Патот кон македонската независност - Никола Кљусев

Page 1



Никола Кљусев

Патот кон македонската независност


Dela od Nikola Kqusev Poezija: • Antiteza • Kamen Ostrov • Silata na zborot • Oda na zborot • Neizrteno seme • Re~nik na srceto • Prividenija • Ispra}am son~ev zrak • Grauntele de aur / selectie si postafata de Dimitri M. Jon (prevod na romanski jazik) • La Semence d'or (prevod na na francuski jazik) • Hayat Cesilemeri (prevod na turski jazik) Esei: • Pogledi i promeni • Verba i izmama (esei), (Predizvici; kniga 1), • Bessoni no}i, (Predizvici; kniga 2), • Viduvawe (Predizvici; kniga 3),

Roman: Lenman - hronika na edna mladost Izbrani dela: Izbrani dela - 6 toma - Teorija i politika na ekonomskiot razvoj - Investicii: teorija - politika - ekonomika - Problemi na stopanskiot razvoj - Investiciono - razvojni problemi - Patot na makedonskata nezavisnost - Zlatno zrno


Никола Кљусев

патот кон македонската независност

Книга втора патот кон независноста

Фондација Никола Кљусев Скопје, 2014



Предговор Обично кога некој пишува за блиското минато го фаќа сомнеж дали ја кажал целосно вистината за појавите, случките, за личностите и настаните, конечно и за самиот себе. Зашто вистината не е нешто што можеме да го имаме. Таа е цел кон која се стремиме. Од тие причини тешко може да се сфати „вистината“. Имено, што е тоа „вистина“ и „вистинско“, кога таа се преточува преку филтерот на личноста и на нејзината искреност. А искреноста не е чист пламен што избива од духот. Зашто, како што вели Едгар Морен (во книгата „Автокритика“), волјата човек да биде искрен, кога е во прашање искреноста кон себе, секогаш се губи во лавиринти­ те на внатрешните двојности. Слободната волја човек да биде искрен се потврдува само во посебни услови на горделивост и мазохизам. Затоа, пред чинот на искреноста за искажаната вистина сите паѓаме во искушение и сомнеж колку реално го прикажуваме виденото, доживеаното. Колку прикажани случки и настани се обусловени од познати или непознати фактори и услови. Колку тие се плод на личната имагинација и фантазија и сл. Од тие причини ќе се согласиме со Е. Морен кога вели: „Искреноста може да биде чиста само во еден посебен момент на согорување помеѓу гасовите што ја хранат и чадот што се ослободува од тоа.“ Верувам дека само историјата ја држи палката на праведноста и вистината. Таа знае да суди за нас не секогаш во онаа насока во која ние пресудуваме. Таа конечно е врховен судија, како што би рекол Гете. И затоа го молам читателот да просудува за мојата искажана вистина во оваа книга како нешто релативно и менливо пред вечноста, пред историјата.

5



РЕПЕРКУСИИТЕ НА КРИЗНИОТ ХАОС ВРЗ НОВИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ

1. Нашата генерација е сведок на разделбата со еден милени­ ум чиј почеток беше славен со процутот на најмоќната и нај­ големата на Балканот македонска Самоилова држава и како ду­ ховен источник на писменоста и културата на една циви­лизација - словенската, со просветителско ширење на христи­јанството. Наедно тоа беше и половина милениум на отоманското де­ спотство и ропство за македонскиот народ и на колонијалното ропство за голем број народи во светот. Во последниов (20-тиот) век на вториот милениум се случија најкрвавите и најбезмилосните светски војни. Тоа е век исполнет со бункери, казамати, логори и фабрики на смртта за милиони луѓе. Истовремено, тоа е век на ослободување на повеќе од половина човештво на оваа планета од колонијалното ропство, експлоатацијата и понижувањето, век во кој се шират слободата и демократијата, културата и образованието и во кој беше направен првиот технолошки чекор на човекот кон

7


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

освојување­то на космичките пространства и одлепувањето од гравитација­та на мајката-земја со зачекорувањето по боже­ ствената мека нежност на Месечината. 2. Во овој век на зовриениот Балкан, каде што почнаа и сè уште траат првите најкрвави војни, врие во пеколот еден рас­ парчен, раселен народ во безумен геноцид, кој сепак ја негува својата надеж, дека векот во кој страдаше, со своето замину­ вање, ќе се оддолжи кон него и ќе му овозможи во едно од сво­ ите гнезда слободно да заживее, признат со својата историја, култура, територија и ја­зик. И би сакал таа надеж среќно да ги растрепери срцата на на­шава генерација, која во својот заед­ нички напор ќе му даде победоносна насока на самостојното опстојување на македон­скиот народ и на неговата култура, во пресрет на новиот миле­ниум, со зачекорувањето во третата илјадагодишнина од Христа. 3. Во таа надеж се преточуваше енергијата на три значајни настани во историјата на македонскиот народ во овој век. Нас­тани што ќе останат запаметени за навек по својата орган­ ска поврзаност во континуитетот на борбата на македонскиот народ за создавање на македонска независна држава. Првиот настан ја обележи масовно организираната борба на македонскиот народ во етничките граници на Македонија во времето на Илинденското востание и создавањето на Крушев­ската република во 1903 година. Тоа беше големи­ от илинденски отпор против петвековното османлиско роп­ ство, со кој се сла­веше духот на жртвите на Карпошовото, Кресненското и Разло­вечкото востание, дух исполнет со стре­ межот за слобода на илјадници саможртви.

8


Н и к ол а Кљус ев

Дух од кој зрачеше мислата и извираше енергијата на мла­дите генерации жртви положени во темелите на борбата на вто­риот Илинден. Тој втор голем настан ја обележа новата историја на македонскиот народ во која се создаде асномска­ та држава на 2 август (Илинден) 1944 година. Со таа величествена победа, за првпат по Самоиловата моќна држава и античката македонска империја на овие прос­ тори, македонскиот народ се здоби со своја држава на еден дел од својата етничка територија. Но, по кратко време, почнаа да се нишаат темелите на самостојно формираната асномска држава. Нејзиниот суверен­ итет почна да го презема вештачки формираната федерација (Југославија) во најсуптилните домени на државноста. Во сек­торот на меѓународните односи (дипломатијата), во сек­ торот на одбраната (армијата), во секторот на безбедноста (полицијата), како и во низа значајни економски сфери: моне­ тарната сфера, крупните инвестиционо-развојни одлуки и сл. Таквата положба услови инфериорна позиција на македон­ ската држава, со нагласен патернализам над македонскиот на­ род во неговиот материјален и духовен живот. Третиот настан го обележа новиот македонски вознес со победоносниот референдум на Осми септември 1991 година. На тој ден македонскиот народ со слободна волја ја изгласа незав­исната македонска цржава, На овие настани им го по­ светувам целото внимание во оваа книга.

9


КРИЗИНИОТ ШОК И ЕКОНОМСКАТА ДЕПРЕСИЈА

1. Економската ерозија што настана со долготрајната економ­ ско-политичка и општествена криза во поранешна Југославија од осумдесеттите години наваму, ги разори про­ цесите на репродукцијата во материјалното производство и го блокира темпото на преминот во овој голем историски прес­ вртнички период. Големите искушенија со влегувањето во пе­ риодот на транзицијата создадоа и теоретска збрка во главите на многу политичари и научници, особено во општествените науки, кои лаконски се однесуваа во почетните сцени на овој преоден пери­од. Многумина од нив сакаа да видат дека стану­ ва збор за мали модификации на политичкиот и економскиот систем. Сè уште живееја и идеолошки и емотивно со систе­ мот што требаше да се напушта. Почнаа гласно да зборуваат за моделирање, за рефор­ми на социјалистичкиот самоуправен систем, со цел да не се напуштат неговите основи туку тој да се реформира. За тоа време Владата енергично стоеше на по­ зиции за градење на нов политички и економски систем. 10


Н и к ол а Кљус ев

2. Познато е дека протагонистите на таквите гледања сво­ евремено формираа и своја партија на реформисти. Со такво убедување се реформира и Сојузот на комунистите во Соци­ јалдемократски сојуз, односно Социјалистичкиот сојуз во Соци­јалистичка партија. Тоа напластено сфаќање за реформа на постојното ста­ на омилена синтагма што мошне често се употребува и денес во настапите на нашите врвни политички и државни челници кои своевремено беа професионално задолжени да ги креи­ раат и објаснуваат низата реформи на титоистичкиот систем. 3. Спротивно на горните гледања, во центарот на наше­ то убедување лежеше идејата за напуштање на јаловиот деструк­тивен политички и економски систем и за градење на нов, демократски, плуралистички систем. Ние укажувавме на потре­бата од системот што треба да се гради и бевме креа­ тори на неговата нова политичка, економска и социолошка интерпретација. За нас беше неразбирливо, претставуваше политички и економски нон сенс, да се реформира систем што треба да се напушта, да се погребува. 4. Протагонистите на реформите, односно на шминкањето на постојното по интуиција се разбираа. Создаваа одбранбени меха­низми на постојниот систем. Мошне лукаво се залагаа за конти­нуитет на тој систем. Неговата глазура беше обвиткана со непро­ѕирна мембрана за да не се наѕре и препознав негова­ та стара анатомија. Љубоморно се чуваа старите институции и нивните кадровски структури.

11


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

5. Особена чувствителност се искажуваше околу зачувува­ њето на раководните структури формирани според критериу­ мите на морално-политичката подобност, односно според суб­ јективните критериуми на едноумната партија на власт којa бараше од селективните кадри послушност, поданичка пониз­ност и покорност, доушништво, величење на надреде­ ните поли­ тички моќници, а најмалку стручна способност, креативност и ра­ботна дисциплина. Речиси во сите структури на општествената и државната хиерархија раководните кадри останаа исти во мислата, во на­ чинот на работењето, во методот на олнесувањето, натеж­нати со мито и корупција и разни привилегии. 6. Набрзина се создаваа нови сојузи според веќе препознат­ ливите шеми: младински сојуз, сојуз на жените и сл. Си оста­ наа сојузите на синдикатите, на борците, на пензионерите и други сојузи на стариот систем чиј критериум беше мистич­ ната идентификација со довчерашната партија на власт, која двапати го менуваше своето име. Логиката на идентификацијата стана ‘рбет на системот на владеењето. Но истовремено стана и повик на револт и отпор против системот, зашто минатото мина, неповратна е имитација­ та на едноумната идентификација со пребоената партија и нејзи­ните сурогати. Мембраната нужно прснува. Глазурата се растопува. Во свеста на народот зрееше потребата од радикални промени. Владата ширум ги отвораше вратите за да влезат во музејот на старините сите носталгични реформатори на стариот си­ стем и со чувство на симпатии ги стимулираше силите на промените кои се стремеа кон градење на нов правно-поли­ тички и економски сис­тем.

12


Н и к ол а Кљус ев

7. Од тие причини, сè повеќе ми стануваше јасно дека поли­ тичката анализа на појавите треба да стане критичка поли­ тика, а не политичко слугување, не робување на ставови од типот на мистичната идентификација на „вистината” на до­ вчерашната партија на власт. Критичката политика треба да отвора простор за почитување на објективните условености, на реалните проце­си со кои живееме и со кои се судираме. 8. Пред големите историски свијоци и пресвртнички пери­ оди, каков што е периодот на транзицијата пред кој се ис­ прави и нашата земја, оценувавме дека не треба да станува збор за реформа на постојното туку, пред сè, треба да настане економ­ско, политичко и морално чистилиште исполнето со непредвид­ливи противречности, со страв и неизвесност, но и со надежен ентузијазам и верба во иднината. Се прашувавме зошто е сето тоа? Кои се причините? Што нуди науката? Ќе опстоиме ли пред големите предизвици? 9. За да се одговори на сите прашања се бара темелно испиту­вање на релевантните фактори и услови што довеле до нуж­носта од промени, до прифаќање на историските преди­ звици. На ова место кратко ќе укажеме само на некои аспек­ ти зашто сво­евремено во нашите истражувања им посветивме доволно вни­мание на овие проблеми, и тоа во првата книга ,,Верба и измама“ од трилогијата „Предизвици“, како и во книгата ,,Погледи и промени“.

13


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

10. Станува збор за напуштање на еден политички и економс­ ки неделотворен и нефункционален систем што атрофира во сопствените противречности. Систем заснован врз утописки идеолошки постулати. Тој систем во практиката е исполнет со социјални конфликти и со осиромашувања на народот. Разор­ ните реперкусии на тој систем се највидливи во технолошка­ та депресијација на стопанскиот и на севкупниот општествен раз­вој, како и во стравотните последици врз економското и социјал­ното битие, од една страна, и во моралната ерозија со политич­ко-идеолошката сатанизација на индивидуалната сло­ бода, мис­ла и креација на човекот, од друга страна. Напуштањето на тој атрофиран систем, ад дефинициум ба­ра не негово реформирање туку изградба на нов политич­ ки и економски систем врз нова идеолошка платформа и стратегија на развојот, чии премиси извираат од плуралистич­ ката демокра­тија во која ослободената индивидуа дејствува и ја реализира својата духовна и материјална иницијатива. Во стопанството тоа треба да биде систем на слободна претприе­ мачка активност, во конкурентски пазарни услови. 11. Сепак, ќе треба да се каже дека основните цели и мотиви на посакуваниот нов систем, неговите економски и социјални носители и реперкусиите што ќе ги услови тој во практиката, се теоретски недоволно познати. Тоа наедно значи и голем преди­звик за економската, правната и социолошко-политич­ ката наука во откривањето на нови методи и критериуми, на нови закони­тости, како и во изградувањето на нејзината категоријална апа­ратура. Во таа смисла може да се рече дека општествените науки кај нас сè уште немаат изградено теоретски основи и научен

14


Н и к ол а Кљус ев

фундамент за функционирање на посакуваниот нов политич­ ки и економски систем. Ова од причина што, иако постојат уни­ верзални економско-пазарни законитости, сепак, спе­ цифичните услови и можности на секоја земја бараат градење на теоретски основи, како и мерки, инструменти и механизми на системот за ефикасно функционирање во дадената земја. 12. Во такви услови, првата фаза на транзицијата, која сигур­ но ќе трае повеќе од една деценија, ќе мора да ја мобилизира интелектуалната мисла на општеството во сите негови струк­ тури, за формирање на основа на новиот институционален систем, со сите нужни регулативни инструменти за негово успешно функционирање. Таа фаза ќе ја карактеризираат следниве појави: Прво, нагласена политичка еуфорија во која ќе ферменти­ раат мислата и идеолошките определби на секоја индивидуа и нејзината партиска припадност или апстиненција сè додека не се изградат правилата и механизмите на плуралистичката политичка култура; Второ, социјално и класно раслојување според недоволно афирмирани економски критериуми. Станува збор за форми­рање на нова социјална стратификација во општество­ то и врз таа основа на нова политичка и идеолошка структу­ ра; Трето, изразито нерационално користење на расположли­ вите фактори на производството, а пред сè, на човечкиот фак­тор и на технолошките капацитети во услови на недо­ волно дефинирани сопственички односи и со нив поврзани управувач­ ко-раководни структури. Нашите производствени капацитети во стопанството во тој период просечно годишно се користеа околу 50%. А на страната на трудовите ресурси се користеше околу 20% од населението. Тоа уште позначајно

15


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

ќе опадне во струк­турното и сопственичкото приспособување во првата фаза на транзицијата; Тоа ќе биде фаза на налудничава експропријација (грабање, збогатување и разни криминални појави до кои може да дојде во спроведувањето на приватизацијата и во изграду­ вањето на новиот пазарен систем) од страна на постојната поли­тичка и стопанска структура. Наедно, во тој економски хаос, тоа е фаза во која треба да се изгради нова економска стратегија на идниот сопственички модел кај нас; Четврто, градење на правна држава и на нејзините инсти­ туции што ќе овозможи граѓанска еманципација во користењето на демократијата, односно владеење на наро­ дот, а не на тиранинот и култот на личноста. Во тие рам­ ки, втемелување на слободата на поединецот, внесување на чувство на индивидуал­ни вредности и достоинство, како и градење на нова скала на моралните вредности и на етичките норми на однесувањето. Притоа, со максимално афирмирање на авторитетот на парламентот преку слободно искажаната народна волја на из­ браните пратеници, градење на институции и правни норми со кои ќе се гарантира заштита на човековите права од поли­ тичката бирократија и разните моќници со воспоставување­то на монополи во стопанските и општествените дејности. Ова од причина што неконтролираната моќ на власта и монополските позиции во стопанството може да ја загро­ зат индивидуалната слобода во сите сегменти на човеково­ то живеење и нужно со текот на времето да се претворат во тиранија. Тоа бара афирмација и почитување на еден основен принцип на слободната парламентарна демократија: „Влада која владее најдобро, владее најкратко“. На тој начин, овој процес на транзиција ќе значи форми­ рање на нова скала на вредности, врз чија основа ќе се из­ градат соодветна етика и естетика на нашето живеење и нов политички и деловен морал меѓу луѓето.

16


Н и к ол а Кљус ев

13. Изнесените проблеми и дилеми до кои може да дојде во процесот на транзицијата, неминовно бараат критичко испиту­вање на нивното манифестирање во нашите конкретни услови или, поточно, колку нашиот дух, нашата мисла и на­ шите матери­јални можности даваат шанса за нивно успешно решавање. Ќе се приклониме кон првичните сознанија што ги дава нашето кратко искуство, дека стихиските процеси и де­ формации што настану­ваа катадневно, било под дејството на објективните лимити­рачки услови било од силите на отпорот, во значајна мера ги поништуваа почетните ефекти на нашиот напор во тој процес. 14. Во еуфоричните напливи во 1991 година не можеше сè да се предвиди точно. Амбиентот беше исполнет со неизвес­ ности. Брзо настануваа нови проблеми, се раѓаа нови барања, катад­ невно се појавуваа проблеми, а можностите не даваа шанса за нивно брзо решавање. Старите, постојни проблеми бавно исчез­нуваа и непрестајно притискаа. Навистина, нашата генерација преживеа едно страшно време. Затоа со силен стремеж се подготвувавме за друго вре­ ме, со желба што подобро да го доловиме, иако бевме тео­ ретски затекнати, материјално ограничени и организационо недоволно подготвени. Интимно посакувавме да го доживе­ еме плурализ­ мот на вистината манифестиран во слободата и демократијата во цивилните општества. Исто така, тоа го посакувавме и во стопанството, што побргу да се вклучиме во растечкиот предизвик на технолошките иновации, зашто технолошки сè повеќе заостанувавме станувајќи технолошка периферија на развие­ниот свет. Нашите фиксни производни фондови брзо економски старееја и технички кородираа, со

17


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

децении не доживувајќи ја својата технолошка ревитализација во услови на страшна криз­на бездна. Процесот на дезинвестирање во продолжен временски кризен циклус како темна сенка го фрлаше комплексот на технолошката инфериорност врз нашето стопанство кое во низа сегменти веќе изумираше. 15. Кризниот хаос во нашата земја остави тешки траги во социјалниот домен. Стапувајќи на сцената, нашата Влада уште во првите денови се судри со тој чувствителен проблем. На улиците и пред Собранието штрајкуваа гладните и изне­ моштени работници. Проблемите на невработените и гладните сè повеќе допи­ раа до мојата свест. Ја брануваа мојата мисла да бараме во Вла­ дата решенија во скудните лимитирачки услови. Разореното и осиромашено стопанство и испразнетите каси во финансиски­ те институции не даваа можност за брзо решавање на натру­ паните социјални проблеми. Нашиот граѓанин, работник, потонат во своите катадневни проблеми околу обезбедувањето на животната егзистенција, сè повеќе паѓаше во дефетизам губејќи ја визијата за идни­ ната. 16. На тој пат ни се испречија многу сили: некои гласно, препоз­ натливи, други молчаливо, подзатскриени, трети ор­ ганизирано, подривачки. Сите нив ги туркаше инерцијата на стариот систем кој жилаво, со агресивност се спротивста­ вуваше на новите плу­ ралистички тенденции, а посебно на градењето на новата независна држава. Тие сили беа заседна­ ти на значајни места во сто­панството, во администрацијата,

18


Н и к ол а Кљус ев

во разните тела на законо­давната власт, поточно во самиот Парламент. Голем отпор даваше судската власт која во првата фаза поништуваше повеќе владини решенија и закони оценувајќи ги од позиција на тогаш постојниот стар устав и на сојузните закони. Јас во Парламентот отворено застанав против разни крпеници на старите закони барајќи што побрзо донесување на наш нов устав. Отпорот на старите сили беше најсилен во армиските структури чии директиви доаѓаа од Сојузниот секретаријат за народна одбрана. Нивната агентура КОС (на српски: Контра­ обавештајна служба, на македонски: Контраразузнавачка служ­ба) имаше длабоки корени во Македонија. Таа разузна­ вачка мрежа контролираше голем број институции, тела и по­ единци во нашата Република, чии експоненти сè уште беа на раководни позиции или се наоѓаа во самиот Парламент. Исто така, невиден агресивен отпор покажуваа албан­ ските партии и пратеници. Секоја значајна одлука и закон во Парла­ментот беа бојкотирани од нивна страна: референдумот за неза­висна македонска држава (на 8 септември 1991 годи­ на), донесу­вањето на Уставот на Република Македонија (на 17 ноември 1991 година) и првиот попис во 1991 година, а беше манифести­рано и остро спротивставување на системот на образованието. 17. Сите сили на отпорот кон промените за демократско опш­ тество и независна македонска држава беа заседнати на раз­ ни позиции што не ги напуштаа лесно. Мнозина работеа по дирек­тиви, било на влијателни до вчера личности од политич­ кото подземје било на оние од Белград, Тирана и Приштина. Тие смис­лено градеа одбранбени механизми под налетот на новите плу­ралистички струења и во процесот на градењето на институциите на независната држава.

19


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Тие сили, вовлечени во својот егоизам и неизвесна пер­ спектива, не беа лесно податливи на лаконското одушеву­ вање на масата народ. А тој народ, голарак, беден, зашеметен од настаните, само чувството на национален патриотизам го стимулираше и поттикнуваше поенергично да ги поддржува големите промени. 18. Во таков амбиент Владата беше постојано во обрач. Имаше мошне тесен простор за дејствување. Стопанството беше напол­но исцедено, без никакви финансиски и материјалностоковни резерви. Сё подраматична стануваше состојбата со снабду­ вањето на населението. Катадневно се поставуваше прашањето за снабдување на населението со елементарните животни про­дукти: брашно, масло, шеќер, млеко, нафтени де­ ривати и сл. Владата правеше огромни напори работејќи во состојба на вон­редни услови на решавањето на настанатите проблеми. Населе­нието покажа висок морал и етичко досто­ инство лишувајќи се од низа животни задоволства, по цена на лимитирање на својата егзистенција. Тој морален чин на наро­ дот ја храбреше Владата во нејзината упорност и настојчивост да наоѓа нови можни решенија. Така, на пример, успешно се реши откупот на сите земјоделски култури од реколтите во 1991 и 1992 година, со што се наполнија материјалните ре­ зерви на државата и успешно беа извршени сеидбените про­ грами. Ги отворивме границите, посеб­но спрема Бугарија, за увоз на животно важни продукти од таа земја и од Турција без царински и даночни оптоварувања и сл. Радуваше и фактот на брзото и енергично реактивирање на ФЕНИ и реализираните почетни 15 милиони долари од изво­зот на првите количества фероникел. Истовремено се формира и „Голдмак“, нашето прво претпријатие за производство на златна галантерија. ,,Жито-лукс”

20


Н и к ол а Кљус ев

со мошне брзо изградениот нов погон понуди нови производи од палетата на лисното тесто. Во Скопје започна изградбата на нај­модерната мелница на Балканот. Скопската пиварница го збогати својот асортиман. Почнаа контактите со фамоз­ ната „Кока­кола” за вклучување на Скопската пиварница во нејзината технолошко-производна и маркетиншка мрежа. Сё повеќе се појавуваа нови надежи во другите сектори. Се отвори просторот за технолошко иновирање со внесување на дигитална технологија во ПТТ-системот. Успешно се ре­ ализира програмата за извоз на јагнешко месо. Ги совладу­ вавме, иако со значајни тешкотии, последиците од нафтениот шок. РЕК Битола и Осломеј работеа со полна пара. 3апочна изградбата на брана­ та „Тополка”, Велешко. Катадневно се формираа десетици мали приватни претпријатија. Тие успеш­ но го снабдуваа гладниот пазар со низа производи, итн. 19. Во тој напор македонската држава ја доби својата нацио­ нална валута - денарот и на тој начин стана целосно моне­ тарно самостојна држава. Велигденската Антиинфлациона програма почна да ја скротува галопирачката инфлација зауздувајќи ја во мај-јуни 1992 година на 4 до 6% на месечно ниво. Се појавија тен­денции на благо релаксирање на пазарот, каде се враќаше спокојот со појави на одпожено плаќање кај голем број трговски претпријатија. И токму кога почнавме да им се радуваме на првите успеси од Антиинфлационата програма, почнаа ниските пар­ тиски удари врз Владата со диво донесениот закон за пла­ тите во Парламен­тот без согласност на Владата, што доведе до рушење на про­грамата. Тој непромислен, а тенденциозно насочен чин беше предигра за паѓањето на Владата, до што набргу и дојде.

21


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

20. Нашите напори целосно беа свртени кон утврдувањето на нови стандарди и критериуми за развој и оживување на нацио­налната економија. Кон побрзото излегување од дното на криз­ниот хаос, како и кон приспособувањето на стопан­ ството кон но­вите пазарни односи и наоѓањето на нови пар­ тнери за соработка. Основната цел на Владата беше зајакнување и афирмаци­ ја на националната економија во услови на слободна иницијатива на сите претприемачки потфати и слободно дејствување на пазарните економски законитости. 21. Меѓутоа, практиката во светската економија, а особено во најразвиените земји денес, оди во друга насока. Тоа најдобро се манифестира во меѓународното движење на капиталот кој не признава национални граници. Се афирмираат критериуми на економски космополитизам врз чија основа се гради нова фило­зофија во меѓународните односи, со нагласен економскополи­тички и воен патернализам на големите сили кон другите народи во светот. Таа филозофија нашироко се пропагира со изграду­вањето на “нов светски економски поредок”. 22. Меѓутоа, денес постои силен отпор кон тој процес, и тоа токму во најразвиените земји. Во таа смисла, на меѓународен план од пред една-две децении се појавуваат некои нови тен­ денции во сфаќањата на националните економски интереси и во појавните манифестации на т.н. космополитизам. Така, на пример, во глоб­ ални рамки феномените национализам и космополитизам се ло­цирани во нов економски амбиент.

22


Н и к ол а Кљус ев

Имено, во доменот на свет­ската глобализација, меѓународното движење на капиталот до­бива други цели, насоки и интереси. Тие карактеристики ста­нуваат значајни за низа национални економии, посебно за оние на земјите во транзиција, каква што е Република Македонија, чии судбини се первертираат и врз политичките структури на тие земји. За нас е од посебен интерес критички да ги следиме тие про­ цеси и да наоѓаме алтернативни патишта во нашиот иден развој. 23. Меѓународното движење на капиталот, било финансиски­ от или директните инвестиции како акционерски капитал, се насочува кон оние земји што имаат низок коефициент на ри­ зичност, а притоа се гладни за технологија или имаат евтини фактори на развојот (природни ресурси, работна сила); земји коишто пазарно се празни, односно гладни, а притоа ја овоз­ можуваат пожелната профитабилност. Таа магнетна сила на капиталот има повеќекратно разор­ но дејство, како што се укажува во низа социолошки и еко­ номски истражувања, во самите земји од кадешто струи тој капитал, иако неговиот извоз денес е објективна нужност. Тоа негативно дејство, пред сё, се манифестира во опаѓањето на чувството за развој, како во сферата на комунал­ ниот градски развој на земјите извознички на капитал така и вкупно во интересот за нивниот национален развој. Конечно, опаѓаат чувството и интересот за просперитет на сопствена­ та нација во сите нејзини домени, како што нагласуваат низа запад­ни економисти и социолози. 24. Како еклатантен пример за ова појава во последно време се земаат Соединетите Американски Држави. Голем број со­

23


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

циолошко-економски студии на познати економисти и соци­ олози (Т. Лизер, Џ. Коткин, Д. Риф, К. Лаш и други) укажу­ ваат дека деловниот и професионален свет во Лос Анџелес својот град го гледа како излез во земјите на Пацификот и можност за вклучување во нивните економии. Во таа смисла, движењето на капиталот и населението надвор од националните граници на САД ја трансформира цела­та поранешна идеја на таа земја за развој на градските аглом­ерации и културата и економијата на градовите. Во врска со оваа појава Кристофер Лаш (во книгата: „Ре­волт на елитата”) забележува дека привилегираните кла­ си во Лос Анџелес чувствуваат поголема блискост со своите дуп­ликати во Јапонија, Сингапур, Ј. Кореја и др. отколку со мнозин­ството свои земјаци. Во безграничната глобална економија капиталот ги губи своите врски со националното чувство и интереси. Од дру­ га страна, кај повеќе земји во светот станува сё поочигледно дека интернационалниот јазик на парите (капиталот) зборува поглас­но од нивниот локален дијалект. Во таа смисла Република Македонија денес претставува еклатантен пример со тоа што погласно го слушаме гласот на марката и доларот отколку гласот на нашиот денар. 25. Овие тенденции на меѓународното движење на капита­ лот предизвикуваат не само занемарување на националното чувство во сопствената земја туку и слабеење на национал­ ните држа­ви во коишто влегува тој капитал, со градењето на нова филозофија на т.н. глобализација со денационализација на големите компа­нии во развојот на тие земји, односно со градењето на т.н. економски и културен космополитизам, што не е ништо друго туку нова поделба на светот, со нови методи на материјална и духовна експлоатација и поттчинетост.

24


Н и к ол а Кљус ев

Врз таа платформа се градат сценарија за новиот Meѓyнapoден економски поредок, што ќе почива врз три­ те стожери, однос­ но трите економски центри на моќта: Соединетите Американски држави, Западноевропската Унија и Јaпонија со Океанија. Од друга страна, сите други земји на светет во одделни фази треба да се најдат во некои регионални унии прифатени под диктат на критериумите и оценките на тие три центри на економската моќ. 26. Основната движечка сила и клучната улога во таа светска глобализација денес е во рацете на Соединетите Американски Држави. Имено, нивната глобална политика се потпира на широко разгранетиот систем на сојузи и коалиции што бук­ вално ја опфаќаат целата планета. Во таа смисла, мошне интересни се изтражувањата на Збигњев Бжежински во неговата книга: „големата шаховска табла – Американското предимство и неговите геостратеги­ ски императиви“, објавена во 1997 година. Авторот опстојно го обра­ ботува феноменот на светската глобализација, по­ себно политиката на САД во тој домен, кој своевремено почна со форми­рањето на Атлантскиот сојуз и со неговото институционално рег­улирање преку НАТО во кој се вклуче­ ни најразвиените и највли­јателни европски земји, а клучна­ та улога ја имаат САД, и тоа не само во сојузот туку и во вкупните внатрешноевропски работи. Дури и Русија, довче­ рашниот воен соперник, е привлечена во разни финансиски аранжмани под благословот на американ­ските иницијативи за поблиска соработка со НАТО, каков што е случајот со потпи­ шаниот договор „Партнерство за мир“. Истовремено двостраните политички и воени одно­ си со Јапонија ја врзуваат и подредуваат најсилната азиска

25


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

економија со САД и притоа Јaпонија останува барем засега, би рекле, во суштина како американски протекторат. Тој про­ цес продолжува и во доменот на целата Океанија каде што се формирани разни орга­низации. Најмоќен од нив секако е Азиско-тихоокеанскиот форум за економска соработка во кој САД ја играат централната улога. Од друга страна, Персискиот Залив и случајот со Ирак го претвораат тој економски животно важен регион во американ­ ски воен резерват. Во таа смисла З. Бжежински вели: „За разлика од по­ ранешните империи, овој сеопфатен и комплексен глоба­ лен сис­тем не е хиерархиска пирамида. Поскоро, би рекле, Америка стои во центарот на една заемно зависна вселена во која власта се практикува преку постојани преговори, дијалози, заемно раз­бирање и стремеж кон формален консен­ зус, иако власта прои­злегува од еден ист центар - Вашингтон. Токму во таква ситу­ација треба да се игра играта на власт, и тоа според внатрешните правила на Америка. Можеби најголемиот комплимент што све­тот го упатува за централна­ та улога на демократскиот процес во американската глобална хегемонија е степенот до кој стран­ските земји се вовлечени во внатрешноамериканското политич­ ко лобирање. Странските влади се обидуваат, доколку е воз­можно, да ги мобилизира­ ат оние Американци што се блиски по својата етничка или религиозна идентичност. Повеќе земји кори­стат американски лобисти да работат за нивните интереси. Тоа е особено при­ сутно во Конгресот каде што се регистрирани околу илјада групи лобисти кои работат за странски земји во американ­ ската престолнина. Внатрешноамериканските етнички групи исто така се стремат да влијаат врз американската надво­ решна политика, а од сите нив најефикасно се организирани еврејско­то, грчкото и ерменското лоби“. Во такви услови мошне сложена е состојбата на мали­ те сиромашни земји кои немаат услови за организирање и

26


Н и к ол а Кљус ев

плаќање на скапи лобисти. Република Македонија е еклатан­ тен пример за тоа. Таа почна (во 1991 година), под сугестии на претсе­дателот Глигоров, со организирање на лоби-група на чело со господинот Џон Битов од Торонто, Канада, но со мошне слаби резултати за кои беа потрошени околу еден ми­ лион долари. Мошне енигматично брзо се распадна оваа ло­ би-група без да се даде никаков отчет за нејзината дејност ниту од страна на главниот лобист (Џон Битов) ниту од стра­ на на нејзиниот органи­затор (К. Глигоров). 27. Во една таква г лобализација се гради нова класа на космополити кои самите се чувствуваат како граѓани на све­ тот (нео­дамна слушнавме и во нашиот Парламент еден таков егземплар во ликот на г. Нано Ружин, пратеник на СДСМ, кој јавно се прет­стави како граѓанин на светот со загубено наци­ онално чувство). Таа „нова“ класа космополити нуди градење на заедничка кул­тура, судбина и историја, подредувајќи ја или игнорирајќи ја националната култура и историја во земјите каде што ќе вложу­ваат капитал. Притоа тие не прифаќаат, како што правилно забележуваат Роберт Рајх и Кристофер Лаш, ниедна обврска на статус на граѓанин, што една држава го подразбира. Станува збор за градење на еден затворен систем на при­ ватно образование, приватно здравство и здравствена заштита, приватна безбедност (полиција), приватни културни клубови, лобија, спортски центри и сл. 28. Втор феномен што се манифестира во современиот свет на економски развиените земји, кој паралелно го следи првиот феномен, односно процесот на космополитизмот и

27


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

глобализаци­јата на општеството, е процесот на меѓународната, јавна бирократија која со својата огромна администрација ги контроли­ра најзначајните домени во политиката, одбраната, науката, технологијата, а особено во финансиите на земјите членки, како што се: Меѓународната банка за обнова и развој, Меѓународниот монетарен фонд, агенциите за развој при нив, Европската банка за развој и сл. Тој апарат, концентриран во институциите на Обе­динетите нации и на нивните европски филијали, како и во институциите на Европската унија во Брисел, Стразбур, Виена и сп., како октопод ги држи и надгле­ дува најважните функции на одделните земји. Овие послед­ ниве се загрижени и се плашат од бирократската бесчувстве­ ност на гломазниот апарат на ОН и на Европската унија кој сё повеќе доминира, лишен од секакво чувство на национален идентитет и припадност. И не случајно при референдумско­ то изјаснување за вклучување во Европска­та унија низа земји (Шведска, Швајцарија и др.) искажуваат висок процент на воздржување и сомнеж, да не ги загубат своја­та национална припадност и својот национален интерес. 29. Земји коишто немаат свои јасно определени стратегиски цели, можат да бидат лесно манипулирани. Недоволно разви­ ените, а уште повеќе малите земји се судбински препуштени на тие големи игри на меѓународниот капитал. Нашата земја нема изграден стратегиски одбранбен меха­ низам (во економијата, дипломатијата, заштитата, одбраната и сл.) и во значајна мера е препуштена на диригентската палка на надворешниот фактор во виталните домени на живеењето. Од тие причини нашата интелигенција е историски повика­ на, незав­исно од владејачките номенклатури, да гради алтер­ нативни сце­нарија на стратегиски цели и насоки за нашиот опстој и иднина.

28


Н и к ол а Кљус ев

30. Живееме во период на големи технолошки предизвици. Научно-технолошкиот прогрес врши радикален пресврт во начи нот на нашето живеење. Човекот стигна и на Месечината. Тоа му ги отвора про­ зорците кон тајните на неодгатливиот универзум. Новата технологија овозможува преку разните стопан­ ски, информатички и медицински дисциплини да се мену­ ваат начи­нот и условите на човечкото живеење, за подолго­ вечно одржу­вање на човечкото тело, со менување на начи­ нот на исхраната и хигиената, како и со реконструкција и ревитализација на негови­те органи. Пробивот на електрони­ ката и информатичката техно­логија со компјутеризацијата во повеќе мерни и контролни инструменти ги менува условите не само на животот на телото туку, пред сё, на неговиот дух, вршејќи супституција на човекова­та меморија, па и на него­ вата мисловна креација, во повеќе вар­ијантни комбинации и алтернативни решенија. 31. Човештвото пред новиот милениум смело зачекори во планетарните и космичките пространства; во ерата на неслуте­на човечка авантура чии спознајни ефекти ќе откријат нови хор­изонти оставајќи во инфериорна положба низа за­ кони, хипотези и категоријални апаратури. Тие како реликти ќе ги исполнуваат депоата на една индустриска цивилизација чии методи и начини на производство, како и моделите на организацијата на живеењето на нашава генерација, не можат да се вклопат во пре­дизвикот на новите технолошки инвен­ ции во информатичкото општество. Тоа општество денес е во силен подем во светот, а сё повеќе стануваме сведоци како постапно навлегува и кај нас.

29


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Меѓутоа, истовремено тоа ќе значи и ново распнување на човекот што е исправен пред големи неизвесности и големи опасности. Историјата ни покажа дека индустриската циви­ лизација, за разлика од традиционалното (феудално) општест­ во, го стави човештвото пред искушение за милиони жртви од нови убиствени оружја, како што е атомската бомба, од една страна, и од можниот еколошки пустош на нашава планета, од друга страна. 32. Сега според искуството на некои развиени земји, доаѓаме до значајни, фундаментални прашања коишто ќе мора да ја моби­лизираат енергијата на интелигенцијата во решавањето на некои проблеми што имаат судбинско значење за ид­ нината на човештвото. Имено, Едгар Морен (во книгата „Автокритика“) со загриженост ќе констатира дека комфо­ рот и луксузот веќе го поставуваат очајничкото прашање: како да се живее? Филмот, радиото, телевизијата, излетите и љубовта требаше да ги испол­нат празнините на душата под малограѓанската кора. Во исто време луѓето ослободени од материјални потреби настојуваат да научат да играат за да живеат, да играат за да се соживуваат со филмските улоги, телевизиските игри или спортските натпревари, но никој не можеше да ја одигра големата игра што ќе ја подготви тех­ никата: да се игра човекот. Можеби тоа беше јазолот на про­ тивречноста: малограѓанскиот комфорен живот стануваше пасив­ на игра преполна со соништа, безделничење, забави; големата техничка авантура бараше активна игра на човекот, динамичен и свесен вовед во животот. Тој стил на живеење брзо навлегува и кај нас, и тоа со неконтролирани процеси, со неадекватни методи и средства, со неподготвен општествен амбиент, со несогледливи разорни последици.

30


Н и к ол а Кљус ев

Дрогирањето, безделничењето, ноќниот живот по кафули­ њата, пиењето и проституцијата, проследени со сомнителни са­моубиства и убиства и разни криминогени појави, натежна­ ле врз младата генерација и огромната армија на невработени со загубена надеж за сопствена егзистенција. Со таа опште­ ствена атрофија влегуваме во новиот милениум. Политичката номен­клатура на власт нема чувство на одговорност да го ре­ шава ова социјално зло. Таа со своите криминални дејства ги продлабо­чува метастазите на злото и општеството агрофира во страшна агонија. 33. Несомнено е дека историјата ги поднесува длабоките де­ терминизми (технолошки, нуклеарни, државни, партиски и сл.) што ги наметнуваат општествените, економските и по­ литичките сили. Но, од друга страна, таа содржи и значајни сили кои влија­ат со неизмерлив коефициент на неизвесност, така што точнос­та на идните предвидувања во сите сфери на животот секогаш е исполнета со имподерабилни, немерливи фактори, односно зависи од низа случајности. Во сите футуристички и бихевиорвистички студии и пред­видувања на иднината демне некоја случајност, зашто човекова­та свест е несовршена и токму затоа е изложена на нови преди­звици во потрагата по вечната вистина. 34. Во такви сложени домашни и меѓународни услови Владата на Република Македонија се најде пред искушени­ ето да гради нов демократски и плуралистички систем; нови етички принципи и морални вредности. Да го спроведува процесот на монетарното осамостојување, да ги менува соп­

31


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

ственичките односи во проце­сот на приватизацијата и да гра­ ди нови институции на самостој­ната и независна држава. Тоа бараше и знаење и мудрост, одговорност и храброст. Бараше национална гордост и патриотизам, смело да се навлезе во тој процес, за да се обликува поуспешно државна­ та независ­ност.

32


АФИРМАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАТРИОТИЗАМ

1. Нашата Влада ги отвораше просторите за афирмација на националниот патриотизам според цивилизациските вредно­ сти изградувани во нашата традиција, како и според вредно­ стиге во културите на европските нации. Тоа го правевме за­ тоа што рас­парченото битие на нашиот народ во овој век беше подложено на асимилација, геноцид и присилно пресадување на другородни патриотизми. Се стремевме својот творечки напор колку што може повеќе да го поврземе со нашата традиција. Со тој придонес ја оживувавме и подмладувавме таа наша традиција. Таа традиција и култура, тој наш чувствителен патриот­ ски универзум ги исполнуваше нашите души со благородна материја на убавината што зрачеше низ вековните македон­ ски соништа и мечти. Од тие причини ја поддржувавме онаа политичка борба во која беше содржана и борбата за афирмација на културите

33


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

и традициите на нашиот простор, како цивилизациска пред­ ност во нашево време, што ни обезбедува место и углед во моралната историја на нашето постоење. 2. Меѓутоа, балканскиот простор сё уште живее со носталгијата по темните агли на историјата; по подивените националис­ тички страсти и аспирации. Со отворањето на плуралистичкиот процес во деведесеттите години, за жал, стануваат повторно видливи таквите тенденции. Нашата Влада будно ги следеше тие тензии. Имено, де­ нес народите што нё окружуваат, како и нивните малцин­ ства кај нас, ги збиваат редовите и сё повеќе сакаат да нё стават во обрач вршејќи пресија врз нашиот народ со својот јазик, литература, печат, со својата политичка филозофија и цивилизација која во многу нешта отстапува од традицијата, цивилизацијата и духов­ната култура на нашиот народ. 3. Нашето настојување беше свртено кон тоа, да се остават малцинствата кај нас слободно да се вклучуваат во општиот напор за градење на заеднички цивилизациски вредности врз културните вредности на овој европски духовен простор. Во таа смисла, македонскиот патриотизам денес, изграду­ вајќи ја и афирмирајќи ја духовната култура на својот народ, отвора можност за афирмација и на духовното богатство на мал­ цинствата, со желба заеднички да го градат мозаикот во нашиот духовен простор, а со цел да се сопре духовна­ та гетоизација кај некои малцинства што се стремат кон самозатворање.

34


Н и к ол а Кљус ев

4. Би сакал да укажам дека историјата познава, во нега­ тивна конотација, национален патриотизам како страст за поробување на други народи и малцинства. Во историјата таков беше случајот со патриотизмот на големите национа­ лизми, какви што се германскиот национализам, наречен пан­ германизам, рускиот, наречен панславизам, или францускиот, наречен монархизам. Не би требало да го нагласувам српски­ от национализам кој остави пустош во последниве војни. Сличен е случајот и со грчкиот национализам кој не признава малцински права во своја­та држава. Македонскиот патриотизам, бидејќи сме мал, потчинет и експлоатиран народ, немал и не можел да има национализам со цел да по робува други народи и малцинства зашто речиси во целата своја историја сме биле поробувани. 5. Македонското патриотско чувство, пред сё, треба да се сфати како духовна репулзија против поробеноста, асимилација­та и гнетот. Тоа е исконска љубов кон татковина­ та. Тоа чувство не тргнува да наметнува волја на покорност кон другите. Сите граѓани ги зема како државна гордост со цел за градење на демократско граѓанско општество според принципите и критери­умите на европската цивилизација. Во нашите срца националното чувство стана општона­ родна национална гордост, а со тоа и национална чувствител­ ност. Македонскиот народ нема друга држава освен овој дел од него­вата етничка територија. 6. Од тие причини нашата Влада градеше чувство на љубов и почит кон татковината, кон сопствениот народ. Зашто

35


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

љубовта спрема луѓето, спрема некое сакано суштество, спрема некоја група, движење или партија е опоен здив на афинитетност, на блискост, на припадност. Ние природно му припаѓаме некому. Им припаѓаме на исконските илинденски идеали, на македонското народно движење предводено од ВМРО за остварување на неза­висна македонска држава. Таа припадност, природно и нена­метливо да се сака, има чудесен магнетски афинитет што нё тера халуцинантно да медитира­ ме. Таа припадност има склоност да создава сама од себе ле­ генда и постојано митски да ги искажува своите почетоци, да ги повторува во нашата свест до степен на агонија. 7. Таа чудесна убавина, љубовта и припадноста, е таинствен дар на човечката природа, една неодгатлива нужност што сите ја носиме во себе и во еден блажен миг, во трепет меѓусебно подаруваме на себесвојни афинитетни суштества. А сами­ от избор на таа љубов, на таа припадност, е дар на нашите сетила, на нашите чувства, на нашите етички и политички убедувања. 8. Нашиот напор градеше една сеопшта страст, една култура и безгранична љубов што влечеше корен од нашето историско минато. Тоа беше стремеж, прво, кон целосно остварување на идеалите за национално и социјално ослободување, во самостојна македонска држава, и второ, кон цементирање на разниша­ните темели на асномската држава. Тие стремежи максимално ги афирмиравме, давајќи им карактер на мистична сеопштост, користејќи го историскиот миг за македонски вознес во кој конечно ќе се реализираат најви­соките национална и социјални вредности на македон­ скиот народ.

36


Н и к ол а Кљус ев

9. Притоа националниот вознес не треба да се сфати како желба да се понижат другите етноси. Напротив, заедно со матичниот конститутивен македонски народ, тие треба да ги уживаат сите плодови на слободната македонска држа­ ва. Сите етнички малцинства треба да се чувствуваат како рамноправни граѓани на државата искажувајќи ја со љубов својата лојалност кон неа. 10. Во насоката на тој напор, во прво време (1991), постое­ ше и значајна поддршка од врвните политички субјекти, како и од самиот Парламент чија љубов подоцна постепено пап­ суваше во остварувањето на горните цели. Тоа стануваше сё повидливо во изострувањето на политичката меѓупартиска борба во која нас­тануваа сё подлабоки пукнатини во опре­ делбата и остварување­то на значајните национални интереси, посебно на оние што Владата ги креираше и поддржуваше. 11. Оценувавме дека историскиот миг бара градење на култ на национална гордост и чувство на патриотизам. Тоа стана и ос­новна премиса за изградување на самостојна македонска држа­ва. Таква национална гордост претставуваат, во прв рвд, име­ то на државата и нејзините белези. И ниеден владетел нема право да се расфрпа со тоа чувство, со таа национална гор­ дост на народот, што длабоко влегла во неговата интима, која тран­сцендира во неговото биолошко-генетско опстојување и со чија страст и култура се искажува неговата државна и на­ ционална чувствителност.

37


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

12. Можеби некој ќе ме обвини за величање на национални­ от патриотизам и националната гордост, зашто гледав во нив митска страст и култ чија апотеоза се слеа во независната држава Република Македонија. Таа магија за мене беше само една ментална структура, иако притоа нашите животи, чувства и идеи не можат еднос­ тавно да се сведат на магија, туку беа повеќе или помалку струк­турирани од неа. Тоа го правев, пред сё, за да се нагласи мигот на афирма­ цијата во чија идентификација кристализирано се препозна македонскиот човек, неговите желби, емоции, љубов, омра­ за, лутина, предизвикувани историски од таа магија, за да нё поне­сат посилно слогата и помирувањето, како и вербата во иднина­та. Животот без магија е невозможен. Таа е нашата вековна шифра и нашето постоење. Таа е нашата карма, нашата објек­ тивна реалност. Штом блесна нашиот национален вознес, овен­чан со самостојната македонска држава, со Референдумот, тој веќе воскресна од сонот на магијата. 13. Јас не гледам во мојата национална гордост и патриотизам националистичка изолација, туку дух на комуникација меѓу луѓето. Тоа е афирмација на слободниот дух на сите граѓани во демократското цивилно општество, наспроти авторитарни­ те присили на тоталитарната политичка моќ на владетелите. Конечно, тоа значи изградување на еден модел на циви­ лизациско однесување, наспроти сите отуѓености и автархич­ ни племенски гетоизации.

38


Н и к ол а Кљус ев

14. Моето верују во македонската национална гордост го отво­ ра просторот на љубовта, слогата и помирувањето, наспроти сите етнички изолации, со желба за повисоко меѓусебно граѓанско почитување, без чувство на патернали­ зам и гнет кон кои било етноси. 15. Тоа наедно значи и рамноправна партиципација во сора­ ботката со сите соседи за кое било прашање и во која било форма на цивилизациско однесување во идните односи. Веруваме дека иднината со нужното внимание ќе наложи пого­ лемо и посестрано отворање на нашиот простор, поголема толеранција и соработка, што веќе е практика во нашето по­ широко европско окружување. Ние ја гледаме нашата иднина не во автархична изолација и затвореност кон соседите, ниту во гетоизација на малцин­ ствата, туку во што е можно поголемо отворање и зближување, во посестрана соработка и почитување.

39


ПРЕД ГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ

1. Набљудуваните појави во мене секогаш побудувале или, поточно, добивале релативно значење во ајнштајновската смис­ ла на зборот. Моите дијалектички погледи се сврте­ ни кон откри­ вање на противречностите на сегашноста, на постојното, и кон потрага во иднината, затоа ми се блиски критичките опсервации. Не им робувам на величини и култови. Не ги глорифи­ цирам постојните ефекти. Бегам од даденото како трајно, непроменли­во. Не ме одушевува формата, глазурата. Понирам во семето што ‘рти, што ќе создаде нов живот, нов плод и вкус. Во потpara сум по магијата на животот, во нејзината та­ инственост, недоис­кажаност, во нејзиниот недофатлив ритам низ кој струјат вечни­те акорди на животот. 2. Ние живееме во светот на легендите, во доживеаното или раскажуваното. Нас нё одржала приказната, прво усната, а

40


Н и к ол а Кљус ев

потоа и напишаната. Врз неа се граделе обичаите, навиките, верува­њето, патриотското чувство, претстави за легенди на личности, појави и сл. Или, поточно, така се градела нашата традиција и култура. Од тие причини луѓето ги залажува раскажувањето на доживеаните случки, на ужасниот или радосниот настан, на слат­ката или измамената авантура. Сартр со право вели: „Човекот е секогаш раскажувач на приказни“. Тој живее окружен со своите приказни и со приказните на другите, низ нив гледа сё што му се случува и бара да го живее својот жи­ вот како да го раскажува. 3. Иако сеќавањето на минатото ме изморува и не сакам да им робувам на тие спомени, сепак тоа само носталгично се повторува потсетувајќи нё на нашите помини што се нераз­ делен дел од нас. Ние постојано ги носиме своите мислења, постојано се задржуваме на раскажување на своите ставови, погледи, тврдо­ главости и дамнешни омрази, на внимателни почитувања и неж­ни љубови. Во приказните, во нивната едноставност и простодуш­ ност, несвесно како да резонираат најдамнешните обичаи на народот, и тоа со целата своја сугестивна милозливост, ги прифаќаме со нивната девственост во паметењето. И така од раскажувањето нё обзема слатка омаеност. 4. Душата на масата, на народот, не е импресионирана од реални туку од легендарни јунаци кои временски добиваат мен­ливи оценки. Дури и историските книги треба да се тре­ тираат како дела што се плод на фантазијата. Тоа е збир на

41


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

фантастич­ни приказни за лошо перцепирани дејства просле­ дени со допол­нителни објаснувања. Плод на неверојатности и легенди. Во историјата речиси секогаш привидноста игра­ ла многу позначајна улога од реалноста зашто нереалното по правило преовладува над реалното. Честопати и лековерноста создава легенди, бајки и сл. кои со зачудувачка брзина се шират кај народот. Тие има­ ат свој корен во неверојатните деформации на настаните во фантазијата на луѓето. Од тие причини во историските истражувања базирани врз раскажувањата на разни случки, појави, личности и сл. во на­шиот живот, приказните и легендите не може симплифи­ цирано да се сведат на методот на чудната Хегелова тријада: теза, антитеза, синтеза, туку со фанатичност се прифаќаат и се пре­несуваат од поколение на поколение. 5. Затоа во критичниот миг на нашето опстојување, на на­ шиот величествен вознес (1991 година), поддржувајќи го на­ родното сеќавање за нашите легенди и желби во минатото, како и надежните пориви на народот за самостојност, сакав да дејству­вам во правецот на историјата, да го спојам својот дух со духот на минатото и духот на времето што наидуваше. Таа време бараше да се напушти болеста што го притискаше болниот организам, да се создаде пpoвев што ќе ги прочи­ сти авгиевите штали во кои тлееше болеста, да влезат нови светлосни зраци во пробудните мугри што го раѓаа денот. Јас почнав сё поопстојно да го чувству­вам мирисот на тој ден, на денот на нашето воскресение. Таа магија ме слеа во срцевината на големите промени. Го прифатив предизвикот и со него смртниот ризик што го носеше. Влегов во вителот на играта на животот, во срцевина­ та на нас­таните, на самите промени.

42


Н и к ол а Кљус ев

6. Барав излез од тежината на постојната општествена не­ вроза што се влечеше од болниот систем во распаѓање. Нас­ тана мошне еуфорична политичка атмосфера. Набрзина се множеа низа партии од разни провиниенции, меѓу кои и не­ кои со разни другородни тенденции. Многу од нив, посебно оние на мал­цинствата, не произлегуваа од некои идејни и по­ литички onpe­делби туку од своето социолошко и национали­ стичко гето. Сојузот на комунистите на Македонија веќе немаше есхато­лошка мисија. Тој почна да ја губи својата улога, а со тоа и лажниот шарм на визионерска партија. Сё повеќе се чудев поради присилната агресивност на некои членови на СКМ и на некои други новофомирани партии, особено на оние од етничката провиниенција. 7. Гледав валканости во партиите, ниски страсти. Набргу поч­наа да се јавуваат на виделина ситните пороци и ниските меѓу­себни удари. Сојузот на комунистите двалати го проме­ ни своето име и набргу почна да ги користи старите мето­ ди во институциите на државата каде што имаше поголемо влијание. Почна да врши надгледување и контрола; да ги озборува другите партии; да монтира и инсценира афери, со аспирации за наследство и приграбување на имотот на едно­ умната партија. Мене ме носеше во полет националниот патриоти­ зам, тој што ме хранеше во младешките дни. Љубовта кон самостојноста на татковината сё повеќе го затемнуваше мојот интерес за nap­тиска припадност.

43


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

8. Денес можеби сум должен да кажам од каде потекнуваше мојата партиска бесчувственост во тие судбоносни дни. Првенствено, би рекол, од поразителното искуство од сви­репоста на една партија на која й припаѓав во нуклеусот на моето зреење и формирање во времето на отпорот про­ тив фашизмот, што ја негуваше со смртен предизвик мојата тинејџерска свест. Во полетната сила на тој отпор лежеше сонот за Татковината. Ме повикуваа стиховите на Венко Марковски, Рацин, Шопов: „Во борба, во борба, македонски народе“, „си­ нови сме на славни илинденци“, „ко челик сме ние“ и сл. За да го сонувам потоа тој сон и во метежен пекол да ги слушам трогателните сти­хови „синови сме на славни илинденци“ и во агонија стари и млади илинденци да ја гледаме сопствената смрт по казаматите и на камениот остров. 9. Мојата генерација предвреме узреа. Стравот и суровоста на животот нё исфрлија од векот на детството и живеевме во ве­ кот на возрасните, за да ги почувствуваме предвреме големите грижи на животот, тешките грижи на тоа пресудно време, кога брзо се менуваа кралства и царства и сурови деспоти и култови. Минувавме низ многу маки, страдања и патила, низ глад и сиромаштија, и така станавме тврди и отпорни, секогаш испол­нети со сомнеж и неизвесност. Така се всади сериозно­ ста во нас, таа живееше со нас и ние живеевме во сенката на сериозноста на времето. И затоа мојата партија денес е мојата Татковина и бор­ бата за нејзината независност и демократија. Тоа е мојата идеологија и моето политичко убедување. Тоа е илинденското вмровско верују.

44


Н и к ол а Кљус ев

10. Сё повеќе се убедувам дека лукавоста на разумот укажу­ ва на двојната игра на историјата, имено, дека таа напредува од својата лоша страна, како што би рекол Маркс. Зашто, по­ учени, можеме да речеме, дека добрите намери го поплочува­ ат пеколот и дека, обратно, инферналните методи можат да ост­варат напредок (Едгар Морен во книгата „Автокритика“). Нашата историја, за жал, ги потврдува тие сознанија со божемниот ослободителен карактер на балканските војни во кои беше расчеречен етничкиот македонски организам, како и со украдениот суверенитет на асномската држава од веш­ тачката творба - Југославија. Дали треба уште да го чувствуваме тој лош зачин на историјата, денес наречен континуитет, за да си го поплочува­ ме одново патот кон сопствениот пекол? Треба ли нови одмаз­ ди, војни и крв да нё водат во „напредок“, како што нё носеа тито­истичките зандани и логори на смртта во „благосостојба, хуман­изам и рај“?! 11. И затоа го набљудувам светот на моето окружување со невино внимание и со магијата на својата фантазија ги paспoc­ тилам мислите на белата хартија. Буквите маршираат во стројниот ред. Тие ги откриваат бескрајните тајни на овој свет. • свет што се обидува да излезе од ларвата на полу­вековниот чудовиштен кошмар што ни ги замрачуваше слухот и сети­ лата; • свет што се обидуава да ги надвладее болката и тагата ис­ полнета со страв и неизвесност од допирот на мистеријата и пеколните бессоници; • како и свет на надежи за посреќно утре.

45


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

12. Но тоа полувековно време помина завршувајќи со една хис­терична војна, како последица на пирамидален, каузален нек­ сус. Темелно се pacпpcнaa илузиите за „најхуманиот“ сaмoyпpa­ вен - титоистички систем на светот. Остана убедувањето дека сё било утопија. Лажна слика на богатство, правда, демократија и слобода. Останаа да сведочат само луз­ ните од обезличениот дух, од крвавите траги и безимените гробови, од фрустрираните животи и непреболните судбини. Останаа празни главите на многу „интелектуалци“. Останаа искршените карактери на без­ број денунцијанти, засрамени џелати и крвници, кои мислата ги гони кон суисидни одлуки. Пред отровната пресија на тој систем се свиваа и многу честити, невини духови во својот младешки расцут, во профе­ сионалната кариера и семејна егзистенција. 13. Токму од тие причини не би сакал и младите генерации денес истовремено да добиваат и бакнежи в уста и шлакани­ ци. Зашто сеништето на злото сё уште демне. Окованите се­ ништа на сите злосторници во тие судбоносни мигови им го блокираа мозокот и расплетот на промените го чекаа пасивно, со возне­миреност и страв. Духовниот отров како оловна плоча притискаше врз нивни­от психолошки немир. Нив ги гонеше и контролираше сопствена­ та сенка. Кревките карактери бргу се „ослободу­ ваа“ од извалка­ната денунцијантска совест, од слугинството и покорноста. Тие како неофити и конвертити трчаа да се престројат во партиите со нови имиња. Од друга страна, голем број окрвавени џелатски раце, го распрснуваа сопствениот мозок во миговите кога сите нивни неврони завршуваа во суисидни стресови.

46


Н и к ол а Кљус ев

Конечно, некои блазирани егземплари од тој систем, со божја казна останаа како балсамирано зло, да нё потсетува­ ат на полувековниот животински пустош што го оставија врз горчлива­та судбина на нашиот народ. 14. Гледав, по малку вчудовиден по малку со презир стапи­ сан, како тие нагиздени, наконтени, до вчера „нежни пеперут­ ки“, денес ползат како гасеници, додека народот на плошта­ дите ја доживуваше зората на еден нов живот, што за сите нас беше решавачко и битно. Во нас брзо циркулираше сокот на новиот живот. Од тие гасеници имаше и такви кои смислено се качуваа по скалилата на партиските пирамиди, за да ги нагризуваат полес­но со денунцирања, со организирани афери, сё до трога­ телни божемни самоубиства на невини патриоти. Многу од луѓето со презир се потсмевнуваа пред тие грозни лица-маски, со лажни односи и исконструирани сценарија за семожни гнасни афери, пред тој, така да речам, нивни византис­ки делириум.

47


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

15. Јас и моите соработници, уште недоволно моќни, вриевме во пеколниот казан на окружувањето што нё стегаше како че­ личен обрач, Тука се уште беа југословенската армија, КОС, старите институции на власта, старата кадровска структура и голем психолошко - идеологизиран баласт кај добар дел од пратениците во Парламентот. Сето тоа го доживував како бо­ лен чин, како тажна фаталност. Но сепак, масовните сцени, тие величествени мигови низ плоштадите на Македонија за поддршка на владината полити­ ка, во нејзината борба за независност, ми даваа утеха и сила да се чувствувам ослободен од страшната тежина на истори­ ската фаталност што нё демнеше. 16. Мене ме исполнуваше грандиозно чувство на национална гордост што во бранови го довикуваше минатото да ја пре­ грне иднината. Низ нашите трепетни тела се празнеше народната енергија за да ја напојува жедната земја со Љубов и слога - слободна­ та, самостојна Татковина. Тие премиси станаа основниот мотив и моторна сила за организирање на референдумот за независна македонска држава. 17. Сите наши напори беа насочени да се трансформираат во надеж дека македонскиот човек ќе живее слободно во своја самостојна дpжава. Зашто верувавме дека во таа надеж се суб­лимираат сите сили и сите престижи на архаичната магија на македонскиот искон.

48


Н и к ол а Кљус ев

Таа магија, таа нејзина итрина нё водеше до мистиката на настаните и ни даваше внатрешен спокој и утеха од сите мож­ ни ужаси, зли намери и мрачни цели со кои беше обременета неизмерната сегашност, да истраеме на патот на македонска­ та независност. Ние верувавме во безграничната љубов и во тој чудесен непресушен извор на надежи и очекувања на македонскиот човек, архаичната магија да се претвори еден ден во реалност. Тој ден за нас стана величествениот Осми септември 1991 година, носен на белите кријла на двата големи Илиндена, 1903 и 1944 година. 18. Со сета сериозност и со сиот внатрешен трепет бев испра­ вен пред радосниот лик на времето. Во преграб ја доловував таа радост, толку необична, величествена, радост со радост посаку­вана. Во тие мигови ме облеваше горештина од среќа, од вос­ хит. Чувствував како од мене паѓаат годините, грижите, жа­ лостите и сите болки што до скоро ми го стегаа срцето. Го пиев жедно тој восхит, таа среќна растрепереност кај народот. Дозволував да ме повлечат сите ентузијазми на времето и да се слеам со сета инспиративност на тоа време. Чувствував дека во тој масовен трепет секој живее, се надева, очекува дека утре нешто ќе се случи. Ја насочував мис­лата кон доброто, среќното, радосното, а истовремено ме нагри­зуваше стравот од лошото. Ние живеевме во тоа распну­ вачко искушение на неизвесното што ќе се случи, што го оче­ кувавме, зашто знаевме дека ништо не трае вечно. Се распаѓа еден гнил организам и се раѓа ново Чедо.

49


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

19. Во тој општ вриеж почнав да го наслушувам пулсот на нараснатото срце на народот како бие, како сака да изле­ зе од својата болна душа, душа што беше постојано во бег­ ство, бегст­во од минатото и бегство од сегашноста. Таа из­ мачена македон­ска душа се сомневаше и се плашеше од сё. Безмилосно ја биеја и корнеа дивите ветришта на историјата и тоа нејзино бегство од минатото и од сегашноста за неа беа немирни бранови за кои желно посакуваше да се смират во нејзиното сопствено духовно пристаниште. Чувството дека мојот народ за прв пат гледа со доверба во иднината ме правеше среќен. 20. Се плашев во Владата да нё паднеме во канџите на опи­ еноста од моќта. Во еуфоричните напливи на масата народ по плоштaдите, пред Собранието, која ни даваше поддpшка, сё повеќе бевме урочени од историјата и бевме опиени од тоа што й се качивме на грбот на историјата и ја чувствувавме под себе, како што вели М. Кундера (во романот „Шега“). Се прашував, во тие зовриени услови, дали навистина ние ја отвораме Новата Страница на нашата историја; дали имаме право да диригираме со неа или таа ќе добие свој природен тек. Зошто! Кои сме ние да ја држиме палката на историјата? И навистина, се трудевме да создадеме услови за по­ спокојно и трезвено одвивање на процесите на Општествените промени, без да се видиме многy себеси во нив, а пак да сме тука, да бидеме само таа примордијална сила што ни отвора врата сите да се движиме во правецот на историскиот од. Бевме ли тоа? Дали го држевме добро воланот на историјата во тие мигови? Ќе оставиме да кажат други по нас!

50


Н и к ол а Кљус ев

21. Реферндумот блена со заслепувачка светлина. Го калеше духот на народот. Нё хранеше со верба и надеж во иднината. Го враќае загубеното, украденото. Стана мистична привлечна сила, магија што нё врзуваше цврсто за шифрата на македон­ скиот илинденски искон. Веќе стануваше сё појасно дека излегувајќи од хаотични­ от кошмар и варваризмот на едноумниот систем, таа шифра притаено живеела во многу македонски срца и не бил униш­ тен нејзиниот исконски дух. 22. Спектарот на распадот на стариот еднопартиски систем се ширеше. Тој систем долго беше затворен во инфантил­ ни неврози. Растеше нервниот шок на силите во распаѓање. Хаотично слабееше нивниот одбранбен рефлекс. Сё повеќе ги совлaдуваше стравот од нечистата совест. Мошне дифузно ја чувствуваа заканувачката опасност за опстојувањето на мета­ стазираниот систем што гниеше. Топлиот ветер на промените фолклорно ги расчистуваше македонските простори. Ние ста­ навме сејачи на таа топлина. 23. Една мембрана на опојна еуфоричност ме спречуваше да видам дали во таа масовна енергија и ентузијазам нема и хаотичност и деструктивни сили кои можат да предизвикаат несакани екстремности. Полека ослободувајќи се од таа мем­ брана, почнав да чувствувам потреба од претпазливост. Во такви услови вриеја ферментите на дијастазите чија активност можеше да води во алтернативна логика. Таа почна да се појавува во разни форми: молчаливо или срамежливо,

51


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

а богами некаде и агресивно, посебно онаму каде што беше потхранувана од центрите на старите сили и од КОС. 24. Луѓето од старите структури, повлечени во себе, во својот егоизам, со неизвесна, би рекле загубена, перспектива, не беа лесно податливи на лаконското одушевување на масата на­ род. А тој народ на улиците и плоштадите, голорак, беден и зашеме­тен пред промените, само чувството на национален па­ триотизам го стимулираше и поттикнуваше енергично да ги поддржи промените. 25. Во сферата на политичките превирања речиси сите пар­ тии се карактеризираа со отсуство на јасни политички про­ грами и идеологии. Нив само емоциите ги носеа во нови мен­ тални пространства. Но набргу првите парламентарни избори извршија поли­ тичка диференцијација. Таа не резултираше толку од изведе­ ната соци­јална стратификација колку од првичните емоции на електоратот кој ги сврте своите чувства кон вредностите на националното себеискажување. На тој начин изборите исфрлија на виделина едно помасовно организирано национално јадро кое почна политич­ ки да се спротивставува на постојниот хаос. Но, за жал, истовремено сите тие напливи од разни стра­ ни, политички партии и групи со своите неодмерени роман­ тични изливи и барања, создаваа напнатост со елементи на нов хаос, некритички оживувајќи ги без селекција тотемите на минатото.

52


Н и к ол а Кљус ев

26. Во тој зовриен галиматијас сенешто се слушаше. Се по­ теа ѕидовите на Парламентот од срамот поради искажаните стерил­ни говори или од гордото воспеано достоинство на на­ шата исто­рија. Едни ги подигаа знамињата на Илирида, со­ нуваа за голема Албанија. Други го бараа своето генетско наследство во воин­ствените победи на Александар Велики. Трети го бараа сонот на македонското Обединување на Гоце, Александров, Ченто, Браш­наров, а некои други цинично ги фрлаа во прегратките на бугаро­филството. Некојси таму за­ лутан самак во опиено крешчендо бара некаков Романистан. На крајот, во осојните гнезда ­носталгично брмчат агресивни­ те апетити за Југославија чии будни чувари ја држеа Владата на Македонија на снајперски нишан. 27. Како луња се истура на парламентарната говорница и гнев и очај и љубов. Во тој неконтролиран бес често надвла­ дуваше разумот. Сё остануваше во играта на зборовите и на крајот со акламација се донесуваа најзначајните одлуки. Тоа беше школа и период на ферментација на парламентарната свест во новата демократска држава. Во тие услови беше нужен трезвен катализатор за да ја испразни успешно негативната енергија. Владата со возви­ шено чувство на национална гордост, пуритански, со орто­ доксна љубов го расчистуваше патот кон изградувањето на независна­та македонска држава. Треба лида се прашаме денес каква ќе беше нашата суд­ бина ако й се препуштевме на стихијата? И најмало колебање на тој пат можеше да го доведе до фаталност македонскиот народ.

53


ПАТОТ КОН НЕЗАВИСНОСТА

1. Во таа наша Македонска пролет (1991), која се мешаше со пролетта што доаѓаше со ведрите насмевки на белите обла­ ци што патуваа низ синото скопско небо, ширејќи го мирисот на рас­цутените костени и липи, мене ме зафаќаше надежниот ветер на големите промени што се раѓаа. Во мене растеа и критиката за сомневањето и повикот за промените. Зрееја повикот на мудроста и повикот на судбина­ та. Се предадов да ме носи тој пролетен мирис проникнат со страста на сеопштиот национален вознес. Со тоа чувство и занес влегов во Првата македонска вла­ да на плурализмот, понесен од Бетовеновата максима „до ра­ дост низ страдање“, минувајќи по патот на вербата дека ќе се реал­изираат вековните идеали на нашиот народ да живее во самостојна, независна држава, останувајќи заробеник на магија­та на жртвите што се множеа и што ме демнеа.

54


Н и к ол а Кљус ев

2. Тие воскреснати идеали го обединуваа нашиот на­ род моти­ вирани од патриотско-национална и економскосоцијална цел. Но со верба, никогаш веќе тоа да не го стори заради исклучиво идеолошка цел, што може само да го врати во едноумието, во стравот, во неизвесноста и тиранијата. Македонската патриотска традиција како сврзно тки­ во може да биде искажана само со вековната изрека: Смрт или слобода за Македонија. Тој лозунг и идеал сакавме да го втеме­лиме и да го оствариме во осмосептемврискиот повик на маке­донскиот народ за независност, со цел да го помириме и обедин­име, ставајќи ги во заборав историските лузни на не­ говото измачено тело. 3. Народ без традиции е аморфна маса. Традициите се состо­јат во мислите, потребите и чувствата на народот. Тие, со своја­та севкупна поврзаност, следење и негување, се синтеза на еден народ врз која се темели неговото опстојување. Без традициите не би постоела ниту душа на народот ниту развој на цивилизацијата. Како што и без повремени промени и напуштања на одредени традиционални норми, обичаи и навики не би имало напредок. Традициите на еден народ се создаваат и негуваат во да­ ден простор и тие се функција на времето. Времето е един­ ствениот вистински градител и голем разурнувач. Сите традиционални верувања, идеи и обичаи се појаву­ ваат во одреден временски период, живеат, се развиваат и уми­раат. Ќе се согласиме со Гистав ле Бон кој вели: „Тие (традици­ите, н. з.) се ќерки на минатото и мајка на иднината, но секогаш робинки на времето“ - (во книгата „Психологија на толпата“). Според тоа, времето е нашиот вистински госпо­

55


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

дар и доволно е да му се овозможи замав па да се очекува промена на сите работи во сите домени на животот. 4. Македонската патриотска традиција била инспирирана од вековната борба за слобода и независност врз која се изграду­ вале моралниот лик на нашиот човек, неговата чистота, вер­ ност и припадност. Ако под поимот моралност подразбираме постојано почиту­ вање на одредени општествени норми и трајно потиснување на личните стремежи, тогаш во македонската традиција се изграду­вале морални норми на однесување на граѓаните кои со оби­чајното право максимално се поддржува­ ле, почитувајќи притоа одредени карактерни особини на инди­ видуите, како што се вер­носта, чесноста, самооткажувањето, самопрегорноста и пожрт­вуваноста, чувството на правичност и љубов кон татковината. Таа љубов, татковината да биде слободна и независна држава, тлееше во сите македонски срца. Во некои срца ис­ конски почисто, во други со измешан вкус на туѓи влијанија. Тие прашања станаа главна преокупација на политичките пар­ тии и на нивните пратенички групи во Парламентот во врска со осамостојувањето на Република Македонија. Владата и Парламентот во летните месеци јуни и јули деноноќно рабо­ теа на тие проблеми. 5. Додека албанската пратеничка група од дистанца, незаин­ тересирано, со молчаливост минуваше покрај пеколниот ври­ еж во Парламентот, а господин М. Положани сонуваше за не­ каква Илирида, македонските пратенички групи беа постојано во грч и, политички инспирирани од разни мотиви и цели, ги

56


Н и к ол а Кљус ев

обликуваа своите предлози до Собранието и до Владата. Така, на пример, на 26 јули 1991 година до претседате­ лот на Собранието на Република Македонија, пратенички­ те групи на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на Реформските сили на Македонија - Либерална партија, со своерачни потписи на Бранко Црвенковски и Зоран Крстевски, поднесоа предлог за донесување на одлука за самоопределување на Република Македонија како самостојна и суверена држава и стапување во сојуз на суверени држави на Југославија, преку изјаснување на граѓаните на Македонија по пат на референдум, со молба Предл­огот да биде разгледан истиот ден, на 26 јули 1991 година, согласно со член 344 од Деловникот, по итна постапка. Поради автентичноста и важноста на предлозите, ќе ги дадам во нивната оригинална форма. Текстот на Предлогот гласи: ОДЛУКА За самоопределување на Република Македонија како самостојна и суверена држава и стапување во Сојуз на суве­ рени држави на Југославија. 1. Со оваа Одлука се остварува правото на македонскиот народ на самоопределување и правото Република Македонија да се конституира како самостојна и суверена држава. 2. Собранието одлучува Република Македонија како самосто­јна суверена држава да стапи во сојуз на суверени држави на Југославија. 3. Оваа Одлука ќе се применува откако за неа на референ­ дум ќе се изјасни мнозинството од граѓаните на Републиката.

57


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

4. Референдумот за изјаснување за прашањето во Одлуката ќе се одржи на 8 септември 1991 година. 5. На референдумот граѓаните ќе се изјаснат за следното прашање: 1. Дали сте за самостојна и суверена Република Македони­ја и нејзино стапување во сојуз на суверени држави на Југослав­ија? Во понатамошниот текст на Поднесениот Предлог се изне­суваат причините, и тоа: во Југославија веќе подолг пери­ од е присутен процес на раздужување на некои од репyбликите проследен со сериозни тешкотии во функционирањето, пa дури и со нефункционирање на одделни сегменти од држа­ вата. Во такви околности узреани се условите и Собранието на Републи­ка Македонија, односно граѓаните на Република Македонија да се изјаснат за по натамошниот статус и за Иднината на Маке­донија. 6. Од друга страна, истовремено, на 27 јули 1991 година, претседателот на Собранието на Република Македонија го препрати до Владата на Република Македонија за мислење Предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Потпишан од Координаторот Г-ѓа Ратка Димитрова. Текстот на Предлогот се однесува за Нацрт на ДЕКЛАРАЦИЈА за самостојност на Република Македонија. Член 1 Со оваа декларација се утврдува Република Македонија како еамостојна држава со целосен суверенитет и државно-­ правен субјективитет. Република Македонија како самостојна држава, во

58


Н и к ол а Кљус ев

соглас­ност со нормите на меѓународнота право, им гарантира на другите држави и меѓународни организации дека во целост и совесно ќе ги извршува сите пpaвa и обврски, како пpaвeн наследник на досегашната СФРЈ, во делот што се однесува на Република Македонија. Член 2 Изразувајќи ја самостојноста и сувереноста на Република Македонија, Собранието ќе донесе нов устав со кој, покрај дру­гото, ќе го утврди уставноправниот поредок на Република Маке­донија. Република Македонија е демократска, правна и социјална држава во која највисоки вредности на уставноправниот поре­док се слободата, еднаквоста, социјалната правда, ми­ рот, почитувањето на правата на човекот, почитувањето и заштита­та на малцинствата, плурализмот, неповредливоста на соп­ственоста, зачувувањето на природата и човековата среди­ на, владеењето на правото и демократскиот повеќепартиски сис­тем. ЧленЗ Република Македонија, врз основа на сувереноста и самостојноста како највисок облик на државност, ги штити пра­вата и интересите на своите државјани независно од нивна­ та верска, етичка и расна припадност. Република Македонија во својот нов устав и во законските акти ќе ги вгради основ­ ните принципи на меѓународното право, врз кои ќе се темели заштит­ниот механизам со цел за подобрување на статусот на етничките, јазичните и религиозните малцинства. Член 4 Декларацијата за сувереноста и одредбите на оваа де­ кларација се конститутивни и појдовни елементи што ја сочину­ ваат уставноправната платформа на суверена и самостојна Република Македонија, врз основа на која може Собранието на Република Македонија да донесе уставен закон за прогласу­вањето на самостојност на Република Македонија.

59


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Член 5 Со прогласувањето на уставниот закон за самостојноста се остварува претпоставката за признавање на Република Маке­донија, како меѓународноправен субјект, по што прет­ седателот и Владата на Република Македонија ќе ги пре­ земат сите конкретни активности за нејзино признавање во меѓународната заедница. Член 6 Со уставниот закон за самостојноста сегашните граници на Република Македонија стануваат државни граници спрема другите републики и соседните држави на досегашната СФРЈ. Член 7 Република Македонија им го признава челосниот сувере­ нитет и меѓународноправниот субјективитет на новите држа­ ви што настануваат со раздружувањето од СФРЈ во рамки­ те на постојните граници на СФРЈ и во рамките на нивните меѓусебни граници, утврдени со досегашниот Устав или со меѓусебен договор на демократски начин. Член 8 Со воспоставувањето на самостојна и суверена Република Македонија не се сака прекинување на односите со други­ те републики ниту нарушување на државните, стоковните и Финансиските односи или работење. Член 9 Оваа декларација влеryва во сила со денот на Донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“. Следуваат 26 потписи на пратеничи од парламентарната група на ВMPО-ДПМНЕ. 7. Врз основа на поднесената Одлука за самоопределување од страна на пратеничките групи на СДСМ и РСМ-Либерална партија, како и на Нацрт-декларациата за самостојност на

60


Н и к ол а Кљус ев

Репу­блика Македонија Поднесена од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за мислење, Владата на Република Македонија го прати до Собранието на Македонија на 28 јули 1991 година следново МИСЛЕЊЕ По повод поднесените иницијативи на пратеничките гру­ пи во Собранието на Република Македонија, кои се доставени до Владата за мислење, а кои се однесуваат на конституирање на Република Македонија како суверена и самостојна држава, Владата на Република Македонија својот одговор го заснову­ ва врз Заклучоците (точки 2 и З) на Собранието на Република Македонија за актуелната политичко - безбедносна состојба, од седниците на Собранието одржани на 24, 26 и 27 јуни и на 6 јули 1991 година. Имено, во точката 2 од Заклучоците се дефинира Процесот на осамостојувањето на Републиката во зависност од исходот на разговорите со другите републики за Платформата Глигоров-Изетбеговиќ за конституирање на ид­ ната југословенс­ка заедница како сојуз на суверени држави. Во точката 3 се вели: „Доколку Собранието на Република Македонија оцени дека по мирен и демократски пат не може да дојде до договор за конституирање на идната југословенска заедница како сојуз на суверени држави, ја задолжува Владата да му достави на Собранието уставен закон и сите други акти со кои ќе ги утврди сите прашања од уставноправен карактер со кои Република Македонија, како самостојна и независна држа­ва, ќе го преземе извршувањето на своите суверени пра­ ва“. Ваква оцена од Собранието до Владата сё уште не е дос­ тавена. Владата ги има подготвено и на седницата од 24.7.1991 година ги има утврдено потребните акти за конституирање на суверена и самостојна македонска држава.

61


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

* * * Иницијативите на пратеничките групи за осамостојување на Република Македонија (Одлуката за осамостојување на Репу­блика Македонија доставена од пратеничките групи на Сојузот на реформските сили на Македонија - Либерална партија и на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Декларацијата за независност на Република Македонија из­ готвена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ) Владата ги оценува како корисни, но смета дека за нив, пред сё, тре­ ба да се постигне кон­сензус во Собранието, во согласност со точките 2 и 3 од наве­дените Заклучоци на Собранието. Тргнувајќи од тоа, Владата на Република Македонија го из­ вестува Собранието на Република Македонија дека е можно одржување на референдум како вид на претходно изјаснување за основните прашања што се однесу­ваат на сувереноста и самостојноста на Републиката. Претседател на Владата д-р Никола Кљусев, с. р. 8. Од изнесеното е сосема видливо која пратеничка група за што се борела и настојувала во судбоносните дни на 1991 годи­на, при утврдувањето на македонската независност. Станува збор за радикални пристапи во политиката за осамостојување на Република Македонија. Додека левиот блок во Парламентот (Социјалдемократскиот сојуз и Сојузот на реформските сили на Македонија-Либерална партија) се залага за самоопределување на Република Македонија како самостојна и суверена држава и стапување во сојуз на суверени држави на Југославија, ВМРО-ДПМНЕ се бори Собранието да Донесе Де­ кларација во која се утврдува Република Македонија како само­ стојна држава со целосен

62


Н и к ол а Кљус ев

суверенитет и државно-правен субјективитет. припаѓа на самостојната суверена држава, ако сака, да може, односно не мора да го користи. Тоа право може да се користи во какво било идно договарање само како правен субјект на сувер­ена независна држава и никако поинаку. Со таа политичка плат­ форма (самостојна и независна македонска држава) Владата го повикуваше народот на предреферендумски собири и ми­ тинзи масовно да излезе на гласање на Референдумот. Такви беа толкувањата на Владата. Не влегуваме во анализи на тоа какви сё цели и интереси имале разните заткулисни игри на одделни партии и политички манипуланти. 11. Интересно е да нагласиме дека Владата на две седници расправаше за референдумското прашање. Почувствувавме дека од страна на Претседателот ни се поттура прашање мошне слично на она доставено во Одлуката на пратеничките групи од левиот блок, напишано рачно од негова страна на ливче што го добил потпретседателот на Владата д-р Блаже Ристовски. На ливчето беше напишана следнава содржина: „Дали сте за самостојна Република Македонија која треба да стапи во сојуз на суверени држави на Југославија?” Ние не обрнавме внимание и не му дадовме гласност на тоа неофицијално ливче и не дозволивме да се прошири кај сите членови на Владата. Но сепак настана бурна дискусија на седни­цата на Владата, посебно за ставовите изнесени во Одлуката на СДСМ и PCM - Либерална партија. Многумина се прашувавме во што е суштината на осамостојувањето. За какви промени ста­нува збор? Одново ли треба да стапуваме во некаков југо­словенски сојуз на држави? Мнозинството во Владата цврсто застана на становиштето за раздружување од Југославија, за самостојна и независна Република Македонија. Така ја прифа­ тивме нашата формулација на прашањето за

63


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

изјаснување на граѓаните на референдум за кое погоре ста­ нуваше збор. Тој предлог го поднесовме во Собранието и го предложивме 8 септември за ден на референдумското изјаснување. 12. Патот по кој минував тие дни се провлече токму под линија­та до која допираше мирисот на барутот од катарзата на војната. Додека народот на Хрватска и Босна паѓаше во грчевите на уми­рањето во една валкана војна, Македонија живееше во длабока неизвесност, дали ќе влезе во тунелот без крај или надежните топли ветрови ќе ги разнесат маглите на војната подалеку од нас. Мојата свест ја исполнуваше, од една страна, надежта за денот што се раѓаше, а од друга стравот и неизвесностите што нё демнеа. Меѓу тие две страни во крешчендо слушам гласови со загубени акорди: нејасни, неразбирливи гласови, насилнички или исплашени, подмолни гласови на измамата и срамежливи г ласови на мудроста. И така ги соединував тагата и болката со радоста која што се наѕираше и во тоа распнувачко помирување ја гледав надежта за колективно спасение, тој вулкан на љубов кон сло­ бодата и самостојноста. 13. На распаднатиот југословенски простор, луѓето во држави­те што се стремеа кон осамостојување како да беа проколнати од Бога. Се колеа и убиваа во еуфоричниот на­ лет на агресивни­ те територијални апетити со патернали­ стички намери, поддржа­ни од мрачните воинствени сили на Југословенската армија.

64


Н и к ол а Кљус ев

На сцената настапуваа пробудените воинствени монстру­ ми (Кадиевиќ, Аџиќ, Кукањац и сл.), почнаа да воскресну­ ваат фан­томи (Шешељ, Аркан и др.) кои ги засилуваа своите перспективи во агресивните апетити. Зад нив политичарите (Милошевиќ, Караџиќ, Кољевиќ и сл.) ја претвораа нивната националистичка надеж во вера и со својата опскурна мудрост низ грчеви и жртви настојуваа да создадат нови сателитски држави во шемата на патерналистичката матична српска држава. Тоа „болно раѓање“ однесе десетици илјади невини жртви за на крајот понизно да се потпише Дејтонската спо­ годба. Таа спогодба беше и прекор и поука за лудоста. 14. Ние се стремевме кон човечност и меѓусебно разбирање. Геополитичката положба на Македонија во тие судбо­ носни мигови многу помогна. Секој агресор на македонската територи­ја можеше да предизвика балканска војна. На маке­ донскиот народ му беше доста крв и убивање во минатото. Од тоа про­клетство сакавме да избегаме подалеку. Крвавите лузни од уби­вањето и колењето тежеа во секој македонски дом. Лузни од проклети соседи и од своја погана челад. Нам како влада не ни остана ништо друго туку да се тргнеме, да бидеме подалеку од хаосот на крвавиот ужас на поранешниот југословенски простор кој однесе и педесетина наши невини млади животи и остави над 160 воени инвалиди. На секој чекор не демнеа замки и опасности. Минувавме тешки бессони ноќи. 15. Владата во главнината на својата интелектуална ели­ та негуваше хуманистички национални идеали во кои се распламту­ваше вера во човечноста, доверба во македонскиот дух за самостојно опстојување и национална гордост.

65


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Можеби за некои нашата Влада предвреме дојде на свет. Можеби некои имаа други цели. Но генерациите што доаѓаат ќе сфатат подобро што сакаше таа и што можеше да се стори во едно историски толку големо, но трагично време. 16. Се нурнав во еден свет на затворени хоризонти и свет на еуфоричен занес и безгранична желба за промени. Тие два све­ та помалку или повеќе беа зашеметени во просторот и времето. Едните, загубени и доволно исплашени, ја гледаа иднина­ та заматена од слепилото на згаснувачката идила. На нивните клепки натежнуваа солзите на носталгичните очи. Другите, за­ доени со нова космичка енергија, со разбранувани срца ја бараа патеката загубена во трнливата голгота на нивните предци. Тие два света во Парламентот повремено ги помируваше судбината во правењето на првите чекори кон иднината ток­ му кога меѓу себе излеваа сурова жолчност. Тие два света, и покрај жестокоста во меѓусебните расправи, сепак смогнуваа сили да ги изгласаат најзначајните акти во создавањето на македонска­та независна држава. На нивните лица не изоста­ нуваше заед­ничката насмевка. Во радосните мигови весело се погледнуваа додека некои таму во аглите цинично тонеа во злоба, сонувајќи за некој друг свет, свет на омраза, поделби и гетоизација. 17. Но брry потоа судбината си поигра со нив. Парaдоксот на историјата пак се повтори. Во болниот процеп продолжи иди­ лата на т.н. континуитет во еднонасочното гледање на идни­ ната во која се зачна семето на мултинационалноста. Семето на раз­дорот и омразата. Се појавија болни, диви коалиции и

66


Н и к ол а Кљус ев

сојузи само за да се приграби власта со разорни дејства врз национал­ното битие и државното закрепнување. На сцената настапија срамните пазарења и националното понижување, надвор - за промена на знамето и името на држа­ вата; дома - уценувања во образовниот систем и основање на диви универзитети, промена на знамето, недонесување на грб на државата, внесување на кадровски клучеви за малцинства­ та во Армијата на Република Македонија, во оpганите на без­ бедноста и правдата, во дипломастките служби, на штета на квалитетот и стандардите на посакуваната граѓанска држава која во цивилизираниот свет не познава и не почитува вакви критериуми. 18. Мојата мисла, засилена од стравот на нашето окружување, како да сакаше да ме обесхрабрува. А настаните катадневно ме поттикнуваа во практичните акции да влеryвам подлабоко во испитувањето на нашите конкретни можности, во начи­ нот на нивното користење, во Фазите на спроведувањето на донесен­ите решенија и одлуки и сл. Владата согоруваше во потрагата кон растечките потреби на иднината. Се бараа патишта за побрз излез од кризниот хаос. Патот што го избравме за самостојност и независност беше тежок и мачен, но единствено можен. Оценивме дека не е сё и насекаде замаглено. Баравме и открвме нови видици на висти­ната низ кои почна да наѕира нашиот поглед, да ги доло­ вува пејсажот и неговиот блескот. Тој блескот ја осветлуваше нашата вистина - независната македонска држава. 19. Катaдневните настани го отсликуваа нашиот пат. Тие нас­тани ги насочуваа фаровите за да чекориме појасно и по­ смело по патот на независноста.

67


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Идејата за независна држава со магична привлечност го собра најдоброто, најпожртвуваното, идејно девственото од сите нас кон една цел, да се промени животот, да се врати­ ме на исконот, на вековните безбројни жртви. Да се фрлат во забо­равот омразата и братоубиствата за да се ослободиме од на­шиот срам, да се врати гордоста на нашите историски подвизи. 20. Не можам сам за себе да кажам, а сакам да знам дали и колку бев луциден во своите акции во тие тревожни миго­ ви или бев заслепен верник понесен од еуфоричните бранови што ме заплиснуваа. Навраќајќи се на тие мигови, сё повеќе се убедувам дека природно јас сум се подготвувал за неизбежното што го ба­ раа промените, за да не бидам отфрлен од светот на реалноста или, поточно, од промените што зрееја и што го градеа тој свет на новата реалност. Таа нова реалност ја прифативме за да й дадеме сокови на растеж, да й дадеме мудрост да се прифатат промените, за да се измени светот што нё притискаше половина век. Мене чувството ме влечеше кон бранувањето на масите кои бараа промени. Нивниот револт ја исполнуваше мојата инти­ма и бев сраснат со нивните желби. Станав нивна потре­ ба, нивна нужност и катализатор. Тој природен спој среќно ја градеше цитаделата на нашата независност. Ме исполнуваше чувство на задоволство слушајќи ја лир­ ската мелодија на настаните и сё повеќе ме пленуваше креа­ тивноста на времето. 21. Расеано ги следев политичките дискусии. Тие сё повеќе стануваа епизоди во моето депо за паметење. Многу од

68


Н и к ол а Кљус ев

нив беа хаотични, исполнети со носталгични лелекања за југословенска­та федерација која се распаѓаше во гниежот. А други, не­скротливи, експлозивни настапи, помалку романтич­ ни, помалку визионерски, носеа пораки и желби за промени во изградување­то на новата иднина. Овие вториве сё повеќе допираа до моите размисли, сё повеќе се качуваа по скали­ те по кои патуваше мојата мисла. Тој мозаик од кажаното се впиваше во собранис­ките ѕидови: „сакаме независна држава надвор од југословен­ската комунистичка федерација, сакаме слободна, демократска, национална држава на македонскиот народ, сакаме своја војска, своја валута, свој фудбалски тим, сакаме...“ 22. Еуфорично растеше напливот за живеење во самостојна држава. И токму во миговите кога вербата во промените ме носеше со полетна сила кон иднината и се повеќе во преграб на нивниот блескот, почнав да чувствувам кај некои што ме окружуваа како ги нагризува црвот на сомнежот, како нив­ ните погледи се полнат со скептицизам, со ужасна негација, и како зад нив ползи сенката на егоизмот, а пред сё нивниот анацио­нализам. Мојата лутина против оние што остануваа приковани во носталгијата по Југославија сё повеќе го брануваше мојот разум. Си велев, од каде таа титоистичка ортодоксија кога неговата „крепост“ исчезнува во прав? 23. Јас ја почитувам менливоста на природните и општествен­ ите движење. Верувам во големите промени и не сакам да се издвои нашето славно илинденско минато од иднината. Не са­ кам да се замагли минатото со сегашноста и иднината. При­

69


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

фаќајќи ги промените и трагајќи по иднината, ме инспирираат борбата и стремежот на мојот народ во минатото, како нешто силно, објективно, како наша реалност и нужен континуитет на сегашните феномени. Притоа посакувам некои од нечисти­ те води да останат во минатото за да не го заматат блескотот на новите врутоци. Таа магија ме напојува со нова енергија. Ја доживувам сегашноста како остварено минато, а сё по­ веќе й се радувам на иднината со желба да ја збогати сегаш­ носта, да й даде смисла и содржина, да ги отстранува дивите ластари за да закрепнуваат плодните стебла. 24. Никој нема право да ги задушува, да ги потценува или да ги пренебрегнува спротивставените гледишта на сегашно­ ста, минатото и иднината. Никој нема право на монопол над историјата и никој нема право да врши насилство врз неа. Автономната волја на човекот, како плод на неговата етика и светоглед, треба слободно да отвора простор за да може тој сам да се обиде да ги прифати свеста за минатото, барањата на сегашноста и поривите кон иднината, без насил­ ство и искри­воколчена и идеологизирана историска пресија на разни поли­тички апологети. Во миговите на нашето дејствување (1991-1992) сегашно­ ста беше разбранувана, бурна и жива, а иднината таинствено неоткриена, но надежна. Таа разбранувана сегашност ја рас­ топуваше сопствената глазура и нё туркаше да стигнеме до мист­иката на иднината. Тоа го правевме со цел што побргу да се растопи лажната историска глазура зашто нашите мечти, нашиот сон бараше во иднината, за која енергично се боревме, утеха за жртвите и за бедата во полувековната сегашност.

70


Н и к ол а Кљус ев

25. Јас со раширени раце го кревав погледот кон нашиот возбу­ден народ како што се стреми погледот на растенијата кон сон­цето. За мене независната држава стана политичка, идејна и морална опсесија. Таа стана општочовечка премиса во мо­ ите акции чие суперего беше пуштило длабок корен во мо­ ето битие и во мојата свест. Ѕвонот на независноста силно одекнуваше во мојата гордост. Мојата вера во независноста не беше средство за да го скријам сомневањето во неа, како што правеа некои, кои дури се обидоа да се загубат или да се скријат пред историската меморија за да се покажат на­ трапнички подоцна, кога независ­ носта триумфираше, како нејзини челници. Во мене независнос­та немаше алтернатива и не й противречеа резерви и сомнежи. 26. Нашата држава не ја создадоа моралните страшливци кои никогаш не биле храбро исправени пред барикадите на про­ тивникот и затоа од таквите не можеме да очекуваме сега да ја спасуваат. Слободата на нашиот народ не е бесплатна. Таа чини вре­ ме, средства, жртви и доста труд. Ропството е, меѓутоа, без пари, како, што вели Фрај. Слободата мора да се издејствува со борба зашто со празна молитва и апатичен народ ни Бог не пома­га. 27. За жал, се појавуваа и спротивни тенденции. Имено, Влада­та, како партиски неопределена, некои сили сакаа упор­ но да ја туркаат длабоко во состојба на политичка каталепсија.

71


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Ние жестоко реагиравме и се спротивставувавме на се­ каква политичка пресија и блокада на Владата. Нашата по­ литичка определба во тие мигови беше јасна, што побрзо изградување на институциите на независната држава во духот на уставните определби и политичката толеранција помеѓу партиите и нивни­те пратеници во Парламентот. 28. Нашата влада бргу се соочи со многу алхемичари од стари­от систем. Тие се закотвија во врвот на државата. Тие со своите перверзни антиномии макијавелистички ги бранеа спротивставените интереси на одделните партии и малцин­ ства на штета на македонскиот народ, само за да владеат. За нив сите беа прави. Вистината беше на сите страни, забораваа дека крајните губитници се народот и државата. Тие со своите семантички лакрдии ги објаснуваа феноме­ ните на транзицијата служејќи се на големо со езоповски јазик за да ја замаглуваат и скриваат вистината од народот. Практиката еклатантно го потврди тоа во подоцнежниот пе­ риод. 29. Со тие политички манипyланти судбината нё спои во критично време. Додека ние во Владата настојувавме да сорабо­туваме и да живееме за доброто, за среќата на народот во соз­давањето на самостојната македонска држава, тие фри­ волно ја компонирале песната за пасторалната коегзистенција на јагнето и гладниот волк жртвувајќи ја така Владата на не­ чесен и подол начин. Достоинствено станав и со морална репулзија ја отфрлив во Парламентот таа нивна апокрифна приказна.

72


Н и к ол а Кљус ев

30. И Покрај нашата перцепција на таквите појави што ги креираа, пред сё, Претседателот на државата и манипулан­ тите во тој период околу него, ние покажавме максимална толеранција во соработката. Не очекувавме дека подлите ме­ тоди ќе зао­раат толку длабоко, толку неморално и демагош­ ки, до степен на обезличување. Негативните реперкусии од таквите постапки што ги чувствуваме и доживуваме денес бараат одговорноста да ја понесат главниот креатор и неговите експоненти. Зашто тој на сите свои пријатели и соработници (Васил Тупурковски, Петар Гошев, Љубчо Георгиевски, ген. Митре Арсовски и на премиерот со членовите на Првата демократска влада на Република Маке­донија и др.) им го извлече тепихот од под нозете со цел да ја преземе целата власт во своите раце. Никој друг туку само тој ги држеше конците на сите тие подмолни игри во своите раце. 31. Претседателот на државата со подмолни, лукави методи изврши страшна концентрација на домашните, а особено на странските информации. Дозирано ја информираше Владата затворајќи го секое движење на идеи во својата таинствена мистика со која владееше над целото општество. Низ негово­ то сито се сееја и контролираа сите информации и мутации во општествената структура. Формално настојуваше да ги релативизира политички­ те конфликтности помеѓу партиите и нивните претставни­ ци во Пар­ламентот, со шарм на „духовен татко на нацијата“, работејќи интензивно во полза на својата партија (СДСМ). Во суштина организирано се вршеше ерозија во редовите на дру­ гите партии, со посебно настојување да се блокира и разори најголемата национална партија ВМРО-ДПМНЕ.

73


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Неговиот кабинет стана ужасен двојник на Владата. Во него сё повеќе се манифестираше тоталитарна концентрација на политичка, полициска, воена и дипломатска моќ и на манипу­лациите што следуваа потоа. Чувствував потреба да му обрнам внимание од кои мотиви го прави тоа. Лаконски одговараше: „Сакам да ти помогнам во работењето на Владата“. Во практика­ та тоа беше одмагање со рафинираниот метод на контролирање на Владата и воспоставување на систем на ав­ тократско владеење. Во прво време нeгyвав чувство на пријателска верба: со размена на мисли, со користење на искуството, со меѓусебно почитување. Но тоа подоцна сё повеќе се распаѓаше и самиот тој веќе беше лишен од ореолот на своите мистични и есхато­ лошки оправдувања во моите очи.

74


ВО ВИОРОТ НА РЕФЕРЕНДУМСКАТА АПОТЕО3А

1. Наследените идеи за македонската независност кај нашиот народ имаа толку силен интензитет што моќно го пот­ тикнаа и активираа неговото поведение во масовниот одзив на Референдумот. Тие идеи ги минале сите фази на отпор и борба и прераснале во чувства и како такви станале единствени што дејству­ваа и ги определуваа нашето однесување и мислење, нашата активност и збор. Кога такви идеи ќе се закотват во душата на народот, тие добиваат невидена сила исфрлајќи на виделина цела низа разновидни ефекти. Тие во нашите размислувања се темелат врз асоцијациите за слобода, демократија, самостојност, за на­ ционална самобитност и гордост. Тоа беше мотивот и зрачна­ та надеж во Референдумот. Иако притоа би требало да се каже дека категоријалното поимање на зборовите демократија, соци­јална правда, еднаквост, слобода и сл., на кои значењето

75


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

им е мошне неодредено и како такви кај нас се недоволно јасно дефинирани, има силно влијание во свеста на луѓето. 2. Во одредени историски мигови за овие зборови се врзува таква волшебна сила, небаре во нив се наоѓаат решенијата на сите животни проблеми. Тоа беше мошне видливо и во еуфоричните мигови на Референдумот за македонската неза­ висност на осми септември 1991 година. Човечкиот разум и аргу­менти не беа во состојба да им се спротивстават на тие поими и слогани. Пред народот тие се соопштуваа со таква љубов и набожност која веднаш предизвикува почит и ма­ совно одобрување зашто во нив се гледа натприродна моќ за спасение. Токму таа недоволна дефинираност на тие поими ја зголе­мува нивната таинствена сила. Тоа се таинствени, авто­ ритетни и инспиративни зборови на кои верникот целосно, со треперење и во агонија им верува. 3. Меѓутоа, во една иста општествена заедница, едни исти зборови имаат различно поимање и значење за разните опш­ тествени слоеви. Во врска со ова често се употребува мислата на Токвил: „Некои привидно употребуваат исти зборови, но нико­гаш не зборуваат на ист јазик“. Мошне слична беше состојбата и со нашиот македонски вознес во времето на Референдумот и во времето што следу­ ваше потоа. Имено, дали сите им дававме исто значење на тие зборови или некои поинаку ги поимаа демократијата и сло­ бодата на човекот, националната самобитност и сфаќањата за нацио­налната и социјалната држава и сл.? Практиката кај нас за мошне краток период исфрли на виделина многу значајни и противречни разбирања на тие

76


Н и к ол а Кљус ев

поими. Она што за едни беше слобода за други значеше сатанизација на мислата и духот; она што за едни беше на­ ционален патриотизам за други значеше национално предав­ ство; она што за едни беше социјална правда за други значеше збогатување и грабеж; она што за едни беше слободна волја и иницијатива на поединецот за други значеше ограничување и пресија итн. 4. За жал, тоа се среќава и во многу други земји во светот. Така, на пример, поимот демократија, како и поимот социјална правда, во некои земји различно се сфаќа. Во суш­ тина за овие поими постојат спротивставени идеи и претстави кај латинските и англосаксонските народи. Во таа смисла кај Лафен (во книгата „Психолошките за­ кони и еволуцијата на народите“) зборот демократија главно означува губење или повлекување на волјата и иницијативата на поединецот пред волјата и иницијативата на заедницата, однос­но пред колективните интереси застапувани од држава­ та. Државата е должна да управува со сите, да централизира, да монополизира и да го произведува сето она што е потреб­ но. Кај англосаксонците, а особено во Америка, истиот збор демократија значи нешто сосема спротивно, односно интен­ зивен развој на волјата на поединецот, а што помалку власт на држа­вата на која, освен полицијата, војската и дипломатските односи, й е одземено секое друго управување, па дури и на­ ставата (обра­зованието). Според тоа, еден ист збор (демократија) кај едни народи претставува непостоење на индивидуална волја и иницијатива и концентрирање на сета власт во државата, а кај други значи потенциран развој на волјата и иницијативата на индивидуата без никакво учество на државата.

77


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

5. Нашата творечка имагинација е способност за формирање на слики и претстави што ја надминуваат стварноста и не е ниту може да биде обична копија на стварноста. Таа пронаоѓа нов живот, измислува нов дух, отвора очи кои имаат нови ти­ пови на визии. Затоа најзначајните, најбогатите настани проникнуваат во нас одамна пред да ги забележи душата. А кога почнуваме да ги отвораме очите пред видливото, веќе сме биле долго време приврзаници на невидливото, како што вели Д’Анунцио (во кни­гата „Контемплација за смртта“). Во таа смисла вистинската креација, како плод на твореч­ката имагинација, претставува функција на будење. Од тие при­чини ние сакавме да ги пробудиме соништата, мечти­ те и надеж­ите на нашиот човек да живее слободно во своја самостојна држава. Да го пробуди сопствениот сон и да ги отвори очите за да ја види својата иднина. 6. Посакуваната независност тлееше во големата радост на плоштадите по македонските градови. На Плоштадот во Скопје илјадници срца клокотеа како вулкан. Се слеваа во величестве­ниот виор на победоносниот Референдум. Во тие радосни мигови главнината на Владата, исполнета со патриотски чувства, пешки минуваше по главната улица (11 Октомври) накај Градскиот плоштад. Гледав наоколу, гра­ дот го немаше својот обичен изглед. Тој како да пулсираше побрзо, како да ни се насмевнуваше, како да нè милуваше. 7. Брзав опиен да се вовлечам во тој простор, во просторот на Плоштадот, меѓу луѓето, кај кои широчината на погледите

78


Н и к ол а Кљус ев

се спојуваше со пробивноста на желбите и на љубовта што изви­раше од нивните очи за Татковината и во сенката на спо­ менот за радостите што ги доживеав таму паѓав и паѓам и денес во занес. 8. Сё беше свечено. Куќите со ширум отворени прозорци и полни балкони со луѓе. Весели музички акорди допираа од Плоштадот. Колони луѓе се движеа по улиците и го исполну­ ваа! Со музика, знамиња, транспаренти на кои се читаше: „Да живее независна Република Македонија“; „Да живее слобод­ на самосто­јна Република Македонија“ и сл. Долги колони од сини работнички блузи, младинци, студен­ти, сиромашниот слој на народот од предградијата, на­ родот од градската чаршија, граѓани со цвеќиња в раце, без повик се сле­ваа кон центарот на градот. 9. Плоштадот мирисаше на победоносен слободарски здив и нё опиваше со восхит и радосен занес новата Рожба. Кон нас несопирливо трчаше денот што нестрпливо го чекавме. Тој ден за нас беше ден на македонскиот вознес. Се отвори патот да врват кон иднината смели младешки чекори. Тие минуваа по некогашните крвави траги на своите родители кои разбра­ нувано, во демострантски колони маршираа на Плоштадот пред полов­ина век, со здружен поглед кон југ „Не сакаме да одиме на Срем“. Тие трогателни траги станаа повик за синовите да бидат чувари на независната татковина, повик за нивните оживеани идеали. Во слеаниот дух на генерациите на Плоштадот триум­ фално одекнуваше песната. Плоштадот ги впиваше радостите во една восхитувачка општонародна хармонија.

79


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

10. Во тој прекрасен спектакл што пламтеше од радосни­ от здив на народот, победоносниот Референдум ја заплисна маке­донската земја со солзи радосници и потекоа бујните из­ вори на нашиот искон за да ги напојат сите наши надежи од овој век. Како факел се прошири низ македонската земја гласот на претседателот на Изборната комисија кога соопшти дека од сите излезени гласачи (над 70%) околу 93% се изјасниле за независ­на македонска држава. Радоста поради масовната поддршка на Референдумот се измеша со надежите, насмев­ ките и песните на масата народ во која беа и членовите на Македонската влада. Го повикавме и Претседателот на држа­ вата. По извесно време пристигна и тој, и сите излеговме на трибината во центарот на Скопје. Се отвора шампањско за да се запамети историскиот миг, тој сакан роденден на македонската независна држава. Се слуша хармонија на милозвучни македонски песни, тој спонтан величествен хор од илјадници усти ја пееше апо­ теозата на македонската независност. 11. Во среќна растрепереност, мислата ме носи во дворот на манастирот Св. Прохор Пчински, кога во својата неполно­ летност на втори август (Илинден) 1944 година ја бакнував светата маке­донска земја на денот на раѓањето на асномска­ та држава и во ноќта: чекоревме во темпо незапирливо, брзо, низ реки и живи патеки, кон Прешево, Бујановац, Ристовац, Ти славевме роденден, Мајко моја, на границите на Твојата стреа.

80


Н и к ол а Кљус ев

Крвавата борба за нас беше свечен огномет, пред Твојот олтар, наш дар и аманет (Во книгата “Силата на зборот”, стр. 13) Таа симбиоза што ги спојуваше генерациите во духот на илинденските идеали трајно се врежа во мојата свест и ме прави горд поради мојот животен пат, достоинствено и про­ стум да чекорам. 12. Го доживувам тој спектакл во неговиот историски ôд. И реков, сите убавини во животот почиваат врз времето, врз ид­ нината. Тој неумолив ритам го поврззува минатото со идни­ ната. Зашто народ без иднина е народ без желби. А ние бевме испол­нети со неизмерни желби за иднината. Со растреперена радост гледам како целиот тој спектакл создава убавина. Со задоволство сфаќам дека сето тоа е пре­ красна слика во сиот свој обем, дека има некаква внатрешна убавина, некаква активна убавина што пулсира хармонично. Го чувствувам тој триумфален здив на народот со сета уба­вина во неговиот колоритен свет на природата, како дише, а од очите на луѓето тече величествен излив на блаженство. Во таквите мигови ме восхитуваа мотивите на универзал­ ните човечки вредности што нё спојуваа: пријателството и љубовта, довербата и верноста, гордоста и мечтите, слобода­ та и храброста, сплотеноста и пожртвуваноста, со еден збор, човеку­вањето. 13. Чувствувам спокојна радост. Го гледам градот, нашиот град Скопје, препуштен на каприците на благата рана есен, а од наро­дната љубов и восхит на Плоштадот зрачи духовната и темпорална моќ.

81


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Минува сё од виденото во мојот душевен трепет и се бо­ рам да остане запаметено долго во мене, иако притоа знам дека не можам повторно да се вратам во истиот миг на ра­ дост, восхит или болка. Не можам повторно на ист начин да ги доживеам тие весели денови, тие насмевнати лица, тие пријатни случки и историски мигови. 14. Се свртувам околу на трибината, гледам , нема никој од лидерите на партиите застапени во Парламентот, освен лиде­ рот на ВМРО-ДПМНЕ. Го прашувам министерот за информа­ ции. Одговара дека не знае. Не е известен. Го прашувам ше­ фот на протоколот. И тој не знае. По извесно време добивам информации од министерот за внатрешни работи дека некои членови на раководствата на партиите Конвертити Meѓу кои Бранко Црвен­ковски и др., се видени во еден диско-бар, а прет­ седателот на Собранието и претседател на пројугословенската реформска партија господинот Стојан Андов е забележан на јужната граница, во реонот Дојран-Гевгелија, на пат за Солун. Владата, про­токолот и Министерството за внатрешни работи не беа инфор­мирани за неговото напуштање на Републиката. Пред две годи­ни слушнав како дава изјава на едно новинарско прашање пред ТВ Скопје дека: „заминал на меѓународниот саем во Солун за да го испита пулсот на Грците за нашиот Референдум“. Колку несе­риозно и смешно! Ова од причина што, без знаење на Владата, таква дејност претседателот на Собранието не може да врши. Тоа не е во делокругот на не­ говата активност. 15. Наголемо се ширеше подривачката дејност на агентурата на КОС, дека референдумот нема да успее, а КОС и Југословен­

82


Н и к ол а Кљус ев

ската армија ќе ја ликвидираат Владата на Република Маке­ донија како сецесионистичка и националистичка, зашто сака да се отцепи од Југославија. Па секако во тие планови постоеја и „спасители“ кои ќе ја преземат власта во Македонија. Се разби­ра, тука беа многуте пројугословенски партии за да го извршат тој гнасен чин. 16. Додека прашувавме за отсуството на некои од партиските лидери и парламентарните функционери, во моите очи и во очите на членовите на Владата се прекршуваше оптиката на виденото. Веќе чувствував на нивните лица и сомнеж, сарка­ зам и лутина против оние што бегаа или се криеја од успехот на Реф­ерендумот или што го поддржуваа ужасот на војната. Тие страшни апсурди го брануваа мојот разум, ја при­ тискаа мојата мисла да понира во корените на тие апсурди и се прашував дали некои живеат со нив како резултат на заробена­та идеологизирана мисла или пак стравот ја корне во нив желба­та и љубовта за независност и самостојност.

83


ПЛАШЛИВ ПОГЛЕД КОН НЕЗАВИСНОСТА

1. И така, додека едните ја живееја восхитувачката радост на независната држава, заедно со мнозинството членови на Влада­та, другите, врзани со папочната врвца за Југославија, сё повеќе иронизираа со идејата за самостојност не гледајќи излез надвор од тој затворен круг на Југославија. Грлесто укажуваа дека Македонија не може да опстане сама ниту економски ниту одбранбено. Единствен заштитник гледаа во Југославија и во Југословенската армија. Таа фама масовно ја ширеше воениот естаблишмент во Македонија преку мрежата на КОС и белград­скиот печат. Врз таа платформа мошне активно работеа и некои пар­ тии, како и една група во Парламентот од левото политичко кpило, кои со својот синкретизам останаа упорни наследни­ ци на конти­нтуитетот. Подоцна кај многу од тие луѓе се оцр­ туваа нејасни, про­тивречни и менливи обележја, ставовите и погледите им се менуваа во нивниот макијавелистички праг­ матизам.

84


Н и к ол а Кљус ев

2. Некои од министрите (Денко Малески, во извесна смисла и Ристо Дамјановски) во идејата за независна држава гледаа и настапуваа прво плашливо, па иронично, а најпосле и со презир. Д. Малески тоа јавно го искажуваше: „Независност само без мене“. Во животот е така, често ќе слушнете, вели Едгар Морен, дека „Луѓето не ги деградираат големите удари на судби­ ната туку неосетното и лесно скршнување“. Но дали беше тоа скрш­ нување лесно и неосетно? Тој што просудуваше (Претседателот на државата) даваше ваква оцена: „Оставете го човекот, да не го загубиме. Тој не мисли така“. Владата на две седници го осудуваше гледањето на Д. Малески како колебливо, судбинско, а претседателот Глигоров двапати енергично го бранеше и заштитуваше во Парламентот кога се бараше негова демисија, а за жал, не смогна сили тоа да го стори кога беше во прашање паѓањето на Владата. Опачината на појавните реперкусии веќе стануваше јасна. Се бранеше една филозофија, една генерална определба, а не една личност. Личноста во случајот беше експонент низ чие крешчендо одѕвонуваа акордите на композиторот. 3. Несомнено Малески беше интелигентна личност. Имаше критична, но корозивна мисла, која во себе ја нарекував ци­ нична. Во тие мигови неговата мисла, исполнета со сомнеж и зајадлив циничен тон што разорува, создаваше револт и репулз­ија кај другите членови на Владата, та дури најмладиот министер Љ. Фрчковски му дофрли на една седница на Владата да престане со својата „свилена - салонска дипломатија“. Неговата религиозна приврзаност кон Југославија, пре­ криена со сентиментален превез, дејствуваше зачудувачки пред поривот за формирање на независна држава.

85


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

4. Секој носи во себе, повеќе или помалку длабоко, еден слој на сомнеж, на сопствена ништожност, на себеотуѓеност, затво­ реност. Сомнеж за недофатливото, недопирливото, за посаку­ ваното, недоживеаното. Сврделот на сомнежот постојано го до­пира срцето, ја допира мислата и таа живее во неспокој. Во еден вид празнина се исполнуваат метастази на канцерот што ја нагризуваат супстанцијата на нашето живеење. Но при такви депресии, разочарувања и несреќи нападна­ тиот болен организам создава свој одбранбен механизам анти­тела, или, поточно, свои противпразнини. Притоа упорната волја во нас да опстоиме, да живееме, како вруток лачи непресушна надеж дека ќе ја победиме или барем ќе ја неутрализираме болеста, несреќата. Во таа магија сите се бориме да го победиме сомнежот, таа ништожност што нё притиска внатре во нас. 5. Верував во совладувањето на сомнежот, дека тоа ќе го сторат сите колебливи како Д. Малески и др. Но, во нашиот случај тоа ќе го оставиме за други истражувања. Во услови кога демнат неизвесности, стануваат разочару­ вања, колебања, малодушности, независно од тоа за кого стану­ва збор, луѓето ги обзема дефетизам, страв. Во тешките денови на искушенија, какви што беа оние во 1991-1992 го­ дина, настану­ваа меѓусебни недоразбирања за сите проблеми што ги разгле­дуваа Владата и другите институции и органи­ зации на Државата и стопанството. 6. Тешко ги доживував тие nребрзи разочарувања, посебно на некои членови на Владата, и се трудев да бидам макси­

86


Н и к ол а Кљус ев

мално толерантен кон определени внатрешни несогласувања што ги режираа одделни групи и партии. Кај некои од как­ ви било причи­ни разочарување (Цветан Грозданов, Димитар Димитров) кај други малодушност (Гоце Петрески). 7. Во случајот на Димитар Димитров, како Министер за обра­зование, се вршеше nресија во извршувањето на влади­ ната про­грама за образование, како и врз неговата личност со цел да отстапи од таа програма и да ја препушти на дивите процеси што му ги наметнуваше Претседателот на државата со групата пратеници од ПДП. Од Д. Димитров се бараше да се зголеми бро­јот на албанските паралелки во средното обра­ зование и да се води педагошката евиденција и документација на албански јазик, спротивно на владината програма. Проф д-р Д. Димитров се држеше мошне достоинствено. Но, во својот револт многу избрза со оставката. Не даде мож­ ност Владата да го поддpжи и да истрае во својот напор. Со болка ја прифатив неговата неотповиклива оставка и покрај инсисти­рањето да остане во Владата. По неговото одење настана ерозија во Министерството за образование, со видливи негативни реперкусии во образовна­ та политика. Стихиските процеси во тој домен сё до денес ра­ зорно дејствуваат. Тоа еклатантно го потврдија студентскте и ученичките демонстрации поврзани со нараснатата репулзија од доне­ сувањето на Законот за Педагошката академија во 1997 година, со кој се институционализира наставата на ал­ бански јазик во високото образование. Несомнено, тој сра­ мен антиуставен чин ќе остане како историска лузна, за да нё потсетува на поли­ тичката дефанзива на анационалната владејачка номенклатура. Во случајот на академик Цветан Грозданов, во Ми­ ни­ стерството за култура, политички насилници од левиот блок

87


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

вршеа блокада во процесот на реализацијата на Програмата на Минис­терството. Исти сили, посебно во врвот на Универзитетот, се спротивс­ тавуваа на предлог-законот за науката и на прашањето за автономијата на Универзитетот. Министерот за наука академик Ѓорѓи Ефремов го заложуваше својот автори­ тет за радикални квалитетни промени во областа на науката и високото образо­вание, но носталгичните сили кон старото настојчиво го сопираа процесот на промените што до денес продолжува. 8. Истовремено бев жестоко непомирлив кон разните струе­ ња на некои надворешни експоненти кои во разни форми, пре­ ку медиумите, печатот, како и преку парламентарната говор­ ница, се спротивставуваа на нашиот пат кон самостојноста. Во мигови на радост чувствував во душата среќна тежина. Ме исполнуваше опојниот здив на колегијалност, ин­ тимност и соработка во главнината на владиниот состав. Од силата на тој здив, на таа чудесна сплотеност и почитување, речиси бев поразен. Тоа високо го ценев и храбрењето ме ис­ полнуваше со ентузијазам за нови потфати. 9. Слушам гласови, читам писма на поддршка во кои се вели: „Првата влада беше раѓање на среќа, наша надеж и наша љубов, но некои веднаш посакаа да замре во мигот кога се појави, зашто таа имаше свој автохтон пат кон цел­ та, создавање на независна држава Република Македонија“. Таа поддршка од народот ме исполнуваше со нова творечка енергија да опстоиме на патот кон независноста. Во тие миго­

88


Н и к ол а Кљус ев

ви моето битие беше исполнето со бранови на среќа, радост и благодарност. 10. Имаше и такви кои ја гледаа или уште ја гледаат Македони­ја како етнички амалгамирана аморфна маса низ чиј блажен идеал лета гулабот на мирот. Забораваа дека таквото гледање, колку и да го засладува вкусот на некои надворешни и вна­трешни сладокусни апетити, носи во секое македонско срце ура­ган од експлозии, носи катаклизма за македонската нација и држава. Ние во Владата, наслутувајќи ги таквите тенденции во нив­ната првична форма, енергично се дистанциравме. Ние го ткаевме фолклорниот килим на кој требаше да застане неза­ висната држава, како унитарна држава на македонскиот на­ род, почитувајќи ги правата на сите малцинства во неа. 11. Останува во мојата дијалектичка мисла дека борбата по­ меѓу она што се раѓа и она што умира претставува моторен закон на историјата. И почна да ме притиска едно нејасно претчувство, дека големите промени пред кои сме исправени бараат од нас големо свртување кон иднината, а тоа, од своја страна, ќе бара жртвување на предводниците или, поточно, наше жртвување. Во мистичната магија на македонскиот вознес се впи­ ваа сите наши надежи и сомневања, сиот наш гнев, љубов и очај. Југословенската армија ја бараше нашата ликвидација, нашето жртвување. Јас се држев на дистанца од Армијата за­ што се бараше мојата ликвидација. Настојував да ги одбег­ нам нејзините немерливи ментални пространства каде што се ширеше сателит­ската мисла на разни нивни џелати и убијци.

89


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

12. Но тие веројатно се досетуваа дека секоја наша жртва ќе ја трансформираше нашата надеж во месијанство на иднина­ та. Затоа можеби се откажуваа од злокобните намери. Остана, за жал, само една загадочна жртва, министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков, за да нё потсетува вечно на мистери­ озните планови за жртвување, за да ја паметат поколенијата цената на нашето лишување на трнливиот пат за независност. 13. Кај нив, во нивните души, се вселија темни мисли и не вле­гоа пролетните ветришта на историските промени да ги одвеат. Големиот општествен провев не ги пронижа, не ги прочисти. Кај нив мирисот на осмосептемврискиот референ­ дум не роди нови мисли, нови желби. Но тоа ќе го оставиме за други истражувања. Смирено, поопстојно, со аргументи да се испитаа пониричката вистина на тие темни мисли, нивната онтолошка природа и дејството на временскиот фактор што ги условувало. Зашто тие мисли и тој револт против неза­ висноста на Република Маке­донија не беа случајни. Тие го носеа препознатливиот вкус на некакво југозаедништво што носталгично тлееше и испаруваше од нивните души.

90


ИНСИСТИРАЊЕ НА ВЛАДАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВ УСТАВ

1. Успешното завршување на РеФерендумот ги отвори вра­ тите за градење на правните институции на самостојната ма­ кедонска држава. Основата на тој напор беше донесувањето на нов устав на независната држава, врз чија основа ќе се до­ несат сите системски закони. Иако уште на 25 јануари 1991 година во донесената позна­ та декларација за сувереноста на Република Македонија се бараше да се пристапи кон изработка на нов устав со кој ќе се определат новото општествено уредување и новиот ка­ рактер на македонската држава, сепак формираната Уставна комисија мошне бавно ги извршуваше своите надлежности околу подго­товкатa на уставот. Поточно, на нејзините први седници распра­ вите се еодеа околу расчистувањето на не­ кои политички опре­ делби во кои доминираа идеолошките пристaпи на политичките партии застапени во Парламентот. Жестокоста на дискусиите беше свртена кон расчистувањето

91


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

на прашањата за карактерот на државата, граѓанска или на­ ционална; носителот на суверен­ итетот; позицијата на мно­ зинскиот народ и на малцинствата; употребата на службениот јазик; правата и слободaта на гра­ѓанинот и сл. Расчистувањето на овие прашања често ја блокираше ра­ ботата на Уставната комисија и временски ја пролонгираше изработката на уставот. 2. Пред чинот на определбите за независност дpжавата се најде во правен вакуум. Целиот правен систем функционира­ ше според сё уште постојниот југословенски правен поредок. Многу акти што ги предлагаше Владата, а кои беа прифаќани од Парламентот, доаѓаа под ударот на Уставниот суд кој орто­ доксно се држеше за старите правни догми. 3. По улиците и плоштадите на македонските градови мајките во стресови и солзи ги бараа своите синови одвлечени од Југословенската армија на боиштата во Хрватска и Босна. Во трговските продавници немаше доволно леб, млеко, мас­ ло, шеќер, колони автомобили чекаа пред бензинските пум­ пи. Бел­градскиот печат сееше дефетизам, дека Македонија е неспособ­на сама да опстане. Некои наши југоподлизурковци присакуваа во своите нос­ талгични соништа враќање во прегратките на стариот брат. Дел од нашиот печат и медиуми („Пулс“, радиоемисијата НННРВ и сл.) отворија засилена кампања против Владата, измислуваа афери „Балабан“, за да се фрла лага врз Јордан Мијалков, Ѓорѓи Наумов и врз мене, и сл. сё и сешто се кри­ тикуваше.

92


Н и к ол а Кљус ев

4. Уставниот суд поништуваше низа наши одлуки и зако­ ни штитејќи го уставот на едноумието. Владата се најде во клинч. Енергично станав во Парламентот против крпењето на старите закони. Барав побрзо донесување на новиот устав на државата која самостојно ја изградувавме. 5. Со желба да се помогне и да се забрза работата на Уставната комисија, решив, иако Владата не беше надлежна да подготви нацрт на устав, сепак тоа да го стори. Го задол­ жив министерот Љ. Фрчковски, кој ја водеше Комисијата за поли­тички систем во Владата, да формира работна група и итно да пристапи кон подготвување на нацрт на новиот устав. Бев при­јатно изненаден кога, по 2-3 месеца, некаде во јунијули 1991 година, ми го донесе во кабинетот првиот предлог на уставот. По кратки консултации и разгледување во Владата тој предлог го препратив до Уставната комисија, која работе­ ше врз негова основа 3-4 месеци, сё додека го прифати и ут­ врди како нацрт за Собранието. Така, Уставот беше донесен на 17 ноември 1991 година.

93


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

6. Новиот Устав ги втемели во својата преамбула историско­ то, културното, духовното и државното наследство на маке­ дон­скиот народ и неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање на своја држава. Ги вткаја во себе државноправните традиции на Крушевската републи­ ка и исто­риските одлуки на асномската држава. Тој напор во Уставот го сублимира историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот на­ род во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност на сите малцинства: Албанци, Турци, Власи, Роми и други. Врз тие уставни темели Република Македонија треба да се гради како суверена, самостојна, демократска и социјална држа­ва со неделив, неотуѓив и непренослив суверенитет кој прои­злегува и им припаѓа на сите граѓани во државата. Притоа изградбата на модерно, демократско општество во духот на Уставот максимално ги афирмира слободата и правата на граѓанинот во духовното и материјалното битие; во слободно­ то изразување на националната припадност; владеењето на правото, како и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска; почитувањето на политич­ киот плурализам и организирањето на слободни и непосред­ ни демократски избори; правната заштита на сопственоста; слободата на пазарот и прет­приемништвото; почитувањето на хуманизмот, социјалната прав­да и солидарноста; орга­ни­зи­ра­ њето на локалната самоуправа и поддржувањето на општо­ прифатените норми на меѓународното право. 7. Со денесувањето на новиот Устав се создадоа институ­ ционални рамки за изградување на радикално нов политичко­ правен и економски систем, во кој дефинитивно се напушта

94


Н и к ол а Кљус ев

иде­олошката заблуда на еднопартискиот социјалистички си­ стем и се отвораат нови можности за изградба на слободно демократско - плуралистичко општество. 8. Истовремено беше донесен и Уставниот закон за спроведување на Уставот. Во Парламентот се водеше мошне критич­ ки темпераментна дискусија за прашањето дали да се оди на доне­сување на Уставот заедно со Уставниот закон, или прво да се донесе Уставниот закон, а потоа и Уставот. Гледањата на парти­ ите беа противставени. Беше прифатен ставот на Уставната комисија да се донесат двата акта. Владата предло­ жи Уставни­от закон да важи една година и за тоа време да се донесат основните системски закони и да се спроведат нови избори. Тоа беше содржано во членот 10 на Уставниот закон. За жал, без информирање на Владата и без нејзина под­ дршка, Собранието самоволно, што претставува преседан во не­говата работа, со подметнување изгласа, наместо најдолго за една година да се спроведат нови избори во духот на Уставниот закон, во чл. 10 да стои само... до новите избори. На тој начин Парламентот изврши диверзија продолжувајќи го својот мандат, како и мандатот на Претседателот на држава­ та, чија продолжена работа беше во колизија со новиот устав. Имено, не може избран претседател од Парламентот да владее и да спроведува нов устав од причина што во новиот устав се предвидува изборот на претседател на државата да се врши на тајни избори од сите полнолетни граѓани на државата, и тоа за времето на траењето на Уставниот закон, а најдолго до една година од донесувањето на Уставот. Тоа е видливо во членот 10 од Уставниот закон, каде из­ рично во членувана форма стои: „Изборот на претседател на државата, на влада и на пратеници во Парламентот остануват до новите избори“.

95


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Како што е познато, спротивно на Уставниот закон, само на Владата й се изгласа недоверба, а другите тела останаа, под лажната интерпретација да се формира политичка влада. Иако притоа Првата влада беше избрана токму од Парламентот со повеќе од две третини гласови, што значи дека ја уживала до­ вербата на сите политички парламентарни партии, со цел да го спроведе Уставниот закон, во што беше спречена.

96


ФЕНОМЕНОТ ПРИВАТИЗАЦИЈА 1. Социјалистичкиот систем како рожба на една изнаси­ лена идеологија, користејќи ги механизмите на политичка (државна) принуда во четириесеттите и педесеттите години, сакаше да го обедини тоа што беше природно разделено. Се користеа разни државни принудни мерки: национализација, експропријација, конфискација на богатството на измислени воени богаташи, присилно задругарство и сл. Притоа се забораваше дека само алхемијата успева да ги соедини хетерогените елементи. Во општествениот развој тој процес на концентрација на производните сили можат успешно да го извршуваат економ­ските законитости. Економската принуда со сила на егзактност дејствува наместо палијативните импровизации на државната принуда. Историјата на нашата генерација недвос­ мислено го потврди тоа. 2. Денес стануваме сведоци на тоа како државата се впушта во нови импровизации. Со исти субјективни сили и со политички принудни мерки државата врши процес на

97


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

приватизација, однос­ но разградување на т.н. општествена сопственост. Тој процес и во првиот и во вториот случај го забора­ ваше човекот, неговата мотивација, егзистенција, неговата општестве­на свест и биолошка судбина. Дезинтеграцијата на капиталот со политички мерки го забавува или го деформира процесот на новата социјална стратификација. На новото социјално милје маршира армијата на глад­ните (невработените, стечајците) за чија судбина никој не мисли. Зад дискретниот државен превез молчат случајните нови профитери. Тие со политичка поддршка на разни криминоге­ ни дејности се милуваат во заедничката поделба на девалви­ раниот општествен капитал. 3. Процесот на приватизацијата не ги дава ефектите без дејствување на законитоста на економската цена на фик­ сните фондови и врз таа основа без формирање на реален ка­ питал за иницирање на нов инвестиционен циклус за економ­ ски развој. Се кумулира социјалниот полнеж на гнев и очај. Каде е мудроста на посакуваната социјална држава? Иако останува­ ме со верба дека човечките судбини се заемно поврзани со калајот на мудроста (Кундера). Но каде да ги бараме одго­ ворите за човекот и за неговата иднина? Кога веќе слушаме шепотење од некои усти дека иднината за нас почнува да ста­ нува тајна по­криена со превезот на големите неизвесности! 4. Би сакал да ме поучи мудроста на божицата Атина, дали да го стишам својот критички дух во поглед на овие семож­ ни ком­промиси и грабежи што ги наметнува делириумот на

98


Н и к ол а Кљус ев

системот или тивко да се повлечам и опортунистички да за­ молчам. При­тоа нешто ме гребе во мислата. Дали сите овие компромиси, на оваа распродажба и, би рекол, специфичен грабеж, водат кон спокој, мир и благосостојба? За жал, чувствувам, професионалниот позив ме тера да знам, дека тие компромиси се слаби и болни, исполнети со случајности и организирани алчни интереси. Таа политика може да се оцени како див нексус со привремени импулси на социјален мир, чија цена е „мирно“ прифаќање на хаосот пред експлозија. Таа политика станува слугинка на моќта во својата соп­ ствена немоќ и затоа се ставам на страната на критичкиот дух кој бара демократски алтернативен излез од хаосот. 5. Можеби сум премногу критичен и не гледам дека и во лошите намери се крие некоја добра идеја?!? Знам дека во овој период на еуфорија, во овој наплив на нови потра­ ги, кога недостигаат глобални стратегиски определби на развојот и изградени механизми и инструменти на системот, во множеството идеи, од која било страна да потекнуваат, ќе може да препоз­наеме и верба и измами, визии на иднината и хипокризија на сегашноста. 6. Ние живееме и мислиме во противречности. Затоа треба постојано да демнеме, да не паднеме во замките на злото мис­ лејќи дека му служиме на доброто. Од тие причини треба да настојуваме да им се придру­ жиме на креативните сили на прогресот во решавањето на наста­натите противречности кај нас. Тоа се, пред сё, силите што го јак­нат материјалното и духовното добро на нацијата и државата.

99



За делото Реперкусиите на кризниот хаос врз новите општествени промени Читајќи ги повторно и повторно содржините во ова дело, не е можно да се олабавите и не соучествувате со истите. Пред сè , поради деталните описи од историските настани низ кои минуваше нашиот народ и второ, поради богатата палета од метафори при анализата на истите. Така што духовното во битието на читателот неминовно се збогатува и облагородува. Кризниот шок и економската депресија Во период на големите искушенија, економските анализи базирани на авторовата визија и интернационални движења, одлучи енергично да се заложи за градење на нов (политички) и економски систем. Притоа, посебно се задржува на употре­ бата на поимот „реформа“ од многу политички челници, а од друга страна внимателно го следи народниот гнев и потреба од радикални промени и притоа цени дека не требаат рефор­ ми туку економско, морално и политичко чистилиште. Затоа беше потребно темелно анализирање на сите фактори во сите сфери на животот. Мошне сликовито е опишан напорот на Владата при совладувањето на сите отпори на кои наидува­ ше, како на пример, кај судската власт, кај разни екстремни настапи на одделни политички пратеници кои смислено го кочеа новото плуралистичко струење. Од друга страна, висо­ киот народен морал и етничко достоинство стимулативно ја храбреше Владата да наоѓа државнички решенија, нови стан­ дарди и критериуми за развој на националната економија. Понатаму, истакнати се новите тенденции во сфаќањата на националните економски интереси во т.н. космополити­ зам. Во таа област даден е посебен осврт на социолошко-

101


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

економските студии на познатите економисти и социолози (Т. Лизер, Џ. Киткин, Д. Риф, К. Лаш и други). Истражувањата на Збигњев Бжежински за меѓународниот економски поредок, во книгата „Големата шаховска табла - американското пре­ димство и неговите геостратегиски императиви“ објавена во 1997 година, како и деталната слика на глобален план и ана­ лизата на книгата „Автокритика“ од Едгар Морен, ја поттик­ наа Владата да се најде пред задача да гради нов демократски и плуралистички систем, нови етички принципи и морални вредности. Со посебно чувство за национална гордост и па­ триотизам го започна процесот на поуспешно обликување на државната независност. Афирмација на националниот патриотизам Во овој наслов длабоко емотивно е опишан националниот вознес што блесна на Референдумот како општонародно па­ триотско радување - вековно очекувано низ нашето постоење. Пред големите промени Во преглед на големите промени, даден е осврт на ав­ торовите сопствени дијалектички погледи при откривањето на противречностите во даденото време, трага, испитува и дејствува во спој на својот дух со духот на минатото и со ду­ хот на новото што наидува. Во срцевината, како што вели са­ миот, во големите промени го прифаќа предизвикот и со него смртниот ризик што демнеше, со исклучителна љубов и долж­ ност, се разбира, заедно со останатите членови на Владата, создава услови за постојано и трезвено одвивање на проце­ сите на општествените промени, зашто и најмалото колебање во овој решавачки период носеше страотни неизвесности. Мошне сликовито е опишана атмосферата во Парламентот, како на пример: „Се потеа ѕидовите на Парламентот од сра­ мот поради искажаните стерилни говори, а од друга страна од гордото воспеано достоинство на нашата историја, се ширеше

102


Н и к ол а Кљус ев

блаженство во воздухот на аудиториумот. Покрај истурениот гнев, очај и љубов на говорницата на крајот со акламација се донесуваа најзначајните одлуки. Патот кон независноста Тргнувајќи од Бетовеновата максима: „До радост низ страдање“, опишани се традиционалните верувања, идеи и обичаи проследени во високи морални норми и љубов во градењето на независната држава. Автентично се изнесени Предлог одлуката на 26 јули 1991 година од левите пратенички партии и на 27 јули 1991 година, Предлогот на групата на ВМРО-ДПМНЕ потпишан од координаторот г-ѓа Р. Димитрова за мислење на Владата. Мислењето на Владата исто така е автентично изнесено. Понатаму, опишана е расправата во врска со референдумско­ то прашање „Патот по кој минував тие дни се провлече токму под линијата до која допираше мирисот на барутот од катар­ зата на војната“, но независната држава беше главната водил­ ка која смело ги совладуваше сите препреки на тој пат. За авторот независната држава стана политичка, идејна и морал­ на опсесија, зашто знаеше дека нашата држава не ја создадоа страшливци кои не биле храбро исправени пред барикадите на противникот. Слободата треба да се издејствува - истакну­ ва авторот. Во виорот на референдумската апотеоза Со посебен занес од радост е опишан референдумски­ от спектакл на плоштадот, исполнет со безбројна публика, транспаренти, музика, насмеани лица на сиромашниот слој на народот од предградието кои брзаа да го дофатат тој ра­ досен трепет што го доживуваа. Во миг на чудесна радост со прекрасниот сопствен тенор авторот се придружи на сенарод­ ниот триумфален хор во виорот на референдумската апотеоза. Набргу потоа, за жал, стана тоа што стана.

103


патот кон ма к е д о н ск ата н е з а ви сн о ст

Плашлив поглед кон независноста Во овој дел доминантен е освртот кон различните гледања на независноста. Мошне јасно се опишани ставовите на поодделни министри во Владата (Д. Малески, на пример). Истакнат е и ставот на Претседателот за ова прашање. Доста емотивно се опишани внатрешните различни мислења во Владата и надвор од Владата. Авторовата жестока непомир­ ливост со различните струења наидуваше на солидарност во главнината од владиниот состав и токму тоа беше поттик за нови потфати. Опишани се и мистериозните планови на про­ тивниците за независност, како и загадочната изјава на мини­ стерот Ј. Мијалков. Инсистирање на Владата за донесување нов Устав Во оваа содржина опишани се сите превирања, спро­ тивставени мислења на различните партиски идеолошки размислувања во врска со оваа проблематика. Мошне инте­ ресно се прикажани жестоките дискусии на одделни прате­ ници за карактерот на државата: граѓанска или национална. Исто така многу акти предложени од Владата, а прифатени од Парламентот, Уставниот суд, ги поништуваше штитејќи го Уставот на едноумието. Сè уште не е избледено моето сеќавање за енергичниот став на авторот во Парламентот против крпење на старите закони. Донесувањето на Уставот на 17 ноември 1991 година овозможи изградба на нов политичко-правен и економски си­ стем на слободно демократско плуралистичко општество. Подолу е опишано самоволието, подметнувањето и ди­ вер­зијата спротивно на уставниот закон кога й се изгласа не­ доверба само на Владата, а другите тела останаа под лажната интерпретација да се формира политичка влада. Сите сме свидетели со каква акламација беше избрана Владата за по краткиот самопрегорен, пожртвуван пат испол­ нет со големи ризици и со знаење, мудрост, одговорност, хра­

104


Н и к ол а Кљус ев

брост, национална гордост и патриотизам да биде спречена да го доврши обликувањето на државната независност. Феноменот приватизација Со својот професионален позив авторот не можеше да го смири критичкиот дух во себе, а да не укаже на проблемот и алчните интереси на профитерите со политичка поддршка да го приграбат општествениот капитал. Болно го доживуваше гневот и очајот на гладните, стечајците и невработените за чијашто судбина никој не мис­ леше. На крајот не изостана неговиот животен оптимизам и увереност дека само со спој на креативните сили на процесот во решавањето на противречностите - тие сили ќе го јакнат материјалното и духовното добро на државата. Продолжи внимателно да следи сè што се случуваше и сè забележуваше, за што многу му благодариме. Незаборавен и вечно почитуван Надежда Кљусева Скопје, септември 2014

105


Академик Никола Кљусев Никола Кљусев (1927-2008), ро­ ден во Штип, каде што завршил ос­ новно и средно образование. Во не­ полнолетните години (1942-45) бил учесник во Антифашистичкиот от­ пор - во партизанските единици на Македонија. Во 1947 год. заминал на студии на Економски факултет во Белград. Поради затворањето на Голи Оток, две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград на 10 јули 1953 година. Во 1953 година се вработил во Институтот за научно истражување во индустријата на Македонија, Скопје, работејќи на инвестиционо-развојната проблематика, која станала него­ ва животна научна преокупација, на која ги добил сите научни степени, заклучно со докторатот на Белградскиот универзитет и сите научни звања сè до редовен професор на Економскиот фа­ култет во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите. Од 1961-1968 година работи во Економскиот институт, Скопје, каде по докторирањето 1964 година добил звање Виш научен соработник. Во институтот објавил пет книги и работел на повеќе проекти. Во 1968 година бил избран за вонреден, а во 1972 година за вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје. На факултетот вовел за првпат две научни дисциплини: „Теорија и политика на стопанскиот развој“ и „Инвестиции теорија, политика, економика - оценување и избор“. За двата предмета објавил учебници користени на сите Универзитети во поранешна Југославија. Од 1965 година предавал на следниве постдипломски студии: „Монетарно-кредитни проблеми“; „Економика на 106


претпријатијата“; „Економски развој и методи на економската анализа“. Проф. Д-р Никола Кљусев бил ментор на бројни магистер­ ски и докторски дисертации. Работел и раководел на голем број домашни и меѓународни проекти. Бил на специјализација и сту­ диски престој во Соединетите Американски Држави (Фордова фондација на Универзитетите „Колумбија“ во Њујорк и „Беркли“ во Сан Франциско); во Велика Британија (на Универзитетот „Сасекс“ во Брајтон и Лондонската економска школа; во Академијата на науките на поранешниот Советски Сојуз, во Москва и Академијата на науките во Полска, Варшава; во Меѓународната банка за обнова и развој во Вашингтон. Објавил бројни научни книги, монографии, стотина статии, написи. Учествувал на меѓународни конгреси на економистите во Монтреал, Мадрид и Будимпешта. Во рамките на меѓународниот проект „Инструменти на научно технолошката политика“ уче­ ствувал во Барбадос, Бразил, Венецуела, Египет, Индија, Кореја, Јапонија, Англија. • 1985-1987 година избран за декан на Економскиот факултет во Скопје. • 1988 година избран за член на МАНУ. • 1991-92 година Претседател на првата демократска Влада на Р. Македонија. • 1994 година претседател на Националната конвенција на Македонија. • 1997 година претседател на Советот на ВМРО-ДПМНЕ. • 2000 година министер за одбрана во Владата на Р. Македонија. • 2002 година избран за раководител на Центарот за стратеги­ ски истражувања при МАНУ. За својата научна активност, носител е на Орденот со Златен венец и на наградите „13 Ноември“ и за животно дело највисоката републичка награда „11 Октомври“, како и на голем број пофалници и признанија од земјата и странство. Постхумно е одликуван од Претседателот на Р. Македонија со Орденот „8-ми септември“. 107


Едиција: Патот кон независноста Никола Кљусев Книга втора Патот кон македонската независност Лектура: Наташа Николова Издава: Фондација Никола Кљусев Печати: Нампрес Дизајн на корица: Анета Гацевска

Издавањето на делото е поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 304.4(497.7)"1991/97" КЉУСЕВ, Никола Патот кон македонската независност / Никола Кљусев. - Скопје : Фондација "Никола Кљусев", 2014. - 108 стр. ; 21 см. - (Едиција Патот кон независноста ; кн. 2) За делото: Реперкусиите на кризниот хаос врз новите општествени промени / Надежда Кљусева: стр. 101-105 ISBN 978-608-4685-06-7




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.