Никола Кљусев
Прифаќање на предизвикот
Dela od Nikola Kqusev Poezija: • Antiteza • Kamen Ostrov • Silata na zborot • Oda na zborot • Neizrteno seme • Re~nik na srceto • Prividenija • Ispra}am son~ev zrak • Grauntele de aur / selectie si postafata de Dimitri M. Jon (prevod na romanski jazik) • La Semence d'or (prevod na na francuski jazik) • Hayat Cesilemeri (prevod na turski jazik) Esei: • Pogledi i promeni • Verba i izmama (esei), (Predizvici; kniga 1), • Bessoni no}i, (Predizvici; kniga 2), • Viduvawe (Predizvici; kniga 3),
Roman: Lenman - hronika na edna mladost Izbrani dela: Izbrani dela - 6 toma - Teorija i politika na ekonomskiot razvoj - Investicii: teorija - politika - ekonomika - Problemi na stopanskiot razvoj - Investiciono - razvojni problemi - Patot na makedonskata nezavisnost - Zlatno zrno
Никола Кљусев
Прифаќање на предизвикот
Книга прва патот кон независност
Фондација Никола Кљусев • Скопје, 2013
ЕДЕН ПОГЛЕД ШТО ОТКРИВА
1. Не знам дали мојата муза ме напојува со Паладиниот сок на итроста?! Знам, дека Атена ме учеше на мудрост во младите училишни дни. Сега ја прашувам Божицата и ги молам Хеликонските музи, да ми помогнат, да кажат, колку е мудар мојот напор што се нафатив да ја пишувам оваа приказна. Почнав да пишувам и не се прашав каква корист таа ќе има за мене и за другите. Една верба ме повикува, една надеж на искреност (доколку можам да ја слушнам и разберам), дека потребата од нејзиното пишување е поголема од каква било корист, од какво било мудрување на формалниот човечки ум. Таа потреба од разговор со себе: за виденото, решаваното, случуваното, доживеаното, каде што јас и моите пријателисоработници бевме и судии и свидетели и обвинувани за едно време на немир и неспокој, на нешто болно што умираше и надежна верба во новото што се раѓаше, создаваше, тоа Чедо во кое се преточи нашата мисла, нашиот дух, исконот на нашите предци што нé обврзуваше.
5
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Оваа приказна не сакам да ја украсувам со звучни изрази, раскошни зборови, ниту стилска еквилибристика и украсни метафори. Нејзината вредност треба да се бара во автентичноста на доживеаното, во мигот на исклучително сериозно време, исполнето со неповторливо богатство на настани, што бараат запаметување заради нас и нашата историја. Тоа време оставило фантазмагорични траги на пони жување и гордост, на плукање и благодарност и затоа, не прашувајте го авторот, ниту неговите соработници, колку незаслужени навреди и горчливи удари поднесувале во тешките судбоносни дни. Но, сепак, во таа куса временска секвенца од година и половина (март 1991 - септември 1992), ние грижливо ги чуваме спомените за големите промени и причините што ги условувале. Промените се нижеа катадневно и постојано отвораа пат за нови промени. Едни длабоко обмислени, други извираа од спонтаниот набој на позитивната енергија од народот. Тој мозаик обликуваше хармонија на новото, посакуваното; ги правеше ноќите будни во грчот на очекуваното. Сите бевме и актери и соучесници во изградувањето на слободарската цитадела, славејки апотеоза на независната Македонска држава. 2. Затоа, нешто што се втиснало длабоко, некои збиени сознанија стојат во моето сеќавање, и ете, жедно црпам од нив, за да ја напојам со чисти сокови мојава приказна. Зашто патот по кој тргнавме сé уште е неизоден. Тој пат не е минато. Сегашноста трудно врви низ него. Ќе треба одново да го минуваме. Некој ги побркал насоките и ете, стигнавме на почеток. Чувствувам денес толку силни чисти тонови што извира-
6
Н и кол а Кљус е в
ат од мене, од моето блиско минато, дека ништо не е скришум затаено. Во мене нема тајни димензии, иако во тоа чувство натежнало бремето на сегашноста и ја поматува светлината на нашите први чекорења. Целта ми е при ова пишување не да проповедам некоја идеологија, зашто мојата идеологија е демократијата и независната држава на мојот народ, туку да се доближам колку што може поблизу до одговорот на некои прашања од животен интерес на македонскиот човек во едно драматично време низ кое минувавме и минуваме. Ме гони една желба да проговорам за некои шпекулации на некои манипуланти кои сé уште го оглушуваат нашето општество со рафинирани методи на измама, кои со своите дисхармонични акорди стануваат трабанти на веќе невкусни изживеани мелодии. Но за некои грди појави, за некои непријатни случки, не гледам веќе ништо во нив. Попусто го претресувам минатото, извлекувам оттаму само остатоци од слики, а всушност и не знам, сосема добро, што претставуваат, ниту дали се тоа само спомени, фантазија или можеби сенки што брзо исчезнале, за да не те потсетуваат на болки и измачување. Кај мене се наталожиле само такви спомени, што ги бараат музите за да ги опеат. Зашто тие не се како златни пари во ќесето на ѓаволот: кога ќе го отвориш ќе најдеш во него само суви лисја. Затоа, и вербата и надежта во мене влегле толку силно, како интима која почнува да ја гребе мојата мисла, да ги предизвикува моите сетила, моите чувства, за да не се изгубат спомените во сенките на заборавот, како ништо да не било, да не се случило. Го земам моливот, а белината на хартијата ме предизвикува да ја кажам вистината во игрите на буквите што танцуваат по моите нерви, по моите мисли. Сите имаме, сите носиме и кажуваме своја вистина. Колку повеќе тие вистини се усогласени меѓу себе, колку повеќе се
7
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
разбираат и другаруваат, толку повеќе ги милува хармонија на светлината, толку помалку лаги и омраза, толку помалку подметнувања и изигрувања. Способноста да се соопштат идеи, сугестии, критички мисли или програми, немат врска со позицијата што ви е акредитирана во државната или научната хиерархија. Зашто, љубовта кон татковината, кон луѓето, храброста да се соопшти реално вистината, да се влезе во критичка конфронтација со лагата или полувистината и мудро да се оценуваат и соопштуваат мислите и идеите, не е привилегија на личноста која е покриена со разни академски степени, политички функции и општествени потврди. Тоа лежи во исконот, во генот, во интелектот на личноста, во неговите етички вредности и научни скрупули. 3. Секој труд во науката, уметноста и публицистиката носи ризик и предизвик. Читателите прифаќајки или одбивајки ги ставовите на авторот влегуваат во ризик. На тој пат јас им посакувам среќа. Ги чувствувам и нивните благопожелби и затоа похрабро навлегувам во сложените лавиринти исполнети со ризик при истражување и соопштување на третираната проблематика. 4. Ова се само разработени прибелешки, прво видување на блиското минато, низ чии што стрмнини и бездни, низ чии светли врвици минувавме. Па сепак, тие ќе зборуваат за автентичноста на нашето делување и патешествие во еден неповторлив историски предизвик, во еден судбоносен завој и пресвртнички чин. Воедно тоа ќе ми овозможи, да ги одбегнам апостериори и замките на меморијата. Зашто времето
8
Н и кол а Кљус е в
одминува, заборавот расте. Иако притоа, интересно е да се каже, дека тоа гордо човечко „јас“ најживо е во староста, кога зафаќа затишје, како што вели Мандељштам, кога човек уште чувствува болка од преживеаниот живот, а кога таа болка ќе помине совладува безгрижност. Зашто болката е како квасец, таа е силен предизвик од кој се создаваат и зборот и мислата и чувствата за реалноста и за реалните врски на овој свет. 5. Дали во мене се бунтува нешто посилно, нешто несопирливо и ме тера да зборувам испрекинато? Тоа е секако поради мојата неснаодливост. Зашто не сум свикнал да раскажувам за себе лично, за она што ми се случило, иако сум спремен да пишувам за себе, но тоа воопшто не значи дека и ќе зборувам за себе. Тоа го носам длабоко во мене: и тешкото, и болното и радосното. Сето тоа го потиснувам во себе. Можеби некој ќе каже ги сокриваш случките. Се засолнуваш зад нив. Верувајте не. Туку, можеби, не се снаоѓам добро во редоследот на доживеаното. Или неопитно ги разврстувам случките, појавите, по нивната важност, по нивното значење и тежина. Тука, сé повеќе се убедувам, сé повеќе верувам дека грешам. Зошто да чувам тајни? Зошто да ја заморувам душата да пати? Зарем има нешто што не мора да се каже! И веќе во мене победува мислата, сé што е човечко е природно, блиско. Му припаѓа на човекот. И пороците и добрината, и лагите и вистината. Моите собеседници, а ниту јас исто така не сум ни моралист, ни девица да прикажувам догми и девственост. И затоа, трагам по патот на вистината. Најдов една вистина и треба да ја кажам. И си реков: биди во себе зрел и полн и давај секогаш од своето обилство. Зашто, давањето на плодот е потреба, како што примањето е нужда на коренот. (К. Џибран, во книгата „Пророкот“)
9
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
На тој пат тргнав со мисла да се отворам, да дадам што повеќе, да ги испразнам моите бисаги што натежнале. Но, при тоа, моите лични реакции да бидат што е можно побезначајни, и се трудам да ги затемнам. Но ако голем број случки, личности, појави што ме опкружувале не стапат на сцена, не ќе има ништо што да се каже. Тогаш нашата приказна е беспредметна. Таа нема да функционира. Зашто ќе ги снема причините што го брануваат мојот предизвик. 6. Овде, во овој момент кога пишувам, животот и во благата радост меланхолично болно одѕвонува. Овде е неможно, а ценам и непотребно, да се засолниш во некој изгубен агол пред историјата. Тоа е и моја и ваша судба, која мора да се преживее: достоинствено, простум со љубов и понижување. Одовде, од ова родно парче земја, ја гледам целава планета и во неа цветови со мирис на мојата кожа, на моето тело. Одовде водите ме носат во сите океани, каде ја оставам и омразата и тагата, ја понесувам надежта и слогата, и ко птица преселница се враќам во моево седло, да ги напојам корените на ширното ми стебло. И не сакам да бегам од Тебе, и кога Ти ги бришам солзите, и кога подвиткана Те исправам, да ги видиш ѕвездите и во нив како зрачат моите насолзени зеници. Јас сум тука, останувам со Тебе, поинаку не можам, зашто бескрајно Те љубам и пред Твојот олтар денес девствено се исповедам. 7. Мојава приказна не е обично раскажување. Тоа е и моја полемика со собеседници. Во таа полемика јас не водам борба со непријатели, туку пред сé, тоа е борба со самиот себе.
10
Н и кол а Кљус е в
Собеседниците со кои полемизирам, со кои се конфронтирам, влегле длабоко во мене, тоа сум пред сé јас, кој се борам со самиот себе. Човек честопати паѓа во стапицата на непознатото што го опкружува. А тоа се, пред сé: личности, карактери, нагони и желби. Нескладот помеѓу од мене преферираните потреби: интелектуални, национално-патриотски со прагматичните политички, властољубиви материјални и индивидуално желбени потреби, на моите собеседници, ја сочинуваат трагичната противречност во самиот субјект, поточно во самиот себе, зашто екс-анте не ги спознав поривните желби на актерите во приказнава, зашто дозволив инквизиторот да влезе длабоко во мене и потајно да ме разорува. 8. Некои прашуваат зошто и јас се нафатив на таа игра на Божицата на Лудоста? Зошто го проголтав тој зачин на Лудоста? Ве молам, обратете се за помош кај Софокле или Еразмо Ротердамски, да ви објаснат колку во весели игри на Лудоста се раѓаат: големи филозофи, кралеви, папи, монаси и цела чета поетски божества. Таа „лудост“ ја прифатив и јас. Иако притоа, чув еден глас што вриел во казанот на Божицата на Лудоста. Тој глас ми шепна: „Внимавај! Дали доволно го познаваш гласот што те повикува; дали тој глас на Лудоста што те мами, ќе го потурне својот грб да ти помогне, ако дојде до пијана ноќ на искушение, на проверка на верноста, на ветениот збор? Верувај, устата на тој глас тогаш ќе замолчи.“ На тоа укажано „Внимавај“, што ми го шепна пријателот за жал не посветив нужна почит. Тој, според сé, добро го познавал гласот што ме покани. Можеби, тие се од исто семе близнаци?!
11
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
И во еден ден во летото Божјо 1992, така и би. Пред многу распенавени усти, замолкна една од нив. Тоа беше устата што ветуваше верност. Божицата на Лудоста подло ме измами. 9. Да нема недоразбирање, јас се нафатив да влезам во таа игра од еден возвишен мотив. А тоа е, да се борам за нешто свето, што силно биеше во жилите на мојот народ. Тој, измачен народ од вековниот гнет, ја чуваше надежта за слобода во гранитните пазуви на Шар, Пирин и Грамос и простум опстојуваше со величенствената воинствена мудрост на: Александар, Самуил, Гоце, Мише и Ченто, и ќе знае да ја чува како зеница, оваа мала и со восхит испеана Независна Македонска Држава, тој квасец што ќе зрее во сите пори на Македонската земја и во секое срце на Македонскиот човек. 10. Веќе сеќавам, а тоа ме трогнува, дека на овој домен натежнува некаква препрека. Читателот сам нека открие, кој е, или кои се тие кои таа препрека ја создаваат? Јас немам друга можност, друг начин, освен тој да поразговорам со себе самиот. А тоа е мојот молив што го држам цел век и неговиот мелаин врз одземената девственост на хартијата. Од мене избегаа, а можеби јас избегав од сите партии, од сите трибини, катедри, медиуми. Останав сам со единствената љубов, моливот и хартијата. Па тоа вечно другарување нека кажува, нека извлекува од магијата на мојот збор, колку што може повеќе, нека ги расветлува темните патишта низ кои што минував, зашто тие светлосните се веќе познати, тие други ги кажуваат по вкусот што сами го зачиниле.
12
Н и кол а Кљус е в
А каде се пресекуваат патиштата низ кои што минувам? Каде ги напуштив тие што талкаат по изодените патишта, кои сé уште ги влече, ги мами зајдисонцето? Од каде, кои се тие патишта што одот ми го чинат лесен, по кои насмевната колона се движи, водена од светлосните зраци на изгрејсонцето? Чудни размисли кога човек прозборува со себе, кога моливот ја везе својата приказна. Да чуеме, што кажува таа.
13
СРЕДБА ВО ЛЕТНИЦА
1. Летница во Охрид ги мами гостите со својата пријатна свежина, под раскошното зеленило на чемпреси, чинари, леандри. Од езерото тивко ветре ги милува препламнатите лица на гостите во полната тераса, кои се разладуваат со пијалаци. Во раните денови на август 1990 година, едно пладне, по претходен договор, се сретнав со еден мој пријател во Летница. Пријатно расположени, под разредената сенка нé допираше мирисот на езерото и по некој срамежлив сончев зрак. Разговорот течеше на разни теми, ненаметливо мошне интересно. Ручавме и неосетно поминаа пет часа во пријатна размена на мисли по низа прашања од минатото, сегашноста и оние за иднината. А 1990 година го носеше бремето на блиската историја, исполнета со трауми, тревоги и неизвесности. 1990 година беше бремена со искушенија на плодот што зрееше во неа. Таа беше историски пресвртничка година, во која кумулираните полувековни слабости на еден политички и економски неделотворен систем, кој дефинитивно пропаѓаше
14
Н и кол а Кљус е в
во сопствените противречности, а потрагата за иднината, која сé уште не беше доволно јасна, зрееше во нашите глави. 2. Во разговорот мошне незграпно, па дури изненадувачки му поставив едно прашање на мојот собеседник. Имено, каква среќа имаше, во педесетите години да не се најдеш на Голи Оток? А тогаш, речиси сите македонски раководители отстранети од Македонија од кликата Колишевски, Смилевски, Гигов, сургунисани во Белград беа затворани и испраќани во логори за своите промакедонски идеали. Тоа беа главно членови на АНОК (Антифашистички Народен Ослободителен Комитет) и на АСНОМ, задоени со исконските илинденски идеали, во чии срца тлееше целосно решавање на македонското прашање за своја независна држава. Го поставив ова прашање, имајќи во предвид дека и мојот пријател беше член на АНОК, а речиси, сите тие го наполнија тогаш Голи Оток. Резолуцијата на Информбирото беше добра прилика осветнички да се постапи према сите членови на АНОК, како и други наши умови и патриоти, кои во судбоносните 1943 - 1944 година ги ставија своите критички забелешки на Манифестот на Главниот штаб на Македонија. Тие понесени од идеалите на ВМРО-обединета, како антифашистички борци, бараа решавање на вековниот идеал на македонскиот народ да живее во своја независна држава, а не половично да се решава македонското прашање, по диктат на политички сили надвор од Македонија, кои преку свои експоненти - инструктори делуваа во Македонија. Одговорот на мојот собеседник беше лаконски. Мошне краток. А имено, и тој почувствувал „дека бил следен, дека и по него се движеле црни сенки.“ Додека го слушав одговорот, пред моите премрежени очи се нижеа измачените, во крв облеани ликови на Ченто,
15
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Д-р Владимир Полежина, Кирил Петрушевски, Д-р Лазар Соколов, Петре Пирузе, Мире Анастасов, Венко Марковски, Илија Митревски, Никола Вржалски, Димче Аџимитрески, Бане Андреев... Трогателно зрачеа черепите на Панко Брашнаров, Павле Шатев, Богданов... И се прашав, кој аршин нив ги мереше? Кој ги подели? Нивните животи веќе одамна не се допираа. Беа оддалечени едни од други, како два брега кои постојано се продлабочуваа, под налетите на дивите поројни води. Едните тонеа во песочната бездна на пеколот, другите матицата ги носеше во мирните океани да се вљубуваат во сјајот на култот на личноста, поданички извршувајќи ги неговите наредби. Чувствувам извесна неудобност во мојот собеседник. Нешто вриеше во него: сожалување или задоцнет миг на каење. Во неговиот поглед протече немир, а лицето му изразуваше маска на почит, „на разбирање и доверба“ исткаена со грижа на совеста, тој сокриен сомнеж и страв, како да сакаже да каже, дека времето ја уништило дамнешната љубов кон нив, останало само бледо сеќавање. Во тоа време, црниот хаос ги кршел слабите карактери, ги нуркал во својот егоизам и во себезатворање, плетејки ги искариотските игри во кошмарот на тајната вечера. А сепак тие, коишто во текот на животот беа фрлани на маргините, како понижени, животно мртви, оставени во заборав, таа да кажам долготрајна разочараност, на премногу девствените, искрените, сентиментално чистите човечки суштества кон татковината, се покажува дека токму тие биле единствен вистински продолжителен крик на гордост и достоинство, од нивното раѓање до нивната смрт, за кои денес болно, но гордо свидетелствувам.
16
Н и кол а Кљус е в
3. Во продолжение на разговорот со мојот собеседник поведовме дискусија по многу теми. Особено, за претстојните први парламентерни избори во Македонија; за еуфоријата на формирањето на многу политички партии и сл. 1990 година беше исполнета со романтизам и еуфорија и веќе тогаш сфатив што сé може да се крие зад фасадата на политичките игри. Почнаа да се регистрираат мноштво партии, на секое племе, од секој род. Искажав загриженост околу формирањето на партии по етничка основа во услови кога треба да се изградува демократско граѓанско општество, како и формирање на инородни партии каков што беше случајот со: пројугословенската Реформска партија на Анте Марковиќ, Партијата на Југословените, Движењето за Југославија и сл. Дискусијата се сведуваше на тоа, како да настапиме во врска со овие појави во т.н. „Гошева Комисија“, во која бевме и двајцата членови, а во неа членуваа голем број меѓу нас поранешни критичари и еретици на системот. Му предложив на мојот собеседник, во предизборието да се формира еден поширок сојуз на демократски сили на Македонија во кој би влегле голем дел од штотуку формираните партии, како би се сочувало националното демократско јадро во Македонија, зашто ценев дека е неодрживо да се очекува било какво сочувување или механичка трансформација на Сојузот на комунистите. Доаѓав сé повеќе до сознание, дека за претстојните промени Сојузот на комунистите на Македонија не може да биде носечка сила на промените. Таа партија беше доволно искомпромитирана во стариот систем, носејќи ја врз својот грб хипотеката на злото што нужно доведе до хаосот. Иако, притоа, младото раководство избрано на десетиот конгрес на чело со Петар Гошев направи крупен завој оттргнувајќи се од тврдата бирократска пресија во Партијата и од патерналистичката
17
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
прегратка на Сојузот на комунистите на Југославија и како такво носеше надеж за промени. И покрај тоа, баластот во Партијата беше непромостив, и психички, и идеолошки, и емотивно. А историската хипотека грозоморно притискаше со сите зла нанесени врз народот и како таква, беше одбивна од самиот народ и огромното членство на Сојузот. Мојот собеседник начелно се согласи, па дури и предложи да се нафрлат стотина авторитетни имиња за потенцијални идни пратеници и останати функционери. Но, притоа, тој постави едно оградување. Имено, во таквиот сојуз на демократски сили да нема место за штотуку формираната партија на ВМРО - ДПМНЕ, а тоа да биде заклучно со МААК. Навистина јас бев симпатизер на МААК, но кај мене зачудувачко прозвучи оградувањето од ВМРО - ДПМНЕ. Уште повеќе и поради тоа зашто јас немав доволно информации за оваа партија, која тукушто се издвои од МААК. Тоа негово гледиште остана мошне енигматично во мојата свест, особено ставајќи го во контекст на подоцнежните појави, кога од многу нас се бараше подршка токму од оваа Партија, од интерес за позицијата на мојот собеседник, како и за донесување на значајни одлуки во Парламентот. Но, сите овие разговори, предлози, идеи останаа попусти, иако беа изнесени во спомнатата Комисија. Таму се изнесоа жестоки критики на пројугословенските партии, означувајќи ги како нови инструктори од типот на Темпо за време на Народно ослободителната борба, но сепак не дојде до распуштање на Сојузот на комунистите и формирање на Сојуз на демократски сили на Македонија. 4. Почна предизборната кампања. Мојот собеседник стана мошне активен говорник во полза на старата партија со преобразено име. Брзо ги обиколуваше градовите и селата. Го за-
18
Н и кол а Кљус е в
ложуваше својот авторитет во полза на листата пратеници на таа Партија. Честопати се прашував кои се мотивите за неговото толку активно вклучување во предизборната кампања на страната на оваа Партија. Но, набрзо се разбра, дека мојот собеседник и претседателот на оваа Партија дискретно си ги поделиле функциите во идната структура на власта, едниот за Претседател на државата, другиот за Претседател на владата, очекувајќи дека на изборите сигурно ќе победат. Но, изборите покажаа сосема поинакви резултати, оваа партија не доби мнозинство пратеници во Парламентот, и не можеше да се реализираат двете водечки места, па оттука расцепот помеѓу овие личности беше неминовен. Подоцнежната пракса недвосмислено тоа го потврди. Јас во тоа време, го задржав своето мислење и не влегов во ниту една партија. 5. Околу пет часот попладнето се збогував со мојот собеседник. Се упатив кон кејот на езерото. Седнав на една клупа и почнав да ги раздиплувам своите мисли од долгиот разговор, да им дадам ред за паметење. Уморно размислував со наведната глава, а и околу мене како да беше сé наведнато кон езерото: и чемпресите и леандрите и тешката августовска заморнина што легнала врз просолзените лисја на врбите натажени кон водата. Во таа тишина и заморина го слушам тивкиот жубор на водата и писокот на штурците. Денот се лизгаше врз блесокот на езерското синило. Потполно се опуштив на клупата и го кренав погледот кон небото. Тоа сино позлатено небо беше исполнето со сонце, кое низ моите зеници ми назираше во срцето, како да сакаше да ми ги просее спомените од разговорот кои треба да останат во мое трајно сеќавање.
19
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
6. И повторно гледам кон сонцето, о Боже, колку силно денес живеат нештата околу мене, пред мене, во мене. Ја газам патеката под моите нозе, дрвјата се прегрнуваат врз мене, низ водата се лизга мојот поглед сé до декорот од раскошни вили на другата страна на брегот. Чекорам бавно по крајбрежната патека. На моменти ја кревам главата и со израз на одобрување го гледам езерото. Во езерото со својата милозливост се огледува Бог, а во тие мигови и јас како да зборувам со Бога, прашувајќи го: кој тоа таму во соседството се дружи со светите храмови на Климент, Наум и Јован и мисли ме носат до ѕидините на старата цитадела во чија тишина се скротил сонот на воинствената моќ на Самуила. Чувствувам лесна миризба. Дише летото во фолклор од ведри бои. Убаво е езерото, се одмара со зелената природа испрана во него. А каде, каде летат моите мисли, кој ветер ги гони, која сила немир им внесува и повторно натежнале во мене? Дали тие се навраќаат на тоа што било? Повторно се обѕирнувам околу. Гледам, јас сум тука во овој болскот од убавина, од свежина, а мислите таму далеку бегат до пеколот, до изворот на незаборавот. И добро што е така. Некоја сила ме влече да врвам по жилата на мојот опстој. Нештата околу мене се условени, постојат едни за други, а тие нешта во мене едни против други, тоа моите мисли се борат со нив да им го усогласат ритамот на нивниот ôд. Посакав таа желба да ме води во иднина. 7. На крајот, гледајки ја немирната игра на сончевите зраци низ брановите, ме обзеде пријатно чувство на помин во Охрид во дните на истрошената моја младост, кога брат ми
20
Н и кол а Кљус е в
Тодор сакаше да ме закрепне и да ја врати насмевката на моето лице изгубена во морските окрвавени камени спили. Во тие дни останува сé трајно запаметено. И така мислата ме враќа на убави спомени, а блага насмевка го дарува лицето за тоа што било. Се сеќавам, во летните прошетки каде миризбата на розите и јоргованите милува, вљубените моми ретко излегуваа на бел ден. Тие во Охрид сал во приквечерините излегуваа на цветното корзо и крадешкум фрлаа отстрана заводливи момински погледи врз момчињата кои жедно ја пиеа топлината намокрена со страст во нивните очи. Тоа ми остана во трајно сеќавање од овој егзотичен град во далечните рани педесетти години. 8. А сега е лето 1990. На плоштадот во Охрид ечи некој гласноговорник. Бара да пука со шмајзерот на Ченто, да сече со мечот на Александар. Група народ еуфорично аплаудира. Тој народ сака да чуе за својата историја, за својата вистина. Но, кој е гласноговорникот? Велат бил некој Богдановски. Од мојот собеседник по извесно време слушнав дека „тој бил проверен двоен доушник, на две соседни земји.“ Мојот собеседник кажа дека добро го познавал.
21
СТАРИОТ ПРОПОВЕДНИК
1. Мојот главен собеседник беше учен и даровит проповедник. Тој владее и со методи, и со разработена техника на убедување во своите проповеди. Сé зависи со кого ќе се сретне и за кои прашања станува збор. Располага со широк дијапазон на различни стилови, исказни средства и форми на проповед. Длабоко се врежија во мене првите средби со овој вонсериски проповедник. Овој пророк, кој интимно многу малку го познавав, во мене будеше љубопитство да го слушам, иако некаде во мене лежеше скриен сомнеж за кажаното. Нешто што лебдееше како потреба да го сознаам, а сепак, остана кај мене недофатливо, недоволно спознато, магијски недоречено. И затоа би сакал, за овој загонетен Стар проповедник нешто да кажам, нешто што се врежало во мене. 2. Се сеќавам во првите средби тој покажуваше страдален и грд изглед. И чиниш некоја глува сила тече од него. Како
22
Н и кол а Кљус е в
некој ветер кој сака да те искорне; по малку чудна, по малку возбудлива кревкост на оваа сила, на оваа цврстина. Си мислиш ништо не може да ја сопре, а сé може да ја скрши. Гледајќи ја неговата глава, како да откривам во неа јасност, ко висок воден столб што расплиснува пенливи меури од болскот, а тие брзо исчезнуваат, за да потоа се појават други форми, други комбинации и движења и така гледаш едно чудо ситни, но пријатно возбудливи движења. А одзади, во темните агли на таа глава лежи скриено, нешто нејасно, недефинирано, нешто што буди љубопитност. Таа вечна енигма на неговата недофатлива мисла, што постојано возбудува и разочарува, постојано ветува и не остварува. Една чудна еквилибристика, која станува сé попроѕирна, која почнува да ја разоткрива неговата полвековна херметички затворена душа. Душа која во радостите и изобилството страдаше, болно се измачуваше, зашто во неа не допираше природна промаја, да ја прочисти. Тој изгледа како да не се препознава во својата болка, страдајки со некоја луда благодарност, иако паѓа во бездна. Но, попусто се прашувам. Не знам! Тој долго живееше во таа шарена илузија, во сопствената поделена душа. Тоа оставило траги, црни бразди: во карактерот, навиките, манирите, во начинот на живеењето, во стилот на однесувањето со луѓето. 3. Кај него сé е вкочането, скаменето: неговиот мраморен изглед, заледен поглед, вкочанета става. Сé е скаменето и мртво: амбиентот што те опкружува, низ предметите ползат сенки на минатото, воздухот го изгубил својот здив во собните ледени прегратки. Дури чувствувам, како ноќта колебливо навлегува во собата. Таа е тука, не се гледа, но морничаво навлезе меѓу нас.
23
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
4. Во оваа фантамазгорична средба Стариот проповедник упорно зборува, убедува, а мене во градите ме стега јанѕа. Студот ми ги заледува мислите што бегат, како да се изложени на исчекување и како во темното сивило да ме обзема нешто невидливо, како некоја туѓа енергија да влегува во мене. Во тие мигови се трудев, барем по нешто да откријам: во неговиот поглед, во зборувањето, во гримасите, по што би можел да ги определам неговите чувства. На мраморното лице течеше лажен мир и здодевна монотонија. Тој во средбите, во разговорите не оставаше ништо на случајноста. Сé беше изведувано до совршени моменти. Во определени мигови, благо ќе воздивнеше, ќе затрепереше со густите црни клепки, низ чии отвори ѕиркаа ситните прекорни очи, како да бараа послушност. Неговиот нос му го преземаше сето лице. Под таа рамка извираа две тенки мистично стегнати усни, чие повремено растегање, продолжено до спуштените уши, откриваше една неопределена насмевка што исчезнуваше во стаклестите црни зеници на ситните очи. Незабележливо ги стврднуваше своите брчки и ја започнуваше одново својата напорна, но веќе уиграна работа на убедување. Од време на време ќе ги прекрстеше рацете или милостиво ќе ги споеше дланките, како будистички свештеник, а врз испружените прсти ќе го потпреше својот нос и говорењето добиваше свечен тон во прекрасната магија на зборовите, со кои ја искажуваше сугестивната мисла. 5. Средбите кај него зачестија. Тој беспрекорен Стар проповедник покануваше редовно со мене уште еден, во тоа време би рекол, недоволно дефиниран пријател, за постојано да ми
24
Н и кол а Кљус е в
кажува, колку се блиски и успешни проповедните сеанси и колку носат инспиративност. Јас лаконски му потврдував, а потоа со блага умисла ќе му кажев, тоа се „добри лекции за добри ученици“. Тивко го прашував: „но до кога ќе бидеме такви“? Пријателот велеше: „Да, точно. Но гледаш, пак нé убеди и не можеш да кажеш, дека проповедникот не е во право“? Така се разделувавме и заедничките сеанси ако не секој ден, преку еден или два дена се повторуваа. Но набргу, тие се повторуваа и по форма и по содржина. Веќе не откривав во нив ништо ново и почнаа истите да стануваат здодевни. Меѓутоа, Стариот проповедник ја постигнал целта. „Учениците“ станаа послушни во насоките во кои отвораа простор, да се зацврстува стожерната позиција на проповедникот. Кај мене остана недоискажано едно бранување на револт. Јас го потиснував во себе. Мојот недефиниран пријател штедро ја стимулираше приврзаноста кон Стариот проповедник и почнав да чувствувам како инквизиторот потајно навлегува во мене. 6. Потоа, проповедникот почна да ги држи своите проповеди на некои од помладите пријатели. Еден ден влегов во собата на проповедникот. Седнав настрана на другата маса со подзагрижени мисли во себе кои ја натежнуваа мојата душа. Се загледав во неговите очи, тие како да ми велеа да си одам. Но, јас се покажав неучтив, не си отидов. Ме совлада една чудна љубопитност. Тој беше во заносен разговор со еден млад соработник. И слушам, проповедникот одеше далеку со својата мисија на убедување, уште подалеку, дури толку далеку што собеседникот не можеше веќе да ја следи неговата мисла. Агонично опседнат во магискиот збор на агонизираниот проповедник, сетив на крајот, како по некое чудо, младиот
25
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
соработник остана испран од дождовната бура на проповедта и стана мирна залутана овчичка која покајана влегуваше во неговото трло. Тој млад, остана до ден денес да живее во агонија на проповедта, ревносно извршувајки ги сугестиите и намерите на проповедникот. Така Стариот проповедник ги „лечеше“ душите на разбрануваните бунтовни мисли кај своите поданици. Гледајќи го овој млад човек, ме обзеде непријатно чувство. Нешто згазено, понижено видов пред себе, од чиишто очи течеше нејасна болка. Тој натажен болен поглед ме врати во раните младешки дни, кога проколнети проповедници со измачено тело ме тераа да се колнам со исповед пред еден портрет со пркосен лик и блеснато самозадоволство. Така гледајќи, во еден момент таа блескава насмевка на тој пркосен лик во моите очи се замрачи и остана од него само еден безбоен, пепелав талог, што цел век ме потсетува на гроза. Таа гроза обележа цела една епоха исполнета со страв, солзи и крв. 7. Се прашувам, дали овој човек со своите окултни проповеди крие во себе некоја езотерична доктрина, негова или пилотирана однадвор, со одредена намера и цел или тоа е кумулирано искуство, желно од прва позиција да проговори, искуство собирано од култови на кои со ревност им служел. За да се располага со така моќна сугестивност во проповедта, на моменти своите собеседници да ги доведува до степен на мистична екстаза, да агонизираат, значи дека поминал многу школи, многу организации, дека се здобил со високи степени, дека служел мошне успешно во сложени услови и останал недопрен во еден суров систем на страв и покорност, во систем во кој негови дамнешни пријатели и другари биле
26
Н и кол а Кљус е в
жестоко гилотинирани. Додека, тој стар истрошен хедонист, со години ја ставал како ној главата во песок и никако не почувствувал идиосинкризија спрема тој суров систем, туку мошне успешно се качувал по неговите скалила, сé до врвот на земскиот трон. И почнав упорно да го барам клучот за да ја откријам мистеријата на неговиот живот, неговите кревања и паѓања, неговите радосни и тегобни мигови. А пред сé, мистеријата на неговото враќање и качување на владетелскиот трон. Тоа за мене остана магиски нејасно, доколку подоцнежната пракса не исфрли на виделина некои појави во својата опачина, што во иднина ќе бараат педантно испитување, особено реперкусиите што ќе следат врз општественото и политичко битие на нацијата и државата. 8. Во спрега со цивилизацијата и варварството, што постои само како спротивставен ентитет, човекот - партијата кој за себе вели дека се бори за мир, дури за мир по секоја цена, има сериозно право да се запраша, дали воопшто постои како извршител на „правдата“ на еден систем кој самиот се оправдува со постоење на деструктивна човечка ентропија. И со право треба да се прашаме, што значи тоа мир по секоја цена? Дали тоа не значи и мир без промени, нешто како контемплирана мирнотија, или уште подобро, како што би рекол Мигел де Унамуно (во книгата Агонија на христијанството) „овековечување на моментноста“, на сегашноста, како некоја фузија на минатото и иднината, на споменот и на надежта, во една секогаш вечна сегашност, за да се слави на живот месијанската улога на владетелот. А внатре во тој „недефиниран мир по секоја цена“ се одродува родот, се топи нацијата, језуитски агонизираме за независната држава, во која се фрла семето на злото, семето
27
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
на мултинационалноста, за утре нашето тело да биде полесно изглодано, исколвано од канџите на темните орли. Зашто секој ден стануваме свидетели на жалосни појави, исполнети со трагични последици: самоубиства, убиства, пазарење околу национални вредности, масовни грабежи, силувања и криминални појави, ерозија и агресивна пресија врз духовниот, образовниот и културниот живот однатре и од опкружувањето и сл. 9. И денес Стариот проповедник сé повеќе ја концентрира моќта, качувајќи се на спиралниот врв, да се напојува со нови информации и да се инспирира за нови проповеди, за да стивне гревот во долината на плачот. Така, обмислено и настојчиво се ткаел црниот вел со кој нé покри на последниот трагикомичен ритуал, без Проповедникот да испее надгробна молитва, без да го прости „гревот“ на жртвите. Сега веќе нема нови размисли, нема предизвици и ново видување, нема опонирање. Сега има потонување во патетична мономелодрама. Има солзи во очите на Тие за изгубеното, продаденото, неповратното. 10. Школата од која произлегуваше Стариот проповедник не поднесува да му се пркоси или да му се замрачува личноста. И се прашувам, дали е возможно да создава во себе претпоставки на љубомора кон нас, кога со безгранична љубов и предаденост работевме и бевме поблизу до народот. Народот исплашен за својата иднина, во грч секојдневно излегуваше на улица, било да искажува подршка за ставовите на Владата, било да бара одговор за низа прашања од интерес за својата егзистенција или за своите деца насилно фрлени во војната,
28
Н и кол а Кљус е в
барајќи да се вратат дома. Тоа трепетно пулсирање на масата барајќи промени, поблизу одѕвонуваше во нашите срца. Зашто ние претходно со години ја делевме заедно судбината и ги истражувавме неговите болки непосредно. А сепак, нешто гребеше во неговите гради, неспокојство, престиж, желба за себеистакнување. Нешто, што подоцна, некои подлизурковци почнаа јавно да го искажуваат, да пеат оди за месијанската улога на владетелот, и тоа оние, кои сé уште не си го беа испрале засраменото лице од сопствената полувековна агонија кон култот на личноста. 11. Таквите појави во главата на Проповедникот секако, создавале сомнеж и неповолност кон нас, што се искажа во идните разврски. Затоа, во критичкиот миг, тој остана молчелив свидетел и затскриен креатор, чија замолкната уста даде благослов на срамниот ритуал. А каде беше ветеното заедничко одење, ако дојде до таков чин? Каде ја остави вербата кон целта, така исконски што ја посакувавме, на која безгранично £ служевме? Властољубивоста беше поблиска од ветениот збор. Од верноста и пријателството. Престанувам да сфаќам, какво задоволство воопшто можам да најдам во неговиот измамнички, тврдокорен изгубен поглед. Па дури откривам, како во мене се бранува навреда на моето достоинство. Пред да излезам од тој кошмар, му го покажав моето отворено лице, за да го врежи во своето сеќавање - колку гордост и чистота има. Се погледнавме со заледен поглед. Гледам во неговите очи тежок изморен поглед, кој како да ме соблекува за да ја измери репулзијата на мојот гнев од нивното гнасно сценарио на подлост и измама. Погледот сам кажа колку сме далеку
29
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
еден од друг. Подлоста и девственоста се исклучуваат самите. Остана една темна сенка од она што било. 12. Јас останав негибнат во мојата чистота. Таа ја напојуваше мојата става простум. Во тој миг, погледот на еден зад мене со палка в раце, со викотен глас, една сурова личност која „скротуваше“ човеци, беше исполнет со ироничен блесок во кој блика разонода и задоволство. Неговиот поглед ме одмеруваше речиси со непријателско љубопитство. Тој ликуваше, во омразата бараше разонода. Се разбира, би згрешил ако би се покажал нежен спрема овој манијак. Тој е чудовиште од мизантроп. И си реков каква случајност, овој натрапник и изитрен манипулант меѓу нас. И сетив во мене како расте лутина. Таа мина низ мене во витли. Беше тоа како морници, напор на мојата свест да даде отпор, и тоа го сторив во еден спонтан настап, емотивно отворено говорејќи за нашиот напор во изградувањето на самостојната македонска држава и задгрбните политички манипулации во тој процес. И гордо, простум станав да гледам, како некои се препелкаат во калта и со изгнасени лица ги доловуваат фаровите на власта. 13. Но, кога конечно ќе остане сам Стариот проповедник, со ниските удари на сеќавањето, со пламените и весели спомени, со неочекуваната мелодија од некоја песна и со сите патетични, патем и весели и болни моменти, што ги содржеше нашата заедничка приказна, кога ќе се обиде порано или подоцна да го пречкрта во своето сеќавање сето она што било диво, подло и необлагородено, што ќе прави тогаш? На кого ќе се потпре? Зашто, само понизните и немоќните остануваат зад владетелот. Кога веќе тие врз кои се потпирал му го по-
30
Н и кол а Кљус е в
кажуваат патот кон бездната. Кој ќе може така добро да го сфати, да го подржува како што го правевме ние во почетните чекори кога сосема кревко, несигурно се исправи врз плеќите на нашиот авторитет. Тоа ќе му остави длабока лузна, што постојано ќе го измачува. Таа ќе му го растреперува срцето, ќе му создава болка, додека еден ден не се обвини самиот себе. Зашто, ако некој не го почитува добриот совет на пријателот и е склон кон советот на грешните, тој набргу ќе се најде во канџите на своите непријатели. Во случајот, праксата ја потврди ова дамнешна поука од Панчатантра. А можеби, тој воопшто нема да се врати на таква помисла?! Можеби неговите нерви до тој степен отапиле, ја изгубиле секоја чувствителност и веќе живее во светот на бессетилните аморфни суштества? Сé е можно! Тоа конечниот арбитер - времето ќе го покаже. Тоа време тече пред нас, ја доловуваме веќе неговата миризба. 14. Кога такви појави и сфаќања ќе избијат на прв план и почнуваат да ги загрозуваат темелите, тоа е веќе знак на болест, а не на здравје. Посебно укажувам на ова тенденција, која по инерција продолжува од системот на едноумието во кој се задушуваше слободниот дух на достоинствените творци. Зашто изворот од кој се напојуваше тој систем ја труеше крвта и на творците и на народот. Само подлите поданици и кршоребетници се однесуваа и сé уште се однесуваат како свитливи трски, што се наведнуваат пред налетот на бурата, за да го исперат срамот во водените бранови. 15. Цутот на убавите зборови во кои плод не се заврзува, е цут на лажна мисла и измамничка проповед во празна уста.
31
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Тоа е цут што затровува од устата на алчниот. Во неговата алчност секогаш нешто недостасува, и при голема моќ, и при големо богатство, и при голема среќа. Зашто измамникот и алчниот не мислат на опасноста додека се жедни за задоволство и слава. Тие со слатки зборови почнуваат, а на крајот јазикот им сее лаги и отров. Како такви, во својот егоизам, тие влегуваат во сопственото себеуништување.
32
ВЕРБА И ИЗМАМА 1. Човекот е суштество кое сака да се дружи, да разменува мисли, да верува, да се сомнева. Тој живее во пламенот на проверката. Да чуе што мислат другите за него, колку е прифатен; колку неговите мисли, предлози, видувања, побудуваат интерес во неговото опкружување: пријателско, стручно, професионално, општествено. Секој човек вечно се вага на тасот во туѓите очи и мисли што го мерат. И така, секој секому „робува“ во обѕирите, оценките, злобата, радостите. Од каде таа желба на човекот да се докажува, проверува? Постојано да трепери пред туѓото мислење, сфаќање, намера? Колку се тие објективни, исполнети со добри намери, колку носат потстрек за нови потфати? Колку ја разигруваат мислата, идејата кај другиот? Или пак, тие го туркаат кон инертност, декуражирање, го блокираат патот кон неговите потраги, размисли и интереси? Чинам тоа произлегува од човековото дружење, од неговото општествено условување, од желбата за човекување.
33
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Неговите желби, мотиви, интереси го гонат стално да се докажува, преиспитува, соучествува. Да успева да напредува, да доживува внимание и почест. Да сака и да биде сакан и почитуван. Тоа е тој спонтан нагон на човекување, на дружење. Во сферата на создавањето, креирањето влегува со свесна обмисленост. Го носи мислата, чувството, во своето постоење, со својот труд нешто да создава, формира. Тоа е тој чин на себе искажување, себепотврдување, дека постоел на овој свет, дека оставил трага за паметење. 2. Се прашувам, што е тоа, што нас луѓето нé чини еден од друг различни во интересите, погледите, амбициите? Од каде толку разлики во карактерите, желбите, апетитите? Толку подлости, измами и алчности!? Толку добрина, верба и љубов!? Толку самоодрекување, жртвување!? Човекот во своето постоење како индивидуа, со право да ја брани својата особеност во креирањето на светот и својот сопствен живот и делување, станува доминантна антрополошка, социјална и етичка доктрина. Во таа смисла, Вилијам Џејмс (во својата книга Прагматизам) вели: „Мислителите, воопшто луѓето, се делат на два вида: оние со нежен дух и оние со жилав, тврд, корав дух. Нежните типови ги обожаваат „принципите“, тие се за рационализмот, идеализмот, монизмот, тие се догматици. Тврдите типови се свртени кон „фактите“, тие го застапуваат емпиризмот, материјализмот, плурализмот, тие се скептици. Затоа тие меѓусебно не се трпат: едните „нежните“ ги сметаат за сентиментални и слабаци, а за другите „жилавите“ се непрефинети, сурови и груби“. В. Џејмс во својата анализа настојува да се сретнат добрите страни на овие два основни човечки стремежа. За таа
34
Н и кол а Кљус е в
цел, тој го нуди прагматизмот. Но, тоа е тешко остварливо. Во прашање се карактери, интереси, желби. Во прашање е проклетството на генот и условите што го формирале човекот. Човек не може да се исцрпи. Но, затоа луѓето имаат белези за паметење, за распознавање. Луѓето на површината на својот живот, на своето постоење, оставаат белези за паметење. Тоа е тој чудесен декор што нé опкружува. Ако се растопи глазурата на тие белези во нас и околу нас, ќе остане аморфна маса, хаос и застрашувачка блудна голотија, како што би рекол Сартр. 3. Размислувајќи за човековата различност, а и блиска сродност по некои белези, внимание ми го привлекоа некои личности, кои како парадигми човек треба да ги има на ум. Да биде претпазлив, да ги има како прототипови на измамност, превртливост, на изгубена верба во нивниот збор, мисла или акција. Едноставно, да се третираат како парадигми на злото. Негација на боженствената верба и чистота. Такви ги има многу. Свртете се околу вас и обидете се да ги препознаете. Јас би сакал да ви помогнам во тој напор. 4. Од галеријата на многуте типови, познавам еден чиешто зборување мошне го изостри мојот слух. Така што, никогаш моето уво не разликувало толку „фини“ звуци, исполнети со тивко шепотен глас, во одмерена ритмичност која благо поминува во монотона меланхолија. Тој зборува, убедува, сугерира. Во твојата свест влегува нешто немерливо. Млазеви шум те плискаат, те занесуваат во светот на енигмите, неизвесностите. Ова од причина, што секогаш се презголемува она што го слушаш во собеседникот, она што не ти било познато или што
35
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
си го потценувал, како нешто недостојно, ниско, банално. Треба да се каже, дека овој човек е интелегентен. Тој знае да прашува и одговара. Тој ја познава вредноста на зборовите, токму кога сака да те измамува. Тој располага со огромен капацитет на убедителност, сугестивност. Тој е типична парадигма на превртливост. Во итрата мудрост, мислата му тече лаконски. Неговиот собеседник бргу станува лесен плен во неговите опсервации, станува опседнат, ги прифаќа неговите сугестии. Овој човек е исполнет со богата пракса. Ги триел, миел и прилагодувал своите мисли спрема вкусовите на тие од кои зависел. Тој станал изитрен уметник во глумата на превртливоста. Мошне лесно го води дијалогот, проследен со благи гримаси на мраморното лице и со студен поглед. Будно го следи вниманието на собеседникот. 5. За да ја надополниме сликата на овој тип превртливец на помош го повикувам стариот Теофраст да ми помогне во описот на човек со превртлив карактер. А имено, превртливиот човек вели Теофраст (во книгата Карактери), свесно ги намалува своите дела и зборови. Тој пристапувајќи кон своите непријатели подготвен е љубезно да зборува со нив, и со ништо не покажува дека ги мрази. Оние пак, кои зад грб ги озборува, ги фали кога се пред него и им искажува сочувство, ако во нешто пострадале. На клеветниците кои го напаѓаат им опростува и не се „лути“ што против него сешто изнесуваат. Со оние на кои неправда им е направена и кои се поради тоа гневни, зборува милозливо. Ни една работа што работи не сака да ја признае, туку вели „тукушто размислував за тоа“. Ако нешто слушнал, се прави како да не чул; ако видел, вели дека не видел; или ако
36
Н и кол а Кљус е в
нешто кажал (признал), се прави како да заборавил (не се сеќава повеќе на тоа). Еднаш изјавува дека ќе размисли за тоа...., другпат вели дека за тоа не знае ништо, потоа вели дека се чуди за тоа, и на крајот ќе каже дека веќе еднаш и самиот на тоа мислел. На кратко, вели Теофраст, тоа е човек кој многу итро се служи со вакви изјави: „Неверојатно!“, „Несфатливо!“, „Запрепастен сум!“. А потоа, следејќи го собеседникот што ќе каже, тој станува сосема поинаков, па ќе рече: „Пред мене тој и тој така не зборуваше;“ „Чудни работи!“; „Ти тоа на друг да му раскажуваш!“; „Навистина не знам дали Тебе да ти верувам или него да го осудувам“; „Припази да не си премногу лесноверен!“ 6. Вршејќи анализа на ваков егземплар ќе дојдете до сознание, дека интересирањето што го предизвикува овој човек, не трае долго. Се откриваат бргу механизмите на неговите исконструисани, превртливи погледи и ставови. Патувајќи во животот низ веригата на разни функции, сé до врвот на владетелската пирамида, овој човек со сладок шарм ги убивал во себе зборовите, мислите, па дури и самиот себе се убивал и не останало во него ништо што може во животот да го краси. Долгиот животен пат оставил сериозни траги врз овој човек. Во неговите стаклести зеници патува матен, не би рекле склеротичен, поглед, во некоја изгубена насока, а олабавените усни со дебели бразди од двете страни, тромово се лизгаат низ виснатите гушки, како да изгубиле здив, како да се презаситени од кажаното. Неговите видувања, ветувања, сугестии стануваат празни и разголени во праксата. Изостануваат ефектите од зборлестите убедувања. Пред собеседникот за кусо време остану-
37
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
ва оголено, суво стебло без зелена крошна од плодови. Човек треба да има извонредно чувство на критичка опсервација и суптилен критериум да ја просее лагата од случајно погодената вистина во неговите проповеди, за да го оцени интензитетот на измамата и превртливоста во неговите настапи. Само така постапувајќи ќе може да се донесе оценка за карактерните особености на таков човек. 7. Ќе помислете дека зборувам само за еден ваков егземплар. Не. Опишаниот е само парадигма. Тој има многу близнаци во нашата средина. Тие се добро распоредени, „мудри челници“ таму каде што се одлучува. Тие не делуваат случајно, тие се добро организирани. Имаат интуиција и мошне добро го почитуваат хиерархискиот ред. Чувствувам против мојата волја како ме опкружуваат. Колку „милостиво“ постапуваат со мене, а потоа, како Понтиј Пилат си ги перат рацете. Фала му на Бога, веќе почнав добро да ги распознавам. Затоа, го молам читателот да се обѕирне околу себе, дали нема да препознае некои од нив. Но во животот, лажните ветувања исчезнуваат. Те опфаќа разочарување и репулзија од измамите. На крајот, констатираш со ваков тип на човек ништо не те врзува и не те потсетува на блискост, еден кон друг. Тој станува бргу мртов, заборавен во твоите очи. Иако притоа, жедта за слава, пркос и власт му ги отвора алчните закрвавени зеници и станува зол, опасен. 8. Познавам еден друг, мошне близок на веќе опишаниот погоре, како да се близнаци во начинот на однесувањето со луѓето, во пристапот на убедувањето, ветувањето, а пред сé,
38
Н и кол а Кљус е в
во превртливоста на своите ставови и двата прототипови носат извонредна маска на почит и љубезност кон собеседниците, префинет стил на убедување. Се прашуваш, кој од нив е поитриот, „помудриот“, кога знаеш дека и двајцата ги ожнеале богатите земски плодови, се искачиле на висок земски трон. 9. Вториот, оној за кој сакам да зборувам, го познавам од поодамна. Споделував едно чувство на блискост и љубов, без многу зборови, интуитивно. Имав многу причини да изградувам еден посебен однос кон него, во чија што животна спирала имаше многу радости, грчеви и тегобни мигови. Овој човек честопати во разговор ќе се види со подвиткани рамења, меко стегајќи ги сопствените раце што одговара на ритмиката на неговиот тивок говор, би рекол по малку таинствен, со чудна моќ на сугестивност. Човек со питом, такаречи невин поглед, секогаш исполнет со неразгатната дискретност што ја искажува неговата херметички затворена душа. Со насмевка те поздравува, а со топлина на погледот прегрнува и во мигови на средба чувствуваш како со уста те почитува, а неговото срце стои далеку од тебе. Од време на време неговите очи те проучуваат сосредоточено, со наивен поглед во кој добрите луѓе секогаш се сомневаат во постоење на подмолност. Човек со благ шарм и бодликава козерија во која мислата и зборот се расчеречени и не знаеш што повеќе кај тој човек страда: измамената мисла или ласкавиот збор. Тој расчекор помеѓу духовното што истекува од богат резервоар и кажаното со превез на сладок шарм, нешто што се исклучува, а сепак, магиски хармонично се надополнува, делува мошне видливо пред неговите собеседници. Тоа се манифестира и во неговите вторични белези, односно во соо-
39
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
дветната физиономија што природата и генот за показ штедро му го дале. Човек со мошне продолжени образи и изразено Адамово јаболко, ситни вовлечени очи над кои се исправиле густи пласти на веѓи и не често виден, помалку специфичен нос. На дебелиот низок, а мошне подвижен врат, постојано потврдно се клима неговата глава, давајќи интонација на согласност во беседите со присутните, додека мислата длабоко скриена во него е во сушта спротивност со кажаното. 10. Размислувајќи за ваков тип на човек, мислите ме водат да ја откријам тајната на етиката, на вербата, на добрината. И сé повеќе се убедувам, дека помеѓу етиката и вербата стои распнат човекот. Зашто во самата етика, односно моралот на човекот, се искажува двојство, а имено, не е исто да се биде добар и да се прави добро. Има многу луѓе кои умираат без да се огрешиле пред законот и пред Бога, а истовремено без да посакале или направиле нешто добро. Тие луѓе веруваат во доброто, но не го прават. За таков тип на човек обично се вели дека ако нема да ти направи добро, (зашто тоа не го посакува), нема ни да ти одмогне (значи не сака да се огреши). Тој човек прометејски е распнат во себе, помеѓу мислата и зборот, помеѓу етиката и вербата. Тој и без да сака страда пред огништето на правдата. 11. Тоа е човек енигма: во држењето, во погледот, во кажаното. Секогаш недоречен, задскриен во себе. Секогаш барајќи скалила за излез во мигови тешки, препуштајќи ги другите да ги расчеречува стихијата, оставајќи ги на лудата среќа на судбината и тоа независно за кого станува збор, за свои
40
Н и кол а Кљус е в
најблиски или за подалечни пријатели. Тој човек е недофатлив, се измолкнува како јагула, како живо сребро. Чувствуваш во критички мигови како да исчезнува, а сепак е тука. Богат со сите информации за сешто и за секого. Со својата палка благословува или невидливо казнува. Кога е во прашање негов интерес, тој е најнежен и најдарежлив, спрема оние кои му се опоненти, за да ја постигне целта, да ја стиши критиката. А потоа, се плетат сценарија за да се плати цената на критиката. 12. Па сепак, во размислата за овој тип на човек, нешто во мене се пресекува. Нешто Прометејски ме растргнува. Како да не сакам да зборувам за неговите мани и превртливости. Се прашувам, колку тие се резултат на неговиот карактер, на неговите ситни страсти или е подгонет од некоја сила надвор од него, на која верно £ служи, чиј што пленик е?!? Се трудам да одговорам на тие прашања, да им дадам смисла на оправдување. Тие прашања ме измачуваат. Ме прават неспокоен. Ако е заробеник, под било кои околности, би сакал да му соѕидам скалила за излез на слобода. Без оглед што гревот како кошмар ќе тежи во него и ќе го измачува. Ако тоа пак органски е вткаено во неговото битие или поточно, тоа е самиот тој, неговиот карактер, неговата интима што ја носи како дар или казна од сопствениот ген, тогаш оставам небесното огниште да му пресуди, зашто мојот суд би бил неправичен. 13. Познавам еден друг со плиток ум, хазардер и манипулант. Човек со лоши постапки и сомнителен морал. Тој лесно, такаречи незабележително може да помине низ твојата размисла,
41
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
низ тебе самиот, како глув (инаку наметлив дрдорко) незабележлив патник во ноќта, а сепак, го чувствуваш како лош мирис, како нешто да те зачешува во носот, како некој кој ти пренел кијавица. Тој натрапник те скарува со блискиот и ко ветер си заминува. Тој зборлест дрдорко, се вмешува во разговор со проголтани зборови, кажува сé и сешто, како целиот свет да му е познат на дланка. Тој не размислува дека неговиот собеседник познава повеќе, има поточни сознанија и дека со поголема одмереност ги соопштува своите размисли, предлози. Таков човек секогаш го зголемува она што површно го познава. Му тече мислата испокинато. Му излегуваат зборовите од устата нечекано, без размислување. И ете зошто такви луѓе не се во состојба да го задржат вниманието подолго на една мисла. Тој ко ветропир, искорнет од самиот себе лесно исчезнува, се губи. Но зад себе остава хаос, немир, навреди. Кавгаџијата бега. Навредите остануваат. Тие те потсетуваат на одбивност. 14. Една вечер, чинам во месец мај 1991 година во кабинетот на Претседателот на државата, гледам како помеѓу нас двајца од Владата и овој манипулант, се испречува некоја препрека околу некои значајни прашања. А имено, тој човек уште користи надминат начин на размислување, односно манипулирање со луѓето. Пред претставници на Владата, кои партиски не се определени, настапи со невкусно навредување на најголемата парламентарна партија, а особено нејзиното раководство нарекувајќи ги терористи, убијци, непријатели и сл. Јас остро реагирав. Но, сé уште не сум научен, како овој препреден манипулант да користам таков стил на однесување во разговорот и место да бидам внимателен, да го прекинам разговорот со овој неконтролиран човек, се слушам самиот
42
Н и кол а Кљус е в
како го кравам гласот, препуштајќи се за жал да ме понесе неговата стихија, велејќи му: „Каква е таа твоја партија и чиј експонент си ти во Македонија? Тоа не е македонска партија, тоа е југословенска експозитура.“ Ми се придружи и другиот член на Владата, велејќи му: „Таа твоја партија нема ниту стотина члена и меѓу нив ни едно познато име кај нас.“ Во тој момент, препредениот дрдорко со сиот бес рипна од фотелјата, заканувајќи ни се со некоја одмазда и го напушти кабинетот на Претседателот. 15. Го гледам домаќинот со втренчен студен поглед и со стегнати вилици, како ништо да не било, како ништо да не се случило во неговиот кабинет. Низ стегнатите заби, шкрто лизгајќи се испушти два три збора: „Ќе си имате главоболки со овој човек.“ На скаменетото лице му се открадна една блага гримаса, која продолжи до неговите ситни очи, на кои забележав дискретно намигнување. Тој стил на однос во вакви критички мигови, беше препознатлив манир, кога тој не сакаше да ја каже својата мисла со збор, туку со тивко намигнување крадешкум, со што сакаше да сугерира блискост на нашите гледишта. Обземен од тој манир, не обрнав доволно внимание во таквите мигови, дали тоа не се повторува и на другата страна, дали и тој што сургун фати не беше задоволен како и ние? Тој уигран стил на однесување на овој човек, нажалост го открив многу доцна, па така многу оценки претходно донесени од моја страна беа сосема погрешни. Во себе постојано го наоѓам тој миг на згрозување пред некои појави што туку се случуваат.
43
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
16. Настојчиво гледам и настојувам да ја дофатам сликата на тој така лошо запаметен дрдорко. Човек исполнет со омраза, со пакост, со алчност за богатство и власт. Спонтано во мене расте сознанието за осуда на тој низок карактер, полн со сомнителни побуди. Од неговите празни очи како постојано да се ширеше некаква темнина, некаква пустош која целиот го обземаше и како во себе да го носи светот на спомените, носталгично вракајќи се на високите функции што незаслужено ги имал, функции добиени по линија на непотизам и подаништво, а не по основа на знаење и талент. Кон такви типови човек не треба да има обѕири на пристојност, на сентиментално чувство, ниту пак, да го оптеретува сопственото срце зголемувајќи го нервот на неговиот ритам. Едноставно, таков тип треба брзо, без нежност да се напушта. Освен тоа, некаде длабоко во себе чувствувам ѕвон на гордост што помеѓу нас и овој човек можеби веќе се доближува крајот на соработката. 17 Од тој кус период на соработка, јас во своето сеќавање го задржав само ликот на еден носталгичен сојузен функционер. Неговите зборови: терористи, убијци, непријатели ми шепотат некаде во аголот на свеста. И во агонија на слепа страв ме враќаат скоро пред половина век, на оние грозоморни претстави на понижување, маки, страдања и убивања на човечки суштества. Гледам во неговото пепелаво лице и во неговите заматени очи, тие темни прозорци на неговата душа. Гледам во неговата помодрена, распенавена уста од која излегуваат гнасните
44
Н и кол а Кљус е в
зборови на неговиот нечист дух, на испоганетата мисла, алчна за човечка крв. Зборови на осуда! Во мене се пробуди една мисла. Таа настојчиво ми вели: Тој и тие наскоро ќе си одат во заборав. Наскоро ќе се врати спокојот, трезвено да размислуваме за нашата иднина, за нашето заедничко битисување. 18. При напуштањето на Кабинетот, тој се обидува, донекаде театрално да ми остави одреден впечаток. Со кочеперлива става полека чекори и со одмерена дрскост сака да ме испитува. А тој празен, изгубен во просторот и времето, само голата лесно здобиена функција го дрочи како паун. Без мисла, без креација, со празна фраза обликува матна глазура ту на еден, ту на друг проблем, потсетувајќи ме на итри студенти лажговци, кои во својата празноглавост црвенат, плашејќи се да не бидат јавно исмеани. 19. Овој човек вообразен надуенко, гладен за благодарност, инаку Кумровечки воспитуван дека до врвот може да се стигне само преку пирамида на жртви, по која било основа. Тоа се луѓе сиромашни по дух, кои користат најниски методи сé до чекорење до светот на злосторот, само да се искачат на врвот. Такви итри манипуланти, парадигми на еден авантуристички систем, што ги воспитувал да газат по лешеви, грчевито да ги чуваат своите позиции, претставуваат убиствени бојовници, современи јаничари. Тоа се луѓе кои не можат да се замислат без власт. Зашто без власт, тие би биле ништожници, брзо заборавени и презрени од опкружувањето. Кај такви егземплари нема морални вредности, нема
45
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
етички скрупули, нема гордост и љубов кон татковината, нема чувство за национално опстојување. Нивната прагма ги тера да соработуваат со ѓаволот само за да ја постигнат посакуваната цел. Кај нив не е важна смислата на животот, важна е смислата на целта. 20. Несомнено од интерес е да се запознаеме и со други егземплари, кои не се така ретки кај нас. Ги има најразлични, во работата, во меѓусебните односи, воопшто во животот. Ете на пример, во еден свечен амбиент се води дебата за мошне одговорни проблеми. Слушам еден со звучни титули, што ги развлекува, проголтува своите зборови и одвреме навреме зема здив да ја бара својата мисла, а таа му се губи во проголтаните зборови. Подзастанува, почнува со пелтечење да ја бара, никако да ја дофати и ја кажува со мавтање на рацете. На крајот, луѓето се погледнуваат меѓу себе и ништо не разбраа што сакаше „учениот“да каже. Такви „учени“ меѓу нас има многу. Тие се искачиле своевремено мошне високо во државната, а за жал и во научната хиерархија. Обично тоа се луѓе со поданичка психологија во животот. Упорно ползат до врвовите. Ним им отвораат врата политички моќници, задскриени „научни“ креатори и разни непотистички миленици. Иако во своето опкружување малку се ценети, поради своето сиромаштво во духовната креација, тие упорно се качуваат по хиерархиските скалила, заземаат висики позиции, си создаваат материјална удобност. Такви егземплари денес просудуваат што е наука, а што политика. Даваат оценки, вреднуваат луѓе. Заборавајќи на патиштата по кои врвеле, на кого му служеле и покорно се однесувале. Тие се типични парадигми на хипокризија. Луѓе кои со византиска итрина, подло кобат и ти ги копаат очите.
46
Н и кол а Кљус е в
21. Некој неандерталски подвикнува, се заканува, подучува со испрекинат неразбирлив јазик. Го носи поривот на стихијата, плитките политички манипулации од тесните племенски интереси му ја покачува говорничката температура и целиот обземен со сепаратистичка страст, се служи со излитени зборови, блада. Друг зема збор и почнува да медитира со авети, птици, животни. Да гата, да вражи, да се шегува, да засмејува, а зборовите се трошат без да им се дава смисла, без да имаат своја цел. 22. Цела галерија на типови може да се сретнат во овој шум од крикови на луѓе со разни карактери, физиономии и сорти. Слушам од нив нејасни акорди. Чувствувам извесна неудобност од агресивната зборливост, од плиткоумната здодевност, од измамите, манипулациите, ситните страсти и подлости. И се прашувам, дали се тоа крици на луѓе или на крда? Ги барам зборовите и во нив нивната мисла, нивната порака. Остана само едно, да го задушам сопствениот збор, да го вразумам. Да престанам да слушам. Да бегам далеку. Да не ме фати и мене таа зараза, таа чума, таа недолична игра на луѓе, веќе препознатливи по својата одбивност, агресивност и превртливост. 23. Животот спојува многу личности, блиски по своите погледи, склоности, материјални интереси или духовна, идејна и политичка припадност. Врз таа основа стануваат: пријатели, другаруваат или интимно ги споделуваат своите видувања, се
47
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
заколнуваат на верност, дури се саможртвуваат за дадениот збор на верност. Тоа е нешто природно, човечки што произлегува од нивото на културата и етичките вредности на личноста. Да се верува во пријателскиот збор, успешно да се извршуваат преземените обврски, меѓусебно да се помагаат во постигањето на заедничките цели итн. Од другата страна на вербата, стои проклетството на измамата, изневерувањето, предавството. Во таа смисла, може да се каже дека превртливоста, измамата и предавството како карактерни особини на човекот се оценуваат, пред сé, во определбата на битни појави, кои длабоко влегуваат во човековото битисување со сериозни реперкусии врз општествениот живот што се нарекува држава, нација, татковина и сл. Од тој аспект, таквите појави може да се оценуваат како специфичен феномен на кариеризам, алчност, егоцентрична себеотуѓеност, понизно подаништво итн. Во таа смисла, има луѓе кои во младите години се доближиле до тие што ја понеле славата и восхитот на народот и одблизу го слушнале трепетот на нивните срца, а подоцна, многу од нив, во одделни фази од животот, понесени од разни мотиви и интереси лесно станувале експоненти на силата, на тиранијата врз сопствените соборци претварајќи се во нивни денунцијанти и џелати. Додека некои од нив, во зрелите години со нивните постапки и дела се претвараат во суштества недостојни да го носат името човек. 24. Еден егземпларен случај мошне илустративно зборува за лоши и превртливи карактери на „пријатели“, кои иницираат посебни случаи за девалвирање на личности, во случајот на мојата личност. Имено, некои веќе покажале интерес за моето минато. Почнале да отвораат досиеа исполнети со историска праши-
48
Н и кол а Кљус е в
на. Како најважно, почнале да констриураат сценарија: Колку бензински пумпи, колку банки, колку станови и друго измислено богатство сум имал! Како сум добил некоја златна книшка со долари и уште какви ли не гнасотии не слушав и тоа од мошне „загрижени“ пријатели. Тоа беше жалосно дотолку што сето тоа се шири и како зараза пренесува од уста на уста, сé до Претседателот на државата, а кој молчаливо ништо не ми соопштуваше. Место да се плукне на таквите гнасотии и да се расчисти со творците на измислиците, тие потајно се негуваат и не знаеш кој е вистинскиот креатор, кој сé во таа кујна не ставил зачин. Еден мој млад соработник, штотуку поставен на нова функција ме обавестува дека добил задача од Владетелот, да ги испита состојбите. Интересно, нему како да му било тешко мене лично да ме извести, туку повикал мој соработник. Овој по извесно време ми вели: „Вие сте чист како кристал. Тој што ги замешал работите е оптеретен со нечиста совест и се додворува за нова функција. Тој веќе е исцрпен.“ Во случајот вели: „Барав соочување со сите замешани.“ Но, од сето тоа остана „празна шега“, остана сé попусто. Си реков, гнасните методи на денунцирање продолжуваат. Некој бара да манипулира со луѓето. Јас тие методи ги осудував уште од младите дни, кога вриев во казанот на пеколот. Со репулзија ги отфрлав. И ако многу од креаторите на таквите денунцирања беа натежнати со гревови, сé уште не се откажуваа од тие методи. Тоа беше нешто вткаено длабоко во нив, во нивната материја. Со тоа го отвораа просторот за своето владеење. Кај мене, покрај осудите на тие методи, длабоко се врежа чувството да останам чист и достоинствено да се однесувам. Настојував во Владата да се држиме до Законот. Да не дозволиме да избледи споменот на правдата, така силно посакувана во овој нов плуралистички амбиент.
49
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
25. Сознанијата упатуваат на заклучок, дека феноменот на изневерата, измамата, превртливоста се појавува на разни начини, во разни услови и во мноштво форми. Еве некои од нив: Прво, кај карактери кои потклекнуваат пред силата на пресијата, пред моралниот и физички линч каде што се жртвува пријателот со откуп на своите гревови; Второ, слаби карактери кои можат да се корумпираат за постигнување на материјални интереси или некои ниски страсти; Трето, тоа се алчни карактери за слава, за власт, за доминација. Со нивното предавство на движења, на партии и политички идеологии, како и на соборци со методи на политичка итрина, денунцирање и манипулации, преку жртвување на најблиските се качуваат на директорскиот, министерски, генералски или претседателски трон. 26. Препознатливи се нашите „херои“ кои безброј свои пријатели и блиски другари ги отерале во зандани и логори, тие слободно се движат меѓу нас и се менуваат од една во друга фотелја, како да ништо не било. Иронијата на животот нé подучува, дека пропаста на едни отвора пат за кариера на други. Тоа е неумолив закон на тој систем. Тие што се потчиниле на тој закон, добивале некоја полза за себе и своето семејство. Полесно им се отворале дверите за унапредување. Но, притоа, тие луѓе живеат во неспокој, се тресат од страв, зашто ја знаат цената на која што се должи нивниот подем. Тие луѓе, понизни кршорбетници, играат секаква диригирана улога, дури ако треба изигруваат будалетинки и се спремни на семожни злодела, само да го сочуваат својот живот и својата
50
Н и кол а Кљус е в
удобна позиција доколку уште се во состојба на владеење. Тие лица - маски имаат нешто трагично во себе. Како да се отуѓени, изгубени, чувствувајќи се како осудени. Во сопствениот страв гревот како мора им тежи. Дај Боже, иднината својата сенка што побргу да ја фрли врз нив. 27. Тие луѓе агонизираат. Постојано велат дека немаат време. Премногу се зафатени со животот. Крадат сé од животот, сакаат бргу да го изживеат. Робуваат на страстите и во алчноста се изгубени, разлитени без морал и етичко достоинство. Се прашувам, зарем нивната агонија не претставува апологетика? Тука не би можеле да се сложиме со М. Унамуно, кога вели „агонијата не е апологетика.“ Напротив, чинам, ако некој агонизира за некоја идеја, идеологија или за било кој владетел, култ на личност и негово догматско учење тоа претставува повеќе од апологетика. Зашто со такво агонизирање стануваш експонент, апологет и спроводник на такво мрачно учење и идеологија, и со тоа се доближуваш до злосторот и паѓаш во неговата стапица. Ова и поради тоа што кога човек агонизира за некоја идеја, идеологија или личност и е обземен од нив, тогаш ретко мисли со своја глава. Тој човек е типична парадигма на апологет. 28. Познавам некои од тие луѓе. Беа мошне преплашени, криејќи се кога дојде новата плуралистичка власт. Очекуваа дека ќе бидат повикани да кажат за своите злодела. А новата власт со својата гордост не покажа никакви знаци на реваншизам. Напротив, таа власт покажа висока етика на човечност, го
51
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
возвелича тоа благородно, возвишено човечко чувство, што даде можност да го разубави животот. А тоа значеше, да не се дозволи да се имитираат ниските методи на денунцирање и мачење на луѓето, така обилно применувани од оние, коишто во сомнеж денес црвенеат. 29. Светот што го носевме во нашата мисла, тој свет што сакавме да го изградуваме, не сакавме да биде свет создаван со зборови кои нечујно минуваат во заборав, туку да биде дејствителен свет, што ќе живее и ќе ја исполнува нашата надеж за среќа и убавина. Зашто народот со сиот жар очекуваше од нас нова полингенеза на своето национално битие, својата самостојна држава, на сопствениот воскрес, на исконските Илинденски идеали на Гоце, Ченто, Брашнаров. 30. Една јанѕа се крие во градите мои и во грч се прашувам дали ќе почне одново да функционира таа разглобена машинерија. Можеби живееме во миг на нејзин здив, за воспоставување на нови механизми, воведување на нови методи, за одново да почне нејзиниот ритам?!? И денес жалам што не успеавме докрај да ја фрлиме во отпад и таму да кородира и никогаш да не профункционира таа срамотна убиствена машинерија. Зашто со загриженост се прашуваме, од каде оваа нова поделба на политички послушни и непослушни, нова дискриминација на луѓето, нов сомнеж и страв? Дали да веруваме дека е тоа мистерија на нашата пакост? Или тоа е политичка страст, слепа алчност за власт што води кон сопствено самоуништување?
52
Н и кол а Кљус е в
Каде се вербата и надежта во посакуваната иднина? 31. Во праксата се среќаваат разни карактери и разни видови на личности со високи етички вредности во зборот, вербата, другарувањето, но и личности на подлоста, измамата и предавството. Ги има и тука меѓу нас, во нашава приказна. Обидете се да ги препознаете, за да не ги повторите грешките што авторот самиот ги направил во прилики кога премногу верувал во луѓето, кога бил заробеник само на добрите страни на некои личности, потценувајќи ја нивната опачина, грдоста на нивниот карактер и подлиот измамнички карактер.
53
ПРИЈАТЕЛИ И ПОРОЦИ
1 Дали е чесно да се кријат пороците на пријателите, да се лажеме и да бидеме слепи за нив, па дури да сакаме со нивните големи мани да се гордееме и да ги земеме за успешен пример? Некои ќе кажат дека пријателството е единственото нешто што треба да се почитува, над сé друго. Се вели дека тој што ќе го згасне пријателството, го згаснува сонцето на небото. Несомнено е точно она што ни го соопштува стариот филозоф Еразмо Ротердамски, (во книгата Пофалба на лудоста). Секој човек се наоѓа пред искушение во потрагата кон изградување на пријателство и склоност кон некоја личност. Зашто, за да се сака некого, треба да се има и инспирација и мисла, енергија и благородност, и фанатична заслепеност. Тоа е цел еден потфат со нужна подготовка на чувства, за да влезе личноста на пријателот во сетилата ваши и да живее со вас. Зашто пријателот е потпора врз која се изградува довербата, љубовта, поврзаноста. Пријателот е спас од тагата, незадовол-
54
Н и кол а Кљус е в
ството и опасноста. И затоа, при изневера на пријателството, при разните превртливости и колебања со кои се фрла сенка на пријателството, ќе се прашате, зарем тој што најмногу го сакав така подло ме изневери?!? 2. Но, ќе чуете и дека нема човек без мани. Па само лудоста ги врзува луѓето во пријателство. Се разбира, тоа не важи само за „мудреците“ кои филозофите ги вбројуваат меѓу боговите. Меѓу нив, пријателство или воопшто не се врзува или тоа пријателство е здодевно и непријатно и се склучува само со помал број луѓе за да ја одбегнат блискоста, можната компромитација. Така остануваат подзаскриени, фамозни, а такви ги има многу меѓу нас. 3. Постојано сме опседнати од настапи пред ТВ-екраните, радио приемниците, од написи во весници, списанија, разни интервјуа во странски списанија итн., како некои препознатливи личности од медиумите и науката се трудат да создадат потресна метафора од партискиот лидер, од месијанската улога на владетелот или од било кој функционер на владејачката гарнитура, за да покажат колку тие се навистина хумани личности, луѓе без мани, без кои не може да се замисли успешно функционирање на системот, луѓе миротворци, а со цел посилно да блеснат нивните доблести. Наспроти нив, постојано се укажува на негативните улоги на други личности, прикажани во темни тонови како националисти, сепаратисти, луѓе кои поттикнуваат немир и неспокој во општеството, луѓе кои сакаат војна и сл.
55
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
4. Со право Конрад ќе каже за ваквите појави: “За одржување на општествениот поредок неопходна е стилизирана серија од позитивни и негативни улоги, да се побуди кај читателот симпатија спрема добрите и антипатија спрема лошите. Таа стилизирана хиерархија помеѓу рајот и пеколот претставува морална сликовница на општеството, полициска цензура, вградена во нашите глави во вид на метафора.“ (Во Антиполитички предизвик). 5. Несомнено е дека секој систем, секоја идеологија и култура има свој изграден политички јазик, механизам на фрази, има своја иконограгија по ѕидовите, по екраните, на првите страници на весниците. Сите оние кои не се покоруваат и не се колнат во тие фрази, во таа иконографија се жигосувани, отфрлени, казнувани. А кои се жигосуваните, отфрлани? Тоа се обично луѓе мошне блиски по род, можеби довчерашни пријатели, соборци, можеби измислени непријатели. Сé зависи од вкусот што го зачинил нивниот апетит, од прагмата на нивниот тековен интерес, а можеби и некоја долготрајна инфекција што таи во нивните гради, од нивните блиски, од родителите и сее заразна чума и омраза. 6. Во таа светлост, како да се однесува човек спрема пријателите, или поточно, како тие се однесуваат спрема пријателот? Веднаш да кажам, јас не само што ги почитувам пријателите, туку се жртвувам ако земам обврска спрема нив.
56
Н и кол а Кљус е в
Гледам во нив мое алтер его. Тука, чинам станувам пленик на божицата на Лудоста. Но, тоа остана во мене како порака од воспитувањето во младоста. Божицата на мудроста ме учеше од млади дни, во пријателот да гледам поле кое го засејувам со љубов, а го жнеам со благодарност. Тој е трпеза од која се хранам и огниште кое ме грее. И така, во животот се трудев да го изградувам пријателството, за да го продалбочувам духот на довербата и љубовта и во убавината на пријателството да ја делам радоста и тагата. Човечкиот гениј, оставил многу пораки кои треба да се паметат за пријателот. Така на пример, К. Џибран (во книгата Пророкот) вели: „Кога молчи пријателот, вашето срце не престанува да го ослушнува неговото срце. Зашто, без зборови, во пријателството, сите мисли, сите мечтаења, сите исчекувања се раѓаат и се делат со радост што не се искажува.“ „Затоа,“ вели Џибран, „ако сретнете пријател, нека гласот во вашиот глас му говори на слухот во неговото уво, зашто неговата душа ќе ја чува вистината на вашето срце, како што се памти најдрагото, најсаканото.“ 7. Најголем успех во животот е да си ценета и барана личност во пријателството, во струката, во креацијата, во инвентивноста на духот. Човек го исполнува своето постоење на овој свет на два животно важни домени: во биолошката репродукција, оставајќи свое поколение и во делата и активностите што ќе се паметат од поколенијата. Тоа е блаженство, што ги тера блиските пријатели, да допрат до тебе, да имаат дел од тебе, а ти да си вткаен во нив, во тој чудесен неповторлив мозаик, наречен живот. И секое испитување на тој мозаик е продор во внатрешноста на секое испитувано мозаично зрно, на секое индиви-
57
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
дуално битие, за подобро да се разбере, сфати и доживее целината на мозаичниот спектакл - животот. 8. Ако животот тоне во монотонија; ако се изгубило чувството на пријателство; ако стравот те тера да не разменуваш мисли со пријателот; ако се движиш праволиниски; ако не може да препознаеш ништо меѓу пријателите што би правело некоја разлика, тогаш згаснети се надежите за алтернатива, атрофира мислата, стануваме поданици. Меѓутоа, светот би бил поинаков, доколку би било вистинито едното или другото од две спротивни (би рекле пријателски) гледишта (Оствалд). Така што, вистината во спротивставените разлики единствено може да ја верифицира конкретната практика. Затоа, за да постигнеме совршена јасност на нашите мисли на некое прашање, треба само да разгледаме какви можни практични последици се содржани во таа мисла, т.е. какви чувства вели Ч. С. Пирс треба да очекуваме од неа и за какви реакции треба да се подготвуваме. Во затруена атмосфера, во задушување на разликите во размислата, во стравот и сомнежот во пријателскиот исказ, страда практиката, живееме во сиромаштво од дух, не проголтува едноумната монотонија. 9. Но, за жал, во животот ќе сретнете сé. И добри пријатели и измамници и превртливци. Луѓе кои ја газат довербата и љубовта на пријателот. Некои од моите пријатели изгледа се однесуваат како мудреци. Сакаат да останат недопрени како богови, безгрешни, да бидат подзатскриени нивните пороци. Но, лудоста не ги
58
Н и кол а Кљус е в
остава на мира. Ги разголува, им го кажува нивното право лице. Па зошто јас да им ги скривам маните? Кога сите сме исправени пред историјата, нека сите бидеме исправени и пред сопствените грешки, пред сопствените мани. Нека секој ја понесе одговорноста за своите пороци, своите заблуди и мани. Нека се чуе јавно за нив. Да не бидат луѓето во заблуда. Да не ги повлече лажното пријателство и нив. 10. Старото искуство нé подучува, а богами и нашето, современото, дека тие што се сметаат за мудреци обично се многу несреќни во животот, особено со децата. Така владее мислење кај народот, дека природата внимателно се погрижила, чумата на мудроста да не се рашири премногу меѓу луѓето. Така на пример, познато е дека синот на Цицерон бил изрод. Децата на Сократ лудаци. Ако веќе на така истакнати личности децата биле настрани, што да кажеме за синовите и ќерките на нашите современи „мудреци“ од Тито и Кардељ па надолу низ поранешните југословенски простори. Многу од нив криминалци, пијаници, дрогирани убијци, суицидни типови и уште какви ли не неранимајковци среќаваме меѓу децата на современите политички „мудреци“, на разните деспоти и џелати. Децата кои растат во такви семејства, обично го чуваат во себе семето на злото. Тие главно стануваат патолошки типови, зашто израснале како неработници, лигавци и расипници. Тие секојдневно зборуваат со тој јазик и ги користат тие поими. 11. Навистина треба отворено да се зборува за пороците на таквите „пријатели - мудреци.“ Патем да кажам, тие и без тоа ја навлекуваат врз себе целата омраза на народот. Било пора-
59
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
ди нивната неспособност, нивните лаги и измами, било поради тиранијата, деспотијата и сатанизацијата врз народот или поради изгубената верба во личното пријателство. Таа пракса, за чудо, и денес најде своја почва. Сурово се отфрлаат луѓето. Сомнежот расте. Се дистанцираат меѓу себе довчерашните пријатели. Стравот, неизвесноста за животната егзистенција постојано расте. Очекуваната надеж за функција, слава и власт ги разорува односите меѓу луѓето, ги вовлекува во себезатворање, се губи пријателското чувство на почит. Тој зазор, постојано сожалува, напушта, дистанцира и меѓусебно се убиваат блиските меѓучовечки односи, довербата, соработката, пријателството и љубовта. Затоа не треба да се има верба во такви “пријатели.“ Што подалеку од нив. Оставете ги тие „мудреци,“ тие итри превртливци, сами себе да се изглодаат. Нивното пријателство е бакнеж на Јуда. 12. А каде е човекот-пријател? Каде да ја барам неговата чистота и ведрина? Оставам секој ден во мугрите да го пронајдам. Очекувам да се роди во блесокот на сонцето. Но, тоа за миг влегува во залез и копнежот ме носи во следните мугри. Во тој кошмар од копнежи, талкам и го барам човекотпријател. Парадоксално но вистинито е, дека денес во таа постојна структура која натежнала врз сите нас, тешко може да се најде вистински човек. Сé уште треба да се држи фенерот на Диоген, за во бел ден да бараме човек. Тука, во луѓето ме обзема реа и очајнички крик на себеизгубеноста. Од каде тој прогон во себе, таа отуѓеност во секоја индивидуа, во неговата херметички затворена душа!? Во изгубената љубов и верба во пријателот, кој во вриежот на дехуманизираната средина, секој секого го турка во бездна.
60
СРАМОТ И СТРАВОТ
1. Секој паметен човек во себе носи некои обѕири, некои тешкотии и ограничувања во своите сетила, во инстинктот. Тие во значителна мерка го условуваат пред да преземе некоја дејност. Тоа се, пред сé, срамот и стравот, вербата и честа. Односот кон нив ги искажува сите човекови намери и дејности во извршување на обврските, во постигнување на целите, во неговите односи меѓу луѓето, во потесното или поширокото опкружување, во неговата припадност и сл. Сé е условено, сé се врти околу тие стожерници што го искушуваат, предизвикуваат човечкиот однос кон нив и го прават секое човечко суштество со две лица, спротивни едно на друго, да биде херој или кукавица, засрамен или славен, среќен или несреќен, добар или лош, благороден или џелат, чесен или подлец, пријател или ѓавол, верен или измамник. 2. Опачините, грдите белези на човекот, задоволувањето на неговите ниски страсти, алчност за слава, власт, пркост, тоа
61
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
се својства на луѓе кои немаат ни срам ни страв, ни верба ни чест. Тоа својство на тие, на такви луѓе, да го покажуваат своето лице со маски и во целиот живот така да се однесуваат, зарем тоа не е трагикомедија во која цел век играат разни улоги под маски: од понизен поданик до владетел, од преплашен слушател до горд проповедник, од исплашен критикуван до суров критичар, од жртва до џелат. Ќе се сложиме со Конрад, дека маската е метафора на лицето, остро нагласена и таинствена. Се претставуваме, си мавтаме со своите маски едни на други, како со шапки. Откривајќи и препознавајќи разни карактери писателот станува мајстор за правење маски, фабрикант на митологии, кога ќе создаде една маска, ѕирнува од зад неа и здогледува друга. Две лица не можат да се видат едното со другото. Без маска не може да се сретнат. Маската станува епистемолошка шега. Ова произлегува од фактот што во литературата единствено зборува авторот, кој ја сноси одговорноста за сé што кажува и не се повикува на никаква повисока инстанца, како што тоа го прави политиката, религијата, а во извесна мерка и науката. Тогаш, тој како слободен дух на креација, бара неговата мисла да биде птица во просторот и само така може да открива фолклор од маски, и како таков не треба никој да го обврзува, да го канонизира, да го сатанизира. За жал, талентите, творците во нашиот амбиент, многу од нив не се покажуваат во својата вистинска триумфалност, тие подзаборавено, тивко, придушено тлеат. Додека полуинтелектите помпезно врескаат, натежнати со награди, признанија и фолклорни декори. Јас се обидов претходно да ви претставам некои маски на личности. На читателот останува да ги препознае нивните вистински лица.
62
Н и кол а Кљус е в
Грдо звучи, но на овој свет има многу превиди, многу глума и измама. Многу нискости, гадости, подвали и лаги. Од таква материја се исткаени многу маски меѓу нас. И не случајно, нашиот македонски човек вели за такви луѓе, дека се „без срам и перде.“ Ќе препознаете многу од нив и во нашата приказна. 3. Секоја земја и нејзините владеачки структури изградуваат свој систем на вредности, своја култура. И нашата владеачка номенклатура се обидува, иако за кратко време, да изгради „своја култура,“ потпрена на препознатливи критериуми, на препознатливи шминки-маски од нашето не така далечно минато. Грдоста на тие маски е одбивна. Асоцира на гроза, на демони, но и на маченици и жртви. Треба да се влезе во лавиринтите на таа култура за да се испита анатомијата на лицата задскриени под тие маски. И повторно да се навратиме во неспокојот на Конрад, кога вели: „Секоја култура има свое депо на костими, своја маскарада, а историјата има своја глиптотека. Таму стојат во ист ред херои и предавници, харизматични водачи и замислени мудреци, деловни индустријалци и владетели, се однесуваат како што треба, послушни се со своите маски.“ Би рекле, во тој музеј има место за сите. Нема заборав за никого. Тука се и жртвата и џелатот, херојот и ништожниот предавник, владетелот и питачот, светецот и убиецот, метузелемот и новороденчето. 4. Црквата нé учи на возвеличување на божјиот идеал. Но, од тие монотони проповеди и тој идеал го доживуваме како зачудувачка еднопартиска метафора. Зашто сите толкувања на
63
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
таа невидлива моќ која струи во космосот се сведува во моноцентрична сила над нас и во нас, прикажувајќи ни се тројно: во дух, во татко и во син. И очекуваме казна за грозните маски, а милост да ги огрее изнемоштените, гладните, страдните. А, сепак, гледаме дека казната сé уште не стасува, напротив, тие се качуваат на земските тронови, во грозата се множат, додека другите тонат понижени во бездната на пеколот, на гладот, отфрлени и раскинувани од демони, крадци, измамници, превртливци. Иако притоа, повторно копнееме за тој божји идеал, вртејќи се во неодгатливиот круг на сопствената судбина. Долго трае додека ја почувствуваме својата судбина, препуштајќи да не носи како морска струја, без доволно да ја разбереме нејзината вистина. А таа загадочно подоцна ќе се расветли и ќе создаде нови болки кај тие што самите ја зачиниле, што ја предизвикале, што ја извршиле. И би сакале да биде така. Нема заборав, и по педесет и по сто години. Останува народната верба, дека казната за злосторниците еден ден ќе стигне. Тоа останува наша утеха, која ја прифаќаме како суд на невидливиот.
64
ТРАГАЊЕ ПО ИЗГУБЕНОТО ВО НАС
1. Денес сме распнати пред искушението на изгубената верба во Бога, во идеали, во љубов, во Татковината. И затоа трагаме, ги бараме патиштата на вистината. Трагаме по изгубеното во нас. Дали да веруваме во она што не сме го виделе, а кое оние постарите во школските дни го учеа во катехизмот? Или она што науката, нашиот разум нé учи, да веруваме во она што го гледаме, односно не го гледаме, а е спознаено; или пак, да веруваме во надежта, во она што ќе го видеме, што го очекуваме, а не го познаваме? Во таа потрага по изгубеното во себе, во нас, прометејски сме распнати во мислата дали потврдуваме, веруваме како творци гледајќи го минатото, сеќавањето на спомените; дали одрекуваме, не веруваме, како размислувачи, како граѓани, гледајќи ја сегашноста; или пак, се сомневаме, се бориме, агонизираме како луѓе, гледајќи ја неостварливата иднина, а понесени од желбата кон слобода, кон татковинска сплотеност и слога, кон слободно себеискажување, како вечен идеал на човечкото творење.
65
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Овие размисли, ме терат да верувам, на пораките на Мигел де Унамуно, кога вели: „Не постои поголема утеха од разутешувањето, како што нема потворечка надеж од онаа на очајниците.“ И навистина, очајот, маките, пониженоста, оттуѓеноста, навредите, измамите и сл. се предизвици кон творечкото себеискажување, кон потрагата за вистината. Затоа, борбата да се победи предизвикот е борба да се совлада несовладливото, да се спознае неизвесното, да се создаде ново пред уривањето на неодржливото. Тоа е вечен нагон да победи доброто над злото, да победи иднината. Човекот е поттикнат од своето битие, од својот дух, да допре до тајните на апсолутното, непознатото, да се доближи до таа цел, како единствено дадена во поривните желби на неговиот ум, таа примордијална сила е постојано во игра, таа создава, чува и уништува, играјќи се. Таа потреба да допре до апсолутното, човек може да размислува, само ако го прифаќа светот во неговата релативност. Нема апсолутно без релативно. Ова од причина што човековата свест не познава граници. Во таа смисла, К. Деви вели тантристите учат: „Јас сум над сите таги, мојата права природа е вечното ослободување“ (во книгата Тантра). Човекот воздигнувајќи се во природата, ја користи и ја потчинува за свое добро, а не ја отфрла, ниту пак може да ја отфрли. И во таа смисла, тој ги прифаќа научните сознанија и религиозните учења со единствена цел да ги користи, развива и облагородува, да го шири фондот на сознанието. Човекот како свесно суштество во својот живот изградува свој сопствен поглед на светот, што му помага да донесува свои одлуки, да решава животно важни проблеми, успешно да се бори во својата животна егзистенција, да ги совладува опасностите во својот опстој. На тој начин, личниот поглед на светот е неотуѓиво право на сопственост, лична интима, негово его. Тоа е личната чове-
66
Н и кол а Кљус е в
кова филозофија, како единствена, неповторлива, незаменлива, специфична за даден субјект, како божји атрибут. 2. Имајќи го во предвид горе кажаното од една страна, и амбиентот што нé опкружува, од друга страна, со право може да се каже дека сме препуштени да нé расчеречува парадоксот на прагмата. Имено, погледните на улиците, по кафеаните, ноќните диско клубови и кафулиња, на разните свечени ритуали, сé е исполнето со луѓе, обични, недоволно заинтересирани и информирани за она што нé опкружува, што пулсира околу нас. Тоа се, пред сé, обични вршители на секојдневни работи, главно препуштени сами на себе, недоволно одговорни за своето постоење. Таа наша полуинтелектуална просечност, натежнала врз совеста на општеството и врз голоракиот гладен работник главно лиферува поданици, подлизурковци, превртливци, снобови и суетни подлеци. Овие последниве ќе ги сретнете наконтени на разни државни и дипломатски приеми, на бесплатни концерти, изложби и промоции. Секаде каде што треба да се украси парадниот ред на свечениот ритуал. Тие се празна рамка на декор и изветвени траги на некогашното суштествување, една демодирана галерија на типови која служи за подбив и репулзија во очите на мнозинството, кои од сенка посматраат. Во нив гледаат грозни стари спомени, на едно, да не се поврати, празно минато со кое не сакаат да имаат ништо заедничко со посакуваните нови промени. 3. Не би сакал кај народот да се изгуби чувството на верба во промени. Сакам да се доближува што е можно повеќе до промените. Да ја открива во нив својата среќа, спокојно да
67
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
ја гледа иднината. Ова затоа што човекот е осуден да биде слободен, и како таков, тој е одговорен за своите дела и постапки, зашто човекот не е она што е, туку она што сака да биде. Нашиот поглед, нашата потрага кон иднината во суштина значи надминување, негирање на сегашнината. Во тој грч, во таа потрага кон новото, непознатото, кон остварување на животните цели во иднината, во тоа е и смислата на човековата егзистенција, како среќа или судбина. Истовремено човекот е обусловен да биде во допир со други, со кои се судира, зашто неговата судбина или среќа не зависи само од него, туку и од волјата на оние кои го опкружуваат, од неговите блиски или подалечни партнери. Во таа смисла, „човекот не е сам и неговата слобода ја нарушуваат оние што се околу него ,другите‘. И тие се исто така ,постоење‛, значи се реални, меѓусебно се вкрстуваат и се судираат“ (Сартр во книгата Тегобност). Тргнувајќи од премисата дека човекот не може да живее сам, тогаш сосема е природно тој да бара партнери во сите домени на неговиот живот, а тоа се пред сé, оние кои што го опкружуваат и меѓусебно условуваат. Тоа е тоа општествено битие и општествена свест што го чини човек да живее во меѓусебна условеност еден со друг, почитувајќи ги меѓусебните интеракциски дејности на својата средина, на тоа меѓусебно вкрстување и судирање. Во тоа постојано судирање е и суштината на односите меѓу различните свести, различните субјекти. Во право е Сартр кога вели: „Мојот однос спрема другите е постојана дилема, дали јас нив ќе ги прескокнам или тие мене,“ (во книгата Битие или небитие).
68
Н и кол а Кљус е в
4. Тој феномен денес е многу интересен за истражување на интеракциските односи и обусловености кај нас, каде после полувековна изгубена и лична и колективна слобода се бара остварување на човечки слободи во плуралистички амбиент. Во таа смисла, се поставуваат некои значајни прашања, имено: Колку тој амбиент создава поттик за слободно себеискажување? Колку спротивното мислење се почитува, колку стимулира нови размисли, нови потфати? Колку човек робува на туѓото или своето, нарцисоидното? Ќе оставиме тоа темелно да го објаснат педантните анализи во различните домени на научните истражувања. Ние тука може само да констатираме дека првичното искуство кај нас зборува за продолжена инерција на изгубена слобода. За немоќ на човек да се спротивстави на големите политички и информативни блокади; на сатанизацијата на духот, на неговото урамување во партиски догми, ако не сака да биде сатанизиран како еретик. А да се слушне спротивно мислење не станува збор, зашто и така нема официјална опозиција кај нас, па секој со својата слободарска критичка мисла, се зема за опозиционер или неподобен, таа препознатлива синтагма од стариот еднопартиски систем. Ова од причина што во главите на аналитичарите и на оние што оценуваат ништо не се изменило, ортодоксно робуваат на старите критериуми и клишеа. 5. Исправени пред големите промени, дали треба да се прашаме зошто луѓето од овој свет, луѓе од нашиот амбиент не водат доволно сметка за вистинската природа на оние чии што срца и души се благородни, чии што дела се возвишена поттикнувачка моќ и инспирација; чии личности се пример
69
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
на морална поука за гордост, на саможртвена храброст, на етичка исповест. Тоа и бара да се стави крај мудрите да бидат фрлени во беспоштедна беда и во сенка на општествените промени, а храбрите фрлени во несреќа, во сомнеж и измачување. Ние денес гледаме колку многу умни, почитувани и достоинствени, колку навредени и отфрлени се заборавени и како горди лавови затворени во кавез тие го кријат своето навредено лице, вртејќи ја главата настрана пред стихијата на алчните и агресивните полутани, кои го загадуваат просторот со нарцисоидни фалби, лаги и измами, со безумен грабеж и отимање. 6. Има нешто што е возвишено, човечко, што не треба да се заборави, пред кое не треба да се потклекнува, за кое се бара настојчивост да опстои, да се бори за својата слобода, а против сите зла што му се нанесуваат. Да не ги споменуваме оние зла што човекот како експонент на власта ги прави и нанесува на друг човек: сиромаштво, затвори, логори, убивања, подлости, срамоти, мачења, неверност, предавство, навреди, кавги, лаги, и уште што ли не. Треба ли да се прашаме, поради кои причини и кои гревови човек заслужува таква судбина? Кој му дал право на човек да се однесува така спрема друг човек?!? Во право е Сартр кога вели дека сите ние помалку или повеќе ги носиме болките на современиот човек, на неправдата и на сето она што е грдо во современото општество, а истовремено тоа претставува и борба за победа на доброто, на правдата и убавината. Затоа треба енергично да се каже дека „не постои догма на гревот, односно нема вечно проклетство“ (Камала Дева). И ако притоа некои сакаат и денес да се однесуваат со истите методи и менталитет кон луѓето кои биле проскрибува-
70
Н и кол а Кљус е в
ни, кои страдале како политички неподобни во диктаторскиот еднопартиски систем, само затоа што опстојуваат уште старите структури, кои бавно кај нас се менуваат, а во свеста на народот уште лежи стравот и неизвесноста за сопствената егзистенцијата.
71
ПАРАДОКСИ
1. Кај нас стана вообичаено, праксата веќе долг период тоа го всади во свеста на луѓето, тие што беа политички неподобни, жигосани, или од било која причина отфрлени од естаблишментот, нив сите им го вртеа грбот, од политичките поданици и медиокритети до преплашените пријатели и оние кои уживаа во удобноста на своите функции. Во таков амбиент, чувството да си жив, а мртов, ги совладува осбено слабите карактери или преемотивните, кревките и неотпорните. Оние кои што го почувствувале бремето на тој феномен од порано, со репулзија гледаат на сето тоа и достоинствено пркосат со својот морал, со својот труд, слушајќи го одвреме навреме гласот кој доаѓа од сенките, „гордо кренете ја главата.“ 2. И навистина неретко на својот пат ќе сретнете добри луѓе, кои ви ја стегаат раката, ве прегрнуваат и ви велат: „Држете се, уште не е сé изгубено, горе главата, не потклекнувајте, Бог
72
Н и кол а Кљус е в
да ве поживее, ќе ни требате . . . Честопати ќе застанам, ќе поразговарам со тие луѓе кои ме напојуваат со поттик, со верба и љубов, иако чувствувам загрижена мисла во нивниот поглед од неизвесностите кои дебнеат, а од погледот им тече репулзија на виденото, на случуваното. А тоа што се гледа и случува денес, коешто ја побудува репулзијата кај нив, загрижува. Бара нови размисли, нова алтернатива на сплотеност, на слога во решавањето на тешката состојба, во барањето излез од сиромаштвото, од невработеноста, од политичките и социјални неправди. Многу од тие луѓе изгладнети, со загрижени лица, изневерени во ветувањата, ги носам во убаво сеќавање. Тие се моја и наша болка, и моја надеж. Тие се тука и јас живеам со нив. Го слушам нивното пулсирање, нивниот гнев и револт. И сакам да се стиши таа болка, што побргу да ги прегрне среќна иднина. 3. Честопати кога се вовлечам во себе, во своите мисли, ме фаќа по малку чудно, по малку загрижено расположение. Имено, што ќе биде со нас, после сето ова кое ние со ентузијазам го презедовме? И што преземаат сега оние кои останаа сами? Дали се качуваме нагоре и го знаеме ли патот кој нé води кон среќен излез? Или се заматува водата на многу поколенија кои ќе дојдат по нас, па по тој пат не ќе може да стигнеме до чистиот извор што ќе нé напојува во нашето битисување. Таа размисла ме доведува до неспокој. Ме прави ужасно несреќен што такви мисли ми натежнуваат сега, а ние сме на почетокот на тој долг и напорен пат. Дали сите доволно ја сфаќаме историската поука? Дали нашето вековно, проколнато битисување, нашето искуство не нé обврзува сложно да го изодиме овој тежок пат? Од каде
73
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
толку омраза и нови поделби? Кој му дава право на еден да решава за сите? Каде е толеранцијата во мигот критичен? Можно ли е едно малцинство да врши сатанизација над мнозинството, да го фрла во сенка на пасивен набљудувач, да биде иронизирано. 4. Кај нас, речиси половина век се создавале личности, имиња, авторитети. Тоа беше производство на луѓе, препознатливи по својата конфекциска култура. Тие беа јуришници, бранители на системот и негови иманентни претставници и дома и надвор. Тие беа истовремено и покорни поданици на од нив воспеаните култови. Беа душегрижници на системот. Тие обвинуваа, осудуваа, критикуваа и линчуваа секој критичар, „еретик“ на системот. 5. Многумина од нив денес се појавуваат со нови шминки, со нови маски што веќе се содржани во синтагмата политички конвертити. Тоа се луѓе со безидејност, со изгубено чувство на национално достоинство и патриотизам. Тие се слепи заробеници на прагмата за слава, личен егоизам и збогатување, за удобен живот, газејќи по тенките пори на животната егзистенција на оние што го крпат животот од ден за ден, на тоа мнозинство чистокрвни наследници на непрекинатата традиција на нашиот опстој - народот. Тоа е тоа мнозинство кое како пиреј ’рти со подвиткана работна става, од дома до нива, од дома до фабрика, со судбински трпелив живот, со збратимена работничка љубов на безработни, стечајни, гладни, а сепак, со трогателна гордост во себе.
74
Н и кол а Кљус е в
6. Битна особина на еден сој луѓе е покорно, со понизност да им служат на моќниците, владетелите. Тие луѓе кај нас добро се распоредени и порано и сега. Нивната ситуираност е на значајни функции во општествената хиерархија. Тие за тоа добро се школувале, го изучиле занаетот фантастично. По интуиција добро се разбираат. Тие се мошне гостопримливи и верно му сервисираат на владетелот. Подредените на нив ги просејуваат, разврстуваат, селектираат, сатанизираат по веќе познатите критериуми на подобни и неподобни, на пожелни и непожелни. Со загриженост се прашувам, од каде е оваа нова поделба на политички послушни и непослушни, нова дискриминација на луѓето, нов сомнеж и страв? Дали да веруваме дека тоа е мистерија на пакоста, склоност за власт која води кон сопствено самоуништување? Каде е вербата и надежта во нашата иднина? 7. Едни маски меѓу нив се добро познати, препознатливи. Други се исцедени, корумпирани, компромитирани и лаконски се поттурнати, заборавени. Активните, препознатливите мошне умешно се распоредени во општеството по разни совети, комисии, разни лобија. Просудуваат, решаваат, одлучуваат пак истите на тајни вечери во ротари клубови или други подзатскриени „ложи“, познати странски и домашни агенции и сл. Се движат во мрежниот дијаграм, да не остане ниту едно поле празно. На тој начин, свидетелствуваме на создавање на монашки редови на интелектуалци и бизнисмени во ритуални свечености, било со меѓународна тајновитост или со благ јавен шарм, кои промовираат програми на разни клубови, ложи, совети,
75
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
трибини и сл. Нивни истакнати членови на познати функции добиваат или предлагаат личности за домашни и меѓународни награди, одличија и слични промоции. Тие „монаси“, „ангели чувари“ си мислат дека не се препознатливи од народот. Дека будното око на обичниот човек не ги гледа. Сé е видено. Нивната демонска муцка, таа маска во грдотијата ги открива. Дури да не изговорат ниту збор, од нивниот поглед тече подла мисла и превртлива душа. 8. И навистина, одвратно е да гледаш болест од која боледуваат голем број, вклучувајќи ги и денунцијантите, кодошите, всушност тие боледуваат од најтежок облик на таа болест, затоа е лесно да се препознаат по очите: подмолни, очајни, полни со заледен ужас. Таа маска на лажни филантропи, тоа се тие коишто го сатанизираат и експлоатираат народот, да живее гладен, изнемоштен, во беда, хаос и понижување. И во право е стариот филозоф Лајбниц кога вели дека бројот на проколнетите души, ние би рекле и на понижените и гладните е бесконечно поголем од бројот на спасените. За жал, постојано расте бројот на понижените, неподобните, непослушните. Се зголемува армијата на непожелните. Зарем треба да се прашаме до каде ќе оди тоа проклетство на поделби, сомнежи, недоверба!?! 9. Има и такви личности, кои се срамат од своето потекло, од неукоста и сиромаштвото на своите родители. Од нивното видување за животот, од нивниот патриотизам. Ги забораваат на живот дека постојат, а тие за нив копнеат.
76
Н и кол а Кљус е в
Трогателно ме возбудија солзите на една мајка во болнички кревет, кога заборавена, оставена сама, барајќи чаша вода и понада, а синови школувала кои ја изгубиле љубовта кон мајка си, кон таа припроста, честита жена, која маките ја донеле од далечно запустено село во градска болница, бараше спас за својот опстој. Тие дури ни во своите биографии не го споменуваат местото на своето раѓање, да не им ја намали вредноста. А природата издашно ги милувала, им всадила од природниот ген на родителите, виспрен ум и талент, без чија крв не би биле тоа што се. Но денес, кому својот талент го подаруваат, кому оди пеат, од чија шака милост барат и го гнасат татковиот лик? Птиците со долг неуморен лет ги бараат, со радосен трепет и пој, токму гнездата кадешто се испилиле, кадешто се нивните родители. Каков грозен парадокс помеѓу човекот и птиците! Помеѓу одродениот човек и девствениот крик во инстинктот на птиците! Тие можеби ќе смогнат сили да ги сакат своите родители по нивната смрт, да се вратат на нивните идеали. Но, тогаш ќе понесат двоен срам. Срамот што ги оставиле своите родители во дното на животот, како недостојни суштества на своите деца што ги одгледале и школувале во својата сиромаштија, и срамот од себе, како обезличени личности што не понеле ништо од своите родители, што воопшто не личат на нив, на нивната природна чистота и љубов кон татковината.
77
КАДЕ ШТО БУДАЛЕТИНКИТЕ ГОСПОДСТВУВААТ, МУДРИТЕ ВО МОЛКОТ УМИРААТ, ИТРЕЦИТЕ БЕСРАМНО СЕ ПРОБИВААТ
1. Будалетинките не се плашат од искушенија и неизвесности што ги дебнеат. Во лудо расположение не мислат на смртта. Не знаат воопшто за грижа на совеста. Не гаат надеж за среќа во иднината. Не мислат за тешкотиите во која бездна тоне овој живот. Не чувствуваат ни срам ни страв. Не знаат за достоинство и чест. Божицата на мудроста не ги милува. Тие уживаат во игри, пеење, смеа, ги забавуваат и веселат другите, како добрината на боговите да ги испратила на земјата, да ја стишат болката и ублажат тагата на човечкиот живот. 2. Судбината на умниот, чесниот, трудољубивиот човек кој зрачи со знаење и мудрост е тешка, сурова и неправична,
78
Н и кол а Кљус е в
за разлика од безгрижниот живот на многуте будалетинки. Чесниот и мудар човек, целото детство и младост го минува подвиткан над книгите и најубавиот дел од животот го минува во непроспиени ноќи, во стресови, грижи и пот, а во подоцнежниот живот не вкусува ни трунка од среќен и весел помин. Тоа е човек кој бил цел век штедлив, сиромав, тажен, напуштен и неправичен спрема себе, и одбиен од другите. Тој е сув, болен, подгрбавен, побелен и остарен пред време. Конечно и умира пред време. Која е важноста на тој човек кога така умира, а никогаш човечки не живеел? Каде е смислата на неговото постоење за разлика од оние будалетинки коии безгрижно, весело, долго живеат? Ова е животен парадокс. Тоа е жална слика на човечка неправда, особено таму кадешто знаењето и мудроста не се ценат. Таму кадешто будалетинките и лудите господарат. Кадешто такви ја кројат судбината на другите, на паметните. 3. Меѓу будалетинките и мудрите, умните, творците, вирее еден сој на итреци. Тие добро се ситуираат со своите два образа. Честопати гледајќи се во огледало, се потсмевнуваат самите на себе и не си веруваат во сопствениот лик колку им е грозен, кога се смеат во огледало. Такви итреци, има многу на овој свет. Познавам едни што ми ги прикажуваше стариот Еврипид. Такви кои имаат по два јазика, со едниот ја зборуваат вистината, со другиот тоа што мислат дека одговара на времето, на дадените услови. Тие се кадри црното да го прикажуваат бело, од иста уста да даваат и топло и студено; а сосема е поинаку она што го кријат во себе, од она што им е на јазикот. Јас за овие итреци не сакам да зборувам повеќе. Сит сум во животот од нив. Тие итреци ме опкружуваат од секоја страна. На средби ме „прегрнуваат“; со „нежност“ ме бакнуваат
79
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
и милуваат; со „убави“ зборови ме дочекуваат; во четири очи ми се „колнат“ на верност, а во суден час, нож в грб ми забиваат. Тие итреци се порочни егземплари, плод на системот кој сакаме да исчезне. Систем на убиена свест, на оттуѓеност од блискиот. Систем на физичка тиранија и сатанизација на слободниот човечки дух. Систем кој од човек бара свесно да игра улога на будалетинка, на понизен поданик, на итар манипулант. Тоа е човек со испразнет дух, со изгубена култура. Системот му нуди циркус и игри, политичко колнење и урликање, порнографски сладострасти и нихилистички начин на живеење. 4. Стануваме свидетели на грозни слики, нешто што застрашува, што ја унакажува нашата млада генерација. На духовен пустош. А нашата етика и еротика, нашиот вкус и естетика, имаат нешто трајно убаво во богатството на естетика во фолклорот, во музиката и традицијата, во топлината на обичаите, што не треба така лесно да се напушта, пред скандалозно увезената порнографија и шарените булеварски вкусови.
80
РАСИПНИШТВО
1. Ретко се случува човек сам да посака да се радува, да се смее. Тоа го доживеав на пат кон една свечена приредба. Размислувајќи кого ќе сретнам таму и како ќе поминам, кога веќе колона од автомобили тргнала на пат кон тоа далечно место. Гледајќи ја оживеаната природа во разлистениот мај, како трепери во светлина, а ветрот те милува со помешана миризба од полски цвеќиња, во чист, чудесен амбиент, сетилата ме враќаат на убави спомени за пределот низ кој минувам. Спомени што ме прават горд на својата рана младост, кога ги минував овие предели во бессони ноќи, во разиграна бесстрашна колона, водена во преграб од сребрениот сјај на божицата Дијана, кадешто меланхолични звуци на штурците ги следеа нашите чекорења, во незапирливо темпо, брзо, низ реки и живи патеки кон светилиштето на нашиот опстој, (Манастирот Свети Прохор Пчињски), втемелен во нашата нова историја.
81
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
2. По кратко патување се најдов во бучен салон, кадешто се организираше прием. Сé беше свечено декорирано. Искуството од порано оставило веќе сериозни траги во изведбениот ритуал. Минувам во скротен ритам. Благо погледнувам околу и почнувам да се судирам со погледи кои зјапаат во празно, со лицемерни љубопитни насмевки на лица - маски изнацртани, изнаконтени во облека со фолклор од бои. Во сето тоа, гледам една невкусна понизност, а од зениците им тече пакосен убод. Следува куса церемонија на поздрави, на говори во препознатлив стил; во оваа осојност сé се измешало. Посакувам побрзо да ја напуштам оваа јазбина на подивено човечко месо, на искршени карактери, што секој умира во својата злоба. Ова стадо коешто чека да се нафрли, да ждере од преполнетите маси со беспрекорно аранжирана разноврсна богата храна и напитоци, за потоа да им засмрди здивот од киселини и алкохол, кој се испарува по испотените лица. 3. Јас не можам да го објаснам она што го гледам. Во мене се брануваат многу нешта. Се обидувам да го скротам мојот гнев. Ми се лизга погледот по подот и скалите. Сакам што побргу да бидам сам. Сетив потреба малку да останам тука, толку колку што е доволно за момент за да се ослободам од виденото, доживеаното. 4. Го слушам жагорот на тие весели, распенавени лица, каде никој никого не слуша. Само со погледи и гримаси се разбираат и сите мислат на исти работи. Тука се плетат разни
82
Н и кол а Кљус е в
случки. Некои се глорифицираат, други озборуваат: кој каде бил, што рекол; со кого се сретнал; кому љубезно се поклонил; кому насмевка дарил; кој кого обожава, кому љубов нуди. Малограѓанската машинерија со зборови, со погледи, со гримаси се движи низ салата и се слева во тој жагор на безумие. Сиве овие типови, таа шарена амбалажа, истренирани од вакви приеми во минатото, го минуваат времето без да му дадат своја вредност, меѓусебно објаснувајќи си и констатирајќи со задоволство и радост дека имаат исти мислења, исти цели и нагони. И токму така. Треба само да се видат изразите на нивните лица, нивните манири и убедувања и лесно ќе препознаете, дека тие припаѓаат на ист сој. Иста божица ги милувала и дарувала да знаат како да се однесуваат во вакви прилики. А тие се застапени речиси во сите краишта на Македонија, иако најмногу ги има од Скопје, препознатливи егземплари од сите можни структури, постојан багаж на вакви ритуали. 5. Ме фати еден немир, еден чуден неспокој. Ме гребе една мисла, наѕира и прашува во мојата внатрешност: „Дали е тоа она што и мене ме чека“? Кои се тие сили што разоруваат, што болно нагризуваат, што те фрлаат во прегратката на ниските страсти? Затоа, посакав да зборувам со некои од моите блиски за ова што се случува и што по инерција продолжува. Ова расипништво кое води кон разврат. Сакав да знам пред да стане доцна, пред да биде за потсмев. Зашто ова што го гледам, што како зараза се шири, е плод на еден расипнички систем кој се негувал со децении, за една повластена каста, во секој град, во секоја прилика, во секоја прослава, годишнина и сл. Каста на која почивал системот, од која се барало верност, подобност, подаништво на култот.
83
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
6. Тој незадржлив револт во мене, гласно го искажав за време на една прослава на „Гоцеви денови“, во 1991 година, кога стотици зајапурени усти се нафрлија врз полните софри со јадење и пиење, сé до заборав. Сетив, колку туѓо беше моето реагирање кога реков: „Ова нема во иднина да се повтори.“ Тоа добро го видов во очите на еден директор на големо информативно гласило како да сакаше да каже: „Тоа лесно не се искоренува, можеби побрзо ти ќе бидеш искоренет“. И така стана! 7. Продолжува со несмалено темпо стихијата на расипништвото. Некои педантни анализи утре ќе кажат дека оваа сиромашна земја со пер капита општествен производ од 700 американски долари троши повеќе за разни прослави, приеми, банкети, одошто средствата со кои се финансира социјалната програма во државата, во услови кога гладот демне над десетици илјади семејства. Доволно е само да споменеме за трошоците на двојните годишни прослави за ослободување на секој град во земјата. А цивилизирани земји, да се земе само Франција за пример, постапуваат сосема поинаку. Своевремено, Претседателот Де Гол, по прославата на 25-годишнината од победата над фашизмот, ги прекина годишните прослави. Се слават само јубилејните години (50 годишнина или 100 годишнина). А што да се каже за трошоците на разни манифестации, фестивали, патрони празници во училиштата, касарни, претпријатија, разни приеми на делегации, свечени отворања на собири, прослави, симпозиуми и сл. Кој поднесува сметка за тоа растурање? Каде е одговорноста за трошење на општествениот денар?!?
84
Н и кол а Кљус е в
8. На крај, пред да се разделам, доловувам една слика, за да ја чувам во себе од тие приеми, банкети и сл. Го гледам декорот, луѓето, постановката, ниската и расипничка психологија на наконтените дами и господа. Наеднаш се запирам, чувствувам празнина, здогледувам еден збор како извира од под основата на моите бранувања, чувствувања. Предвидувам дека тој збор наскоро ќе заземе место на повеќе слики. Збор што ќе кажува за едно време, за неговата етика и морал. Тој збор е репулзија, одвратност, згрозување. Збор што ќе опоменува и засрамува. Тој збор зрее во свеста на обичниот човек, кој тешко ја крпи својата животна егзистенција. Тој човек се згрозува од овие појави. Пред неговите очи се повторуваат сликите на минатото, слики на растурање во тривијалните ритуали што се организираа за култот на Титовата личност, тој нарцисоиден фараон, кој оплоди илјадници ситни култови во сите средини, негови покорни поданици, истовремено деспоти против народот, кои живеат паразитски врз грбот на тој народ. Веќе е доста кажаното. Не сакам повеќе да ги заморувам моите спомени. Нека останат длабоко во мене. Ќе добијат збор во друга прилика.
85
ОКОЛУ ТАКАНАРЕЧЕНОТО УНИВЕРЗАЛНО НАСИЛСТВО
1. Денес како општество сме вратени да живееме во едно специфично првобитно насилство, кое малку или повеќе ги притиска голем дел од земјите во светот. Специфично по методите на освојувањето на врвот на управувачката пирамида. Имено, еден поглед кон историската ретроспектива сé до денес, открива сознание за постоењето на повеќе облици на управување со насилството. Било тоа насилство да е од самите луѓе, помеѓу нив или над нив од други луѓе, поточно од видливиот свет, или насилство што доаѓа од невидливиот свет. 2. Првиот облик на насилство е Духовното, односно Светото. Имено, неодгатливите природни тајни за човекот и неспознатото - космичкото во универзумот, го изградиле светот на Духовното-Светото, и токму тие се првите сили што го внеле насилството во организираниот општествен поредок, во чо86
Н и кол а Кљус е в
вечката историја (инквизицијата, гилотирањето и сл.). Тука не влегуваме во расправа за оваа сила, за Светото, за нејзината улога во ширењето на духовниот и културниот прогрес во историјата на човештвото. 3. Вториот облик е Силата, манифестирана во владетелот, партијата, војската, државната власт. Овој облик на насилство, речиси во целата човечка историја, а особено онаа во најновата, во диктаторските тоталитарни системи и системите Држава-Партија, во кои култот на личноста газел по илјадници и милиони жртви за да ја сочува пирамидата на власта, означуваше врв на насилие врз човекот, врз неговото достоинство и гордост, врз неговото духовно и физичко битисување. Притоа, Силата и Духовното-Светото се испреплетуваат, меѓусебно се надополнуваат. Тие манифестации денес и во нашите услови се мошне видливи. Духовното-Светото како да станало подредено, под диригентската палка на Силата и мислата Божја не допира до обесправените, изнемоштените, непожелните и прогонетите од Силата, иако тие жедно ја очекуваат Божјата милост за спасение. 4. Третиот облик на насилство се Парите. Тие стануваат сé подоминантни и ги карактеризираат современите општествени односи, и ги моделираат истите. Ќе се сложиме со Жак Атали, кога вели: „Со постепеното ширење на размерите на општествените облици (на живеењеН.К.), управувањето со насилството престанува да биде темелено единствено врз верското, за да стане делумно политичко, потоа и економско.
87
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Односот кон насилството и кон смртта го турка Светото кон Силата, кога се градат големите царства, а потоа, Силата кон Парите, кога се воспоставува капитализмот“. (Во книгата Оцртување на хоризонтот). Оваа еволуција не течела во скокови. Многу составни страни, вели Ж. Атали на Поредокот на Светото уште се запазени во Поредокот на Силата, а овие два реда штедро ќе потонат во Поредокот на Парите, во кој сé уште живееме. 5. Жак Атили мошне симплифицирано ги објаснува овие појави. Станува збор за феноменот на концентрацијата на капиталот карактеристичен за епохата на дваесеттиот век, врз чија основа сраснува духовната, почитичката и економската моќ во рамките на современата капиталистичка држава. Таа тенденција се проширува и во меѓународните односи денес, со познатата теза за изградување на нов политички и економски поредок, со доминација на трите стожерници; Соединетите Американски Држави, земјите на Западно Европска Заедница и Јапонија. Тука, не влегуваме во критичките конфронтации кои постојат на овој план во научната литература и кај одделни земји. 6. Сите три сили на насилството го држат во грч современиот човек. Во нивните канџи се раскинува неговата душа, страда неговото материјално битисување. Нашиот човек од деведесеттите години наваму, во новиот плуралистички амбиент, во Духовното-Светото ја враќаше надежта во вербата, во вистината. Ја враќаше својата полувековна открадна страдалничка душа од своето битие, од своето физичко постоење, без духовно себеискажување. Во тој на-
88
Н и кол а Кљус е в
ционален вознес, нашиот човек природно се врати, се врати во недрата на мајката Света Климентова црква. Но, кога Духовното-Светото ги затвори Божјите двери за молитва на обесправените, гладните и изнемоштените кои маршираа низ улиците на Скопје, исфрлени од насилството на Парите и ги дадоа во прегратка на Силата, да си поигрува со нив, тогаш повторно разочаран, човекот почна да ја губи љубовта кон Духовното-Светото, барајќи спас во сопствената верба, борејќи се самиот против сите зла и насилства што надвиснале над него. 7. Тројното насилство во нашите услови сé уште меѓусебно е условено и поврзано. Тоа за жал, добро кореспондира. На Духовниот трон стои потпрена Силата-Владетелот, а во преграб на Силата се милува Духовното-Светото. Парите ја напојуваат нивната жед. Пред тој триаголник на насилство, во неговите лавиринти, талкајќи изгубен битисува малиот човек. 8. Но, денес сé повеќе се оттргнува како семоќна сила насилството на Парите. Во спрега и заштитени од насилството на Силата, Парите стануваат стожерникот околу кој се групираат разни лоби, да ја возвиличуваат моќта на еден мал број промовирани носители на Парите-Капиталот наспроти исцедената пот на голоракиот мал човек. И така, на брзина се појавуваат моќници кои располагаат со капитал, без самите да внеле свој капитал, знаење и мудрост. Тие сурово си поигруваат со судбините на гладните и со целото, сé уште, зашеметено општество. А 230.000 невработени во Државата, од кои 150.000
89
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
образовани млади луѓе, од нив половина со средно и високо образование; и уште 30.000 стечајни работници, како и над 200.000 пензионери, сите со отворени усти чекаат пред суровата моќ на Парите и Силата. 9. Колона млади со отворени пасоши ја напуштаат државата. И никој не се прашува каде неповратно тече сивата мозочна материја на нашата нација, на нашата млада образована генерација, таа толку важна материја за креирање на визијата на нашата иднина и отворање на нови патишта за излез од кризното дно во кое се наоѓа земјава.
90
ОКОЛУ ФЕНОМЕНОТ НА МОЌТА НА ЛИЧНОСТА
1. Моите собеседници и на сон и на јаве мечтаат за лична моќ и слава, ќе се обидам да го задржам вниманието на читателот уште на еден феномен каков што е тој на моќта на личноста воопштo и кај нас. Феноменот на најголемото библијско признание вели Џ. Галбрајт (во книгата „Агонија на моќта“) е ако го одликуваат да располага со власт, моќ и слава. Во таа смисла, своевремено Б. Расел пишуваше: „Од безбројните пориви на човекот, главен е поривот за моќ и слава“, (во трудот „Моќта - нова социјална анализа“). И така катадневно се зборува дека овој или оној е моќен, или некој станал супериорно моќен, а друг ја изгубил преку моќта ноќ и сл.
91
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
2. Ако моќта ја сфатиме во духот на М. Вебер, дека тоа е можност да се наметне нечија волја врз однесувањето на други лица, или поточно, против волјата на други личности, тогаш може да се каже, во нашиот македонски политички амбиент К. Глигоров имаше апсолутна количина на моќ. Во последно време младите јуришници во власта, ставајќи го во уставните рамки на надлежност, моќта на Претседателот на државата, значајно опаѓа и таа количина на моќ минува во рацете на групата околу претседателот на Владата, од редовите на неговата партија. Додека довчерашниот спикер на Парламентот С. Андов, денес нема никаква моќ, губејќи ја преку ноќ истата. Тој единствено моќта ја задржува, во рамките на својата партија, доколку младата струја либерали во таа партија, која е мошне покреативна, еден ден потполно не го истисне. 3. Во стопанството стануваме свидетели на една мала група директори многу моќни, кои имаат влијание во низа домени на стопанскиот и општествениот живот. Тука би дошле: „Македонија табак“, „Макпетрол“, „Скопска пивара“, „Фершпед“, „Силекс“, „Алкалоид“. Јавните претпријатија: „Лотарија“, „ПТТ-Македонија“, „Комуналец“ и сл. Со силно влијание стануваат моќни во формирањето на јавното мислење издавачко информативни куќи: „Нова Македонија“, Македонска радио телевизија, Телевизиските канали А-1, Сител и сл. Со моќ располагаат разни уредници, колумнисти, коментатори итн. Не би требало да се нагласува, со каква моќ располагаат некои личности во одделни министерства, судски и управни служби, финансиски институции и сл. Значи, станува збор за низа личности и места (тела, институции, организации) кои што располагаат со значајна количина на моќ во општеството. 92
Н и кол а Кљус е в
4. Моќта затрува или облагородува, сатанизира или воспева, понижува или воздигнува. Помеѓу лагата и вистината, верноста и измамата, стравот или надежта моќниот се движи и игра, ја наметнува својата волја, пркоси со својата суетност и живее во својот нарцисоиден занес и слава. А можеби, моќниот во одредени историски услови ја гледа подобро иднината, се бори и го води народот во слобода и просперитет. Тогаш волјата за подредување на други се претвора во организирање, во насочување кон други идеали, кон ослободување од ропството, од гладот, од геноцидот кон слободата. Но тоа станува само во исклучителни историски услови, во крупни историски завои, во масовни општествени превирања. Главно, користењето на моќта е со методи на присила да се наметне волја, да се постигне послушност и покорност врз други, за остварување на одредена цел, да се владее, да се експлоатира, да се држи во духовна покорност. Притоа, Ерих Фром (во книгата „За непослушноста и други есеи“) вели: „Послушноста кон личност, институција или некоја моќ (таканаречената хетерономна послушност н.з.) претставува потчинетост; тоа повлекува откажување од мојата автономност и прифаќање на туѓа волја или суд, наместо моите сопствени“. Додека, од друга страна, послушноста кон сопствениот разум или убедување (т.н. автономна послушност) не е чин на потчинетост, туку чин на афирмација, тоа е мој став и убедување за кој се борам јас.
93
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
5. За да се постигнат такви цели, такви ефекти каква што е послушноста и покорноста, во современото општество се користат разни методи, со разни инструменти. Така на пример, за тоа се приспособува системот на образованието, системот на воспитувањето, изградување на институции и форми на морално убедување, црковни институции и сл. Сите тие треба да работат, да се натера единката да се покори на волјата на друг, како нешто „природно, како добро и правично.“ Па оттука, моќта се манифестира како условена, изнудена или надоместувачка. 6. Зад овие инструменти за остварување на моќта, лежат три извори на моќ - атрибутите или институциите по коишто оние кои ја користат моќта се разликуваат од оние кои £ се потчинуваат. Тие три извори, вели Џ. Галбрајт: се личноста; сопственоста која, се разбира, го вклучува и расположливиот приход; и на крајот организацијата. 7. Основниот извор или носител на моќта е човекот, неговата харизматична личност во својство на племенски поглавар, војсководител, директор, политички лидер, државник, владетел и сл. што се манифестира во квалитетот на физички, умствени, морални и други особини во средината во која се искажува неговата моќ. Личноста како извор на моќта користела од физичката присила страв, измачување, убивање до убедување преку способноста да се наметне и создаде уверување кај тие што треба да бидат покорни.
94
Н и кол а Кљус е в
Камшикувањето, прогонот, кладите, гилотирањето или со еден збор сите форми на инквизицијата биле сурова присила против еретиците, за да се почитува догмата на црквата, да се всади послушност и даде поддршка на религиозната моќ на црквата. Притоа, изнудената казна за живите и свирепоста што одела со неа, секогаш била придружувана со одредено морално жигосување, додека на многу подрастичното и трајно казнување со физичка смрт не му се придавала некоја слична репутација. Меѓутоа, моралното жигосување на луѓето оставило трајна карактеристика на насилството на силата - власта во многу политички системи какви што биле тоталитарните, особено оние од кои што излегуваат земјите од едноумието, меѓу кои предничи и нашата земја. Може да се каже, дека на секој политички затвореник, покрај физичкото мачење и целовековно морално жигосување, доаѓале уште пет до шест члена од потесното или пошироко семејство дури и од помладото поколението, како и од редот на неговите пријатели. Сите тие биле морално жигосувани и живееле во сенката на стравот и сомнежот. 8. Сопственоста, капиталот како извор на моќта, делува, пред сé, преку купување на покорноста. Имено, капиталот ја купува работната сила за одредено време, плаќајќи цена за нејзината услуга -трошење. Нејзиниот авторитет е преку надоместувачката моќ на најамнината, да ги држи во покорност вработените. Во современата економија, позната како економија на приватна капиталистичка сопственост, господствува надоместувачка моќ на покорност преку системот на парична награда, плаќање со пари за пружање на физички или умствени
95
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
услуги, или поточно, како што би рекол Маркс, продавање на работната сила за најамнина, плати. 9. Организацијата, фирмата, претпријатието, во современи услови е масовен - решавачки извор на моќта, во хиерархиската подреденост и убедување, од каде што „природно“ произлегува покорувањето кон целите на истата. Таа станува невидлива сила на масовно покорување, користејќи инструменти на изнудена моќ, преку разни дисциплински форми на казнување, намалување на платите, најамнината, сé до отпуштање од работа. 10. Независно како се искажува моќта на харизматичконо раководство, таа има единствен мотив, а тоа е личноста како единка или група да постигне одредена цел, искажана во даден конкретен интерес: материјален, паричен, морален, политички и сл. Во таа смисла, Галбрајт ќе рече дека деловниот човек ја купува покорноста на неговите работници, за да му служат на неговите економски цели - да прави пари, (што би се рекло да остварува профит). Верскиот водач ги убедува неговите верници во верските скрупули и догми кои треба да ги прифатат, да станат нивни. Тоа исто го прават разните медиуми: радио-телевизиските канали, весници и сл., за да го привлечат вниманието на пошироката публика. Додека политичарите го бараат интересот во подршката, т.е. ја бараат покорноста од гласачите да гласат за нив, за да останат подолго на власт.
96
Н и кол а Кљус е в
11. Во праксата честопати, мошне вешто се прикриваат посакуваните цели од страна на оној кој располага со моќ. Политичката сфера е исполнета со такви појави. Многу наши челници ќе слушнете како зборуваат со ласкави зборови за своите политички опоненти, а всушност си „копат гробови“ за ништење. Се ветува блискост, подршка на ставови, приврзаност, па дури во четири очи ќе слушнете дека и самиот припаѓа на идеалите на опонентската партија, само да ја добие довербата во парламентарното изгласување или во гласачката единица, а потоа си вртат грб, како да не било ништо. Или, што сé не се ветува во предизборните кампањи? Колку ли измамнички солзи, насмевки и милост не се посветуваат да се убеди и покори електоратот, за да се добијат изборите? Купување на гласови, разни ветувања и подмитувања од арсеналот на недоличните ниски страсти. 12. На тој начин, здобиената моќ станува извор за почит, привилегија и уживање на дадената личност. Зашто речиси секаде во светот, луѓето со задоволство уживаат во дејството на моќта. Погледнете ги само протоколарните ритуали на дочеци, испраќања, банкети, свечени седници и вечери, за искажувањето почит кон владетелот и масовните скандирања и ракоплескања, иконографијата, извикувања на пароли во подршка на личноста која поседува моќ. Обрнете внимание на лаконското ветување на моќниот со израз на нарцисоидно велечење на сопствената моќ и сл.
97
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
13. Но, не би требало да се симплифицираат односите и желбите за моќ заради моќ, туку по правило треба личноста која располага со моќ, да ги наметне своите морални скрупули, своите вредности на други за да постигне дадени општествени преференции или да оствари одреден економски интерес. 14. Притоа, редовно се случува некоја цел да биде прикриена со друга. Така на пример, стануваме свидетели дека личното збогатување на низа моќници се прикрива заради божемното големо саможртвување и услуги што ги „прават“ за државата. Тие всушност се служат со валкани политички намери, финансирање на партиски дејности во предизборието или други корумпирани појави и сл., а сето тоа се прикрива со страсното искажување за приврзаноста кон јавните - државни интереси. 15. Во таа смисла, голем дел од дејството на моќ зависи од општественото условување кое сака да ја прикрие. Така на пример, во низа западни земји младите ги учат дека во демократијата сета власт му припаѓа на народот. И дека во системот на слободното претприемаштво сета власт лежи во рацете на неприкосновениот потрошувач, дејствувајќи преку безличниот механизам на пазарот. На тој начин, се прикрива јавната моќ на организацијата, на пример, на Пентагон, на фабриките за оружје, на другите корпорации и лобисти. На сличен начин, вели Галбрајт, мистичноста на пазарот и неприкосновеноста на потрошувачот ја прикриваат моќта на корпорациите, да ги определуваат или да влијаат врз цените и трошоците, да поткупуваат или да влијаат врз полити-
98
Н и кол а Кљус е в
чари и да манипулираат со реакциите на потрошувачите. На крајот, сепак, станува очигледно дека корпорациите навистина влијаат врз власта, потчинувајќи ја неа, а со тоа и луѓето, на своите потреби и волја. Станува сосема јасно дека корпорациите не му се подредени на пазарот; напротив, пазарот кој би требало нив да ги регулира, во некоја мерка е инструмент во нивните раце, за воспоставување на нивните цени и приходи. Сето ова го изнесуваме, за да се видат игрите на моќните стопански организации до каде може да одат во манипулациите со народот преку прикриените дејствија на државата. Се разбира, препознатливи се манирите и на голем дел на наши стопански моќници сраснати со политичката власт и државните институции во разни економски и финансиски манипулации. Тие почетни, рудиментарни манири и форми постојано се усовршуваат во остварувањето на баснословни профити преку ноќ. И покрај општественото условување и би рекле прикривање, сето тоа нужно предизвикува револт кај народот. Зашто моќта што е најпрвин прикриена од општественото условување, а потоа откриена, се чини во очите на народот крајно нелегитимна. 16. Појавите на корупција и мито што срамежливо се нарекува организиран криминал, во кој длабоко е вмешана и самата власт, тоа еклатантно се потврдува во нашите услови. А имено, членови на владата организираат набавки, преку свои или под нивна контрола претпријатија, за потребите на институциите на владата, без пазарна конкуренција, со прикривање на фискалните давачки на државата, остварувајќи огромни профити. Или организирано реекспортирање на стоки од соседни земји под меѓународна блокада (нафта, пченка,
99
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
бакар, пченица и сл.), со општествено прикривање на криминалните дејствија, а со цел, остварување на неоданoчени профити. Тоа се воени профити зашто земјата за и преку која се тргуваше беше вклучена во војна и под меѓународна контрола. Слична е состојбата со феноменот на перење на странски пари остварени од криминални активности, кои добиваа своја легална форма преку механизмот на наши стопански и финансиски организации итн. Сите тие прикриени форми на криминални дејанија се манифестации на моќта, во остварување на интереси на одделни личности, групи (партии), кои неконтролирано се збогатувале. Но, сите тие, не можат да го избегнат гневот и револтот на осуда од народот. Сосема е видливо, дека овој вид на моќ станува општествено зло и закана против општеството. 17. А сега да се вратиме на личноста како извор на моќта. Историјата на предцивилизацијата, како и таа на цивилизираните општества н# учи, дека личноста има долготрајна врска со изнудената моќ. Поточно личноста-владетелот стекнувал покорност над народот со присила, надмоќна физичка сила, со способност да се нанесе казна од физичка природа врз тие кои биле непослушни, непокорни на неговата волја. Системот на едноумието беше еклатантен пример на сурова авторитарна моќ кој апсолутно се потпирал на изнудена присила. Како рецидиви на таа моќ се титоистичките, сталинистичките, енверхоџините . . . зандани и логори, каде со присила и измачување, с# до гилотинирање се изградувала и величало моќта на култот на личноста.
100
Н и кол а Кљус е в
18. Но историјата памети и тоа, дека најмногу прославените личности, најмалку или воопшто не користеле присила, физичка принуда или лично посегање по изнудена моќ, а притоа, привлекувале милиони следбеници да врват по нивното учење и со љубов и верба трајно да се приклонети на нивната волја. Тоа е случајот со: Мојсие, Конфучие, Исус, Ганди и др. 19. Во современите општества моќта и влијателноста на личноста во политиката, економијата, медиумите се искажува во феноменот на харизмата на личноста како владетел, раководител, водител. Тука пред с# доаѓат до израз духовните способности на личноста: остроумноста, прецизноста, шармот, искреноста, духовитоста, сериозноста, како и способноста мислата да се изрази на сугестивен и убедлив начин со богатство на речитост. Притоа, ќе бидеме склони на верувањето, дека најважно за стекнување на верба и покорност на другите е крајната сигурност во сопственото уверување и тврдење, а оваа особина на личноста, не е нужно поврзана со степенот на интелегенцијата на истата. Зашто моќта - покорувањето спрема волјата, по правило поминува кај оние кои се способни да го тврдат, со најголема сигурност, она што не го знаат. Моќта не оди кај оној што знае; таа оди кај оној што мисли дека знае, честопати поради ограниченост, и кој може другите да ги убеди во таа верба (Галбрајт). 20. Истовремено стануваме свидетели, дека во овој - дваесети век е присутна нагласена тенденција на преувеличување на
101
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
улогата на личноста во дејството на моќта. Тука станува збор, за личности во тоталитарните режими, каде с# е подредено на моќта на диктаторот, на култот, чија организација, партија, држава, овозможува не само изнудена моќ со присила, туку и надоместувачка и условена моќ во чијашто закрила се стекнувале привилегии, државни и научни позиции, слава и заслуги. Се создавала каста на покорни поданици и слепи верници на култот на личноста, ласкателно воспевајќи ја неговата суета, пркос и моќ. Во врска со ова, своевремено Владимир Дедиер пишуваше за култот на големиот фараон Тито кој произведуваше голем број мали фараончиња по републиките и во внатрешноста по општините. Тоа се обично, потпросечни личности кои живеат во сенката на славата на култот, имитирајќи го во својата средина. 21. Во основа на човечкото битие лежи непослушноста, зашто според еврејскиот мит за Адам и Ева, како и според грчкиот мит за Прометеј, целата човечка цивилизација е заснована врз чинот на непослушноста. Во таа смисла, Е. Фром констатира, исто како Адам и Ева и Прометеј е казнет за својата непослушност. Но тој за разлика од Адам и Ева, не се покаја и не побара прошка. Напротив, во своите маки, како што забележал К. Маркс, тој гордо извикал: „Повеќе сакам да сум окован на карпата, отколку да им бидам покорен слуга на боговите.“ И навистина, „првобитниот грев“ не го расипа човекот, туку го ослободи, како што укажува Е. Фром, да се потпира врз своите сопствени сили и да стане целосен човек и да продолжи да се развива преку чиновите на непослушност. Духовниот развој на човекот беше можен само затоа што постоеја луѓе кои се осмелуваа во името на својата совест и
102
Н и кол а Кљус е в
верба, да им кажат „не“ на моќниците. И со силата на својот интелект, да бидат непослушни кон авторитетите-култови, кои ги задушуваа новите мисли и идеи, кои со својата тиранија сакаа вечно владеење, наместо промени во посакуваната иднина. 22. Па сепак, за жал, има луѓе кои од било кои причини се склони да бидат послушни, да бидат поданици. За таквите Е. Фром ќе каже: „С# додека сум послушен кон моќта на државата, црквата или јавното мислење, јас се чувствувам сигурен и заштитен. Всушност не е ни важно на која моќ £ се покорувам. Тоа е секогаш некоја институција или луѓе кои применуваат сила на овој или оној начин и коишто прокламираат сезнаење и семоќ, кои всушност се лажни. Мојата послушност ме прави дел од моќта што ја обожувам и затоа се чувствувам силен. Не можам да згрешам, бидејќи таа одлучува за мене; не можам да бидам осамен, бидејќи таа бдее над мене; не можам да направам грев, бидејќи таа не ми дозволува, а и да сторам грев, казната е само начин за враќање кон семоќната моќ“. 23. И ете, токму таа длабока понизност, низ којашто тече верата на култот на личноста, која им ја труеше крвта и душата на тие бедни поданици, на тие послушници, од кои голем број се претворија во сатани против своите блиски коишто страдаа по мачилиштата. Но, тие понизни поданици и несмасни послушници не се обични извршители на злото во кое ги насочува силниот - култот, туку сакаат дури да го почувствуваат она што го чувствува силниот. Тоа значи, да се верува во она што го пропо-
103
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
веда силниот - култот како вистинско и да ги уживаат благодетите што им ги овозможува системот, во кој владее култот на личноста. На тој начин, тие со језуитски пробабилизам се вградуваат како штрафови во таа демонска машинерија, што го меле слободниот дух на гордиот и достоинствен граѓанин. 24. Сите тие методи настојуваат кај понизните да се скроти човечката гордост, без да се согледа, дека нема веќе гордост кај нив во таквиот начин на послушност. За жал, има такви кои не можеле тоа да го сфатат и продолжиле да бидат послушни експоненти и денес, без гордост и чест. Мигел де Унамуно своевремено за вакви егземплари пишувал: „Тоа не значи, дека ќе биде возвишен оној кој се понижил заради возвишувањето“. За тие понизни поданици култот не бара само пристојна послушност, туку да бидат слепи верници во она што тој го спроведува, да живеат во агонија на неговата идеологија. А тоа е најмрачната пресија, да се верува во догмата на култот на личноста, во неговата непогрешливост. Зарем блиското искуство не н# поучува во масовното колнење на култот на Титовата личност и срамните пароли: „И по Тито - Тито“ и сл., а при сето тоа, до каков хаос беше доведена земјата?! За жал, и денес с# уште гледаме по ѕидовите како виси иконографијата на Тито во разни државни институции и организации. Притоа, се заборава, дека Првата Влада на Република Македонија уште 1991 година, донесе Одлука да се отстранат сите слики од држвните институции и општествените стопански организации, и да се стави крај на понижувањето на народот од полувековната страв што ја наметнуваше со пресија системот кој го создаде култот на Титовата личност.
104
Н и кол а Кљус е в
25. Од друга страна, во природата на општествените ритуали лежи драматизирање на улогата на личноста. Честопати ќе се сретне политичкиот говорник да го зборува она во кое претходно веруваат слушателите. Или за она за коешто тие сакаат да им се зборува. Тој ги прилагодува своите мисли, својот начин на соопштување, на желбите и вербата на присутните. Тој се идентификува со нив. Ова особено е видливо за време на предизборието, кога лидерот на партијата или неговиот експонент се идентификува со избирачкото тело и им зборува за она во што претходно веруваат, мислат и посакуваат самите избирачи. Така тие ја прифаќаат неговата волја, ја признаваат неговата моќ, гласајќи за него. 26. А има и такви ветувања во предизборието во кое одделни моќници на најбескруполозен начин ги купуваат гласовите, особено кај оној сиромашен и примитивен слој од гласачите. Во тој период на митинзи со ритуални свечености се сечат ленти за почеток на инвестициска изградба која утре нема никогаш да се оствари, или се ветуваат благодети на гласачите: дека ќе им се изградат патишта, чешми, ќе им се воведе електрика, изградат пазаришта, паркинзи и уште што не. Сето тоа обично се нарекува демагогија, измама на електоратот, само да се добие или задржи власта.
105
ПРИФАЌАЊЕ НА ПРЕДИЗВИКОТ
1. Секоја критика на институциите на системот, како и секоја желба отворено да се прифати предизвикот, отворено да се влезе во дијалог по суштествени општествено - политички и економски проблеми, априори се зема од нашата бирократизирана структура, како отпор против институциите на системот, како непријателски насочени намери. Во такви услови, каде е демократијата, каде е прогресот и алтернативните размислувања? Духот на алтернативното размислување или поточно алтернативниот демократски натпревар нема да се постигне, с# додека отвореноста кон предизвикот не стане начин на нашето живеење. А отвореното прифаќање на предизвикот бара храброст, мудрост, нова енергија и образложени нови аргументи, кои ќе бидат тврдокорни факти во борбата за демократски натпревар.
106
Н и кол а Кљус е в
2. Кога некои, а особено политичари или државници ќе сфатат дека се предизвикани, а не само поддржани, многу од нив ќе избегаат или ќе дојдат во искушение да избегаат. Зашто нивната отвореност спрема предизвикот ќе бара да се изложат на инспекција на јавноста, на јавниот суд. А таквата искреност не доаѓа безболно. Луѓето се оддаваат на лаги за да ја избегнат болката што ја носи предизвикот и неговите последици. Луѓето кои биле изложени или го прифатиле отворено предизвикот, тоа најдобро го чувствуваат. 3. Оценувајќи ја болката и лагата што ја носи предизвикот М. Скот Пек (во книгата „Патот по кој поретко се оди“) вели: „Лагата на Претседателот Никсон за Вотергејт не беше ништо пософистицирана од лагата на четиригодишно дете кое ја уверува мајка си дека ламбата сама паднала од масата и се скршила.“ На тој начин, с# додека природата на предизвикот е легитимна, (а обично е) лагата е обид да се избегнат легитимните патила, зашто тие може да предизвикат и ментална болест. М. Скот Пек во своето богато искуство од областа на невропсихијатријата, изнесува извонредни сугестии од интерес за нашата анализа на вербата и измамата, на лагата и вистината, како и за личноста, моќта, владеењето, отвореноста кон предизвикот. Во продолжение слободно ќе интерпретираме некои негови видувања. Обично во работата раководните личности мора да внимаваат околу изнесувањето на своите мисли, чувства, идеи, па дури и знаење и треба од време на време, тоа да го потиснуваат, во разни околности во текот на својот живот, ако сакаат авторитетно да постапуваат.
107
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Ова, секако доаѓа до израз, пред с#, во деловниот и политичкиот свет, доколку човек сака да биде добродојден во разни управни и раководни тела. Исто така, човекот прибегнува кон селективно премол чување на сопственото мислење, зашто кога тој во секоја си туација отворено би искажувал свое мислење за важни и неважни работи обично ќе се смета за непожелен, па дури и опасен за организацијата. Доколку сака да биде влијателен во некоја организација или институција, човек мора делумно да стане и организирана личност, внимателен во искажувањето на личното мислење, понекогаш поистоветувајќи го личниот идентитет со идентитетот на организацијата. 4. Но, од друга страна, ако некој смета дека сопственото влијание во организацијата му е единствена цел на „организирано“ однесување, дозволувајќи да искажува само такво мислење кое со ништо нема да го ремети постојното, тогаш тој се повел по макијавелистичкото начело, дека целта ги оправдува средствата, и на тој начин, го изгубил личниот идентитет, станувајќи во потполност личност на организацијата или поточно, станувајќи аморфна личност, без свое јас. Тој ја изгубил способноста и чувството за реагирање, за промени. Тој веќе не е свесен на фактот, дека станал трансмисија, пасивен послушник. 5. Од тие причини, патот кој треба да го мине еден голем владетел и раководител помеѓу сочувување и губење на својата самостојност и идентитет е необично тесен пат и сосема мал број можат да го поминат истиот.
108
Н и кол а Кљус е в
Гледам како некои млади, нарцисоидни лидери на политички организации, а главно, речиси, на голем број партии се такви, ги губат насоките во својот од, или паѓаат во канџите на моќници, дозволувајќи постојано да бидат пилотирани, или поточно манипулирани. Други се поистоветуваат со организациите, кои во суштина немаат своја политичка филозофија и идеологија, немаат свои дефинирани програми. Во таков политички „безвременски“ свет, каков што е нашиов, лесно манипулираат итреци, учени од искуството на светот на лагите и измамите. 6. Но, ако сакаме да изградуваме морални начела на иднината, ако сакаме да се посветиме на нова етика кон искажување на вистината независно дали станува збор за личност, организација или институција, тогаш треба да настојуваме да се придржуваме до некои нови вредности кои како правила ќе обврзуваат и тоа: Прво, никогаш раководната личност не смее да изговори или искаже невистина; Второ, постојано треба да се има на ум, дека секое премолчување на вистината е потенцијална лага; Трето, одлуката вистината да се премолчи, никогаш не смее да биде базирана на лични потреби и интереси, какви што се потребите за моќ и симпатија или потреби личноста и неговите интереси да се заштитат од евентуален предизвик; Четврто, одлуката вистината да се сокрие треба во потполност да биде базирана на потребите на човекот или луѓето од кои таа се крие; Петто, проценување на туѓите потреби се искажува како комплексна одговорност, која треба да се спроведува мудро и со искрена љубов спрема другиот;
109
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Шесто, примарен фактор во проценката на туѓите потреби, претставува оценката на способностите на таа личност, вистината да ја искористи за сопствен развој. Тоа значи, дека таквите луѓе никогаш не зборуваат лаги и можат да бидат сигурни и горди во своето сознание, дека со ништо не допринеле за конфузијата што владее во светот и кај нас, туку дека станале извор на светлоста и искреноста. Затоа, не треба да измислуваат нови лаги за да се сокриваат старите и сл. Но, за жал, праксата кај нас е исполнета со многу порочни појави кои загрижуваат. Појави на искршени и измамнички карактери. Не би сакал да бидам сфатен како моралист и да држам морални говори, но несомнено е важно, оној кој сака да биде владетел и раководител мора да тргнува од некои скрупули на гласот на совеста, зашто како што вели Ж. Ж. Русо: „Совеста е глас на душата како што страста е глас на телото, и не е чудо што тие меѓусебе често се спротивставуваат“. Ова го изнесувам од причина зашто совеста на некои наши раководители не знаеме каде живее, дали во душата и во срцето на вистината или во устата на лагите?!?
110
ГНЕВОТ И ОДРЕКНУВАЊЕТО
1. Гневот е својствен за човекот, посебно во услови кога е загрозен и обесправен. Човек речиси постојано е физички и психолошки загрозен, па во таа смисла, тој само со гневот и преживува. Од тие причини, за да се совлада гневот треба да се користи соодветен компетентен флексибилен систем на реагирање, а тоа е мошне сложена задача. Ова заради фактот што сите луѓе во помала или поголема мерка страдаат од слаба флексибилност на системот на реагирањето, особено ако живеат постојано во неспокој и несигурност. 2. Нашиот човек, токму во овој домен е најмногу оптоварен. Неговата несигурна материјална егзистенција, сатанизацијата на неговиот дух и историската, физичка и територијална загрозеност, го прават да живее во неспокој, гневен.
111
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Во нашиот човек биолошки е всаден гневот и ќе му треба подолг временски период, да изградува флексибилност во системот на балансирано реагирање. 3. Секој народ има свои особености за препознавање. Свој масовен национален симбол. Така на пример, морето е национален симбол на Англичаните; крајбрежните насипи на Холанѓаните; војската - милитаризмот на Германците; револуцијата - марсељезата на Французите; планинските сртови и патриотизмот на Швајцарците; матадорството (борби со бикови) на Шпанците итн. А кој е масовниот симбол на Македонците? Тагата, болката, носталгијата за изгубеното, распарчаното, поделено огниште и непризнавањето на нашиот народ и нашето исконско име. 4. Затоа, секоја помисла за непризнавање (од кого било) побудува во срцата на секој Македонец гнев, омраза, отпор. Основниот повик што се бара од нас денес, треба да биде, сите Македонци каде и да се, како чекан да се соберат против непризнавањето. Тој срамен чин, непризнавање на нашето име е антитеза на нашето реално постоење, нашето вековно опстојување и живеење. Непризнавањето и поделбите произлегоа како диктат од други. Некои зборуваат за некакви договори; Букурешки 1913, Версајски 1918/1919 година. Но при тоа, никаков претставник на македонскиот народ не потпишал таков договор. Тоа е диктат врз македонскиот народ од туѓи сили, завојувачи со благослов на нивните трабанти - големите империјалистички сили.
112
Н и кол а Кљус е в
И затоа, невлегувајќи во никакви територијални претензии денес, но, само заради историската вистина треба да се каже, дека Првата Влада втемелувајќи ја независноста на Самостојна Република Македонија јасно ја стави на знаење невалидноста на тие договори. Патем да кажам, тоа јавно го искажа и Претседателот на Република Македонија. Зашто тој диктат потсетува на сурова пресуда и заповед, пресуда никогаш не прифатена и со гнасење отфрлена од македонскиот народ. Во било која прилика да се слушне или прочита за Букурешт или Версај, во секое македонско срце зјае рана, тага и болка за нашето расчеречено тело, за топлите домови, огништа, гробови, неизгаснато чувство за немање на она што е одземено, а пред с#, за чувството на непризнатост да си народ со свое име, историја, култура, традиција, со своја етничка територија и национална самобитност. Против надворешниот диктат кој се наметнува и сега, врз еден реално постоечки дел од етничката македонска територија, треба да се повика сиот македонски народ, каде и да е, на општо помирување за одбрана на македонската самобитност и државност. 5. Од тие причини, државно - политичкиот естаблишмент на Република Македонија не може денес да реагира спрема еден или друг сосед со различни средства и методи. Мора да имаме изградена единствена филозофија на отпор и соработка со соседите, политика на активно зближување, а не на еквидистанца - оддалечување. Неодржливо е спрема едни соседи да имаме толерантен однос во политиката, економијата, културата, и поданички да се однесуваме, а спрема други, да создаваме раздор и омраза.
113
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Историски сите четири соседи биле наши окупатори. Вршеле геноцидна асимилација на нашето национално битие. Оттука, секој поданички однос и толеранција спрема некој, раѓа патернализам врз нас и ново економско и духовно поробување. Синтагмата „ние сме биле едно, во иста држава сме живееле“, претставува очајнички крик и повик за ново поробување. 6. Денес на Балканот може да постои само една прифатлива теза за да се разберат соседите и тие нас, како наши непријатели во минатото. Тоа е стратегија на разбирање во која ќе се втемелат: помирувањето, животното егзистирање и почитувањето на суштинската различност во амбиент на блискост, каде се допираат културите, традициите, обичаите, јазиците, верата и економскиот живот и интерес. Тука не станува збор само за политика на толеранција, разбирање и солидарност, туку, пред с#, изградување на страст со љубов и почитување тоа да се постигне. Историското искуство на порази, омраза и крв н# учи да бидеме упатени едни на други. Тоа историско искуство треба да стане двикател на нови акции, нови програми, нови видувања на иднината. Тоа ќе означува иднина во која новите генерации, ослободени од хипотеките на националистичките страсти, ќе живеат како соседи без граници, што го посакува европската цивилизација. Или пак, таа иднина ќе биде утопија што и понатаму ќе ги раскинува срцата на народите на Балканот да живеат во неспокој. Можеби еден ден гневот на нашиот народ ќе се релативизира, ќе се врати спокојот и љубовта, само ако Европскиот дом ги отвори границите спрема сите наши соседи. Тоа е
114
Н и кол а Кљус е в
и единствената историска шанса и реална алтернатива на зближување на нашиот народ со соседите во однос на поделбите, омразите и војните. 7. Ние живееме во време на големи одрекнувања. Честопати под присила или условени од низа околности, или пак, свесно наложувани од некои, за жал, наши властодршци. Се одрекуваме од низа навики, обичаи, наметнати или прифатени идеологии. Се одрекуваме од национални белези, делови од својата етничка територија. Се одрекуваме од вредносни судови и стилови на живеење, со единствена цел, да стигнеме среќно и далеку на своето животно патување. Иако притоа, одрекувањето претставува најболно човечко искуство. Зашто единствена алтернатива на ова одрекување е, како што вели М. Скот Пек, да се изостане од патувањето во животот. А можно ли е да се одречеме од самите себе, од своето име, од својата крв, од биогенеричкото во себе? Тоа што некои ни го наметнуваат. Тоа би значело злосторство, сопствено историско и природно негирање. Би значело убивање на самите себе. 8. Некој н# турка, ни го свртува вниманието за жал, кон сопствена самоиронија, како народ, како нација и држава. Со тоа е преокупирана за жал и официјалната тековна политика. Таа политика упорно н# маргинализира да талкаме во безизлез, чие темпо го наметнуваат туѓи интереси. Без нужната критичност и сопствена стратегија тоа е неизбежно. Затоа се бара национален консензус на сите политички и инвентивни сили во државата за утврување на битните национални и државни интереси.
115
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Секоја цивилизирана држава работи перманентно на тоа денес. Футуристичките студии имаат централно место во економско - технолошките и социјално - политички истражувања. Донесувањето на глобални, стратешки цели на идниот развој не е и не може да биде привилегија на една генерација. Затоа се бара континуирано генерациско истражување со задача покомплексно и посестрано да се согледуваат проблемите во сложениот и немирен динамички развој. 9. Тргнувајќи така од јасни стратешки определби, нема и не може да има одрекување од сопствениот пат на независната држава која, веќе длабоко е втемелена во нашата свест. Зашто неа не ја сфаќам како залутано изгубено сираче. Таа не е автархично затворено трло за товење на стадо за кланица. Не сакаме слепи патници да талкаат во безизлез. Напротив, сакаме да го видеме светот на нашето опкружување со свој стил на размислување, со соответна економска и културна содржина за презентирање. Самостојно да одлучуваме за сопствената иднина, да бидеме ортодоксно приврзани кон независната стратегија на нашиот опстој. И сакаме од тој богат резервар на светската демократија, нејзините плуралистички вредности да станат креативно учење на нашата акција во нашата пракса, во прео бразбата на нашето мислење и однесување. За тоа сме способни, а државата, за среќа, располага со потребен интердисциплинарен научен кадар, кој може успешно да ја изврши таа задача, доколку постои државна и меѓупартиска политичка подршка. 10. Тој процес бара и време и нова енергија и знаење и мудрост. Државата треба да изгради инструменти и механиз-
116
Н и кол а Кљус е в
ми за мобилизација и стимулација на креативниот духовен потенцијал, слободно да размислува со нужната објективна научно критичка скрупула. Само на тој начин, можат да се остварат можни алтернативни патишта за нашата иднина. Секое затворање во рамките на теснопартискиот кадар кој е на власт, значи затворање во сиромашен, лимитирачки круг на визионери, со висок ризик за побрзо зачекорување во иднината. Нас треба да н# спојува заедничкиот поглед кон иднината, заедничките државни и национални желби и интереси. На тој начин, секое одрекување од своето битие, секое пазарење за возвишените заеднички интереси дома или надвор, нема да може да добие простор. Ќе се стеснат можностите за кавги и уценувања. Прифатените стратешки определби и цели со политички консензус на сите организирани субјективни сили во државата ќе стане јавно добро и со респект почитувано од меѓународните институции. Во таа смисла, секој тековен државно-политички естаблишмент ќе мора максимално да ги остварува и почитува консензуалните цели. Некои од тие стратешки цели, доколку не може да се постигнат со политичи консензус, државата мора да организира референдум за нивно изјаснување. Тука станува збор, на пример, за такви цели каков што е примерот со употребата на јазикот, територијалниот интегритет, стапување во разни регионални унии, сојузи и слично доколку истите не се уставно дефинирани или на друг начин утврдени.
117
НОСИТЕЛИ НА ПРОМЕНИТЕ (Нови луѓе или носталгичари за минатото)
1. Влегувајќи во првата демократска влада на Република Македонија, во почетниот плуралистички период (1991 год.), рековме дека можеме да бидеме предводници само ако одиме први. Ние тоа и бевме, а тоа и сакавме. Затоа го прифативме отворено предизвикот на големите промени, тој за нас возбудлив предизвик, во кој се роди Независната Македонска Држава. Цената на тој предизвик беше голема. Ризикот неизвесен. Пред тој историски и морален предизвик, ние денес не се гордееме само со успесите, туку и со нужен респект ја прифаќаме и објективната критика од тој период. 2. Совладување на искушенијата во транзицискиот период, искушенија економски, политички, социјални, исполнети со
118
Н и кол а Кљус е в
негирање на еден вредносен свет и изградување на нов, с# уште недоволно спознаен за нашиот специфичен амбиент, бара претходен одговор на едно крупно прашање, а имено, кој е субјектот на транзиторниот процес? Кои се носителите на промените? 3. Ефектите на промените бараат политичка демократија, во богатството на плуралистички идеи кои ќе се преточуваат од слободниот креативен дух, што ќе ја изградува политичката синтеза на демократијата во земјата. Тоа не може да биде привилегија на една политичка партија, како што претходно изнесовме, или привилегија на една личност. Посебно не, во нашите услови во кои владеачките партии располагаат со скромен, ако не и сиромашен креативен дух, поради што, наместо демократија повеќе може да инклинира кон тоталитаризам и функциократија. 4. Моторна сила на промените во изградувањето на политичка синтеза на новите демократски вредности кај нас, треба да биде интердисциплинарното ангажирање на научниот потенцијал, почитувајќи ги плуралистичките визии и алтернативните видувања на иднината. Процесот на историскиот премин во нашата пракса не може да даде целосни ефекти, с# додека се спроведува одозгора па надолу, по логика на функционерската структура. Мошне значаен фактор за успешност на промените е масовното активирање на сите носители на промени, а пред с#, оние кои се организирани одоздола па нагоре, кои и се самите заинтересирани за успехот на транзицијата.
119
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
5. Промени ќе има тогаш кога нема да се состои само од пригодната концесија на заинтересираната функциократија на републичката власт, туку како што вели Конрад (во „Антиполитички предизвик“), кога ќе ги носи напред едно општествено движење, такви луѓе, кои не учествуваат во политичката власт, кои немаат политички обоени функции, кои не се овластени тоа да го прават одозгора, кои тоа го прават доброволно, самоиницијативно, во своите здруженија, кои се обврзуваат на страната од демократските основни вредности и кои се способни да им понудат нови спогодби на функционерите . . . Ова го изнесуваме од причина зашто таму каде што функционерите се господари, невозможно е да се замисли дека можат да постојат и опозиционери, и таму ќе изостануваат ефектите. 6. Тоа воедно значи, дека транзицискиот период, периодот на промените е комплексен, мошне сложен, кој бара и знаење, и умеење, и мудрост во спроведувањето. Тоа е долгорочен период на самоодрекнување, на лишување од многу задоволства, во чиешто движење се вклучува целата национална енергија во изградувањето на сопствената иднина. Краткото искуство кај нас покажува, дека не се почитувале во доволна мера изнесените сугестии. Честопати спонтано се влегувало во тој процес, без да се истражуваат негативните економски и социјални реперкусии, без да се осмислат методите и организацијата за постигање на временски побрзи ефекти, без да се нарушува социјалната рамнотежа, релативизирајќи ги конфликтностите на најмала можна мерка.
120
Н и кол а Кљус е в
7. Истражувањето на овие феномени бара сестран пристап, зашто животот е вечен процес, не постои апсолутна даденост, не постојат вечни критериуми и догми во општествените мутации. Нема апсолутна вистина, таа е повеќестрана. Од друга страна, не постои апсолутна сегментација, вечно издвоени делови. Постои само апсолутна условеност, причинска каузалност, меѓусебна поврзаност на природните појави и животните процеси, во таа смисла, пред с#, на општествено - економските процеси. Колку повеќе се осознаени тие процеси во реалниот свет на нашето живеење, како проекција, како модел и реалност, толку повисока ќе биде ефикасноста, успешноста и корисноста на функционирањето на општествено - економскиот систем. Истиот може успешно да функционира само како објективна општа даденост, односно како синтеза на материјалното и духовно битисување на секој поединец, како конкретна поединечна цел и искажување, како одделна прагма и егзистенција, во неговото пошироко опкружување. Таа синтеза постои објективно, само како наплив на конкретни субјекти, на конкретно искажани интереси и услови. Од тие причини, централен проблем за истражување станува човекот со неговите цели, мотивираност, способност, претприемчивост и интереси. Неговата иницијатива станува моторниот двигател во развојот и основен носител на промените во секторот на сопственоста, раководење и управување со процесите, во доменот на технолошките инвенции и иновациски процеси, конечно и во политичките и социјалните мутации.
121
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
8. Историската пресвртница во која живееме е исполнета со низа неизвесности и искушенија. Ние како генерација сме повикани да ги победиме искушенијата. А тие доаѓаат тогаш кога ти е најтешко, кога се чувствуваш најслаб и најосамен, без подршка и пријатели. Во почетните години (1991-1992) бевме сами со злото што н# демнеше: Југословенската армија и крвавите злосторства во војната на поранешните југословенски простори, како и нејасно дефинираните соседи и наметнати економско политички блокади. Совладувањето на тие крупни економско политички предизвици, бара цврста определба и решеност, како и висока еманципираност и култура, како од секоја личност, така и од поширокото опкружување. Притоа, секоја личност како носител на општествените промени, треба да се набљудува не само како политички и економски субјект кој одлучува, произведува и троши, туку и како субјект кого го красат цивилизациски вредности, во смисла на креатор на духовни вредности, врз чија основа општествено делува и го забрзува процесот на промените. 9. Пред големите историски пресвртници човештвото секогаш влегувало со нови видувања кон иднината, со нудење на нова скала на цивилизациски вредности, како резултат на колективниот човечки гениј, односно на неговиот колективен материјален и духовен капацитет. На промените пред кои сме исправени во општествениот, економскиот и политичкиот систем, што лаконски се нарекува транзиција, не им претходеше духовна осмисленост, ниту културна, ниту пак научна. Во нив се влезе спонтано, патем да кажеме, без теоретски јасни постулати. Зашто, и научно, и
122
Н и кол а Кљус е в
социјално политички, и институционално и психолошки бевме е с# уште сме затечени, со нејасно дејство на временскиот фактор. 10. Тие промени главно се одвиваат под палката на надворешниот фактор, чие што видување, култура и мерки не соодветствуваат со нашиот материјален и духовен амбиент. Прашање е колку тие одговараат и на нашите политички определби, доколку ги имаме стратешки утврдено, посебно тие околу нашето соседство, како и оние кои ни ги наметнуваат во врска со малцинските односи. Имајќи го сето тоа во предвид, сосема е природно ефектите од тие промени и по обем и квалитет временски да заостануваат. 11. Тука се поставува едно клучно прашање. Дали живееме во „безвременски свет“, како што своевремено зборуваше Пруст, односно дали живееме во сегашноста или во минатото, односно иднината? На ова прашање, носталгичарите за стариот систем, почнаа погласно да зборуваат за минатото како нешто недостижно денес. Ова не е случајно, ако се има предвид, дека челните креатори и организатори на нашата иднина се луѓе кои се напојувале од културата на стариот систем. За многу од нив, надежите кон иднината се нејасни и остануваат срамежливи или молчаливи носталгични мечтатели за минатото. 12. Многу од нив Обломовски се распнати помеѓу „безнадежната носталгија за минатото“ и „безнадежната иднина“.
123
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
Стравот од новото и непознатото или поточно, несигурната иднина што ги мачи, ги тера да ги свртат срцата кон минатото. Во суштина, тоа се луѓе кои органски му припаѓаат на минатото. Тие тешко може да бидат моторна сила на промените. Има нешто интимно што лежи во природата на човекот. Тој првичен грев што го носи како тежок багаж во својата потсвест. Тоа се луѓе, не само што ја носат културата на стариот систем, туку и биле идејни нејзини творци и борци во спроведувањето, како механизми, инструменти и катализатори, нешто што станало во нивната свест навика, а во начинот на живеењето материјализирана култура. Нивните односи кон луѓето, кон работата, нивната етика и морал и конечно нивниот поглед кон светот се втемелени во културата на стариот систем. Тие се еклатантни парадигми на таа култура. 13. Во право е Г. Маркес (во романот „Сто години самотија“), кога вели, дека: „Една од трагедиите на човековата свест е тоа, што ние не само што се сеќаваме на минатото, туку и копнееме по него . . . Тоа е очајнички обид на човекот, да се врати кон стариот начин на живот, да си ја врати изгубената невиност“. Во таа смисла, „победеното време“ (Пруст), како што вели Џон Мак Гоуен, во поговорот на истоимениот роман на Г. Маркес, егзистира во едно минато што може да се врати само со помош на уметноста, поточно со уметничката творба која ќе му се спротивстави на хаосот на сегашноста. Меѓутоа, во праксата колку и да е присутна носталгијата, никако не може да се врати минатото какво што било. Останува трајна носталгијата само во нашите чувства, во секоја наша љубов, како што велеше Фројд.
124
Н и кол а Кљус е в
14. Иднината бара изградување на нова култура, нов светоглед и нови творци со нова човечка енергија на знаење, на умеење во формулирањето на нови цели на општествено економскиот развој, иманентни на промените кон кои се стреми општеството. Станува збор за изградување на нови критериуми, стандарди и мерки, нова филозофија и култура на нашето живеење, потпрено на искуството и цивилизациските вредности на оние земји кон кои се стремиме. Тие премиси с# уште ги немаме изградено. Но, не треба да се заборави во тој процес на создавање на нови духовни вредности, на постојното културно ткиво, на творечката традиција на нашиот трудољубив човек, што со милениуми се таложела во народната свест и материјализираните предмети што генерички се пренесувале с# до денешни генерации. Тоа духовно и материјално богатство го претставува кичмениот столб врз кои ќе се изградуваат нови вредности на личноста како слободомислечка, креативно инвентивна личност, во услови на демократско плуралистички амбиент. 15. Исправени пред големите општествени промени, во кои се напуштаат одредени утопистички постулати, се поставуваат прашања за разрешување од фундаментална природа, како од теоретски аспект, така и од аспект на организацијата и управувањето со општеството. Станува збор за изградување на една целосна теорија на економско политичкиот развој и теорија на општествените системи и нивна поврзаност и условеност со промените во конкретно дадените услови и очекувани можности на земјите во транзиција и конкретно во нашиот македонски амбиент.
125
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
16. Не би требало да имаме илузија, дека настанатите проблеми ќе ги реши само политиколошката наука и парламентарните дискусии. Тие промени имаат далекусежно влијание и длабоко извираат и меѓусебно поврзуваат акции и реакции во сите пори на општествениот живот. Тоа бара целосен и комплексен пристап за нивно истражување и разрешување, во смисла на ангажирање на низа научни дисциплини од општествените науки (економски, правни, социолошки, културолошки), технолошко информатички и менаџерски дисциплини, широката област на природните науки, с# до еколошко безбедностните и психолошко - естетските науки, чии комбинирани знаења можат да дадат оптимални ефекти во многу значниот општествен развој. Значи, станува збор за такви носители на промените кои ќе имаат интегрално - диференциран пристап на мислење. А имено, интегрален, односно глобален, комплексен пристап во кој се истражуваат и се согледуваат севкупните цели на општествениот, економскиот и технолошкиот развој, од една страна, а од друга диференциран, односно поединечен пристап, само во смисла на користење на пооделни мерки и оценки со кои се искажуваат специфичните аспекти на самиот развој. На пример висината на развојните стапки; нивото на животен, образовен, културен и здравствен стандард; степенот на еколошката загаденост, научните инвенции и технолошки иновации, политичко-демократските права на човекот, неговиот куповен стандад и сл. 17. Блиската историја н# учи дека од политичкиот до технолошки детерминизам што го наметнуваа спротивставените системи и блокови нужно водеше до редукционистички при-
126
Н и кол а Кљус е в
стап, чија што логика ги анализираше општествените појави ограничено, преку тесен хоризонт на одделни научни области. На тој начин искажаните преференции не даваа права слика за состојбите од севкупниот општествен развој. Едните гледаа можност за разрешување на сите општествено - економски и технолошки проблеми преку политичко државниот авторитет и нивните експоненти, другите преку технолошките иновации и односот кон капиталот. Историјата покажа дека и едниот и другиот детерминизам не ја дава полнотата на ефектите во општествениот развој, пришто, политичко државниот детерминизам, искажан преку моќта на еднопартискиот систем, како политичко економски и технолошки систем, пропадна. А другиот почна да вклучува скала на социјални критериуми и солидарни преференции, како и признавање на вонекономски ризици, покрај економско пазарните критериуми и слично. 18. Од тие причини, носителите на промените треба да бараат решение како да се премостат саканите желби за побрз и поуспешен премин на општествено економскиот и политички систем, од една страна, и изградување на нова теорија, нови модели на развојот и нова категоријална апаратура, од друга страна, со цел соодветно да се искажуваат специфичностите во изградувањето на новиот економско политички систем во нашата иднина. Несомнено тоа се крупни обврски пред носителите на промени во овој критичен премин. Ќе се премостат ли успешно? Има ли доволно разбирање за избор и мобилизација на инвентивниот духовен капацитет за носители на промените кај нас? Или попусто ќе талкаме во политичките манипулации?!? Тука се бара и мудрост и историска одговорност и смелост да се прифати.
127
ОДНОСОТ КОН ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА
1. Да се пишува за интелегенцијата е мошне ризичен ангажман. Станува збор за еден најинтересен мисловен слој во општествената структура. За нејзината дејност не постојат мерливи индикатори на активноста, а сепак е присутна во сите суптилни сфери на општествениот живот, било кога станува збор за теоретските потраги и откривања на нови визии, било во практичните апликации на креативните потфати. Од тие причини треба да се прашаме што подразбираме под поимот интелегенција, или поконкретно интелектуалец, кој е неговиот повик, неговата преокупација и место во општеството? Денес во теоријата се среќаваме со квалитетна разлика во дефинирањето на таканаречениот образовен човек и интелектуалец. Модерниот образоан човек, стручњак, се разликува од класичниот интелектуалец во европската традиција, по што се зема како техничар на знаење и не се разликува од другите професии. Тој врши определени, пропишани функции во рамките на работното место, односно во рамките на на-
128
Н и кол а Кљус е в
редбите што ги добива. Се движи во еден фрагментарен простор и се исцрпува во својата стручна операција и задача. Интелектуалецот се опишува како човек кој ги пречекорува пропишаните овластувања, кој посега по она што не е негова формална задача или работа. Неговата преокупација се поврзува со одговорноста на најопшт човечки план и како таков интелектуалецот, односно, кретивната интелигенција се сфаќа како совест, како гласник на етиката и одговорноста, која ја следи и кажува вистината и кга тогаш таа носи полза и тогаш кога таа им наштетува (Сартр). Во перидот на едноумието господствуваше идеологијата антагонистички поставена кон интелигенцијата, како кон елитен слој и како потенцијална опасност за вистината“ на системот. Околу тој комплекс се утврди митологијата на „авангардата“, како субјект на вистината или мит на „партиската линија“, како конкретно дадена вистина. Па, оттука, се детерминираше позицијата на интелигенцијата: тој/таа или ќе молчи или ќе ја афирмира „вистината“ на авангардата. Од друга страна, интелигенцијата на Запад, онаа социофилозофската денес бега, како што вели Џон Дјуи од „конкретните судови за целите и средствата во регулирањето на односите во практиката.“ Дејноста во практиката всушност станала инфериорна работа, во очите на онаа интелигенција, односно практиката бива потполно омаловажувана. За таа интелигенција Џон Дјуи вели „знаењето станало издвоено од работата (трудот н.з.), теоријата од практиката, умот од телото.“ Но, современиот американски социолог и публицист Кристофер Лаш, со право ќе каже дека ова не е единствено видување на интелигенцијата, која тоне во скептицизам и нихилизам, туку напротив, повторно оживува прагматизмот како објект на историските и филозофските студии и станува една од светлите точки во инаку мрачните слики, кои даваат некоја надеж да има излез од академскиот ќорсокак (во неговата книга „Револтот на елитата и предавството на демократијата“).
129
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
2. Во светлината на изнесените гледишта за улогата и местото на интелигенцијата во тоталитарниот системи во системот на Запад, би сакале да го задржиме вниманието на овие проблеми кај нашата интелигенција во однос на нашата иднина. Нашата интелегенција е препуштена сама на себе, фрлена во стихијата на понижување и себезатворање. Таа е сè повеќе инфериорна пред митските страсти на политичките моќници и политичките манипуланти кои сè повеќе го исполнуваат македонскиот простор. Интелегенцијата како доброволно да е втурната во политичкиот темен тунел и замолкнато или молчаливо чмае, место теоретски да го втемелува и научно да го афирмира возвишениот интерес на македонскиот народ да живее во самостојна држава и пошироко, како духовно сплотено битие, врз негувањето и развојот на сопствената култура, историја, традиција и јазик. Врз платформа на таква профетска точност, големите Гоце, Даме, Ченто и Брашнаров се бореле и ја предвидувале Македонија како самостојна држава и спојно ткиво на балканските народи. Како поле на културен и би рекле економски натпревар. Тој долг кон историјата на нашиот народ, нужно треба да го преземе денешната македонска интелегенција и никој нема право да ја фрла во сенка на заборав или урамување во тесните интереси на некоја партија, или поданички да ја (се) става во служба на некоја самонаречена месијанска улога на личности, или конечно, во сиромаштвото на духот на пропагандата на естаблишментот. 3. Ние со репулзија одбиваме секаква пресија и манипулација со интелегенцијата, од каде и да доаѓа. Ова од причина, што
130
Н и кол а Кљус е в
идеолошката индоктринација и стравот што се шири со помош на едноумните дијатриби, на многу новинарски и квази научни пера, кои беа озлогласени во системот за кој мислиме дека го напуштивме, срамежливо и молчеливо, а некаде дури и отворено агресивно пак се појавуваат. Тој процес станува сè поинтензивен. Нашите медиуми и јавни гласила со своите отровни дијатриби сè повеќе настојуваат да ги унифорираат нашите мислења и идеи. Сè повеќе стануваме заробеници на една духовна и информативна пресија која смислено, дозирано нè „храни“ со информации за божем спектакуларните успеси во триумфалниот ôд на општествениот развој. Прикажувајќи го тој развој како најуспешна парадигма меѓу земјите во транзиција. И така, како божем сите доброволно да се согласуваме со прикажаната идила и покрај тоа што тежнееме кон општествен систем во чија што основа лежи токму идејата за плурализмот, односно правото на секој на несогласување со сешто и стремеж кон разновидност на идеи. Ова е можно затоа што сè уште старата номенклатура со своите метастазирани навики, стилови и методи на работа денес жилаво опстојува во нашата кревка демократија, чиј плуралистички дух сè повеќе спласнува, а стравот од ново едноумие одново завладува. 4. Расте списокот на отфрлени македонски интелектуалци, прекрасни новинари, публицисти кои речиси секојдневно се ротирани или исфрлани од своите работни места поради непослушност, ставени во сенката на заборавот. Сè повеќе на сцена избиваат политички пулени и медиокритети кои настојуваат да го униформираат нашето мислење.
131
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
5. Секој кој не е заведен со песната на музите на „Големиот“ ѕидар или искажува сомнеж, дека тој прикажува приказни „без покритие“, бива дискредитиран и жестоко напаѓан: како параноичен, хистеричен, или пак, како фантамазгоричен емотивец, кој нема поим за политика или за прагматичноста на моментот. Тоа значи, треба да се слушат „префинетите“ говори, мисли, сугестии, за време на разни средби, свечености, промоции, фестивали или медиумски интервјуа, кои однапред се изрежиран театар за само еден вид публика, која сè уште е ортодоксна и сака да слуша, па дури да ужива во матинејските муабетења со својот месија. 6. Од етички принципи, со ентузијазам аплаудираме на недовербата што јавноста сè повеќе ја искажува спрема таквите појави и со репулзија одбиваме таков однос спрема македонската јавност. Препознатлива е таа покорна и послушна интелегенција, која до вчера беше слепа и глува за сите зла што доведоа до овој хаос. Многу од тие лукави и изитрени, од редот на таа исполитизирана интелегенција, да проговорат, сметаа и уште сметаат дека е штетно и опасно да се пишува, зборува и решава за вистинските проблеми на националниот и државен опстој. Зарем тоа не е рамно на туркање во бездна?!? А при тоа, многу кои се професионално обврзани да проговорат, упорно денес молчат, оставајќи на полутани да ни ја креираат иднината. Има и такви, кои поради долгото молчење, затскриени зад аглите на историјата, заборавиле да зборуваат, им згаснал гласот, а се украсиле со звучни титули. Големите молчаливци
132
Н и кол а Кљус е в
се појавуваат сред раскошните порои од зборови. Она што го кажуваат е доволно интересно за уште повеќе да ме интересира нивното молчење, како што би рекол Конрад. Таквата молчалива интелегенција која доброволно се потчинила на политиката, самата доброволно добила парализа на мозокот. Зашто молчењето, како што вели Галбрајт е екстремна форма на одбрана. Оној кој молчи, веќе во него се сомнева, така што тврдоглавото молчење води кон болно испитување, мачење. А тие со умисла молчеливци, задоволни со статусот и својата набљудувачка улога, оставаат штедро други - исто да зборуваат, кои никој не ги слуша, кои досадиле со своите проповеди. Каде е крајот на молкот? Зарем уште ќе слушаме, разни сатрапи да проповедат за некаква слобода, демократија и права на човекот, а во суштина садистички да се задушуваат тие возвишени човечки вредности. 7. Убаво е нашите интелектуалци да молчат и да се дистанцираат од дневните идеологии, да не бидат во канџите на катадневни пропагатори на конјунктурни идеи и политички ставови. Да не дозволат отровното семе на старите агитпропци да влезе во нивната крв. Уште поубаво е и свето, да бидат борци за вистината, правдата и слободата, како што би рекол Жилиен Бенда (во книгата „Предавство на интелектуалците“). Но, кога се замаглува вистината, кога згаснува правдата и гуши слободата, секое молчење на интелектуалците е предавство пред совеста и народот. Зашто вистинскиот интелектуалец мора да протестира против сите нискости, духовни падови, морални „слаломи“, дури и кога се мотивирани од „спасот на татковината“. Интелектуалниот протест против таквите појави, треба
133
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
да помогне народот полесно да ги препознае нивните носители, зашто тие се подзакриени под плаштот на нивната моќ над другите во кој го извршуваат чинот на алчноста за материјални добра и политичка власт. Пред тие возвишени универзални принципи и определби, нашата интелегенција не може да се оглушува. Уште помалку не треба да потклекнува и да биде трабант на разни властодршци, кои временски се менливи, а посебно, такви кои без да бидат запаметени во историјата. Напротив, интелегенцијата треба да се бори да ги демонтира лажните проповеди на челните места. 8. Уште среќаваме за жал, забрани и осуди на дела и морален линч на автори, со давање откази од работно место. Зарем, ќе се сложиме со цинизмот во нашиот век, кога во забраните и осудите човекот нажалост гледаше утеха, како што би рекла Надежда Мандељштам: „Забраната е своевидна легитимација и јас ја прифаќам како нешто заслужено. Во таа забрана има дури нешто што ми погодува и ласка.“ (Во втората книга: „Сеќавања и размислувања“). Тоа ли е поуката што треба да ја оставиме на нашата иднина? Таква поука ќе биде зачин на ново труење. Ќе биде меч, низ чие сечило ќе мине нашиот творечки дух и нашиот опстој. 9. Тој систем создаде и духовна полиција на режимот. Тоа беа: цензурите во разните комисии: агитпроп, идеолошки, уметнички, научни и сл. Па дури стравот што го наметна режимот внесе и строга автоцензура кај голем број творци за да опстојат, ако сакат да не бидат политички малтретирани и
134
Н и кол а Кљус е в
жигосувани. При тоа, не беа на цена креативните творци кои се служат со научни методи во истражувањето, со свој оригинални стилови и правци во уметничкото обликување, во квалитетот и содржината на делото, во објективната анализа и сл. На цена беа оние што му служат на партијата или што го возвиличуваат гението на култот, месијата, таткото на нацијата, односно да се прославува и воспева доктрината на нивниот политички систем. 10. За нашите историчари, оние препознатливите што пишуваат по нарачка, историјата, онаа блиската, живата, онаа на денот, неотспиената, претставува специфичен излив, комедија во магијата на неконтролираните мисли на зборот. А истовремено и трагикомедија од послушни пилоти на туѓи мисли и интереси искажани од загадени усти, кои веруваат во секаква измама, во секоја сплетка и лага, за безумно да ја возвеличуват. 11. Кај нас за жал, се тргнало по инерција на старите манири, на глорификација на просечноста, само да се запази критериумот на политичката припадност на „творецот“, или да се привлечат некои чии дела потонале во лажниот космополитизам, во аморфниот граѓански анационализам, без грижа за сопствена афирмација на националните вредности. Такви личности и дела се глорифицираат, наградуваат, воспеваат до безумие, до срамен чин на возвеличување.
135
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
12. С# беше ставено во служба на прагматизмот. Полезното на политичкиот систем ја одредуваше „вистината“, тоа се оценуваше за квалитетно и убаво. Достојно за сите награди и одличија. А колку од тие трудови денес се во кантите за ѓубре? Колку молчаливци се задскриваат во своите фотелји? А некои уште грмогласни врескаат и денес во редовите на духовната полиција на препознатливи партии. 13. Нашата книжевна и научна критика е еклатантен пример за таквите појави. Критичарите кај нас замолкнаа за откривање на нови творци, нови дела. Тие книжевни попови го искадија сиот свој темјан пред паметниците на своите култови, што сами ги создаваа, па денес останаа засрамени за своите испеани лакрдии. Нив веќе никој не ги слуша, зашто такво кадење ги затрува душите на тие што вистински книжевно создавале, а биле заборавени. Некои од таа препознатлива камарила критичари воспитувана во системот на едноумието почна одново непречено да продолжува во стариот стил на возвеличување на веќе возвеличените, на тие парадигми на минатото. Таа критика, самата се оттуѓила со еден неразбирлив елитистички јазик, црпен од енциклопедискиот резервар, со цел само да се воспева и возвеличува делото на „творецот“ кој треба да се глорифицира. Критиката наместо да изнесува тематска, стилска, јазичка оценка на обработените појави и личности, наместо да укажува на тенденциите на испитуваните феномени, во начинот на изразувањето на средината, во типологијата на карактерите и нивните маски, таа станува вештарска кујна да воспева духовно сиромаштво и илузии на автори на некои тематски имагинарен свет далеку од наше136
Н и кол а Кљус е в
то житие, од една страна, и да ја возвеличува со нагиздени плитки фрази нашата изгубена присутност, нашата грмогласна демагогија, таа болна сегашност, од друга страна. Така се создава парадоксален однос помеѓу тематската и духовно - јазична голотија на делото и наконтената облека со која без етика и професионален морал го украсува критиката. Тука отсутствува сè возвишено во етиката на критиката. Тој милосрден декор што го создава критиката двојно унакажува: и делото и творецот. Делото ја разголува својата нагиздена фасада, веднаш кога ќе се прочита, а творецот зашеметен од фолклорната глазура на критиката, срамежливо страда во својата безнадежна даровитост. Се разбира, доколку крвта на „творецот“ не е затруена во сопствената нарцисоидност. 14. Ќе може ли да ја видеме нашата врвна интелегенција како стожерник на нови алтернативни размисли, на нови програми? Ова затоа што интелегенцијата како одговорна мисловна структура во општеството постојано треба да биде во потрага по нови решенија, нови визии на иднината. Ќе може ли да се надминат политичките страсти на некои инфантилни моќници, кои владеат со импровизации во општеството? Ќе се премости ли јазот помеѓу емоционалната и морална заостанатост на нашата молчалива интелегенција и инвентивните креации на нејзините творци, за да станат подвижник на големите промени во овој историски премин? Што се случува со нашата интелегенција која добива повеќе наобразба во училишниот систем, а има с# помалку критички судови и оценки за реалните состојби во општеството? Или пак, погоре кажаното ги потврдува оценките дека стануваме сè повеќе општество на замолкната и за жал молчелива интелигенција?!
137
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
138
За делото
Грев пред вистината е да не се каже вистината Сопствениот долг кон татковината го започна уште како средношколец во штипската гимназија, активирајќи ја младинската организација во духот на патриотска љубов и обврска. На 17 годишна возраст се вклучува во борбените единици по планините Плачковица, Осогово, Огражден сѐ до Беласица. За време на првото собрание на АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчињски на 2-ри август 1944 год. заедно со многубројните борци партизани во дворот на манастирот внимателно следи сѐ што се случува во тие значајни настани. Во младешките дни согорува во мачилиштето на Голи Оток и Св. Гргур, остров што го носи името на светецот на морската будност и претпазливост на 3-4 км. од Голи Оток. Беше задоен, како што вели авторот од двата светци: едниот Св. Прохор Пчињски и другиот Св. Гргур. Првиот му даваше сила да јуриша во смртта, а вториот го туркаше кон смртта на камениот остров. Тие лузни во животот се одразија во неговата критична мисла кон суровоста, неправдите, ИЗМАМИТЕ и превртливоста. Така судбоносниот период на премиерската должност од март 1991 до септември 1992 означува реализирање на неговите младешки и исконски мечти. Иако беше предупреден да „внимава“ кога ја прифаќа понудата за соработка во крајно неизвесно опасно време, тој смело влезе во таа задача задоен од возвишениот мотив да се бори за свето дело што биеше во жилите на измачениот македонски народ. Со каков ентузијазам ја извршуваше својата должност, сведочат моите сѐ уште живи, неизбришани
139
при фа ќа ње н а п ре д и з ви ко т
сеќавања на неговиот немир, неспокој и непроспиени ноќи, исполнети со сложените настани, пресврти, промени. Беше просто „опијанет“ од работата дека ја продолжува исконската илинденска традиција. Таа постојана окупација му ја челичеше вербата и со знаење и мудрост заедно со својот најверен соработник од младоста, Ј. Мијалков „јуришеа“ во изградбата на слободарската цитадела – Независната македонска држава, иако беа опкружени од сите страни со зли намери. Токму заради таа понесеност, знаење и умеење таа влада ги донесе основните стожери на новото државно уредување. Особено болно го доживеа падот заради нереализираниот четврти државен столб, како што го нарекуваше постојано во домашниот говор. Така веруваше дека државата веќе ќе биде зацврстена на новиот курс и време. Но, се случи тоа што се случи. Но, во летото 1992 год. замолкна една уста што ветуваше верност. „Прагмата ја победи духовноста во доменот на политиката. Во, доменот, пак, на повисокиот ред на нештата, што го зрачат есеите на Кљусев, победник е духот. Тука се покажува дека политичката победа е платена со преголема цена – со разградба на личностите на победниците, со застрашувачка морална пустош.“ (Проф. Д-р Димитар Димитров). Тоа не мируваше во неговиот дух. Верувањето во ЗБОРОТ на човекот со кого го прифати предизвикот во историското премрежје на премин од едно во друго државно уредување, беше фактор да го земе кормилото на државата. Верување во збор за него значеше „вјерују“ и токму тоа длабоко го печеше кога тоа „вјерују“ ги изневери интересите на државата. Следеше сѐ што се случуваше потоа. Не можеше да се ослободи од „игрите“ што му беа приредени не за себе, во никој случај, зашто тој делуваше и со ум и со срце. Најде излив на чувствата и во своите поетски дела и во прозните. Честопати заради семејниот мир делував деструктивно молејќи го да се откаже од изложувањето на вистината која боли. Но, негов принцип беше: „грев пред вистината е да
140
Н и кол а Кљус е в
не се каже вистината.“ Неговите високи морални вредности и аналитичен дух храбро го поттикнуваа да пишува. Неговите белешки за блиското минато не го вовлекоа во малодушност. Напротив, измамата не роди омраза во срцето исполнето со надеж и животен оптимизам преточен и во дела и во зборови. „Почнав да пишувам и не се прашав каква корист тоа ќе има за мене и за другите. Една верба ме повикува, една надеж на искреност дека потребата од нејзиното пишување е поголема од каква било корист, од какво било мудрување на формалниот човечки ум. Таа потреба од разговор со себе, за виденото, решаваното, случуваното, доживеаното, каде јас и моите пријатели – соработници бевме и судии и свидетели и обвинувани за едно време на немир и неспокој, на нешто болно што умираше и надежна верба на новото што се раѓаше, го создаваше тоа Чедо во кое се преточи нашата мисла, нашиот дух, исконот на нашите предци, што нѐ обврзуваше.“ – Кљусев Тој негов возвишен мотив беше пресуден да се „бори за нешто свето, што силно биеше во жилите на народот. Тој измачен народ од вековниот гнет ја чуваше надежта за слобода во гранитните пазуви на Шара, Пирин и Грамос и простум опстојуваше со величенствената воинствена мудрост на Александар, Самуил, Гоце, Мише и Ченто и ќе знае да ја чува како зеница, оваа мала и со восхит опеана Независна Македонска Држава.“ Беше убеден дека е неможно и непотребно да се засолни „во некој изгубен агол пред историјата и пред судбата која мора да се преживее достоинствено, простум со љубов и понижување.“ И така, до крајот на својот овоземен живот исполнет со многу размислувања, усни и писмени раскажувања, длабоки сведоштва за времето и со исполнет човечки долг достоинствено христијански си замина во вечноста. Со почит и благодарност Надежда Кљусева 141
Академик Никола Кљусев Никола Кљусев (1927-2008), роден во Штип, каде што завршил основно и средно образование. Во неполнолетните години (1942-45) бил учесник во Антифашистичкиот отпор - во партизанските единици на Македонија. Во 1947 год. заминал на студии на Економски факултет во Белград. Поради затворањето на Голи Оток, две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград на 10 јули 1953 година. Во 1953 година се вработил во Институтот за научно истражување во индустријата на Македонија, Скопје, работејќи на инвестиционо-развојната проблематика, која станала негова животна научна преокупација, на која ги добил сите научни степени, заклучно со докторатот на Белградскиот универзитет и сите научни звања сѐ до редовен професор на Економскиот факултет во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите. Од 1961-1968 година работи во Економскиот институт, Скопје, каде по докторирањето 1964 година добил звање Виш научен соработник. Во институтот објавил пет книги и работел на повеќе проекти. Во 1968 година бил избран за вонреден, а во 1972 година за вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје. На факултетот вовел за првпат две научни дисциплини: „Теорија и политика на стопанскиот развој“ и „Инвестиции теорија, политика, економика - оценување и избор“. За двата предмета објавил учебници користени на сите Универзитети во поранешна Југославија. Од 1965 година предавал на следниве постдипломски студии: „Монетарно-кредитни проблеми“; „Економика на 142
претпријатијата“; „Економски развој и методи на економската анализа“. Проф. Д-р Никола Кљусев бил ментор на бројни магистерски и докторски дисертации. Работел и раководел на голем број домашни и меѓународни проекти. Бил на специјализација и студиски престој во Соединетите Американски Држави (Фордова фондација на Универзитетите „Колумбија“ во Њујорк и „Беркли“ во Сан Франциско); во Велика Британија (на Универзитетот „Сасекс“ во Брајтон и Лондонската економска школа; во Академијата на науките на поранешниот Советски Сојуз, во Москва и Академијата на науките во Полска, Варшава; во Меѓународната банка за обнова и развој во Вашингтон. Објавил бројни научни книги, монографии, стотина статии, написи. Учествувал на меѓународни конгреси на економистите во Монтреал, Мадрид и Будимпешта. Во рамките на меѓународниот проект „Инструменти на научно технолошката политика“ учествувал во Барбадос, Бразил, Венецуела, Египет, Индија, Кореја, Јапонија, Англија. • 1985-1987 година избран за декан на Економскиот факултет во Скопје. • 1988 година избран за член на МАНУ. • 1991-92 година Претседател на првата демократска Влада на Р. Македонија. • 1994 година претседател на Националната конвенција на Македонија. • 1997 година претседател на Советот на ВМРО-ДПМНЕ. • 2000 година министер за одбрана во Владата на Р. Македонија. • 2002 година избран за раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. За својата научна активност, носител е на Орденот со Златен венец и на наградите „13 Ноември“ и за животно дело највисоката републичка награда „11 Октомври“, како и на голем број пофалници и признанија од земјата и странство. Постхумно е одликуван од Претседателот на Р. Македонија со Орденот „8-ми септември“. 143
Едиција: Патот кон независноста Никола Кљусев Книга прва Прифаќање на предизвикот Лектура: Наташа Николова Издава: Фондација Никола Кљусев Печати: Нампрес Дизајн на корица: Анета Гацевска CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-94 КЉУСЕВ, Никола Прифаќање на предизвикот / Никола Кљусев. - Скопје : Фондација "Никола Кљусев", 2013. - 144 стр. ; 21 см За делото : Грев пред вистината е да не се каже вистината / Надежда Кљусева: стр. 139-142 ISBN 978-608-4685-02-9 COBISS.MK-ID 94934794