека таквата коресподенција е позитивна ако е навистина кажано исконски, искрено, со чувство на одговорност. Сепак, рековте дека за една одлука не сте го консулти рале претседателот Глигоров. Тоа е за собирањето на воената евиденција? Н.К.: Разговори постоеја и пред тоа, дека мора да се оди на таа варијанта за да не бидат жртвувани нашите деца. Меѓутоа, околу денот на донесувањето, потпишувањето на тој документ тоа јас самиот го извршив. Зошто? Не ви беше тешко да свртите телефон ...? Н.К.: Ние мислевме дека Владата мора тој чин беспрекорно да го спроведе ако се сака да се сопре еуфоријата на воениот комплекс, која можеше да нé чини стотици жртви. И ние навистина изведовме една позитивна акција. Органите за државна безбедност ја извршија беспрекорно, слушам, баш оние кои беа најактивни денес некои ги менуваат, што изненадува. 8
Н и к ол а Кљус ев
ПРЕЛОМИ И ПУКНАТИНИ Консултациите ги оценувате како нормален тек на ра ботите. Ние пак, имаме информација дека еден ресор за надворешни работи – сепак, не се водеше од Владата? Н.К.: Точно е тоа дека ние присно соработувавме со претседателот на републиката. Имавме консултации. Покрај мене, често го повикуваше и Блаже Ристовски. Разменувавме мислења. Тоа го сметавме како еден чин на доверба на Владата. Консултациите во многу домени беа плодоносни. Тоа беше целата 1991 година. Немаше проблеми, а во тој период се пресекоа значајни настани: пописот, референдумот, Уставот, армискиот комплекс ... Тие проблеми Владата мошне одговорно ги извршуваше во непосредна соработка со претседателот на Републиката. Се разбира, на тие состаноци присуствуваше и претседателот на Собранието. Меѓутоа, во оваа година, особено во февруари/март настанаа некои преломи околу таа соработка. Кога ги забележавте? Н.К.: Прво, јас ги почувствував од концентрацијата на информациите во кабинетот на претседателот на Републиката. Владата беше отсечена како со информации однадвор, така и со информации однатре. Постепено се пенетрираше со преземање на министерствата за надворешни работи, внатрешни работи и одбраната. И јас во неколку наврати ставив сериозни забелешки кај претседателот на Републиката, дека сум отсечен од тие министерства. Тој одговори дека сака да укаже помош. Јас мислам дека, можеби, намерите интимно биле добри. Зашто, товарот што се носеше во сите тие домени беше мошне сложен и тежок и требаше одговорноста да се понесе заеднички. Меѓутоа, кога се анализираат контактите на министерствата со претседателот на Републиката, а дури потоа дознава премиерот, тоа веќе говори за нешто друго, за еден за9
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
обиколен пат на информации. Дури се одеше на пониско ниво – потсекретари да одат да кореспондираат со претседателот на Републиката. Јас оценив дека тоа е недопустиво, а особено за секторот за надворешни работи. Напишав дури и едно писмо до сите министри – при секое одење во странство, при секое контактирање, да го запознаат премиерот. Тоа се сфати како да е критика за Денко Малевски, за неговото неодговорно одење, без да знае Владата, во разни земји. Чинам дека тука постоеше една пукнатина, која беше видлива сé повеќе и повеќе. И некои партии почнаа да упатуваат критика, божем претседателот на Владата е марионета на претседателот на Републиката, што ги оценував како подмолни инсинуации. Јавно тоа не го кажавте, ниту реагиравте. Зошто? Н.К.: Па, некои работи не треба да се кажуваат јавно. Многу работи ќе останат некажани, зашто тоа е во склопот на еден ферплеј однос. Конечно, некои ќе останат државна тајна. Не можеме од државата да правиме карикатура. Како ја толериравте таа пукнатина? Н.К.: Па, се виде таа работа. Си се создаваше коалиција. На видело излезе неодмереноста, таа пребрза одлука на Андов да дава бланко лист на неговите членови да потпишуваат за (не)доверба на Владата. Тука упаднаа и други, се собраа 23 потписи, а фактички тие цело време кореспондирале и создавале еден лош стил на уривање на Владата. Дали почетокот на уривањето на Владата беше токму со вашето заобиколување? Н.К.: Не би рекол дека баш таму е почетокот. Тоа е една симбиоза на повеќе ветришта. На повеќе влијанија. Кои се тие? Н.К.: Па, жедта да, се добие политичка Влада и да се дојде до власт. Тоа го покажаа овие партии кои се во коалиција. 10
Н и к ол а Кљус ев
Потоа, неодмерените и неконтролирани изјави на претседателот на Собранието. Во сите контакти кога се среќававме, кога беше иритиран од Собранието, веднаш ќе почнеше да дава изјави – одиме на избори, соборување на Владата. Тоа му беше навика постојано да го говори. И конечно, оние процепи кои настанаа помалку или повеќе влијаеа да се дава пристап кон еден таков чин на уривање на Владата.
РЕКОНСТРУКЦИЈА И РАЗОЧАРУВАЊЕ Своевремено се тврдеше дека пред владината криза Ви било понудено да извршите реконструкција на Владата? Н.К.: Точно е. Стануваше збор за реконструкција на Вла дата и јас извесно време се подготвував за еден таков чин. Но, за тоа е потребна процедура, разговори со политичките партии. Дури кога слегував во Собранието, кога се постави прашањето за доверба, јас половина час пред тоа бев кај претседателот на Републиката. Тој ме убедуваше дека на седницата ќе се дискутира за реконструкција на Владата и така ќе се заврши. Тоа исто го зборувал и Андов. Меѓутоа, како што видовме, не излезе така. Мене ми рекоа дека јас сум бил млитав, млитаво сум го кажал тоа. За реконструкцијата, не сум кажал појасно. Тоа е знак дека однапред сè било смислено и никој не може да ме убедува дека тоа не било веќе решено. Некои од партиите дури и во кафеана зборувале за тоа. Но, никому ништо. На таа Влада й се изгласа недоверба и ние, како што знаете, го прифативме тоа. Времето ќе даде оценки колку тоа било разумно и што значи тоа. Кој министер најмногу ве разочара? Н.К.: Сите членови на Владата ги чувствував интимно како мои соработници. Моето интимно разочарување е повеќе чин на оценка. Да речеме, од морални, етички причини, Денко Малевски ме разочара. Тој еднаш си даде отказ. Јас 11
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
го убедував – дај да издржиме на овој напорен пат. Потоа тој од морални причини даде отказ, околу Лисабонската декларација. Сите ние во Владата мислевме дека Денко достоинствено нема да се вклучи во новиот тим. Но, тој се вклучи. Тука веќе се нарушени етичките принципи на човекот. И тука доаѓаме до едно разочарување. Можно ли е некој кој во текот на работата се дистанцирал, кажал некои работи кои просто загрижуваат? Јас не сакав да ги решавам, туку ги препуштив на претседателот на Републиката. Какви работи? Н.К.: Јасно е. Тој кажа: настојување за независна држава, само без мене. Јас сум воспитуван во едно заедништво, југо словенство... Независност не барајте од мене. Јас прво го сфатив како интелектуалец, како едно размислување. И бев стаписан. Најдобро е, си реков, тоа да се реши со претседателот на Републиката. Потоа, постојано ме убедуваа дека тој веќе нема такво мислење. Можеби тука јас погрешив. Можеби не требаше така индолентно, така лесно да поминам. Требаше веднаш, како што беше случај со Ристо Дамјановски, да му се каже - земи си ја чантата, надвор од Владата! Многу се шnекулира со таа изјава. Кажана е во Владата? Н.К.: Не на седницата на Владата. Кажано е прво кај мене во кабинетот, па кај Ристовски, па во една Комисија во Владата. Госnодинот Блаже Ристовски не го сnоменувате како ваше големо разочарување? Во некои кругови се тврди дека крајниот егзекутор на Вашата Влада беше токму тој. Точно ли е дека госnодинот nотnретседател го барал Вашето досие од nолицијата? Н.К.: Јас мислам дека на тоа прашање не треба да се одго
12
Н и к ол а Кљус ев
вори. Тоа е прашање на личноста. Подобро би било да го прашате потсекретарот на СДБ Слободан Богоевски што барал тој кај Блаже Ристевски, четири - пет часа во неговиот кабинет. Каков разговор воделе и како може да си дозволи еден потсекретар да говори за претседателот на Владата?
ВЛАСТ И МАНИПУЛАЦИИ Соработка меѓу Владата и Собранието воопшто немаше. Зошто? Н.К.: Видете, во главата на некои луѓе во Собранието стоеше онаа старата закостенета структура - Собранието е највисоко, а носителот на извршната власт мора постојано нешто да извршува. Не се сфати радикалната промена во Уставот и тоа токму од оние кои го донесоа, дека имаме поделба на власта. Постојано се напаѓаше Владата дека не извршила ова или она, а сите закони што се бараа ги доставувавме. Ме чудеше зошто претседателот на Собранието (пак тука една енигма – во Уставот не постои претседателство) не ги поставува на дневен ред. Тоа ме натера преку Секретаријатот за законодавство да доставиме барање до Уставниот суд да ни даде објаснување за надлежностите на поделената власт. За жал, Уставниот суд не го стори тоа. Мислите ли дека не можело или не се сакало да се сфати тоа? Н.К.: Јас мислам дека Собранието треба само да си ја врши својата улога на законодавно тело. Но, неговите челници се плеткаа во работата на Владата. Оди Андов во други земји и зборува за финансиски, економски работи, а јас и Владата тоа не го знаеме, ниту пак ни поднесува писмен извештај. Јас му го реков тоа нему. Кој го овластил да зборува за такви работи?
13
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Дали за ова разговаравте со претседателот на Републиката? Н.К.: Тој беше запознат. Јас инсистирав да се расчистат односите на поделбата на власта. Како реагираше тој? Н.К.: Се чини, сè остана само на запознавање, а мојот впечаток е дека се манипулираше со парламентот. Кој манипулираше? Н.К.: Па, прво претседателот на Парламентот. Тој умешно манипулираше и чинам дека тоа ќе му биде бумеранг нему во блиска иднина. Мислам дека веќе се осознаваат работите. Стојан Андов, ако добро разбравме, се пофали дека неговата партија ја урнала старата Влада, а тоа ќе го стори и со новата ако оцени дека е потребно. Како ги коментирате овие изјави? Н.К.: Точно е тоа. Андов е една контроверзна личност, со умешно политичко манипулирање, чист производ на едно минато време. Тој е конфликтна, хировита личност со интригантски амбиции, би рекол. Со него не можеше да се воспостави интелектуална кореспондентност. Тој брзо ги менуваше своите ставови, па дури некогаш кога претседателот на Републиката ќе завземаше друг став, веднаш ги корегираше. А неговата неодмерена исклучивост секогаш предизвикуваше кавги и расправии помеѓу нас. Никогаш не се случи тој да не упадне во некоја стапица со своето видување и да предизвика искри и кавги. Тука тешка беше и улогата на претседателот на Републиката да нè смирува. Тој ја покрена спиралата на уривање на Владата и, еве, изјавил дека ќе ја урива и оваа. Тоа значи тој има некое подземје, некоја моќ. Прашање е: која е таа моќ? Јас сепак мислам дека тоа е само интригантството, неговата манипулантска улога.
14
Н и к ол а Кљус ев
НАФТА И ПРИТИСОЦИ Еден од првите, како што се рече, маестрални потези на новата Влада беше начинот на кој обезбедивме нафта од Турција и Бугарија. Како тоа Вие и господинот Андов, кој и тогаш беше на таа функција, не се сетивте на овој потег? Н.К.: Кој вели дека не се сетивме? Па, јас ќе ви дадам цела историја за тоа! Но, во нашите анализи доаѓаме до сознание дека Солун ни е најоптимален. Меѓутоа јас не бев задоволен од состојбите во „Макпетрол“ и барав од Владата да се создаде конкуренција. Тогаш барав од Министерството за стопанство да пушти писма до низа компании. Знаете што се случи? Министерството тоа го сфатило премногу лесно. Напишале обични писменца, дали сакате да соработувате за дотур на нафта и слично. Јас остро реагирав. Па, тоа не оди така. Се вршат посети, се пишува со сите карактеристики, услови, концесии. Сè треба да се каже. Е, тогаш излезе дека „Макпетроп“ понудил соработка со некоја грчка компанија, дека тие ќе нè снабдуваат. Практично, не е само „Макпетрол“ тука. Тоа е еден четвороножец: Макпетроп, Рафинерија, Стопанска банка и Министерството за стопанство. Тие постојано ни наметнуваа проблеми, пред секое купување танкер нафта. Зошто? Н.К.: Постојано се бараше зголемување на цената, постојано се условуваше... Не е прашање дека Јован Андонов открил сега капиџик. Ние и пред тоа правевме анализи, но околностите не даваа економска преференција. Но, кога се дojде во криза и од таму се најде нафта. Освен тоа, да го кажеше тогаш некој од нас, тоа дека ќе ја активираме рафинеријата во Бургас наместо скопската, тогаш ќе нè направеа дека сме ја продале Македонија на Бугарија.
15
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Кога сме кај „Макпетрол“, дали бројните нафтени кризи што ги имавме беа вештачки? Н.К.: Тоа прашање и мене ме мачи: кој навистина манипули раше и со Владата и со политичката ситуација? Дали постоеше некоја таква тенденција? Јас, искрено да ви кажам, почнав, чекор по чекор, да се сомневам, Но, немав аргументи. Зарем како премиер не можевте да дојдете до точни показатели? Н.К.: Мене нешто ми се сигнализираше од едно министерство кое е одговорно за тие работи. Но, не ги доведоа работите до крај, иако нешто се посомневало. Особено, да речеме, Макпет рол ги искористи сите наши резерви. Тој уште й е должен на Владата 100.000 тони нафта што е земена од резервите. Што е со последниот танкер кој го плативте, од околу 93.000 тони? Н.К.: Добро е тоа прашање. Јас со скепса ја потпишав гаран цијата од 11 милиони долари, откако гувернерот на НБМ ме убеди дека банката ќе даде гаранција. Но, ако сега ме прашате каде е таа нафта, што е со неа, дали навистина е блокирана или лежи во складиштето, отишла ли комисија да провери или не... Тоа не го барајте од мене, јас не знам. Сè се случуваше во септември, кога јас веќе си одев. Долго се шпекулираше дека нафтата се носи во Србија? Н.К.: Тоа го слушнавме и ние во Владата. Барав да се испита од органите за државна безбедност. Тоа остана нерасчистено. Од Рафинеријата ни беше кажано дека имале некои резерви набавени од Србија, па тие ги пуштале. Изненадувања што Владата, за такви стратешки пра шања немала увид? Н.К.: Па не може Владата да биде полицаец! Ако влеземе во пренагласено испитување, веднаш ќе се каже: која е Влада-
16
Н и к ол а Кљус ев
та тоа да го прави! Владата координира, укажува на можностите за решавање, ја сервисира набавката, но не се впушта во анатомијата на претпријатието. Не да се впушта во тоа, туку е нејасно како ќе сугерира решение кога нема точни податоци? Н.К.: За сето тоа беше одговорен еден човек во Владата. Тој остана и сега во Владата, сите надлежности се дадоа на еден човек. Дури не се поднесуваше извештај за такви работи, пред сè заради компромитации и неодговорни изјави.
ПРОГРАМА И ПРОГНОЗА Новата антиинфлациона програма на Владата на Црвенковски се базира врз програмата на Вашата Влада. Во меѓувреме само се влошија т.н. агрегати. Каква беше тогаш воопшто смислата на уривањето на старата програма? Н.К.: Јас бев координатор и раководител на тимот за програмата. Теоретски ги простудиравме сите модели. Зрееше мислата кај сите нас програмата во лимитираните услови да се постави на здрави нозе. Знаевме дека без финансиска поддршка однадвор одевме по жица и секое и најмало нарушување на било кое сидро можеше да ја фрли во парче. Пријатно е да се констатира дека како замислувавме така и се развиваше реализацијата. Ефектите беа забрзано опаѓање на инфлацијата од 72 отсто во мај до 6.6 отсто во август. Тука ќе беше 2 отсто или нула, но тогаш го имавме уривањето на Владата. Потоа стабилизирање на пазарот, опаѓање на цените, забавено движење на јавната потрошувачка, стабилност на денарот, а кај народот почна да се враќа довербата. Уривањето на програмата прво настана со пензиите, па со барањето за укинување на 30-те марки за патување во странство и на крај дојде фамозниот закон за платите. Политички хир на еден пратеник.
17
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Мислите дека навистина тоа беше хир? Н.К.: Јас тоа така метафорички го кажав. Тука има заткулисни игри. Тоа се само експоненти. Зад нив стојат други, оние мрачни сили кои сакаат да создадат хаас, неизвесност, паѓање на колена на Македонија за да се приклони во прегратката на стариот брат. Јас не гледам друга логика и не можам да сфатам кому му служи уривањето на антиинфлационата програма. Или да го препишеме на незнаењето на пратениците? Ние во Владата имавме предложено таков закон, но го одбивме. Во Владата имаше многу протагонисти економисти кои силно ја бранеа програмата. Единствено тогаш само еден беше против неа, не се сложуваше со мерките, па дури и си побара оставка. Тој сега остана во Владата. Е сега, како тој ќе ја спроведува програмата? Дали има шанси да успее вака корегираната програма? Н. К.: Со уривањето на програмата тие ја испија горката пилула. Сега тоа е една блага шминка. Има нешто што мора да се каже, а што хетеродоксниот модел на програмата не трпи. Влегувањето со висока стапка на инфлација од 2З отсто месечно, а да се задржат сидрата на хетеродоксниот модел – тоа е невозможно. Тоа ќе доведе до хаос. Однапред е осудена.
ЛАКРДИЈАШКИ РАБОТИ Меѓу прашањата што ги поставивме беа и оние за „тојотата“, за неуспешниот обид да добие општествен стан на крајот од мандатот. Тој одби да разговара за тоа. 3абележа „вие ме вртите на некои аферашки, лакрдијашки работи? и „Не барајте од мене како научен работник јас да одговарам на банални прашања?“ Сепак во врска со станот објасни: Н.К.: Вие мислите дека е афера. Тука е злото што новинар ството поданички се однесува кон некои појави во општест-
18
Н и к ол а Кљус ев
вото. Па природен чин на секој граѓанин и вработен е да побара она што природно му припаѓа. Јас ако сакав да го решавам прашањето за некој монументален стан или вила, можев тоа да го решам порано како што го реши господинот претседател.
19
ПОВЕЌЕ ОД ЧОВЕЧКИ „Пулс“, 29 октомври, 1992 г.
Во настаните што ја одбележаа изминатата недела, барем кога се во прашање весниците, особено внимание, не случајно, предизвика и разговорот што со бившиот прв човек на исто така бившата македонска Влада, Никола Кљусев, го направија колегите од „Вечер“. Меѓу другото, се чини дека високиот медиумски рејтинг што го оствари интервјуто на Кљусев се должи, пред сè, на искреноста со која тој – како му се стори на вашиот новинар, сега сосема растоварен од потребата да прави политички калкулации - проговори за времето што го мина во премиерската фотелја. Впрочем, „шармот“ на професорот Кљусев отсекогаш се темелел на неговиот специфичен и непосреден начин на комуницирање, што во случајот на споменатото интервју доби, се чини, и еден нов квалитет – да ја разоткрие човечката димензија на „големата политика“. Во таа смисла, експремиерот, без желба, како вели, да навлегува во „интимата на одделни личности“, во интервјуто дава оценки за луѓето од македонскиот политички врв. Така, на пример, тој не успева да ја скрие одредената разочараност од претседателот г. Глигоров (патем го споменува само како „оној од кого сум го добил мандатарското право“), за кого вели дека
20
Н и к ол а Кљус ев
во почетокот му тврдел дека ако падне Владата и тој (претседателот на Републиката, н.з.) ќе си замине од функцијата, но дека кога станало збор за изразување недоверба на неговиот кабинет, тој на одреден начин се дистанцирал. „Видете“, вели Кљусев за него, „секој си изградува свој стил во текот на времето. А, можеби и тоа не било искрено кажано“. Како свое интимно разочарување, Кљусев ја оценува и личноста на министерот за односи со странство, г-н Денко Малески, за кого вели дека „еднаш си даде отказ (?!) околу Лисабонската декларација, по што сите ние во Владата мислевме дека Денко достоинствено нема да се вклучи во новиот тим. Но, тој се вклучи“. Сепак, се чини дека најлошо во интервјуто мина претседателот на Парламентот г-н Стојан Андов за кого Кљусев вели дека е „една контроверзна личност, со умешно политичко манипулирање, чист производ на едно изминато време“, односно дека е „конфликтна, хировита личност, со интригантрки амбиции“, со кого не може да се има „интелектуална кореспондентност“, и со кого, наводно, во редовните консултации меѓу Владата, Парламентот и претседателот Глигоров, секогаш доаѓало „до некоја конфликтност“. Кљусев, во однос на Андов, се прашува „до кој степен (тој) имаше коресподенција со позитивни назнаки, до кој степен носеше пенетрација со патерналистички назнаки, до кој степен имаше сугестивна моќ, да менува некои процеси“. Инаку, да кажеме на крајот дека нашата оценка за интервјуто на Кљусев, набележана во почетокот на овој текст, е навистина искрена (иако експремиерот отсекогаш имал големи резерви во поглед на искреноста на новинарите) и без никакви задни мисли. Впрочем, кога велиме дека ни се стори дека исповедта на бившиот премиер ја разоткрива човечката димензија на политиката, тоа и навистина го мислиме. Единствено што по малку нè заплаши е тоа што таа вистина за луѓето што нè водат ни се виде дури претерано човечка.
21
НЕМА МЕСТО ЗА ДЕФЕТИЗАМ „Нова Македонија“, 10 април, 1993 г. (Виолета Цветковска)
Во една разнебитена состојба во стопанството, вклучу вањето на Македонија во светските и европски економски токови во скоро време треба мошне критички да се гледа и оценува. Загубите, странските долгови и девизните заштеди на граѓаните најголемите лимитирачки фактори. Поединечна ревитализација на одделни гранки Н.К.: Имајќи го предвид нарушениот и болен стопански организам на Македонија, егзистенционално и суштествено прашање кое се наметнува е како тоа да опстане и заздравее. Нудени се мерки, антиинфлациони програми, санации, меѓутоа патот кон амбисот не е прекинат. Напротив инфлацијата дивее, производството опаѓа, а јасна слика за иднината на националната економија очигледно во моментот никој не е во состојба да предложи. Актуелна и во оптек е само владината макроекономска политика, која сума сумарум е склоп на добри желби и преоптимистички визии кои малку кореспондираат со стварноста и состојбите во стопанството. Но, очигледно на нашата економија й треба многу повеќе отколку искре-
22
Н и к ол а Кљус ев
ни желби за излегување од кризата, а тоа не се добива ниту прeкy ноќ, ниту со неиздржани проекти. За тоа првенствено треба национален консензус, студени глави и долгорочна економска стратегија, во која ќе се преферираат објективните услови и националниот интерес. Во една разнебитена состојба во реализацијата и констру ирањето на стопанството, вели професор доктор Никола Кљу сев, експремиерот на првата македонска Влада, во нејзините институционални основи, кога државата треба да ги даде сите механизми и инструменти на еден нов систем, не може да се очекува, наскоро Македонија да биде вклучена во светските и европските токови, во финансиските институции, и евентуалното нејзино помагање треба мошне критички да се анализира и оценува, зашто нашиот организам не може така брзо да ја апсорбира ветуваната помош. Од друга страна ние не можеме толку брзо да очекуваме некоја поголема помош бидејќи не сме атрактивна земја која може да го привлече вниманието на другите земји, било поради скудноста на стопанската структура, било поради технолошката депресијација или поради менталитетот, навиките на субјективниот фактор – човекот. Тоа се лимитирачки фактори кои ние ги кумулиравме, било поради надворешни причинители, било поради самите себе, па токму поради таквата лимитираност во оваа или наредната година не можеме да очекуваме некои поголеми скокови. Во следните две-три години ќе продолжиме да живееме во атмосфера на депресија на стопанството додека не се постигне критичката маса на отрезнување, како на стопанските субјекти, така и на политичките фактори.
ПОТРЕБНО Е ГЕНЕРАЛНО ПЕРЕЊЕ Ова го зборувам, вели проф. д-р Кљусев, само поаѓајќи од онаа епизода со помошта на Сорос од 20 милиони долари. Колкави беа измачувањата да ги добиеме, а да не се знае како
23
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
најрационално да се искористат. Требаше да се води сметка каде ќе ги дадеме и како ќе ги вратиме за краток шестмесечен или едногодишен период. Тука требаше да се јави државата и стопанските субјекти со партиципирање во земањето странски средства. Замислете утре да добиеме кредит во износ од 100-200 милиони долари! Ние треба генерално да се испереме, а ќе нè исперат другите кои ќе нè преиспитуваат преку нивните банкарски критериуми, па дури тогаш може да очекуваме финансиска инфузија. Ние треба прво да се докажеме пред самите себе, пред економиите на нашето опкружување, пред Европа, бидејќи тука сме малку разлабавени во однос на стандардите и квалитетот, па одиме на едно пониско производно ниво за локални потреби што светот не може да го прифати. Мошне е важно да се изврши брза преориентација, некои витални гранки да добијат приоритет, мислам на природните ресурси, рудното богатство, обоената мета лургија, кои ни се најважен сектор за стекнување девизи. Да се преиспитаат можностите во аграрот кадешто имаме значајни инвестиции во хидромелиоративните системи, оранжерии, прехрамбени капацитети, и заедно со маркетингот да создадеме можности за пласирање на странскиот пазар. Сè уште живееме со старата психологија да излеземе на кванташкиот пазар, наместо да заживее аграрната берза каде ќе се подигне квалитетот на услугите со кои услови ќе се запознаеше и светската јавност. И тука треба да се воспостават стимулативни мерки за заштита на одделни гранки, на пример за производство на шеќер, зејтин, но не може ан блок цел аграр да се штити. Во тешка состојба е и чевларската и текстилната индустрија која апсорбира значаен дел од работната сила, таа сè уште работи на гранична ефикасност, на лон услуги, иако имаме квалитетни производи. Тајланд, Сингапур, Хонг Конг се под нашето ниво на квалитет, а се присутни на американскиот, австралискиот пазар, а ние пропуштаме шанси.
24
Н и к ол а Кљус ев
Ние од Владата воспоставивме врски за снабдување со суровини во Австралија за волна, памук, но стопанските субјекти не остварија директен контакт и покрај позитивните сигнали. Сега кубуриме со тие суровини. Нашата национална стопанска структура не е така атрактивна и способна да влезе во светскиот маркетинг, зашто таа беше суровинска лепенка на југословенско то стопанство во последните четири децении кога добиваше пер иферни производни листи, кога повеќе истечуваше доходот во југословенски рамки одошто остануваше дома. Значи, пазарното стопанство бара национална стратегија, трезвено размислување. Некои гранки треба да потпаднат под поголема фискална пресија, а некои да бидат послободни. Со фискалната и даночната политика не може да се вршат разни тортури врз граѓаните и стопанството туку треба некои гранки да земат здив. Сите витални економски параметри се нарушени прво, од болното стопанско ткиво, притиснато и од надворешни блокади, па имаме и огромни загуби. 3агубите се поголеми од очекуваната национална акумупација и ако на тоа го додадеме тешкото финансиско бреме на отплата на странски долгови кои годинава достигнуваат 300 милиони долари заедно со минатогодишниот долг, таа обврска која нè удира како демоклов меч по главата, се прашувам како ќе ја разрешиме. Со тоа треба да се запознаат странските доверители, бидејќи од југословенскиот колач, од сукцесијата не можеме многу да очекуваме, а висока девизна ефективност не можеме скоро да очекуваме од извозот. Очекуваниот извоз во макроекономската политика го демантира во првото тримесечје од годинава, тоа е илузија, треба да се почне нов концепт, нова стратегија. Девизните влогови на граѓаните се третата компонента и тука не треба да се прават политикантски потези, треба да се каже што е тоа што оваа Република може да го направи.
25
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
ИЗДРЖАНА ПРИВАТИЗАЦИЈА Се спомнуваа, вели Кљусев 14 извори за враќање на де визните заштеди на граѓаните, а ништо од тоа освен продажбата на општествени станови, не мрдна од место. За користење на замрзнатото девизно штедење треба да постои денарска противвредност ако не сакаме да запливаме во нови инфлаторни води. На банките треба да им се даде средства да се покријат, а без рефундирање на денарски средства државата може да отпише нешто свое само со согласност на Парламентот преку Програмата за приватизација. Трите ограничувачки фактори, загубите, странскиот долг и девизните заштеди на граѓаните нè соочуваат со две негативни тенденции: дезинвестиции, кога стопанството не може да инвестира толку колку што амортизира и технолошка депресијација. Освен тоа присутно е и нерационално користење на капацитетите од 50 и помалку проценти од вградените, а на запад искористеноста е 150 до 170 насто со повеќесменско работење. Проблем е ограниченоста на суровинско репроматеријалниот биланс од дома и странство, но и неорганизираноста во самото стопанство. Има ли надежи? Со јасно разграничување која е нашата апсорпциска моќ, колку можеме да привлечеме домашно, колку увозно производство, нема место за комплекс на дефетизам. Иако на пониско ниво решенија може да се најдат, тоа е испитувањето на гранки по гранки на кои ќе им се даде предност во ревитализацијата. Дали за надминување на сегашните состојби ни е потребна нова антиинфлациона nporpaмa? Н.К.: Не гледам, констатира Кљусев, дека реадикално нова антиинфлациона програма со нови сидра може да се создаде. Колку и да се прават нови антиинфлациони програми мора да се дојде до сознанијата до кои дојдовме ние со нашата програма. Ние ги поставивме четирите сидра, монетарната,
26
Н и к ол а Кљус ев
доходовната област, цените и курсот на дeнарот. Програмата беше високо лимитирана од објективните услови и во комодитетот за да може да се реализира. Како кај секоја програма која во реализацијата влегува со премиси, најагресивен и најборбен е социјалниот сектор бидејќи навлегува во начинот на живеење на човекот. Ние со лимитирани плати од 100 марки го градевме одбрамбениот механизам на другите сидра. Но со стихијниот Закон за плати на Парламентот сето падна во амбис. Ако нè оставеа до крајот на годината пуритански да издржиме на неа, ќе имавме друга слика. Можеби не многу различна, но многу посреќни, ќе се задржеа опаѓачките стапки на програмата и ќе можеше да интервенираме во неа. За научни кадри кои почнале да покажуваат некаков успех, болни се политикантските игри. Општествените и економските трансформации се долгорочни, а ако се задоволиме со краткорочни ефекти, ја губиме стратегијата и националната економија се самоубива. Тоа го прават само ситни политикантски манипуланти кои сè нешто му ветуваат на народот. Краткорочните ефекти треба да се сфатат само како надежност за утре, а не како успивање за денес. Потребно е ферментирање, зреење на мислата и идеите. И да имаме дополнителен капитал од странство без катализатор, кој ќе ја процени апсорпционата моќ на стопанството нема да сториме ништо. Потребни се агенции и институции кои ќе му укажат на стопанството што треба да прави, а не со еуфорични настапи и политички емоции да се влошува амбиентот. Тука е и улогата на државата која преку мерки и инструменти треба да помогне во трансформацијата, односно што е тоа ново што треба да функционира за да излеземе од оваа криза.
27
ВРЕМЕ НА ПОРАЗИ „Дело“, 14 мај ,1993 г. (Владо Мокров - Братислав Ташковски)
Академик проф. д-р Никола Кљусев премиер на првата ма кедонска Влада по првите слободни повеќепартиски избори, покрај својата научна работа ќе остане во паметењето по процесот што тој со соработниците го почна на планот на политичкото и економското осамостојување на Република Македонија и нејзиното ослободување од федеративните стеги во кои секогаш имаше подредена улога. Ќе се памети и по спротиставувањето на бившата ЈНА, по спасувањето на македонските младиници да не бидат праќани на хрватското боиште, но и по жестоката хајка што против него и против некои негови соработници се водеше во државните, сè уште по стар принцип организирани медиуми. Денес, по неколку месечна дистанца, кога би се сакало, би можело многу пореално да се согледа и оцени пионерската работа на бившиот премиер и на неговата Влада, особено во моментите кога новата коалиција, извршната власт, го бомбардира Парламентот со интервентни звкон,и кои се само површна доправка на веќе проектираните акти, од нејзината претходничка.
28
Н и к ол а Кљус ев
Д.: По осум – девет месеци надвор од политиката и ак тивно учество во неа, каде сте, како сте и што работите? Н.К.: Па, ете, мина една луња. Ја нарекувам луња зашто дојдовме со намера да помогнеме во една историска фаза на формирањето на една самостојна македонска држава, а излегоа многу интригантски игри во кои бевме вметнати. Се формира таканаречената политичка Влада, според мене, неприродна коалиција на неколку партии, врз основа на некои специфични интереси, и се заборави на првата македонска Влада. Контактирав со некои поранешни министри и со никој од нив, вклучувајќи ме и мене, не се направени никакви средби што значи дека постојниот политички естаблишмент, државниот врв, првата македонска Влада ја сметал за опозициона па дури и непријателска. Трагично е што се употребуваат истите стари методи преземени од едноумието пред сè, ставањето на луѓето „под сенка“, игнорирани и отфрлени. На тој начин, за жал во оваа мала Македонија се отфрла еден интелектуален и творечки потенцијал кој ги постави темелите на самостојна македонска држава. Д.: Значи веќе постои еден видлив дисконтинуитет во извршната власт што во принцип не е карактеристичен за модерните демократски општества... Н.К.: Вие имавте можност да слушнете некои изјави од претставници од оваа Влада во јавните медиуми дека сè што работела првата Влада е подложено на преиспитување. Значи, како да не се има доверба во првата Влада, а всушност станува збор за нешто друго. Малите „шминкања“ на законите што ги прават, на законите што ние сме ги подготвиле повеќе се политикантски чин, за да се рече дека нешто работат. Зашто ништо ново, ништо радикално и квалитетно не се внесува. Станува збор за вештачка дистанца, бидејќи не сака да и се признае континуитетот на првата Влада, па ни се при-
29
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
лепува автоматски дека сме биле политички неподобни. Се поставува прашањето од кој политички аспект не сметаат за неподобни, од која идеолошка премиса, од кој интерес на македонскиот народ. Кој кому дава право за таков вид оценки. Кој е креаторот на тие работи конечно? Д.: Тоа е навистина интересно прашање. Кој е креаторот? Кој е промоторот на сè она што се случува во Република Македонија? Н.К.: Па, веќе е препознатливо. Ќе дојде време кога сè ќе се каже и ќе се разголи. Д.: Bие како Влада почнавте многу процеси и сега од една, иако не многу голема временска дистанца може да се направи проценка на целата работа. Како сега гледате на сето тоа? Н.К.: Ние влеговме во еден широк фронт на подготовка на низа закони. Со мобилизација на умот и знаењето, не само на Владата туку и на групите кои ние ги ангажиравме од Универзитетот, од МАНУ, од стопанството и институциите, создадовме една работна клима, така што во тој процес голем број закони ги доведовме до завршница, или беа во тек на завршување. Со нашето паѓање тој процес е прекинат, а станува збор за акти кои беа во завршна фаза, а сега на нив сè уште се чека, на пример Законот за приватизација, се тапка во место со него, а велевме дека не може да се изврши трансформација на економскиот и политичкиот систем, без промена на сопственичкиот карактер на средствата за производство. Затоа му дававме тежина. Изработивме неколку верзии и сметавме дека е горе-долу добар да влезе во парламентарна процедура. И тој влезе уште додека беше нашата Влада и еве пак се враќа. Целото тоа кочење од кои сили доаѓа, за какви интереси станува збор... Тие политички интереси всушност имаат реперкусии, врз целото живеење.
30
Н и к ол а Кљус ев
Слично е и со даночните закони, за територијалната подел ба, за претпријатијата, за личната карта, грбот. Зошто тие закон и не се поставуваат на дневен ред во Парламентот? Тоа е јасно... Д.: Постои тенденција Вашата Влада да биде обвинувана зошто не се донесени тие закони. Н.К.: Сопствените слабости на другите им се припишуваат како гревови. Станува збор за тоа дека ако тие закони дојдат во Парламентот, коалицијата ќе падне. Коалицијата нужно ќе падне на Законот за територијална поделба, за личната карта, за грбот, па дури и за претпријатијата (фирмите). Сето тоа покажува дека се потиснати вистинските интереси на народот, за сметка на некои формални интереси на коалиционите партнери и во тој процеп, со мошне ниско ниво на критичност се обвинува првата Влада. Д.: Вашето паѓање очигледно беше подготвено во глав ната македонска политичка кујна. Кои се тие сили кои ги определуваат тековите на политичкиот, па и воопшто на обичниот живот? Н.К.: Тоа се неколку личности. Можеби тие имаат и лоби кое ги советува. Тие знаат умешно политички да манипулираат и со Парламентот и со Владата и на свој начин ја префрлаат вината на политичките партии, а знаеме каква е всушност зрелоста на политичките партии. Еве како се одвиваат манипулациите. Сè до последниот момент се зборуваше дека нашата Влада не е никаков проблем, таа ќе си остане, само јас да предложам некаква реконструкција. А веќе фактички во „кујната“ ја приготвиле целата работа: веќе си ги изброиле гласовите на коалицијата, веќе прославувале, а ние зафатени со работа немавме ни време за создавање на одбранбени механизми. Останавме можеби недоискажани, но не сакавме да создаваме никаква политичка тревога.
31
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Д.: Еве едно најдиректно прашање. Која е улогата во целиот тој случај на првите двајца луѓе на државата, претседателот на Републиката и претседателот па Парламентот? Н.К.: Јасно е дека тие имаа решавачка улога. Тие ме убедуваа дека еден од нив не бил информиран, дека не бил тука, а фактички без нивно знаење ништо не е направено. Тоа покажува какви методи од стариот социјалистички систем се применуваат и во ова наше новороденче, во нашата македонска држава. Д.: Јавноста, сепак, знае дека г-н Глигоров имаше големо влијание врз Владата и нејзината работа... Н.К.: Ние тогаш, барем јас поаѓав од такви позиции, рабо тевме со максимална доверба. Мислев дека навлеговме во онаа фаза на развој на македонската демократска политичка клима каде интересот на македонската држава е пред сè. Не верувавме дека постои некоја друга заднина. Меѓутоа, се покажа дека методите на политичката манипулација си постоеле. Тивко молчеливо, но се спроведувале, со јасни сценарија и жртви. Јас почнав во еден момент да чувствувам такви тенденции и влегов во некои расправии. Укажав на концентрацијата на моќта, прво преку концентрацијата на информациите во едни раце, дипломатијата, безбедноста, одбраната. Се чувствуваше едно грабање на власта од Владата. Тоа благовремено го кажав. Но, се велеше дека мотивите не се лична власт, туку дека е во прашање желбата да се помогне, иако јас во одреден период и верував, но набрзо видов дека тие манипулации имаат и своја завршница при соборувањето на Владата. Значи некои ја користеле својата позиција да работат надвор од Уставните рамки. На седницата на Парламентот јас требаше да излезам со експозе за реконструкција на Владата и да ги замолам поли
32
Н и к ол а Кљус ев
тичките партии за трпение додека таа не се подготви. Дури на самата седница видов дека сè е однапред режирано, па затоа и така емотивно настапив. Д.: Имаше ли навистина реална потреба за ре кон струкција на Владата? Н.К.: Неспорно е дека таа можеше да се изврши. Јас работев на тоа... Д.: Стануваше збор за вистинска потреба или за при тисок? Н.К.: Некои места требаше да се изменат, зашто некои си најавија оставки, а постоеше и тивка пресија. Д.: Имавте министри што не се согласуваа со некои Ваши потези, особено со политичкото и економско осамостојување на Македонија... Н.К.: Тие тоа не го искажуваа експлицитно. Постоеше некое видување кое јавно, навистина не беше кажано во Владата. Но се чувствуваше духот на нивната акција, патем тие останаа на нивната акција, тие останаа во новата Влада. Д.: Мислите ли дека можевте многу повеќе да направите? Н.К.: Секогаш треба да се тргне од тоа дека можело повеќе. Нескромно е да се оценува својата работа, но во глобала јас сум задоволен со она што го направивме. Во такви тешки времиња на неизвесности, притисоци, закони, Армија, тоа што го направивме беше пионерски чин. Д.: Бевте изложени на постојани напади во официјалните медиуми. Н.К.: Другите личности не ги болеше глава со медиумите. Тука и почнаа расправиите со претседателот на Републиката и со претседателот на Собранието. Јасно ставивме до знаење
33
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
дека нападите врз Владата и врз премиерот се смислени. Но, не се мрдна ни со малиот прст. За објективност, можеби побудува интерес да се оцени, односот на информативните средства денес према работата на оваа политичка Влада, за да може да се компарира и суди колку истите се однесуваат професионално и колку се, независни. Д.: Не беше ли грешка на вашата Влада што не се погрижи уште во почетокот да се создадат услови за нов информативен систем? Н.К.: Ние сакавме нов систем на информирање. Но, од една личност чувме дека побрзо ќе падне Владата одошто ќе се промени нешто во медиумите. А таа личност дава збор во Парламентот. Д.: Мислите на претседателот на Парламентот г-н Стојан Андов, се разбира. Н.К.: Да. И тука беа кавгите. Ние укажувавме дека треба да се создадат претпоставки за нов систем на информирање. Дека се неопходни промени. Оваа структура е од старата номенклатура што се создаваше во едноумието. Немавме никакви намери некому да се одмаздуваме. Само сакавме информациите да се ослободат од личности кои имаа улога на политички комесари во стариот систем, со тенденција за послободно, вистински и аргументирано критичко информирање, но не успеавме во тоа. Д.: Мислите ли дека има голема вина и во Парламентот затоа што не е заокружен системот? Н.К.: Парламентот е голема кочница. Тој е извориште на големи манипулации. Видете само како се водат седниците. Каде има еден парламент да не може да донесе ни деловник за работа и тој да работи како што сака претседателот? Да се наметнува, да коментира секоја дискусија на пратеник?
34
Н и к ол а Кљус ев
Д.: Изминаа две години од почетокот на новите демо кратски процеси. Бевте претседател на првата македонска плуралистичка Влада. Од денешна гледна точка, колку сега имаме демократија и колку отидовме далеку од оној систем што го имавме пред тоа? Н.К.: Демократијата треба да се сфати во нејзиното рела тивно значење. Нема апсолутна демократија и апсолутна слобода. Меѓутоа, под демократија подразбираме слобода на духот, на мислата, право на избор, слободно да се живее без примеси на страв, на пресија, без неизвесност за тоа што нè чека утре. Демократијата се преточува и во секторот на политиката и во секторот на економијата, пред сè. Во политиката се слободата за политичка определба и слободата за јавно искажување без реперкусии. Јас мислам дека во овој сектор сме на многу ниско ниво, затоа што метастазите на стариот систем сè уште постојат. Тие цврсто ги држат значајните артерии и не дават проток на свежа крв. Старата структура со сиот свој естаблишмент сè уште е правило. Во економијата состојбата е иста. Таму се претпоставуваше дека демократските процеси ќе извршат радикален пресврт врз сопственичката структура на средствата, дека ќе се подигне иницијативата на претприемаштвото за слободниот креативен човек да создава и произведува, притоа почитувајќи ги законските норми. Тоа беше основната претпоставка дека така ќе се излезе од кризата. Ние, такво нешто не доживеавме, затоа што структуираното стопанство сè уште не дава можности да ги промени своите сопственички односи и носителите на сопственоста. Фикцијата со интерните акции се покажа крајно негативно за стопанството, без никакви ефекти, настана ерозија, грабеж на општествената сопственост. Така се очекуваше структуираното стопанство да ја раз движи спиралата на претприемачката иницијатива, но наместо тоа, тоа спласна од неизвесноста на законската регу-
35
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
латива. Структуираноста на бирократскиот апарат, од општината до Републиката, па и повисоко, преку гледањето во секоја иницијатива, како на потенцијален сомнеж делуваше контрапродуктивно, а штом постои сомнеж тоа значи дека некој те задушува, те условува. Сето ова укажува дека демократијата во економијата на тој начин исчезнува. Д.: Дали сето ова дава објаснување што огромен дел од претnријатијата и приватни и државни, работат на „црно“? Н.К.: Фактот дека нашето големо стопанство, т.н. општествена сопственост, и покрај одредените извозни ефекти не влијае многу на нашиот банкарски систем, укажува на реалноста дека тие средства се разлеани на сметки надвор од државата. Втората и по многу нешта реална, претпоставка за „црното работење“ е недостатокот на суровини, репроматеријали и постоењето на најразличните блокади. Сето ова доведува до феноменот, во нашето стопанство доминантно средство за плаќање да биде марката, а денарот да има епизодна улога. Во ваква состојба, а при државни резерви од 50-60 милиони долари, може многу тешко да се воспостави рамнотежа, сè до оној момент кога девизите што се на странските сметки не влезат активно во нашето стопанство. Но, тоа е процес на кој што треба енергично да се работи. Д.: Во овој поглед како во глобала ја оценувате сегаш ната економска состојба во Македонија? Н.К.: Суштината е во следното: Ние фактички се уште немаме јасна макро-економска политика. Во такви услови се нарушени сите биланси. Второ, структуираноста на стопанството не доживува промени, затоа што нема дополнителна акумулација, за инвестирање, а постоечакта акумулација е помала од загубите што ги има стопанството. Значи националната акумулација е пониска од загубите во стопанството. Ако
36
Н и к ол а Кљус ев
кон ова се додаде ерозијата и неспособноста на стопанството да го извршува чинот на враќањето на долговите кон странство, а тој долг постојано се репрограмира со префрлање на одговорноста и тешкотиите на идните генерации, потоа долгот кон домашните девизни штедачи (станува збор за огромна сума долари) тогаш навистина е многу тешко. Сето тоа укажува дека стопанството е стегнато во еден челичен обрач и нема здив за брзо излегување во некоја нова развојна фаза. На сето ова се надоврзува и реалноста дека инвестициите што се вложуваат се помали од амортизацијата што се пресметува во стопанството. Тука се јавува и постоењето на специфичниот феномен на дезинвестиции, а штом таа постои, фактички се подјадува постојната супстанца нема развој, туку постои задушување во сопственото постоечко опаѓачко темпо, во услови кога капацитетите на стопанството се користат од 30-50 одсто. Д.: Во овие констелации, при вакви услови во стопан ството, при рапидно опаѓање на стандардот, со понудена заработувачка од 100 германски марки, каков треба да биде односот на поединецот кон државата? Н.К.: Ако процесот на репродукцијата кај нас е деформираи и ако не се создава национална вредност што ќе инкарнира импулси на развој и ако факторите на развој стагнираат на сите нивоа, тогаш не може да се очекува дека во оваа држава ќе се живее богато. Сега се поставува прашањето како да се задржи долната граница на вреднувањето на трудот во овие услови, во кое се наоѓа нашето стопанство. Овде државата не може со вештачки инструменти да ја „шминка“ состојбата. Мора да се пристапи кон една темелна оцена, што е можно во оваа криза и што може да се направи. Треба да се престане со лелекањето од блокади, треба да се бараат излези, нови патишта и деловни партнери и брзо приспособување на новите услови.
37
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Д.: По сè изгледа нам ни недостасува офанзивна еко номија... Н.К.: Токму така. Бидејќи ние се уште немаме изградена една определба, што да се направи сега и тоа јасно да му се каже на народот, со јасни ставови од доменот на вработеноста, инвестициите и сопственоста. Тоа сега се покажува како потреба. Таа офанзивна политика треба да се искаже, ако треба и преку интервентни мерки, бидејќи ние не можеме да чекаме Парламентот да се намоли да ги донесе сите тие витални системски закони. Во услови кога стопанството тоне Владата мора брзо да реагира со свои мерки. Кога нашата Влада бараше воведување на вакви мерки, некои сили се спротивставуваа барајќи спротивно. Резултатот од тоа денеска е повеќе од евидентен. Тие сили денес се на власт, имаат мнозинство во Собранието и тоа можат да го направат. Д.: Ваквите мерки можат да дадат резултат во состојба кога се знае што се сака. Имате ли вие впечаток дека сегашната власт знае што сака? Н.К.: Јас од принцип не сакам да зборувам за сегашната Влада. Меѓутоа, падот на стопанството сите нас нè погодува, бидејќи ние како граѓани живееме во оваа држава. Од тој аспект јас сум незадоволен зашто не може да се радуваме на една „лажичка“ инвестиции, што на пример би го решило прашањето за нафта за два три месеца, и од тоа да се биде задоволен. Тоа се политикански мерки, тоа се краткорочни ефекти, со кои само на кратко се купува социјалниот мир. Тие само вршат наркоза на населението и се далеку од дефинитивното решавање на проблемот. Да ги земеме за пример проблемите со нафтата. Знаеме какви маки имаше нашата Влада со Макпетрол. Денеска излегува дека прашањето со нафтата е решено. Решено е затоа што половината од средствата од Сорос и средствата од Економската заедница се дадени за набавка на нафта. Се по-
38
Н и к ол а Кљус ев
ставува прашање како ќе се враќаат тие девизи. Тогаш ќе настанат повторно танталови маки за нашето стопанство. Денес постои едно затишје. Никој не врши притисок на сегашната Влада за зголемување на цената и одвојување на девизи од државните резерви. Го нема Макпетрол со вреќи да купува девизи на Бит Пазар и состојбата е привидно мирна. Курсот на марката, се разбира црниот, веќе подолго време е околу 1ЗОО денари. Така се создава една лажна слика за напредок. Дај Боже овој курс да е резултат на економската сила на земјата. Тоа безгранично ќе нè радува. Меѓутоа, реалноста зборува дека тоа брзо ќе се исцрпи. Д.: Вие имавте чест да ја промовирате првата македонска валута - денарот. Накратко, каква е неговата иднина во вакви услови на стопанисување? Н.К.: Нашата Влада уште во мај, а посебно на 7.07.1992 година работната група за следење на антиинфлационата програма даде предлог, постојаните вредносни бонови да се заменат со вистински пари во однос 100 спрема 1. Тоа што сега го прави Владата ние како целосно разработен концепт уште тогаш го предложивме. Значи никулецот беше од нас. Но потоа се чекаше уште седум до осум месеци, да дојде до реализирање на ова, од постоечката Влада, а и сега, на овие промени со право инсистираше Народната банка да се реализираат. И тоа е добро што се прифатија овие закони од собранието. Меѓутоа, скратувањето на нулите е само физичка работа. Тоа е чин на мала заштеда и прашање е, ако таа формалност не ни дава некои порадикални промени, што добиваме ние во една таква констелација? Добиваме официјалност на денарот како валута и желба за негово слободно формирање, да речеме преку еден пливачки курс, во чија основа се неколку цврсти валути. Сето ова ја создава можноста за формирање на девизен пазар. Се претпоставува дека по ова сите средства ќе се слеваат преку банкарските канали. Потоа претпоставка
39
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
е дека ќе се даде можност и на приватните банки, на приватните менувачници непречено да работат. Се разбира во исто време Народната банка го задржува правото и таа да си формира свои менувачници, исто и деловните банки. Народната банка веќе има дадено согласност на десет при ватни банки, иако овие банки немаат некој огромен капитал, но има и такви што ветуваат. Тоа е пример со една банка која што ќе работи со австриски капитал од околу осум милиони долари. Сите подготовки се во завршна фаза и се подразбира дека таа банка ќе мора да врши кредитирање на малото стопанство. Тоа е добар знак, но за мене е многу важно нашите деловни банки и сите оние банки што ќе се формираат, да добијат карактер на мешовити банки со странски капитал. Да речеме како што тоа го направија Унгарија, Бугарија. Тие се престроија финансиски беспрекорно. Таму постојат многу мешовити банки, а такво нешто ни треба и нам. Но за тоа се бара согласност и доверба од државата, бидејќи никој не сака да донесе капитал во несигурни институционални услови. Оваа несигурност ја отвора претпоставката дека нема да се испровоцира и оваа програма брзо да ја прегази инфлацијата во текот на оваа година. За жал такви реални претпоставки постојат, тоа значи дека ние ќе се најдеме во многу тешка состојба. Но, да се надеваме дека до тоа нема да дојде. Д.: Да бевте претседател на Владата во она време кога Македонија требаше да биде примена во ООН дали ќе го прифатевте таквото име? Н.К.: Јас вака би го поставил прашањето: Дали во суштина сè не ни беше јасно лани во ова време? Тогаш пред Лисабонската декларација јасно беше ставено до знаење, дека не може грчкиот партнер да се согласи со името Република Македонија. Тогаш се понудуваа повеќе имиња за прифаќање што се споменуваат и сега и токму во тој момент се испушти можноста да се седне и размисли, со покажување на поширок
40
Н и к ол а Кљус ев
национален ум, за да се изгради заеднички став и определена граница, до каде ние можеме да одиме, а не такво суштествено прашање да се препушти на стихија и на поединци. Тогаш требаше да се биде максимално рационален. Во тоа време јас реков дека такво прифаќање значи крах на нашата дипломатија, што доведе до расправии со претседателот на Републиката и тој критички пристапи кон мене. Ако за ова постојат стенографски белешки на Советот за безбедност на Републиката тоа може и да се провери. Тогаш дури и ми забранија овој мој став јавно да го кажам на Владата. Јас тогаш реков: - Ние одиме со нејасни премиси, ние не знаеме што бараме и треба да ги разгледаме сите опции, но бидејќи и тогаш постоеја поединци кои се залагаа за друго име, чувствував потреба од еден национален договор, бидејќи политичката клима беше поповолна, а грчкиот национализам не беше до тој степен подигнат. Со правењето на првите остапки пресијата сè повеќе растеше, а верувањето во илузијата дека ќе бидеме примени под уставното име, денес, де утре, де по еден месец, само ја влошуваше состојбата. Мораме да признаеме дека не успеавме да се вклопиме во новонастанатите околности во Европа и на Балканскиот Полуостров. Не смеевме да поверуваме дека нашите кумови ќе си го сменат мислењето и дека принципите на букурешкиот договор ќе бидат надминати. Сега е најважно како да излеземе од оваа состојба. Со наметнување на тоа понижувачко име, бидејќи такво нешто не постои и бидејќи роковите за решавањето на спорот околу името одминуваат. Рекоа дека сè ќе биде готово за два месеца. Тој рок наближува, но по сè изгледа решението ни од далеку не се наѕира. Д.: Дали тоа значи дека не сте оптимист околу разре шувањето на спорот околу името? Н.К.: Со сигурност ќе се настојува да ни се додаде не-
41
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
која придавка, која ќе биде не знаеме. Ако беше така зошто не се стори тоа минатата година? Во овие околности веќе е препуш тено странскиот фактор да ги налага промените на нашиот устав, на сопствените уставни определби. Тоа е веќе понижувачки чин. Значи, ние не сме имале јасна претстава што нè очекува, или дипломатијата сме ја воделе волунтаристички, или пак сме биле пилотирани, од некое домашно или странско лоби како да се однесуваме. Сега се сведува на манипулирање со народот, со неговите чувства, а тоа еден ден ќе се одрази во нашето живеење. Сега се вели ние тука се викаме Република Македонија. Да, тоа е точно, но ние надвор сме претставени под друго име. Тоа име не е интерно во никој случај. Сите договори, од сите области и признавањата одат под тоа ново име. Не смееме да дозволиме историската генеза на национал ното битие самите да не ја признаваме. Исто така, зачудува фактот што зачести барањето македонската нација и држава да биде заменета со некаква мултикултура или мултидржавност, мултинационалност, и со какви парадигми се среќававме во Собранието од некои пратеници! Дали е тоа случајно? Кој погодува на таквата клима? Ако денес се молчи на овие појави, дали нема да биде доцна утре. Дали пак ќе бидеме затечени и исправени пред· неизвесна иднина, каков што е случајот денес со името, знамето...? Тоа се прашања за кои се бара национален консензус, а не гледиште и волја на поединец или партија.
42
ГЕНЕРАЦИИ ЗА ПРЕМОСТУВАЊЕ „Пулс“, 3-7 декември, 1993 г.
Периодот на транзицијата ќе биде долгорочен и мошне тежок. Во таа смисла, се вели: ,,за да се искачиш горе, мора најпрво да паднеш долу“. Комунизмот мора да се отстрани пред да почнат да се градат пазарни стопанства, зашто само успеш ните пазарни стопанства може да создаваат повисоки стандарди за живеење“. Значи, станува збор како да се премостат саканите жолби за промена на општествено-економскиот систем, од една страна, а од друга, отсуствува нова економска теорија, нови модели на развој и нова категоријална апаратура која соодветно ќе ги искажува специфичностите во изградувањето на новиот економски систем во нашата иднина.
БРАНА ЗА СТИХИЈАТА Транзиторниот период, иако не може однапред цврсто квантитативно да се определи, не треба да се остави стихијно да се одвива. Притоа, дали да се прифати брз или бавен метод на трансформација?
43
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Живееме во време на големи предизвици во сите области, посебно во оние поврзани со општествено-економскиот сис тем. Непомирливоста со состојбите што ја ограничуваат ег зистенцијата и ја подигаат социјалната тензија ја мобилизираат интелектуалната енергија на голем број истражувачи за откривање нови, алтернативни решенија. Догматскиот марксизам ги задушуваше мислата и духот и со децении создаваше, врз основа на строги нормативистички принципи, практика на општествено-економски нефункционален систем со силна ерозија врз технолошко-економските и социјални перформанси. Тој систем денес е изложен на трансформација со низа несогледливи последици. Тоа е наедно и цената на лишување што ќе ја плаќа денешната генерација во фазата на транзиција, сè до изградување на нова економска рамнотежа, на систем кој ќе може да кореспондира со современите системи во светот. Посакуваната иднина во општествениот развој секогаш се појавувала како функција на нови предизвици и алтернатавни размислувања. Притоа, сите нови теоретски потраги во себе нужно ги вткајуваат осведочените универзални принципи како цивилизациски општочовечки вредности кои, како такви, станале законитости во развојот на општеството. Нивната содржина и применливост стануваат врзивно ткиво на меѓугенерацискиот ум и практика што го движи општествениот развој во постојан прогрес. Значи, станува збор како да се премостат саканите желби за промена на општествно-економскиот систем, од една страна, а од друга, отсуството на нова економска теорија, нови модели на развој и нова категоријална апаратура, која соодветно ќе ги искажува специфичностите во изградувањето на новиот економски систем во нашата иднина.
44
Н и к ол а Кљус ев
II Во овој домен се поставуваат некои значајни прашања околу формулирањето на долгорочните цели на развојот и истражување на задачите за нивното реализирање. А имено: прво, постои кај голем дел од населението во неговата свест и реагирање, како и кај добар дел носители на промените, еуфорична согласност за трансформација на постојниот диригиран или договорен систем на економија кон пазарен систем со дејствување на економските законитости во алокацијата на факторите на производството и развојот, како и пазарна валоризација на произведената стока и услуги; второ, исто така, постои согласност кон изградување на отворено општество и негово поврзување со цивилизациските вредности во плуралистичката демократија и вклучување на стопанството во регионалните и светски текови, врз критериумите на економската рационалност и ефикасносг, трето, присутна е и желбата за трансформацеја на т.н. општествена сопственост во приватна, како и денационализација на оттуѓениот имот со државна присила. Процесот на трансформација на сопственоста се цени да се врши преку политика и систем на државна регулатива. Меѓутоа, неодложно се наметнуваат за испитување следните аспекти: 1) колку сознанија ни нуди на овој домен економската наука за успешна реализација на горе-изнесените цели; 2) колку се препознатливи реалните стимули, како распо ложливи објективни услови и можности; 3) колкав е интензитетот на лимитирачките фактори и во кои домени тие се лоцирани: а) во субјективниот фактор; б) во неговата организација и управување, во неговата дисциплина и продуктивност, в) во регулативните механизми на системот;
45
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
г) во ресурсната основа (труд, капитал, природни ресурси, знаење и информации;) д) во нивниот обем и квалитет, конкурентност на цени и сл.; ѓ) во технолошките стандарди, опременост и организација на производството итн.; 4) валидноста на долгорочната технолошко-инвестициона и развој на стратегија; 5) влијанието на странскиот пазар и вклучувањето на земјата во меѓународните економски односи итн. Изнесените и уште многу други прашања бараат одговор во изградувањето на новиот општествено-економски модел во земјата. На ова место немаме претензија да влегуваме во теоретско анлитичка поткрепа на изнесените цели и задачи во процесот на трансформацијата. Желбата е да ги систематизираме и презентираме основните тези на развојниот модел на транзицијата и тоа условени од проблеми и дилеми кои може да се очекуваат, и нашиот ангажман во тој процес околу истражувањето на истите во блиска иднина. III Периодот на транзицијата ќе биде долгорочен и мошне тежок. Во таа смисла, се вели: „за да се искачиш горе, мора првин да паднеш долу. Комунизмот мора да се отстрани пред да почнат да се градат пазарни стопанства, зашто само успешните пазарни стопанства може да создаваат повисоки стандарди на живеење“. Сите сознанија упатуваат дека во овој период ќе настанат крупни пресврти, стихијни, хаотични состојби, ерозија во стопанското битие, перманентно опаѓање на стапките на растот. Технолошкото и сопственичко преструктуирање на стопанството масовно ќе ликвидира голем број производно-услужни капацитети. Повеќе од половина од работната сила ќе
46
Н и к ол а Кљус ев
биде невработена или ќе работи со скратено работно време. Неколкукратно ќе се намали плаќањето на вработените, сведувајќи се во одделни земји од 50 до 200 долари месечно. Премостувањето на економско-социјалниот хаос ќе ги стави на искушение економската истрајност, социјалната издржливост и политичката трпеливост, во услови на крајно измачување на населението. Големите штрајкови на рударите и на металургиските работници во Русија, Романија, Источна Германија во 1991 - 1993 година, како и масовните штрајкови во стопанството на Р. Македонија, се закануваат да ги урнат Владите поради континуираното намалување на стандардот на живеење. Постојниот развој западна во криза во целиот свет, а поранешните социјалистички земји веќе една деценија тонат во криза. Денес во светски размери сме соочени во вистинска криза на растот и криза на економската теорија врз која се темели тој раст. Во прашање е квантитативниот раст кој се базира врз растечкото користење на природните и други ресурси. Кризата ги потресува земјите во транзиција, кои се лизгаат кон кризното дно, но тоа дно се уште е несогледливо. Пресушени се сите извори, домашни и странски, за финан сирање на нови инвестициони циклуси, очекуваната акцелерација на стопанството се одложува, технолошката депресијација ги става земјите во висока зависност. Проблемите стануваат сè посложени и потешки доколку земјата се наоѓа на пониско ниво на економска развиеност. Тие разлики се значајни и помеѓу самите земји во транзиција. Така, на пример, во Заедницата на Независните Држави, помеѓу развиената Украина и неразвиените Туркменија и Таџикистан разликите изнесуваат 4,5 пати, или меѓу Словенија и Македонија 2,5 - 3 пати, слично е со Чешка и Словачка. Некои од овие земји ќе се најдат во семејство на стопански недоволно развиените земји или т.н. земји во развој, а други
47
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
во групата на средноразвиените европски земји со пер капита над 5.000 долари. Тоа и упатува на заклучок дека временските фази на транзицијата ќе бидат мошне различни кај одделните земји кои трагале по тој пат. Некои оценки укажуваат, кога би ги рангирале перспективите за развој на истите: „Источна Германија би била прва која би го пребродила патот на транзицијата, со оглед на својот моќен стопански потенцијал и огромната помош што ја добива од Германија, денес како единствена држава. Следни би биле Чешка, Унгарија и Полска. Со најмала веројатност за развој би биле Словачка, Романија, Бугарија и Албанија. Од бивша Југославија, Словенија би била на врвот. Граничните и етнички проблеми во другите региони го прават успехот неверојатен“. IV Втор проблем за размислување и барање на решение во моделот за развој би бил како да се премости постојната структура, на стопанството формирана врз критериумите и пропорциите на сојузните држави, со регулативната економска политика и директивните планови за развој. Планската дистрибуција во ресурсите, односно факторите на развојот од регионален аспект, создавала или монопроизводи со мамутски капацитети во одделни републики со планирана потрошувачка на интегралниот единствен пазар или се оставале депресирани региони со капацитети кои работеле со т.н. плански загуби. Во некои републики, посебно во стопански недоволно развиените, во кои се изградувале капиталекстензивни објекти со ниска фаза на обработка, развојот се базирал исклучиво врз експлоатација на природните ресурси (руди, шума, води и сл.), заклучно со изградба на топилници и производство на метал, т.н. валкана индустрија со висок степен на еколошко загадување. Повисоките степени на преработка и разни ви-
48
Н и к ол а Кљус ев
дови метални производи (машинска и моторна и ндустрија, информатичка и хемиска индустрија) се произведувале во капацитети лоцирани во други поразвиени републики итн. Изнесените и многу други проблеми ги ставаат пред тешки искушенија одделни независни држави, како во смисла на нивната енергетско-ресурска и технолошко-пазарна зависност, така и во смисла на нова економска и политичка зависност во периодот на нивното структурно приспособување и совладување на нови пазари во светот. Поради нарушените односи во снабденоста со суровини, со репроматеријали, со резервни делови, со енергија и сл. и новиот пазарен ценовен израз меѓу партнерите, довчерашни републики во една држава, ќе треба да поминат години за да се воспостават нови односи врз реални пазарни критериуми. Денес државите љубоморно ги чуваат своите значајни производи и меѓусебно се уценуваат со нереални цени. Како последица се појавуваат умртвени капацитети, се отпуштаат работнци, хаосот беснее, воопшто – се живее во нерегулирани економски односи. V Трета група проблеми за размислување би биле: нарасната та социјална дисторзија, временски долгиот психолошки шок на населението и идејната депресија со идеолошки хаос во политичката сфера. Кога се напушта љубов, брак, поширока заедница, нешто постоечко, отелотворено длабоко во чувствата на единката и масата, а сè уште не се создала склоност за нова, настанува психолошко емотивна празнина и болка исполнета со очај, гнев и неизвесност со неповрат и презир кон минатото. Тоа е страшен судир во сопствената интима, помеѓу старите навики, емоции и чувства и сè уште непостојните нови одлуки и вредносни судови. Постојано притиска мислата, како да се оцени распаднатото, напуштеното, изгубеното, кога сè уште те гони
49
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
носталгијата со влекачката сила на навиките, како и сомнежот од нова определба, нова одлука. Психолошки распнат пред новите разврски, секој стои ис правен пред патиштата исполнети од дефетизам и разочарување до мноштво надежи, сè уште недоволно дефинирани, но присутни, кои зреат, ферментираат во мислите, во чувствата. А може напуштањето, разделбата да биде посакувана, оче кувана со одлука на психолошка урамнотеженост. Тоа може да резултира или кога се достигнува пароксизам на горчината и очајот, или да се доживува како природен чин. Тоа може да претходи и на меѓусебно, толерантно разбирање, како антиподи кои се помириле без победник, без реперкусии, со взаемно прифатена култура на односите, кореспондирајќи како добри пријатели и во иднина. Иако не може да се прави аналогија на индивидуалните драми со општествените, сепак можат да се допуштат сличности. Така што, индивидуалната драма може да биде групна, колективна, а како таква и пошироко општествена, ако не по сè, барем по некои белези. Актуелните конфликти на бившиот југословенски простор, кулминираат со крвави драми, лични и колективни, помеѓу одделни народи (читај племиња), кои до скоро живееле во некаква слога и љубов, а денес во омраза и крв, со несогледливи последици за иднината. Додека други народи разделбата од претходната „слога и љубов“, воспоставена врз диктат и принуда, ја дочекале како нешто нужно, како заедничка репулзија на периодот на принуда, со цел денес да се живее во слободна заедница, во која ќе се почитува посебното, самостојното. Тоа е случајот со разделбата на бившата Чехословачка на Република Чешка и Република Словачка, или со формирањето на Заедницата на независните држави, врз рушењето на бившиот Советски Сојуз, како и присоединувањето на Источна Германија со Западна. Република Македонија е посебен случај за испитување,
50
Н и к ол а Кљус ев
во транзитниот период, исполнет со низа тешкотии и неизвесности. Се негираат национални и државни вредности, се слави апотеоза тривијално име на државата, фрлање на несмасна навреда на Нацијата, се бараат етнички територијално политички автономии и сл. Но сепак, опстојува и меѓу првите го донесе каков таков законот за приватизација, и го повика окружувањето на соработка и економско поврзување. Во почетните чекори на транзицијата, настана процес на масовна пауперизација на населението. Ниско платениот труд, порастот на армијата на невработените, поради зачестените стечајни постапки, енормниот број на социјални случаи, грабеж на општествениот имот, замрзнати девизни заштеди на населението, нерасчистени станбени односи во процесот на приватизацијата, масовни криминални појави, силувања, убиства и сл. темелно ја еродираа социјалната сигурност и егзистенција на населението. Од друга страна, низа економисти укажуваат, дека во почетокот на транзицијата кон пазарно стопанство, оние кои први ќе се збогатат нема да бидат творци на ново производство, што му треба на народот. Брзо збогатените ќе бидат, пред сè, шпекуланти кои ги користат недостатоците на пазарот, цените и неизградениот механизам на стопанскиот систем. Помалку ќе има претприемачи во материјалното производство, а значително повеќе приватни иницијативи во услужниот сектор: трговија, угостителство, разни сервисирања и посредници, кои во отсуство на нов даночен, царински и финансиски систем ќе остваруваат огромни шпекулативни профити. Оправдано се укажува во многу земји и кај нас, дека поголем дел од новите капиталисти се луѓе од старата номенклатура, која преку разни форми го присвојува општествениот имот со кој раководела, како кадри на едноумието. И, за жал, против волјата на народот, тие ја отпочнаа први пазарната игра. Тие имаат власт, моќ, богатство и позиција. Тие ги откупуваат најдобрите локации. Во спрега со државните органи,
51
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
лесно добиваат согласности, дозволи за увозно-извозни зделки, се служат со мито и со корупција. Во таа смисла, присутно е сознанието дека преминот од стариот систем кон пазарна економија ќе бара огромно премостување на моќта. Има ли доволно сили општеството така брзо и лесно да го изврши чинот на премостувањето на моќта на старата номенклатура? За колку време и со какви средства ќе се изврши тој чин? Првичните сознанија се мошне индикативни, би рекле, исполнети со дефитизам. Идеолошкиот хаос и психолошкиот шок кај населението, во многу анализи (Полска, Унгарија, Русија, а посебно Романија, Бугарија, Македонија, Албанија) укажуваат на потполна затеченост на населението. Тоа е недоволно ориентирано и подготвено за брзо решавање на новите промени. Тоа се чувствува изиграно, од првите еуфорични мигови, од една страна и конкретната пракса, од друга страна. Социјалното раслојување на населението, создава психолошка и политичка репулзија кон новите претприемачи, кои никнат од старата номенклатура. Поради нивното брзо збогатување, во очите на народот расте презир. Ги сметаат за измамници, арамии, за „класа без култура, без национална гордост“, која никако не придонесува за општеството, луѓе со сомнителни вредности, на кои единствена цел им е материјално збогатување (хомо економикус), преку шпекулации, врз грбот на огромното осиромашено население и осиромашената држава. Ги одбегнуваат даноците, царините и останатите давачки на државата. Не ги пријавуваат вработените, не плаќаат еквививалент на нивниот вложен труд, ниту социјални, здравствени и пензиски придонеси. Нè враќаат на методите на експлоатација од деветнаесеттиот век, за време на првобитната акумулација. Најопасно од сè е тоа што народот губи верба во транзицијата. Расте очајот и гневот на гладните. Се губи вербата во институциите на државата, која потхранувана од идеолошка
52
Н и к ол а Кљус ев
збрка, се служи со имитирање на методите и организацијата на стариот систем, чии носители се препознатливи и чии креатори и денес се на челни места. Во таа смисла, се поставува прашањето, која идеолошка доктрина е носечка сила на нашата иднина? Кој субјективен фак тор ја презема историската одговорност на транзицијата? Дали ние и нивните претходници кои изгубиле верба во народот и биле причинители на хаосот? Или, тоа се луѓе со знаење, достоинство и национална гордост, со етика и деловна култура? Тоа се неодминливи прашања, кои бараат темелни социолошко-политиколошки истражувања. Од друга страна, недостасуваат теоретски основи, што е тоа ново што треба да се изградува. Дали со напуштањето на стариот систем ќе се имитира класичниот либерален пазарен механизам врз теоретскиот фундамент на класичната буржоаска економска мисла: на Вилием Пети, Адам Смит и Давид Рикардо. Односно неокласичната варијанта во моделите на Л. Валрас, В. Парето, Алфред Маршал и др. Или ќе се прифати регулативниот мехапизам на теоријата на државниот капитализам на Џон М.Кејнс, Галбрајт и други. А можеби моделот на „држава на благосостојба“, врз теоретските премиси на теоријата на благосостојбата на Џон Мид и други или нови модели базирани на мешовита сопственост кои сè уште не се теоретски поопстојно истражени. За сите овие модели и школи ние ќе се искажеме, во друга прилика и на друго место. Тешко да може да се очекува брзо изградување на чист, конзистентен модел на развој во остварувањето на поставените цели во развојот во периодот на транзицијата. Тоа ќе биде процес во кој ќе се среќаваат различни начини и методи на остварување на развојните амбиции. Високата скала на лимитирани услови, како постојната реалност денес, укажува дека очекуваната иднина треба да се бара во изградување на модел на мешовито стопанство. Во та-
53
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
ков модел ќе бидат вклучени поширок број носители на сопственост, во рамките на мешовито плуралистичко општество, во кое ќе бидат присутни повеќе модели, повеќе пристап и во организацијата на општеството. Тој процес ќе трае повеќе децении, сè до изградување на нова економска и социјална стратификација со своја класна структура и односи, и врз база на нив формирање на нова политичка констелација. Истовремено, тоа покажува дека постојните политички партии кои се борат за власт, немаат изградени ниту јасни програми, ниту политички идеологии, зашто зад нив не стои соодветно изградена социјална стратификација. Сите тие бараат поддршка од аморфната маса бирачи, без јасни социјални определби, а манипулирајќи пред сè, со нивните национални чувства и припадност, и врз таа основа создавање на компромисни коалиции, на штета на изградувањето на општествениот прогрес. VIII Транзицијата бара расположливи услови за успешно одви вање на тој процес, иманентни на новиот пазарен систем што се изградува. Тука, пред сè, мислам на човечкиот фактор и неговата инфраструктура, како и на физичката инфраструктурна удобност воопшто, поврзана и условена со ефикасниот стопански развој. Сите земји во транзиција, вклучувајќи ја и Република Македонија, располагаат со образована работна сила. Образовниот систем создаде сериозен фонд школувани кадри од кои голем број не се работно ангажирани. Иако притоа структурата на кадрите е неповолна. Претежно таа е со хуманистичко образование, а помалку од техничките и од егзактните науки. Меѓутоа, отвореното пазарно стопанство бара и дополнителни човечки и образовни атрибути. Тука се, пред сè, прашањата поврзани со мотивацијата на работната сила
54
Н и к ол а Кљус ев
за поголема продуктивност, поткрепена со одговорност, дисциплина и работност, од една страна, и желбата за повисоко наградување на трудот, од друга страна. Познато е дека системот кој се засновуваше врз ниско плаќање на трудот, вработување за решавање на социјални проблеми, еднакви стомаци и сл. беше и сè уште е демотивирачки. Во тој систем преовладува пасивен отпор на вработените, непочитување на работната дисциплина и на раководната хиерархија, општо земено, владее принципот „никој не може да ме тера да работам повеќе одошто сум платен“. Покрај подигањето на мотивираноста, пазарното стопанство бара иницијативност, култивирање на индивидуалната иницијатива. Тоа е творечки напор да се освојат нови производи, да се организира работен тим, да се дојде до нов изум, да се подигне чувството за претприемчивост итн. Но, секоја иницијатива носи во себе ризик, ако не е доволно испитана, осознаена, дилемата: профит или банкротство, е присутна во секоја иницијатива. Таков е, впрочем, карактерот на пазарот. Посебен проблем претставува како да се супституираат нес пособните раководни кадри, научени да работат по директива и плански задачи. За нив било поважно што ќе каже партискиот комитет и органот на безбедноста, од кои биле и поставувани, одошто способноста да се ревалоризираат работните и производствените обврски во претпријатието. Станува збор за нов квалитет и менталитет на кадри менаџери, како професија, стручност, херојски личности во стопанството, како што ги нарекуваше Ј. Шумпетер. Тоа се луѓе кои ја познаваат техниката на раководењето, со иницијатива и претприемчивост, луѓе кои го организираат стопанството да биде динамично, со чие знаење и умеење може да се обезбеди континуиран процес на иновации во стопанството. За нивно формирање се бара долг период на обучување. Без соодветни нови менаџери, тешко ќе може да се премости процесот на транзицијата.
55
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Во значајна мера, овој процес ќе биде отежнат во земјите на транзиција поради ограниченоста на инфраструктурните системи, кои се од извонредна важност за успешна пазарна економија. Во овие земји, како и кај нас, мошне е задоцнет процесот на информатизацијата на општеството. Недостига современа информатичка технологија, дигитална телефонија, користење на сателитски информации и сл. Исто така, недоволно е развиен сообраќајно - транспортниот систем, недостигаат ефикасни транспортни средства, модерни сообраќајници и слично, што објективно го отежнуваат економското поврзување и услужување, на стока, патници и сл. Слична е состојбата со енергетско-електричниот систем, со здравствениот и заштитниот систем, со еколошкиот систем. Пазарната економија е незамислива без истражувачкоконјуктурни центри, финансиски и стоковни берзи, инфор мативно-пропагандни гласила, како и друга мрежа сервисни служби. Изградувањето на инфраструктурни капацитети бара огромни инвестициони средства, а тие не ќе може да се обезбедат така лесно во краток период. Доволно е да наведеме што значи тоа врз примерот на Источна Германија, која врз база на огромната помош од Западна Германија, со сигурност може да кажеме, успешно и брзо ќе ја реши пазарната инфраструктурна удобност. Таа, меѓу земјите во транзиција, е најразвиена и со најстара индустриска традиција. Па сепак, Западна Германија, според договорот за обединување, ќе ја снабди со јавна инфраструктура, потребна за функционирање на пазарната економија. Таа веќе й додели 200 милијарди долари за изградба на големи енергетски и транспортни системи, а 70 милијарди долари се наменети за прочистување на еколошката загаденост, 33 милијарди долари ќе се инвестираат за изградба и поврзување со светскиот телефонски систем. Сојузна Германија издвои во 1992 г. околу
56
Н и к ол а Кљус ев
64 милијарди долари, како трошоци на транзицијата, со намена за осигурување на нараснатата невработеност, условена од преминот кон пазарно стопанство. Оценките говорат дека овие трошоци на транзицијата за решавање на социјалните проблеми на невработените во 1993/94 година десеткратно ќе се зголемат. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд укажуваат: за да се постигне еднаква продуктивност на трудот на Источна со Западна Германија и да се реши прашањето на еднакво плаќање на работната сила, ќе бидат потребни огромни инвестиции за модернизација на постојните капацитети, во износ од 1.000 милијарди долари. Дури и на една Германија, за вакви големи инвестиции й треба долг период технолошки тие да се материјализираат за да дадат свои ефекти. Ова од причина што само првата година од интеграцијата на Германија, индустриското производство на Источна Германија беше пониско за 40%, а во последите две години е пониско дури за 80 отсто. Земајќи го овој пример на развиена Германија, каква ли е перспективата на другите земји во транзиција, како и на нашата, кога немаме зад нас така богат брат кој ревносно ќе бдее над нашиот развој, а чија тенденција на опаѓање на производството во последната декада речиси секоја година се движи од 20 до 30 проценти. IX На транзаторниот пат на земјите кон пазарно стопанство се испречува еден од најсериозните проблеми, а тоа е нивната висока девизна задолженост кон странство. Кај нас постои двојна девизна задолженост, по околу една милијарда долари кон странство и кон сопствените граѓани - девизни штедачи. Странските долгови се загрижувачки високи, а без нивното претходно решавање не може да се добие никаква дополнителна акмулација за инвестиционо премостување на нараснатите теш котии, било во сферата на технолошкото иновирање на
57
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
физички и морално депресираните средства за производство, било за рошавање на статусот на високата невработеност. Отворено се нагласува, како од меѓународните финансиски институции, така и од одделните држави и комерцијални банки, дека со долговите треба прво да се расчисти пред да се започне со финансирање на нови инвестициони циклуси. Ако тврдо се настојува најпрво да се вратат долговите, то гаш сосема ќе се исцеди економската моќ на земјите и временски ќе се развлече процесот на транзицијата, ќе настане тотално сиромашување на истите. Ако, пак, долговите не се исплатат, веќе се навестува дека брзо не може да се очекуваат нови кредити и нови инвестирања. Ова од причина што никој не инвестира во несигурни земји, оние кои не се способни да го вратат долгот, тие ќе бидат на опашката во редот на земји кои чекаат за кредии. Можно ли е да се реши сепаратно долгот само за земјите во транзиција? Што е со долгот од над илјада милијарди долари за земјите во развој. Недвосмислен е фактот дека не може ни да се помисли за некаво посебно ослободување на долгот на земјите во транзиција. Тие, по сè изгледа, ќе ја делат судбината на сите задолжени земји од третиот свет. Во такви услови ќе биде неиздржлива тензијата на социјал ниот фактор, кој сè посилно ќе притиска за миграција кон Запад. Треба да се очекува нова железна завеса да ја дели Запад на од Источна Европа? Кој ќе ја плати цената на новите социјални лишувања, што нужно ќе влечат кон социјални немири? Дали 3ападна Европа ќе дозволи да згаснат надежите (која сама ги потпали) за интеграција и живот во заеднички европски дом? Или ќе ги препушти процесите на транзиција да се одвиваат стихијно врз слабите плеќи на осиромашените земји, чекајќи пасивно нови социјални револуции? Изнесените проблеми силно притискаат врз совеста на Европа и на развиените земји во светот, пред сè на САД и на Јапонија.
58
Н и к ол а Кљус ев
Ако 3ападна Европа сака спокојно да живее, ако сака мирни источни граници, би требало што побрзо да пристапи кон реализирање на процесите на интеграција со источноевропските земји, да понуди членство во Европската заедница, да стави крај на етничките нетрпеливости и војни, да помогне во психолошкото релаксирање и во економското стимулирање на населението во земјите во транзиција. Не би требало да се чекаат крвави драми, па набрзина да се ветува помош како знак на политичка поддршка за одделни држави и личности. Потребна е целосно обмислена програма за помош на земјите во транзиција, со формирање на овластени меѓународни институции за реализација на помошта, со цел да се подигне вербата на носителите на започнатиот процес на транзиција. Во слични драматични периоди светот познава такви ситуации за помош. Доволно е само да се наведе Маршаловиот план, инициран од САД по Втората светска војна, во чија десетгодишна програма се издвојувало секоја година по 17-18 милијарди долари помош за санирање и оживување на уништената инфраструктура и стопанство во 3ападна Европа и во Јапонија. Помошта изнесувала повеќе од 400 долари пер капита. Како втор пример може да се земе формирањето Фонд во 3ападна Германија за поддршка на процесот на транзицијата во Источна Германија, за кој веќе погоре кажавме. Изнесените примери осведочено зборуваат за односот на развиените земји и за нивната одговорност во организирање помош на земјите во транзиција. Во таа смисла е доволно само да се изврши трансферирање на заштедите од НАТО пактот и другите агенции и сервисни служби поврзани со контролата на земјите членки на Варшавскиот пакт, кој е веќе расформиран, и тие средства да послужат како иницијален капитал за формирање Фонд за финансирање на програма за помош на земјите во процес на транзиција.
59
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
X На крајот, нашите размислувања ги посветуваме на методот на реализацијата на транзицијата. . Секоја програма ги оценува своите ефекти под дејството на факторот време. Транзиторниот период, иако не може однапред цврсто квантитативно да се определи, сепак, не треба да се остави стихијно да се одвива. Тоа и ја наметнува потребата од испитување на едно клучно прашање. А имено, кој е најмалку безболен пат за премин од планско директивна, односно самоуправна договорна економија, кон пазарна економија. Притоа, дали да се прифати брз или бавен метод на трансформација? Некои сознанија укажуваат дека нема безболен пат, и два та метода имаат свои недостатоци. И во едниот и во другиот метод, реалниот доход - и апсолутно и пер капита - ќе отпадне. Ќе паѓаат речиси сите витални економски показатели, растројство во процесот на репродукцијата, раскинати врски со снабдувачите на суровини и репроматеријали од една страна и конзуматорите од друга, ниско користење на капацитетите, рапидно опаѓање на платите, пораст на инфлацијата и, воопшто, опаѓање на животниот стандард итн. Притоа, брзата трансформација бара итно институционално престројување и изградување на нова законска основа, соодветна на пазарното стопанство. Предноста е во тоа што ќе се изврши дерегулација на цените и побрзо приспособување на стопанството кон пазарните потреби. Недостатоците лежат во тоа што ќе настапат поголеми прекини, штрајкови, стечајни постапки, сè до затворање на голем број претпријатија, со зголемување на и без тоа високата невработеност и временско одлагање на нивното решавање. Брзиот метод на трансформација ќе ја зголеми социјалната тензија, ќе дојде до поголеми отпори и блокади, сè до поголеми социјални потреси на осиромашеното население. Овој метод бара државата да располага со фонд на средства за покривање на трошоци-
60
Н и к ол а Кљус ев
те на транзицијата. Се однесува, пред сè, за инвестирање во ревитализација на стопанството и за издржување на невработениот фонд на трудот, како и буџетски ситуирана социјална програма за финансирање на изгладнетите, кои стануваат сè помногубројни. Постарите работници, над 50 години, ќе бидат најзагрозени од невработеноста. Никој нема да сака да инвестира во нивно обучување, што го бара модерното пазарно стопанство. Тие ќе притискаат врз пензиските фондови, кои се и без тоа исцрпени, или ќе чекаат во редовите за социјална помош. Брзиот метод на трансформација ќе услови големи промени во распределбата на доходот, поради нараснатото социјално раслојување на населението. Едни брзо ќе се збогатуваат, ќе располагаат сè повеќе со физички капитал или со акции и со финансиски капитал. Тие ќе се натпреваруваат за да се искачат на врвот на социјалната пирамида. Други ниско ќе го продаваат својот труд на богатиот, но сè уште неизграден пазар на работна сила. Ќе настапи процес на социјална и политичка стратификација. Бавниот пат има предност во одлагањето на острите премини во распределбата на доходот, односно во забавениот процес на социјално раслојување. Продолжува дуалниот систем на цени. Едни, помал број производи и услуги, задржуваат државно регулирање, други формираат слободни пазарни цени. Поради ограничената понуда на голем број производи на пазарот и лимитираните девизни можности за увоз, пред преголемата побарувачка, посебно за некои животно важни производи, цените се зголемуват, предизвикувајќи постојано растечка инфлација која ги обезвредува и така ниските плати на поголемиот број вработени. Во такви услови, населението ги замрзнува своите доходи во пазарно дефицитарни производи, кои се складираат дома, се шири црниот пазар и шпекулативните профити. За да се одбегнат инфлаторните шокови, ќе попушта од-
61
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
бранбениот механизам на плаќање на трудот во услови на сè уште владејачката општествена сопственост во стопанството и платниот систем на државната администрација. Платите индексно ќе ја следат инфлацијата, нејзината спирала галопирачки ќе се движи, дрогирајќи ги стопанските текови. На таков начин, процесот на трансформација ќе се стави во затворен круг на стагнација и неизвесност. Во тој круг ќе господствуваат митото, корупцијата и сивата економија, поддржувана од постојната социјална структура и политичка номенклатура. Од погоре кажаното произлегува потребата од претходно темелно испитување на двата метода на трансформацијата, зашто и бавниот и брзиот метод носат големи економски и социјални болки. Секоја стихијност во овој домен би била поразителна врз социјалното и економско битие. За таа цел, во услови на немење доволно искуство, треба да се почитуваат и со нужна научна скрупула да се оценуваат сите сугестии и предлози. Ако се сака да се излезе од аморфната состојба, која силно врши атрофија на новите никулци во некако започнатиот бавен процес на трансформација, тогаш треба да се истражи интензитетот на негативните реперкусии на забрзаниот метод. За таа цел треба да се изградат механизми за одбрана во макроекономската политика и инструменти на новиот пазарен систем, за побезболно реализирање на истиот. Тоа значи да се утврдат фазите на оптималност, временски период на брзиот метод на трансформација и да се насочат економската и другите науки во разрешување на сложените феномени на транзиторниот период.
62
СОЦИЈАЛНАТА ИЗДРЖЛИВОСТ КАКО ДАМОКЛОВ МЕЧ „Нова Македонија“, 30 декември, 199З г. (М Јовановска)
Кај нас како да постои тенденција да се навикнуваме на дефицитот во јавната потрошувачка. - Секој напор за изнаоѓање решение за излез од кризата, доколку е реално одмерен, треба да се прифати. - Институции кои би ја мереле социјалната издржливост, кај нас нема.
ОГРАНИЧУВАЧКИ ФАКТОРИ Кои фактори можат да делуваат ограничувачки врз успешното спроведување на Ста6илизационата програма? Н.К.: Покрај незаокружениот економски систем, социјалната издржливост, пробив може да се јави и поради тоа што во личната потрошувачка се оперира само со општествениот сектор. А, колку учествува во таа потрошувачка приватниот сектор колку сивата економија? Последнава ја деформира скалата на таканаречената ефективна побарувачка. Има луѓе со неконтролирано стекнати доходи кои вршат пресија врз
63
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
таа сфера. За нив не е ништо ако купат модерен тип автомобил и слично. А, огромен дел од населението е под лимитот, на работ на егзистенција. Програмата не земала предвид колку од вкупната потрошувачка се јавуваат неконтролираните доходи од сивата економија. За тоа требаше да се направат биланси, како што требаше да се направат биланси и за сите долгови и за сите обврски кон странство како и за внатрешните долгови, па потоа да се говори какви ќе бидат односите во секторот на стопанската потрошувачка, во јавната потрошувачка и во личната потрошувачка. Овој проблем влеryва во прашањето на социјалната издржливост. Mноry сме ровити и во доменот на политичката трпеливост. До кој степен таа постои? Не се постигна консензус на прашања што треба природно да нè спојат. Понатаму, бавната трансформација на сопственоста. Постојат ли согледувања за позитивните и за негативните ефекти од моделот на бавна трансформација? А, на овие внатрешни фактори се надоврзуваат и некои надворешни што пред сè се однесуваат на опкружувањето.
ЧИСТЕЊЕ НА ДУБИОЗИТЕ ВО БАНКИТЕ Mнoгy е важно да се изврши преиспитување на целиот банкарски систем кој можеби сега е најпроблематичната страна. Тој тоне во разни дубиози кои се пренесуваат од година во година и доколку таквата тенденција продолжи ќе се одрази врз целото стопанство. Владата презеде голема обврска со тоа што предвиде дека санацијата ќе почне за четири месеци. Несанираните банки можат да бидат слабата страна околу контролата на финансиските текови и финансиските услуги од банкарскиот систем кон стопанството и кон населението. Не сум во потполност сигyрен дали треба да се формира Агенција за санација на банките или да се санираат банка по банка. Ако на пример Комерцијална банка извршила самата
64
Н и к ол а Кљус ев
какво такво санирање зашто добила атест од меѓународна институција, треба да й се овозможи да работи. Од Стопанска банка треба да се земат една или две здрави филијали кои ќе работат, а да се санира на пример централата и останатите филијали. Тоа е тежок процес кој ќе бара и време и пари и кадровски промени во банките. Стабилизационата програма на македонската Влада дено виве е честа тема на дискусија како во Собранието каде што се усвојуваше, така и надвор од Парламентот, на стручни или помалку стручни собири. Свое мислење за неа изнесоа и голем број економисти, кои, секој од свој аспект, ги оценија предвидените решенија за разните сегменти на Програмата. Меѓутоа, во повеќе наврати како да се подзаборави дека ние веќе имаме искуство во создавањето сопствена програма. Станува збор за Антиинфлационата програма, како што беше официјално наречена, или позната кај народот како „Велигденска“. За стабилизацијата 1994, но и за други работи, разговараме со еден од креаторите на „Велигденската“ програма и тогаш прв човек на експертската Влада - академик Никола Кљусев. Господине Кљусев, на крајот сме на 1993 година, кога се сумираат резултатите во разни домени. Како вие ја оцену вате изминатата година, гледано од економски аспект? Н.К.: И годинава беше мошне драматична, како во поглед на збиднувањата во Македонија во доменот на меѓународните односи, така и на економски план. Од аспект на економијата, во стопанството и воопшто во животниот стандард, не настанаа некои квалитативни промени. Оценка е дека сè уште тонеме кон кризното дно. Од друга страна некои значајни економски индикатори покажуваат негативни тенденции – опаѓа општествениот производ, вработеноста, нема инвестиции... Загубата е многу поголема од скромната акумулација. Нас-
65
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
проти тоа, потрошувачката расте. Личната за околу 26 насто, а јавната потрошувачка покажува огромен дефицит. И, како да се навикнуваме на тој дефицит. Ако јавната потрошувачка проголтувала 10 отсто од општествениот производ не може да радува тоа што во 1994 ќе падне на шест отсто. Но, дефицитот ќе биде покриен со странски извори. Н.К.: Тие показатели се лоши сигнали затоа што немаме сопствени ресурси да се покрие дефицитот. Тоа е мошне сложен проблем. Значи, стопанството покажува една атрофија во неговата структура како и опаѓачки трендови. Во индустријата за 15 отсто, во земјоделството (каде што влијание имаше и сушата) за 20 отсто, но и во други гранки. Сето тоа наведува на претпазливост со цел да се сопрат таквите трендови и да се запре потрошувачката. Оттаму, благородни се намерите за неутрализирање на неповолните дејства на опаѓачките трендови. Какви се, според вас, шансите за успех на Стабилиза ционата програма? Н.К.: Во основа, секој напор за изнаоѓање решение за излез од кризата, доколку е реално одмерен, би требало да се прифати, и доколку, не лежи врз илузии и врз пренагласен оптимизам. Врз таа смисла може да се каже дека Програмата како напор за излез од неповолните сосотојби несомнено претставува израз на позитивни стремежи. Но, кога таа ќе се простудира внатре и кога ќе се види нејзината анатомија, стожерите врз кои што се базира, ќе се види дека се судираат целите и амбициите со статичката тежа што ја нема. Едноставно, тоа недостасува. На која статичка тежа мислите? Н.К.: Статичката тежа тука не е реалното стопанство и неговите потенцијали, не е продуктивноста и акумулативноста
66
Н и к ол а Кљус ев
на националното стопанство туку се бара таа да е финансиска подршка од странство. Кои се сличностите и разликите меѓу стабилизационата и Вашата Антиинфлациона програма? Н.К.: Теориските постулати се исти. Ние тогаш немавме шанса да очекуваме финанска помош, бидејќи не беа регулирани односите со Меѓународниот монетарен фонд и со Светската банка, но котвите беа јасно нагласени; девизниот курс, платите и нивното замрзнување и цените и монетарната сфера која ја дисциплиниравме. Но, „Велигденската“ програма падна токму на она на кое се враќа оваа програма, а тоа е регулирањето на односите во потрошувачката. А, тогаш некои несериозни пратеници предлагаа Закон за плати зад кој Владата не стоше. Дигна рака и претседателот на Собранието прифаќајќи една таква идеја. Која беше, според вас, вистинската причина за донесу вање на Законот за плати? Н.К.: Веројатно постоеја манипулации од некои партии кои сакаа да дојдат на власт. Инфлацијата од 74 отсто месечно ја спуштивме во август на шест отсто. Но, падна програмата, падна и Владата. Да не навлегуваме во тоа. Битно е дека се отрезнува умот на оние што гласаа против тогашната програма. Тие доаѓаат до сознание дека односите во јавната и, во личната потрошувачка треба да се средат. Да се воспостави рестриктивност која ќе биде оправдана.
ПОД ДИРИГЕНТСКА ПАЛКА Ќе може ли населението да ја издржи таквата рес триктивност? Н.К.: Е, тоа е клучното прашање. Фактички, оваа програма е работена под диригентска палка на ММФ и на Светската
67
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
банка.Таа не е наш изум. Дури прашање е колку е и наша желба. Ние сме должни и на овие инстуции, но и на комерцијални банки. Но, Меѓународната банка има строги критериуми околу враќањето на кредитите, таа не дозволува репрограмирање, а ММФ дава зелено светло за финансиски односи со светот. Несомнено сме под строга диригентска палка. Критериумите на ММФ одат кон тоа да се создадат услови да се врати долгот кон Светската банка, па фактички се врши премостување, бај-пас за намирување на обврските кон овие финансиски институции во висина од 137 милиони долари. И ние во тој поглед сме заточеници. Со враќањето на долгот, кога-тогаш ќе моравме да се соочиме. Сега ќе мора да го вратиме стариот долг, но ќе добиеме нови кредити. Што најдобрo да се прави во оваа ситуација? Н.К.: Рационално да ја исползуваме состојбата. Да стекнеме кредибилитет кон странство и да отвориме наши проекти кои ќе бидат атрактавни пред светските финансиски институции и пред светскиот индустриски сектор. Треба да се насочиме кон заеднички вложувања, а не да се врзуваме само со финансиските институции врз кредитна основа. Тоа би бало смртоносно оружје. Одобрениот кредит од Европската банка за обнова и развој за нашето „Електростопанство“ секако е добар знак? Н.К.: Тоа е добра шанса. Треба да се направи тие пари да се исползуваат рационално и целосно во стопанството. Ниту долар да не отиде во потрошувачка. Да се вратиме на Стабилизционата програма. Колку може целосно непостигнатиот, а баран консензус да влијае врз успешното спроведување на Програмата?
68
Н и к ол а Кљус ев
Н.К.: Тука треба да имаме реален однос во оценката на партнерите. Станува збор за односот на сите партнери - Владата, работодавците (односно Комората) и Синдикатот. Сите три партнери не се еклатантни претставници во улогата што треба да ја имаат. Владата преку Парламентот не ја искажува волјата на сите пратеници, и условно кажано, на целиот народ. Ова е индикативно, бидејќи забелешките што се ставаат на Програмата и забелешките на нејзиното донесување се оспоруваат. Работодавците не се познати. Во класична смисла тоа се сопствениците, а кај нас квази улога игра Комората и тоа од немајкаде. Синдикатот исто така не ја претставува во целост работничката класа, во услови кога постојат други независни синдикати. Но, сепак, лавовскиот дел од вработените ги претставува и тие требаше да бидат подготвени за цената на лишувањето на егзистенцијата на работничката класа. Таа цена беше позната ех poste. Таа неподготвеност прави вработените да бидат потенцијални противници на Програмата. Ако сакаше Владата Програмата да биде национална, или државна тогаш требаше да бидат подготвени сите субјекти во нејзиното договарање.
ПРЕНАГЛАСЕН ОПТИМИЗАМ Но, и вие ја криевте Вашата програма? Н.К.: Ние го направивме тоа само поради фактот што со Антиинфлационата програма во 1992 ја донесовме и нашата валута. Тоа е најголема тајна. Тоа што новинарите претходно најавија воведување на денарот, имаше како последица штета од неколку милиони марки. Само за два-три дена. На почетокот споменавте еден термин - пренагласен оптимизам. Што подразбирате под него? Н.К.: Тоа го споменав затоа што не се регулирани значајни области кај нас. Прво, не е заокружен системскиот пристап
69
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
во економијата и во стопанството. Доволно е да се спомене непостоењето на Закон за фирми, односно претпријатија. Но што се однесува до разработувањето на даночниот систем, тука се согласувам. Тука државата треба да ја покаже својата чест, своето достоинство и својата одговорност. Ако попушти во даночниот дел, тогаш не сме правна држава. Бидејќи на Запад основниот однос на граѓанинот кон дожавата се гледа преку данокот. Да, но тука државата преку ненаплатување на даноците го купуваше социјалниот мир. Н.К.: Е, тоа е мошне значајно прашање. Од каде кај нас толкав пораст на платите од 26 отсто? Од каде огромниот дефицит во јавниот сектор? Дали тоа не е одговор на вашето прашање да се купува социјален мир. Ако продолжи така спиралата и понатаму, ништо од оваа програма. Програмата предвидува реално намалување на платите. До каде може да се протега социјалната издржливост? Н.К.: Не знам колку Програмата смета на социјалната издржливост. Дали нема да избледи низ некои несакани појави? Таа е како демоклов меч врз програмата. Кој ја студира кај нас социјалната издржливост? Во светот има институции кои ја истражуваат неа. И сите движења и конфликтности даваат сигнали да се корегираат некои мерки на владите. Но, има и многу други отворени прашања - политичката трпеливост, бавната приватизација, санација на банкарскиот сектор која е од извонредно значење и треба што поитно да се спроведе...
70
ИДНИНАТА БАРА НОВА КУЛТУРА „Дело“, 3 февруари, 1995 г.
Историската пресвртница во која живееме е исполнета со низа неизвесности, со крупни економско политички предизвици. Тие бараат висока еманиципираност и култура, како од секоја личност, така и од поширокото негово опкружување, како општествена заедница. Секоја личност како општествено битие треба да се гледа не само како економски субјект во својство на производител и потрошувач, туку и како субјект кој го красат цивилизациски вредности, во смисла на креатор на културни (духовни) вредности и воедно нивен конзумент. Пред големите историски завои човештвото секогаш влегу вало со нови видувања кон иднината, со нудење на нова скала на цивилизациски вредности, како резултат на колективниот човечки гениј, односно на неговиот колективен материјален и духовен капацитет. На промените пред кои сме исправени во општествениот, економски и политички систем, што лаконски се нарекува транзици ја, не им претходеше духовна осмисленост, ниту културна, ниту научна. Во нив се влезе спонтано, патем да кажеме, без теоретски јасни постулати. Зашто и научно и социјално политички и институционално и психолошки бевме
71
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
и сè уште сме затечени, со нејасно дејство на временскиот фактор. Тие промени главно се одвиваат под палката на надвореш ниот фактор, чие видување, култура и мерки не соодветствуваат со нашиот материјален и духовен амбиент. И сосема природно ефектите од тие промени и по обем и квалитет временски заостануваат. Тука се поставува едно клучно прашање. Дали живееме во „безвременски свет“, како што своевремено зборуваше Пруст, односно дали живееме во сегашноста или во минатото, односно иднината? На ова прашање, носталгичарите за стариот систем, почнаа погласно да зборуваат за минатото како нешто недостижно денес. Ова не е случајно, ако се има предвид, дека челните креатори и организатори на нашата иднина се луѓе кои се напојувале од културата на стариот систем. За многу од нив, надежите кон иднината се нејасни и остануваат срамежливи или молчаливи носталгични мечтатели за минатото. Многу од нив се распнати помеѓу „безнадежната носталгија на минатото“ и „безнадежната иднина“. Стравот од новото и непознатото или поточно, несигурната иднина што ги мачи, ги тера да ги вртат срцата кон минатото. Во суштина, тоа се луѓе кои органски му припаѓаат на минатото. Тие тешко можат да бидат моторната сила на промените. Има нешто интимно што лежи во природата на човекот. Тоа се луѓе, не само што ја носат културата на стариот систем, туку биле и нејзини идејни творци и борци во спроведувањето, како: механизми, инструменти и катализатори, нешто што постојано во нивната свест е навика, а во начинот на живеењето материјализирана култура. Нивниот однос кон луѓето, кон работата, нивната етика и морал и конечно нивниот поглед на светот се втемелени во културата на стариот систем. Тие се еклатантни парадигми на таа култура. Во право е Г. Маркес кога вели, дека „една од трагедиите
72
Н и к ол а Кљус ев
на човековата свест е тоа што ние не само што се сеќаваме на минатото, туку и копнееме по него... Тоа е очајнички обид на човекот, да се врати кон стариот начин на живот, да си ја врати изгубената невиност“. Во таа смисла, „победеното време“ (Пруст), како што вели Џон Мак Гоуен, во поговорот на романот „Сто години самотија“ од Г. Маркес, егзистира во едно минато што може да се врати само со помош на уметноста, поточно со уметничката творба која ќе му се спротивстави на хаосот на сегашноста. Меѓутоа, во практиката колку да е присутна носталгијата, никако не може да се врати минатото какво што било. Останува трајна носталгијата само во нашите чувства, во секоја наша љубов, како што велеше Фројд. Иднината бара изградување на нова култура, нов светоглед и нова човечка енергија на знаење, на умеење во формулирањето на нови цели на општествено - економскиот развој, иманентни на промените кон кои се стреми општеството. А тоа не може да биде привилегија на било која партија или на било која личност. Тоа пред сè, треба да биде темелна обврска и вредност на националниот ум, во изградувањето на нови критериуми, стандарди и мерки, нова филозофија и култура на нашето живеење, поткрепено на искуството и цивилизациските вредности на оние земји кон кои се стремиме. Тие премиси сè уште ги немаме изградени. Но, не треба да се заборави во тој процес на создавање на нови духовни вредности, на постојното културно ткиво, што со милениуми се таложело во народната свест и материјализираните предмети што генерички се пренесувало сè до денешни генерации. Тоа духовно и материјално богатство го претставува кичмениот столб врз кој ќе се изградуваат нови вредности на личноста како слободомислечка, креативно инвентивна личност, во услови на демократско плуралистички амбиент. Притоа, зависно од човечките активности, културата во една земја треба да се сфати во нејзините две димензии:
73
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
како материјална и како духовна култура. При што, под материјална култура подразбираме сè она што припаѓа во орудија за работа, работни навики и материјализирано знаење што настанало како резултат на материјалното производсто, или од активностите кои му служат на материјалниот живот на општеството. Додека во духовната култура се вбројуват резултатите на духовното творештво, како идејно систематизирана содржина на основните форми на општественото сознание и различни форми на естетски вредности, искажани со уметнички својства. Материјалната култура конкретно го одразува степенот на практичното освојување на природните сили и материјални добра од страна на човекот, а духовната култура претставува внатрешно богатство на неисцрпниот резервоар на човечката свест, која најавтентично го искажува степенот на развојот на самиот човек како мисловно и кре ативно суштество. Материјалната и духовната култура се единствен процес на активност и во таа смисла, може да се каже, дека надвор од таа активност, културата како таква, не може да постои. Така што, вклучување на било каква активност и иновации во економскиот развој не е можно без нивно претходно осмислување, без одредени духовни компоненти, и тоа: знаење, умеење – навики итн. За тоа најдобро зборува историскиот развоен пат на орудијата за работа од дрвеното рало и срп до сложените автоматски машини, вселенските летала и компјутерските „мозоци“. Идеите, имагинациите, фантазијата, теориите и слично како изрази на духовната култура можат да постојат само ако се пренесат во материјална форма. Тоа значи, може да се воведе во практиката на стопанскиот развој само со претходно духовно осмислување, односно само со помош на духовната култура. Тоа е дијалектички процес во кој најапстрактните уметнички и научни идеи се преточуваат во разни форми на материјални производи. Тоа е постојан процес на иновации,
74
Н и к ол а Кљус ев
менување и усовршување на орудијата за работа, машините, животните и станбени услови, начинот на облеката и исхраната, естетиката на живеењето, филмувани и изложбени претстави и разни визуелни и нагледни средства, па сè до културата на меѓучовечките односи. Од друга страна духовните културни домени се наоѓат во нераскинлива врска со развојот на материјалната култура. На тој начин, секоја епоха во општествениот развој е карактеристична со појава на соодветна нayкa и уметност или пошироко земено со оодветна култура која неопходно била условена од адекватни економски услови и претпоставки. Свидетели сме дека во класно поделеното општество духовната култура главно е монопол на владејачката класа и привилегија на помал дел од населението. Се поставува прашање, како ќе се премости тој проблем во процесот на општествено-економските промени во периодот на транзицијата кај нас? Се очекува, реперкусиите од тој феномен да условат раслојување на социјалното битие. Социјалната амплитуда ќе се движи: на една страна мнозински дел од пауперизирано население, а од друга страна, мал дел на збогатено население. Овој вториов дел, под влијание на расположливиот капитал ќе ја насочува културата во канџите на своите интереси. Тогаш, културата ќе стане монопол на тесен, привилигиран круг. Во такви услови, ако државата биде неотпорна на овој домен, ако не воспостави свои стандарди и ако не ги поддржува институциите за ширење на културните вредности, достапни до поголем број конзуматори, тогаш може да се очекува да завладее духовна пустош во оттуѓен културен амбиент. Историското искуство во сите демократски земји недвосмислено го потврдува огромното значење што го има културата во општествено-економскиот развој. Од тие причини сакаме да укажеме на некои позначајни функции на духовната култура во општествено економските промени и стопанскиот развој.
75
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Прво, тоа е нејзината воспитна функција во култивирањето на личноста и неговото ослободување од полвековното догматско воспитување како самоуправувач на т.н. општествен капитал. Тој процес ќе биде најболен, зошто е затруено психолошкото битие на работничката класа, која со „право ќе ја бара“ својата егзистенција во користењето на средствата за производство во спроведувањето на недоволно дефинираната приватизација во периодот на транзицијата. Второ, тоа е нејзината креативно творечка функција во однос на производството, сервисирањето и начинот на живеење то. Реалното општествено богатство денес не зависи само од расположливите материјални ресурси, туку и од способноста на општеството за иновација на нови орудија за работа, нови асортимани, способност брзо да се проектира, организира и активира процесот на иновациите. Со право може да се каже, дека инвен тивно-креативниот потенцијал на научниот, технички и уметнички кадар денес претставува најважниот дел на националното богатство. Трето, функцијата на духовната култура се искажува преку изградувањето на разните вкусови и интереси на луѓето за поодделни материјални и духовни добра и на тој начин на карактерот на самата понуда на пазарот. Четврто, станува збор за таканаречената нормативно-регу лативна функција на духовната култура. Тука се вбројуваат прашањата за организацијата, предвидувањето и подготовката на управувачките и раководни кадри. Петто, една специфична функција на духовната култура е функцијата на разонода, одмор, облагородување на личноста, а што зависи од расположливото слободно време (петдневна работна недела, пократко работно време и сл.). Филозофијата и поезијата, музиката и сликарството, драмите и хумористичките емисии и креативниот труд од задоволство, ја исполнува содржината на слободното време во земјите со развиена духовна култура. На тој начин, и материјалната и духовна
76
Н и к ол а Кљус ев
форма на културата служат за самоискажување на личноста. Му даваат на човекот можност да ги оствари своите творечки потенцијали. Во таа смисла, развојот на културните вредности во една земја и изградување на културата на личноста, треба да се гледа како сеопфатен и специфичен квалитет односно одраз на општествениот живот. Зошто културата го одразува активното општествено-историско битие на човекот. Во право е рускиот културолог Е. В. Соколов кога вели: „Културата не е само прилагодување на човекот на природната средина и не е само украс на животот. Таа служи како најавтентична и најадекватна форма на човековото битие. Во процесот на развојот на активностите културата постепено се ослободува од оние ограничени биолошки, социјално-географски и етнички основи врз која се формирала и станува сè повеќе универзална, општочовечка и космичка сила“. Со право може да се каже дека од степенот на развојот на културата во една земја, од духовната преобразба која таа го прави врз секој поединец, од нејзината масовност и богатства на форми, зависат и решавањата на многу животно важни проблеми, како што се: општествено-економските, демографските, технолошко-еколошките, меѓучовечките и други. Од тие причини, не може да се очекува активен однос кон општествено-економските промени, кон економскиот развој, кон зголемувањето на продук тивноста и креативноста на трудот без културно еманципирана личност која ќе ја краси знаење, производно искуство, работни навики и самодисциплина во работењето. Според тоа, се поставува прашање, што е тоа култура на личноста и каква содржина треба да се внесува во тој поим? Ова и поради тоа, што во современите услови на научнотехнолошкиот прогрес мошне брзо се менува местото на поединецот во општеството, како резултат на растечкото збогатување на нивниот интелектуален свет и усовршувањето на
77
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
нивните општествени функции. Па оттука, секоја наука која го испитува човекот, тоа го прави од гледиште кое е карактеристично за нејзината активност. Така на пример, во медицината како личност се зема онаа индивидуа која е во состојба во нормални услови да ги контролира своите постапки, а посебно која е способна да се ориентира во времето и просторот и која се придржува на елементарните правила на хигиената. Додека етиката како наука, се интересира за личноста како морален субјект кој е свесен за своите слободи и способен совесно да одговори на своите должности, да биде чесен и достоен и да има развиено чувство за правда и неправда. Во правната наука и криминалистиката, на личноста се гледа како на субјект кој се придржува на институтите на правната држава, како носител на граѓанските права и обврски, кој е свесен за степенот на својата одговорност при донесувањето на одлуки за кривични дела. За социолошката наука, личноста е во исто време производ на одредени општествени односи, субјект на општествениот живот и член на одредена социјална заедница, кој ги прифатил нејзините норми и вредности и на крајот, кој е способен да учествува во колективните интеракции. Од посебен интерес за нас е да го изнесеме третманот на личноста, како универзален културен персоналитет во економската наука, посебно во онаа која ги испитува промените во развојните економски процеси. На тој план, личноста ќе нè интересира како носител и двигател на материјалниот процес на производството, како креативно производствена личност, информирана за сите научно-технолошки и културни достигања во земјата и светот. Тоа значи, во науката за општествено економскиот развој, прво човекот ќе нè интересира со нивото на неговата култура за производство, со неговото производствено искуство и работни навики, или поточно, како културен креативен носител, иноватор, визионер, организатор и производител.
78
Н и к ол а Кљус ев
Второ, нè интересира личноста со својата култура како потрошувач. Со право може да се каже, дека денес под налетот на широк спектар на производи за конзумација, на човекот му е потребна широка култура во смисла на информираност и знаење, за да може да се користи со благодетите на стопанскиот развој. На крајот, интересот на економската наука од стојалиште на културно - историската перспектива пред кои сме исправени во разрешувањето на крупните општествено економски промени, бара темелно да се испита сложеното влијание што го има културата и културниот персоналитет, манифестирајќи ги своите активности како творечко-креативна производствена личност, како носител и потрошувач на материјалните и духовни вредности.
79
НИЕ НЕМАМЕ ПОЛИТИКА НА ЕКВИДИСТАНЦА „Свет“, 1995 г.
За отплаќање на долговите секоја година губиме од 20 до 30 милиони долари од нашите скромни резерви. СВЕТ: Г-дин Кљусев, какви беа почетоците на првата Вла да на независна Република Македонија? Кои беа првите проблеми, како се снаоѓаше Македонија во опкружувањето, односите со ЈНА која што сè уште беше тука, отсуството на сопствен монетарен систем... Н.К.: Вие веќе ги поентиравте клучните моменти кои што лимитирачки дејствуваа врз амбиентот во кој се најде Владата. Несомнено е дека тоа беше голема историска пресвртница, со амбиција да се напушти еден неделотворен и нефункционален систем, заснован врз еден утописки проект на самоуправување, што можеби ќе дојде по стотина години кога човековата свест ќе биде до тој степен еманципирана и зрела да може без пристрасности да решава, но во амбиентот во кој ние живеевме – не ги даде очекуваните ефекти. Оттука, политичката идеологизација на тој систем помалку или повеќе
80
Н и к ол а Кљус ев
изврши ерозија врз сите сегменти на општествената репродукција и општествениот живот и се постави прашањето: „А што утре, која е нашата иднина, имаме ли визија, постои ли некоја теорија?“ Економските сили беа исцрпени, пресушени беа токовите на општествената акумулација, десетгодишната криза од 1980 до 1990 година, ги разори столбовите на општествената репродукција, се здобивме со енормна армија невработени, со големи долгови кон странство и дома, умртвени капацитети, депресирана технолошка структура на стопанството и хиперинфлација. Во таков амбиент економијата на земјата беше неспособна веднаш да оди во трансформација, од друга страна на политички план се појавија многу партии без јасни политички програми, без разработени идеолошки концепции, без визија за иднината што ќе биде во сообразност со реалните материјални можности. Тие партии живееја во еуфорија, а населението им даваше поддршка на промените. Тогаш многу малку можеше да се расчистува патот кон една зрела политичка констелација, која ќе може посталожено да ги определува процесите на иднината. Ние се стремевме да дојде до промени затоа што старото законодавство ни ги врзуваше рацете, па моравме „да ги крпиме“ сите тие системски закони и да подготвуваме нова законска регулатива. Од тој момент на политички план се постави и определбата на народот да се изјасни преку референдум за самостојност и суверена држава. Еве, пред дваесеттина дена се славеа 4 години од тој величествен чин. Ние ја сфативме таа задача како една од клучните во реализирањето на идеалите на многу генерации пред нас, да се види Македонија како независна, самостојна, суверена држава и да создаде амбиент на соработка со целото свое опкружување, да ги легитимира своите национални и државни интереси, но да му стави до знаење на опкружувањето дека тоа е една мирна земја без
81
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
претензии и аспирации кон надвор. Мислевме дека економското раздвижување ќе овозможи да се градат и политички визии. Тука настанаа проблемите – беа измешани системите. Од една страна имавме реликти на старото законодавство, а од друга страна опкружувањето не ни беше наклонето. Старите интереси и апетити се појавија на сцена, а несреќно дојде и војната во Југославија што создаде страв и нервоза и на нашето подрачје. Третата армиска област сè уште беше тука и беше мошне злонамерна во поглед на Владата, бидејќи ние бевме тие што ги инициравме промените. Во рамките на меѓународната активност тогаш ги посетив Софија, Букурешт, Белград и Тирана за да се претстави чинот на промените и нашата желба за соработка на Балканот. Во тие тешки услови на тој пресврт оценивме дека е најважно да се дистанцираме од војната на југословенскиот простор и да ја осудиме како валкана со агресивни аспирации. Загубивме околу педесеттина наши деца, кои беа мобилизирани и задржувани во војна. Тогаш во Владата решивме под итно да ја одземеме воената евиденција да ја спречиме натамошната регрутација на ЈНА. Мислам дека тоа успешно го изведовме и тоа стана пресвртница во односите со ЈНА. Друг проблем беше како да се изгради одбранбен механизам од еуфоричната инфлација над 1000-2000% годишно. Селектирав научен кадар од мои колеги на факултетот, институтот, Академијата. Ја разработивме Антиинфлационата програма и монетарната сфера, донесувајќи го нашиот денар и успеавме да ја запреме инфлацијата спуштајки ја на 5-6%. Но, повторно еуфорија во Парламентот, се изгласа законот за слободни плати, а ние знаевме дека со тоа ќе се изврши пробој на антиинфлационата програма. Оваа репетиција што сега ја прави Владата со замрзнување на платите и на другите параметри фактички е она што ние го поставивме како темел на антиинфлационата програма.
82
Н и к ол а Кљус ев
СВЕТ: Како во овој период ЈНА без крв се повлече од Македонија? Н.К.: Тука посебно се ангажира претседателот Глигоров, кој заедно со министерот Трајан Гоцевски го направи тој договор со Армијата. Некои работи не се докрај кажани: Како дојде до тој договор Армијата слободно да ја напушти Македонија? Прашањето е мошне интересно за историските истражувања. Дали постојат некои концесии во разговори со тогашниот армиски врв или пак се оцени моментот за Македонија од меѓународниот фактор кој што можеби по други канали влијаел врз тогашните структури во бивша Југославија, а посебно во Србија и во армијата. Потребна е една историска дистанца да се дообјасни разделбата, која сепак беше во една фер позиција, чинот на ограбувањето на оружјето имаше и грубости во одделни гарнизони... Тоа, дава повод за размисла какви биле мотивите единствено од Македонија да се извлече армијата, така без крв. СВЕТ: Вие сте економски стручњак, ја поставивте Антиинфлационата програма со сите овие елементи: Уставот, самостојноста, монетарниот систем – денарот. Ова требаше да ни го олесни преминот од социјализмот во капитализам. Тоа многу тешко се случува во овие земји што беа во социјализам. Н.К.: Јас не би го поставил прашањето во црно-бело клише, од социјализам кон капитализам. Ние немавме ниту некој вистински социјализам, ниту пак сакаме да се вратиме во либерален капитализам. Сега живееме во онаа фаза во која што раниот капитализам поминал во 19-от век и мислиме дека тој фетиш-пазарот ќе ги реши сите проблеми. Видете што се случува во најразвиените земји - Америка, Франција, Германија, Англија, Јапонија. И кај нив има голема државна интервенција, но и пазар во кој што доаѓаат до израз вредностите на конкуренцијата, квалитетот, стандардот. Ако оценуваме од
83
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
тој аспект, нашиот пат кон иднината би требало да биде градење мешовит модел на разни видови сопственост и приватна како доминантна и државна и здружена. Неспособниот пропаѓа, а успешниот оди напред. Ако тоа сега ние го примениме кај нас ќе треба целото стопанство да го затвориме, затоа што е неуспешно. Затоа се појавува сега т.н. грижа од страна на државата да ги спасува загубарите. Меѓутоа, мешовитиот модел треба да се стреми и во економската и во политичката сфера и во правната и да ги афирмира вредностите на слобод ниот дух и мноштвото идеи. СВЕТ: Што мислите, дали оваа Влада сега го продолжува она што Вие го почнавте, дали нешто ново ставиле во својата програма и дали nатот што го одбрале е добар? Н.К.: Јас не би се впуштал во длабочината на сите тие прашања затоа што тие бараат малку потемелна елаборација. Но, во сферата на одржувањето на инфлационата пресија, Владата молчеливо или срамежливо ги продолжува оние насоки што ние ги поставивме. Од друга страна, во сферата на законодав ството и во Законот за приватизација настана некакво шминкање кое почнува да биде непрепознатливо за нас. Па оттука, чинот на приватизација, веќе 2 години откако се донесе ова законодавст во, не ги дава очекуваните економски ефекти. Квантитативните бројки можат да ве фасцинираат кога ќе го видите билансот на средствата. Добиени се само 24 до ЗО милиони марки. Тоа е епизода спрема огромното богатство на материјализирани фиксни фондови во националното стопанство. Што е причината? Немаме доволно акумулативна сила во стопанството да се саморепродуцира и од своите средства да почне да се купува, фикцијата на интерните акции да биде заменета со реално купување на правна сопственост. Оценката е дека под перници населението чува некаде 600-700 милиони марки. Тие се дисперзирани во ситни џебови и лесно
84
Н и к ол а Кљус ев
не се вклучуваат во процесот на приватизацијата. Владата донесе едно соломонско решение – им ги предаде најакумулативните претпријатија на постојните менаџерски тимови, за период од 5 години да работат, а потоа ако бидат успешни да ги дооткупат и приватизираат. А што ако не бидат успешни? Кој ќе ја понесе одговорноста? Тоа останува енигма. СВЕТ: Народот вели дека му се подарува големо богат ство на тој што се затекнал на некое директорско место? Н.К.: Не знам по кое право, менаџерските тимови добиваат привилегија да вршат организирање на производството и продажбата, селекција на кадарот со полни права, а за ефектите дури потоа. Се поставува прашање зошто ваквиот модел на приватизација не се примени и во други организации, во вонстопанските дејности: здравство, култура, наука и сл. СВЕТ: Зошто Македонија нема развојна програма, макар за пет години, кога секоја држава тоа го прави за десет или дваесет? Вие сте стручњак за тоа. Н.К.: Кога велам дека треба да се градат стратегиските определби на нашата иднина, не мислам да се донесе некој цен тралистички план, туку да се осознаат тенденциите во развојот на иднината на нашето стопанство, механизмите и инструментите што ќе ја стимулираат спиралата на развој и стопанските партнери да ги познаваат правилата на играта во развојот. СВЕТ: Да й се вратиме на политиката. Потnишавме време на согласност со Грција. Можеше ли тоа да се направи порано? Н.К.: Јас сум запознат со условите на таа спогодба, но само од медиумите. Имам забелешка за скудноста на информациите и мислам дека Владата не може да решава за толку
85
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
битни национални и државни проблеми дискретно. Тоа е недопусливо. Ставени сме пред еден чин на искушение. Ако тоа се направеше Лисабонската декларација со првото менување на Уставот, немаше да има ни кавги, ни расправии, не ќе се изоструваше грчкиот национализам. Фактички, ние му дозволивме зреење на гневот во изминативе 2-З години. Во тој период овозможивме омразата и кавгите да се префрлат на наша штета. Ние, ни виновни, ни должни излегуваме сега партнери во расправијата. Тоа никако не требаше да го прифатиме. Грција, да речеме, во последните 20 години живее благо дарејќи на големите дотации што ги прима однадвор, од Европа и од Америка, затоа што стана нивна база на Балканот. А ние им даваме пристап на американските војници тука, да имаат една своја база без пари. Значи станува збор за мошне сериозни проблеми. СВЕТ: Прашањето на еквидистанцата? Н.К.: Па видете, ние фактички немаме политика на еквидистанца и тоа се покажа на виделина. Ние не се дистанцираме од сите, некому му робуваме, а од некои се дистанцираме. Јас мислам дека дистанцирањето е лоша работа, Зошто да се дистанцирам кога треба активно да соработувам со вас? Вие сте ми соседи. Ако сте ми соседи, јас покажувам благонаклоност, кон оние што ми покажуваат знаци за желба на соработување. А има и такви соседи кои не сакаат да се видат. Па каква е таа политика, постоење на дистанца кон тој што сака да соработува и кон оној кој не сака соработка? Соседите би требало да живеат во слога. Но, еквидистанцата се сфати како историска наслага на страв. Ние не знаеме како утре ќе се однесува Србија кон нас. Дај боже, да се остварат изјавите на Милошевиќ, ако Грција почне да воспоставува односи со нас и тие да нè признаат. Според мене, најголема грешка направи Милошевиќ што веднаш не ја призна Маке-
86
Н и к ол а Кљус ев
донија! На тој начин ќе се релаксираше нашето население, ќе се релаксираа нашите односи и ќе си постоеше една спрега на поактивна соработка, што би требало да биде нормално во просторот во кој што нормално се живее. Истото е и со Бугарија. Ние со Бугарија вештачки создаваме кавги. Постојано измислуваме нешто како да се скараме. Во меѓународното право се признаваат држави. Кому ние се докажуваме? Ние си ја почитуваме нашата нација, ние се гордееме со нашето национално достоинство. Воопшто нема потреба да се докажуваме, едноставно кажуваме дека тука постои една нација со сите свои белези: јазик, култура, историја, територии. И сега по таа логика, некој ги вжарува тие односи. Случајот со Албанија, да речеме, е исто така еден комплексен проблем. Албанските аспирации потајно или јавно ни ставале до знаење дека сакаат некое глобално решавање. Забораваат дека тие живеат во разни држави како што нашиот македонски народ живее во разни држави. Глобално решавање на албанското прашање не може да има затоа што јас не знам како Србите ќе го решаваат прашањето на Албанците. Ние одговараме како ние ќе го решаваме. А ние им ги дадовме сите права и стандарди што ги даваат ОН и Декларацијата на ОБСЕ за малцинските права. Не знам зошто постојано ни се подметнуваат пазарења и попуштања. Треба еднаш да се реши тој проблем. Јас не сум дури и за она што го заговара Тупурковски за некој историски договор. Јас сум за следното: Постојат меѓународни стандарди. Тие стандарди максимално да се почитуваат и никакви други расправи и оти секој договор може да те фрли во некоја глобалност и да се изгубиш таму. Македонија такво нешто не смее да прифати затоа што постојано ќе биде на чинот на уценувањето. СВЕТ: Дали демократијата во РМ се руинира? Н.К.: Мислам дека настана процес на ерозија на демо кратијата. Брзо се исцрпија перформансите кои убаво проз-
87
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
вучија во 90, 91, 92 година во тој домен, во тој плурализам, слободната мисла, слободниот дух, слободното политичко делување, конкуренцијата на идеи и програми да биде наша иднина. Но, сега кај нас господари монолитност на една групација која по својата сродност е реликт на стариот систем. Кога се групираа и ја добија власта ги стегнаа славините на демократијата. Добивме една ситуација како другото мислење да е неважно, да е погана рабога, ерес што треба да се осуди. Видете, не може Европа, која е тука, кај нас преку своите дипломатски претставништва да замолчи за таа работа. Мора да им се даде простор на други видувања. Славините на држвниот буџет не стигнуваат до сите медиуми, што се појавија на сцената кај нас. Сè се исцрпува во централните медиуми, каде што помалку или повеќе се искажува волјата на естаблишментот. Јас не сум против тоа нека се финансираат, ама нека им се каже дека тоа е државно радио, државна телевизија, но нека им се даде шанса и на другите. Ако има на целата територија на Македонија една телевизиска или радио мрежа, другото е сè локално, епизодно, безначајно, тогаш инфор мативниот сектор е затворен. СВЕТ: Господин Кљусев, за крај – зошто по повод чети ригодишнината од прогласувањето на независноста на РМ, Вие не бевте присутен на прославата? Н.К.: Па видете, ние сега зборувавме за демократијата. Де мократијата претпоставува почитување кон сите кои на свој начин сакаат да го искажат својот дух, својот придонес кон тат ковината. Сегашниот политички естаблишмент покажа дека од нив почнува историјата. Воведовме личности на еден континуитет во негативна конотација, затоа што континуитетот треба да се почитува на оние вредности на кои мислеше нашата државност од АСНОМ досега, мислам на оваа најнова историја. Проблемот на пукнатините на тој поранешен сис-
88
Н и к ол а Кљус ев
тем и неговата негација како неделотворен, нефункционален и политички атрофиран, значеше изградување на оваа нова самостојна, суверена македонска држава.
89
ПРОБЛЕМИТЕ НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА „Дело“, 28 април, 1995 г.
Нас нè врзал нервот на времето во јазолот се крие тајната (во „Ода на зборот“) Една појава, што загрижува кај нас, е недоволното внимание кое се посветува на појдовните теориски видувања околу спроведувањето на процесот на приватизацијата на мотивите, мерките и методите на приватизацијата, на факторите кои влијаат врз нејзината успешност, а пред сè, врз аспектот на ефикасноста на рег улативните мерки за премостување на неуспешноста на пазар ните механизми. И, на крајот, дали протагонистите, водечките партии на власта (Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Либералната партија), кои со Социјалистичката партија го сочинуваат т.н . „Сојуз за Македонија“, имаат јасна програмска и идејна определба и каков е нивниот поглед во однос на политиката за спроведување на процесот на приватизацијата во Р. Македонија. Ова се поставува од аспект на историската одговорност што ја преземаат овие партии што се на власт кои, во однос на приватизацијата, треба да имаат јасно дефинирани идеј-
90
Н и к ол а Кљус ев
ни видувања и определби. Ова се изнесува од причина што идејните определби на либералните партии во економијата се засновуваат врз принципите на теоретската мисла на либералниот капитализам (Пети, Смит и Рикардо), со низа современи струења од неокласичните школи. Додека социјалдемократските партии ги изградуваат своите принципи врз теориските видувања на економската мисла на регулираната економија, сè до разните школи на „држава на благосостојбата“. Токму од овие причини се поставува прашањето дали овие наши две партии имаат специфични видувања на феноменот на приватизацијата, кои се нивните карактеристики и идејни разлики? Што е тоа што ги споило на овој домен и колку се објаснети тие разлики пред народот? За овие проблеми посебна одговорност паѓа на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кој е должен идејно да ги презентира своите ставови во однос на приватизацијата. Зашто европската социјалдемократија денес се бори за плуралистичка економија, за алтернативна цивилизација, за еколошка хуманизација, за нов социјален и политички идентитет за разлика од либералните сфаќања на капитализмот и бирократскиот државен социјализам. Во сето тоа нема идеолошка неутралност во однос на социјалните вредности, во однос на антрополошкиот јазол што треба да се решава, со внесување, барем на минимум, антропологија во изградувањето на посакуваната држава, или поточно, општество на благосостојбата за сите членови, за разлика од волчјата страст на една рака богати и мнозинство пауперизирано - осиромашено население. Тогаш, веќе на повидок е да се постави прашањето: што станува со уставно прифатената Р. Македонија како социјална држава? Или, пак, препуштен е процесот на приватизацијата кај нас на безидејниот, без програмски хаос и се талка низ спонтаните процеси обременети со социјални и политички потреси и неизвесности.
91
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Во продолжение би сакал да го задржам вниманието на некои значајни аспекти на овој домен. Од извонредна важност за испитување на доменот на приватизацијата е начинот на остварувањето на трансформацијата на т.н. „општествена сопственост“, и тоа како феномен на принуда или доброволност. Дилемата принудна или доброволна приватизација е надвор од опфатот на економските истражувања. Таа влегува во сферата на политичките одлуки. Од економски аспект, таа дилема може да се оценува само кога се анализира претпријатието дали ефикасно работи. Дали е профитабилно или работи со загуби во нормални пазарни услови. Меѓутоа, дилемата: принудна или доброволна приватизација има своја друга димензија. Таа произлегува од самата генеричка природа на сопственоста. Имено, како таа (општествена државна) сопственост настана и кој од кого денес приватизира? Познато е дека таканаречената „државна“, односно „оп штествена сопственост“ настана во повоениот период, главно, како резултат на државна принуда, во разни форми: национализација, експропријација, конфискација, аграрна реформа - принудно задругарство и сл. на поранешното кралство на Југославија, на приватен имот и сопственост на таканаречени „капиталисти“, „воени богаташи“ и сл. Подоцна социјализмот кај нас со законски мерки го инаугурира самоуправувањето и општествената сопственост како фундаментална парадигма на еден политичко - утопистички модел. Денес, укинувањето на општествена сопственост и нејзината трансформација во приватна сопственост, исто така, е инспири рано и поттикнато од политичкиот авторитет на државата со донесување Закон за приватизација. Таа се оценува, исто така, како еден утописки модел, базиран врз едно прагматско мислење за априорно предимство на приватната
92
Н и к ол а Кљус ев
сопственост на физички лица, како единствено економски рационален, над кои и да се други видови на сопственост. Тоа и дава повод за размислување: дали досегашниот општествено-сопственички модел и експеримент и овој, денешниот, за кој државата се залага, приватно-сопственичкиот модел, не е чисто идеолошки модел. Првиот, како резултат на марксистичката, а вториот - на традиционално либералната економска идеологија (Смит и Рикардо). Несомнено е дека приватната сопственост настана како ре зултат на историско-еволутивниот процес, без државна принуда, а сè повеќе се развивала врз база на пазарните законитости. Или, поточно, економската содржина на сопственичките односи, во историската ретроспектива, произлегува како израз на генеричките процеси и последици на економскиот и технолошкиот развиток, како и на владејачките социјални сили во општеството. Во зависност од нив, се појавува политичка волја која што ги санкционира тие односи и создава механизми за нивна заштита, издигајќи ги на пиедестал на светост. Единствено во социјализмот со политичка волја и методи на принуда, независно од степенот на стопанскиот развој и пазарниот механизам, се креирани нови социјални структури и односи на принуда. Иако, притоа, треба да се каже, за нашиот македонски случај, дека во одлуките на АСНОМ не се искажува политичка волја на принуда за национализација, експропријација и сл., туку јасно е нагласено, дека ќе се „заштити приватната сопственост на граѓаните“. Со право се поставува прашање: дали економските закони тости на либералниот капитализам се иманентни денес. Во таа смисла, дали единствено приватната сопственост може да биде ефикасна во современите економски услови, вклучувајќи ги и земјите во транзиција и, дали пазарот, без макро-економска политика и регулативни инструменти на државата, сам по себе е оптимален регулатор на стопанските движења?
93
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Денес најдинамичните стопанства, какво што е јапонското, германското, во значајна мерка и американското и други не ги почитуваат ортодоксните закони на класичната либерална економија. Тие стопанства располагаат со огромни државни фондови за интервенција и развој, со високо учество на државна сопственост, користејќи притоа различни регулативни механизми на самата држава во стопанството. Општествената сопственост која беше и сè уште е водечка кај нас, ќе мора да егзистира во низа дејности како државна сопственост. Тука се мисли, пред сè, на големите технолошки систе ми: енергетскиот, сообраќајниот, водостопанскиот, информационите и ПТТ-системи и сл, експлоатацијата на националното природно богатство: метални и неметални руди, шуми, вода и сл., воено-индустрискиот комплекс, некои образовни, здравствени и финансиски институции и др. Станува збор за такви национални богатства кои му припаѓаат на целиот народ. Постојната трансформација на општествената сопственост треба да го почитува начелото: сите форми на сопственост да имаат еднаков правен статус, како и начелото таа да биде економски рационална. Тоа значи, да не се оправдува од идеолошки и политички причини на партиите што моментно се на власт. Истите начела треба да важат и за постојните интерни акции, кои реално не се покриени со капитал. Тие треба да бидат изложени на дејството на екстерно пазарно вреднување, со цел да се привлече нов реален капитал, а не со фиктивно право да се располага со сопственост. Тоа е грабеж на општествената сопственост. Само продавање акции со реално купување ќе може да овозможи, да се формира фонд од средства за потребите на репатријација на девизниот долг на граѓаните, за санирање на потрошените пензиски фондови, за натамошен стопански развој и проширување на социјалната инфраструктура, како и за надомест на трошоците за транзицијата.
94
Н и к ол а Кљус ев
Притоа, Законот за приватизацијата мoжe да функционира само со истовремено донесена законска регулатива за реприватизација на сопственоста на оние граѓани на кои имотот им бил принудно одземен по разни основи затоа што не може денес никој да стане приватен сопственик врз одземена приватна соп ственост. Експропријацијата на таканаречените „експропријатори“ треба првин да се врати. Особено затоа што во нашите повоени услови, не постоела, во класична смисла, развиена капиталистичка приватна сопственост. Тоа беше имот стекнат со приватна иницијатива во занаетчиството, трговијата, земјоделството. Релацијата на тие односи, национализација, експропријација и сл., во Македонија не беа идентични со развиените капиталистички односи во Словенија, Хрватска и Србија. Така што тие мерки на принуда во Македонија биле на штета на трудољубивото македонско семејство, каде што без експлоатација на туѓ труд имотот бил создаван со генерации во рамките на семејството. Од тие причини треба да се испита нашиот актуелен момент на приватизацијата и ерозијата што настанува од политичко идејниот и теориски хаос и практичните негативни реперкусии врз социјалното битие на македонското општество. Во таа смисла, неколку прашања заслужуваат особено внимание. Имено: 1. Дали се осознаени реперкусиите од приватизацијата како израз на политичката волја на државата, чии експоненти во реализацијата се појавуваат претставници на владејачката коалициона политичка структура, дури се врши и идентификација на моделот на приватизацијата со една или со друга партија, со една или со друга личност, во зависност од тоа кој какви позиции држи во распоредот на партиските спротивставени интереси, а што е недопустиво од аспект на националните интереси; 2. Какви и чии интереси се застапени во таа политичка волја.
95
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Да се обелодени анатомијата на тие интереси: поединечни, групни, национални; 3. Дали тој процес ќе се остварува врз економски критериуми и пазарни законитости или со фиктивни права ќе господствува хаосот на грабежот; 4. До кој степен ќе се почитува принципот на правичноста и кој сè ќе биде опфатен од него - дали само вработените во стопанството или и тие што работеле во државната администрација, во здравството, науката, образованието, полицијата, војската, пензионерите и сп., што е со стечајните работници и банкротираните фирми итн. 5. Дали нема да се насочи процесот на приватизацијата кон реформирање и одржување на сопственоста во рацете на моќната постојна политичка и управувачка номенклатура, за тоа што во почетната практика ова очигледно се потврдува; 6. Дали се изградуваат механизми за одбрана од евентуални социјални отпори и сл. Практиката покажува дека маршот на стечајните работници, невработените, маршот на гладните и изнемоштените зборува за сосема друго; 7. На крајот, се поставува прашањето: колку е обмислен методот на гранската селективност и глобалната стратегија на приватизацијата. Дали се води сметка за структурниот пристап во приватизацијата, или поточно, кои се стратешките национални интерес и во структурата на стопанството, или пак, хаосот ќе навлезе во сите пори на националната економија; 8. Постојат ли институции за обезбедување на јавност и контрола во процесот на приватизацијата, како и алокација на средствата од тој процес со оценка на нивната социјална и економска ефикасност. Од досега кажаното произлегува едно клучно прашање, а имено, дали може овој јазол поинаку да се разрешува? Секако дека може. Ако се ослободат носителите на тој процес од погрешни индоктринации, ако не постои јасна програмска определба како стратегија за разрешување на проблемите,
96
Н и к ол а Кљус ев
ако егоистичките партиски и поединечни интереси и жедта за власт и владеење е цел само за себе, а притоа, законски да се игнорираат масовните социјални бранувања, како т.н. „некои си слободни-независни синдикати“, како т.н. „толпа народ, популизам, улична демократија, авантуризам“ и сл. Тогаш работите добиваат друга димензија. Предизвикот станува опасен, исполнет со низа ризици. Дали тоа нема да значи: оние кои нема да знаат реално да ги одмерат сопствените заблуди и незнаења, кои довеле по улиците да ни маршираат десетици илiади гладни, изнемоштени и бесперспективни, да треба да ја проголтаат таблетката на себе - развластување, распуштање и внесување нова човечка енергија, нов ум и знаење, без политички екстремности, без крв; да се изградува модел на општество со исполнет политички и економски плурализам. Тој модел на општество ќе значи овозможување на дејствување на пазарни законитости и механизми на регулирана економија, на еманципирана приватна иницијатива и збогатување, но и јасна социјална политика и згрижување. Или поточно, државата треба да создаде механизми и услови за рационално и ефикасно остварување на интересите на партнерите на пазарот: трудот, капиталот, ресурсите, како и да ги штити интересот и на самата држава. Таа не може да се исклучи како партнер, зошто е носител и гарант на социјалните вредности во општеството. Притоа, да не се допушти дискриминација и монопол на било кој парт нер на пазарот. Да се спречи какво и да е пљачкање, грабеж, корумпирање и сл. Од тие причини, како императив се наметнува една историска потреба од формирање на една нова Македонска демократска алтернатива, како движење што ќе настојува да изгради нова филозофија на гледање, која со аргументи, знаење и умеење ќе го афирмира тој нов модел на општество во кој ќе господствуваат вредностите на политичкиот и економскиот плурализам.
97
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Се исцрпи енергијата на конвертитите на стариот систем. Се бара нова демократска алтернатива која ќе треба да се бори со нова програма, да ја преземе историската одговорност за трансформација на стариот систем врз поафинитетни и прифатливи за мнозинството социјално-политички и економски вредности. Да создаде цивилизациски услови за натпревар со идеи и програми кои ветуваат реални услови за остварување, за разлика од тенденциите кои носталгично го бараат континуитетот на стариот систем и едноумието. На крајот, може да заклучиме дека во нашите услови објективно земено, најповолна солуција на трансформацијата би било изградување на мешовит модел на сопственост, што ќе искажува рамнотежа и рамноправен третман на сите видови сопственост. На тој начин, новите општествено економски мутации треба да изградуваат нов тип цивилизација, во која ќе бидат втемелени економската демократија и плуралните партиципативни форми на политичката демократија, почитувајќи ја и социјалната правда, искажана во институциите на социјалната сигурност и во гарантирањето на политичките, етничките и социјално-економските човечки права. Тоа е реално можно во изградување на мешовит модел на општествено-економски систем. Во таков систем економскиот, политичкиот, социјалниот, културниот и моралниот идеал ќе ја краси сестраната еманципација на личноста, која ќе се стреми да ги усогласи целите на личната иницијатива и приватниот интерес со афирмација на чувството за општествена одговорност и заштита на националните интереси и националното богатство на земјата. Врз изнесените постулати на мешовитиот модел може да се изградува нова демократска и социјална цивилизација, како алтернатива на цивилизацијата на либералниот капитализам и етатистичко бирократската цивилизација која, во последно време, почна да се повампирува.
98
НЕДОСТАСУВА ДЕМОКРАТСКА АЛТЕРНАТИВА „Дело“, 26 мај, 1995 г. (Братислав Ташковски)
Академик проф. д-р Никола Кљусев: исклучителна и неод минлива личност во оформувањето на македонскиот политички мозаик. Премиер на првата Влада по слободните повеќепартиски избори и човек кој како премиер беше изложен на невидена критика од страна на македонските медиуми, пред сè поради своите национални ставови и радикалните планови за решавање на македонскиот политички галиматијас. Денес е објективен проследувач на политичките и економ ските состојби во Македонија. Минатата година Никола Кљусев ја заинтригира македонската јавност и со Објавување на четири бележити поетски книги, инспирирани од историјата, секојдневи ето и реалноста на македонското битие Д.: Професоре Кљусев, Македонија навлегува во петтата година од својата самостојност. Вие бевте премиер на првата повеќепартиска Влада. Како од денешна
99
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
гледна точка би го окарактеризирале овој период, пред сè во однос на остварените стратешки, национални, економски и политички интереси на нашата држава? Н.К.: Навлегуваме во фаза на неспокојство. Нè обзема чувство на неизвесност. Нè дебне страв. Изостануваат ефектите од иницијалните определби втемелени во Уставот, како и голем број донесени декларации, закони и сл. Македонската држава со својата здобиена независност во овој период од 4-5 години во лоша почва ги пушта своите корени. Тие не црпат доволно сокови за разлистување, уште богато не се оплодуваат нејзините стебла. Се разбира, тука има многу неповолни дејства за испостувањето и пресушеноста на нашата почва. Ќе треба мошне педантно да се испитуваат и да се оценуваат сите влијанија. Република Македонија сè уште е стегната во челичен обрач под дејството на екстерниот фактор. А внатре, на економски план се случува следното: Прво, уште трае процесот на институционалната несреденост. Второ, неизградени механизми и инструменти на стопан скиот и фискалниот систем и отсуство на нивната флексибилност и стимулативност. Трето, отсуство на селективен пристап во макроекономска та политика, каде што продолжува опаѓачкото темпо на стапката на растот, со изразито дезинвестирање, потоа технолошката инвестициона и организациона атрофија на стопанскиот организам. Четврто, инфузијата во монетарната сфера го дрогира кур сот на денарот, кој е во расчекор со опаѓачките перформанси во стопанството и тенденцискиот пораз на инфлацијата. Се поставу ва прашањето: ако е исцрпено стопанството, ако е пресушена неговата акумулативна способност, тогаш од кои извори се напојува инфузијата на таканаречениот стабилен курс на денарот? На политички план: Прво, брзо се исцрпи политичката демократија во наши-
100
Н и к ол а Кљус ев
от парламентарен плуралистички систем, односно политички систем без политичка опозиција е нонсенс. Второ, се затвори просторот на критичката мисла, и започна лов на вештерки од политички непријатели. Трето, се сопира процесот на политичкото развластување на структурите од стариот политички систем, чие влијание добива преголема гласност со носталгични тонови кон стариот систем. Четврто, малаксува (дури и се запира преку нерегистрира ње) процесот на формирање нови асоцијации врз демократски права и слободи на граѓаните, особено во интелектуалниот домен, со цел да се креира јавното мислење и критичката мисла што може само да облагородува диви процеси во општеството. Петто, нарушени процеси за социјална и политичка стратификација со отсуство на стратегиски програми и цели на развојот, а особено немање желба да се изгради концесуална национална програма за нашата иднина со стратегија за етапно реализирање. А тоа значи, независно од партиската и политичката определба, верска и етничка припадност и дека изработка на национална програма и стратегија врз концесуален принцип е историска потреба и државен и национален интерес, ако сакаме да се ослободиме од разни пазарења и нагаѓања на надворешни партнери и да се релаксираат внатрешните конфликти зашто секое екс посте решавање на овие проблеми бара висока цена на жртви и ризици. Шесто, препуштени сме на иницијатива со силно политичко, финансиско и воено влијание на надворешниог фактор во решавањето на домашни проблеми, иако државата располага со значајни научни и стручни кадри. Во доменот на националните интереси се манифестира: Прво, сè повеќе расте конфликтноста со малцинствата. Концесиите кои се давани, особено во предизборниот период од поединци или партии, ја продлабочуваат кризата во овој до-
101
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
мен се до агресивни дејства кај изневерените албански интереси. Доменот на образованието и кадровската ситуираност во државната структура станува поприште на силни конфликти. Второ, еден од значајните сегменти на националната стратегија, секако, екс анте е решавањето на проблемот на малцинствата врз прифатените меѓународни стандарди во сите сфери: образованието, локалната власт, политичките слободи, граѓански права итн., а не за секој проблем во секој закон и слично сепаратно да се решаваат овие проблеми каква што е постојната практика. Тоа нужно води до конфликтности и го разорува ткивото на заедничкото живеење. Трето, појави на неконтролирани изјави на дел од над ворешни претставници и сè почесто инсистирање од албанските политички активисти да се зборува за Република Македонија како за некаква мултинационална, мултикултурна заедница, ја зголемува тензијата во Македонија со несогледливи последици. Тоа треба енергично да се спречува, почитувајќи го Уставот и правото на македонскиот народ како конститутивен народ. Четврто, афирмирање на меѓународните стандарди за правата на малцинствата во нашата држава, повлекува грижи и барање на идентични права за нашето население кое живее во соседните држави. Напуштање на таа грижа ќе значи препуштањe на тој дел од народот во прегратките на асимилацијата и геноцидот, кој веќе со децении трае. Д.: 3а вашата Влада низ новинарските кулоари се шуш каше дека е повеќе „опозициона“ отколку експертска. Ова побудува најразлични размислувања, а директно може да кореспондираат и со сегашноста и прашањето за опозицијата како вонпарламентарна сила и нејзиното дејствување од пасива. Ваш коментар. Н.К.: Од формален аспект нашата Влада не можеше да биде опозициона. Таа беше со двотретинско мнозинство из-
102
Н и к ол а Кљус ев
гласана во Парламентот од сите политички партии, освен поголемото воздржување на пратениците од ПДП и НДП. Таа имаше апсолутен мандат доколку се познаваа правилата на играта од оние кои гласаа за неа. Од суштински аспект гледано, ние дојдовме во амбиент на нерасчистени, недефинирани политички односи, со нејасни партиски програми, со неоформени политички идеологии, во нес тратифицирана социјална структура. Со психолошка напластеност што ја влечеше папочната врвца од стариот систем, во услови на функционирање на Сојузната Влада и нејзиниот институционален законодавен систем, во канџите на огромен безбедносен и воен систем кој беше стациониран на нашата територија итн. Во такви услови партиите почнаа катадневно да си ги менуваат своите имиња, а и пратеници минуваа од една во друга групација или основаа нови партии. Притоа, се заборави дека со тоа се губи искажаната волја на избирачите за иницијалните партиски определби или, поточно, се губи нивниот мандат во очите на народот, а и кај самата Влада. Не може една југословенска реформистичка партија, без јасни определби, да се претвора во таканаречена „либерална“ партија. Не може Сојузот на комунистите да се претвора во Социјал-демократски сојуз или од ВМРО-ДПМНЕ некои поединци да формираат нови партии итн. Тоа е недозволиво, во услови на изборен мандат. Тоа создаде конфузија и хаос во Парламентот. Во такви услови, кој било сегмент да го менуваше, Владата наидуваше на силен отпор. И, природно, Владата стана „опозиција“ во нефункционалниот расчеречен Парламент и сè уште во структуираните институции на стариот систем. Тоа беше случај со предлозите на законите за наука, култура, образование, информации, во стопанскиот сектор, во кадровската структура и сл., каде што секаде се наидуваше на отпор. Владата, како „опозиција“, треба да се сфати условно - како
103
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
предизвик што создаваше можности за ново видување, за промени, а друго е прашањето колку се имаше чувство тоа да се сфати и да се поддржи. Од друга страна, некои политички структури од такана речениот „лев блок“ и голем дел од информативните медиуми, доброволно нè фрлаа во прегратката на другите, нарекувајќи ни ја Владата проВМРО-вска. А овие, од ВМРО гласно говореа дека сме биле предавници на претседателот на Република Македонија. И едните и другите забораваа дека ние се ангажиравме како Влада да изградиме наша независна македонска држава, како вековен идеал на македонскиот народ и да застанеме на браникот на националниот интерес. Додека некои кокетираа, удирајќи се по градите за да се докажуваат кои се и што се, а другите ги блокираа процесите на измените, Владата ја ораше ледината низ која го сееше семето на независната државност и гордо ги бранеше, и дома и надвор, националните интереси. Така што, во меѓупартиските бркотници и нејасните партиски визии за нашата иднина, првата Влада беше и првата жртва. Сите се покажаа бојници за да ја земат власта. И, на крајот, се видоа колку им било грозно лицето во огледалото. Што се однесува до вториот дел од Вашето прашање, што е со опозицијата и денес како вонпарламентарна сила и нејзиното дејствување, можам да го констатирам следното: Жалам за сите околности што доведоа нашиот Парламент да нема политичка опозиција. Тоа ја принудува нашата држава да изградува плуралисгички систем без политичка демократија. Во таков политички систем имплицитно се вградуваат механизми на едноумие. Тоа особено е видливо во кадровската структуираност, каде што се оди дотаму што и пониските нивоа во државната хиерархија да се определуваат кадри со партиска припадност - што е мошне опасна тенденција. Тоа внесува страв, немир и неизвесност во работната егзистенција на луѓето во нивната психолошка депресија. Опозиција-
104
Н и к ол а Кљус ев
та кај нас, како вонпарламентарна, има епизодна улога. Таа е ставена на маргините на политичките збиднувања. Врз неа е фрлен комплексот на инфериорноста и таа нема можност со своите идеи да биде креатор на нашата иднина. Таа е и информативно, и политички, и финансиски - крајно лимитирана. Таа нема материјални можности да ги искаже своите видувања, да воспоставува контакти со други земји и партии итн. Од друга страна, се има чувство дека таа не се труди доволно да внесува иновации во програмската, организационата и кадровската структура. Таа палијативно се самокритикува за своите „релативни слабости и неуспеси“, без да понесе и лична одговорност од нивните челници. Современата политичка демократија и во опозиционите партии отвора широк простор на инвентивност, да се чујат повеќе мислења, да се прифаќаат творци со идеи, програми, а не послушници и еуфорични поданици. Нашата опозиција треба да отвора трибини за јавен дијалог, да создава предизвик во сите домени, а особено онаму каде што крахираат силите на позицијата. Денес опозицијата е пасивен посматрач, неаргументиран критичар на социоекономските мутации и слаб мобилизатор на социјалните движења. Таа е неелоквентен пропагатор на своите ставови и идеи во широките маси. Во таа смисла потребно е нејзино преиспитување и преструктуирање. Д.: Во контекс на претходното, интересирање побудува несинхроннзацијата и заедничкото ненастапување на партиите од опозицијата. Ова прашање, според многумина, го содржи и одговорот за неуспехот на опозицијата на вторите избори. Кои се причините за ова неединство? Н.К.: Чинам дека опозиционите партии не може поединечно да дејствуваат и како такви поединечно да ја преземаат власта. Структурата на нашето избирачко тело тоа не го овозможува. Тие, ако сакаат успешно да дејствуваат, ќе треба да
105
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
изградат заедничка платформа на оние точки од државниот и националниот интерес што може да ги спои. Да се создаде кохезија врз тие интереси. Да се потиснат личните престижи кои влечат кон слава, власт, а да се глорифицираат заедничките државни и национални интереси. Поуката од вторите избори, та колку и да биле изманипулирани, тоа еклатантно го потврдува. За да се постигне заедничка политичка платформа неопход но е да се формира нова демократска алтернатива како масовно движење со препознатливи асоцијативни белези, со јасно нагласени афирмативни ставови за македонската државност и националната самобитност, врз стандардите на современата плурална политичка демократија, во која грижливо ќе се чуваат и афирмираат правата и слободите на секој државјанин. Подеднакво тоа ќе значи и грижа за нашиот народ, во распарчените делови на нашата земја и во дијаспората. Воедно тоа ќе значи, да се искажат и заедничките видувања на процесите на општествената и економската транзиција и методите во заложбите во нивното разрешување. Исто така, да се утврдат границите под кои не смее да се оди во тој процес на штета на социјалната егзистенција на населението. Само со јасни заеднички определби на опозицијата може да се изградува алтернативна демократска филозофија и стратегија што може да го сврти вниманието кон избирачкото тело. И колку побрзо се пристапи кон овој напор, толку поуспешно ќе се понесе опозицијата на изборите. А предвремените избор и сè повеќе се на повидок. Д.: На економски план Македонија денес за некого прет ставува Елдорадо, а за некого пекол. Нè потресуваат штрајкови, стечаите се редовна појава, 6езработицата царува, а приватизацијата преку ноќ создава „експресни капиталисти“. Пауперизацијата си го зема крвавиот данок, а од друга страна во државата нема
106
Н и к ол а Кљус ев
некои поголеми социјални немири и незадоволства. Кон што води овој македонски ексклузивитет на постоење на „богат“ народ во услови на сиромашна држава? Н.К.: Економскиот домен во нашата држава е мошне ровит. Долгорочната криза веќе 15 години ги разнишува столбовите на општествената репродукција. Таа го разори стопанскиот потенцијал. Во некои гранки капацитетите одвај и да се користат со 20 до 30 отсто. Технолошката инфериорност капацитетите за производство ги чини непродуктивни. Банкротирањето на стопански објекти станува секојдневна појава. Високата невработеност го мултиплицира социјалниот гнев. По улиците маршираат гладните и изнемоштените. Гладуваат со штрајкови и стечајните работници. Тоа е тажна слика на економското и социјално битие во државата. Тоа, колку што се слабости на субјективниот фактор што владее, толку се и објективно условени појави. Никој нема право да се радува на тешките услови низ кои минуваме ниту пак да ги капитализира судбите на гладните и изнемоштените. Од државата се бара максимална внимателност во социјалното раслојување, ригорозност во спроведувањето на даночниот систем, контрола врз процесите на енормното збогатување без реално вложен капитал, без реално вложен труд. Капитализмот, кон кој се стремиме на овој домен, во триесеттите години за разни криминални појави, измисли електрични столови. Треба ли да потсетиме за трансферите на нафтата, бакарот, пченката и сл., во чие сервисирање беа вклучени многу физички и правни субјекти кои, само во минатата 1994 година, според оценките на северниот сосед, од нивните каси се одлеале околу 200 милиони марки во нашите сефови. А што е со трансферот на дрога, оружје и слично? Каде и како се одлева општествениот имот? Кој врши ерозија на националното богатство? Сè се тоа проблеми на кои државата треба будно да бдее.
107
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Вториот дел од прашањето се однесува: зошто немаме социјални незадоволства, односно дали станува збор за постоење на „богат народ“. Прво, не е точно дека немаме незадоволства. Речиси во секој колектив врие социјалниот казан. Рековме, на улиците во поголемите градови маршираат гладните, стечајните. Точно е дека нема организирана сила со јасни програмски определби, освен обидите на Унијата на независните синдикати со повикот на гладните во Битола, Прилеп, Скопје. Меѓутоа, точно е и тоа дека организирано се уриваат таквите напори, нарекувајќи ги „популизам, толпа, авантуристи“. Се заборава дека цената на ризикот расте и треба да се бараат темелни решенија, а не осуди. Државата не може да биде среќна ако гладните ги прави непријатели. Второ, во вакви времиња на неизвесност, во услови на сè уште неразвиена работничка класна свест за своите права, на обезглавена работничка класа, на психологија на пасивен отпор „работам толку колку што сум платен“, а потоа да се бара дополнителна егзистенција во приватно сервисирање, односно на своето парче земја и слично, тешко да се очекува организиран отпор. Трето, голем дел од невработените и стечајните работници, без разлика на нивното образовно ниво, наоѓа своја делумна, привремена егзистенција во сивата економија, по пазариштата, по улиците. И колку таа да е забранета, сепак долго ќе егзистира во услови на неефикасен фискален систем, од една страна, и висока невработеност, односно ниска куповна сила на населението, од друга страна. Сивата економија им одговара и на продавачите, одбегнувајќи ги сите давачки кон државата и на купувачите, снабдувајќи се со артикли по пониски цени. Четврто, психологијата на помирливост на нашиот човек, сведувајќи ја својата егзистенција под границите на живот-
108
Н и к ол а Кљус ев
ниот минимум. Но тоа никако не треба да значи дека гневот на гладните не врие, а државата се ослободува од грижата за нивното решавање. Со жалење може да констатираме дека пауперизацијата на населението рапидно и масовно се шири. Разрешувањето на тој јазол носи неизвесности, обременети со сериозни негативни социјално политички реперкусии. Векот на нивното разрешување не е кусорочен. Тие се наталожиле во подолг период. Невработените стручни кадри се одлеваат од нашата земја, креативните кадри, ниско платени, неконтролирано се одлеваат исто така. Кој ќе ја понесе одговорноста за тие несакани процеси? Зошто се плаќа високата цена за нивното школување? Фитилот во социјалната политика и политиката на вработувањето е запален. Дали недостасува мудрост во гаснењето на тој фитил или пак ќе пламне. Д.: Сегашната власт се одржува со помош на една неприродна коалиција. Односот кон стратешките интереси, кон малцинствата и политиката на компромиси нè издвојуваат како единствена земја што експериментира со така витални сегменти од областа на државната политика. Каков е Вашиот став кон ова политичко и коалиционо пазарење? Н.К.: Во стариот систем, кој се напушта, живеевме во илузија на братство и единство. Се создаваа вештачки национални клучови за учество на малцинствата во врвовите на партијата, Социјалистичкиот сојуз, Синдикатите, во законодавната и извршна власт. Тоа беа невкусни гарнири, чии егземплари со репулзија ги отфрлаат дури и самите малцинства како кодоши, режимски слуги и сл. Таа практика по инерција како да сака да продолжува, само сега како обратен процес. Самите партии од малцинското население бараат клучеви во партиципацијата во власта.
109
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Малку или повеќе сесрдно им се излегува во пресрет. А зошто да не, кога тие се партнери во коалицијата. Но, апетитите се незаситни. Сè се мери во проценти. Се посакува паралелизам во многу домени, од кантонизација во локалната власт до уставотворен народ и мултинационална државност. А другите малцинства - Турците, Ромите, Србите, Власите - дали да се почека да побараат и тие сè што бараат Албанците или тие малцинства не се важни. Во вакви услови: Каде е граѓанската држава што така штедро се посакува? Дали таа предвидува клучеви или умови, знаење, независно од кои етнички структури произлегуваат? На сиве овие процеси кумуваат и белосветски мудреци. Секојдневно добро гоштевани гости. Тие, во името на разни меѓународни организации, ни говорат за правата на малцинствата, а забораваат дека ги кршат токму тие стандарди во сопствените земји, додека нашата држава постојано се докажува дека ортодоксно сака да ги применува токму тие меѓународни стандарди и права на малцинствата. И токму затоа што ги спроведува тие норми и стандарди, го доживува дебелиот крај, експериментирајќи со нашата држава како недоносче. А Европа тежи од Алжирци, Мароканци, Индуси, Турци и др. и, како државјани, никому не му паѓа на ум да каже дека во Франција не е Французин, во Англија не е Англичанец, или, не дал Господ, во Германија да не е Германец. А кај нас сè е можно. Значи, ние живееме на овој простор и сите права, секој државјанин независно од кое етничко потекло е, треба да ги ужива според стандардите во повелбата на Обединетите нации. Притоа, ниедна партија или коалиција на власт нема право да се пазари во односите меѓу уставно конститутивниот мнозински народ и малцинствата. Секое пазарење надвор од меѓународните норми создава конфликти со несогледливи последици. Тоа за македонскиот народ е рамно на национален злостор.
110
Н и к ол а Кљус ев
Д.: Пред четири години ја спасувавте Македонија од војна. Тој зловешт и морбиден збор уште е присутен во политичкиот речник на нашите актуелни политичари, пред сè како средство за смирување на „широките народни маси“. Во време на Вашата Влада војната имаше реални претnоставки. Што денес? Дали виорот нè одмина и каде на овие релации се движи нашата највисока државничка и надворешна политика? Н.К.: Војната на Балканот демне. Читаме разни сценарија. Но слушаме и охрабрувачки изјави, кои посакуваат мир во Македонија. Логично се наведува и високиот ризик на војна во Македонија. При сето тоа, официјална Америка, иако недоволно дефинирана околу дипломатскиот статус со Македонија и со признавањето на уставното име на државата, сепак јасно, мошне децидно обрнува внимание на соседите дека ќе го чува и брани територијалниот интегригет на Република Македонија. Се надевам, дека таков став поддржува и големата Русија. Уште повеќе, што таа недвосмислено го прифати признавањето на Република Македонија со уставното име и воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади. Па тогаш, од каде тоа заплашување на македонскиот народ со војна? Зошто наши врвни политичари везден подметнуваат – при секои значајни збиднувања или во предизборни кампањи – мир или војна? Што значи тоа? Дали дома има сили кои бараат војна? Или тоа е синтагма на месијанска улога на спасителот од војна? Војната или мирот како да зависат од еден човек. Можеби заплашувањето со војна, во извесна смисла, временски го релаксира гневот на гладните или пак се кажува: „Внимавајте на нас што го вардиме мирот, зашто има опасни бабароги во другите партии што бараат војна“. Јас како премиер се изнаслушав такви приказни, та ниту една „бабарога“ не пукна да создаде војна во Македонија, а многу други се договараа со разни полковници од КОС како
111
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
да менуваат членови од мојата Влада. Сепак, останува да се согласиме само со една констатација, што се наведува како потенцијална опасност за војна во Македонија, а тоа е: доколку Србија ја прошири војната во Косово! Таа опасност треба постојано да се следи и оценува. Д.: Се добива впечаток дека сегашните носители на влас та премногу се чувствителни на пишувањето и говорењето во средствата за јавно информирање за нивната работа. Вие, како премиер, бевте изложен на невидена „стрелба“ од новинарската фела, а не поведовте ниту еден спор ... Н.К.: Целосно да се одговори на ова прашање ќе треба посебно интервју. Несомнено е дека тука се навлегува во етиката на новинар скиот професионализам - од една страна, и државната контрола над медиумите - од друга. Во таа смисла, се поставува прашањето на независното новинарство. Или поточно, колку кај нас е развиено чувството на објективно информирање? Колку е тоа цензурирано, селектирано или, како што во една пригода еден познат главен и одговорен уредник на еден наш весник не запозна со таканаречената „рафинирана“ државна политика и со методите кои се применуваат во медиумите. Значи, станува збор дека политичката цензура се заменува со рафинирани методи врз медиумите. Се разбира, се знае кој може тоа да го прави. Нашата Влада немаше такви претензии. На ниедна редакци ја не й е сугерирано да забранува објавување на што било. И, како што знаете, таа слобода на новинарсгвото од прангите на политичката цензура во стариот систем во некои редакции се претвори во слобода против Владата и против мене, лично. Та дури се организираа и посебни подлистоци, каков што беше Казабланка во „Пулс“ или посебни радиоемисии, каква што беше ННРВ. Некои новинари отидоа дотаму што се сомне-
112
Н и к ол а Кљус ев
ваа во мојот јазик - дали зборувам македонски, се разбира, подметнувајќи да се разбере божем јас зборувам на бугарски или, уште поголема дрскост каква што беше оној на новинарот Јосиф Ќурчиев, кој ја извести македонската јавност дека „премиерот Кљусев ја продава Македонија на Бугарија“, „кој му дал таков мандат“ и слично. А токму премиерот се бореше да им каже на бугарската и на романската Влада дека немаат овластување да говорат за судбината на Македонија во Атина на состанокот од 17 и 18 септември 1991, закажан по иницијатива на Србија и дека македонската Влада, со здобиената своја независност од 8 септември 1991, Букурешкиот договор за поделба на Македонија го прави невалиден. Ми беше јасно дека мирисот на овие новинарски пера го носеа лудите ветришта од север. Јас не се обидов да покренам судска постапка на вакви инкриминирани клевети врз угледот на еден премиер. Што ли се не се напиша, какви ли се инсинуации и клевети не се измислија против Владата и нејзините членови! Ако имаше еден отсто од тоа вистина, нашето „независно“ новинарство и тие што со рафинирани методи ги подучуваат, ќе направеа циркусијада со нас а, можеби, ќе бараа и судски процеси. Сега владее некој чуден молк. Мошне селектирано се кри тикува власта. Убаво е да се има мерка. Но не е добро да се кријат, да премолчуваат некои појави кои се очевидни, за кои понапред стануваше збор. Слушам дека вашиот главен и одговорен уредник е даден на суд од министерот Љ. Фрчковски. Не знам за карактерот на делото, но мислам дека господинот Фрчковски не треба да се впушта во таква авантура. Особено затоа што неговата позиција е изложена на многу критички опсервации - сите се плеткаат околу тоа Министерство. Тој е мошне интелигентен човек и просто жалам што се нафати за таа должност. Тоа беше против мојата волја да стане Министер на внатрешни работи.
113
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Други инсистираа да оди таму. Тој, како луциден правник, многу й помогна на нашата Влада околу донесувањето на низа закони. Не знам со каква аргументација се располага за тој судски предмет. Но едно знам: и од едната и од другата страна ќе се плетат разни прикаски и тоа во домашни и во странски гласила. Мој совет е: место судот, времето да покаже сè на виделина. Д.: На крај, како посебен дел од нашиот разговор, би Ви го поставил следното прашање: прашањето за доскоро непознатиот Кљусев, за Кљусев како автор на четири бележити поетски книги, за еден хроничар на нашите историски петна и за импулсите што наметнуваат еден поинаков темперамент и сензибилитет, сосем поинаков од научниот и политичкиот. Значи, за поривот, за животот и поезијата? Н.К.: Човекот го набљудувам како мултифункционален организам кој може да врши повеќе дејности. Тоа зависи од генетска та предодреденост, од условите и начинот на живеењето, од степенот на културната еманципација и од научната образованост, како и од животните предизвици низ кои минувал. Та оттука, научното и уметничкото творештво се мошне блиски. Тука се: медитациите, фантазијата, моќта да се преточи духовниот резервоар во разни научни или уметнички дела. Навистина, долг период се занимавав со научноистра жувачка дејност од областа на економско-инвестиционоразвојната проблематика. Задоволен сум од тоа што го постигнав. Во класично сфаќање, со политика не сум се занимавал. Горчливиот вкус на политиката ме отру уште во младите школски, студентски години. Но, имплиците во економијата е вткаена економската политика. Таа е носечкиот столб на општествениот развој. И кога дојдов за премиер, мојата пре-
114
Н и к ол а Кљус ев
окупација беше: како да го устроиме државниот систем, како да излеземе од економската сиромаштија! И затоа, од сè срце работев врз антиинфлационата програма, врз воведувањето на нов монетарен систем и националната валута - денарот, врз откупната и сеидбената политика во земјоделството, врз поставување темели на нова макро-економска политика и, на крајот, за три месеци успеавме да го реактивираме „Фени“, од чие производство остваривме десетина милиони долари, девизи така значајни за тој период. Меѓутоа јас немав ниту желби ниту време да се занимавам со политика и со поли тички манипулации. Тие итреци што го сакаа тоа, останаа и ден денес и сме сведоци до каде тие ја доведоа државата. Ослободувајќи се од Владата, посветив внимание на теоријата на книжевноста. Да се запознам со методолошката апаратура на разни стилови, правци и школи во поетското обликување. Потоа ме понесе една божествена сила и почнав да пишувам поезија. А патем да кажам, како ученик почнав да пишувам песни. Но, кога ме затворија, мајка ми ги изгорела тетратките. Тогаш објавувавме на таканаречените „ѕидни весници“ во Гимназијата. Јас бев вљубеник во поезијата. Читав многу поетски творби, многу стихови знаев напамет. Го следам целото наше творештво речиси на сите генерации. И почнав да изградувам свој свет на духовна преокупација. Бев сведок и соучесник во големи историски пресвртници. Во своите тинејџерски години јуришав во ешалоните против фашизмот. Клечев и ја љубев светата македонска земја во манастирот „Св. Прохор Пчински“ на Првото заседание на АСНОМ кога се возобновуваа темелите на македонската држава. Ги слушав чекорењата на творците на македонската држава, Ченто, Панко, Полежина, Апостолски, Бане, кои се движеа по скалите кон манастирската менза, каде се одржуваше Заседанието. Во ушите уште ми ечат манастирските камбани и блесокот на куполите во нашите зеници и вечерниот јуриш
115
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
на борците кон Прешево, Бујановец, Ристовец, во кој огнено се прославуваше роденденот на татковината на границата на нејзината стреа. Не минаа 5-6 години, а јас веќе ја гледав изнемоштената колона робијаши и во тие редови творците на нашата држава Панко, Полежина, Пирузе, Соколов, Венко, како се движат ко скелети, со лица мумифицирани, гонети ко пци, врзани еден за друг, ко авети како се нишаат низ вжарени спили на пустиот камен остров. Во еден здив го слушнав манастирскиот камбанен ѕвон и го гледав пеколниот круг и сенките на смртта од еден до друг што ги демнеше овие клети чеда во оваа мрачна бездна на човечка беда. Дојде и третиот голем завој 1991, во кој почнавме да ги цементираме разнишаните АСНОМ-ски темели. Се исправи на нозе Република Македонија како независна самостојна држава. Задоени од идеалите на илинденскиот АСНОМ, сакавме да застанеме повторно на браникот на татковината, и тоа околу подготовката на новиот Устав, студиите за приватизација и денационализација, законите за Армијата на Република Македонија, за македонскиот денар, борбата против инфлацијата, спасувањето на нашите деца од валканата војна на југословенскиот простор и, на крајот, согоревме во задгрбните политички манипулации. Значи, имам многу мотиви за творештво, а силата на зборот во зрелата мисла тече спокојно. Соопштува и опоменува, убедува и облагородува, ранува и лекува. Како што гледате, мојот животен пат не се движел праволи ниски. Патем да кажам, нема праволиниски пат, зашто на таков пат ќе потонете во меланхолија, здодевност, ќе ви атрофира организмот, а уште повеќе умот. Животниот пат се движи по законот на амплитудите и противречностите. Тоа е мозаик од низа испокинати нишки. Но за вас, како млада генерација, не би сакал да се повтори мојот животен пат. И затоа од моево животно искуство ви препорачувам една мала песна со порака:
116
Н и к ол а Кљус ев
“Не верувајте секому, верувајте во себе“. Просејани зборови Многу зборови слушнав во бучниот говор твој но сал тие просејани низ моево духовно сито ги помни умот мој.
117
ВО ПОТРАГА ПО ИДНИНАТА “Today“ - Денес, 13 јуни, 1995 г.
Иднината на Македонија секој ја гледа низ помрачените партиски зеници. Како да се заборави на сеопштата надеж за консенсуална национална платформа: власта љубоморно и агресивно си го чува „кокалот“; а македонската опозиција е пасивен посматрач, неаргументиран критичар и слаб мобилизатор. Потребно е да се формира нова демократска алтернатива од опозицијата како масовно движење со препознатливи белези! - вели поранешниот македонски премиер Никола Кљусев во прилогот специјално напишан за „Денес“. Н.К.: Иднината се посакува. Таа нè повикува, очекува. Таа е наша надеж и копнеж за подобро. Но, таа колку што е блиска, толку е и далечна, ако не се смогнат сили настојчиво да се бори за неа. Тогаш таа станува недостижна, а нашата тешка и тажна сегашност нè проголтува, нè влече да тонеме во бездната. Нашето постоење е резултат на нашето минато, на животното искуство на нашите предци, на нивната борба за национална слобода и социјална правда. Само така може да се сфати сегашноста во коресподентност со нашето минато. Ние ја посакуваме иднината само преку осведочените вистини на кои нè учи искуството збогатено и со поривните
118
Н и к ол а Кљус ев
врутоци на сегашноста. Меѓутоа, тука се поставува и прашањето: колку се познаваме самите себе си? Универзумот на нашето минато и испробаното искуство од сегашноста стануваат меѓник околу кој ќе се исцрпува нашата потрага по иднината. Тој пат е обременет со низа неизвесности кои се испречуваат под влијание на надворешни фактори, како од блиското окружување чии алчни апетити ја стегаат кревката снага на Република Македонија во челичен обрач заедно со недефинираниот став на меѓународниот фактор за нашата државност, така и од недоволно скротените апетити и нејасни програми и визии на внатрешните сили во Македонија. Очекуваната иднина се прекршува низ многу интереси и секој ја гледа низ помрачените партиски зеници. А сега да се прашаме: дали и колку е обмислена иднината што се посакува? Кои се нејзините архитекти? Или сме препуштени на диви ветришта да не талкаат по врвиците на брегот што се рони? Во Република Македонија се намножија многу политички партии. Многу наследнички се држат за скутот на тоа што беше 45 години. Чудни шминки си ставаат и подсмевно се подбиваат со грозно лице во огледало. Од друга страна, македонскиот илинденски искон, нашата шифра против ропството, туѓинците и окупаторите (ВМРО) толку многу се расчеречи та не знаеш кој кому служи, кому рака подава и чија рака кама во македонски грб забодува. И, на крајот, ни се случува и тоа: колку племиња - толку партии. Ко еж се затвораат и бодат со своите шилци по кревкото македонско тело, барајќи мултинационалност, суверенитет, поделба на државноста, универзитет со двојазично образование, кантонизација и федерализација на македонската територија. „Мовта низ неа се шири го голта цветот мил градинарот изгубил сили препуштил глогов трн да нè мири.“
119
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
ПЕРИОД НА НЕСПОКОЈСТВО Ја минуваме четвртата година од нашата самостојност. Што да кажеме за тој изминат пат, какви пораки да упатиме за посакуваната иднина? Живееме во фаза на неспокојство. Нè обзема чувство на неизвесност. Нè демне страв. Изостануваат ефектите од иницијалните определби втемелени во Уставот, како и голем број донесени декларации, закони и слично. Македонската држава во овој период во лоша почва ги пушта своите корени. Тие не црпат доволно сокови за разлистување. Се разбира, тука има многу неповолни дејства кои влијаат за „испостувањето и пресушеноста“ на нашата почва. Ќе треба мошне педантно да се испитуваат и да се оценуваат сите влијанија што се случуваат. Така, на пример, во областа на економијата: Прво, уште трае процесот на институционална несреденост. Второ, не се изградија механизми и инструменти на стопанскиот и фискалниот систем и отсуствува нивната флексибилност и стимулативност. Трето, нема селективен пристап во макро-економската по литика, каде продолжува опаѓачкото темпо на производството, со изразено дезинвестирање, потоа технолошка, инвестициона и организациона атрофија на стопанскиот организам. Четврто, инфузијата во монетарната сфера го дерогира курсот на денарот, кој е во расчекор со опаѓачките перформанси на стопанството и тенденцискиот пораст на инфлацијата. Се поставува прашањето: ако е исцрпено стопанството, ако е пресушена неговата акумулативна способност, тогаш од кои вирови се напојува „инфузијата“ на таканаречениот стабилен курс на денарот? Економскиот домен во нашата држава е мошне ровит. Долгорочната криза веќе петнаесет години го разорува стопанскиот потенцијал. Во некои гранки капацитетите одвај и да се користат со 20 до 30 отсто. Технолошката
120
Н и к ол а Кљус ев
инфериорност ги чини капацитетите непродуктивни. Банкротирањето на стопански објекти станува најизразена појава. Високата невработеност го мултиплицира социјалниот гнев. По улиците маршираат гладните и изнемоштените. Тоа е тажната слика на економското и социјално битие во државата. Никој нема право да се радува на тешките услови низ кои минуваме, ниту, пак, да ги капитализира судбините на гладните и изнемоштените. Државата требаше да настапи со макси мална внимателност поради социјалното раслојување, но и со ригорозност во спроведувањето на даночниот систем, контрола кај енормното збогатување без реално вложен капитал, без реално вложен труд. Енергично мора да се сузбиваат разните криминални појави, грабежот на општествениот калитал, да се контролира каде и како се одлева истиот. Кој врши ерозија на националното богатство? Сè се тоа проблеми на кои државата има задача будно да бдее. Од друга, страна, сè повеќе се на повидок социјалните незадоволства. Точно е дека кај нас сè уште нема организирана сила да го насочи тоа незадоволство, освен обидите на Унијата на независен синдикати со повикот на гладните во Битола, Прилеп, Скопје. Меѓутоа, точно е и тоа дека организирано се уриваат таквите напори, нарекувајќи ги „популизам“, „топпа“, „авантуристи“. Се заборава дека цената на ризикот расте и треба да се бараат темелни решенија, а не осуди. Државата не може да биде среќна ако своите работници ги претвори во непријатели. Со жалење може да констатираме дека пауперизацијата на населението продолжува рапидно да се шири. Невработените стручни кадри се одлеваат од нашата земја, креативните кадри, затоа што се ниско платени, единствено гледаат да заминат. Кој ќе ја понесе одговорноста за тие несакани процеси? Зошто се плаќа високата цена за нивното школување? Фитилот на социјалната политика е запален, дали недостасува
121
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
мудрост во гаснењето на огнот или пак сите ќе пламнеме. На политички план се појавуваат следниве тенденции: Прво, брзо се исцрпи политичката демократија во нашиот парламентарен плурален систем, односно се оформи политички систем без политичка опозиција што е нонсенс. Второ, се затвори просторот за критичката мисла и започна „лов на вештерки“ во политичките противници. Трето, се кочи процесот на политичко развластување на структурите од стариот политички систем, чие влијание сега добива гласност со носталгични тонови кон стариот систем. Четврто, малаксува (дури и се запира преку нерегистрира ње) процесот на формирање нови асоцијации врз демократски права и слободи на граѓаните, особено во интелектуалниот до мен, со цел да се креира јавното мислење и критичката мисла, што на крајот создава клима за диви процеси во општеството. Петто, нарушени процеси на социјална и политичка стратификација со отсуство на стратешки програми и цели во развојот, а особено немање желба да се изгради консензуална национална програма со етапно реализирање. Независно од партиската и политичката определба, верската и етничката припадност изработката на национална програма и стратегија врз консензуален принцип е историска потреба и државен и национален интерес ако сакаме да се ослободиме од пазарења и погаѓања со надворешни партнери и да се релаксираат внатрешните конфликти. Зашто секое екс посте решавање на овие проблеми бара висока цена на жртви и ризици. Шесто, препуштени сме на иницијатива со силно политичко, финансиско и воено влијание на надвореџниот фактор во решавањето на домашните проблеми, иако државата располага со значајни научни и стручни кадри. Во таков политички амбиент државниот естаблишмент работи без парламентарна опозиција, па се поставува прашање: какво е нејзиното дејствување? Што се случува кај нас? Жалам за сите околности што доведоа македонскиот Пар
122
Н и к ол а Кљус ев
ламент да нема политичка опозиција. Во таков политички систем имплицитно се вградуваат механизми на едноумие. Тоа особено е видливо во кадровската структурираност, каде што се оди до таму што и пониските нивоа во државната хиерархија се екипираат со кадри според партиската припадност на тие од врвот што е мошне опасна тенденија. Тоа внесува страв, немир и неизвесност за работната егзистенција на луѓето, делува на нивната психолошка депресија и одбојност кон авторитетот на државата. Опозицијата кај нас, како вонпарламентарна, има епизодна улога. Таа е ставена на маргините на политичките збиднувања и е со комплекс на инфериорност. Таа е - и информативно и политички и финансиски - крајно лимитирана. Нема материјални можности да ги искаже своите видувања. Од друга страна, се има чувство дека не се труди доволно да внесува новини во програмската, организационата и кадровската структура. Таа палијативно се самокритикува за своите „релативни слабости и неуспеси“ без да побара и лична одговорност од челниците. Современата политичка демократија дури во опозиционите партии бара да се даде поширок простор на инвентивноста, да се чујат повеќе мислења, да се прифаќаат творци со идеи, програми, а не да се создаваат послушници и еуфорични поданици. Македонската опозиција треба да отвора трибини за јавен дијалог, да создава предизвици во сите домени, а особено онаму каде што крахираат силите на власта. Денес опозицијата е пасивен посматрач, неаргументиран критичар на социоекономските мутации и слаб мобилизатор на социјалните движења. Таа е неубедлив пропагатор на своите ставови и идеи за пошироките маси. Во таа смисла се чувствува потреба од нејзино преиспитување и преструктуирање. Чинам дека опозиционите партии не може поединечно да дејствуваат и како такви да ја преземат власта. Структурата на македонското избирачко тело тоа не го овозможува. Тие, ако сакаат успешно да дејствуваат, ќе треба да изградат заедничка
123
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
платформа на оние точки од државниот и националниот интерес што може да ги спои. Да се потиснат личните престижи кои влечат кон слава, власт, а да се глорифицираат заедничките, државни и национални интереси. Поуката од последните избори, та колку и да биле изманипулирани, тоа еклатантно го потврдува. За да се постигне заедничка политичка Платформа неопходно е да се формира нова демократска алтернатива како масовно движење со препознатливи асоцијативни белези, со јасно нагласени афирмативни ставови за македонската државност и национална самостојност, врз стандардите на современата плурална политичка демократија во која грижливо ќе се чуваат и афирмираат правата и слободите на секој државјанин. Подеднакво тоа ќе значи и грижа за нашиот народ во распарчените делови на нашата земја и во дијаспората. Наедно тоа ќе значи да се искажат и заедничките видувања на процесите на општествената и економската транзиција. Исто така, да се утврдат границите под кои не смее да се оди во тој процес на штета на социјалната егзистенција на населението. Само со јасни заеднички определби на опозицијата може да се изградува алтернативна демократска филозофија и стратегија што ќе го сврти вниманието на избирачкото тело. Колку поскоро се пристапи кон овој чекор, толку поуспешно ќе се понесе опозицијата на изборите. А предвремените избори (или барем локалните) сè повеке се на повидок. На крајот збор-два за некои актуелни проблеми од доменот на националните иитереси: Прво, расте конфликтноста со малцинствата. Концесиите кои се давани, особено во предизборниот период од поединци или партии, ја продлабочуваат кризата во овој домен сè до агресивните дејства кај изневерените албански желби и барања. Доменот на образованието и кадровската ситуираност во државната структура станува поприште на силни конфликти (секое малцинство ќе бара „пропорционална застапеност“ во полицијата, војската, управата ... ).
124
Н и к ол а Кљус ев
Второ, еден од значајните сегменти на националната стратегија, секако, екс анте е решавањето на проблемот со малцинст вата врз прифатените меѓународни стандарди во сите сфери: образование, локална власт, политички слободи, граѓански права итн., а не за секој проблем во секој закон и слично, сепаратно да се решаваат овие проблеми како што е постојната практика. Тоа нужно води до конфликтности и го разорува ткивото на заедничкото живеење. Трето, појави на неконтролирани изјави на некои од меѓународните претставници и сè почесто инсистирање од албанските политички застапници да се зборува за Република Македонија како за мултинационална, мултикултурна заедница, што ја зголемува тензијата во Македонија со несогледливи последици. Почитувајќи го Уставот и правото на македонскиот народ како единствен конститутивен народ во нашата држава, тоа треба енергично да се спречува. Четврто, афирмирање на меѓународните стандарди за пра вата на малцинствата во нашата држава повлекува грижа и барање за идентични права на нашите сонародници кои живеат во соседните држави и било каде во светот. Напуштањето на таа грижа ќе значи препуштање на тој дел од народот во прегратките на асимилацијата и геноцидот, кој веќе со децении трае. Имајќи го сето ова предвид може да се констатира дека во стариот систем кој (велиме) се напушти, живееме во илузија за братството и единството. Се создаваа вештачки „националии клучеви“ за учество на малцинствата во врвовите на партијата, Социјалистичкиот сојуз, Синдикатот, во законодавната и извршната власт, и тоа без разлика на индивидуалната способност. Тоа беа невкусни гарнири, за потоа и самите малцинства да ги отфрлат со репулзија таквите егземплари како кодоши, режимски слуги и сл. Таа практика по инерција како да сака да продолжи, само сега како обратен процес. Самите партии од малцинското
125
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
население бараат „клучеви“ за партиципација во власта. Повеќе или помалку сесрдно им се излегува во пресрет. А зошто да не, кога тие се партнери во коалицијата. Но, апетитите се незаситни. Сè се мери со проценти. На сиве овие процеси во државата несомнено им кумуваат и белосветски мудреци. Секојдневно добро гоштевани гости. Тие, во името на разни меѓународни организации ни говорат за правата на малцинствата, а забораваат дека токму тие истите стандарди се кршат во некои од нивните земји. За тоа време во Македонија се докажува како ортодоксно сака да ги применува токму тие меѓународни стандарди и права на малцинствата па и далеку повеќе од тоа. И, токму затоа го извлекува „подебелиот“ крај, експериментирајќи со нашата држава како со недоносче. А Европа „тежи“ од Алжирци, Мароканци, Индуси, Турци и други, а кога станува збор за државјанството никому не му паѓа на ум да каже дека во Франција не е Французин, во Англија - Англичанец или, да не даде Господ, во Германија да не е Германец. А кај нас сè е можно. Значи, ние живееме на просторот кој се вика Република Македонија и сите права, секој-државјанин независно од етничкото потекло, треба да ги ужива според стандардите од Повелбата на ООН. Притоа, ниедна партија или коалиција на власт нема право да се пазари за конститутивноста. Тоа за македонскиот народ е рамно на национален злостор. И, сосема на крај: Кој тоа постојано го подметнува прашањето за војна или мир, односно кои се тие што се „воинственици“, а кои „чувари на мирот“ кај нас? Несомнено војната на Балканот демне. Се склепуваат најразлични сценарија. Но, слушаме и охрабрувачки изјави со кои и се посакува мир во Македонија. Логично се наведува и високиот ризик од војна во Македонија. При сето тоа, Официјална Америка, иако недоволно изјаснета околу дипломат
126
Н и к ол а Кљус ев
ските односи и признавањето на уставното име на македонската држава, сепак јасно, мошне децидно обрнува внимание на соседите дека ќе го чува и брани територијалниот интегритет на Република Македонија. Се надевам дека таквиот став го поддржува и големата Русија. Уште повеќе што таа прифати да ја признае Република Македонија под-уставното име и воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади. Па, тогаш, од каде тоа заплашување на македонскиот народ со војна? Зошто државните челници везден подметнуваат - при секои позначајни збиднувања или во предизборните кампањи - мир или војна? Што тоа значи? Дали дома има сили кои бараат војна? Или тоа е синтагма за истакнување на месијанската улога на спасителот од војна? Војната или мирот како да зависат од еден човек. Можеби заплашувањата со војна, во извесна смисла, времено ќе го релаксира гневот на гладните, или пак се кажува: „Внимавајте на нас кои го вардиме мирот, зашто има опасни „бабароги“ во другите партии што бараат војна. Јас уште како премиер се изнаслушав такви прикаски, па ниту една „бабарога“ не пукна да предизвика војна во Македонија, а многу други се договараа со разни полковници на КОС како да менуваат членови од мојата Влада. Сепак, останува да се согласиме само со една констатација: потенцијалната војна би можела да дојде само од север, доколку Србија ја прошири војната во Косово! Таа опасност треба постојано да се следи и преоценува. Од изнесениот фолклор на проблеми со кои се соочува Република Македонија, останува на македонскиот народ заеднички, трезвено и обмислено да ја изградува својата иднина, без политички пресии и сатанизација на креативниот национален ум од оваа или онаа партија, вклучувајќи ги притоа и сите инвентивни предлози и идеи на нашиот човек било каде да се наоѓа во светот.
127
НЕИЗВЕСНОСТИТЕ ДЕМНАТ ,,Дело“, 29 септември, 1995 г.
Грчкиот фактор и неговата геноцидна политика врз македонското население беше запоставен или малку му се обрнуваше внимание во целото време на Титоистичка Југославија. Во тој период немаше македонски амбасадор во Атина. Југословенската дипломатија го ставаше на периферија македонскиот интерес и замолчуваше пред грчката ароганција и тортура, за секој премин на границата на наш граѓанин да се декларира под националност ,југословен’: а не Македонец. Тогаш Грција не реагираше против употребата на името СР Македонија, зашто ги решаваше проблемите преку Белград, зад грбот на Македонија. Таа политика овозможуваше да се гони сè што е македонски интерес и не признавајќи го македонското малцинство во Грција. Со осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година настана експлозија во грчката еуфорија против Маке донија. Сега веќе вековната борба против македонското население внатре, во Грција, се прошири и надвор од грчката граница, негирајќи го постоењето на Република Македонија, говорејќи за некаква опасност и територијална загрозеност на Грција од Р. Македонија. Таа пресија услови по два месеца од
128
Н и к ол а Кљус ев
донесувањето на Уставот, тој да се менува од Парламентот, додавајќи дека Република Македонија нема територијални претензии спрема соседите. Заради историската вистина, сакам да изнесам, кога се даде таков предлог во кабинетот на претседателот на Републиката, енергично се спротивстави министерот без ресор Љ. Фрчковс ки, кој беше најмногу ангажиран околу подготовката на Уставот велејќи дека „тоа е несериозен потфат и понижување на државата, веднаш по донесувањето да се менува Уставот“. Јас целосно го поддржав министерот барајќи да се испитаат сите околности. Пресијата врз Министерот ја изврши другата страна. И, штотуку се изврши измена на Уставот, дојде фамозната Лисабонска декларација, со која Советот на Европската заедница, под притисок на Грција, изјави дека не го признава името на Р. Македонија, и покрај јасниот став на Бадентеровата комисија, дека Република Македонија ги исполнува сите услови за признавање на нејзината самостојна државност. Денес стануваме сведоци дека не се извлече поука од првото менување на Уставот и Лисабонската декларација и се влегува во нова голгота со недоволно испитани реперкусии, со неизвесности што нè демнеат од постаното арбитрирање на надворешниот фактор. Следниот пекол ќе биде името на државата, а потоа ќе се редат други ограничувања и барања. Подучени од нашиот дефанзивен став, ќе се вклучат и други уцени од другите соседи. Тогаш каде ќе ни биде крајот? Можеби, тогаш ќе се сетиме да изградиме консензуална стратегија со учество на сите политички фактори за битните определби на нашата иднина и заштита на националните и државни интереси на Македонија, независно дали станува збор за државни симболи или за други стратешки определби. Во такви услови помалку ќе се остави простор за инволви рање на странскиот фактор во мешањето во внатрешните работи на државата, иако е евидентно дека судбината на малите народи во значајна мерка е во сатанската палка на моќните.
129
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Би сакал да укажам на едно друго прашање. А имено, во современиот цивилизиран свет информирањето на граѓаните и креирањето на јавното мислење има решавачко влијание во психолошко и политичко подготвување на населението за прифаќање крупни општествени одлуки. Јавното мислење не е она што симплифицирано се сфаќа од актуелната власт само преку пропагандата на прорежимските медиуми и ексцесните ex poste реагирања на селектирани личности од арсеналот на затскриениот кор на владејачката гарнитура. Тоа е, пред сè, партиципација на сите политички и невладини организации и асоцијации во креирањето и поддршката на витални вредности од траен карактер за нацијата и државата. Зашто, не може да има монопол ниедна владеачка ганитура ако не се почитува и другото критичко мислење, со цел да се релативизираат конфликтностите меѓу различните партнери во решавањето на клучните прашања од национален и државен интерес. За овие значајни интереси секој граѓанин сака да биде и соучесник и лојален извршител, независно која партија утре ќе дојде на власт. Во тоа се гледа демократијата и стабилноста на државата. Ова се заснова врз фактите што денешната вонпарламен тарна опозиција (а друга немаме) е исклучена од сите судбоносни решенија за нацијата. Од друга страна, слушаме од опозицијата дека не ја признава легитимноста на оваа власт и актите што таа ги донесува. Исклучувајќи ја опозицијата од партиципацијата, граѓанинот си поставува прашање за валидноста на актите ако опозицијата утре дојде на власт. Или, пак, за власта денес-утре ќе значи потоп. Се поставува прашањето кој ќе ја понесе цената на ризикот за зголемениот социополитички набој и неизвесностите што го демнат народот?! Слушаме, за некои познати имиња на уште попознати институции, дека му држат лекција на народот за економската благосостојба што нè очекува со деблокадата од Грција. Сосема природно е предностите се несомнени ако со најблиските соседи нормално се соработува, особено ако со тие соседи сте
130
Н и к ол а Кљус ев
поврзани со големи технолошки и инфраструкгурни системи (патишта, железница, пристаниште). Притоа, не се оценува со нужна научна скрупула опачината на севкупноста на тие односи и појави. А имено, за духовната и морална ерозија, за апстиненцијата од националниот интерес и грижа на распарчените ткива на македонскиот организам, за безименото талкање со години, за ставање во музејот на заборавот на историски вредности: дати, поими, топоними, асоцијации, фондации, институции. Така на пример, што ќе биде со дејноста на Матицата на иселениците како државна институција? Со кои организации и клубови ќе соработува во странство и за кои Македонци ќе се интересира? Што ќе стане со многубројните организации и асоцијации на нашето население од Беломорска Македонија, регистрирани во Р. Македонија? Што ќе стане со нашите црковни општини во странство, каде што повеќе од 70 отсто од верниците - Македонци потекнуваат од Беломорска Македонија? Кој ќе ги определува критериумите и кој ќе арбитрира во извршувањето или неизвршувањето на обврските во Спогодбата? Итн. Денес се среќаваме во нашиот печат со писмена поддршка или критика на Македонско-грчката спогодба. Таа не враќа на еден препознатлив стил на поданичка приврзаност на ставовите на култот на личноста или на мудрото раководство на едноумната партија. Та, дали беше, работник или академик, сите се колнеа во непогрешливата мудрост на култот. Треба да се менува начинот на реагирањето. Наместо ех poste неодмерено да се реагира со фалбести или прокудни изјави, ќе треба ех ante да се создава клима на демократски дијалог, без осуди и плукања на која било страна. Да се овозможи партиципација во креирањето на нашата иднина од широкиот мозаик на плуралистичко видување со нужно внимание на секоја идеја и сугестија, да се создаде клима на доверба и соработка. На тоа нè учи демократијата кон која и се стремиме.
131
ИСКУСТВОТО „ТОКМИ“ НОВА ТАКТИКА „Вечер“, 30 септември, 1995 г.
За професорот д-р Никола Кљусев карактеристични се три работи. Првата е што во 1991 ги прекина мирните пензионерски денови и за кратко се втурна во ризичната политичарска професија; втората - што го понесе епитетот на прв македонски првмиер и човек што пред македонската јавност ги покажа првите македонски пари и третата -пишување поезија. Господине Кљусев, како ви поминуваат пензионерските денови. Ви доцни ли многу пензијата? Н.К.: Мошне брзо, исполнети со работа. Чувствувам не достаток од слободно време. Пензијата како обично доцни два месеца. Како Ви звучи констатацијата дека Вие бевте политичар со најкуса кариера? Н.К.: Факторот време не е важен. Поважно е што се сторило во тој период. Владата профункционира со ентузијазам. Во неа имаше еден безграничен патриотизам. Но, и една неотпорност кон политичките игри и манилулации. Без вграден
132
Н и к ол а Кљус ев
одбранбен механизам, без никаква друга сигурност. Без доволно политичко и државно искуство, со преголема толеранција кон бирократската пирамида. Брзо се појави сознание дека не беше доволно што нè краси само науката и знаењето. Кај некои членови на Владата како Денко Малевски, Ристо Дамјановски и други кои ме опкружуваа, сетив нерешителност, колебање, сомнеж кон тоа за што се стремевме, за што и дојдовме тука. На тој пат опстоивме и согоревме.
ПРЕСИЈА Во времето кога Ви беше изгласана недовербата и кога логично следеше Вашата оставка, Вие пред Парламен тот рековте дека ќе си заминете, но претходно јавно ќе проговорите за сите злоупотреби на вашите колеги полпитичари ставајќи го акцентот на тогаш актуелната афера со повлекувањето на девизните заштеди од банките. Но, до тоа не дојде? Н.К.: Прашајте ги тие шта вршеа пресија врз банките да не ги соопштуваат имињата, задскривјќи се зад некоја деловна тајна. Меѓу нив има и денес некои на челни позиции. Господине Кљусев, кој всушност Ви заврте грб во 1992? Н.К.: Нашата Влада дајде во еден исклучителен период кога на првите парламентарни избори немаше партија со мнозински гласови, ниту коалиција да состави Влада. Се бараше авторитетен катализатор за реализирање на историскиот премин од една вештачка федеративна држава кон организирање на самостајна независна македонска држава. Првата Влада тоа чесно го реализира. Ги возобнови разнишаните темели на асномската држава во основните сегменти на нејзиното функционирање: со монетарна власт и национална валута, со сопствена армија и зајакната безбедност, со антиинфлациона
133
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
програма и зауздана инфлација итн. Но, кака што се обелоденуваа ефектите, така се заземаа и консолидираа партиите наследнички на старата номенклатура и побрзаа тие да ја земат власта. Ва таа еуфорија, со надеж за власт се тркаа и зашеметените ВМРОДПМНЕ и ПДП. Последната привилегирано ги зазеде своите ложи ва коалиционата Влада, а ВМРО-ДПМНЕ ја прокоцка шансата и остана на политичката периферија. Се зборуваше и за некаков заговор за Ваша физичка ликвидација по референдумското изјаснување во 1991? Н.К.: Успехот на референдумот за независна македонска држава, создаде нервоза ва армиските редови, будни чувари на федерацијата. Едно утро читам ва црвениот билтен на МВР: „одржан состанок на раководни офицерски кадри во III армиска област. На состанокот се осудува македонската Влада како сецесионистичка и националистичка која е против Југославија. Еден виш офицер, бара ликвидација на претседателот на Владата. Генералот шта го води состанокот вели: „Да се ликвидираат сите околу него кои рабатат на отцепување на Р. Македанија од Југославија“. Кога сега би се вратиле во 1991 - 1992 во премиерскиот кабинет, што не би, односно што би направиле? Н.К.: По секое доживување и изминат пат, човекот врши преиспитување и донесува свои оценки за тоа што било. Подучен од искуствата, човек изградува нова тактика. Во таа смисла не би ги повторувал грешките: во преголемата верба кон луѓето, во толерирање на слабостите на соработниците, со скепса би гледал на еуфоричните изливи на поддршка, енергично би ги откривал и отфрлал подлите политички манипулации, измами и превртливости, односно, би настојувал секој да го најде своето место во границите на уставните надлежности и одговорности, било да се работи за претседател на државата, на парламентот или било кој минстер.
134
Н и к ол а Кљус ев
Што Ви остана од двегодишниот премиерски мандат? Политичката функција колку и да е краткотрајна, сепак носи одредени привилегии? Н.К.: Не ми е јасно за какви привилегии станува збар. Јас не уживам никакви привилегии од функцијата. Ја користам својата професорска пензија. Прашајте ги тие што уживаат во раскошни вили и станови, приватизирани со неекономски цени, а модернизирани и одржувани од општествени средства, што одмораат во општествени вили, што за приватни дејности ги користат и лесно добиваат дозволи. Живеам со сопругата и семејството на синот во финска барака во правна сопственост на синот, близу до цементарата „Усје“ и ми чини задоволство што сум близу да работниот народ. Бидејќи сте познат како врвен економист, ќе сакате ли да дадете кус коментар во врска со актуелната економска ситуација во земјава? Н.К.: Состојбата на нашето стопанство е извонредно тешка. Се одвиваат два спротивставени процеса и тоа; прво, процесот на транзиција, тој посакуван премин од еден економски неделотворен систем кон изградување на нов стопански систем врз дејствување на пазарни законитости. И второ, се одвива продолжен процес на рецесија кој сè уште нè турка кон кризното дно со несогледиви социјални потреси. Овој процес врши децениска технолошка депресијација, руинирање на вградените капацитети, долго останати без модернизација и иновации. Се нагризува супституцијата на фиксните производни фондови во процесот на дезинвестиции, расте невработеноста и рапидно опаѓа животната егзистенција на населението. Во овој кризен процес се спроведува приватизацијата на општествениот капитал со недоволно јасни методи и ефекти од тој процес. Да се надеваме дека секој болен организам во борбата за егзистенција создава антитела за одржување.
135
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Рационалното користење на човечкото знаење, внесување то на нови претприемачки иницијативи, а пред сè, смислата да се внесе технолошко знаење и дополнителен капитал од надвор, при јасно офертирање на нашите расположливи евтини ресурси ќе може да ја подгрејат надежната спирала на идниот развој. Еве сега како што стојат работите Германија нн нуди економска помош и поддршка кај нас попозната како т.н. Маршалов план? Н.К.: Предлогот на Германија е за поздравување. Во слични драматични периоди светот познава такви институции за помош. Доволно е само да се наведе Маршаловиот план инициран од САД по Втората светска војна, во чија десетгодишна програма се издвојувале секоја година по 17-18 милијарди долари помош за санирање и за оживувње на уништената инфраструктура и стопанството на Западна Европа и во Јапонија. Таа помош изнесувала повеќе од 400 долари по глава на жител. Како втор пример може да се земе формирањето фонд во Западна Германија за поддршка на процесот на транзиција во Источна Германија. Во таа смисла предлогот на Германија треба да помогне во психолошкото релаксирање и во економското стимулирање на процесот на транзцијата кај нас. Тоа заслужува високо внимание.
АЛТЕРНАТИВА Ве гледавме во првата постава на Националната кон вен ција заедно со уште неколкумина „Ваши“ минис три. Што се случи со оваа асоцијација? Н.К.: Националната конвенција се формира во првата половина на 1994 г. како непартиска асоцијација од голем број интелектуалци, бизнисмени, верски великодостоинственици и граѓани. Во нејзини рамки треба да работат 32 форуми, дваесетчлен Совет и тричлено Претседателство. Јас сум 136
Н и к ол а Кљус ев
еден од нив. Но, за жал, веќе година и пол Конвенцијата не може да се регистрира. Сведоци сме дека кај нас што уште не се регистрира, па дури и инородни партии и здруженија, но ова наше здружение на огромен број врвни интелектуалци сè уште е под ембарго. Треба ли ние како македонски интелектуалци да ги бараме своите човекови права на здружување пред меѓународните организации? Нема ли тоа да значи срам за државата? Колку има вистина во гласините дека Вие и, повторно, некои „Ваши“ министри ќе основате партија? Н.К.: Има потреба од формирање на една демократска алтернатива на постојниот Сојуз за Македонија, со цел да се изградат две јасни политички платформи, со програмска и идеолошка конотација. Ова од причина што во сите земји на парламентарната демократија главно доминираат две до три големи политички партии. Случајот со Македонија од педесетина партии без јасни визии, програма и идеологи зборува за хаос во политичката структура. Во јавноста не остана незабележано дека се занимавате и со пишување поезија. Што ви служи како инспирација? Н.К.: Поезијата ја облагородува мојата душа. Ги насочува моите чувства да понираат по трагите на големите пресвртнички завои и историски предизвици низ кои поминувал и минува нашиот народ и јас како негова единка и судба. Понесен од генетската предореденост и културна и научна информираност и еманципација ги преточувам моите медитации и фантазија од неисцрпениот духовен резервоар, што се напојува со нова космичка енергија, во разни уметнички творби. И така во еден здив се појавија четири книги поезија. Читателот и молчаливиот критичар ќе имаат можност да другаруваат со мене сè почесто, ако Севишниот ја сочува мојата насмевка, ако ги бранува подлабоко моите мисли, моите чувства. 137
НЕЗАВИСНОСТА - БЕ3АЛТЕРНАТИВНА! „Македонско сонце“, 26 октомври, 1995 г. (К. Велков)
Никола Кљусев, академик, професор и доктор по економски науки. Продемократски избран премиер на плуралистичка и независна Македонија. Во неговиот жив дух има доблести и душевност, кои беа забележителни и впечатливи и додека беше во врвовите на македонската држава. Познати се оние негови специфични изјави, како „Ние раководиме со љубов и топлина“. Потоа видовме во што бил „проблемот“. Тоа поетот во него се мачел во бездушноста на политиката. Откако не е повеќе премиер, за само две години објави три поетски книги, во едната од нив е зачувана и грдата лузна на душата, од страдањето на Голи Оток. Независна Македонија засекогаш ќе биде одбележана со неговата воодушевена појава, која го отвораше шампањското на бината на плоштадот Македонија, по изгласувањето на независноста со референдумот. Тогаш господин Кљусев пееше на цел глас, за разлика од некои кои ниту не се појавија. Во ова интервју за „Македонско сонце“ се задржуваме, пред сè, на најактуелните, тревожни македонски настани.
138
Н и к ол а Кљус ев
„МАКЕДОНСКО СОНЦЕ“: Професоре Кљусев, интервјуто со Вас доаѓа во еден многу специфичен момент за Македонија, што некако по инерција упатува на луѓе кои, евентуално, би можеле да придонесат за поцелосно согледување на целата заднина на ова што денес ни се случува во државата. Вие бевте првиот премиер на независна Македонија, со огромен придонес во тој поглед и затоа, за почеток, би Ве запрашал за тоа како ја оценувате актуелната општественоекономска и политичка ситуација? Н.К.: Минуваме низ мошне изострени општественоекономски и политички процеси. Кризниот циклус од една деценија го фрли во тотален колапс нашето стопанство, со висок степен на технолошка депресијација, руинирање на фиксните производни фондови, пресушени извори на акумулација, умртвен инвестиционен сектор со продолжен процес на дезинвестиции, со нараснати социјални тензии од зголемената армија на неврабртени и сл. Во такви услови се спроведува процесот на приватизација, која што не ги дава своите финансиски ефекти, создавајќи услови за ерозија на општествениот капитал. Крупните дваесетина претпријатија - загубари под ингеренција на државата, сè повеќе го губат својот здив и тонат во социјална и економска агонија. Од друга страна, атрофира парламентарната демократија без опозиција. Брзо се исцрпија перформансите што дадоа првични ефекти на тој домен во периодот 1990-1992 година, во слободната мисла, слободниот дух на политичкото делување, во конкуренцијата на идеи и програми. Сега, кај нас господствува монолитноста на една групација, која по своето битие е реликт на стариот систем. Кога се групираа и ја добија власта, ги стегнаа славините на демократијата. Добивме ситуација каде другото мислење се проскрибува како еретичко, што треба да се осуди. На тој начин, молчаливо или сра-
139
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
межливо продолжува инерцијата на политичкото едноумие. Притоа, не може Светот, особено Европа, која е тука, кај нас, преку своите дипломатски претставништва да замолчи за таа работа. Од општествените мутации, особено во историски прет ставнички фази, каква што е таа низ која сега минуваме во овој значаен општествен премин, објективно земено, може да се очекуваат ефекти само на долг период. Тие не може кусорочно да се оценуваат. Кусорочно може да се оценува само ефикасноста на мерките и инструментите на применуваниот модел (доколку тој постои во оваа почетна фаза на транзиторниот период. Од тој аспект, може да констатираме дека временски изостануваат ефектите од преземените мерки. Ова произлегува, пред сè, од отсуството на еден конзистентно разработен модел со јасни дефинирани цели на општествено-економскиот и политичкиот развој во државата. И токму поради отсуството на таков модел, односно стратегија, се блокираат трансмисиите на општествените промени, со тенденција да се конзервира иницијалниот старт во статус кво, во кој демократските процеси почнаа значајно да стагнираат. Па, оттука, врз тие кревки столбови на политичката демо кратија тешко се изградуваат механизми на правната држава и инструменти на заштита на правниот и политичкиот статус на граѓанинот. Граѓанинот може лесно да биде приведен, применувајќи ги фамозните прописи на непостоечката федеративна држава, спротивно на Уставот на Македонија, што асоцира на злосторничките дејствија од 1946 и 1948 година кога луѓето од улица или од работно место ги носеа во зандани и логори. Исто така, граѓанинот е загрижен за своето работно место. Не затоа што нема стручност, туку затоа што не е член на една од владеачките партии. Тоа внесува страв, немир и неизвесност во животната егзистенција на луѓето, во нивното достоинство, оставајќи семејни и психолошки трауми. Во
140
Н и к ол а Кљус ев
такви услови, некои поединци и медиуми често повикуваат на реваншизам, подгрејувајќи ја спиралата на национална омраза, квалификувајќи ги едните за „ретроградни“, другите за „правоверни“ и слично. Тоа задолжително води кон дестабилизација на државата, што е мошне опасно во оваа фаза на нашиот опстој. М.С.: Се разбира, не можеме да го одбегнеме атентатот врз Киро Глигоров. Сега, по овој релативно кус период по атентатот, дали со него се сакаше да се отстрани само Глигоров или беше насочен кон дестабилизација на Македонија? Н.К.: Атентат на претседател на држава имплиците во себе содржи цели за дестабилизирање на односите во државата или негирање на политиката која што ја водел истиот. Мотивите можат да бидат различни: политички, социјални, економски, воено-стратешки, верски, лични или групни пресметки и престижи, интереси на воени профитери, надворешни интереси и слично. Тоа зависи од авторитетот, моќта и угледот на личноста, од степенот на концентрацијата на власта, неговото внатрешно и надворешно влијание, од улогата и позицијата во разните лобија... итн. Да веруваме во истрагата, таа ќе ја открие тајната. М.С.: Со самиот факт дека година и половина Вие, како премиер, бевте упатени на соработка со претседателот на државата, би било многу интересно да чуеме од Вас дали уште тогаш постоеја некои закани со убиства и слично? Исто и кон Вас? Н.К.: Тоа беше време на историски предизвици, на големи завои, на пресвртнички процеси во кои се создаваше самостојната Македонска држава или поточно се цементираа разнишаните темели на Асномската држава. На многу внатрешни и надворешни сили, а особено на чуварите на вештач-
141
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
ката федеративна држава тоа не им одговараше. И тогаш се добиваа закaнувачки писма за наша ликвидација. Претседателот Глигоров ми покажа две-три такви писма, а јас добив десетина такви. Во нив стоеше дека сме на снајперски нишан, дека се чека часот на ликвидација, а ЈНА отворено ја осуди Владата како сепаратистичка и националистичка. Грешевме што не им дававме значење на таквите закани, иако МВР беше информирано. М.С.: Господине Кљусев, во јавноста врие од шпекулации за тоа кој би можел да биде нарачателот на атентатот. Ова го прашувам, пред сè, заради Ваше мислење на реагирањата од најразличен профил: партии, медиуми, политичари и институции. На самиот почеток се создаде речиси атмосфера на линч кон одредени партии? Н.К.: За организаторите на атентатот може да се зборува само ако се имаат автентични извори. За тоа постојат специјализирани служби за откривање. Тука е и укажаната огромна надворешна помош на специјализираните агенции за откривање на терористички акти. Сè друго спаѓа во сферата на фантазијата, шпекулациите или тенденциозното свртување на вниманието на друга страна, со цел да се одбегнат реалните носители на злосторството. Па, во таа смисла, организираните или спонтани реагирања по атентатот: на личности, партии или институции во нашите медиуми, можат да бидат мотивирани од чисто хумано е мотивни причини или од тенденциозно предумислени намери, внесувајќуи забуна и немир кај населението или пак клевети и сомнеж на одделни личности и партии. Читавме реагирања од кои треба да се згрозуваме, со кои преку жигосување се подгрејуваше реваншизам, што води кон омраза и подмолно политичко профитерство, недостојно за цивилизирани услови. М.С.: Посебно впечатnиво и контроверзно беше соопштението на МАНУ по повод атентатот. Вие сте
142
Н и к ол а Кљус ев
член на МАНУ. Дали таквото реагирање може да се смета за целосно прифатливо од сите членови на Академијата и дали оваа институција не страда дневно политиканство? Н.К.: Во тој контекст спаѓа и соопштението на МАНУ, без да биде запознаено и нејзиното членство. Служењето со претпоставки е неблагодарна работа, посебно не за угледна научна институција. Само врз основа на изворни факти за случајот, МАНУ може да ги испитува појавните причини со изнесување на критичките оценки. Во врска со атентатот, нормално беше да се даде емотивна изјава осудувајќи го чинот на тероризмот, а не да ја проскрибува или глоифицира оваа или онаа полигика, зашто не знаеме која политика или било кој доведе до злосторничкиот чин. М.С.: Да се вратиме малку на настаните кои се исто така, тревожни. Вие веќе го искажавте своето мислење по повод потnишувањето на таканаречената „Привремена согласност“ меѓу Македонија и Грција. Какви се можните последици по Македонската држава и нација од ратификацијата на тој документ? Н.К.: Привремената согласнот е акт под диригентската палка на моќниот надворешен фактор. Тоа е факт и наша судба. Па сепак, на тој фактор не е понудена стратешка платформа за преговори со консензуална согласност на сите политички сили во македонското општество, туку се допушти да ни се адресира финална редакција на Согласноста од надвор, без дијалог. Дали тоа нè очекува и со името и други можни комбинации со кои се експериментира, како посебен случај Република Македонија на Балканската шаховска табла, без и самата да ги поместува фигурите на таа табла. Нашата држава лесно прифати улога на обвинет, без секаков повод, односно имплиците ги прифати одредбите на Букурешкиот Договор. Но, кога веќе дојде до таа Согласност, сега останува да се
143
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
оценуваат реперкусиите од можните ризици и темелно да се испитуваат очекуваните ефекти. Оваа симплификација ја правиме од аспект објективно да се разоткријат стапиците што нè чекаат во лавиринтите на пеколот што ќе ги наметнува Грција. Тука се и затскриените алчни апетити што ги поттикнува таа Согласност кај останатите соседи врз нашето економско и национално битисување. Веќе првите информации зборуваат за селективен пристап кон нашите граѓани за граничниот премин во Грција. Тоа е веќе флагрантно нарушување на одредбите во Согласноста. Па, следат финансиските. потешкотии за добивање на виза, па царински и контролни малтретирања итн. Надежите ќе се вагаат на тасот на нашето трпение, достоинство и гнев, а тоа ќе биде искра за потпалување на пожарот што цинично ќе го гаснат меѓународни арбитражи, во чија прегратка ќе не фрла грчкото клеветење и ароганција. Ова го изнесуваме: затоа што не се дефинирани критериумите за неизвршувањвто на одредбите од Согласноста. М.С.: Дали сметате дека, можеби, безалтернативноста на опција за независна македонска држава може да биде доведена во прашање по последните настани? Н.К.: Опстојот и развојот на независноста на Македонската држава за нас е безалтернативна светост и заветен долг на генерациите по нас. Секој кој ќе се обиде да фрли сенка на сомнение на нашата независност и достоинство или да тргува со неа ќе биде проколнат. Колебања на тој пат не може да има од било која политичка опција, а наметнати услови од надвор ќе значат крваво распетие на нашиот народ. Неизвесности дебнеат во тој домен и алчните апетити на соседите не стивнуваат, а секогаш можат да се најдат предавнички експоненти и дома. Ете овие денови чувме еден беден и ништожен професор по географија до вчера на Природно-математичкиот факултет во Скопје (Јован Трифу-
144
Н и к ол а Кљус ев
новски) кој по пензионирањето замина во Белград, од каде гласно зборува за Македонија како за Јужна Србија. Затоа е потребна максимална предострожност и преданост од сите фактори и политички сили во Републиката да се чува нашата независна држава. Само од позиција на самостојна и независна држава може да се изградува стратегија на регионална и европска соработка на сите полиња од интерес на нашето безбедно и побогато живеење. М.С.: Во ваквата актуелна ситуација во Македонија, сè почесто се шпекулира со можноста за нови, не само претседателски избори. И да не е тоа, има ли Македонија алтернативна политичка сила, која би била способна успешно да се спротистави на актуелниот режим? Ако нема, што би предложиле Вие во тој поглед? Н.К.: Денес плуралистичките надежи кај нас ги стега челичен обрач во кој нема, односно недостасува политичка алтернатива која со критички аргументиран пристап ќе ги релативизира несаканите случајни или намерни потези на владејачката гарнитура. Пазарењата и интригантствата на партнерите во власта сакаат да играат улога на некоја „опозиција“ за да ги затскриваат нечесните игри во капитализацијата на своите економски и политички интереси, или агресивните националистички интереси на албанскиот партнер. Ова нужно води кон тоа, крајниот губитник да биде македонскиот народ и македонската држава. Притоа, мошне енигматично прозвучи критиката на минис терот за надворешни работи во Парламентот кога полемизираше со непостоечка политичка алтернатива кај нас, препознавајќи во неа ретроградни па дури непријателски ставови во однос на актуелните општествени појави. За жал, во нашата држава сè уште нема формирана поли
145
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
тичка алтернатива со јасна политичка платформа наспроти „Сојузот за Македонија“ кој целосно владее денес во државава. Секоја партија во опозицијата самостојно настапува или екцесно се доближува по некое прашање со друга партија. Се обидов во неделникот „Дело“, на 25 мај о.г., да изнесам едно видување од неопходноста за формирање на една демократска алтернатива во Македонија. Укажав дека опозиционите партии не може поединечно да дејствуваат и како такви поединечно да ја преземаат власта. Структурата на нашето избирачко тело тоа не го овозможува. Тие ако сакаат успешно да дејствуваат, ќе треба да изградат заедничка платформа на оние точки од државниот и националниот интерес што може да ги спои. Да се создаде кохезија врз тие интереси. Да се потиснат личните престижи кои влечат кон слава, власт, а да се глорифицираат заедничките државни и национални интереси. Поуката од вторите избори, колку и да биле изманипулирани, еклатантно тоа го потврдува. За да се постигне заедничка политичка платформа, неоп ходно е да се формира нова демократска алтернатива како масовно движење со препознатливи асоцијативни белези, со јасно нагласени афирмативни ставови за Македонската државност и национална самобитност, врз стандардите на современата плурална политичка демократија, во која грижливо ќе се чуваат и афирмираат правата и слободите на секој државјанин. Подеднакво тоа ќе значи и грижа на нашиот народ во распарчените делови на нашата земја и во дијаспората, како малцински права во духот на Повелбата на Обединетите нации. Наедно, тоа ќе значи, да се искажат и заедничките видувања на процесите на општествената и економската транзиција и методите во заложбите во нивното разрешување. Исто така, да се утврдат границите под кои не смее да се оди во тој процес на штета на социјалната егзистенција на населението. Само со јасни заеднички определби на опозицијата може да
146
Н и к ол а Кљус ев
се изградува алтернативна демократска филозофија и стратегија што може да го сврти вниманието кон избирачкото тело. И колку побрзо се пристапи кон овој напор толку поуспешно ќе се понесе опозицијата на изборите. А предвремените избори сè повеќе се на повидок. Таа нова демократска алтернатива ја гледам како историска нужност во изградување на политичка платформа која ќе ги зближи поголем дел од партиите и асоцијациите во опозицијата, како и членови од другите партии кои ќе ја прифатат политичката платформа врз критериумот на демократска слога на македонскиот народ во изградувањето на независната македонска држава и заштита и афирмација на македонската нација. Значи, станува збор за јасно профилирање на окрупнети две политички платформи, кои ќе се борат со демократски средства, со цивилизациско респектирање во политичкиот дијалог, без плукање, прокуди и гонење на вештерки, со единствена цел афирмативно да се изградува државниот и националниот консензус на темелните точки за нашето независно опстојување. Тогаш силата на аргументите, афинитетот на политичката програма, креирање на визијата на нашата иднина и авторитетот на носителите на алтернативните политички платформи ќе бидат во конкуренција пред изборниот електорат. При тоа, без манипулации, без пресија и поткупи на избирачкиот глас на граѓанинот. Тоа е патот на демократијата по кој треба да одиме. М.С.: За крај, кажете ни со што моментално е преоку пиран екомистот Кљусев, а со што поетот Кљусев? Н.К.: Имам доста ангажмани во мојата научноистражувачка работа и полно мотиви за поетско творење. Раководам со група соработници два проекти во програмата на МАНУ. Едниот „Македонија во период на транзиција“, а вториот „Демографскиот фактор и економскиот
147
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
развој на Република Македонија“. Тоа се мошне значајни истражувања што ќе апсорбираат подолг временски период. До крајот на годинава очекувам да ја за вршам книгата „Предизвици“, во која есеистички обработувам некои актуелни појави од нашето штотуку блиско минато, а речиси и сегашност. Во грч ме држи и поетскиот изблик, тој несопирлив вруток што тече бујно и пловам низ немирните бранови на матицата да ја скротам енергијата што шумно ечи во моиве гради и капка по капка пијам од нејзиниот нектар. И така, во првите месеци на 1996 ќе се појави петтата збирка песни, како и еден избор од мојата поезија на романски јазик.
148
ЧУВАРИ НА МАКЕДОНСКОТО ДОСТОИНСТВО „Дневник“ 18 март, 1996 г. (Соња Лажетиќ)
По речиси двегодишна пауза Националната конвенција неодамна повторно започна со својата активност. За мотивите за нејзино формирање, за причините кои доведоа до паузата во работењето, за мноштвото идеи за дејствување, за нејзината ори ентација, спецификите и посебностите што ја одликуваат како асоцијација, разговаравме со нејзиниот претседател академик Никола Кљусев. Д.: Националната конвенција својата промоција ја имаше во јуни 1994 година, кога вниманието на јавноста го привлече со организацијата на собирот за заштита на уставното име. Потоа, настапи пауза од 21 месец. Зошто? Н.К.: Иницијативата за формирање на Конвенцијата тргна од потребата да се зачуваат белезите на државата и на нацијата, првенствено името „Република Македонија“ и тоа беше една од причините да се донесе Декларација за заштита на името на собирот во Универзалната сала, во јуни 1994
149
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
година. Тука беа потпишани околу 160 професори, академици, познати стопанственици и интелектуалци, како и голем број граѓани, што даде повод да се пристапи кон организирање на националната конвенција. Тоа го направивме истата година во МНТ, на импозантен собир кога се избраа телата, Претседателството, Советот и З2-та претседатели на форуми од сите области на живеењето. Врз база на конституивното Собрание, ние подготвивме документација за регистрација со сите потребни документи, како и со Статутот на Конвенцијата. Тука настанаа несаканите појави. Во прв ред од органите за внатрешни работи, кои не ја регистрираа Конвенцијата, поставувајќи некои банални прашања, како на пример, зошто се заложуваме за национална држава, како и за тоа дека на печатот не треба да стои знамето. Ние немавме ништо против, дури сега го правиме печатот на кој знамето ќе отпадне - тоа не е проблем. Тогаш се жалевме до Комисијата на Владата, која исто така ја одби регистрацијата, па моравме да одиме до Врховниот суд. Речиси 21 месец помина до денот кога Врховниот суд позитивно ја реши нашата жалба и без никакви измени успеавме да се регистрираме. Д.: На неодамнешната пресконференција беше речено декае сте горди што за случајот не сте ја известиле меѓународната јавност? Н.К.: Ако се направи анатомија на сите појави и тенденции од тој период ќе се заклучи дека морало да има и друга заднина. Како е можно толкав број интелектуалци и граѓани, кои сакаат да соработуваат со Националната конвенција, да бидат обесправени, а разни други организации и здруженија, да се регистрираат. Тоа даде повод десетина адвокати, членови на Конвенцијата, да сугерираат да се информира меѓународната јавност за тоа кој ја задушува иницијативата на интелектуалците од Македонија да не можат да формираат своја асоцијација. Но, ние неколку луѓе кои стоевме на
150
Н и к ол а Кљус ев
чело на Конвенцијата сметавме дека би било срамота да ја напаѓаме државата и со тоа да й ги зголемиме тешкотиите. Така решивме да почекаме до каде ќе оди процесот. Имавме задоволство Врховниот суд да ја побие извршената власт околу регистрацијата. Д.: Мислите ли дека забраната била резултат на некои политички тенденции? Н.К.: Јас мислам дека не би смеело да се бараат такви енигми, зашто намерите беа доста чесни, а ние отворивме една про грама која свртува внимание на нашата реалност. Тоа беше афирмација на борбата да се зачува македонската држава, да се афирмираат нејзините институции, да се бори за општествен прогрес, за цивилизациско отворање на политички и демократски дијалог, за основните прашања за опстојувањето и развојот на нашата држава. Д.: Вашата Конвенција е прва асоцијација од таков вид кај нас. Можете ли да објасните кои се нејзините специфики и посебности во однос на другите форми? Н.К.: Основната стратегиска вредност за која ќе се залага Националната конвенција е максимална афирмација на човекот како слободна и неприкосновена личност, со право на своја политичка, економска и творечка слобода во услови кога треба да ги изградуваме правните начела на државата. Го сфаќаме човекот и неговите обврски само како граѓанин на Република Македонија, а државјанството е тоа што го определува. Ние не можеме да прифатиме некои кованици, како на пример, меѓунационални односи или национални малцинства, ние признаваме етнички состојби и малцински права во духот на меѓународните институции. Несомнено е дека конвенцијата ја гледа Македонија како национална држава, но не ги погазува и правата на етносите кои ги заслужуваат и ги прифаќа како свои граѓани. Од голема важност за Кон-
151
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
венцијата е да настојува да отвора простор за јавна дискусија како да се изградуваат механизмите на стопанството, на инвестиционата политика, на даночната и социјалната сфера. Особено на социјалната политика која станува мошне значајна, зашто ерозијата на нашето живеење преку социјалното раслојување од една страна и високата невработеност од друга, создаваат незгрижени семејства, што може да претставува бариера пред напливот на промените пред кои сме исправени. Ние сме свесни дека проблемите не можат да се решат преку ноќ, па оттаму зошто слободниот свет, кој е здружен во Конвенцијата да не биде мобилизиран јавно да ги искаже таквите проблеми. Тоа не треба да биде привилегија само на некои политички партии и на државните органи. Ја гледам конвенцијата како специфична асоцијација која треба да лобира со свои предлози, програми и идеи. Тоа може да му одговара и на државниот апарат и да зависи од неговата луцидност да го оцени богатството на духот, изразен преку големиот број форуми на Конвенцијата. Колку ќе бидат мудри државата и партиите да црпат од нашите видувања, толку подобро за нив. Со тоа ќе отпаднат тенденциите да се обојува Конвенцијата. Д.: И покрај мноштвото правци на дејствување на Вашата асоцијација, изгледа сепак главна цел Ви е зачувување на сегашното име на државата и националното помирување. Точна ли е ваквата констатација? Н.К.: Една од најзначајните цели е дека не смее да има компромис околу името. Македонија треба да го зачува своето уставно име. За две недели ќе организираме советување, на кое ќе ги поканиме сите политички партии и научни работници да искажат свое видување околу овој проблем. Но, дали воопшто треба да се постави такво прашање и да се водат некои преговори во кои предмет е името. Ќе ги видиме мислењата на партиите што се на власт и на оние што се во опозиција, ќе ја земеме предвид и нужната аргументација, но
152
Н и к ол а Кљус ев
сепак остануваме принципиелни и не признаваме компромис. Ја поддржуваме изјавата на премиерот Црвенковски кој неодамна, пред реконструираната Влада, рече дека не станува збор за промена на името. Името е вткаено генерички во нашето битие, а народот и на референдум се изјасни за тоа. Националната конвенција во своите цели за основно го има и националното помирување. Во нашата блиска историја, сите поделби и пропаганди оставиле длабоки лузни во нашето живеење. Можеби некои залутале, дури и свесно отишле на погрешна страна. Д.: Ако може да се забележи, имате мошне широк дијапазон на активности. На кој начин и со кои методи планирате да ги реализирате овие ваши определби? Н.К.: Првенствено преку нашите форуми за економија, право, политика култура, стопанство, спорт, екологија итн. (32 на број), кои ќе влијаат во донесувањето на нормативни акти, како и врз јавното мнение. Ние ќе му дадеме предност на научниот суд, а не на импровизациите. Во таа насока треба да биде и промовирањето на нашите општински собранија, кои се во процес на основање низ целата земја. Д.: Не се плашите ли дека конвенцијата може да има партиски влијанија, поради познатата партиска опре деленост на многумина нејзини членови? Н.К.: Во раководството на Советот не дозволивме да влезе член на потесно раководство на извршен одбор на некоја политичка партија, додека во форумите можат да партиципираат. Логично е што некои партии покажуваат поголем афинитет кон Конвенцијата, но мошне непријатно е кога ќе кажеш национално, тогаш ти се прилепува националистичкото. Друго е агресивниот национализам кој има аспирации да потчинува, ние тоа не го сакаме, зашто на македонскиот народ тоа не му е во духот. Ние секогаш сме биле поробувани, па за-
153
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
тоа имаме нагласено чувство за гордост и нема да дозволиме конвенцијата да стане мегдан за кавги со други малцинства. Ќе нè радува во Конвенцијата да влезат и припадници на други етноси, кои се чувствуваат како граѓани на Република Македонија. Она што сакаме е да се договориме на национално ниво, да креираме поубава иднина.
154
НА ПОВИДОК ИНФЛАЦИЈА ШТО ЌЕ НЕ ОДВЕДЕ ВО ЕКОНОМСКА БЕЗДНА „Дело“, 31 јули, 1997 г. (Петар Гичаровски)
Д.: Експертската Влада ја имаше клучната задача да ја промовира независноста на Република Македонија, но и да се справи со наследената хипер-инфлација и економскиот колапс. Некои од вашите економски мерки ги примени и првата партиска Влада. Како го оценувате овој период од 5 години? Н.К.: Во периодот од почетокот на деведесеттите години, како во економијата на земјата, така и во политиката, настанаа крупни промени. Првата Влада влезе за да ги расчистува нарушените односи во општествено-економската структура на државата. Изградувајќи нова филозофија: создавање на незав исна македонска држава, издвојување на монетарната сфера со сопствена национална валута, со сопствена стабилизациона програма поради големата жестина на хипергалопирачката инфлација, создавање на своја армија и цел систем врз основа на новиот Устав. Меѓутоа, ако даваме некоја глобална оценка на перио-
155
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
дот кој следеше потоа, можам да заклучам дека не се отиде подалеку од оние теоретски видувања кои беа изнесени во антиифлационата програма на првата Влада, се разбира со некои недоволно експлицитно спроведени премиси и вклучување на нејзината филозофија како модел, речиси во низа сектори од економскиот живот. Во тој период не се расчисти прашањето околу нашиот голем инвестиционен долг кон странство, кој денес се движи околу 40 отсто од националниот бруто општествен производ, а од друга страна тој долг вршеше пресија врз сите економски констелации. Особено спореден со приходите од извозот, преставуваше еден голем товар кој партиципираше некаде од 90 до 100 отсто, при што годишните отплати изнесуваат некаде околу 4,5 до 5 отсто од бруто домашниот производ, а приходите од вкупниот извоз 11 до 14 отсто, со тенденција за зголемување до 2000-та година. Притоа, односите во економијата, преку институциите на системот и сите механизми и мерки, отвораат простор за заживување на сивата економија, која во последните години партиципира речиси со 30-40 отсто во вкупната стопанска активност. Несомнено е дека сивата економија се појавува и во развиени држави, некаде околу 5, максимум 10 отсто. Нашиот случај е посебен, каде што има лавовски дел, та дури ги деформира, односно насочува некои тенденции, водејќи ја економијата кон диви води. Во неконтролираното внесување на низа стоки на домашниот пазар, неплаќајќи ги законски пропишаните давачки кон државата. Д.: Се чини дека за ваквата состојба во стопанството најмногу придонесе спроведувањето на уникатниот модел на приватизација, кој е веќе при крај во својата реал изација. Колку приватизацијата ја чинеше македонската економија? Н.К: Во овој период, во којшто се навлезе во практична реализација на процесот на приватизација, ќе се создаде
156
Н и к ол а Кљус ев
една нова ерозија во економската структура на општеството. Може да се рече дека настана еден фрапантен пад во искористувањето на домашните капацитети. Тие денес се користат околу 30-40 отсто, додека во периодот околу осумдесеттите години имавме оптимален однос од околу 70 отсто во искористувањето на производ ните капацитети. Особено некои гранки беа жестоко десеткувани во замирањето на капацитетите: така на пример црната металургија ги користи капацитетите со 10 до 20 отсто, металопреработувачката индустрија до 40 отсто, неметалите и градежната индустрија 10-30 отсто. Притоа, во овој период настана и огромен пад на врабо теноста, која од вкупната вработеност од 570 илјади во стопанската и општествената дејност, стопанскиот сектор се сведе на речиси 270 илјади вработени. Тие од своја страна не се способни да го понесат товарот на големите преломни фази во паѓањето на стопанството и да й дадат надеж на оваа дезорганизирана економија, и да се подигне продуктивноста на трудот. Оценувајќи ги проблемите во приватизацијата, се доаѓа до сознание дека не се реализираа оние иницијални и прифатливи насоки што ги даде првата Влада, туку настанаа одредени де формации, та така од едно огромно општествено богатство, со кое располагаше Македонија (од околу 743.352.000.000 ДМ), едвај се успеа од приватизираните 914 претпријатија да се оствари приватизирана вредност во Агенцијата од 2.357.000.000 ДМ, со што имаме под една милијарда реален паричен капитал. Тоа не дава надеж дека може да се организира нов инвестиционен циклус и ревитализација на стопанството, што од своја страна создава една шокантна ситуација. Еден толку голем општествен капитал едноставно да се растопи пред нашите очи, а власта не е способна преку механизмите на приватизација да даде полетна сила за започнување на нов инвестиционен бран со кој ќе се отворат некои надежи за развој. Притоа, во овие приватизирани прет пријатија одвај да работат околу 145 илјади вработени, што
157
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
претставува една грозна слика во доменот на вработеноста. Посебен случај е што лавовскиот дел кој беше моторна сила на развојот покажа голем пад. Речиси 80 отсто од сите загуби во стопанството отпаѓаат на овие големи загубари, за кои државата зема обврска да ги санира. Свесни сме како до сега ги реши. Оценките се многу позитивни, а резултатите многу нега тивни. Тие 25 загубари учествуваат со 13 отсто во општествениот производ и со 55 илјади вработени (редуцирани на 15-16 илјади), со трансформацијата која настана кај нив, особено во сопственичките односи - конверзијата на долговите во акции за преструктуирање, а со новиот закон претворени во управувачки акции, со неизвесност каква ефективност ќе постигнат, тие претпријатија денес практично претставуваат една раздробена слика од 135 посебно регистрирани мали единици кои се во фаза на првично економско докажување. Д.: Додека стопанството тонеше во неликвидност и долгови, Владата најмногу се ангажираше во зголемување на задолжувањата и репрограмирање на старите долгови. Дали заемите од странските финансиски институции имаат одраз врз вкупните економските текови? Н.К: Во овој период не се создадоа услови за изготвување на нов модел на економскиот развој, со изградена стратегија, со појасно изградени аспирации на општеството. Претпријатијата, пуштени на спонтаниот процес, не покажаа сили за ревитализација и сопствена акумулација. Напротив стопанството се гушеше во загуби, неспособно брзо да интервенира во сите домени на неговиот живот. Од друга страна лесно бевме податливи на луксузна стока од странство за да покажеме колку богато живееме, а нашиот извоз опаѓаше. Нашето производство не задоволуваше одредени стандарди да се појави на странскиот пазар, а Владата на свој начин беше моби-
158
Н и к ол а Кљус ев
лизирана како да ги репрограмира долговите и да ги унесреќи идните генерации, и да им го стави воденичниот камен на вратот. Од друга страна се определи и да коленичи пред странски финансиски институции за да се добиваат одредени средства со кои би се решавале некои болни проблеми надвор од стопанската сфера во нашата држава. А во економијата задржа само едно сидро од нашата позната антиинфлациона програма. Тоа е употребата на девизниот курс како основно номинално сидро, особено преку контролата на паричната маса. Се покажа, на кус рок, особено во 1996 година, како поефикасна политика за соборување на инфлацијата, со дисциплинирање на девизниот пазар, се создава лажна претстава дека стапката на инфлацијата, мерена преку порастот на цените е мал (на крајот на 1996 година беше сведен на 0,2 отсто). Со ова се доведоа граѓаните во заблуда дека ние сме најуспешната земја меѓу земјите во транзиција, дека имаме остварено успешна ценовна стабилност и слично. Меѓутоа, кумулативниот пораст на инфлација, ако го земеме за пример периодот 1994-1995 година, ќе видиме дека забрзано се движиме кон економската бездна. Д.: Девалвацијата се промовираше како спас за извозот и оптимализирање на платниот биланс кон странство. Дали може да се очекува брзо намалување на трговскиот дефицит кон странство? Н.К: Ако го земеме примерот на девалвацијата што се појави со 16,1 отсто, таа е изненадување на економската мисла. Изненадување е и пристапот во решавањето на економската попитика. Нормално, ако политиката се базираше на пазарните законитости и се создаваа претпоставки девизниот курс да го креира девизниот пазар, тој можеби постепено ќе се движеше кон оваа девалвација, но тоа немаше да биде шок за општеството и економијата. Тоа ќе беше природен процес во периодот од 1994 до денес. Наместо постојаното колнење
159
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
дека ќе опстоиме на овој курс, дека ќе опстоиме на таа ниска стапка на инфлација, требаше да ги слушнеме импулсите на економијата на земјата и преку пазарниот механизам девизниот курс ќе беше природен процес, ако благо секоја година растеше и ќе ги менуваше односите и ќе се движеше според оние скалила кои нашата економија ги имаше како реална своја сила. А не преку пресија на монетарната сфера и создавање удари во економијата. Несомнено е дека така формираниот пазарен курс ќе ги нивелираше оние дискриминации кои ги носеше во себе девизниот курс, иако беа со негативни реперкусии врз нашиот извоз. И така на пример, ние добивме една лоша слика во постојаното растење на трговскиот и платниот дефицит на нашата држава. Од 1994 до 1996 година тој дефицит се движи од 185 милиони долари (1994 г.), 220 милиони долари (1995 г.), во 1996 година 421 милион долари. Ако на тоа се додадат и билансот на услугите, со своите негативни ефекти, тогаш вкупната слика на негативниот платен биланс се отсликува преку 485 милиони долари дефицит, со фрапантно учество од 13,1 отсто во бруто општествениот производ. Влошувањето на платниот биланс, се покажа во практиката дека бара чести и обилни девалвации за неговото покривање. Девалвации на националната валута кои нужно делуваат и ги дискредитираат напорите на земјата за запирање на инфлација та. Со вакви девалвации на вештачки курсеви на домашни валути без економско покритие, нужно водат кон инфлаторната бездна. Кога не постои поголема екстерна финансиска поддршка: Европската Унија сака да ни даде некаде околу 40 милиони еки, што е осмина од негативниот платен биланс на нашата земја, со што не можеме да го решиме прашањето, особено во услови кога имаме девизни резерви кои се во едно опаѓање (250-260 милиони долари). Тие девизни резерви не се во можност со овој товар на негативниот платен биланс да влијаат врз поголема ефективна понуда на домашниот пазар.
160
Н и к ол а Кљус ев
Дали девалвацијата ќе влијае позитивно врз платниот дефицит? Некои информации укажуваат дека тоа не е можно во наредните пет години. Дури може да се очекува во 2002 година да падне нашиот платен дефицит на 110-120 милиони долари, што би изнесувало околу 1,6 отсто во бруто општествениот производ, за разлика од она што го рековме за денес од 13,1 отсто. Тргнувајќи од тој пристап доаѓаме до едно сознание дека нашиот извоз е мошне неповолен, поради нискиот квалитет и нестандардноста. Ние во секторот на репроматеријалите извезуваме 54,2 отсто, а увезуваме 52,6 отсто. Стоки за потрошувачка извезуваме 37, а увезуваме 31,7 отсто и средства за работа извезуваме 4,2, а увезуваме 10,7 отсто. Меѓутоа, таквиот наш однос меѓу извозот и увозот покажува каде се можните поттикнувачки моменти каде што извозот ќе може да се стимулира преку девалвацијата, да се сопре приливот на дива маса од увоз. Чинам дека ние не ќе можеме да извршиме брзо структурно поместување на извозните елементи, зашто тие бараат еден период од шест месеци, колку што сега се предвидуваат да делуваат овие мерки. Пред сè, ние имаме мошне застарена технологија. Околу 80 отсто од опремата и технологијата е застарена, покрај слабата органи зација и слабиот менаџмент, недостаток на инвентивност и креација на нови асортимани и нови производи со кои би можеле да се појавиме на странскиот пазар. Вториот проблем е дали можеме да извршиме одредена супституција на увозните репроматеријали, со цел да создадеме претпоставка за нивна обработка кај нас, за да се покачи процентот на стоки за потрошувачка? Тоа е исто така атрактивно прашање, бидејќи до сега поголемиот дел од извозот беше насочен кон поранешните републики на Југославија, извезуваме 27,2 отсто, а увезуваме 10,3. Ваквиот суфицит се должи на тоа што овие држави се наши традиционални пазари, без доволни критериуми, нивните стопанства се насочени кон наши производи,
161
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
особено прехрамбени и други земјоделски производи. Ова првично реагирање на Владата околу формирањето на цената на нафтените деривати, на млекото, на маслото, што сакаше да се прикаже дека самите производители ги намалиле цените, е помалку или повеќе прикриена форма на пресија. Тоа ќе мора да излезе на виделина, ако не денес, тогаш утре. Потребно е да го навикнува нашиот граѓанин на реалните економски процеси: такви какви што се, без гарнирање и шминки. На тој начин можеби побезболно ќе го прифати тоа нашиот граѓанин, иако е свесен дека невидливата рака на инфлацијата му зема од неговата егзистенција и станува посиромашен. Ние не изобилуваме во сите сфери во стопанската структура со производи за да ги задоволиме своите домашни потреби, нарушената стопанска структура, со ниското користење на капацитетите, нас нè водеше кон страната на странскиот пазар, за неконтролирано да увезуваме. Можеби сега ако се подигне тоа чувство и да се ослободиме од некоја лажна потрошувачка психологија, и комотно однесување по кафулиња и други сектори во општеството, тогаш со една рационална политика на нашиот граѓанин кон својата егзистенција ќе може да излезе од маѓепсаниот круг на оваа состојба. Меѓутоа, дали ќе успееме да ги задржиме процесите што ќе ги донесе девалвацијата? Нужно е темелно испитување на сите овие феномени, на економската политика кон развојните решенија во земјата, од општи кон разни палијативни унитаристички стеги на девизниот курс на нашиот денар. Д.: Владата ги замрзна платите во јавниот сектор, со што би требало да се ограничи 6уџетската потрошувачка, која, во изминативе пет години, перманентно е зголемувана со нови вработувања и со луксузни јавни на6авки?
162
Н и к ол а Кљус ев
Н.К: Не е за потценување рестрикцијата која би требало да дојде на буџетската потрошувачка. Буџетот е лавовски дел од нашиот бруто општествен производ, односно околу 40 отсто, за разлика од Албанија која има З1 отсто. Но, други поразвиени држави имаат повисока стапка која се издвојува за буџетот, меѓутоа тие имаат силни фондови за интервенции, тие создаваат клима и благородно дејство и врз стандардот на граѓаните. Но, нашата држава нема такви сили. Нашиот буџет главно ги концентрира своите сили околу класичната буџетска потрошувачка и ф инансирањето на проекти. Несомнено можно е некои од овие проекти да се реализираат, а и мачилиште е за општеството тие да се пролонгираат, како на пример, пругата за Бугарија и мрежата на гасификација на нашата република, како и средувањето на односите во сообраќајот. Меѓутоа, јавните проекти не ги даваат брзо своите ефекти кои би биле во можност да ја подигаат спиралата на ефективната побарувачка на услуги и стоки. Со своите услуги ќе влијае благотворно но не го подобрува реалниот стопански сектор, во смисла на зголемување на производството за пазарот. Тие индиректно му служат на стопанството, та оттука се поставува прашањето можно ли е во вакви услови кога се лимитираат платите да имаме некритичен однос кон буџетската потрошувачка за луксузни аспирации. Мора да се поведе сметка дека нашата администрација е нефункционална. Не може да дозволиме огромен број вработени, а народот постојано да виси пред шалтерите за своите услуги. За банални услуги на Запад административните услуги се остваруваат по телефен или по пошта. Не е можно некој да излегува во тек на работно време и да губи цели денови. Освен тоа, администрацијата треба да биде флексибилна и во функционирањето на стопанството, особено на малото стопанство. Треба да изградува свои центри за да може да му помага на малото стопанство, во организацијата, во менаџментот. Треба да се прилагоди нашата кредитна политика за брзо
163
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
финансирање на малото стопанство. Тоа укажува дека буџетската потрошувачка треба да се рационализира, да се преиспита. Нам не ни треба армија која ќе има најмодерно оружје, или полиција со најмодерна опрема, бидејќи ние сме земја која дури сега треба да создава претпоставки за да може да преживееме, а не луксузно да се однесу ваме во јавната потрошувачка. Ние не можеме да се натпреваруваме со Европа околу потрошувачката на државниот сектор. Тоа сигурно ќе го достигнеме по 30-тина години, но од денешна позиција кога се работи за елиминирање на егзистенцијата нема право никој да создава услови за експанзија на буџетската потрошувачка. А пример како се користи нашиот фонд на превозни средства. Замислете во една европска земја министрите го користат јавниот превоз, а кај нас сите се возат со раскошни лимузини. Тоа наследство што ни го остави стариот социјалистички систем продолжува и денес. Д.: Како се одрази економската криза и врз другите аспекти од општественото живеење? Н.К.: Несомнено е дека економската констелација, економскиот начин на живеење, остава траги и врз надградбата, врз културата, врз демократијата, врз слободата на човекот. Пресијата во секторот на економијата е и пресија врз демократијата на нашето живеење. Секоја стега на свој начин која што не е резултат на она слободно делување и живеење, било како индивидуа, било како закон и на пазарот, оставаат трауматични последици и врз демократијата на нашето живеење. Не можете да имате демократија со празни стомаци. Не може да имате демократија со пресија во сите домени на нашето живеење. Според тоа, се чувствува една депресија во областа на слободата на граѓанинот, во демократскиот начин на негово мислење и соопштување на своите идеи, во комуникацијата со владеачката структура, со државните институции. Постои едно опаѓање на оние демократскитенденции
164
Н и к ол а Кљус ев
кои со голема надеж ги очекувавме во 1991 година, со конституирањето на независна држава. Тоа конечно се гледа и во сиромаштвото на идеи, алтерна тивни програми, алтернативни видувања за нашата иднина. Кај нас е ерес ако некој се заложи за алтернативно видување на иднината. Веднаш се квалификува дека тоа е непријателска дејност и дека зад тоа стојат опозициони партии, па демек се врши ерозија врз државата, а во тоа помага покрај владеачката номенклатура и оној носталгичен слој на народот кој комотно живее со своите високи пензии и во сопствените станови и вили. На тој начин ги потхрануваат негативните тенденции, што не може да бидат прифатени од поширокиот слој на народот. Оттука може да се каже дека ерозијата навлезе и во слободата, правата и во демократските институции коишто требаше да зрачат со надеж за една слобода. Сето тоа покажува дека некои мислат оти ќе бидат вечни во управувањето со државата. Никој не сфаќа дека сè е менливо, дека тоа што го работи денес, и донесува прописи, закони или носи норми на однесување за да бидат пресија врз некои други, утре како бумеранг ќе ги удри и нив. Затоа неопходна е максимална објективност за заштита на правата на граѓанинот. Ако сме го земале граѓанинот како појдовна позиција од која се изградува демократијата на една земја и врз база на него ги изградуваме институциите на системот, не може на таков граѓанин полицаец да му влегува дома и да му врши претрес, да го апси и со лисици да го носи во затвор без судско решение. Тоа е срамен чин во една држава. Во една нормална држава не може полициски чиновник да ви врши пресија во разни истраги. Значи тука се нагризува демократијата. Не можете да бидете викнат затоа што се сомневаат дека сте биле потенцијален организатор или непријател; а потоа да се покаже дека тоа не е точно, а тој доживеал трауми. Станува збор за широка листа на деформации на демократскиот од.
165
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
На пример, на Универзитетот се запишуваат по клучеви и под стандарди, затоа што некој бил Турчин, Албанец, Влав, Ср бин итн. Денес сме сведоци како наши деца се денационализираат само за да се запишат на универзитетот, бидејќи не можат поинаку: тој со послаби резултати се запишува, а Македонецот не може иако има повисок просек. Тоа е можеби еден ситен случај, но самиот по себе говори за нарушените односи во земјата, а се бориме да оствариме некои повисоки стандарди. А тоа може да се оствари доколку се подигне културата во политичкиот плурализам. Не може никој да биде обвинет за свое видување. Доколку имаме повеќе видувања, повеќе програми можеме да дојдеме до она што е најконструктивно и најреално. Оние коишто ни даваат само едно решение, тие повеќе или помалку го лимитираат хоризонтотна нашето живеење, и тогаш немаме шанси за избор. Д.: Спасот од неспособноста на претnријатија да ги подмират долговите, Владата го побара во мултила тералната компензација. Н.К: Посебно од интерес е да се укаже на деградацијата на правното однесување на стопанските субјекти, како кон државата, така и меѓу себе, кај нас настана еден бран на меѓусебно високо задолжување: нема претпријатие кое не е задолжено, било по однос на своите стоки, услуги или позајмици итн. Задолжувањето треба да го прифатиме и како нешто нормално, но со нормален рок на враќање и разрешување на проблемите. Си добил стока или услуга, за одреден период ги плаќаш. До неодамна читавме дека меѓусебното задолжување изнесува околу 10 милијарди денари, а сега ни велат дека со ова меѓусебно пресечување тоа се спуштило многу пониско. Од каде таа скала на високо задолжување? Прво, поради неспособноста пазарот да воспостави регула тивни односи. Второ, поради неспособноста брзо да ги решава облигаци оните односи. 166
Н и к ол а Кљус ев
Трето, поради недовербата помеѓу самите стопански субјекти и она што е најважно, поради пресијата што ја врши монетарната сфера преку дефицит на парични средства кои би претставувале обртен капитал. Ако вие немате свежа крв, обртен капитал за да ја развивате нормално својата стопанска дејност, се запушува тој крвоток. И тоа запушување фактички се обврските меѓу себе: вие немате средства да плаќате, другиот исто така нема средства, и така се создава меѓусебна зависност, што доведува до атрофирање и пропаѓање на стопанскиот субјект. Монетарната и кредитната политика мораат постојано да бдеат над стопанството за да види што се случува во него, а правниот систем на државата да ги разрешува ваквите стопански спорови. Зошто на пример, кај нас не заживува хипотеката на гаранција. Ако дадете хипотека на стан, не можете да ја реализирате затоа што таму некој живее. Или било што. Значи, се поставува прашање нели се запрени процесите, нели е нешто болно и метастазирано, и системот не функционира. Не функционира во сферата на правото, не функционира во сферата на стопанството, не функционира во сферата на меѓучовечките односи. Тоа е таа грда слика, и опачина на нашата демократија, што од своја страна укажува дека се вкотвиле мошне ерозивни и тешки причини кои го уриваат битието на нашето живеење. Д.: Излезот од испразнетите фондови, Владата го побара со воведувањето на обврската правните субјекти да ги плаќаат придонесите и без да ги подмират обврските кон вработените. Дали во една нормална држава може да се плаќа данок без да се прими плата? Н.К: Поради неспособноста на стопанството да ги извршува своите обврски, како меѓу себе така и кон државата, државата си се досети да создаде една законска обврска, која е нонсенс, а тоа е плаќање на обврските без реалниот труд. Тоа е економска нелогичност. Ние работната сила ја сфаќа167
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
ме како фактор на производство, а секој претприемач нужно мора да авансира капитал. Замислете ние да имаме таков начин на плаќање како што имаат на Запад, да постои обврска да се исплаќаат работниците еднаш неделно. Како ќе се однесуваат нашите стопанственици доколку имаат обврска во петок навечер да ви го платат вашиот труд, а ќе треба да ги покријат давачките и кон државата. Напротив, пред сè треба да се плати реално вложениот труд на работната сила. И мора да се авансира. Ако стопанственикот нема обртни средства за да располага во процесот на производството, несомнено е дека секој стопанственик е обврзан да ги плаќа давачките кон државата.
168
МОЈАТА ПАРТИЈА Е TATKOBИHATA! „Денес“, 23 октомври, 1997 г.
Нема сомнение дека научно-истражувачката работа во об ласта на економијата, како и другите општествено социјални и демографски проблеми остануваат моја духовна преокупација и предмет на истражување. Две години целосно бев ангажиран како раководител на проектот „Економијата на Македонија во транзиција“, во рамките на истражувачката програма на МАНУ. Од минатата година до денес работам како член на раководниот тим во МАНУ на проектот „Национална стратегија за економски развој на Република Македонија“. Политичкиот ангажман произлегува како функција на моите научни истражувања. Самите сознанија од истражувањата ја одредуваат мојата политичка определба. Како да се објасни ерозијата во македонското стопанство и сè уште тонењето во кризното дно, постојано растечката невработеност, високите загуби и ниската акумулативна способност на стопанството условувајќи постојано репрограмирање на странските долгови и на тој начин задолжувајќи ги генерациите што доаѓаат, енормниот платнобилансен дефицит, неконтролираниот одлив на младата школувана интелигенција од Македонија во светот итн.
169
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Може ли да се биде политички индиферентен при овие за грижувачки факти? Чувствувам во овој миг повик од мојот народ, да се придружам кон изградување на една нова демократска алтернатива за разрешување на овие национални и животно важни проблеми. Значи, мојот политички ангажман денес не е мотивиран од апстрактни и политикантски цели. Тој длабоко извира од потребите да се помогне во овие тешки и критички мигови за нашиот државен и национален опстој во изнаоѓање на алтернативни можности за излез од хаотичната состојба во која се наоѓа македонската држава. Нема апстрактна наука, посебно не во областа на општес твените науки. Таа нужно треба да отвора визии кон посреќна и побогата иднина. Па оттука, науката е повикана да изградува алтернативни патишта, кои како такви припаѓаат на одредени политички програми. Ако една политичка програма е неспособна успешно да ги разрешува животно важните проблеми на народот, настапува предизвик од друга политичка програма и во тоа го гледам духот на плурализмот и изборот на рационални определби. Ова мое видување, како политички ангажман е во спротив ност на гледањата на таканаречената апстрактна, аморфна улога на науката и научните работници, кобајаги за некаква нејзина и нивна „неутрална“ позиција, а во суштина фрлајќи ја во преграб на владејачката гарнитура. Науката во потрага по вистината, рационалноста и ефикасноста по дефиниција се служи со компаративниот метод и алтернативниот пристап на истражување. Тоа не е ништо друго, но изградување на алтернативни политички програми во општеството за поуспешен економски, политички и социјален развој, како и да се олесни патот на електоратот во определбата за рационален избор. Само врз тие основи може да изградуваме просперитетно општество.
170
Н и к ол а Кљус ев
Д.: Велат дека врската со ВМРО-ДПМНЕ не е случајна и дека датира уште од времето на првата плуралистичка Влада. Колку е ова точно? Н.К.: Ќе си дозволам поопширно да ви одговорам на ова прашање. Точно е дека политички не припаѓав на ниту една партија за време на првата плуралистичка Влада и настојував Владата да делува како експертска. Денес, можеби сум должен да кажам од каде потекнува мојата партиска бесчувствителност во тие судбоносни дни? Првенствено би рекол, од поразителното искуство на свирепоста на една партија на која й припаѓав во нуклеусот на моето зреење и формирање во време на отпорот против фашизмот, што ја негуваше со смртен предизвик мојата младешка свест. Во полетната сила на тој отпор лежеше сонот за Татковина та. Ме повикуваа стиховите на Венко Марковски, Рацин, Шопов: „во борба, во борба македонски народе“, „синови сме на славни илинденци“, „ко челик сме ние“ и сл. За потоа, да го сонувам тој сон и во метежен пекол да ги слушам трогателните стихови „синови сме на славни илинденци“ и во агонија стари и млади илинденци да ја гледаме сопствената смрт во титоистичките зандани и на камениот остров. Мојата генерација предвреме созреа. Суровоста на животот нè исфрли од векот на детството и живеевме во векот на возрасните, за предвреме да ги сетиме големите грижи на тоа пресудно време, кога бргу се менуваа кралства и царства и сурови деспоти и култови. Минувавме низ многу маки, страдања и патила, низ глад и сиромаштија и така станавме тврди и отпорни, секогаш исполнети со сомнеж и неизвесност. Така се всади сериозноста во нас, таа живееше со нас и ние живеевме во сенката на сериозноста на времето. И затоа, мојата партија беше и останува - мојата Татковина и борбата за нејзината независност и демократија. Тоа
171
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
беше мојата идеологија и моето политичко убедување. Меѓутоа, иако во првата Влада бев партиски неопределен, сепак, по стратешките цели бев јасно определен за создавање на независна македонска држава, а на таа линија стоеше цврсто ВМРО-ДПМНЕ. Во тие мигови нашата Влада ги отвораше просторите за афирмација на националниот патриотизам врз цивилизациските вредности изградувани во нашата традиција, како и вредностите во културите на европските нации. Тоа го чиневме од причина, што распарченото битие на нашиот народ во овој век, беше подложено на асимилација, геноцид и присилно присадување на инородни патриотизми. Ние својот творечки напор се стремевме, колку што може повеќе, да го врземе со нашата традиција. Со тој придонес ја оживувавме и подмладувавме таа наша традиција. Таа традиција и култура, тој наш чувствителен патриотски универзум ги исполнуваше нашите души со благородната материја на убавината, која зрачеше низ вековните македонски соништа и мечти. Од тие причини, ја поддржувавме онаа политичка борба во која беше содржана и борбата за афирмација на културата и традицијата на нашиот простор, како цивилизациска предност во нашево време, што ни обезбедува место и углед во моралната историја на нашето постоење. Нашиот напор изградуваше една сеопшта страст, култура и безгранична љубов што влечеше корен од нашето историско, а посебно илинденско минато. Тоа се засновуваше: Прво, кон полно остварување на идеалите за национално и социјално ослободување, во една самостојна Македонска држава и второ, кон цементирање на разнишаните темели на Асномската држава. Тоа остварување максимално го афирмиравме, давајќи му карактер на мистична сеопштост, користејќи го историскиот миг за македонски вознес, во кој конечно ќе се реализираат највисоките национални и социјални вредности на македонскиот народ.
172
Н и к ол а Кљус ев
Оценуваме дека историскиот миг бара изградување на култ на национална гордост и чувство на патриотизам. Тоа стана и основна премиса за изградувањето на независната македонска држава. Д.: Што ќе биде главниот ангажман на луѓето во Советот? Н.К.: Основната преокупација на Советот ќе биде врз критичка конфронтација да гради ставови за креирање на политика за излез од економската криза и отворање простор за економски развој, врз ослободување и поддршка на претприемачката приватна иницијатива и либерализација на фискалниот (даночен и царински) систем и системот на концесиите, со цел да се забрза инвестиционата спирала и да се отвори простор за нова вработеност. Критички да го преиспита моделот на приватизацијата кај нас и да понуди нови можни решенија, со цел да се сопре грабежот на општествениот капитал и забрзаното социјално раслојување на населението, со неподнослива пауперизација, која сè повеќе ја подига социјалната експлозија со несогледливи разорни последици. Советот ќе настојува да изгради критериуми и стандарди на нова популациона политика сообразена со нашата економска моќ, и во таа смисла воспоставување на демографска рамнотежа со економскиот развој и етничката структура на населението. Понатаму, Советот ќе изградува платформа за демократи зација на политичкиот систем, сообразен со плуралистичките стандарди во светот и максимална афирмација на правата и слободите на граѓанинот. Советот врз база на геополитичката положба на Република Македонија ќе изградува сопствена стратегија за одбрана и заштита, почитувајќи ги при тоа, глобалните европски и светски движења на овој домен.
173
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Од не помала важност во работата на Советот ќе биде из градување на платформа за нова меѓународна политичка актив ност на државата сообразена со потребите, на внатрешно-политичкиот и економскиот развој и новите тенденции во меѓународ ните односи што ги изградуваат Обединетите нации. Во таа смисла, предимство ќе добијат оние определби што ќе ги потикнуваат добрососедските односи во сите домени на соработка, Д.: Од Советот се најавува Влада во сенка. Што ќе се случи со амбициите на оние потенцијални министри во сенка кои не се во Советот, а се членови на партијата? Н.К.: Денес за оваа партија нема проблем за избор на Влада во сенка од големиот број докажани интелектуалци во својата област, а кои се членови на Извршниот комитет или членови на Советот. Таа синтагма „Влада во сенка“ не треба да се сфати како да има номинирани членови во истата, туку како групни тела-комисии со свои претседател и кои ќе ја конфронтираат во јавноста. Од друга страна, Советот ќе разгледува актуелни проблеми од поодделни ресори на свои тематски организирани трибини, тркалезни маси и во критичка анализа ќе изградува платформа за иновирање на партиската програма и стилот на работењето. Тука не станува збор за судир на амбиции, зашто сè уште не е извршен избор на„.министри“ во сенка, туку оперативни тела-комисии во Извршниот комитет од една страна, и советодавна активност која лобира со своето знаење во градење платформа за доделување од друга страна. Активностите и знаењето ќе отворат пат за избор на идни министри. Д.: Дел од членовите на Советот се огрaдија, а Вие тоа го образложивте со медиумска хајка, притисоци и страв. Имате ли доказ за овие тврдења?
174
Н и к ол а Кљус ев
Н.К.: Од примените 140 члена во Советот, од нив 4-5 се дистанцираа, било поради предумисла, било од страна и закани за своето работно место или на членовите на нивното семејство. Или пак со писмени закани, каков што е случајот со тие што се испраќаат до мене и други членови, од разни велешки групи или измислени имиња: Петрески, Арсовски и сл. Треба ли да се наведуваат имињата на новинари и други личности кои телефонски им досадувале на членови на Советот за да изнудат деманти, на пример, до генералот Митре Арсовски, акад. Блага Алексова, до д-р Жан Митрев од Германија, или некои раководни личности однатре или надвор да се закануваат на универзитетски професори од Медицинско - стоматолошкиот, Економскиот и други факултети. Да потсетиме и на хајката која се водеше против Митрополитот г. Стефан, иако во разговорите со мене за учеството во Советот тој имаше идентични гледања за доброто на црквата и нашите верници, без секакви политички намери, а на кој грубо му се поттураат разни интриги и инсинуации. Интересно е, на пример, како весникот „Нова Македонија“ го прикажува случајот со д-р Башевски. Тој јасно кажува дека е согласен да биде член на Советот на ВМРОДПМНЕ на град Прилеп, а не на Републичкиот совет поради старост и болест, весникот заборава притоа, дека регионалните градски совети ќе бидат во системот на организацијата и ингеренциите на Централниот совет. Во таа смисла јас ја добив неговата молба со биографија за прием во Советот, при што тој е веќе распореден во регионалниот совет на Прилеп со уште десетина други членови. До: Можен ли е Совет на интелектуалци со непартиски членови, а Советот сепак е под закрила на партијата ВМРО-ДПМНЕ? Н.К.: Правото на граѓаните е широко и неприкосновено, а по своето слободно одлучување може да дава совети и да
175
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
учествува во совет каков што е тој на ВМРО-ДПМНЕ. Овој Совет не подразбира задолжително членување во партијата, ниту во нејзините оперативни органи. Советот е советодавно тело и членувањето во него, според чл. 4 од Одлуката за неговото формирање, гласи: „За член на Советот се избира лице по свое слободно убедување, независно дали е член на ВМРО-ДПМНЕ или партиски неопределено, а кое има постигнато видни резултати во науката или во струката, односно во културата и уметноста“. Д.: Како ја оценувате моменталната политичка и еко номска состојба во Македонија и кое ќе биде прво прашање на што Советот ќе посвети клучно внимание? Н.К.: Политичката состојба во Македонија е мошне загри жувачка, исполнета со конфликтности и омраза, со придушена спобода на личноста и елементи на страв за сопствената лична, семејна и деловна егзистенција. На меѓународен план Македонија талка без нејзиното уставно име, со недоволно дефинирани ставови за политичката и економската подршка и неизвесности што демнат од нашето соседство. Па сепак, би сакал повеќе да кажам за економската положба на Македонија. Најновите официјални податоци зборуваат за извонредно тешката економска состојба во која се наоѓа нашата држава, добар дел од објективни причини, а најмногу поради неспособноста на владејачката структура да ја извлече земјата од кризното дно. Ќе укажам на некои од тие појави. Прво, во изминатите осум месеци од оваа година индус триското производство во однос на просечно оствареното во 1996 година е помало за 4,6% (во јуни тоа беше помало за 6,6%, во јули за 5,4%, а во август помало дури за 7,1 % во однос на годишниот просек за 1996). Во тие рамки производството на материјалите за репродукција е намалено за 1,4 %, а на стоките за широка потрошувачка за 10,5 %.
176
Н и к ол а Кљус ев
Второ, по произволно надуениот, а во основа нереален по раст на инвестициите во основни средства во 1994 година, тие веќе трета година бележат надолни вредности. Во првите седум месеци од оваа година во однос на остварената состојба во истиот период од претходната година, инвестициите во основни средства се намалени за речиси 32,5%. Најсилна манифестација на опаѓачката инвестициона активност е падот на градежните активности. Вредноста на договорените градежни работи во истиот период од минатата година е намалена за 15,1 %, додека вредноста на извршените градежни работи во истите споредбени периоди е намалена за 20%. А секому е јасно дека без инвестиции нема развој и владиното тврдење дека „сме во фаза на отворање на нови капацитети“, за жал, е чиста илузија, како што ќе биде илузија претстојното имагинарно дуење на инвестициите во функција на претстојните избори и најавуваното зголемување на странските инвестиции. Никој не би сакал да вложува во нестабилна, ризична и земја без развој, а која се наоѓа некаде на 150 место во светската ранг-листа според критериумите на инвестиционата привлечност. Трето, ако веќе не можеме да отвараме нови капацитети, тогаш логично би било барем порационално и поефикасно да ги користиме постојните. Меѓутоа, на тој домен показателите се катастрофални. Од 83,9% во 1987 година искористеноста на капацитетите во 1993 година се намалени на 48,4 %, за во првото полугодие од оваа година степенот на искористеност на капацитетите да се сведе само на 35%. Четврто, посебно загрижувачка е состојбата со (не)вра ботеноста во земјава. Така на пример, на крајот на јули годинава бројот на вработени лица изнесувал 318.057 лица.Тоа е за околу 20 илјади лица или 5,6% помалку од просечниот број на вработени лица во 1996 година. Значи, во првите седум месеци без работа останувале просечно месечно по 2.720 лица, и тоа пред сè во стопанството.
177
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Во првото полугодие од годинава во стечајна постапка се наоѓаат 5.200 претпријатија. Во нив се вработени преку 43.000 лица кои поради специфичната положба, најчесто безизлезна, може да се третираат како невработени. Кога нивниот број ќе го одземеме од вкупната вработеност во Македонија, изнесува околу 275.000 лица. Тоа значи дека само 14% од граѓаните на Македонија ја прехрануваат целата македонска популација од 2 милиона луѓе. Притоа, треба да се има предвид дека во јули преку 22% од вработените не примиле плата, а во тие рамки плата не добиле речиси 30% од вработените во стопанството. Од друга страна, бројот на лицата кои на крајот на јуни барале работа изнесува 252.147. Ако кон тој број го додадеме износот на стечајните работници - 43.000, тогаш вкупниот број лица кои бараат работа изнесува преку 295.000. На тој начин, Македонија во Европа е со највисока стапка на невработеност достигајќи 35-40%. Петто, голема болка на македонската економија е тргов скиот платно - билансен дефицит. Тој постојано се зголемува и веќе го надминува износот од 500 милиони долари годишно. Само во првите седум мецеци трговскиот дефицит достигна износ од 334 милиони долари, што е за 31% поголем дефицит од минатогодишниот во истиот период. Истиот резултира покрај другото и поради опаѓањето на извозот за 2,3% и зголемувањето на увозот за 6,9% во испитуваниот период. Во 1995 година извозот покриваше 83,7% од увозот, во 1996 покриеноста се сведе на 78%, за во првите седум месеци од оваа година извозот да покрива само 66% од остварениот увоз. Овој уништувачки тренд во меѓународната трговија на земјата се очекуваше дека ќе го спречи неодамнешната девалвација на домашната валута. Засега нема податоци за остварување на главните цели на девалвацијата: зголемување на извозот и намалување на трговскиот цефицит. Во Meѓувремe се бараат кредити од странство за да се обезбеди покривање
178
Н и к ол а Кљус ев
барем на дел од растечкиот платно - билансен дефицит на земјата. Шесто, длабоката криза во која живееме укажува, дека стопанството во првото полугодие покажа 9,7 милијарди денари загуба, што е за 123% повеќе од остварената загуба во првото полугодие од 1996 година. Ако кон тековните ги додадеме и непокриените загуби од претходните години околу 24,3 милијарди денари, тогаш доаѓаме до застрашувачка цифра на вкупни загуби на стопанството од 34 милијарди денари или една милијарда и сто милиони германски марки. Седмо, кризниот потрес се карактеризира и со хроничната неликвидност на стопанството и стагнантните појави во општествениот производ. За оваа година се планираше негов амбициозен пораст од 5%, кој нема да се оствари. Причината за тоа се лошите перформанси и во индустриското и во земјоделското производство како главни извори на општествениот производ. Само еден податок јасно зборува, дека во првите седум месеци од индивидуалните земјоделски производители се откупени за 28,2% помалку производи во однос на истиот период од минатата година. Земајќи ја предвид тешката состојба во стопанството на земјата, Советот ќе настојува горливите проблеми во економијата да бидат меѓу првите поставени на разгледување и оценка. Д.: Многумина велат дека професор Никола Кљусев е 6рилјантен економски критичар, но не и добар поли тичар, наспроти ова, сè почесто се слуша дека академик Никола Кљусев е идниот претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Колку е ова точно?. Н.К.: Чинам дека секој научен истражувач тргнува од критичката анализа на истражуваните феномени. Во спротивно би бил плагијатор или апологет. Го крчев својот научен пат користејќи го методот на критичката анализа. Тоа е точно.
179
МОЈАta ПАР ТИ Ј А e m o j ata ТАТ К О ВИ Н А
Но тоа никако не значи дека сум пасивен посматрач на политичките појави. Ве молам, прочитајте ги моите есеи во трилогијата „Предизвици“, како и голем дел од моите интервјуа во последните години, ќе имате можност да го почувствувате мојот критички пристап на низа политички проблеми, појави и личности. Прифаќајќи се на овој ангажман, сакам критичкиот метод на разгледуваните проблеми да биде начин на нашето мислење и делување во работата на Советот. Само така ќе може објективно да креираме демократска алтернатива за успешен развој на нашата држава. Тој Татковински долг е мотивот на мојата инспирација и ангажман во Советот, а не политичките функции. Тие може да бидат само последична форма на тој долг и ништо повеќе.
180
За делото Прегледот на интервјуата од 1992 до 1997 година откриваат комплексна слика на севкупната состојба во независна Македонија. Особено се значајни затоа што тоа се видувања низ критичната анализа на извонредно познавање на економско-општествените настани во крупните пресврти на хаотичниот период. Овие анализи се длабок извор на знаења, особено за помладата генерација која тогаш се раѓаше, да ги открие методите и мерките што се преземаа во историското време на премин од стариот систем кон пазарното стопанство и така во извесна смисла да стане свидетел на тоа време. Периодот на трансформацијата на нашата татковина создаваше психолошка траума на населението кое беше затекнато во крајно неизвесна положба. Така промената на државните организации во приватни остави безброј луѓе без работа и без егзистенција. Изложени на беда и глад го бараа својот излез на улица. Тие трауматични слики беа речиси секојдневие кое оставаше психолошка траума во опшеството. Првиот премиер со својот критички дух го набљудуваше сето тоа, го анализираше и го соопштуваше своето видување за излез, по што својот научен визионерски поглед го преточи во споменатите содржини. Низ многубројните излагања на неговите сознанија се провлекуваат две видливи компоненти: Едната е економското гледање на состојбите и низ таа призма бара изградување на темелна долгорочна програма која ќе понуди ефикасни економски мерки базирани врз светски теоретски сознанија. Другата компонента произлегува од личниот однос на гледање и градење на иднината низ нова култура, нова човечка енергија на знаење. Во таа смисла го цитира рускиот културолог Соколов: „Културата не е само прилагодување на човекот на природната средина и не е само украс на животот. Таа
181
служи како најавтентична и најадекватна форма на човековото битие. Во процесот на развојот на активностите културата постепено се ослободува од оние ограничени биолошки, социјално-географски и етнички основи врз која се формирала и станува сè повеќе универзална, општочовечка и космичка сила“. Во врска со неговиот политички ангажман вели: „Горчливиот вкус на политиката ме отру уште во младите училишни и студентски години, но задоени од идеалите на илинденскиот АСНОМ сакавме повторно да застанеме на браникот на татковината и да ги цементираме разнишаните Асномски темели за да се исправи на нозе Република Македонија.“ Тоа и го исполнија иако временскиот период на владеење беше краток, но „согоревме во задгрбните политички манипулации“. Во врска со прашањето на неговото ангажирање на полето на поезијата Никола Кљусев вели: „Човекот го набљудувам како мултифункционален организам кој може да врши повеќе дејности. Тоа зависи од генетската предодреденост, од условите на културната еманципација, од научната образованост како и од животните предизвици низ кои минувал.“ Така по паѓањето на првата влада како „прва жртва“ го продолжи својот интелектуален ангажман во многу сфери и на научен и на уметнички план. Не беше злопамтило и не обрнуваше внимание на сè што преживеа за време на премиерскиот период. Приоѓаше искрено и со исконска верба во блиските со кои соработуваше. За него зборот беше закон. Затоа потекоа песните во кои го излеа поетското чувство во зборот на збирката „Ода на зборот“ и „Силата на зборот“. Силата на зборот во зрелата мисла тече спокојно. Соопштува и опоменува, убедува и оплеменува, ранува и лекува! Надежда Кљусева
182
183
Академик Никола Кљусев Никола Кљусев (1927-2008), роден во Штип, каде што завршил основно и средно образование. Во неполнолетните години (1942-45) бил учесник во Антифашистичкиот отпор - во партизанските единици на Македонија. Во 1947 год. заминал на студии на Економски факултет во Белград. Поради затворањето на Голи Оток, две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград на 10 јули 1953 година. Во 1953 година се вработил во Институтот за научно истражување во индустријата на Македонија, Скопје, работејќи на инвестиционо-развојната проблематика, која станала негова животна научна преокупација, на која ги добил сите научни степени, заклучно со докторатот на Белградскиот универзитет и сите научни звања сè до редовен професор на Економскиот факултет во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите. Од 1961-1968 година работи во Економскиот институт, Скопје, каде по докторирањето 1964 година добил звање Виш научен соработник. Во институтот објавил пет книги и работел на повеќе проекти. Во 1968 година бил избран за вонреден, а во 1972 година за вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје. На факултетот вовел за првпат две научни дисциплини: „Теорија и политика на стопанскиот развој“ и „Инвестиции - теорија, политика, економика - оценување и избор“. За двата предмета објавил учебници користени на сите Универзитети во поранешна Југославија. Од 1965 година предавал на следниве постдипломски студии: „Монетарно-кредитни проблеми“; „Економика на претпријатијата“; „Економски развој и методи на економската анализа“. 184
Проф. Д-р Никола Кљусев бил ментор на бројни магистерски и докторски дисертации. Работел и раководел на голем број домашни и меѓународни проекти. Бил на специјализација и студиски престој во Соединетите Американски Држави (Фордова фондација на Универзитетите „Колумбија“ во Њујорк и „Беркли“ во Сан Франциско); во Велика Британија (на Универзитетот „Сасекс“ во Брајтон и Лондонската економска школа; во Академијата на науките на поранешниот Советски Сојуз, во Москва и Академијата на науките во Полска, Варшава; во Меѓународната банка за обнова и развој во Вашингтон. Објавил бројни научни книги, монографии, стотина статии, написи. Учествувал на меѓународни конгреси на економистите во Монтреал, Мадрид и Будимпешта. Во рамките на меѓународниот проект „Инструменти на научно технолошката политика“ учествувал во Барбадос, Бразил, Венецуела, Египет, Индија, Кореја, Јапонија, Англија. • 1985-1987 година избран за декан на Економскиот факултет во Скопје. • 1988 година избран за член на МАНУ. • 1991-92 година Претседател на првата демократска Влада на Р. Македонија. • 1994 година претседател на Националната конвенција на Македонија. • 1997 година претседател на Советот на ВМРО-ДПМНЕ. • 2000 година министер за одбрана во Владата на Р. Македонија. • 2002 година избран за раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. За својата научна активност, носител е на Орденот со Златен венец и на наградите „13 Ноември“ и за животно дело највисоката републичка награда „11 Октомври“, како и на голем број пофалници и признанија од земјата и странство. Постхумно е одликуван од Претседателот на Р. Македонија со Орденот „8-ми септември“.
185
Едиција: Патот кон независноста Никола Кљусев Книга петта Мојата партија е мојата татковина Уредник: Ангела Неновска-Крстевска Лектура: Наташа Николова Издава: Фондација Никола Кљусев Дизајн на корица: Анета Гацевска Печати: Нампрес Тираж: 500
Издавањето на делото е поддржано од Министерство за култура на Република Македонија CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 304.4(497)"1991/1996"(047.53) КЉУСЕВ, Никола Мојата партија е мојата татковина / Никола Кљусев. - Скопје : Фондација "Никола Кљусев", 2014. - 188 стр. ; 21 см. - (Едиција Патот кон независноста ; кн. 5) За делото / Надежда Кљусева: стр. 185-183. - Слика и белешка за авторот: стр. 184-185 ISBN 978-608-4685-09-8 а) Македонија - Општествено политички прилики - 1991-1996 - Интервјуа б) Македонија - Независност - Суверенитет COBISS.MK-ID 99724554